id
stringlengths 1
5
| url
stringlengths 32
784
| title
stringlengths 1
235
| text
stringlengths 109
2.14M
|
---|---|---|---|
8395 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BB%20%D0%A8%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B2%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B2%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8 | Павел Шатев за подвигот на Солунските атентатори | <s>Осврт на Павел Шатев за подвигот на Солунските атентатори:</s>
<s>– „ Нарушуваме еден завет на великите македонски покојници во Солун и Сахара.</s><s>Тие се беа заколнале да не оставаат свои портрети, затоа што сакаа да бидат служители на идејата, но не и на славата.</s><s>Таму, во рушевините на македонската столица Солун, Гемиџиите сакаа да го збришат и своето месо и своите имиња, оставајќи го да живее над нивните останки суштествениот македонски дух за слобода и благосостојба и копнежите за светли дни.</s>
<s>Но, историјата не памети завети…</s><s>Од моментот кога Орце го запали фитиљот, којшто требаше во лицето на Отоманската банка да го фрли во воздух европскиот капитал, што ги красеше градите на деспотот Хамид – од тој момент имињата на тие скромни безумници се понесоа како симбол на македонскиот хероизам, на македонската посветеност, одекнаа во сите потајни катчиња на македонската душа, за да по 20 години станат првите светци на македонската револуција…</s><s>Не само зашто македонскиот идеал, во лицето на солунските атентатори, беше достигнал врвна кулминација, каква што ретко, дури и никако не се сретнува во историјата, но и зашто на 28 април 1903 година во македонската столица Солун се бореа два револуциони система: оној на рускиот анархизам, зачнат на македонска почва, којшто имаше за цел да го помати и разруши европскиот капитализам и Хамидовиот деспотизам, и оној – на Левски, кој по принцип дејствуваше низ бавна револуциона подготовка на народните маси.</s>
<s>Првата група е олицетворена во солунските атентати, а втората – во Илинденското востание.</s><s>И тешко ќе биде за историчарите да определи кое од двете собитија било позначајно, кој од тие два система бил повеличенствен – дали примерот на личната бестрашност, или пак систематската подготовка на масите за револуцијата.</s><s>И ако последното донесе едно самосознание на македонските маси, коешто веќе ја твори и втората песна на македонската епопеја, првото е оној стимул, којшто го создава македонскиот идол на револуцијата, на когошто веќе му се восхитуваат вековите…</s><s>Така, солунските атентатори се највишата пројава на човечкиот индивидуализам, којшто ја крои судбината, но и цврстината на наредните поколенија.</s>
<s>А делото коешто дошло веќе до таа кулминациона точка не може да умре…</s><s>Зашто, затрупано во рушевините на Банк отоман; тоа воскресна од саможртвата на Орцето во темната солунска ноќ на 29 април 1903 година; тоа светна со неугасливиот оган на Македонија; набиено во месото на Мечето, тоа го надмина и го носи својот одек во духот на поколенијата.</s><s>По 500-годишни понижувања и скрб, на 28, 29 и 30 април 1903 г., кога Орцето го палеше верижниот фитиљ против европските интереси, кога Кирков и Трчков ја гаснеја светлината на градот Солун, за да блесне факелот на идејата, кога пред Карабурун гореше параходот „Гвадалкивир", којшто ја изнасуваше ограбената пот на поробениот македонски селанец, кога одекнуваа бомбите на македонските безумници, за избезумување на европските умници – за прв пат македонската пробудена свест го играше својот кошмарен танц над безумниот деспотизам и неговите поддржувачи.</s>
<s>Тоа беше делото на 12-те, коешто денес по 20 години, нè тера восхитено да се обѕрнеме назад.</s><s>Не звучи ли таа смелост на подвигот, таа моќност на индивидуалитетот, како легенда, којашто е неверојатна, но примамлива, волшебна? "</s>
<s>Заклучок</s>
<s>Животот е борба, којашто има смисла единствено кога непрекинато се развива и увеличува.</s><s>Целта на животот, а следователно и смислата на борбата не е ниту во среќата ниту во успехот, а ниту во богатството или во славата.</s><s>Не, животот на човекот е како едно дејствие, коешто непрекинато се развива и притоа произведува нови дејствија, коишто сè повеќе и повеќе растат и се развиваат.</s><s>Среќата и успехот и животот се поскоро второстепени резултати.</s><s>Секоја човечка дејност има смисла и цел, кога произведува друга, посилна и поактивна дејност.</s>
<s>Прагматизмот во животот на човекот се разликува од утилитаризмот по тоа што принципот за ползата се заменува со непрекинатото дејствување на индивидуата.</s><s>Непрекинатото дејствување на човекот во животот се единствените средства, коишто го осигуруваат и гарантираат постепеното развитие на индивидуата и општеството.</s><s>Кога сме во непрекината дејност, акција или труд, резултатите, потврдувачки или одрекувачки, секогаш можат да ни дадат поука и напатствија како поправилно да се стремиме кон постигањето на нашиот идеал во животот.</s>
<s>Еден човек, каде и да е, секогаш може да се поучи од сè во животот, доволно е само да посака и да е заинтересиран.</s><s>Секој национален деец, каков и да е, при какви услови и да е поставен, ако општиот интерес секаде и секогаш го поставува над личниот и се воодушевува од идеалот, секаде и секогаш со сè во животот може да е полезен на својот народ.</s><s>Секој револуционер конспиратор, и покрај сите незгоди, случајности, непријатности, пречки, може да успее само при еден-единствен услов, ако секогаш и насекаде, по каков и да било повод, случај или собитие, е подготвен да стави крај на својот живот, да умре без да се плаши од смртта, којашто не се знае кога и како ќе дојде.</s>
<s>Не се револверите, пушките, бомбите или огнените машини, тие кои даваат сила во борбата, туку напротив – само идејните побуди, личниот пример, решителноста, смелоста и бестрашноста на револуционерот се оние што на крајот секоја замисла и, секоја борба ја венчава со успех – било по планини и полиња, било по села и градови.</s>
<s>Тоа може да се постигне само кога се има полна свест дека општото добро треба да биде пред сè и над сè наш раководител при нашето беспоштедно служење на татковината.</s>
<s>Документи за македонската историја и самобитност
Историја на македонскиот народ
Историја на Македонија</s>
|
8412 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%BC%D0%B0 | Википедија:Селска чешма | <s></s>
<s>Попречување на Владение</s>
<s>Почитувани ,</s>
<s>Има тужба против мене за попречување на владение .</s><s>Се работи за катастарски моја земја од 1,5 м. во склоп на моја парцела која до неодамна ја користев за мои потреби.</s><s>Бидејки во последно време опцнаа да ја користат и комсиите , истиот дел го обезбедив со синџир.</s><s>За ова од комшиите добив тужба за попречување на владение на сопствената земја.</s><s>Дали е можно на мојата сопствена земја да ме тужат за попречување на владение?</s><s>Поздрав
Науме</s>
<s>ВАЖНО: Проверка за активност на администраторите</s>
<s>Здраво.</s><s>Во 2013 г. со консензус од глобалната заедница беше усвоено правило за одземање на „напредните права“ (администраторски, бирократски и тн).</s><s>Согласно ова правило, надзорниците сега ја проверуваат активноста на сите Викимедиини викија без свое правило за неактивност.</s><s>Колку што сме запознаени, вашето вики нема формална постапка за одземање на „напредните права“ од неактивните сметки.</s><s>Поради тоа, за овој проблем ќе се погрижат надзорниците, во склад со договореното за проверка на администраторска активност.</s>
<s>Утврдивме дека следниве корисници ги задоволуваат условите за неактивност (нема уредувања и дејства во дневниците преку 2 години):
MacedonianBoy (администратор)</s>
<s>Овие корисници наскоро ќе добијат известување, во кое ќе им се укаже дека можат да почнат дискусија во заедницата доколку сакаат да си ги задржат правата (сите или некои).</s><s>Доколку корисниците не се одѕват на ова, тогаш надзорниците ќе им ги одземат напредните права.</s>
<s>Меѓутоа, доколку вие како заедница сакате да направите своја постапка за одземање на права поради неактивност која би ја замениле глобалната, сакате да донесете поинаква одлука за овие неактивни иматели на правата, или пак веќе имате правила кои ги немаме забележано, тогаш би ве замолиле да ги известите надзорниците на Мета за да знаат да не продолжуваат со одземање на правата на вашето вики.</s><s>Ви благодариме, Linedwell (разговор) 07:46, 16 март 2017 (CET)</s>
|
8448 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B8%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%BE%20%D1%83%D1%82%D1%80%D0%BE | Зимско утро | <s>Молчи зимското утро
Се стуткало како куче.</s><s>Уште не му се излегува надвор.</s><s>Студи.</s>
<s>Под мојот прозорец
И денеска цвркоти и си рипка
Шалава сипка:
Сип, сип, сип!</s><s>И тоа како порив за живот
Во мене пак се буди!</s>
<s>Видете исто така
Блаже Конески</s>
|
8449 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%87%D0%B8 | Очи | <s>Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка на погледот срцен,
и секоја капка на твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.</s>
<s>Другарите беа и морни и гладни
со згорени грла и свиени плеќи
со тап бол се впија во очите ладни
и жалеа оти не ќе пламнат веќе.</s>
<s>Но јас знаев оти пак ке вивнат в жарој
и борците под нив ќе цветат и раснат,
в студените утра ќе греат ко сонце
и никога нема да стијнат и згаснат.</s>
<s>Последната вечер в планинското село,
кај борците беа со дрипава дреа,
со пликови жешки на стапал тешки,
и смрштени чела - згасени, мразни
ко нивните пушки укочени, празни,
и нечујно, глуво, ко здушена реја
се точеше шепот од уво до уво:
"Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
а ние сме малку, - сал неколку души..."</s>
<s>И кога ко игла ти прободе уши -
ти растресе снага и размолска тага,
со лунјени очи широки и волни
ги расече в ноќта здивените молнји!</s>
<s>Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -
в смрзнатата вечер на пролетта рана,
кај нашата младост и првата радост
ја косеше луто куршумната слана,
а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
и летна во ноќта крвава и црна, -
со своите очи што ригаа пламен
ги растопи чашкум челичните зрна...</s>
<s>И после!</s><s>И после - в последната вечер...
јас нејќам да мислам што потаму стана,
прошталниот шепот ти замрзна в усни,
ти гореа очи под веѓите густи!</s><s>Со нивниот пламен и со клетва света,
на заседа тргнав сред мојата чета.</s>
<s>А утринта кога зрив чела ни спраши
ти не беше веќе в редовите наши,
но скипеа борци со одмазда жолчна,
и видов! о видов - кога бојот почна
развихреа сите со твојата сила -
ко елени брзи и лесни ко птица.</s>
<s>А твоите очи се искреа гневно
во нивните потни, распалени лица...</s>
<s>Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ни капеше в срце.</s>
|
8450 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%B2 | Уплав | <s>Светка, зимски, мраз по улиците.</s><s>Снегот од кровови обвиснува
во мразулци.</s><s>А што ни смислува
ќе кажат допрва капавиците.</s>
<s>Маглата гризе до утробата.</s><s>Ни мрзнат белите дробови.</s><s>Не стега в пранги, како робови,
зимскиот уплав и прокобата.</s>
|
8451 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BF%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0 | Приспивна | <s>Кој ли ќе те гушне
со рацете мали
и со златна коса
саноќ да те гали?</s><s>Кој сребрена песна
на сон ќе ти пее:
„Надвор ветре дува,
месечина грее.</s><s>Надвор лисје шуми,
ројот ѕвезден бега.</s><s>Јас те сакам многу,
мој си, мој си сега.</s><s>Надвор роса роси
и зокумон спие.</s><s>Спи ми, спи ми, сонот
убав нека ти е."</s>
|
8452 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D1%82%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%BE%20%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98%20%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D1%80%D0%BE | Дете заспало крај езеро | <s>Ти спиеш малечко
А езеро се замислило —
Езерото ја подготвува твојата судбина.</s><s>Ти спиеш а тоа
Со неусетно потплиснување ти влегува в душа
Како во заливчите со бели камчиња
Во кое секое камче се гледа.</s><s>Ти спиеш
Но и најситното негово набирање
Како нишка води до оние гласни таласи
Што еднаш ќе се родат, ќе заплачат и ќе те понесат.</s><s>Спиј си детенце
Езерото ја создава твојата душа
И мисли за твоите идни возбуди.</s>
|
8453 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%201953 | Песни 1953 | <s>„ПЕСНИ“ е стихозбирка на Блаже Конески отпечатена во 1953 година.</s>
<s>СОДРЖИНА
Песни/ Молитва
Песни/ Враќање
Песни/ Спомен за славеј
Песни/ Успивање на болно дете
Песни/ Јаготки</s>
<s>Видете исто така
Блаже Конески</s>
|
8454 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0 | Молитва | <s>Да појдеш ноќе в шума
Од сите утајум тајно,
На тиха полноќ да втасаш
До едно место знајно.</s>
<s>Ставити трепетни борје
До небо таму се вишат,
Тревите околу бујно
Опоен омав дишат.</s>
<s>Нема да истрпи веќе
Срце што лудува силно,
Со викум ти ќе се фрлиш
На земи дивно и вилно.</s>
<s>Земјо, радост ѝ треба
На една младешка снага.</s><s>Лекуј ме, лекуј ме, земјо,
Од немир темен и тага!</s>
|
8455 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/%20%D0%9C%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0 | Песни/ Молитва | <s>Да појдеш ноќе в шума
Од сите утајум тајно,
На тиха полноќ да втасаш
До едно место знајно.</s>
<s>Ставити трепетни борје
До небо таму се вишат,
Тревите околу бујно
Опоен омав дишат.</s>
<s>Нема да истрпи веќе
Срце што лудува силно,
Со викум ти ќе се фрлиш
На земи дивно и вилно.</s>
<s>Земјо, радост ѝ треба
На една младешка снага.</s><s>Лекуј ме, лекуј ме, земјо,
Од немир темен и тага!</s>
|
8456 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/%20%D0%92%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5 | Песни/ Враќање | <s>Се поврати човек во родниот град,
По многу време и мака.</s><s>Што оставил еднаш тој не најде пак,
Тој не најде ништо да мрази и сака.</s>
<s>И прошета дента по сокаци сам
Со надеж за веселба бујна.</s><s>И прошета дента, а штом падна мрак,
Тој застана мрачен крај реката струјна.</s>
<s>А пееше долу брзотечен бран
За нешто што неврат го гони,
И човекот сети во душата жал,
Му дојде да вика и солзи да рони.</s>
|
8457 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/%20%D0%A1%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%98 | Песни/ Спомен за славеј | <s>Тој час мој заден спомен да бим бидел —
Јас тебе, вишен Славеј, би те видел
И оној килим по рудини твои
Со златест прелив како со трепет сум пазел
По таа убост леко да би газел.</s><s>На цветна лака се намерив скоро,
Не цвеќе било — девојчинско оро,
Не цвеќе било — малесорски вити,
Со нивна лика гора лика кити.</s><s>Тој час мој заден поглед да би бидел,
Во сиња магла Струга би ја видел;
Од врвот вишен, пред нерврат да фатам,
О езеро, јас поздрав ќе ти пратам.</s>
|
8458 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/%20%D0%A3%D1%81%D0%BF%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%BE%20%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5 | Песни/ Успивање на болно дете | <s>Заспи ми, мило, смири се веќе,
Болно си, мое сине.</s><s>На сон ќе видиш јагне и цвеќе,
Болката на сон ќе мине.</s>
<s>„Мајчице, саноќ над мене биди,
Чувај ме, страшно ми е:
На пајажинана онаму види
Жолт пајак крв што пие!“</s>
<s>Не, сине, тоа месецот грее
И ѕвезди в небесни страни.</s><s>Не бој се, мајка саноќ ќе бдее,
Нани ми, нанкај, нани.</s>
|
8459 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8/%20%D0%88%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B8 | Песни/ Јаготки | <s>Ние сме црвени усни на земјата,
Румени нејзини целиви!</s><s>Фрли се диво на неа,
Бацуј ја, бацуј, бацувај,
Дури не сетиш при засенет поглед
Дека е целата до тебе стегната
И сладосно издишува.</s>
|
8465 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%20%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/%20%D0%93%D1%83%D1%81%D1%99%D0%B0%D1%80%20%D0%B2%20%D1%81%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D1%80 | Рајко Жинзифов/ Гусљар в собор | <s>"O, грци, грци, чуjте нас,</s>
<s>чуjте наш народен глас!</s>
<s>Знаjме ми, разбираме ми</s>
<s>злобна цел, коja криете ви.</s>
<s>Досега не погрчихте нас,</s>
<s>занапред храбро чекаме вас.</s>
<s>Време ет дошло, не ет далеч,</s>
<s>сo остро ли перо, с остр ли меч</s>
<s>ке делим, ке сja караме ми</s>
<s>вo сегашни дни и вo подирни дни,</s>
<s>вo широко поле,- вo планина</s>
<s>за народност и за правина,</s>
<s>за баштина, за маjчин jaзик...</s>
<s>Охрид и Трнов веч дали вик.</s>
<s>Македониja, чудна страна,</s>
<s>нема да бидит грчка она!</s>
<s>Шума и гора, и планина,</s>
<s>самиj камен на таa страна,</s>
<s>птица и риба вo Вардар река,</s>
<s>живо, мртво на свои крака</s>
<s>ке станат и ке дадат ответ</s>
<s>на цела Европа, на цел свет:</s>
<s></s>
<s>Ja Бугарка сум, Бугарин сум ja,</s>
<s>бугаре живеaт вo таa страна!"</s>
<s>Так сja клнат, гласи вишат</s>
<s>сложно, дружно старци, момци.</s>
<s>И казаха да запишат</s>
<s>тие думи за потомци.</s>
<s>А невинните девоjки</s>
<s>заиграха си народно,</s>
<s>накитени глави сo веjки,</s>
<s>сo цвеkе полско, домородно.</s>
<s>Из них една македонка,</s>
<s>убавица милолика,</s>
<s>светлокоса, црноока,</s>
<s>со снага строjна, белолика,</s>
<s>запеaла,загукала -</s>
<s>- исто славеj, малка птица,</s>
<s>запрусала, заиграла</s>
<s>како полска jaребица.</s>
<s></s>
<s>"Ja сум млада бугарка,</s>
<s>име ми ет Милкана,</s>
<s>ja сум чиста славjaнка,</s>
<s>в Бугариja родена</s>
<s>од бугарски род</s>
<s>и бугарски плод.</s>
<s></s>
<s>Маjка ми ет бугарка,</s>
<s>керка на чист бугарин,</s>
<s>имам кума бугарка.</s>
<s>уjко им ет бугарин</s>
<s>од бугарски род</s>
<s>и бугарски плод.</s>
<s></s>
<s></s>
<s>Лjубам ja бугарина,</s>
<s>jyнака ja милувам,</s>
<s>свршена за Драгана</s>
<s>и ке да сja омажам.</s>
<s>Грк за мене враг</s>
<s>а бугарин - драг.</s>
<s></s>
<s>На моj род ке придадам</s>
<s>неколку си синчинja,</s>
<s>ке крстам, ке израстам</s>
<s>вси чисти славjaнчинja.</s>
<s>од бугарски род</s>
<s>и бугарски плод.</s>
<s></s>
<s>Тешко се заклнувам,</s>
<s>ке ги крстам бугарски,</s>
<s>со иминja ке назовам</s>
<s>не грчки, не немaчки.</s>
<s>Грк за мене враг.</s>
<s>а бугарин - драг.</s>
<s></s>
<s>Име нека ет Боjaн.</s>
<s>Здраве, Драган ил' Стоян.</s>
<s>а не грчко Ксенофaн</s>
<s>или друго - Демофaн.</s>
<s>Чуждо за чужди род,</s>
<s>свое за своj си род-</s>
<s></s>
<s>При моja умирачка</s>
<s>клетва ja ке оставам,</s>
<s>при земна ми отлучка</s>
<s>сину си ке зарачам</s>
<s>од бугарски род</s>
<s>да оставит плод."</s>
<s></s>
<s>А млади не молчат и младите пеат</s>
<s>и нихното сърдце се распламенило, .</s>
<s>и нихните чувства веке не немеат,</s>
<s>бугарско слово во нихни мисли оживило.</s>
<s>И гледаат они, че безплодна ет нива,</s>
<s>полна сос троскот, она сос трнjе расла,</s>
<s>при диво оранjе, при работа дива</s>
<s>зрно мртвеaло и сила му гасла.</s>
<s>И видеха на дедови им слепенjе</s>
<s>и нихно страданjе, глупо трпенjе,</s>
<s>че стари години, златното време</s>
<s>мина сo сaдни мaки и сo тешко бреме.</s>
<s>Пак сос гуслjaрoт заедно грмогласно</s>
<s>песнa запеаха, та песнa последна,</s>
<s>и руки оддали сложно, согласно</s>
<s>сja кoлнат сo душа за свобода жедна.</s>
<s></s>
<s>"Сo руjно вино домородно</s>
<s>нек наполним доp три чаши,</s>
<s>браkja редом, браkja, сложно</s>
<s>нек ги земим вo рykи наши.</s>
<s></s>
<s>Сме слoвeни как московци.</s>
<s>срби, чехи и полаки,</s>
<s>црногорци, ерцеговци</s>
<s>и хрвати, и бошнаци.</s>
<s></s>
<s>Бракja, веkе дошла доба,</s>
<s>да испием прва чаша</s>
<s>не за завист, не за злоба,</s>
<s>но за братство, дружба наша.</s>
<s></s>
<s>Треба вера, тврда клетва.</s>
<s>да сме верни ми до гробoт,</s>
<s>да сме чисти како жертва.</s>
<s>како в маjчина утроба.</s>
<s></s>
<s>Нек испием втора чаша,</s>
<s>че време ет пак наново</s>
<s>да загрмaт в землja наша</s>
<s>матерно ни, живо слово.</s>
<s></s>
<s>Нек сja ширит, сja раздава</s>
<s>вo Бyгариja горна, долна.</s>
<s>од Вардарот дур до Дунав,</s>
<s>дума свободна, народна.</s>
<s></s>
<s>Аjде сега трета чаша</s>
<s>нек испием ми до капка,</s>
<s>нрави ни, народност наша</s>
<s>да не газит нога вражска.</s>
<s></s>
<s>Гологлави!</s><s>В рykи шапки!</s>
<s>Обрнете дно на чаши!</s>
<s>Как шо капат тие капки.</s>
<s>так да капнат врази наши!"</s>
|
8501 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%20%D0%A7%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8 | Никодин Чернодримски | <s>Кратка Биографија</s>
<s>Никодин Чернодримски-(Трајче Јованчески )</s>
<s></s>
<s>Сјајот на ѕвездата под која сум роден повеќе не трепери така силно во оваа мирна и тивка ноќ,сега само невидливите очи на судбината ме гледаат од далечините,бдееќе над секој миг нероден,но ете Јас низ моите сеќавања се прашувам,каде ли отидоа во таа Светлосна Река сите минати животи,знам некој ќе рече..размислуваш за утопијата наречена Вечен Живот..не..ќе ви кажам..низ сите минати денови,месеци,години само ја раскажував најубавата Балада за Бесмртната Душа, таа вистина која ме оплеменуваше,и ми подарува сила се до физичката смрт.</s>
<s>Напати кога одмолчував,моите соништа градеа мостови помеѓу сите желби и можности,одев,трагав,скитав,честопати на патеките каде што несмеев,и во тоа забрането,обичното го претворав во необично.</s>
<s>Па така</s>
<s>Додека се менуваа Еоните,го гледав мојот втиснат лик како се менува,менуваќи се ликот,се создаваа Напишаните Дела,тие Небесни Симфонии кои ми ги подари мојата Муза.</s><s>Муза,која ме натера да ги поминам границите кои не им беа дозволени на смртниците.</s><s>Знам дека суптилно ме провлече и низ круговите на Данте,и ме натера да тагувам заедно со дождот на прагот каде што Јавето доаѓаше.</s>
<s>Напати бев принуден да ги купувам деновите,за да ја смирам разбрануваната тишина,тишина која се распрснуваше во секоја утринска пурпурност,и тогаш крадев од небото ситни златни зраци,ги пружав исто како дете дланките,и на секој заскитан облак го пишував нејзиното име,Музата,која ме Воздигна,но и ме турна во сите Бездни.</s>
<s>Ако некому му значат бројките тогаш 1964 е годината кога светлината се роди во моето срце,и блескаше се до последниот миг,некаде под Величенствената Маркова Грамада ,каде и сега во спокој под заштита на Месечината спие градот Прилеп.</s>
<s>Верувајтеми,несакам да бидам споменик на младоста,ја немам веќе мојата Муза Јана ,и храброста да отидам на нејзината хумка,но сепак припаѓаме на Бесконечноста,и таму во тие Бескрајни пространства ќе бидаме прегрнати со Антеријата на Љубовта.</s>
<s>А вам,вам,ви ги оставам сите напишани зборови,читајќи ги знам,ќе ги допрете сите невидливи светови,влегуваќи несвесно во вретеното на времето.</s>
<s>Стихозбирки</s>
<s>1.Арнаутска Жетва-2.</s><s>Астра-3.</s><s>Балканска Рапсодија-4.</s><s>Бездомност-5.</s><s>Ден Без Виделина,ноќ без Месечина-6.</s><s>Дневникот на Еден Сонувач-7.</s><s>Изгубени Мигови-8.</s><s>Јавето Ако Некогаш Апстинира-9.</s><s>Кај Си бе Другар-10.</s><s>Како Станав Лита Сенка-11.</s><s>Крилати Сни-12.</s><s>Македонија и Сонцето-13.</s><s>Мисловен Дневник-14.</s><s>Мој Роде-15.</s><s>Мозаик Од Мигови-16.</s><s>Мртви Сенки на Мртва Стража-17.</s><s>На Спилите им раскажувам-18.</s><s>Носталгични Ноќи-19.</s><s>Од Небиднина крај Јавето дојдов-20.</s><s>Огнени Виори-21.</s><s>Ова не е Мојот Лик-22.</s><s>Пагански Стихови-23.</s><s>Пелин вода-24.</s><s>По Патеките на Орфеј.25.</s><s>Прилепски Ехо-26.</s><s>Шепотот на Скриениот Дамар-27.</s><s>Скрбот како Утеха-28.</s><s>Трагач по Илузии-29.</s><s>Успони и Падови-30.</s><s>Во Метежот на Чуствата-31.</s><s>Заборавени Спомени-32.</s><s>Мртов Бунтовник-33.</s><s>Спомени Собрани во Ковчег-34.</s><s>Големиот Летач-35.</s><s>Апокалипсата на Мртвото Време-36.</s><s>Добредојде во Мојот Свет-37.</s><s>Месечеви Сонети-37.</s><s>Мислите на Еден Ерегор-38.</s><s>Смарагдни Записи-39.</s><s>Осамени Монолози-40.</s><s>Во Пукнатините на Времето-41.</s><s>Скрбот како Утеха-42.</s><s>Ликот на Болката-43.</s><s>Еретик.44.</s><s>Последните седум дена на Љубовта.45.</s><s>Моите Проштални Шепоти.46.</s><s>Копиле на Судбината 47.</s><s>Помеѓу Тишината и Животот.48.</s><s>Оставетеме барем да Сонувам.49.</s><s>Кукла на Судбината 50.</s><s>Фенерите на Мојата Душа</s>
<s>Поеми</s>
<s>1.Ангелски Шепотења(напишана заедно со Даница Петровска-Дани од Куманово и Славица Славкова од Битола) 2.Браќа по Мрак-3.</s><s>Десете Балкански Проклетства-4.</s><s>Катадневно Тркало-5.</s><s>Монолог со Паметникот-6.</s><s>Ново Утро-7.</s><s>Паганска Ода.8.Катакомбите на Ужасот 9.Пад Без крај</s>
<s>Драми</s>
<s>1.и сега Шо-2.</s><s>Нова Кожа.</s>
<s>Романи</s>
<s>1.Последна Молитва-2.</s><s>Пред Портите на Љубовта-3.</s><s>Затворија Пандорината Кутија-4.</s><s>Кара Севда-5.</s><s>Злокобна Вистина-6.</s><s>Кафез-7.</s><s>Приказни кои нетребало никогаш да бидат раскажани-8.</s><s>Парче Душа-9.</s><s>Ти Благодарам Месечино-10.</s><s>Тајната на Нормандови-11.</s><s>Првиот Ангел.</s>
<s>Монодрами</s>
<s>1.Ало Диоген на Линија.</s>
<s>Новела</s>
<s>1.Кога Животот беше Приказна.2.Ноќта кога започна се</s>
<s>Збирки Раскази</s>
<s>1.Бразда-2.</s><s>Неизвесни Патеки-3.</s><s>Номад во Душата-4.</s><s>Од Сонот до Јавето-5.</s><s>Приказни од Малиот Сокак-6.</s><s>Затворени Кругови-7.</s><s>Молскавични Мигови-8.</s><s>Шепотот на Вечноста-9.</s><s>Битпазарска Хроника-10.</s><s>Прошетка по Соништата.11.</s><s>Грутка Земја</s>
<s>Автобиографија
1.Апостолите на Ѓаволот.</s>
|
8505 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D1%84%D0%B8%D0%B3%D1%83%D1%80%D0%B8 | Стилски фигури | <s>Стилските фигури,се познати и како изразни средства,авторите ги употребуваат за да постигнат поголема сликовитост,музикалност и емоционалност во творбатаСо нив творбата стилски се обработува и ја прави попривлечна за читателот
-Епитет(Епитетот граматички гледано, скоро секогаш е стилска фигура, или повеќе придавки придодадени кон именката.</s><s>Епитетот се употребува за сликовито да се истакне некое својство на предметот.</s><s>Има повеќе видови на епитети.</s><s>Генерално тие се делат на живи, неживи или мртви и постојани)
-анафора(Анафора е фигура на повторувањето, којашто опфаќа повторување на еден збор или израз на почетокот на два или повеќе последователни стиха)
-епифора(Епифора е гласовна фигура и претставува повторување на зборови на крајот на стихот)
-ономатопеја(Стилските фигури,познати и како изразни средства,авторите ги користат за да постигнат поголема сликовитост,музикалност и емоционалност во творбата.</s><s>Ономатопеја (од грчките зборови:onoma-име и poneo-прави,создава) е стилско изразно средство со кое се поддржуваат одредени звуци од природата,животински гласови или некои звуци што не потсетуваат на некој предмет.</s><s>Ономатопејата значи имитирање.</s><s>На овој начин се создава емоционална атмосфера преку која читателот ќе може да долови одредени звуци од природата.</s><s>Ономатопејата е мост(врска)меѓу природата и уметничкото дело.</s><s>Со неа се постигнуваат музикалноста и сликовитоста на јазикот на кој е создадена творбата)
-метафора(Метафората е скратена споредба.</s><s>Кај неа не се кажува што со што се споредува, туку се искажува само вториот член на споредбата.</s><s>Метафора може да биде и замена на значењето на еден збор со значењето на друг)
-алегорија(Алегоријата е продолжена метафора, односно употреба на зборовите во преносна смисла.</s><s>Алегоријата може да биде во состав на еден стих или строфа, но многу често таа се среќава и во цели состави како што се басните.</s><s>Басните се засновани на алегорија, животните во нив настапуваат како типови луѓе со одредени карактеристики)
-симбол(Симбол е знак.</s><s>Предметот, појавата или поимот ги заменуваме со нивната алегориска ознака.</s><s>На пр.: крст – значи црква; вага – правдина итн)
-песонификација(Песонификација е кога на предметите, природните појави, апстрактните предмети, животните и растенијата им се даваат човечки особини)
-хипербола(Хипербола е претерување, преувеличување заради нагласување на одреден емоционален став)
-парадокс(Парадокс е она што е неочекувано.</s><s>Порекнуваме некоја мисла која наизглед во себе е противречна или спротивна на општото мислење.</s><s>Парадоксот има секогаш подлабока смисла)
-иронија(Иронија е преправање, всушност го мислиме спротивното од она што го кажуваме)
-литота(Литота е спротивна на хиперболата, односно претставува ублажување.</s><s>Вистинскиот израз се заменува со поблаг и тоа негативен и спротивен)
веб-сајт за македонски јазик
http://makedonskijazik.mk/2009/10/%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8.html</s>
<s>изравотил
Бојан Велјаноски---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------</s>
|
8522 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%20%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0%20%D1%82%D0%B0%D1%98%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0%20%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B0 | Пуста останала таја контра чета | <s>Пуста останала таја контра чета
што ми поминала низ Богомила,
низ Богомила – за Нежилово,
за Нежилово – село партизанско.</s><s>Таму го фанале Трајка Недески,
ми го фанале и го прашале:
– Ај кажи, кажи ваши партизани –
Мицка Козаров, Стоилка Планински,
Стоилка Планински, Апостоле Чолка?
– И да ги знајам не ги кажујам,
не ги кажујам, клети бре фашисти!</s><s>Пушка ми пукна тамо Бела Река,
тамо Бела Река – Солунска Глава,
и ми ја уби млада партизанка,
млада партизанка – Рајна Скопјанка.</s><s>Глава пресекоја – в села ја носеја,
в села ја носеја – мајки расплакаја...</s>
<s>Извор
Лазо Каровски и Ѓорѓи М.</s><s>Ѓорѓиев (ур.) „Македонски песни за народноослободителната борба“, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 1980, 237-238 стр.</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8526 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BD%20%D1%81%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B1%D0%BE%D1%98%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0 | Партизан се за бој спрема | <s>Партизан се за бој спрема,
носи пушка на рамо, на рамо.</s>
<s>Збогум мајко, збогум татко,
Збогум мила сестрице, сестрице.</s>
<s>Јас отидов на далеку,
на далеку в планина, в планина.</s>
<s>Едно утро писмо стигна,
мисли мајка син пише, син пише.</s>
<s>Во писмото два-три збора:
„Син ти, мајко, загина, загина.</s>
<s>Тој ни беше верен другар
и одличен партизан, партизан.</s>
<s>Кога борба се водеше,
тој сè напред тргаше, тргаше.“</s>
<s>Извор
Васил Хаџиманов „Македонски народни борбени песни“, „Кочо Рацин“, Скопје, 1960, 101 стр.</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8527 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B0%D0%BC%D1%83%20%D0%BB%D0%B5%20%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%20%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D1%83%20%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0 | Таму ле мајко близу Битола | <s>Таму ле мајко, близу Битола,
во ореовската густа корија,
Таки Даскалот смело загина
со неговата верна дружина,
со нив загина смела девојка,
млада Елпида Карамандова.</s>
<s>Предадени од клети шпиуни,
ги сардисаа од сите страни,
пушки згрмеа, бомби трештеа,
крвава почна борба нерамна.</s>
<s>Тогај извика Таки Даскалот
на неговата верна дружина:
- Фрлајте бомби, тиран сотрете,
живи во рака не се давајте.</s>
<s>Клети тирани во борба нерамна
сета дружина му ја убија,
Таки Даскалот жив не се даде,
откачи бомба, над неа легна,
самиот крвта си ја пролеа,
за слободата на Македонија.</s>
<s>Извор
pesna.org</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8529 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE%20%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0%2C%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%21 | Во борба, македонски народе! | <s>Со векови окованa во пранги,
од ропство пишти Македонија,
појќе не трпиме бесчесни лаги,
во бој последен борци влегоа!</s>
<s>Во борба, во борба, во борба,
македонски народе.</s><s>За света народна слобода
со песни и радост се мрее!</s>
<s>Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее,
во гори, полја и на сите страни,
фашистичка крв насекаде се лее.</s>
<s>Синови сме на нашата татковина,
на илинденските наследници,
строиме живот, слобода, иднина,
за, жени, деца, старци, младинци.</s>
<s>Извор
pesna.org</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8530 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%20%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BA%20%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BC%20%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE | Голем мерак имам мамо | <s>Голем мерак имам мамо,
партизан да одам,
партизан да одам мамо,
на Вичо планина.</s>
<s>Тамо ќе си најдам, мамо,
мојте верни браќа,
мојте верни браќа мамо,
мојте верни сестри.</s>
<s>Јаска ќе се борам мамо,
за Македонија,
за Македонија, мамо,
земја измачена,
земја измачена мамо,
од клети фашисти.</s>
<s>Прва пушка пукна мамо,
мене ме погоди,
мене ме погоди мамо,
на левата страна,
на левата страна мамо,
близу до срцето.</s>
<s>Извор
pesna.org</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8531 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B5%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8%20%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B8 | Не плачете стари мајки | <s>Не плачете стари мајки
доста е живот,
не трпиме клети тиран,
нас да нè мачи.</s>
<s>Спомнете ги браќа мили
наш'те другари:
Гоце Делчев, Питу Гулев,
Јане Сандански.</s>
<s>Сите тие за слобода
гордо паднаја,
сега требе сите ние
по нив да одиме.</s>
<s>Сите што се партизани
смели се борци,
ним не им е жал да умрат
в' бој за слобода.</s>
<s>По затвори и темници
млади з'гинаја,
ќе изградат живот в' мила,
живот в' слободна.</s>
<s>Излегоја партизани
горе в' планина,
да се борат за слобода
и за правдина.</s>
<s>Македонските синови
сегде се напред,
по планини, по полиња
и по градови.</s>
<s>Извор
pesna.org</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8532 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B1%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B0 | Песна за бабата Митра | <s>Таму крај Вардар, неготинско поле,
бој се започна, бој нерамен,
Германци бегаат, возови палат,
пламен се дига дури до небо.</s>
<s>Во манастирот Свети Ѓорѓија,
ги затвориле партизаните
и така нешто на германски јазик,
тие збореја да ги запалат.</s>
<s>Тоа го слушна бабата Митра
и скришум пошла кај партизаните,
порти отворила со двете крила:
- Бегајте пилци в' гора зелена.</s>
<s>Клетите фашисти бензин фрлија
и зрно кибрит на старата,
пламен се дига, баба Митра гори,
на место дваесет партизани.</s>
<s>Извор
pesna.org</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8533 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D0%B8%D1%82%D0%BB%D0%B5%D1%80%20%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%91%D0%B5%D1%80%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0 | Хитлер вика од Берлина | <s>Хитлер вика од Берлина:
- Предајте се партизани,
млади моми партизанки!</s><s>Моја сила крај си нема,
имам штуки и тенкови,
бомбардери и топови,
ќе изгорам ваша земја,
ваша земја - македонска!</s><s>Предајте се, да ви простам!</s><s>Штом ги дочул тие зборој
студент Славко Лумбарков,
млад комесар од Битола,
на Хитлера му порача
од кичевски планини:
- Запомни ѕверу германски,
како мина при Сталинград,
така ќе минеш и в Берлин!</s><s>Каде си слушнал и видел,
партизан да се предава?!</s><s>Напред, другари, во борба!</s>
<s>Извор
Симо Младеновски, Живко Андреевски (ур.), „Доста ропство и тиранство: македонски народни песни со тематика од НОВ и револуцијата“, Скопје, 1978, 30 стр.</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8534 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4%20%D0%A1%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B6%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%20%D1%81%D0%B5%20%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%88%D0%B0 | Од Софија жален глас се слуша | <s>Од Софија жален глас се слуша,
секој ден редат бесила,
на бесила висат млади борци,
борци, одбор Македонци.</s><s>Едно утро тиран се извика:
- Ред е на Васил Антевски!</s><s>Бесилката му ја покажаа,
за желба го запрашава:
- Кажи, Васил, каква желба имаш
и кажи зошто се бориш?</s><s>Желба моја е Македонија,
земја да стане слободна.</s><s>Доста веќе она робуеше,
од секој маки тегнеше.</s><s>Старо, младо, сите се бориме
и ќе се ослободиме!</s><s>Кога разбра село Оморани,
старо и младо зажали,
еден на друг они расправаа
и сите на ред плакаа:
- Од малечок за нас се бореше
и за нас Васил загина!</s><s>Ој тирани, многу го мачевте,
од прсти му нокти вадевте,
далеку го вија однесовте
и таму го обесивте.</s><s>Да знаете, абер ви праќаме,
за Васил крв ќе вратиме!</s>
<s>Извор
Симо Младеновски, Живко Андреевски (ур.), „Доста ропство и тиранство: македонски народни песни со тематика од НОВ и револуцијата“, Скопје, 1978, 28 стр.</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8537 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%B0%20%D0%B8%20%D1%80%D0%B5%D1%84%D1%80%D0%B5%D0%BD | Песна со апострофа и рефрен | <s>кфкељопФМОЛЕЛЈФ
ФЕОЉПЈФЉЕПШОЈМ
ЕИКОНФЊЕОНКА
ненњгфњеинфгф слгфн дф
нгфњеојкнгфњоенгфењнгф
гњпеиргнпњеигнпње
егпњијнпиењјггиј
гпијењкдњгмнчпиејдједгмнндн
нфвгндепјмјнннре
јгфкдннв дкгјнкргрфг
ргмрг,кг
гфм,ффффф
г,гкорјгјгфднгцккв
ллоли
лополкио
пренасочување Име на целната страница</s>
|
8546 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%BC%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80 | Рамковен договор | <s>Точките во наредниов текст даваат усогласена рамка за обезбедување на иднината на демократијата во Македонија и овозможување на развојот на поблиски и поинтегрирани односи помеѓу Република Македонија и Евро-атлантската заедница.</s><s>Овој Рамковен договор ќе го промовира мирниот и хармоничен развој на граѓанското општество, истовремено почитувајќи го етничкиот идентитет и интересите на сите македонски граѓани.</s>
<s>1. Основни принципи
1.1.</s><s>Целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели.</s><s>Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија.</s>
<s>1.2.</s><s>Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат.</s><s>Не постојат територијални решенија за етничките прашања.</s>
<s>1.3.</s><s>Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот.</s>
<s>1.4.</s><s>Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат.</s>
<s>1.5.</s><s>Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците.</s>
<s>2. Прекин на непријателствата
2.1.</s><s>Страните го истакнуваат значењето на заложбите од 5 јули 2001 година.</s><s>Ќе има целосен прекин на непријателствата, целосно доброволно разоружување на етничките албански вооружени групи, и нивно целосно доброволно распуштање.</s><s>Тие го прифаќаат фактот дека за донесување Одлука од страна на НАТО да помогне во овој контекст, ќе биде потребно воспоставување општ, безусловен и неограничен прекин на огнот, согласност за политичко решение за проблемите на оваа земја, јасна заложба на вооружените групи доброволно да се разоружаат, и прифаќање од сите договорни страни на условите и ограничувањата во рамките на кои ќе делуваат силите на НАТО.</s>
<s>3. Развој на децентрализирана власт
3.1.</s><s>Ќе биде усвоен ревидиран Закон за локална самоуправа со кој ќе се зајакнат овластувањата на избраните локални претставници, и значително ќе се зголемат нивните надлежности во согласност со Уставот (како што е измените во согласност со Анекс А) и Европската повелба за локална самоуправа, при што ќе се одрази принципот на вертикална организираност кој што во моментов важи во Европската
унија.</s><s>Зголемените надлежности пред се ќе се однесуваат на областите на јавните услуги, урбаното и руралното планирање, заштитата на
животната средина, локалниот економски развој, културата, локалните финансии, образованието, социјалната заштита и здравствената заштита.</s><s>Ќе се усвои Закон за финансирање на локалната самоуправа за да се обезбеди соодветен систем на финансирање, за на локалните власти да им се овозможи да ги исполнуваат сите свои надлежности.</s>
<s>3.2.</s><s>Во рок од една година по завршувањето на новиот попис, кој под меѓународен надзор ќе биде спроведен до крајот на 2001 година, ќе бидат ревидирани општинските граници.</s><s>Ревизијата на општинските граници ќе биде спроведена од страна на локалните и националните власти, со меѓународно учество.</s>
<s>3.3.</s><s>Со цел да се обезбеди дека полицијата е свесна за и одговора на потребите и интересите на локалното население, локалните началници на полицијата ќе ги избираат советите на општините од листи на кандидати предложени од страна на Министерството за внатрешни работи и истите редовно ќе комуницираат со советите.</s><s>Министерството за внатрешни работи ќе го задржи овластувањето за разрешување на локалните началници на полицијата во согласност со законот.</s>
<s>4. Недискриминација и правична застапеност
4.1.</s><s>Целосно ќе се почитува принципот на недискриминација и рамноправен третман на сите лица пред законот.</s><s>Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија, како и кај пристапот до јавното финансирање за равојот на деловните активности.</s><s>4.2.</s><s>Во законите со кои се регулираат вработувањата во јавната администрација, ќе бидат содржани мерки со кои ќе се обезбеди правична застапеност на заедниците во сите централни и локални јавни тела и на сите нивоа на вработување во тие тела, истовремено почитувајќи ги правилата за компетентност и интегритет според кој се раководи јавната администрација.</s><s>Властите ќе преземат активности за да ја корегираат постоечката неврамнотеженост во составот на јавната администрација, особено преку вработување припадници на заедниците со недоволна застапеност.</s><s>Особено внимание ќе се посвети на тоа да се обезбеди, колку е можно побрзо, полициските служби генерално да го одразат составот и распределбата на населението во Македонија, како што е специфицирано во Анекс Ц.</s>
<s>4.3 За Уставниот суд, една третина од судиите ќе се избира од страна на Собранието, со мнозинство од вкупниот број пратеници, која ќе содржи мнозинство од вкупниот број пратеници кои тврдат дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија.</s><s>Оваа постапка ќе се применува и при изборот на Народниот правобранител и на тројца членови на Судскиот совет.</s>
<s>5. Посебни собраниски процедури
5.1.</s><s>На централно ниво, уставните амандмани и Законот за локална самоуправа, нема да можат да се усвојат без квалификувано мнозинство на
две третини од гласовите, во рамките на што ќе мора да има мнозинство од гласовите на пратениците кои тврдат дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија.</s>
<s>5.2.</s><s>За донесување на законите кои директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и на законите за локално финансирање, локални избори, градот Скопје и за општинските граници, ќе мора да постои мнозинство од гласови, во рамките на што ќе мора да има мнозинство од гласови на пратениците кои тврдат дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија.</s>
<s>6. Образование и употреба на јазиците
6.1.</s><s>Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците, а истовремено во цела Македонија ќе се применуваат унифицирани стандарди за академските програми.</s>
<s>6.2.</s><s>Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20 проценти од населението во Македонија, а врз основа на посебни спогодби.</s>
<s>6.3.</s><s>При уписот на државните универзитети на нови студенти, кои припаѓаат на заедници кои не се мнозинско население во Македонија, ќе се применува принципот на позитивна дискриминација се додека уписот правично не го одрази составот на населението во Македонија.</s>
<s>6.4.</s><s>Низ цела Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик.</s>
<s>6.5.</s><s>Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така, е службен јазик, како што е овде образложено.</s><s>Во органите на Република Македонија, кој било службен јазик различен од македонскиот може да се употребува во согласност со законот, како што понатаму е елаборирано во Анекс Б. Кое било лице што живее во единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од населението зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со регионалната канцеларија
на централната влада, надлежна за таа општина; таквата канцеларија, ќе одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот.</s><s>Кое било лице може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со главна кацеларија на централната влада, кој ќе му одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот.</s><s>6.6.</s><s>Во однос на локалната самоуправа, во општините каде одредена заедница сочинува најмалку 20% од населението на општината, јазикот на таа заедница ќе се употребува како службен јазик, дополнително на македонскиот.</s><s>Во однос на јазиците на кои зборуваат помалку од 20% од населението во општината, локалните власти демократски ќе одлучат за нивна употреба во јавните тела.</s>
<s>6.7.</s><s>Во кривични и граѓански судски постапки на кое било ниво, обвинетото лице или која било страна ќе има право на превод на
државен трошок на сите постапки, како и на документи во согласност со соодветни документи на Советот на Европа.</s>
<s>6.8.</s><s>Кои било лични документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот, исто така, ќе бидат издадени на тој
јазик, дополнително на македонскиот јазик, во согласност со законот.</s>
<s>7. Изразување на идентиетот
7.1.</s><s>Во однос на симболите, непосредно до симболот на Република Македонија, локалните власти ќе ја имаат слободата на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува идентитетот на заедницата која што е во мнозинство во општината, со почитување на меѓународните правила и примени.</s>
<s>8. Имплементација
8.1.</s><s>Уставните амандмани приложени во Анекс А, веднаш ќе бидат презентирани пред Собранието.</s><s>Страните ќе ги преземаат сите мерки за да го
обезбедат усвојувањето на овие амандмани во период од 45 дена по потпишувањето на овој Рамковен договор.</s>
<s>8.2.</s><s>Усвојувањето на измените во законодавството утврдени во Анекс Б ќе биде во согласност со динамиката таму специфицирана.</s>
<s>8.3.</s><s>Страните ја покануваат меѓународната заедница, што е можно поскоро да свика донаторска конференција, на која особено ќе се
разговара за макро-финансиската помош; поддршката за финансирање на мерките кои ќе се преземаат за потребата на имплементирање
на овој Рамковен договор, вклучувајќи ги и мерките за зајакнување на локалната самоуправа; и ревитализација и обнова во подрачјата погодени од борбите.</s>
<s>9. Анекси
Следниве анекси се составен дел од овој Рамковен договор.</s><s>А. Уставни амандмани
Б. Измени во законодавството
Ц.</s><s>Имплементација и мерки за градење доверба</s>
<s>10.</s><s>Завршни одредби
10.1.</s><s>Овој Договор стапува на сила со негово потпишување.</s>
<s>10.2.</s><s>Верзијата на англиски јазик на овој Договор е единствената автентична верзија.</s><s>10.3.</s><s>Овој Договор се водеше под покровителство на претседателот Борис Трајковски.</s>
<s>Потпишан во Скопје, Македонија, на 13. август 2001 на англиски јазик.</s>
|
8548 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8 | Народе македонски | <s>Песната "Народе Македонски" е создадена во спомен на масактрите во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани врз месното цивилно население од страна на Турците и Грците.</s><s>Убиени се над 200 загоричани, а селото е уништено.[Аудио верзија од песната ,,Народе Македонски``]</s>
<s>Текст
Народе македонски,
со какви идеи си ти?</s>
<s>Доста веќе, разбуди се,
свести се, не спи ти!</s>
<s>Не знаеш кој си, што си
- други тебе знаат.</s>
<s>Страм голем е за тебе
сам да се не знаеш.</s>
<s>Исклаја жени, деца,
во село Загоричани.</s>
<s>А, пред аскерот турски
фрл'ајте оружјето.</s>
<s>Опинци долги носат,
пискули големи</s>
<s>,
фустани раскапани
ем празни патрони.</s>
<s>Каде е Караиванов
и дружината му?</s>
<s>- Мелас Каравангелис,
в Битола в затвор е тој.</s>
|
8596 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D1%88%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%83%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D0%B4%D0%B0 | Марш на Првата македонска ударна бригада | <s>Еј, ние сме првата македонска бригада!</s><s>Друже Тито, в Македонија
Крвав бој поведовме.</s><s>И под твојто славно знаме
Жар и челик станавме.</s><s>Еј, ние сме првата македонска бригада!</s><s>Ечи Локов, ечи гора,
Ечат полја, долини,
Тиран свива гнасна глава
Пред нашите херои.</s><s>Ропски пранги кинеме
Зора греј над новиот строј,
Борба кога паѓаме
Тито твојот лик ни стој.</s><s>Ропски пранги кинеме...</s><s>Еј, ние сме првата македонска бригада!</s><s>Глас се чуе од гробојте
Глас на страшни освети:
„Крвта наша, крвта мила
Со крв да се отплати“.</s><s>Ропски пранги кинеме ...</s><s>Еј, ние сме првата македонска бригада!</s><s>Друже Тито, в Македонија
Крвав бој поведовме.</s><s>И под твојто славно знаме
Жар и челик станавме.</s><s>Ропски пранги кинеме...</s>
<s>Текст и композиција: Владо Малески</s>
<s>Извор
Mihailo Apostolski, Jovan Popovski, “NOB Makedonije: Publikacija fotografija, dokumenata i karata sa prigodnim tekstom o narodnooslobodilačkoj borbi makedonskog naroda“, „Narodna Zadruga", Skopje 1964.</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8607 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B8%20%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D0%B4%D0%B8%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C%20%D0%B8%20%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8 | Решение за организација поверенства при Президиумот на АСНОМ и именување на нивните раководители | <s>Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА ПОВЕРСТВА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ И ИМЕНУВАЊЕ НА НИВНИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ</s>
<s>Член 1
На основата на 10 чл. на решението на АСНОМ, ст. 2, од 2 август 1944, како врховно законодателно и исполнително тело во Македонија, Президиумот на АСНОМ ги создава следните поверенстш и именува нивните раководители:
1. Повереник за информацији — Панко Брашнаров,
2. Повереник за внатрешни работи — Киро Петрушев,
3. Повереник за просвета — проф. Епаминонда Поп-Андонов,
4. Повереник за народно стопанство и обнова — инж. Лазар Соколов,
5. Повереник за финансии — Богоја Фотев,
6. Повереник за соопштенија и градежи — Страхил Гигов,
7. Повереник за социјална политика — Ацо Петровски,
8. Повереник за судство — Петар Пирузе.</s>
<s>Член 2
Ова решение влегува во сила со денот на објавувањето.</s>
<s>Во с.</s><s>Рамно
6 август 1944 год.</s>
<s>ЗА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ</s>
<s>Секретар,
Вл.</s><s>Полежина, с. р.</s>
<s>Претседател,
Методија Андонов-Ченто, с. р.</s>
<s>Македонија во Втората светска војна
Документи за македонската историја и самобитност</s>
|
8663 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%BE%20%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%BE%20%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B0%D1%82%20%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5 | Што убаво носат партизаните | <s>Што убаво носат партизаните
што убаво носат, мале, партизаните</s>
<s>На главата носат убај капчиња
на капчиња пише, мале, ај, да се борат</s>
<s>Да се борат, мале, со фашистите
со фашисти, мила мале, ај, со балисти</s>
<s>На рамо си носат шмајзерите
па си отидоа, мале, ај, по шумите</s>
<s>Водач им беше, мале, маршал Тито
водач им беше, мале, ај, маршал Тито</s>
<s>Он ги даваше, мале, наредбите
да соборат, мила мале, ај, возовите
да соборат, мила мале, ај, мостовите.</s>
<s>Извор
http://www.rop.mk/alojz/pesni.php</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8664 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%B8%D1%85%D0%BE%20%D0%9C%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%B0%20%D1%81%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0 | Тихо Мирка си заспала | <s>Тихо Мирка си заспала
во Почепските планини,
во Почепските планини,
таму долу во ливади.</s>
<s>Насред ноќи пристигнале,
втора чета комесари,
гласот Мирка им го слушна,
одма Мирка се разбуди.</s>
<s>Во зората пристигнале
клети шпиони фашисти,
местото го заградија,
жива Мирка фатија.</s>
<s>Жива Мирка ја фатија,
во град Воден ја носија,
тешко Мирка ја мачија,
жива во гроб ставија.</s>
<s>Извор
pesna.org</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8665 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BA%D1%82%D0%B8%20%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE%2C%20%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%B8%20%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C%20%D0%B8%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B5%D1%80%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%20%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Акти донесени на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ и прописи од уставен карактер пред Уставот на Народна Република Македонија | <s>Прописи од уставен карактер пред Уставот на Народна Република Македонија во Федералната Единица Демократска Федерална Македонија во составот на Демократска и Федеративна Југославија од 2 август 1944 година до 8 март 1946 година и во Народна Република Македонија во составот на Федеративна Народна Република Југославија од 8 март 1946 година до 31 декември 1946 година, вон сила, со важност од 2 август 1944 година до 31 декември 1946 година.</s>
<s>РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КАКО ВРХОВНО ЗАКОНОДАТЕЛНО И ИСПОЛНИТЕЛНО НАРОДНО ПРЕСТАВИТЕЛНО ТЕЛО И НАЈВИСОК ОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА (АСНОМ)</s>
<s>РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КАКО ВРХОВНО ЗАКОНОДАТЕЛНО И ИСПОЛНИТЕЛНО НАРОДНО ПРЕТСТАВИТЕЛНО ТЕЛО И НАЈВИСОК ОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА (АСНОМ)
АНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 1.РЕШЕНИЕНА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТООСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КАКОВРХОВНО ЗАКОНОДАТЕЛНО И ИСПОЛНИТЕЛНОНАРОДНО ПРЕТСТАВИТЕЛНО ТЕЛО И НАЈВИСОКОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТНА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА(АСНОМ)</s>
<s>Член 1
Основајќи се на суверената воља и правото на самоопределение на народот на Македонија, чии верни толкователи се предствавителите на ова Собрание, а во согласие со решенијата донесени на II собрание на АВНОЈ (Антифашистичко веќе на народното ослободуење на Југославија) во град Јајце - 29 ноември 1943 година - Антифашистиското собрание на народното ослободуење на Македонија (АСНОМ) се конституира во врховно законодателно и исполнително представително тело на Македонија и македонската држава, како рамноправна федерална единица во демократска федеративна Југославија.</s>
<s>Член 2
АСНОМ врши законодателната и иполнителната функција на македонската федерална држава, доколку таја функција не ја префрлил на својот Президиум и на Народното правителство на македонската држава.</s>
<s>Член 3
АСНОМ го образуваат народните представители, без разлика на народност, вероисповедание, пол, раса и политическо-партијска припадност, кои се дели доказателство, оти ја прихваќат борбата за самостојателност и слобода на народот на Македонија и народно-ослободителната борба на сите останали народи во Југославија, и покрај това се непомиреливи непријатели на окупаторот и неговите помагачи.</s>
<s>Член 4
Законодателната власт АСНОМ ја врши на своите пленарни заседанија, а во времето меѓу заседанијата таја власт ја врши преку Президиумот.</s><s>Исполнителната власт АСНОМ ја врши преку својот Президиум и преку Народното правителство на македонската држава.</s>
<s>Член 5
АСНОМ и Народното правителство на македонската држава се врховни органи на народната власт во македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија.</s><s>Имајќи пак предвид сегашното развитие на народно-ослободителната борба и степенот на изградуењето на власта во општата држава, а како уште ги нема сите условија за образувањето на Народното правителство на македонската држава, функцијата на Народното правителство ќе ја врши времено ПРЕЗИДИУМОТ на АСНОМ.</s>
<s>Член 6
АСНОМ си избира свој Президиум, кој е составен от претседател, два подпретседатела, два секретара и најмалку други 16 (шеснаесет) члена.</s>
<s>Член 7
За својата работа Президиумот одговара пред АСНОМ.</s>
<s>Член 8
Сите законодателни решениа на АСНОМ и неговиот Президиум се објавуват со потписите на претседателот и секретарот на АСНОМ, односно неговиот Президиум.</s>
<s>Член 9
На територијата на Македонија важат законите на федералната македонска држава и законите на федеративна и демократска Југославија.</s>
<s>Член 10
До формирањето на Народното правителство на македонската држава при Президиумот на АСНОМ се образуват нужен број отдели за разните гранки на државното управление.</s><s>Секој отдел се управљава от началник на отделот.</s><s>Началникот на отделот ги води работите на отделот, под раковотството и контролата на член от Президиумот, а кого и одговара.</s>
<s>Член 11
Народното правителство на македонската држава, односно до неговото образовање Президиумот на АСНОМ, има функцијата на народно правителство, основајќи се на решенијата на АСНОМ, а во согласие со решениата на АВНОЈ, како и заповедите и решениата на Националниот комитет на ослободењето на Југославија, донесуе заповеди и решениа и контролира нивното спроведуење во македонската држава.</s>
<s>Член 12
Народното правителство на македонската држава, односно до неговото образување Президиумот на АСНОМ, има право да отфрли заклучениата и заповедите на сите народно-ослободителни одбори, ако не се во склад со законите на македонската држава.</s>
<s>Член 13
Работите на секое заседание на Собранието ги води Работното претседателство, избрано само за това заседание.</s><s>Ова претседателство е составено от претседател, подпретседател, два секретара и најмалку 5 члена.</s><s>За секое заседание се избира и верификациона комисија составена од 5 члена.</s><s>Новото заседание го отвара Претседателот на претходното заседание, предлагајќи избор на ново работно председателство.</s>
<s>Член 14
Ова решение влегуе веднага во сила.</s><s>Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.</s><s>ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КОНСТИТУИРАЊЕТО НА АСНОМ КАКО ВРКОВЕН ЗАКОНОДАТЕЛЕН И ИЗВРШЕН ОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 84.</s><s>Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 15 април 1945 година, го донесе следниотЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТОНА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕНА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈАЗА КОНСТИТУИРАЊЕТО НА АСНОМ КАКОВРХОВЕН ЗАКОНОДАТЕЛЕН И ИЗВРШЕНОРГАН НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТНА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА Имајќи ја во вид потребата за воспоставуењето на Народна влада на Македонија, а со обзир на постигнатото средуење на внатрешните отношенија и на зацврстуењето на народната власт, АСНОМ го донесуе следниот закон:</s>
<s>Член 1
Називот „Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија“ се изменуе и гласи: „Народно собрание на Македонија“.</s><s>Називот на извршните органи на државната власт во Македонија се изменуат и ќе гласат: селски, општински, градски, реонски, околиски или окружни народен одбор, градско, околиско и окружно народно собрание.</s>
<s>Член 2
Се укинуе член 13 од Решението на Антифашистичкото собрание на народното ослободуење на Македонија.</s>
<s>Член 3
Президиумот на АСНОМ, кој сега стануе Президиум на Народното собрание на Македонија, а кој привремено ги вршеше и работите на Народната влада на Македонија, со формирањето на Народната влада престануе да ги врши тие работи и ги задржуе законодателните функции, кои нему му припаѓат помеѓу заседаниата на Народното собрание на Македонија, и оние извршни функции, кои нему му припаѓат како на Президиум на Федералната држава Македонија и како на представител на државниот и народниот суверенитет на Федерална Македонија.</s>
<s>Член 4
Овој закон влегуе во сила со денот на изгласуењето.</s><s>Скопје, 15 април 1945 година.</s><s>ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИНОТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
АНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 2.</s>
<s>ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИНОТ НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
1. Сите граѓани на федералната македонска држава се еднакви и рамноправни пред законите, не гледајќи нивната народност, пол, раса и вероисповеданије.</s><s>2. На националните малцинства на Македонија се осигурават сите права на слободен национален живот.</s><s>3. На секој граѓанин му е гарантирана сигурноста на личноста и имотот, загарантирано е правото на сопственост и чесната иницијатива во стопанскиот живот.</s><s>4. На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповеданието и слободата на савеста.</s><s>5. На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на дружението.</s><s>6. Изборното право на демократска Македонија го вршат избирачите со тајно гласување на основание на општото, еднаквото, непосредното и личното изборно право.</s><s>7. Правото да избират и да бидат избрани во сите изборни тела во народната власт имајат секој граѓанин и секоја граѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје престапление.</s><s>До дека траје народно-ослободителната војна, по решение на АСНОМ, може да се отстапи от принципите на тајното и непосредното гласување.</s><s>Малоумните лица, како и лицата кои са провинат по отношение на интересите на народно-ослободителната војна, се лишувајат од правата по точка 5 и 6 на оваја декларација.</s><s>8. Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без разлика на народност и вера, да учествуе како војник во редовите на народно-ослободителната војска и партизанските одреди.</s><s>9. Се забрануват и прогонуват сите фашиски и профашиски дејствија, оти са против слободата и независноста на братската заедница на народите во Југославија.</s><s>10.</s><s>На секој граѓанин му е загарантирано правото на жалба против решениата на органите на власта по начинот предвиден во законот.</s><s>Секој граѓанин има право на молба и поплака кај сите државни власти.</s><s>11.</s><s>Народната власт се стара да острани неписменоста и да ја подигне народната култура како и да осигура бесплатна просвета.</s><s>Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.</s><s>ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАВЕДУЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА
АНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 3.РЕШЕНИЕНА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТООСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗАЗАВЕДУЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКОСЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНСКАТАДРЖАВА</s>
<s>Член 1
Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик.</s>
<s>Член 2
Ова решение влегуе веднага во сила.</s><s>Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.</s><s>ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Лупчо Арсов, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
АНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 4.ПРАВИЛНИК ЗА РАБОТАНА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТООСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>Член 1
АСНОМ се собира на позив на Президиумот на редовно и прекоредно заседание.</s>
<s>Член 2
АСНОМ се собира на редовно заседание по правило два пати годишно.</s><s>На редовно заседание Президиумот поднесува доклад за својата работа.</s>
<s>Член 3
Прекоредно заседание на АСНОМ свикуе Президиумот по потреба или по тражењето на една четвртина претставители.</s><s>Своето тражење претставителите го поднесуват на Президиумот.</s><s>Во предложението за свикуење на прекоредното собрание се назначуват дневниот ред и конкретните предложенија.</s>
<s>Член 4
Заседанието на Собранието го отвара претседателот на АСНОМ, а седниците на заседанието ги раководи работното председателство, избрано на самото заседание.</s>
<s>Член 5
Верификационата комисија утврдуе правилноста на мандатите на народните представители, установуе дали има кворум и дали се представителите правилно повикани на прекоредно заседание и за најденото поднесуе свој доклад и предложение.</s><s>По тој доклад Собранието решава за признанието на мандатот на секој представител и за натамошната работа.</s>
<s>Член 6
На секоје заседание секретарите на АСНОМ, со помошта на потребен број технички лица, водат записник за седниците на заседанието.</s><s>Записникот го потпишуе претседателот и секретарите на АСНОМ.</s>
<s>Член 7
За секоја точка на дневниот ред и за секоје предложение се расправуе и решава отделно.</s>
<s>Член 8
Секој представител е должен да присуствуе на седниците на Собранието и има право да учествува во дискусијиата и да прави предложение.</s><s>Председателот има право, по потреба, да ограничи времето на говорот.</s><s>Ако настане спор, за тоа ограничение, решава Собранието.</s>
<s>Член 9
Собранието може да донесе полноважни решениа, ако на заседанието присуствуе повеќе од половината народни представители.</s>
<s>Член 10
Предложението се смета примено, ако за него гласуват повеќе от половината присуствени представители.</s><s>Ако се гласовите поделени, се смета оти предлогот не е примен.</s><s>Начинот на гласувањето го определуе председателот, што е раководи седницата.</s><s>Ако настане спор, решава Собранието.</s>
<s>Член 11
АСНОМ, односно Президиумот, решава за примањето на нови представители, народни борци и дејци на народно ослободителното движење сè до тогај, до дека не бидат распишани општи избори за представители на АСНОМ.</s>
<s>Член 12
Народните представители не може да бидат затворени ни предадени на суд без согласието на Собранието, односно на Президиумот во време кога Собранието не заседава, освен во случај на предателство и кога се затечени при вршење на тешки претстапленија.</s>
<s>Член 13
Овој правилник за работа влегуе веднага во сила.</s><s>Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.</s><s>ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА РАБОТАТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 83.</s><s>На основание точка 1 од Решението на Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија за конституисање на АСНОМ како врховен законодавен и извршен орган на државната власт на демократска и Федерална Македонија, АСНОМ го донесува следното:ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА ПРАВИЛНИКОТЗА РАБОТАТА НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕНА НАРОДНОТО ОСЛОВОДУЕЊЕНА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>Член 1
Член 3 се изменува и гласи така: „Прекоредното собрание на АСНОМ го свикуе Президиумот по потреба или по сакањето на една половина народни представители.</s><s>Во предложението за свикувањето на прекоредното собрание се назначуват дневниот ред и конкретните предложениа.“ Член 4 се укинува.</s><s>Член 5 се укинува.</s><s>Член 6 става член 4. Член 7 се укинува.</s><s>Алинеа 2 на член 8 се укинува, и Член 8 става член 5. Член 9 става член 6. Член 10 става член 7. Член 11 се укинува.</s><s>Член 12 става член 8.</s>
<s>Член 2
На заседанието на Собранието председателствува Председателот или еден од потпретседателите.</s><s>Председателот се грижи за вршењето на работата и за запазување редот на работата на заседанието.</s>
<s>Член 3
Заседаниата на собраниата се јавни.</s><s>Тие можат да бидат и тајни по предложение на Президиумот или најмалку 30 народни представители.</s><s>За овоа предложение се гласа без дискусиа.</s>
<s>Член 4
Секое заседание почнува со читање на дневниот ред и записникот от миналото заседание.</s><s>Дневниот ред на првото свикување го утврдува Президиумот на АСНОМ.</s><s>За секое едно заседание дневниот ред може да се измени со одлука на Собранието.</s><s>Дневниот ред ќе се објави со нарочни објави во салата и зградата во која се држат заседанијата.</s>
<s>Член 5
На заседанијата на Собранието право да говорат имат само народните представители и лица кој са нарочно повикани от страна на Президиумот или Собранието.</s><s>Председателот дава думата на говорниците и това по ред како кој се пријави.</s><s>Говорниците се пријавуват за дума писмено на Председателот во течението на дебатата.</s>
<s>Член 6
По сите поважни предмети се води во Собранието дискусија (претрес).</s><s>Дискусијата се врши по принцип и во поединости.</s><s>Собранието своите одлуки ги донесува во вид на закон или резолуција.</s><s>Предложенијата за закони и резолуции, пред да се изнесат на претрес во пленумот, се претресуват во надлежните одбори на Собранието.</s>
<s>Член 7
За полесно свршување на работите, Собранието избира нарочни одбори, и това: законодателен одбор, финансијски одбор, одбор за молби и жалби и мандатни одбор.</s><s>За изнесување на молби пред Собранието решава одборот за молби и жалби.</s><s>Свија одбори са постојани, а во времето меѓу заседаниата на Собранието работат како одбори на Президиумот.</s><s>Собранието може да определи и други истражни и анкетни одбори за по некој прашања.</s><s>Сите власти во Македонија должни са по барање на тие одбори да им дадат содејствие во нивната работа.</s>
<s>Член 8
Говорникот може да говори само за прашањето кое е на дневен ред.</s><s>Председателот има право да го ограничи времето на говорот и да го опомене говорникот за дневниот ред.</s>
<s>Член 9
Предложениа за закони и резолуции можат да поднесуват народните представители и министрите.</s>
<s>Член 10
По правило народните представители преку Председништвото треба да бидат обавестени за проектот на предложението преди да се предложението стави на дневен ред на заседанието.</s>
<s>Член 11
За хитноста на поедини решениа решава Собранието.</s>
<s>Член 12
Народните представители имат право да постават прашање на Председателството на Собранието, на Народната влада или на поедини министри.</s><s>Прашањата се поставуват писмено или усмено во почетокот на заседанието.</s><s>На поставеното прашање Президиумот на Собранието, односно на владата и министрите должни се да одговорат усмено или писмено најдоцна во срок от три дена.</s>
<s>Член 13
На народниот представител Председателот може да му ја земе думата ако ни после опомената на Председателот не се придржува на дневниот ред или пак ако говори во тон недосојен на Собранието.</s><s>Во потешки случаи Собранието може може да го ислључи народниот представител от едно или повеќе заседаниа.</s>
<s>Член 14
Мандатот на народниот представител престанува со смрта, а се губи: 1. ако е осуден за нечесно дело; 2. ако со својето држање во Собранието и надвор од него го слаби угледот на народни представители; и 3. ако неправилно и постојано отсуствува от заседанијата на Собранието.</s><s>За губењето на мандатот на народен представител решава Собранието по продолжение на мандатниот одбор.</s>
<s>Член 15
На народните представители Президиумот им издава специални легитимации за народни представители.</s>
<s>Член 16
Никој вооружен не смее да влезе во салата во која се држат заседанијата на Народното собрание освен лица кои Председништвото ќе ги повика со оружје.</s>
<s>Член 17
Граѓани можат да присуствуват на заседанијата на Собранието со билети издадени от Президиумот.</s>
<s>Член 18
Искључително право за одржување на редот како во зградата така и во салата каде се држат заседанијата припаѓа на Президиумот на Собранието.</s><s>Председателот може да ги искључи слушачите кои го нарушуват редот и мирот.</s>
<s>Член 19
Ова изменение и дополнение на Правилникот за работата влага во сила со изгласувањето от АСНОМ.</s><s>Скопје, 14 аплил 1945 година.</s><s>ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>РЕШЕНИЕ НА АСНОМ ЗА ОБРАЗУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАТЕЛНА КОМИСИЈА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ
АНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 5.РЕШЕНИЕНА АСНОМ ЗА ОБРАЗУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАТЕЛНАКОМИСИЈА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТНА АСНОМ</s>
<s>Член 1
Образува се законодателна комисија при Президиумот на АСНОМ.</s>
<s>Член 2
Законодателната комисија е составена од претседател и 6 члена.</s><s>Ова комисија е именује Президиумот на АСНОМ.</s>
<s>Член 3
Законодателната комисија претресуе и дава мнение по законопроектите, донесени по иницијативата на Президиумот на АСНОМ, Народното правителство и поедините представители, а и самата изработуе законски проекти.</s><s>Својот доклад за поедините законски проекти, комисијата го поднесуе на АСНОМ, односно на Президиумот на АСНОМ.</s>
<s>Член 4
Ова решение влегуе веднага во сила.</s><s>Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.</s><s>ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОБРАЗУВАЊЕ НА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА УТВРДУЕЊЕ ПРЕСТАПЛЕНИЕТО НА ОКУПАТОРИТЕ И НИВНИТЕ ПОМАГАЧИ
АНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 6.РЕШЕНИЕНА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТООСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОБРАЗУВАЊЕНА ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА УТВРДУЕЊЕПРЕСТАПЛЕНИЕТО НА ОКУПАТОРИТЕИ НИВНИТЕ ПОМАГАЧИ</s>
<s>Член 1
При Президиумот на АСНОМ се образува државна конисија за утврдување престапленијата, направени от окупаторите и нивните помагачи во теченије на војната.</s>
<s>Член 2
Задачата на Комисијата ќе биде да утврди престапленијата, да ги пронајде и приведе за наказание сите онија лица, одговорни за престапленијата направени во Македонија за времето на окупацијата.</s>
<s>Член 3
Президиумот на АСНОМ ќе именује членовите на оваја комисија веднага.</s>
<s>Член 4
Ова решение влегуе веднага во сила.</s><s>Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.</s><s>ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОДОБРЕНИЕ РЕШЕНИАТА, ЗАПОВЕДИТЕ И ЗАДОЛЖЕНИАТА, ЗЕМЕНИ ОТ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА И ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ
АНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 7.</s>
<s>РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОДОБРЕНИЕ РЕШЕНИАТА, ЗАПОВЕДИТЕ И ЗАДОЛЖЕНИАТА, ЗЕМЕНИ ОТ ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА И ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ НА АСНОМ
Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија, на своето Прво заседние от 2 август 1944 година, донесуе следото решение: 1. Се одобруват и потврдуат сите решениа, заповеди и задолженија на Главниот штаб на Народно-ослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија издадени и земени во времето до ова заседание.</s><s>2. Се одобрува работата на Иницијативниот одбор за свикување на Народното Собрание на Македонија за времето до ова заседание.</s><s>Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.</s><s>ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>РЕШЕНИЕ НА АСНОМ ЗА ОТДАВАЊЕ ПРИЗНАНИЕ И БЛАГОДАРНОСТ НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА
АНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 8.</s>
<s>РЕШЕНИЕ НА АСНОМ ЗА ОТДАВАЊЕ ПРИЗНАНИЕ И БЛАГОДАРНОСТ НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА
Првото пленарно заседание на АСНОМ го изразуе своето признание и народната благодарност на Главниот штаб на Народно-ослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија за изградуењето и организуењето на нашата народна војска и за успешното раководење на операциите во борбата против непријателите на нашиот народ.</s><s>Првото пленарно заседание на АСНОМ ја изразуе долбоката благодарност на Главниот штаб и за неговата сестрана политическа работа окулу собирањето на сите патриотически сили на нашиот народ, подигнуењето на името на нашата земја пред туѓина и работата окулу изградуењето на истинска, демократска власт.</s><s>Исто така, Првото пленарно заседание на АСНОМ изразуе народно признание и благодарност на борците от народно-ослободителната војска образувана от најсвесните и најдобрите синови на македонскиот народ, - на борците кои со својата крф и коски, со својата геројвска борба и натчовешки напори и постигнатите победи, а во заедничката борба со Народно-ослободителните војски на останалите братски народи во Југославија, ги поставија основите на македонската држава и слобода.</s><s>Народно-ослободителната војска е најголемата придобивка на нашата народно-ослободителна борба.</s><s>Првото пленарно заедание на АСНОМ веруе оти нашето воено раководство, а на чело со Главниот штаб, заедно со борците на Народно-ослободителната војска ќе одат от победа во победа, сè до крајното изгонуење на окупаторите от македонската земја.</s><s>Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.</s><s>ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>РЕШЕНИЕ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРОГЛАСУЕЊЕ НА ИЛИНДЕН - 2 АВГУСТ - ЗА НАРОДЕН ДРЖАВЕН ПРАЗНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА
АНТИФАШИСКО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 9.РЕШЕНИЕНА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТООСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗАПРОГЛАСУЕЊЕ НА ИЛИНДЕН - 2 АВГУСТ - ЗАНАРОДЕН ДРЖАВЕН ПРАЗНИКНА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА</s>
<s>Член 1
Илинден - 2 август - се прогласуе за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото конечно ослободуење от вековното ропство и создавање на слободната и суверена Федерална македонска држава.</s>
<s>Член 2
Ова решение влегуе веднага во сила.</s><s>Во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 година.</s><s>ЗА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНОТО ОСЛОБОДУЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Љупчо Арсов, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>РЕШЕНИЕ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА СУД ЗА СУДЕЊЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ</s>
<s>РЕШЕНИЕ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА СУД ЗА СУДЕЊЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ</s>
<s>ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУЕЊЕ И ДОПОЛНУЕЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА СОЗДАВАЊЕ НА СУД ЗА СУДЕЊЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ
ПРЕЗИДИУМ НА НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 87.</s><s>Народното собрание на Македонија, на своето заедание одржано на 16 април 1945 година го донесе следниотЗАКОНЗА ИЗМЕНУЕЊЕ И ДОПОЛНУЕЊЕ НА РЕШЕНИЕТОЗА СОЗДАВАЊЕ НА СУД ЗА СУДЕЊЕНА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВМАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ</s>
<s>Член 1
Членовите 7, 8 и 9 од Решението на Президиумот на АСНОМ од 30 декември 1944 година, за создавање на Суд за престапленијата извршени против македонската национална чест се изменуваат и гласаат така: Член 7 „Претседателот, судиите и секретарот на судот ги назначуе Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум.</s><s>Претседателот на Судот, на кого во работата му помага секретарот на Судот, има право да во рамките на овој закон издава на судските состави напатствија за вршењето на работите од формална гледна точка доколку тоа не е јасно определено од овој закон“.</s><s>Член 8 „Седиштето на судот е во Скопје.</s><s>Судот ја врши судската власт во состав од петорица судии.</s><s>Судските состави се покретни и судат по правило во складиштата на окружните народни одбори во денови определени од судот порано.</s><s>Членовите на судот од територијата на округот секогаш по правило влегуат во составот на судот кој суди во тој округ“.</s><s>Член 9 „Составуењето на судскиот состав го врши претседателот на судот.</s><s>Секој состав има секретар, кој од редовите на правниците го поставуе Президиумот на Народното собрание.</s><s>Секретарот на составот ги води записниците на судските расправии, помага при изработуењето на судските одлуки и ги врши административните работи се под надзор на претседателот на составот, а самиот состав има само советодавен глас“.</s>
<s>Член 2
Народниот обвинител при судот за судење на престапленијата извршени против македонската национална чест влегуе во составот на Јавното обвинителство на Македонија.</s>
<s>Член 3
Овој закон влегуе во сила со денот на изгласуењето.</s><s>Скопје, 16 април 1945 година.</s><s>ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА УКИНУЕНЈЕТО НА РЕШЕНИЕТО НА АСНОМ ЗА СОЗДАВАНЕ НА СУД ЗА СУДЕНЈЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ ОД 30 XII 1944 ГОДИНА, И ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА РЕШЕНИЕТО НА АСНОМ ЗА СОЗДАВАНЈЕ НА СУД ЗА СУДЕНЈЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ ОД 16 АПРИЛ 1945 ГОДИНА
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 81.</s><s>По предложение на министерскиот совет на Народната влада на Демократска федерална Македонија и докладот на Законодателниот одбор при Президиумот на Народното собрание на Македонија, на своето заседание од 1 јули 1945 година донесе следниот:ЗАКОНЗА УКИНУЕНЈЕТО НА РЕШЕНИЕТО НААСНОМ ЗА СОЗДАВАНЕ НА СУД ЗА СУДЕНЈЕ НАПРЕСТАПЛЕНИЈАТА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТАНАЦИОНАЛНА ЧЕСТ ОД 30 XII 1944 ГОДИНА, ИЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА РЕШЕНИЕТОНА АСНОМ ЗА СОЗДАВАНЈЕ НА СУД ЗАСУДЕНЈЕ НА ПРЕСТАПЛЕНИЈА ИЗВРШЕНИ ПРОТИВМАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ ОД 16 АПРИЛ1945 ГОДИНА</s>
<s>Член 1
Решението на АСНОМ за создаване на Суд за суденје на престапленијата извршени против македонската националната чест од 30 XII 1944 година, како и Законот за изменение и дополнение на Решението на АСНОМ за создавзне на Суд за суденје на престапленијата извршени против македонската национална чест од 16 април 1945 година се укинуват исцело и се турат ван снага, бидејки да истите изиграја својата ролја во една определена етапа и сега се укажуват како непотребни.</s><s>Престапленијата и злодејанијата извршени против татковината ке се разгледуват и пресудуавт од редовните Народни грагјански или војни судови.</s>
<s>Член 2
Овој Закон влегуе во законска сила со денот на објавуенјето.</s><s>Секретар Претседател на Президиумот на Народното на Президиумот на Народното Собрание на Македонија, Собрание на Македонија, Д-р Борис Спиров, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА ЗАКЛЕТВАТА НА НАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВИТЕЛИ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 85.</s><s>Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 15 април 1945 година, го донесе следниотЗАКОНЗА ЗАКЛЕТВАТА НА НАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВИТЕЛИНА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>Член 1
Народните претставители на Народното собрание на Македонија, на кои представителските мандати им се заверени од Мандатниот одбор и се признати од Народното собрание, ја положуат на заседанието на Народното собрание на Македонија следната заклетва: „Ја, Н.</s><s>Н., се колнам во честа на својот народ, дека верно и безуморно ке служам на народот, дека сите свои должности ке ги вршам свесно и праведно, чувајќи и бранејќи ги тековините на народноослободителната борба, за среќа и напредок на Македонија и Демократска Федеративна Југославија“.</s>
<s>Член 2
Овој закон влегуе во сила кога ќе го изгласа Собранието.</s><s>Скопје, 15 април 1945 година.</s><s>ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА СПРЕЧУЕЊЕ НА ШПЕКУЛАЦИЈАТА</s>
<s>ЗАКОН ЗА СПРЕЧУЕЊЕ НА ШПЕКУЛАЦИЈАТА
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 86.</s><s>Народното собрание на Македонија, на своето заседание од 16 април 1945 година, а по предложение на Законодавниот одбор, го донесе следниотЗАКОНЗА СПРЕЧУЕЊЕ НА ШПЕКУЛАЦИЈАТА</s>
<s>Член 1
Како шпекулација се смета стопанско дејствие, кое има за цел, исползувајќи извонредните опстојателства настапини поради војната и фашистичката окупација да постигне несразмерна стопанска полза, во вреда на народните и нтереси и на снабдувањето на Југословенската армија и населението.</s><s>Шпекулацијата се накажуе по распоредбите на овој закон, до колку не се предвидени построги наказанија во некој друг закон.</s>
<s>Член 2
Како шпекулација, во смисла на овој закон, се смета: 1) Секоја работа и дејствие, кое се претприема со намерание, да се стоките (трговската, занаетчиската, индустријалната, земјоделските и стоководните производениа и предметите необходни за народното стопанство и слично), со натрупуење, укинување, непријавување, ограничуење на продажба или непродавање воопште, повлечујат од прометот и со това повиси нивната цена; 2) Сакање поголема цена за стоката која цена обеспечава на производителот, на посредникот односно на продавачот печалба, која се, со обзир на местото, времето и сите други опстојателства, смета како прекумерна; 3) Секое непридржуење на одредените или кои ќе бидат одредени по надлежен ред цени; 4) Купуење, продавање или произведуење на стоки противни на надлежните расписанија; 5) Запирање или ограничуење на стопанската дејност без уважителни причини, повредуење сопственото си предпријатие, или стока со цел да се растрои економската сила на нашата федерална единица; 6) износ или превоз на стока без позволение од надлежната власт, ако е за износот или превозот предвидено да се има позволение од надлежната власт; 7) секое споразумение меѓу производителот, посредникот и продавачот со цел да се повиши цената односно со цел да се одржи високата цена испречи нејзиното намалуење; 8) многукратно препродавање, односно уведуење непотребни посредничества во прометот на стоките важни за снабдуењето на Југословенската армија и населението, поради кое стоката би могла да поскапее; 9) купуење на стоката по трговите (пазарите), или по пат на тргот од производителите или други лица, за да се продава, како и одвраќање производители и други лица да произведујат стоки или да ги продават; 10) неозначуење на видно место во заведенијата, на трговите или на други места определени за продажба, ценовници, етикети и слично, на сите стоки определени за продажба.</s>
<s>Член 3
Дела извршени против распоредбите на овој закон се накажујат според тржината на своето дејание со: 1) глоба; 2) присилна физичка работа од 3 месеци до 3 години; 3) конфискација на стоките со кои е извршена шпекулациа; 4) конфискација на целиот имот на осуденото лице; 5) смрт.</s><s>Наказанијата под т.т.</s><s>1, 2 и 3 од став 1 на овој член можат да се наложат заедно против осуденото лице, а наказанието од точка 5 повлечуе и това од точка 4. Наказанието по точка 5 став 1 од овој член се налага само во случаите, кога е со деанието за шпекулацијата нанесена вреда на саштествените народни интереси или е во гокем маштаб угрозено снабдуењето на Југословенската армија и населението, како и кога е извршителот на делото со умисал делал да ослаби економската сила на нашата федерална единица во полза на непријателот.</s><s>При наложуење наказанијата от т.т 4 и 5 став 1 на овој член, се оставуе на неполнолетните деца и на безимотна сопруга најнужните средства за живот како и на неработноспособните членови на семејството.</s>
<s>Член 4
Глобата не може да биде поголема од стократната стојност на стоката според цената по која е она незаконски продавана, а која е предмет на наказателното проследуење.</s><s>Во случаите кога стоката не е непосредствен предмет на наказателното проследуење, глобата се налага во размер од 1.000 до 1.000.000 лева.</s>
<s>Член 5
Глобите се наплатујат и конфискациите се извршујат во полза на Македонската федерална единица.</s><s>Конфискованата стока се оставуе на чување на народниот одбор на местото каде е донесена пресудата, а со стоката, односно имотот се постапуе по следниот начин: 1) Ако стоката подложи на брза разнела или е добиток се продава по определените цени, а сумата се става на расположение на Министерството за трговија и снабдуење, односно на Министерството за индустрија и рударството; 2) Целата друга стока се пази и за това се известуе Министерството за трговија и снабдуење, односно Министерството за индустрија и рударство, кои располагат со истата во рамките на саштествуваштите распореждениа.</s>
<s>Член 6
Глоба во случаи на неисплатимост се заменуе со присилна работа, като се смета по 300 лева за секој ден на присилна работа.</s><s>Наказанието присилна физичка работа, со кое се заменуе глобата, не може да биде подолго од три (3) години.</s>
<s>Член 7
Условно наказание не се допушта.</s>
<s>Член 8
Сопственикот на претпријатието или заведението, ако е физичко лице, одговара за неспазуење распоредбите на овој закон, доколку не се докаже да се дејанијата извршени од неговиот намештеник, без негово знание или одобрение во последствие.</s><s>Во таков случај одговара намешникот.</s><s>За глобата, во секој случај, одговара солидарно и сопственикот на претпријатието или на заведението.</s><s>Намештениците, или други лица, ако учествуеле во кривичното дело, како саучесници или помагачи одговарат исто така по овој закон.</s><s>При правните лица, одговара лицето на кое е поверено вршењето на работите, доколко не се докаже да е деанието извршено без негово знание.</s><s>Во таков случај одговара лицето, а солидарно одговара и правното лице.</s>
<s>Член 9
Остем наказанијата наложени по распределбата на овој закон, може во претпријатијата или заведенијата нарочно важни за снабдуењето на Југословенската армија и населението да се назначи делегат на народноослободителната власт за сметка на претпријатието или заведанието, со задача да се грижи за правилната работа на претпријатието или заведанието.</s><s>Делегатот се назначуе од Министерот за трговијата и снабдуењето, односно од Министерот за индустријата и рударството.</s>
<s>Член 10
За судопроизводството и донесуењето на пресудите се надлежни редовните народни судови.</s><s>Месна надлежност се определуе согласно распоредбите кои важат за сите судови.</s><s>Дудопроизводството се открива: 1) по чесна пријава или 2) службено.</s><s>Сите органи на власта кои ќе се научат за постоењето на некое дело по овој закон, се должни да поднесат затоа пријава до соодветниот редовен народен суд.</s>
<s>Член 11
Против пресудата на првостепените редовни народни судови се допушта жалба во срок од 8 дена преку првостепените редовни народни судови, чија пресуда е окончатена.</s><s>Жалбата не го задржуе исполнуењето на пресудата, но судот може да го одложи исполнуењето до влегуењето во законска сила на пресудата, ако постои опасност да ќе се нанесе со това на осудениот непоправима штета.</s><s>Пресудата изречена по член 3 став 1 точка 5 на овој закон се извршуе кога ќе влезе во законска сила.</s><s>Судот може да постави да пресудата по нејзиното влегуење во законска сила се објави во дневниот печат за сметка на осудениот.</s>
<s>Член 12
Редовните народни судови можат да наредат, да се подозреното лице притвори ако постои опасност да избега или да попречи на истрагата.</s>
<s>Член 13
Овој закон се спроведи во дејствие од страна на Министерот за трговија и снабдуење, односно Министерот за индустрија и рударство, во согласност со Министерот на судството.</s>
<s>Член 14
До формирањето на редовните народни судови, делата по овој закон ќе ги разгледат воените судови.</s>
<s>Член 15
Овој закон влегуе во сила со денот на обнародуењето.</s><s>Скопје, 16 април 1945 година.</s><s>ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>РЕШЕНИЕ ЗА СТАВАНЈЕ ВОН СИЛА НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУЕНЈЕ НА СПЕКУЛАЦИЈАТА</s>
<s>РЕШЕНИЕ ЗА СТАВАНЈЕ ВОН СИЛА НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУЕНЈЕ НА СПЕКУЛАЦИЈАТА
МИНИСТЕРСКИ СОВЕТ НА ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЈА (БЕЗ ХРОНОЛОШКИ РЕДЕН БРОЈ.) Министерскиот Совет на Федерална Македонија, на заседанието си от 28 април 1945 година донесе следното решение: Како законот против недопуштената спекулациа и стопанското саботиранје донесен от Президиумот на АВНОЈ на 23 април 1945 година и објавен во „Службен лист на Демократска Федеративна Југославија“ на 25 април тековнава година важи за целата територија на Југославија и со него се заменуват сите претходни происи от оваја материја.</s><s>За това се става вон сила законот за спречуенје спекулацијата донесен на 16 април тековнава година от Народното Собрание на Македонија и за напред ке важи законот за недопуштената спекулација и стопанско саботиранје от 23 април 1945 година.</s><s>До организиранје на редовните судови, делата по овој закон ке бидат рагледавани и судени от Воените судови.</s><s>Овоа решение влегуе во сила со денот на објавуванието му.</s><s>Министер Претседател на Правосудието, на Министерскиот Совет, Д-р Павел Шатев, с.р.</s><s>Лазар Колишевски, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА ОВЛАСТУЕЊЕ ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО СКОПЈЕ
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 88.</s><s>Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 16 април 1945 година, го донесе следниот ЗАКОНЗА ОВЛАСТУЕЊЕ ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОНЗА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО СКОПЈЕ</s>
<s>Член 1
Се овластуе Президиумот на Народното собрание на Македонија да изработи закон за Универзитетот во Скопје.</s><s>Овој закон ќе содржи прописи који ќе се осигури работата во Универзитетот на науката и високото стручно образование во согласие со тековините на народноослободителната борба и со потребите за изградуењето на новата државна заедница.</s>
<s>Член 2
Овој закон влегуе во сила со денот на обнародуењето.</s><s>Скопје, 16 април 1945 година.</s><s>ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА ОВЛАСТУЕЊЕ ДА СЕ ДОНЕСАТ УРЕДБИ ЗА ВИСОКИТЕ ШКОЛИ И АКАДЕМИИ
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 89.</s><s>Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 16 април 1945 година, го донесе следниотЗАКОНЗА ОВЛАСТУЕЊЕ ДА СЕ ДОНЕСАТ УРЕДБИЗА ВИСОКИТЕ ШКОЛИ И АКАДЕМИИ</s>
<s>Член 1
Се овластуе Народната влада на Македонија да пропишуе уредби за високите школи и академији.</s>
<s>Член 2
Овој закон влегуе во сила со денот на обнародуењето.</s><s>Скопје, 16 април 1945 година.</s><s>ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>ЗАКОН ЗА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 90.</s><s>Народното собрание на Македонија, на своето заседание одржано на 16 април 1945 година, го донесе следниотЗАКОНЗА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>Член 1
Народната влада е врховен извршен и наредбодавен орган на државната власт на Федералната единица Македонија.</s>
<s>Член 2
Народната влада ја именуе Президиумот на Народното собрание на Македонија.</s><s>Владата е одговорна пред Народното собрание и на него му дава сметка за својата работа.</s>
<s>Член 3
Народната влада на Македонија се состои од: претседател на владата, два потпретседатела и министри за: внатрешни работи, судство, просвета, финансии, индустрија и рударство, трговија и снабдуење, земјоделие и шумарство, социјална политика, народно здравје и градежи.</s><s>По некој министерства можат да се соединуват поради сродноста на работата, а во случај на потребата да се оснуат и други министерства.</s><s>За соединуењето или основуењето на министерства решуе Народното собрание, односно неговиот Президиум, по однапред дадено согласие на Президиумот на АВНОЈ.</s>
<s>Член 4
Народната влада ги раководи преку своите министерства, на територијата на Федерална Македонија, работите на државната управа, кој не спаѓат во надлежност на владата на Југославија и на нејзините министерства.</s>
<s>Член 5
Народната влада преку своето Претседателство ја раководи, соединуе и усмеруе работата на поедините министерства и на другите установи кои потпаѓат во нејна надлежност.</s>
<s>Член 6
Народната влада и министрите во рамките на својата надлежност издават уредби, наредби и напатствија на основание и со цел на извршуењето и разработуењето на законите на Антифашистичкото веќе на народното ослободуење на Југославија, односно на неговиот Президиум и на Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум.</s><s>За работите на државната управа од надлежноста на Народната влада на Југославија и на нејзините министерства, Народната влада на Македонија и нејзините министри донесуат уредби, наредби и напатствија на основание и со цел на извршуењето на уредбите и решенијата на Народната Влада на Југославија.</s>
<s>Член 7
Министрите на Македонија раководат со поверената им гранка на управата во рамките на законите на АВНОЈ, односно неговиот Президиум, и на Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум, потчинуејќи се непосредно на Народната Влада на Македонија, они донесуат уредби, наредби и напатствија на основание и со цел на извршуењето на уредбите и решенијата на Народната влада на Македонија.</s>
<s>Член 8
Народната влада и министрите на Македонија имат право да присуствуват на заседанијата на Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум и должни се да дадат најдоцна за три дена усмен или писмен одговор на прашањето од страна на членовите на овие две тела.</s><s>Народната влада на Македонија и поедините нејни министри имаат право на законодателна иницијатива.</s>
<s>Член 9
Членовите на Народната влада при стапуењето на должност ја положуат следната заклетва на народот: „Ја Н.</s><s>Н., се колнам во честа на својот народ, дека верно и безумерно ќе служам на народот, дека своите должности по законот ќе ги вршам совесно и непристрасно, чувајќи и бранејќи ги тековините на народноослободителната борба за среќа и напредок на Македонија и Демократска Федерална Југославија.“ Заклетвата ја положуат пред Народното собрание на Македонија, односно неговиот Президиум.</s>
<s>Член 10
Овој закон влегуе во сила со денот на изгласуењето.</s><s>Скопје, 16 април 1945 година.</s><s>ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕНА МАКЕДОНИЈА Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА ЗАКОНОТ НА НАРОДНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 232.</s><s>На основание т.т.</s><s>1, 2, 4 и 8 од Решението Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија за конституисањето на АСНОМ како врховно законодателно и исполнително претставително тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија, во врска со член 3 од Законот за изменение и дополнение на горното Решение и по предлог на Владата на Народната Република Македонија, - Президиумот на Народното собрание на Народната Република Македонија го донесуе следниотЗАКОНЗА ИЗМЕНЕНИЕ И ДОПОЛНЕНИЕ НА ЗАКОНОТНА НАРОДНАТА ВЛАДАНА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>Член 1
Член 3 алинеја 1 од Законот за Народната Влада на Македонија од 16 април 1945 година се изменуе и гласи: „Владата на Народна Република Македонија се состои од: Претседател на владата, два потпретседатели, министри на: внатрешни работи правосудие просвета финансии индустрија и рударство трговија и снабдуење земјоделие и шумарство социални грижи народно здравје градежи трудот еден министер без ресор Претседател на планската комисија и Претседател на контролната комисија“.</s>
<s>Член 2
Овој Закон влегуе во сила со денот на неговото изгласуење.</s><s>Број 513.</s><s>Скопје, 6 јули 1946 година.</s><s>Президиум на Народното собрание на НароднатаРепублика Македонија Секретар, Претседател, Наум Наумовски, с.р.</s><s>Богоја Фотев, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА ИМЕТО НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА 68.</s><s>На основание т.т.</s><s>1, 2, 4 и 8 од Решението на Антифашиското Собрание на Народното ослободуење на Македонија за конституисанието на АСНОМ како врховно законодавно и исполнително претставително тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија, во врска со член 3 од Законот за изменение и дополнение на горното Решение, Президиумот на Народното Собрание на Македонија го донесува следниотЗАКОНЗА ИМЕТО НА НАРОДНА РЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА</s>
<s>Член 1
На основа член 2 од Уставот на Федеративна Народна Република Југославија досегашното име на нашата федерална единица „Демократска Федерална Македонија“ се изменуе и гласи: „Народна Република Македонија“.</s>
<s>Член 2
Сообразно со претходниот член имињата: Народно Собрание на Македонија, Президиум на Народното Собрание на Македонија и Народна влада на Македонија се изменуват и гласат: Народното собрание на Народната Република Македонија, Президиум на Народното собрание на Народната Република Македонија и Влада на Народната Република Македонија.</s>
<s>Член 3
Со овој Закон да се сообразат наименовањата на сите органи на државната власт и државната управа на Народната Република Македонија.</s>
<s>Член 4
Овој Закон влегуе во сила веднага со изгласуењето.</s><s>Президиум на народното собрание на Македонија Скопје, 8 март 1946 година Број 195 Секретар, Претседател, Д-р Борис Спиров, с.р.</s><s>Методија Андонов-Ченто, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА ГРБОТ НА НАРОДНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 245.</s><s>Народното собрание на Народна Република Македонија, на своето второ вонредно заседание одржано на 27 јули 1946 година го донесе следниотЗАКОНЗА ГРБОТ НА НАРОДНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>Член 1
Грбот на Народна Република Македонија представуе поле опкружено со житно класје, испреплетени со плодови од афион и со тутуново лисје, кои се на дното поврзани со лента прошарена со народни мотиви.</s><s>На лентата е испишано: „Народна Република Македонија“.</s><s>Помегју врвоите на класјето има петокрака ѕвезда.</s><s>Среде во полето се оцртуе планина, чието подножје тече река.</s><s>Зад планинота изгрева сонце.</s>
<s>Член 2
Овој Закон влегуе во сила со денот на неговото објавуење на „Службен весник на Народна Република Македонија“.</s><s>Број 559 - Скопје, 27 јули 1946 година.</s><s>Президиум на Народното собрание на НароднаРепублика Македонија Секретар, Претседател, Наум Наумовски, с.р.</s><s>Богоја Фотев, с.р.</s>
<s>ЗАКОН ЗА УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕЗИДИУМ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 246.</s><s>Народното собрание на Народна Република Македонија, на своето второ вонредно заседание одржано на 27 јули 1946 година го донесе следниотЗАКОНЗА УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ НАНАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>Член 1
Уставот на Народна Република Македонија ке го донесе Уставотворното собрание на Народна Република Македонија избрано на слободни избори, со непосредно и тајно гласање.</s><s>Уставотворното собрание ке донесе Устав на Народна Република Македонија и одлука по сите акти кои ги донело Антифашиското собрание на Народното ослободуење на Македонија и неговиот Президиум односно Народното собрание на Народна Република Македонија и неговиот Президиум до состанокот на Уставотворното собрание.</s><s>Уставотворното собрание поблиску ке одреди кои работи ке ги врши покрај својот главен задаток.</s>
<s>Член 2
Уставотворното собрание на Народна Република Македонија го избираат сите грагјани на Федеративна Народна Република Југославија кои стално живејат на подрачијето на Народна Република Македонија, а по прописите на законот за избор на пратеници за Уставотворното собрание на Народна Република Македонија.</s>
<s>Член 3
Указ за свикуење на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија донесуе, на предлог на Владата на Народна Република Македонија, Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија.</s>
<s>Член 4
Првото заседание на Уставотворното собрание го отворуе Претседателот на Народното собрание на Народна Република Македонија кој ке го повика по години најстариот член на Уставотворното собрание да го превземе привременото раководство на заседанијата.</s><s>Секретарската должност ке ја вршат три пратеници кои ке ги избере Уставотворното собрание на предлог на привремениот претседател.</s>
<s>Член 5
На првиот состанок на Уставотворното собрание присатните пратеници ке ги предадат уверењата издадени од изборните комисии и по тоа ке изберат верификационен одбор од 15 члена.</s><s>После овој избор првиот состанок на Уставотворното собрание се заклучуе.</s>
<s>Член 6
Верификациониот одбор ги испитуе уверењата на пратениците, сите изборни актои и сите жалби против изборите.</s><s>Верификациониот одбор најдоцна во срок од 7 дена ке изработи свој извештај, одреди известители и печатниот извештај ке го достави на пратениците.</s>
<s>Член 7
На идниот ден, од кога е извештајот доставен, претседателот на верификациониот одбор свикуе заседание на Уставотворното собрание на кое одма се пристапуе кон претресуење на извештајот на верификациониот одбор.</s><s>До изборот на Президиум на Уставотворното собрание со заседанијата раководи претседателот на верификациониот одбор.</s>
<s>Член 8
Претресот по извештајот на верификациониот одбор може да трае најмногу пет дена.</s><s>Уставотворното собрание може да го оснажи или поништи изборот или да ја одложи одлуката и нареди формирање на иследни и ревизиони одбори кои ке имаат на задаток да ги испитуваат сите спорни прашања.</s><s>Секое спорно прашање има да се реши во срок од 10 дена.</s>
<s>Член 9
Ако се поништи мандатот на еден пратеник поради немање услови за избирачко право, ке се повика за пратеник неговиот заменик.</s><s>Исто така ке се постапи и ако избраниот пратеник умре или на друг начин му престане мандатот.</s><s>Ако е мандатот поништен заради неправилности во изборни акт, поради кое се смета да кандидатот не е избран за пратеник, ке се извршат дополнителни за оваа изборна единица.</s>
<s>Член 10
По завршниот претрес на извештајот на верификациониот одбор, пратениците чии избори се потврдени, полагаат пред Уставотворното собрание пратеничка клетва.</s><s>Текстот на клетвата гласи: „Јас, (име и презиме), се колнам во својата чест и честа на својот народ дека како народен пратеник во работата на Уставотворното собрание верно ке го застапуам својот народ и дека неуморно ке ги чувам и бранам тековините на народната борба, демократските права и слободата на народот“.</s>
<s>Член 11
После положената клетва пратениците избираат за раководење со заседнијата на Собранието претседател, потпретседател и секретар.</s><s>Најпрвен се избира претседател и тоа со просто мнозинство на гласови.</s><s>После изборот на претседателот ке се изврши избор на потпретседател, а после тоа избор на секретар.</s><s>Гласањето е тајно.</s><s>После тоа се пристапуе кон претресуење и примање на пословникот на Собранието.</s>
<s>Член 12
Уставотворното собрание избира Президиум на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија.</s><s>Прзиидиумот на Уставотворното собрание се состои од претседател, три потпретседатели, два секретари и најповеке триесет членови.</s><s>Президиумот на Уставотворното собрание се избира со тајно гласање на основа на кандидатските листи со просто мнозинство на гласови на присатните пратеници.</s>
<s>Член 13
Президиумот на Уставотворното собрание ги врши сите права на врховен орган на државната власт на Народна Република Македонија во времето прекидот на заседанијата на Уставотворното собрание.</s><s>Президиумот на Уставотворното собрание за целокупната своја работа е одговорен на Уставотворното собрание.</s>
<s>Член 14
Предлог на Устав може да поднесе Владата на Народна Република Македонија или група од најмалку 10 посланици.</s><s>Предлозите на Уставот мора да бидат поднесени до Уставотворниот одбор најдоцна во срок од 10 дена после неговиот избор.</s>
<s>Член 15
Заседанијата на Уставотворното собрание се способни за работа ако се на заседанието присатни повеке од половина од избраните пратеници, а за конечно изгласуење на Уставот во целина потребно е присатството на најмалку две третини од пратениците.</s><s>За полноважен заклучок потребно е мнозинство на гласовите на присатните пратеници, а за изгласуење на Уставот во целина векјината на гласовите на сите избрани пратеници.</s><s>Гласањето за предлогот на Уставот во начело и во поединости се врши со кревање на рака.</s>
<s>Член 16
Прогласуење и објавуење на Уставот се врши на македонски јазик со потпис на претседателот и секретарот на Уставотворното собрание.</s>
<s>Член 17
Заседанието на Уставотворното собрание може да се прекине само со одлука на мнозинството од пратениците.</s>
<s>Член 18
Пратениците на Уставотворното собрание од моментот кога им се издадени од страна на изборната комисија уверења да се избрани, не можат да бидат затворани, ниту против нив може да се покренуе судска постапка без одобруење на Уставотворното собрание освен ако се на дело затечени на местото на злосторството за кое веднага мора да се извести Уставотворното собрание.</s>
<s>Член 19
Кога ке биде Уставот изгласен и прогласен, Уставотворното собрание се претворуе во редовно народно собрание и работи на основа на Уставот се до кога не биде распуштено и распишани избори за ново Народно собрание.</s>
<s>Член 20
Овој Закон стапуе на снага со објавуењето во „Службен весник на Народна Република Македонија“.</s><s>Број 557. 27 јули 1946 година.</s><s>Президиум на Народното собраниена Народна Република Македонија Секретар, Претседател, Наум Наумовски, с.р.</s><s>Богоја Фотев, с.р.</s>
<s>Извори
₍₀₎„Службен весник на Федералната Единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија“ број 1/1945; ₍₁₎„Службен весник на Федералната Единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија“ број 6/1945; ₍₂₎„Службен весник на Федералната Единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија“ број 12/1945; ₍₃₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 7/1946; ₍₄₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 23/1946; ₍₅₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 24/1946;</s>
<s>НАПОМЕНА
Викиизвор не презема одговорност за евентуалните грешки во текстовите.</s><s>Авторите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.</s>
<s>Законска регулатива на Македонија</s>
|
8666 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281963%29 | Устав на Социјалистичка Република Македонија (1963) | <s>(Втор Устав на Македонија, прв како социјалистичка Република во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, вон сила, со важност од 12 април 1963 година до 25 февруари 1974 година, со назив Устав на Социјалистичка Република Македонија)</s>
<s>Устав на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Преамбула
Тргнувајќи од историскиот факт дека македонскиот народ предводен од работничката класа на чело со Комунистичката партија, со својата борба здружен со другите југословенски народи во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуцијаго урнаа класичниот поредок што се темелеше на експлоатација, политичко угнетување и националната нерамноправност за да изгради општество во кое човечкиот труд и човекот ќе бидат ослободени од искористување и самоволие,создаде сопствена држава, Народна Република Македонија, во која ги оствари историските стремежи на македонскиот народ за национална слобода и државна самостојност, на народностите - националните малцинства за рамноправност и на работните луѓе за социјална слобода и на основа на правото на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување, доброволно се соедини со другите народи на Југославија во социјалистичка фереративна заедница на слободни и рамноправни народи и народности, свесен дека само во неа може да се обезбеди услови за секој слободен и сестран национален, материјален, политички и културен развиток;имајќи предвид дека натамошното продлабочување и постојано јакнење на нераскинливото братство и единство на југословенските народи и на нивните слободни и рамноправни односи се основа на меѓусебното почитување и заемното гарантирање на националната индивидуалност и слобода, што на народот на Македонија му обезбедува сестран размав на неговите творечки сили, како во негов сопствен интерес така и во зеднички интерес на здружените југословенски народи и дека работниот народ на Македонија со сопствената творечка дејност и со заеднички напори на работните луѓе на Југославија остварил и остварува постојан напредок во сите области на општествениот живот, јакнејќи ја материјалната основа и изградувајќи ги и проширувајќи ги социјалистичките односи меѓу луѓето;изразувајќи ги суверените права на народот на Македонија и неговите стремежи да се зацврстат придобивките на Социјалистичката револуција и постигнатите резултати во социјалистичката преобразба на земјата, да се обезбеди натамошен непречен развиток на социјалистичките демократски односи меѓу луѓето како и други услови за нивната благосостојба и слобода;поради тоа што со развитокот на материјалната основа во земјата и на социјалистичките општествени односи се создадени општествени и политички измени што го прераснуваат постојниот Устав, а во согласност со начелата на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија,</s>
<s>Народното собрание на Народна Република Македонија
донесува
УСТАВНА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>УВОДЕН ДЕЛ: Основни начела</s>
<s>I
Општественото и политичкото уредување на Социјалистичка Република Македонија се темели на начелата на единстениот социјалистички општествен и политички систем на Југославија, утврден во Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и се заснова на односите меѓу луѓето како слободни и рамноправни производители и творци, чиј труд служи исклучиво за задоволување на нивните лични и заеднички потреби.</s><s>Во согласност со тоа, неприкосновена основа на положбата и улогата на човекот сочинуваат:- општествена сопственост на средствата за производство, која го исклучува враќањето на каков било систем на експлоатација на човек од страна на човек и која, укинувајќи ја отуѓеноста на човекот од средствата за производство и другите услови на трудот, обезбедува услови за самоуправување на работните луѓе во производството и распределбата на производот на трудот, како и за општествено насочување на стопанскиот развиток;- ослободувањето го трудот, како надминување на историски условните општествено-економски нееднаквости и на зависноста на луѓето во трудот, кое се обезбедува со укинувањето на наемните односи, со самоуправувањето на работните луѓе, со сестраниот развиток на производните сили, со смалувањето на општествено потребното работно време, со развивањето на науката, културата и техниката и со постојаното проширување на образованието;- правото на човекот, како поединец и член на работната заедница, да ги ужива плодовите на својот труд и на материјалниот напредок на општествената заедница според начелото „Секој според способностите - секому според неговиот труд“ со обврска да го обезбедува развитокот на материјалната основа на сопствениот и општествениот труд и да придонесува за задоволувањето на другите општествени потреби;- самоуправувањето на работните луѓе во работната организација; слободното здружување на работните луѓе, работните и другите организации и општествено-политичките заедници заради задоволување на заедничките потреби и интереси; самоуправувањето во општината и другите општествено-политички заедници заради што понепосредно учество на граѓаните во насочувањето на општествениот развиток, во вршењето на власта и во одлучувањето за другите општествени работи;- демократските политички односи што му овозможуваат на човекот да ги остварува своите интереси, правото на самоуправување и другите права и заемни односи, да ја развива својата личност со непосредна активност во општествениот живот, а особено во органите на самоуправувањето, во општествено политичките организации и здруженијата, што сам ги создава и преку кои влијае на развивањето на општествената свест и на проширувањето условите за својата активност и за остварувањето на своите интереси и права;- еднаквоста на правата, должностите и одговорноста на луѓето, во согласност со единствената уставност и законитост;- солидарноста и соработката на работните луѓе и работните организации, нивната заинтересираност и слободна иницијатива во развивањето на производството и другите општествени и лични дејности во корист на човекот и неговата општествена заедница;- економската и социјалната сигурност на човекот.</s><s>Општественото и политичкото уредување на Социјалистичка Република Македонија произлегува од ваквата положба на човекот и му служи нему и на неговата улога во општеството.</s><s>Секој облик на управување со производството и со другите општествени дејности и секој облик на распределба кој - во вид на бирократско самоволие и привилегии засновани врз монополитичка положба, или во вид на приватно-сопственичка себичност и партикуларизам - ги изопачува општествените односи засновани на ваквата положба на човекот, им е спротивен на поединечните и општите интереси на човекот и на општественото и политичкото уредување утврдено во овој Устав.</s>
<s>II
Средствата за производство во општествена сопственост, како заедничка неотуѓива основа на општествениот труд, служат за задоволување на личните и заедничките потреби и интереси на работните луѓе и за развитокот на материјалната основа на општествената заедница и социјалистичките општествени односи.</s><s>Со средствата за произвотство во општествена сопственост непосредно управуваат работните луѓе што работат со тие средства, во сопствен интерес и во интерес на општествената заедница, одговорни едни на други и на општествената заедница.</s><s>Тргнувајќи од тоа дека никој нема право на сопственост на општествените средства за производство, никој - ниту општествено-политичка заедница, ниту работна организација, ниту одделен работен човек - не може по никаков правносопственички основ да го присвојува производот на општествениот труд, ниту да управува и располага со општествените средства за произвотство и труд, ниту самоволно да ги определува условите за распределба.</s><s>Трудот на човекот е единствена основа за присвојување на производот на општествениот труд и основа на управувањето со општествените средства.</s><s>Општествениот производ служи за обновување и проширување на материјалната основа на општествениот труд, како и за непосредно задоволување на личните и заедничките потреби на работните луѓе согласно на начелото за распределба според трудот.</s><s>Делот на општествениот производ наменет за обновување и проширување на материјалната основа на општествениот труд е заедничка основа на општествената репродукција, која на основа на самоуправувањето ја остваруваат работните луѓе во работните организации, во меѓусебната соработка на тие организации и во општествено-политичките заедници.</s><s>Со единствениот систем на распределба се обезбедува работните организации да ги користат средствата за репродукција сразмерно на својот удел во нивното создавање и во зависност од своите можности најефикасно да ги користат во рамките на општествената поделба на трудот утврдена со општествените планови.</s><s>Заради остварување на поединечните и заедничките интереси на работните луѓе и самоуправувањето, поттикнување на нивната иницијатива, создавање на што поповолни услови за развитокот на производните сили, изедначување на условите за работа, остварување на распределбата според трудот и развитокот на социјалистичките односи, општествената заедница со планирањето го насочува и усогласува развитокот на стопанството и материјалната основа на другите општествени дејности.</s><s>Планирањето го вршат работните луѓе во работните организации како носители на производството и општествениот труд и општествено-политичките заедници во вршењето на своите општествено-економски функции.</s><s>Со општествениот план на Македонија се усогласуваат основните односи во производството и распределбата.</s><s>Во рамките на тие односи и на единствениот стопански систем работните луѓе во работните организации и во општествено-политичките заедници самостојно планираат и ја развиваат материјалната основа на својата дејност.</s><s>Заради изедначување на материјалните услови на општествениот живот и работата на работните луѓе, заради што послкладен развиток на стопанството како целина, Социјалистичка Република Македонија му посветува посебно внимание на побрзиот развиток на производните сили во стопански недоволно развиените краишта и за таа цел обезбедува потребни средства и презема други мерки.</s><s>Општествената сопственост на средствата за производство е основа на личната сопственост стекната со сопствен труд, која служи за задоволување на личните потреби и интереси на човекот.</s><s>Заради развивање на социјалистички односи во земјоделството и унапредување на земјоделското производство се обезбедуваат услови за развивање на производството на основа на општествените средства и општествениот труд, како и за здружување на земјоделците и за нивна соработка со работните организации на начелото на доброволност.</s><s>Уживајќи го со уставот утврденото право на сопственост на обработливо земјиште, земјоделците имаат право и обврска да го искористуваат тоа земјиште заради унапредувањето на земјоделското производство во сопствен интерес и во интерес на општествената заедница.</s>
<s>III
Сите облици на управување, вклучувајќи ја и политичката власт, ги создаваат работничката класа и целиот работен нарад за себе заради организирање на општеството како слободна заедница на производителите, и тоа го обезбедуваат:- со остварување на општественото самоуправување како основа на општествено-политичкото уредување;- со одлучувањето на граѓаните за сите општествени работи непосредно или преку делегати што тие ги избираат во претставничките тела на општествено-политичките заедници и во другите органи на општественото самоуправување;- со воспоставувањето и развивањето на рамноправни и демократски односи меѓу граѓаните, со остварувањето на човечките и граѓанските слободи и права во согласност со јакнењето на солидарноста, со исполнувањето на општествените должности на граѓаните и со материјалниот и општествениот развиток на социјалистичката заедница;- со личната одговорност на сите носители на јавни функции а посебно носителите на функциите на власта, и со одговорноста на политичко-извршните и управните органи пред претставничкото тело на општествено-политичката заедница и јавноста;- со судската контрола на уставноста и законитоста; со општествениот надзор над работата на државните органи, органите на општественото самоуправување и организациите што вршат работи од јавен интерес;- со општествено-политичката активност на социјалистичките сили организирани во општествено-политички организации.</s><s>Функциите на власта утврдени со уставот им се доверуваат на претставничките тела на општествено-политичките заедници како територијални органи на општественото самоуправување.</s><s>Претставничките тела се конституирани и сменливи во општината избрани делегации на сите граѓани, а посебно на работните луѓе во работните заедници.</s><s>Освен функциите на власта и општите работи на општественото самоуправување што ги вршат преку претставничките тела и одговорните пред нив органи, граѓаните одлучуваат за општествените работи во работните и другите самоуправни организации и преку облици на непосредно одлучување, а своите други заеднички интереси ги остваруваат и во општествено-политичките организации и здруженијата што сами ги основаат.</s><s>Непосредно и преку своите општествено-политички организации и здруженија граѓаните се двигатели на општествените активности, вршат јавна контрола над работата на органите на власта и другите носители на јавни функции, создаваат норми за меѓусебни односи и им даваат поддршка на државните органи, органите на општественото самоуправување и организациите што вршат работи од јавен интерес.</s><s>Заради остварување на самоуправувањето и другите права на граѓаните се обезбедува јавност во работата на државните органи, органите на општественото самоуправување, организациите и носителите на јавните функции и се создаваат услови граѓанинот да биде сестрано известен и оспособен за вршење на општествени работи.</s><s>Со начелото на организирање на повторен избор и именување на определени функции се обезбедува сменливост на носителите на функциите на власта и на други определени јавни функции, заради што пошироко учество на граѓаните во вршењето на јавните функции и заради зацврстувањето и равивањето на демократските односи во општеството.</s>
<s>IV
Во социјалистичките општествени односи и во условите на општественото самоуправување работните луѓе доброволно се здружуваат во синдикати заради што понепосредна соработка во остварувањето и развивањето на социјалистичките општествени односи и општественото самоуправување, во усогласувањето на своите поединечни и заеднички интереси со општите интереси, во остварувањето на начелото на распределба според трудот и во оспособувањето на работниците за работа и управување, како и заради преземање на иницијативи и мерки за заштита на своите права и интереси и за подобрување на своите животни и работни услови, заради развивање на солидарноста, усогласување на мислења и меѓусебни односи и заради решавање на други прашања од заеднички интерес.</s><s>Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, создаден во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција како доброволен декократски сојуз на граѓаните, е најширока опора на општествено-политичката активност и на општественото самоуправување на работниот народ.</s><s>Во Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, како дел на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија, граѓаните:- решаваат општествено-политички прашања од сите области на општествениот живот, ги усогласуваат мислењата и донесуваат политички заклучоци за решавање на тие прашања, за насочување на општествениот развиток и за јакнење на самоуправувањето, остварувањето на правата и интересите на човекот и граѓанинот и унапредувањето на социјалистичките и демократските односи;- изнесуваат свои мислења и оценки за работата на државните органи, органите на општественото самоуправување, организациите и носителите на јавни функции и вршат општествена контрола над нивната работа, особено во поглед на обезбедувањето на јавноста и одговорноста на нивната работа;- се борат за остварувањето и заштитата на сите облици на општествено-политичкиот живот што го поттикнуваат социјалистичкиот и демократскиот развиток; даваат политичка иницијатива во сите области на општествениот живот; обезбедуваат што попотполно остварување на своите изборни и други права;- создаваат услови за сестрано учество на младината и нејзините организации во општествениот и политичкиот живот;- се борат за хумани односи меѓу луѓето, за развивање на социјалистичката свест и на нормите за социјалистички начин на живеење, како и за отстранување на појавите што го ограничуваат развитокот на социјалистичките и демократските општествени односи или на друг начин им причинуваат штети.</s><s>Сојузот на комунистите, двигател и организатор на Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција, со нужноста на историскиот развиток станал организирана раководна сила на работничката класа и на работниот народ во изградувањето на социјализмот и во остварувањето на солидарноста на работните луѓе и на братството и единството на народите.</s><s>Сојузот на комунистите со својата насочувачка идејна и политичка работа во условите на социјалистичката демократија и општественото самоуправување, е основен двигател на политичката активност заради заштита и натамошниот развиток на придобивките на Социјалистичката револуција и социјалистичките општествени односи, а посебно заради јакнењето на социјалистичката општествена и демократска свест на луѓето.</s>
<s>V
Општествено-политичките односи и облиците утврдени со овој устав се насочени кон проширувањето на условите за натамошниот развиток на социјалистичкото општество, за надминувањето на неговите спротивности, и за таков општествен напредок кој, на основа на сестраната развиеност на производните сили, високата производност на трудот, изобилието на производите и сестраниот развиток на човекот како слободна личност, ќе го овозможи развивањето на такви општествени односи во кои ќе се остварува начелото на комунизмот „Секој според способностите - секому според потребите“.</s><s>За таа цел сите државни органи, органите на општественото самоуправување, организациите и граѓаните непосредно - се повикани со целокупната своја дејност:- да ја прошируваат и јакнат материјалната основа на општеството и животот на поединците со развивањето на производните сили, подигнувањето на производноста на трудот и постојаното унапредување на социјалистичките општествени односи;- да создаваат услови во кои ќе се надминуваат општествено-економските разлики помеѓу умствениот и физичкиот труд и во кои човечкиот труд ќе станува сè попотполно изразување на творештвото и на човечката личност;- да ги прошируваат и развиваат сите облици на општествено самоуправување и социјалистичкиот демократизам, особено во областите во кои преовладуваат функциите на политичка власт, да ја ограничуваат присилбата и создаваат услови за нејзиното отстранување и да изградуваат меѓу луѓето односи засновани на свеста за заеднички интереси и на слободна дејност на човекот;- да придонесуваат за остварувањето на човечките слободи и права, за хуманизирањето на општествената средина и човечката личност, за јакнењето на солидарноста и чивечноста меѓу луѓето и за почитувањето на човечкото достоинство;- да развиваат сестрана соработка и зближување со сите народи, во согласност со прогресивните тежненија на човештвото кон создавање на слободна заедница на сите народи во светот.</s>
<s>VI
Изразувајќи ги основните начела на социјалистичкото општество и неговиот напредок, овој дел на Уставот е и основа за толкувањето на Уставот и законите, како и за дејствувањето на сите и секого.</s>
<s>Глава I: Основни одредби</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија е државна социјалистичка демократска заедница на народот на Македонија заснована на власта на работниот народ и самоуправувањето.</s><s>Социјалистичка Република Македонија е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>Општествено-економското уредување и општествено-политичкиот систем утврдени во Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија се основа на општествено-економското и општествено-политичкото уредување на Социјалистичка Република Македонија.</s><s>Во Социјалистичка Република Македонија се обезбедува остварувањето и заштитата на слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот предвидени во Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>Во Социјалистичка Република Македонија работниот народ остварува општествено самоуправување, уредува општествени односи, го насочува развитокот на стопанството и на општествените служби, обезбедува остварување на правата на граѓаните, уставноста и законитоста и ги врши сите општествени работи од заеднички интерес за политичкиот, стопанскиот и културниот живот и општествениот развиток во Републиката, освен работите што со Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија се утврдени како права и должности на Федерацијата.</s>
<s>Територијата на Социјалистичка Република Македонија е составен дел од територијата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s><s>Границите на Социјалистичка Република Македонија можат да се менуваат само на основа на согласност со соодветната република и мислење на населението од соодветното подрачје.</s>
<s>За граѓаните на Социјалистичка Република Македонија постои државјанство на Социјалистичка Република Македонија.</s><s>Државјаните на другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија ги имаат во Социјалистичка Република Македонија истите права и должности како и нејзините државјани.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија соработува со другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија во работите од заеднички интерес и со нив развива меѓусебни односи.</s><s>За остварување на определени цели од заеднички интерес Социјалистичка Република Македонија согласно со другите републики основа заеднички организации, презема заеднички акции и поттикнува размена на искуства и други облици на стопанска и друга соработка.</s>
<s>Одлуките, исправите и другите акти издадени од државните органи и овластените организации од другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија имаат во Социјалистичка Република Македонија иста важност како и во републиката во која се издадени.</s>
<s>Грбот на Социјалистичка Република Македонија претставува поле опкружено со житни класја, испреплетено со полодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарена со народни мотиви.</s><s>Меѓу врвовите на класјето има петокрака ѕвезда.</s><s>Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече река.</s><s>Зад планината изгрева сонце.</s>
<s>Знамето на Социјалистичка Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда.</s><s>Ѕвездата е црвена со златен (жолт) раб и има правилен петокрак облик.</s><s>Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.</s><s>Кога ќе се подели знамето на четири правоаголници, тогаш средишната точка на ѕвездата се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на горниот правоаголник што е до прицврстениот дел на знамето.</s><s>Горниот крак на ѕвездата е управен спрема горната линија од должината на знамето а долните краци се управени спрема долната линија од должината на знамето.</s><s>Полупречникот на ѕвездата е еднаков со една шестинка од широчината на знамето.</s>
<s>Главен град на Социјалистичка Република Македонија е Скопје.</s>
<s>Глава II: Општествено-економско уредување</s>
<s>1. Општествено-економски односи</s>
<s>Основа за општествено-економското уредување на Социјалистичка Република Македонија се слободниот здружен труд со средствата за производство во општествена сопственост и самоуправувањето на работните луѓе во производството и распределбата на општествениот производ во работната организација и во општествената заедница.</s>
<s>Единствено трудот и резултатите на трудот ја определуваат материјалната и општествената положба на човекот.</s><s>Никој не може непосредно или посредно да се здобива со материјални и други користи со експлоатација на туѓ труд.</s>
<s>Средствата за производство и другите средства на општествениот труд, рудните и другите природни богатства се општествена сопственост.</s><s>Располагањето со одделни средства за производство и со други предмети во општествена сопственост и другите права на тие средства и предмети се определуваат со закон според нивната природа и намена.</s>
<s>Производот на општествениот труд остварен во работните организации, како основа на општествената репродукција и на задоволувањето на општествените потреби и на личните и заедничките потреби на работните луѓе, се распоредува во рамките на единствениот систем на распределба и на основа на единствени услови и мерила, со кои се обезбедува општествена репродукција, распределба според трудот и општествено самоуправување.</s><s>Работната организација - откако ќе обезбеди средства со кои ја обновува вредноста на средствата употребени во работата и по издвојувањето на делот на остварената вредност на производот заради изедначување на условите на трудот и стекнување на доходот - го расподелува доходот на работната организација на дел што служи за проширување на материјалната основа на трудот и на дел за задоволување на личните и заедничките потреби на работните луѓе.</s><s>На работната организација ѝ се обезбедува за проширување на материјалната основа на нејзината работа дел од остварената вредност на производот сразмерно со нејзиниот удел во создавањето на средствата за општествена репродукција, а во нестопанските дејности согласно со задачите на работната организација и општествените потреби.</s><s>За задоволување на личните и заедничките потреби на работните луѓе на работната организација ѝ припаѓа делот од остварената вредност на производот сразмерно со производноста на трудот на работните луѓе и во зависност од деловниот успех на работната организација, а во нестопанските дејности - сразмерно со резултатите од работата во задоволувањето на општествените потреби.</s><s>Средствата на работната организација наменети за обновување и проширување на материјалната основа на трудот, како заеднички средства на општествената репродукција, служат за проширување на материјалната основа на работната организација и на општествената заедница како целина.</s><s>Работната организација располага со овие средства согласно единствените начела за користење на средствата на општествената репродукција утврдени со сојузен закон и со условите и мерилата определени со прописите со кои се обезбедува усогласувањето на стопанскиот развиток и остварувањето на другите односи предвидени со општествените планови.</s><s>На работната организација ѝ се обезбедува за проширување на материјалната основа на нејзината работа, покрај средствата што ги создала со својата работа, под еднакви услови да користи и други општествени средства во согласност со единствените начела на кредитниот систем.</s>
<s>На секој работен човек во работната организација му припаѓа, согласно со начелото за распределба според трудот, личен доход според резултатите на неговиот труд и работата на работната единица и работната организација како целина.</s>
<s>Работните луѓе што со личен труд самостојно вршат културна, професионална или друга слична дејност имаат во начело иста општествено-економска положба и во основа исти права и обврски како и работните луѓе во работните организации.</s><s>Работните луѓе што вршат вакви дејности можат да го здружуваат својот труд и да образуваат привремени или потрајни работни заедници, кои имаат во основа иста положба како и работните организации, и во кои работните луѓе имаат во основа исти права и должности како и работните луѓе во работните организации.</s><s>Со закон се утврдуваат условите под кои овие работни луѓе и нивните заедници ги остваруваат своите права и ги исполнуваат обврските, како и условите под кои тие во вршењето на својата дејност можат да користат општествени средства и да управуваат со нив.</s>
<s>Граѓаните можат со личен труд, во границите и под условите определени со закон, да вржат земјоделска, занаетчиска и друга услужна или слична дејност заради стекнување на доход.</s><s>Со закон се определуваат границите и условите под кои граѓаните можат да имаат право на сопственост на средствата на трудот и на деловни простории за вршење на земјоделска, занаетчиска и друга услужна или слична дејност со личен труд.</s><s>Забрането е запослувањето на туѓа работна сила заради стекнување на доход.</s><s>Во областа на земјоделското производство, занаетчиството и другите услужни или слични дејности што ги вршат граѓаните со свои средства на трудот, може да се дозволи, во границите и под условите определени со закон, употреба на дополнителен труд на други лица.</s>
<s>Земјата е добро од општ интерес.</s><s>Секое земјиште мора да се искористува согласно со предвидените со закон општи услови кои обезбедуваат рационално искористување на земјиштето и други општи интереси.</s><s>Шумите и шумското земјиште уживаат посебна заштита определена со закон.</s><s>Начинот на искористувањето на водите за стопански и други цели се уредува со закон.</s>
<s>Општествената заедница обезбедува материјални и други услови за основање и развиток на земјоделски работни организации на основа на општествената сопственост на земјата и општествениот труд, како и за соработка на земјоделците со здружените и другите работни организации.</s><s>На земјоделците им се гарантира право на сопственост на обработливо земјоделско земјиште во најголема површина од десет хектари на домаќинство.</s><s>Со закон се определува во кои граници и под кои услови земјоделците можат да имаат право на споственост на друго земјиште, како и во кои граници и под кои услови другите граѓани можат да имаат право на сопственост на земјоделско и друго земјиште.</s><s>Правото на сопственост на шумите и шумското земјиште се уредува со закон.</s>
<s>На граѓаните им се гарантира право на сопственост на предмети што служат за лична потрошувачка, употрба или за задоволување на нивните културни и други лични потреби.</s><s>Граѓаните можат, во границите определени со сојузен закон, да имаат право на сопственост на станбени згради и станови за задоволување на личните и семејните потреби, како и за вршење на дејности со личен труд во согласност со правата на граѓаните гарантирани со уставот и условите определени со закон.</s>
<s>Со закон се определуваат условите под кои општествено-политичките организации и здруженијата на граѓаните можат да имаат право на сопственост на недвижностите и другите предмети што служат за остварување на заедничките интереси на нивните членови и на задачите на организацијата, како и условите под кои тие можат да располагаат со општествени средства што служат за истата цел.</s>
<s>Недвижностите на кои граѓаните и правните лица имаат право на сопственост можат, со правичен надоместок, да се експроприраат или тоа право може да се ограничи ако тоа го изискува општиот интерес утврден на основа на сојузен закон.</s><s>Правото на сопственост на предмети од посебно културно значење може на основа на закон да се ограничи ако тоа го изискува општиот интерес.</s>
<s>Заради обезбедување на услови за што поповолен стопански и општествен развиток, заради изедначување на општите услови за работа и стекнување на доход, заради утврдување на општи мерила за распределба на општествениот производ, заради остварување на начелото на распределба според трудот и развитокот на социјалистичките општествени односи, општините и Социјалистичка Република Македонија, во рамките на своите права и должности, преземаат мерки за остварување на единствениот стопански систем, го планираат развитокот на стопанството и на материјалната основа на другите дејности и за таа цел донесуваат општествени планови.</s><s>Заради остварување на односите утврдени со општествените планови, општините и Социјалистичка Република Македонија донесуваат прописи и други општи акти, образуваат општествени фондови и општествени резерви и преземаат економски и други мерки.</s>
<s>Средствата на општествената репродукција создадени на територијата на општествено-политичките заедници, како заеднички средства на општествената репродукција, се користат во тие заедници сразмерно на уделот на работните луѓе во нивното создавање.</s><s>Овие средства се користат во согласност со единствените начела за користење на средствата на општествената репродукција и со условите и мерилата определени со прописи со кои се обезбедува усогласувањето на стопанскиот развиток и остварувањето на другите односи предвидени со општествените планови.</s><s>За развитокот на материјалната основа на општествено-политичките заедници служат и други општествени средства во согласност со единствените начела на кредитниот систем.</s><s>На општествено-политичките заедници им припаѓаат од личните доходи, како и од другите извори утврдени со сојузен закон, во согласност со начелото за распределба според трудот, средства за задоволување на општествените потреби на нивната територија, и тие самостојно ги утврдуваат тие средства и располагаат со нив.</s><s>На стопански недоволно развиените краишта општествената заедница им обезбедува материјални и други услови за нивен побрз стопански развиток и за создавање на материјална основа на општествените дејности.</s>
<s>Градовите, индустриските населби, селата и другите населени места, како и подрачјата со посебна намена, се изградуваат и уредуваат на основа на урбанистички и регионални просторни планови, кои мораат да бидат во согласност со стопанскиот и општествениот развиток.</s><s>Со закон се пропишуваат општи услови за донесување на урбанистичките и регионалните просторни планови.</s>
<s>2. Просвета, наука и култура</s>
<s>Општествената заедница се грижи и го поттикнува развитокот на просветата, науката, културата и уметноста.</s>
<s>Воспитувањето и образованието на граѓаните се остварува во единствениот систем на воспитување и образование што се утврдува со закон.</s><s>Училиштата и другите установи за образование се должни на сите граѓани да им овозможуваат под еднакви услови утврдени со закон да се здобиваат со знаење и спрема.</s><s>На припадниците на другите народи на Југославија што живеат во Социјалистичка Република Македонија им се гарантира, според условите утврдени со закон, право на настава и културна дејност на нивниот јазик.</s>
<s>Основното школување во траење од осум години е задолжително и се финансира од општествени средства.</s><s>Со закон може да се предвиди задолжително школување и во подолго траење.</s><s>Општествената заедница обезбедува материјални и други услови за основањето и работата на училиштата и другите установи за образование на граѓаните и за унапредување на нивната дејност.</s><s>Работните и другите организации со свои средства ја помагаат работата на установите за образование и им осигуруваат средства за работа на установите што ги основале.</s>
<s>Со цел да се развива научната мисла и научната творечка дејност, општествената заедница обезбедува услови за унапредување на науката и научно-испитувачката работа.</s><s>Општествено-политичките заедници, работните и другите организации основаат и ја помагаат работата на научно-испитувачките установи и обезбедуваат материјални и други услови за научното творештво и за примената на научните достигнувања.</s><s>Научните работници се должни, според условите определени со закон, да ги објавуваат резултатите на своите научни испитувања и да го овозможуваат нивното користење и примена.</s>
<s>Општествената заедница обезбедува услови за развитокот и унапредувањето на уметничките и другите културни дејности, како и за задоволувањето на уметничките и другите културни потреби на граѓаните.</s>
<s>Научното и уметничкито творештво е слободно.</s><s>Творците на научни и уметнички дела, како и на научните откритија и технички пронајдоци имаат морални и материјални права на своите творби.</s>
<s>Спомениците на културата и природните реткости, објектите од историско значење и другите вредности на националната историја и култура се под посебна заштита на општествената заедница и можат да се користат на начинот определен со закон.</s><s>Правата и должностите на државните и другите органи, како и правата и обврските на сопствениците и корисниците на спомениците на културата, објектите од историско значење и другите вредности на националната историја и култура, како и на природните реткости што се наоѓаат под посебна заштита, се уредуваат со закон.</s>
<s>Заради што пошироко известување на јавноста општествената заедница создава услови за развитокот на соодветните дејности и го помага основањето на организациите што се занимаваат со објавување и ширење на информации.</s><s>Печатот, радиото и телевизијата се должни вистинито и објективно да ја известуваат јавноста, како и да ги објавуваат мислењата и информациите на органите, организациите и граѓаните што се од интерес за известување на јавноста.</s><s>Се гарантира правото на исправка на објавена информација со која се нанесува повреда на право или интерес на човекот или на организација.</s>
<s>3. Здравствена и социјална заштита</s>
<s>Општествената заедница обезбедува услови за основање на здравствени установи, се грижи за здравствената заштита на граѓаните и ја организира и унапредува здравствената служба.</s><s>Во организирањето на здравствената служба и осигурувањето на здравствената заштита учествуваат работните и другите организации, како и граѓаните.</s><s>Работите од здравствената заштита непосредно ги вршат здравствени установи и здравствените работници како членови на работните заедници.</s><s>Секоја здравствена установа и секој здравствен работник се должни да им укажуваат на граѓаните итна медицинска помош.</s>
<s>Општествената заедница, а особено општината и работната организација, создаваат услови за развитокот на физичката култура, како и за одмор и разонода на граѓаните и даваат поддршка на иницијативите на граѓаните и нивните здруженија во овие области.</s>
<s>Општествената заедница се грижи за остварувањето на социјалната заштита на граѓаните, ја организира и унапредува социјалната служба и ја поттикнува и помага дејноста на организациите во оваа област.</s>
<s>Семејството ужива заштита на општествената заедница.</s><s>Општествената заедница им дава посебна заштита на мајката и детето.</s><s>Општествената заедница особено се грижи за малолетниците за кои нивните родители не се грижат и за други лица што не се во можност да се грижат сами за себе и за заштита на своите права и интереси.</s>
<s>Општествената заедница создава услови за оспособување на инвалидите на трудот и на другите граѓани што не се наполно способни за работа.</s><s>На граѓаните што се неспособни за работа а немаат средства за издржување, општествената заедница им обезбедува помош.</s>
<s>Работниците задолжително се осигуруваат на основа на начелото на заемност и солидарност во рамките на единствениот систем на социјалното осигурување утврден со сојузен закон.</s><s>На основа на задолжителното социјално осигурување им се обезбедува на работниците здравствена заштита и други права за случај на болест, намалување или губиток на работна способност, и за старост.</s><s>Здравствена заштита и права за случај на смрт на осигуреникот, како и други права на основа на социјалното осигурување, под условите определени со закон, им се обезбедуваат и на членовите на семејството на работникот.</s><s>Со закон се воведува и за другите граѓани осигурување заради обезбедување здравствена заштита и други права на основа на социјалното осигурување.</s><s>Со службата на социјално осигурување управуваат осигурениците непосредно и преку органи што сами ги избираат и отповикуваат.</s>
<s>Општествената заедница се грижи за одржувањето на станбените згради и за станбената изградба.</s><s>Станбената изградба и одржувањето на станбените згради се врши од средства на граѓаните и од општествени средства.</s>
<s>4. Работни организации</s>
<s>Работна организација можат да основаат, согласно со закон, општествено-политичките заедници, работните и другите организации и граѓаните.</s><s>Работна организација се основа како претпријатие или друга стопанска организација за дејности во областа на стопанството, или како установа или друга организација за дејности во областа на воспитувањето и образованието, науката, културата, заштитата на здравјето, социјалната заштита или другите општествени служби.</s><s>Работните организации, без оглед кој ги основал, имаат иста положба.</s><s>На основа на закон можат да се пропишуваат општи услови за вршење на определени дејности на работните организации од посебен општествен интерес.</s><s>Со закон можат да се пропишуваат услови за соединување на работните организации, како и за осамостојување или издвојување на нивни одделни делови.</s>
<s>Работната организација е самостојна и самоуправна организација.</s><s>Работната организација има својство на правно лице и е носител на определени права во поглед на средствата во општествена сопственост со кои управува.</s><s>На работната организација тие права не можат да ѝ се одземат ниту можат да се ограничат, освен ако тоа го изискува општ интерес утврден со сојузен закон и во постапка пропишана со тој закон, и со соодветен надоместок.</s><s>Работната организација е должна да ја запази несмалена вредноста на општествените средства со кои управува.</s><s>Работната организација одговара за своите обврски со општествените средства со кои управува.</s>
<s>Заради организирање и поттикнување на општествениот труд и соработката на работните луѓе што работат со свои средства на трудот во областа на земјоделството и во другите области на стопанството, заради поврзување на тие дејности со општественото стопанство и проширување на социјалистичките општествени односи во тие области, се основаат задруги како работни организации.</s><s>Членувањето во задругите е доброволно.</s><s>Со закон и со статутот на задругата или на друга работна организација може да се предвиди работните луѓе што работат со свои средства на трудот и трајно стопански соработуваат со работната организација да учествуваат во управувањето со работната организација во работите во кои соработуваат.</s><s>Со закон може да се препише обврска за здружување на земјоделците што работат со свои средства на трудот или нивна соработка со определена работна организација, заради изведување на мелиорациони работи, подобро искористување на мелиорирарното земјиште, искористувањето на водите и одбрана од водите, заштита на земјиштето од ерозија и уредување на пороите, или кога тоа го изискува посебен општествен интерес во областа на одгледувањето и искористувањето на шумите или на унапредувањето на земјоделското производство на определени земјишта.</s>
<s>Стопанска организација може, под услови и во постапка предвидени со сојузен закон, да биде укината ако не е во можност да ги обновува средствата за производство и другите средства на трудот со кои управува или да исполнува други обврски определени со закон.</s><s>Стопанска организација може, под услови и постапка предвидени со сојузен закон, да биде привремено ставена под присилна управа ако со своето делување тешко ги оштетила општествените интереси.</s><s>Установа може, под услови и во постапка предвидени со закон, да биде укината ако не ги исполнува повеќе условите определени со закон или ако нема услови за вршење на нејзината дејност.</s>
<s>За остварување на рационална поделба на трудот и делувањето во прашањата од заеднички интерес, работните организации можат да се здружуваат во деловни здруженија.</s><s>Работните организации можат да се здружуваат и заради унапредување на производството или другите свои дејности, заради меѓусебна соработка и разгледување и решавање на други прашања од заеднички интерес.</s><s>Управувањето со здруженијата на работните организации се заснова на начелата на самоуправувањето на работните луѓе во здружените работни организации.</s><s>Работните организации можат да ги соединуваат своите средства заради унапредување и развивање на својата дејност и да склучуваат други спогодби за заедничка дејност и делување.</s>
<s>Забрането е здружување или соединување на работни организации и секоја друга дејност на организација и државен орган што е насочена кон спречување или ограничување на слободната размена на производите и услугите заради стекнување на материјални и други предимства што не се засноваат на нивниот труд или со кои се нарушуваат социјалистичките економски односи или се создаваат други нерамноправни односи во делувањето или се нанесува штета на општите интереси утврдени со сојузен закон.</s>
<s>Глава III: Општествено-политичко уредување</s>
<s>Работниот народ е единствен носител на власта и на управувањето со општествените работи.</s><s>Граѓаните остваруваат самоуправување непосредно на собирите на избирачите, преку референдум или други облици на непосредно одлучување во работната организација, општината и другите општествено-политички заедници и преку свои делегати што ги избираат во органите на управување на работните и другите самоуправни организации и во претставничките тела на општествено-политичките заедници.</s><s>Противуставен е секој акт со кој се повредува правото на самоуправување.</s>
<s>1. Самоуправување во општествено-политичките заедници</s>
<s>Општествено-политички заедници се општините, околиите и Социјалистичка Република Македонија.</s><s>Општествено-политичките заедници се правни лица.</s>
<s>Самоуправувањето на граѓаните во општината е политичка основа на општествено-политичкото уредување на Социјалистичка Република Македонија.</s><s>Во општината се создаваат и остваруваат облици на општествено самоуправување од кои произлегуваат органите што вршат функција на власт.</s><s>Единството на општествено-политичкото уредување се обезбедува со остварувањето на правата и должностите на сите општествено-политички заедници и со нивните меѓусебни односи утврдени со устав и закон.</s>
<s>Функциите на власта и на управувањето со општествените работи ги вршат претставничките тела, како општи органи на општественото самоуправување на општествено-политичките заедници, и органите што ним им се одговорни.</s><s>Судската функција ја вршат судовите како самостојни органи на општествената заедница.</s><s>Заштитата на уставноста му се доверува на Уставниот суд на Македонија.</s>
<s>Претставнички тела на општините, околиите и Републиката се собранија што ги сочинуваат делегати на граѓаните и на работните луѓе во работните заедници.</s><s>Во општините, околиите и Републиката се образуваат политичко-извршни органи и органи на управата на собранијата.</s>
<s>Членовите на општинските собранија ги избираат непосредно граѓаните и работните луѓе во работните организации, а членовите на околиските собранија и на Собранието на Социјалистичка Република Македонија се избираат според начелото на делегација на општината како основна заедница на граѓаните и работните луѓе.</s><s>Непосредните избори за членови на претставничките тела на општествено-политичките заедници се вршат врз основа на општо и еднакво избирачко право.</s>
<s>Член на собрание можат избирачите односно собранието што го избрало да го отповикаат.</s><s>Изборот и отповикувањето на членовите на сите претставнички тела се врши со тајно гласање.</s><s>Изборот и отповикувањето на членовите на претставничките тела се уредува со закон.</s>
<s>Членовите на собранијата се избираат за време од четири години.</s><s>Секои две години се избира половината од членовите на секој собор на собранието.</s>
<s>Никој не може двапати едноподруго да биде член на ист собор на исто собрание.</s><s>Никој не може едновремено да биде член на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и на Сојузната скупштина, ниту член на два собора на исто собрание.</s><s>Член на Собранието на Социјалистичка Република Македонија делегиран во Соборот на народите на Сојузната скупштина го задржува мандатот и на републички пратеник.</s><s>Член на Републичкиот собор што бил делегиран во Соборот на народите може да биде избран за пратеник на Републичкиот собор и за наредниот период од четири години, но во овој период не може да биде делегиран во Соборот на народите.</s><s>Член на општинско собрание што бил делегиран во околиско собрание може да биде избран за член на општинско собрание и за наредниот период од четири години, но во овој период не може да биде делегиран во околиско собрание.</s>
<s>Со овој Устав и со закон се определува кои носители на јавни овластувања подлежат на повторен избор односно именување по истек на определено време.</s>
<s>Собранијата, нивните политичко-извршни органи и органите на управата ги вршат работите од својата надлежност на основа и во рамките на уставот и законите.</s><s>Секој државен орган, организација или поединец што има јавни овластувања, ги врши своите функции само во границите на овластувањата опредлени со уставот и законите.</s><s>Државните органи имаат спрема работните и другите самоуправни организации само права утврдени на основа на уставот.</s>
<s>Меѓусебните односи на органите на општествено-политичките заедници се засноваат на правата и должностите утврдени на основа на уставот.</s><s>Органите на управата соработуваат со другите органи на управата и работните и другите организации по прашања од заеднички интерес, обезбедуваат заемно известување во работата, и со својата работа овозможуваат ефикасно остварување на правата и интересите на граѓаните и организациите.</s><s>Со закон можат, во согласност со правата и должностите на Републиката, да се утврдуваат права и должности на републичките органи на управата спрема околиските и општинските органи на управата во поглед на надзорот над извршувањето на прописите на сојузните и републичките органи.</s>
<s>Никој не може да врши јавни овластувања ако тие, согласно со уставот, не му се доверени од граѓаните или од органите што тие ги избираат.</s><s>Секој носител на јавна или друга општествена функција е лично одговерен за нејзиното вршење.</s><s>Со закон се утврдуваат видовите и условите на одговорност на сите носители на јавни и други општествени функции.</s><s>Носител на јавна функција има право да поднесе оставка и да ја образложи.</s>
<s>Работата на државните органи, органите на општественото самоуправување и организациите што вршат работи од јавен интерес е јавна и тие се должни да ја известуваат јавноста за својата работа.</s><s>Начинот на обезбедувањето на јавноста се определува со закон и статут.</s><s>Со закон се определува кои податоци мораат да се чуваат како тајна или не можат да се објавуваат.</s><s>Заради обезбедување на јавноста и општествената одговорност во работата на државните органи, органите на општественото самоуправување, организациите што вршат работи од јавен интерес и на општествено-политичките заедници, претстставничкото тело во вршењето на општествениот надзор претресува општи прашања во врска со располагањето со општествените средства и со распределбата на доходот, како и со начинот на извршувањето на правата и должностите на тие органи и организации.</s><s>Претставничките тела вршат општествен надзор во соработка со органите на самоуправувањето и влијаат на развивањето одговорноста и социјалистичките норми во самоуправувањето, делувањето и располагањето со општествените средства.</s><s>Со општествениот надзор не може да се ограничуваат со устав и закон утврдени права на органите, организациите и граѓаните ниту да се нанесува повреда на нивните права и на закон засновани интереси.</s>
<s>Работата на сите државни органи, на органите на општественото самоуправување и на организациите што вршат работи од јавен интерес се врши на македонски јазик.</s><s>Незнаењето на македонскиот јазик не може да биде пречка за одбраната и за остварувањето на правата и определените интереси на граѓаните и организациите.</s><s>На секого му е гарантирано правото во постапката пред судот или другите државни органи и организации што во вршењето на јавните овластувања решаваат за права и обврски на граѓаните, да го употребува својот јазик и во таа постапка да се запознава со фактите на својот јазик.</s>
<s>2. Самоуправувањето во работните организации</s>
<s>Самоуправувањето во работната организација особено опфаќа право и должност на работните луѓе:1) да управуваат со работната организација непосредно или преку органи на управување што сами ги избираат;2) да го организираат производството или другата дејност, да се грижат за развитокот на работната организација и да ги утврдуваат плановите и програмите за работа и развиток;3) да одлучуваат за размената на производите и услугите и за другите прашања од делувањето на работната организација;4) да одлучуваат за употребата на општествените средства и за располагањето со нив и да ги користат економски целисходно заради постигање на најголем ефект за работната организација и за општествената заедница;5) да го распоредуваат доходот на работната организација и да го обезбедуваат развитокот на материјалната основа на својот труд; да го распределуваат доходот на работните луѓе; да ги исполнуваат обврските на работната организација спрема општествената заедница;6) да одлучуваат за стапувањето на работните луѓе во работна организација; за престанокот на нивната работа и за другите меѓусебни работни односи; да го определуваат работното време во работната организација согласно со општите услови за работа; да уредуваат други прашања од заеднички интерес; да обезбедуваат внатрешна контрола и јавност на работата;7) да ги уредуваат и унапредуваат условите за својата работа, да организираат заштита во работата и одмор, да обезбедуваат услови за своето образование и за подигање на личниот и општествениот стандард;8) да одлучуваат за одделувањето на дел од работната организација во одделна организација и за соединувањето и здружувањето на работната организација со други работни организации.</s><s>Во управувањето со работната организација во работите од посебен општествен интерес можат да учествуваат и заинтересираните граѓани и претставници на заинтересираните организации и на општествената заедница.</s><s>Заради обезбедување на единствена општествено-економска положба на работните луѓе, со закон и статут се утврдуваат правата на самоуправување на работните луѓе што работат во државните органи, општествено-политичките организации или здруженијата во согласност со природата на дејностите на тие органи и организации.</s><s>Работните луѓе го остваруваат самоуправувањето во единствениот општествено-економски систем во сосгласност со уставот, законите и статутот и се одговорни за својата работа.</s>
<s>Работните луѓе што работат во работна организација воспоставуваат, како членови на работната заедница меѓусебни работни односи и се рамноправни во самоуправувањето.</s><s>Организацијата на работата и управувањето во работната организација треба да овозможат работните луѓе на секој степен и во сите делови од работниот процес, што претставуваат целина, што понепосредно да одлучуваат за прашањата на трудот, уредувањето на меѓусебните односи, распределбата на доходот и другите прашања на својата економска положба, обезбедувајќи истовремено најпогодни услови за работа и делување на работната организација како целина.</s><s>Со закон и со статутот на работната организација се определува во кои случаи во работната организација се одлучува со референдум.</s>
<s>Остварувајќи во работната организација самоуправување, работните луѓе, во согласност со уставот, законот и статутот им доверуваат определени функции на управување на органите на работната организација: работничкиот совет, управниот одбор и директорот, односно на други соодветни органи на управување.</s><s>Со закон и со статутот можат да се образуваат и одделни надзорни, стручни и други органи на управување на работната организација.</s><s>Во работна организација што врши дејност или работи од посебен општествен интерес заинтересираните граѓани и претставниците на заеинтересираните организации и на општествената заедница учествуваат, во согласност со законот, во управувањето со определени работи како членови на органите на управување на работната организација или на друг начин определен со закон и статут.</s><s>Во овие работни организации, за организацијата на работата и за распределбата на доходот одлучуваат само органите на управување што ги избираат членовите на работната заедница.</s><s>Со закон можат да се определат општи услови и мерила за распределба на доходот и да се предвиди согласност на определени органи на управување на таа работна организација, на друга организација или на државен орган на одделни акти за распределба на доходот или акти на одлучување за работниот процес што се од посебен општествен интерес.</s>
<s>Работната организација донесува, во согласност со уставот и законот, статут и други општи акти со кои се уредуваат односите во работната организација.</s><s>Со статутот се утврдува внатрешната организација, делокругот и одговорноста на органите на управувањето, положбата на работните единици и правата на работните луѓе во управувањето со тие единици, работните и другите внатрешни односи, начинот на делувањето, како и други прашања од значење за самоуправувањето во работната организација и за нејзиното делување.</s><s>Со статутот може да се предвиди и определена деловна самостојност на одделни делови на работната организација.</s><s>Статутот на работната организација, пред конечното усвојување, му се поднесува на разгледување на општинското собрание.</s><s>Со закон може да се пропише статутот на определени работни организации да се поднесува на разгледување на собранието на друга општествено-политичка заедница.</s><s>Со закон може да се утврди обврска за донесување на одделни општи акти на работната организација и постапка за донесување на статутот и другите општи акти и можат да се предвидат определени овластувања на надлежниот орган на општествено-политичката заедница во поглед на давањето потврда или согласност на статутот или другите општи акти во целина или на одделни нивни делови.</s>
<s>Работничкиот совет утврдува статут и други општи акти, утврдува планови и програми за работата и развитокот на работната организација и одлучува за други општи прашања.</s><s>Членовите на работничкиот совет ги избираат работните луѓе непосредно.</s><s>Работна заедница со помал број членови непосредно ги врши и функциите на работнички совет.</s><s>Управниот одбор одлучува за делувањето на работната организација.</s><s>Членовите на управниот одбор ги избира работничкиот совет или работната заедница, а со закон или статут може да се определи работната заедница со помал број членови непосредно да ги врши и функциите на управниот одбор.</s><s>Членовите на работничкиот совет се избираат на две години, а членовите на управниот одбор на една година.</s><s>Никој не може да биде избран двапати едноподруго за член на работнички совет, ниту повеќе од двапати едноподруго за член на управниот одбор.</s><s>Секоја година се избира половината членови на работничкиот совет.</s>
<s>Органите на самоуправување на работната организација за својата работа одговараат пред работната заедница, како и пред општествената заедница.</s><s>На начин и под услови определени со закон работната заедница може да ги отповикува членовите на органите на самоуправување на работната организација.</s><s>Под исти услови општествено-политичките заедници, заинтересираните организации и граѓани можат да ги отповикуваат членовите на органите на самоуправување што тие ги избрале.</s>
<s>Директорот на работната организација раководи со делувањето на работната организација, ги извршува одлуките на работничкиот совет и на другите органи на управување и ја застапува организацијата.</s><s>Директорот е самостоен во работата и лично е одговорен пред работната заедница и органите на управувањето на работната организација, а за законитоста во работата на работната организација и за исполнувањето на обврските определени со закон е одговорен и пред општествената заедница.</s><s>Директорот на работната организација има право и должност да го запре извршувањето на незаконита одлука на работната заедница, на работничкиот совет или управниот одбор и е должен за запирањето веднаш да го извести општинското собрание.</s>
<s>Директорот на работната организација го именува на основа на јавен конкурс работничкиот совет по предлог од конкурсната комисија според условите и по постапка што се определуваат со закон.</s><s>Конкурсната комисија е составена од определен со закон број на претставници на работната организација и на општината односно на друга општествено-политичка заедница.</s><s>Со закон може да се определи и поинаков начин на именување на директорот на работна организација што врши дејност од посебен општествен интерес.</s><s>Директорот на работната организација се именува за време определено со закон и може според истата постапка да биде повторно именуван.</s><s>Со закон се определува под кои услови работничкиот совет односно друг надлежен орган може да го разреши директорот и пред истекот на времето за кое е именуван.</s>
<s>Заради остранување и рашавање на определени колективни спорови помеѓу работните луѓе на одделни делови на работната организација, и помеѓу работните луѓе во работната организација и органите на општествено-политичките заедници, на основа на закон се образуваат арбитражи.</s>
<s>Со работите од заеднички интерес во областа на управувањето со станбените згради и во другите области на општествениот живот, граѓаните управуваат непосредно или преку органи што ги избираат сами и што им се одговорни за работата.</s>
<s>3. Права на народностите - националните малцинства</s>
<s>Припадниците на народностите - националните малцинства што живеат во Социјалистичка Република Македонија се рамноправни во сè и имаат исти права и должности како и Македонците.</s><s>Општествено-политичките заедници се грижат припадниците на одделните народности - националните малцинства да бидат застапени во претставничките тела на општествено-политичките заедници, водејќи сметка за структурата на населението на нивното подрачје.</s>
<s>На секоја народност - национално малцинство ѝ се гарантира правото слободно да го употребува својот јазик, да ја изразува и развива својата култура и да основа установи и организации што ѝ ги обезбедуваат овие права.</s>
<s>Во местата во кои живеат народности - национални малцинства образованието и воспитувањето на припадниците на народностите - националните малцинства се остварува во училишта односно одделенија и воспитни установи во кои наставата и воспитувањето се изведуваат на јазикот на соодветната народност - национално малцинство.</s><s>Со закон се уредуваат условите за основањето, организацијата и работата на училиштата и одделенијата во кои наставата се изведува на јазиците на народностите - националните малцинства.</s>
<s>Во општините односно околиите на чие подрачје живее поголем број припадници на одделни народности - национални малцинства, одлуките и другите поважни акти на општинските и околиските собранија се објавуваат и на јазикот на народноста - национално малцинство.</s><s>Сите жители на национално мешаните подрачја во Социјалистичка Република Македонија имаат еднакво право да го употребуваат својот јазик во управната и судската постапка.</s><s>Јавните натписи на овие подрачја се двојазични.</s><s>Со статутот на општината односно околијата, во согласност со општите услови утврдени со закон, се определуваат поблиски услови и постапка што обезбедуваат остварување на правата на припадниците на народностите - националните малцинства.</s>
<s>4. Народна одбрана</s>
<s>Неотуѓиво право и должност на народот на Социјалистичка Република Македонија е да ја штити и брани независноста и територијалната целост на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s><s>Одбраната на земјата е право и должност на секој граѓанин, работна и друга организација, како и на општината, околијата и Социјалистичка Република Македонија.</s><s>Општините, околиите и Социјалистичка Република Македонија, согласно со Уставот на Југославија и сојузен закон, се одговорни за организирањето на цивилната заштита, предвојничката обука и воопшто за подготвувањето и организирањето на одбраната на земјата.</s><s>Социјалистичка Република Македонија е должна да го обезбедува остварувањето на правата и извршувањето на должностите и одговорноста на граѓаните и работните и другите организации во областа на народната одбрана определени со сојузен закон.</s>
<s>Глава IV: ОПШТИНА</s>
<s>1. Права и должности на општината</s>
<s>Општината е основна општествено-политичка заедница.</s><s>Општината ги има особено следните права и должности:1) обезбедува материјални и други услови за работа на луѓето и за развитокот на производните сили; го поттикнува подигањето на производноста на трудот;2) го насочува и усогласува развитокот на стопанството и на општествените служби;3) ги утврдува и ги распределува средствата за потребите на општината;4) се грижи за остварување на начелото за распределба според трудот;5) ја утврдува кредитната политика во рамките на единствениот кредитен систем;6) создава услови за задоволување на потребите на граѓаните во областа на воспитувањето и образованието, културата, здравството, социјалната заштита, комуналните служби, снабдувањето и другите нивни заеднички потреби;7) ги усогласува поединечните и заедничките интереси на граѓаните и работните и другите самоуправни организации со општите интереси;8) определува општи услови за вршење на дејности на комунални и слични организации; непосредно во согласност со законот, ги врши функциите во поглед на уредувањето и користењето на земјиштето и имотот во општа употреба, како и поглед на изградувањето и користењето на станбените згради и уредувањето на станбено-комуналните односи;9) остварува што понепосредно општествено самоуправување;10) обезбедува услови за остварување на слободите и правата на граѓаните и уредува односи од непосреден интерес за граѓаните во општината;11) ја заштитува законитоста;12) го штити општествениот имот и имотот на граѓаните;13) ја заштитува сигурноста на луѓето и го обезбедува јавниот ред и мир;14) врши општествен надзор;15) образува органи на општината, комунални и други служби од интерес за граѓаните и се грижи за нивното функционирање;16) ги извршува законите и другите прописи, до колку нивното извршување не е ставено во надлежност на органите на другите општествено-политички заедници;17) остварува и други права и должности на општествената заедница, освен оние што со уставот се утврдени како права и должности на другите општествено-политички заедници.</s>
<s>Правата и должностите на општината се утврдуваат со устав, закон и статутот на општината.</s><s>Правата и должностите на општината ги вршат граѓаните на собирите на избирачите и преку други облици на непосредно одлучување, општинското собрание и неговите органи и месните заедници.</s><s>Правата и должностите на општината овие органи ги остваруваат со учество и во соработка со другите органи на општественото самоуправување во општината.</s>
<s>Општините меѓусебно соработуваат, слободно ги здружуваат своите средства заради вршење на определени работи од својата надлежност или заради создавање на услови за задоволување потреби од заеднички интерес, основаат заеднички органи, организации и служби, преземаат заеднички акции и разменуваат искуства.</s>
<s>Со општествениот план на општината, во согласност со општествените планови на пошироките општествено-политички заедници, особено се насочува и усогласува развитокот на производните сили и општествените служби; се утврдува политиката на запослување; се утврдуваат средствата на општината и се врши нивна основна распределба; се усогласува личната потрошувачка на граѓаните и заедничката потрошувачка со производството, доходот и продуктивноста на трудот; се определуваат и други мерки за развитокот на стопанството и општествените служби на подрачјето на општината.</s>
<s>Општината, во рамките на утврдените со закон извори и видови на приходи, самостојно ги утврдува своите приходи и располага со нив.</s><s>Своите приходи општината ги распределува во буџетот и фондовите.</s><s>На општините што со своите средства не можат да го финансираат извршувањето на своите задачи и работата на општествените служби, им се обезбедуваат од републичките приходи дополнителни средства за финансирање на општествените служби и другите служби на општината, согласно со условите утврдени со закон.</s>
<s>Со буџетот на општината се утврдуваат и распоредуваат средства за работата на општинското собрание и неговите органи и служби, за финансирање на определени општествени служби како и за дотации на установите, организациите и здруженијата на граѓаните.</s><s>Со буџетот на општината во прв ред се обезбедуваат средства неопходни за работата на органите на општината, на основните училишта и за остварување на основната здравствена заштита на граѓаните.</s>
<s>За финансирање на развитокот и унапредувањето на стопанството и другите општествени дејности, општината може да образува фондови.</s><s>Со закон може да се предвиди задолжително образување на одделни фондови на општината и да се утврдат извори на средства за тие фондови.</s><s>Организацијата, начинот на управувањето и делувањето на фондовите на општината и намената на нивните средства се определуваат со статутот на општината односно одлуката за нивното образување.</s>
<s>Општината има статут.</s><s>Со статутот на општината, во рамките на уставот и законите, се утврдуваат особено: правата и должностите на општината и начинот на нивното остварување; односите помеѓу граѓаните, работните и другите организации во решавањето на прашања од заеднички интерес; организацијата на комуналните и другите служби; начинот на обезбедувањето на јавноста во работата на органите и организациите во општината; постапката за донесување на прописите, општествениот план и буџетот на општината, како и на урбанистичкиот план; правата на граѓаните, работните и другите самоуправни организации во користењето на фондовите, општествените и другите служби, имотот во општа употреба и другите општествени средства со кои управува општината; организацијата на општинското собрание и другите општински органи и нивните права, должности и овластувања; подрачјата, организацијата и правата на месните заедници и други облици на самоуправување во населените места, како и подрачјата и начинот на работата на собирите на избирачите; облиците на соработка меѓу општествено-политичките организации и општинските органи во утврдувањето и спроведувањето на политиката на општината, како и други прашања во рамките на правата и должностите на општината.</s><s>Статутот на општината го донесува општинското собрание самостојно со мнозинство од две третини на гласови од вкупниот број членови на секој собор.</s>
<s>Општина се образува за подрачје на едно или повеќе населени места кои се поврзани со заеднички интереси на граѓаните и во кое постојат услови за самостојно остварување на правата и должностите на општината, за нејзиниот материјален и општествен развиток, за развитокот на општественото самоуправување, како и за остварување на правата на граѓаните и вршење на нивните должности.</s><s>На подрачјето на град Скопје можат да се образуваат повеќе општини.</s><s>Општина се образува и нејзиното подрачје се утврдува со закон, по претходно мислење од граѓаните и соодветните општински и околиски собранија.</s>
<s>2. Општинско собрание</s>
<s>Општинското собрание е највисок орган на власта и орган на општественото самоуправување во рамките на правата и должностите на општината.</s><s>Општинското собрание може заедно со претставниците на општествено-политичките организации и здруженијата, како општ собор, да претресува прашања од општ интерес за општината.</s>
<s>Општинското собрание го сочинуваат: општински собор и собор на работните заедници.</s><s>Со закон може да се предвиди образување на повеќе собори што ги избираат работните луѓе во работните заедници за одделни области на трудот, како и да се утврди нивниот делокруг.</s><s>Соборите на општинското собрание имаат еднаков број членови.</s><s>Бројот на членовите на соборите се утврдува со статутот на општината во границите определени со закон.</s>
<s>Членовите на општинскиот собор ги избираат граѓаните непосредно, а членовите на соборот на работните заедници - работните луѓе што на подрачјето на општината работат во работните организации, државните органи, општествено-политичките организации и здруженијата, земјоделците - членови на задруга или друга работна организација, како и други граѓани што работат на подрачјето на општината, а за кои тоа е определено со закон.</s><s>За член на општински собор може да биде избран секој граѓанин што има избирачко право, а за член на собор на работните заедници може да биде избран секој работен човек што има има право да избира членови на овој собор, како и член на орган на управување на работната организација односно на работна заедница, член на орган на управување на здружение на работни организации, како и функционер на синдикатите или на општествено-политичка организација во општината.</s>
<s>Одборник на општинско собрание не може истовремено да биде именуван функционер или службеник на државен орган што му одговара на собранието, ниту судија на општински суд.</s>
<s>Правата и должностите на одборниците на општинското собрание се утврдуваат со статутот на општината.</s><s>Одборниците на општинското собрание се одговорни пред избирачите и пред општинското собрание за вршење на своите права и должности.</s><s>Функцијата на одборник на општинското собрание е почесна и бесплатна.</s><s>Со статутот на општината може да се може да се определи одборник што врши постојана функција во собранието да има право на постојана месечна награда.</s>
<s>Одборник на општинското собрание во вршењето на својата должност ужива имунитет.</s><s>Одборник на општинското собрание не може да биде лишен од слобода без одобрение на соборот во кој членува, освен ако е во прашање кривично дело за кое истражниот затвор е задолжителен или ако одборникот бил затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна строг затвор или затвор подолга од една година.</s>
<s>Општинското собрание работите од својата надлежност ги врши на седници на собранието односно на соборите, извршните работи по правило преку своите совети, а управните работи преку своите органи на управата.</s>
<s>Општинското собрание исклучиво на своите седници: ја определува политиката и одлучва за основните прашања од значење за политичкиот, стопанскиот, културниот, здравствениот, социјалниот, комуналниот и другиот општествен живот и развиток на општината; го донесува и менува статутот на општината; донесува општествен план и програми за развитокот на општината, буџет на општината и завршна сметка за извршување на буџетот; основа работни и други самоуправни организации и фондови, донесува урбанистички и регионален просторен план; ја утврдува организацијата и овластувањата на органите на општината; одлучува за склучување на заеми; избира претседател на собранието, претседатели и определен број членови на советите, како и судии и судии поротници на општинскиот суд; избира членови на претставничките тела на пошироките општествено-политички заедници; именува секретар и раководни службеници во органите на управата на собранието; ја претресува состојбата и општите проблеми на правосудството; врши буџетска контрола, надзор над работата на советите и органите на управата; врши општествен надзор; врши и други работи определени со закон или статут на општината.</s><s>Општинското собрание, во вршењето на работите од својата надлежност, донесува одлуки, наредби, упатства, решенија, заклучоци и насоки.</s><s>Општинското собрание може да разгледува општи прашања од значење за развитокот на стопанството и другите области на општествениот живот и по тие прашања може да им дава препораки на месните заедници, работните и другите самоуправни организации.</s>
<s>Соборите на општинското собрание работат и одлучуваат по правило на заедничка седница.</s><s>Соборите на општинското собрание работат и одлучуваат на одделни седници во случаите предвидени со статутот на општината и кога тоа ќе го побара една четвртина од членовите на еден собор.</s><s>Со статутот на општината се уредува постапката за отстранување на несогласностите помеѓу соборите.</s><s>Оваа постапка може да се уредува и со закон.</s>
<s>Општинското собрание може за проучување на одделни прашања од својата надлежност, за претресување на предлози и вршење други работи да образува постијани и повремени комисии.</s><s>Постојаните комисии на собранието се образуваат и нивниот делокруг се утврдува со статутот на општината.</s>
<s>Во општинското собрание се образува комисија за прашања на изборите и именувањата, која ги претресува прашањата во врска со изборот, именувањата и разрешувањата на членовите на телата на собранието и другите функционери и на собранието му поднесува предлози.</s><s>Оваа комисија ги претресува и општите прашања на кадровската политика во рамките на правата и должностите на општината.</s><s>Комисијата ја сочинуваат членови на собранието и претставници на општествено-политичките организации.</s><s>Составот на комисијата поблиску се определува со статутот на општината.</s>
<s>Општинското собрание избира претседател на собранието од редот на членовите на собранието.</s><s>Претседателот го претставува собранието и ги свикува неговите седници, се грижи за извршувањето на одлуките и другите прописи на собранието, ја усогласува работата на органите на собранието и врши други работи утврдени со статутот на општината.</s>
<s>Советите се политичко-извршни органи на општинското собрание и територијални органи на општественото самоуправување во областа за која се образувани.</s><s>Советите, во рамките на својот делокруг, се грижат за остварување на политиката утврдена од собранието и за извршувањето на законите и другите прописи како и одлуките и другите прописи на општинското собрание, даваат предлози за утврдување на политиката на собранието и ги утврдуваат предлозите на одлуките и другите прописи што ги донесува собранието, вршат надзор и им даваат општи насоки за работа на органите на управата, како и претресуваат прашања од заеднички интерес за работните и другите самоуправни организации во областа за која се образувани и им даваат препораки.</s><s>Советите вршат управни работи само кога тоа е изречно предвидено со закон или со одлука на општинското собрание.</s><s>Советите донесуваат наредби, упатства, решенија, заклучоци и насоки.</s><s>Советите за својата работа одговараат пред општинското собрание.</s>
<s>Советите се образуваат и нивниот делокруг се утврдува со статутот на општината.</s><s>Советите на општинското собрание ги сочинуваат членови избрани од работните и општествените организации и членови што ги избира собранието од редот на своите членови и другите граѓани.</s><s>Бројот на членовите на советите избрани од општинското собрание не може да биде поголем од половината од вкупниот број членови на советот.</s><s>Членовите на советите се избираат на две години.</s>
<s>За вршење управни работи во рамките на правата и должностите на општината, општинското собрание со статутот на општината образува органи на управата.</s><s>Органите на управата непосредно ги извршуваат законите, општинските планови и другите прописи, како и заклучоците на собранието и неговите совети, решаваат во управни работи, ја спроведуваат политиката утврдена од собранието, ја следат состојбата во областите за кои се образувани, подготвуваат предлози на прописи и мерки и вршат други стручни работи за собранието и неговите совети, вршат управен надзор и други управни дејства.</s><s>Видовите на органите на управата и условите за нивно образување се определуваат со закон.</s><s>Работите од својот делокруг органите на управата ги вршат самостојно, во рамките на овластувањата што им се дадени со закон и други прописи и во согласност со насоките на општинското собрание и неговите совети.</s><s>Органите на управата за својата работа одговараат пред собранието и неговите совети.</s>
<s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија може во случај на вонредни околности во Републиката да го продолжи мандатот на членовите на општинските собранија додека траат тие околности.</s>
<s>3. Општини на подрачјето на град Скопје</s>
<s>Во град Скопје за вршење определени работи од заеднички интерес за градот како целина се образува Градско собрание.</s><s>Градското собрание го сочинуваат градски собор и собор на работните заедници.</s><s>Одборниците на Градското собрание ги избираат како делегати на општините општинските собранија од подрачјето на градот од редот на своите членови, сразмерно со бројот на жителите на општините.</s><s>Начинот на избор на одборниците на градското собрание се определува со закон.</s><s>Надлежноста на Градското собрание и неговата организација, како и начинот на финансирањето се определуваат со закон и со статутот на град Скопје.</s><s>Статутот на град Скопје го донесува Градското собрание со мнозинство гласови на сите свои членови, а влегува во сила откако ќе го усвои мнозинството од општините на подрачјето на градот.</s>
<s>4. Месни заедници</s>
<s>Во месната заедница, како самоуправна заедница на граѓаните на селските и градските населби, граѓаните непосредно остваруваат самоуправување во дејностите што служат за непосредно задоволување на потребите на работните луѓе и нивните семејства.</s><s>Со статутот на општината може да се определи месната заедница да врши и други работи заради задоволување на комуналните, социјалните и другите заеднички потреби на граѓаните, како и начинот на финансирањето на овие дејности.</s><s>Месната заедница има својство на правно лице.</s>
<s>Месните заедници се образуваат на подрачја на општините што претставуваат урбанистичка и комунална целина.</s><s>Месните заедници се образуваат со одлука на општинското собрание а по предлог од собирите на избирачите.</s><s>Со статутот на општината и со статутот на месната заедница се утврдуваат органите и организацијата на месната заедница.</s><s>Статутот на месната заедница го потврдува општинскито собрание.</s><s>Средствата за извршување на задачите на месните заедници се утврдуваат со статутот на општината, а се обезбедуваат од надоместоци за услуги, од средствата што за таа цел ќе ги одделат работните организации, од средствата што општината ќе ги пренесе на месните заедници, а за одделни намени и од самопридонесите од граѓаните врз основа на нивна непосредна одлука.</s><s>Месните заедници самостојно располагаат со своите средства.</s>
<s>5. Собири на избирачите</s>
<s>На собирите на избирачите граѓаните претресуваат прашања од значење за животот и работата во населбата и општината и други прашања од општествен интерес, даваат иницијатива и поднесуваат предлози за нивното решавање, непосредно одлучуваат за прашања определени со закон и статутот на општината и предлагаат кандидати на изборите за членови на претставничките тела.</s><s>Работните луѓе на собирите во работните заедници предлагаат кандидати за членови на претставничките тела и вршат други работи на управување утврдени со закон и статут.</s><s>Со закон и со статутот на општината се определуваат прашањата за кои надлежните органи можат да одлучуваат само по претходно дадени мислења од собирите на избирачите.</s><s>Начинот на свикувањето и работењето на собирите на избирачите се определува со статутот на општината.</s>
<s>На собирот на избирачите членовите на општинските собранија поднесуваат извештаи за својата работа и за работата на општинското собрание и одговараат на прашања на избирачите.</s><s>Органите на општественото самоуправување, по барање од собирите на избирачите, се должни да ги известуваат собирите за својата работа и да им даваат потребни известувања.</s>
<s>Органот на кој му се упатени заклучоците, предлозите и мислењата на собирите на избирачите е должен да ги земе во разгледување и во рок утврден со статутот на општината да ги извести собирите за своите становишта и преземените мерки.</s>
<s>6. Референдум</s>
<s>Општинското собрание може да распише референдум заради претходно изјаснување на граѓаните за одделни одлуки или мерки од негова надлежност или заради потврдување на такви одлуки или мерки.</s><s>Со закон или со статутот на општината можат да се определат прашања за кои задолжително се распишува референдум.</s><s>Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.</s>
<s>Глава V: ОКОЛИЈА</s>
<s>Околијата како општествено-политичка заедница се образува за вршење работи од заеднички интерес за две или повеќе општини.</s><s>Околија се образува и нејзиното подрачје се определува со закон по претходно мислење од собранијата на заинтересираните општини.</s>
<s>Правата и должностите на околијата се утврдуваат, во рамките на правата и должностите на Републиката, со овој Устав и со закон.</s><s>Општините можат со одлука на своите собранија да ѝ доверат на околијата да врши и определени работи од заеднички интерес за општините.</s><s>Со одлука на Собранието на Социјалистичка Република Македонија може да се предвиди обврска за околијата да ги врши овие работи.</s>
<s>Околијата ги има особено следните права и должности:1) ја усогласува и поттикнува активноста на општините;2) се грижи за развитокот на стопанството и другите општествени дејности на своето подрачје, организира посебни служби како и установи за урбанистичко и регионално просторно планирање;3) се грижи за развитокот на општественото самоуправување;4) организира и дава стручна и друга помош на општините во остварувањето на нивните права и должности;5) основа работни и други самоуправни организации и служби од заеднички интерес за општините;6) врши општествен надзор;7) врши надзор над законитоста на работата на органите на општините согласно со законот;8) ги извршува законите и другите прописи кога е изречно овластена;9) врши и други права и должности утврдени со закон.</s>
<s>Правата и должностите на околијата ги остваруваат околиското собрание и неговите органи со учество и во соработка со другите органи на општественото самоуправување во околијата.</s>
<s>Начинот на финансирањето на околијата се уредува со закон.</s><s>Околијата самостојно ги распоредува своите средства во буџет и фондови.</s>
<s>Околијата има статут.</s><s>Со статутот на околијата, во рамките на уставот и законите, особено се утврдуваат: правата и должностите на околијата; организацијата и делокругот на органите на околијата; постапката за донесување на прописи и програми за развитокот на стопанството и другите општествени дејности; условите за основање на работни и други самоуправни организации и служби од заеднички интерес за општините, како и правата и обврските на општините во врска со нивното користење; облиците на соработка помеѓу околиските и општинските органи; начинот на вршење надзор над законитоста на работата на општинските органи и други прашања од заеднички интерес за општините во околијата;Статутот на околијата го донесува околиското собрание самостојно со мнозинство од две третини гласови од вкупниот број членови на секој собор, по претходно мислење од општинските собранија од подрачјето на околијата.</s>
<s>Околиското собрание е највисок орган на власта и орган на општественото самоуправување во рамките на правата и должностите на околијата.</s><s>Околиското собрание може заедно со претставниците на општествено-политичките организации и здруженијата, како општ собир, да претресува прашања од општ интерес за околијата.</s>
<s>Околиското собрание го сочинуваат околиски собор и собор на работните заедници.</s><s>Одборниците на околиското собрание ги избираат, како делегати на општините, општинските собранија од подрачјето на околијата од редот на своите членови, сразмерно со бројот на жителите на општината.</s><s>Начинот на изборот на одборниците на околиското собрание се определува со закон.</s><s>Соборите на околиското собрание имаат еднаков број членови.</s><s>Бројот на одборниците на соборите се утврдува со статутот на околијата во границите определени со закон.</s><s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија може во случај на вонредни околности во Републиката да го продолжи мандатот на членовите на околиските собранија додека траат тие околности.</s>
<s>Одборник на околиското собрание не може истовремено да биде именуван функционер или службеник на државен орган што му одговара на собранието, ниту судија на окружен суд.</s>
<s>Правата и должностите на одборниците на околиското собрание се утврдуваат со статутот на околијата.</s><s>Одборниците на околиското собрание за вршење на своите права и должности се одговорни пред избирачите и пред општинското собрание што ги делегирало.</s><s>Функцијата на одборник на околиско собрание е почесна и бесплатна.</s><s>Со статутот на околијата може да се определи одборник што врши постојана функција во собранието да има право на постојана месечна награда.</s>
<s>Околиското собрание исклучиво на своите седници: ја утврдува политиката во рамките на правата и должностите на околијата; го донесува и менува статутот на околијата; донесува програми за развитокот на стопанството и другите општествени дејности за подрачјето на околијата или за делови од тоа подрачје; донесува буџет и завршна сметка за извршување на буџетот на околијата; ја претресува состојбата и општите проблеми на правосудството; основа работни и други самоуправни организации и служби; избира претседател на собранието и претседатели и членови на соборите на собранието; избира судии и судии поротници на окружниот суд; именува секретар и раководни службеници во органите на управата на собранието; врши буџетска контрола, надзор над работата на советите и органите на управата; врши општествен надзор; врши и други работи за кои тоа е определено со закон или статутот на околијата.</s><s>Програмите за развитокот на стопанството и на другите општествени дејности што ги донесува околиското собрание се задолжителни за општините ако ги усвојат општинските собранија од подрачјето на околијата односно од делот на подрачјето за кое тие се однесуваат.</s><s>Околиското собрание во вршењето на работите од својата надлежност донесува одлуки, наредби, упатства, решенија, заклучоци и насоки.</s><s>Околиското собрание може да разгледува општи прашања од значење за развитокот на општините и одделните области на општествените дејности и по тие прашања може да дава препораки.</s>
<s>Соборите на околиското собрание работат и одлучуваат по правило на заедничка седница.</s><s>Соборите на околиското собрание работат и одлучуваат на одделни седници во случаите предвидени со статутот на околијата и кога тоа ќе го побара една четвртина од членовите на еден собор.</s><s>Со статутот на околијата се уредува постапката за остранување на несогласностите помеѓу соборите.</s><s>Оваа постапка може да се уредува и со закон.</s>
<s>Околиското собрание може за проучување на одделни прашања од својата надлежност, за претресување на предлози и за вршење други работи да образува постојани и повремени комисии.</s><s>Постојаните комисии на собранието се образуваат и нивниот делокруг се утврдува со статутот на околијата.</s>
<s>Во околиското собрание се образува комисија за прашања на изборите и именувањата, која ги претресува прашањата во врска со изборот, именувањата и разрешувањата на членовите на телата на собранието и другите функционери и на собранието му поднесува предлози.</s><s>Оваа комисија ги претресува и општите прашања на кадровската политика во рамките на правата и должностите на околијата.</s><s>Комисијата ја сочинуваат членови на собранието и претставници на општествено-политичките организации.</s><s>Составот на комисијата поблиску се утврдува со статутот на околијата.</s>
<s>Околиското собрание избира претседател на собранието од редот на членовите на собранието.</s><s>Претседателот го претставува собранието и ги свикува неговите седници, се грижи за извршување на одлуките и другите прописи на собранието и врши други работи утврдени со статутот на околијата.</s>
<s>Советите се политичко-извршни органи на околиското собрание и територијални органи на општественото самоуправување во областа за која се образувани.</s><s>Советите, во рамките на својот делокруг, се грижат за остварувањето на политиката утврдена од собранието и за извршувањето на законите и другите прописи како и одлуките и другите прописи на околиското собрание, даваат предлози за утврдување на политиката на собранието и ги утврдуваат предлозите на одлуките и другите прописи што ги донесува собранието, вршат надзор и им даваат насоки за работа на органите на управата, како и претресуваат прашања од заеднички интерес за работните и другите самоуправни организации за областа во која се образувани, а чија дејност се простира на подрачјето на околијата, и на овие организации им даваат препораки.</s><s>Советите вршат управни работи само кога тоа изречно е предвидено со закон или со одлука на околиското собрание.</s><s>Советите донесуваат наредби, упатства, решенија, насоки и заклучоци.</s><s>Советите за својата работа одговараат пред околиското собрание.</s>
<s>Советите се образуваат и нивниот делокруг се утврдува со статутот на околијата.</s><s>Советите ги сочинуваат членови што ги избира околиското собрание од редот на своите членови, од редот на членовите на соодветните совети на општинските собранија, како и од редот на другите граѓани.</s><s>Бројот на членовите на советите избрани од редот на членовите на околиското собрание не може да биде поголем од половината од вкупниот број членови на советот.</s><s>Членовите на советот се избираат на две години.</s>
<s>За вршење на управни работи, во рамките на правата и должностите на околијата, околиското собрание со статутот на околијата образува органи на управата.</s><s>Органите на управата подготвуваат предлози на прописи и други општи акти и вршат други стручни работи за собранието и неговите совети, ги извршуваат одлуките и другите прописи на собранието и неговите совети, кога се изречно овластени непосредно ги применуваат законите и другите прописи и вршат надзор над извршувањето на законите и другите прописи, како и други управни дејности.</s><s>Видовите на органите на управата и условите за нивното образување се уредуваат со закон.</s><s>Работите од својот делокруг органите на управата ги вршат самостојно во рамките на овластувањата што им се дадени со закон и други прописи и во согласност со насоките на околиското собрание и неговите совети.</s><s>Органите на управата одговараат пред собранието и неговите совети.</s>
<s>Глава VI: ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија ги има следните права и должности:1) обезбедува услови за остварувањето и развитокот на општественото самоуправување;2) ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот и обезбедува услови за нивното остварување;3) ги штити самоуправните права на работните организации, општините и околиите и се грижи за нивното остварување;4) ги штити правата на народностите - националните малцинства и се грижи за обезбедувањето на нивното рамноправно учество во општествениот живот;5) го штити општествено-економското и општествено-политичкото уредување; го обезбедува и заштитува јавниот поредок на територијата на Републиката;6) обезбедува услови за што поповолен стопански и општествен развиток, како и услови за јакнење на социјалистичките општествено-економски односи; го насочува и усогласува развитокот на стопанството и на другите дејности на Републиката;7) го утврдува делот на општествениот производ остварен на територијата на Републиката што е потребен за остварување на правата и должностите на Републиката;8) ги распределува општествените средства на Републиката;9) ја утврдува кредитната политика во рамките на единствениот кредитен систем и го насочува кредитното и банкарското делување;10) се грижи и обезбедува услови за развитокот на науката и ја помага и усогласува научно-испитувачката работа;11) се грижи за развитокот на културата и обезбедува услови за унапредување на културните дејности од општ интерес за Републиката;12) се грижи за развитокот на просветата и за единството на школскиот систем; обезбедува услови за развитокот на високото школо;13) се грижи за развитокот на здравствената заштита и презема мерки од општ интерес за Републиката во оваа област; го утврдува системот на организацијата на здравствените служби;14) се грижи за развитокот на социјалната заштита и другите општествени дејности и презема мерки од општ интерес за Републиката во овие области; го утврдува системот на организацијата на социјалните и другите општествени служби;15) уредува со закон и други прописи прашања од општо значење за Републиката;16) го обезбедува единството на правниот поредок на Републиката и единствената примена на републичките закони; ја обезбедува заштитата на уставноста и законитоста;17) основа републички органи и стручни служби од општ интерес за Републиката и се грижи за нивното функционирање; основа работни организации од општ интерес за Републиката;18) врши судска функција во рамките на републичката надлежност и ја уредува организацијата на правосудството во Републиката;19) утврдува општи начела за организацијата на органите на општините и оклиите и се грижи за унапредувањето на нивното работење;20) врши и други права и должности утврдени со Уставот.</s><s>Правата и должностите на Социјалистичка Република Македонија ги остваруваат републичките органи, во рамките на нивната надлежност определена со овој устав и законите.</s><s>Своите политички, општествено-економски, културни и други заеднички интереси граѓаните ги остваруваат и преку општествено-политичките и другите организации, што својата дејност ја вршат на целата територија на Републиката.</s><s>Во остварувањето на своите права и должности Републиката се потпира на соработката на општините и околиите, како и на општествено-политичките и другите организации.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија, во согласност со општествените планови на Југославија, го утврдува општиот правец на развитокот на стопанството и другите општествени дејности, ги утврдува основните односи во распределбата на општествениот производ, го усогласува развитокот на стопанството и односите помеѓу стопанските гранки и области, ги изедначува општите услови за работа и за стекнување на доход заради остварување начелото на распределба според трудот, ја утврдува политиката на развитокот на неразвиените подрачја, политиката на запослувањето и порастот на продуктивноста на трудот и личната потрошувачка, политиката на изградба на стопански објекти и објекти за потребите на општествените дејности од општ интерес за Републиката што се финансираат од републички средства и создава што поповолни услови за остварување на заедничките интереси на работните луѓе, дејностите на работните организации и функциите на општините и околиите во областа на општествено-економските односи.</s>
<s>За остварувањето на своите права и должности Републиката, во рамките на единствениот систем на распределба, самостојно ги утврдува своите приходи и располага со нив.</s><s>Средствата на Републиката служат:1) за финансирање на обврските и задачите на Републиката; за развитокот на одделни општествени дејности; за финансирање на потребите на републичките органи; за дотации на општините, на работните и другите самоуправни организации што остваруваат задачи од општ интерес за Републиката и на републичките фондови;2) за интервенции во стопанството заради усогласување на односите помеѓу одделни дејности, за изедначување на условите за работа и стекнување доход; за обезбедување стабилноста на стопанството и снабденоста на пазарот;3) за финансирање на побрзиот стопански развиток на стопански недоволно развиените краишта;4) за финансирање на изградбата на стопански објекти и објекти за потребите на другите општествени дејности што се од општ интерес за Републиката.</s><s>Републиката самостојно располага со овие средства и ги распределува во буџетот и фондовите.</s>
<s>Се образува посебен фонд на Републиката за кредитирање на побрзиот стопански развиток на недоволно развиените краишта.</s><s>Со закон се утврдуваат постојани извори за финансирање на фондот, посебните услови за кредитирање и начинот на делување на Фондот.</s>
<s>За финансирање на одделни дејности во рамките на своите права и должности, Социјалистичка Република Македонија може да основа свои фондови.</s><s>Фондовите се основаат и укинуваат со закон.</s><s>Со средствата на фондовите самостојно располагаат органите на управување на фондовите во согласност со општата политика што ја утврдува Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Средствата на Републиката наменети за развитокот на стопанството се даваат во вид на кредит, ако со закон или со републичкиот општествен план не е определено поинаку.</s><s>Средствата наменети за развитокот на другите дејности се даваат во вид на кредит или без обврска за враќање на начин определен со закон или со републичкиот општествен план.</s>
<s>Прашањата што се од општ интерес за Републиката се уредуваат со закон.</s><s>Само со закон се уредува: образувањето и укинувањето на општините и околиите и утврдувањето и менувањето на нивните подрачја; републичкото државјанство; изборот и отповикувањето на пратениците на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и одборниците на општинските и околиските собранија; амнестијата и помилувањата; републичките празници; референдумот; организацијата на републичките органи и стручни служби и начелата за нивната работа; општите начела за организацијата на органите на општините и околиите и за нивната работа; организацијата на правосудството; системот и организацијата на научно-испитувачката работа; системот и организацијата на воспитувањето и образованието; организацијата на културните и уметничките установи; системот и организацијата на здравствената и социјалната заштита; урбанистичкото и регионалното просторно планирање; други прашања за кои тоа е определено со овој Устав.</s>
<s>Во областите што се уредуваат само со закон општините можат да донесуваат одлуки само ако за тоа се овластени со законот.</s><s>Во другите области општините можат, во рамките на своите права и должности, самостојно да донесуваат одлуки заради уредување на прашања и односи од непосреден интерес за општината.</s><s>Овие одлуки општините се должни да ги усогласат со подоцна донесениот закон во рок од три месеци по влегувањето во сила на законот.</s>
<s>Општините можат да донесуваат прописи за извршување на законите само ако за тоа се овластени со закон.</s><s>Општинските органи го обезбедуваат извршувањето на законите и другите прописи и непосредно ги извршуваат, доколку со законот или прописот нивното извршување не е ставено во надлежност на републичките или околиските органи односно во надлежност на установите и организациите што вршат работи од јавен интерес.</s>
<s>Околиите можат да донесуваат прописи само кога за тоа се овластени со закон.</s><s>Околиите можат да бидат овластени да донесуваат прописи само за уредување на работите од заеднички интерес за општините и граѓаните од нивното подрачје.</s><s>Околиите можат да донесуваат прописи и за уредување на работите од заеднички интерес на општините што тие им ги довериле.</s>
<s>Републичките органи имаат спрема општинските и околиските органи само права утврдени со уставот и со законите.</s><s>Општинските и околиските органи се должни да го обезбедуваат извршувањето на законите, другите прописи и мерки на републичките органи во работите од општ интерес за Републиката и за таа цел да соработуваат со нив кога тие оваа соработка ја бараат во согласност со законот.</s><s>Само со закон може да се предвиди во извршувањето на одделни работи од општ интерес за Републиката, републичките органи да имаат право на општинските и околиските органи да им издаваат задолжителни инструкции и да вршат право на надзор над работата на тие органи, како и други овластувања заради обезбедување на извршувањето на овие работи.</s><s>Работи од општ интерес за Републиката се со закон определени за чие извршување се одговорни републичките органи и кога непосредно ги извршуваат органите во општината и околијата.</s>
<s>Само со закон може на подрачјето на општината и околијата да се образуваат органи на управата за вршење одделни управни работи од надлежноста на Републиката, како и да се пропишува обврска на општините и околиите да образуваат органи на управата за вршење на такви работи или работи од општ интерес за Републиката што се пренесени во надлежност на општината односно околијата.</s><s>Републиката може непосредно преку свои органи да го обезбедува извршувањето на законите и другите републички прописи за чие што извршување се надлежни општинските и околиските органи, ако и додека овие органи не ги извршуваат тие прописи, со обврска општината односно околијата да ги надоместат причинетите со тоа трошоци.</s><s>Со закон може да се определи републичките органи што вршат работи на инспекција или надзор да ги вршат овие работи непосредно на целата територија на Републиката заради контрола на извршувањето на законите и заштитата на законитоста и правата на граѓаните и организациите.</s>
<s>Одделни работи од надлежноста на Републиката во врска со извршувањето на законите можат со закон да се пренесат во надлежност на општинските и околиските органи.</s><s>Во овој случај Републиката е должна на општините и околиите да им обезбеди соодветни средства односно извори на приходи за вршење на тие работи.</s>
<s>За решавање на прашања од општ интерес за Републиката, како и за претходно изјаснување на граѓаните за одделни предлози на закони, одлуки и мерки или за нивното потврдување може да се распише референдум.</s><s>Со закон можат да се определат прашања по кои задолжително се распишува референдум.</s><s>Одлуката на избирачкото тело на референдумот е задолжителна.</s>
<s>Глава VII: СОБРАНИЕ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>1. Положба и надлежност</s>
<s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија е највисок орган на власта и орган на општественото самоуправување во рамките на правата и должностите на Републиката.</s><s>Собранието своите права и должности ги врши на основа и во рамките на уставот и законите.</s>
<s>Собранието, како основен насител на правата и должностите на Социјалистичка Република Македонија, непосредно и исклучиво:1) го менува Уставот;2) донесува закони и дава автентични толкувања на законите;3) донесува републички општествени планови, републички буџет и завршна сметка за извршувањето на буџетот;4) донесува и одобрува финансиски планови и завешни сметки на републичките фондови определени со закон;5) одлучува за распишување на јавни заеми;6) претресува општи политички прашања и ги утврдува основите на политиката во рамките на правата и должностите на Републиката; ги утврдува обврските на републичките органи и организации за извршување на законите и другите акти и политиката на Собранието;7) одлучува за измена на границите на Социјалистичка Република Македонија;8) распишува републички референдум;9) основа работни и други самоуправни организации од општ интерес за Републиката определени со закон;10) дава амнестија за кривични дела определени со републички закони;11) ги претресува извештаите на републичките судови за примената на законите од страна на судовите; ги претресува извештаите на органите на републичката управа, како и извештаите на самоуправните организации определени со закон;12) врши политичка контрола над работата на Извршниот совет и републичките органи на управата, врши контрола над извршувањето на републичките општествени планови, републичкиот буџет и финансиските планови на републичките фондови определени со закон; врши општествен надзор; зазема начелни ставови по извештаите што ги претресува;13) одлучува за продолжување на мандатот на пратениците и одборниците на општинските и околиските собранија;14) избира и отповикува определен број пратеници за Соборот на народите на Сојузната скупштина;15) избира и разрешува претседател и потпретседател на Собранието;16) избира и разрешува претседател и членови на Извршниот совет, на одборите и комисиите на Собранието;17) избира и разрешува претседател и судии на Уставниот суд на Македонија, на Врховниот суд на Македонија и на другите судови кога е тоа определено со закон;18) именува и разрешува републички секретари, секретар на Извршниот совет како и функционери и членови на органите на управувањето на организациите определени со закон или друг акт на Собранието;19) врши други работи утврдени со Уставот.</s><s>Собранието може да донесува декларации и резолуции и на државните органи и самоуправните организации да им дава препораки во кои се изразува мислење по прашања од општ интерес.</s>
<s>Собранието на Социјалистичка Република Мокедонија може заедно со претставниците на општествено-политичките организации и здруженијата, како општ собор, да претресува прашања од општ интерес за Републиката.</s>
<s>2. Состав и избор</s>
<s>Собранието го сочинуваат Републички собор, како собор на делегати на граѓаните во општините, и Стопански собор, Просветно-културен собор, Социјално-здравствен собор и Организационо-политички собор, како собори на делегатите на работните луѓе во работните заедници.</s>
<s>Републичкиот собор има 100 пратеници, а Стопанскиот, Просветно-културниот, Социјално-здравствениот и Организационо-политичкиот имаат по 60 пратеници, што се избираат согласно со нормата еден пратеник да се избира на еднаков број жители и во една или повеќе општини, како изборна единица, да се избира по еден пратеник за секој собор.</s>
<s>Пратеници за Републичкиот собор избираат општинско собрание односно собранија на две или повеќе општини и граѓаните непосредно.</s><s>Пратеници за соборите на работните заедници на Собранието избираат општинско собрание односно собранија на две или повеќе општини.</s><s>Пратенички кандидати за Републичкиот собор предлагаат граѓаните на собирите на избирачи или група на граѓани, а пратенички кандидати за соборите на работните заедници работните луѓе во работните заедници од соодветната област на трудот.</s>
<s>Право да биде избран за пратеник во Републичкиот собор има секој граѓанин што има избирачко право.</s><s>Право да биде избран за пратеник во Стопанскиот, Просветно-културниот односно Социјално-здравствениот собор има секој работен човек или член на орган на управување на работна организација односно на работна заедница во соодветната област на трудот, член на орган на управување на здружение на работни организации и функционер на синдикатите, во соодветната област на трудот.</s><s>Право да биде избран за пратеник во Организационо-политичкиот собор има секој член на орган на управување на работна организација односно на работна заедница, член на орган на управување на здружение на работни организации, како и функционер на општествено-политичка организација или здружение, чија што дејност се однесува на прашања од областа на општествено-политичкиот систем.</s><s>За пратеник на секој од соборите на работните заедници може да биде избран, според условите определени со закон, и друг граѓанин што се занимава со дејност од соодветната област.</s><s>За пратеник на собор на работните заедници може да биде избран само граѓанин што има избирачко право.</s>
<s>Пратеник во Републичкиот собор станува кандидатот избран во општинското собрание односно во општинските собранија со мнозинство определено со закон за кој по тој избор гласало мнозинството од сите избирачи на изборната единица, а ако се избрани повеќе кандидати, пратеник станува кандидатот што добил најголем број гласови во изборната единица.</s><s>Пратеник во Стопанскиот, Просветно-културниот, Социјално-здравствениот односно Организационо-политичкиот собор станува кандидатот што е избран во општинското собрание односно во општинските собранија со мнозинство определено со закон.</s>
<s>Пратеник не може истовремено да биде именуван функционер или службеник на државен орган што му одговара на Собранието, ниту судија на републички суд.</s>
<s>Пратеник на Собранието е отповикан ако за отповикување се изјаснило мнозинство на избирачите определено со закон.</s>
<s>Избори за пратеници распишува претседателот на Собранието.</s><s>Изборите за нови пратеници мора да се одржат најдоцна на петнаесет дена пред истекот на изборниот период на пратениците на кои мандатот им истекува.</s><s>Ако е распуштен некој собор на Собранието избори се распишуваат во рок од 15 дена од денот на распуштањето.</s><s>Мандатот на пратениците на новоизбраниот собор трае до истекот на времето за кое биле избрани пратениците на соборот што е распуштен.</s><s>Од денот на распишувањето на изборите до денот на изборот на пратениците не може да помине повеќе од два месеци ни помалку од еден месец.</s><s>Со денот на верификацијата на мандатот на новите пратеници им престанува функцијата на пратениците на кои им истекол мандатот.</s>
<s>Собранието може во вонредни околности да го продолжи мандатот на пратениците за време додека таквата состојба трае.</s><s>Избори се распишуваат веднаш штом ќе престанат околностите поради кои бил продолжен мандатот на пратениците.</s>
<s>3. Делокруг и работа</s>
<s>Работите од надлежноста на Собранието ги врши Републичкиот собор заедно со друг надлежен собор рамноправно.</s><s>Определени работи од надлежноста на Собранието врши одделен собор на Собранието самостојно.</s><s>Собранието врши определени работи од својата надлежност на заедничка седница на сите собори.</s><s>Собранието врши определени работи од својата надлежност во одбори, комисии и други тела на соборите и на Собранието.</s>
<s>Републичкиот собор рамноправно со Стопанскиот собор:претресува прашања од интерес за работните заедници од областа на стопанството, како и други прашања од областа на стопанството и финансиите;донесува закони и други акти во тие области;донесува републички општествени планови.</s>
<s>Републичкиот собор рамноправно со Просветно-културниот собор:претресува прашања од интерес за работните заедници од областа на просветата, науката, уметноста и другите области на културата, физичката култура, како и други прашања од тие области;донесува закони и други акти во тие области.</s>
<s>Републичкиот собор рамноправно со Социјално-здравствениот собор:претресува прашања од интерес за работните заедници од областа на здравјето, социјалното осигурување и другите области на социјалната политика, како и други прашања од тие области;донесува закони и други акти во тие области.</s>
<s>Републичкиот собор рамноправно со Организационо-политичкиот собор:претресува прашања од областа на општествено-политичкото уредување и другите области од надлежноста на Собранието, освен прашањата што според овој устав спаѓаат во рамноправен делокруг на другите собори или во самостоен делокруг на некој друг собор;донесува закони и други акти доколку тоа не спаѓа во рамноправен делокруг на другите собори или во самостоен делокруг на Републичкиот собор;донесува републички буџет и завршна сметка.</s>
<s>Републичкиот собор самостојно:1) одлучува за измена на границите на Социјалистичка Република Македонија;2) дава амнестија за кривични дела опредлени со републички закон;3) одлучува за продолжување на мандатот на одборниците на општинските и околиските собранија;4) избира пратеници на Соборот на народите на Сојузната скупштина;5) ги укинува или поништува прописите и другите акти на Извршниот совет што се во спротивност со Уставот или со законите;6) избира и разрешува претседател и членови на Извршниот совет, претседатели и членови на своите одбори и комисии;7) избира и разрешува претседател и судии на Уставниот суд на Македонија, на Врховниот суд на Македонија и на другите судови кога е тоа определено со закон;8) именува и разрешува републички секретари, секретар на Извршниот совет, како и функционери и членови на органите на управување на организациите за кои тоа е определено со закон или со друг акт на Собранието;9) одлучува за надоместоците на пратениците и функционерите што Собранието ги избира или именува;10) врши други работи од надлежноста на Собранието што не се ставени во рамноправен делокруг на други собори или на самостоен делокруг на друг собор.</s>
<s>Соборите на работните заедници можат, секој во својот делокруг, самостојно да претресуваат прашања во врска со извршувањето на законите и другите акти на Собранието и други прашања од заеднички интерес за работните и другите самоуправни организации и работните заедници од соодветната област на трудот, со цел да се усогласуваат нивните односи и да се развива нивната меѓусебна соработка.</s><s>Овие собори имаат право по овие прашања на соодветните самоуправни организации, работни заедници и државни органи да им даваат препораки.</s><s>Секој собор може, во својот делокруг, да бара извештаи од Извршниот совет и да му упатува прашања.</s><s>Секој собор може, во својот делокруг, да бара извештаи и објаснувања од републичките секретари и другите функционери што раководат со републичките органи на управата.</s>
<s>Собранието на заедничка седница на сите собори избира и разрешува претседател и потпретседател на Собранието, одлучува за продолжувањето на мандатот на пратениците и утврдува дека престанале околностите поради кои мандатот на пратениците бил продолжен.</s>
<s>Секој собор на Собранието донесува полноважни одлуки со мнозинство гласови на седница на која присуствува мнозинство од членовите на соборот, доклку со овој устав за донесување на одделни одлуки не се бара посебно мнозинство.</s><s>Собранието на заедничка седница на сите собори, донесува полноважни одлуки со мнозинство гласови, доколку со овој устав не се бара посебно мнозинство.</s><s>За донесување на одлуки на заедничка седница потребно е присуство на мнозинството од членовите на секој собор.</s>
<s>Секој собор на Собранието заседава и одлучува одделно на свои седници, но соборите можат да одлучат и да заседаваат и работат заедно.</s><s>Два собора кои учествуваат рамноправно во донесувањето на закон или друг акт можат да одлучат законот или актот да го претресат или да го донесат на заедничка седница.</s><s>Два или повеќе собори можат да одлучат на заедничка седница да претресат прашања од заеднички интерес за тие собори.</s><s>Соборите кога ќе одлучат да гласат на заедничка едница, членовите на секој собор гласаат одделно.</s><s>Гласањето е јавно, освен ако Собранието или соборот не определи гласањето да се врши тајно.</s>
<s>Собранието има свој деловник што се донесува на заедничка седница на сите собори.</s><s>Секој собор на Собранието самостојно донесува деловник за својата работа.</s>
<s>Секој собор на Собранието самостојно врши верификација на мандатите и одлучува за мандатно-имунитететните прашања на своите членови.</s>
<s>4. Донесување на закони</s>
<s>Право на предлагање закони или други акти има секој пратеник во својот собор, Извршниот совет и одбор на собор.</s><s>Секој собор може да предложи донесување на закони и други акти од делокругот на другиот собор.</s><s>Барање за донесување на закони може да потекне и од општинско или околиско собрание, од самоуправна организација, од општествено-политичка организација, здружение и од граѓаните.</s>
<s>Секој собор на Собранието има право да претресува предлог на закон, општествен план и буџет како и друго прашање од делокругот на друг собор и по тој предлог или прашање да му даде мислење на надлежниот собор, ако предлогот или прашањето се однесува и на области од неговиот делокруг.</s><s>Надлежниот собор може да бара од другите собори мислење по предлог на закон, општествен план, буџет и по други прашања.</s><s>Надлежниот собор е должен да го земе во претрес мислењето на другите собори и да заземе став по нив.</s>
<s>Надлежните собори на Собранието можат да одлучат предлог на закон да се изнесе на јавна дискусија или при претресувањето на предлогот на закон или друг акт можат да повикаат претставници на самоуправните организации, на општествено-политичките организации и на здруженијата за давање на мислења и предлози.</s>
<s>Законот или друг акт во чие донесување рамноправно учествуваат два собора на Собранието се смета за донесен кога е изгласан во истоветен текст во обата собора.</s><s>Ако не се постигне согласност за истоветноста на текстот на законот или другиот акт по два претреса едноподруго на спорното прашање, соборите образуваат зедничка комисија составена од еднаков број членови на обата собора, на која ѝ се доверува составување на предлог за решавање на спорот.</s><s>Ако во заедничката комисија не се постигне согласност или ако еден собор не го усвои текстот што го предложила комисијата, предлогот на законот или другиот акт се изнесува на заедничка седница на обата собора.</s><s>Ако не се постигне согласност ни на заедничката седница, предлогот на законот или другиот акт се симнува од дневниот ред на Собранието и одново може да се стави на дневен ред по предлог на еден од соборите или Извршниот совет дури по истекот на шест месеци од денот на симнувањето од дневниот ред.</s><s>На основа на одлука на обата собора спорниот акт може да се стави на дневен ред и пред истекот на овој рок.</s>
<s>Кога поради несогласност помеѓу Републичкиот собор и друг надлежен собор не можел да биде донесен општествениот план или буџетот до рокот кога тие мора да влезат во сила, обата собора се распуштаат и општествениот план односно буџетот се сметаат за донесени во текстот изгласан во Републичкиот собор.</s><s>Новоизбраните собори можат да донесат нов општествен план односно буџет.</s><s>Кога поради несогласност помеѓу Републичкиот собор и друг надлежен собор, ни по постапката предвидена за постигнување согласност, не можел да биде донесен закон чие донесување Извршниот совет го смета за неопходно и итно, обата собора се распуштаат и за донесен се смета законот во текстот изгласан во Републичкиот собор.</s>
<s>5. Претседател на Собранието и претседатели на соборите</s>
<s>Собранието има претседател и еден или повеќе потпретседатели што се избираат од редот на пратениците на Републичкиот собор.</s><s>Претседателот и потпретседателите на Собранието и претседателите на соборите кои ја вршеле оваа функција четири години не можат на истата функција да бидат избрани за наредниот период од четири години.</s><s>Собранието има секретар што го именува и разрешува Републичкиот собор.</s>
<s>Претседателот на Собранието го претставува Собранието, свикува заеднички седници на соборите и им претседава, се грижи за примената на деловникот на Собранието и врши други работи утврдени со Уставот и деловникот на Собранието.</s><s>Претседателот на Собранието може да свика заедничка седница на сите собори заради претресување на прашања од општо политичко значење.</s><s>Претседателот на Собранието свикува заедничка седница на сите собори по предлог од најмалку три собора, а заедничка седница на два или повеќе собори - по предлог од два собора.</s><s>Претседателот на Собранието ги потпишува сите акти на Собранието, освен препораките на одделните собори.</s><s>Претседателот на Собранието со указ ги прогласува законите.</s>
<s>Претседателот на Собранието со потпретседателите на Собранието и претседателите на соборите ги толкува одредбите на деловникот на Собранието и на соборите за надлежноста на соборите и одборите на Собранието и зазема ставови по други прашања од заеднички интерес за работата на соборите определени со деловникот на Собранието.</s>
<s>Секој собор на Собранието има претседател и потпретседател што ги избира од редот на своите членови.</s><s>Седници на одделен собор свикува претседателот на соборот на основа на одлука на самиот собор или по сопствена иницијатива, а е должен да свика седница по предлог од претседателот на Собранието или Извршниот совет и кога е тоа определено со овој устав.</s><s>Ако претседателот на соборот не свика седница кога е тоа определено со овој устав, соборот ќе се состане по повик од дваесет свои членови или претседателот на Собранието.</s><s>Претседателот на соборот ги потпишува препораките што ги донесува самостојно соборот.</s>
<s>6. Права и должности на пратениците</s>
<s>Секој пратеник има право да му поднесува на соборот чиј е член предлози на закони, одлуки, препораки, декларации и резолуции и да подига други прашања од делокругот на соборот.</s>
<s>Пратеникот има право да му предлага на соборот чиј е член претресување на прашања што се однесуваат на политиката и работата на Извршниот совет, на извршувањето на законите или на работата на републичките органи на управата.</s><s>Определен број пратеници има право согласно со деловникот да предлага избор, именување и разрешување на функционери што ги избира односно именува Собранието, доколку со овој устав не е определено поинаку.</s><s>Секој пратеник има право да им поставува на Извршниот совет или на функционерите што раководат со републичките органи на управата прашања што се однесуваат на нивната работа или на работите од нивната надлежност.</s>
<s>Секој пратеник има право да бара известувања од републичките секретари и другите функционери што раководат со самостојните републички органи на управата.</s><s>Секретарот односно другиот функционер е должен на пратеникот да му го даде бараното известување.</s>
<s>Пратеникот им е одговорен на избирачите и е должен за својата работа и за работата на соборот чиј е член да ги известува избирачите на изборната единица во која е избран.</s><s>Пратеникот има право да учествува во работата на општинското собрание што го избрало.</s><s>Пратеникот е должен општинското собрание по негово барање, да го известува за својата работа и за работата на соборот чиј е член.</s><s>Тој е должен по барање од собранието да изнесе пред соборот чиј е член негов предлог или мислење за прашања од надлежноста на соборот.</s><s>Заради вршење на својата пратеничка должност пратеникот има право да бара од државните органи, работните и другите самоуправни организации од подрачјето на изборната единица во која е избран, податоци што му се потребни за неговата работа во Собранието.</s>
<s>Пратеник на Републичкиот собор не може истовремено да биде именуван функционер ниту службеник во државен орган.</s><s>Со закон се опредлува под кои услови пратеник на Републичкиот собор има право да се врати на своето поранешно или на соодветно работно место и има определени права што се стекнуваат на основа на трудот.</s>
<s>Пратеникот ужива имунитет во Собранието и надвор од него.</s><s>Пратеникот не може да биде повикан на одговорност, притворен, ниту казнет за искажано мислење или давање на глас во Собранието.</s><s>Пратеникот не може да биде притворен без одобрение на соборот чиј е член, ниту против него ако се повика на имунитетот може да се поведе кривична постапка без одобрение на соборот чиј е член.</s><s>Пратеникот може да биде притворен без одобрение на соборот чиј е член само ако е затекнат во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна строг затвор во траење подолго од пет години.</s><s>Во таков случај државниот орган што го лишил пратеникот од слобода е должен за тоа да го извести претседателот на Собранието.</s><s>Претседателот ќе го изнесе ова прашање пред соодветниот собор за да одлучи дали постапката ќе се продолжи односно дали решението за лишување од слобода ќе остане во сила.</s><s>Соборот може да го воспостави имунитетското право и на пратеник кој не се повикал на имунитетот ако е тоа потребно заради вршењето на функцијата на пратеник.</s><s>Ако соборот не заседава, одобрение за лишување од слобода и за поведување односно за продолжување на кривичната постапка дава и одлучува за воспоставувањето на имунитетското право на пратеникот мандатно-имунитетската комисија на соодветниот собор со дополнителна потврда на соборот.</s>
<s>7. Одбори и комисии</s>
<s>За разгледување на општите прашања на политиката и за поднесување на предлози на Собранието по тие прашања, за проучување на предлозите на закони и други акти на Собранието и за претресување на други прашања од делокругот на Републичкиот собор, се образуваат постојани одбори на Републичкиот собор.</s><s>Овие одбори се образуваат и нивниот делокруг се определува со одлука на Републичкиот собор.</s>
<s>Постојаните одбори на Републичкиот собор во рамките на својот делокруг особено:ја претресуваат состојбата во одделни области на општествениот живот, ја следат работата на републичките органи и извршувањето на законите и другите акти на Собранието и му предлагаат на Собранието и на Извршниот совет утврдување на политиката и мерките за извршување на законите и другите акти на Собранието;ги проучуваат предлозите на законите и другите акти и другите прашања од надлежноста на Собранието и му поднесуваат на Републичкиот собор свои извештааи и предлози;ги утврдуваат предлозите на законите и другите акти на Собранието и имаат право од републичките органи на управата да бараат да изготват нацрти на одделни закони и други акти на Собранието.</s>
<s>Постојаните одбори на Републичкиот собор можат да бараат од Извршниот совет да го изнесе својот став преку свој претставник по одделни прашања што се на дневен ред на седницата на одборот или да му достави свое мислење за нацрт на одделен закон или друг акт.</s><s>Одборите можат од републичките функционери да бараат да ја изнесат состојбата во соодветната област на управата, да поднесат извештаи за извршувањето на законите и другите прописи и за други прашања од делокругот на соодветниот орган на управата, како и усно или писмено да им одговараат на поставените прашања и да им дадат известувања и објаснувања.</s>
<s>Постојаните одбори на Републичкиот собор можат да вршат анкети и сослушувања и за таа цел да бараат од државните органи и организации потребни податоци, акти и исправи.</s><s>Одборите не можат да имаат иследни или судски функции.</s><s>Одборите можат да повикуваат претставници на одделни организации за давање мислења и предлози или за советување по одделни прашања.</s>
<s>За проучување на предлозите на законите и другите акти и за претресување на други прашања од својот делокруг Стопанскиот, Просветно-културниот, Социјално-здравствениот и Организационо-политичкиот собор можат да образуваат свои одбори.</s>
<s>Во Собранието се образува комисија за прашања на изборите и именувањата.</s><s>Претседателот и мнозинството членови на оваа комисија ги избираат Републичкиот собор и другите собори од редот на пратениците, а определен број членови делегира Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.</s><s>Оваа комисија ги претресува сите прашања во врска со изборите, именувањата и разрешувањата, од надлежноста на Собранието, како и општите прашања на кадровската политика во рамките на правата и должностите на Републката.</s>
<s>Собранието и неговите собори можат да образуваат и други постојани и повремени комисии и други тела, на кои им доверуваат проучување на определени прашања, составување на нацрти на одделни закони и предлози на други акти и вршење анкети.</s><s>Членовите на овие комисии се избираат од редот на пратениците, а членовите на одделни комисии можат да се именуваат и од редот на стручњаците и јавните работници.</s><s>Собранието може да образува стручни, советодавни и слични служби потребни за работата на Собранието.</s>
<s>8. Измена на Уставот</s>
<s>За измена на Уставот одлучува Републичкиот собор по постапка утврдена со овој устав.</s><s>Предлог за измена на Уставот можат да поднесат најмалку дваесет пратеници на Републичкиот собор или Извршниот совет.</s><s>Републичкиот собор претходно одлучува дали да пристапи кон решавање за измена на Уставот.</s><s>Одлуката се донесува со мнозинство гласови на сите пратеници на Републичкиот собор.</s>
<s>Пред претресувањето на предлогот за измена на Уставот, Републичкиот собор им го доставува предлогот на Стопанскиот собор, Просветно-културниот собор, Социјално-здравствениот собор и Организационо-политичкиот собор, кои го претресуваат предлогот за измена на Уставот и на Републичкиот собор му даваат свое мислење.</s><s>Откако ќе ги добие мислењата од другите собори, Републичкиот собор пристапува кон претрес на предлогот за измена на Уставот.</s>
<s>Во текот на претресот на предлогот за измена на Уставот Републичкиот собор зазема став и по мислењата на другите собори на Собранието.</s><s>Измената на Уставот е усвоена ако за неа гласаат две третини од пратениците на Републичкиот собор.</s>
<s>Ако најдоцна во рок од петнаесет дена по усвојувањето на измената на Уставот во Републичкиот собор, најмалку три собора не се согласат со усвоениот текст на измената, измената на Уставот усвоена во Републичкиот собор се изнесува на референдум.</s><s>Референдумот за измена на Уставот го распишува претседателот на Собранието.</s><s>Референдумот ќе се одржи во рок од два месеци од денот на усвојувањето на измената во Републичкиот собор.</s><s>Измената на Уставот изнесена на референдум е усвоена ако за неа гласа мнозинството од сите избирачи во Републиката.</s><s>Измената на Уставот ја прогласува Републичкиот собор.</s>
<s>Глава VIII: Политичко-извршни и управни органи на собранието на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>А) Извршен совет</s>
<s>Извршниот совет е орган на Собранието на кого му се доверува политичко-извршната функција во рамките на правата и должностите на Републиката.</s><s>Извршниот совет е одговорен за спроведувањето на политиката на Републиката чии основи ги утврдува Собранието.</s><s>Извршниот совет работите од својата надлежност ги врши на основа и во рамките на уставот и законите.</s>
<s>Извршниот совет го сочинуваат претседател и определен број членови.</s><s>Бројот на членовите на Извршниот совет се определува при неговиот избор.</s>
<s>Претседателот и членовите на Извршниот совет ги избира Републичкиот собор од редот на пратениците на Собранието.</s><s>Предлог за претседател на Извршниот совет поднесува комисијата за прашања на изборите и именувањата, а можат да поднесат и најмалку дваесет членови на Републичкиот собор.</s><s>Републичкиот собор го избира Извршниот совет по предлог од пратеникот предложен за претседател на Извршниот совет и на основа на мислење од комисијата за прашања на изборите и именувањата.</s>
<s>Републичкиот собор може по исклучок да избере за претседател или член на Извршниот совет пратеник кој непосредно пред тоа оваа функција ја вршел четири години, ако за тоа постојат оправдани причини, но најмалку за време од уште четири години.</s><s>За претседателот на Извршниот совет одлука за тоа донесува Републичкиот собор по предлог од комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку дваесет членови на Републичкиот собор, а за член на Извршниот совет по предлог од претседателот на Извршниот совет односно пратеникот што е предложен за претседател.</s><s>Пред преминот на избор, Републичкиот собор одлучува со мнозинство гласови од своите членови за оправданоста на изложените причини за отстапување од начелото за ограничување на повторен избор.</s><s>Претседателот на Извршниот совет има право да му предлага на Републичкиот собор разрешување на одделни членови на Советот и избор на нови.</s><s>Предлог за разрешување на претседателот на Извршниот совет можат да поднесат комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку дваесет членови на Републичкиот собор.</s><s>Разрешувањето од должност на претседател на Извршниот совет повлекува разрешување на целиот Совет.</s><s>Оставката на претседателот на Извтшниот совет како и оставката на мнозинството членови на Советот повлекува оставка на целиот Совет.</s>
<s>Извршниот совет:1) му предлага на Собранието утврдување на политиката и се грижи за спроведувањето на политиката што ја утврдува Собранието;2) се грижи за извршувањето на законите, на републичките општествени планови, републичкиот буџет и другите акти на Собранието; врши надзор над работата на републичките органи на управата и им дава општи насоки за нивната работа;3) му предлага на Собранието донесување на закони и други акти и има право да дава мислења по предлозите на закони што на Собранието му ги поднесуваат соборите, одборите на соборите или пратениците;4) ги утврдува предлозите на републичките општествени планови, републичкиот буџет и завршната сметка за извршување на буџетот;5) донесува уредби, одлуки и упатства за извршување на републичките закони и другите општи акти на Собранието кога за тоа е овластен со закон или со тие акти;6) основа републички органи на управа што не се основаат со закон како и стручни служби на Советот;7) основа, согласно закон, работни организации и други организации за вршење работи за потребите на Советот и на другите републички органи;8) утврдува општи начела за внатрешната организација на републичките органи на управата;9) ги укинува прописите на републичките органи на управата ако се во спротивност со закон, уредба или други прописи на Извршниот совет;10) му предлага на Собранието избор и разрешување на претседател и судии на Врховниот суд на Македонија и на другите судови чии избор е ставен во надлежност на Собранието;11) именува функционери во Советот и во републичките органи на управата и директори на работните организации, како и членови на органите на управувањето во работните организации, за кои тоа е определено со закон или со актот за нивното основање;12) располага, во рамките на законите, со општествени републички фондови;13) врши помилувања;14) врши и други работи утврдени со Уставот и законите.</s>
<s>Извршниот совет за работите од својата надлежност одлучува на седници.</s><s>На седниците на Извршниот совет со право на член на Советот учествуваат републичките секретари и секретарот на Советот кога на дневен ред на седницата се прашања од делокругот на секретаријатот со кој раководат.</s><s>Извршниот совет може да образува свои одбори и други тела за координирање на работата на републичките органи на управата и за претресување на прашања од заеднички интерес за повеќе органи на управата.</s><s>Организацијата и начинот на работата на Извршниот совет се утврдуваат со закон.</s><s>Во Извршниот совет можат да се именуваат републички секретари и други функционери, на кои им се доверува самостојно вршење на определени работи.</s>
<s>Претседателот на Извршниот совет го претставува Советот, се грижи за спроведувањето на заклучоците и за остварувањето на политиката на Советот.</s><s>Претседателот на Советот свикува седници на Советот по своја иницијатива или по предлог од најмалку пет члена.</s><s>Претседателот на Советот ја координира работата на републичките органи на управата заради спроведување на општата политика на Советот.</s>
<s>Извршниот совет за својата работа му одговара на Собранието.</s><s>Собранието може да укине или поништи пропис или друг акт на Извршниот совет што е во спротивност со Уставот или законот.</s>
<s>Извршниот совет е должен да го известува Собранието за својата работа.</s><s>Извршниот совет може да им предложи на надлежните собори на Собранието да се одложи претресот на предлог на закон или друг акт, или заради претресување на определено прашање да се образува заедничка комисија од членови на надлежниот собор на Собранието и членови на Извршниот совет, или да се свика седница на надлежниот собор на Собранието на која ќе го изнесе својот став.</s><s>Ако Собранието усвои предлог на закон или друг акт што е спротивен на образложено мислење на Извршниот совет, Советот може на Републичкиот собор да му поднесе колективна оставка ако смета дека не е во состојба да го обезбеди извршувањето на тој закон или акт.</s><s>Извршниот совет во оставка останува на должност до изборот на нов Извршен совет.</s>
<s>Б) Републичка управа</s>
<s>За вршење работи на државната управа од надлежноста на Републиката се образуваат републички секретаријати и други републички органи на управата.</s><s>Републичките органи на управата непосредно ги извршуваат сојузните и републичките закони, општествените планови и други прописи и општи акти, ја спроведуваат политиката утврдена од Собранието, ја следат состојбата во областа во која се образувани, организираат и вршат определени служби, подготвуваат нацрти на закони и други прописи и вршат други стручни работи за Собранието и Извршниот совет, решаваат во управните работи, вршат управен надзор и други управни дејности во рамките на правата и должностите на Републиката.</s><s>Секретаријати се образуваат во оние гранки на управата во кои управните работи од надлежноста на Републиката се од поголем обем.</s><s>За вршење определени стручни, управни и други работи од областа на правата и должностите на Републиката можат да се образуваат совети и други републички органи и организации.</s><s>Секретаријатите и другите самостојни републички органи на управата, советите, како и организациите што вршат работи од општ интерес за Републиката се основаат, се укинуваат и нивниот делокруг се определува со закон.</s>
<s>Републичките органи на управата работите од својата надлежност ги вршат самостојно на основа и во рамките на уставот и законите.</s><s>Во вршењето на работите од својата надлежност републичките органи на управата се придржуваат и за другите сојузни и републички прописи.</s><s>Републичките органи на управата се должни да го обезбедуваат спроведувањето на законите и другите сојузни и републички прописи, како и политиката утврдена од Собранието и општите насоки на Извршниот совет.</s>
<s>Републичките секретари, секретарот на Извршниот совет и други републички функционери определени со закон ги именува и ги разрешува Собранието по предлог од претседателот на Извршниот совет, што тој го поднесува од името на Советот.</s><s>Функционерите што ги именува Собранието не можат да бидат на тие функции повеќе од четири години непрекинато.</s><s>Овие функционери можат да останат на тие функции најмногу уште четири години ако тоа го бараат оправдани причини.</s><s>Републичкиот собор, по предлог од претседателот на Извршниот совет претходно одлучува со мнозинство гласови за оправданоста на изложените причини за отстапувањето од начелото на ограничувањето на повторно именување.</s>
<s>Републичките секретари и функционери што раководат со други републички органи на управата лично се одговорни за работата на тој орган и за извршувањето на задачите и работата од неговата надлежност.</s><s>Републичките секретари и функционерите што раководат со други републички органи на управата можат да донесуваат правилници, наредби и упатства за извршување на законите и прописите на Извршниот совет, кога за тоа се овластени со законот односно прописот на Извршниот совет.</s>
<s>Републичките секретари и функционерите што раководат со други републички органи на управата се должни да го известуваат Собранието и Извршниот совет за состојвата во соодветната област на управата и за работата на органот на управата со кој раководат.</s><s>Републичките секретари и функционерите што раководат со други републички органи на управата се должни по барање од собор, одбор и комисија на Собранието да им даваат известувања и објаснувања по прашањата од делокругот на органот што го раководат, како и да даваат одговори на прашањата на пратениците.</s>
<s>Глава IX: Правосудство</s>
<s>Во Социјалистичка Република Македонија како судови од општа надлежност судската функција ја вршат општински судови, окружни судови и Врховниот суд на Македонија.</s><s>За судење на стопански спорови и за одлучување по други правни предмети од интерес за стопанството постојат стопански судови.</s>
<s>Под условите определени на основа на сојузен закон судска функција можат да вршат избрани судови односно арбитражи.</s><s>На основа на закон можат да се основаат мировни совети и други установи за расправање на меѓусебните спорови на граѓаните или организациите.</s>
<s>Судовите одлучуваат за основните лични, имотни, работни и други права на граѓаните и за нивните обврски, за имотните и другите права и обврски на организациите и општествено-политичките заедници, изрекуваат казни и други мерки спрема сторителите на кривични дела и стопански престапи, одлучуваат во управен спор за законитоста на поединечните акти на државните органи и на организациите што вршат јавни овластувања и решаваат за други односи кога тоа е предвидено со закон.</s><s>Судовите ги следат и ги проучуваат општествените односи и појави од интерес за остварувањето на своите функции и даваат предлози за спречување на општествено опасните и штетните појави и за зацврстување на законитоста.</s><s>Судовите, во рамките на својот делокруг, имаат право и должност да го известуваат собранието на соодветната општествено-политичка заедница за примената на законите и за проблемите на работата на судовите.</s>
<s>Судовите во вршењето на судската функција се независни и судат на основа на уставот и законите.</s>
<s>Судовите ги основа Собранието на Социјалистичка Република Македонија со закон.</s><s>Општинските судови се основаат за една или повеќе општини.</s><s>Окружни судови се основаат за една или повеќе околии или за одделни делови на околии.</s>
<s>Постапката пред судовите се води на македонски јазик.</s><s>Лицата што не го знаат македонскиот јазик имаат право пред судовите да се служат со својот јазик.</s>
<s>Врховниот суд на Македонија:1) утврдува начелни ставови и начелни правни сфаќања по прашања од значење на единството во примената на републичките закони од страна на судовите од општа надлежност;2) одлучува по редовните правни средства против одлуките на окружните судови;3) одлучува по вонредните правни средства против правосилните одлуки на општинските и окружните судови во случаите предвидени со закон;4) одлучува по управните спорови во случаите предвидени со закон;5) ги решава споровите за надлежност помеѓу судовите од територијата на Републиката;6) врши други работи определени со закон.</s><s>Организацијата и работата на Врховниот суд се утврдува со закон.</s>
<s>Јавното обвинителство е самостоен орган кој врши кривично гонење и презема опредлени со закон мерки и правни средства заради единствена примена на законите и заштитата на закнитоста.</s>
<s>Глава X: Уставност и законитост</s>
<s>Заради остварување на утврдените со уставот и законот општествено-економски и политички односи и на единството на правниот поредок, како и заради заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот, правата на самоуправување и другите права на организациите и на општествено-политичките заедници, се обезбедува заштита на уставноста и законитоста.</s>
<s>Грижата за уставноста и законитоста е должност на судовите и другите државни органи, организациите на општественото самоуправување и на секој што врши јавни или други општествени функции.</s><s>Уставниот суд на Македонија како носител на заштитата на уставноста обезбедува и законитост во согласност со Уставот.</s>
<s>Сите прописи и други општи акти мора да бидат во согласност со Уставот.</s>
<s>Законите мора да бидат во согласност со уставот.</s><s>Другите прописи и општи акти на Собранието мора да бидат во согласност со уставот и со законите.</s><s>Прописите и другите општи акти на Извршниот совет мора да бидат во согласност со уставот, со законите и со другите прописи и општи акти на Собранието.</s><s>Прописите и другите општи акти на републичките органи на управата мора да бидат во согласност со уставот, со законите, со другите прописи и општи акти на Собранието, како и со прописите и другите општи акти на Извршниот совет.</s>
<s>Статутите на општините и околиите мора да бидат во согласност со уставот и со законите.</s><s>Прописите и другите општи акти на општинските и околиските собранија и нивните органи мора да бидат во согласност со уставот, со законите и со другите прописи на републичките органи донесени на основа на закон.</s>
<s>Статутите и другите општи акти на работните и другите самоуправни организации мораат да бидат во согласност со уставот и со законите.</s>
<s>Општинското односно околиското собрание може да поништи или укине противуставен или незаконит пропис или друг општ акт на свој совет или орган на управата.</s><s>Советот на општинско односно околиско собрание може да поништи или укине противуставен или незаконит пропис или друг општ акт на општински односно околиски орган на управата.</s>
<s>Совет на околиско собрание може да го запре извршувањето на противуставните и незаконитите прописи и други општи акти на советите на општинските собранија, а околиските органи на управата да го запрат извршувањето на противуставните и незаконитите прописи и други општи акти на општинските органи на управата.</s><s>Советот односно органот на управата се должни истовремено да побараат од општинското собрание да го поништи или укине прописот или актот на својот совет односно орган на управата во рок од триесет дена.</s><s>Ако општинското собрание во определениот рок не го поништи односно укине прописот односно актот на својот совет или орган на управата, околиското собрание може да поведе постапка за оценување на неговата уставност односно законитост.</s>
<s>Извршниот совет има право, до одлуката на Уставниот суд на Македонија, да го запре извршувањето на статутот на околијата и на пропис или на друг општ акт на околискито собрание ако се во спротивност со уставот или со законите.</s><s>Републичките секретаријати имаат право да го запрат извршувањето на противуставните и незаконитите прописи и други општи акти на советите и органите на управата на околиските собранија и се должни да побараат истовремено од околиското собрание да го поништи или укине прописот односно актот во рок од триесет дена.</s><s>Ако околиското собрание во определениот рок не го поништи или укине прописот односно актот, републичкиот секретар ќе го извести Извршниот совет.</s><s>Околиското собрание има право, до одлуката на Уставниот суд на Македонија, да го запре извршувањето на статутот на општината и на пропис или друг општ акт на општинското собрание ако се во спротивност со уставот или со законите.</s>
<s>Ако околиското собрание не го запре извршувањето на статутот на општината и на пропис или друг општ акт на општинското собрание што е во противност со уставот или со законите во рок од триесет дена од денот на нивното објавување, запирањето ќе го изврши Извршниот совет.</s><s>Ако советот или орган на управата на околиско собрание не го запре извршувањето на противуставен или незаконит пропис или друг општ акт на совет или орган на управата на општинското собрание во рок од петнаесет дена од нивното објавување, запирањето ќе го изврши соодветниот републички секретаријат.</s>
<s>Општинското собрание има право, до одлуката на Уставниот суд на Македонија, да го запре извршувањето на статутите и општите акти на роботна или друга самоуправна организација ако се во спротивност со уставот или со законите.</s><s>Со закон може да се предвиди извршувањето на општите акти на определени работни и други самоуправни организации, под исти услови, да го запира друг орган на општината, околијата или Републиката.</s>
<s>Кога судот смета дека законот што треба да се примени не е во согласност со Уставот ќе му предложи на Врховниот суд на Македонија да поведе постапка за оценување на неговата согласност со Уставот.</s>
<s>Законите и другите прописи и општи акти се објавуваат пред да влезат во сила.</s><s>Законите и другите прописи и општи акти влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето.</s><s>Само од особено оправдани причини може да се определи законот и друг пропис или општ акт да влезат во сила во рок покус од осум дена од денот на објавувањето.</s>
<s>Законите и другите прописи на републичките органи се објавуваат на македонски јазик во „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“.</s><s>Статутите и прописите на општините и околиите се објавуваат во службеното гласило што ќе го определи статутот на општината односно околијата.</s>
<s>Прописите и другите општи акти не можат да имаат повратно дејство.</s><s>Само со закон може да се определи одделни нивни одредби и прописи донесени на основа на такви одредби да имаат повратно дејство.</s><s>Кривични дела, стопански престапи и прекршоци се утврдуваат и казните за овие дела се применуваат според законот што важел во времето кога е извршено делото, освен ако новиот закон е поблаг за сторителот.</s>
<s>Сите акти и мерки на органите на управата и на другите државни органи што вршат политичко-извршни и управни работи, како и актите што го донесуваат организациите во вршењето на јавни овластувања, мораат да се засноваат на закон или на друг законито донесен пропис.</s>
<s>Државните органи и организациите што вршат јавни овластувања можат да решаваат во поединечни предмети за правата и обврските или на основа на закон да применуваат мерки на присилба или ограничување, само според пропишана со закон постапка во која секому му е дадена можност да ги брани своите права и интереси и против донесениот акт да употреби жалба или друго со закон предвидено правно средство.</s><s>Органите на управата можат да им налагаат обврски на одделни организации во поглед на нивната работа, само ако со закон се изречно овластени и во постапка пропишана со закон.</s>
<s>Против решанијата и другите поединечни акти на судските, управните и другите државни органи, како и против таквите акти на организациите што вршат јавни овластувања, донесени во прв степен, може да се изјави жалба до надлежниот орган.</s><s>Со закон може, по исклучок, во определени случаи да се исклучи жалбата, доколку на друг начин е обезбедена заштита на правата и законитоста.</s>
<s>За законитоста на конечните поединечни акти со кои државните органи или организациите што вршат јавни овластувања, решаваат за правата или обврските, решава судот во управен спор, доколку за определена работа со закон не е предвидена друга судска заштита.</s>
<s>Општествената заедница создава услови за укажување правна помош преку адвокатурата како самостојна општествена служба, како и преку други видови на правна помош.</s><s>Државните органи и установите и организациите пред кои се води постапка се должни на странките да им укажуваат помош во остварувањето на нивните права.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија:1) одлучува за согласноста на републичките закони со Уставот;2) одлучува за согласноста на прописите и другите општи акти на Извршниот совет со Уставот и со републичките закони;3) одлучува за согласноста на прописите на републичките органи на управата со Уставот, со републичките закони, со другите прописи и општи акти на Собранието, како и со прописите и другите општи акти на Извршниот совет;4) одлучува за согласноста на статутите на општините и околиите и прописите на општинските и околиските собранија и нивните органи со Уставот, со републичките закони и со другите прописи на републичките органи донесени на основа на закон;5) одлучува за согласноста на статутите и на другите акти на работните и другите самоуправни организации со Уставот, со републичките закони и со другите прописи, донесени на основа на закон;6) решава по споровите за правата и должностите помеѓу Републиката и општинте и околиите, помеѓу две или повеќе општини односно околии и помеѓу општина и околија, како и помеѓу нив и работните и другите самоуправни организации, ако за решавањето на овие спорови не е определена надлежност на друг суд;7) решава по споровите за надлежност помеѓу судовите и републичките, околиските и општинските органи;8) врши и други работи што му се ставени во надлежност со уставот и законите, во согласност со правата и должностите на Републиката.</s><s>Уставниот суд на Македонија одлучува и за заштитата на правото на самоуправување и на другите основни слободи и права утврдени со Уставот на Југославија кога тие права и слободи ги повредиле со поединечен акт или дејство општинските, околиските или републичките органи и во други случаи определени со закон, а за кои не е обезбедена друга судска заштита.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија ги следи појавите од интерес за остварување на уставноста и законитоста и на основа на тоа му дава на Собранието на Социјалистичка Република Македонија мислења и предлози за донесување на закони и за преземање на други мерки за обезбедување на уставноста и законитоста и за заштита на правото на самоуправување и другите слободи и права на граѓаните и организациите.</s>
<s>Постапка за оценување уставноста и законитоста пред Уставниот суд на Македонија можат да поведат:1) Собранието на Социјалистичка Република Македонија;2) Извршниот совет, освен за оценување на уставноста на законите;3) Врховниот суд на Македонија, ако прашањето за уставноста и законитоста се појави во постапка пред судовите;4) републичкиот јавен обвинител, ако прашањето на уставноста и законитоста се појави во врска со работата на јавното обвинителство;5) општинско или околиско собрание или работна и друга самоуправна организација ако е повредено некое нивно право утврдено со Уставот;6) општинско собрание ако е во прашање согласност на статут, правилник или друг општ акт на работна и друга самоуправна организација со Уставот и законите.</s><s>Постапка за оцена на уставноста и законитоста поведува Уставниот суд на Македонија и по сопствена иницијатива.</s><s>Со закон може да се определи под кои услови другите државни органи, организациите и граѓаните можат пред Уставниот суд на Македонија да поведат постапка односно да даваат иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста.</s>
<s>Ако Уставниот суд на Македонија утврди дека републичкиот закон не е во согласност со Уставот, Собранието е должно во рок од шест месеци од денот на објавувањето на одлуката на Уставниот суд да го усогласи законот со Уставот.</s><s>Ако Собранието не го изврши усогласувањето во овој рок, законот односно одредбите што не се во согласност со Уставот престануваат да важат, што Уставниот суд на Македонија го утврдува со своја одлука.</s><s>Кога во случај на несогласност помеѓу одлуки на општинско или околиско собрание и републички закон, Уставниот суд на Македонија утврди дека републичкиот закон не е во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија ќе се одлучи, до донесувањето на конечна одлука, да не се применуваат одредбите на републичкиот закон што не се во согласност со Уставот.</s>
<s>Ако Уставниот суд на Македонија утврди дека некој пропис, освен закон, или некој друг општ акт не се во согласност со Уставот или со републички закон, ќе го поништи или ќе го укине таквиот пропис или акт односно одредбите што не се во согласност со Уставот или со законот.</s>
<s>Кога Уставниот суд на Македонија во постапката за оценување на уставноста и законитоста установи дека закон или друг пропис не е спротивен на Уставот или на републички закон, може по повод примената на овој пропис да ја утврди со одлука неговата смисла што одговара на Уставот или законот.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија го сочинуваат претседател и шест судии.</s><s>Претседателот и судиите на Уставниот суд се избираат за време од осум години и можат да бидат повторно избрани само уште за следниот период од осум години.</s><s>Половината од судиите на Уставниот суд се избираат секоја четврта година.</s><s>Претседателот и судиите на Уставниот суд не можат истовремено да бидат сојузни и републички пратеници, членови на Извршниот совет ниту функционери или службеници на органите на државната управа или на друг суд.</s><s>Претседателот и судиите на Уставниот суд можат да бидат разрешени од должност пред истекот на времето за кое се избрани, согласно со закон, само ако сами побараат да бидат разрешени, ако бидат осудени за кривично дело на казна лишување од слобода, ако изгубат деловна способност или ако станат трајно физички неспособни за вршење на својата функција.</s><s>Претседателот и судиите на Уставниот суд уживаат имунитет како и пратениците на Собранието.</s>
<s>Со закон поблиску се определува надлежноста, постапката на Уставниот суд на Македонија и правното дејство на неговите одлуки.</s><s>Уставниот суд самостојно ја уредува својата организација и работа.</s>
<s>Глава XI: Преодни и завршни одредби</s>
<s>За спроведување на овој Устав и за обезбедување на преминот на неговото применување ќе се донесе посебен уставен закон.</s>
<s>Овој Устав го прогласува Народното собрание на Народна Република Македонија.</s>
<s>Уставни амандмани на уставот на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Пратениците во Сојузниот собор (Соборот на народите) Собранието ги избира на заедничка седница на сите собори од редот на пратениците.</s><s>За пратеник во Сојузниот собор (Соборот на народите) Собранието може да избере и граѓанин што има избирачко право.</s><s>Кандидати за пратеници во Сојузниот собор (Соборот на народите) предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата по сопствена иницијатива или по иницијатива од Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.</s><s>Кандидати можат да предложат и најмалку дваесет пратеници.</s><s>Кандидатите за пратеници во Сојузниот собор (Соборот на народите) ги утврдува Собранието пред нивниот избор.</s><s>Изборот на пратениците во Сојузниот собор (Соборот на народите) се врши со тајно гласање.</s><s>За пратеник во Сојузниот собор (Соборот на народите) е избран кандидатот што добил мнозинство гласови на сите пратеници.</s><s>Пратениците на Сојузниот собор (Соборот на народите) избрани од редот на граѓаните имаат право и должност да учествуваат во работата на Републичкиот собор со права на член на тој Собор, освен да учествуваат во одлучувањето и да бидат избрани во телата на Соборот и на постојани функции во Собранието.</s><s>Пратениците на Сојузниот собор (Соборот на народите) како членови на Републичката делегација се должни да ги изнесат пред Соборот на народите мислењата и предлозите на Собранието по прашањата од делокругот на тој Собор.</s><s>Овие пратеници го известуваат Собранието за прашањата што ги претресува Соборот на народите и можат да му предложат на Собранието да претресе определени прашања од делокругот на Соборот на народите.</s><s>Собранието може да го отповика пратеникот што го избрало во Сојузниот собор (Соборот на народите).</s><s>Пратеникот е отповикан ако за отповикувањето гласало мнозинството на сите пратеници.</s>
<s>Предлог за именување и разрешување на републички секретари, секретар на Извршниот совет, републички јавен обвинител и други функционери и членови на органи на управување за кои тоа е определено со закон му поднесува на Собранието Комисијата за прашања на изборите и именувањата по претходно мислење на Извршниот совет.</s><s>Извршниот совет може да поведе иницијатива за разрешување на некој од овие функционери и членови на органи на управување.</s><s>Предлог за избор и разрешување на претседател и судии на Врховниот суд на Македонија и на другите судии кога е тоа определено со закон му поднесува на Собранието Комисијата за прашања на изборите и именувањата.</s><s>Предлог за избор и разрешување на претседател и судии на Уставниот суд на Македонија му поднесува на Собранието Комисијата за прашања на изборите и именувањата.</s>
<s>Републичкиот јавен обвинител го именува и разрешува Собранието.</s><s>Јавното обвинителство ги врши своите функции во примената на републичките закони во согласност со политиката на Собранието.</s>
<s>Републиката, во рамките на правата и должностите утврдени со сојузен закон, е одговорна за заштитата на поредокот утврден со Уставот на Југославија (Државна безбедност).</s>
<s>1. Собранието го сочинуваат: Републички собор, како собор на делегати на граѓаните, Собор на општините, како собор на делегати на општините и Стопански собор, Просветно-културен собор и Социјално-здравствен собор, како собор на делегати на работните луѓе во работните заедници од соодветните области на трудот.</s><s>Републичкиот собор има 100 пратеници, а Стопанскиот собор, Просветно-културниот собор и Социјално-здравствениот собор имаат по 60 пратеници што се избираат согласно нормата еден пратеник да се избира на еднаков број жители и во една или повеќе општини, како изборна единица, да се избира по еден пратеник за секој собор.</s><s>Соборот на општините има двојно поголем број пратеници од бројот на општините и во него секоја општина избира по два пратеника.2. Пратеници за Републичкиот собор избираат непосредно граѓаните.</s><s>Пратеници за Соборот на општините избира како општ собор собранието на општината.</s><s>Пратеници за соборите на работните заедници избираат избрани тела составени од членовите на општинското собрание и делегати на работните заедници на работните организации и на другите облици на здружениот труд и делегати на други, со закон определени, заедници од соодветната област на трудот.</s><s>Бројот на делегатите не може да биде помал од бројот на членовите на соборот на работните заедници на општинското собрание.</s><s>Право да бидат избрани во соборите на работните заедници имаат членовите на работните заедници на работните организации и на другите облици на здружениот труд, членовите на органите на управување на работните организации и на другите облици на здружениот труд и членовите на органите на управување на здруженијата на работните организации од соодветната област на трудот.</s><s>Ова право го имаат и членовите на другите заедници и членовите на органите на управувањето на тие заедници од соодветната област на трудот и граѓаните што се занимаваат со активност од соодветната област на трудот, а што ќе бидат определени со закон.</s><s>Право да биде избран за пратеник во Соборот на општините има секој граѓанин што има избирачко право.3. Одредбата на член 159 став 1 од Уставот се применува и на членовите на Соборот на општините, а одредбата на член 159 став 2 се применува на членовите на сите собори на Собранието.4. Со овој амандман се заменуваат одредбите на членовите 125, 126, 127 и 128 став 2, 3 и 4 и член 129 од Уставот.5. Престануваат да важат одредбите од став 1-3 од Амандманот I.</s>
<s>1. Работите од надлежноста на Собранието ги вршат надлежните собори рамноправно.</s><s>Работите од надлежноста на Собранието, утврдени со одредбите на член 135, 136 и 137 од Уставот, рамноправно ги вршат Републичкиот собор и надлежниот собор на работните заедници.</s><s>Републичкиот собор и Соборот на општините рамноправно:претресуваат прашања од областа на слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот во политичкиот систем; надворешната политика; народната одбрана; државната безбедност; внатрешната политика; системот на општественото самоуправување; правата и должностите на општината и другите општествено-политички заедници и други прашања од општествено-политичкиот систам; прашања за образувањето и укинувањето на општините и утврдувањето и менувањето на нивните подрачја; прашања од областа на правосудството; прашања од областа на општествената сопственост, земјишните и другите имотно-правни односи; прашања од областа на финансирањето на општествено-политичките заедници; прашања на просторното планирање; прашања од областа на комуналната и урбанистичката дејност и станбените односи; како и прашања од другите области до колку не спаѓаат во рамноправен делокруг на другите собори или во самостоен делокруг на друг собор;донесуваат закони и други акти во овие области;донесуваат републички буџет и завршна сметка;одлучуваат за измена на границите на Социјалистичка Република Македонија;даваат амнестија за кривични дела определени со републички закон;одлучуваат за продолжување мандатот на одборниците на општинските собранија;избираат, именуваат и разрешуваат претседатели и членови на колегијалните органи, републички функционери и членови на органите на управување на организациите што ги избира односно именува Собранието, освен функционери за кои со Уставот или со акт на Собранието е определено да ги избираат сите или одделни собири;ги остваруваат правата на Собранието во поглед на одговорноста на Извршниот совет и на функционерите што ги избира или именува Собранието и ги укинуваат или поништуваат прописите и другите акти на Извршниот совет што се во спротивност со Уставот или со законите;одлучуваат за надоместоците на функционерите што ги избира односно именува Собранието; вршат други работи од надлежноста на Собранието што не се ставени во рамноправен делокруг на други собори или во самостоен делокруг на друг собор.2. Соборот на општините, во рамките на својот делокруг, самостојно претресува и зазема ставови по прашања во врска со извршувањето на законите и другите акти на Собранието и други прашања од заеднички интерес за граѓаните во општината и другите самоуправни заедници заради усогласување на самоуправните односи и развивање на нивната меѓусебна соработка, како и по прашања од интерес за унапредувањето и развивањето на самоуправувањето во општината и организацијата и работата на општинските органи.</s><s>Соборот на општините има право по овие прашања да им дава препораки на општините, самоуправните заедници и државните органи.3. Секој собор може во текот на претресувањето на закон или друг акт во чие донесување тој не учествува да им предлага на надлежните собори изменување или дополнување на законот односно актот, ако се однесува на прашање од особен интерес за работните луѓе од соодветната област на трудот односно на општините.</s><s>Надлежните собори, ако не го усвојат овој предлог, можат да го донесат законот или другиот акт откако ќе се спроведе со Деловникот на Собранието утврдената посебна постапка за разгледување на спорното прашање од страна на надлежните собори и соборот што го поднел предлогот.</s><s>Со Деловникот на Собранието се утврдува начинот на учеството на одделните собори на работните заедници односно на Соборот на општините во претресувањето на републичкиот општествен план, републичкиот буџет и завршната сметка за извршувањето на буџетот.</s><s>Со Деловникот на Собранието се утврдува и начинот на учеството на соборите на работните заедници во постапката за избор и именување односно разрешување на колегијалните органи, републичките функционери и членовите на органите на управување на организациите што ги избира односно именува Собранието, како и се определуваат правата на овие собори во разгледувањето и одлучувањето за тие прашања.4. Со овој амандман се заменуваат одредбите на членовите 134 став 1, 138 и 139 од уставот.</s>
<s>Претседателот, потпретседателите и другите функционери на Собранието, како и членовите на работните тела на Собранието од редот на пратениците се избираат од редот на членовите на сите собори на Собранието.</s>
<s>1. За разгледување предлози на закони и други акти и за проучување и претресување на други прашања од надлежноста на Собранието и ноговите собори, Собранието и соборите можат да се образуваат комисии, одбори и други постојани и повремени работни тела.</s><s>Составот, задачите и начинот на работа на работните тела се утврдуваат со Деловникот и со одлуки на Собранието односно на соборите.</s><s>Со Деловникот на Собранието на одделни работни тела на Собранието и на соборите можат да им се дадат овластувања да вршат анкети и сослушувања и за таа цел од државните органи и организации можат да ги бараат потребните податоци, списи и други исправи, како и други овластувања во вршењето на нивните задачи.</s><s>Работните тела не можат да имаат истражни или други судски функции.2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на членовите 161-165 и на член 167 од Уставот.</s>
<s>1. За измена на Уставот одлучуваат сите собори на Собранието во постапка утврдена со Уставот.</s><s>Предлог за пристапување кон измена на Уставот можат да поднесат најмалку 30 пратеници, секој собор или Извршниот совет.</s><s>По предлогот за пристапување кон измена на Уставот одлучуваат сите собори на посебни седници.</s><s>Ако соборите ни по повторниот претрес не постигнат согласност, предлогот за пристапување кон измена на Уставот е усвоен ако со него се согласи Републичкиот собор и најмалку два други собора, од кои еден мора да биде собор во чиј делокруг спаѓаат прашањата во однос на кои се предлага измената на Уставот.</s><s>Ако ни по повторниот претрес не се постигне согласност меѓу Републичкиот собор и најмалку два други собора од кои еден мора да биде собор во чиј делокруг спаѓаат прашањата во однос на кои се предлага измената на Уставот, предлогот за пристапување кон измена на Уставот не може повторно да се стави на дневен ред пред истекот на една година од денот на претресот.2. Врз основа на прифатениот предлог за пристапување кон измена на Уставот, текстот на нацртот на измената на Уставот го утврдува Републичкиот собор и го става на јавна дискусија.</s><s>По спроведената јавна дискусија текстот на нацртот на измената на Уставот го претресуваат соборите на работните заедници и Соборот на општините, кои даваат и свое мислење за него.</s><s>Откако ќе го добие мислењето од другите собори, Републичкиот собор го утврдува предлогот за измена на Уставот.</s><s>Ако меѓу Републичкиот собор и другите собори не се постигне согласност за измена на Уставот, соборите образуваат заедничка комисија од еднаков број членови на секој собор на која ѝ се доверува составување на предлог за решавање на спорот.</s><s>Ако во заедничката комисија не се постигне согласност или ако еден од соборите не го прифати текстот што го предложила комисијата, измената на Уставот е усвоена ако во истоветен текст е изгласана во Републичкиот собор и најмалку во други два собора од кои еден мора да биде собор во чиј делокруг спаѓаат прашањата на кои се однесува предлогот за измена на Уставот.</s><s>Измената на Уставот е усвоена во соборот ако за неа гласаат две третини од сите членови на соборот.</s><s>Ако ни по два претреса едноподруго сите собори односно Републичкиот собор и најмалку два други собора, од кои еден мора да биде собор во чиј делокруг спаѓаат прашањата на кои се однесува предлогот за измена на Уставот, не се согласат со измената на Уставот, предлогот не може повторно да се стави на дневен ред пред истекот на една година од денот на запирањето на претресот на предлогот.</s><s>Ако по истекот на една година од денот на запирањето на претресот за измена на Уставот по повторниот предлог ни по два претреса едноподруго не се согласат со измената на Уставот сите собори односно Републичкиот собор и најмалку други два собора од кои еден мора да биде собор во чиј делокруг спаѓаат прашањата на кои се однесува предлогот, сите собори на Собранието се распуштаат.3. Измената на Уставот ја прогласува Републичкиот собор.4. Со овој амандман се заменуваат одредбите на член 168-171 од Уставот.</s>
<s>1. Членовите на сите собори на собранијата се избираат секои четири години.2. Никој не може повеќе од двапати едноподруго да биде член на исто собрание.3. Со овој амандман се заменуваат одредбите на член 54 став 2, член 55 став 1 и член 55 став 3 од Уставот.</s>
<s>1. Остварувајќи го самоуправувањето, работните луѓе во работната организација како целина и во организациите на здружениот труд во нејзин состав ги определуваат прашањата по кои одлучуваат непосредно и му доверуваат определени функции на управување на работничкиот совет, односно според природата на дејноста на работната организација, на друг соодветен орган на управување, а определени извршни функции на нему одговорните колегијални и индивидуални органи што ги избира работничкиот совет.</s><s>Работните луѓе во работната организација установуваат органи на управување на работната организација и организацијата на здружениот труд во нејзин состав, го определуваат нивниот делокруг и времето за кое тие органи се избираат и ги утврдуваат условите и начинот на нивниот избор, односно разрешување.</s><s>Членовите на републичкиот совет односно на него соодветниот орган можат да бидат избрани најмногу на четири години.2. Директорот односно на него соодветниот орган на работната организација раководи со работењето на организацијата и ја застапува организацијата.</s><s>Со статутот на работната организација се утврдуваат условите и начинот на именување и разрешување на директорот односно на соодветниот орган.3. Со закон може да се определи посебна постапка и начин на именување и разрешување на индивидуалниот извршен орган на работна организација што врши работи од посебен општествен интерес.4. Со овој амандман се заменуваат одредбите на членовите 64 став 1 и 2, 66 став 4-8, 68 и 69 од Уставот.</s>
<s>1.Републиката, во рамките на правата и должностите утврдени со Уставот и со сојузни закони, е одговорна и за вршење на задачи и работи од областа на исклучивите права и должности на Федерацијата утврдени со Уставот на СФРЈ.2. За време на воена состојба или во случај на непосредна воена опасност, ако надлежните собори не можат да се состанат, Извршниот совет донесува уредби со законска сила по прашањата од надлежноста на Собранието.</s><s>Овие уредби Извршниот совет му ги поднесува на Собранието на потврда штом тоа ќе се состане.</s><s>Претседателството на Собранието за време на воена состојба или во случај на непосредна воена опасност, ако надлежните собори не можат да се состанат, ги врши работите во врска со изборот и разрешувањето на претседателот и членовите на Извршниот совет и именувањето односно изборот и разрешувањето на републичките секретари и другите републички функционери што ги именува односно избира и разрешува Собранието, како и работите во врска со мандатот и имунитетните права на пратениците.</s><s>Претседателството на Собранието за време на воена состојба или во случај на непосредна воена опасност го сочинуваат претседателот и потпретседателите на Собранието, претседателите на соборите, претседателот на Извршниот совет, претседателот на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија и претседателот на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.3. Во областите што не се уредуваат само со закон општините можат, во рамките на своите права и должности, самостојно да донесуваат прописи заради уредување на прашања и односи од интерес за општината.</s><s>Во овие области може да се донесе закон само ако тоа го бара општиот интерес на Републиката.</s><s>Прописите донесени во овие области општините се должни да ги усогласат со подоцна донесениот закон во срок од три месеци по влегувањето во сила на законот.</s><s>Со денот на влегувањето во сила на тој закон престануваат да важат одредбите на прописите на општината што се однесуваат на прашањата уредени со законот.4. Изворите и видовите на приходи на општините и Републиката се уредуваат со закон.</s><s>На општините и на Републиката им припаѓаат од личните доходи и други извори утврдени со закон, во согласност со начелото за распределба според трудот, средства за покривање на општествените потреби на нивното подрачје.</s><s>Тие средства општините и Републиката самостојно ги утврдуваат и самостојно располагаат со нив, во согласност со закон.</s><s>За да се обезбедат еднакви услови на работните луѓе и на работните организации во работењето и распределбата на општествениот производ и за да се остварат материјалните односи што се утврдени со општествениот план, со закон може да се определат граници во кои општините можат да ги определуваат своите приходи и други средства, освен приходите од личен доход.</s><s>Ако овие услови и односи се битно нарушени, со закон може да се определат граници во кои општините можат да ги утврдуваат своите приходи и од приходите од личен доход.5. Во Социјалистичка Република Македонија судската функција ја вршат судови од општа надлежност и специјализирани судови што се основаат за одлучување за определени работи од судска надлежност.6. Со овој амандман се заменуваат одредбите на членовите 24 став 3, 116 став 2, 186 и 190 став 2 и 3 од Уставот.</s>
<s>1. Со статутот на општината може да се образуваат повеќе собори на работните заедници на општинското собрание, како и да се утврди нивниот делокруг.</s><s>Бројот на членовите на соборите на општинското собрание се утврдува со статутот на општината, во границите определени со закон.2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на член 87 став 2 и 3 од Уставот.3. Престануваат да важат член 85 став 2 и Оддел 3 на Глава IV со член 102 од Уставот.</s>
<s>1. На подрачјата на кои живеат припадници на народностите, во јавниот и општествениот живот, јазиците и писмата на народностите се рамноправни со македонскиот јазик.</s><s>Во општините на чие подрачје живеат припадници на народностите, одлуките и другите поважни акти на општинските собранија и на работните организации се објавуваат и на јазиците на народностите.</s><s>Јавните настапи на овие подрачја се и на јазиците на народностите.</s><s>Општествено-политичките заедници се грижат за развојот на школството, печатот, радиото, телевизијата и културно-просветната дејност на јазиците на народностите.2. Припадниците на народностите имаат, во согласност со закон, право на употреба на својот јазик во остварувањето на своите права и должности, како и во постапката пред државните органи и организациите што вршат јавни овластувања.3. Со закон и со статутот на општината се определуваат поблиски услови и постапка што обезбедуваат остварување на правата на припадниците на народностите, како и начинот и условите за примена на рамноправноста на јазиците и писмата на народностите со македонскиот јазик, на подрачјата на кои живеат народностите.</s><s>Со општи акти на работните и други организации се утврдуваат начинот и условите за примена на рамноправноста на јазиците и писмата на народностите со македонскиот јазик, на подрачјата на кои живеат народностите.4. Со овој амандман се заменуваат одредбите на член 75 од Уставот.</s>
<s>1. Социјалистичка Република Македонија е суверена национална држава на македонскиот народ и држава на турската народност и на другите етничките групи во неа, заснована врз сувереноста на народот и врз власта и самоуправувањето на работничката класа и на сите работни луѓе, и социјалистичката самоуправна демократска заедница на работните луѓе и граѓаните, на македонскиот народ и рамноправните со него албанска и турска народност и етнички групи.2. Со овој амандман се заменува член 1 став 1 од Уставот.</s>
<s>1. Работните луѓе, македонскиот народ, народностите и етничките групи ги остваруваат своите суверени права во Социјалистичка Република Македонија, а во Социјалистичка Федеративна Република Југославија кога е тоа во заеднички интерес на работните луѓе, народите и народностите со договор на републиките и покраините утврдено со Уставот на СФРЈ.</s><s>Во Социјалистичка Република Македонија македонскиот народ, народностите и етничките групи, работните луѓе и граѓаните го утврдуваат општествено-економското уредување и општествено-политичкиот систем на Републиката и обезбедуваат и остваруваат: сувереност, национална слобода, независност, територијален интегритет на Републиката и народна одбрана; општествено самоуправување и социјалистички општествено-економски и политички односи; рамноправност на македонскиот народ, народностите, етничките групи и припадниците на другите народи на Југославија; солидарност и социјална сигурност на работните луѓе и граѓаните; уставност и законитост; заштита на поредокот утврден со уставот, јавна безбедност и општествена самозаштита; демократски слободи и права на човекот и граѓанинот; политичка, економска, културна и друга соработка на Републиката со органи и организации на други држави и со меѓународни органи и организации како и соодветна грижа за македонската народност и Македонците во странство, во рамките на заеднички утврдената надворешна политика и меѓународните договори на СФРЈ; единство на југословенскиот пазар; услови за рамноправен развиток на Републиката; иницијатива за решавање на прашања од областа на стопанскиот, општествениот и културниот живот; го усогласуваат самоуправниот развиток; создавање услови за што понепосредно и поефикасно остварување на самоуправните права на работните луѓе и граѓаните; услови за ефикасно вршење на општествена и самоуправна контрола и за остварување на општествената одговорност; интеграција во сите сфери на општествениот живот во Републиката врз самоуправна основа; ги вршат сите други општествени работи од заеднички интерес за политичкиот, стопанскиот и културниот развиток на Републиката.3. Во Социјалистичка Република Македонија македонскиот народ, народностите и етничките групи и работните луѓе и граѓаните заедничките интереси ги остваруваат:- непосредно во организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и во интересните заедници;- непосредно во месните заедници и во општините;- со самоуправно спогодување, општествено договарање и со здружување на организациите на здружениот труд, другите самоуправни организации и интересните заедници;- со непосредна соработка на општините;- преку републичките органи и организации;- со дејноста на општествено-политичките и другите организации и здруженијата на граѓаните;- со слободни и сестрани активности на граѓаните.4. Работните луѓе и граѓаните, во согласнот со Уставот на СРМ, утврдуваат со закон, самоуправна спогодба, општествен договор, статутот на општината, статутот на месната заедница, статутот на интересната заедница, статутот и самоуправната спогодба за здружување на организациите на здружениот труд и со други самоуправни општи акти кои заедничките интереси ги остваруваат во овие заедници и начинот на нивното остварување.5. Самоуправната положба и правата на работниот човек и на граѓаните во организациите на здружениот труд, во интересните и месните заедници, самоуправната положба на граѓаните во општината, слободното самоуправно здружување, активноста и творештвото на работните луѓе и граѓаните, рамноправноста на народностите и етничките групи и основните слободи и права на човекот и граѓанинот, утврдени со уставот, се основа, граница и насока за остварување на правата и должностите на Републиката и општината во вршењето на функциите на власта.6. Со овој амандман се заменува член 3 од Уставот.</s>
<s>1. Македонскиот народ, народностите и етничките групи во Социјалистичка Република Македонија се рамноправни и имаат исти права и должности.</s><s>Општините и Републиката обезбедуваат народностите и етничките групи да бидат сразмерно застапени во општинските собранија и во Собранието на Социјалистичка Република Македонија, како и да бидаат соодветно застапени во нивните органи.2. На секоја народност и етничка група ѝ се гарантира правото слободно да го употребува својот јазик, да ја изразува и развива својата култура и да основаат установи и организации што ѝ ги обезбедуваат овие права.</s><s>Општините и Републиката се грижат за развојот на воспитувањето и образованието на јазиците на народностите, како и за развојот на печатот, радиото, телевизијата и културните дејности на јазиците на народностите и на етничките групи.</s><s>Народностите и етничките групи имаат право да го употребуваат знамето на народноста односно на етничката група.3. Во местата во кои живеат народностите воспитувањето и образованието на припадниците на народностите се остварува во воспитни установи и училишта односно одделенија во кои воспитувањето и наставата се изведуваат на јазикот на соодветната народност.</s><s>Со закон се уредуваат условите за основањето, организацијата и работата на воспитните установи и училиштата односно одделенијата во кои воспитувањето и наставата се изведуваат на јазиците на народностите.4. На подрачјата на кои живеат припадници на народностите, во јавниот и општествениот живот, јазиците и писмата на народностите се рамноправни со македонскиот јазик.</s><s>Во општините на чие подрачје живеат припадници на народностите, одлуките и другите поважни акти на општинските собранија и на работните организации се објавуваат и на јазиците на народностите.</s><s>Јавните натписи на овие подрачја се и на јазиците на народностите.5. Припадниците на народностите имаат право на употреба на својот јазик и писмо во остварувањето на своите права и должности, како и во постапката пред државните органи и организации што вршат јавни овластувања.6. Со закон и со статут на општината се определуваат поблиски услови и постапка што обезбедуваат остварување на правата на народностите и етничките групи, како и начинот и условите за примена на рамноправноста на јазиците и писмата на народностите со македонскиот јазик, на подрачјата на кои живеат народностите.</s><s>Со општи акти на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации се утврдуваат начинот и условите за примена на рамноправноста на јазиците и писмата на народностите со македонскиот јазик, на подрачјата на кои живеат народностите.7. Во Собранието на Социјалистичка Република Македонија се образува комисија за меѓунационални односи.</s><s>Комисијата го следи и разгледува остварувањето на рамноправноста на народностите и етничките групи и на другите нивни права утврдени со Уставот и со законите и предлага мерки за нивното остварување.8. Кога на дневен ред во соборите на Собранието е предлог на акт или друго прашање од интерес за рамноправноста на народностите и етничките групи, надлежниот собор, по барање од тело на Собранието или од најмалку 10 пратеници од надлежниот собор, ќе спроведе посебна постапка утврдена со Деловникот на Собранието за разгледување на таков акт или прашање и за одлучување по него.9. Припадниците на другите народи на Југославија што живеат во Социјалистичка Република Македонија се рамноправни и имаат исти права и должности како Македонците, народностите и етничките групи.</s><s>Припадниците на другите народи на Југославија имаат, во местата во кои живеат, право на воспитно-образовна и културна дејност на нивниот јазик, според условите утврдени со закон.10.</s><s>Со овој амандман се заменуваат член 27 став 3, членовите 72, 73 и 74 од Уставот и Амандманот XIV.</s>
<s>1. Основата на социјалистичките самоуправни односи ја чини општествено-економската положба на работниот човек во општествената репродукција која му осигурува, работејќи со средствата на репрудукцијата во општествена сопственост и решавајќи непосредно и рамноправно со другите работни луѓе во здружениот труд за сите работи на општествената репродукција во услови и односи на меѓусебна зависност, одговорност и солидарност, да го остварува својот личен материјален и морален интерес и правото да се користи со резултатите од својот труд и со придобивките на општиот материјален и општествен прогрес и врз таа основа што попотполно да ги задоволува своите лични и општествени потреби и да ги развива своите работни и други творечки способности.</s><s>Заради обезбедување на ваква општествено-економска положба на работниот човек, на работниците им се гарантира, како нивно неотуѓиво право, врз основа на својот труд во основните организации на здружениот труд во кои се здружуваат и работат, како и во сите облици на здружување и деловна соработка на тие организации, да стекнуваат доход и да управуваат со работите и со средствата на општествената репродукција и да одлучуваат за доходот што, како дел од вкупниот општествен доход, го остваруваат во различни облици во здружениот труд и на здружување на средствата.</s><s>Доходот остварен во кој и да е облик на здружениот труд и здружување на средствата им припаѓа во целост на основните организации на здружениот труд.</s><s>Од доходот што основните организации на здружениот труд заеднички го остваруваат со здружување и со деловна соработка, на секоја од тие организации ѝ припаѓа делот што одговара на нејзиниот придонес во остварувањето на тој доход и тој е составен дел на доходот што основната организација на здружениот труд го остварува со своето вкупно работење и за кој работниците во неа одлучуваат непосредно врз основа на својот труд.</s><s>Остварениот вкупен доход во основната организација на здружениот труд претставува материјална основа на правото на работникот да одлучува за условите на својот труд и за распределбата на доходот и да стекнува личен доход во согласност со начелото на распределба спрема трудот и со порастот на продуктивноста на неговиот и на вкупниот општествен труд.2. Основната организација на здружениот труд е основен облик на здружениот труд во кој работниците врз основа на својот труд непосредно и рамноправно ги уредуваат меѓусебните односи во работата, управуваат со работите и со средствата на општествената репродукција, одлучуваат за доходот и за другите прашања на својата општествено-економска положба.</s><s>Работниците во секој дел од работната организација (претпријатие, установа и слично) што претставува работна целина во која резултатот од нивниот заеднички труд може да се потврди како вредност на пазарот или во работната организација и кој врз таа основа може самостојно да се изрази, имаат право таквиот дел да го организираат како основна организација на здружениот труд.</s><s>Работниците на основната организација на здружениот труд во состав на работна организација имаат право својата основна организација на здружениот труд да ја издвојат и да ја конституираат како самостоја организација на начин предвиден со закон.</s><s>Со организирање на основна организација на здружениот труд во состав на работна организација или со издвојување на основна организација на здружениот труд од составот на работната организација не можат да се повредат правата на работните луѓе во другите делови на таа организација, ниту интересите и правата на таа организација како целина што произлегуваат од меѓузависноста на работата или од заедничкиот труд со здружени средства, како ниту еднострано да се менуваат меѓусебните односи.3. Доходот го распоредуваат работниците во основната организација на здружениот труд за своите лични и заеднички потреби и за потребите на проширување материјалната основа на здружениот труд и за подигање на работната способност на работниците.</s><s>Од доходот како резултат на нивниот заеднички труд во организацијата и на вкупниот општествен труд, остварен на пазарот и во целината на меѓусебните односи и врски во различни облици на деловна соработка и заедничко работење, на работниците им припаѓа за задоволување на нивните лични и заеднички потреби дел од тој доход што е сразмерен со нивниот труд и со придонесот за успехот и развојот на организацијата што тие го дале со својот труд.</s><s>На секој работник во организацијата на здружениот труд му припаѓа, согласно со начелото за распределба според трудот, личен доход сразмерно со резултатите на неговиот труд и неговиот личен придонес за успехот и развојот на организацијата што тој го дал со својот вкупен, тековен и минат труд во неа.</s><s>Резултатот од трудот и личниот придонес на работникот за успехот и развојот на организацијата на здружениот труд, покрај другите основи и мерила утврдени врз начелата на заемност и солидарност, се основа и мерило при одлучувањето за употребата на средствата издвоени во организациите на здружениот труд за нивните заеднички потреби.4. Работниците во основната организација на здружениот труд ги утврдуваат основите и мерилата за распоредување на доходот и за распределба на средствата за лични доходи во согласност со основите и мерилата утврдени со самоуправни спогодби и со општествени договори.</s><s>Ако работниците не се придржуваат кон основите и мерилата утврдени со самоуправните спогодби или со општествените договори, односно ако такви спогодби или договори не се склучени, а со распоредувањето односно со распределбата се нарушува начелото на распределба според трудот или нормалниот тек на општествената репродукција, со закон можат да се утврдат мерки со кои се обезбедуваат односи што одговараат на тие спогодби или договори, односно мерки со кои се обезбедува рамноправност на работниците во примената на начелото на распределба според трудот.5. На секој работник во здружениот труд со општествени средства му се гарантира, врз основа на својот труд, да остварува личен доход и други права најмалку во височина односно обем што му ја обезбедува неговата социјална сигурност и стабилност.</s><s>Височината на личниот доход и обемот на овие права, како и начинот на нивното остварување, се утврдуваат со самоуправна спогодба односно со општествен договор или со закон во зависност од општиот степен на продуктивноста на вкупниот општествен труд и од општите услови на средината во која работи и живее работникот.6. Со слободна размена на својот труд со трудот на работниците во организациите во областа на образованието, науката, културата, здравството и во другите општествени дејности, како дел од единствениот процес на општествениот труд, работните луѓе ги обезбедуваат своите лични и заеднички потреби во тие области.</s><s>Со вакви односи им се обезбедува на работниците во тие дејности еднаква општествено-економска положба како и на работниците во другите организации на здружениот труд.</s><s>Работниците во организациите на здружениот труд на општествените дејности и корисниците на нивните услуги основаат самоуправни интересни заедници и со самоуправни спогодби и договори ги утврдуваат меѓусебните односи, права и обврски.</s><s>Самоуправни интересни заедници работните луѓе како корисници можат да основаат и за задоволување на одредени лични и заеднички потреби и за остварување на своите интереси врз основа на заемност и солидарност, утврдувајќи ги врз самоуправни основи своите заеднички и поединечни обврски спрема тие заедници и своите заеднички и поединечни права што се остваруваат во нив.</s><s>Со закон можат да се утврдат: обврска за образување на самоуправни интересни заедници, начела за нивната организација и за меѓусебните односи на работниците од заинтересираните области на трудот, како и обврска за плаќање придонес на интересните заедници заради финансирање на нивната дејност врз начелата на солидарност и сразмерност на придонесите со личните доходи на работниците, односно со економската сила на другите обврзници.</s><s>Самоуправните интересни заедници имаат својство на правно лице.7. Средствата распределени во основната организација на здружениот труд за проширување на материјалната основа на трудот, како дел од заедничките средства на општествената репродукција, служат за проширување на материјалната основа на трудот во таа организација и во општеството како целина, согласно со интересот на работниците во организацијата на здружениот труд да се користат во неа со тие средства или да ги здружуваат со средствата на други организации заради заедничка работа и работење.</s><s>Со закон може привремено да се ограничи располагањето со дел од средствата на општествената репродукција кога е тоа неопходно заради спречување или остранување на поголеми пореметувања на пазарот, заради битни отстапувања од основните цели на утврдената стопанска политика или ако тоа го бараат интересите на народната одбрана.</s><s>Со закон може да се утврди обврска за здружување на дел од средствата на општествената репродукција заради финансирање на определени неопходни потреби на општествената репродукција утврдени во општествениот план на Републиката.</s><s>Висината на средствата, начинот на нивното користување, начинот и роковите за нивното враќање, како и правата и обврските на организациите на здружениот труд во управувањето со здружените средства се утврдуваат со закон.</s><s>Законите од претходните два става се донесуваат со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори на Собранието, по редовна постапка.8. Организациите на здружениот труд, во рамките на самоуправните спогодби и на општествените договори, и општините и Републиката, во рамките на своите права и обврски утврдени со уставот, се должни, во согласност со начелата на заемност и солидарност, да се грижат за економска и друга помош на организациите на здружениот труд што ќе дојдат во исклучителни економски тешкотии и да преземат мерки за нивна санација кога тоа е во општествен интерес.</s><s>Организациите на здружениот труд сами или во рамките на самоуправните спогодби обезбедуваат, врз начелата на заемност и солидарност, средста за запослување, преквалификација и за остварување на други стечеин права на работниците, кога поради технолошки и економски причини ќе престане потребата од нивна работа во организацијата.</s><s>Со закон можат да се утврдат одредени материјални обврски на организациите на здружениот труд за создавање на заеднички средства за остварување на задачите од претходните ставови.</s><s>Законот од претходниот став се донесува со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори на Собранието.9. Заради задоволување на општите општествени потреби утврдени со Уставот што ги остваруваат во општините и Републиката, работниците плаќаат од доходот на основната организација на здружениот труд или од своите лични доходи врз основа на закон утврдени даноци за тие потреби.</s><s>Обврските на работниците и на организациите на здружениот труд спрема општините и Републиката се утврдуваат во зависност од способноста на стопанството да го осигури задоволувањето на личните и заедничките потреби на работните луѓе и потребите на проширената репродукција во согласност со достигнатиот степен на продуктивноста на вкупниот општествен труд и со потребите на материјалниот и општествениот развој што одговараат на неговите можности и долгорочните интереси на развојот на производните сили на општеството, како и во зависност од способноста на организацијата на здружениот труд, во согласност со општите обврски на стопанството и со резултатите на трудот и успехот што го остварува, да ги осигури со уставот утврдените права на работниците.</s><s>Ова начело се применува и во сите други случаи кога со закон, во рамките на правата и должностите на Републиката утврдени со уставот, привремено се ограничува располагањето со средствата со кои управуваат организациите на здружениот труд или се утврдува обврска за здружување на тие средства.10.</s><s>Спрема организацијата на здружениот труд која не ги исполнува своите обврски утврдени со закон или со своето работење потешко ги оштети општествените интереси или го доведе во сериозна опасност вршењето на функцијата која е од особен општествен интерес или во која битно се нарушува остварувањето на самоуправните права на работниците, можат да се преземат посебни привремени мерки утврдени со закон, под услови и според постапка предвидени со закон.11.</s><s>Со овој амандман се заменуваат членовите 14 и 15, член 42 став 3 и член 44 став 2 од Уставот.</s>
<s>1. Својот труд и средствата на општествената репродуккција во основните организации на здружениот труд работниците слободно ги здружуваат во претпријатија, установи и во други работни организации или во други облици на здружениот труд, вклучувајќи ги и оние што вршат кредитни и банкарски работи и работи на осигурувањето, заради зголемување на доходот во основните организации на здружениот труд и унапредување и развивање на сопствениот и заедничкиот труд и работење и заради зголемување на производноста на вкупниот општествен труд.</s><s>Меѓусебните односи во овие организации работниците ги уредуваат со самоуправна спогодба за здружување врз основа на рамноправност, обезбедувајќи го во целината на овие односи неотуѓивото право на работникот, врз основа на својот труд, да управува со работите и средствата на општествената репродукција и да одлучува за доходот што го остварува основната организација на здружениот труд во која работи.</s><s>Статутите и другите општи акти на организацијата во која се здружени основните организации на здружениот труд не можат да бидат во спротивност со самоуправната спогодба за здружување.</s><s>Основните и другите организации на здружениот труд се носители на правата и обврските што им припаѓаат врз основа на уставот, законот и самоуправната спогодба за здружување.2. Доходот што основните организации на здружениот труд заеднички го остваруваат со здружување на трудот и на средства и со деловна соработка со други организации во вид на камати на кредит или во друг вид, е составен дел на доходот што основните организации на здружениот труд го остваруваат со своето вкупно работење и им припаѓа на овие организации сразмерно со нивниот придонес во остварувањето на тој доход.3. На организацијата на здружениот труд која во своето работење се користи со здружени средства на други организации на здружениот труд што по тој основ имаат право на учество на нејзиниот доход мора, во рамките на основниот доход, да ѝ бидат обезбедени средства за лична и заедничка потрошувачка на работниците, како и средства за проширување на материјалната основа на трудот според нејзиниот придонес во заедничките резултати од трудот.</s><s>Мерилата за утврдување на средствата за лична и заедничка потрошувачка на работниците и на придонесот во заедничките резултати на трудот се одредуваат со договор во согласност со единствените начела за здружување на средствата утврдени со сојузен закон, како и со самоуправна спогодба и општествен договор за овие мерила.</s><s>Со здружување на средства не можат да се стекнат никакви сопственички или други трајни права.</s><s>Правото на учество во доходот на друга организација по основ на здружување на средства гасне, кога, во согласност со единствените начела за здружување на средствата и во согласност со договорот, се вратат односно амортизираат средствата со чие здружување е стекнато ова право.</s><s>Други заемни права и обврски по основ на здружување на средства се остваруваат согласно со договорот.4. Организациите на здружениот труд можат средствата на општествената репродукција да ги вложуваат во странство и да се користат со средства на странски лица, под условите и во границите утврдени со сојузен закон.</s><s>Правата на странското лице над средствата што ги вложува во организацијата на здружениот труд во земјата не можат по склучувањето на договорот да се намалат со закон или со друг акт.5. Заради проширување на материјалната основа на трудот, организациите на здружениот труд можат да собираат парични средства од граѓаните и да им обезбедат, покрај враќањето на овие средства, и надоместок за вложените средства во вид на камата или и други погодности.6. Меѓусебните кредитни односи на организациите на здружениот труд и нивните односи со други лица во рамките на кредитниот систем се уредуваат во согласност со единствените начела утврдени со сојузен закон.</s><s>Со договорите за меѓусебните кредитни односи меѓу организациите на здружениот труд и за нивните односи со други лица во рамките на кредитниот систем не можат покрај обврските за условите за користење и враќање на кредитот во границите определени со закон, да се утврдуваат и други обврски со кои се ограничуваат правата на работниците утврдени со уставот.7. Заради остварување на заедничките интереси во обезбедувањето на парични средства за вршење и проширување на својата дејност, организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници, општините и Републиката можат со договор да основаат банки како посебни организации на здружениот труд за вршење на кредитни и други банкарски работи.</s><s>Организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници, општините и Републиката, како и други општествени правни лица што ги здружуваат своите средства во банка, управуваат со работите на банката согласно со договорот за основање на банката и со статутот на банката што се донесува во согласност со тој договор.</s><s>Средствата што ги остварува банката со своето работење, по издвојувањето на делот за здоволување на личните и заедничките потреби на работниците што работат во банката и за унапредување на материјалната основа на нивниот труд, се распоредуваат меѓу општествените правни лица што ги здружиле своите средства во банката, согласно со статутот на банката.</s><s>Од делот на средствата што се здружуваат во банката и од делот на распределените средства остварени со работењето на банката, се образува резервен фонд на банката.</s><s>Средствата што се распределуваат од доходот на банката можат да се оданочуваат само како приход на лицата на кои им се распределени и врз основа на прописите и во корист на општествено-политичката заедница на која и се плаќа данок од доходот на тие лица.</s><s>Работењето на банките што се однесува на собирањето на штедните влогови на граѓаните, на правата и обврските на банките во врска со тоа работење, како и правата на граѓаните врз основа на своите штедни влогови, покрај договорената камата, да стекнуваат и други права, се уредуваат со закон, во согласност со единствените начела на кредитниот систем.8. Организациите на здружениот труд, интересните заедници, општините и Републиката и другите општествени правни лица што ги здружуваат своите средства во осигурителни и во други парични организации, имаат во поглед на управувањето со тие организации и во поглед на распределбата во начело исти права како и општествените правни лица што ги здружуваат своите средства во банка.</s><s>Правата на граѓаните - осигуреници на учеството во управувањето, како и другите нивни права, се утврдуваат со статутот во согласност со закон.</s><s>Организациите на здружениот труд, интересните заедници, општините и Републиката и другите општествени правни лица имаат во организациите на здружениот труд што се занимаваат, освен со други дејности, и со банкарско или слично работење заради стекнување на доход, во начело исти права како и општествените правни лица што здружуваат средства во банка, и тоа во делот што се однесува на тоа работење.</s><s>Основањето и работењето на организациите на здружениот труд што се занимаваат со работи на прометот на стоки и услуги се уредува во согласност со начелата на здружениот труд и самоуавувањето, на меѓусебното влијание врз деловната политика во рамките на нивната соработка со производните и други организации, на заедничкото преземање на ризик и на заедничката одговорност за проширување на материјалната основа и за зголемување на продуктивноста на трудот во производството и во стоковниот промет, како и на соодветното учество во доходот остварен со оваа соработка.9. За развивање на меѓусебна соработка, усогласување на своите планови и развојни програми, за подигање продуктивноста на трудот и организирано застапување на интересите, како и за извршување на други работи од заедничи интерес, организациите на здружениот труд можат да се здружуваат во комори и други видови здруженија.</s><s>Со закон може да се пропише задолжително здружување на организациите на здружениот труд во комори, условите за формирање и начелата за нивната организација.10.</s><s>Со закон може да се предвиди задолжително здружување на работните организации во деловни заедници кога тоа го бара технолошкото единство на системот во одделни области и ако е тоа од интерес за Републиката.11.</s><s>Со овој амандман се заменува член 45 став 4 од Уставот.</s>
<s>1. Со самоуправна спогодба работниците на основните и други организации на здружениот труд и интересните заедници ги усогласуваат меѓусебните интереси во општествената поделба на трудот и во општествената репродукција, ги утврдуваат основите и критериумите според кои тие ги усогласуваат своите посебни интереси со заедничките интереси и ги утврдуваат меѓусебните права и одговорности и мерките за нивното остварување.</s><s>Самоуправната спогодба ја обврзува организацијата на здружениот труд и интересната заедница што ја склучила или пристапила кон неа.</s><s>Основните и други организации на здружениот труд и интересните заедници што сметаат дека со самоуправна спогодба на други организации на здружениот труд се повредени нивните интереси, можат да поведат постапка за преиспитување на самоуправната спогодба на начин утврден со закон.2. Со општествен договор организациите на здружениот труд и нивните општи асоцијации, интересните заедници, општините, Републиката, синдикатите и други општествено-политички организации и други самоуправни и општествени организации обезбедуваат и остваруваат самоуправно усогласување и уредување на општествено-економските и други односи од заеднички или општ интерес.</s><s>Општествениот договор ги обврзува организациите и заедниците што го прифатиле.</s><s>Општините и Републиката, во рамките на своите права и должности, можат со закон односно со друг општ акт да утврдат дека општествениот договор е општо задолжителен.3. Постапката за склучување и спроведување на самоуправната спогодба и на општествениот договор се заснова врз начелата на јавност и рамноправност на учесниците на спогодувањето и договарањето.</s><s>Со самоуправната спогодба и со општествениот договор се утврдуваат мерките за нивното спроведување и материјалната и општествената одговорност на учесниците на спогодувањето и договарањето.4. Со закон може да се пропише обврска за започнување на постапка за склучување на самоуправна спогодба и општествен договор и да се утврдат начелата на таа постапка.</s>
<s>1. Се гарантира слободата на самостојниот личен труд со средства на трудот во сопственост на граѓаните кои вршат земјоделска, занаетчиска, угостителска, туристичка, превознича, како и со закон определена друга стопанска или нестопанска дејност, кога вршењето на дејноста со личен труд одговара на начинот, материјалната основа и можностите на личниот труд.</s><s>Работните луѓе што вршат таква дејност имаат во начело иста општествено-економска положба и во основа исти права и обврски како и работните луѓе во организациите во здружениот труд.</s><s>Со закон се уредуваат условите за вршење на дејност со самостоен личен труд со средства во сопственост на граѓаните и сопственичките права над средствата на трудот и на деловните простории за вршење дејности со личен труд, во сопственост со правата на граѓаните гарантирани со уставот.2. Работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд можат, согласно со договорот и законот, меѓусебно да го здружуваат својот труд и своите средства на трудот во задруги и во слични организации и во нив заеднички да располагаат со доходот од заедничкиот труд.</s><s>Работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд можат, согласно со договорот и законот, својот труд и средствата на трудот да ги здружуваат со организации на здружениот труд во различни облици на кооперација и на други видови деловна соработка и, во рамките на таа соработка, да учествуваат во управувањето со заедничките работи и во распределбата на доходот остварен со оваа соработка.</s><s>Работните луѓе кои со личен труд самостојно вршат уметничка или друга културна, истражувачка, професионална, спортска или друга слична дејност можат, согласно со договорот и законот, својот труд да го здружуваат со организации на здружениот труд во различни облици на деловна соработка и во рамките на таа соработка да учествуваат во управувањето со заедничките работи и во распределбата на доходот остварен со оваа соработка.3. Работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд можат, кога за вршење на таквата дејност е потребен дополнителен труд на други лица, да запослуваат други лица врз основа на договор во обем определен со закон.</s><s>Договорот за запослување го склучуваат работните луѓе кои запослуваат работници и овие работници во согласност со колективниот договор што го склучуваат синдикалната организација и соодветната комора односно друга опшата асоцијација во која се претставени работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд.</s><s>Со тој колективен договор на овие работници им се обезбедуваат права сходно со одредбите на точка 3 став 2 и 3 и точка 5 од Амандманот XVIII.4. Работниот човек што самостојно врши дејност со личен труд може својот труд и средствата на трудот да ги здружува со трудот на други лица во посебни организации на здружениот труд што се утврдуваат со закон.</s><s>Работниот човек кој го здружува својот труд и средствата на трудот со средствата на други лица може, врз основа на сопственичкото право, самостојно да располага само со оној дел од доходот остварен во посебната организација на здружениот труд кој му припаѓа по основ на средствата вложени во оваа организација над кои има право на сопственост, а во согласност со начелата што важат за здружување на трудот и на општествените средства во организациите на здружениот труд.</s><s>Другиот дел од доходот, по издвојување на личните доходи на здружените работници и на работниот човек кој го здружил со нив својот труд и средствата на трудот, а кои им припаѓаат врз основа на трудот, е општествена сопственост и тие управуваат и располагаат со него согласно со уставните начела за самоуправувањето.</s><s>На работниот човек кој својот труд и средствата на трудот ги здружува со трудот на други лица во посебна организација на здружениот труд, му се гарантира правото на сопственост над средствата што ги внел во организацијата, како и правото, согласно со договорот и со законот, да раководи со работењето на организацијата и да учествува во остварувањето на доходот врз основа на резултатите од неговиот труд и по основ на вложените средства во оваа организација над кои има право на сопственост.5. Со закон се определува кога самостојното вршење на дејноста со личен труд со користење на дополнителен труд на други лица од точка 3 на овој амандман, кој ги надминува границите на дозволениот со закон доплнителен труд на други лица, мора да се организира како посебна организација на здружениот труд според начелата од точка 4 на овој амандман.6. Земјоделските производители кои својот трудот и своите средства на трудот ги здружуваат во задруга или слична организација управуваат во задругата, односно сличната организација и во нив заеднички располагаат со доходот од заедничкиот труд.</s><s>На работниците што работат во организациите од претходниот став им припаѓаат врз основа на нивниот труд, според договорот во согласност со уставот и законот, определени права во управувањето со организацијата и располагањето со доходот остварен во неа.</s><s>Земјоделските производители кои својот труд и средствата на трудот ги здружуваат со организациите на здружениот труд, задруги или слични организации во различни видови на кооперација и други видови на деловна соработка, во рамките на таа соработка, учествуваат рамноправно со членовите на работната заедница на организацијата во управувањето со заедничките работи и соодлучуваат за распределбата на заеднички остварениот доход.</s><s>Задругите и другите слични организации во кои земјоделските производители го здружуваат својот труд и средствата на трудот со трудот на други лица, се организираат како плсебни организации на здружениот труд во согласност со точка 5 од овој амандман.</s><s>Земјоделските производители го задржуваат правото на сопственост врз средствата што ги здружуваат во задруга или друга слична организација, доколку со договорот не е поинаку определено.</s><s>За отуѓување на средствата создадени со заеднички труд на земјоделските производители, за здружување во задруга или слична организација или за нејзино припојување кон друга организација односно за ликвидација на оваа организација е потребна согласност на здружените земјоделски производители.7. Со закон може да се утврди дека во ридско-планинските краишта најголемата површина на обработливо земјоделско земјиште по домакинство на кое земјоделците имаат право на сопственост, може да биде поголема од површината утврдена во член 19 став 2 од Уставот на СРМ.8. Со овој амандман се заменуваат член 17 и член 43 став 1, 2 и 3 од Уставот.</s>
<s>1. Дејностите односно работите што се неопходен услов за задоволување на секојдневните основни потреби за живот и работа на граѓаните и на другите корисници, како и дејностите односно работите што се од посебно значење за Републиката (комунални дејности, производство и пренос на електрична енергија, ПТТ сообраќај, железнички сообраќај, изградба и одржување на патиштата и водостопанска дејност) се од посебен општествен интерес.</s><s>Организациите на здружениот труд што вршат дејности или работи од посебен општествен интерес се должни да обезбедат трајно и непречено вршење на дејностите односно на услугите, а во случај на прекин или нередовно вршење на дејноста односно на услугата се должни да им ја надоместат на корисниците штетата, кога е тоа предвидено со закон.2. Начинот и условите на вршење на дејностите односно работите од посебен општествен интерес и меѓусебните права и обврски на организациите на здружениот труд што што ги вршат тие дејности односно работи и корисниците на нивните услуги се утврдуваат со општествен договор меѓу организациите на здружениот труд, интересните заедници и корисниците на услугите, општината или Републиката, односно со самоуправна спогодба.</s><s>Ако надлежниот орган на Републиката врз основа на закон, односно општината врз основа на свој пропис определи дека организацијата на здружениот труд е должна дејноста односно работите да ги врши на сите или на определени корисници по цена која е пониска од цената формирана според пропишаните мерила односно од пазарната цена, општината односно Републиката е должна да изврши соодветно надоместување на организацијата на здружениот труд.</s><s>Висината и начинот на ова надоместување се утврдува со меѓусебен договор.3. Како дејности од посебен општествен интерес се и дејностите од областа на образованието, науката, културата, јавното информирање, заштитата на здравјето, социјалната заштита и другите општествени служби.</s><s>Начинот и условите на вршењето на дејностите од претходниот став се уредува со закон.4. Со закон можат да се прогласат за дејности од посебен општествен интерес и други дејности.5. Со закон и со пропис на општината можат да се предвидат посебни права и должности на Републиката и општината и на нивните органи во поглед на надзорот над вршењето на дејноста односно работата од посебен општествен интерес.</s>
<s>1. Заеднички општествен интерес на граѓаните, организациите на здружениот труд, општините и Републиката е да се обезбедат услови за најцелосходно искористување и зачувување на природата и природните богатства, заштитата на земјиштето од ерозија и, напоредно со стопанскиот и општествениот развој, да се создаваат услови за рационален просторен распоред на населбите, стопанските и другите објекти, како и за спречување на штетните последици за здравјето и животот на луѓето предизвикани со современиот начин на производство, технологија и промет.</s><s>Со закон се уредува спречувањето на загадувањето на воздухот, водата и земјиштето, спречувањето на штетната бучава и заштитата на животинскиот и растителниот свет.2. Рентата што се создава на земјиштето со вложување на општествени средства за негово користење за градежни, комунални или стопански намени му припаѓа на општеството и, по правило, се корсти за уредување на просторот.</s><s>Рентата се утврдува, се зафаќа и се насочува со прописи на општините донесени врз основа на закон.3. Со закон може да се уредува зафаќање и насочување на другите видови рента што не е резултат на вложувања на сопствениците или корисниците на недвижностите (рудно богатство, шуми, води).</s>
<s>1. Заради остварување на единството на југословенскиот пазар, Социјалистичка Република Македонија на својата територија обезбедува:- на организациите на здружениот труд, на нивните здруженија и на работните луѓе рамноправни услови за вршење на нивните дејности и за стекнување на доход, како и за основање и здружување на тие организации;- слободно движење и здружување на трудот и на средствата на репродукцијата и слободна размена на стоки и други услуги, научни резултати и стручни искуства;- слободен натпревар на пазарот, самоуправно спогодување и општествено договарање заради унапредување на производството и прометот и интегрирање на општествениот труд;- спречување да се стекнат предимства врз основа на монопол на пазарот и други општествено и економски неоправдани предимства;- слободно запослување на граѓаните под истите услови што важат во местото на запослувањето;- признавање на правата по основ на трудот без оглед на тоа каде се стечени во СФРЈ.2. Противуставен е секој акт и секое дејство што се спротивни на точка 1 од овој амандман.</s>
<s>1. Заради обезбедување на општи услови за општествениот и економскот развиток, врз основа на заеднички утврдените и усогласени интереси на сите фактори на општествениот и економскиот живот по пат на самоуправни спогодби и општествени договори, Републиката го насочува општиот развиток, го усогласува развитокот на стопанството и општествените дејности и се грижи за усогласување на развитокот на сите подрачја на Републиката, и за таа цел донесува општествени планови и програми.</s><s>Со општествениот план и програмите за развиток, Републиката ги утврдува и вкупните биланси и основните пропорции во распределбата на општествениот производ и презема други мерки на економската политика заради остварување на општествениот план.2. Заради спроведување на економската политика и остварување на општествениот план, републичките органи во рамките на своите овластувања, донесуваат прописи и мерки кои се неопходни за усогласување на односите помеѓу одделни дејности, за остварување на политиката за распределба на општествениот производ, за примена на мерките и прописите за единствениот пазар, за унапредување на одделни стопански области, за остварување на кредитно-монетарната политика и политиката на цени, како и мерки за остранување на пореметувањата на пазарот и за спречување создавањето на монополи или други односи насочени кон стекнување на материјални или други предности што не се засновани врз начелата на рамноправни односи во работењето, или со кои се нарушуваат самоуправните права и рамноправноста на другите организации на здружениот труд, или се нанесува штета на општите општествени интереси.</s><s>Надлежните републички органи подготвуваат и им ставаат на располагање на организациите на здружениот труд информации неопходни за планирањето.3. Заради остварување на плановите на општествено-економскиот развиток, Републиката, во рамките на своите права и должности, пропишува одредени кредитно-монетарни мерки и ја насочува употребата на средствата на Народната банка на Македонија и заштедите на граѓаните.</s><s>Во остварувањето на развојната политика на Републиката можат да се пропишуваат даночни олеснувања и ослободувања.4. Организациите на здружениот труд можат, заради остварување на целите утврдени во општествениот план, да здружуваат средства на општествената репродукција за учество во финансирањето на:- изградбата и одржувањето на сообраќајните, енергетските, водостопанските и други стопански објекти од значење за Републиката;- развојот на недоволно развиените краишта;- обезбедувањето на стоковни резерви;- научно-испитувачката дејност;- развојот на одделни општествени дејности од значење за Републиката;- помагањето на организациите на здружениот труд од значење за Републиката кои трајно ќе се најдат во тешки економски услови.</s><s>Здружувањето на овие средства се врши со самоуправно спогодување и општествено договарање.</s><s>Доколку не се постигне општествен договор за здружување на средствата, а Собранието, откако оцени дека е тоа од општ општествен интерес и дека одредени цели не можат да се остварат на друг начин, ќе донесе закон за здружување на средствата.</s><s>Овој закон се донесува со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори на Собранието, по редовна постапка.</s><s>Со општествениот договор, самоуправната спогодба или со законот за здружување на средствата се утврдуваат изворите и намената и се пропишува начинот на управувањето, располагањето и учеството на делегираните претставници на организациите на здружениот труд во управувањето на здружените средства.</s><s>Собранието, во согласност со развојната политиката на Републиката, ја следи употребата на средствата и врши надзор над таа употреба.5. Со овој амандман се заменува член 110 од Уставот.</s>
<s>1. Народната банка на Македонија како установа на единствениот монетарен систем на Југославија, во рамките на заедничката емисиона политика, ги утврдува условите и начинот на користење на паричните средства во Републиката и презема други мерки за остварувањето кредитната политика на Републиката.</s><s>Народната банка на Македонија, во рамките на своите права и должности, е одговорна за стабилноста на валутата, за општата ликвидност на плаќањето и за спроведување на заеднички утврдената монетарна политика.2. Народната банка на Македонија самостојно ги применува мерките со кои се остваруваат целите и задачите на кредитно-монетарната политика.</s><s>Деловните банки се должни да се придржуваат кон одлуките што ги донесува Народната банка на Македонија заради остварувањето на таа политика.3. Народната банка на Македонија во согласност со закон врши определени финансиско-технички работи за општествено-политичките заедници.4. Со работите на Народната банка на Македонија раководат Гувернерот и Советот на Народната банка на Македонија, што ги именува Собранието.</s><s>Гувернерот и Советот за работата на Банката одговараат пред Собранието.5. Статусот на Народната банка на Македонија се утврдува со закон.</s>
<s>1. Службата на општественото книговодство врши, во согласност со законот, евиденција и информативно-аналитички работи за располагањето со општествените средства, како и контрола на располагањето со тие средства и контрола на извршувањето на обврските што со закон или пропис донесен врз основа на закон, со самоуправна спогодба или со општествен договор, се востоновени за корисниците на општествените средства.</s><s>Таа го следи користењето на општествените средства и извршувањето на општествените обврски и за тоа ги известува организациите на здружениот труд, органите на Републиката и на општините, како и другите корисници на општествени средства и укажува на потребата за преземање соодветни мерки.</s><s>Работите на платниот промет во Републиката ги врши Службата на општественото книговодство, во согласност со сојузен закон.2. Службата на општественото книговодство соработува со организациите на здружениот труд и со другите корисници на општествени средства во организирањето на нивната внатрешна контрола на финансиското и материјалното работење.</s><s>Службата на општественото книговодство може да се задолжи со закон да врши и други задачи.</s><s>Службата на општественото книговодство работи според законот и во извршувањето на работите од својата надлежност е самостојна.</s>
<s>1. Заради задоволување на општите општествени потреби што ги остваруваат во општината односно во Републиката работниците плаќаат од доходот на основната организација на здружениот труд или од своите лични доходи, а граѓаните од своите лични доходи и од другите приходи од имоти и имотни права плаќаат даноци, такси и други давачки.2. Системот, изворите и видовите даноци, такси и други давачки се утврдуваат со закон.</s><s>Работните луѓе, граѓаните и основните организации на здружениот труд учествуваат во задоволувањето на општите општествени потреби според принципот оној што остварува поголем доход сразмерно повеќе да учествува во задоволувањето на тие потреби.3. Општините и Републиката самостојно ја утврдуваат висината на даноците, таксите и другите давачки што според законот се нивни приходи и располагаат со нив.</s><s>За изедначување условите на стопанисување и за усогласен развој на Социјалистичка Република Македонија, Републиката, општините и самоуправните интересни заедници ги усогласуваат обврските на организациите на здружениот труд, работните луѓе и граѓаните.4. Заради обезбедување во основа еднакви услови и можности за стопанисување на работните луѓе и на основните организации на здружениот труд во работењето и во распределбата на општествениот производ и заради остварување на материјалните односи што се утврдени со општествениот план, или кога тоа го бараат интересите на народната одбрана или други вонредни потреби во Републиката, со закон може да се пропише:- граници до кои општините и интересните заедници можат да ги утврдуваат своите приходи од доходот на организациите на здружениот труд и од данокот на промет и услуги;- обврска на организациите на здружениот труд, интересните заедници, општините и Републиката, да образуваат резервни општествени средства;- привремена забрана во располагањето со определени општествени средства од страна на интересните заедници, општините и Републиката; и- интересните заедници, општините и Републиката определени свои средства да го орочуваат за цели определени со закон.5. Со меѓусебни договори со другите републики и автономните покраини, Социјалистичка Република Македонија ги усогласува основите на даночната политика и даночниот систем, кога е тоа нужно за обезбедување на единството и стабилноста на југословенскиот пазар.6. Со овој амандман се заменуваат член 81 став 1 од Уставот и одредбите на точка 4 од Амандманот XII.</s>
<s>1. Социјалистичка Република Македонија ги има следните права и должности:1) го штити суверенитетот и уставниот поредок;2) обезбедува услови за остварување и развој на самоуправните социјалистички општествени односи;3) обезбедува заштита и услови за остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот; се грижи за остварување правата на работните луѓе утврдени заради обезбедување на нивната социјална сигурност и стабилност;4) ги штити самоуправните права на организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и на општините и се грижи за нивното остварување;5) го обезбедува остварувањето на рамноправноста на македонскиот јазик, народностите и етничките групи и припадниците на другите народи на Југославија;6) ја утврдува општата политика за усогласен стопански и општествен развој на Републиката и за развојот на недоволно развиените краишта, како и се грижи за нејзиното остварување;7) се грижи за усогласеноста на правниот систем на Републиката;8) обезбедува уставност и законитост;9) го остварува учеството и одговорноста на Републиката во утврдувањето и спроведувањето на политиката на Федерацијата;10) соработува со органите и организациите на другите социјалистички републики и на социјалистичките автономни покраини;11) соработува со органи и организации на другите држави и со меѓународни органи и организации; се грижи за остварувањето на интересите на Републиката во областа на односите со странство и во меѓународната политика, во рамките на заеднички утврдена надворешна политика и меѓународните договори на СФРЈ; ја усогласува и насочува соработката на општините, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации со соодветните странски и меѓународни органи и организации и со административни единици на странски држави;12) ја поттикнува и помага соработката на општинските собранија и нивните органи, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации, интересните заедници, стручните и другите здруженија со соодветните органи и организации на другите социјалистички републики и на социјалистичките автономни покраини;13) ја организира државната безбедност и ја насочува нејзината работа;14) се грижи за организирањето на јавната безбедност во Републиката и ја усогласува работата на службите за јавна безбедност на општините;15) се грижи за функционирањето на општествената самозаштита;16) ја организира народната одбрана;17) ја врши судската функција и го организира правосудството;18) ја обезбедува посебната заштита на борците од Народноослободителната војна, воените инвалиди и семејствата на паднатите борци; заштитата на борците од Илинденското востание и другите национално-ослободителни борби на Македонија; заштитата на борците за демократски права и слободи и на учесниците во антифашистичката борба, на жртвите од фашистичкото насилство и трудовите и другите инвалиди;19) ги обезбедува основните права од социјалната заштита;20) се грижи за рационалното искористување на просторот, за утбанистичкото уредување и за заштитата на природата;21) се грижи за развитокот и единството на системот на воспитувањето и образованието и за изедначување на условите за образование во Републиката; учествува во обезбедувањето за услови на развитокот на одделни видови средно образование; учествува во обезбедувањето на услови за развитокот на високото школство;22) се грижи и учествува во обезбедувањето на услови за развитокот на науката и научно-испитувачката работа;23) се грижи и учествува во обезбедувањето на услови за развитокот на културата, а учествува во обезбедувањето на услови за унапредување на културните дејности од општ интерес за Републиката;24) се грижи за развитокот на здравствената заштита и презема мерки од општ интерес за Републиката во оваа област;25) се грижи за развитокот на физичката култура;26) се грижи за развитокот на техничката култура;27) се грижи за развитокот на социјалната заштита;28) се грижи за развитокот на детската заштита;29) се грижи за развитокот на општествените средства за јавно информирање;30) основа републички органи и организации од општ интерес за Републиката и се грижи за нивното функционирање;31) се грижи за извршувањето на републичките и сојузните закони и други прописи на подрачјето на Републиката и, доколку е овластена со закон, непосредно ги извршува;32) врши и други права и должности утврдени со уставот.2. Правата и должностите на Социјалистичка Република Македонија ги остваруваат републичките органи и организации во рамките на нивната надлежност определена со Уставот на СРМ и со законите.3. Во остварувањето на правата и должностите на Републиката учествуваат и општините во согласност со Уставот на СРМ.4. Во остварувањето на своите права и должности Републиката се потпира на соработката со општествено-политичките организации, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации.5. Со овој амандман се заменува член 109 од Уставот.</s>
<s>1. Во остварувањето на правата и должностите на Републиката утврдени со Уставот на СРМ, републичките органи ја утврдуваат политиката и донесуваат закони и други акти.2. За уредување на работи од заеднички интерес за работните луѓе и граѓаните, Собранието донесува закони што се однесуваат на:1) системот на општественото планирање, општествениот план на Републиката, системот на регионалниот развој, развојот на недоволно развиените краишта и кредитирањето на нивниот побрз развој, како и мерките за остварување на политиката за општествениот развој на Републиката; системот на просторното и урбаничкото планирање; насочувањето на распределбата на доходот во организациите на здружениот труд; работните односи и заштитата при работата; самостојниот личен труд со средства на трудот во сопственост на граѓаните; правната положба на организациите на здружениот труд и условите за вршење на определени дејности; задолжителното здружување во комори, како и во деловни заедници кога тоа го бара технолошкото единство на системот во одделни области и ако е тоа од интерес за Републиката; републичките стокови резерви заради обезбедување потребите на Републиката во случај на војна и во други вонредни прилики или заради обезбедување стабилноста на пазарот во случај на поголеми растројста на пазарот;2) финансирањето на Републиката и општините; придонесите, даноците, таксите и другите давачки; системот на буџетите и јавните зајмови; републичките фондови; Народната банка на Македонија; службата на општественото книговодство во Републиката; кредитниот и банкарскиот систем; системот на осигурување на имотот и лицата;3) користењето на земјиштето, шумите и другите природни богатства и природните сили; ловот и риболовот; заштитата од загадување на воздухот, водата и земјиштето, спречувањето на штетната бучава; заштитата на животинскиот и растителниот свет; рударството, електростопанството и водостопанството; прометот и катастарот на земјиштето; патиштата, превозот со моторни и запрежни возила во патниот сообраќај; железничкиот, воздушниот, ПТТ и радиосообраќајот; пловидбата по езерата; изградбата на инвестициони објекти и надзорот врз нив; угостителството и туризмот; занаетчиските дејности;4) народната одбрана и подготвувањето на општонародниот отпор; државната и јавната безбедност и општествената самозаштита;5) републичкото државјанство; празниците и одликувањата на Социјалистичка Република Македонија; употребата на знамињата; амнестијата и помилувањето;6) основите на изборниот систем во организациите на здружениот труд, во другите самоуправни организации и во интересните заедници, изборот и отповикувањето на членовите на Претседателството на СФРЈ од Социјалистичка Република Македонија, на пратениците и одборниците; републичкиот референдум;7) организацијата на републичките органи, правата на работниците од трудот и по основ на трудот во републичките органи и организации што вршат работи од општ интерес за Републиката; самоуправувањето во овие органи и организации; образувањето или укинувањето на општини и определувањето и менувањето на нивните граници;8) сопственичките и другите имотно-правни односи; дроговорните и другите облигациони односи; правото на сопственост на стан и основите на станбените односи; населедувањето; експропријацијата; прометот на недвижности;9) судовите; јавното обвинителство; јавното правобранителство; адвокатурата; правното застапување и другите видови на правна помош; арбитражата;10) кривичната одговорност, кривичните дела, одговорноста за стопански престапи и за прекршоци што според Уставот на СФРЈ не ги утврдуваат сојузните органи; системот на прекршоците; извршувањето на санкциите за кривични дела, стопански престапи и прекршоци;11) бракот, семејството и старателството;12) системот и организацијата на воспитувањето и образованието; стручните називи и академските титули; нострификацијата на дипломи стекнати во странство; системот и организацијата на научно-истражувачката работа;13) системот на организацијата на културните дејности, сценско-уметничките дејности; изградбата на јавните споменици, заштитата на културните споменици, музејскиот, библиотекарскиот и архивскиот материјал; системот на физичката и техничката култура; издавачката дејност, филмот, печатот, радиофузијата и другите средства за јавно информирање;14) системот и организацијата на здравствената и социјалната заштита; основните права на социјалната заштита; детската заштита; системот на здравственото, пензиското и инвалидското осигурување;15) заштитата на животот и здравјето на луѓето од заразни болести чие спречување и сузбивање е од интерес на Републиката; заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници чие спречување и сузбивање е од интерес на Републиката; производството на лекови и отрови, ускладишувањето и заштитата од запаливи течности, гасови, експлозиви и радиоактивни материјали и превозот на овие материјали;16) посебната заштита на борците од Народноослободителната војна, воените инвалиди и семејствата на паднатите борци; заштитата на борците од Илинденското востание и другите националноослободителни борби на Македонија; заштитата на борците за демократски права и слободи и на учесниците во антифашистичката борба, на жртвите од фашистичкото насилство и трудовите и другите инвалиди;17) собирањето и обработката и статистички и други податоци од интерес на Републиката;18) здружувањето на граѓаните, јавните собири и јавните приредби; слободата на движењето и населувањето; пријавувањето на живеалиштето и боравиштето;19) правната положба на верските заедници;20) безбедноста на патниот, железничкиот и езерскиот сообраќај;21) заштитата од пожари и од елементарни непогоди;22) матичните книги, личните имиња и личните карти;23) заверката на потписи, ракописи и преписи;24) набавувањето, поседувањето, носењето, испробувањето и обележувањето на оружје и муниција;25) игрите на среќа.</s><s>Собранието може со закон да уредува и други работи што се од заеднички интерес за работните луѓе и граѓаните.</s><s>Овие закони се донесуваат со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори на Собранието, по редовна постапка.3. Собранието, во рамките на правата и должностите на Републиката, донесува закони и во областите што се уредени со сојузен закон.</s><s>Собранието може да донесува закони ако е тоа од интерес за остварувањето на правата и должностите на Републиката и во областите што се уредуваат со сојузен закон, ако таков закон не е донесен.4. Односите за кои во одредбите на Уставот на СРМ е предвидено да се уредуваат со сојузен закон, ќе се уредуваат со републички закон, доколку според Уставот на СФРЈ не се право и должност на Федерацијата.5. Во областите што се уредени со републички закон општините, во рамките на своите права и должности, можат да донесуваат прописи заради уредување на одделни прашања што не се уредени со законот.</s><s>Овие прописи мора да бидат во согласност со законот.</s><s>Општините можат со закон да бидат овластени да донесуваат прописи за извршување на одделни закони или на одделни нивни одредби.6. Со закон можат да се утврдат општи начела во следните области во кои работните луѓе и граѓаните самостојно ги уредуваат односите во општината, месната заедница, самоуправните интересни заедници и во организациите на здружениот труд:1) организацијата на општественото самоуправување во општината;2) организацијата на самоуправните интересни заедници во областа на образованието, науката, културата, здравството, детската заштита и во другите општествени дејности;3) урбанистичкото уредување на населбите;4) доделувањето, уредувањето и употребата на градежно земјиште;5) уредувањето и користењето на земјиштето и добрата во општа употреба;6) функционирањето и управувањето на комуналните работни организации;7) станбената изградба, нејзиното финансирање и управувањето (стопанисувањето) со становите;8) референдумот во општината, месната заедница, самоуправните интересни заедници и во организациите на здружениот труд.</s><s>Собранието може со закон да утврди општи начела и по други прашања кои работните луѓе и граѓаните самостојно ги уредуваат во општината, месната заедница, самоуправните интересни заедници и организациите на здружениот труд.</s><s>Овие закони се донесуваат со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори на Собранието.</s><s>Законот со кој се утврдуваат општи начела не се применува непосредно.7. Одлуките и другите општи акти што општините, месните заедници, самоуправните интересни заедници и организациите на здружениот труд ги донесуваат за уредување на работите од точка 6 на овој амандман мора да бидат во согласност со општите начела утврдени со законот.8. Во рамките на правата и должностите утврдени со Уставот на СРМ, републичките органи ја утврдуваат политиката на извршувањето на републичките закони и на другите општи акти на Собранието, го следат нивното извршување и вршат други политичко-извршни и управни работи.</s><s>Републичките органи, во рамките на правата и должностите на Републиката утврдени со Уставот на СРМ, непосредно одговараат за извршувањето и применувањето на републичките закони и на другите републички прописи, како и за извршувањето и применувањето на сојузните закони и на другите сојузни прописи во областите во кои сојузните органи не се непосредно одговорни.9. Со овој амандман се заменуваат членовите 115, 116 став 1 и 117 став 1 од Уставот и точка 1 на Амандманот XII.</s>
<s>1. Предлог да се пристапи кон измена на Уставот на СФРЈ, Собранието утврдува на заедничка седница на сите собори, со мнозинство гласови од сите пратеници на Собранието.</s><s>Иницијатива за поднесување предлог од Собранието да се пристапи кон измена на Уставот на СФРЈ може да поднесе секој собор на Собранието, Извршниот совет или најмалку триесет пратеници.2. Одлука за давање согласност на предлогот да се пристапи кон измена на Уставот на СФРЈ, Собранието донесува на заедничка седница на сите собори.</s><s>Одлуката за давање согласност на предлогот да се пристапи кон измена на Уставот на СФРЈ е усвоена ако за неа гласаат две третини од сите пратеници на Собранието.3. Нацртот на измената на Уставот на СФРЈ го претресуваат и мислење по него даваат сите собори на Собранието на посебни седници.</s><s>Мислењето по нацртот на измената на Уставот на СФРЈ соборите го утврдуваат во истоветен текст.4. Одлука за давање согласност на текстот на измената на Уставот на СФРЈ, прифатен во Сојузната скупштина, Собранието донесува на заедничка седница на сите собори.</s><s>Одлуката за давање согласност на текстот на измената на Уставот на СФРЈ е усвоена ако за неа гласаат две третини од сите пратеници на Собранието.</s>
<s>1. Собранието дава согласност по работите за кои одлучува Сојузната скупштина врз основа на согласност на собранијата на републиките и покраините.2. Ставот на Републиката по предлозите на актите од став 1 и 2 на точка 1 од Амандманот XXXIII од Уставот на СФРЈ го изнесува Извршниот совет, во согласност со општата политика на Собранието.</s><s>Ако Собранието претходно не утврдило политика по определено прашање, Извршниот совет ќе му предложи на Собранието да го разгледа тоа прашање и да му даде насоки за став по тоа прашање.</s><s>Собранието може по своја иницијатива да разгледува секое прашање или предлог на акт од став 1 и 2 на точка 1 од Амандманот XXXIII на Уставот на СФРЈ и да утврди став по нив.3. Ставот на Републиката по прашањата за кои одлучуваат сојузните органи на управата врз основа на усогласени ставови со надлежните републички и покраински органи го изнесува надлежниот републички орган на управата, во согласност со политиката на Собранието и со ставовите и заклучоците на Извршниот совет.4. За обезбедување учество на Републиката во постапката за усогласување на ставовите по прашањата од Амандманот XXXIII на Уставот на СФРЈ и за следење спроведувањето на политиката и извршувањето на прописите по тие прашања, Извршниот совет може да се договори со Сојузниот извршен совет и со извршните совети на републиките и на покраините за образување меѓурепублички комитети за одделни области.</s><s>Членовите на меѓурепубличките комитети од Републиката ги делегира Извршниот совет.</s><s>Ако определено прашање за кое органите на Федерацијата одлучуваат врз основа на усогласени ставови со надлежните републички и покраински органи спаѓа во областа за која е образуван меѓурепублички комитет, ставот за тоа прашање го изнесуваат претставниците на Републиката во тој комитет, во согласност со политиката на Собранието и со ставовите и заклучоците на Извршниот совет.</s>
<s>1. Социјалистичка Република Македонија соработува со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини и со нив развива меѓусебни односи во остварувањето на задачите од заеднички интерес, а особено во поглед на усогласувањето на стопанскиот и општиот општествен развој, во уредувањето на општествените односи и во другите дејности од надлежност на републиките и покраините кога е тоа во заеднички интерес и придонесува за создавање поповолни услови за остварување правата на работните луѓе, граѓаните, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации, рамноправноста на народите и народностите и за обезбедување на единството и стабилноста на југословенскиот пазар, надворешната политика, народната одбрана и безбедноста на земјата.</s><s>Оваа соработка ја остваруваат Собранието, Извршниот совет, републичките органи на управата, општинските собранија и нивните органи, оранизациите на здружениот труд и другите самоуправни организации, самоуправните интересни заедници, општествено-политичките организации и стручните и другите здруженија, во рамките на своите надлежности односно дејности.</s><s>Заради успешно остварување на соработката, органите на Социјалистичка Република Македонија во договор со надлежните органи на одделни или на сите републики и покраини можат да основаат заеднички органи, организации и други тела, да преземаат заеднички акции, да ги здружуваат средствата и да поттикнуваат размена на искуства и други облици на соработка.</s><s>Заклучоците на заедничките органи, организации и тела ги обврзуваат органите и организациите во Републиката само ако, во рамките на своите права и должности утврдени со Уставот на СРМ и со законите на Републиката, ги усвои надлежниот републички орган и ги пропише со соодветен пропис односно ги утврди со друг акт.2. Со овој амандман се заменува член 6 од Уставот.</s>
<s>1. Социјалистичка Република Македонија учествува рамноправно со другите социјалистички републики и социјалистичките автономни покраини во утврдувањето и спроведувањето на надворешната политика на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и на нејзините односи со другите држави и со меѓународните органи и организации.</s><s>Социјалистичка Република Македонија остварува соработка и воспоставува, одржува и развива односи со органи и организации на другите држави и со меѓународните органи и организации, во рамките на утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Југославија.2. Социјалистичка Република Македонија посебно се грижи за развивањето на политички, економски, културни и други односи со соседите, како и други држави и меѓународни органи и организации, што се од значење за Републиката или за правата и интересите на нејзините работни луѓе и граѓани, македонскиот народ и народностите, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации.</s><s>Социјалистичка Република Македонија се грижи за работните луѓе на привремена работа во странство и за иселениците од нејзиното подрачје.</s><s>Социјалистичка Република Македонија се грижи и го поттикнува и помага развојот и одржувањето на врските со Македонците во странство.3. Општините, организациите на здружениот труд и другите организации остваруваат соработка со соодветните странски и меѓународни органи и организации и со административните единици на странските држави, во рамките на утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Југославија и политиката на Републиката за оваа соработка.4. Одлука за давање согласност на меѓународните договори што бараат донесување на нови или измена на важечките републички закони или од кои произлегуваат посебни обврски за Републиката, Собранието донесува со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори.</s><s>Одлука за давање согласност на сојузниот закон со кој се утврдува постапката за склучување на меѓународните договори од претходниот став, Собранието донесува со мнозинство гласови на сите пратеници на надлежните собори.5. Во Собранието се образува комисија за прашања на односите со странство.</s><s>Комисијата го следи остварувањето на соработката и развојот на политичките, економските, културните и другите односи на Социјалистичка Република Македонија со други држави и со меѓународни органи и организации; ги следи и разгледува надворешно-политичките настани и активностите сврзани со прашања од значење за Републиката; го поттикнува и го следи одржувањето на врските со Македонците во странство и врши определени работи што се однесуваат на работните луѓе на привремена работа во странство и на иселениците од Републиката.</s>
<s>1. Двата члена на Претседателството на СФРЈ од СРМ ги избира Собранието на заедничка седница на сите собори, со тајно гласање.</s><s>За член на Претседателството на СФРЈ е избран кандидатот што добил мнозинство гласови од сите пратеници на Собранието.</s><s>Претседателот на Собранието по својата функција е член на Претседателството на СФРЈ.2. Избраните членови на Претседателството на СФРЈ имаат право да учествуваат во работата на Собранието, освен да учествуваат во одлучувањето и да бидат избрани во телата на Собранието и на постојани функции во Собранието.3. Членовите на Претседателството на СФРЈ се должни да ги изнесат пред Претседателството на СФРЈ ставовите на Собранието по прашањата од надлежноста на Претседателството на СФРЈ.</s><s>Членовите на Претседателството на СФРЈ го известуваат Собранието, по своја иницијатива или по негово барање, за прашањата од надлежноста на Претседателството на СФРЈ.</s><s>Членовите на Претседателството на СФРЈ го известуваат Собранието за прашањата по кои не е постигната согласност меѓу Сојузната скупштина и Претседателството на СФРЈ во случаите од став 1 и 2 на точка 8 од Амандманот XXXVI на Уставот на СФРЈ и му предлагаат да заземе став по тие прашања, а можат да му предлагаат на Собранието да разгледа и други прашања од надлежноста на Претседателството на СФРЈ и да заземе став по тие прашања.</s><s>Собранието ги разгледува и по своја иницијатива прашањата по кои не е постигната согласност меѓу Сојузната скупштина и Претседателството на СФРЈ во случаите од став 1 и 2 на точка 8 од Амандманот XXXVI на Уставот на СФРЈ и зазема став по тие прашања.4. Членовите на Претседателството на СФРЈ за својата работа во Претседателството на СФРЈ се одговорни пред Собранието кое може во случаите определени со закон да ги отповика.5. Постапката за избор и отповикување на членовите на Претседателството на СФРЈ се уредува со закон.</s>
<s>1. Социјалистичка Република Македонија ја претставува Собранието.</s><s>Претседателот на Собранието, во име на Собранието, ја претставува Социјалистичка Република Македонија.</s><s>Претседателот на Собранието го заменува потпретседателот на Собранието што ќе го определи Претседателството.2. Претседателот на Собранието го избира Собранието по предлог од Кандидационата конференција на Републичката конференција на ССРНМ, утврден по претходно мислење од општествено-политичките организации во општините.</s><s>Предлог за избор на претседател на Собранието можат да поднесат и најмалку триесет пратеници.</s>
<s>1. Собранието на Социјалистичка Република Македонија има Претседателство.</s><s>Претседателството на Собранието:- ја усогласува работата на соборите и на другите тела на Собранието во однос на донесувањето и остварувањето на нивните програми за работа;- ја усогласува работата на соборите на Собранието во поглед на начинот и роковите за претресување на прашања од нивниот рамноправен делокруг и ги определува предлозите и прашањата кои поради својата природа и значење треба првенствено да се решаваат;- го следи начинот на работа на телата на Собранието и дава иницијативи за унапредување на таа работа и со претседателите на комисиите, одборите и другите работни тела на Собранието и на неговите собори ги претресува прашањата во врска со работата на тие тела;- ја усогласува работата на Собранието и Извршниот совет во остварувањето на нивните програми за работа;- ја поттикнува и се грижи за остварувањето и унапредувањето на соработката на Собранието и неговите тела со Сојузната скупштина, собранијата на социјалистичките републики и со социјалистичките автономни покраини, општинските собранија и со општествено-политичките и други самоуправни организации во Републиката;- дава иницијатива за претресување на прашања од општо политичко значење;- одлучува за примање на делегации на претставнички тела и за испраќање делегации на Собранието во посета на претставнички тела и го определува нивниот состав;- поднесува предлози на одлуки за образување на постојни и повремени комисии и други тела на Собранието и на заеднички комисии на два или повеќе собори;- организира проучување на одделни актуелни политички прашања и други прашања од областа на општествено-економскиот и политичкиот систем и обезбедува соработка на Собранието, неговите собори и неговите тела со други органи и организации при разгледувањето на тие прашања;- ги толкува одредбите на Деловникот на Собранието за надлежноста на соборите и на другите негови тела, како и другите одредби на Деловникот и зазема ставови по прашањата од заеднички интерес за работата на соборите.</s><s>Седниците на Претседателството ги свикува и со нив раководи претседателот на Собранието.2. Претседателството на Собранието го сочинуваат претседателот и потпретседателите на Собранието, претседателите на соборите на Собранието и претседателот на Извршниот совет.3. Со овој амандман се заменува член 153 од Уставот.</s>
<s>1. Извршниот совет на Собранието го сочинуваат претседател и определен број членови.</s><s>Претседателот на Извршниот совет го избира Собранието по предлог од Кандидационата конференција на Републичката конференција на ССРНМ, утврден по претходно мислење од општествено-политичките организации во општините.</s><s>Предлог за избор на претседател на Извршниот совет можат да поднесат и најмалку триесет пратеници.</s><s>Членовите на Извршниот совет ги избира Собранието по предлог од кандидатот за претседател на Советот и врз основа на мислење од Комисијата за прашања на изборите и именувањата.</s><s>Собранието при изборот на членовите на Извршниот совет, по предлог од претседателот на Советот, именува од редот на членовите на Советот републички секретари и други функционери кои ќе раководат со републичките секретаријати и со определени други републички органи и организации што вршат работи од општ интерес за Републиката.</s><s>Ако претседателот или член на Извршниот совет биде избран од редот на пратениците, му престанува пратеничкиот мандат.2. Членовите на Извршниот совет уживаат имунитет.</s><s>Во поглед на имунитетот на членовите на Извршниот совет сходно се применуваат одредбите на член 160 од Уставот на СРМ.</s><s>За прашањата на имунитетот на членовите на Советот одлучува Извршниот совет.3. Извршниот совет е одговорен за спроведување на политиката и на законите и другите општи акти на Собранието и за таа цел ја насочува и координира работата на републичките органи на управата и презема други мерки во рамките на своите права и должности.4. Извршниот совет, во рамките на правата и должностите на Републиката, донесува уредби, одлуки и упатства за извршување на републичките закони и на другите општи акти на Собранието.5. Секој собор на Собранието може, по предлог од најмалку десет пратеници, членови на Соборот, да постави прашање на доверба на Извршниот совет.</s><s>Ако смета дека не е во состојба да го обезбеди спроведувањето на утврдената политика или извршувањето на законот или на другиот општ акт на Собранието, чие донесување се предлага, или дека не може да преземе одговорност за вршење на својата функција ако не се донесе законот или другиот општ акт чие донесување го предлага, Извршниот совет може да постави прашање на доверба.</s><s>По прашањето на доверба на Извршниот совет се води претрес во Собранието.</s><s>Ако надлежните собори му изгласаат недоверба на Извршниот совет, Советот е должен да поднесе оставка.6. Најмалку десет пратеници можат да покренат во својот собор интерпелација за претресување на определени политички прашања во врска со работата на Извршниот Совет.7. Ако Извршниот совет поднесе колективна оставка или ако му биде изгласана недоверба, Советот останува на должност до изборот на нов Извршен совет.8. Со овој амандман се заменуваат член 173 став 1, член 174, член 176, точка 5, член 177 став 2 и 5, член 178 став 3 и член 183 став 1 од Уставот, како и одредбите на Амандманот II став 1 што се однесуваат на републичките секретари и секретарот на Извршниот совет.</s>
<s>1. Неотуѓиво право и должност на македонскиот народ, народностите и етничките групи, на работните луѓе и граѓаните е да ја штитат и бранат независноста, суверенитетот, територијалната целокупност и со уставот утврденото општествено и политичко устројство на Социјалистичка Република Македонија и Социјалистичка Федеративна Република Југославија.2. Никој нема право да потпише или да признае капитулација или окупација на Социјалистичка Република Македонија или на нејзин дел.</s><s>Никој нема право да ги спречи граѓаните на Социјалистичка Република Македонија да водат борба против непријателот што ја нападнал земјата.3. Републиката, во согласност со основите на системот на народната одбрана, ја утврдува организацијата на народната одбрана, начинот и облиците на подготовките и начелата на плановите и подготвителните мерки во воена состојба; ја организира народната одбрана и раководи со територијалната одбрана и цивилната заштита, а во случај на напад на земјата раководи со општонародниот отпор на подрачјето на Републиката; се грижи за сразмерната застапеност на Македонците и народностите во старешинскиот состав на Југословенската народна армија; врши со закон определени работи за потребите на Југословенската народна армија.</s><s>Советот за народна одбрана ги координира, усогласува и насочува подготовките за народна одбрана; дава општи насоки за подготвување и мобилизирање на изворите и силите на Републиката за одбрана и ги утврдува основите на плановите во областа на народната одбрана на подрачјето на Републиката.4. Територијалната одбрана е најширок облик на организиран вооружен општонароден отпор и дел на вооружените сили на Југославија.</s><s>Територијалната одбрана ја сочинуваат вооружени единици и други облици на вооружен општонароден отпор, што ги формираат и организираат Републиката, општините и организациите на здружениот труд.</s><s>Во рамките на старешинскиот кадар на раководните должности во територијалната одбрана се применува начелото за што посразмерна застапеност на припадниците на народностите во Републиката.</s><s>Со територијалната одбрана и територијалните единици во Републиката, Главниот штаб за народна одбрана на Македонија во мир раководи и командува, а во војна командува.5. Цивилната заштита е составен дел на народната одбрана и врши заштита и спасување на населението и материјалните добра од воени дејства, елементарни непогоди и други општи опасности.</s><s>Цивилната заштита ја сочинуваат единици за заштита и спасување на населението и материјалните добра, што се организираат во Републиката, општините и организациите на здружениот труд.6. Право и должност на општините е, во согласност со основите на системот на народната одбрана, секоја на својата територија да ја уредува и организира народната одбрана, да ги насочува подготовките на месните заедници и на другите самоуправни организации во оваа област, да раководат со територијалната одбрана и цивилната заштита, а во случај на напад на земјата да раководи со општонародниот отпор.7. Организациите на здружениот труд и другите организации го вршат правото и должноста на одбрана на земјата, во согласност со законот, плановите и одлуките на општествено-политичките заедници, обезбедуваат средства и вршат други задечи од интерес за народната одбрана.</s><s>Овие организации се одговорни за извршувањето на тие задачи.8. Со овој амандман се заменува член 76 од Уставот.</s>
<s>1. За спроведување на Уставните амандмани XV до XXXIX и за обезбедување премин кон нивната примена ќе се донесе уставен закон.</s><s>Предлогот на уставниот закон се усвојува сходно со одредбите на Амандман IX точка 2, став 6 до 8 што важат за усвојување на измената на Уставот на СРМ.2. Одредбите на Уставот на СРМ што не се заменети односно укинати со Уставните амандмани XV до XXXIX се толкуваат и се применуваат во согласност со тие амандмани.</s>
<s>Поврзано
Уставен закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1963)
Закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1965)
Уставен закон за спроведување на уставниот амандман X (1969)
Уставен закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1971)
Исправка на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1972)
Уставен закон за изменување и дополнување уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на СР Македонија (1972)
Уставен закон за продолжување на роковите утврдени со уставниот закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1973)
Уставен закон за измени на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1965)
Уставен закон за продолжување мандатот на пратениците, функционерите и одборниците на општинските собранија (1973)</s>
<s>Устави на Македонија
Законска регулатива на Македонија</s>
|
8749 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%20%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C%20-%20%D0%97%D0%BC%D0%B0%D1%98 | Јован Јовановиќ - Змај | <s>Јован Јовановиќ-Змај (српски: Јован Јовановић Змај; Нови Сад, 24 ноември 1833 - Сремска Каменица, 3 јуни 1904) — српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпопуларните детски писатели, кој се смета за родоначалник на српската поезија.</s>
<s>Творештво
Детска поезија
„Рачиња си мие“
„Мачка предела“
„Што сме дочекале“
„Разговор со мачето“
„Малиот коњаник“
„Сестра братче лула“
„Добри соседи“
„Мачка и врапче“
„Ветар“
„Мјау - мјау“
„Штркот“
„Ајте в гора“
„Дожд“
„Благодарам“
„Кокошка и лисица“
„Јаре, јаренце“
„Разбиена војска“
„Зимска песна“
„Јованка градинарка“
„Што ни вели петелот“
„Петре како доктор“
„Училиште за шатчиња“
„Гулабице моја“
„Појадок“
„Циганинот го фали својот коњ“
„Кое е поубаво“
„Пролетна“
„Дете и пеперутка“
„Гатанка“
„Што гледам“
„Последниот лешник“</s>
<s>Надворешни врски
Јован Јовановиќ-Змај на Википедија.</s>
<s>Јован Јовановиќ - Змај</s>
|
8817 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B4%D0%B3%D0%B0%D1%80%20%D0%90%D0%BB%D0%B0%D0%BD%20%D0%9F%D0%BE | Едгар Алан По | <s>Едгар Алан По (англиски: Edgar Allan Poe, 19 јануари 1809 - 7 октомври 1849) — американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот.</s><s>Најпознат по своите мистериозни и раскази за макабрата, По е еден од првите американски писатели на раскази и се смета за творец на детективската и криминалистичката проза.</s><s>Исто така, нему му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика.</s><s>[1].</s><s>Тој е првиот познат американски писател кој живеел само од пишување, што се резултирало во финансиски тежок живот и кариера.</s>
<s>Творештво</s>
<s>Поезија
„Гарванот“
„Песна“
„Во сонот“
„Сон“
„Најсреќниот ден - најсреќниот час“
„Езеро: На...“
„На...“
„На реката“
„На“
„Кон Елена“
„Израфел“
„Градот во морето“
„Ленора“
„Колосеум“
„На онаа во рајот“
„Химна“
„Палата на сеништата“
„Земја на соништата“
„Јулејли“
„Јулалум“
„Елдорадо“
„На мајка ми“
„Анабел Ли“
„Ѕвона“</s>
<s>Едгар Алан По</s>
|
8872 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80%20%D0%9F%D0%BE%D0%BF%20%D0%A2%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%D0%B2 | Лазар Поп Трајков | <s>Лазар Поп Трајков (10 април 1878 - 11/12 октомври 1903) — македонски револуционер и писател, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.</s>
<s>Творештво
„Локвата и Вињари“</s>
<s>Лазар Поп Трајков</s>
|
8875 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9B%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80%20%D0%9F%D0%BE%D0%BF%20%D0%A2%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%D0%B2/%20%D0%9B%D0%BE%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%92%D0%B8%D1%9A%D0%B0%D1%80%D0%B8 | Лазар Поп Трајков/ Локвата и Вињари | <s></s>
<s>Поврзано
Лазар Поп Трајков</s>
<s>Надворешни врски
„примерок од весникот 4 копии од јули 1924, факсимил
„Локвата и Вињаери“, блог-запис
Локвата и вињари, Македоника</s>
<s>Едгар Алан По
Поеми</s>
|
8881 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80 | Преспански договор | <s></s>
<s>СПОГОДБА: КОНЕЧНА СПОГОДБА ЗА РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ ОПИШАНИ ВО РЕЗОЛУЦИИТЕ 817 (1993) И 845 (1993) НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА ОД 1995 г. И ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СТРАНИТЕ
Превод на македонски јазик</s>
<s>ПРЕАМБУЛА</s>
<s>Првата страна, Грција („Првата страна“) и Втората страна, која беше примена во Обединетите нации согласно резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 г. на Генералното собрание на Обединетите
нации („Втората страна”), заедно именувани како „Страните“,</s>
<s>Повикувајќи се на начелата и целите на Повелбата на Обединетите нации, Завршниот документ од Хелсинки од 1975 г., релевантните акти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и вредностите и начелата на Совет на Европа,
Водени од духот и начелата на демократијата, почитувањето на човековите права и основни слободи и достоинство,
Придржувајќи се кон одредбите од Повелбата на Обединетите нации и особено оние коишто се однесуваат на обврската на државите во своите меѓународни односи да се воздржуваат од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава,
Нагласувајќи ја нивната целосна заложба за начелата за неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државите, содржани во Завршниот документ од Хелсинки од 1975 г.,
Потврдувајќи ја постоечката граница меѓу нив како трајна меѓународна граница,
Целосно согласни запотребата од зајакнување на мирот, стабилноста, безбедноста и натамошното унапредување на соработката во Југоисточна Европа,
Со желба да ја зајакнат атмосферата на доверба и добрососедски односи во Регионот и трајно да ги прекинат сите непријателски ставови, коишто би можеле сè уште да опстојуваат и согласувајќи се за потребата од воздржување од иредентизам и ревизионизам во која било форма,
Повикувајќи се на нивната обврска, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, под каков било изговор и во која било форма, да не се мешаат во внатрешните работи и надлежноста на другата Страна,
Подвлекувајќи ја, исто така, важноста на развивањето на пријателски односи меѓу државите и потребата споровите да се решаваат на мирен начин, во согласност со Повелбата на Обединети нации,
Решавајќи ги разликите во согласност со Резолуцијата 817 (1993) од 7 април 1993 г. и Резолуцијата 845(1993) од 18 јуни 1993 г., на Советот за безбедност, како и член 5 од Привремената спогодба од 13 септември 1995 г. на достоинствен и одржлив начин, имајќи ги предвид важноста на прашањето и чувствителностите на секоја Страна,
Земајќи ја предвид Резолуцијата на Генералното собрание47/225 од 8 април 1993 г.,
Имајќи ја предвид Привремената спогодба, Меморандумот од 13 октомври 1995 г. за практичните мерки поврзани со Привремената спогодба, Меморандумот за заемно воспоставување на канцеларии за врски во Скопје и Атина од 20 октомври 1995 г., како и процесот на Мерките за градење на довербата,
Подвлекувајќи ја нивната силна желба за заемно пријателство, добрососедство и партнерство за соработка,
Со заложба да ги зајакнат, прошират и продлабочат своите билатерални односи и да постават цврсти темели за зајакнување и почитување на добрососедските односи и за развивање на нивната севкупна билатерална соработка,
Стремејќи се да ја зајакнат и прошират својата билатерална соработка и да ја надградат на ниво на стратешко партнерство, во областите на земјоделството, цивилната заштита, одбраната, економијата, енергијата, животната средина, индустријата, инфраструктурата, инвестициите, политичките односи, туризмот, трговијата, прекуграничната соработка и транспортот, ползувајќи ги притоа придобивките од постоечките Мерки за градење на довербата,
Се договорија за следново:</s>
<s>ДЕЛ 1: РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКАТА ОКОЛУ ИМЕTO, НЕЗАОКРУЖЕНИТЕ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО ИСТОТО И ЗАЦВРСТУВАЊЕ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ</s>
<s>Член 1</s>
<s>1. Оваа Спогодба е конечна и со нејзиното влегување во сила престанува да важи Привремената спогодба меѓу Страните, потпишана во Њујорк, на 13 септември 1995 г.</s>
<s>2.Страните го прифаќаат како обврзувачки исходот од преговорите, коишто се одвиваа под покровителство на Обединетите нации, а кои Страните беа обврзани да ги водат во согласност со Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 945 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, како и во согласност со Привремената спогодба од 1995 г.</s>
<s>3. Согласно тие преговори, заемно е прифатено и договорено следново:</s>
<s>а) Официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија“, што ќе претставува уставно име на Втората страна и ќе се употребува erga omnes, како што е предвидено во оваа спогодба.</s><s>Скратеното име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија“.</s>
<s>б) Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи.</s>
<s>в) Официјалниот јазик на Втората страна ќе биде „македонски јазик“,како што е признаено на Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 г. и како што е опишано во член 7, став (3) и став (4) од оваа спогодба.</s>
<s>г) Термините „Македонија“ и „македонски“ го имаат значењето дадено во член 7 од оваа спогодба.</s>
<s>д) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК.</s><s>За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).</s>
<s>ѓ) Придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име на Втората страна или со нејзиното скратено име, односно „на Република Северна Македонија“ или „ на Северна Македонија“.</s><s>Други употреби на придавката, вклучително и употребата на придавкатаво однос на приватни ентитети и актери, кои не се поврзани со државата и јавните ентитети, кои не се основани со закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за активности надвор од државата, можат да бидат во согласност со член 7, став (3) и став (4).</s><s>Употребата на придавката за активности може да биде во согласност со член 7, став (3) и став (4).</s><s>Ова не влијае на процесот воспоставен според член 1, став 3(ж) и на постојните сложени имиња на градовите на датумот на потпишување на оваа спогодба.</s>
<s>е) Втората страна ќе го прифати името „Република Северна Македонија“ како нејзиното официјално име, како и термините наведени во член 1, став (3), спроведувајќи внатрешна постапка која е и обврзувачка и неотповиклива и ќе вклучи усвојување на амандман на Уставот, како што е договорено со оваа спогодба.</s>
<s>ж) Во врска со погоренаведеното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, Страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво.</s><s>За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група на експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО.</s><s>Оваа Група на експерти ќе се формира во текот на2019 г. и ќе ја заврши својата работа во рок од три години.</s><s>Ниту една одредба од член 1, став 3 (ж) нема да влијае на сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемна согласност, како што е предвидено во оваа алинеја.</s>
<s>4. По потпишувањето на оваа спогодба, Страните ќе ги спроведат следниве чекори:</s>
<s>а) Втората страна без одлагање ќе ја поднесе Спогодбата до Собранието за ратификација.</s>
<s>б) По ратификацијата на Спогодбата во Собранието на Втората страна, Втората страна ќе ја извести Првата страна дека Собранието на Втората страна ја ратификувало Спогодбата.</s>
<s>в) Втората страна, доколку така одлучи, ќе одржи референдум.</s>
<s>г) Втората страна ќе ја започне постапката за усвојување на амандмани на Уставот, како што е предвидено во оваа спогодба.</s>
<s>д) Втората страна во целост ќе ги усвои амандманите на Уставот до крајот на 2018 г.</s>
<s>ѓ) По известувањето од Втората страна за завршување на постапката за усвојување на погоренаведените амандмани на Уставот и за завршувањето на сите внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во сила на оваа спогодба, Првата страна веднаш ќе ја ратификува оваа спогодба.</s>
<s>5. По влегувањето во сила на оваа спогодба, Страните ќе го употребуваат името и термините наведени во член 1, став 3 во сите релевантни меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми, вклучително и на сите состаноци и во вкупната кореспонденција и во сите нивни билатерални односи со сите држави – членки на Обединетите нации.</s>
<s>6. Конкретно, веднаш по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе:</s>
<s>а) Ги извести сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми, чиј член е, за влегувањето во сила на оваа спогодба и потоа ќе побара од сите тие организации, институции и форуми да го прифатат и употребуваат името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба за сите намени и цели.</s><s>Двете Страни, исто така, ќе и се обраќаат на Втората страна во согласност со
член 1, став 3 во вкупната комуникација кон, со и во рамките на таквите организации, институции и форуми.</s>
<s>б) Ги извести ситедржави – членки на Обединети нации за влегувањето во сила на оваа спогодба и ќе побара од истите да го прифатат и да го користат името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба за сите намени и цели, вклучително и во сите свои билатерални односи и комуникација.</s>
<s>7. По влегување во сила на оваа спогодба и во согласност со одредбите од член 1, став (9) и став (10) термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, „ПЈР.</s><s>Македонија“, во преведена или непреведена форма, како и привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ и кратенката „ПЈРМ“ ќе престанат да се употребуваат за обраќање кон Втората страна во каков било официјален контекст.</s>
<s>8. По влегувањето во сила на оваа спогодба, а земајќи го предвид член 1, став (9) и став (10), Страните ќе го користат името и термините од член 1, став 3 за сите намени и цели erga omnes, односно за внатрешна употреба, потоа во сите свои билатерални односи и во сите регионални и меѓународни организации и институции.</s>
<s>9. По влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна веднаш и во согласност со разумните административни практики ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел надлежните органи на земјата од тогаш понатаму внатрешно да го употребуваат името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во сите нови службени документи, кореспонденција и релевантни материјали.</s>
<s>10.</s><s>Во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од властите на Втората страна, Страните се согласни да има два преодни периода, еден „технички“ и еден „политички“:</s>
<s>а) „Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата.</s><s>Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа спогодба.</s>
<s>б) „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна.</s><s>Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.</s>
<s>11.</s><s>Постапките за брзо усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, а со цел целосно спроведување на одредбите од оваа спогодба, ќе започнат по ратификацијата на оваа спогодба од нејзиното Собрание или по референдумот, доколку Втората страна одлучи да одржи референдум.</s>
<s>12.</s><s>Името и термините наведени во член 1 од оваа спогодба ќе бидат вградени во Уставот на Втората страна.</s><s>Ваквата промена ќе се изврши наеднаш и севкупно со еден амандман.</s><s>Според таквиот амандман, името и термините ќе се сменат следствено во сите членови од Уставот.</s><s>Натаму, Втората страна ќе пристапи кон усвојување на соодветни амандмани на Преамбулата, член 3 и член 49 од Уставот, како дел од постапката за менување на Уставот.</s>
<s>13.</s><s>Во случај на грешки и пропусти во правилната употреба на името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба во контекст на меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции, коресподенција, состаноци и форуми, како и во вкупните билатерални односи на Втората страна со трети држави и ентитети, која било од Страните може да побара веднаш да се изврши корекција и да се одбегнуваат слични грешки во иднина.</s>
<s>ЧЛЕН 2
1. Првата страна се согласува да не приговара на барањата за членство или членството на Втората страна, под името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во меѓународните, мултилатералните и регионални организации и институции, во кои членува Првата страна.</s>
<s>2. Втората страна ќе бара прием во меѓународните, мултилатералните и регионалните организации и институции под името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба.</s>
<s>3. По влегувањето во сила на оваа спогодба, а во согласност со член 1 од истата, Првата страна ќе ратификува каква било спогодба за пристапување на Втората страна кон меѓународни организации, во кои членува Првата страна.</s>
<s>4. Конкретно, во однос на процесот на интеграција на Втората страна во Европска унија (ЕУ) и Северно-атлантската договорна организација (НАТО), ќе се применува следното:</s>
<s>а) Втората страна ќе бара членства во НАТО и ЕУ под името и термините од член 1 од оваа спогодба.</s><s>Зачленувањето во НАТО и ЕУ ќе се одвива со истото име и термини.</s>
<s>б) По добивање на известување дека Собранието на Втората страна ја ратификувало оваа спогодба, Првата страна веднаш:</s>
<s>(i) ќе го извести Претседателот на Советот на Европската унија дека дава поддршка за почеток на преговори за членство на Втората страна во Европската унија, под името и термините од член 1 од оваа спогодба.</s>
<s>(ii) ќе го извести генералниот секретар на НАТО дека дава поддршка НАТО да ѝ упати покана за пристапување на Втората страна.</s><s>Таквата поддршка на Првата страна е условена, прво, со исходот на референдумот, доколку Втората страна одлучи да одржи референдум, во согласност со оваа спогодба, и второ, со целосното усвојување на амандмани на Уставот, како што е предвидено во оваа спогодба.</s><s>По добивањето на
известување од Втората страна дека ги завршила сите нејзини внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во сила на оваа спогодба, вклучително и по завршувањето на можен референдум на национално ниво со исход кој е конзистентен со оваа спогодба и по завршувањето на постапката за усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, Првата страна ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Втората страна во НАТО.</s><s>Оваа постапка за ратификација ќе се заврши заедно со постапката за ратификација на оваа спогодба.</s>
<s>ЧЛЕН 3</s>
<s>1. Страните со ова ја потврдуваат нивната постоечка меѓусебна граница како трајна и неповредлива меѓународна граница.</s><s>Ниту една од Страните нема да има или да поддржува никакви претензии кон кој било дел од територијата на другата Страна, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебна постоечка граница.</s><s>Покрај тоа, ниту една од Страните нема да поддржувакакви било вакви претензии кои може да ги изнесат трети страни.</s>
<s>2. Секоја од Страните се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата Страна.</s><s>Ниту една од Страните нема да поддржува какви било активности на трети страни насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на другата Страна.</s>
<s>3.Двете Страни ќе се воздржуваат, а во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обедините нации, од закани или употреба на сила, вклучително и од закани или употреба на сила со намера да се наруши нивната меѓусебна постоечка граница.</s>
<s>4. Двете Страни се обврзуваат дека нема да преземаат, поттикнуваат, поддржуваат и/или толерираат какви било дејности или активности од непријателски карактер насочени против другата Страна.</s><s>Ниту една од Страните нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата Страна од трети страни, организации, групи или поединци, коишто изведуваат или се обидуваат да изведат субверзивни, сецесионистички дејствија, или дејствија или активности коишто претставуваат закана на каков било начин за мирот, стабилноста или безбедноста на другата Страна.</s><s>Секоја од Страните без одлагање ќе ѝ пренесе на другата Страна информации кои истата ги поседува во однос на такви дејности или намери.</s>
<s>ЧЛЕН 4
1. Секоја од Страните со ова се обврзува и свечено изјавува дека ниту една одредба од нејзиниот Устав, како што е во сила или како што ќе биде изменет во иднина, не може и не треба да се толкува на начин, кој преставува или кога било ќе претставува основа за претензија кон која било област која не е во рамките на нејзините постоечки меѓународни граници.</s>
<s>2. Секоја од Страните се обврзува да не дава, ниту да одобрува какви било иредентистички изјави и дека нема да одобрува какви било вакви изјави дадени од оние кои тврдат дека дејствуваат во името или во интерес на една од Страните.</s>
<s>3. Секоја од Страните со ова се обврзува и свечено изјавува дека ниту една одредба од нејзиниот Устав, како што е во сила или како што ќе биде изменет во иднина, не може или не треба да се толкува на начин кој преставува или кога било ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата Страна, во каква било форма или заради каква било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и првата на кои било лица кои не се нејзини граѓани.</s>
<s>ЧЛЕН 5</s>
<s>1. Во вршењето на своите работи, Страните ќе се раководат од духот и начелата на демократијата, фундаменталните слободи, почитувањето на човековите права и достоинство и владеењето на правото, во согласност со Повелбата на Обединетите нации, Универзалната декларација за човекови права1, Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи2, Меѓународната конвенција за елиминација на сите форма на расна дискриминација3 , Конвенцијата за правата на детето4, Завршниот документ од Хелсинки, Документот од состанокот во Копенхаген на Конференцијата за човековата димензија на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа и Париската повелба за нова Европа, и други меѓународни спогодби и инструменти кон кои пристапиле двете Страни.</s>
<s>2. Ниту една одредба од кој било инструмент наведен во ставот 1 погоре нема да се толкува дека ѝ дава право на која било од Страните да презема дејствија спротивни на целите и начелата на Повелбата на Обедините нации или Завршниот документ од Хелсинки, вклучително и спротивно на начелото на територијален интегритет на државите.</s>
<s>ЧЛЕН 6</s>
<s>1. Со цел јакнење на пријателските билатерални односи, секоја од Страните веднаш ќе преземе делотворни мерки за забрана на какви било непријателски активности, дејствија или пропаганда од страна на државни органи или органи под директна или индиректна контрола на државата и ќе спречи дејствија кои многу веројатно ќе поттикнат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам против другата Страна.</s><s>Доколку се јават такви дејствија, двете Страни ќе ги преземат сите потребни мерки.</s>
<s>2. Секоја од Страните веднаш ќе преземе делотворни мерки за да обесхрабри и спречи какви било дејствија од приватни ентитети, дејствија кои многу веројатно ќе поттикнат насилство, омраза или непријателство против другата Страна.</s><s>Доколку приватен ентитет на територијата на која било од Страните спроведува такви дејствија без знаење на таа Страна, таа Страна, откога ќе дознае за таквите дејствија, веднаш ќе ги преземе неопходните мерки, предвидени со закон.</s>
<s>3. Секоја од Страните ќе спречува и обесхрабрува дејствија, вклучително и дејствија на пропаганда од страна на приватни ентитети, дејствија коишто многу веројатно ќе поттикнат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам против другата Страна.</s>
<s>ЧЛЕН 7</s>
<s>1. Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство.</s>
<s>2.Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден.</s>
<s>3. Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2).</s>
<s>4. Втората страна изјавувадека нејзиниот официјален јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата на јужнословенски јазици.</s><s>Двете Страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна.</s>
<s>5. Ниту една одредба од оваа Спогодба нема цел на кој било начин да ја поткопа, измени или да влијае на употребата од страна на граѓаните на двете Страни.</s>
<s>ЧЛЕН 8
1. Доколку која било од двете Страни верува дека еден или повеќе симболи кои преставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство ги употребува другата Страна, таа за таквата наводна употреба ќе ѝ укаже на другата Страна, а другата Страна ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да се справи со прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство.</s>
<s>2. Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство.</s>
<s>3. Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме.</s><s>Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија.</s><s>Археолошките артефакти не
спаѓаат во опфатот на оваа одредба.</s>
<s>4. Секоја од Страните ќе се придржува кон препораките на Конференцијата на Обединетите нации за стандардизација на географските имиња во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на територијата на другата Страна, давајќи притоа приоритет на користењето на ендоними, наместо егзоними.</s>
<s>5. Во рок од еден месец од потпишувањето на оваа спогодба, Страните преку размена на дипломатски ноти, на рамноправна основа, ќе формираат Заеднички интередисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, којшто ќе го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на автентични, засновани на докази и научно издржани историски извори и археолошки наоди.</s><s>Министерствата за надворешни работи на двете Страни ќе ја надгледуваат работата на Комитетот, а во соработка со други надлежни државнивласти.</s><s>Комитетот ќе разгледа и доколку утврди дека е соодветно, ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од Страните, во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа.</s><s>За оваа цел, Комитет ќе дефинира конкретни временски рамки за да се обезбеди дека во секоја од Страните ниту еден учебник или помошен наставен материјал што се користи во годината по потпишувањео на оваа спогодба не содржи какви било иредентистички/ревизионистички упатувања.</s><s>Комитетот, исто така, ќе ги проучи и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали, како што е предвидено во овој член.</s><s>Комитетот редовно ќе се состанува, а најмалку двапати годишно и ќе поднесува годишен извештај за своите активности, како и препораки кои треба да бидат одобрени од Советот за соработка на високо ниво, кој ќе се формира во согласност со член 12.</s>
<s>6. Страните прифаќаат дека наведените заемно прифатени решенија, коишто произлегуваат од преговорите, ќе придонесат кон конечното воспоставување на мирољубиви и добрососедски односи во Регионот, во согласност со Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.</s>
<s>ДЕЛ 2: ИНТЕНЗИВИРАЊЕ И ЗБОГАТУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ДВЕТЕСТРАНИ</s>
<s>ЧЛЕН 9</s>
<s>1. Страните се согласуваат дека нивната стратешка соработка ќе ги опфати сите сектори, како што се земјоделство, цивилна заштита, одбрана, економија, енергија, животна средина, индустрија, инфраструктура, инвестиции, политички односи, туризам, трговија, прекугранична соработка и транспорт.</s><s>Ваквата стратешка соработка ќе се применува не само во секторите опфатени со оваа спогодба, туку исто така и во оние сектори кои во иднина ќе се сметаат за корисни и неопходни за двете земји.</s><s>Сите овие сектори треба да се вградат во сеопфатен акциски план во текот на развивањето на билатералните односи.</s>
<s>2. Постоечките Мерки за градење на довербата ќе бидат вградени во наведениот акциски план.</s><s>Акцискиот план има за цел спроведување на одредбите од овој дел од оваа спогодба.</s><s>Акцискиот план континуирано ќе се збогатува и развива.</s>
<s>ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ</s>
<s>ЧЛЕН 10</s>
<s>По влегувањето во сила на оваа спогодба:</s>
<s>1. Првата страна веднаш ќе го подигне нивото:</s>
<s>а) на нејзината постоечка Канцеларија за врски во главниот град на Втората страна на ниво на амбасада; и</s>
<s>б) на нејзината постоечка Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи во градот Битола во Втората страна на ниво на генерален конзулат; и</s>
<s>2. Втората страна веднаш ќе го подигне нивото:</s>
<s>а) на нејзината постоечка Канцеларија за врски во главниот град на Првата страна на ниво на амбасада; и</s>
<s>б) на нејзината постоечка Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи во градот Thessaloniki (Солун) на ниво на генерален конзулат.</s>
<s>СОРАБОТКА ВО КОНТЕКСТ НА МЕЃУНАРОДНИ И РЕГИОНАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ФОРУМИ</s>
<s>ЧЛЕН 11
Страните тесно ќе соработуваат, билатерално и во рамките на регионалните организации и иницијативи, со цел да обезбедат дека Југоисточна Европа ќе стане регион на мир, раст и просперитет за нејзините народи.</s><s>Тие ќе ја унапредуваат и ќе соработуваат во дефинирањето на соработката на регионално ниво, а меѓу другото, ќе соработуваат и на заемната поддршка на нивните кандидатури во контекст на меѓународните, мултилатералните и регионалните организации и институции, како што се Обединетите нации, ОБСЕ и Советот на Европа.</s>
<s>ПОЛИТИЧКА И ОПШТЕСТВЕНА СОРАБОТКА</s>
<s>ЧЛЕН 12</s>
<s>1. Страните се согласуваат да ги зајакнат и натаму да ги развиваат своите билатерални политички односи, преку редовни посети, состаноци и консултации на високо политичко и дипломатско ниво.</s>
<s>2. Страните ќе формираат Совет за соработка на високо ниво (ССВН), кој ќе го сочинуваат претставници на нивните влади, заеднички предводен од нивните премиери.</s>
<s>3. ССВН ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа спогодба и акцискиот план кој ќе произлезе од истата.</s><s>ССВН ќе донесува одлуки и ќе промовира активности и мерки за подобрување и надградување на билатералната соработка меѓу двете Страни и ќе разгледува какви било прашања кои може да произлезат во текот на спроведувањето на оваа спогодба и акцискиот план што ќе произлезе од истата, а со цел решавање на таквите прашања.</s>
<s>4. Страните се убедени дека развојот и јакнењето на непосредните контакти меѓу луѓето се од суштинско значење за развој на пријателството, соработката и добрососедството меѓу Страните и нивните народи.</s><s>Тие ќе ги поддржуваат и поттикнуваат таквите контакти и средби меѓу нивните граѓани на сите соодветни нивоа.</s>
<s>5. Страните ќе дадат поддршка и ќе ги поттикнат контактите меѓу нивните граѓански општества, како и меѓу нивните институции и локални власти, вклучително и активностите за соработка меѓу младите и студентите, како и нивна размена, а со цел постигнување на подобро разбирање и соработкамеѓу нивните народи.</s>
<s>ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА</s>
<s>ЧЛЕН 13
Земајќи го предвид фактот дека Втората страна е држава без излез на море, Страните ќе се раководат од релевантните одредби на Конвенцијата на Обединетите нации за правото на
морето, колку што истата е применлива во практика и при склучување спогодби наведени во член 18 од оваа спогодба.</s>
<s>ЧЛЕН 14
1. Страните натаму ќе ја развиваат нивната економска соработка во сите области.</s><s>Особен фокус ќе се стави на јакнење, зацврстување и продлабочување на нивната билатерална соработка во областа на земјоделството, енергијата, животната средина, индустријата, инфраструктурата, инвестициите, туризмот, трговијата и транспортот.</s><s>За постигнување на овие цели, Страните ќе ги исползуваат и искористат постоечките Мерки за градење на довербата, коишто претставуваат заемно корисна платформа за соработка, која ќе се развие во акциски план.</s>
<s>2. Страните ќе поттикнуваат заемни инвестиции и ќе ги преземат сите неопходни мерки за нивна делотворна заштита, вклучително и мерки против прекумерна бирократија и за надминување на институционалните, административните и даночни пречки.</s><s>Страните особено ќе се фокусираат врз соработката меѓу компаниите, деловните субјекти и индустриите на секоја од Страните.</s>
<s>3. Страните ќе се воздржат од наметнување на каква било пречка за движењето на луѓе и стоки меѓу нивните територии и преку територијата на која било од двете Страни на територијата на другата Страна.</s><s>Страните ќе соработуваат за да го олеснат таквото движење во склад со меѓународното право.</s>
<s>4. Страните ќе ја развиваат и поттикнуваат нивната соработка во енергетскиот сектор, имено преку изградба, одржување и искористување на интерконективни гасоводи и нафтоводи (постоечките, оние коишто се во изградба и проектираните), а ќе соработуваат и во однос на изворите на обновлива енергија, вклучително и на соларни, на ветер и хидроелектрични капацитети.</s><s>Можните нерешени прашања брзо ќе се разгледаат и ќе се постигне заемно прифатливо решение, при што особено ќе се земе предвид Европската политика за енергија и европското законодавство во оваа област.</s><s>Првата страна ќе ѝ помогне на Втората страна преку соодветно пренесување на знаења и експертиза.</s>
<s>5. Страните ќе промовираат, прошируваат и подобруваат кооперативна синергија во областите на инфраструктурата и транспортот, а на реципрочна основа и во областите на патниот, железничкиот, поморскиот и воздушниот транспорт и комуникациски врски, користејќи ги најдобрите достапни технологии и практики.</s><s>Тие, исто така, ќе го овозможат транзитот меѓу нив на стоки, товар и стоки преку инфраструктурата, вклучително и преку пристаништа и аеродроми, на територијата на секоја од Страните.</s><s>Страните ќе се придржуваат кон меѓународните правила и регулативи во однос на транзитот, телекомуникациите, знаците и кодовите.</s><s>Првата страна ќе го направи тоа до онаа мерка и на начин што ќе биде во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската унија и други меѓународни инструменти.</s><s>Втората страна ќе го стори тоа до онаа мерка и на начин што ќе биде во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членството во меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации каде истата членува во времето на влегување во сила на оваа спогодба, како и обврските кои ќе произлезат од нејзиното членство во Европската унија, откога ќе се предложи нејзиното пристапување кон истата.</s>
<s>6. Страните ќе настојуваат да ги подобрат и модернизираат постоечките гранични премини, како што тоа го бара протокот на сообраќај, а исто така ќе градат и нови гранични премини, со цел да се поттикне туристичката и трговска размена меѓу нив.</s>
<s>7. Страните ќе преземаат мерки за да обезбедат заштита на животната средина и зачувување на природната средина во прекуграничните води и нивното опкружување и ќе соработуваат во настојувањата за намалување и отстранување на сите форми на загадување.</s><s>Страните ќе настојуваат да развиваат и усогласат стратегии и програми за регионална и меѓународна соработка за заштита на животната средина.</s>
<s>8. Страните ќе дадат поддршка за проширување на туристичката размена и за развојот на нивната соработка на полињата на алтернативниот туризам, вклучително и културниот, верскиот, образовниот, медицинскиот и спортскиот туризам и ќе соработуваат за подобрување и унапредување на деловните и туристички патувања меѓу нив.</s>
<s>9. Страните ќе формираат Заеднички министерски комитет (ЗМК) кој ќе има за цел да ја постигне најдобрата можна соработка во погоре споменатите сектори на економското партнерство, вклучително и преку организирање на заеднички деловни форуми.</s><s>Комитетот ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе управува со текот на билатералната економска соработка, со сеопфатната примена на релевантни секторски дејности, спогодби, протоколи и договорни рамки, како и сите идни релевантни спогодби.</s><s>Страните поттикнуваат што е можно поблиска соработка меѓу нивните стопански комори.</s>
<s>СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТИТЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО, НАУКАТА, КУЛТУРАТА, ИСТРАЖУВАЊЕТО, ТЕХНОЛОГИЈАТА, ЗДРАВСТВОТО И СПОРТОТ</s>
<s>ЧЛЕН 15
Во добата на новата индустриска револуција и втората генерација на машините, продлабочувањето на соработката меѓу државите и општествата е неопходно повеќе од кога било, особено во однос на општествените активности, технологијата и културата и во потесна и во поширока смисла.</s><s>Со цел развој на таквата соработка:</s>
<s>1.Страните ќе ја развиваат и подобруваат нивната научна, технолошка и техничка соработка, како и нивната соработка во областа на образованието.</s><s>Тие ќе ја интензивираат нивната меѓусебна размена на информации и на научна и техничка документација и ќе настојуваат заемно да го подобрат пристапот кон научните и истражувачки институции, архиви, библиотеки и слични институции.</s><s>Страните ќе дадат поддршка на инцијативи од научните и образовните институции, како и од поединци кои се насочени кон подобрување на соработката и размената во областите на науката, технологијата и образованието.</s>
<s>2.Страните ќе дадат поддршка и ќе поттикнат настани, како и научни наставни програми во кои ќе учествуваат припадници на нивните научни и академски заедници.</s><s>Тие, исто така, ќе дадат поддршка и ќе го поттикнуваат организирањето на билатерални и меѓународни конференции во овие области.</s>
<s>3. Страните придаваат големо значење на развојот на истражувањето, како и примената и искористувањето на новите технологии, вклучително и на дигиталната технологија и нанотехнологијата, на начин со кој се зачувува животната средина и се надградуваат вештините, капацитетите и вкупната добросостојба на нивните граѓани.</s><s>За оваа цел, Страните ќе ја развиваат соработката меѓу нивните истражувачки центри, истражувачи и системите на академските институции.</s>
<s>4.Страните особено ќе се фокусираат на развојот на културните односи меѓу двете држави, нивните општества и општествени групи, при тоа особено земајќи ги предвид уметноста, танцот, кинематографијата, музиката и театарот.</s><s>Во овој контекст, особена важност се придава на спорот.</s><s>Ќе се унапредува билатералната соработка во областа на здравството, вклучително и здравствената заштита.</s>
<s>ПОЛИЦИСКА И СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ЦИВИЛНАТА ЗАШТИТА</s>
<s>ЧЛЕН 16</s>
<s>1. Страните тесно ќе соработуваат во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, тероризмот, стопанскиот криминал, особено против криминалот поврзан со нелегалната трговија и/или експлоатација на луѓе, криминалот поврзан со производство, недозволена трговија и/или нелегална трговија на наркотични дроги и психотропни супстанци, нелегалното производство и трговија со оружје, негови резервни делови и компоненти, како и муниција, потоа нелегалниот увоз, извоз и пренос на сопственост на културен имот, како и против дела против цивилното воздухопловство и дела поврзани со фалсификување и/или криумчарење на цигари, алкохол или горива.</s>
<s>2. Страните тесно ќе соработуваат во областа на цивилната заштита, особено фокусирајќи се на спречување и справување со природни и катастрофи предизвикани од човекот и на активности за справување со последиците од катастрофите.</s><s>Секоја Страна може да ја искористи специјализираната едукација и експертизата на другата Страна и секогаш кога е тоа потребно и можно секоја Страна на другата Страна ќе ѝ овозможи користење на нејзината специјална инфраструктура, особено за противпожарна заштита.</s><s>Страните може да ја разгледаат можноста за воспоставување на релевантен механизам за помош во спроведувањето на одредбите од овој член.</s>
<s>ОДБРАНБЕНА СОРАБОТКА</s>
<s>ЧЛЕН 17</s>
<s>Страните ќе ја зајакнат и прошират нивната соработка во областа на одбраната, вклучително и преку чести посети и контакти меѓу политичките и воени лидери на нивните вооружени сили, потоа преку соодветен пренос на знаења и помош за градење на капацитетите, соработката во областите на производство, информирање и заеднички воени вежби.</s><s>Страните особено ќе се фокусираат врз обуката на персоналот која Страните може меѓусебно да ја обезбедат.</s>
<s>ДОГОВОРНИ ОДНОСИ</s>
<s>ЧЛЕН 18</s>
<s>1. По влегувањето во сила на оваа спогодба, во нивните односи, Страните ќе се раководат од одредбите на следните билатерални спогодби кои биле склучени меѓу поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Првата Страна, на 18 јуни 1959 г.:</s>
<s>а) Конвенцијата за заемни правни односи,</s>
<s>б) Спогодба во врска со реципрочното признавање и спроведување на судски одлуки, и</s>
<s>в) Спогодба за прашања од областа на водостопанството.</s>
<s>2. Страните се согласуваат дека по влегувањето во сила на оваа спогодба, сите меѓународни документи кои се билатерално правно обврзувачки за Страните ќе останат во сила, освен тие чие престанување на важност е конкретно предвидено со оваа спогодба.</s>
<s>3. Страните меѓусебно ќе се консултираат со цел да идентификуваат други спогодби склучени меѓу поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и првата Страна, коишто тие ќе сметаат дека се соодветни да се применуваат во нивните односи.</s>
<s>4.Страните се обврзуваат да ги истражат сите можности за склучување на дополнителни билатерални спогодби, потребни во областите од заемен интерес.</s>
<s>ДЕЛ 3: РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ</s>
<s>ЧЛЕН 19</s>
<s>1. Страните сите спорови ќе ги решаваат единствено со мирољубиви средства, во согласност со Повелбата на Обедините нации.</s>
<s>2. Во случај една од Страните да смета дека другата Страна не дејствува во согласност со одредбите од оваа спогодба, таа Страна прво за својата загриженост ќе ја извести другата Страна и ќе се бара решение преку преговори.</s><s>Доколку Страните не можат прашањето да го решат билатерално, Страните може да се согласат да побараат од генералниот секретар на Обединетите нации да ги употреби неговите добри услуги за решавање на прашањето.</s>
<s>3. Секој спор што ќе се јави меѓу Страните во однос на толкувањето или спроведувањето на оваа спогодба и кој нема да се реши во согласност со постапките наведени во член 19, став (2), може да се поведе пред Меѓународниот суд на правдата.</s><s>Страните прво треба да настојуваат да постигнат согласност со цел заеднички да поведат таков спор пред наведениот суд.</s><s>Сепак, доколку не се постигне таква согласност во рок од шест месеци, или за подолг период за кој заемно ќе се согласат двете Страни, тогаш таквиот спор пред истиот суд може да го поведе секоја Страна поединечно.</s>
<s>ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ</s>
<s>ЧЛЕН 20
1. Оваа спогодба ќе ја потпишат министрите за надворешни работи на двете Страни.</s>
<s>2. Оваа Спогодба е предмет на ратификација, во согласност со последователната постапка предвидена во член 1, став (4).</s>
<s>3. По завршувањето на неопходните внатрешно-правни постапки потребни за влегување во сила на оваа спогодба, како што е предвидено во член 1, во рок од две недели, Страните за истото писмено меѓусебно ќе се известат.</s><s>Оваа спогодба ќе влезе во сила на датумот на прием на последното известување од односната Страна.</s>
<s>4. Член 8, став (5) ќе се применува привремено и пред влегувањето во сила на оваа спогодба.</s><s>Доколку оваа спогодба не влезе во сила, оваа спогодба, во целост и секоја нејзина одредба поединечно, нема да имаат никакво дејство или примена, ниту привремена, ниту каква било друга и истата нема на кој било начин да ја обврзува која било од Страните.</s>
<s>5. Разликата и преостанатите прашања наведени во Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН ќе се сметаат за решени по влегувањето во сила на оваа спогодба.</s>
<s>6. Што е можно поскоро по влегувањето во сила на оваа спогодба, Страните или една од Страните ќе го извести генералниот секретар на Обединетите нации за влегувањето во сила на оваа спогодба, како и за датумот на кој истата влегла во сила, а со цел нејзино спроведување во Обединетите нации.</s>
<s>7. Оваа спогодба не е насочена против која било друга држава, ентитет или лице.</s><s>Таа не ги загрозува правата и должностите кои произлегуваат од билатералните и мултилатералните спогодби кои се веќе во сила, а кои двете Страни ги склучиле со други држави или меѓународни организации.</s>
<s>8. Првата страна ќе ја применуваа оваа спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во Европската унија и нејзиното членство во други меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, како и во согласност со други меѓународни инструменти.</s><s>Слично, Втората страна ќе ја применува оваа спогодба во согласност со нејзините обврски кои произлегуваат од нејзиното членство во меѓународни, мултилатерални или регионални институции или организации, вклучително и оние поврзани со Европската унија, по предлогот за нејзино пристапување во членство.</s>
<s>9. Одредбите од оваа спогодба остануваат во сила за неопределен период и се неотповикливи.</s><s>Не се дозволени никакви измени на одредбите од член 1, став (3) и став (4) од оваа спогодба.</s>
<s>10.</s><s>Оваа спогодба ќе биде регистрирана во Секретаријатот на Обединетите нации во согласност со член 102 од Повелбата на Обединетите нации, веднаш штом влезе во сила.</s><s>ВО СВЕДОШТВО НА ТОА, Страните преку своите должно овластени претставници, ги потпишаа трите примерока од оваа конечна спогодба, на англиски јазик.</s>
<s>Претставник на Првата Страна
Никој Коѕијас
Претставник на Втората Страна
Никола Димитров
ПОСВЕДОЧЕНО, во согласност со Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 845 (1993) на Советот за
безбедност на ОН од МЕТЈУ НИМИЦ</s>
<s>Во Псаредес (Нивици), Република Грција</s>
<s>на 17 јуни 2018</s>
<s>Извор
http://vlada.mk/node/14958</s>
<s>Notes
1 Обединети нации, Службено гласило на Генералното собрание, трето заседание, Дел I, стр.
2 Обединети нации, Збирка на договори, том 213, стр. 221
3 Ibid, том 660, стр. 195
4 Ibid, том 1577, бр.</s><s>I27531.</s>
|
8882 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B5%20%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%20%D0%B0%D1%80%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B8 | По поле одат аргати | <s>„ По поле одат аргати “</s>
<s>По поле одат аргати,
аргати млади невести,
афион ќе ми копаат,
по тие ниви велешки.</s>
<s>Патот го води Гроздана,
Гроздана, мома убава
и по неа Невена,
Невена Георгиева.</s>
<s>Песни ми пеат ајдучки,
ајдучки, ем партизански
и во песните зборуваат:
„смрт или слобода“.</s>
<s>Извор
pesna.org</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8883 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8 | Мирка на Гинови | <s>Мили боже, дал' ослепе,
тоа чудо да не видеш,
как' ја мачат таа жена,
как' ѝ вадат нежна душа?</s>
<s>Мирка, мајко, на Гинови,
роса в' темна зандана,
рано очи ѝ затворија,
руба, мајко, ѝ запалија.</s>
<s>Низ планини тажен одам,
в' далечини песна слушам,
темно пиле жално пее,
низ Почепската корија.</s>
<s>Мирка, мајко на Гинови,
роса в' темна зандана,
рано очи ѝ затворија,
руба, мајко, ѝ запалија.</s>
<s>Тивок ветер провејува,
за маките раскажува,
црна земја маченица
ми покрива гулабица.</s>
<s>Мирка, мајко на Гинови,
роса в' темна зандана,
рано очи ѝ затворија,
руба, мајко, ѝ запалија.</s>
<s>Извор
pesna.org</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8884 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%94%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B8%20%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D0%B4%D0%B8%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%83%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B8%20%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%81%D0%BB%D1%83%D0%B3%D0%B8 | Решение за именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги | <s><table width=70% align=center><tr><td align=center bgcolor=silver>РЕШЕНИЕза именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапленијата на окупаторите и нивните слуги'''</table></s>
<s>На основата на решението на АСНОМ, од 2 август 1944 година, за образување Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување престапленијата на окупаторите и нивните слуги, Президиумот на АСНОМ [ги] именува во таја комисија:</s>
<s>Д-р Киро Миљовски, ветеринарен лекар,
Страхил Гигов,
Емануил Чучков, проф.
Тодор Стојанов Звездин, суд. п. пуковник,
Киро Петрушев</s>
<s>Ова решение влегува во сила со денот на објавувањето.</s>
<s>Во с.</s><s>Рамно, 14 август 1944 година.</s>
<s>За Президиумот на АСНОМ</s>
<s>Секретар: В. Полежина с.р.</s><s>Претседател: Методи Андонов - Ченто с.р.</s>
<s>Види исто така
Решение за образување на државна комисија за утврдуење престаплението на окупаторите и нивните помагачи</s>
<s>Извор
„АСНОМ: документи“, Архив на Македонија, Скопје, 1984, том I, книга I, 225-226 стр.</s>
<s>Историја на Македонија
Македонија во Втората светска војна</s>
|
8887 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BD%D0%B8%20%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8 | Македонски дијалектни текстови | <s>Од книгата Текстови од диjалектите на македонскиот jазик составена од Божидар Видоески, издадена од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков во 2000 година.</s>
<s>Текстовите се според раскажувања на мештани од покриените населени места и прибележани со дијакритички знаци со цел точно да се доловат особеностите на дијалектот</s>
<s>Намена на дијакритичките знаци
назалност: ę, ą
неслоговност: i̭, ў
слоговност: р̥ , л̥
должина: а:, е:, и:, о:, у:
лабијализација: å
поместена творба кон напред: ä
поместена творба кон горе: а̣ , е̣ , о̣
полузвучност: б̭ д̭ г̭ з̭ ж̭ в̭
палаталност: т´, д´
палатализираност: б’, п’, л’
ослабена творба: срăце, леја, змех
акцент: в'икaм, уфч'ар, вик'аше, вод'еница
спореден акцент: в'eчернˌица, з'адушнˌици, с'евернˌица</s>
<s>Дијалектни текстови по наречја
Западно наречје
Југоисточно наречје
Северни говори</s>
|
8889 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%20%D1%87%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%20%D1%81%D0%BC%D0%B5%20%D0%BD%D0%B8%D0%B5 | Ко челик сме ние | <s>Марш на Трета македонска бригада</s>
<s>Ко челик сме ние со Титови сили
Стив Наумов стои пред нас като штит,
Карпошова злоба тече во нашите жили,
Бригадата наша ко чекан е свит.</s>
<s>Низ планини стрми, низ бурите снежни
Апостолски беше првиот на пат,
Со Титова љубов на очите мрежни
Не бодреше Темпо, наjмилиот брат.</s>
<s>Беласица стара вечна ке си спомни
За нашата тврдост след одлучен час,
За хероjска борба, за подвизи горди
Брегалница сведок ке ни пои.</s>
<s>Над кочанско поле со фашиски орди
се урнавме смело во нерамен бој,
низ херојски борби и подвизи горди
не жалевме живот за новиот строј!</s>
<s>В крвавиот Дренак и Пелинце славно
ќе треперат врагои ко исушен лист
со здружени сили окови ќе пукнат
ќе изгрее бргу ден светол и чист!</s>
<s>Ко челик сме ние со Титови сили
Стив Наумов стои пред нас като штит,
Карпошова злоба тече во нашите жили,
Бригадата наша ко чекан е свит.</s>
<s>Текст: Ацо Шопов
Композиција: Панче Пешев</s>
<s>Ацо Шопов, Со наши раце, 1950
Песната првпат објавена во Положај, весник на Втората македонска ударна бригада, април−мај, 1944.</s>
<s>Извор
Лирскиот дом на Ацо Шопов</s>
<s>Македонски партизански песни
Ацо Шопов</s>
|
8890 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%20%D0%B3%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%82%2C%20%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82 | Топови грмат, земјата трештит | <s>Топови грмат, земјата трештит,
славна Дебарца огон горит.</s><s>Жените пиштат, децата плачат,
моми се кријат во горите.</s>
<s>Од една страна партизаните,
од друга страна фашистите,
на срешта стои Петре Пирузе,
верна дружина командува.</s>
<s>- Удрете браќа, не се боите,
скоро ќе падне Германија!</s>
<s>Извор
pesna.org</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8905 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B0%20%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0%20%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%20%D0%BC%D0%B8%20%D1%87%D0%B5%D0%B4%D0%BE | Имала мајка едно ми чедо | <s>Имала мајка едно ми чедо
едно ми чедо Никола.</s><s>Очите ѕвезди, лице трендафил,
левенто чедо крилато.</s>
<s>Ееееј Никола,
ееееј јунак пирински.</s>
<s>Му здодеало од чорбаџии,
од клето ропство фашистко.</s><s>Тргнал Никола в бој да се бие
за наша мајка Македонија.</s>
<s>Ееееј Никола,
ееееј јунак пирински.</s>
<s>Дигнал ми глава херој Никола
за правда и за слобода.</s><s>Тргнал Никола в бој да се бие
за наша мајка Македонија.</s>
<s>Ееееј Никола,
ееееј јунак пирински.</s>
<s>Извори
Песната во изведба на Симеон Гугуловски
Песната во изведба на Октет Македонија</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8908 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%83%D0%BF%20%D0%90%D0%B2%D0%B3%D1%83%D1%81%D1%82%D0%BE%20%D0%91%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%81%D0%BE%20%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%20%D0%A2%D0%B5%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%98 | Бискуп Августо Бонети за разговорите со скопскиот митрополит Теодосиј | <s>4ти декември 1891 година</s>
<s>Скопје,</s>
<s>Ваша Светост,</s>
<s>После напорниот пат пристигнав во Скопје и се сместив во бискупската резиденција во која само два Францисканци живеат и ги задоволуваат потребите на малубројните тукашни верни.</s><s>Како што ми препорачавте се поврзав со локалниот конзул на Австро-Унгарија, г-дин Шмукер.</s><s>Не си ни починав туку веднаш го испратив отец Алоис кај него.</s><s>Конзулот беше многу љубезен веднаш да ме посети во резиденцијата.</s><s>Нашите разговори траеја околу два часа и тој ме извести за состојбата на тукашниот митрополит Теодосиј кој е во судир со неговиот претпоставен, бугарскиот Егзарх Јосиф, и за неговата (на Теодосиј) желба да тргне по вистинскиот пат со тоа што ќе го признае Неговата Светост за свој врховен авторитет.</s><s>Конзулот ми даде подробни информации за митрополитот Теодосиј, опишувајќи го како човек многу ревносен за една идеја за обнова на некоја стара црква, укината пред многу време од некој локален турски властодржец и од грчкиот Патријархат, со единствена цел да го одвои народот од Македонија од тие во Бугарија, како два одвоени народи на Балканот.</s><s>Конзулот ми навести дека митрополитот Теодосиј се наоѓа во многу тешка положба, прогонуван заради неговата националистичка активност не само од бугарскиот Егзарх, туку и од грчкиот Патријархат.</s><s>Сите трите балкански влади: на Бугарија, Грција и Србија, се против него.</s><s>Конзулот смета дека митрополитот Теодосиј сега нема избор, зашто сите мостови му се изгорени, и сега ќе мора да направи отстапки од неговите барања.</s>
<s>Вчера, на 3ти декември, со помош на конзулот Шмукер, се сретнав со митрополитот Теодосиј во неговата резиденција, една многу скромна зграда до тукашната река Вардар.</s><s>Пристигнавме околу 8 часот наутро и конзулот и јас моравме да чекаме половина саат нашиот домаќин да си ја заврши утринската молитва која ја држи секој ден.</s><s>Нашата средба беше многу срдечна.</s><s>Можеби Светиот Дух беше присутен за да се случи средба меѓу двајца прелати после толку многу години откако Источната Црква отстапи од вистискиот пат Божји.</s>
<s>Откако ни понуди кафе и слатко (како што е тука обичај), митрополитот Теодосиј веднаш се префрли на проблемот.</s><s>Прво му се обрати на конзулот Шмукер и го праша дали има чест да зборува со претставник на Неговата Светост.</s><s>Откако конзулот му потврди, ми се обрати срдечно со овие зборови: „Јас верувам дека мојот ценет пријател, г-дин Шмукер, ве исвести за нашата желба да побараме целото стадо од Македонија да влезе под заштита на Неговата Светост, Папата, за обнова на древната Охридска Архиепископија, која незаконски беше укината пред околу 120 години.</s><s>Желбата на мојот народ е да биде осободен од духовната потчинетост на бугарскиот Егзархат и константинополскиот Патријархат и да си има сопствена национална Црква.“</s>
<s>Внимателно го сослушав митрополитот и му одговорив дека сум испратен од моите претпоставени да ги сослушам неговите барања и да им ги пренесам.</s><s>Му објаснив дека сите решенија зависат од Неговата Светост.</s><s>После оваа моја изјава митрополитот Теодосиј малку како да се разочара.</s><s>Тој изгледа веруваше дека оваа работа ќе се разреши од моја страна тука и веднаш, без одлагање, зашто, како што веќе реков, според коментарите на конзулот Шмукер, тој ги беше изгорел сите мостови.</s><s>Меѓутоа тој не се покажа многу подготвен за отстапки, што е обично случај со сите источни прелати, кога се однесува до тврдоглавоста.</s><s>Тој извади лист хартија од бирото и почна да чита кои се неговите услови за пристапување во унија со нашата Света Црква.</s><s>Г-дин Шмукер беше љубезен да ми преведува на германски збор по збор.</s><s>Тие услови може да се сумираат на следното: да се обнови Охридската Архиепископија; Теодосиј да биде на чело; свештенството од врвот до дното сите да бидат Македонци назначени од него; границите на Архиепископијата да се совпаѓаат со границите на областа Македонија; католичките мисионери во Македонија да не им се мешаат во внатрешните работи на Архиепископијата; да си ја задржат богослужбата како што им е сега; да не им се променат одеждите на свештениците и се’ така.</s>
<s>Откако внимателно го сослушав митрополитот, му реков дека ќе ги препратам неговите барања до Рим, за Неговата Светост да донесе одлука.</s><s>Потоа направив и неколку примедби во врска со неговото непознавање на правилата и догмите на Римокатоличката Црква.</s><s>Обврските на Архиепископијата спрема Неговата Светост не беа наброени во неговото излагање; освен тоа не беше спомнато што ќе се случи со унијатската Бискупија во Македонија; и што има намера да прави со образовните и благотворните институции во Македонија.</s><s>Митрополитот ме замоли пошироко да му ги образложам моите забелешки.</s><s>Потоа седна и состави нов текст за условите на премин во унија со Римокатоличката Црква, кои тука ви ги приложувам.</s><s>Потоа, на мое барање, напиша и молба во свое и во името на неговото стадо до Неговата Светост за премин во унија со Римокатоличката Црква.</s>
<s>Откакот сето ова го завршив, сметав дека нема потреба да се задржувам, зашто многу време помина.</s><s>Се поздравивме срдечно.</s><s>Митрополитот ме замоли да го известам Светиот Отец што е можно побрзо.</s><s>Му одговорив дека уште истиот ден ќе го сторам тоа и дека се надевам на успешно исполнување на овие свети работи.</s><s>Ваша светост, денеска заминувам за Константинопол и оставам на Вас да се погрижите за овие нешта.</s><s>Според мислењето на конзулот на Австро-Унгарија, треба итно да се дејствува и да се донесе одлука, зашто секое одлагање може да биде погубно за митрополитот Теодосиј.</s><s>Мое лично мислење е дека митрополитот Теодосиј го превзема овој чекор многу искрено и дека има објективни предуслови дека целото стадо од Македонија да го следи.</s>
<s>Ви останувам вечно верен Ваша Светост, им се препорачувам на вашите молитви,</s>
<s>Августо Бонети</s>
<s>Оригинал: A. della S. C. P. F. Roma: "Indice della Potenza" - Marzo 1892-1893, Somm.</s><s>XV, f. 132 - 141.</s>
<s>Историја на Македонија
Писма
Дела на латински</s>
<s>en:Translation:Bishop_Augusto_Bonetti_on_the_talks_with_Theodosius,_the_Metropolitan_of_Skopje</s>
|
8909 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%3A%D0%A2%D0%B5%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%98%20%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%20%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%BF%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%9B%D0%B0%D0%B2%20XIII | Превод:Теодосиј митрополит скопски до папата Лав XIII | <s>4ти декември 1891 година</s>
<s>До светиот отец, папата Лав XIII,</s>
<s>Јас, долу потпишаниот митрополит скопски, Теодосиј, по божја благодат на чело на скопската епархија, Ви го поднесувам ова барање од мое и од името на целото православно стадо на Македонија, со кое ве молиме ваша Светост да нè земете под закрила на Римокатоличката Црква, откако ќе се обнови древната Охридска Архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767, и да нè ставите во канонско единство со Римокатоличката Црква.</s>
<s>Нашата желба извира од историското право на православниот Македонски народ да биде слободен од јурисдикцијата на туѓи цркви – бугарската Егзархија и константинополскиот Патријархат, и да биде обединет во своја сопствена Македонска Православна Црква, придобивајќи ги така сите белези на народ кој има право на независен духовен и културен живот и образование.</s>
<s>Ваша Светост, ве молам да ги имате предвид сите особености на православната вера, од која православните христијани никогаш нема да се откажат: а тоа се независноста во однос на вероисповедта, црковните богослужби и свештеничките одори.</s>
<s>Им се предавам на Вашите молитви и скромно се поклонувам пред Вас,</s>
<s>Ваш брат во Исуса Христа, кој се моли за Вас,</s>
<s>Теодосиј, митрополит скопски</s>
<s>Историја на Македонија
Писма
en:Translation:Theodosius,_the_metropolitan_of_Skopje,_to_Pope_Leo_XIII</s>
|
8910 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%3A%D0%A3%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BD%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%A0%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%A6%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0 | Превод:Услови за премин на македонските епархии во унија со Римокатоличката Црква | <s>Услови за премин на македонските епархии во унија со Римокатоличката Црква</s>
<s>Придружно писмо</s>
<s>4ти декември 1891, Скопје</s>
<s>Во свое име и во името на моето Македонско стадо јас, долупотпишаниот митрополит скопски, Теодосиј, ги поставувам следните барања како услов за премин во унија и канонско единство на православното стадо од Македонија со Римокатоличката Црква:</s>
<s>1. Да се обнови древната Охридска Архиепископија, која беше во канонско единство со Римокатоличката Црква, со благослов лично од Светиот Отец Папата.</s>
<s>2. Јас, Теодосиј да бидам на чело на обновената Охридска Архиепископија, како автокефален архиепископ на Црквата.</s>
<s>3. Другите свештеници од високиот клер (митрополити, монаси, свештеници и попови) да бидат по род Македонци и назначени од мене, како Архиепископ, додека единствено митрополитите може да бидат потврдени од Вашата Светост.</s>
<s>4. Границите на Архиепископијата да се совпаѓаат со сегашните граници на Македонија, а поделбата на епархии да остане како што е сега.</s>
<s>5. Старите унијати од Кукушко-Полјанската и Струмичката епархија да бидат исклучени од јурисдикција на унијатскиот Архиепископ во Цариград, неговото блаженство Нил Изворов, и да бидат вклучени како епархии под моја јурисдикција.</s>
<s>6. Нови католички мисионери, освен оние што веќе се присутни во образовните и благотворните организации во Македонија, да не се прифаќаат, додека ти што се веќе овде да не се мешаат во внатрешниот црковен и образовен живот на Архиепископијата.</s>
<s>Тоа се нашите барања и ние веруваме дека се оправдани и дека не можеме да направиме понатамошни отстапки.</s><s>Се надеваме дека ќе бидат одобрени и почитувани за веки веков.</s>
<s>Теодосиј,</s>
<s>Митрополит скопски</s>
<s>Историја на Македонија
Писма
en:Translation:The_conditions_of_transfer_of_Macedonian_eparchies_to_Union_with_the_Roman_Catholic_Church</s>
|
8913 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA%20-%20%D0%9F%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%97%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D1%81%D0%BA%D0%B8 | Мисли за болгарскиот јазик - Партенија Зографски | <s>МИСЛИ</s>
<s>ЗА</s>
<s>БОЛГАРСКИОТ ЈАЗИК</s>
<s>И други пот сме кажале, пак сега кажуваме, што за да может да се составит еден обштиј писмениј јазик прво е потребно да излезат на јаве сите местни наречија и идјотизми на јазикот ни, врху които обштиот јазик имат да се ѕидат: догде не се направит тоа нешто, никој не может и неимат право да судит и да редит за обштиј писмениј јазик, основуваешти се на едно толко, кое и да е оно, наречие; и секое подобно судење и редење, како не полно, ќа е суетно и безплодно.</s>
<s>Нашиот јазик, како што е познато, се делит на две главни наречија, от кои едното се говорит во Болгарија и Тракија, а пак другото во Македонија.</s><s>Првото от них веќе е сем известно; зашто се што се писало до сега на наш јозик се на него се писало, а на другото ни гри: по таја причина, што возраждението на нашата писменост се почна осгора на долу.</s><s>Оваја е причината што не толку иностаните славјанисти но и од истите наши учени, што не принадлежат на Македонското наречје, немает за него некакво основателно и определено понјатие.</s><s>За да изведеме на свет Македонското наречје со сите негови обшти и местни идјотизми, до колко е то нам возможно, мие имаме намерение да составиме на него грамматика в параллел со другото; но понеже тоа наше намерение может мало да се позабавит, мие сега излагаме кратко главните негови особености относително кон другото наречје.</s>
<s>Македонското наречје не толко не требет и не может да бидет исклјучено от обштијот писмениј јазик, но добро ќа беше ако оно сја примаше за главна негова основа; по таја причина што оно е по полнозвучно, по плавно и по стројно, и в много отношенија по полно и по богато.</s><s>Претставители на тоа наречје се југозападните страни на Македонија.</s>
<s>Првата и најголемата разлика, што суштествуват по меѓу двете наречја, состоит, според нашето мнение, в различното им произносување или словоударение: Така Македонското наречје обикновено лјубит да ударат в начало на словата, а напротив другото на конец, така што в првото наречје вие никој пат не можете да сретните слово с ударение на последнијот слог, кога напротив тоа посленото в повеќето слова ударат на окончанието.</s><s>Овде Македонското наречје се сблизуват со Србското.</s>
<s>Освен тоа в Македонското наречје находиме уште следујуштите особености:</s>
<s>1) Оно не трпит следујуштите шипјашти букви Ж и Ш пред Д и Т, и в таков случај последните или се умјагчавает или сохранувает тврдото свое произношение.</s>
<s>2) Буквата А секога имат полно и јасно произношение, а не, како в другото наречје, стривнето и полугласно.</s>
<s>3) Е и О ни в каков случај не си изменувает своето произношение, како в другото наречје, првата на И а другата на У.</s>
<s>4) Ъ и Ь сочувале своет полугласје там, где и во другото наречје, и толко в едно поднаречје се превратиле во полногласна О, како: Корст, Цорков, Ворт, полн, Ворт, Торга и проч. на место: Кьрст, Цьрков, Вьрт и проч.</s>
<s>5. Ѣ секога, без исклјучение, се произносит како чисто Е, и никога не звучит како Ѧ, како што стават в другото наречје.</s><s>Ако да не беше тоа разногласие в произношението оваа буква можеше совршено да се изметнет от новоболгарската писменост.</s><s>Сега на прв пот мие ја оставаме на страна, до где видиме и разсудиме по добре за нејзината судба.</s>
<s>6. Х или со сем се остават како на пример: ода, убаво, оро, арно, пишеа или одеа, стоеа и пр, на место хода, хубаво, ходеха, стоеха и пр. или се произносит како ф: пишеф, читав, праф, фала, фрла на место: пишех, прах, хвала и пр. или наконец како в: уво, бьлва и пр. наместо ухо, бьлха.</s><s>Правила за тоа ќа се изложат во грамматиката.</s>
<s>7. Членовите од местоименијата ов и он, за които некога подробно бехме писале и пак имаме да пишими за спровргнеме некои ложни мненија, што суштествувает за них.</s>
<s>8. Склоненијата на собствените имјани поуцелеле в Македонското наречје, отколи в другото, како имаме да видиме в грамматиката.</s>
<s>9. Средните имиња, што кончавает на ле и ре и сите ималителни в множествено число кончавает на иња, а не на ета, како: поле полиња, море мориња, момче, момчиња, книже книжиња.</s>
<s>10.</s><s>Третото единствено лице в настојаштето време в изјавително наклонение сохрануват старото окончание т.</s>
<s>11.</s><s>Третото множествено лице на тоа исто време имат различно, според биде-ст и глаголи-ст и поднаречјето, окончание, заштото не е овде место да излагаме подробно правила за тоа нешто.</s>
<s>12.</s><s>Македонското наречје имат деепричастие.</s>
<s>13.</s><s>Рогатата буква Ѫ в Македонското наречје се произносит како чисто А, а в некои места како О, на пример, рака, мака, лажа, каде, маж и пр. или рока, мока, пот, ложа и пр. на место рѪка, мѪка, пѪт и пр.</s><s>Толко во едно поднаречје она е сохранила, и то толко во гореспоменутите случаи, сиреч кога она е корена буква.</s><s>Оваа буква и в другото наречје не е сохранена освен в гореспомеутите случаи, сиреч в тие не много слова, где она се находит во среде.</s><s>Следователно ако држиме мие едно начало, сиреч да пишиме според сегашното произношение, како што и требет да правиме, ако сакам да не падаме во противоречие и да не сатруднјаваме правописанието без секоја нужда и полза, Ѫ не требет да се употреблјават освен в гореспоменутите случаи.</s>
<s>Така убо противоречат себе си, две начала принимаешти, тие, што пишат винителнији падеж в женските имена со Ѫ, ибо ако подражајуште на старината клавает тие Ѫ во винителниј падеж, без да го произносат, тога требет да постапат така точно и относително другите падежи: родителнијот и дателнијот, сиреч и них да и пишат: провиот со ЪІ а другиот со Ѣ, ибо они така кончавале в старо време, и тога каде ча стигнеме?</s><s>Ќа стигнеме таму, што да примеме старите окончанија на падежите.</s><s>Ако имает такво намерение тие, што прават така тоа е друго нешто но в таков случај требет тие строго да се држат за тоа начало, а не да шавает там и сам.</s><s>Но можат да ни кажат, што тие ја употребјавает во винителниј падеж и в други подобни случаи не за други нешто, колку за тоа, што тамошната окончателна буква, сиреч А, полугласно се произносит; и понеже в старо време в подобните места стојала полугласната буква Ѫ, за тоа сега мие Ѫ клаваме таму.</s><s>Но пак и в таков случај се раздат противоречие ибо мие знаеме, и погоре рекохме, што в некои стани А немат јасниј и тврдиј свук, а слаб и полугласен, особено кога она е наконец.</s><s>Следователно ако по таја причина вие винителниот падеж пишите со Ѫ, тога требете сите падежи на единственото число в женските имина и на множествено число в средниј род да и пишите со Ѫ; зашто сите тие имает совршено еднакво произношение без окончанието, и в таков смисл мие имаме толко еден падеж.</s><s>Но која от двете е по полезно да употребите А или Ѫ, очевисно е што А, ибо немат за ваш хатер сијот народ да предчуват и да кршит јазикот си наво полугласно произнесување там, где он навикнал да произносит полно и слободно; не што станет он на секое, где му се сретит вашето Ѫ да се приготвуват и настројуват устата за да го произнесет правилно.</s>
<s>Тоа што казахме за Ѫ можеме да кажеме и за ЪІ.</s><s>Понеже оваја буква имат совршено еднакво произносување со и, и николку не се отличуват от него нужно е, според нашето мнение, да се изврлит от новоболгарската писменост како совршено негодниј член.</s><s>В тако случај етимологијата ништо немает да пострадат; ибо она ште се отврждават на сегашното произношение.</s><s>Ништо не казувает тие, што викает, та, ако изхврлиме ЪІ и други подобни букви, што возникнат голема неудобства в словопроизводството ако некои докажат тоа нешто мие сме готови да се уклониме от своето мнение.</s>
<s>При ова кратко изложение присовкупуваме неколку народни песни на Македонското наречје, кои в много отношенија се љубопитни.</s>
<s>1.</s>
<s>СЬлнцето ми е на заод.</s>
<s>Самовила е зад гора.</s>
<s>Миче војвода пред неја.</s>
<s>Брза е коња водеше,</s>
<s>Црвен е бајрак носеше,</s>
<s>Мирче војвода говорит:</s>
<s>Самовило ле мајко ле,</s>
<s>Доста ти кона поводиф;</s>
<s>доста ти бајрак поносиф.</s>
<s>А Самовила говорит:</s>
<s>Поводи Мирче поводи,</s>
<s>И црвен бајрак поноси</s>
<s>До зеленине ливаде,</s>
<s>до студенине кладенци.</s>
<s>Тамо се женит Јанкула.</s>
<s>Девет си сестри канило,</s>
<s>Десета сестра не кани,</s>
<s>Десета сестра коприна.</s>
<s>Коприна во двор седеше,</s>
<s>Друмка си керка чешлаше,</s>
<s>Грумко ле керко, Грумко ле,</s>
<s>Кога ќа одиш у вујка,</s>
<s>У вујка керко на свадба,</s>
<s>Да в фатиш оро наокол;</s>
<s>Да и пуштиш саја до земи,</s>
<s>Да и кренеш превез от очи,</s>
<s>Да и догледат вујко ти,</s>
<s>Вујко ти керко Јанкула:</s>
<s>От е вујко ти неверен,</s>
<s>Неверн керко без вера;</s>
<s>А и ми ти кренет срамота.</s>
<s>Грумка отиде на свадба,</s>
<s>Грумка си мајка не почу,</s>
<s>Си фати оро наокол,</s>
<s>Си пушти саја до земи,</s>
<s>Си крена превез от очи.</s>
<s>Ми ја догледа вујко е,</s>
<s>Вујко е лето говорит:</s>
<s>Сватови бели сватови,</s>
<s>Не приполивте пушките;</s>
<s>Не презобавте коните;</s>
<s>Невеста ни е во дворе.</s>
<s>Грумка си вујка дочула</s>
<s>И љуто ми проколнала,</s>
<s>Оф леле Боже милечек.</s>
<s>Зароси роса крвава,</s>
<s>И погорешти камење,</s>
<s>Потапчите го вујка ми,</s>
<s>вујка ми Боже Јанкула.</s>
<s>Како ми Грумка прок’лна</s>
<s>Пуста се клетва фатила,</s>
<s>Зароси роса крвава,</s>
<s>И погорешти камење,</s>
<s>И потолкое вујка е.</s>
<s>2.</s>
<s>Што е врева во поројна црков,</s>
<s>Али грмит ил се земја тресет?</s>
<s>Ни ми грмит ни се земја тресет</s>
<s>Се венчават Милош со невеста.</s>
<s>Е постиснал прсти со прстени</s>
<s>Таја му се нему милно молит,</s>
<s>А Милоше мое мило добро</s>
<s>Не стискај ми прсти со прстени.</s>
<s>3.</s>
<s>Похвалил се богатијот</s>
<s>Ја су богат и пребогат,</s>
<s>Тук се нашат и понашат</s>
<s>Како риба во глобина.</s>
<s>Како орел во вишина</s>
<s>Како овца с руго јагне,</s>
<s>Како лоза с бело грозе</s>
<s>Македонски јазик
Бугарски јазик</s>
<s>en:Translation:Thoughts about the Bolgarian language
bg:Мисли за болгарскиот язик</s>
|
8914 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%A6%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0%D0%BD%20%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%B2 | Песна за Цветан Димов | <s>Во скопските бездани мачилишта
лежи Цветан, збор не прозборува;
трештат камџијите,
пукат му жилите,
но очите му горат и режат.</s>
<s>Пет дена грозните мачители
коски кршат и живот му цедат.</s><s>Малчете, малчете,
потифко зборвете –
ЦВЕТАН ДИМОВ умире во маки!</s>
<s>За гозба се спремајат џелатите:
крф ќе пијат на нашиот Цветан...</s><s>Беснеј музиката...</s><s>Беснеј камџијата...</s><s>Македонец умире за народ!</s>
<s>„ОДМАЗДА, ДРУГАРИ, САКАМ ОД ВАС,
КРФТА МОЈА НЕК' СКАПО СЕ ПЛАТИ!“
Малчете, малчете,
потифко зборвете,
Цветан Димов умире во маки...</s>
<s>Извор
Коста Солев Рацин, „Поезија“, „Наша книга“, Скопје, 1987, 203 стр.</s>
<s>Надворешни врски
„Песна за Цветан Димов“, во изведба на Гога Зафироски - Зафиро</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8915 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D1%87%D0%B5%20%D0%B8%20%D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%BE%20%D0%9D%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82 | Димче и Киро Налбатот | <s>Димче и Киро Налбатот, стурија долу во градот
куќичка една крај паркот, пролетна вечер мирисна.</s>
<s>Загрме, збабна престрелка, го смршти сиот Кавадар
стотина против два мина, одбор на шака јунака.</s>
<s>Цел ноќ во огин пливаја, зверот го смртно биеја,
завет во пламен дадоа, душмански раце сал мртви.</s>
<s>В зори се итро јурнаа, да скршат синџир куршуми,
да летнат в гора зелена, кај својте мили другари.</s>
<s>Киро далеку излезе, од обрач тој се извлече,
го дочу гласот на Димче, па се поврати кај него.</s>
<s>В раце му умре другарот, огин го смртно погоди,
гради му машки пронижа, падна и Киро Налбатот.</s>
<s>Низ град се песна разлеа, во тие гори ридишта,
по тије лозја, ровови, напред во борба неравна.</s>
<s>Извор
Мелографски записи на песните на Никола Бадев.</s><s>Бадева, Роска</s>
<s>Надворешни врски
„Димче и Киро Налбатот“, во изведба на Акустико Бенд
„Димче и Киро Налбатот“, во изведба на Октет „Македонија“</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8927 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%20%D0%92%D0%B8%D1%87%D0%BE%2C%20%D0%B5%D1%98%20%D0%92%D0%B8%D1%87%D0%BE%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0 | На Вичо, еј Вичо планина | <s>На Вичо, еј Вичо планина,
И во Поздивската рамнина,</s>
<s>Е еј моми и момчина,
Моми и момчина кренаја пушки на рамо,
Да се боре за слобода за Македонија,</s>
<s>Таму е Гочева бригада,
И фашистите од неја страдаја.</s>
<s>Е еј моми и момчина,
Во града Лерина влезе Гочева дружина,
Во Костура града влезе Гочева бригада.</s>
<s>Извор
Ѓорѓи Доневски, „Сокол ми лета високо“, Скопје, 1978.</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8928 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%98%20%D0%A1%D0%B0%D1%82%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%BE%2C%20%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%20%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B0 | Ој Сатеско, реко силна | <s>Ој Сатеско, реко силна
на Дебарца мома милна
твојта снага ширна и градна
чиста бистра, водо ладна</s>
<s>В бојот беше силна и храбра
мостовита, мрилна и ширна
твојте борци, ведри и силни
те бранеја с гради силни</s>
<s>Одред Славеј храбар и жеден
со командантот Коста славен
Ботун тресе бој се водел
и победа славна донел</s>
<s>Ој Сатеско, реко силна
на Дебарца мома милна
под тебе се знамиња вејат
за слобода пејат.</s>
<s>Извор
Мелографски записи на песните на Никола Бадев.</s><s>Бадева, Роска</s>
<s>Надворешни врски
„Ој Сатеско, реко силна“ во изведба на Октет „Куманово“
„Ој Сатеско, реко силна“ во изведба на женски хор</s>
<s>Македонски партизански песни</s>
|
8934 | https://mk.wikisource.org/wiki/L%60Evangeliaire%20De%20Kulakia%20un%20parler%20slave%20du%20Bas-Vardar | L`Evangeliaire De Kulakia un parler slave du Bas-Vardar | <s>AVANT-PROPOS.</s>
<s>Les deux auteurs de cet ouvrage se sont réparti la besogne de façon fort inégale.</s>
<s>Je m esuis borné à transcrire une partie du texte et à en écrire l'introduction.</s><s>M. André Vaillant a transcrit l'autre partie du texte, écrit toute l'étude linguistique et composé les notes et l'index.</s><s>C'est donc à lui que revient le mérite principal de ce travail.</s><s>Nous avons arrêté ensemble le système de transcription du texte et revisé successivement l'ensemble de l'ouvrage.</s>
<s>Nos collègues Jean Deny et Mirambel ont bien voulu nous aider de leurs avis, le premier comme turquisant, le second comme helléniste: nous les prions d'être assurés de nos bien vifs remerciements.</s>
<s>Nous exprimons aussi notre gratitude à la Caisse des recherche sscientifiques du Ministère del Éducation nationale qui nous aaidés à mener à bien cette publication.</s>
<s>ANDRÉ MAZON.</s>
<s>INTRODUCTION.</s>
<s>I. - LE MANUSCRIT.</s>
<s>Le manuscrit de l'Evangéliaire macédonien qui est publié ici a été acheté en 1916, à Salonique, par M. Jean Deny, qui en a fait don à la Bibliothèque de l'Ecole des langues orientales vivantes de Paris.</s>
<s>Il se présente sous la forme d'un petit registre dont les feuillets ont la dimension de 280 millimètres de hauteur sur 215 millimètres de largeur; la reliure, en carton marbré, en est déchirée, et la moitié du plat supérieur a disparu.</s><s>Le texte est écrit à l'encre noire; les titres, les initiales, les fleurons sont, en totalité ou en partie, à l'encre rouge.</s><s>L'écriture semble accuser des mains différentes.</s>
<s>Le registre comprenait 55 feuillets, soit 110 pages numérotées.</s><s>Le premier feuillet (pp.1-2)marique: il devait être blanc, ou porter des indications sur l'origine du texte et sonpropriétaire.</s><s>Le cahier des feuillets 51-55 (pp.101:110) a été ajouté après coup: il est intercalé entre les feuillets 49 (pp.97-98)et 50 (pp.99-100).</s><s>Le feuillet 50 n'est écrit qu'au recto: la page 50b (= p.100) est blanche, sauf l'annotation Τέλος καί τω Θεω χάρις des exercices d'écriture.</s>
<s>L'écriture est grecque: elle est appliquée, respecte l'individualité de chaque lettre et n'offre aucune des ligatures de l'écriture cursive.</s><s>Les titres et sous-titres sont le plus souvent en langue grecque, mais on s'aperçoit, du premier coup d'oeil, et malgré l'emploi des esprits et des accents qui peut donner de loin l'illusion du grec, que le texte est slave.</s>
<s>Il s'agit d'un choix de lectures religieuses traduites en un parler bulgare de Macédoine et notées en écriture grecque.</s>
<s>Aucune indication de lieu ni de date, sauf, au verso du feuillet de garde final, les mots 1886 'Ιουνίο 23, à l'encre violette, et la date 1885, au crayon (p. 21), toutes additions évidemment postérieures et qui ne sauraient être retenues.</s><s>L'origine du manuscrit ne pourra être établie que par la comparaison avec les manuscrits qui ont été déjà signalés et par l'étude linguistique du texte.</s>
<s>INTRODUCTION</s>
<s>La page 100 est occupée par des exercices d'écriture, d'une encre qui peut être la même que celle des dates ci-dessus.</s><s>On y lit trois reprodụctions plus ou moins correctes, à l'encre et au crayon, de Jean, XV, 17: Ταυτα εντελομαι υμιν ινα αγαπατε αλληλοις.</s><s>On lit aussi, au bas de cette même page, la formule: Τελος και τω Θεω χαρις.</s><s>D'autres griffonnages sur les pages blanches et sur les deux couvertures n'offrent, à ce qu'il semble, aucun intérêt.</s>
<s>II. - CONTENU DU MANUSCRIT.</s>
<s>Le contenu du manuscrit est celui d'un Évangéliaire offrant:</s>
<s>1. des Évangiles des dimanches et des Fêtes mobiles (pp.</s><s>3-53);</s>
<s>2. des Évangiles des Fêtes du calendrier ou Ménologe (pp.</s><s>54-99);</s>
<s>3. enfin, dans le cahier ajouté des pp.</s><s>101-110, un Évangile de l'Office des morts (p. 101)et les onze Évangiles des matines des dimanches (pp.</s><s>102-110).</s>
<s>Nous sommes en présence d'un abrégé de Lectionnaire, adapté: assez librement par un fidèle(sans doute un prêtre) qui désirait se constituer un répertoire commode de lectures de l'Évangile traduites en slave; les renvois à l'intérieur du manuscrit attestent le souci de rendre aisé le maniement de ce répertoire.</s>
<s>Le choix des lectures est conforme, dans l'ensemble, à celui que nous présente l'un des Lectionnaires grecs imprimés le plus usuels au xixe siècle: Ιωαννου Νικολαιδον...</s><s>Θειον και ιερον Εωαγγελιον, ομοιον κατα παντα προς το αναφινωσκομενον εν ταις Εκκλησιαις (nous l'avons consulté dans la 3e édition, Athènes, 1897, éditeur Joannės Nikolaïdès).</s><s>En effet, en dehors de l'ordre des textes, qui est déterminé par la constitution du recueil, les divergences de notre Évangéliaire macédonien (=M) avec l'Evangéliaire de Nikolaïdes (=N) ne portent que sur le Ménologe, et elles sont minimes, à savoir:</s>
<s>a) 26 mai: c'est la fête de saint Jude d'après M, - et celle de saint Carpe d'après N; les Ménologes grecs et slaves indiquent à ce jour la fête de saint Carpe et placent celle de saint Jude le 19 juin;</s>
<s>b) 27 juillet: l'Évangile de la fête de saint Pantéleimon est, d'après M, Jean XV;17-27, et XVI, 1-2(saint Georges, 23 avril, eistiddettoupyiar), – et, d'après N, Luc XVII, 12-19 (12e semaine de Luc);</s>
<s>c) 8 juin: l'Évangile de la fête de saint Théodore Strátilate est, d'après M, Luc XXI, 12-19(saint Georges, 23 avril, εις τον ορθρον), -et, d'après N, Math.</s><s>X, 16-22(mercredi de la 3e semaine de Mathieu); il est possible que le Ménologe de Nikolaidès confonde la fête du 8 juin avec celle du 8 février, dont l'Évangile est précisé ment Math.</s><s>X, 16-22; on peut supposer deux Evangiles différents pour les deux fêtes de saint Théodore: février = Math., et 8 juin = Luc;</s>
<s>d) 26 juillet: la formule relative à sainte Parascève est plus complète dans M; et l'Évangile de la fête de cette sainte y est indiqué, tandis qu'il est absent du Ménolo gegrec;</s>
<s>e) 9 mars: la formule relative aux 40 Martyrs de Sébaste est: plus complète dans M que dans N;</s>
<s>f) 30 janvier: la mention de saint Hippolyte, pape de Rome, qui figure dans M, est absente de N.</s>
<s>Il résulte de ces divergences que, sur les points d, e et f au moins, le manuscrit macédonien, qui est d'accord avec le Minej slave, suppose un texte original autre et plus ancien que celui de Nikolaidės.</s><s>Máis rien ne nous incline à supposer que cet original soit slave, et nous avons tout lieu de penser, au conraire, qu'il doit être grec.</s><s>L'existence de particularités locales est d'ailleurs possible, comme, par exemple, un culte special de sainte Parasceve.</s>
<s>III.</s><s>ORIGINE DU MANUSCRIT.</s>
<s>La comparison du manuscrit avec les divers manuscrits slaves en écriture grecque décrits jusqu' à ce jour permet d'en établir exactement l'origine.</s><s>L'écriture, le système orthographique et la langue de notre Évangéliaire se retrouvent exactement dans un autre Évangéliaire de plus grande étendue qui appartient à M. Jordan Ivanov, notre distingué collègue de l'Université de Sofia: il. suffit de confronter les deux recueils, comme on en peut juger par la confrontation des deux reproductions photographiques cijointes, pour se convaincre qu'ils proviennent du même auteur; ou tout au moins de la même école.</s><s>Or l'Évangéliaire de Sofia nous fournit les indications de lieu, d'auteur et de date qui manquent à l'Évangéliaire parisien.</s><s>Nous y lisons en effet sur le feuillet du titre:
Γοσποδνοβο ί σφετάγο Ευαγγέλιο να Πόγα νάσαγο γόλεμα Τσρίκφα Χριστιάνοφ, ισκάρενο να πούγαρτσκο ιζίκ, τουβάσνο ζπόρ να Βαρδαρία, ζα ουφ νεδέλετε σάτι, ζα γουδίνατα, ί ζα σάτι πραζνίτσίτε γολέμιτε, ζα τσέλα γοδίνα ζα λειτουργίατα.</s>
<s>Σα πισάλο ουτ Ευστάθιο Κυπριάδη
ούφ σέλoτo Κόλακία.</s><s>Να 30 Νοέμβριω μέσιτς 1863.</s>
<s>INTRODUCTION</s>
<s>Transcription:</s>
<s>Gospod(i)novo i sfetágo Ευαγγέλιο na Bóga nášago gólema Crįkfa Hristjánof, iskáreno na búgarcko izík', tuvášno zbór na Vardaría.</s><s>Za uf nedélite sáti za gudinata, i za sáti praznịcịti golémite, za cela godina za lịturgiata.</s>
<s>Ut S. C.</s>
<s>(Sa pisálo ut Ευστάθιο Κυπριάδη ut seloto Kolakia)</s>
<s>Na 30 Νοέμβριω mésic 1863.</s>
<s>L'identité est à peu près complète avec la langue et l'usage orthographique du manuscrit de Paris.</s><s>Les deux anomalies d'accent que nous avons relevées en noté ne surprennent pas trop dans un texte écrit en majuscules et non au fil de la plume, et composé de réminiscences de titres slavons; il est probable que la forme iskáreno résulte d'une confusion du verbe moderne (da) iskáram et du slavon iskaženo «gâté» (accent probable iskáženo. cf. s. -cr. nakažen) , terme d'humilité employé par un traducteur en langue vulgaire.</s>
<s>Il est donc extrêmement vraisemblable, pour ne pas dire certain, que l'Évangéliaire parisien a été composé par le même auteur, Eustathios Kypriadis, ou par l'un de ses disciples; à Kolakia (prononcer: Kulakia) , vers la même époque, c'est-à-dire aux alentours de 1860.</s><s>L'examen linguistique du texte nous montrera ce qu'est le «parler bulgare» du Vardar inférieur (πούγαρτσκο ιζίκ) qui: lui est commun avec l'Évangéliaire de Sofia.</s>
<s>Kulakia (suivant la prononciation locale) est une bourgade située dans la région des bouches du Vardar, vers le milieu du rectangle formé par ce fleuve, la ligne du chemin de fer de Monastir, la rivière du Galiko et la mer Égée, à environ 5 kilomètres de la rive gauche du Vardar, 7 kilomètres du chemin de fer, 8 kilomètres du Galiko et 6 kilomètres de la mer.</s><s>La population en était composée, à la veille de la première guerre balkanique (1912), de Bulgarés patriarchistes bilingues pour un peu plus d'un quart et de Grecs pour un peu moins des trois quarts; un évêque grec avait là son siège avec le titre d' «évêque de Campanie», et ce siège avait été illustre notamment aux XVIIIe siècle par Théophile Papaphilou de Jannina, à la fois savant et patriote épirote.</s><s>Les villages les plus proches, il y a vingt-cinq ans, étaient peuplés, soit de Bulgares patriarchistes (Koniari, Kolopanci, Lapra, Mahmud čif, et Cali čif.), soit d'éléments mélangés (Turcs et Bulgares patriarchistes à Tekeli, Bulgares exarchistes et patriarchistes et Bosniaques mahométans immigrés à Unčii=Jundžular) .</s><s>Sur la rive droite du Vardar, au sud-ouest des bouches, et dans la région s'étendant au sud-est de Salonique les Grecs tenaient la région côtière de l'Égée.</s><s>Au nord de la ligne du chemin de fer, par contre, les Bulgares exarchistes étaienten majorité, avec leurs deux centres d'influence, Enidze Vardar (Pazar) à l'ouest et Kukuš à l'est.</s><s>Kulakia se trouvait ainsi comme à la frontière de la masse bulgare et de la masse hellenique, mais elle subissait plus fortement l'attraction de cette dernière.</s><s>Les deux Évangéliaires quiy ont été composés nous prouvent l'attachement des bulgarophones de ce village de la Macédoine méridionale à leur langue maternelle, mais dans le giron de l'Église du patriarche et sous le manteau de l'écriture grecque.</s><s>Ils ne pouvaient suffire à maintenir la tradition linguistique slave, bien que celle-ci fût sans doute notablement plus forte durant les années 60 du XIXe siècle qu'au début du XXe.</s><s>De fait, aux trois quarts hellénique en 1912 et ne contenant plus qu'une faible proportion de bulgarophones, ce village était destiné à s'helléniser rapidement.</s><s>Les deux guerres balkaniques (1912-1913), la grande guerre et, depuis1922, l'afflux des émigrés grecs du Caucase, de Thrace et d'Asie Mineure ont accéléré l'hellénisation.</s>
<s>En 1933, Kulakia, devenue Chalastra pár une identification historique peut-être discutable (Hérodote, VII, 123: . .</s><s>Χαλεστρη(ν) επι τον Αειον ποταμον ), compte 515 maisons et quelque 3 250 habitants.</s><s>Elle a cessé depuis bien des années d'être siège épiscopal, mais conserve, au milieu de la place principale, une belle église de construction relativement récente desservie par trois prêtres.</s><s>Une grande école toute neuve, s'élevant à une extrémité de la place, atteste le zèle du Gouvernement hellénique.</s><s>Les maisons s'égrènent autour de l'égliseet de l'école, coiffées de larges nids de cigognes le plus souvent assez distantes l'une de l'autre, elles se dispersent dans la plaine, et la bourgade a de loin l'aspect d'une petite ville.</s><s>Voisins de Salonique, les habitants sont plus citadins que paysans: ils vivent de la pêche, de petits métiers; ils élèvent un peu de bétail dans les herbes du delta.</s><s>Le voyageur qui passe n'entend parler autour de lui que le grec, et le grec est bien là, en effet, la langue de la vie publique, la seule dont la majorité de la population ait la pratique courante.</s><s>Quelques familles, pourtant, parlent encore le bulgare, et beaucoup des habitants, sinon la plupart, en ont au moins quelque connaissance: les relations de village à -village, et surtout avec Gündular (Valmadha) et Jündžular (Kimêna) , suffisent à maintenir ces survivances.</s><s>Survivances trop précaires et trop troubles pour nous fournir un témoignage qui vaille d'être retenu sur le parler localde l'Évangéliaire de Kulakia.</s>
<s>Aussi bien la population de Külakiä a été presque entièrement renouvelée il y a plus de cinquante ans une inondation du Vardar l'avait chassée en 1869, et, lors de son retour, en 1880, au moment de la restauration, financée par Athanasios Katsaménis, un petit nombre seulement des familles anciennes ont repris leur place aux foyers abandonnés; le reste était composé de nouveaux-venus.</s><s>Quelle est la part respective dans cet ensemble des descendants de ces pêcheurs légendaires qui, suivant le directeur de l'école Athanasios Kravvas, seraient venus des îles de Skopelos et de skinto s'installer les premiers dans ce coin du delta, - des paysans bulgares, qui ont apporté aux pêcheurs grecs leur labeur de maraîchers et de bergers, - des réfugiés hellènes ou slaves que les guerres de 1897, de 1912-1913, de 1915-1917 et de 1922 ont mis en mouvement?</s><s>Il serait vain de chercher à le savoir.</s><s>Nous sommes en présence d'une population, nouvelle.</s><s>Aucun document d'archives paroissiales, aucune relation orale ne conservent le souvenir d'Eustathios Kypriadis ni de ses Évangéliaires en langue du Vardar.</s><s>La tradition a été rompue.</s>
<s>II ne nous reste qu'à étudier le parler de Kulakia d'après le témoignage que nous en donne, vers 1860, le manuscrit de l'Évangéliaire parisien, comme s'il s'agissait d'une langue morte attestée seulement par des textes.</s>
<s>IV-L'EMPLOI PAR les Bulgares de L’ÉCRITURE GRECQUE.</s>
<s>L'expérience de l'adaptation au slave de l'écriture grecque est vénérable.</s><s>Le moine Chrabr nous rapporte que, vers le milieu du IXe siècle, les Slaves de la Macédoine méridionale s'étaient essayés, avant les frères de Salonique, à noter leur langue à l'aide des lettres grecques L'invention même de la glagolitique par Constantin ne</s>
<s>Македонски јазик</s>
|
8935 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%BE%D0%B2%20%D0%BF%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%20-%201946 | Говор на Тодор Павлов по повот заминувањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Скопје - 1946 | <s>Говор на Тодор Павлов по повод заминувањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Скопје - 1946</s>
<s>7ми октомври 1946 г.</s>
<s>Има еден интересен историски факт на кој обично не му се дава потребното внимание.</s><s>Зборот ми е за следното.</s><s>Тројцата големи демократи-револуционери на Србија, Бугарија и Македонија - Светозар Марковиќ, Христо Ботев и Гоце Делчев, се формираа и работеа не само како големи демократи-револуционери и борци за национална слобода на своите народи, но исто така, во една или друга форма и степен, како социјалисти.</s><s>Светозар Марковиќ во Србија со право се смета за родоначалник на српскиот социјализам, иако секако тој беше повеќе следбеник на утопистичкиот социјализам на Чернишевски отколку на марксизмот.</s><s>Ботев во Бугарија со не помалку право се почитува за неговиот голем патриотизам и за утопистичкиот социјализам, како и за некои индивидуални елементи од дијалектичко-материјалистички карактер во неговите ставови и, со еден збор, претходник на научниот социјализам кај нас, чиј основоположник подоцна по ослободувањето стана Димитар Благоев.</s><s>Гоце Делчев, пак, иако во своите зрели години се оформи и се пројави пред сè и главно како голем стратег, тактичар и организатор на македонското национално-револуционерно движење, не само што на млада возраст, како јункер во военото училиште, се пројави како социјалист, па токму затоа бил избркан од училиштето, но и до крајот на животот си остана тесно поврзан со оние македонски национално-револуционерни личности, како Јане Сандански, Никола Краев, Васил Главинов, Веле Марков, Димо Хаџидимов и др., кои го сочинуваа македонското национално-револуционерно движење, неговото социјалистичко крило.</s>
<s>Овој факт, секако, не е случаен, туку се должи на голем број услови од објективна и субјективна природа.</s><s>Пред сè тој се должи на околноста дека сите тие три земји на времето страдаа, иако во различни облици и степени, не само од турскиот економски-феудален и политички систем и од теророт на тогашните одговорни и неодговорни фактори, туку и од своите чорбаџии и експлоататорски и предавнички кругови и елементи, од една страна, а од друга, и од конкуренцијата и империјализмот на западноевропските капиталистички земји, како и од методите на експлоатација на тогашниот штотуку испилен капитализам кај нас, кој од своја страна се појави на историската сцена доста касно, па не можеше да се развива нормално во соодветните облици и брзини.</s>
<s>Под овие услови, без да зборуваме за честите војни на Турција, кои ги чинеа балканските земји прилично скапо, и под идеолошко влијание на идеите на Големата француска револуција и онаа од 1818 година, како и на западните утописки социјалисти, и од големите руски демократи, народници и утопистички социјалисти, сиромашните и средни селани, занаетчиски и трговски маси, а главно и националната интелигенција, која потекнува од нив, во процесот на нивна пролетаризација се револуционираше до таков степен што прашањето за национално ослободување во одреден облик и степен прераснуваше во социјалистичко од утописки карактер.</s><s>Иако Светозар Марковиќ живеше и работеше по ослободувањето на Србија, кажаното во одредена смисла се однесува и за него.</s><s>Тоа уште повеќе важи за Гоце Делчев, чија родна земја, Македонија, по ослободувањето на Бугарија, требаше да ги продолжи своите револуционерни напори за национално ослободување и за ослободување и создавање на македонска држава, која, како што не еднаш се беше искажал Гоце, требаше да биде за Македонците, како што и, во исто време, целиот Балкан - за балканските народи.</s>
<s>Невозможно е во краток говор како овој подробно да се опише тогашната внатрешна и надворешна положба на Македонија, но факт е, до сега неоспорен од никого, дека во Македонија не само што не исчезнаа погоре споменатите услови, туку уште повеќе, тие сега се развија уште појасно во секој поглед, така што во македонското национално-револуционерно движење се создаде и се разви крилото кое беше од социјалистички карактер.</s><s>И не е случајно што луѓето од ова социјалистичко крило, како што се Гоце Делчев, Н.</s><s>Карев, Димо Х.</s><s>Димов и др. станаа најверните, најпреданите, најчесните и најдоследните македонски патриоти и борци за национално ослободување на својата земја и за создавање на една социјална македонска република, која ќе стане природен составен дел во сојузната балканска Република, и со тоа ќе престане да биде јаболко на раздорот меѓу балканските земји и ќе стане моќна обединувачка алка меѓу нив.</s>
<s>Нема сега да го разгледам прашањето зошто Гоце Делчев, откако на млада возраст јасно се дефинираше како поддржувач на социјализмот, подоцна се пројави главно како голем стратег, тактичар и организатор на македонската национална револуција.</s><s>Разгледувањето на ова прашање би не одвело многу далеку.</s><s>Во овој случај за нас е поважно следново:</s>
<s>Прво.</s><s>Социјалистичкото училиште, кое Гоце Делчев го помина на млада возраст, не остана без одредено влијание врз неговата понатамошна револуционерна дејност.</s><s>Ова влијание пред сè се изрази со тоа што тој ги бараше и ги наоѓаше своите најверни соработници и пријатели меѓу национално револуционерните дејци, кои ги нарековме погоре социјалисти, кои останаа смртни противници од почеток до крај на секаков шовинизам, на секаков врховизам, на секаков монархизам, а подоцна по смртта на Гоце и на фашизмот.</s>
<s>Второ.</s><s>Тоа влијание се покажа и преку фактот што имено за Делчев македонското национално револуционерното движење од почетокот до крајот на неговата револуционерна дејност беше проткаено со важни социјални проблеми и задачи, како во смисла на радикално подигнување на прашањето за целосно ослободување на македонските селски маси од сите остатоци на турскиот феудализам, пред сè, прашањето за земјата, која треба да им припаѓа токму на селаните кои ја работат, така и во смисла на поставување на голем број други социјални проблеми што се однесуваат општо на работните селски и градски маси, кои проблеми во една или друга форма добиваа во идеологијата и активностите на некои револуционери социјалистички карактер, без притоа овој нивен социјалистички карактер да преминува во негирање или потценување на демократскиот национално-револуционерен карактер на македонското движење.</s><s>Доколку некои од овие социјалисти (зборувам за тесните социјалисти) подоцна дошле до одредени секташки ставови за македонското национално прашање, Гоце Делчев не може да се вброи меѓу нив и не може да биде обвинет за лево-сектаризам.</s><s>Тој подоцна допушти некои грешки од поинаква природа, за кои ќе стане збор подолу, но општо земено се пројавил од почетокот до крајот на својата дејност како еден од најдоследните револуционери, чие влијание преовладеа при формулирање на првиот устав на македонската внатрешна револуционерна организација.</s>
<s>Еве на пример, како гласат првите членови на Уставот на Внатрешната Македоно-одринска Револуционерна Организација:</s>
<s>„Чл. 1 ВМОРО има за цел да ги сплоти во едно сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, за извојување на политичката автономија на овие две области.</s>
<s>Чл. 2. Организацијата се спротивставува на стремежите за поделба и освојување на овие области од која било држава.</s>
<s>Чл. 3. За да се постигне таа цел, организацијата се бори за отстранување на шовинистичката пропаганда и националните расправии кои го делат и ослабуваат населението во борбата против заедничкиот непријател; дејствува за внесување на револуционерен дух и свест кај населението и ги користи сите средства и напори за час поскоро да го вооружа населението навремено и со сè што му е потребно за едно сенародно и сеопфатно востание.</s><s>Се грижи за културното и економско издигнување на организираното население и ја поддржува неговата правна борба против турската власт.</s>
<s>Во редица свои изјави, Делчев не еднаш беше нагласил дека тој и неговата организација се борат не против самите турски селски и градски експлоатирани маси, туку само против власта и тиранијата на султанот, само против системот на експлоатација и угнетување на народните маси.</s><s>Во својата агитација и организациона работата меѓу другите етнички малцинства во Македонија, Гоце Делчев не правеше разлика меѓу Македонци, Власи, Турци и др. Затоа, како што забележува и Јаворов во своите „Ајдучки копнежи“, тој беше просто боготворен не само од македонските, туку и од другите народни маси во земјата.</s><s>А ова не беа само зборови на Гоце и неговите истомисленици.</s><s>Кога беше создадена првата национална и социјална република за време на Илинденското востание во Крушево под претседателство на националниот револуционер и социјалист Никола Карев, таа не само во своите пишани документи, туку и на дело ги нагласи овие идеи на водачот на македонската национална револуција Гоце Делчев.</s>
<s>И токму овие сфаќања и пројави на Гоце ни даваат одредена основа да го сметаме за претходник на подоцнежниот Македонски Народно-ослободителен Фронт, кој под врховно раководство на големиот син, учител и водач на југословенските народи, легендарниот Тито, најсетне успеа да го оствари големиот сон на Гоце и неговите соработници: создавање на слободна и суверена македонска држава, која слободно се самоопредели и влезе како неразделна федерална република во Титова федеративна Југославија.</s><s>Не велам, се разбира, основачот, туку претходникот.</s><s>Но тоа малa заслуга ли е?</s><s>Не ли е тоа вистинска слава и гордост и за самиот Гоце, но и за целиот веќе слободен македонски народ?</s>
<s>Со ова разбирање на карактерот и важноста на македонското национално револуционерно движење, Гоце Делчев се појави и се наложи како негов голем стратег, тактичар и организатор.</s>
<s>За Гоце, како стратег, треба да се забележи пред сè дека тој најдоследно и најупорно се бори како против турската феудалната економска и политичка тиранија и доминација, така и против велико-бугарскиот и сите видови и степени на врховизам, и особено против сите обиди на бугарската монархизмот да го искористи македонското национално-револуционерно движење за свои реакционерни, династични и класни цели со тоа што ќе го впрегне во колата на германската империјалистичка политика „драг нах остен“ и ќе го противстави на рускиот и другите словенски народи.</s><s>Во овој поглед, заслугите на Гоце се навистина историски и ја задржуваат нивната важност до дешен ден.</s><s>Гоце, без никогаш да се откаже во принцип од секаква помош од надвор, недвосмислено и не еднаш се беше изјаснил против илузиите за ослободување на Македонија преку надворешно мешање, било од соседните балкански држави, било од некои големи европски империјалистички сили.</s><s>Цврсто, доследно, упорно стоеше на гледиштето дека ослободувањето на Македонија и Балканот од секое феудално или империјалистичко влијание е дело на македонскиот и на самите балкански народи.</s><s>А особено за ослободувањето на Македонија, тој сметаше, длабоко убеден дека нејзиното ослободување може да дојде само преку сериозна подготовка и подигање на сенародно вооружено востание, на чија пропаганда и организација ги посвети сите свои силии, и најсетне херојски ја положи и својата прекрасна глава на 1 мај 1903 година во близина на селото Баница, Серско.</s>
<s>Но, откако ја постави оваа голема стратешка, национална и социјална задача, Гоце, како тактичар и организатор, се покажа како реалист од прв ред.</s><s>Познато е дека Гоце, заедно со него и Никола Карев и други, се спротивставија на одлуката на внатрешните и надворешните врховисти, на чело со Гарванов и Борис Сарафов, за востание.</s><s>Тој и некои други членови на Централниот комитет на ВМРО свикаа специјално заседание во Софија, на кое солунското решение од јануари 1903 година беше поништено, зашто, според нив, востанието, и политички и воено, сè уште не беше доволно подготвено.</s><s>Арно ама врховистите, поради непростливата „попустливост“ на Даме Груев, го решија на конгресот во Смилево прашањето за подигањето и датумот на Илинденското востание, кое, како што е познато денес, и покрај прочуеното херојство на револуционерните македонски маси, на чело на кои застанаа и другарите на Гоце, како што се Никола Карев и др., претрпеа тежок пораз.</s><s>Бугарскиот монархизам и врховизам се обидоа да го искористат токму овој пораз за да ја оплетат нивната реакционо-монархиско-врховистичка кошница, а сам Гоце, како што реков претходно, херојски загина уште пред востанието.</s><s>Секако, има голем број на сериозни причини да веруваме дека неговата смрт не била случајна, туку била дело на гнасно врховистичко предавство, макар последното да било направено специјално за четата на војводата Гуштанов, кон која во тоа време се беше придружил и самиот Гоце.</s>
<s>Како тактичар Гоце Делчев се одликуваше и со сериозниот став кон прашањето не само за вооружената, туку и за идеолошко психолошката подготовка на народните маси.</s>
<s>Тој не еднаш, не по еден повод беше изјавувал и нагласувал дека за да биде востанието успешно, народните маси треба да бидат доволно идејно и психолошки подготвени, за да знаат за што се борат и да може да ја издржат тешката и судбоносна борба до крај.</s><s>Се разбира, тој никогаш не западнал во просветителско опортунистичко разбирање на револуционерната просвета и не ја сфаќал просветно револуционерната работа како нешто одвоено од општата положба и задачи на земјата и на револуционерното движење.</s>
<s>За да се подготви сеопфатно народната револуција и да ги обезбеди воено-техничките, политички и просветно-идејни предуслови, Гоце спроведе една титанска организациска дејност, која може да се рамни само со онаа на Левски.</s><s>Тој постојано ги обиколуваше сите револуционерни окрузи и комитети, учејќи, давајќи ги потребните директиви, судејќи, внесувајќи ентузијазам, инпирирајќи создаваше револуционерен кадар, учествуваше дури и во техничко производство на бомби и во пренесувањето на оружје и др. Со таа организациска дејност тој будеше љубов, ентузијазам и подготвеност за борба и жртви кај револуционерните народни маси, а кај противниците се всадуваше вистинскит страв и трепет, поради што тие од дното на душата го мразеа и не еднаш се обидоа физички да го уништат.</s>
<s>А за постигнувањето на сите тие успеси, не малку му помагаше и неговиот личен шарм како патриот, хуманист и револуционерен учител и водач.</s><s>Гоце беше една навистина шармантна личност, па нашиот поет Јаворов со право го нарекува во својата биографија на Гоце: „ајдучко божество“.</s><s>Имаше нешто навистина неодоливо шармантно кај тој македонски „ајдутин револуционер“ и тоа не само во неговиот морален и идеен, туку и во неговиот физички изглед.</s><s>Прекрасно граден, со чудесно убави црни очи, виток, снаодлив, со неисцрпна физичка и духовна енергија, со чудесно срце, што се одзива на секое народно страдање и болка - тој беше навистина личност што ретко се среќава во историјата на народите.</s><s>Не можам сега да се сетам кога и под какви околности го имам видено и дали тоа се случи во Македонија, или овде во Софија, но во моите детски спомени ми се врежал неговиот лик кој, во споредба со овој портрет што го гледаме овде, навистина не ни дава ни приближна претстава за големиот, неискажлив шарм што извираше од тој прекрасен човек, кој стана една од најубавите легенди на македонскиот народ.</s><s>За него шумат приквечер таинствено со неискажлива убавина брановите на Вардар и Егеј; за него простум се вишат со волшебната синевина во македонското небо снежните врвови на Шар и Пирин; за него замолкнуваат во тага темните македонски гори, како што тоа со големо поетско мајсторство го пренесе во една од неговите песни најголемиот современ поет на Македонија - Венко Марковски:</s>
<s>Горо ле, стрео ајдучка,
горо ле, мајко јуначка,
зошто ле горо, зашуми
кога ни ветре не дувна?</s>
<s>Дал ми те јунак наминал
со стара верна дружина?</s><s>Дал ми те некој проколна
за вековечни времиња.</s>
<s>Ил ми те нешто исплаши,
исплаши памет помами?</s><s>Горо ле, не трај — прозбори,
тешка ми рана отвори.</s>
<s>„Нито ме јунак намина,
со стара верна дружина,
нито ме некој проколна
за вековечни времиня.</s>
<s>нито ме нешто исплаши,
исплаши памет помами,
туку ме куршум прониза,
туку ми Делчев загина.</s>
<s>Силна ме треши трешница,
лута ме стаса неволја
затоа така зашумив
у таја доба никоја!"</s>
<s>А кој од нас не ја знае прекрасната народна песна за женидбата на Гоце и Македония?</s>
<s>Каков се облак зададе
од долу — од Македонија. . .</s>
<s>Не ми е било облаче, народната песна продолжува, туку е била четата на „Гоце Војвода“, кој падна во битка и со тоа симболично се „ожени“ со „таа пуста Македонија“.</s>
<s>Ваквите грандиозни поетски слики во народната и индивидуалната поезија се можни само за хероите, кои народите ги облекеле во ореолот на легендарност, зашто се влезени длабоко во свеста и потсвеста на самите народни маси.</s>
<s>Гоце навистина стана голема народна легенда, каква што за бугарскиот народ се Караџата, Левски и Ботев.</s><s>Токму затоа неговото моќно револуционерно и духовно влијание ни најмалку не ослабна во последните децении, туку напротив, растеше сè повеќе и повеќе.</s>
<s>Но токму затоа, ние веднаш ќе додадеме, ако сакаме да бидеме негови вистински и достојни почитувачи и ученици, не можеме и не смееме да премолчиме, дури и во свечените чествувања во негова слава, како што е случајот денес, некои од неговите слабости и грешки, од кои македонските поколенија се должни да ги извлечат нужните поуки, за да може доследно да се спроведе, до самиот крај, сонот на Гоце за ослободување и сестран успех и величие на македонскиот херојски и во секој поглед прекрасен народ.</s>
<s>Ако оставиме настрана некои грешки од чисто организациска природа, осознаени покасно и од самиот Гоце, ќе се навратам тука само на две негови грешки, од кои првата е чисто тактичка.</s>
<s>Зборот ми е дека непосредно пред Илинденското востание, за кое Гоце и Ѓорче Петров сметаа дека не беше доволно политички и воено подготвено, тие двајцата, во целосна противречност со овој став за предвременото Илинденско востание, дадоа наредби за зачестување на атентатите и четничките акции во земјата, кага самиот Гоце го изврши со својот одред познатиот напад на мостот и тунелот кај Ангиста.</s><s>Тој, се разбира, брзо ја сфати својата грешка, но веќе беше доцна: самиот тој, заедно со Ѓорче Петров со тие нивни наредби налејаа масло на огнот и го забрзаа востанието, кое беше веќе испланирано од внатрешните и надворешните врховисти.</s>
<s>Втората грешка, многу поважна, е тоа што Гоце, кој со целата своја револуционерна дејност и разбирање, неизмерно придонесе за формирањето и развојот на македонската национална (македонско-словенска, не бугарска и не српска) свест, сепак не најде можност да се справи со ова исклучително важно прашање и да му го даде решението што го подготви историјата уште пред ослободувањето на Бугарија, а по нејзиното ослободување го заврши врз основа на голем број географски, економски, политичко-револуционерни, културни и др. услови.</s><s>Се разбира, на Гоце му беа познати, на пример, ставовите и дејноста на Теодосиј Скопски, на Партенија Зографски, на Петар П.</s><s>Арсов и „лозарите“, на Ѓорче Петров, на Мисирков и др., но сепак, тој за ова исклучително важно прашање не зазеде јасен став.</s><s>Тоа не можеше да не се одрази врз целата негова политичка, тактичка и организациска национално-револуционерна дејност.</s>
<s>Како и да е, не смееме да бидеме неправедни спрема сеќавањето на големиот македонски син, и затоа тука, сепак, сме должни да одбележиме дека Гоце напишал во едно свое писмо: „Така ли нема кој да напише барем една книга на македонски?“ Овој восклик на Гоце покажува дека ако тој беше жив, во никој случај немаше да остане рамнодушен на фактот дека денес во Македонија има маса книги, а не само поетски и публицистички, напишани токму на македонски јазик, кој веќе прилично се разви и се повеќе и повеќе се дооформува и усовршува како нов литературен македонски јазик.</s><s>Лириката на Рацин, на Неделковски и особено на Венко Марковски и на цела редица други талентирани македонски поети, прекрасни списанија и многу други дела кои излегуваат со зголемено темпо, прекрасни драмски дела, изведени со огромен успех од страна на Скопскиот Народен Театар, од чие мајсторство и ние овде во главниот град на братска Бугарија, имавме неодамна прилика да се восхитуваме, не само од изведбата на артистите, туку и од кршниот и звучен македонски јазик - сето тоа е непобитен доказ дека желбата на Гоце е веќе историски факт кој со никакви извртувања и со никакви провокативни подметнувања и интриги на нашите великобугарски реакционери, кои сакаат да го вратат тркалото на историјата наназад, не може да биде ниту одречен, ниту омаловажен или потценет.</s>
<s>Но, како што реков погоре, и пак ќе кажам, и покрај сето ова, Гоце со самата негова револуционерна дејност и особено со немилосрдната борба против великобугарските, великосрпски и други злоупотреби за сметка на македонскиот народ и револуција, неизмерно придонесе за таквото решение на ова прашање, кое историјата веќе му го даде без можност за ревизија, и кое логично ги надополни и ги доврши самите револуционерни македонско-ослободителни погледи и дејност на Гоце.</s>
<s>И токму затоа што тоа веќе се случи, и токму затоа што македонскиот народ во последната епска борба против фашистичкиот јарем, овој пат испадна не сам, туку имаше голем број моќни и верни пријатели и сојузници: моќното југословенско народноослободително движење, предводено од славната југословенска комунистичка партија и нејзиниот легендарен водач - организатор на победата над фашизмот - Јосиф Броз Тито; движењето „Татковински фронт“, а подоцна и режимот „Татковински фронт“ во Бугарија, на чело со НК на ОФ и БРП (к) и неговиот легендарен учител и водач - учител и водач и на целиот бугарски народ - Георги Димитров; народно демократски движења и нивните водачи и други словенски и демократски земји, особено и на прво место великиот СССР со својата славна Комунистичка партија, со непобедливата Црвена армија и најголемиот политички и воен лидер, стратег и организатор - генералисимус Сталин; токму заради сето ова, а исто така и заради новите нараснати внатрешни сили во самата Македонија, со нејзиното славно Народноослободително движење, предводено од Македонската комунистичка партија и нејзините водачи Д. Влачов и Лазар Колишевски - токму заради сето ова новиот македонски Илинден е крунисан со целосен успех и како резултат на тоа, сега имаме нова, слободна, суверена, национално еманципирана и независна стопански, политички, национално и културно силно успешна Македонија како природна федерална единка на Титова Федеративна Југославија.</s>
<s>Треба да се рече смело и сега да се нагласи дека ако вториот Илинден заврши толку блескаво, неговата генерална проба од 1903 година, организирана од Гоце и неговите соборци (и покрај измамите и лукави пресметки на внатрешните и надворешните врховисти со предвременото подигање на востанието) беше и ќе остане, и во свеста на македонскиот и на сите балкански народи токму како еден од условите за победоносното привршување на вториот Илинден - 11 октомври 1941 година, кое се доврши на Илинден 1944 година со историското заседание на АСНОМ, во манастирот Пчиња, каде е создадена новата македонска Федерална Република, која суверено се самоопредели да стане природна составна единка на Федеративна Титовска Југославија.</s>
<s>Оваа историска заслуга на Гоце и неговите соборци, и покрај некои нивни грешки и недостатоци, кои сега ги спомнуваме само за да не ги повтараме, е доволна за да остане името на Гоце едно од најомилените имиња за македонскиот народ и за биде обвиткан неговиот лик со неуништив ореол на славата и љубовта народна.</s>
<s>И сето ова ни дава право да тврдиме дека Гоце е сè уште жив меѓу нас и дека бесмртениот негов дух продолжува да бдее на верна стража, будно грижејќи се за понатамошната судбина на неговата сакана земја и народ.</s><s>Никаква кал, никакви клевети и провокации од нашите и други шовинисти и реакционери нема да може да ја помрачи неговата слава и да ја згасне големата љубов што ја има за својот легендарен македонски син, веќе слободениот и заитан со џиновски чекори напред народ.</s>
<s>Гаранцијата за ова се:</s>
<s>Пред сè, моќното народнофронтовско движење и моќ на Титова Федеративна Југославија и нејзиниот велик маршал, учител и водач на сите југословенски народи - Јосиф Броз Тито;</s>
<s>Моќното отечественофронтовско движење и власт на Народна Република Бугарија и нејзиниот учител и водач, основач, инспиратор и организатор на нејзините победи - Георги Димитров;</s>
<s>Моќни народнофронтовски движења во другите словенски и други демократски земји и нивните славни водачи и учители, на чело со великиот СССР и неговиот бесконечно сакан од сите демократски народи и движења, мудар, брилијантен и ненадминат низ целата човечка историја, учител, водач и генералисимус - Јосиф Сталин!</s>
<s>И ете, денес се собравме овде, во срцето на отечественофронтовска Софија, за да му оддадеме слава и почит на споменот на големиот македонски син и неговото историско револуционерно, национално, социјално и културно дело.</s>
<s>Дојдени ни се неговите верни ученици, борците на Народниот фронт за слободата на Македонија и творци на нејзината нова национална и општочовечка култура, за да ги земат коските на својот национален учител, водач и херој и да ги пренесат во Скопје - главен град на новата, веќе слободна, федерална Македонија.</s>
<s>Јас немам ниту можност ниту овластување да давам некакви особени изјави или декларации од чисто политичка природа.</s><s>Но, сепак, мислам дека имам право и должност да го кажам овде следново:</s>
<s>Овој чин, чинот на пренесување на коските на Гоце Делчев од нова, слободна, отечественофронтовска Софија во новиот главен град на македонската слободна држава, смело ќе кажам, има големо историско, симболично значење, уште повеќе затоа што на нивниот пат тие ќе поминат и низ Пиринска Македонија.</s>
<s>Свеченото и искрено испраќање на светите коски на Гоце, кое новата ОФ Бугарија го организирано, исто така претставува голем историски и симболичен чин кој покажува дека во Македонија, во цела Југославија, како и овде во ОФ Бугарија, работите од корен се променија и тоа во смисла и пред се главно на довршување и логичен крај на историското дело на Гоце и на сите негови современи и подоцнешни ученици и соборци.</s>
<s>Македонија може да биде, треба да биде и конечно ќе биде обединета во своите природни историски граници.</s><s>Така обединета, моќна, слободна, суверена и од секој поглед прогресивна, таа навистина ќе стане моќна обединувачка алка на балканските словенски и другите демократски народи - славна историска улога на која беше предодредена дури и во времето на нејзиниот бесмртен син Гоце Делчев.</s>
<s>Поклонувајќи се од името на отечественофронтовска народно-републиканска Бугарија пред светите коски на легендарниот син на Македонија и искажувајќи длабоко убедување дека овој историски симболичен чин ќе послужи за уште поголемо, поцелосно и порешително приближување и дружба меѓу бугарскиот народ и народите на братска Титова Југославија, и особено македонскиот народ, извикувам:</s>
<s>Да живее цврстата и неразрушива дружба меѓу сите словенски и слободољубиви народи, на чело со великоиот СССР и со рускиот народ, нашиот, и ослободител на сите словенски народи, учител и покровител!</s>
<s>Да живее цврстата и неразрушива дружба меѓу сите јужни словени!</s>
<s>Да живее Федеративна Титова Југославија!</s>
<s>Да живее отечественофронтовска народно-републиканска Бугарија!</s>
<s>Да живее слободна, суверена, народно-републиканска, и во секој поглед прогресивна федерална Македонија - остварениот сон на бесмртениот и легендарен нејзин син, претходник на Националниот Македонски Фронт - Гоце Делчев!</s>
<s>Тодор Павлов, Гоце Делчев, Софија, Нариздат 1946 година</s>
<s>Историја на Македонија
Историја на Бугарија</s>
<s>en:A speech by Todor Pavlov on the departure of Goce Delchev’s remains for Skopje - 1946
bg:Реч по случай пренасяне костите на Гоце Делчев в Н.</s><s>Р.</s><s>Македония</s>
|
8940 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%98%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%9E%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Писмо од Илинденската Организација до Владата на слободна Македонија | <s>ИЛИНДЕНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
Но 58
10 јули 1946 год.</s><s>Софија
ул.</s><s>Пирот 5, Тел. 2-19-32</s>
<s>До Поч.</s><s>ЗЕМСКИ ОДБОР
НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ ФРОНТ
во Скопје</s>
<s>Драги другари,</s>
<s>Посмртните останки на Гоце Делчев - првоапостолот на Македонското ослободително движење - во 1917 г. беа извадени од гробното место во с.</s><s>Баница, Серско, исчистени од покојниот Гоцев соборец Михаил Чаков, а во 1920 г. при основањето на Илинденската организација, тој ги предаде на нашата организација.</s><s>Се изврши молебен, цела седмица специјалниот саркофаг стоеше во црквата „Св. Недела“, каде што илјадници македонски емигранти проврвеа на поклонение.</s><s>Предавањето беше свечено, се состави протокол, беше потпишан од завештателот и од нашето Раководно тело, кое со клетвена декларација го превзеде задолжението да ги пази како зеницата во окото, да ги предава на идните раководни тела на организацијата, и кога Македонија ќе биде ослободена Раководното тело на Илинденската организација да го пренесе саркофагот во престолнината на Македонија и да го предаде на соодветната македонска власт.</s><s>Повеќе од четвртина век нашата организација ги чува како реликвија Гоцевите посмртни останки и деноноќно свети кандило.</s>
<s>Нашиот претседател, др. Стефан Аврамов, кој присуствувал на примо-предавањето , на едно заседание во м. октомври 1944 г., на кое учествуваа и др. др. Мартулков и Гермов, изјави дека е веќе време да бидат пренесени во Скопје.</s><s>Во м. декември истата година тој поднесе предлог и до Народноослободителниот фронт во Скопје.</s>
<s>На 1. април 1946 г. нашиот претседател во присуство на Гоцевите сестри повторно предложи саркофагот да биде пренесен на 5 мај оваа година во време на свеченостите за Гоце во Скопје.</s><s>На тој негов предлог се противставија сите членови на Раководното тело и домашните на Гоце, зашто не била уште целосно ослободена Македонија.</s>
<s>Во м. мај оваа година нашиот претседател говорел со некои другари од Н.</s><s>О.</s><s>Ф. во Скопје, кога ви објаснил да се обратите со официјално писмо до Илинденската организација и да испратите комисија од НОФ, која заедно со Раководното тело ќе го пренесе саркофагот во Скопје.</s><s>Тој го смета ова за голем политички чин да се стави точка на великобугарскиот шовинизам, чии агенти се решителни противници на тоа пренесување.</s>
<s>Дошло до недоразбирање.</s><s>Наместо да се обрнете до нашата организација, сте го упатиле писмото од 25 јуни о.г. до Македонскиот национален комитет за пренесување на посмртните останки на Гоце.</s>
<s>Нашето раководно тело е одговорно пред конгресот и опшественото мислење, затоа што го превзело долгот да ги пази и предаде на законските власти во слободната македонска држава и неопходно е да има писмен документ од Земскиот одбор за таа цел.</s>
<s>Сношти нашиот претседател со специјална комисија ги посети Гоцевите блиски, и ги покани да присуствуваат на предавањето на посмртните останки на Гоце на Земскиот одбор на НОФ во Скопје.</s><s>Тој побрза да го стори тоа зашто рабра дека злосторните врагови на Македонската народна република правеле постапки пред нив да не се согласат.</s><s>Претседателот ни изложи дека дека тој, како пазител на тие посмртни останки ќе ја исполни повелбата на завештателот, но ги кани и тие да се придружат на процесијата која ќе биде акт на солидарност и љубов спрема младата слободна Македонска република.</s><s>Гоцевите живи сестри и роднини од браќа и сестри го прифатија тој братски предлог со радост.</s><s>Го поканивме и најблискиот другар на Гоце - Туше Делииванов.</s><s>Кога претседателот го извести дека тој е избран за почесен пратеник на АСНОМ, чувства го совладаа и немаше сила да проговори.</s>
<s>Откако ви го образложивме сево ова, ве молиме да го упатите официјалното писмо до Илинденската организација да го пренесе саркофагот во Скопје.</s><s>Со тоа сметаме дека ќе се исполни повелбата на завештателот М.</s><s>Чаков, од една страна, и од друга, со потпишување на протокол во Скопје по примо-предавањето ќе го исполниме нашиот долг на пазител, зашто во иднина пазител на тие свети посмртни останки ќе биде НОФ.</s>
<s>Ве молиме веднаш да бидеме писмено известени кога ќе се случи тоа пренесување, на кој граничен премин ќе бидеме пречекани, зашто треба да ги поканиме претседателите на нашите друштва во Варна, Бургас, Шумен, Пловдив, Плевен, Горна Џумаја, Попово, Видин, Стара Загора, Сливен и Тополовград да присуствуваат на тој свечен акт.</s>
<s>Во очекување на Ваш брз одговор, ве оставаме со братски поздрави:</s>
<s>Претседател: С.</s><s>Аврамов (Потпис на др. Стефан Аврамов)
Секретар: Б. Проданов (Потпис)</s>
<s>Историја на Македонија
Историја на Бугарија</s>
<s>en:A letter from the Ilinden Organization to the Government of the free Macedonia
bg:Писмо от Илинденската организация до правителството на Свободна Македония</s>
|
8944 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D1%82%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%84%D1%80%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Отечественофронтовска Бугарија за Македонија | <s>Прашањето за национална слобода за фашистите беше прашање преку кое се разгоруваше омраза меѓу народите, прашање преку кое психолошки се подготвуваа војните и како резултат секогаш доведуваше до национално угнетување.</s><s>Оваа вистина особено силно ја почувствува и разбра македонскиот народ, кој особено многу пострада од бесната конкуренција меѓу балканските фашисти во спроведувањето на нивната освојувачка политика.</s><s>Последната секогаш ја претставуваа пред масите во национална облека.</s>
<s>Демократскиот развој на јужнословенските народи раскрсти со порочното минато и целосно ја смени сликата.</s><s>За овие народи прашањето за националната слобода не е веќе прашање на фашистичко прикривање и пропаганда, туку жива реалност.</s><s>Тие од корен ја отсекоа раната која го труеше опшествениот организам на народните маси.</s><s>За нив денес прашањето за националната слобода не е прашање на раздвојување, туку на братска доверба и единство.</s>
<s>Титова Југославија го реши ова прашање на чисто народно-демократски начин.</s><s>Го разреши за себе и најтрнливото национално прашање - македонското.</s><s>Таа даде пример на Балканот за тоа како може да се движи кон зближување на народите преку почитување на нивната национална слобода.</s>
<s>Отечественофронтовска Бугарија конечно раскрсти со идеалите на бугарските фашисти за голема Бугарија и хегемонија на Балканот.</s><s>Таа целосно го поддржува идеалот на Македонците за сопствена држава и национален идентитет.</s><s>Во својот демократски развој таа е опфатена со развојот на сите јужнословенски народи и со тоа го обезбедува братскиот соживот на овие народи.</s>
<s>Историја на Македонија
Историја на Бугарија</s>
<s>en:Translation:Fatherland Front Bulgaria for Macedonia
bg:Отечественофронтовска България за Македония</s>
|
8946 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B5 | За нацијата и националното прашање | <s>Идеолошкото упориште на реакционерите е националното прашање.</s><s>Не штедат никаков напор ова прашање да го имаат под свој патент.</s><s>Не е случајно во животот што екстремната реакција секогаш се совпаѓа со екстремниот национализам.</s><s>Како резултат на долга и систематска работа преку воспитувањето во училиштата, касарните и преку разни манифестации во јавниот живот, таа успеа на овој начин да навлезе длабоко во масите, па честопати се соочуваме со парадоксалниот феномен, луѓе кои се инаку прогресивни, по ова прашањето да пливаат целосно во водите на реакцијата.</s><s>Во најкритичните моменти на опшествениот развој, како што се војните што таа самата ги предизвика, се потпира исклучиво на од неа самата погрешниот всадениот став што го има спрема националните прашања.</s>
<s>Во борбата против реакцијата, демократските сили имаат една важна задача: да го разурнат ова нејзино идеолошко упориште.</s><s>Против огромниот апарат што е во функција, против огромната апаратура пуштена од реакцијата, против длабоката заблуда насадувана во текот на долг временски период, од страна на демократските сили е направено малку.</s><s>Најголемо внимание на ова прашање му посветиле болшевиците.</s><s>Главно тие ги развија теоретските и практичните основи за прогресивниот, народниот патриотизам наспроти патриотизмот од интерес на реакцијата.</s><s>Тие го симнаа прашањето за нацијата од метафизичките облаци, отстранија од ова прашање секаков фетишизам и го поставија на научна основа.</s><s>Тие, предводени од нивните генијални водачи Ленин и Сталин, ги ставија во хармонија патриотските чувства на масите со нивните економски и политички интереси и ја уништија онаа основа на реакцијата преку која го закриваше нејзиниот економски грабеж на масите и нејзиното политичко угнетување.</s>
<s>Болшевичкиот прогресивен став кон националното прашање беше спроведен на одличен начин во Лајпцишкиот процес од водачот на бугарската работничка класа и основачот на Татковинскиот фронт - Георги Димитров.</s><s>Таму на брилијантен начин се виде како интернационалистот, комунистот Георги Димитров ја одбрани честа и правата на својата нација со цврстина и гордост, без да ги засегне чувствата и правата на која било друга нација, тогаш кога неговите обвинители, загреани националисти, се изрезилија како луѓе инспирирани од животинска омраза спрема другите народи, и особено спрема балканските на кои им ја загрозија слободата.</s><s>Како резултат на тоа секој искрен бугарски и балкански патриот се восхити од Димитров, го виде во него вистинскиот, народен патриотизам и ја демонстрираше, за секого очевидната и природна врска помеѓу националното и интернационалното чувство.</s>
<s>...</s>
<s>Историја на Македонија
Историја на Бугарија</s>
<s>en:Translation:About the nation and the national question
bg:За нацията и националния въпрос</s>
|
8947 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BA%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B4%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Постановка и метод за разгледување на прашањето за македонската нација | <s>Македонската нација е факт.</s><s>A фактите се тврдоглава работа од која нема бегање.</s><s>Сепак, има луѓе кои упорно ритаат и ја одрекуваат.</s><s>Тоа се великобугарите, великосрбите, великогрците и оние Македонци кои се воспитани од нив, кои се нацицани од нивната идеологија и станале поголеми католици од папата, поголеми Турци и од султанот.</s><s>Тие си се токму според народната поговорка: нема поглув од тој што не сака да слуша, нема послеп од тој што не сака да види.</s><s>За нив македонската нација е голем, ужасно непријатен призрак што ја нарушува нивната душевна рамнотежа.</s><s>Тоа се истите оние кои, кога во Бугарија се проговори за потребата од македонско сознание, пред сè во градењето на македонското дело, долго и хистерично пропиштеа дека тоа е најголемата ерес.</s><s>Сепак благонаклоно ја поздравија позицијата на Македонците во Југославија, дека тие претставуваат посебна македонска национална група во Југославија.</s><s>Тие се истите оние што го вееја знамето на самостојна Македонија, а во пресудниот момент ја предаваа во канџите на великобугаризмот.</s>
<s>Тие денес уплашено и нервозно прашуваат: Како и од каде излезе оваа македонска нација? - Но господата кои претендираат на голема објективност и научност забораваат дека ништо не се раѓа во светот случајно, по идејата на овој или оној, без присуство на поволни објективни услови.</s><s>А македонската нација не само што се роди, туку и зајакнува.</s><s>Таа не е еднодневка, туку нејзе ѝ припаѓаат вековите.</s><s>Ова не го гледаат само тие божемните објективисти.</s><s>Таа е рожба на животот и нејзе и следува живот.</s><s>Неспорно е дека таа не се појави одеднаш како чудо, како резултат на некакви шпекулативни политички сметки.</s>
<s>Кој не знае дека и покрај теориите на великобугарските, великосрпските и великогрчките научници, дека божем Македонци се Бугари, Срби или Грци, народните маси во сите тие три земји ги третирале Македонците како Македонци, дека ги препознавале дури и при првите разменети приказни и дека самите Македонци, кога ќе попаднеа во тие кругови, се декларираа дека се Македонци и си ја бранеа својата македонска чест наспроти различните епитети што им се лепеа.</s><s>Исто така е јасно дека ваквиот став воопшто не бил спрема секој македонец, на пр. спрема Албанците, Турците, Грците и Евреите од Македонија.</s><s>Не.</s><s>Вторите без двоумење биле третирани како Албанци, Турци, Грци и Евреи.</s><s>Овој став беше само спрема македонските Словени.</s><s>На секој постар, чесен и разумен Македонец му е јасно дека во пооддалеченото минато, соочени со срамната и понижувачка игра, често придружена со безобразно насилство од страна на балканските држави да ги бојадисаат Македонците со својата национална боја, кај вторите раѓала сознание, гордост и волја да реагираат во името на македонштината.</s><s>Ова стана уште помасовно и очигледно кога Македонците увидоа дека нивната борба за ослободување од експлоатацијата на турските бегови беше искористена од балканските чорбаџии, за да им се нафрлат врз снагата како паразити.</s><s>Она што претходно беше единечно, заради овој факт, потоа стана масовно и денес македонското чувство е несомнено доминантно низ целата Вардарска Македонија, ги завладеа Македонците од Егејска Македонија, пушта корени, иако со извесни тешкотии и среде Македонците во Бугарија и неговото темпо ќе се зголемува под водството на македонската држава и покровителството на балканските демократии.</s>
<s>Во животот на народните маси поимот Македонец е утврден како национален поим.</s><s>За нив фактички нема разлика меѓу географскиот и етнографскиот поим за Македонија, како што упорно се трудат да ни сугерираат некои заинтересирани или во најмала рака заблудени луѓе.</s><s>Да погледнеме од научно гледиште каква вредност има таквиот однос спрема тоа прашање во практичниот живот на народните маси.</s>
<s>Во мојата статија „За нацијата и националното прашање“, објавена во последниот број на списанието „Македонска мисла“, ги истакнав елементите на нацијата и нејзиниот развој.</s><s>Овие елементи се: заедничка територија, заедничко минато и култура, заеднички јазик и што е најважно потребата еден народ да претставува економска единица, економска заедница, да го поврзуваат длабоки економски интереси.</s><s>Во однос на нејзиниот развој беше истакнато дека нацијата е рожба на новото време, на капиталистичкиот развој, дека нејзиниот развој е нерамномерен, дека овој процес продолжува и дека е погрешно да се бара раѓањето на една нација нужно во 18-ти, 19-ти, 20-ти век, кога се појави буен процут на националната форма на општествениот живот и дека овој процес, при утврдувањето на империјалистичката форма на капитализмот, беше сериозно отежнат од економски, политички и стратешки интереси на империјалистичките сили.</s>
<s>Каков однос може да се заземе спрема прашањето за македонската нација?</s>
<s>Како стојат работите со територијалниот принцип во однос на Македонија? - За ова прашање спор нема.</s><s>Општо е признато дека Македонија е добро определена територија на Балканскиот Полуостров уште од античко време.</s><s>Дури и најжестоките непријатели на македонската нација не ја негираат и не можат да ја негираат Македонија како географски поим.</s><s>Тие што беа на власт само се обидуваа да го променат со името Јужна Србија или да го фрлат во заборав, приклучувајќи македонски територии на други области.</s>
<s>Се разбира, целосно се согласуваме дека само врз основа на еден географски концепт, една нација не може да се роди и напредува.</s><s>Сталин вели: ако недостасува само еден од елементите што ја сочинуваат нацијата, таа не може да постои.</s><s>За да има нација, сите елементи мора да бидат присутни.</s><s>Во овој случај само сакаме да го утврдиме постоењето на одредена територија на која може да се роди и напредува македонската нација.</s>
<s>Како стојат работите со второто прашање, прашањето за јазикот?</s><s>На ова прашање шовинистите обично одговараат дека македонскиот јазик е или бугарски или српски.</s><s>Дека говорите во Македонија немаат основа за еден заеднички јазик, и дека се одделни наречја на бугарскиот или српскиот јазик.</s>
<s>На прашањето за еднаквоста на јазикот можеме да одговориме, пред сè, дека оваа еднаквост не ѝ пречи на теоријата на нацијата.</s><s>Имаме бројни примери на две различни нации кои зборуваат на ист јазик, на пример српска и хрватска нација, англиска и американска, австриска и германска, итн.</s><s>Тоа не е важно.</s><s>Важно е дека поголемиот дел од луѓето во една земја зборуваат на ист јазик.</s><s>А што се однесува до Македонија, тоа е неоспорно.</s>
<s>Каков е тој јазик, бугарски, српски или македонски? - Неспорно е дека источните наречја се блиски до бугарскиот јазик, северните до српскиот, но исто така е неспорно дека централните и западните наречја длабоко се разликуваат и од бугарскиот и од српскиот јазик.</s>
<s>Може ли од сите тие наречја да се роди еден јазик што ќе ги обединува сите Македонци? - Неспорно, да.</s><s>При формирањето на другите нации разликите во наречјата биле уште подлабоки.</s><s>Разликите во наречјата на Прованса, Марсеј и Париз, на Баварија и Прусија се толкави што тие се практично не можат да се разберат.</s><s>Процесот на формирање на заеднички литературен јазик е ист за сите нации.</s><s>Се наметнувало наречјето на онаа област која најмногу се издигнала економски, а со тоа и политички.</s>
<s>Историски оваа улога за Македонија му се додели на Вардарскиот дел.</s><s>И тој успешно ја игра таа улога.</s>
<s>Како и секој јазик и македонскиот на почеток изгледа малку чуден.</s><s>Развојот на јазикот е прашање на долга еволуција.</s><s>Во таа еволуција ќе бидат избрани најдобрите и најкарактеристичните зборови од целиот народ, и ќе се позајмува од другите народи, како што позајмувале сите мали народи, задоцнети во нивниот развој.</s>
<s>Факт е дека денес македонскиот јазик се изградува.</s><s>На него веќе се леат прекрасните песни на Венко Марковски, на Коста Рацин и други.</s><s>Се манифестираше и се утврди во највисоката форма на човечкиот говор - лириката.</s><s>Се преведуваат научни дела.</s><s>Изработена е граматика.</s><s>Годинава, за прв пат, македончињата ќе учат да читаат и пишуваат на македонски јазик.</s><s>Се даваат претстави на македонски јазик со голем успех.</s>
<s>Дали Македонците, како Македонци, имаат некаква историска заедница и своја сопствена култура?</s>
<s>На ова прашање обично одговараме по инерцијата на буржоаскиот развој и воспитување: какво царство и аристократија, какви цареви и патријарси имаа Македонците во минатото?</s>
<s>Во една статија во минатиот број, јас посочив, осврнувајќи се на Сталин, дека овие царства и аристократии во феудалното време не биле индикации и аргумент за она што денес се нарекува нација.</s><s>Значи при неговото разгледување прашањето не треба да се постави на таа основа.</s><s>Научната, марксистичка постановка е: дали македонските народни маси, низ вековите, имале какви било заеднички преживеалици, заеднички бремиња, заеднички борби, некаква заедничка судбина што ги зближува, што ги правеи единствени, што имала влијание врз нивната култура, начин на живот и морал?</s>
<s>Оваа страница од историјата е малку истражена и еден ден веројатно ќе даде многу материјал.</s><s>Но, дури и сега има крупни факти кои очигледно се наметнуваат и никој не може да ги одрече.</s><s>Тие се:</s>
<s>1. Во историјата постојат двајца браќа, Св. Св. Кирил и Методиј, кои им ја дадоа на Словените азбуката и првиот моќен поттик за нивната култура.</s><s>Точно е дека тие им припаѓаат на сите Словени, а не само на Македонците.</s><s>Но, дали е случајно што тие се појавија токму среде македонските Словени, дека пораснаа во нивната средина, се напоија со нивниот начин на живот и го искористија нивниот говор?</s><s>Дали е случајно што огништето на неговите многубројни ученици, предводено од Свети Климент, беше Македонија?</s><s>Не, ова не е случајно и јасно зборува за јавниот живот на народните маси во тоа време.</s>
<s>2. Дали македонските народни маси се бореле против доминацијата и експлоатацијата на византиските и бугарските феудалци, макар и под водство на некои локални феудалци?</s><s>Да, се бореле.</s><s>Подемот на цар Самуил беше резултат на поддршката на народните маси што му ја дале, во врска со нивниот стремеж да се ослободат од угнетувањата и експлоатацијата на бугарските феудалци, обединети во свое царство.</s><s>Борбите на Самоил против Византија несомнено ја имаат истата социјална база.</s><s>Тие борби говорат за заеднички страдања, за заедничка судбина на народните маси во Македонија, што, без сомнение, се одрази врз нивната психа.</s>
<s>3. Во Македонија се развило едно социјално движење кое, како во ниту една друга земја, ги зафатило народните маси.</s><s>Тоа е богомилското движење.</s><s>Таа се развивало и владеело, не со децении, туку со векови.</s><s>Овој протест против социјалните неправди врз народните маси, под религиозна форма, е сврзан со крвави борби.</s><s>Многу е напишано за богомилството.</s><s>Но зошто се роди и се разви токму во Македонија и како влијаеше врз животот на македонските Словени, на ова прашање никој не обрнал внимание.</s><s>А за темата која е предмет на разгледување тоа е најголемото, најважното прашање што треба да биде проучено пред сè од македонските историчари и кое секако ќе даде обилен материјал за ова прашање.</s>
<s>4. Разгледувајќи го на таа основа прашањето, противниците на македонската нација обично се потпираат на еден аргумент кој го сметаат за поразителен.</s><s>Тој е дека за време на борбата на Бугарите против грчката патријаршија за своја самостојна црква, Македонците исто зеле учество.</s><s>Тоа делумно е точно.</s><s>Делумно, велам, затоа што на некои места во Македонија оваа борба беше под знакот на католицизмот (Кукушко, Ен.</s><s>Вардарско, Гевгелиско), а во други под знакот на протестантизмот (Разлошко).</s><s>Делумно велам и затоа што оваа религиозна борба во тоа време не беше јасно и длабоко поврзана со националното прашање.</s><s>Главното што ги движеше масите беше да се ослободат од корупцијата и експлоатацијата на грчките владици.</s><s>И уште една трети околност.</s><s>Во Македонија, оваа религиозна борба не е тесно поврзана, како во Бугарија, со борбата за политичко ослободување и формирање на своја држава.</s><s>Напротив: борбата за политичко ослободување и создавање сопствена држава остро е разграничена од таа на бугарскиот народ, и згора на тоа: таа е остро спротивставена на сите балкански држави.</s><s>Како резултат на тоа македонскиот народ веќе 60 години остро се разграничи од сите други балкански народи, ја исцрта својата славна историја, полна со подвизи и востанија, се чувствува и се наложи како посебен, како македонски народ.</s><s>Оваа страница од борбите на македонскиот народ да создаде своја држава е поважна од колку за кој било друг народ, гледана преку призмата на националниот развој, затоа што нејзините борби се, пред сè, борба против аспирациите на балканските држави да го присвојат чисто македонското дело.</s>
<s>Дали овие 60 години независни македонски борби, дури и да биле сами тие, не се доволни за да засноваат историска заедница како неопходен елемент во македонската нација?</s>
<s>Да, но противниците велат, ова се политички борби, а не национални.</s><s>И ние велиме, тоа се борбите на Македонците за македонска држава, а во срцето на овие борби, моторот на овие борби, се македонските Словени.</s><s>И Ленин вели: нацијата и државата се две работи што се неразделно поврзани.</s><s>Овие борби, според тоа, за македонска држава, го содржеа зародишот што се разви и не можеше да не се развие, во македонската нација.</s><s>Во нашата теза се содржи логиката на развојот во животот на народните маси, а во тезата на противниците се содржи дипломатијата на освојувачите.</s>
<s>Оваа теза на македонските народни маси ја разбраа, ја прифатија и ја направија своја политика денес и народните маси во балканските земји, откако ги разбија освојувачите и се ставија под знамето на нивните демократски водачи: Тито, Димитров, Захаријадис.</s><s>Македонскиот народ е особено благодарен на Маршал Тито, кој најдобро го разбра и најдобро и отсечно го постави во живот македонското прашање.</s>
<s>Покажавме и во овој и во претходниот напис во број 9-10 од списанието, дека од сите елементи што ја сочинуваат нацијата, најважниот, цементот што ги спојува во здрава врска сите други, без чие појавување и до неговото појавување останатите елементи се во пасивна состојба, е економскиот елемент кој прави од даден народ една економска целина.</s>
<s>Како стои ова прашање на македонско тло, дали македонското стопанство претставува економска целина, дали има одредена физиономија, се создава ли на таа основа една стабилна врска меѓу одделните Македонци?</s>
<s>Македонското земја и македонскиот труд се пројавиле и се манифестираат главно во неколку земјоделски производи што служат за индустриски цели.</s><s>Врз основа на ова, во 18 и 19 век се развила напредна трговија со центар Велес, Банско, Битола, Солун и Кавала.</s><s>Овој развој неизбежно доведе до појава на индустрија за обработка на овие материјали и развој на патни комуникации што ќе ги поврзат одделните економска делови во една економска целина.</s>
<s>Постојат неспорни чекори во овој поглед.</s><s>Во Македонија се беше оформила значајна тутунска индустрија уште во турско.</s><s>Се појавија големи мелници за масло и брашно.</s><s>Воспоставени се три железнички линии, кои ги поврзаа северна, западна и источна Македонија со главното пристаниште Солун.</s><s>Но, исто така е неспорно дека ниту индустријата, ниту патната комуникација не ја достогнаа потребната големина за стопанството.</s><s>Главната линија на економсиот живот си остануваше извозот на суровини преку Солун кон странски земји.</s><s>Ова се должи на општата слабост на Турција и зависноста на целата нејзина економија од странските индустријализирани земји.</s><s>Тоа се должеше на феудалната доминација во Турција.</s>
<s>Во повоената Македонија, сликата е: во стопанството на Пиринска Македонија доминира и му дава лик производството на дрвен материјал и тутун.</s><s>Во Вардарска Македонија главни гранки на производство се: тутун, афион, ориз, сточарство.</s><s>Во Егејска Македонија: тутун, памук и свилени кожурци.</s>
<s>За целата македонска земја, главни производи се: тутун, афион, памук, свилени кожурци, дрвен материјал, сточарство и огромни рудни богатства, кои се откриени и неразвиени, и доволно реки.</s>
<s>Но, во повоена Македонија, економскиот развој е задушен.</s><s>Затоа и денес, нејзиното стопанство е толку бледо и слабо.</s><s>Нема ни чекор накај развивањето на нејзините богатства.</s><s>А очигледно е дека таму може да се развијат барем неколку видови на индустрија, врз основа на суровините што ги раѓа македонското земја, индустрија што последователно би ја прошарала Македонија со патна мрежа и би оформила на здрава основа македонската економска целина.</s>
<s>Зошто тоа не се случило досега? - Бидејќи нејзините владетели се чувствуваа несигурни, привремени гости и размислуваа краткотрајно, да искористат што можат, и уште затоа што поделбата на Македонија на три дела го спречи тој развој.</s><s>Бидејќи владетелите се плашеле таму да го инвестираат својот капитал, и гледале само да ги користат суровините за својата индустрија, за својата трговија, се дојде до однос што империјалистите го имаат спрема колониите.</s>
<s>Затоа македонскиот народ се бореше и се обидуваше да создаде своја држава.</s><s>Затоа за македонската држава е од животно значење да ја обедини цела Македонија под своја стреа.</s><s>Таа ги разбира своите стопански задачи, ги поставува правилно и со ентузијазам се впрегнала да ги реши.</s><s>Го поттикнува сточарството во северниот планински дел на Македонија и го поврзува уште од сега со соодветните индустрии: килимарска и индустрија за млечни производи.</s><s>Пробиваат нови патишта, градат брани за електрична енергија, првиот услов за спроведување на индустриските планови; се прават планови за искористување на рудните богатства.</s><s>За реализација на сите овие планови за издигнување на македонското стопанство, кое ќе му служи на благосостојбата на македонскиот народ, македонската држава е великодушно помогната од сојузната влада на Народна Република Југославија.</s><s>И тоа е главната нова, демократска, гранитна база за нормален национален развој во неа.</s>
<s>Многумина си прават капитал од доцното појавување на македонската нација на историската сцена, за да ја негираат.</s><s>Има луѓе и од лево и од десно кои ги бараат корените на македонската нација во далечното минато, за да ја прифатат или да ја негираат.</s><s>Тоа се луѓе кои догматски гледаат на работите и не можат да ги видат во нивниот развој.</s><s>За нив, формирањето на нациите е заклучено во тесните рамки на Ренесансата.</s><s>После таа ера, тие ги затвораат портите и не даваат виза на ниту една нација да се појави на историската сцена.</s><s>Погледот е замаглен во голема мерка и од фактот што многумина пристапуваат кон ова прашање со буржоаската метода, додека други, кои се многу повеќе, затоа што се под влијание на империјалистичките и долгогодишните пропаганди на завоевателните политики на балканските држави, кои имаа голем интерес да создадат соодветно расположение за успешно водење на оваа освојувачка политика.</s>
<s>Се разбира, тие не се во право.</s><s>Процесот на формирање на нации, чиј основен стимул го дадоа Ренесансата и Француската револуција, продолжува со таа разлика што овој поттик веќе не го дава текот на буржоаската револуција, туку од оној на пролетаријатот.</s>
<s>Доцното појавување на македонската нација на балканската општествена сцена е разбирливо и природно.</s><s>Патем, исто така е погрешно да се мисли дека ова оформување се случува одеднаш, како изненадување.</s><s>Такви работи во светот не се случуваат.</s><s>Таквите работи се нарекуваат чуда, а чуда воопшто не се случуваат.</s><s>Пред да стане видлив за сите бујниот пламен на македонската нација, му претходеа доста видливи и невидливи пламени.</s><s>Вакви пламени беа лозарите, Мисирков, македонската студентска група во Санкт Петербург, владиката Теодосиј и други.</s>
<s>Но зошто овој процес се оформил доцна во споредба со истиот процес на другите балкански народи?</s>
<s>1. Бидејќи националното оформување на Балканот одеше од периферијата кон центарот, а Македонија е во самиот центар;</s>
<s>2. Балканските држави, управувани од разни монарси и реакционерни клики околу нив, систематски и упорно го опструираа и го спречуваа овој развој од политички, економски и стратешки причини.</s>
<s>За оваа тенденција, содржана во животот и развојот на македонскиот народ, да добие надмоќ и да се наметне, неопходно беше да падне на поволна балканска почва.</s><s>Ова значи дека требаше да се појават нови сили што ќе ги поразат и отстранат од опшествената сцена во балканските земји факторите на освојувачката политика.</s>
<s>Точно тоа се случи во Југославија под водство на Маршал Тито и во Бугарија под водство на Георги Димитров.</s><s>Овој огромен историски факт ја осветли македонската нација и ја направи видлива за целиот свет, освен за оние што не можат да ја видат, затоа што не им се сака да ја видат.</s>
<s>Историја на Македонија
Историја на Бугарија</s>
<s>en:Translation:Formulation and method of addressing the issue of the Macedonian nation
bg:Постановка и метод за разглеждане въпроса за македонската нация</s>
|
8950 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%20%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%20-%201879 | Правила на македонскиот востанички комитет - 1879 | <s>Правила на „Македонски въстаннически комитет“; 20 февруари 1879 г.</s>
<s>Правила на Македонски возстаннически комитет в 1878-1879 год.</s>
<s>Македонский возстанически Комитет узаконява 1879</s>
<s>1. От сега за напред всякий доброволец, востаник и харамия длъжен е от пръв път да доиде в главното управление на возстанието с свои разноски, с пушка мартинка с кама с сабя, или с ятаган и сто патрони, без да иска такива неща от благотворителний комитет, които съ длъжни всичко и всякакво нещо, что е потребно за востание да изпращат в главното управление на возстанието, а не да ги дават на частни лица.</s>
<s>Забележвание: Всичко упомянуто в таиъ точкъ оружие може да се дава първ път само на ония, които от турско прихождат.</s>
<s>2. Всякой доброволец, возстаник и харамия от всякаква Християнска народност се приемва, но он длъжен е първо да приима клетва за верност и покорност на главното востаническо управление, а после ще се записва в число на востаниците.</s>
<s>3. Всякой от трите упомянути звания возстаници, които нема да се подчини под това управление, но сам по себе си ще действува во името на возстаническото управление, той ще се преследува и ще се убива.</s>
<s>4. Всякий харамия, който излезва само да граби и убива за своя лична полза, той ще се преследува и подобающее наказание ще приима.</s>
<s>5. Всякий предател и шпион, каков да е и от каде ли да е он ще се преследува и като се хване, после мъчителни испити, ще се убива.</s>
<s>6. Всякий Христианин Македонец, който ще се покаже противен на возстанието и на возстаниците, ще се преследува и като ся хване прилично ще се наказува.</s>
<s>7. Всякий турчин, който доброволно ще си предаде оружието си, ще се пуща да си отиде свободно вън от границата на возстанието.</s>
<s>8. Всякий турчин, който се воспротиви, ще се убива.</s>
<s>9. Които турци ще си бягат доброволно, няма да се ограбват от возстаниците.</s>
<s>10.</s><s>Които турци ще ся противат, возстаниците имат право да им изгорят жилищата да ги грабат и да ги убиват.</s>
<s>11.</s><s>Кой Харамия или востаник, или доброволец ще забира турска или Християнска жива стока и ще я прекарва во свободна Болгария за да я продава там, таковаго главното управление на возстанието ще го преслеуява и ще го предава на подобающето нему наказание безотговорно.</s>
<s>12.</s><s>Возстаник, доброволец или харамия, който е дал клетва и е записан в числото на возстаниците ако не прави това, що му заповедва главното управление, но прави нечто без знание и без заповед на управлението, то таков се изхръля из числото на возстаниците и за измена
на клетвата си се преследва с смъртно наказание решение.</s>
<s>13.</s><s>Пияница и курвар не се приима в числото на возстаниците.</s><s>1879 г. 20 февруари</s>
<s>Документот се чува од А. Станкова, Повдив.</s>
<s>Извор: Съпротивата срещу берлинския договор, Кресненското въстание – Български патриарх Кирил – 1955 – Издание на Българската академия на науките</s>
<s>Историја на Македонија
en:
bg:Правила на Македонски возстаннически комитет в 1878-1879</s>
|
8961 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE%20%D0%BD%D0%B8%D0%B5%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%81%D0%BC%D0%B5%20%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Зошто ние Македонците сме одделна нација | <s>Зошто ние Македонците сме одделна нација</s>
<s>Во последниот број (31) на забранетиот, од страна на софиската воено-фашистичка диктатура, орган на македонската прогресивна емиграција „Македонско знаме“ беше поместена статијата под наслов „Што е нација“.</s><s>Поради драконската цензура во статијата се дава општа поставка на прашањето и се говори за хрватската нација, без да се дава конкретно објаснување за македонкста нација.</s><s>Тука ние ја доразвиваме таа статија, запирајќи се специјално на Македонија и одговараме на прашањето: Зошто ние Македонцие сме одделна нација?</s>
<s>Одговорот на тоа прашање, пред се’, е од огромно политичко значење.</s><s>Познато е дека како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација.</s><s>Според првиот, Македонците се „најдобриот дел од бугарската нација".</s><s>Според вториот, Македонците се „чисти Срби" а според третиот, Македонците се „словеногласни Елини".</s><s>Така, секој од тие наши поробувачи го „оправдува" задржувањето под свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела Македонија.</s>
<s>За да ги разобличиме тие маневри на поробувачите и да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија, да ја попречиме нивната асимилаторска политика и да водиме доследна борба за извојување на правото на самоопределување на македонскиот народ до неговото издвојување од бугарската, српската и грчката империјалистичка држава и неговото обединување во самостојна независна република на работниот македонски народ, ние Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку сме одделна македонска нација која се бори за своето национално ослободување и одделување на своја македонска држава.</s><s>Се разбира, тоа не треба да го правиме само од политички причини.</s><s>До колку македонската нација не би постоела, не би можеле да говориме за таква.</s><s>Меѓутоа, таа е на лице и нејзиното постоење треба да им се предочи на сите.</s><s>На таков начин до голем степен тоа ќе ја олесни нашата националноослободителна борба.</s>
<s>Во Македонија постојат сите елементи на една самостојна македонска нација, со своја територија и економска целост, со свој јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја.</s>
<s>1. Територијата на Македонците е одделна од територијата на грчката, српската и бугарската нација.</s><s>Таа има утврдени географски и етнографски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, планината Грамос, реката Бистра и Егејско Море со пространство од 65 илјади кв. километри.</s><s>Тоа што денеска Македонија е распарчена - тоа е резултат на империјалистичките мировни договори.</s><s>Раскинувањето на единствената македонска територија на делови и нивното приклучување кон териториите на бугарската, српската и грчката држава е насилно.</s>
<s>2. Економски Македонија претставува една целина одделена од државите што ја владеат.</s><s>Уште под власта на Турската империја Македонија тргна по патот на својот самостоен развиток подоцна, но независно од Србија, Бугарија и Грција.</s><s>Ниту една од последниве немаше тесни економски врски и општи трговски патишта со Македонија, иако се наоѓаа заедно со неа, во рамките на една и иста држава - Турција.</s><s>А со појавата на капиталистичкото стопанство и во Македонија, овде се создадоа внатрешни трговски патишта и пазари со еден општ и главен центар - Солун, а не Белград, Софија или Атина.</s>
<s>Насилното распарчување на стопанската целина на Македонија на три дела и нивното присоединување кон три туѓи економски единици - Србија, Бугарија и Грција - се одрази катастрофално врз стопанството на Македонија.</s><s>Катастрофален пример за тоа претставува денешната положба на Солун, којшто, откако беше откинат од својата природна економска заднина источна и централна Македонија, сосема опадна, и од првостепено пристаниште на Егејско Море се претвори во жалосен спомен на богат неодамнешен трговски центар.</s><s>Денеска веќе Солун се наоѓа на трето место во споредба со Атина и Пиреја.</s><s>Истата судбина ја имаат доживеано и Битола, Охрид и сите други градови во централна и југозападна Македонија, кои, откинати од природниот солунски пазар, се принудени да се служат со за нив неприродниот трговски пат кон Белград.</s><s>Во иста положба е и Македонија под бугарско ропство, стопанскиот просперитет на која е тесно поврзан со трговските патишта кон Серес, Драма, Кавала, Солун и Струмица, а не со Софија-Видин и Пловдив-Бургас.</s>
<s>3. Јазикот на луѓето што ја сочинуваат македонската нација е словенски, со особен дијалект - македонски.</s><s>Тој јазик е заеднички за нив.</s><s>Различните провинцијални (т.е. дијалектни - б.р.) нијанси во македокскиот јазик се резултат на неизживеаните остатоци од некогашната родовска и феудална распокинатост на Македонија.</s><s>Меѓутоа, провинцијализмот на овој јазик се покрива од еден општ македонски словенски дијалект по кој секој го разликува Македонецот од Србинот, од Бугаринот, од Русинот и од секој човек од која и да е друга словенска нација.</s><s>Провинцијалните нијанси во јазикот уште не се ликвидирани дури ни кај најразвиените нации а не кај македонската нација којашто е национално поробена, не е организирана во своја национална држава и уште не изградила литературен јазик.</s>
<s>Освен по дијалектот (т.е. по своите особености - б.р.). македонскиот јазик се разликува од српскиот и бугарскиот и по тоа што во него старословенскиот елемент е многу позачуван и содржи повеќе зборови што ги нема во јазиците на соседните и на другите словенски нации.</s>
<s>Бугарските и српските великодржавни шовинисти ја користат блискоста на македонскиот јазик со јазиците на нивните нации за да тврдат дека Македонците се „дел од бугарската нација" или „чисти Срби".</s><s>А ние Македонците не сме ниту едното, ниту другото.</s><s>Ние не сме „тесто од кое сешто може да се измеси", како што беше изјавил Цвииќ, еден од агентите-историчари на српската завојувачка политика.</s><s>Ние сме одделна нација.</s><s>Сличноста на нашиот јазик со бугарскиот и српскиот е обична сличност меѓу јазици на блиски, но самостојно развиени нации.</s><s>Таква сличност на јазиците постои помеѓу Русите, Украинците и Белорусите како и помеѓу Хрватите, Црногорците и Србите, но наспроти тоа тие претставуваат одделни нации.</s>
<s>Великобугарските шовинисти особено спекулираат со фактот дека македонскиот јазик е поблизок до бугарскиот отколку до српскиот и тоа им служи како аргумент во нивните тврдења дека Македонците се дел од бугарската нација.</s><s>Аргументот им е крајно неоснован, зашто и Хрватите по јазик се многу поблиски до српската отколку чешката нација.</s>
<s>При тоа се знае дека не е само јазикот што ја определува нацијата.</s><s>Дури и еднаков да биде јазикот на Македонците со овој на Бугарите тоа уште не значи дека ние Македонците сме „дел од бугарската нација", кога живееме со поколенија на друга територија, претставуваме одделна стопанска целина, имаме своја историја, специфични нарави, обичаи и така натаму.</s><s>Англичаните, Ирците и Американците од Соединетите Американски Држави на Северна Америка говорат на еден и ист јазик, но се одделни нации.</s>
<s>4. Четвртата по ред заедничка особина за луѓето што сочинуваат одделна нација е националниот карактер, во тој број и македонската нација.</s><s>Еднакви се нивните нарави, обичаи, игри, песни, ора и другите народни умотворби коишто повеќе или помалку се разликуваат од (оние на) српската, бугарската и другите словенски нации.</s><s>Елементите на самостојниот национален карактер на Македонците се толку силни, што наспроти националното угнетување во Македонија тие никогаш не престанале да се пројавуваат.</s><s>По вечеринки, свадби, имендени итн. тие постојано се пројавуваат и сред емигрантско-бегалските маси во Бугарија, Америка и секаде каде што има такви.</s>
<s>Сите тие елементи, земени заедно, ја составуваат македонската нација.</s><s>Тие се непобитен доказ за тоа дека ние, Македонците, не им припаѓаме ниту на српската, ниту на бугарската, ниту на грчката нација, туку сме одделна нација.</s>
<s>5. Нациите не се племиња.</s><s>Како и другите нации, така и македонската нација не се создала од едно племе, туку од неколку различни племиња или, поточно, од делови на неколку различни племиња: Илири, Словени, Бугари, Срби и други.</s><s>Основниот елемент е словенскиот.</s><s>Старите Илири се претопија меѓу подоцна дојдените Словени во Македонија.</s><s>Бугарскиот и српскиот елемент во македонската нација се резултат на тоа што уште пред турското ропство Македонија потпаѓаше ту под болјарска Бугарија, ту под жупанска Србија.</s><s>Безначајниот бугарски и уште побезначајниот српски елемент во македонската нација е остаток од некогашните воени завојувачи, претежно од болјари и жупани, коишто со текот на времето исто така се претопија сред Македонските Словени.</s>
<s>Според бугарските буржоаски историчари, бугарската нација потекнува уште од времето на цар Аспарух, откако бугарското татарско племе ги потчини Словените што го населуваа североисточниот дел на Балканскиот Полуостров, се претопи меѓу тие Словени, но им наложи да се нарекуваат Бугари, кога се создаде првото бугарско царство.</s><s>Според овие историчари Македонските Словени исто и на ист начин се влеале во „единственото бугарско национално цело" потчинети на бугарското племе.</s>
<s>Се разбира, историски тоа не е точно.</s><s>Во тоа време недостигнуваа условите за една бугарска нација поради што недостигнуваше и самата нација.</s><s>Според тоа, не може да се мисли дека оттогаш Македонските Словени се дел од „една единствена бугарска национална целост“.</s><s>Тогашната бугарска држава беше разделена на одделни болјарства, строго затворени во себе со мали подцарства, со свои граници и царинарници, без економско, културно и др. заедништво.</s><s>Населенијата од тие болјарства влегуваа меѓу себе во допир само на бојното поле, во војните помеѓу различните болјарства или во војните со Византија и другите држави, а пак одделни болјари во Бугарија се обединуваа (не сите и не секогаш) околу најсилниот од нив - царот.</s><s>Во такви услови не можеше да се оформи бугарската нација и уште помалку во неа да се вклучат Македонските Словени, зашто населенијата од различните болјарства во феудална Бугарија не беа обединети ниту во една заедничка територија, ниту во една стопанска целост, што претставуваше пречка за изградување на еден општ јазик и општ национален карактер на населенијата од различните болјарства.</s>
<s>Освен тоа, историски факт е дека Македонските Словени не секогаш беа потчинети под тогашна Бугарија и тогашна Србија.</s><s>Државата на богомилскиот цар Самуил не беше втора бугарска држава како што сакаат да ја претстават бугарските буржоаски историчари, туку таа беше држава на Македонските Словени што постоеше паралелно со бугарското царство и српското кралство.</s><s>Таа македонска словенска држава дури подоцна ги беше завладеала Бугарија и Србија.</s>
<s>Великобугарските шовинисти многу сакаат да зборуваат за „единствено бугарско племе" идентификувајќи го со бугарската нација.</s><s>Тие го кријат историскиот факт дека последната се создаде без оној мал дел Бугари што останаа во Македонија и без Македонските Словени.</s><s>Бугарската нација се создаде во границите на денешната централна и северна Бугарија, источна Румелија и Добруџа.</s><s>Главната причина за тоа лежи во стопанството.</s><s>Како што веќе рековме, во Македонија капитализмот се појави и се разви подоцна независно од капитализмот во Бугарија без да има солидни економски врски меѓу тие две земји.</s><s>Бугарското национално револуционерно движење, кое се бореше за ослободувањето на бугарскиот народ од ропството на апсолутистичката и беговска Турција, не ја вклучуваше Македонија како објект на својата револуционерна дејност.</s><s>Тоа доволно покажува дека создавањето на бугарската нација и нејзиното разбудување за самостоен државен живот се изврши без Македонските Словени.</s>
<s>Таква состојба имаме и со српската нација, која исто така се создаде без Македонските Словени и без оној безначаен дел на Срби што останаа во Македонија уште пред таа да падне под турско ропство.</s>
<s>Но и грчките државни шовинисти, за да го оправдаат господството на грчкиот империјализам врз од него завладеаниот дел од Македонија бараат племенска врска меѓу грчката нација и Македонците.</s><s>Тие препредени шовинисти ја фалсификуваат историјата прогласувајќи го племето на старите Македоно-Илири заедно со водачите на тоа племе - Македон, Филип Македонски и Александар Велики како составен дел од старите Грци.</s><s>При тоа тие свесно премолчуваат таков еден настан каков што беше населувањето на Македонија со огромна маса Словени за кои им е сосема незгодно да тврдат дека се Грци.</s>
<s>6. Македонската нација има своја историја на културно и политичко пројавување.</s><s>Браќата Миладиновци се првите македонски просветители.</s><s>Тие први ги посветија своите сили за разбудување самостојно национално чувство на македонскиот роб.</s><s>Тие ги опеаја Охрид и Македонија како своја татковина на чисто македонскословенски дијалект.</s><s>Тие не го учеа македонскиот народ ниту на српски, ниту на бугарски, туку го учеа на родниот македонски јазик.</s><s>Иако, наспроти тоа, тие македонски просветители зборуваа за бугарштина во Македонија, тоа стануваше под влијание на старото минато кога Македонија со векови се наоѓаше под феудална Бугарија.</s><s>Поради тоа и борбите за самостојни училишта и цркви против асимилаторската напаст на грчката патријаршија се водеа под формата на бугарштината.</s><s>Во тоа време македонската нација уште беше во зародување, таа не беше се оформила и, што е најглавно, нејзините економски и политички интереси се’ уште не беа се судриле со завојувачките стремежи на подоцна создадената држава на бугарската нација.</s><s>Денеска поимот бугарштина во Македонија, како и србизам и елинизам, е синоним на национално и економско ропство применувано врз македонските народни маси од поробувачите-империјалисти.</s>
<s>По браќата Миладиновци доаѓаат многу други народни учители и духовни будители како охридскиот епископ Теодосиј и групата околу весникот „Лоза“, под редакторство на Петар Арсов, кои еднакво се бореа против Грчката патријаршија, Бугарската егзархија и Српската патријаршија, за самостојни македонски училишта и цркви.</s><s>Тие таканаречени македонски сепаратисти укажуваа на постоењето на одделна македонска нација и пледираа за самостоен државен живот на таа држава.</s>
<s>Од истите средини произлезе Внатрешната македонска револуционерна организација.</s><s>Петар Арсов влезе во првиот ЦК на таа Организација, а Ѓорче Петров, кој произлегува исто така од тие средини, стана идеолог на Организацијата.</s><s>Тој уште на времето во духот на сепаратистичката идеја ја напиша книгата „Географијата на Македонија".</s>
<s>Меѓутоа, притисокот на великобугарската пропаганда - Егзархијата и врховистите - се покажа толку силен, што го задуши прашањето за самостојна нација и успеа да внесе во свеста на многу Македонци убедување дека се тие Бугари.</s><s>Тоа беше спроведено со запирањето на в. „Лоза“, којшто излегуваше во Софија, со прогонувањето од Македонија на епископот Теодосиј и на народните учители коишто не се потчинија на Егзархијата, со забраната на книгата на Ѓорче Петров, која и денес се наоѓа во ракопис во архивата на бугарското воено министерство.</s>
<s>Но наспроти тоа, македонскиот народ со долги и упорни борби за економско ослободување и самостоен државен живот си создаде своја историја.</s><s>Тие борби во минатото се разгрнаа под раководството на старата Гоце Делчева ВМРО против ропството на турските султани и бегови, како и против аспирациите на балканските држави.</s>
<s>Македонскиот народ со сопствената крв во својата историја ја запиша првата македонска револуција - Илинденското востание, чијшто венец е првата македонска народно-револуционерна република во Крушево.</s>
<s>Откако ВМРО беше врховизирана и претворена во машина на бугарскиот империјализам, ослободителната борба на македонскиот народ не запре туку се подзеде од следбениците централисти-сепаратисти, левицата на ВМРО, на чело со Горче Петров, Петар Арсов, Сандански, Димо X. Димов и Чернопеев.</s><s>Денес во новите услови борбата на македонскиот народ против новите поробувачи - српскиот, бугарскиот и грчкиот империјализам за национално, политичко и економско ослободување се води со уште поголема упорност и доследност под раководството на ВМРО (Обединета).</s>
<s>Целата таа македонска историја не е само пројава на македонската нација, не е само нејзин стремеж кон своја национална држава, туку таа, македонската историја, во исто време е елемент што го дооформува и доопределува самостојниот карактер на македонската нација.</s>
<s>Се разбира, освен македонската нација, во Македонија имаме и други инородни националности: Власи, Евреи, Турци, Грци, Албанци, Срби, Роми.</s><s>Иако се наоѓаат на една територија со македонската нација, иако нивниот економски живот непосредно е поврзан со последната, тие националности не влегуваат во македонската нација бидејќи секоја од нив си има специфичен карактер.</s>
<s>Инородните националности во Македонија активно учествуваат во македонското ослободително движење бидејќи и тие се заинтересирани за создавањето на независна македонска република на трудбениците, за да добијат национална рамноправност и економско ослободување, за да живеат во мир и заедно со македонската нација да го подигнат својот и општиот културен и економски живот на македонскиот работен народ.</s>
<s>Бистришки</s>
<s>На оригинален правопис
Централен комитет на Македонския Народен сѫюз юли.</s><s>1934 год,
Председател: Смиле Войданов
Секретар: Гео Пирински
Защо ние македонцитe сме отделна нация?</s><s>В последния брои (31) на забранения от софийската военнофашистка диктатура орган на македонската прогресивна емиграция «Македонско Знаме» бе поместена статия под заглавие «Що е нация».</s><s>Поради драконовската цензура, в статията се дава обща постановка на въпроса и се говори за хѫрватската нация, без да се дава конкретно обяснение на македонската нация.</s><s>Тук ние доразвиваме тази статия като се спираме специално на Македония и отговаряме на вѫпроса — защо ние македонците сме отделна нация?</s><s>Отговора на този вѫпрос преди всичко е от огромно политическо значение.</s><s>Известно е, че както бѫлгарския, така и срѫбския и грѫцкия империализми отричат сѫществуването на македонска нация.</s><s>Според пѫрвия, македонците са «найдобрата част от бѫлгарската нация».</s><s>Според другия, македонците са «чисти сѫрби».</s><s>Според третия—македонците са «славяногласни елини».</s><s>Така всеки от тия наши поробители «оправдава» задѫржането под свое иго на сѫответната поробена част от нашата родина, оправдава претенциите, за завладяване, на цела Македония.</s><s>За да разобличим тези маневри па поробителите и покажем че те немат никакво право над Македония, за да попречим на техната асимилаторска политика и за да водим последователна борба за извоюване правото на самоопределение на македонския народ до неговото отделяне от бѫлгарската, срѫбската и грѫцка империалистически държави и обединим в самостоятелна независима република на трудеция се македонски народ, ние македонците требва високо да заявим че не сме нито сѫрби, нито гѫрци, нито пѫк бѫлгари, а сме отделна македонска нация, която се бори за своето национално освобождение и отделяне в своя македонска дѫржава.</s><s>Но не само от политически сѫображения требва да направим това.</s><s>Ако македонската нация не би сѫществувала, не бихме могли да говорим за такава.</s><s>0баче, тя е на лице и нейното сѫществуване требва да се посочи на всички, защото това ще улесни до голема степен нашата националноосвободителна борба.</s><s>В Македония са на лице всички елементи, на една самостоятелна македонска нация с своя територия и икономическа целост, с свои език и общ национален характер, и с своя македонска история.</s><s>1. Територията на македонците е отделна от територията на грѫцката, срѫбската и бѫлгарската нации.</s><s>Тя има своите установени географически и етнографически граници между реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрин, планината Грамос, реката Бистрица и Егейско море, с едно пространство от 65 хиляди кв. километри.</s><s>Ако днес Македония е разпокъсана — това е резултат на империалистическите «мирни» договори.</s><s>Разпокѫсването на единната македонска територия на части и приключването на тези части към териториите на бѫлгарската, срѫбската и грѫъцка държави стана насилствено.</s><s>2. Економически Македония представлява едно цело, отделно от дѫржавите, които я владеят.</s><s>Още под владичетвото на турската империя Македония трѫгна към своето развитие самостоятелно, по кѫсно, по независимо от Сѫрбия, Бѫлгария и Гѫрция.</s><s>Нито една от тези последните немаше здрави економически връзки и общи търговски пѫтища с Македония, макар че те се намираха заедно с нея в пределите на една и сѫща дѫржава — Турция.</s><s>А след като вѫзникна капиталистическото стопанство и в Македония, там се сѫъздадоха вѫтрешните тѫрговски пѫтища и пазари на самостоятелна нога, с един общ и главен център — Солун, а не Белград, София или Атина.</s><s>Насилственото разпокѫсване економическото цело на Македония на три части и присѫединението на тези части към три чужди економически единици — Сѫрбия, Бѫлгария и Гѫрция — се отрази катастрофално на стопанството в Македония.</s><s>Крещящ пример за това служи днешното положение на Солун, който, след като биде лишен от естествения му економически хиндерланд — източна и централна Македония, съвсем западна, и от първостепенно пристанище на Бeлото море се превѫрна в един печален спомен за богат неотдавнашен тѫрговски център: днес Солун стои вече на трето место в сравнение с Атина и Пирея.</s><s>Сѫщата участ постигна и Битоля, Охрид и всички други градове в централна и югозапанда Македония, които, откѫснати от естественото солунско дебуше, са принудени да си служат с неестествения за тях тѫрговски пѫът кѫм Белград.</s><s>Сѫщото е и за Македония под бѫлгарско иго, чието економическо преуспеване е тесно свѫрзано с тѫрговските пѫтища кѫм Серес, Драма, Кавала, Солун и Струмица, а не с София — Видин и Пловдив Бургаз.</s><s>3. Езика на хората, сѫставляващи македонската нация, е славянски, с особен диалект — македонски.</s><s>Този език е общ за тех.</s><s>Различните провинциални отенѫци в македонския език са неизживено следствие от некогашиата родова и феодална разпокѫсаност на Македония.</s><s>Но провинциализма на тоя език се покрива от един общ македонославянски диалект, по които всеки би различил македонеца от сѫрбина, бѫлгарина, русняка и от всеки човек от коя и да е друга славянска нация.</s><s>Провинционалните отенѫци в езика не са още ликвидирани, дори и у найразвитите нации, а камо ли у македонската нация, която е национално поробена, не е организирана в своя национална дѫржава и не си е още изработила свой литературен език.</s><s>Освен по диалекта, македонския език се различава от срѫбския и бѫлгарския още и по това, че в него старославянския елемент е много позапазен и сѫдѫржа множество думи, които липсват в езиците на сѫседните и други славянски нации.</s>
<s>Бѫлгарските и срѫбски великодѫржавни шовинисти използуват близоста на македонския език с езиците на техните нации, за да твѫрдят, че македонците са «част от бѫлгарската нация» или «чисти сѫрби».</s><s>А ние, македонците, не сме нито едното нито другото.</s><s>Ние не сме и «тесто, от което може всичко да се измеси», както беше заявил Цвиич, един от агентитеисторици на срѫбската завоевателна политика.</s><s>Ние сме отделна нация.</s><s>Сходството на нашия език с бѫлгарския и срѫбския е обикновено / сходство между езици на близки, но самостоятелно разпили се нации.</s><s>Такѫво сходство на езиците имаме между русите, украинците и белорусите, както и между хѫрватите, черногорците и сѫърбите, но въпреки туй те представляват отделни нации.</s><s>Великосрѫбските шовинисти особено спекулират с факта, че македонския език е поблизо до бѫългарския, отколкото кѫм срѫбския, и това им служи като аргумент в техните твѫрдения, че македонците са част от бѫлгарската нация.</s><s>Аргумента им е крайно неоснователен защото и хѫърватите по език сѫ много ноблизки до срѫбската отколкото кѫм чехската нация.</s><s>При това знае се, че не е само езика, който определя нацията.</s><s>Дори еднакѫв да бѫде езика на македонците с този па бѫлгарите, това не може да означава, че ние, македонците, сме «част от бѫлгарската нация», щом живеем редица поколения в друга територия, представляваме отделно економическо цело, щом имаме своя история и специфични нрави, обичаи и пр.</s><s>Англичаните, ирландците и американците от Сѫединените щати на северна Америка говорят на един и сѫщ език, но са отделни нации.</s><s>4. Националния характер е четвѫртия по ред общ белег за хората, сѫставляващи отделна нация, в това число и македонската нация.</s><s>Еднакви са техните нрави, обичаи, игри, песни хора и другите народни умотворения, които повече или помалко се отличават от срѫбската, бѫлгарската и другите славянски нации.</s><s>Елементите на самостойния национален характер на македонците са толкова силни, че вѫпреки националния гнет в Македония, те никога не престанаха да се проявяват.</s><s>По вечеринки, свадби, именници и пр. те постоянно се проявяват и всред емигрантскобежанските маси в Бѫългария, Америка и другаде, гдето има такива.
<друг цитат>Всички тези елементи, взети заедно, дават македонската нация.</s><s>Те са неопровержимо Доказателство за това, че ние, македонците, не принадлежим нито към сръбската, нито към българската, нито към гръцката нация, а сме отделна нация.</s><s>5. Нациите не са племена.</s><s>Както другите нации, така и македонската нация не се е сложила от едно племе, а от няколко различни племена или, по право, от известни части на няколко различни племена: илирийци, славяни, българи, сърби и други.</s><s>Основният елемент е славянският.</s><s>Древните илирийци се претопиха между дошлите покъсно славяни в Македония.</s><s>Българският и сръбският елемент в македонската нация се дължи на това, че още преди турското иго Македония попадаше ту на болярска България, ту на жупанска Сърбия.</s><s>Незначителният български и още понезначителният сръбски елемент в македонската нация се състои от някогашните военни завоеватели, предимно от боляри и жупани, които в течение на времето също се претопиха всред македонските славяни.</s>
<s>Според българските буржоазни историци, българската нация си води началото още от хан Аспаруховото време, след като българското татарско племе подчини славяните, населяващи североизточната част на Балканския полуостров, като това племе се претопи всред тия славяни, но им наложи да се наричат българи, когато се създаде първото българско царство.</s><s>Според тези историци македонските славяни също и по този начин се вляха в „единното българско национално цяло”, подчинени на българското племе.</s><s>Разбира се, исторически това не е вярно.</s><s>През това време липсваха условията за една българска нация, поради което липсваше и самата нация.</s><s>Следователно, не може да се мисли, че оттогава македонските славяни са част от „едно единно българско цяло”.</s><s>Тогавашната българска държава беше разделена на отделни болярства, строго затворени в себе си малки подцарства, със свои граници и митници, без икономическа, културна и пр. общност.</s><s>Населенията от тия болярства влизаха в съприкосновение помежду само на полесраженията, при войните между различните болярства или при войните с Византия и другите държави, когато отделни боляри в България се сплотяваха (не всички и не винаги) около найсилния от тях царя.</s><s>При тия условия не можеше да се оформи българската нация и още помалко да се включват в нея македонски славяни.</s><s>Защото населението от различните болярства във феодална България не бяха обединени нито в една обща територия, нито в едно икономическо цяло, което пък се явяваше пречка за изработване на един общ език и общ национален характер на населенията от различните болярства.</s><s>При това исторически факт е, че македонските славяни не всякога бяха подчинени на тогавашна България и тогавашна Сърбия. </друг цитат>Дѫржавата на богомилеца цар Самуил не беше втора бѫлгарска дѫржава, както искат да е представят бѫлгарските буржоазни историци, а тя беше дѫржава на македонските славяни, сѫществуващи наред с бѫлгарското царство и срѫбското кралство.</s><s>Тази македонска славянска дѫржава покъсно беше дори завладела Бѫлгария и Сѫрбия.</s><s>Велико бѫлгарските шовинистимного обичат да приказват за «единно бѫлгарско племе», отождествявайки го с бѫлгарската нация.</s><s>Те крият историческия факт, че последната се сѫздаде без онази малка част бѫлгари, които останаха в Македония, и без македонските славяни.</s><s>Бѫлгарската нация се сѫздаде в пределите на днешната централна и северна Бѫлгария, източна Румелия и Добруджа.</s><s>Главната причина за това лежи в економиката.</s><s>Както вече казахме, в Македония капитализма възникна и се разви покъсно независимо от капитализма в Бѫлгария, без да има солидни економически врѫзки между тия две страни.</s><s>Бѫлгарското националреволюционно движение, което се бореше за освобождението на бѫлгарския народ от игото на абсолютнна и бейска Турция, не включваше Македония в обекта на своята революционна дейност.</s><s>Това достатъчно показва че създаването на бѫългарската нация и нейното пробуждане за самостоятелен дѫржавен живот се извърши без македонските славяни.</s><s>Такова положение имаме и с срѫъбската нация, която също така се сѫздаде без македонските славяни и без оная незначителна част сѫърби, останали в Македония още преди тя дя попадне под турско иго.</s><s>Но и грѫцките дѫржавни шовинисти, за да оправдаят господството на грѫцкия империализъм на завладената от него част от Македония, тѫрсят племенна врѫзка между грѫцката нация и македонците.</s><s>Тези истѫнчени шовинисти фалшифицират историята, таксувайки племето на древните македоноилирийци, заедно с вождовете на това племе — Македон, Филип Македонски и Александър Велики, като сѫставна част от древните гѫрци.</s><s>При това те сѫзнателно замѫлчават такъво едно сѫбитие като заселването на Македония с огромна маса славяни, за които им е сѫвсем неловко да твѫрдят, че са гѫрци.</s><s>6. Македонската нация има своя история на културно и политическо проявление.</s><s>Братя Миладинови са пѫрвите македонски просветители.</s><s>Те пѫрви посветиха силите си за пробуждане самостойно национално чувство на македонския роб.</s><s>Те вѫзпяха Охрид и Македония като свое отечество на чисто македонославянски диалект.</s><s>Те не учеха македонския народ нито на срѫбски, нито на бѫлгарски, а го учиха на родния македонски език.</s><s>Ако вѫпреки това тези македонски просветители говореха за бѫлгарщина в Македония, това ставаше под влиянието на старото минало когато Македония цели векове се намираше под феодална Бѫлгария.</s><s>Поради което на борбите за самостойни училища и черкви, против, асимилаторската напаст на грѫцката патриаршия се водеше под формата на бѫлгарщината.</s><s>По онова бреме македонската нация бе още в зародиша си, тя не се беше оформила и най главното, нейните економически и политически интереси не се беха още сблѫскали с завоевателните стремежи на сѫздалата се покѫсно дѫржава на бѫлгарската нация.</s><s>Днес понятието бѫлгарщина в Македония, както и срѫбщина и елищина е синоним на национално и економическо робство над македонските народни маси, упражнявано от поробителите империалисти.</s><s>Подир братя Миладинови идат редица други народни учители и духовни будители, като охридския епископ Теодосии, групата окол в. «Лоза», с редактор Петѫр Арсов, които еднакво се бореха против грѫцката патриаршия, бѫлгарската екзархия и срѫбската патриаршия, за самостойни македонски училища и черкви.</s><s>Тези тѫй наречени македонски сепаратисти доказваха на сѫществуването на отделна македонска нация и пледираха за самостоятелен дѫржавен живот за тази дѫржава.</s><s>От сѫщите среди се сѫздаде вѫтрешната македонска революционна организация.</s><s>Петѫр Арсов влиза в пѫрвия Ц.</s><s>К. на тази организация, а Гйорче Петров изхождащ сѫщо от тези среди, стана идеолог на организацията.</s><s>Той навремето още написа книгата «Географията на Македония» в духа на сепаративната идея.</s><s>Натиска на великобѫлгарската пропаганда, обаче, екзархията и вѫрховистите се указа толкопа силен, че задуши вѫпроса за самостоятелна нация и успе да втѫлпи в сѫзнанието на много македонци убеждението, че те са бѫлгари.</s><s>Това бе сѫпроводено с спирането на в. «Лоза», излизащ в София, с изгонването от Македония на епископ Теодоси и на народните учители, които не се подчиняваха на екзархията, с недопущане книгата на Гйорче Петров, която се намира и днес като рѫкопис в архивата на бѫлгарското военно министерство.</s><s>Nо вѫпреки това македонския народ си сѫздаде с дѫлги и упорити борби за економическо освобождение и самостоятелен дѫржавен живот своя история.</s><s>Тези борби в миналото се разгѫрнаха под водителството на старата Гоце Делчева В.М.</s><s>Р.</s><s>О, против игото на турските султани и бейове, както и срещу домогванията на балканските дѫржави.</s><s>Македенския народ с крѫвта си записа в своята история пѫрвата македонска революция Илинденското вѫзстание, чийто венец е пѫрвата македонска народнореволгоционна република в Крушево.</s><s>След като ВМРО биде овѫрховизирана и превѫрната в машина на бѫлгарския империализам освободителната борба на македонския народ не спре а се поде от последователите централистисепаратисти левицата на ВМРО начело с Гйорче Петров, Петѫр Арсов, Сандански, Димо Х.</s><s>Димов и Чернопеев.</s><s>При новите условия днес, борбата на македонския народ против новите поробители — срѫбския, бѫлгарския грѫцкия интнернализам, за национално, политическо и економическо освобождение се води с още поголема упоритост и последователност под рѫководството на ВМРО (обединена).</s><s>Целата тази македонска история не е само проявление на македонската нация, не е само нейн стремеж кѫм своя национална дѫржава, но тя, македонската история е сѫщевременно елемент, който дооформява и доопределя самостойния характер на македонската нация.</s><s>Разбира се, освен македонската нация, в Македония имаме и други инородни националности: власи, евреи, турци, гѫрци, албанци, сѫрби, цигани.</s><s>Макар да се намират в една територия с македонската нация и макар, че икономическия им живот е непосредствено свѫрзан с последната, тези националности не влизат в македонската нация, понеже всека от тех си има специфичен характер.</s><s>Инородинте националности в Македония взимат активно участие в македонското освoбодително движение, защото и те са заинресувани в създаването на независима македонска република на трудящите се, за да получат национално равноправие и економическо освобождение, за да живеят в мир и повдигнат заедно с македонската нация своя и общия на македонския трудят се народ културен н економически живот.</s><s>Бистрешшки</s>
<s>Извор:
Бистришки Публ. в Резолюция на четвъртия конгрес на Македонския Народен Съюз, с.</s><s>42-55.</s><s>ЦДА, КМф - 36 780/18.</s><s>Ксерокопие.</s><s>Печатно.</s><s>В. Ивановски, Зашто ние македонците сме одделна нациjа, Скопjе, 1995.</s>
<s>Историја на Македонија
en:Translation:Why we Macedonians are a separate nation
bg:Защо ние македонците сме отделна нация</s>
|
8967 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B8%20%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B7%20%D0%BD%D0%B0%204137%20%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%BC%D1%80%D1%82%D1%82%D0%B0%20%D0%A2%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0 | Сметкопотврда за транспортни трошоци платени од бугарската држава за превоз на 4137 Евреи од Македонија до логорот на смртта Треблинка | <s>Софија, 13 октомври 1943 г</s>
<s>ул „Албанска“бр 56</s>
<s>Главна дирекција</s>
<s>Железници и пристаништа</s>
<s>Железничарска каса</s>
<s>Бугарско официално патно биро „Балкан“</s>
<s>Но.</s><s>III/01.2504</s>
<s>Потврда</s>
<s>Со следното потврдуваме дека цената на билетите за двата специјални воза со кои превезоа на 25.</s><s>III о.г. 1748 возрасни и 197 деца од 4-10 год. од еврејско потекло од Скопје до Треблинка и на 28.</s><s>III о.г. 1797 возрасни и 395 деца од 4-10 години од еврејско потекло, изнесува 7,144,317 /седум милиони сто четириесет и четири триста и седумнаесет/ лева.</s>
<s>Тие возови беа испратени по барање на Комесарството за еврејски прашања, кое ја исплати цената на тие два воза со чекови во вредност 4,827,395 лева од 23 март о.г. , чек со вредност 2,000,000 лева од 29 март о.г. и чек со вредност 316,922 лева од 13 октомври о.г.</s>
<s>Ова му се издава на Комесарството за еврејски прашања, за да им послужи како документ за раздолжување.</s>
<s>Балкан
Бугарско официјално патно биро
Потпис
Комесар (потпис нечиток)
три различни печати,
таксена марка од 10 лева
en:Translation: Receipt of the transportation costs that Bulgarian state paid to transport 4137 Jewish citizens from Macedonia to their death in Treblinka</s>
<s>bg:Удостоверение за транспортните разходи които българската държава е платила за 4137 еврейски граждани от Македония до смъртта им в Треблинка</s>
<s>Историја на Македонија
Историја на Бугарија</s>
|
8980 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0%20%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%20%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0 | Стојанка млада партизанка | <s>Стојанка млада партизанка</s>
<s>Последниот час веќе наближил,
се кинат, дробат темни облаци,
зора се зори, сонце изгрева,
в чета се берат одбор јунаци.</s><s>Селата пиштат, јачат горите:
„Ој, судбо, судбо клета проклета
што не раздели од најмилите.“</s>
<s>Само Стојанка брата не жали,
не рони солзи проклетна,
не колне судба, судба страдна;
облече срма руба комитска,
нарами пушка, сабја запаша.</s><s>Тргна Стојанка брата да втаса
и неговата дружина.</s>
<s>„Горо ле горо, горо зелена,
шумо бујата, криеш ли брата
со храбра чета, верна дружина,
со црвен барјак в борба прославен?“
„Стојано, Стојанке, млада партизнке,
на мила брата лика прилика,
мила ти брата добро познавал.</s>
<s>Кога се борба силна водеше
со проклет душман, клети фашисти,
тој падна Стојне, падна јуначки
и славно знаме тој не усрами…“
Не плаче Стојанка, лице не грди.</s><s>Срцето и е машко, јуначко;
Извика песна на глас комитска,
гора ја слуша, лисја треперат:
„Ако во борба брате загина,
предвреме ако младост изгуби,
лесна да ти е, брате земјата;
ти имаш сестра да те замени:
нема да фрлам руба јуначка,
нема да оставам пушка убојна
Македонија дури е робиња,
дури ја грабат клети душмани.</s>
|
8989 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B8%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82%20%D0%B8%20%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82%20%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B0 | Триесет и девет минаја | <s>Триесет и девет минаја</s>
<s>Триесет и девет минаја
Минаја триесет и девет,
И четириесета навлезе,
Од ко се дигна на нозе,
Целата Македонија,
Од кога народ поробен,
Стана да кршат окови.</s><s>Триесетидевет години,
Години како векови,
Нито се крвта исуше,
Турена по планините,
Нито секнаја солзите,
Солзите на робините.</s><s>Триесетидевет години,
Триесетидевет камења,
Секои од кого потежок,
Секои од кого постуден.</s><s>Триесетидевет темници,
Која од која погрозна.</s><s>Триесетидевет години,
Обеле коса на глава.</s>
<s>На стари еден војвода,
На Илинденски комита,
Лоша го старост наведе,
Црни го мисли испиле.</s><s>Лута го тага изела,
За таа пуста слобода.</s><s>Но, што му очи светнаја,
Што му се лице разведри?</s><s>Кога си виде внуците,
Во нова рува комитска,
Со танка пушка на рака,
Со срце машко во гради,
Силна го надеж утеши.</s><s>Радост го в старост окрепи,
Срце на младост затупка.</s><s>Осуна славен Илинден,
Во светла, бела промена,
Над славно село Смилево.</s>
<s>Во горда Бигла планина,
Триесетидевет години,
минаа како векови.</s><s>Деветстотретата остана,
Само во света промена.</s><s>Ропство се тешко надвило,
Не дават душман слобода,
Не можит глава да кренит,
Народ потеглил окови,
Султанот сојде нов дојде.</s><s>Излегоа нови спахии,
Стегнаа нови синџири,
Ко пелин стана нов живот,
Силно се Бигла затресе,
Запееја горје, планини.</s>
<s>В земја се кријат кодоши,
Ново ни сонце огреа.</s><s>Храбро се чета зададе,
Од славна Бигла планина,
И слезе славно Смилево,</s>
<s>Народ да крева во борба.</s><s>Се млади како фидани,
Се силни како арслани,
Срце за страв им незнаји,
Една ји мисла поведе,
Слегоја, в село влегоја.</s><s>Се собра цело Смилево,
Да слуша думи пламени,
За нови светли славни дни,
Радост им срце исполни,
Душа им пламна за борба.</s>
<s>Дамјан се исправи пред ними.</s><s>В очи им искрит слобода.</s>
|
8992 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%20%D0%98%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD | Спроти Илинден | <s>Спроти Илинден</s>
<s>Гумно е.
Под копитата тешки на којни
се рони клас по клас.</s><s>По гумејната жешки горат селаните –
скап е секој час!</s><s>Сонцето печит,
потта течит
ко река
полека,
полека.</s><s>Лебот се берит,
плодот се мерит
(на маките со маки),
сонцето врвит зад горите…</s><s>Фрлејте ји вилите,
пуштејте ји којните,
починејте
на овој свет ден
И л и н д е н!</s><s>Ко вчера да беше,
ко овој час –
се вдаде глас:
„Станејте!“
Првата пушка пукна,
оган и крв.</s><s>Часот последен чукна:
„Умрејте за да живејте!“
Робот се дигна,
Пламен се вивна,
пламна
село,
град…</s><s>Се стресе душман
бездушен султан
и посеј
чемер
јад.</s><s>Македонија мачна родена
пак пропадна
и поробена остана.</s><s>Утре е Илинден
свети ден.</s><s>Гумно е.
Под нозете на работниците
и на селаните
од Македонија
и од сиот свет
нека падне овој систем клет.</s><s>Време е плодот да се берит,
фрлејте ји вилите,
грабнејте ји косите,
удрејте ги тираните.</s>
<s>Мите Боговски
Македонски песни</s>
|
9142 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B7%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0%20%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%87%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0 | Универзална декларација за човековите права | <s>Бидejќи признaвaњeтo нa врoдeнoтo дoстoинствo, и нa eднaквитe и нeoтуѓиви прaвa нa ситe члeнoви нa чoвeштвoтo сe тeмeлитe нa слoбoдaтa, прaвдaтa и мирoт вo свeтoт;</s>
<s>Бидejќи нeпoчитувaњeтo и oмaлoвaжувaњeтo нa чoвeкoвитe прaвa рeзултирaa сo вaрвaрски пoстaпки штo прeтстaвувaaт нaврeдa нa чoвeкoвaтa сoвeст и бидejќи сoздaвaњeтo нa свeт вo кoj луѓeтo ќe ja уживaaт слoбoдaтa нa гoвoр и убeдувaњe и ќe бидaт oслoбoдeни oд стрaвoт oд вojнa и сирoмaштиja, сe прoглaсувa кaкo нajгoлeм идeaл нa ситe луѓe;</s>
<s>Бидejќи e суштeствeнo чoвeкoвитe прaвa дa бидaт зaштитeни сo зaкoн, a чoвeкoт дa нe бидe принудeн пoслeдeн излeз дa бaрa вo пoбунaтa прoтив тирaниjaтa и угнeтувaњeтo;</s>
<s>Бидejќи e суштeствeнo дa сe унaпрeдувa рaзвojoт нa приjaтeлскитe oднoси мeѓу нaрoдитe;</s>
<s>Бидejќи нaрoдитe нa Oбeдинeтитe нaции сo пoвeлбaтa ja пoтврдиja нивнaтa вeрбa вo oснoвнитe чoвeкoви прaвa, вo дoстoинствoтo и врeднoстa нa чoвeкoвaтa личнoст и вo eднaквитe прaвa нa мaжитe и жeнитe и сe oдлучиja дa гo пoтпoмaгaaт oпштeствeниoт нaпрeдoк и пoдoбритe живoтни стaндaрди вo услoви нa пoгoлeмa слoбoдa;</s>
<s>Бидejќи зeмjитe - члeнки сe oбврзaa дa гo издигнувaaт унивeрзaлнoтo пoчитувaњe и слeдeњe нa чoвeкoвитe прaвa и слoбoди, вo сoрaбoткa сo Oбeдинeтитe нaции;</s>
<s>Бидejќи oпштoтo рaзбирaњe нa oвиe прaвa и слoбoди e oд нajгoлeмo знaчeњe зa цeлoснo спрoвeдувaњe нa нивнaтa зaлoжбa;</s>
<s>Сeгa, зaтoa,</s>
<s>Γeнeрaлнoтo сoбрaниe</s>
<s>Ja прoглaсувa oвaa Унивeрзaлнa дeклaрaциja нa чoвeкoвитe прaвa кaкo oпшт стaндaрд, штo трeбa дa гo дoстигнaт ситe луѓe и нaции, и зa тaa цeл сeкoj пoeдинeц и сeкoj oргaн нa oпштeствoтo сeкoгaш, имajќи ja нa ум oвaa Дeклaрaциja, ќe сe стрeмaт прeку пoдучувaњe и oбрaзoвaниe дa гo прoмoвирaaт пoчитувaњeтo нa oвиe прaвa и слoбoди и прeку прoгрeсивни нaциoнaлни и мeѓунaрoдни мeрки ќe oбeзбeдувaaт нивнo oпштo и eфикaснo признaвaњe и пoчитувaњe и мeѓу нaрoдитe нa зeмjитe - члeнки и мeѓу нaрoдитe нa тeритoриитe пoд нивнa jурисдикциja.</s>
<s>Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права.</s><s>Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.</s>
<s>Сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики, како што се : раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, или друг статус.</s>
<s>Нaтaму, нeмa дa сe зeмa прeдвид пoлитичкиoт, прaвниoт или мeѓунaрoдниoт стaтус нa зeмjaтa или тeритoриjaтa нa кoja и припaѓa лицeтo, бeз рaзликa дaли зeмjaтa e нeзaвиснa, пoд стaрaтeлствo, бeз сaмoупрaвнa влaст или пoд кaкoв и дa e друг oблик нa oгрaничувaњe нa нejзиниoт сувeрeнитeт.</s>
<s>Секој има право на живот, слобода и сигурност.</s>
<s>Никој нема да биде роб или потчинет; ропството и трговијата со робови ќе бидат забранети во сите нивни форми.</s>
<s>Никој нема да биде подложен на тортура или на суров, нехуман или понижувачки третман или казна.</s>
<s>Секој има право насекаде да биде признаен како личност пред законот.</s>
<s>Сите луѓе се еднакви пред законот и на сите им припаѓа, без никаква дискриминација, еднаква заштита со закон.</s><s>На сите им припаѓа еднаква заштита од каква и да е дискриминација, што е во спротивност на оваа Декларација и од какво и да е поттикнување на таква дискриманција.</s>
<s>Секој има право националните судови ефикасно да го заштитат од кршење на основните права кои му се признати со уставот и законите.</s>
<s>Никој човек нема да биде подложен на произволно апсење, притвор или прогонување.</s>
<s>Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него.</s>
<s>Секој обвинет за кривично дело има право да се претпоставува дека е невин се додека не се докаже неговата вина во согласнсот со закон и на јавно судење, на кое тој ги има сите гаранции неопходни за неговата одбрана.</s>
<s>Никој нема да се смета за виновен за кое и да е кривично дело поради дејство или пропуст, што не претставувале кривично дело според националното или меѓународното право во времето кога тоа било сторено.</s><s>Исто така, не смее да се изрече казна поголема од онаа што се применувала во времето кога било сторено кривичното дело.</s>
<s>Никoj нeмa дa бидe излoжeн нa прoизвoлнo вмeшувaњe вo нeгoвиoт привaтeн и сeмeeн живoт, дoмoт или прeпискaтa, ниту пaк нa нaпaди врз нeгoвaтa чeст и углeд.</s><s>Сeкoj имa прaвo нa прaвнa зaштитa oд тaквoтo вмeшувaњe или нaпaди.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa движeњe и живeaлиштe вo рaмкитe нa грaницитe нa сeкoja држaвa.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo дa ja нaпушти зeмjaтa, вклучувajќи ja и нeгoвaтa сoпствeнa зeмja, кaкo и дa сe врaти вo свojaтa зeмja.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo вo другa држaвa дa бaрa и дa уживa aзил пoрaди прoгoнувaњe.</s>
<s>Луѓeтo нe мoжaт дa сe пoвикaaт нa oвa прaвo вo случaj нa прoгoнувaњe штo прoизлeгувa oд нeпoлитички злoстoрствa или oд дejствиja штo сe спрoтивни нa цeлитe и нaчeлaтa нa Oбeдинeтитe нaции.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa држaвjaнствo.</s>
<s>Никoму нe смee прoизвoлнo дa му бидe oдзeмeнo нeгoвoтo држaвjaнствo, ниту пaк ќe му сe пoрeкнe прaвoтo дa гo прoмeни држaвjaнствoтo.</s>
<s>Пoлнoлeтнитe мaжи и жeни, бeз никaкви oгрaничувaњa врз oснoвa нa рaсaтa, нaциoнaлнoстa или рeлигиjaтa, имaaт прaвo дa стaпaт вo брaк и дa oснoвaaт сeмejствo.</s><s>Ним им припaѓaaт eднaкви прaвa прeд брaкoт, зa врeмe нa брaкoт и пo нeгoвoтo рaскинувaњe.</s>
<s>Брaкoт ќe сe склучи сaмo сo слoбoднa и цeлoснa сoглaснoст нa иднитe брaчни другaри.</s>
<s>Сeмejствoтo e прирoднa и oснoвнa ќeлиja нa oпштeствoтo и имa прaвo нa зaштитa oд стрaнa нa oпштeствoтo и држaвaтa.</s>
<s>Сeкoj чoвeк имa прaвo нa сoпствeнoст, кaкo сaмoстojнo, тaкa и зaeднo сo други.</s>
<s>Никoj нeмa дa бидe прoизвoлнo лишeн oд нeгoвaтa сoпствeнoст.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мислaтa, сoвeстa и рeлигиja.</s><s>Oвa прaвo ja вклучувa и слoбoдaтa - чoвeкoт дa ja прoмeни свojaтa рeлигиja или убeдувaњe, кaкo и слoбoдaтa - чoвeкoт, индивидуaлнo или вo зaeдницa сo други луѓe, привaтнo или jaвнo, дa ja мaнифeстирa свojaтa рeлигиja или убeдувaњe прeку пoдучувaњe, прaктикувaњe, oдржувaњe служби или oбрeди.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мислeњe и изрaзувaњe.</s><s>Oвa прaвo ja вклучувa и слoбoдaтa дa сe зaстaпувa oдрeдeнo мислeњe бeз никaквo вмeшувaњe и дa сe бaрaaт, дa сe примaaт и дa сe дaвaaт инфoрмaции и идeи прeку мeдиумитe и бeз oглeд нa грaницитe.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мирни сoбири и здружувaњe.</s>
<s>Никoj нe мoжe дa бидe принудeн дa члeнувa вo нeкoe здружeниe.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo дa учeствувa вo упрaвувaњeтo сo нeгoвaтa зeмja, нeпoсрeднo или прeку слoбoднo избрaни прeтстaвници.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa eднaкoв пристaп кoн jaвнитe служби вo нeгoвaтa зeмja.</s>
<s>Вoлjaтa нa нaрoдoт ќe бидe oснoвaтa нa влaстa, вoлjaтa нa нaрoдoт ќe сe изрaзувa нa пoврeмeни и aвтeнтични избoри, штo ќe сe oдржувaaт, сo унивeрзaлнo и eднaквo прaвo нa глaс и сo тajнo глaсaњe или спoрeд сooдвeтнитe прoцeдури нa слoбoднo глaсaњe.</s>
<s>Сeкoj, кaкo члeн нa oпштeствoтo, имa прaвo нa сoциjaнa сигурнoст и имa прaвo дa ги oствaувa свoитe eкoнoмски, сoциjaлни и културни прaвa, нeдeливи oд нeгoвoтo дoстoинствo и слoбoдниoт рaзвoj нa нeгoвaтa личнoст, и тoa прeку нaциoнaлни нaпoри и мeѓунaрoднa сoрaбoткa и вo сoглaснoст сo пoрeдoкoт и пoтeнциjaлитe нa сeкoja држaвa.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa рaбoтa, слoбoдeн избoр нa рaбoтнo мeстo, прaвeдни и пoвoлни услoви зa рaбoтa и зaштитa oд нeврaбoтeнoст.</s>
<s>Сeкoj, бeз кaквa и дa e дискриминaциja, имa прaвo нa eднaквa плaтa зa истa рaбoтa.</s>
<s>Сeкoj кoj рaбoти имa прaвo нa прaвeдeн и сooдвeтeн нaдoмeстoк штo нeму и нa нeгoвoтo сeмejствo ќe им oбeзбeди дoстoинствeн живoт, a кoj нaдoмeстoк ќe бидe нaдoпoлнeт, дo кoлку e нeoпxoднo, сo други срeдствa нa сoциjaлнa зaштитa.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo дa oснoвa и дa сe зaчлeнувa вo синдикaти зaрaди зaштитa нa нeгoвитe интeрeси.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa oдмoр и слoбoднo врeмe, вклучувajќи ги тукa и рaзумнoтo oгрaничувaњe нa рaбoтнoтo врeмe и прaвoтo нa пoврeмeн плaтeн oдмoр.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa живoтeн стaндaрд штo нeму и нa нeгoвoтo сeмejствo ќe им oбeзбeди здрaвje и дoбрoбит, вклучувajќи xрaнa, oблeкa, живeaлиштe и мeдицинскa грижa и нeoпxoдни сoциjaлни услуги, и прaвo нa oсигурувaњe вo случaj нa нeврaбoтeнoст, бoлeст, инвaлиднoст, вдoвствo, стaрoст или вo друг случaj нa нeдoстaтoчни срeдствa зa живoт пoрaди oкoлнoсти штo сe нaдвoр oд нeгoвaтa кoнтрoлa.</s>
<s>Нa мajкитe и нa дeцaтa им припaѓaaт пoсeбнa грижa и пoмoш.</s><s>Ситe дeцa, бeз oглeд нa тoa дaли сe вoнбрaчни или нe, ќe ja уживaaт истaтa сoциjaлнa зaштитa.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa oбрaзoвaниe.</s><s>Oбрaзoвaниeтo ќe бидe бeсплaтнo, бaрeм нa нивo нa oснoвнo oбрaзoвaниe.</s><s>Oснoвнoтo oбрaзoвaниe ќe бидe зaдoлжитeлнo.</s><s>Texничкoтo и стручнoтo oбрaзoвaниe ќe бидaт oпштo дoстaпни, a пристaпoт кoн висoкoтo oбрaзoвaниe ќe бидe дoстaпнo зa ситe врз oснoвa нa зaслужeнитe oцeнки.</s>
<s>Oбрaзoвaниeтo ќe бидe нaсoчeнo кoн цeлoсниoт рaзвoj нa чoвeкoвaтa личнoст и кoн зajaкнувaњe и пoчитувaњe нa чoвeкoвитe прaвa и oснoвни слoбoди.</s><s>Сo нeгo ќe сe унaпрeдувa рaзбирaњeтo, тoлeрaнциjaтa и приjaтeлствoтo мeѓу ситe нaрoди, рaсни и рeлигиoзни групи и ќe сe унaпрeдувaaт aктивнoститe нa Oбeдинeтитe нaции зa oдржувaњe нa мирoт.</s>
<s>Рoдитeлитe имaaт првeнствeнoтo прaвo дa гo избeрaт видoт нa oбрaзoвaниeтo штo ќe им бидe дaдeнo нa нивнитe дeцa.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo слoбoднo дa учeствувa вo културниoт живoт нa зaeдницaтa, дa уживa вo умeтнoстa и дa гo спoдeлувa нaучниoт нaпрeдoк и нeгoвитe блaгoдeти.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa зaштитa нa мoрaлнитe и мaтeриjaлни интeрeси штo прoизлeгувaaт oд кoe и дa e нaучнo, литeрaтурнo или умeтничкo дeлo, чиj aвтoр e тoj.</s>
<s>Сeкoj имa прaвo нa oпштeствeн и мeѓунaрoдeн пoрeдoк, вo кoи прaвaтa и слoбoдитe нaвeдeни вo oвaa Дeклaрaциja мoжaт дa бидaт цeлoснo рeaлизирaни.</s>
<s>Сeкoj имa дoлжнoсти кoн зaeдницaтa вo кoja eдинствeнo e вoзмoжeн слoбoдниoт и цeлoсeн рaзвoj нa нeгoвaтa личнoст.</s>
<s>При кoристeњeтo нa свoитe прaвa и слoбoди, сeкoj чoвeк ќe пoдлeжи сaмo нa тaкви oгрaничувaњa, кaкви штo сe oпрeдeлeни сo зaкoн, сo eдинствeнa цeл дa сe oсигурa дoлжнoтo признaвaњe и пoчитувaњe нa прaвaтa и слoбoдитe нa другитe и сo цeл дa сe зaдoвoлaт прeдмeтнитe бaрaњa вo врскa сo мoрaлoт, jaвниoт рeд и oпштaтa блaгoстojбa вo eднo дeмoкрaтскo oпштeствo.</s>
<s>Oвиe прaвa и слoбoди вo ниту eдeн случaj нe мoжaт дa бидaт кoристeни нa нaчин штo e спрoтивeн нa цeлитe и принципитe нa Oбeдинeтитe нaции.</s>
<s>Ниeднa oдрeдбa oд oвaa Дeклaрaциja нe мoжe дa сe тoлкувa, кaкo дa и дaвa кaквo и дa e прaвo нa нeкoja држaвa, групaциja или пoeдинeц дa дejствувaaт или дa стoрaт нeкoj aкт сo цeл зa рушeњe нa прaвaтa или слoбoдитe прeдвидeни сo oвaa Дeклaрaциja.</s>
|
9143 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D1%83%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%98%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%20%D0%B8%20%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Уставен закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија | <s></s>
<s>I. ОСНОВНИ НАЧЕЛА</s>
<s>1) Народна Република Македонија</s>
<s>Народна Република Македонија е социјалистичка демократска држава на работниот народ на Македонија доброволно соединет со работниот народ од другите народни републики во Федеративна Народна Република Југославија како сојузна држава на суверени и рамноправни народи.</s>
<s>Секоја власт во Народна Република Македонија му припаѓа на работниот народ.</s>
<s>Работниот народ ја врши власта и управува со општествените работи преку свои претставници во народните одбори и Народното собрание, во работничките совети и во другите самоуправни органи, како и непосредно преку избирање, отповикување, референдум, собири на избирачите, совети на граѓаните, учество на граѓаните во управата и правосудството и преку други форми на непосредно управување.</s>
<s>Општествената сопственост на средствата за производство, самоуправувањето на производителите во стопанството и самоуправувањето на работниот народ во општината, градот и околијата се основа на општественото и политичкото устројство на земјата.</s>
<s>Загарантирано е самоуправувањето на работниот народ во областа на просветата, културата и социјалните служби.</s>
<s>Самоуправувањето на производителите и работниот народ се остварува во согласност со општите општествени интереси изразени во закон и други одлуки на претставничките тела на работниот народ - Сојузната народна скупштина, Народното собрание и народните одбори.</s>
<s>Загарантирани се:
слободното здружување на работниот народ за остварување на демократски политички, економски, социјални, научни, културни, уметнички, стручни, спортски и други заеднички интереси;
личните слободи и другите основни права на човекот и граѓанинот;
правото на работа.</s>
<s>Самоуправувањето на производителите во стопанството се состои особено:
во правото на работните колективи да управуваат со стопанските организации непосредно и преку работничките совети, собранијата на земјоделските задруги и преку други претставнички органи што сами ги избираат и отповикуваат;
во правото на производителите да бидат избирани во претставничките тела во стопанските организации;
во правото на стопанската организација самостојно да ги утврдува своите стопански планови; во правото на стопанската организација, по извршување на општествените обврски, самостојно да располага со доходот на организацијата; при што на организацијата ѝ се гарантира минимумот определен со закон; во правото на стопанската организација во границите на својот доход да им ги определува заработките на трудбениците, при што на трудбениците во стопанските претпријатија со закон им се гарантираат минималните заработки од општествените средства;
во правото на производителите преку свои претставници во соборите на производителите да ги утврдуваат материјалните средства што се одделуваат за подмирување на општествените потреби и да одлучуваат за употребата на тие средства.</s>
<s>Производителите ги остваруваат самоуправните права врз основа на Сојузниот устав, Уставот на НРМ и законите, а во рамките на општествените планови.</s>
<s>Работните колективи се здобиваат со самоуправните права со самото основање на стопанската организација.</s>
<s>Самоуправувањето на работниот народ во областа на просветата, науката и културата и социјалните служби се остварува преку самоуправни установи, преку учество на претставници на професионалните и другите општествени организации и граѓаните во органите на управата од тие области, како и преку други форми на општествено управување.</s>
<s>Народните одбори, како органи на народното самоуправување, се основни органи на власта на работниот народ од Републиката и највисоки органи на власта на општината, градот и околијата.</s>
<s>Народниот одбор на околија го сочинуваат околиски собор и собор на производителите а народниот одбор на град го сочинуваат градски собор и собор на производителите.</s>
<s>Одборниците на народниот одбор на општина, градскиот и околискиот собор ги избираат како свои претставници и ги отповикуваат граѓаните на општината, градот односно околијата, а одборниците на соборот на производителите на народниот одбор на град односно околија ги избираат и отповикуваат производителите од градот и околијата.</s>
<s>Народниот одбор на град и околија избира судии и судии-поротници на околиски и окружен суд.</s>
<s>Работниот народ власта во општината, градот и околијата ја врши и непосредно преку референдум и собири на избирачите, преку учество на граѓаните во правосудството како судии-поротници, преку советите на народните одбори, совети и комисии на граѓаните, селски одбори, преку учество на граѓаните во органите на самоуправните установи во општината, градот и околијата, како и преку други форми на непосредно управување.</s>
<s>Работниот народ на Републиката остварувајќи го правото на самоуправување избира републички органи на власта и преку нив ги врши работите од општ интерес за републичката општествена заедница.</s>
<s>Правата и должностите на републичките органи на власта се утврдуваат со Уставот на НРМ.</s>
<s>Само со закон може во општината, градот и околијата да се образуваат управни органи за вршење на работи од надлежноста на републичките органи на власта непосредно подредено на републичките органи на управата.</s>
<s>Републичките органи на власта имаат следни права и должности:
обезбедуваат плански развиток на стопанството во Републиката во рамките на единствениот стопански систем и општествениот план на Федеративна Народна Република Југославија;
се грижат за остварување и заштита на самоуправните права на производителите во стопанството и самоуправните права на работниот народ во општината, градот и околијата и во установите;
ги уредуваат прашањата од општ интерес за заедницата во областа на просветата, науката, културата, народното здравје и социјалната политика и обезбедуваат основни услови за развиток на просветата, науката и културата и за заштита на народното здравје; обезбедуваат единство на школскиот систем и наставата; се грижат за вршењето на социјалните служби;
се грижат за остварување и заштита на слободата и демократските права на граѓаните и нивната рамноправност без обѕир на народност, раса и вероисповед; ги штитат правата на националните малцинства во Републиката и го осигуруваат нивното рамноправно учество во општествениот живот;
обезбедуваат единство на правниот поредок на Републиката, законитост и единствено применување на законите;
се грижат за организирање и функционирање на органите на власта и ја ускладуаат работата на народните одбори во рамките на единствениот систем на власта;
го организираат правосудството на Републиката;
го обезбедуваат и штитат јавниот поредок на територијата на Републиката;
учествуваат во извршувањето на работите од исклуивата надлежност на Федерацијата во областа на заштитата на општественото и политичкото устројство и извршуваат други работи што им се определени со сојузни закони и други прописи.</s>
<s>Овие права и должности републичките органи на власта ги остваруваат спрема надлежноста што им е уредена со овој закон.</s>
<s>Вон правата што со Сојузниот устав и Уставот на НРМ се утврдени за сојузните и републичките органи на власта, народните одбори ги вршат самостојно сите работи од општ интерес за заедницата во областа на стопанскиот, комуналниот, културниот и созијалниот живот и развиток на општината, градот и околијата.</s>
<s>Народните одбори, на основа и во рамките на овластувањата што им се дадени со закон и општи прописи од повисоките државни органи, донесуваат дополнителни прописи за уредување на работите од својата надлежност, а во работите од непосреден интерес за стопанскиот, комуналниот, културниот и социјалниот развиток на општината, градот односно околијата што не се уредени со закон самостојно донесуваат прописи и други акти.</s><s>Народните одбори непосредно ги извршуваат сојузните и републичките закони донесувајќи управни акти и преземајќи други управни дејства, доколку тоа со Сојузниот устав и Уставот на НРМ или закон не е ставено во надлежност на сојузните и републичките органи на власта.</s>
<s>Народниот одбор на општина ги врши сите работи од непосреден интерес за стопанскиот, комуналниот, културниот и социјалниот развиток на општината, доколку за одделни работи не е определена надлежност на народниот одбор на околијата.</s>
<s>Народниот одбор ја врши власта на основа и во рамките на Сојузниот устав и Уставот на НРМ и законите.</s>
<s>Народниот одбор со статут ја пропишува својата организација и работење.</s>
<s>Во вршењето на работите од својата надлежност народниот одбор се опира на стопанските организации, самоуправните установи, здруженијата и иницијативата на граѓаните и спрема тие организации и установи врши само права определени со закон.</s>
<s>Народниот одбор самостојно располага со делот на доходот што стопанските организации, задржувајќи го оној дел што како гарантиран минимум им припаѓа, го одделуваат за општината, гарадот и околијата согласно сојузниот и републичкиот општествен план и има право на процент од данокот утврден со закон и право на воведување локален данок, а народниот одбор на општина и град и право на воведување местен самопридонес.</s>
<s>Народниот одбор самостојно го донесува буџетот на општината, гарадот и околијата, а народните одбори на град и околија самостојно го донесуваат и општествениот план на градот и околијата.</s>
<s>Народниот одбор врши надзор над управувањето на општонародниот имот, а народните одбори на општина и град вршат и право на управување со сета земја и згради што се општонароден имот, доколку тоа право не им припаѓа на други државни органи, стопански организации, установи и заедници.</s>
<s>Републичките органи на власта имаат спрема народните одбори само права утврдени со закон.</s>
<s>Републичките органи на власта имаат право на надзор во поглед законитоста на работата на народните одбори, а народниот одбор на околија, во границите на закон, има право на надзор во поглед законитоста на работата на народниот одбор на општина.</s>
<s>Народниот одбор има право да му поднесува на Извршниот совет односно Собранието приговори за заштита на самоуправните права, ако смета дека со пропис или акт на повисок државен орган му е повредено некое право утврдено со закон.</s>
<s>2) Народна Република Македонија и Федеративна Народна Република Југославија</s>
<s>Освен правата утврдени со Сојузниот устав што работниот народ ѝ ги доверил на Федерацијата, Народна Република Македонија власта ја врши самостојно.</s>
<s>Територијата на Народна Република Македонија е составен дел од територијата на Федеративна Народна Република Југославија и нејзиното единствено државно и стопанско подрачје.</s>
<s>Прометот на стоката во Народна Република Македонија како и прометот на стоката помеѓу Народна Република Македонија и другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија е слободен и не може да се ограничи со акт на републичките органи ниту со акт на народните одбори.</s>
<s>Сојузните закони и другите акти на сојузните органи се задолжителни на територијата на Народна Република Македонија.</s>
<s>Во случај разијдување помеѓу сојузен закон и закон на Народна Република Македонија се прилага сојузниот закон.</s>
<s>Управните и сојузните акти и исправите на државните органи од другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија имаат иста важност во Народна Република Македонија како и во народната република во која се издадени.</s>
<s>Државјаните од другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија уживаат исти права на територијата на Народна Република Македонија како и државјаните на Народна Република Македонија.</s>
<s>II.</s><s>РЕПУБЛИЧКИ ОРГАНИ НА ВЛАСТА</s>
<s>А. НАРОДНО СОБРАНИЕ</s>
<s>1) Права на Народното собрание</s>
<s>Народното собрание е претставник на народниот суверенитет и највисок орган на власта на Народна Република Македонија.</s>
<s>Народното собрание своите права и должности ги врши на основа и во рамките на Сојузниот устав, Уставот на НРМ и сојузните закони.</s>
<s>Правата што им припаѓаат на републичките органи на власта ги врши Народното собрание непосредно и преку Извршниот совет како свој извршен орган.</s><s>Определени извршни работи вржат републичките органи на управата по смерници и под надзор на Извршниот совет.</s>
<s>Правата што им припаѓаат на републичките органи на власта во областа на правосудството ги врши Врховниот суд на Народна Република Македонија на основа законите.</s>
<s>Во исклучива надлежност на Народното собрание спаѓа:
1) измена на Уставот;
2) избирање и разрешување претседател и членови на Извршниот совет;
3) избирање и отповикување со Сојузниот устав определен број народни пратеници за Сојузниот собор на Сојузната народна скупштина;
4) избирање и разрешување судии на Врховниот суд на Народна Република Македонија;
5) донесување на републички закони; донесување на републичкиот општествен план и републичкиот буџет; потврда на завршниот биланс за извршување на републичкиот општествен план и потврда на републичката завршна сметка за извршување на републичкиот буџет;
6) одлучува за измена на границите помеѓу Народна Република Македонија и другите народни републики со потврда на Сојузната народна скупштина;
7) одлучува за правецот на работата на Извршниот совет и републичките органи на управата во рамките на правата на републичките органи на власта;
8) основање на самоуправни установи од интерес за целата Република и основање на високи школи и виши специјализовани школи;
9) амнестија за кривични дела определени со закон на Народна Република Македонија;
10) одлучување за продолжување траењето на мандатот на народните одбори на општините, градовите и околиите најмногу за една година, како и за распишување на општи избори за народните одбори пред да истече времето за кое се избрани; решавање по приговорите на народните одбори за заштита на самоуправните права против актите на Извршниот совет.</s>
<s>Собранието донесува декларации и резолуции по прашањата од надлежноста на републичките органи на власта и по други прашања од општ интерес за Републиката.</s>
<s>Собранието дава препораки за работата на државните органи, самоуправните установи и стопанските организации.</s>
<s>Народното собрание донесува закони самостојно.</s>
<s>Во областите во кои се донесени сојузни општи закони Народното собрание донесува закони во склад со начелата утврдени со сојузниот закон.</s>
<s>Во областите во кои се донесени сојузни основни закони Народното собрание донесува доплнителни закони.</s><s>Во областа од исклучивото сојузно законодавство Народното собрание донесува закони само ако и доколку е затоа посебно овластено со сојузниот закон.</s>
<s>Народното собрание може да донесува закони по прашањата од областа на сојузното општо или основно законодавство и кога не е донесен сојузен закон.</s><s>Со донесување на сојузен основен закон престануваат да важат одредбите на републичкиот закон што се однесуваат на прашањата уредени со сојузниот основен закон.</s>
<s>Само со закон можат да се утврдуваат прашањата од областа на:
организацијата на власта и јавните служби од општо значење; републичкото државјанство;
поделбата на територијата на Републиката на општини, гарадови и околии;
изборот и отповикувањето на народните претставници; здруженијата, собирот и договорот; амнестијата и помилувањето; планското управување на стопанството;
стопанските организации;
сообраќајот, врските и патиштата и добрата во општа употреба;
буџетот и општествениот придонес, даноците и другите давачки;
искористувањето на народните богатства и сили;
универзитетите и високите школи; школите за општо образование, стручните и основните школи; трудот;
фамилијата, бракот и старателството; сузбивањето на заразните болести;
службениците на државната администрација и другите прашања од исклучива надлежност на републичките органи на власта.</s>
<s>По овие прашања народните одбори можат да донесуваат прописи само ако се и доколку се за тоа посебно овластени со законот.</s>
<s>Народното собрание утврдува со закон само општи начела за прописите на народните одбори или со закон ги утврдува основните прашања во работите од непосреден интерес за стопанскиот, културниот, комуналниот и социјалниот развиток на општината, градот односно околијата, ако тоа бара општиот интерес на Републиката.</s><s>По овие работи народните одбори донесуваат свои прописи во рамките на општите начела утврдени со републичкиот закон, односно со своите прописи ги дополнуваат соодветните одредби на републичкиот закон.</s><s>Ако вакви закони нема народните одбори можат самостојно и по своја иницијатива да донесуваат свои прописи.</s><s>Со донесување на републички закон престануваат да важат прописите на народните одбори што се однесуваат на основните прашања утврдени со републичкиот закон.</s>
<s>Во случај разијдување помеѓу прописите на народните одбори и републичките закони се прилага републичкиот закон.</s>
<s>Со републичкиот општествен план за републичките органи на власта се определуваат само оние финансиски средства утврдени со закон што служат за извршување на работи од нивната надлежност, за помош на градовите и околиите и за помош на установите и стопанските организации од општ интерес за целата Република.</s>
<s>Со републичкиот буџет се утврдуваат и распоредуваат финансиски средства за извршување на работи од републичката надлежност и за работата на републичките органи и установи.</s>
<s>Народното собрание може да одлучи законскот предлог, пред или по неговото усвојување, или некое друго прашање од надлежноста на републичките органи на власта да се изнесе пред избирачкото тело на одлучување (референдум).</s>
<s>Референдум можат да предложат една петина членови од еден дом и Извршниот совет.</s>
<s>Одлуката на избирачкото тело е задолжителна.</s><s>Две години по извршениот референдум не може да се донесе закон или друг акт противен со одлукта на избирачкото тело.</s>
<s>За референдумот ќе се донесе посебен закон.</s>
<s>Законите се објавуваат во службен весник и влегуваат во сила осмиот ден по објавувањето, ако со самиот закон не е инаку определено.</s>
<s>Законите не можат да имаат повратно дејство, освен ако тоа со законот изрично е предвидено.</s>
<s>Закон што установува казна може да има повратно дејство само ако е поблаг за сторителот.</s>
<s>Народното собрание се избира на четири години.</s>
<s>Собранието може во случај на војна или други вонредни прилики да го продолжи траењето на својот мандат за времето додека таа состојба трае.</s>
<s>Собранието може да одлучи да се распушти и пред да истече времето за кое е избрано.</s>
<s>Избори за ново Народно собрание мора да се распишат пред да истече последниот ден од периодот за кој Собранието е избрано.</s><s>Ако мандатот на Собранието е продолжен, изборите мора да се распишат штом престанат околностите поради кои мандатот е продолжен.</s>
<s>Од денот на распуштањето на Народното собрание до денот на изборите не смее да измине повеќе од три ни помалку од два месеци.</s>
<s>Предлог за измена на Уставот можат да поднесат 20 члена на еден дом и Извршниот совет.</s>
<s>Собранието во секој дом претходно одлучува со мнозинство гласови за тоа дали ќе се пристапи кон решавање по предлогот за измена на Уставот.</s>
<s>Измената на Уставот е усвоена ако за неа гласаат три петини членови на секој дом.</s>
<s>2) Устројство на Народното Собрание</s>
<s>а) Домови на Собранието</s>
<s>Народното собрание го сочинуваат два дома: Републички собор и Собор на производителите.</s>
<s>Републичкиот собор го сочинуваат народни пратеници што ги избираат граѓаните во околиите и градовите на основа општо, еднакво и непосредно избирачко право.</s><s>Еден пратеник се избира на 12.000 жители.</s>
<s>Соборот на производителите го сочинуваат народни пратеници што ги избираат производителите на работа во производството, транспортот и трговијата сразмерно со учеството на стопанските области во вкупниот општествен производ на Народна Република Македонија.</s>
<s>Пратениците на Соборот на производителите, како претставници на своите стопански организации, ги избираат работниците и службениците на стопанските претпријатија и членовите на земјоделските задруги, како и занаетчиите и занаетчиските работници.</s><s>Еден пратеник се избира на 15.000 производително население.</s>
<s>Пратеници за Соборот на производителите избираат индустриските, селско-стопанските и занаетчиските производители одделно секој во својата производителна група.</s>
<s>Индустриската група ги опфаќа работниците и службениците на работа во индустријата, рударството, шумарството, градежништвото, транспортот, трговијата, угостителството и комуналната дејност.</s>
<s>Селско-стопанската група ги опфаќа земјоделците членови на земјоделските задруги и работниците и службениците на селско-стопанските добра.</s>
<s>Занаетчиската група ги опфаќа трудбениците на работа во занаетчиството.</s>
<s>Право да избираат пратеници за Соборот на производителите имаат производителите што уживаат општо избирачко право.</s>
<s>Во секоја производителна група се избира оној број пратеници за Соборот на производителите што му е сразмерен на учеството на групата во вкупниот општествен производ на Народна Република Македонија утврден во текуштиот републички општествен план.</s>
<s>Во рамките на секоја производителна група пратениците се избираат по норма: еден пратеник на еднаков број производително население.</s>
<s>За член на Републичкиот собор може да биде избран секој граѓанин што ужива општо избирачко право.</s><s>За член на Соборот на производителите може да биде избран секој производител што ужива општо избирачко право и припаѓа на производителната група од која се избира пратеникот.</s><s>За член на Соборот на производителите може да биде избран и синдикален функционер што како таков е избран од страна на производителите.</s>
<s>На пратеник што трајно ќе престане да биде производител или ја мени производителната група во која е избран му престанува мандатот.</s>
<s>Народните пратеници избрани во Републичкиот собор се здобиваат со право на одборник на околискоит односно градскиот собор на народниот одбор на околијата односно градот на чие подрачје се избрани.</s>
<s>Народните пратеници избрани во Соборот на производителите се здобиваат со право на одборник на соборот на производителите на народниот одбор на околијата односно градот на чие подрачје се избрани.</s>
<s>Избирачите имаат право да го отповикаат народниот пратеник.</s>
<s>Изборот и отповикувањето на народниот пратеник се врши со тајно гласање.</s>
<s>Републичкиот собор и Соборот на производителите рамноправно учествуваат:
1) во одлучувањето за измена на Уставот;
2) во утврдувањето на републичкиот општествен план и републичкиот буџет; во потврдувањето на завршниот биланс за извршување на републичкиот општествен план и завршната сметка за извршување на републичкиот буџет;
3) во донесувањето на закони од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;
4) во одлучувањето за продолжување мандатот на Собранието; во утврдувањето дека престанале околностите поради кои бил продолжен мандатот на Собранието; во одлучувањето за распуштање на Собранието;
5) во одлучувањето за распишување референдум по прашања од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;
6) во решавањето по приговорите на народните одбори за заштита на нивните самоуправни права во областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;
7) во добесувањето на декларации и резолуции по прашања од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;
8) во одлучувањето на наградите на народните пратеници и принадлежностите на претседателот, потпретседателите и секретарот на Народното собрание и претседателот и членовите на Извешниот совет.</s>
<s>Републичкиот собор и Соборот на производителите заседаваат одделно.</s>
<s>Законскиот предлог во чие донесување рамноправно учествуваат двата дома може да биде поднесен на едниот или другиот дом.</s>
<s>Домовите може да одлучат да претресат на заедничка седница одделни законски предлози или други прашања во чие решавање учествуваат двата дома, но гласањето за законските предлози се врши одделно на седница на секој дом.</s>
<s>Народното собрание на заедничка седница на обата дома врши следни работи:
1) избира и разрешува претседател, потпретседатели и секретар на Народното собрание;2) избира и разрешува претседател и членови на Извршниот совет;
3) избира и разрешува судии на Врховниот суд на НРМ;
4) избира и разрешува членови на одборите и комисиите на Собранието;
5) ја прогласува измената на Уставот.</s>
<s>Сите работи од надлежноста на Народното собрание во чие решавање рамноправно или заеднички не учествуваат обата дома, или по кои не расправа сам Соборот на произвводителите, ги врши Републичкиот собор.</s>
<s>Членовите на Соборот на производителите имаат право да му предлагаат на Републичкиот собор измени во законските предлози по кои решава Републичкиот собор, како и да поднесуваат предлози за измена на законите што важат, а што ги донел Републичкиот собор.</s>
<s>Предлог на закон или друг акт во чие донесување рамноправно учествуваат обата дома е усвоен ако во двата дома е изгласан во истоветен текст.</s>
<s>Секој дом има право да предложи измени во предлог на закон или друг акт што веќе е изгласан во другиот дом.</s><s>Вака изменетиот предлог му се враќа за согласност на домот од којшто потекнал.</s>
<s>Ако домовите не се сложат со текстот за законот ќе определат заедничка комисија составена од еднаков број членови на двата дома, за да се постигне согласност.</s>
<s>Ако во комисијата не се постигне согласност од мнозинството претставници на секој дом или домовите не го одобрат текстот што го предложила комисијата, претресот по спорното прашање се одложува за седум дена.</s>
<s>По истекот на овој рок на седниците одново се претресуваат прашањата по кои не е постигната согласност и ако ни по два претреса едноподруго не се постигне согласност, Народното собрание се распушта и се распишуваат избори за ново Собрание.</s>
<s>Споровите за надлежност помеѓу домовите ги решава Народното собрание на заедничка седница на двата дома.</s>
<s>Соборот на производителите може да дава препораки на стопанските организации за нивната работа и на државните органи и самоуправните установи по прашањата од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување.</s>
<s>Соборот на производителите, во рамките на правата определени со закон, може да донесува одлуки за работата на стопанските организации, државните органи и самоуправните установи.</s>
<s>Секој дом сам решава за верификацијата на мандатите на своите членови.</s>
<s>Секој дом може да одлучи да се распушти пред да истече времето за кое е избрано Собранието, но останува на должност за времето додека не се избере нов дом.</s><s>Новоизбраниот дом се распушта кога ќе истече времето за кое Собранието е избрано.</s>
<s>Секој дом донесува свој правилник за работа, а обата дома заедно донесуваат правилник за работа за заедничките седници.</s>
<s>б. Претседател на Собранието и претседатели на домовите</s>
<s>Народното собрание избира од редот на пратениците претседател на Собранието, еден или повеќе потпретседатели и еден секретар.</s>
<s>Претседателот, потпретседателите и секретарот се избираат за времето за кое Собранието е избрано, но остануваат на должност и по распуштањето на Собранието до нов избор на претседател, потпретседатели и секретар.</s><s>Претседателот на Собранието го претстставува Собранието, ги потпишува покрај Претседателот на Извршниот совет, указите за прогласување на законите, претседава на заедничките седници на обата дома, се грижи за прилагање на правилникот за работа и за извршување на одлуките на Собранието и неговите домови.</s>
<s>Потпретседателите на Собранието го заменуваат претседателот кога тој е спречен да ја врши претседничката должност.</s>
<s>Претседателот односно потпретседателите на Собранието кога претседаваат на седницата не можат да учествуваат во претресот и да гласаат.</s>
<s>Секретарот на Собранието се грижи за администрацијата на Собранието.</s>
<s>Домовите избираат на една година од редот на своите членови по еден претседател, потпретседател и по тројца запосничари.</s>
<s>Претседателот на домот претседава на седниците на домот и се грижи за прилагање на правилникот за работа.</s>
<s>Претседателот односно потпретседателот на домот кога претседава на седницата не може да учествува во претресот и да гласа.</s>
<s>3) Права и должности на народните пратеници</s>
<s>Секој пратеник има право да му поднесува на домот чиј е член предлози на закони, одлуки, препораки, декларации и резолуции.</s><s>Пратениците имаат право да поднесуваат и предлози на одлуки, препораки, декларации и резолуции за чие донесување е надлежно Народното собрание на заедничка седница на обата дома.</s>
<s>Пратениците што не се членови на одборите имаат право да учествуваат во работата на секој одбор на оној дом чии се членови, но без право на одлучување.</s>
<s>Секој пратеник има право да упатува прашања до Извршниот совет, на кои Извршниот совет одговара на седница на домот, или на заедничка седница на обата дома, или писмено.</s>
<s>Пратеникот што поставил прашање има право да му предложи на домот односно Собранието да се отвори дискусија по прашањато што го поставил.</s>
<s>Секој пратеник има право преку домот чиј е член да бара известија од државните секретари.</s><s>Државниот секретар е должен да ги даде бараните известија писмено, освен ако домот или Собранието не одлучи државниот секретар да ги соопшти лично на седница.</s>
<s>Членовите на Републичкиот собор се должни да ги известуваат избирачите за својата работа, за работата на Републичкиот собор и Собранието, непосредно или преку околискиот односно градскиот собор на народниот одбор во кои имаат право на одборник.</s>
<s>Околискиот односно градскиот собор на народниот одбор во кој народниот пратеник има право на одборник, има право да бара од пратеникот да го извести Републичкиот собор односно Собранието за неговиот предлог или мислење, ако се однесува на прашања од надлежноста на Републичкиот собор односно Собранието.</s><s>Народниот пратеник е должен да го изложи таквиот предлог или мислење.</s>
<s>Членовите на Соборот на производителите се должни да ги известуваат избирачите за својата работа, за работата на Соборот на производителите и Собранието, непосредно или преку соборот на производителите на народниот одбор во кој имаат право на одборник.</s>
<s>Соборот на производителите на народниот одбор во кој народниот пратеник има право на одборник може да бара од пратеникот да го извести Соборот на производителите односно Собранието за неговиот предлог или мислење, ако се однесува на прашања од надлежноста на Соборот на производителите односно Собранието.</s><s>Народниот пратеник е должен да го изложи таквиот предлог или мислење.</s>
<s>Членовите на Републичкиот собор имаат право на постојана месечна награда.</s>
<s>Членовите на Соборот на производителите својата должност ја вршат почесно и имаат право на накнада на трошковите причинети со вршењето на својата пратеничка должност, како и право на накнада на загубената заработка за време додека ја вршат таа должност.</s>
<s>Народниот пратеник не може да биде повикан на одговорност, лишен од слобода ни казнет за изразеното мислење или дадениот глас во Собранието.</s>
<s>Пратеникот не може да биде лишен од слобода, ниту против него може да се започне кривична постапка без одобрение од домот кому припаѓа, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна строг затвор во траење подолго од пет години.</s><s>Во таков случај државниот орган што го лишил пратеникот од слобода или против него започнал кривична постапка, е должен за тоа веднаш да го извести Претседателот на Народното собрание, кој го изнесува прашањето пред соодветниот дом на одлучување дали постапката ќе се продолжи односно дали лишувањето од слобода ќе остане во сила.</s>
<s>Кога домот не е собран, за давање на одобрение за лишување од слобода и за започнување односно продолжување на кривична постапка против пратеник одлучува мандатно-имунитетниот одбор на соодветниот дом, со дополнителна потврда од домот.</s>
<s>Народен пратеник не може да биде истовремено службеник во државната управа ниту судија.</s>
<s>4) Седници</s>
<s>Народното собрание е во постојано заседание во текот на времето за кое е избрано (свикување) и работи во посебни седници на домовите, во заеднички седници на обата дома, во постојаните и други одбори и комисии.</s>
<s>Новоизбраното Собрание се состанува најдоцна на триесетиот ден од денот на изборите.</s>
<s>Седниците на одделните домови ги свикува претседателот на Народното собрание на основа одлука од самиот дом, по предлог од претседателот на домот, од одбор, од една петина членови на домот, од Извршниот совет, по сопствена иницијатива, како и кога тоа е определено со овој закон.</s>
<s>Заедничка седница на двата дома свикува Претседателот на Народното собрание на основа одлука од Собранието, по предлог од еден дом, од одбор, од Извршниот совет, по сопствена иницијатива, како и кога тоа е определено со овој закон.</s>
<s>Ако Претседателот на Собранието не свика седница или не ја свика кога тоа е определено или предложено, Собранието односно неговиот дом ќе се состане по покана на дваесет пратеници односно Извршниот совет.</s>
<s>Домовите на Собранието донесуваат полноважни одлуки со мнозинство гласови на седница на која присуствува мнозинството од нивните членови.</s>
<s>Народното собрание на заедничка седница на двата дома донесува полноважни одлуки со мнозинство гласови.</s><s>За донесување на одлуки е потребно присуство на мнозинството членови и на едниот и на другиот дом.</s>
<s>5) Одбори и комисии</s>
<s>Републичкиот собор и Соборот на производителите имаат како постојани одбори законодавен одбор и мандатно-имунитетен одбор.</s>
<s>Секој дом може да образува постојани одбори и за други прашања од својата надлежност, како и анкетни одбори и комисии за вршење на посебни задачи.</s>
<s>Народното собрание има постојана комисија за толкување на законите и постојана комисија за народни одбори.</s>
<s>По потреба можат да се образуваат одбори како и други комисии на Народното собрание.</s>
<s>Членовите на Извршниот совет не можат да бидат членови на одбори или комисии ниту можат да бидат избрани на други постојани должности во домот или Собранието.</s>
<s>Претседателот на Собранието не може да биде член на одбор или комисија.</s>
<s>Одборите ги проучуваат законските предлози, ги претресуваат прашањата што ќе ги отворат членовите на одборите и сите други прашања од надлежноста на домот и му поднесуваат на домот свои извештаии и предлози.</s>
<s>Секој законски предлог пред да му се поднесе на домот на претрес мора да биде расправан во соодветните одбори на домот, освен ако домот одлучи предлогот да се претресува по итна постапка.</s><s>Секој член на одбор има право да предлага да се стават на дневен ред на одборот или при претресувањето во одборот да ги изнесува, во рамките на делокругот на одборот, сите прашања што се однесуваат до примената на закони, до работата на државните органи, самоуправните установи и стопанските организации, или до други прашања од општ интерес за Републиката или од интерес за изборната единица во која е избран.</s>
<s>Пратеник што не е член на одбор има право пред одборот на домот чиј е член да отвори прашање од делокругот на одборот.</s><s>Одборот одлучува дали таквото прашање ќе го стави на дневен ред.</s>
<s>Одборите може да донесуваат резолуции и во рамките на својот делокруг да донесуваат препораки за работата на државните органи, самоуправните установи и стопанските организации.</s>
<s>Одборите може да бараат од Извршниот совет да им одговори на прашања и да им дава известија за својата работа.</s>
<s>Членовите на Извршниот совет можат да присуствуваат на седницата на одборите и да учествуваат во претресувањето, но без право на одлучување.</s>
<s>Извршниот совет може да предложи да се стават на дненевен ред на седница на одбор одделни прашања и да се свика одборот за да се изнесе ставот на Извршниот совет по тие прашања.</s><s>Одборот може да ги претресува тие прашања, да донесува резолуции и да дава препораки.</s>
<s>Одборите можат да повикуваат државни секретари, потсекретари, директори и други службеници и стручњаци усно или писмено да им одговораат на прашања и да им дадат известија и објасненија.</s>
<s>Одборите можат да плвикуваат народен пратеник да ги извести за состојбата во изборната единица односно во стопанските организации што го избрале.</s>
<s>Одборите можат да вршат анкети и сослушувања и поради тоа да бараат од сите државни органи, самоуправни установи и стопански организации да им поднесуваат потребни податоци, списи и документи.</s>
<s>Комисијата за толкување на законите има право да дава задолжителни толкувања на републичките закони.</s><s>Предлог за толкување на законите можат да поднесат: секој народен пратеник, одбор на дом, Извршниот совет и Врховниот суд на Народна Република Македонија.</s>
<s>Комисијата им ги поднесува задолжителните толкувања на дополнителна потврда на надлежните домови.</s><s>Комисијата за толкување на законите има девет членови што Собранието ги избира од редот на народните пратеници на заедничка седница на двата дома.</s>
<s>Комисијата за толкување на законите останува на должност и по распуштањето на Собранието до избирање на нова комисија.</s>
<s>Комисијата за народни одбори решава по споровите помеѓу околискиот односно градскиот собор и соборот на производителите на народен одбор на околија односно град.</s>
<s>Комисијата за народни одбори ги проучува приговорите на народните одбори за заштита на нивните самоуправни права поднесени против актите на Извршниот совет и ги разгледува прашањата од областа на организацијата и работата на народните одбори за кои е надлежно Народното собрание и им поднесува на домовите односно Народното собрание предлози за нивното решавање.</s>
<s>Секој одбор и постојана комисија работи по правилник за работа што сам го донесува а го потврдува домот односно Народното собрание.</s>
<s>Секој одбор и постојана комисија има свој претседател и секретар што сам ги избира.</s>
<s>Одборите на еден дом и одборите на двата дома како и комисиите по потреба можат да одржуваат и заеднички седници.</s>
<s>Б. ИЗВРШЕН СОВЕТ</s>
<s>Народното собрание му го доверува на Извршниот совет претставувањето на Народна Република Македонија, грижата за спроведување на законите, надзорот над работата на републичката управа, надзорот во поглед законитоста на работата на народните одбори и определени самоуправни установи и другите извршни работи од надлежноста на републичките органи на власта.</s>
<s>Извршниот совет:
1) се грижи за извршување на сојузните и републичките закони; се грижи за извршување на републичкиот општествен план, републичкиот буџет и другите акти на Народното собрание, како и за извршување актите на Сојузниот извршен совет и Сојузната народна скупштина и донесува прописи и презема мерки за нивното извршување; презема мерки за извршување на работите од надлежноста на републичките органи на власта; врши општ надзор над примената на законите;
2) ги утврдува предлозите на републичкиот општествен план и републичкиот буџет и ги поднесува на Собранието; составува и поднесува предлози на закони;
3) утврдува смерници за работата на републичките органи на управата како и за работата на народните одбори во управните работи од надлежноста на републичките органи на власта чиешто извршување е пренесено врз народните одбори;
4) основа републички органи на управата, освен државни секретаријати и совети; ја пропишува организацијата на републичките органи на управата; пропишува начела за организацијата на органите на управата на народните одбори; презема мерки за подобрување на администрацијата на републичките органи на управата и народните одбори; се грижи за спроведување на службеничкиот систем;
5) ги поништува и укинува актите на републичките органи на управата донесени вон управната постапка ако се во спротивност со сојузен и републички закон или прописи на сојузниот или републичкиот извршен совет како и прописи на сојузните органи на управата; решава во управната постапка во границите на закон;
6) врши, во границите на закон, надзор во поглед законитоста на работата на народните одбори; ги потврдува статутите на народните одбори на околиите, градовите и градските општини; решава во границите на закон по приговорите за заштита на самоуправните права на народните одбори;
7) основа претпријатија, го пропишува делокругот и основите на организацијата на самоуправните установи што ги основало Народното собрание;
8) располага со буџетските резерви на Републиката;
9) назначува и разрешува државни секретари, секретари на советите, потсекретари, јавен правобранител на Републиката и други виши службеници за кои тоа е определено со закон;
10) донесува акт за распуштање на Народното собрание во случај несогласност на домовите; распишува избори за Народното собрание;
11) ги прогласува законите со указ; се грижи за објавување на републичките закони и другите прописи;
12) врши помилување согласно посебен закон;
13) решава по жалбите на народните одбори на општините против одликите на народните одбори на околиите односно градовите со кои е поништен или укинат акт на народниот одбор на општината;
14) врши работи утврдени со закон.</s>
<s>Извршниот совет може да го изнесе секое прашање од својата надлежност пред Народното собрание и да предложи претрес и донесување на одлука по него.</s>
<s>Во вршењето на надзор над работата на народните одбори Извршниот совет има право да ги поништи или укине незаконитите акти на народните одбори на околии и градови, а во работите што не се уредени со закон или општ пропис на сојузните или републичките органи има право да ги поништи или укине и актите на народниот одбор со кој е повреден општиот интерес.</s>
<s>Народниот одбор чиј акт е поништен или укинат има право против решението на Извршниот совет да поднесе жалба до Народното собрание.</s>
<s>Извршниот совет може да распушти секој народен одбор односно само околиски или градски собор или собор на производителите ако нивната работа очигледно е во спротивност со Сојузниот устав и Уставот на НРМ или со закон.</s>
<s>Членовите на распуштениот одбор имаат право на приговор до Народното собрание.</s>
<s>Извршниот совет ги врши работите на основа и во рамките на Сојузниот устав и сојузните закони, Уставот на НРМ и републичките закони, како и уредбите на Сојузниот извршен совет.</s>
<s>Извршниот совет може да донесува уредби за извршување на републичките закони, а за вршење на други работи од својата надлежност може да донесува одлуки, упатства и решенија.</s><s>Извршниот совет може да донесува уредби за извршување на сојузните закони и сојузните уредби како и републичките општи закони само ако за тоа е овластен со законот или уредбата.</s>
<s>Извршниот совет донесува уредба за својата организација и работа, која ја поднесува на потврда на Народното собрание.</s>
<s>Во Извршниот совет се избираат петнаесет до дваесет и пет народни пратеници од редот на членовите на Републичкиот собор.</s>
<s>Новоизбраното Народно собрание на првата заедничка седница на двата дома го избира претседателот и другите членови на Извршниот совет.</s>
<s>Кандидати за претседател и членови на Извршниот совет можат да предложат 20 народни пратеници.</s>
<s>Извршниот совет се избира за времето за кое е избрано Народното собрание, но Собранието може да го разреши целиот Совет или одделни негови членови и пред да истече тоа време.</s>
<s>Извршниот совет останува на должност и по распуштањето на Собранието, до избирање на нов Совет.</s>
<s>На чело на Извршниот совет се наоѓа претседател.</s>
<s>Претседателот на Извршниот совет го претставува Советот, претседава на неговите седници, во името на Советот му поднесува извештај на Народното собрание за работата на Советот и ги потпишува указите за прогласување на законите и уредбите.</s>
<s>Претседателот на Извршниот совет има право да задржи од извршување акт на Извршниот совет со кој не се сложува, со обврска спорното прашање веднаш да го изнесе пред Народното собрание за донесување на одлука.</s><s>Во тој случај претседателот на Народното собрание е должен веднаш да свика седница на Собранието.</s>
<s>Претседателот на Извршниот совет во случај на отсутност или подолготрајна болест го заменува еден од потпретседателите што ќе го определи Извршниот совет.</s>
<s>Извршниот совет има еден или повеќе потпретседатели.</s>
<s>Потпретседателите ги избира Извршниот совет од редот на своите членови, кои и ги разрешува.</s>
<s>Извршниот совет за својата работа му одговара на Народното собрание.</s>
<s>Извршниот совет е должен да го известува Народното собрание за својата работа.</s>
<s>Собранието во секое време може да бара од Извршниот совет да му пиднесе извештај за својата работа или за одделни прашања од својата надлежност.</s>
<s>Народното собрание води претрес по извештаите на Извршниот совет и на основа претресот може да донесе резолуции и да даде препораки.</s>
<s>Ако Собранието во текот на претресот установи дека некој акт на Извршниот совет не е во согласност со закон, може да го укине.</s>
<s>Овие права Собранието може да ги врши на заедничка седница на двата дома или на седница само на еден дом, ако за соодветните прашања исклучиво е надлежен тој дом.</s>
<s>Работите од својата надлежност Извршниот совет ги решава на седница.</s>
<s>Извршниот совет решава со мнозинство гласови.</s>
<s>Извршниот совет од редот на своите членови може да образува одбори и комисии за проучување на одделни прашања и подготвување предлози на закони, уредби и други свои акти, како и за донесување решенија во определени работи од надлежноста на Советот.</s>
<s>Извршниот совет избира секретар од редот на своите членови.</s>
<s>Секретарот се грижи за администрацијата на Извршниот совет и врши други работи за кои ќе го овласти Извршниот совет.</s>
<s>В. РЕПУБЛИЧКА УПРАВА</s>
<s>За непосредно вршење определени извршни работи од надлежноста на републичките органи на власта се образуваат државни секретаријати, самостојни управи, управни установи и други самостојни органи на управата.</s>
<s>За вршење работи на општествено управување од општ интерес во областа на просветата, науката, културата, народното здравје и социјалната заштита и за вршење управни работи од надлежноста на републичките органи на власта во овие области се образуваат совети.</s>
<s>Републичките органи на управата непосредно ги извршуваат законите и другите акти на Народното собрание, уредбите и другите акти на Извршниот совет кога нивното извршување е ставено во надлежност за тие органи со Уставот на НРМ и републички закони.</s>
<s>Републичките органи на управата непосредно ги извршуваат законите на Сојузната народна скупштина како и прописите на Сојузниот извршен совет и сојузните органи на управата кога нивното извршување е ставено во надлежност на тие органи со сојузен закон или сојузна уредба.</s>
<s>Непосредното извршување на републички закон со кој се утврдуваат општи начела за прописите на народните одбори или се утврдуваат основни прашања за работите од непосреден интерес за животот и развитокот на општината, градот и околијата може да се стави во надлежност на републичките органи на управата само кога извршувањето е од општ интерес за Републиката.</s>
<s>Во непосредното извршување на законите републичките органи на управата донесуваат управни акти, преземаат управни дејства и донесуваат прописи за кои се овластени.</s>
<s>Освен прописите чиешто извршување е ставено во надлежност на сојузните или републичките органи на управата, сојузните и републичките закони и другите прописи непосредно ги извршуваат народните одбори.</s>
<s>Републичките органи на управата работите од својата надлежност ги вршат на освова и во рамките на сојузните и републичките закони, прописите на сојузниот и републичкиот извршен совет, како и прописите на сојузните органи на управата донесени во рамките од надлежноста на Федерацијата, а во согласност со смерниците на Извршниот совет.</s>
<s>Републичките органи на управата ги вршат овие работи самостојно во рамките на дадените им овластенија.</s>
<s>Државни секретаријати се основаат за вршење работи од една или повеќе гранки на управата од надлежноста на републичките органи на власта.</s>
<s>Државни секретаријати се: Државен секретаријат за внатрешни работи, Државен секретаријат за правосудна управа, Државен секретаријат за работи на стопанството, Државен секретаријат за работи на буџетот и државната администрација.</s>
<s>Државните секретаријати се основаат, спојуваат и укинуваат со закон.</s>
<s>На чело на државните секретаријати стојат државни секретари кои самостојно ги вршат овластувањата дадени на државните секретаријати со закон, прописи на Сојузниот извршен совет и прописи на Извршниот совет.</s>
<s>Државниот секретар за својата работа му одговара на Извршниот совет.</s>
<s>Државните секретари полагаат заклетва пред Претседателот на Извршниот совет.</s><s>Текстот на заклетвата го утврдува Извршниот совет.</s>
<s>Државниот секретар има право да донесува правилници, наредби и упатства за извршување на уредбите и другите прописи на Извршниот совет.</s><s>Државниот секретар може да донесува правилници, наредби и упатства за извршување на закони и сојузни уредби само ако со законот односно сојузната уредба на тоа е овластен.</s>
<s>Со закон или уредба можат да се одредат обврски за државниот секретар одделни правилници и наредби да му ги поднесе на претходна согласност на Извршниот совет.</s>
<s>Државните секретари, во рамките на својата надлежност, а во границите на закон, имаат право на надзор во поглед законитоста на работата на органите на управата на народните одбори, самоуправните установи што ги основаат републичките органи на власта како и оние установи и стопански организации за кои тоа ќе се определи со закон или уредба.</s><s>Во вршењето на овој надзор државниот секретар има право да ги поништи или укине нивните незаконити акти.</s>
<s>Органот на управата на народниот одбор, установата и стопанската организација чиј акт го поништил или укинал државниот секретар има право на жалба до Извршниот совет согласно одредбите на закон.</s>
<s>Државниот секретар може да поништи, укине или задржи од извршување акт донесен во управната постапка само под услови предвидени со прописите односно начелата на управната постапка.</s>
<s>Државниот секретар има право да ги задржи од извршување незаконитите акти на народните одбори на околии и градови и да му предложи на Извршниот совет да ги поништи или укине.</s>
<s>По работите што не се уредени со закон или други прописи на државните органи државниот секретар има право и должност да му укажува на Извршниот совет на актите на народните одбори со кои е повреден општиот интерес и да му предложува да преземе соодветни мерки за кој Советот е овластен.</s>
<s>Во државниот секретаријат можат да се назначуваат еден или повеќе потсекретари.</s>
<s>Државниот секретар може да пренесе на потсекретарите одделни свои овластенија со согласност на Извршниот совет.</s>
<s>Совети се: Совет за просвета и Совет за народно здравје и социјална заштита.</s>
<s>Советите се образуваат, спојуваат и укинуваат со закон.</s>
<s>Советите се колегијални тела и се составени од претставници на самоуправни установи, стручни и општествени организации како и граѓани што се истакнуваат со својата работа во бластите од надлежноста на советот.</s>
<s>Советите за својата работа одговараат пред Извршниот совет.</s>
<s>Во вршењето на управните работи од надлежност на републичките органи на власта советот може да донесува правилници, наредби и упатства за извршување на уредбите, а овие акти може да ги донесува за извршување на законите и сојузните уредби само ако со тие прописи на тоа е овластен.</s><s>Овие работи советот ги врши согласно смерниците што ги утврдува Извршниот совет.</s>
<s>Советот донесува препораки за работа на самоуправните установи, а задолжителни одлуки може да донесува согласно правата утврдени со посебен закон.</s>
<s>На чело на советот се наоѓа претседател.</s>
<s>Претседателот ги подготвува седниците на советот и раководи со нив, ги потпишува правилниците, наредбите и упатствата што ги донесува советот и врши други работи што му се ставени во надлежност со закон или уредба.</s>
<s>Претседателот и членовите на советот од редот на граѓаните ги именува Извршниот совет, а другите членови на советот ги делегираат установите и организациите.</s>
<s>Извршниот совет може да го разреши секој член на советот.</s><s>Ако разрешениот член на советот е претставник на установа или организација Извршниот совет ќе побара од установата односно организацијата да делегира друг претставник.</s>
<s>Установата односно организацијата може да го отповика својот делегиран член на советот и наместо него да делегира друг член.</s>
<s>Советот има секретар кој раководи со работите на администрацијата и ги извршува одлуките и заклучоците на советот.</s><s>Секретарот е државен службеник и во областа на управата може да има овластенија што му се определени со закон или прописи на Извршниот совет.</s>
<s>Секретарот има право да учествува во работите на советот но не учествува во донесувањето на одлуките и заклучоците.</s>
<s>За сите прашања од надлежноста на советот секретарот одговара на советот, а за вршење работи за кој посебно е овластен одговара и пред Извршниот совет.</s>
<s>Самостојни управи, управни установи и други самостојни републички органи на управата се основаат за вршење на определени управни работи од надлежноста на републичките органи на власта.</s><s>Самостојните управи, управните установи и другите сакостојни републички органи на управата се основаат со уредба.</s>
<s>На чело на самоуправните управи, управните установи и другите републички органи на управата можат да се назначуваат директори и други службеници што самостојно ги вршат овластенијата дадени на тие органи.</s>
<s>Овие органи на управата во вршењето на правото на надзор во поглед законитоста на работата на органите на управата на народните одбори имаат исти права коко и државните секретари, а во поглед незаконитите акти на народните одбори имаат право и должност да му укажуваат на Извршниот совет на таквите акти и да му предлагаат да преземе соодветни мерки за кој Советот е овластен.</s>
<s>Извршниот совет може да пренесува на овие раководни службеници одделни овластенија дадени на државните секретари само кога со закон е овластен за тоа.</s>
<s>Со закон и со прописи на Извршниот совет раководните службеници во државните секретаријати, советите и другите републички органи на управата можат да се овластат да донесуваат решенија во определени работи.</s>
<s>Извршниот совет е должен да ги поднесува на согласност на надлежните одбори на домовите нацртите од своите прописи за основање и организациони измени на органите на управата што повлекуваат издатоци кои не се предвидени со буџетот или треба да се вршат од буџетските резерви.</s>
<s>Против актите на државните секретари, советите и другите самостојни републички органи на управата може, согласно одредбите на посебен закон, да се започне управен спор пред надлежниот суд.</s><s>Против актите на државните секретари, советите и другите самостојни републички органи на управата донесени во прв степен по работи во кои е исклучен управен спор може да се подаде жалба до Извршниот совет, ако со закон или уредба не е определено жалбата да се поднесува на друг државен орган.</s>
<s>Службениците на републичките органи на управата одговаараат за штетата што со својата незаконита работа ќе ѝ ја сторат на државата.</s>
<s>Државата одговара за штетата што службениците со својата незаконита работа ќе ја сторат на граѓаните или правните лица.</s><s>Државата има право на накнада од службеникот што ја сторил штетата со својата незаконита работа.</s>
<s>Одредбите од претходните ставови важат и во поглед одговорноста на претседателот и членовите на Извршниот совет.</s>
<s>III.</s><s>ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ</s>
<s>Со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат главите VI, VII, VIII, IX и XII од Уставот на Народна Република Македонија од 31 декември 1946 година, како и одредбите од Уставот, законите и другите прописи што се во спротивност со одредбите на овој закон.</s>
<s>Овој закон влегува во сила кога Народното собрание ќе го прогласи, а неговото спроведување ќе се врши по одредби на посебен закон.</s>
<s>Законска регулатива на Македонија</s>
|
9150 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2/%20%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%B0/%20%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%285/1/1899%29 | Гоце Делчев/ Писма/ Гоце Делчев до Никола Малешевски (5/1/1899) | <s>Скенирана верзија на писмото</s>
<s>Содржина на писмото</s>
<s>Интегрална содржина на писмото
„София
5/1 99 г.</s>
<s>Колйо,</s>
<s>Всичкит ти писма до сега испратени отъ тебъ и чрз тебъ, съмъ получилъ.</s><s>Отцпленията и разцпленията никакъ да не ни плашатъ.</s><s>Действително жалко е, но що можемъ да правимъ, когато си сме българи и всички страдаме отъ една обща болсть!</s><s>Ако тая болсть не съществуваше въ нашит прадди, отъ които е наследство и въ насъ нмаше да попаднатъ подъ грозния скиптъръ на турскит султани.</s><s>Нашъ, разбира се, дългъ е да не се поддаваме на тая болсть, но можемъ ли сщото да направимъ и съ другит лица?</s><s>Пъкъ имаме заето и нщо отъ гръцкит болсти, а именно - колко глави, толкозъ капитани.</s><s>Пустата му слава!...</s><s>Вски иска да блсне, па не зна фалшътъ и на тоя блсъкъ.</s><s>Вай на тезъ надъ страданията на които всички тзъ комедии, дтъ се разиграватъ.</s>
<s>Колкото за пролтъ, почти нищо нма опредлено, което е много печално, но, врвамъ, и това ще се изясни.</s>
<s>Чакамъ пари да купимъ кримкови патрони, та не ще има нужда да се прави смнка съ манлихрови.</s>
<s>Кардашит отъ Перникъ искатъ револверъ, но пари не се сщатъ да пратятъ, като че ли ние ги имаме вечъ въ кърпа вързани.</s><s>Колкото за мартинката, за която получихъ 2 лири турски, искамъ отъ тебъ съвтъ: оттукъ да имъ взема или оттамъ ти ще имъ вземешъ?</s><s>Ако имат тамъ нкоя наша, добр ще направишъ да имъ я проводишъ.</s>
<s>Кажи на братъ ми да пише писмо дома.</s><s>Съ поздравъ Гоце</s>
<s>P. P. Тукъ приключенит с за Перникъ, отъ които едното е за Дико; отъ когото вчера се получи една телеграма отъ Рила.</s><s>Узнай дали не е тамъ, че още тамо да се прдаде прдназначеното за него.</s><s>На перничани имъ пиша, че мартинката ще я получатъ, а револвера - когато пратятъ пари.</s><s>Сщи“</s>
<s>а. Перник е псевдоним за Горна Џумаја.</s>
<s>Оригиналниот текст на писмото според современата македонска типографија
„Софија
5/1 99 г.</s>
<s>Кољо,</s>
<s>Всичките ти писма испратени от теб и чрез теб, с’м получил.</s><s>Отцепленијата никак да не ни плашат.</s><s>Дејствително жалко е, но што можем да правим, когато си сме б’лгари и всички страдаме од една обшта болест!</s><s>Ако таја болест не с’штествуваше в нашите прадеди, от които е наследство и в нас немаше да попаднат под грознија скипт’р на турските султани.</s><s>Наш, разбира се , д’лг е да не се продаваме на таја болест, но можем ли саштото да направим и с другите лица?</s><s>П’к имаме заето и нешто от гр’цките болести, а именно – колико глави, толкоз капитани.</s><s>Пустата му слава!...</s><s>Всеки иска да блесне, па не знае фалш’т и на тоја блес’к.</s><s>Вај на тез над страданијата на които всички тез комедии, дет се разиграват.</s>
<s>Колкото за пролет, почти ништо нема определено, което е много печалено, но, вермам, итова ште се изјасни.</s>
<s>Чекам пари да купим кримкови патрони, та не ште има нужда да се прави сменка с мнлихерови.</s>
<s>Кардашите от Перник искат револвер, но пари не се сештат да пратјат, като че ли ние ги имаме веч во к’рпа в’рзани.</s><s>Колкото мартинката, за којто получих 2 лири турски, искам от с’вет: оттук да им взема или оттам ти ште им вземеш?</s><s>Ако имате там некоја наша, добре ште направиш да им ја проводиш.</s>
<s>Кажи на брат ми да пише писмо до дома.</s><s>С поздрав Гоце</s>
<s>P.P. Тук прикључените се за Перник, от които едното е за Дико; от когото вчера се получи една телеграма от Рила, Узнај дали не е там, че оште тамо да се предаде предназначеното за него.</s><s>На перничани им пиша, че мартинката ште ја получат, а револвера – когато пратјат пари.</s><s>Сашти.“</s>
<s>а. Перник е псевдоним за Горна Џумаја.</s>
<s>Писмото според современиот македонски правопис (не е во целост)
„Софија
5/1 99 г.</s>
<s>Кољо,</s>
<s>Ги добив сите писма испретени до сега од и преку тебе.</s><s>Отцепувањата и расцепкувањата никако не треба да нè плашат.</s><s>Жално е, но што да правиме кога си сме бугари и сите страдаме од една иста болест!</s><s>Ако таа болест ја немаше кај нашите прадедовци, од коишто ни е наследство, тие немаше да потпаднат под грозниот жезол на турските султани.</s><s>Наш долг е, се разбира, да не се поддаваме на таа болест, но колку можеме да влијаеме на другитe?</s><s>Сепак имаме нешто и од грчките болести - ,колку глави – толку капетани“.</s><s>Пустата!</s><s>Секој сака да блесне, па не го знае фалшот на тој блесок.</s><s>Тешко им на тие што страдаат под овие ,комедии’.</s>
<s>Што се однесува до пролетта, скоро ништо не е сигурно, што е многу тажно, но верувам дека работите ќе станат појасни.</s>
<s>Чекам пари да купам касети муниција, за да нема потреба да се прави промена со малихерки.</s>
<s>Кардашите од Перник сакаат рволвер, но не им текнува да пратат пари, ко божем ние имаме врзани во крпче.</s><s>За мартинката, за која побарав 2 турски лири, сакам совет: оттука да им земам или ти ќе земеш од таму?</s>
<s>Кажи на брат ми да пише писмо до дома.</s><s>Со поздрав Гоце“</s>
<s>а. Перник е псевдоним за Горна Џумаја.</s>
<s>Историја на македонскиот народ</s>
|
9151 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2/%20%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%B0 | Гоце Делчев/ Писма | <s></s>
<s>Еврем Каранов
Гоце Делчев до Еврем Каранов од 17 октомври 1895 (с.с.)</s>
<s>Надбискуп Менини
Гоце Делчев до надбискупот Менини од 3 јули 1898 (с.с.)
Гоце Делчев до надбискупот Менини од 11 јули 1898 (с.с.)</s>
<s>Никола Малешевски
Гоце Делчев до Никола Малешевски од 5 јануари 1899 (с.с.)</s>
<s>Никола Зографов
Гоце Делчев до Никола Зографов од 9 март 1897 (с.с.)
Гоце Делчев до Никола Зографов од 15 јуни 1899 (с.с.)
Гоце Делчев до Никола Зографов од 6 мај 1901 (с.с.)</s>
|
9156 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2/%20%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%B0/%20%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%20%D0%97%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%BE%D0%B2%20%286/5/1901%29 | Гоце Делчев/ Писма/ Гоце Делчев до Никола Зографов (6/5/1901) | <s>Скенирана верзија на писмото</s>
<s>Содржина на писмото</s>
<s>Извор
Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански стр.117-118 Издавач Култура 1972.</s>
<s>Историја на македонскиот народ</s>
|
9157 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2/%20%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%B0/%20%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%20%D0%97%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%BE%D0%B2%20%289/3/1897%29 | Гоце Делчев/ Писма/ Гоце Делчев до Никола Зографов (9/3/1897) | <s>Скенирана верзија на писмото</s>
<s>Содржина на писмото</s>
<s>Извор
Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански стр.34-35 Издавач Култура 1972.</s>
<s>Историја на македонскиот народ</s>
|
9158 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2/%20%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%B0/%20%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%20%D0%97%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%BE%D0%B2%20%2815/6/1899%29 | Гоце Делчев/ Писма/ Гоце Делчев до Никола Зографов (15/6/1899) | <s>Скенирана верзија на писмото</s>
<s>Содржина на писмото</s>
<s>Извор
Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански стр.34-35 Издавач Култура 1972.</s>
<s>Историја на македонскиот народ</s>
|
9159 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%BE%D0%BD%20-%20%D0%9E%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%B0%D1%83%D0%BD%D0%B4%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BA%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BC | Трон - Оригинална саундтрак за филм | <s>Трон - Оригинална саундтрак за филм е Оригинална саундтрак за филм од 1982. 1. "Creation of Tron" 0:49
2. "Only Solutions" (Performed by Journey) 3:39
3. "We've Got Company" 2:18
4. "Wormhole" 2:26
5. "Ring Game and Escape" 2:58
6. "Water, Music, and Tronaction" 2:25
7. "Tron Scherzo" 1:46
8. "Miracle and Magician" 2:41
9. "Magic Landings" 3:42
10.</s><s>"Theme From Tron" 1:32
11. "1990's Theme" (Performed by Journey) 1:28
12.</s><s>"Love Theme" 2:07
13.</s><s>"Tower Music / Let Us Pray" 3:45
14.</s><s>"The Light Sailer" 2:36
15.</s><s>"Sea of Simulation" 3:22
16.</s><s>"A New Tron and the MCP" 5:25
17.</s><s>"Anthem" 1:36
18.</s><s>"Ending Titles" 5:06
19.</s><s>"Tronaction" (Original Version) 1:29
20.</s><s>"Break In (For Strings, Flutes, and Celesta)" 5:34
21.</s><s>"Anthem for Keyboard Solo" 1:09</s>
|
9191 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B8%20%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%A0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281965%29 | Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на СР Македонија (1965) | <s>Член 23 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија се менува и гласи:„Подрачјето на Град Скопје се определува со законот со кој се утврдуваат подрачјата на општините во Социјалистичка Република Македонија“.</s>
<s>Во член 25 став 2 се брише.</s>
<s>Член 31 се брише.</s>
<s>По член 44 се додаваат нови членови со следнава содржина:</s>
<s>По исклучок од претходниот член, на изборите за избор одборници на општинските собранија што ќе се одржат во 1965 година, ќе се изврши избор на сите одборници на обата собора на собранијата на општините што ќе бидат определени со законот со кој ќе се утврдат подрачјата на општините.</s><s>На овие избори ќе се изврши избор на сите одборници и на Градското собрание на Скопје.</s><s>На половината одборници од секој собор на општинските собранија и на Градското собрание избрани на изборите од претходниот став мандатот им трае две години.</s><s>Изборните единици во кои на одборниците на општинските собранија избрани на овие избори мандатот им трае две години ќе се определат со одлуката со која ќе се утврдат изборните единици.</s><s>Градското собрание на Скопје, во согласност со општинските собранија од подрачјето на градот, ќе утврди на кои одборници на Градското собрание избрани на овие избори мандатот им трае две години.</s>
<s>На изборите од претходниот член можат да бидат кандидирани и одборниците што биле избрани на првите избори по донесувањето на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.“</s>
<s>Во член 45 став 1 се менува и гласи:„Изборот на одборниците на општинските собранија од член 44-а од овој закон и на Градското собрание на Скопје на местото на оние чии мандат трае две години ќе се изврши најдоцна во април 1967 година, а на местото на оние чии мандат трае четири години најдоцна во април 1969 година.</s><s>На одборниците на кои им истекува мандатот, функцијата им престанува најдоцна на 15 април во годината во која се вршат изборите“.</s><s>Во став 2 ред 3 и 4 зборот „мај“ се заменува со зборот „април“, а наместо „15 мај“ се става „10 мај“.</s><s>По сегашниот став 2 се додава нов став 3 со следнава содржина:„На пратениците на Собранието избрани на изборите во 1963 година во изборните единици чии називи или подрачја ќе се утврдат односно изменат во 1965 година, мандатот им трае до истекот на времето за кое се избрани“.</s>
<s>Овој закон влегува во сила со денот на неговото прогласување.</s>
|
9192 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281963%29 | Уставен закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1963) | <s></s>
<s>I. ВЛЕГУВАЊЕ ВО СИЛА НА УСТАВОТ</s>
<s>Уставот на Социјалистичка Република Македонија влегува во сила и се применува кога ќе го прогласи Народното собрание на Народна Република Македонија, доколку со овој закон не е поинаку определено.</s><s>Одредбите на Уставот со кои поинаку се регулираат прашањата утврдени со одредбите на постоините републички закони, кои во смисла на одредбите на овој закон остануваат во сила, до нивното усогласување со Уставот се применуваат со денот на влегувањето во сила на законот со кој постоиниот закон се доведува во согласност со Уставот односно со истекот на рокот за усогласување определен со овој закон.</s>
<s>II.</s><s>ПРИМЕНА НА УСТАВНИТЕ ОДРЕДБИ НА РЕПУБЛИЧКИТЕ ОРГАНИ</s>
<s>Одредбите на Уставот што се однесуваат на организацијата и составот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (Собрание) се применуваат од денот на првиот состанок на новоизбраното Собрание, а одредбите што се однесуваат на другите органи на Републиката се применуваат од денот на изборите на тие органи односно од денот на именувањето на функционерите во републичките органи на управата од Собранието.</s>
<s>До првиот состанок на Собранието избрано според Уставот, претседателот, потпретседателот и секретарот на Народното собрание остануваат на своите должности и своите функции ги вршат според досегашните прописи.</s><s>Административниот одбор и Комисијата за толкување на законите продолжуваат со работа до првиот состанок на Собранието и ги вршат своите права и должности според досегашните прописи.</s><s>Административниот одбор по работите од својот делокруг одлучува во согласност со претседателот на Народното собрание.</s><s>Задолжителните толкувања на Комисијата за толкување на законите ќе се поднесат на потврда на надлежните собори на Собранието.</s>
<s>До изборот на Извршниот совет според Уставот, Извршниот совет продолжува со работа според Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија од 1953 година и другите постојни прописи, доколку со овој закон не е поинаку определено.</s>
<s>До конституирањето на Собранието, Извршниот совет може да презема привремени мерки што се неодложни заради обезбедување стабилност во стопанството или заради извршување на Републичкиот општествен план и Републичкиот буџет, како и да располага со општествените средства во рамките на правата и должностите на Републиката.</s><s>Прописите за мерките од претходниот став остануваат во сила најмногу еден месец од денот на првиот состанок на Собранието.</s>
<s>Се овластува Извршниот совет, до именувањето на соодветните функционери од новоизбраното Собрание, да може да разрешува од должност одделни републички секретари и други функционери на републичката управа и да именува, според Уставот, републички секретари и други функционери во Извршниот совет и републичките органи на управата, во согласност со одредбите на овој закон.</s>
<s>Законот за Уставниот суд на Македонија ќе се донесе најдоцна шест месеци од денот на конституирањето на Собранието.</s><s>Денот на почетокот со работа на Уставниот суд на Македонија ќе го определи Собранието.</s>
<s>1. Собрание на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Собранието се избира според Законот за избор на пратеници на Собранието на Социјалистичка Република Македонија што се донесува на основа Уставот.</s><s>Со посебен закон за изборните единици Народното собрание ќе ги определи изборните единици за избор на пратеници на Собранието.</s>
<s>Новоизбраното Собрание ќе се состане најдоцна во рок од триесет дена од денот на изборот на Републичкиот собор.</s><s>Новоизбраното Собрание го свикува претседателот на Народното собрание на Народна Република Македонија.</s>
<s>Новоизбраното Собрание веднаш по своето конституирање ќе изврши избор на определениот број на републички пратеници во Соборот на народите на Сојузната скупштина; избор на претседател и членови на Извршниот совет и именување на републички секретари и секретар на Извршниот совет.</s>
<s>2. Републички органи на управата</s>
<s>Со денот на влегувањето во сила на овој закон постојните државни секретаријати, секретаријати на Извршниот совет и други републички органи на управата продолжуваат со работа под следните називи:1) Републички секретаријат за внатрешни работи;2) Републички секретаријат за правосудство;3) Републички секретаријат за законодавство и организација;4) Републички секретаријат за буџет и организација на управата;5) Републички секретаријат за информации;6) Републички секретаријат за народна одбрана;7) Републички секретаријат за финансии;8) Републички секретаријат за индустрија;9) Републички секретаријат за земјоделство и шумарство;10) Републички секретаријат за трговија и туризам;11) Републички секретаријат за сообраќај и врски;12) Републички секретаријат за труд;13) Републички секретаријат за општи стопански работи;14) Републички завод за стопанско планирање.</s><s>Сите останати постојни републички органи на управата и други органи што вршат работи од надлежноста на Републиката, продолжуваат со работа според досегашните прописи, доколку со овој закон не е поинаку определено.</s>
<s>Органите од претходниот член ќе продолжат со работа според одредбите на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија од 1953 година и другите постојни прописи што се однесуваат на организацијата и одговорноста на републичките органи на управата, до нивното усогласување со Уставот односно до донесувањето на посебен закон.</s>
<s>3. Републички совети</s>
<s>Советот за народно здравје, Советот за социјална полиѕика и комунални работи, Советот за просвета и Советот за култура продолжуваат со работа според досегашните прописи до конституирањето на Собранието.</s><s>Со денот на конституирањето на Собранието советите од претходниот став престануваат со работа.</s><s>Извршните работи во врска со извршувањето на законите и другите акти на Сојузната народна скупштина и Народното собрание, прописите на Сојузниот извршен совет и на Извршниот совет, спроведувањето на политиката на извршувањето на републичките прописи, како и управните работи од надлежноста на укинатите совети се пренесуваат на нивните секретаријати кои продолжуваат со работа како републички секретаријати под следните називи: Секретаријат за народно здравје; Секретаријат за социјална политика и комунални работи; Секретаријат за просвета и Секретаријат за култура.</s>
<s>Во одделни републички секретаријати и во Републичкиот завод за стопанско планирање може да се именува заменик на секретарот односно на директорот, кој со сите овластувања го заменува во случај на негова отсутност односно спреченост и го застапува во определени работи.</s><s>Заменикот го именува и разрешува од должност Собранието по предлог од претседателот на Извршниот совет, што тој го поднесува од името на Советот.</s>
<s>III.</s><s>ПРИМЕНА НА ОДРЕДБИТЕ НА УСТАВОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ОПШТИНСКИТЕ И ОКОЛИСКИТЕ СОБРАНИЈА</s>
<s>Одредбите на Уставот што се однесуваат на организацијата на општинските и околиските собранија се применуваат од денот на нивниот прв состанок, доколку со овој закон не е поинаку определено.</s>
<s>По влегувањето во сила на овој закон општинските и околиските народни одбори ќе го утврдат со одлука бројот на одборниците на општинскиот односно околискиот собор и бројот на одборниците на соборот на работните заедници.</s><s>Со посебна одлука општинските народни одбори ќе ги утврдат изборните единици за избор на одборници.</s>
<s>Општинските и околиските народни одбори со свои одлуки ќе ја утврдат организацијата и делокругот на општинските и околиските собранија и нивните органи.</s><s>Со посебна одлука општинските и околиските собранија, во согласност со одредбите на Уставот, ќе утврдат кои работи од делокругот на собранието според досегашните републички прописи ќе ги врши собранието на седница, а кои од нив ќе врши соодветен совет односно орган на управата.</s>
<s>Одлуките од претходните членови општинските и околиските народни одбори ќе ги донесат на заедничка седница на обата собора по постапката за донесување на статутите на општините и околиите предвидена со Уставот.</s>
<s>Општинските и околиските собранија, до донесувањето на статутите, можат со свои одлуки донесени на начинот предвиден во претходниот член да уредуваат одделни прашања кои според Уставот се регулираат со статутот на општината односно околијата.</s>
<s>Конституирањето на општинските собранија ќе се изврши во рок од десет дена од изборот на соборот на работните заедници, а на околиските собранија во рок од седум дена од конституирањето на општинските собранија.</s><s>Новоизбраните општински и околиски собранија ги свикува претседателот на народниот собор на општината односно околијата.</s>
<s>До првиот состанок на општинските и околиските собранија народните одбори и нивните органи ќе продолжат со работа според досегашните прописи, доколку со овој закон не е поинаку определено.</s>
<s>IV.</s><s>ПРИМЕНА НА ОДРЕДБИТЕ НА УСТАВОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ГРАДСКОТО СОБРАНИЕ НА ГРАД СКОПЈЕ</s>
<s>Одредбите на Уставот што се однесуваат на организацијата на Градското собрание на град Скопје се применуваат од денот на неговиот прв состанок.</s>
<s>Подрачјето на град Скопје го сочинува подрачјето на сегашната Скопска околија во која влегуваат општините Идалија, Кале, Кисела Вода, Саат Кула, Ѓорче Петров, Драчево и Петровец.</s>
<s>Бројот на одборниците на Градскот собор и на соборот на работните заедници на Градското собрание, како и бројот на одборниците што ги избираат во овие собори собранијата на општините од подрачјето на град Скопје, ќе го утврди со одлука Народниот собор на Скопска околија.</s>
<s>Со свои одлуки Градското собрание ќе ја утврди организацијата и делокругот на собранието и неговите органи.</s><s>Со посебна одлука, во согласност со Уставот, Градското собрание утврдува кои работи од делокругот на Градскиот совет на град Скопје и на околискиот народен одбор според досегашните републички прописи ќе ги врши Собранието на седница, а кои од нив ќе ги врши соодветен совет односно орган на управата.</s>
<s>До донесувањето на законот со кој ќе се определи надлежноста на Градското собрание и на статутот на град Скопје, општинските собранија можат со свои усогласени одлуки да утврдуваат работи од заеднички интерес за градот како целина што ќе ги врши Градското собрание.</s><s>Со одлуките од претходниот став општинските собранија ќе ги утврдат и средствата нужни за извршување на тие работи.</s>
<s>Одлуките од член 24-26 се донесуваат според оредбите од член 18 од овој закон.</s>
<s>Конституирањето на Градското собрание ќе се изврши во рок од седум дена од денот на конституирањето на собранијата на општините од подрачјето на град Скопје.</s><s>Градското собрание го свикува претседателот на Народниот собор на Скопска околија.</s>
<s>До првиот состанок на Градското собрание ќе продолжи со работа Градскиот совет на град Скопје според досегашните прописи.</s>
<s>Со денот на првиот состанок на Градското собрание престанува со работа Градскиот совет на град Скопје, а работите од неговата надлежност се пренесуваат на Градското собрание и неговите органи.</s>
<s>Правата и должностите на околијата на подрачјето на град Скопје ќе ги врши Градското собрание од денот на неговиот прв состанок.</s>
<s>V. УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПРОПИСИТЕ СО УСТАВОТ</s>
<s>Републичките закони и другите прописи што не се укинуваат со овој закон остануваат во сила, а нивните одредби кои не се во согласност со Уставот ќе се усогласат со него во рок од две години од влегувањето во сила на овој закон.</s>
<s>При усогласувањето со Уставот на постојните републички закони од определена област, со законот ќе се доведат во согласност и оние одредби од другите републички прописи од таа област што се однесуваат на односи кои според Уставот можат да се уредуваат, само со закон.</s><s>Ако со законот од претходниот став не се усогласени прописите донесени на основа законот од соодветната област, републичкиот орган кој со законот е овластен да донесува прописи за извршување на законот, е должен тие прописи да ги усогласи со Уставот и законот најдоцна во рок од три месеци од денот на донесувањето на законот за усогласување.</s>
<s>Сојузните општи закони во областите за кои не се донесени републички закони ќе се применуваат непосредно до донесувањето на тие закони.</s>
<s>Одредбите на републичките прописи кои се однесуваат на органите на управување во работните оранизации и на нивниот делокруг, а што се спротивни на Уставот престануваат да важат.</s><s>Наместо нив ќе се применуваат соодветните одредби од Уставот ако за нивната непосредна примена не е предвидено донесување на закон.</s><s>Работните организации од претходниот став, до донесувањето на статути според одредбите на Уставот, ќе ги усогласат постојните статути односно правила за своето работење во делот за управувањето со Уставот во рок од шест месеци по влегувањето во сила на овој закон.</s><s>До донесувањето на прописи за избор на директор на работните организации остануваат во сила одредбите на постојните републички прописи со кои се уредува постапката за назначување на директори во работните организации.</s>
<s>Самостојните прописи што народните одбори ги донеле на основа овластувањата од Законот за народните одбори на општините односно Законот за народните одбори на околиите општинските односно околиските собранија ќе ги усогласат со начелата од Уставот на Социјалистичка Република Македонија и Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија во рок од една година од денот на своето конституирање.</s><s>Останатите прописи на народните одбори ќе се усогласат на начинот и во роковите што ќе се определат со посебен закон.</s>
<s>Со денот на конституирањето на општинските и околиските собранија престануваат да важат:- Законот за народните одбори на општините („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 22/1952 и 29/1953);- Законот за народните одбори на околиите („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 22/1952 и 29/1953);- Законот за спроведување уредувањето на општините и околиите („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 22/1955).</s><s>По исклучок, до почнувањето со работа на Уставниот суд на Македонија остануваат во сила одредбите на законите од претходниот став со кои е предвидено право и должност на републичките и околиските органи да задржуваат од извршување, да поништуваат и укинуваат прописи на органите на општината односно околијата што се спротивни на Уставот и законите.</s>
<s>Решавањето на одделни управни работи кое, според досегашните републички прописи, е ставено во првостепена надлежност на околиските народни одбори и нивните органи се пренесува во надлежност на соодветните општински органи, освен инспекциските работи за кои со посебен републички пропис е определена првостепена надлежност за околиски орган.</s><s>Околиските органи за внатрешни работи ја задржуваат својата надлежност според досегашните републички прописи до донесувањето на соодветни републички прописи со кои ќе се одреди кои од тие работи и натаму остануваат во надлежност на околиските органи.</s><s>Тие прописи ќе се донесат најдоцна во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон.</s>
<s>Сегашните сојузни прописи за јавните службеници и републичките прописи донесени на основа на нив ќе се применуваат на службениците и работниците на државните органи во Републиката (републички, околиски и општински органи) до донесувањето на посебни прописи.</s>
<s>Собранието по своето конституирање ќе образува посебна комисија која ќе се грижи за подготвување и поднесување на прописи за усогласување на сегашните републички закони и други републички прописи со Уставот.</s><s>Комисијата од претходниот став се образува од редот на членовите на Републичкиот собор, на Извршниот совет и на функционерите и стручните службеници на републичките органи на управата.</s><s>Комисијата ќе утврди план за работата на усогласувањето на републичките закони и другите републички прописи со Уставот, водејќи сметка за итноста на усогласувањето со Уставот на односите во одделни области.</s><s>Предлозите на законите за усогласување што му се поднесуваат на Собранието ги утврдува Комисијата.</s><s>До образувањето на Комисијата од став 1 од овој член, Извршниот совет ќе образува посебна комисија што ќе приготви матријали нужни за усогласување на републичките прописи со Уставот.</s>
<s>VI.</s><s>ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ</s>
<s>Народното собрание, по донесувањето на овој закон, ќе донесе: Закон за избор на пратеници на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, Закон за изборните единици за избор на пратенизци на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, Закон за избор на одборници на општинските и околиските собранија и Закон за организацијата и работењето на Извршниот совет.</s>
<s>Првите избори за одборници на општинските и околиските собранија односно на Градското собрание на град Скопје и за пратеници на Собранието ќе се одржат во рок од три месеци од денот на нивното распишување.</s><s>Одлуката за распишувањето на изборите од претходниот став ја донесува Народното собрание со рамноправно учество на соборите.</s><s>Републичкиот собор ќе ги именува членовите на републичките изборни комисии за спроведувањето на овие избори.</s>
<s>По распишувањето на изборите Народното собрание ќе донесе одлука за своето распуштање.</s>
<s>На половината одборници односно пратеници избрани на првите избори по влегувањето во сила на Уставот мандатот им трае две години.</s><s>Со одлуките односно со законот со кој се утврдуваат изборните единици согласно овој закон ќе се определат изборните единици во кои на одборниците на општинските собранија односно пратениците избрани на првите избори мандатот им трае две години.</s><s>Околиските собранија односно Градското собрание на град Скопје, во согласност со општинските собранија, ќе утврдат на кои околиски одборници односно одборници на Градското собрание избрани на првите избори мандатот им трае две години.</s>
<s>Изборот на одборниците на општинските и околиските собранија и на Градското собрание на град Скопје на местото на оние чии мандат трае две години ќе се изврши во април 1965 година, а на местото на оние чии мандат трае четири години во април 1967 година.</s><s>На одборниците на кои им истекува мандатот, функцијата им престанува на 15 април во годината во која се вршат изборите.</s><s>Изборот на пратениците на Собранието на местото на оние чии мандат трае две години ќе се изврши во мај 1965 година, а на местото на оние чии мандат трае четири години во мај 1967 година.</s><s>На пратениците на кои им истекува мандатот, функцијата им престанува на 15 мај во годината во која се вршат изборите.</s>
<s>Ограничувањето на повторниот избор на пратениците, членовите на Извршниот совет и на одборниците на општинските и околиските собранија и Градското собрание на град Скопје, како и ограничувањето на повторното именување на републичките секретари, секретарот на Извршниот совет и другите републички функционери ќе се применува од денот на нивниот избор односно именување според Уставот.</s><s>На пратениците и на одборниците на општинските и околиските собранија и Градското собрание на град Скопје, избрани на првите избори по влегувањето во сила на Уставот, на кои мандатот им трае две години, не се применуваат за наредниот изборен период одредбите на Уставот за ограничување на повторниот избор.</s>
<s>Статутите на општините, околиите и Град Скопје, ќе се донесат според Уставот во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон.</s>
<s>Врховниот суд на Народна Република Македонија продолжува со работа како Врховен суд на Македонија.</s>
<s>Државните органи ќе ги изменат печатите, штембилите и жиговите најдоцна во рок од една година од влегувањето во сила на Уставот.</s><s>Грб на Социјалистичка Република Македонија можат да имаат само државни органи, а од работните и другите организации само оние за кои тоа ќе се определи на основа закон.</s>
<s>Покрај законите односно одделните нивни одредби чии престанок се утврдува со овој закон, со неговото влегување во сила се укинуваат:1. Уставот на Народна Република Македонија од 1946 година во делот што беше во важност до денот на влегувањето во сила на Уставот на Социјалистичка Република Македонија;2. Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија од 2-II-1953 година („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 3/1953, 29/1953 и 10/1954) доколку одделни негови одредби не се привремено задржани во сила на основа овој закон;3. Законот за спроведување на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на НРМ од 2-II-1953 година („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 3/1953).</s>
<s>Одредбите на овој закон по прашањата што според Уставот се уредуваат со закон, можат да се менуваат односно укинуваат со закон.</s>
<s>Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Народното собрание на Народна Република Македонија.</s>
|
9193 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281965%29 | Уставен закон за измени на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1965) | <s>Во Уставот на Социјалистичка Република Македонија се вршат измени утврдени со овој закон.</s>
<s>Во член 48 став 1 зборот „околиите“ и запирката пред него се бришат.</s>
<s>Во член 51 став 1 и 2 зборот „околиите“ и запирката пред него се бришат.</s>
<s>Во член 52 став 1 зборовите: „на околиските собранија и“ се бришат.</s>
<s>Во член 55 став 4 се брише.</s>
<s>Во член 58 став 3 зборовите; „околиските и“ се бришат.</s>
<s>Во член 75 став 1 се бришат зборовите: во ред 1 „односно околиите“ а во ред 4 „и околиските“.</s><s>Во став 3 зборовите; „односно околијата“ се бришат.</s>
<s>Во член 76 став 2 зборот „околијата“ и запирката пред него се бришат.</s><s>Во став 3 зборот „околиите“ и запирката пред него се бришат.</s>
<s>Во член 85 став 3 зборовите: „и околиски“ се бришат.</s>
<s>Во член 89 ред 4 наместо зборовите: „на општински суд“ се ставаат зборовите: „што го избира општинско собрание“.</s>
<s>Глава V ОКОЛИЈА со членовите 109-126 се бришат.</s>
<s>Во член 127 став 1 точка 3 зборовите: „и околиите“ се бришат, а пред зборот „општините“ запирката се замениува со „и“.</s><s>Во став 1 точка 19 и во став 4 зборовите: „и околиите“ се бришат.</s>
<s>Во член 128 зборовите: „и околиите“ се бришат.</s>
<s>Во член 133 став 2 се бришат зборовите: во ред 2 и 12 „и околиите“ и во ред 7 „и околиските“.</s>
<s>Во член 135 став 2 зборовите: „или околиските“ се бришат.</s>
<s>Член 136 се брише.</s>
<s>Во член 137 став 1, 2 и 3 се бришат зборовите: „и околиските“ а во став 4 „и околијата“.</s>
<s>Во член 138 став 1 се бришат зборовите: во ред 2 „и околијата“, во ред 5 „и околиите“ и во ред 9 „односно околијата“.</s><s>Во став 2 се бришат зборовите: во ред 4 „и околиските“, во ред 6 „односно околијата“, а во ред 7 зборот „надоместат“ се зменува со „надомести“.</s>
<s>Во член 139 се бришат зборовите: во ред 4 „и околиските“ и во ред 5 „и околиите“.</s>
<s>Во член 142 став 1 точка 13 зборовите: „и околиските“ се бришат.</s>
<s>Во член 149 ред 4 зборовите: „на републички суд“ се заменуваат со зборовите: „што го избира Собранието“.</s>
<s>Во член 158 точка 3 зборовите: „и околиските“ се бришат.</s>
<s>Во член 185 став 3 зборовите: „или околиско“ се бришат.</s>
<s>Во член 209 став 3 се менува и гласи:„Окружни судови се основаат за подрачје на една или повеќе општински судови“.</s>
<s>Во член 217 став 1 зборовите: „и околиите“ се бришат.</s><s>Во став 2 зборовите: „и околиските“ се бришат.</s>
<s>Во член 219 се бришат зборовите: во ред 1 „односно околиското“, во ред 4 „односно околиско“ и во ред 7 „односно околиски“.</s>
<s>Член 220 се брише.</s>
<s>Член 221 се менува и гласи:„Извршниот совет има право до одлуката на Уставниот суд на Македонија, да го запре извршувањето на статутот на општината и на пропис или на друг општ акт на општинското собрание ако се во спротивност со Уставот и со законите.</s><s>Републичките секретари имаат право да го запрат извршувањето на противуставните и незаконитите прописи и други општи акти на советите и органите на управата на општинските собранија и се должни да побараат истовремено од општинското собрание да го поништи или укине прописот односно актот во рок од триесет дена.</s><s>Ако општинското собрание во определениот рок не го поништи или укине прописот односно актот, републичкиот секретар ќе го извести Извршниот совет“.</s>
<s>Член 222 се брише.</s>
<s>Во член 223 став 2 зборот „околијата“ и запирката пред него се бришат.</s>
<s>Во член 226 став 2 се бришат зборовите: во ред 1 „и околиите“ и во ред 3 „односно околијата“.</s>
<s>Во член 233 став 1 точка 4 се бришат зборовите: во ред 2 „и околиите“ и во ред 3 „и околиските“.</s><s>Во став 1 точка 6 се бришат зборовите: во ред 2 „и околиите“ и во ред 3 и 4 „односно околии и помеѓу општина и околија“.</s><s>Во став 1 точка 7 зборот „околиските“ и запирката пред него се бришат.</s><s>Во став 2 зборот „околиските“ и запирката пред него се бришат.</s>
<s>Во член 235 став 1 точка 5 зборовите: „или околиско“ се бришат.</s>
<s>Во член 236 став 3 зборовите: „или околиско“ се бришат.</s>
<s>Главите и членовите се пренумерираат така што:Глава VI-XI стануваат глава V-XЧленовите 127-135 стануваат членови 109-117Членовите 137-219 стануваат членови 118-200Член 221 станува член 201Членовите 223-242 стануваат членови 202-221.</s>
<s>Овој закон влегува во сила со денот на неговото прогласување.</s>
|
9194 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%2C%20%D1%84%D1%83%D0%BD%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B8%20%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281973%29 | Уставен закон за продолжување мандатот на пратениците, функционерите и одборниците на општинските собранија (1973) | <s>На пратениците на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, избрани за периодот 1969-1973 година, и на функционерите што ги избира и именува Собранието на Социјалистичка Република Македонија, на кои мандатот им престанува во истиот рок, им се продолжува мандатот до првата седница на новоизбраното Собрание, а најмногу за една година.</s>
<s>На одборниците на општинските собранија, избрани за периодот 1969-1973 година, им се продолжува мандатот до првите седници на новоизбраните собранија, а најмногу за една година.</s>
<s>Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
|
9195 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%20X%20%281969%29 | Уставен закон за спроведување на уставниот амандман X (1969) | <s>На сите пратеници во Собранието на Социјалистичка Република Македонија и на сите одборници на собранијата на општините им престанува мандатот со денот на верификацијата на мандатите на пратениците односно одборниците што ќе бидат избрани на изборите во април 1969 година.</s>
<s>Пратениците и одборниците избрани во април 1967 година, а кои непосредно пред тоа биле четири години членови на соодветните собранија, можат повторно да бидат избрани за пратеници односно одборници на изборите што ќе се одржат во април 1969 година.</s>
|
9196 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20XV%20%D0%B4%D0%BE%20XXXIX%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281972%29 | Исправка на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1972) | <s>Во член 6 став 1 по точката 83, треба да стои став 2 кој гласи:„До рокот од претходниот став ќе се применуваат како одредби на републички закон следниве одредби на Основниот закон за внатрешни работи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 49/1966): членовите 1, 4-11, 13, 14, 17-31, 33-37, 39, 40 став 3, 42, 45, 46, 48, 49, 51 став 1 и 2, 52 став 1, 53 и 56-59“.</s>
|
9197 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20XV%20%D0%B4%D0%BE%20XXXIX%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281971%29 | Уставен закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1971) | <s></s>
<s>I. Примена на Уставните амандмани</s>
<s>Уставните амандмани XV до XXXIX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија (Уставни амандмани) се применуваат од денот кога ќе ги прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, ако во поглед на спроведувањето и преминувањето кон примена на одделни нивни одредби со овој закон не е поинаку одредено.</s>
<s>Со денот кога Републичкиот собор ќе ги прогласи Уставните амандмани, престануваат да важат одредбите на републичките закони што се во спротивност со одредбите на Амандманот XVIII и Амандманот XIX кои се однесуваат на правото на работните луѓе на организирање основни организации на здружениот труд, на стекнување и распределба на доходот и на средствата на општествената репродукција, како и на правото на основните организации на здружениот труд на нивно здружување.</s>
<s>Одредбите на републичките закони и на другите републички прописи што не се во склад со Уставните амандмани ќе се усогласат со нив во рокот определен со овој закон.</s>
<s>Републичките закони односно нивните одредби со кои се утврдени прашања од точка 6 на Амандманот XXX ќе се применуваат до нивното усогласување со Уставните амандмани.</s>
<s>II.</s><s>Уредување на односите во областите регулирани со сојузните закони што престануваат да важат</s>
<s>До донесувањето на соодветен републички закон, а најдоцна од 31.</s><s>XII. 1972 година, во Социјалистичка Република Македонија, ќе се применуваат на сите организации на здружениот труд како одредби на републички закон следните одредби на Основниот закон за претпријатијата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 17/1965, 31/1967, 48/1968, 55/1969 и 15/1971): членовите 90, до 94 и 116, член 153 став 5 до 7 и член 262, како и одредбите на член 131.</s>
<s>До донесувањето на соодветни републички закони, а најдоцна до 31.</s><s>XII. 1972 година, во Социјалистичка Република Македонија, ќе се применуват како републички закони следните сојузни закони, освен нивните одредби што, според став 2 и 3 на член 16 од Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XX до XLI, остануваат во сила како одредби на сојузни закони, и тоа:1. Основниот закон за јавните собори („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ 16/1965);2. Основниот закон за премерот и катастарот на земјиштето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);3. Основниот закон за филмот („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 30/1962 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1965);4. Основниот закон за филмскиот придонес („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 30/1968);5. Основниот закон за утврдување на вредноста на станбените згради, станевите и деловните простории („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 34/1965);6. Основниот закон за стопанското работење (стопанисувањето) со станбените згради во општествена сопственост („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 35/1965 и 50/1968);7. Основниот закон за посвојување („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 30/1947 и 24/1952 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);8. Основниот закон за игрите на среќа („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1962 и „Службен весник на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);9. Основниот закон за данокот на добивки од игри на среќа („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1964);10.</s><s>Основниот закон за занаетчиските и другите определени видови задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);11.</s><s>Основниот закон за односите на родителите и децата („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 104/1947, 11/1951, 53/1956 и 4/1957 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);12.</s><s>Основниот закон за задолжително примање на приправници во работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 54/1967, 2/1968 и 26/1968);13.</s><s>Основниот закон за издавачките претпријатија и издавачките установи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 44/1959 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);14.</s><s>Основниот закон за новинарските претпријатија и установи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 29/1956 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);15.</s><s>Основниот закон за заштита на воздухот од загадување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 30/1965);16.</s><s>Основниот закон за радиодифузните установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);17.</s><s>Основниот закон за доставување печатени работи до определени установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);18.</s><s>Основниот закон за заштита на културните споменици („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965);19.</s><s>Основниот закон за утврдување на катастарски приход („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1964);20.</s><s>Основниот закон за искористување на селскостопанското земјиште („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 25/1965 и 12/1967);21.</s><s>Основниот закон за земјоделските задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965 и 7/1967);22.</s><s>Основниот закон за станбените задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 1/1968 и 50/1968);23.</s><s>Основниот закон за здобивање со право на сопственост на земјоделски орудија и за користење на земјоделски орудија од страна на граѓани („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 7/1967);24.</s><s>Основниот закон за придонесот на средствата за заедничка потрошувачка („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 54/1967, 24/1968 и 50/1968);25.</s><s>Основниот закон за санитарната инспекција („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);26.</s><s>Основниот закон за установите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1965, 50/1968 и 55/1969);27.</s><s>Основниот закон за семето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965);28.</s><s>Основниот закон за садниот материјал („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 40/1966);29.</s><s>Основниот закон за тутунот („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1965 и 25/1970);30.</s><s>Основниот закон за квалитетот и контролата на квалитетот на вештачките ѓубриња („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 18/1964);31.</s><s>Основниот закон за виното („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965);32.</s><s>Законот за определување на градежното земјиште во градовите и населбите од градски карактер („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1968 и 20/1969);33.</s><s>Законот за стручните називи и академските степени („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 13/1963);34.</s><s>Законот за минималниот личен доход („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 6/1965, 26/1968, 51/1968, 60/1970 и 7/1971);35.</s><s>Законот за селскостопанскиот земјишен фонд од општествена сопственост и за доделување земја на селскостопанските организации („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1953 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);36.</s><s>Законот за станбените односи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1968 и 32/1968);37.</s><s>Законот за задолжително опфаќање на ризикот од земјотрес во одделни видови осигурување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 7/1967 и 20/1969);38.</s><s>Законот за деловните згради и простории („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965 и 57/1965);39.</s><s>Законот за испитување и жигосување односно обележување на рачно огнено оружје и муниција („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 20/1969);40.</s><s>Законот за амортизација на основните средства на работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 29/1966, 30/1968, 50/1968, 17/1969, 20/1969 и 42/1969);41.</s><s>Законот за стопите на амортизацијата на основните средства на работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1966, 40/1968, 50/1968, 8/1969 и 42/1969);42.</s><s>Законот за работењето на стопанските единици на казнено-поправителните установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 50/1969);43.</s><s>Законот за укнижување на недвижностите во општествена сопственост („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965);44.</s><s>Законот за заверување на потписи, ракописи и преписи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 105/1947 и 50/1949 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965 и 7/1967);45.</s><s>Основниот закон за правната положба на верските заедници („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1953 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);46.</s><s>Основниот закон за правосудниот испит („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1967);47.</s><s>Основниот закон за организацијата и финансирањето на социјалното осигурување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 24/1965, 57/1965, 29/1966, 52/1966, 12/1967, 54/1967 и 15/1971);48.</s><s>Основниот закон за угостителската дејност („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 8/1965, 15/1968 и 30/1968);49.</s><s>Основниот закон за изградба инестиционите објекти („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 20/1967, 30/1968, 55/1969, 60/1970 и 24/1971);50.</s><s>Основниот закон за придонесот за користење градско земјиште („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 51/1967 и 11/1969);51.</s><s>Основниот закон за ловството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);52.</s><s>Основниот закон за насочување и издвојување на средствата за станбена изградба („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 60/1970);53.</s><s>Основниот закон за комуналните такси („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1964);54.</s><s>Основниот закон за здруженијата на граѓани („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);55.</s><s>Основниот закон за евиденцијата на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 8/1965);56.</s><s>Основниот закон за организацијата и финансирањето на запослувањето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965, 51/1965, 47/1966, 55/1969 и 9/1970);57.</s><s>Основниот закон за рударството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 9/1966);58.</s><s>Основниот закон за шумите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 26/1965);59.</s><s>Основниот закон за водите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965, 50/1968 и 60/1970);60.</s><s>Основниот закон за организацијата на превозот со моторни возила во друмскиот сообраќај („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965 и 30/1968);61.</s><s>Основниот закон за искористувањето на луките и пристаништата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 2/1968);62.</s><s>Основниот закон за јавните патишта („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965, 7/1967 и 10/1970);63.</s><s>Основниот закон за финансирањето на општествено-политичките заедници („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 31/1964, 28/1966, 1/1967, 54/1967, 30/1968, 56/1969, 32/1970, 60/1970 и 15/1971);64.</s><s>Основниот закон за придонесите и даноците на граѓаните („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1970);65.</s><s>Основниот закон за данокот на промет за недвижности и права („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965 и 32/1968);66.</s><s>Основниот закон за прекршоците („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 26/1965, 57/1965 и 15/1967);67.</s><s>Законот за искористување на воздухопловните пристаништа („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1964);68.</s><s>Основниот закон за бракот („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 28/1965);69.</s><s>Основниот закон за старателството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);70.</s><s>Законот за експропријација („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1968, 30/1968 и 32/1970);71.</s><s>Законот за наледувањето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 42/1965 и 47/1965);72.</s><s>Законот за личното име („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 8/1965);73.</s><s>Законот за набавување, држење и носење на оружње („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1967);74.</s><s>Законот за нострификација на школските сведителства здобиени во странство („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1967);75.</s><s>Законот за печатот и за другите видови информации („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 45/1960 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);76.</s><s>Основниот закон за средствата за работа на органите на управата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 46/1964, 57/1965 и 1/1967);77.</s><s>Основниот закон за електростопанството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 17/1967, 9/1968 и 50/1968);78.</s><s>Основниот закон за пазарната инспекција („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965 и 30/1968);79.</s><s>Основниот закон за судските такси („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 16/1960 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965 и 8/1969);80.</s><s>Основниот закон за административните такси („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 14/1965, 11/1966, 54/1967, 51/1968 и 52/1969);81.</s><s>Законот за организацијата на Југословенските железници („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1966, 50/1968, 55/1968 и 10/1970);82.</s><s>Законот за избирачките списоци („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1965 и 8/1969);83.</s><s>Законот за гробиштата на борците („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 52/1961 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 9/1965).</s>
<s>До донесувањето на соодветени републички прописи, прописите донесени од сојузните органи за извршување на сојузните закони од членовите 5 и 6 на овој закон, ќе се применуваат како републички прописи за извршување на тие закони.</s>
<s>Овластувањата на сојузните органи за извршување и применување на сојузните закони од членовите 5 и 6 на овој закон ќе се применуваат како овластувања на соодветните републички органи.</s>
<s>III.</s><s>Усогласување на републичките закони</s>
<s>До 31.</s><s>XII. 1972 година ќе се усгласат со Уставните амандмани следните републички закони односно нивните одредби со кои се уредени прашања од точка 6 на Амандманот XXX, и тоа:1. Законот за здравственото осигурување и задолжителните видови на здравствена заштита на населението („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 21/1971);2. Законот за регионално, просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 7/1965 и 16/1967);3. Законот за уредување и користење на градежното земјиште („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 26/1968 и 20/1971);4. Законот за придонесот за користење на градско земјиште („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 17/1969);5. Законот за условите и начинот за остварување на првенствено право за користење на градежно земјиште („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 8/1970);6. Законот за уредување и одржување на зелените површини („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 45/1968 и 4/1970);7. Законот за гробиштата („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 34/1960 и „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 17/1965);8. Законот за оџарската дејност („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 31/1961 и 1/1962 и „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 4/1965);9. Законот за јавните патишта („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 35/1967);10.</s><s>Законот за стопанисување и управување со станбените згради во општествена сопственост („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 12/1966);11.</s><s>Законот за постапката за распишување и спроведување на референдум („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 29/1969);12.</s><s>Законот за мировните совети („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 21/1968).</s>
<s>3аконот за финансирање на образованието и воспитувањето („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 9/1967, 5/1968 и 17/1971) ќе се применува до склучувањето на самоуправните спогодби и договори односно до донесувањето на законот според точка 6 од Амандманот XVIII, а најдоцна до 31.</s><s>XII. 1972 година.</s>
<s>Републичките закони што не се наведени во членовите 9 и 10 на овој закон, ќе се усогласат со Уставните амандмани до 31.</s><s>XII. 1973 година.</s>
<s>Прописите за извршување на републичките закони што според овој закон се усогласуваат со Уставните амандмани, ќе се усогласат едновремено со соодветниот републички закон, а најдоцна во рок од три месеци од денот на неговото усогласување.</s>
<s>IV.</s><s>Републички органи</s>
<s>Изборот и конституирањето на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија во склад со Амандманот XXXVIII, ќе се изврши до 31.</s><s>XII. 1971 година.</s><s>Законот за Извршниот совет и Законот за републичките органи на управата, ќе се донесат во рокот од претходниот став.</s>
<s>Пратеник на Собранието на Социјалистичка Република Македонија што ќе биде избран за претседател или за член на Извршниот совет според член 13 став 1 од овој закон, по исклучок го задржува пратеничкиот мандат до неговото истечување.</s>
<s>V. Други одредби</s>
<s>Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
|
9198 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%A0%D0%9C%20%281973%29 | Уставен закон за продолжување на роковите од законот за изменување на законот за спроведување на амандманите уставот на СРМ (1973) | <s>Сојузните закони во областите за кои до денот на прогласувањето на овој закон не се донесени републички закони согласно Уставниот закон за изменување и дополнување на Уставниот закон за спроведување на уставните амандмани од XV до XXXIX на Уставот на СРМ („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 45/1972), ќе се применуваат како републички закони до денот на донесувањето на соодветните републички закони.</s>
<s>Републичките закони кои до денот на прогласувањето на овој закон не се усогласени со уставните амандмани XV од XXXIX на Уставот на СРМ ќе се усогласат до 31.</s><s>III. 1974 година со уставните амандмани.</s>
<s>До донесување на нов републички закон, одредбите на Основниот закон за избори на работнички совети и други органи на управувањето во работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1964, 32/1967 и 54/1967), по прашањата што не се утврдени со Законот за основите на изборниот систем во организациите на здружениот труд („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 34/1972) ќе се применуваат како одредби на републички закон.</s>
<s>Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
|
9199 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B8%20%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%20XV%20%D0%B4%D0%BE%20XXXIX%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%A0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281972%29 | Уставен закон за изменување и дополнување уставниот закон за спроведување на уставните амандмани XV до XXXIX на уставот на СР Македонија (1972) | <s>Во Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани од XV до XXXIX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 40/1971 и 4/1972) во член 5, ред 2 зборовите: „1972 година“ се заменуваат со: „1973 година“.</s>
<s>Во член 6, ставот 1 се менува и гласи:„До донесувањето на соодветни републички закони, а најдоцна до 31.</s><s>XII. 1973 година, во Социјалистичка Република Македонија ќе се применуваат како републички закони следните сојузни закони, освен нивните одредбите што, според член 16 од Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани од XX до XLI, остануваат во сила како одредби на сојузни закони, и тоа:1. Основниот закон за филмот („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 30/1962 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1965);2. Основниот закон за филмскиот придонес („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 30/1968);3. Основниот закон за утврдување на вредноста на станбените згради, станевите и деловните простории („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 34/1965);4. Основниот закон за стопанското работење (стопанисување) со станбените згради во општествена сопственост („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 35/1965 и 50/1968);5. Основниот закон за посвојување („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 30/1947 и 24/1952 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);6. Основниот закон за занаетчиските и другите определени видови задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);7. Основниот закон за односите на родителите и децата („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 104/1947, 11/1951, 53/1956 и 4/1957 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);8. Основниот закон за издавачките претпријатија и издавачките установи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 44/1959 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);9. Основниот закон за новинарските претпријатија и установи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 29/1956 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);10.</s><s>Основниот закон за заштита на воздухот од загадување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 30/1965);11.</s><s>Основниот закон за радиодифузните установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);12.</s><s>Основниот закон за заштита на културните споменици („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965);13.</s><s>Основниот закон за искористување на селско-стопанското земјиште („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 25/1965 и 12/1967);14.</s><s>Основниот закон за земјоделските задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965 и 7/1967);15.</s><s>Основниот закон за станбените задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 1/1968 и 50/1968);16.</s><s>Основниот закон за здобивање со право на сопственост на земјоделски орудија и за користење на земјоделски орудија од страна на граѓани („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 7/1967);17.</s><s>Основниот закон за придонесот на средствата за заедничка потрошувачка („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 54/1967, 24/1968 и 50/1968);18.</s><s>Основниот закон за установите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1965, 50/1968 и 55/1969);19.</s><s>Основниот закон за семето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965);20.</s><s>Основниот закон за садниот материјал („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 40/1966);21.</s><s>Основниот закон за тутунот („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1965 и 25/1970);22.</s><s>Основниот закон за квалитетот и контролата на квалитетот на вештачките ѓубриња („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 18/1964);23.</s><s>Основниот закон за виното („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965);24.</s><s>Законот за определување на градежното земјиште во градовите и населбите од градски карактер („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1968 и 20/1969);25.</s><s>Законот за стручните називи и академските степени („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 13/1963);26.</s><s>Законот за селскостопанскиот земјишен фонд од општествена сопственост и за доделување земја на селскостопанските организации („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1953 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);27.</s><s>Законот за станбените односи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1968 и 32/1968);28.</s><s>Законот за задолжително опфаќање на ризикот од земјотрес во одделни видови осигурување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 7/1967 и 20/1969);29.</s><s>Законот за деловните згради и простории („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965 и 57/1965);30.</s><s>Законот за испитување и жигосување односно обележување на рачно огнено оружје и муниција („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 20/1969);31.</s><s>Законот за амортизација на основните средства на работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 29/1966, 30/1968, 50/1968, 17/1969, 20/1969 и 42/1969);32.</s><s>Законот за стопите на амортизацијата на основните средства на работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1966, 40/1968, 50/1968, 8/1969 и 42/1969);33.</s><s>Законот за работењето на стопанските единици на казнено-поправителните установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 50/1969);34.</s><s>Законот за укнижување на недвижностите во општествена сопственост („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965);35.</s><s>Основниот закон за правната положба на верските заедници („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1953 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);36.</s><s>Основниот закон за организацијата и финансирањето на социјалното осигурување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 24/1965, 57/1965, 29/1966, 52/1966, 12/1967, 54/1967 и 15/1971);37.</s><s>Основниот закон за угостителската дејност („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 8/1965, 15/1968 и 30/1968);38.</s><s>Основниот закон за изградба инестициони објекти („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 20/1967, 30/1968, 55/1969, 60/1970 и 24/1971);39.</s><s>Основниот закон за ловството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);40.</s><s>Основниот закон за насочување и издвојување на средствата за станбена изградба („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 60/1970);41.</s><s>Основниот закон за организацијата и финансирањето на запослувањето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965, 51/1965, 47/1966, 55/1969 и 9/1970);42.</s><s>Основниот закон за рударството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 9/1966);43.</s><s>Основниот закон за шумите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 26/1965);44.</s><s>Основниот закон за водите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1965, 50/1968 и 60/1970);45.</s><s>Основниот закон за организацијата на превозот со моторни возила во друмскиот сообраќај („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965 и 30/1968);46.</s><s>Основниот закон за искористувањето на луките и пристаништата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 2/1968);47.</s><s>Основниот закон за јавните патишта („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965, 7/1967 и 10/1970);48.</s><s>Основниот закон за финансирањето на општествено-политичките заедници („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 31/1964, 28/1966, 1/1967, 54/1967, 30/1968, 56/1969, 32/1970, 60/1970 и 15/1971);49.</s><s>Основниот закон за прекршоците („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 26/1965, 57/1965 и 15/1967);50.</s><s>Законот за искористување на воздухопловните пристаништа („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1964);51.</s><s>Основниот закон за бракот („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 28/1965);52.</s><s>Основниот закон за старателството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);53.</s><s>Законот за експропријацијата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 11/1968, 30/1968 и 32/1970);54.</s><s>Законот за наледувањето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 42/1965 и 47/1965);55.</s><s>Законот за печатот и за другите видови информации („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 45/1960 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);56.</s><s>Основниот закон за средствата за работа на органите на управата („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 46/1964, 57/1965 и 1/1967);57.</s><s>Основниот закон за електростопанството („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 17/1967, 9/1968 и 50/1968);58.</s><s>Основниот закон за пазарната инспекција („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965 и 30/1968);59.</s><s>Законот за организацијата на Југословенските железници („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1966, 50/1968, 55/1968 и 10/1970);60.</s><s>Законот за избирачките списоци („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1965 и 8/1969);61.</s><s>Законот за гробиштата на борците („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 52/1961 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 9/1965);62.</s><s>Законот за прогласување на исчезнатите лица за умрени и за докажување на смртта („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 24/1952);63.</s><s>Законот за данокот на добивка на странски лица што вложуваат средства во домашна стопанска организација за заедничко работење („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 31/1967 и 9/1968);64.</s><s>Законот за сопственоста со делови од згради („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965 и 57/1965);65.</s><s>Основниот закон за заштита при работа („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965 и 28/1966);66.</s><s>Законот за промет со земјишта и згради („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965, 57/1965 и 17/1967);67.</s><s>Основниот закон за работните односи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1970), освен одредбите што се во надлежност на Федерацијата;68.</s><s>Основниот закон за здравствениот надзор над производите за општата употреба („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);69.</s><s>Основниот закон за здравствениот надзор над прехранбените производи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 34/1965)“.</s>
<s>Член 9 се менува и гласи:„До 31.</s><s>XII. 1973 година ќе се усогласат со Уставните амандмани следните републички закони односно нивните одредби, со кои се уредени прашањата од точка 6 на Амандманот XXX, и тоа:1. Законот за здравственото осигурување и задолжителните видови на здравствена заштита на населението („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 21/1971);2. Законот за регионално, просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 7/1965 и 16/1967);3. Законот за условите и начинот за остварување на првенствено право за користење на градежно земјиште („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 8/1970);4. Законот за гробиштата („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 34/1960 и „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 17/1965);5. Законот за оџарската дејност („Службен весник на Народна Република Македонија“ број 31/1961 и 1/1962 и „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 4/1965);6. Законот за јавните патишта („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 35/1967);7. Законот за стопанисување и управување со станбените згради во општествена сопственост („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 12/1966);8. Законот за постапката за распишување и спроведување на референдум („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 29/1969);9. Законот за мировните совети („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 21/1968)“.</s>
<s>Во член 10, ред 6, зборовите: „1972 година“ се заменуваат со: „1973 година“.</s>
<s>Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Социјалистичка Република Македонија.</s>
|
9202 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281974%29 | Устав на Социјалистичка Република Македонија (1974) | <s>(Трет Устав на Македонија, втор како социјалистичка Република во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, вон сила, со важност од 25 февруари 1974 година до 17 ноември 1991 година, со назив Устав на Социјалистичка Република Македонија до 16 април 1991 година и со назив Устав на Република Македонија од 16 април 1991 година)</s>
<s>Устав на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>ПРЕАМБУЛА
Тргнувајќи од историскиот факт:</s>
<s>дека работниците, селаните и сите напредни луѓе на македонскиот народ и на народностите на Македонија, обединети во Народноослободителниот фронт на чело со Комунистичката партија, со својата борба здружени со другите југословенски народи и народности во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција, го урнаа стариот класен поредок заснован врз експлоатација, политичко угнетување и национална нерамноправност и започнаа создавање на општество во кое човечкиот труд и човекот ќе бидат ослободени од искористување и самоволие, а секој народ и народност и сите заедно ќе најдат услови за слободен и сестран развиток;</s>
<s>дека македонскиот народ, заедно со народностите на Македонија, во заедничката Народноослободителна борба со другите југословенски народи и народности, ја создаде Социјалистичка Република Македонија како национална држава на македонскиот народ и држава на албанската и турската народност во неа, во која се остварија историските стремежи на македонскиот народ за национална слобода и државна самостојност, на народностите за рамноправност и на работничката класа и на сите работни луѓе за социјалистичко општество;</s>
<s>дека македонскиот народ, врз основа на правото на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување, доброволно се соедини со другите народи на Југославија заедно со народностите со кои тие живеат во социјалистичка федеративна заедница на слободни и рамноправни народи и народности, свесен дека само во неа може да обезбеди услови за свој слободен и сестран национален, материјален, политички и културен развиток;</s>
<s>имајќи предвид дека натамошното продлабочување и постојаното јакнење на нераскинливото братство и единство на југословенските народи и народности и на нивните слободни и рамноправни односи се основа на меѓусебното почитување и заемното гарантирање на националната индивидуалност и слобода, што на македонскиот народ и на народностите им обезбедува сестран размав на нивните творечки сили како во нивни сопствен интерес така и во заеднички интерес на здружените југословенски народи и народности и дека работничката класа и сите работни луѓе на Социјалистичка Република Македонија со сопствена творечка дејност и со заеднички напори на работничката класа и работните луѓе на Југославија оствариле и остваруваат постојан напредок во сите области на општествениот живот, јакнејќи ја материјалната основа и изградувајќи ги и проширувајќи ги социјалистичките самоуправни односи меѓу луѓето;</s>
<s>со оглед на тоа што со развитокот на материјалната основа на земјата и на социјалистичките општествени односи, како и со натамошното изградување на односите засновани врз самоуправувањето и националната рамноправност, се остварени битни промени во општествените и политичките односи, кои бараат соодветни измени во Уставот на Социјалистичка Република Македонија од 1963 година и со оглед на тоа што одредбите на тој Устав во одделни области се веќе изменети со уставните амандмани од 1967, 1969 и 1971 година;</s>
<s>со стремеж да се зацврстат и натаму да се развиваат постигнатите револуционерни придобивки, да зајакне правото и одговорноста на Социјалистичка Република Македонија за сопствениот развиток и за развитокот на југословенската заедница како целина, да се обезбеди натамошен развиток на социјалистичките самоуправни демократски односи на патот кон ослободувањето на трудот и изградбата на комунистичко општество;</s>
<s>тргнувајќи од потребата и со новиот текст на Уставот на Социјалистичка Република Македонија кој, покрај измените што се вршат со него, ги опфаќа и со него усогласените одредби на Уставот на Социјалистичка Република Македонија од 1963 година и на Уставните амандмани I до XI, да се зацврсти уставниот систем врз единствени социјалистички самоуправни основи утврдени со договор на социјалистичките републики и социјалистичките автономни покраини во Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија;</s>
<s>изразувајќи ги суверените права на македонскиот народ и на народностите,</s>
<s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија
дoнесуваУСТАВНА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>УВОДЕН ДЕЛ: Основни начела</s>
<s>I
Тргнувајќи од правото на секој народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување, врз основа на својата слободно изразена волја во заедничката борба на сите народи и народности во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција, а во согласност со своите историски стремежи, свесен дека натамошното зацврстување на братството и единството е во заеднички интерес, македонскиот народ заедно со народностите со кои живее, доброволно се обедини со другите југословенски народи во сојузна република на слободни рамноправни народи и народности и создадоа социјалистичка федеративна заедница на работните луѓе — Социјалистичка Федеративна Република Југославија, во која, во интерес на секој народ и народност посебно и на сите заедно, остваруваат и обезбедуваат:</s>
<s>социјалистички општествени односи засновани врз самоуправувањето на работните луѓе и заштита на социјалистичкиот самоуправен систем;</s>
<s>национална слобода и независност;</s>
<s>братство и единство на народите и народностите;</s>
<s>единствени интереси на работничката класа и солидарност на работниците и на сите работни луѓе;</s>
<s>можности и слободи за сестран развиток на човековата личност и за зближување на луѓето и на народите и народностите, во согласност со нивните интереси и стремежи на патот кон создавањето на се побогата култура и цивилизација на социјалистичкото општество;</s>
<s>обединување и усогласување на напорите за развивање на материјалната основа на социјалистичкото општество и благосостојбата на луѓето;</s>
<s>систем на општествено-економски односи и единствени основи на политичкиот систем, со кој се обезбедуваат заедничките интереси на работничката класа и на сите работни луѓе и рамноправност на народите и народностите;</s>
<s>дружување на сопствените стремежи со напредните стремежи на човештвото.</s>
<s>Работните луѓе, македонскиот народ и народностите ги остваруваат своите суверени права во Социјалистичка Република Македонија, а во Социјалистичка Федеративна Република Југославија кога е тоа, во заеднички интерес на работните луѓе, народите и народностите со договор на социјалистичките републики и социјалистичките автономни покраини, утврдено со Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>Работните луѓе, македонскиот народ и народностите на Социјалистичка Република Македонија, заедно со другите работни луѓе, народи и народности на Југославија, одлучуваат во федерацијата врз начелата на спогодување на републиките и автономните покраини, солидарност и заемност, рамноправно учество на републиките и автономните покраини во органите на федерацијата, во согласност со Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, како и врз начелото на одговорност на републиките и автономните покраини за сопствениот развиток и за развитокот на социјалистичката заедница како целина.</s>
<s>Во остварувањето на своите права и должности Социјалистичка Република Македонија соработува со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини и со нив развива меѓусебни односи во остварувањето на задачите од заеднички интерес.</s>
<s>II
Социјалистичкото општествено уредување на Социјалистичка Република Македонија се темели врз единствените основи на социјалистичкиот самоуправен општествен и политички систем на Југославија, утврдени со договор на социјалистичките републики и социјалистичките автономни покраини со Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и се засновува врз власта на работничката класа и на сите работни луѓе и врз односите меѓу луѓето како слободни и рамноправни производители и творци, чиј труд служи исклучиво за задоволување на нивните лични и заеднички потреби.</s>
<s>Основата на овие односи ја сочинува општествено-економската положба на работниот човек која му осигурува, работејќи со средствата во општествена сопственост и решавајќи непосредно и рамноправно со другите работни луѓе во здружениот труд за сите работи на општествената репродукција во услови и односи на меѓусебна зависност, одговорност и солидарност, да го остварува својот личен, материјален и морален интерес и правото да се користи со резултатите од својот тековен и минат труд и со придобивките на општиот материјален и општествен напредок, на таа основа што поцелосно да ги задоволува своите лични и општествени потреби и да ги развива своите работни и други творечки способности.</s>
<s>Во согласност со тоа, неприкосновената основа на положбата и улогата на човекот ја сочинуваат:</s>
<s>општествената сопственост на средствата за производство, која го исклучува враќањето на кој и да било систем на експлоатација на човекот и која, со укинувањето на отуѓеноста на работничката класа и на работните луѓе од средствата за производство и од другите услови за работа, го обезбедува самоуправувањето на работните луѓе во производството и во распределбата на производите на трудот и насочувањето на развојот на општеството врз самоуправни основи;</s>
<s>ослободувањето на трудот како надминување на историски условените општествено-економски нееднаквост и на зависноста на луѓето во трудот, што се обезбедува со укинување на противречноста меѓу трудот и капиталот и на секој облик на наемни односи, со сестран развиток на производните сили, со подигање на продуктивноста на трудот и со смалување на работното време, со развивање и применување на науката и техниката, со обезбедување на сè повисоко образование за сите и со подигање на културата на работните луѓе;</s>
<s>правото на самоуправување, врз основа на кое секој работен човек, рамноправно со другите работни луѓе, одлучува за својот труд, за условите и резултатите на трудот, за сопствените и заедничките интереси и за насочувањето на општествениот развој, ја остварува власта и управува со другите општествени работи;</s>
<s>правото на работниот човек да ги ужива плодовите на својот труд и на материјалниот напредок на општествената заедница според начелото: „Секој според способностите — секому според неговиот труд", со негова обврска да обезбедува развиток на материјалната основа на сопствениот и општествениот труд и да придонесува за задоволување на другите општествени потреби;</s>
<s>економската, социјалната и личната сигурност на човекот;</s>
<s>солидарноста и заемноста на секој спрема сите и на сите спрема секого, кои се засновани врз свеста на работните луѓе дека своите трајни интереси можат да ги остваруваат само врз тие начела;</s>
<s>слободната иницијатива во развивањето на производството и на другите општествени и лични дејности во полза на човекот и на општествената заедница;</s>
<s>демократските политички односи, што му овозможуваат на човекот да ги остварува своите интереси, правото на самоуправување и другите права, да ја развива својата личност со непосредна активност во општествениот живот, а особено во органите на самоуправувањето, во општествено-политичките организации и во другите општествени организации и здруженија, што сам ги создава и преку кои влијае врз развивањето на општествената свест и врз проширувањето на условите за својата активност и за остварувањето на своите интереси и права;</s>
<s>еднаквоста на правата, должностите и одговорностите на луѓето во согласност со уставноста и законитоста.</s>
<s>Општествено-економскиот и политичкиот систем произлегува од ваквата положба на човекот и му служи нему и на неговата улога во општеството.</s>
<s>Спротивен е на општествено-економскиот и политичкиот систем, утврден со уставот, секој облик на управување со производството и со другите општествени дејности и секој облик на распределба кој ги изопачува општествените односи засновани врз ваквата положба на човекот — во вид на бирократско самоволие, технократско узурпирање и привилегии засновани врз монопол на управувањето со средствата за производство, или во вид на присвојување на општествените средства врз групно-сопственичка основа и во други облици на приватизација на тие средства, или во вид на приватно-сопственичка или партикуларистичка себичност, како и секој друг облик на ограничување на работничката класа да ја остварува својата историска улога во општествено-економските и политичките односи и да ја организира власта за себе и за сите работни луѓе.</s>
<s>III
Општествената сопственост, како израз на социјалистичките општествено-економски односи меѓу луѓето, е основа на слободниот здружен труд и на владеачката положба на работничката класа во производството и во општествената репродукција во целина, како и основа на личната сопственост стекната со сопствен труд што служи за задоволување на потребите и интересите на човекот.</s>
<s>Средствата за производство во општествена сопственост, како заедничка неотуѓива основа на општествениот труд и на општествената репродукција, му служат исклучиво на трудот заради задоволување на личните и заедничките потреби и интереси на работните луѓе и на развитокот на материјалната основа на социјалистичкото општество и на социјалистичките самоуправни односи.</s><s>Со средствата за производство во општествена сопственост, вклучувајќи ги и средствата за проширена репродукција, непосредно управуваат здружените работници кои работат со тие средства, во сопствен интерес и во интерес на работничката класа и на социјалистичкото општество.</s><s>Во остварувањето на оваа општествена функција здружените работници се одговорни едни пред други и пред социјалистичката заедница како целина.</s>
<s>Со општествената сопственост на средствата за производство и со другите средства на трудот му се обезбедува на секој, под еднакви услови, да се вклучи во здружениот труд со општествени средства и, остварувајќи го правото на работа со општествени средства, врз основа на својот труд да стекнува доход за задоволување на личните и заедничките потреби.</s>
<s>Тргнувајќи од тоа дека никој нема право на сопственост на општествените средства за производство, никој — ниту општествено-политичка заедница, ниту организација на здружениот труд, ниту група граѓани, ниту поединец — не може по никаков правносопственосен основ да го присвојува производот на општествениот труд, ниту да управува и располага со општествените средства за производство и за работа, ниту самоволно да ги определува условите за распределба.</s>
<s>Трудот на човекот е единствена основа за присвојување на производите на општествениот труд и за управување со општествените средства.</s>
<s>За распределбата на доходот на дел кој служи за проширување на материјалната основа на општествениот труд и на дел за задоволување на личните и заедничките потреби на работните луѓе согласно со начелото за распределба според трудот, одлучуваат работните луѓе кои го создаваат тој доход, во согласност со меѓусебната одговорност и солидарност и со општествено утврдените основи и мерила за стекнување и распределба на доходот.</s>
<s>Средствата наменети за обновување и за проширување на материјалната основа на општествениот труд се заедничка основа на одржувањето и развојот на општеството, т.е. на општествената репродукција која, врз основа на самоуправувањето, ја остваруваат работните луѓе во сите облици на здружување на трудот и на средствата и во меѓусебната соработка на организациите на здружениот труд.</s>
<s>Основа на сите видови здружување на трудот и на средствата на општествената репродукција и на самоуправната интеграција на здружениот труд е основната организација на здружениот труд, како основен облик на здружениот труд во кој работниците го остваруваат неотуѓивото право, работејќи со општествени средства, да управуваат со својот труд и со условите за работа и да одлучуваат за резултатите на својот труд.</s>
<s>Остварувајќи ги резултатите на заедничката работа како вредност на пазарот во услови на социјалистичкото стоковно производство, работниците со непосредно поврзување, самоуправно спогодување и општествено договарање на своите организации на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници и со планирање на работата и развојот го интегрираат општествениот труд, го унапредуваат целокупниот систем на социјалистичките општествено-економски односи и го совладуваат стихијното дејствување на законитостите на пазарот.</s>
<s>Паричниот и кредитниот систем се составен дел на односите во општествената репродукција засновани врз самоуправувањето на работниците во здружениот труд со општествени средства, а целокупниот доход остварен во тие односи е неотуѓив дел на доходот на основните организации на здружениот труд.</s>
<s>Тргнувајќи од меѓусебната зависност на производствената, прометната и финансиската област на здружениот труд, како делови на единствениот систем на општествената репродукција, работниците во организациите на здружениот труд ги уредуваат своите меѓусебни односи во општествената репродукција и соработуваат врз таква основа која на работниците во производството им обезбедува да одлучуваат за резултатите на сопствениот тековен и минат труд во целината на тие односи.</s>
<s>Работните луѓе своите лични и заеднички потреби и интереси во областа на образованието, науката, културата, здравството, социјалната заштита и во другите општествени дејности, како делови на единствениот процес на општествениот труд, ги обезбедуваат со слободна размена и здружување на својот труд со трудот на работниците во организациите на здружениот труд во тие области.</s><s>Слободната размена на трудот ја остваруваат работните луѓе непосредно, преку организациите на здружениот труд и во рамките или преку самоуправните интересни заедници.</s><s>Со ваквите односи им се обезбедува на работниците во овие дејности иста општествено-економска положба како и на другите работници во здружениот труд.</s>
<s>Работните луѓе, заради што поцелосно, порационално и организирано задоволување на своите лични и заеднички потреби и интереси во општествените дејности и во определени дејности на материјалното производство, заедно со работниците во организациите на здружениот труд на тие дејности, основаат самоуправни интересни заедници во кои остваруваат слободна размена на трудот и непосредно ги уредуваат односите од заеднички интерес.</s><s>Работниците и работните луѓе основаат самоуправни интересни заедници и заради задоволување на определени свои лични и заеднички потреби и интереси со здружување на средствата врз начелата на заемност и солидарност.</s>
<s>Работните луѓе што самостојно вршат дејности со личен труд со средства во сопственост на граѓаните имаат врз основа на својот труд во начело иста општествено-економска положба и во основа исти права и обврски како и работниците во организациите на здружениот труд.</s>
<s>Уживајќи го со уставот утврденото право на сопственост на обработливо земјиште, земјоделците имаат право и обврска да го искористуваат тоа земјиште заради унапредување на земјоделското производство во сопствен интерес и во интерес на социјалистичката заедница.</s><s>Социјалистичката заедница им дава поддршка на земјоделците во подигањето на продуктивноста на нивниот труд и во слободното здружување во задруги и во други облици на здружување заради унапредување на условите на нивната работа и живот.</s>
<s>Заради организирано вклучување на земјоделците во социјалистичките самоуправни општествено-економски односи и унапредување на земјоделското производство, се обезбедуваат услови за неговиот развиток врз основа на општествените средства и општествениот труд, како и услови за здружување на земјоделците и за нивна соработка со организациите на здружениот труд врз начелата на доброволност и рамноправност.</s>
<s>Заради изедначување на материјалните услови на општествениот живот и работа на работните луѓе и заради обезбедување на што неусогласен развиток на стопанството како целина, во Социјалистичка Република Македонија му се посветува посебно внимание на побрзиот развиток на производните сили во стопански недоволно развиените краишта и за таа цел се обезбедуваат потребните средства и се преземаат други мерки.</s>
<s>Заради унапредување на условите на својот живот и работа, создавање основи за нивна стабилност и за што поцелосно користење на можностите за развој на производните сили на општеството и за зголемување на продуктивноста на својот и на вкупниот општествен труд, заради развивање на социјалистичките самоуправни односи врз таа основа, како и заради совладување на стихијното дејствување на пазарот, работниците во основните и во другите организации на здружениот труд и работните луѓе во самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, како и во општините и во Републиката, потпирајќи се врз научните сознанија и врз на нив заснованите оценки за развојните можности, со планирање на својот труд и на развојот ги усогласуваат односите во општествената репродукција и го насочуваат развојот на општественото производство и на другите општествени дејности со своите заеднички интереси и цели утврдени врз самоуправна основа.</s>
<s>IV
Во Социјалистичка Република Македонија сета власт и припаѓа на работничката класа во сојуз со сите работни луѓе од градот и селото.</s>
<s>Заради изградба на општеството како слободна заедница на производители, работничката класа и сите работни луѓе ја развиваат социјалистичката самоуправна демократија како посебен облик на диктатура на пролетеријатот и тоа го обезбедуваат со:</s>
<s>револуционерно укинување и со уставна забрана на секој облик на општествено-економски и политички односи и на организации, засновани врз класна експлоатација и сопственосен монопол и секое политичко дејствување насочено кон воспоставување на такви односи;</s>
<s>остварување на самоуправување во организациите на здружениот труд, во месните заедници, во самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, како и во општествено-политичките заедници и во општеството воопшто, и со меѓусебно поврзување и соработка на тие организации и заедници;</s>
<s>слободно и рамноправно самоуправно уредување на меѓусебните односи и со усогласување на заедничките и општите интереси на работните луѓе и на нивните самоуправни организации и заедници со самоуправно спогодување и општествено договарање;</s>
<s>одлучување на работните луѓе во остварувањето на власта и во управувањето со другите општествени работи во основните организации на здружениот труд и во другите основни самоуправни организации и заедници, преку делегации и делегати во органите на управувањето на самоуправните организации и заедници, како и преку делегации и делегати во собранијата на општествено-политичките заедници и во другите органи на самоуправувањето;</s>
<s>известување на работните луѓе за сите прашања од значење за остварување на нивната општествено-економска положба и за што поцелосно и неквалификувано одлучување во вршењето на функциите на власта и на управувањето со другите општествени работи;</s>
<s>јавност во работата на сите органи на власта и на самоуправувањето и на носителите на самоуправните, јавните и другите општествени функции;</s>
<s>лична одговорност на носителите на самоуправните, јавните и другите општествени функции;</s>
<s>одговорност на органите на власта и на самоуправувањето, сменливост на носителите на самоуправните, јавните и другите општествени функции и со ограничување на нивниот повторен избор и поставување на определени функции;</s>
<s>остварување контрола од работниците и од другите работни луѓе и со општествена контрола воопшто над работата на носителите на самоуправните, јавните и другите општествени функции во самоуправните организации и заедници и во општествено-политичките заедници;</s>
<s>остварување и заштита на уставноста и законитоста;</s>
<s>општествено-политичка активност на социјалистичките сили организирани во општествено-политички организации;</s>
<s>слободна и сестрана активност на луѓето.</s>
<s>Самоуправувањето на работните луѓе во основните организации на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и во другите основни самоуправни организации и заедници е основа на единствениот систем на самоуправувањето и на власта на работничката класа и на сите работни луѓе.</s>
<s>Заради обезбедување услови за својот живот и работа и за општествениот развиток и заради создавање на социјалистичка заедница, работните луѓе во општината, како самоуправна и основна општествено-политичка заедница, и во Републиката, со поврзување на своите организации на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници, со дејствување на општествено-политичките организации, со самоуправно спогодување, со општествено договарање и со функционирање на собранијата како заеднички органи на сите луѓе и на нивните организации и заедници, ги остваруваат своите заеднички интереси, вршат власт и управуваат со другите општествени работи.</s>
<s>Со уставот утврдените функции на власта и на управувањето со другите општествени работи во општината и во Републиката ги вршат собранијата на општините и Собранието на Социјалистичка Република Македонија, како избрани и сменливи делегации на работните луѓе во самоуправните организации и заедници и во општествено-политичките организации и други на собранијата одговорни органи.</s>
<s>Заради што поцелосно учество на работните луѓе и на сите организирани социјалистички сили во остварувањето на власта и во управувањето со другите општествени работи и заради усогласување на нивните заеднички и општи општествени интереси, органите на општините и на Републиката ги разгледуваат иницијативите, мислењата и предлозите на општествено-политичките организации, заземаат ставови по нив и соработуваат со општествено-политичките организации.</s>
<s>Работничката класа и сите работни луѓе и преку државната власт со општозадолжителни норми ги обезбедуваат социјалистичките општествени односи, развојот на општеството и управувањето со општествените работи врз самоуправни основи, ги штитат слободите и правата на човекот и граѓанинот, социјалистичките самоуправни односи и самоуправните права на работните луѓе, ги решаваат општествените судири и го штитат поредокот утврден со уставот.</s>
<s>Самоуправната положба и правото на работниот човек во основните и другите организации на здружениот труд, во месните заедници, во самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, самоуправната положба на работните луѓе во општината, слободното самоуправно здружување, активноста и творештвото на работните луѓе, рамноправноста на народите и народностите и слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот, утврдени со уставот, се основа, граница и насока за остварувањето на правата и должностите на општините и на Републиката во вршењето на функциите на власта.</s>
<s>Општествената самозаштита, како функција на самоуправното општество, се остварува со активностите на работните луѓе, граѓаните, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, општествено-политичките и другите организации, општините и Републиката, заради заштита на уставното уредување, самоуправните права на работните луѓе и другите права и слободи на човекот и граѓанинот, заради заштита на општествениот имот, обезбедување на личната и имотната сигурност на работните луѓе и граѓаните и заради слободен општествен развој.</s>
<s>Заради остварување и усогласување на своите интереси и самоуправни права во согласност со општите интереси на социјалистичкото општество, како и заради вршење определени општествени работи и развивање на разновидни активности, работните луѓе и граѓаните слободно се здружуваат во општествено-политички и други општествени организации и здруженија на граѓаните, како составен дел на социјалистичкиот самоуправен систем.</s>
<s>Општествено-политичките организации, како облик на слободно политичко организирање на работните луѓе врз класни социјалистички основи, се активен чинител на развојот и заштитата на социјалистичкото самоуправно општество.</s>
<s>V
Слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот, утврдени со уставот, се неразделен дел и израз на социјалистичките самоуправни демократски односи во кои човекот се ослободува од секоја експлоатација и самоволие и со својот труд создава услови за сестран развиток и слободно изразување и заштита на својата личност и за почитување на човечкото достоинство.</s><s>Слободите и правата на човекот и граѓанинот се ограничени само со еднаквите слободи и права на другите и со интересите на социјалистичкото општество.</s><s>Социјалистичкото општество обезбедува услови за што поцелосно остварување и заштита на слободите и правата утврдени со уставот.</s><s>Секоја активност со која се нарушуваат овие слободи и права на човекот и граѓанинот им е спротивна на интересите на социјалистичкото општество.</s>
<s>Тргнувајќи од тоа дека образованието, науката и културата се битен чинител на развојот на социјалистичкото општество, зголемувањето на продуктивноста на трудот, развојот на творечките сили на луѓето и сестраниот развој на личноста, хуманизирањето на социјалистичките самоуправни односи и на општиот напредок на општеството, социјалистичката заедница обезбедува слобода на творештвото и создава услови за развој и унапредување на образованието, научното, културното и уметничкото творештво за да служат поуспешно за подигање на творечките способности на работните луѓе, за унапредување на социјалистичките општествени односи и за сестран развиток на слободна и хуманизирана личност.</s>
<s>Воспитувањето и образованието се засновуваат врз придобивките на современата наука и посебно врз марксизмот, како основи на научниот социјализам и служат за оспособување на работните луѓе за работа и за самоуправување и за нивното воспитување во духот на придобивките на социјалистичката револуција, социјалистичката етика, самоуправниот демократизам, социјалистичкиот патриотизам, братството и единството, рамноправноста на народите и народностите и социјалистичкиот интернационализам.</s>
<s>Работните луѓе во организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници и општествено-политичките заедници обезбедуваат во самоуправните интересни заедници, врз начелата на заемност и солидарност, материјални и други услови за обемот, развојот и унапредувањето на воспитно-образовната дејност, во согласност со развитокот на стопанството и на другите дејности и со општествените потреби, а во зависност од материјалните можности на општеството.</s>
<s>Општествената заедница обезбедува образование за сите деца и за младината без оглед на материјалната состојба на семејството.</s>
<s>Работните луѓе и нивните организации на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници создаваат материјални и други услови за непрекинато образование и усовршување на работниците.</s>
<s>Развитокот на науката, примената на резултатите на научните достигања, поврзувањето на науката со стопанството и со другите области на трудот и општествениот живот и воведувањето современа технологија во сите процеси на работата, се битен чинител на општествената репродукција, зголемувањето на продуктивноста на трудот и благосостојбата, како и на ослободувањето на трудот и напредокот на социјалистичкото општество.</s>
<s>Работните луѓе и нивните организации на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници создаваат услови за развиток на науката и со свои мерки, акции и средства го поттикнуваат развитокот на научната дејност и вложувањата во научните испитувања, како и понепосредното поврзување на научната работа со стопанските и со другите општествени дејности.</s>
<s>Општините и Републиката, во согласност со општите општествени потреби, го обезбедуваат развитокот на научната дејност во оние општествени подрачја кои што се од посебен интерес за општеството како целина.</s>
<s>Културата и уметничкото творештво се составен дел на животот на работните луѓе во процесот на ослободувањето и збогатувањето на личноста и хуманизирањето на животната околина во која живеат и работат.</s>
<s>Работните луѓе како создавачи и корисници на културните и уметничките вредности овозможуваат афирмација и развиток на културата и уметноста.</s>
<s>Работните луѓе, општините и Републиката, врз самоуправна основа, заеднички создаваат услови и го поттикнуваат развитокот на културните дејности и уметничкото творештво на македонскиот народ и народностите и поврзувањето со културите на другите народи и народности во Југославија и на другите земји.</s>
<s>Организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници и општините и Републиката ја поттикнуваат културната активност и непосредното учество на работните луѓе во користењето и усвојувањето на уметничките и другите културни вредности и обезбедуваат материјални и други услови за развиток на културата и за подигање на културниот стандард на работните луѓе.</s>
<s>Работните луѓе и нивните организации и заедници и општините и Републиката ги поттикнуваат активностите и создаваат услови за учество на што поголем број работни луѓе и граѓани, посебно на младината, во физичкото воспитување, масовната физичка култура и рекреацијата, за развојот на квалитетниот спорт, за развојот на техничката култура, за физичкиот и психичкиот развој на човекот, за обезбедување активен одмор, подобрување на здравјето и подигање на работната и одбранбената способност на народот.</s>
<s>Работните луѓе во организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, врз основите на солидарноста и заемноста и социјалистичкиот хуманизам, ја обезбедуваат својата економска и социјална сигурност и создаваат сè поповолни услови за живот и работа и за развој на сестрана личност на работниот човек.</s><s>Овие цели на социјалната политика се остваруваат со постојано подобрување и изедначување на условите за живот и работа, со надминување, врз основите на солидарност и заемност, на разликите што произлегуваат од материјалната неразвиеност и од другите нееднакви услови за живот и работа, со изедначување на можностите за образование и работа и со оневозможување и отстранување на социјалните разлики што не се засновани врз примената на начелото за распределба според трудот.</s>
<s>Работните луѓе, врз основа на начелата на заемност и солидарност и правата од тековниот и минатиот труд, обезбедуваат за себе и за членовите на своите семејства право на здравствена заштита, право на пензија и други права во случај на болест, намалување на работната способност и старост.</s>
<s>Работните луѓе во здружениот труд и нивните организации, месните заедници и другите самоуправни организации и заедници, како и општините и Републиката ја утврдуваат политиката на социјалната заштита и обезбедуваат средства за остварување на таа политика, во согласност со општиот степен на развитокот и со своите материјални можности.</s>
<s>На работните луѓе и граѓаните неспособни за работа, на лицата неспособни да се грижат за себе и на старите лица што немаат сопствени средства за издршка, општествената заедница, врз начелата на заемност и солидарност на работните луѓе, им обезбедува социјална заштита.</s>
<s>Работните луѓе во здружениот труд и нивните организации, месните заедници и другите самоуправни организации и заедници, како и општините и Републиката се грижат и обезбедуваат услови за развој и унапредување на општествената заштита на децата.</s>
<s>Социјалистичката општествена заедница обезбедува материјални и други услови за остварување на правата на борците, воените инвалиди и семејствата на паднатите борци, на кои им се гарантира нивната социјална сигурност.</s>
<s>Заради заштита и унапредување на човековата околина, работните луѓе и граѓаните, организациите на здружениот труд, другите самоуправни организации и заедници и социјалистичкото општество обезбедуваат услови за зачувување и унапредување на природните и другите вредности на човековата околина што се од интерес за здрав, сигурен и делотворен живот и работа на сегашните и идните генерации.</s>
<s>VI
Работните луѓе и граѓаните, македонскиот народ и народностите на Социјалистичка Република Македонија, заедно со другите работни луѓе и граѓани, народи и народности на Југославија, решени сите свои сили да ги насочат кон творечка работа во мир и кон изградба на својата самоуправна социјалистичка заедница, доследно ја спроведуваат политиката на мир, а против агресија, војна и агресивни притисоци од било кој вид.</s><s>Заради обезбедување на својот мирен развиток и на социјалистичката изградба, тие се решени со сите расположливи сили и средства, со вооружена борба и со други облици на општонароден отпор, да ја штитат и бранат својата слобода, независноста, суверенитетот, територијалната целокупност и социјалистичкото самоуправно уредување на Социјалистичка Република Македонија и на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s><s>За таа цел работните луѓе и граѓаните, македонскиот народ и народностите ја организираат и изградуваат општонародната одбрана како неразделен дел на социјалистичкото самоуправно општествено уредување, свесни дека одбранбената способност на општеството и подготвеноста на земјата за одбрана е поголема, а можноста за агресија помала, доколку е поразвиена општонародната одбрана како облик и содржина на одбранбената организираност на општествената заедница.</s><s>Јакнењето на одбранбената способност на земјата е составен дел на политиката на мирот и на рамноправната меѓународна соработка.</s>
<s>Општонародната одбрана, е единствен систем на организирање, подготвување и учество на Републиката, општините, организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и други самоуправни организации и заедници, општествено-политичките и другите општествени организации, работните луѓе и граѓаните во вооружената борба и во сите други видови отпор и во вршењето други задачи од интерес за одбраната на Републиката и на Југославија.</s><s>Во општонародната одбрана вооружената борба претставува решавачки облик на спротивставување на агресијата.</s>
<s>VII</s>
<s>Тргнувајќи од уверувањето дека мирољубивата коегзистенција и активната соработка на рамноправните држави и народи, без оглед на разликите во нивното општествено уредување, се неопходен услов за мир и општествен напредок во светот, Социјалистичка Република Македонија рамноправно со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини учествува во утврдувањето и спроведувањето на надворешната политика на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, која се засновува врз начелата на почитување на националната сувереност и рамноправност, немешање во внатрешните работи на другите земји, на социјалистичкиот интернационализам и преку решавање на меѓународните спорови по мирен пат.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија, како дел на социјалистичката заедница на југословенските народи и народности, се залага за сестрана политика, економска, научна и културна соработка со другите држави и народи што придонесува за создавање на оние демократски облици на поврзување на државите, народите и луѓето што им одговараат на интересите на народите и на општествениот напредок.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија, во рамките на заеднички утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, остварува политичка, економска, културна и друга соработка со органи и организации на други држави и со меѓународни органи и организации.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија, во рамките на надворешната политика и меѓународните договори на Југославија, се грижи за почитување на правата на деловите на македонскиот народ што живеат во други земји како национално малцинство.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија се грижи за работните луѓе на привремена работа во странство и за иселениците од нејзината територија и го поттикнува и помага развојот и одржувањето на врските со Македонците во странство.</s>
<s>Општините, организациите на здружениот труд и другите организации остваруваат соработка со соодветните странски и меѓународни органи и организации и со административните единици на странски држави, во рамките на надворешната политика и меѓународните договори на Југославија и политиката на Републиката за оваа соработка.</s>
<s>VIII
Сојузот на комунистите, двигател и организатор на Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција и свесен носител на стремежите и интересите на работничката класа, со законитоста на историскиот развиток, стана организирана водечка идејна и политичка сила на работничката класа и на сите работни луѓе во изградувањето на социјализмот и во остварувањето на солидарноста на работните луѓе и на братството и единството на народите и народностите.</s>
<s>Сојузот на комунистите, со својата насочувачка идејна и политичка работа во условите на социјалистичката демократија и општественото самоуправување, е основен двигател и носител на политичката активност заради заштита и натамошен развиток на Социјалистичката револуција и социјалистичките самоуправни општествени односи, а посебно заради јакнењето на социјалистичката општествена и демократска свест, и е одговорен за тоа.</s>
<s>Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, создаден во Народноослободителната војна и Социјалистичката револуција како доброволен демократски фронт на работните луѓе и граѓаните и на сите организирани социјалистички сили, со Комунистичката партија на чело, и натаму изградуван во условите на развојот на социјалистичкото самоуправно општество, е најширока основа на нивната општествено-политичка активност во социјалистичкиот самоуправен систем.</s>
<s>Во Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија работните луѓе и граѓаните, Сојузот на комунистите на Македонија како водечка идејна и политичка сила, другите општествено-политички организации и сите организирани социјалистички сили, остваруваат политичко и акционо единство на социјалистичките сили и го насочуваат општествениот развиток врз основите на власта и самоуправувањето на работничката класа и на сите работни луѓе, и за таа цел:</s>
<s>расправаат општествени прашања и покренуваат политичка иницијатива во сите области на општествениот живот, ги усогласуваат мислењата, ги утврдуваат политичките ставови во поглед на</s>
<s>решавањето на тие прашања, насочувањето на општествениот развиток, остварувањето на правата и интересите на работните луѓе и граѓаните, остварувањето на рамноправноста на народите и народностите и унапредувањето на социјалистичките самоуправни демократски односи, даваат предлози за решавање на општествените прашања и им даваат насоки на своите делегати во собранијата на општествено-политичките заедници;</s>
<s>утврдуваат заеднички програми за општествена активност и заеднички критериуми за избор на делегации во основните организации на здружениот труд, во месните заедници и во другите самоуправни организации и заедници и за избор на делегати во собранијата на општествено-политичките заедници, обезбедуваат демократско предлагање и утврдување кандидати за членови на делегациите во самоуправните организации и заедници, кандидати за делегати во собранијата на општествено-политичките заедници, како и кандидати за вршење самоуправни, јавни и други општествени функции во општествено-политичките заедници; разгледуваат општи прашања на кадровската политика и на изградувањето кадри и утврдуваат мерила за одбирање кадри;</s>
<s>ја следат работата на органите на власта и на органите на управувањето на самоуправните организации и заедници и на носителите на самоуправни, јавни и други општествени функции, го изнесуваат своето мислење и оценки и вршат општествена контрола и критика на нивната работа, особено во поглед на обезбедувањето јавност на работата и одговорност во работата;</s>
<s>создаваат услови за сестрано учество на младината и на нејзините организации во општествениот и политичкиот живот;</s>
<s>обезбедуваат известување на работните луѓе и граѓаните и свое влијание врз општествениот систем за информирање и врз остварувањето на улогата на печатот и на другите видови јавно информирање и комуницирање;</s>
<s>се борат за хумани односи меѓу луѓето, за развивање на социјалистичката демократска свест и на нормите на социјалистичкиот живот, како и за отстранување на појавите што го попречуваат развитокот на социјалистичките самоуправни демократски општествени односи или на кој било начин им нанесуваат штета.</s>
<s>Општините и Републиката во рамките на своите права и должности, се должни да обезбедуваат материјални и други услови за остварување на функциите на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, утврдени со овој устав.</s>
<s>Работниците доброволно организирани во синдикатот, како најширока организација на работничката класа, се борат: за остварување на положбата на работничката класа утврдена со уставот; за остварување на социјалистичките самоуправни односи и за решавачка улога на работниците во управувањето со општествената репродукција; за остварување на интересите и на самоуправните и другите права на работниците во сите области на трудот и животот, за обезбедување на рамноправноста на работниците во здружувањето на трудот и на средствата, во стекнувањето и распределбата на доходот и во утврдувањето заеднички мерила за распределба според резултатите на трудот; за самоуправно поврзување и интегрирање на различните области на општествениот труд; за развивање на производните сили на општеството и за зголемување на продуктивноста на трудот; за самоуправно усогласување на поединечните, заедничките и општите општествени интереси; за подигање на образованието на работниците и за оспособување на работниците за вршење на самоуправни и други општествени функции, за демократско предлагање и утврдување на кандидати за делегациите во тие организации и заедници и делегати во собранијата на општествено-политичките заедници; за најшироко учество на работниците во вршењето на функциите на власта и на управувањето со другите општествени работи; за остварување на интересите на работничката класа во кадровската политика; за заштита на правата на работниците; за обезбедување социјалната сигурност и за развој на животниот стандард на работниците, како и за развивање и јакнење на солидарноста и за подигање на класната свест и одговорноста на самоуправувачите.</s>
<s>Синдикатот покренува иницијатива за самоуправно спогодување и општествено договарање, непосредно учествува во тоа спогодување и договарање и им дава предлози на органите на управувањето на самоуправните организации и заедници, на собранијата на општествено-политичките заедници и на другите државни и општествени органи за решавање на прашања што се однесуваат на материјалната и општествената положба на работничката класа.</s>
<s>IX
Општествено-економскиот и политичкиот систем и другите односи утврдени со уставот се насочени кон проширување на условите за натамошен развиток на социјалистичкото општество, за надминување на неговите противречности и за таков општествен напредок кој, врз основа на сестраната развиеност на производните сили, високата продуктивност на трудот, изобилството на производи и сестраниот развиток на човекот како слободна личност, ќе овозможи развивање на такви општествени односи во кои ќе се оствари начелото на комунизмот: „Секој според способностите — секому според потребите".</s>
<s>За таа цел органите на самоуправувањето, државните органи, самоуправните организации и заедници, општествено-политичките и другите организации, работните луѓе и граѓаните непосредно се повикани со целокупната своја дејност:</s>
<s>да ја прошируваат и јакнат материјалната основа на општеството и на животот на поединците со развивање на производните сили, со подигање на продуктивноста на трудот и со постојано унапредување на социјалистичките самоуправни односи;</s>
<s>да создаваат услови во кои ќе се надминуваат општествено-економските разлики меѓу умствениот и физичкиот труд и во кои човечкиот труд ќе станува сè поцелосно изразување на творештвото и на човековата личност;</s>
<s>да ги прошируваат и развиваат сите облици на самоуправувањето и социјалистичкиот самоуправен демократизам, а особено во областите во кои преовладуваат функциите на политичката власт, да ја ограничуваат принудата и да создаваат услови за нејзино отстранување и да изградуваат меѓу луѓето односи засновани врз свеста за заедничките интереси, врз социјалистичката етика и врз слободното творештво на човекот;</s>
<s>да придонесуваат за остварување на човечките слободи и права, за хуманизирање на општествената средина и човековата личност, за јакнење на солидарноста и човечноста меѓу луѓето и за почитување на човековото достоинство;</s>
<s>да развиваат сестрана соработка и зближување на сите народи, во согласност со прогресивните стремежи на човештвото за создавање слободна заедница на сите народи во светот.</s>
<s>X
Изразувајќи ги основните начела на социјалистичкото самоуправно општество и неговиот напредок, овој дел на уставот е основа и насока за толкување на уставот и законите, како и за дејствувањето на сите и на секого.</s>
<s>ПРВ ДЕЛ: Општествено уредување</s>
<s>Глава I: Општи одредби</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија е национална држава на македонскиот народ и држава на албанската и турската народност во неа, заснована врз сувереноста на народот и врз власта и самоуправувањето на работничката класа, и на сите работни луѓе, и социјалистичка самоуправна демократска заедница на работните луѓе и граѓаните, на македонскиот народ и рамноправните со него албанска и турска народност.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија е во состав на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>Припадниците на другите народи на Југославија што живеат во Социјалистичка Република Македонија се рамноправни и имаат исти права и должности како Македонците и народностите.</s>
<s>Во Социјалистичка Република Македонија македонскиот народ и народностите, работните луѓе и граѓаните го утврдуваат општественото уредување на Републиката и обезбедуваат и остваруваат: сувереност, национална слобода, независност, територијален интегритет на Републиката и народна одбрана; општествено самоуправување и социјалистички општествено-економски и политички односи; учество и одговорност на Републиката во утврдувањето и спроведувањето на политиката на федерацијата; рамноправност на македонскиот народ, народностите и припадниците на другите народи на Југославија; солидарност и социјална сигурност на работните луѓе и граѓаните; уставност и законитост; единство на правниот систем на Републиката; заштита на поредокот утврден со уставот, јавна безбедност и општествена самозаштита; демократски слободи и права на човекот и граѓанинот; политичка, економска, културна и друга соработка на Републиката со органи и организации на други држави и со меѓународни органи и организации, како и грижа за почитување на правата на деловите на македонскиот народ што живеат во другите земји како национално малцинство и за Македонците во другите земји, во рамките на заеднички утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Социјалистичка Федеративна Република Југославија; соработка со органите и организациите на другите социјалистички републики и на социјалистичките автономни покраини; единство на југословенскиот пазар; услови за рамномерен стопански и општествен развиток на Републиката и за побрз развој на недоволно развиените краишта; иницијатива за решавање на прашања од областа на стопанскиот, општествениот и културниот живот; усогласен самоуправен развиток; услови за што понепосредно и поефикасно остварување на самоуправните права на работните луѓе и граѓаните; заштита на самоуправните права на организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници и на општините; услови за ефикасно вршење на општествената и самоуправната работничка контрола и за остварување на општествената одговорност; интеграција во сите сфери на општествениот живот во Републиката врз самоуправни основи; услови за јавно информирање и ги вршат сите други општествени работи од заеднички интерес за политичкиот, стопанскиот и културниот развиток на Републиката.</s>
<s>Во Социјалистичка Република Македонија македонскиот народ и народностите и работните луѓе и граѓаните заедничките интереси ги остваруваат во организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, како и во општините и Републиката; со самоуправно спогодување, општествено договарање и со здружување на организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници; со непосредна соработка на општествено-политичките и другите организации и здруженијата на граѓаните и со слободни и сестрани активности на граѓаните.</s>
<s>Територијата на Социјалистичка Република Македонија е составен дел на територијата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>Границите на Социјалистичка Република Македонија можат да се менуваат само врз основа на одлука на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>За граѓаните на Социјалистичка Република Македонија постои државјанство на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Државјаните на Социјалистичка Република Македонија едновремено се и државјани на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>Државјаните на другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија ги имаат во Социјалистичка Република Македонија истите права и должности како и нејзините државјани.</s>
<s>Одлуките, исправите и другите акти издадени од државните органи и овластените организации од другите републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија имаат во Социјалистичка Република Македонија иста важност како и во републиката во која се издадени.</s>
<s>Грбот на Социјалистичка Република Македонија претставува поле опкружено со житни класје, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарена со народни мотиви.</s><s>Меѓу врвовите на класјето има петокрака ѕвезда.</s><s>Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече река.</s><s>Зад планината изгрева сонце.</s>
<s>Знамето на Социјалистичка Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда.</s><s>Ѕвездата е црвена со златен (жолт) раб и има правилен петокрак облик.</s><s>Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.</s>
<s>Кога ќе се подели знамето на четири правоаголници, тогаш средишната точка на ѕвездата се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на горниот правоаголник што е до прицврстениот дел на знамето.</s><s>Горниот крак на ѕвездата е насочен спрема горната линија од должината на знамето, а долните краци се насочени спрема долната линија од должината на знамето.</s><s>Полупречникот на ѕвездата е еднаков со една шестина од широчината на знамето.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија има химна.</s>
<s>Главен град на Социјалистичка Република Македонија е Скопје.</s>
<s>Глава II: Општествено-економско уредување</s>
<s>1. Положба на човекот во здружениот труд и општествена сопственост</s>
<s>Социјалистичкото општествено-економско уредување на Социјалистичка Република Македонија се засновува врз слободниот здружен труд со средствата за производство во општествена сопственост и врз самоуправувањето на работниците во производството и распределбата на општествениот производ во основните и другите организации на здружениот труд и во општествената репродукција во целина.</s>
<s>Трудот и резултатите на трудот ја определуваат материјалната и општествената положба на човекот врз основа на еднакви права и одговорности.</s>
<s>Никој не може ниту непосредно ниту посредно да се здобива со материјални и други користи со експлоатација на туѓиот труд.</s>
<s>Никој не смее на кој и да било начин да го оневозможува ниту да го ограничува работникот рамноправно со другите работници да одлучува за својот труд и за условите и за резултатите на својот труд.</s>
<s>Средствата за производство и другите средства на здружениот труд, производите на здружениот труд и доходот остварен со здружен труд, средствата за задоволување на заедничките и општите општествени потреби, природните богатства и добрата во општа употреба, се општествена сопственост.</s>
<s>Никој не може да стекне право на сопственост на општествените средства што се услов за работа во основните и другите организации на здружениот труд или се материјална основа за остварување на функциите на самоуправните интересни заедници или на другите самоуправни организации и заедници и на општествено-политичките заедници.</s>
<s>Општествените средства не можат да се користат за присвојување на туѓ вишок на трудот, ниту за создавање услови за такво присвојување.</s>
<s>Работникот во здружениот труд со средства во општествена сопственост има право на работа со општествени средства како свое неотуѓиво право да работи со тие средства заради задоволување на своите лични и општествени потреби и, како слободен и рамноправен со другите работници во здружениот труд, да управува со својот труд и со условите и резултатите од својот труд.</s>
<s>Правата, обврските и одговорностите во поглед на располагањето, користењето и управувањето со општествените средства се уредуваат со устав и закон, во согласност со природата и намената на тие средства.</s>
<s>На секој работник во здружениот труд со средства во општествена сопственост му се гарантира, остварувајќи го правото на работа со општествени средства, во основната организација на здружениот труд во која работи и во сите други облици на здружување на трудот и на средствата, заедно и рамноправно со другите работници, да управува со трудот и со работењето на организацијата на здружениот труд и со работите и средствата во севкупноста на односите на општествената репродукција, да ги уредува меѓусебните односи во работата, да одлучува за доходот што ќе го оствари во различните облици на здружување на трудот и на средствата и да стекнува личен доход.</s>
<s>Основната организација на здружениот труд е основен облик на здружениот труд во кој работниците непосредно и рамноправно ги остваруваат своите општествено-економски и други самоуправни права и одлучуваат за други прашања на својата општествено-економска положба.</s>
<s>Противуставен е секој акт и дејство со кое се повредуваат овие права на работникот.</s>
<s>Во остварувањето на правото на работа со општествени средства, работниците во здружениот труд заемно се одговорни, во својот заеднички и општ општествен интерес, да се користат со тие средства општествено и економски целесообразно и, како материјална основа на својот и на вкупниот општествен труд, постојано да ги обновуваат, зголемуваат и унапредуваат, како и совесно да ги извршуваат своите работни обврски.</s>
<s>Работниците во здружениот труд не можат во остварувањето на правото на работа со општествени средства да стекнуваат материјални користи и други предимства што не се засновани врз нивниот труд.</s>
<s>Работниците на организациите на здружениот труд што вршат дејности во областа на образованието, науката, културата, физичката култура, здравството, социјалната заштита и на другите општествени дејности, стекнуваат доход со слободна размена на својот труд со трудот на работните луѓе чии потреби и интереси во тие области ги задоволуваат.</s>
<s>Слободната размена на својот труд работниците во овие организации на здружениот труд ја остваруваат непосредно со работните луѓе чии потреби и интереси ги задоволуваат или преку нивните организации на здружениот труд и самоуправните интересни заедници односно во рамките на самоуправните интересни заедници.</s>
<s>Работниците на организациите на здружениот труд во општествените дејности остваруваат со слободна размена на трудот еднаква општествено-економска положба како и работниците на организациите на здружениот труд во другите дејности.</s>
<s>Врз начелата на слободна размена на трудот стекнуваат доход и работниците на организациите на здружениот труд во другите дејности во кои дејствувањето на законитостите на пазарот не може да биде основ за усогласување на трудот и потребите, ниту основ за вреднување на резултатите на трудот.</s>
<s>За сиот доход, како резултат од заедничкиот труд на работниците во основната организација на здружениот труд и на вкупниот општествен труд, остварен во различните облици на здружување на трудот и на средствата врз основа на дејствувањето на законитостите на пазарот и врз на самоуправна основа општествено утврдените услови за стекнување на доход, работниците одлучуваат во основните организации на здружениот труд во согласност со своите уставни права и одговорности спрема другите работници во здружениот труд и спрема општествената заедница во целина.</s>
<s>Доходот што заеднички ќе го остварат со здружување на трудот и на средствата, основните организации на здружениот труд го распределуваат во целост меѓу себе според нивниот придонес во остварувањето на тој доход, а врз основа на мерилата што ќе ги утврдат со самоуправна спогодба.</s>
<s>Остварениот доход во основната организација на здружениот труд претставува материјална основа на правата на работниците да одлучуваат за условите на својот труд и за распределбата на доходот и да стекнуваат личен доход.</s>
<s>Делот на доходот што е резултат од работење во исклучително поповолни природни услови или што е резултат од исклучителни погодности на пазарот или на други исклучителни погодности во стекнувањето на доходот, се користи за развој на организацијата на здружениот труд во која е остварен или за развој на материјалната основа на здружениот труд во општината односно во Републиката, во согласност со самоуправна спогодба и закон.</s>
<s>Управувањето со делот на доходот што се користи за развој на материјалната основа на здружениот труд во општината или во Републиката, се темели врз самоуправни основи.</s>
<s>Работниците во основната организација на здружениот труд го распределуваат доходот за своја лична и заедничка потрошувачка, за проширување на материјалната основа на здружениот труд и за резерви.</s>
<s>Работниците за вкупната лична и заедничка потрошувачка распоредуваат дел од доходот што е сразмерен со нивниот придонес во остварувањето на доходот што го дале со својот труд и со вложување на општествени средства, како минат труд на работниците.</s>
<s>На секој работник, во согласност со начелото на распределба според трудот и со порастот на продуктивноста на неговиот и на вкупниот општествен труд и со начелото на солидарноста на работниците во здружениот труд, му припаѓа од доходот на основната организација на здружениот труд личен доход за задоволување на неговите лични, заеднички и општи општествени потреби, според резултатите од неговиот труд и неговиот личен придонес што со својот тековен и минат труд го дал во зголемувањето на доходот на основната организација.</s>
<s>Работниците во основната организација на здружениот труд ги утврдуваат основите и мерилата за распоредување на доходот и основите и мерилата за распределба на средствата за своите лични доходи.</s>
<s>Работниците во основната организација на здружениот труд утврдуваат со работниците во другите организации на здружениот труд заеднички основи и мерила за распоредување на доходот и за распределба на средствата за лични доходи.</s>
<s>Ако со распоредувањето на доходот за лична и заедничка потрошувачка односно со распределбата на средствата за лични доходи се нарушуваат односите што му одговараат на начелото на распределба според трудот или се нарушува текот на општествената репродукција, со закон можат да се утврдат мерки со кои се обезбедува рамноправност на работниците во примената, на начелото на распределба според трудот односно со кои се спречуваат или се отстрануваат нарушувањата во општествената репродукција.</s>
<s>На секој работник во здружениот труд со општествени средства му се гарантира личен доход и други права по основ на трудот најмалку во висина односно во обем што ја обезбедуваат неговата материјална и социјална сигурност.</s>
<s>Висината на гарантираниот личен доход и обемот на другите гарантирани права, како и начинот на нивното остварување, се утврдуваат со самоуправна спогодба, со општествен договор и со закон, во зависност од општиот степен на продуктивноста на вкупниот општествен труд и од општите услови на средината во која работи и живее работникот.</s>
<s>Со закон, под условите утврдени со устав, може привремено да се ограничи располагањето на работниците во основните организации на здружениот труд со дел од средствата на општествената репродукција или да се утврди обврска за здружување на дел од тие средства за финансирање на определени неопходни потреби на општествената репродукција.</s><s>Со задолжителното здружување на дел од средствата на општествената репродукција не можат трајно да се одземат правата на работниците на основните организации на здружениот труд во поглед на тие средства.</s>
<s>Организација на здружениот труд односно друго општествено правно лице одговара за своите обврски со општествените средства со кои располага.</s>
<s>Правата на организацијата на здружениот труд и на друго општествено правно лице во поглед на недвижностите и на одделни движни предмети и други права во општествена сопственост можат, со соодветен надоместок и по постапка пропишани со закон, да им се одземат или ограничат само ако тоа го налагаат врз основа на закон утврдените потреби за планско уредување на просторот или за изградба на објекти од општествено значење или друг со закон определен општ интерес.</s>
<s>За одземените права во поглед на земјиштето или на другите природни богатства, организацијата на здружениот труд односно другото општествено правно лице има право на надоместок само за трудот и за средствата вложени во тоа земјиште или во друго природно богатство.</s><s>Ако земјиштето или другото природно богатство е услов за работа, организацијата на здружениот труд односно другото општествено правно лице има право на надоместок со кој се обезбедува овие услови да не бидат влошени.</s>
<s>На работниците во основната организација на здружениот труд која во своето работење се користи со средства на други организации на здружениот труд кои по тој основ имаат право на учество во заеднички остварениот доход, им се обезбедуваат, во рамките на така остварениот доход, средства за нивната лична и заедничка потрошувачка, во согласност со заедничките основи и мерила што важат во организациите на здружениот труд, како и средства за проширување на материјалната основа на трудот според нивниот придонес во заеднички остварениот доход.</s>
<s>Мерилата за утврдување на придонесот во заеднички остварениот доход се определуваат со самоуправната спогодба, во согласност со единствените начела за здружување на средствата утврдени со сојузен закон.</s>
<s>Организациите на здружениот труд што здружуваат средства не можат по тој основ трајно да стекнат право на учество во доходот на организацијата на здружениот труд, која во своето работење се користи со тие средства.</s>
<s>Правото на учество во заеднички остварениот доход по основ на здружување на средства се гаси кога на организацијата на здружениот труд, покрај соодветното учество во заеднички остварениот доход, ќе и бидат вратени и средствата со чие здружување тоа право е стекнато односно кога, согласно со самоуправната спогодба, ќе престане правото на враќање на здружените средства.</s>
<s>Организацијата на здружениот труд може, под условите и во границите што се утврдени со сојузен закон, да се користи во своето работење со средства на странски лица.</s>
<s>Работниците во организациите на здружениот труд што се користат со средства вложени од странски лица имаат исти општествено-економски и други самоуправни права како и работниците во организациите на здружениот труд, што во своето работење користат средства на други домашни организации на здружениот труд.</s>
<s>Правата на странското лице во поглед на средствата што ги вложило во организација на здружениот труд во Социјалистичка Република Македонија, не можат да се намалат со закон или со друг акт, откако договорот со кој се уредени тие права ќе стане полноважен.</s>
<s>Организациите на здружениот труд можат, заради проширување на материјалната основа на трудот, да собираат парични средства од граѓаните и да им обезбедат, со враќањето на овие средства, и надоместок за вложените средства во вид на камата или други погодности определени врз основа на закон.</s>
<s>Работниците што во организацијата на здружениот труд вршат административно-стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за повеќе организации во нејзиниот состав и работниците што вршат такви работи во земјоделска или друга задруга, како и работниците во организација на деловно здружување, банка и заедница на осигурување образуваат работна заедница.</s><s>Работниците во таква работна заедница можат да се организираат како организации на здружениот труд под услови утврдени со закон.</s>
<s>Работниците што во организацијата на здружениот труд вршат други работи од заеднички интерес за повеќе организации во нејзиниот состав, како и работниците што вршат такви работи за земјоделска или друга задруга, образуваат работна заедница ако не постојат со уставот утврдени услови да се организираат како основна организација на здружениот труд.</s>
<s>Работниците на овие работни заедници имаат право на средства за лична и заедничка потрошувачка во согласност со начелото на распределба според трудот и со основите и мерилата за распределба што важат во организациите на здружениот труд, како и други самоуправни права на работниците во организациите на здружениот труд, во согласност со природата на работите што ги вршат и со заедничките интереси заради кои се образувани овие работни заедници.</s>
<s>Меѓусебните права, обврски и одговорности на работниците на овие работни заедници и корисниците на нивните услуги се уредуваат со самоуправна спогодба, а меѓусебните односи на работниците во работната заедница се уредуваат со нивни самоуправни акти во согласност со таа самоуправна спогодба.</s>
<s>Работниците во работните заедници што вршат работи за самоуправните интересни заедници и други самоуправни организации и заедници и нивни здруженија, за општествено-политичките организации и другите општествени организации, здруженијата на граѓаните и органите на општината и Републиката, имаат право на средства за лична и заедничка потрошувачка во согласност со начелото на распределба според трудот и со општествено утврдените основи и мерила за распределба што важат за организациите на здружениот труд.</s><s>Тие имаат и други самоуправни права во согласност со природата на овие работи и со општествената и политичката одговорност на организациите, заедниците и органите за кои ги вршат работите — за остварување на нивните функции и задачи.</s>
<s>Меѓусебните права, обврски и одговорности на работниците во овие работни заедници и на организациите, заедниците и органите за кои вршат работи се уредуваат со самоуправна спогодба односно договор, во согласност со закон.</s>
<s>На овие работни заедници не можат да им се пренесуваат права, овластувања и одговорности на организациите, заедниците и органите за кои тие вршат работи.</s>
<s>Правата, обврските и одговорностите на работниците во работните заедници на органите на општините и на Републиката се уредуваат со закон, а кога тоа го дозволува природата на дејноста на органот, и со самоуправна спогодба односно со договор меѓу работната заедница и тие органи, и со самоуправните акти на работната заедница.</s>
<s>Работните луѓе кои со личен труд самостојно во вид на занимање вршат уметничка или друга културна, адвокатска или друга професионална дејност имаат во начело иста општествено-економска положба и во основа исти права и обврски како и работниците во организациите на здружениот труд.</s>
<s>Работните луѓе што вршат некоја од овие дејности можат да го здружуваат својот труд и да образуваат привремени или трајни работни заедници, кои имаат во основа иста положба како и организациите на здружениот труд, и во кои работните луѓе имаат во основа исти права и должности како и работниците во организациите на здружениот труд.</s>
<s>Со закон се утврдуваат условите под кои овие работни луѓе и нивните работни заедници ги остваруваат своите права и ги исполнуваат обврските, како и условите под кои тие во вршењето на тие дејности можат да користат општествени средства и да управуваат со нив.</s><s>Со закон се определува и начинот на остварувањето на соработката на овие работни луѓе со организациите на здружениот труд, како и начинот на нивното учество во создавањето услови за работа во тие организации и во располагањето со резултатите на нивниот труд изразени во заеднички остварениот доход.</s>
<s>Работниците во организациите на здружениот труд, во согласност со начелата на заемност и солидарност, заеднички и рамноправно обезбедуваат постојано подобрување на условите за живот на работниците со издвојување и здружување на средства за таа цел и на друг начин.</s>
<s>Организациите на здружениот труд и општините и Републиката се должни, во согласност со начелата на заемност и солидарност, да им даваат економска и друга помош на организациите на здружениот труд што ќе дојдат во исклучителни економски тешкотии и да преземаат мерки за нивна санација, ако е тоа во заеднички интерес на организациите на здружениот труд односно во општествен интерес.</s>
<s>Организацијата на здружениот труд сама или спогодбено со други организации на здружениот труд во согласност со начелата на заемност и солидарност, обезбедува, средства за вработување, преквалификација и за остварување на стекнатите права на работниците, ако престане потребата од нивна работа во организацијата на здружениот труд или ако организацијата во нејзин состав престане со работа.</s>
<s>Работникот, додека не му се обезбеди друго работно место што одговара на неговите способности и квалификации не може да го изгуби својството на работник во основната организација на здружениот труд, ако заради технолошки или други унапредувања со кои се придонесува за зголемувањето на продуктивноста на трудот и за поголем успех на организацијата престане потребата од неговата работа во таа организација.</s>
<s>Со закон може да се утврди обврска за здружување на средства за овие цели и за вработување воопшто, како и да се пропишат услови за употребата на тие средства.</s>
<s>Овој закон се донесува со мнозинство гласови на сите делегати во Соборот на здружениот труд на Собранието.</s>
<s>2. Здружување на трудот и на средствата на општествената репродукција</s>
<s>Својот труд и средствата на општествената репродукција во основните организации на здружениот труд работниците слободно ги здружуваат во работни организации и во други облици на здружување на трудот и на средствата.</s>
<s>Меѓусебните права, обврски и одговорности во различните облици на здружување на трудот и средствата, работниците во основните организации на здружениот труд ги уредуваат со самоуправна спогодба во согласност со закон, обезбедувајќи ги во целината на овие односи неотуѓивите права на работниците загарантирани со уставот.</s>
<s>Работна организација е самостојна самоуправна организација на работниците поврзани со заеднички интереси во трудот и организирани во основни организации на здружениот труд во нејзин состав, или непосредно поврзани со единствен процес на трудот.</s>
<s>Работна организација можат да основаат организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници, месните заедници, општествено-политичките заедници и други општествени правни лица.</s>
<s>Работна организација можат, под услови и на начин пропишани со закон, да основаат и работните луѓе заради остварување правото на работа или заради задоволување на потребите од производи и услуги на организацијата што ја основаат.</s><s>Работна организација можат, во согласност со закон, да основаат и граѓански правни лица.</s>
<s>Работните луѓе односно граѓанските правни лица, кои во организацијата на здружениот труд што ја основале ќе вложат свои средства, можат спрема таа организација, по основ на тие средства, да имаат само права што ги имаат граѓаните од кои организациите на здружениот труд собираат средства заради проширување на материјалната основа на својот труд.</s>
<s>Со закон може да се пропише дека работните луѓе и граѓанските правни лица не можат да основаат работни организации за вршење на определени дејности.</s>
<s>Работните организации имаат еднаква положба, а работниците во нив еднакви општествено-економски и други самоуправни права и одговорности, без оглед на тоа кој ја основал работната организација.</s>
<s>Работниците во делот на работната организација што претставува работна целина, во кој резултатот од нивниот заеднички труд може самостојно да се изрази како вредност во работната организација или на пазарот и во кој работниците можат да ги остваруваат своите општествено-економски и други самоуправни права, имаат право и должност таквиот дел на работната организација да го организираат како основна организација на здружениот труд.</s>
<s>Работниците во работната организација во која не постојат услови одделни нејзини делови да се организираат како основни организации на здружениот труд, ги остваруваат во работната организација сите права што ги имаат работниците во основната организација на здружениот труд.</s>
<s>Општествено-економските и другите самоуправни односи во основната организација на здружениот труд се уредуваат со нејзиниот статут и другите самоуправни акти во согласност со уставот и законот.</s>
<s>Ако по повод организирањето на основна организација на здружениот труд биде поведен спор, до завршувањето на спорот не можат, спротивно на волјата на работниците што ја донеле одлуката за организирање на основна организација, да се менуваат нивните права, обврски и одговорности што ги имале до денот на донесувањето на одлуката за која се води спорот.</s>
<s>Работниците имаат право основната организација на здружениот труд во која работат да ја издвојат од составот на работната организација.</s>
<s>Основната организација на здружениот труд што се издвојува е должна, спогодбено со другите основни организации на здружениот труд и со работната организација како целина, да ги уреди начинот и условите на извршувањето на своите обврски спрема нив, што ги презела до издвојувањето и да им ја надомести штетата што настанала со издвојувањето.</s>
<s>Работниците не можат својата основна организација на здружениот труд да ја издвојат од составот на работната организација ако тоа, спротивно на општиот интерес, би довело до битно отежнување или оневозможување на работата во другите основни организации во составот на работната организација односно во работната организација како целина.</s>
<s>Работните организации можат да се здружуваат во разни облици на сложени организации на здружениот труд, а основните организации на здружениот труд и работните организации во заедници и други облици на здружување на организации на здружениот труд во кои остваруваат определени заеднички интереси.</s>
<s>Со закон или со одлука на собранието на општината заснована врз закон може да се пропише задолжително здружување на определени видови организации на здружениот труд во заедници во кои се обезбедува единството на системот на трудот во соодветните области, ако тие организации вршат дејности од битно значење за работењето и развојот на другите организации на здружениот труд, кога работењето на тие организации е незаменлив услов за животот и работата на граѓаните на определено подрачје и во други случаи од општ интерес.</s>
<s>Организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и други општествени правни лица можат со самоуправна спогодба да основаат банка како посебна организација за вршење кредитни и други банкарски работи и во неа, заедно со други лица, да здружуваат средства заради остварување на заеднички интереси во обезбедување парични средства, за вршење, проширување и унапредување на дејностите на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници и заради остварување на други заеднички интереси.</s>
<s>Општествените правни лица, со чии средства банката работи, управуваат со работењето на банката.</s><s>Средствата што банката ќе ги оствари, по намирувањето на трошоците на работењето и издвојувањето на средства за работната заедница на банката, овие општествени правни лица ги распоредуваат меѓу себе.</s>
<s>Општествените правни лица имаат право да управуваат со определени работи на банката во единицата на банката што работи со нивни средства.</s>
<s>Општините и Републиката не можат да основаат банка, ниту да управуваат со работите на банката.</s>
<s>Меѓусебните односи на општествените правни лица со чии средства работи банката, управувањето со банката и работењето на банката се уредуваат со самоуправната спогодба за основањето на банката, со нејзиниот статут и со закон.</s>
<s>Работењето на финансиските организации што се основаат заради прибирање на штедни влогови и управувањето со тие организации, како и работењето на банките што се однесува на прибирањето штедни влогови, се уредува со закон, во согласност со единствените начела на кредитниот систем.</s>
<s>Правата на граѓаните, врз основа на штедните влогови да учествуваат во управувањето со работењето на тие финансиски организации и, покрај договорените камати, да стекнуваат и други определени погодности, се уредуваат со закон.</s>
<s>Во организациите на здружениот труд што освен со други дејности, се занимаваат и со банкарско или слично работење, организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и други општествени правни лица ги имаат во поглед на тоа работење, во начело истите права што ги имаат во банката општествените правни лица со чии средства работи банката.</s>
<s>Ако во организациите на здружениот труд се организира внатрешно банкарско или слично работење, на таквото работење се применуваат начелата што се однесуваат на работењето на банките.</s>
<s>Организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници, општините и Републиката и други општествени правни лица можат со самоуправна спогодба да основаат заедница на осигурувањето на имот и лица од истородни односно сродни видови ризици односно штети или од различни повеќе видови ризици односно штети, и во неа, заедно со други лица, врз начелата на заемност и солидарност, да здружуваат средства заради осигурување на имот и лица и заради отстранување или намалување на неповолното дејство на причините што можат да ги предизвикаат тие штети.</s>
<s>Во заедница на осигурувањето во која се здружуваат средства заради осигурување на имот или лица од повеќе различни видови ризици односно штети, осигурениците што здружуваат средства заради осигурување од истородни или сродни видови на штета образуваат посебни заедници на ризик и здружуваат средства во посебни фондови на осигурување за тие штети.</s><s>Осигурениците во заедниците на ризик, спогодбено со другите осигуреници во истата заедница на осигурување, утврдуваат под кои услови средствата на фондовите, наменети за намирување на обврските по еден вид штета можат да се користат за намирување на обврските по основ на друг вид штета.</s>
<s>Општествените правни лица што здружуваат средства во заедница на осигурување односно заедница на ризик управуваат со работењето на тие заедници.</s>
<s>Меѓусебните односи на општествените правни лица што здружуваат средства во заедница на осигурувањето, управувањето со таа заедница и нејзиното работење се уредуваат со самоуправната спогодба за основањето на заедницата, со нејзиниот статут или со друг самоуправен акт и со закон.</s>
<s>Граѓаните и граѓанските правни лица — осигуреници учествуваат во управувањето со заедницата на осигурувањето односно со заедницата на ризикот и остваруваат во нив други права во согласност со статутот на заедницата на осигурување и со закон.</s>
<s>Односите меѓу организациите на здружениот труд што вршат работи на промет на стоки и услуги и производствените и другите организации со кои работат се засновуваат врз начелата на соработка и самоуправно здружување на трудот и средствата во рамките на таа соработка.</s><s>Овие организации, врз начелата на рамноправност, остваруваат меѓусебно влијание врз деловната и развојната политика, преземаат заеднички ризик, обезбедуваат заедничка одговорност за проширување на материјалната основа и за зголемување на продуктивноста на трудот во производството и прометот и учествуваат во доходот остварен со оваа соработка според придонесот во остварувањето на тој доход.</s>
<s>Организациите на здружениот труд што вршат работи на извоз и увоз се организираат и работат врз начелата на задолжителна соработка со производствените и другите организации на здружениот труд за кои го вршат извозот или увозот,и во рамките на таа соработка, ја утврдуваат заедничката политика на производството односно на другата дејност, политиката на извозот и увозот, го распоредуваат доходот остварен со оваа соработка како заеднички доход, заеднички го поднесуваат ризикот на тоа работење и одговорноста за унапредување на производството и прометот, во согласност со самоуправната спогодба или договорот за таа соработка.</s>
<s>Организациите на здружениот труд што вршат работи на промет со стоки и услуги за непосредна потрошувачка се должни, на начин определен со закон, да соработуваат и да се договараат со самоуправните интересни заедници, месните заедници и други заедници и организации на потрошувачите за работите од заеднички интерес.</s>
<s>Организација на здружениот труд може да врши дејност и да вложува средства на општествената репродукција во странство, под условите и во границите што се пропишани со сојузен закон.</s>
<s>Правата и средствата што организацијата на здружениот труд ќе ги стекне во странство по кои и да било основ се составен дел на општествените средства со кои управуваат работниците на таа организација.</s>
<s>Во организацијата на здружениот труд што врши дејност во странство, работниците чии работни места се во странство, имаат исти права, должности и одговорности како и работниците на таа организација во земјата.</s>
<s>Основните и другите организации на здружениот труд, нивните заедници и другите облици на здружување на организации на здружениот труд, банките, заедниците за осигурување имоти и лица и другите финансиски организации се правни лица со права, обврски и одговорности што ги имаат врз основа на уставот, законот и самоуправната спогодба за здружување односно врз основа на актот за основање.</s>
<s>Овие организации, заедници и здруженија и нивните права, обврски и одговорности во правниот промет се запишуваат во регистарот на организациите на здружениот труд.</s>
<s>Спрема организацијата на здружениот труд и заедницата или другото здружение на тие организации во кои побитно ќе се наруши остварувањето на самоуправните права на работниците или кои не ги исполнуваат обврските утврдени со закон или потешко ќе ги оштетат општествените интереси, можат, под услови и во постапка што се пропишани со закон, да се преземат со закон утврдени привремени мерки.</s><s>Кога е тоа неопходно заради отстранување на тие појави, со овие мерки може привремено да се ограничи остварувањето на одделни самоуправни права на работниците односно права на организацијата или здружението и на нивните органи.</s>
<s>Ако во организациите на здружениот труд настане спор меѓу работниците на одделни делови на организацијата односно меѓу работниците и органите на организацијата или работниците на организацијата и органите на општествено-политичката заедница, кој не можел да биде решен по редовен пат, работниците имаат право и должност, своите барања по повод настанатиот спор да ги изнесат преку синдикалната организација.</s>
<s>Синдикалната организација има право и должност, по барање од работниците или по своја иницијатива, да поведе постапка за решавање на настанатиот спор и, во таа постапка, заедно со соодветните органи на управување на организацијата на здружениот труд односно со органите на општествено-политичката заедница, да ги утврди основите и мерките за решавање на прашањето заради кое настанал спорот.</s>
<s>Организацијата на здружениот труд односно организацијата на деловно здружување што врши стопанска дејност може да биде укината, под услови и во постапка пропишани со сојузен закон, ако не ги исполнува со закон пропишаните услови за вршење на својата дејност, ако потрајно не е во можност да ги обновува општествените средства со кои работи и да ги обезбедува со уставот гарантираните права на работниците во поглед на нивната материјална и социјална сигурност или ако не е во можност да ги исполнува другите со закон утврдени или со договор преземени обврски.</s>
<s>Организацијата на здружениот труд што врши општествена дејност, може, под услови и во постапка што се пропишани со закон, да биде укината ако не ги исполнува условите пропишани со закон или ако не постојат услови за вршење на нејзината дејност.</s>
<s>Со закон и со одлука на општината врз основа на закон може да се утврди дека се од посебен општествен интерес, определени дејности или работи на организациите на здружениот труд што вршат општествени дејности, и да се уреди начинот на остварувањето на посебниот општествен интерес и остварувањето на самоуправните права на работниците во согласност со тој интерес.</s>
<s>Со закон или со одлука на собранието на општината може, ако тоа го бара посебниот општествен интерес, да се уреди начинот на остварувањето на тој интерес во работењето на организациите на здружениот труд што вршат стопанска дејност, кога тоа работење е незаменлив услов за животот и работата на граѓаните или за работата на другите организации на определено подрачје.</s>
<s>Посебниот општествен интерес во вршењето на овие дејности се обезбедува со самоуправни спогодби и општествени договори за условите и начинот на вршењето на тие дејности, со учество на корисниците на услугите и другите заинтересирани организации, претставници на основачите, претставници на општината односно на Републиката и на општествено-политичките организации во одлучувањето за остварување на заедничките цели, за основните намени за користење на средствата, програмите за развој и основните услови за стекнување на доходот и работењето со нивно учество во именувањето и разрешувањето на работоводните органи на организациите на здружениот труд што ги вршат овие дејности, како и со други облици на општествено влијание врз вршењето на тие дејности, во согласност со закон.</s>
<s>Со закон, во согласност со овој устав, можат да се овластат собранијата на општините и Собранието на Социјалистичка Република Македонија да даваат согласност на одредбите на самоуправната спогодба за здружувањето, на статутот или на друг општ акт на организацијата на здружениот труд што врши дејност од посебен општествен интерес, кога тие одредби се од значење за остварувањето на посебниот општествен интерес во вршењето на тие дејности.</s>
<s>На работниците во организациите на здружениот труд што вршат дејности од посебен општествен интерес не можат да им се ограничат другите со устав загарантирани права што се однесуваат на трудот и управувањето со општествените средства, уредувањето на меѓусебните односи во работата, стекнувањето на доход, одлучувањето за доходот и стекнувањето на личните доходи.</s>
<s>Со закон или со пропис на општината можат да се предвидат посебни права и должности на Републиката односно на општината и на нивните органи во поглед на надзорот над вршењето на дејноста односно работата од посебен општествен интерес.</s>
<s>Организациите на здружениот труд што вршат дејности или работи од посебен општествен интерес се должни да обезбедат трајно и непрекинато вршење на дејностите односно на услугите, а во случај на прекин или нередовно вршење на дејноста односно на услугата, се должни да им ја надоместат штетата на корисниците, кога е тоа предвидено со закон, со самоуправна спогодба или со пропис на општината.</s>
<s>Ако надлежниот орган на Републиката, врз основа на закон, односно на општината, врз основа на свој пропис, определи дека организацијата на здружениот труд е должна дејноста односно работите од посебен општествен интерес да ги врши на сите или на определени корисници по цена што е пониска од цената формирана според пропишаните мерила односно од пазарната цена, Републиката односно општината е должна да ѝ изврши соодветно надоместување на организацијата на здружениот труд.</s><s>Висината и начинот на ова надоместување се утврдува со меѓусебен договор.</s>
<s>Организациите на здружениот труд што вршат стопанска дејност и нивните деловни здруженија се здружуваат во стопански комори или други општи здруженија заради заедничко унапредување на трудот и работењето, заради усогласување на посебните, заедничките и општите општествени интереси, заради договарање за плановите и програмите за работа и развој и за самоуправно уредување на општествено-економските односи, заради покренување иницијатива за склучување на самоуправни спогодби и општествени договори, за донесување закони и за утврдување на економската политика и заради разгледување и решавање на други прашања од заеднички интерес.</s>
<s>Заради остварување на овие цели можат и организациите на здружениот труд што вршат општествени дејности да се здружуваат во здруженија за одделни дејности односно области на трудот и во други општи здруженија.</s>
<s>Со закон може да се пропише задолжително здружување на организациите на здружениот труд во комори, условите за формирање и начелата за нивната организација Здружените организации одлучуваат за видовите комори, организацијата, задачите и средствата за нивната работа.</s>
<s>Во комори и други општи здруженија се здружуваат, во согласност со закон, и работните луѓе што вршат дејности со самостоен личен труд со средства во сопственост на граѓаните.</s>
<s>3. Самоуправни интересни заедници</s>
<s>Самоуправни интересни заедници основаат работните луѓе, непосредно или преку своите самоуправни организации и заедници, заради задоволување на своите лични и заеднички потреби и интереси и заради усогласување на трудот во областа за која основаат интересна заедница со тие потреби и интереси.</s>
<s>Правата, обврските и одговорностите во меѓусебните односи во самоуправната интересна заедница се уредуваат со самоуправната спогодба за нејзиното основање, со нејзиниот статут и со други самоуправни акти.</s>
<s>Заради задоволување на своите потреби и интереси во самоуправните интересни заедници, работните луѓе од своите лични доходи и од доходот на основните организации на здружениот труд им плаќаат придонес на овие заедници, во согласност со намената односно со целите за кои служат овие средства.</s>
<s>Работниците и другите работни луѓе кои во областите на образованието, науката, културата, здравството и социјалната заштита врз начелата на заемност и солидарност ги остваруваат своите лични и заеднички потреби и интереси и работниците на организациите на здружениот труд што ги вршат дејностите во тие области, основаат самоуправни интересни заедници во кои остваруваат слободна размена на трудот, здружуваат труд и средства и рамноправно и заеднички одлучуваат за вршењето на тие дејности во согласност со заедничките интереси, ја утврдуваат политиката на развојот и унапредувањето на тие дејности и остваруваат други заеднички интереси.</s>
<s>Меѓусебните односи во овие самоуправни интересни заедници се уредуваат така што се обезбедува правото на работниците и другите работни луѓе што во нив здружуваат средства да одлучуваат за тие средства и правото на работниците на организациите на здружениот труд што вршат дејности во областа за која е основана интересна заедница, во слободна размена на трудот да остваруваат еднаква општествена економска положба како и работниците во другите организации на здружениот труд.</s>
<s>Врз овие основи можат да се основаат самоуправни интересни заедници и во други области на општествените дејности.</s>
<s>Заради обезбедување на својата социјална сигурност, работните луѓе основаат самоуправни интересни заедници на пензиското и инвалидското осигурување или на други видови социјално осигурување во кои ги здружуваат средствата за таа цел и врз начелата на заемност и солидарност и на минатиот труд ги утврдуваат своите заеднички и поединечни обврски спрема тие заедници и заедничките и поединечните права што ги остваруваат во нив.</s>
<s>Врз овие основи можат да се основаат самоуправни интересни заедници и во други области, во кои со здружување на средства во заеднички фондови, се остваруваат определени заеднички интереси врз начелата на заемност и солидарност.</s>
<s>Работните луѓе непосредно и преку своите организации на здружениот труд и други самоуправни организации и заедници основаат самоуправни интересни заедници во станбената област, во кои овие организации и заедници здружуваат средства за станбена изградба, ја утврдуваат политиката и програмата на таа изградба и заедно со станарите управуваат со станбените згради и становите во општествена сопственост и остваруваат други заеднички интереси.</s>
<s>Во областа на комуналните дејности, енергетиката, водостопанството, сообраќајот и другите дејности на материјалното производство, ако трајното вршење на тие дејности е неопходно заради задоволување на потребите на определени корисници, можат да се основаат самоуправни интересни заедници на организациите на здружениот труд од тие области и корисниците на нивните производи и услуги во кои тие ги остваруваат заедничките интереси утврдени со самоуправна спогодба.</s>
<s>Заради што понепосредно остварување на своите самоуправни права и интереси, работниците и другите работни луѓе и нивните организации на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници — членови на самоуправните интересни заедници имаат право во интересната заедница, под услови утврдени со самоуправната спогодба за основањето на самоуправната интересна заедница или со нејзиниот статут, да се организираат во основна заедница или единица за определено подрачје или за остварување на определени заеднички интереси и во таа основна заедница односно единица да остваруваат определени свои самоуправни права и интереси.</s>
<s>Самоуправните интересни заедници можат да се здружуваат во пошироки интересни заедници и да основаат сојузи и други здруженија на интересни заедници, како и да воспоставуваат други облици на меѓусебна соработка.</s>
<s>Кога самоуправна интересна заедница се основа за подрачје пошироко од подрачјето на општината, можат за подрачјата на општините да се основаат основни заедници како делови на таа самоуправна интересна заедница.</s>
<s>Самоуправната интересна заедница и основните заедници и единици во нејзин состав, како и здруженијата на самоуправните интересни заедници, се правни лица со право, обврски и одговорности што ги имаат врз основа на уставот, законот, самоуправната спогодба за основањето на интересната заедница односно на здруженијата на интересните заедници и со нивниот статут.</s>
<s>Со закон односно со одлука на собранието на општината заснована врз закон, може да се утврди обврска за основање односно да се основа самоуправна интересна заедница кога определени дејности односно работи на таквата заедница се од посебен општествен интерес, како и да се утврдат начелата за нејзината организација и за меѓусебните односи во неа и да се пропише обврска за плаќање на придонес на таа заедница.</s>
<s>Дејностите односно работите за кои со закон односно со одлука на собранието на општината заснована врз закон е утврдено дека се од посебен општествен интерес, самоуправната интересна заедница е должна да ги врши на начин утврден со законот односно со одлуката.</s>
<s>Ако во самоуправната интересна заедница што врши определени дејности односно работи што се од посебен општествен интерес не се донесе одлука за прашање од кое битно зависи работата на интересната заедница, Собранието на Социјалистичка Република Македонија односно собранието на општината може, под услови и во постапка пропишани со закон, да донесе одлука со која привремено се решава тоа прашање.</s>
<s>Спрема самоуправна интересна заедница може да се преземат со закон утврдени привремени мерки во случаите и под условите под кои такви мерки можат да се преземат спрема организациите на здружениот труд.</s>
<s>4. Средства на општествено-политичките организации и другите општествени организации</s>
<s>Општествено-политичките организации и другите општествени организации определени со закон можат да стекнуваат средства односно определени права на средства и со тие средства како општествени да се користат за остварување на своите цели и со нив да располагаат во согласност со статутот на тие организации и со закон.</s>
<s>Овие организации можат, под условите утврдени со закон, да организираат стопанска и друга дејност во согласност со своите цели и да учествуваат во доходот остварен со таквата дејност заради остварување на тие цели.</s>
<s>5. Општествено-економска положба и здружување на земјоделците</s>
<s>На земјоделецот и на членот на неговото домаќинство што се занимава со земјоделство му се гарантира правото работејќи со средства на кои постои право на сопственост, да ја остварува со уставот утврдената самоуправна положба во социјалистичките општествено-економски односи, да располага со остварените резултати на својот труд, да ги задоволува своите лични и општествени потреби и, врз основа на својот придонес, да ја остварува својата социјална сигурност врз начелата на заемност и солидарност.</s>
<s>Врз основа на личниот труд земјоделците имаат во начело иста положба и во основа исти права и должности како и работниците во здружениот труд со општествени средства.</s><s>Соодветни права и обврски земјоделците имаат и во поглед на здружувањето на трудот и на средствата, како и во односите на размената на пазарот и во кредитните односи.</s>
<s>Земјоделците можат да го здружуваат својот труд и средствата на трудот во земјоделски задруги и во други облици на здружување на земјоделците или да ги здружуваат со организации на здружениот труд.</s>
<s>Земјоделската задруга има во начело положба, права, обврски и одговорности на организација на здружениот труд.</s>
<s>Земјоделците можат на средствата што ги здружуваат во земјоделска задруга да го задржат правото на сопственост или да утврдат право на враќање на вредноста на тие средства и други права по основ на нивното здружување, согласно со договорот за тоа здружување и со статутот на задругата.</s>
<s>Од доходот што земјоделската задруга ќе го оствари со своето работење, на земјоделците што го здружиле во задругата својот труд и средства, им припаѓа дел од доходот сразмерно со придонесот што го дале за остварување на тој доход со својот труд и со здружување на средствата односно со соработката со задругата.</s><s>Делот на доходот што ќе го оствари задругата над овој износ се внесува како општествена сопственост во фондовите на земјоделската задруга и се користи за проширување и унапредување на нејзината дејност.</s>
<s>Здружувајќи го слободно и рамноправно својот труд и средствата на трудот со работниците во здружениот труд со општествени средства, земјоделците ја прошируваат материјалната основа на својот труд и се користат со резултатите на општиот материјален и општествен развој и врз таа основа поцелосно ги задоволуваат своите лични и општествени потреби и ги развиваат своите работни и други способности.</s>
<s>Земјоделците што својот труд и средства на трудот ги здружуваат непосредно или преку земјоделска задруга или друг облик на здружување на земјоделците со организација на здружениот труд и со неа трајно соработуваат, управуваат рамноправно со работниците на таа организација, со заедничките работи, заеднички одлучуваат за заеднички остварениот доход и учествуваат во неговата распределба според својот придонес во остварувањето на тој доход во согласност со самоуправната спогодба.</s>
<s>Со закон може да се пропише обврска за здружување на земјоделците што работат со свои средства на трудот или нивна соработка со определена работна организација, заради изведување</s>
<s>На мелиоративни работи, подобро искористување на мелиорираното земјиште и на водите, за одбрана од водите, за заштита на земјиштето од ерозија и уредување на пороите, или кога тоа го бара посебен општествен интерес во областа на одгледувањето и искористувањето на шумите или на унапредувањето на земјоделското производство на определени земјишта.</s>
<s>6. Самостоен личен труд со средства во сопственост на граѓани</s>
<s>Се гарантира слободата на самостојниот личен труд со средства на трудот во сопственост на граѓани кога вршењето на дејностите со личен труд му одговара на начинот, на материјалната основа и на можностите на личниот труд и кога не е во спротивност со начелото за стекнување доход според трудот и со другите основи на социјалистичкото општествено уредување.</s>
<s>Со закон се уредуваат условите за вршење на дејностите со самостоен личен труд со средства на трудот во сопственост на граѓани и сопственосните права на средствата на трудот и на деловните простории што се користат за вршење на дејноста со самостоен личен труд.</s>
<s>Со закон можат, кога тоа го бара општествениот интерес, да се определат дејностите што не можат да се вршат со самостоен личен труд со средства во сопственост на граѓани.</s>
<s>Работните луѓе што самостојно вршат дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓани можат да основаат задруга и во неа, врз начелата за рамноправност, да го здружуваат својот труд и средствата на трудот и заеднички да располагаат со доходот што ќе го оствари задругата.</s>
<s>Задругата што ја основаат работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓани има положба, права, обврски и одговорности на земјоделска задруга, а нејзините членови имаат положба, права, обврски и одговорности како и членовите на земјоделската задруга.</s>
<s>Работните луѓе што самостојно вршат дејност со личен труд можат, во согласност со договор и со закон, својот труд и средствата на трудот да ги здружуваат со организациите на здружениот труд во различни облици на кооперација и други видови деловна соработка.</s><s>Во рамките на таа соработка овие работни луѓе учествуваат во управувањето со заедничките работи, заеднички одлучуваат за заеднички остварениот доход и учествуваат во неговата распределба сразмерно со својот придонес во остварувањето на тој доход.</s>
<s>Работниот човек што самостојно врши дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓани може, врз самоуправна основа, да го здружува својот труд и средства на трудот со трудот на други лица во рамките на договорна организација на здружениот труд.</s>
<s>Работниот човек што во договорната организација на здружениот труд го здружил својот труд и средства со трудот на други лица има право, како работоводител, да раководи со работењето на договорната организација и заедно со работниците да одлучува за нејзината работа и развој.</s>
<s>На работоводителот и на работниците во договорната организација на здружениот труд, врз основа на нивниот труд, им припаѓаат средства за задоволување на личните и заедничките потреби, а на работоводителот врз основа на средствата што ги здружил и дел од доходот во согласност со начелата што важат за здружување на трудот и на општествените средства во организациите на здружениот труд.</s>
<s>Делот од доходот остварен во договорната организација на здружениот труд, што преостанува по издвојувањето на средства за задоволување на личните и заедничките потреби на работоводителот и работниците и делот на работоводителот врз основа на средствата што ги здружил, е општествена сопственост.</s><s>Работниците, заедно со работоводителот, управуваат со тој дел од доходот врз основа на својот труд како со општествени средства.</s>
<s>Условите и начинот на основањето и работењето на договорната организација на здружениот труд, како и нејзините права, обврски и одговорности се уредуваат со закон, а меѓусебните права, обврски и одговорности на работоводителот и работниците со договор во согласност со законот.</s><s>Со договор се уредуваат и начинот и условите на здружувањето на средствата, како и начинот и условите на повлекувањето односно исплатувањето на средствата што работоводителот ги внел во договорната организација.</s>
<s>Работоводителот на договорната организација на здружениот труд го задржува правото на сопственост на средствата што ги здружил во таа организација.</s><s>Со повлекувањето односно исплатувањето на овие средства на работоводителот му престануваат правата што ги има како работоводител во договорната организација.</s>
<s>Со закон се определува во кои дејности, во согласност со нивната природа и со општествените потреби, и под кои услови работниот човек што самостојно врши дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓани може, но исклучок и во ограничен обем, без основање на договорна организација на здружениот труд да користи дополнителен труд на други лица со нивно вработување.</s>
<s>Договорот за вработување го склучуваат работниот човек и работниците што ги вработува во согласност со колективниот договор што го склучуваат синдикалната организација и соодветната стопанска комора односно другото здружение во кое се претставени работни луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓаните.</s><s>Со колективниот договор на тие работници им се обезбедува, согласно со правата на работниците во здружениот труд, право на средства за задоволување на личните и заедничките потреби и други права што ја обезбедуваат нивната материјална и социјална сигурност.</s>
<s>Со закон може да се определи делот од доходот што е резултат од вишокот на трудот на работниците вработени кај работниот човек што самостојно врши дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓани да стане општествена сопственост и да се користи за потребите на развојот.</s>
<s>7. Општествено планирање</s>
<s>Работниците во основните и другите организации на здружениот труд и работните луѓе во самоуправните интересни заедници, месните заедници и другите самоуправни организации и заедници во кои управуваат со работите и со средствата на општествената репродукција имаат право и должност, потпирајќи се врз научните сознанија и врз нив заснованите оценки за развојните можности и почитувајќи ги економските законитости, самостојно да донесуваат планови и програми за работа и за развој на своите организации и заедници, тие планови и програми да ги усогласуваат меѓусебно и со општествените планови на општествено-политичките заедници и врз таа основа да обезбедуваат усогласување на односите во целината на општествената репродукција и насочување на целокупниот материјален и општествен развој во согласност со заедничките интереси и цели утврдени врз самоуправни основи.</s>
<s>Плановите и програмите за работа и развој на основните организации на здружениот труд и на организациите на здружениот труд во чиј состав се, се донесуваат и остваруваат во односи на соработка и меѓусебна зависност што произлегуваат од здружувањето на трудот и средствата во тие организации согласно со самоуправната спогодба обезбедувајќи го притоа правото на работниците во основните организации на здружениот труд да одлучуваат за донесувањето на тие планови и програми.</s>
<s>Основните и другите организации на здружениот труд, здружени во самоуправни интересни заедници или во други самоуправни организации и заедници, ги донесуваат и ги остваруваат своите планови и програми за работа и развој во согласност со заедничките интереси и цели односно со заедничките планови и програми што спогодбено ќе ги утврдат во рамките на овие самоуправни организации и заедници.</s>
<s>Организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници ги усогласуваат своите планови и програми за работа и развој и со плановите и програмите на другите самоуправни организации и заедници со кои имаат определени заеднички интереси и цели што произлегуваат од нивната соработка и меѓусебна зависност во општествената репродукција и што ги утврдуваат со самоуправна спогодба.</s>
<s>Меѓусебните обврски што основните и другите организации на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници спогодбено ги утврдиле заради остварување на заедничкиот план, не можат еднострано да се раскинуваат односно да се менуваат за времето за кое е утврден планот.</s>
<s>Врз основа на договор за заедничките интереси и цели на стопанскиот и општествениот развиток во општината, градската и регионалната заедница и на Републиката и, врз основа на плановите и програмите за работа и развој на организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници, како и врз основа на заеднички оценетите можности и услови за развиток се донесуваат општествени планови на општините, на градските заедници и на Републиката.</s>
<s>Со општествените планови на општините, на градските заедници и на Републиката се утврдува заедничката политика на развојот и насоките и рамките за донесување на мерките на економската политика и управните и организационите мерки со кои се обезбедуваат услови за остварување на тие планови.</s>
<s>Со плановите за работа и развој на организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, како и со општествените планови на општините, на градските заедници и на Републиката, можат да се утврдуваат инвестиции и други цели и задачи односно може да се пристапи кон нивно остварување само ако се обезбедени материјални и други потребни услови за нивното остварување, на начин пропишан со закон.</s>
<s>Извршувањето на посебни задачи заради остварување на делите утврдени со општествените планови може да се утврди како обврска на определени организации на здружениот труд или на други самоуправни организации и заедници само врз основа на согласност на соодветните организации односно заедници.</s><s>Ако извршувањето на ваквите задачи се утврдува како заедничка обврска на повеќе организации или заедници или и како обврска на органите на општината, на градската заедница односно на Републиката, овие организации, заедници или органи спогодбено ги утврдуваат заемните права и обврски и својата заедничка и поединечна одговорност за извршување на тие обврски.</s>
<s>Ако со општествениот план, врз основа на заеднички утврдените интереси и цели на развојот, се утврди дека извршувањето на определени задачи е неопходно за општествена репродукција, а со спогодба на организациите на здружениот труд или на другите самоуправни организации или заедници не можеле да бидат обезбедени средства и други потребни услови за нивното извршување, со закон може да се утврди обврска за здружување на средства за таа цел и да се пропишат други мерки заради извршување на тие задачи.</s><s>Со овој закон се уредуваат висината на средствата, начинот на нивното користење, начинот и роковите на нивното враќање, како и правата и обврските на организациите на здружениот труд во управувањето со здружените средства.</s>
<s>Овој закон се донесува откако Собранието на Социјалистичка Република Македонија ќе оцени дека здружувањето на средствата е од општ општествен интерес.</s><s>Законот се донесува со мнозинство гласови на сите делегати во Соборот на здружениот труд.</s>
<s>Собранието во согласност со развојната политика на Републиката, ја следи употребата на средствата и врши надзор над таа употреба.
{{Член|77</s>
<s>Законите и другите прописи и општите акти со кои се создаваат обврски за буџетите и фондовите на општините и на Републиката што можат да се основаат според овој устав не можат да се донесуваат ако претходно органот што го донесува соодветниот пропис односно акт не утврди дека за извршувањето на тие обврски се обезбедени средства.</s>
<s>Работниците во организациите на здружениот труд и работните луѓе во другите самоуправни организации и заедници и нивните органи се одговорни за остварувањето на плановите за работа и развој на своите организации и заедници како и на општите цели и задачи утврдени со општествените планови на општините, на градските заедници и на Републиката и се должни за таа цел да ги преземаат потребните мерки и дејства.</s>
<s>Органите на општините, на градските заедници и на Републиката се одговорни со прописите и мерките што ги донесуваат заради остварување на општествените планови да обезбедат општи услови за што поусогласен и постабилен развој и со тие прописи и мерки да ги доведуваат во што поцелосна согласност посебните интереси и самостојното дејствување на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници со заедничките интереси и цели на развојот утврдени со општествените планови.</s>
<s>Општествениот план на Социјалистичка Република Македонија се засновува врз договор на работните луѓе, организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници и на општините за економската политика на Републиката.</s>
<s>Со општествениот план на Социјалистичка Република Македонија, врз основа на заеднички оценетите можности и услови за развој на организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници, на општините и на Републиката како целина и врз таа основа усогласените заеднички интереси, се утврдува економската политика на Републиката, се усогласува развитокот на Републиката и во согласност со нив се насочува општествената репродукција врз основите на самоуправните социјалистички општествено-економски односи.</s>
<s>Општествениот план на Републиката утврдува насоки и рамки за донесување мерки на економската политика и други мерки што, во согласност со правата и должностите утврдени со овој устав, ги донесуваат органите на Републиката заради обезбедување услови за остварување на усогласените заеднички интереси на организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници и општините.</s>
<s>Со општествениот план на Републиката се утврдуваат и насоките и рамките за донесување мерки на економската политика и други мерки што во рамките на правата и должностите на Републиката, утврдени со овој устав, ги донесуваат органите на Републиката заради обезбедување на услови за остварување на усогласените заеднички интереси на здружениот труд, а особено за побрз развиток на стопански недоволно развиените краишта.</s>
<s>8. Општествен систем на информирање, општествено книговодство, евиденција и статистика</s>
<s>Со општествениот систем на информирање се обезбедува усогласено евидентирање, прибирање, обработка и искажување на податоци и факти значајни за следење, планирање и насочување на општествениот развој, како и достапност на информациите за тие податоци и факти.</s>
<s>Дејностите во областа на општествениот систем на информирање се од посебен општествен интерес.</s>
<s>Работниците во организациите на здружениот труд и работните луѓе во другите самоуправни организации и заедници и органите на тие организации и заедници, како и органите на општините, на градските заедници и на Републиката, се должни да организираат водење на книговодство и евиденција за фактите од значење за работата и одлучувањето во овие организации и заедници.</s>
<s>Организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници и општините, градските заедници и Републиката се должни на организациите за водење општествено книговодство, евиденција и статистика да им даваат податоци што се од значење за усогласување на односите во општествената репродукција и насочување на развојот и за остварување на правата на работните луѓе во самоуправните организации и заедници да бидат информирани за појавите и односите од заеднички односно општ интерес.</s>
<s>Евиденцијата и информативно-аналитичките работи за располагањето со општествените средства, контролата на исправноста на податоците за располагањето со тие средства, контролата на законитоста на располагањето со општествените средства и контролата на извршувањето на обврските на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници и на општествено-политичките заедници, како и другите работи на општественото книговодство утврдени со закон, ги врши Службата на општественото книговодство.</s><s>Оваа служба ги врши и работите на платниот промет во Републиката.</s>
<s>Службата на општественото книговодство им обезбедува на организациите на здружениот труд и на другите општествени правни лица податоци врз основа на кои работните луѓе и органите на самоуправната работничка контрола остваруваат увид во материјалната положба и во финансиското и материјалното работење на своите и на другите организации и заедници.</s>
<s>Службата на општественото книговодство е самостојна во својата работа.</s>
<s>Службата на општественото книговодство работи врз основа на закон и други прописи и, во рамките на своите права и должности, е одговорна за нивната примена.</s>
<s>Службата на општественото книговодство соработува со организациите на здружениот труд и со другите корисници на општествени средства во организирањето на нивната внатрешна контрола на финансиското и материјалното работење.</s>
<s>Службата на општественото книговодство може со закон да се задолжи да врши и други задачи.</s>
<s>9. Средства за општи општествени потреби</s>
<s>Работниците во здружениот труд учествуваат во обезбедувањето на општите општествени потреби утврдени со овој устав што ги задоволуваат во општините и во Републиката со плаќање на даноци и други давачки од доходот на основната организација на здружениот труд и од своите лични доходи, во согласност со намената односно со целите за кои служат средствата добиени од даноците и другите давачки.</s>
<s>Обврските за плаќање на даноци и други давачки спрема општините и Републиката се утврдуваат во зависност од способноста на стопанството, во согласност со достигнатиот степен на продуктивноста на вкупниот општествен труд и со потребите на материјалниот и општествениот развој што одговараат на неговите можности и на долгорочните интереси на развојот на производните сили на општеството, да го обезбеди задоволувањето на личните и заедничките потреби на работните луѓе и потребите на проширената репродукција.</s><s>Овие обврски се утврдуваат и во зависност од способноста на организацијата на здружениот труд, во согласност со општите обврски на стопанството и со резултатите на трудот и успехот што го остварува, да го обезбеди задоволувањето на овие потреби.</s>
<s>Овие начела се применуваат и кога со закон, во рамките на правата и должностите на Републиката утврдени со уставот, привремено се ограничува располагањето со средствата со кои управуваат работниците во организациите на здружениот труд или се утврдува обврска за здружување на тие средства.</s>
<s>Заради задоволување на општите општествени потреби утврдени со овој устав работните луѓе што вршат самостојно дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓаните, земјоделците и граѓаните плаќаат данок.</s>
<s>Работните луѓе што вршат самостојно дејност со личен труд со средства во сопственост на граѓаните и земјоделците плаќаат данок од личен доход.</s>
<s>Граѓаните плаќаат со закон утврдени даноци на приходите, имотот и имотните права.</s>
<s>Системот, изворите и видовите даноци, такси и други давачки се утврдуваат со закон.</s>
<s>Општините и Републиката самостојно ја утврдуваат висината на даноците, таксите и другите давачки што според законот се нивни приходи и располагаат со нив.</s>
<s>Даноците и придонесите што се плаќаат од доходот на основната организација на здружениот труд, се плаќаат според прописите и во корист на општината на чие подрачје основната организација на здружениот труд трајно ја врши дејноста.</s>
<s>Даноците и придонесите од личен доход односно од приходите на работниците и граѓаните, освен даноците на имот и приходи од имот, се плаќаат во согласност со закон, според прописите и во корист на општината на чие подрачје работникот или граѓанинот живее односно според одлуките и во корист на самоуправната интересна заедница која на работникот или на членовите на неговото семејство им обезбедува задоволување односно користење на услугите за кои се плаќаат тие придонеси.</s>
<s>Заради изедначување на условите за стопанисување и заради усогласен развој на Социјалистичка Република Македонија и самоуправните интересни заедници, општините и Републиката ги усогласуваат обврските за плаќање на даноци и придонеси на организациите на здружениот труд, работните луѓе и граѓаните.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија, заедно со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини, ги усогласува основите на даночната политика и даночниот систем, кога е тоа нужно за обезбедување на единството и стабилноста на југословенскиот пазар.</s>
<s>10.</s><s>Обезбедување на единствениот југословенски пазар</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија, заедно со другите републики и автономни покраини, преку органите на федерацијата, ги обезбедува следните основи на единствениот југословенски пазар:</s>
<s>— единствени пари, единствен монетарен систем, единствена монетарна политика и заеднички основи на кредитната политика;</s>
<s>— единствен систем и заедничка политика на економските односи со странство, единствен царински систем и заедничка царинска политика;</s>
<s>— начинот и видот на компензациите;</s>
<s>— насочување на стопанскиот и општествениот развиток и усогласување на односите на пазарот со општественото планирање врз основите на самоуправувањето.</s>
<s>Заради остварување на единствениот југословенски пазар Социјалистичка Република Македонија обезбедува:</s>
<s>— рамноправни услови за вршење дејноста на организациите на здружениот труд, на нивните здруженија и на работните луѓе и за стекнување на доход, како и за основање и здружување на тие организации;</s>
<s>— слободно движење и здружување на трудот и на средствата на општествената репродукција и слободна размена на стоки и услуги, научни резултати и стручни искуства;</s>
<s>— слободно истапување на пазарот, самоуправно спогодување и општествено договарање заради унапредување на производството и прометот и интегрирање на општествениот труд;</s>
<s>— спречување да се стекнат предности врз основа на монопол на пазарот и други општествено и економски неоправдани предности;</s>
<s>— слободно вработување на граѓаните под исти услови што важат во местото на вработувањето;</s>
<s>— признавање на правата по основ на трудот, без оглед на тоа каде се стекнати во Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>Противуставен е секој акт и секое дејство со кои се нарушува единството на југословенскиот пазар.</s>
<s>11.</s><s>Народна банка на Македонија</s>
<s>Народната банка на Македонија е установа на единствениот монетарен систем на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>Народната банка на Македонија, со Народната банка на Југославија и со народните банки на другите републики и на автономните покраини, ја остварува заедничката емисиона политика.</s>
<s>Народната банка на Македонија, во рамките на заедничката емисиона политика, ги утврдува условите и начинот на користење на паричните средства во Републиката и презема други мерки за спроведување на кредитната политика на Републиката.</s>
<s>Народната банка на Македонија, во рамките на своите права и должности, е одговорна за стабилноста на валутата, за општата ликвидност на плаќањето во земјата и спрема странство и за спроведувањето на заеднички утврдената монетарно-кредитна политика.</s>
<s>Народната банка на Македонија самостојно ги применува мерките со кои, се остваруваат целите и задачите на монетарно-кредитната и девизната политика.</s><s>Деловните банки и другите финансиски организации се должни да се придржуваат за одлуките што ги донесува Народната банка на Македонија заради остварување на таа политика.</s>
<s>Народната банка на Македонија не може да врши дејност на деловна банка ниту да има статус на таква банка.</s>
<s>Народната банка на Македонија прима во депозит средства на Републиката и на општините, а во согласност со закон може во нивно име и за нивна сметка да врши и други банкарски работи.</s>
<s>Со Народната банка на Македонија управуваат Советот на Народната банка на Македонија и гувернерот, што ги именува Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Советот и гувернерот за работата на банката одговараат пред Собранието.</s>
<s>Статусот на Народната банка на Македонија се утврдува со закон.</s>
<s>12.</s><s>Сопственосно-правни односи</s>
<s>На граѓаните им се гарантира правото на сопственост на предмети што служат за лична потрошувачка или за задоволување на нивните културни и други лични потреби.</s>
<s>Граѓаните можат да имаат право на сопственост на станбени згради и станови за задоволување на личните и семејните потреби.</s><s>Станбените згради и становите и другите предмети што служат за лични потреби на кои постои право на сопственост не можат да се користат за стекнување на доход, освен на начин и под услови определени со закон.</s>
<s>Со закон се определуваат границите и условите под кои здруженијата на граѓаните и другите граѓански правни лица можат да имаат право на сопственост на недвижности и на други предмети што служат за остварување на заедничките интереси на нивните членови и за целите за кои се основани, како и условите под кои тие можат да располагаат со нив.</s>
<s>На земјоделците им се гарантира правото на сопственост на обработливо земјоделско земјиште во површина од најмногу 10 ха на домаќинство.</s>
<s>Со закон може да се утврди дека во ридско-планинските краишта површината на обработливото земјоделско земјиште на кое земјоделците имаат право на сопственост може да биде поголема од 10 ха на домаќинство.</s>
<s>Со закон се определува во кои граници и под кои услови земјоделците можат да имаат право на сопственост на друго земјиште, како и во кои граници и под кои услови другите граѓани можат да имаат право на сопственост на земјоделско и друго земјиште.</s>
<s>Со закон се определуваат условите и границите под кои може да се стекнува право на сопственост на шуми и шумско земјиште.</s>
<s>Не може да постои право на сопственост на земјиште во градовите и во населбите од градски карактер и во други подрачја предвидени за станбена и друга комплексна изградба кои, во согласност со условите и по постапка утврдени со закон, ќе ги определи општината.</s>
<s>Условите, начинот и времето на престанокот на правото на сопственост на земјиштето на кое пред донесувањето на одлуката на општината постоело право на сопственост, како и надоместокот за тоа земјиште, се уредуваат со закон.</s><s>Начинот и условите на користењето на таквото земјиште ги определува општината врз основа на закон.</s>
<s>Правото на сопственост граѓаните и граѓанските правни лица го остваруваат во согласност со природата и намената на недвижностите и на другите предмети во нивна сопственост и со општествениот интерес утврден со закон.</s>
<s>Условите за промет на земјиште и други недвижности на кои постои право на сопственост се уредуваат со закон.</s>
<s>Правото на сопственост на предмети од посебно културно значење може, врз основа на закон, да се ограничи ако тоа го бара општиот интерес.</s>
<s>Недвижностите на кои постои право на сопственост можат, со правичен надоместок, да се експроприраат или тоа право може да се ограничи, ако тоа го бара општиот интерес утврден врз основа на закон.</s>
<s>Со закон се определуваат основите и мерилата на правичниот надоместок.</s><s>Со определувањето на овие основи и мерила и со нивната примена не можат битно да се влошат условите за живот и работа што ги имал сопственикот чија недвижност се експроприра, врз основа на користењето на таа недвижност.</s>
<s>Правичниот надоместок не ја опфаќа зголемената вредност на недвижноста што непосредно или посредно е резултат од вложување на општествени средства.</s>
<s>Рентата што се создава на земјиштето со вложување на општествени средства за негово користење за градежни, комунални или стопански намени му припаѓа на општеството и, по правило, се користи за уредување на просторот.</s>
<s>Рентата се утврдува, се зафаќа и се насочува со прописи на општините донесени врз основа на закон.</s>
<s>Со закон може да се уредува зафаќаното и насочувањето на другите видови рента што не е резултат од вложувањето на сопствениците или на корисниците на недвижностите (рудно богатство, шуми и води).</s>
<s>13.</s><s>Станбени односи</s>
<s>Работниците во основните организации на здружениот труд, во самоуправните интересни заедници и во работните заедници што вршат работи од заеднички интерес за повеќе основни организации на здружениот труд, на државните органи, општествено-политичките организации и здруженијата и во другите работни заедници што не се организирани како организации на здружениот труд, како и работните луѓе што работат со средства на трудот во сопственост на граѓаните и користат дополнителен труд на други лица и граѓанските правни лица, издвојуваат, здружуваат и распоредуваат средства за станбена изградба и за подобрување на условите за станување, во согласност со самоуправни спогодби и општествени договори, во рамките на самоуправната интересна заедница.</s>
<s>Во рамките на самоуправната интересна заедница, во согласност со начелата на солидарност и заемност, се насочуваат дел од средствата наменети за остварување на поповолни услови за станбена изградба за потребите на работните луѓе со пониски доходи, за работниците од оние организации на здружениот труд што не располагаат со потребните средства за таа цел и за надоместување на дел од станарината на работните луѓе и граѓаните со пониски доходи.</s>
<s>Работните луѓе и граѓаните учествуваат во станбената изградба со сопствени средства и со здружување на сопствени средства со општествени средства.</s>
<s>Општините и Републиката ги утврдуваат основите на станбената политика, го насочуваат развитокот на станбеното стопанство и создаваат услови за рационална станбена изградба, во согласност со општествените и просторните планови за развој, имајќи ги предвид самоуправните спогодби и општествените договори за издвојување и здружување на средства за станбена изградба.</s>
<s>Општината се грижи за станбените потреби на работните луѓе и на граѓаните што не се во состојба на друг начин да обезбедат стан.</s>
<s>14.</s><s>Добра од општ интерес</s>
<s>Земјиштето, шумите, шумското земјиште, пасиштата, езерата, водите, водотоците, рудните и другите природни богатства, природните реткости, добрата во општа употреба, како и недвижностите и другите предмети од посебно културно и историско значење, како добра од општ интерес, уживаат посебна заштита и се користат под услови и на начин што се пропишани со закон.</s>
<s>Секое земјиште, пасиште, шума, вода и водотек, рудните и другите природни богатства, мораат да се користат согласно со општите услови предвидени со закон со кои се обезбедува нивно рационално искористување и до другите општи интереси.</s>
<s>Со закон може да се утврди начинот на управување со добрата од општ интерес.</s>
<s>Начинот на користење и управување со патиштата, како добра во општа употреба, се уредува со закон.</s>
<s>Дивечот и рибите, како природни богатства, се под посебна заштита определена со закон.</s>
<s>15.</s><s>Заштита и унапредување на човековата околина</s>
<s>Работните луѓе и граѓаните, организациите на здружениот труд, општините и Републиката, месните заедници и другите самоуправни организации и заедници имаат право и должност да обезбедуваат услови за зачувување и развој на природните и со работа создадените вредности на човековата околина, како и да ги спречуваат и да ги отстрануваат штетните последици што со загадување на воздухот, земјиштето и водите, со бучава или на друг начин ги загрозуваат тие вредности или го доведуваат во опасност животот и здравјето на луѓето.</s>
<s>Со закон се уредува спречувањето на загадувањето на воздухот, на почвата и водата, спречувањето на штетната бучава и заштитата на животинскиот и растителниот свет.</s>
<s>Глава III: Општествено-политички систем</s>
<s>1. Положба на работните луѓе во општествено-политичкиот систем</s>
<s>Работничката класа и сите работни луѓе се носители на власта и на управувањето со другите општествени работи.</s>
<s>Работничката класа и сите работни луѓе ја остваруваат власта и управуваат со другите општествени работи организирани во организации на здружениот труд и во други самоуправни организации и заедници и во класни и други општествено-политички и општествени организации.</s>
<s>Работните луѓе ја остваруваат власта и управуваат со другите општествени работи со одлучување на собири, со референдум и со други облици на лично изјаснување во основните организации на здружениот труд и во месните заедници, самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, преку делегати во органите на управување на тие организации и заедници, со самоуправно спогодување и општествено договарање, преку делегации и делегати во собранијата на општините и во Собранието на Социјалистичка Република Македонија, како и со насочување и контрола на работата на органите одговорни пред собранијата.</s>
<s>Општествено-политички заедници се општините и Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Општините и Републиката се правни лица.</s>
<s>Работните луѓе се организираат врз самоуправна основа во организации на здружениот труд, месни заедници, самоуправни интересни заедници и други самоуправни организации и заедници и утврдуваат кои заеднички интереси, права и должности ги остваруваат во нив.</s>
<s>Со уставот и со статутот на општината се утврдуваат заедничките интереси и функциите на власта и на управувањето со другите општествени работи, што работните луѓе, македонскиот народ и народностите ги остваруваат во општината и во Републиката.</s>
<s>Управувањето со организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и со другите самоуправни организации и заедници и нивната организација мораат да бидат уредени така што работните луѓе во секој дел од процесот на работата и во секој дел на организацијата односно заедницата да одлучуваат за прашањата на својата работа и за другите интереси, да ги остваруваат своите самоуправни права и заеднички интереси и да вршат контрола над извршувањето на одлуките и над работата на сите органи и служби на тие организации и заедници.</s>
<s>Функциите на власта и на управувањето со другите општествени работи во општините и во Републиката ги вршат собранијата и пред нив одговорните органи.</s>
<s>Судската функција ја вршат редовните судови како органи на државната власт и самоуправните судови.</s>
<s>Заштитата на уставноста му се доверува на Уставниот суд на Македонија.</s>
<s>Собранијата на општините и Собранието на Социјалистичка Република Македонија и пред нив одговорните органи ги вршат своите функции врз основа и во рамките на уставот односно статутот и законот.</s>
<s>Државните органи имаат спрема организациите на здружениот труд и спрема другите самоуправни организации и заедници само права утврдени врз основа на уставот.</s>
<s>2. Самоуправување во организациите на здружениот труд</s>
<s>Самоуправувањето во основната и во другите организации на здружениот труд работникот, рамноправно и во однос на заемна одговорност со другите работници во организацијата, го остварува со одлучување на собирите на работниците, со референдум и со други облици на лично изјаснување, преку делегати во работничките совети кои, заедно со другите работници во организацијата, ги избира и отповикува, како и со контрола на извршувањето на одлуките и со контрола на работата на органите и службите на тие организации.</s>
<s>Во остварувањето на самоуправувањето со основните организации на здружениот труд за воспитување и образование учествуваат и учениците и студентите, во согласност со закон и со статутот на организацијата.</s>
<s>Работникот има право, заради остварување на своите самоуправни права, да биде редовно известуван за работењето на организацијата и за нејзината материјално-финансиска положба, за остварувањето и распределбата на доходот и за користењето на средствата во неа, како и за другите прашања од интерес за одлучувањето и контролата во организацијата.</s>
<s>Во основната и во другите организации на здружениот труд се образува работнички совет како орган на управување со работата и работењето на организацијата односно на него по положба и функција соодветен орган на управувањето.</s>
<s>Во основна организација со помал број работници не се образува работнички совет.</s>
<s>Определени извршни функции во основната и во другите организации на здружениот труд можат да им се доверат на извршните органи на работничкиот совет.</s>
<s>Организациите на здружениот труд кои, здружувајќи го трудот и средствата не организираат посебна организација, можат да образуваат заеднички орган за вршење на работите од заеднички интерес.</s>
<s>Работничкиот совет во вршењето на функцијата на управување со работата и работењето на организацијата на здружениот труд го утврдува предлогот на статутот и донесува други општи акти, ја утврдува деловната политика и донесува план и програма за работа и развој, утврдува мерки за спроведување на деловната политика и на планот и програмата за работа и за развој, избира, именува и разрешува извршен и работоводен орган односно членови на тие органи, се грижи за известувањето на работниците и врши други работи утврдени со самоуправната спогодба, статутот и другите самоуправни акти на организацијата.</s>
<s>Одлуките на работничкиот совет на работната организација и на сложената организација на здружениот труд што се однесуваат на остварувањето на неотуѓивите права на работниците во основните организации на здружениот труд се донесуваат во согласност со секоја од тие организации, на начин утврден со самоуправната спогодба за здружување.</s>
<s>Работничкиот совет на основната организација на здружениот труд го сочинуваат делегати на работниците од сите делови на процесот на работата во таа организација.</s>
<s>Составот на работничкиот совет на основната организација на здружениот труд мора да му одговара на социјалниот состав на работната заедница на основната организација на здружениот труд.</s>
<s>Работничкиот совет на работната организација и на сложената организација на здружениот труд го сочинуваат делегати на работниците на основните организации на здружениот труд, непосредно избрани на начин и според постапка што се утврдени со самоуправната спогодба за здружување.</s><s>Во работничкиот совет на работната организација мора да биде застапена секоја основна организација на здружениот труд во нејзиниот состав.</s>
<s>Делегатите работат според насоките на работниците односно на работничкиот совет на основната организација на здружениот труд што ги избрала и ним им одговараат за својата работа.</s>
<s>Со статутот на основната и на другата организација на здружениот труд и со самоуправната спогодба за здружување се утврдуваат правата и обврските на делегатите и нивната одговорност пред работниците односно пред органите на управувањето на тие организации.</s>
<s>начинот на изборот и условите и начинот на отповикувањето односно на разрешувањето на работничкиот совет и на извршниот орган во организацијата на здружениот труд се утврдуваат со самоуправната спогодба за здружување или со статутот на организацијата и со закон.</s>
<s>Членовите на работничкиот совет односно членовите на извршниот орган не можат да се избираат на време подолго од две години.</s>
<s>Никој не може повеќе од двапати едноподруго да биде избиран во ист работнички совет односно извршен орган.</s>
<s>Во работнички совет не може да биде избран работник што како индивидуален работоводен орган или
{{Член|на колегијален работоводен орган нему му одговара, ниту работник што самостојно врши други раководни функции определени со статутот и со закон.</s>
<s>Во секоја организација на здружениот труд постои работоводен орган што го води работењето на организација на здружениот труд, го организира и усогласува процесот на работата во неа и ги извршува одлуките на работничкиот совет и на неговиот извршен орган.</s>
<s>Организацијата на здружениот труд ја застапува и ја претставува нејзиниот индивидуален работоводен орган односно претседателот на колегијалниот работоводен орган, ако со статутот или со друг самоуправен акт на организацијата не е поинаку определено.</s>
<s>Работоводниот орган е самостоен во работењето и е одговорен пред работниците и работничкиот совет на организацијата на здружениот труд.</s>
<s>Индивидуалниот работоводен орган односно претседателот на колегијалниот работоводен орган е одговорен и пред општествената заедница за законитоста на работењето и за исполнување на обврските на организацијата на здружениот труд пропишани со закон.</s><s>Индивидуалниот работоводен орган односно претседателот на колегијалниот работоводен орган има право и должност, во согласност со закон, да ги запре од извршување актите на работничкиот совет и на другите органи на организацијата на здружениот труд ако смета дека се во спротивност со законот и за тоа да го извести надлежниот орган на општината односно на Републиката.</s>
<s>Индивидуалниот работоводен орган и членовите на колегијалниот работоводен орган во организацијата на здружениот труд се именуваат и се разрешуваат со одлука на работничкиот совет.</s>
<s>Индивидуалниот работоводен орган се именува врз основа на јавен конкурс, по предлог од конкурсната комисија.</s><s>Во основните организации на здружениот труд определени со закон и во другите организации на здружениот труд конкурсната комисија е составена од со закон определен број претставници на организацијата на здружениот труд и на синдикатот, како и од претставници на општествената заедница именувани односно избрани во согласност со закон.</s>
<s>Со закон можат да се уредат условите и начинот на образување на колегијалниот работоводен орган и условите и начинот на именување на членовите на тој орган.</s>
<s>Мандатот на индивидуалниот работоводен орган и на членовите на колегијалниот работоводен орган трае најдолго четири години.</s><s>По истекот на мандатот тие можат повторно да бидат именувани на истата функција на начин пропишан со закон.</s>
<s>Со закон се определува под кои услови може да се разреши работоводниот орган и пред истекот на времето за кое е именуван.</s><s>Предлог за разрешување на работоводниот орган може да поднесе и собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија и синдикалната организација.</s>
<s>Со закон можат да се пропишат посебни услови и начин на именување и разрешување и посебни права и должности на работоводниот орган во организациите на здружениот труд што вршат дејност односно работи од посебен општествен интерес.</s>
<s>Самоуправната спогодба за здружување во работна организација односно во сложена организација на здружениот труд содржи одредби за заедничките работи; за координирање на процесот на работата; за усогласување на плановите и програмите за работа и развој; за здружување на средства и за нивната намена; за составот, изборот и делокругот на заедничките органи на управување и на нивните извршни органи; за работоводните органи на работната организација односно на сложената организација; за одговорноста на тие органи; за правата, обврските и одговорностите на работната заедница што врши работи од заеднички интерес за здружените организации; за меѓусебните односи на основните и на другите организации на здружениот труд и за нивните права, обврски и одговорности во правниот промет; за постапката за издвојување на одделни основни организации од составот на работната организација односно на основните и работните организации од составот на сложената организација.</s><s>Самоуправната спогодба содржи и други одредби од значење за заедничката работа и за работењето на здружените организации и за остварувањето на самоуправните права на работниците во нив.</s>
<s>Самоуправната спогодба за здружување во работна организација односно во сложена организација на здружениот труд е склучена кога ќе ја усвои мнозинството од сите работници во секоја основна организација на здружениот труд.</s>
<s>Организацијата на здружениот труд има свој статут.</s>
<s>Статутот на основната организација на здружениот труд го донесуваат, по предлог од работничкиот совет, работниците на основната организација на здружениот труд со мнозинство на гласови на сите работници.</s>
<s>Статутот на работната организација односно на сложената организација на здружениот труд, по предлог од нејзиниот работнички совет, го донесуваат работниците на здружените основни организации, со мнозинство на гласови на сите работници во секоја од тие организации.</s>
<s>Статутот и другите самоуправни акти на организацијата на здружениот труд не можат да бидат во спротивност со самоуправната спогодба за здружување.</s>
<s>Заради остварување и заштита на своите самоуправни права, работниците во основната и во другите организации на здружениот труд имаат право и должност да остваруваат самоуправна работничка контрола непосредно, преку органите на управување на организацијата и преку посебен орган на самоуправната работничка контрола.</s>
<s>Органот на самоуправната работничка контрола врши контрола во поглед на спроведувањето на статутот и на другите самоуправни акти на организацијата и на самоуправните спогодби и општествените договори, спроведувањето на одлуките на работниците., на органите на управувањето и на извршните и работоводните органи на организацијата и согласноста на овие акти и одлуки со самоуправните права, должности и интереси на работниците, остварувањето на работните и самоуправувачките должности на работниците, на органите и службите на организацијата; одговорното и општествено и економски целесообразно користење на општествените средства и располагањето со нив, примената на начелата на распределба според трудот во распоредувањето на доходот и во распределба на средствата за лични доходи; остварувањето и заштитата на правата на работниците во меѓусебните односи во работата; известувањето на работниците за прашањата од интерес за одлучувањето и контролата во организацијата и во поглед на остварувањето на другите самоуправни права, должности и интереси на работниците.</s>
<s>Органот на самоуправната работничка контрола има право и должност за забележаните појави и за своето мислење да ги извести работниците, органите и службите на организацијата кај кои ги забележал тие појави и органите што во организацијата имаат право и должност да ги отстранат, како и да соработува со органите на општествениот надзор и на контролата.</s>
<s>Составот, изборот и отповикувањето на органот на самоуправната работничка контрола и неговите права, должности и одговорности се уредуваат со статутот и со другите самоуправни акти на организацијата, во согласност со закон.</s>
<s>Секој работник е лично одговорен за совесно вршење на самоуправувачките функции.</s>
<s>Членовите на работничкиот совет на организацијата на здружениот труд сносат лична и материјална одговорност за одлуките што, спротивно на предупредувањето на надлежниот орган, ги донеле надвор од рамките на своите овластувања.</s><s>Делегатите во работничкиот совет на работната организација и на сложената организација на здружениот труд им се одговорни на работниците и на работничкиот совет на основната организација во која се избрани за делегати.</s>
<s>Членовите на колегијалниот извршен орган, индивидуалниот работоводен орган и членовите на колегијалниот работоводен орган се одговорни, за својата работа пред работничкиот совет што ги избрал односно именувал и пред работниците на организацијата на здружениот труд во која ги вршат своите функции.</s><s>Тие се лично одговорни за своите одлуки и за извршувањето на одлуките на работничкиот совет и на работниците, како и за вистинито, благовремено и целосно известување на работничкиот совет и на работниците.</s><s>Тие сносат и материјална одговорност за штетата настаната со извршувањето на одлуките донесени врз основа на нивните предлози, ако при давањето на тие предлози прикриле факти или свесно им дале невистинити известувања на работничкиот совет или на работниците.</s>
<s>Работоводниот орган е одговорен, во рамките на своите права и должности, и за резултатите на работењето на организацијата, како и за организирањето и усогласувањето на процесот на работата во организацијата.</s>
<s>Одговорноста на член на колегијалниот извршен орган, на индивидуалниот работоводен орган и на член на колегијалниот работоводен орган се утврдува во зависност од нивното влијание врз донесувањето и извршувањето на одлуките.</s>
<s>Материјалната и другите видови одговорност и условите на одговорноста се уредуваат со закон и со самоуправните акти на организацијата на здружениот труд.</s>
<s>Одредбите за остварувањето на самоуправувањето во организациите на здружениот, труд се применуваат и на работниците во работните заедници образувани за вршење работи од заеднички интерес за повеќе организации на здружениот труд во согласност со природата на овие работи и со заедничките интереси заради кои се образувани овие работни заедници.</s>
<s>3. Самоуправување во самоуправните интересни заедници</s>
<s>Со самоуправната спогодба за основање на самоуправна интересна заедница и со нејзиниот статут се уредуваат работите од заеднички интерес за членовите на заедницата, начинот на одлучувањето за тие работи, делокругот, овластувањата и одговорностите на собранието и на другите органи на интересната заедница и другите прашања од заеднички интерес за работните луѓе и за самоуправните организации и заедници организирани во интересна заедница.</s>
<s>Статутот на самоуправната интересна заедница се донесува во согласност со самоуправната спогодба за нејзиното основање.</s>
<s>Со закон може да се утврди самоуправната спогодба за основање односно статутот на самоуправната интересна заедница што врши дејност од посебен општествен интерес да ги потврдува орган на општината односно на Републиката.</s>
<s>Со работите на самоуправна интересна заедница управува собрание, што го сочинуваат делегати.</s>
<s>Делегатите во собранијата на самоуправните интересни заедници ги делегираат и отповикуваат делегациите на основните самоуправни организации и заедници од редот на членовите на делегациите.</s>
<s>Основните самоуправни организации и заедници, заради делегирање делегати во собранијата на самоуправните интересни заедници, можат да образуваат посебни делегации.</s>
<s>Делегатите се должни за работата на собранието на самоуправната интересна заедница и за својата работа да ја известуваат делегацијата и основната самоуправна организација односно заедница што ги делегирала и им се одговорни за својата работа.</s>
<s>Во самоуправната интересна заедница што ја основаат работните луѓе и нивните организации и заедници заради задоволување на своите потреби и интереси и работниците на организациите на здружениот труд што вршат дејности од областа за која се основа интересната заедница, собранието се организира така што да се обезбеди нивно рамноправно одлучување за меѓусебните права, обврски и одговорности.</s>
<s>Собранието може определени извршни функции да им довери на своите извршни органи што му се одговорни за својата работа.</s>
<s>Со самоуправната спогодба за основање на самоуправната интересна заедница и со други нејзини општи акти се утврдува непосредната одговорност на органите на управување на интересната заедница и на делегатите во тие органи пред членовите на заедницата, начинот на остварувањето на контролата од членовите на интересната заедница над работата на органите на управувањето и на стручните служби и начинот на известување на членовите на интересната заедница за работата на тие органи и служби и за прашањата што се разгледуваат и решаваат во интересната заедница.</s>
<s>Кога со уставот или со статутот на општината е утврдено дека работните луѓе преку собранијата на самоуправните интересни заедници учествуваат во одлучувањето за прашањата од надлежност на собранието на општината односно на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, овие работни луѓе се организираат во рамките на интересната заедница односно ги здружуваат своите интересни заедници така што да можат да учествуваат во одлучувањето за тие прашања во собранието на општината односно во Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>4. Самоуправување во месните заедници</s>
<s>Право и должност на работните луѓе и граѓаните во населба, дел од населба или во повеќе поврзани населби е, заради остварување на определени заеднички интереси и потреби, самоуправно да се организираат во месна заедница.</s>
<s>Во месната заедница работните луѓе и граѓаните одлучуваат за остварување на своите заеднички интереси и за солидарно задоволување на заедничките потреби во областите на уредувањето на населбата, станувањето, комуналните дејности, детската и социјалната заштита, образованието, културата, физичката култура, заштитата на потрошувачите, заштитата и унапредувањето на човековата околина, народната одбрана, општествената самозаштита, како и во другите области на животот и работата.</s>
<s>Заради остварување на своите заеднички интереси и потреби, работните луѓе и граѓаните, организирани во месната заедница со самоуправно спогодување и на друг начин се поврзуваат со организациите на здружениот труд, со самоуправните интересни заедници и со другите самоуправни организации и заедници на подрачјето и надвор од подрачјето на месната заедница, што имаат интерес односно должност да учествуваат во задоволувањето на тие интереси и потреби.</s>
<s>Работните луѓе и граѓаните во месната заедница учествуваат во вршењето на општествените работи и во одлучувањето за прашањата од заеднички интерес во општината и во Републиката.</s>
<s>Со статутот на општината се утврдува начинот и постапката за образување месни заедници.</s>
<s>Со закон може да се утврдат начелата на постапката за образување месни заедници.</s>
<s>За образување на месна заедница одлучуваат работните луѓе што живеат на подрачјето за кое таа се образува.</s>
<s>Доколку работните луѓе не образуваат месна заедница, одлука за нејзино образување донесува собранието на општината.</s>
<s>Своите заеднички интереси и потреби во месната заедница работните луѓе и граѓаните ги задоволуваат со средствата што сами непосредно ги здружуваат со самопридонес или на друг начин, со дел од доходот што го издвојуваат работниците во основните и во другите организации на здружениот труд од подрачјето на месната заедница и работниците од основните и другите организации на здружениот труд што живеат на подрачјето на таа месна заедница, со средствата што се создаваат во месната заедница со вршење на услуги и од приходи што со своите активности ги остварува месната заедница, со средствата што општината ќе и ги додели на месната заедница и со други средства.</s>
<s>Со овие средства месната заедница располага самостојно.</s>
<s>Работните луѓе и граѓаните во месната заедница го донесуваат статутот на месната заедница, на начин определен со статутот на општината.</s>
<s>Со статутот на месната заедница се утврдуваат правата и должностите на месната заедница и начинот на нивното остварување, нејзината организација, нејзините органи, односите со организациите на здружениот труд и со другите самоуправни организации и заедници и се уредуваат други прашања од значење за работата на месната заедница и за животот на работните луѓе и граѓаните во неа.</s>
<s>Месната заедница има својство на правно лице.</s>
<s>5. Самоуправни спогодби и општествени договори</s>
<s>Со самоуправна спогодба и општествен договор работниците и другите работни луѓе самоуправно ги уредуваат меѓусебните односи, ги усогласуваат интересите и ги уредуваат односите од пошироко општествено значење.</s>
<s>Со самоуправна спогодба работниците во основните и во другите организации на здружениот труд и работните луѓе во месните заедници, во самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, во рамките на своите самоуправни права: ги усогласуваат своите интереси во општествената поделба на трудот и во општествената репродукција; го здружуваат трудот и средствата и ги уредуваат меѓусебните односи во врска со здружувањето на трудот и средствата; образуваат работни и други организации на здружениот труд, банки, деловни и други заедници; ги утврдуваат основите и мерилата на распоредување на доходот и за распределба на средствата за лични доходи; ги утврдуваат меѓусебните права, обврски и одговорности и мерките за нивно остварување и ги уредуваат и другите односи од заеднички интерес.</s>
<s>Самоуправната спогодба, во името на учесниците на спогодбата, ја склучуваат нивните овластени органи.</s>
<s>Самоуправната спогодба што се однесува на остварувањето на неотуѓивите права на работниците е прифатена по основната организација на здружениот труд односно во другата самоуправна организација или заедница ако со неа се согласат мнозинството работници односно работни луѓе на организацијата односно заедницата.</s>
<s>Синдикатот има право да дава иницијатива и предлози за склучување на самоуправни спогодби и може да поведе постапка склучената самоуправна спогодба повторно да се разгледа ако смета дека со неа се повредуваат самоуправните права на работниците и општествено-економските односи утврдени со уставот.</s>
<s>Во постапката за склучување на самоуправна спогодба, со која се уредуваат меѓусебните односи на работниците во работата или се утврдуваат основите и мерилата за распоредување на доходот и за распределба на средствата за лични доходи, учествува и спогодбата ја потпишува синдикалната организација определена со статутот на синдикатот.</s><s>Ако синдикалната организација не ја потпише самоуправната спогодба, организацијата на здружениот труд има право таквата самоуправна спогодба да ја применува, а синдикалната организација може да поведе спор пред судот на здружениот труд.</s>
<s>Организацијата на здружениот труд и друга самоуправна организација и заедница, која смета дека со самоуправната спогодба на други организации на здружениот труд и на други самоуправни организации и заедници се повредени нејзините права или врз основа на закон заснованите интереси, може да поведе постапка за повторно разгледување на самоуправната спогодба.</s>
<s>Со општествен договор организациите на здружениот труд, коморите и другите општи здруженија на организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници, другите самоуправни организации и заедници, органите на општините и на Републиката, синдикатите и другите општествено-политички организации и општествените организации го обезбедуваат и го усогласуваат самоуправното уредување на општествено-економските и на другите односи од поширок заеднички интерес за учесниците во договорот или од општ општествен интерес.</s>
<s>Општествениот договор, во името на учесниците во договорот, го склучуваат нивните овластени органи.</s>
<s>Собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија го поттикнува самоуправното спогодување и општественото договарање и може да пропише дека определени самоуправни организации и заедници се должни да спроведат постапка за самоуправно спогодување односно за општествено договарање.</s>
<s>Самоуправната спогодба односно општествениот договор ги обврзува учесниците што го склучиле или му пристапиле.</s>
<s>Со самоуправна спогодба и со општествен договор се утврдуваат мерките за нивното спроведување, материјалната и општествената одговорност на учесниците во самоуправната спогодба и во општествениот договор и начинот и условите за нивна измена.</s>
<s>Со самоуправна спогодба и со општествен договор може да се предвиди арбитража или друг начин на решавање на споровите што ќе настанат во спроведувањето на спогодбата односно на договорот.</s>
<s>Во склучувањето на самоуправната спогодба и на општествениот договор учесниците се рамноправни.</s>
<s>Постапката за спогодување и договарање е јавна.</s>
<s>6. Општествена заштита на самоуправните права и на општествената сопственост</s>
<s>Самоуправните права на работните луѓе и општествената сопственост се под посебна општествена заштита.</s>
<s>Општествената заштита на самоуправните права на работните луѓе и на општествената сопственост ја остваруваат собранијата на општините и Собранието на Социјалистичка Република Македонија и пред нив одговорните органи, судовите, Уставниот суд на Македонија, јавниот обвинител и општествениот правобранител на самоуправувањето.</s>
<s>Облиците и начинот на остварувањето на општествената заштита на самоуправните права на работните луѓе и на општествената сопственост се утврдуваат со устав и со закон.</s>
<s>Ако во организација на здружениот труд или во друга самоуправна организација односно заедница битно се нарушат самоуправните односи, или потешко се оштетат општествените интереси, или ако организацијата односно заедницата не ги извршува со закон утврдените обврски, собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија, под услови и по постапка утврдена со закон, има право да го распушти работничкиот совет односно другиот соодветен орган на управувањето во организацијата на здружениот труд и да распише избори за членови на тој орган, како и во организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници да ги распушти извршните органи и да ги смени од должност работоводните органи и работниците на раководни работни места, да именува привремени органи со права и должности утврдени со закон, привремено да го ограничи остварувањето на определени самоуправни права на работните луѓе и на органите на управување и да преземе други со закон утврдени мерки.</s><s>Собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија е должно пред преземањето на овие мерки да прибави мислење од синдикатот и од другите општествено-политички организации за оправданоста на преземената мерка.</s>
<s>Собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија може, во согласност со закон, да запре од извршување одлуки, други акти и дејства со кои се повредуваат самоуправните права на работните луѓе и општествената сопственост.</s><s>Ако собранието ги запре од извршување таквите акти или дејства, должно е да поведе постапка пред надлежниот суд.</s>
<s>Општествениот правобранител на самоуправувањето, како самостоен орган на општествената заедница, презема мерки и правни средства и врши други со закон утврдени права и должности заради остварување на општествената заштита на самоуправните права на работните луѓе и на општествената сопственост.</s>
<s>Општествениот правобранител на самоуправувањето поведува пред собранието на општината односно пред Собранието на Социјалистичка Република Македонија, Уставниот суд на Македонија или пред судовите постапка за заштита на самоуправните права на работните луѓе и на општествената сопственост, како и постапка за укинување или поништување на одлуките и другите акти со кои се повредуваат самоуправните права и општествената сопственост.</s>
<s>Општествениот правобранител на самоуправувањето поведува постапка за заштита на самоуправните права на работните луѓе и на општествената сопственост по своја иницијатива или по иницијатива од работниците, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, синдикатот и другите општествено-политички организации, државните органи и граѓаните.</s>
<s>Државните органи и органите на самоуправните организации и заедници се должни, по барање од општествениот правобранител на самоуправувањето, да му даваат податоци и известувања од интерес за вршење на неговата функција.</s>
<s>7. Собраниски систем</s>
<s>Собранието е орган на општественото самоуправување и највисок орган на власта во рамките на правата и должностите на општината односно на Републиката.</s>
<s>Образувањето, организацијата и надлежноста на собранието на општината односно на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и пред нив одговорните органи се уредуваат со овој устав односно со статутот и со закон, врз основа на единствените начела утврдени со уставот.</s>
<s>Работните луѓе во основните самоуправни организации и заедници и во општествено-политичките организации образуваат свои делегации заради непосредно остварување на своите права, должности и одговорности и организирано учество во вршењето на функциите на собранијата на општествено-политичките заедници.</s>
<s>Во основните самоуправни организации и заедници делегации образуваат:</s>
<s>1) работните луѓе во основните организации на здружениот труд и во работните заедници што вршат работи од заеднички интерес за повеќе основни организации на здружениот труд;</s>
<s>2) работните луѓе што работат во земјоделската, занаетчиската и во слични дејности со средства на трудот на кои постои право на сопственост, заедно со работниците со кои го здружуваат својот труд и средствата на трудот, организирани во заедници и во други со закон определени облици на здружување;</s>
<s>3) работните луѓе во работните заедници на државните органи, општествено-политичките организации, општествените организации и здруженијата и во другите работни заедници што не се организирани како организации на здружениот труд, како и активните воени лица и цивилните лица на служба во вооружените сили на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, на начин утврден со устав и со закон;</s>
<s>4) работните луѓе и граѓаните во месните заедници.</s>
<s>Во образувањето на делегациите во организациите на здружениот труд во областа на образованието студентите и учениците учествуваат под услови и на начин утврдени со закон.</s>
<s>Делегација образуваат и работните луѓе што трајно работат во дел од основната организација на здружениот труд што не е на подрачјето на општината во која е седиштето на таа организација.</s>
<s>Во основната организација на здружениот труд односно во работната заедница со мал број на работни луѓе, сите работни луѓе ја вршат функцијата на делегација.</s>
<s>Во општествено-политичките организации функцијата на делегации ја вршат нивните избрани тела определени со нивниот статут односно со други одлуки.</s>
<s>Членовите на делегацијата ги избираат работните луѓе во основните самоуправни организации и заедници, од составот на тие организации и заедници, непосредно и со тајно гласање.</s>
<s>Основните самоуправни организации и заедници го утврдуваат со своите статути, во согласност со закон, бројот и составот на својата делегација и начинот на изборот и отповикот на делегацијата.</s>
<s>Составот на делегацијата мора да обезбеди застапеност на работниците од сите делови на процесот на работата и да му одговара на социјалниот состав на основната самоуправна организација односно заедница.</s>
<s>Членовите на делегацијата се избираат на четири години.</s>
<s>Во делегацијата на основната организација на здружениот труд не можат да бидат избирани работници во таа организација кои, според уставот, не можат да бидат членови на работничкиот совет односно на друг соодветен орган на управување.</s>
<s>Никој не може повеќе од двапати едноподруго да биде избиран за член на делегација на иста самоуправна организација односно заедница.</s>
<s>Кандидати за членови на делегациите на основните самоуправни организации и заедници предлагаат и утврдуваат работните луѓе во тие организации и заедници во Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, и тоа во неговите организации односно во организациите на синдикатот.</s>
<s>Кандидационата постапка ја спроведуваат организациите на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ односно организациите на синдикатот.</s>
<s>Право и должност на организациите на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ и на синдикатот е, во соработка со другите општествено-политички организации, да обезбедат таква демократска кандидациона постапка која ќе им овозможи на работните луѓе слободно да ја изразат својата волја во предлагањето и утврдувањето на кандидатите.</s>
<s>Кога во текот на траењето на мандатниот период на собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија се основа нова основна самоуправна организација или заедница, со закон се утврдува начинот на вклучување на нејзината делегација во вршењето на функциите во собранието на општината односно на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>{{Член|152</s>
<s>Тргнувајќи од интересите и насоките на основните самоуправни организации и заедници и уважувајќи ги интересите на другите самоуправни организации и заедници и општите општествени интереси и потреби, делегацијата утврдува основни ставови за работата на делегатите во собранието и за нивното учество во одлучувањето.</s>
<s>Во вршењето на својата функција, делегацијата ги има особено следните права и должности:</s>
<s>1) самостојно, или заедно со делегациите на други самоуправни организации и заедници на заеднички собири на тие делегации, во согласност со овој устав, делегира односно кандидира од својот состав постојани или повремени делегати во собранието и им дава насоки на делегатите за нивната работа во собранието;</s>
<s>2) учествува преку делегатите во целокупната работа и во одлучувањето на собранието;</s>
<s>3) ја следи работата на делегатите во собранието и работата на собранието и ја известува основната самоуправна организација односно заедница за прашањата што се претресуваат и за кои се одлучува во собранието, како и за иницијативите и предлозите на делегатите на другите самоуправни организации и заедници;</s>
<s>4) ги изнесува пред основната самоуправна организација односно заедница, во согласност со нејзиниот статут, прашањата што се од посебен интерес за самоуправната организација односно заедница и за работните луѓе во неа пред одлучувањето за тие прашања во собранието;</s>
<s>5) преку делегатите дава иницијативи за разгледување на одделни прашања и поднесува предлози за донесување на акти во собранието, во согласност со овој устав односно со статутот, и остварува други права утврдени со деловникот на собранието;</s>
<s>6) ги разгледува со делегатот прашањата од интерес за основната самоуправна организација односно заедница за кои се одлучува во собранието, заради заземање на ставови во собранието и договарањето со другите делегати;</s>
<s>7) врши и други работи во односите со другите самоуправни организации и заедници за кои основната самоуправна организација односно заедница ќе ја овласти со свој акт.</s>
<s>Делегациите се должни за својата работа и за работата на делегатите во собранието да ја известуваат основната самоуправна организација односно заедница и за својата работа се одговорни пред тие организации односно заедници.</s>
<s>Делегацијата соработува со делегациите на другите самоуправни организации и заедници заради спогодбено изнаоѓање заеднички решенија по прашањата од надлежност на собранието и заради спогодбено решавање на другите прашања од заеднички интерес.</s>
<s>Собранијата на општините и на градските заедници учествуваат во утврдувањето насоки за работата на делегатите во Соборот на општините на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Ддна или повеќе делегации на основните самоуправни организации и заедници, поврзани со трудот и со други заеднички интереси или со интересите во општествено-политичката заедница на свои заеднички собири односно делегатите на тие организации и заедници во собранието на општината, делегираат од составот на тие делегации делегати во соодветниот собор на собранијата на општествено-политичките заедници.</s>
<s>Бројот на делегатите на основните самоуправни организации односно заедници во собранијата се утврдува сразмерно со бројот на работните луѓе во тие организации односно заедници.</s><s>Од ова начело може да се отстапи и да се применат и други мерила заради обезбедување соодветна застапеност на работните луѓе од определени области на општествениот труд односно на територијалните подрачја.</s>
<s>Во собранијата на општествено-политичките заедници делегираат свои делегати работниците и другите работни луѓе и граѓаните организирани во општествено-политичките организации, здружени во Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, или како членови на организациите на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.</s>
<s>Општествено-политичките организации, во рамките на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, спогодбено ја утврдуваат листата на кандидати за делегати во собранијата на општествено-политичките заедници од редот на своите делегации.</s>
<s>За изборот на овие делегати во собранието на општината се изјаснуваат, врз основа на листата на кандидатите, работните луѓе и граѓаните непосредно, со општо и тајно гласање.</s>
<s>За изборот на овие делегати во Собранието на Социјалистичка Република Македонија се изјаснуваат, врз основа на листата на кандидатите, општествено-политичките собори на собранијата на општините, со тајно гласање.</s>
<s>Гелегатите во собранието се избираат како постојани делегати за време од 4 години или како повремени делегати.</s>
<s>Никој, што е избран за делегат на 4 години не може повеќе од двапати едноподруго да биде делегат во исто собрание.</s>
<s>Неспоива е функцијата на делегат во собранието и други со закон определени функции во органите на истата општествено-политичка заедница.</s>
<s>При заземањето на ставови по прашањата за кои се одлучува во собранието, делегатите постапуваат во согласност со насоките на своите самоуправни организации и заедници и со основните ставови на делегациите односно на општествено-политичките организации што ги делегирале, како и во согласност со заедничките и општите општествени интереси и потреби, а се самостојни во определувањето и гласањето.</s>
<s>Делегатот е должен за работата на собранието и за својата работа да ја известува делегацијата и основната самоуправна организација и заедница односно општествено-политичките организации што го делегирале, и е одговорен пред нив за својата работа.</s>
<s>Гелегацијата и секој нејзин член, како и делегатот во собранието, можат да бидат отповикани.</s>
<s>Отповикувањето на членовите на делегацијата и на делегатите во собранието се врши, во начело, на начинот и според постапката за избор на делегациите и делегатите.</s>
<s>Делегацијата и секој нејзин член, како и делегатот во собранието, имаат право да поднесат оставка.</s>
<s>Гелегатот во собранието ужива имунитет во вршењето на својата функција.</s>
<s>Делегатот не може да биде повикан на кривична одговорност, притворен ниту казнет за искажано мислење или даден глас во собранието или соборот во кој е делегиран.</s>
<s>Одредбите од претходните ставови во поглед на повремените делегати се применуваат само за седниците односно за времето за кое биле делегирани.</s>
<s>Делегатот во собранието на општината не може да биде лишен од слобода ниту против него да се поведе кривична постапка без одобрение на соборот во кој е делегиран ако се повика на имунитетот, освен ако е во прашање кривично дело за кое е задолжителен притвор или ако делегатот бил затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна строг затвор или затвор подолго од една година.</s>
<s>Собранието во рамките на правата и должностите на општината односно на Републиката: ја утврдува политиката и одлучува за основните прашања од значење за политичкиот, стопанскиот, социјалниот и културниот живот и општествениот развиток; донесува општествен план, буџет, прописи и други општи акти; претресува прашања од заеднички интерес за организациите на здружениот труд и за другите самоуправни организации и заедници и ги усогласува нивните односи и интереси; дава иницијатива за склучување и учествува во склучувањето на општествени договори; претресува прашања од областа на народната одбрана, безбедноста и општествената самозаштита, ја претресува состојбата и општите проблеми на уставноста и законитоста и на правосудството; организира и врши општествен надзор; ги утврдува основите на организацијата и надлежноста на органите на општината односно на Републиката; основа органи на управата, избира, именува и разрешува определени функционери на тие органи и судии; се грижи за спроведувањето на утврдената политика, прописите и другите општи акти; утврдува политика за извршување на прописите и другите општи акти и обврски на органите и организациите во врска со извршувањето на тие прописи и општи акти; врши политичка контрола над работата на својот извршен орган, органите на управата и на носителите на самоуправните, јавните и другите општествени функции што одговараат пред собранието и со свои насоки ја насочува работата на тие органи.</s>
<s>Во собранието се образуваат собор на здружениот труд, како собор на делегати на работните луѓе во организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници на трудот, собор на месните заедници, како собор на делегати на работните луѓе и граѓаните во месните заедници, односно собор на општините како собор на делегати на работните луѓе и граѓаните во општината и општествено-политички собор, како собор на делегати на работните луѓе и граѓаните организирани во општествено-политичките организации.</s>
<s>Делокругот и начинот на одлучување на соборите на собранијата се утврдува со овој устав односно со статутот на општината.</s>
<s>Делокругот на соборите се уредува на начин со кој се обезбедува соборот на здружениот труд да учествува во одлучувањето за прашањата од интерес за работниците и другите работни луѓе во општествениот труд, соборот на месните заедници односно соборот на општините да учествува во одлучувањето за прашањата од интерес за работните луѓе и граѓаните во месните заедници односно во општините, како и општествено-политичкиот собор да учествува во одлучувањето за прашањата на остварувањето, развитокот и заштитата на социјалистичкиот самоуправен систем утврден со уставот.</s>
<s>Соборите на собранијата одлучуваат за прашањата од надлежноста на собранието самостојно, рамноправно или на заедничка седница на сите собори.</s>
<s>Собранијата на самоуправните интересни заедници во областа на образованието, науката, културата, здравството и социјалната заштита одлучуваат рамноправно со надлежните собори на општинските собранија односно на Собранието на Социјалистичка Република Македонија за прашањата од тие области што се во надлежност на соодветното собрание.</s><s>Овие или други определени права на одлучување во општинското собрание можат со статутот на општината да се утврдат и за собранијата на другите самоуправни интересни заедници.</s>
<s>Одлука за издвојување на дел од доходот за заеднички и општи општествени потреби и за намената на обемот на средствата за овие потреби не може да се донесе ако не ја усвои соборот на здружениот труд.</s>
<s>Собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија може да распише референдум заради претходно изјаснување на работните луѓе за одделни прашања од негова надлежност, или заради потврдување на закони, прописи и други општи акти.</s><s>Одлуката донесена на референдум е задолжителна.</s>
<s>Во општината и во Републиката се образува, како извршен орган на собранието, извршен совет односно друг соодветен колегијален извршен орган.</s>
<s>Извршниот совет односно соодветниот колегијален извршен орган е одговорен пред собранието за состојбата во општината односно во Републиката, за спроведувањето на политиката и за извршувањето на законите, прописите и другите општи акти на собранието, како и за насочувањето и усогласувањето на работата на органите на управата.</s>
<s>Собранието на општината и Собранието на Социјалистичка Република Македонија образуваат органи на управата.</s>
<s>Органите на управата ја спроведуваат утврдената политика и ги извршуваат законите, прописите и другите општи акти на собранието и на извршниот орган, ги спроведуваат насоките на собранието, одговорни се за состојбата во областите за кои се образувани, ја следат состојбата во определени области и даваат иницијатива за решавање на прашањата во тие области, решаваат во управните работи, вршат управен надзор и други управни работи, подготвуваат прописи и други општи акти и вршат други стручни работи за собранието и извршниот орган.</s>
<s>Органите на управата се самостојни во рамките на своите овластувања и за својата работа одговараат пред собранието и извршниот орган.</s>
<s>Органите на управата со својата работа обезбедуваат ефикасно остварување на правата и интересите на работните луѓе и граѓаните, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници.</s>
<s>Органите на управата соработуваат меѓусебно и со органите на управата на другите општествено-политички заедници како и со организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници по прашањата од интерес за тие организации и заедници и обезбедуваат заемно известување.</s>
<s>Меѓусебните односи на републичките и општинските органи се засновуваат врз правата и должностите утврдени со овој устав, со статутот на општината односно со закон.</s>
<s>Со овој устав и со закон се утврдуваат правата и должностите на републичките органи на управата во поглед на извршувањето на законите и другите прописи и општи акти, контролата над извршувањето на тие прописи и акти, како и нивните права и должности спрема општинските органи на управата во извршувањето на тие прописи и општи акти.</s>
<s>Избраните и именуваните функционери се избираат односно се именуваат за време од четири години.</s>
<s>Претседателите на извршните органи на собранијата можат да бидат избирани најмногу двапати едноподруго.</s>
<s>Членовите на извршните органи на собранијата, функционерите што раководат со органите на управата, како и други функционери и носители на самоуправни, јавни и други општествени функции за кои е тоа определено со овој устав или со закон, можат да се избираат односно именуваат двапати едноподруго, а по исклучок, уште за еден мандатен период, ако за тоа постојат оправдани причини.</s><s>Пред преминот на избор, собранието одлучува за оправданоста на причините со мнозинство гласови на делегатите на собранието.</s>
<s>Со закон и со одлука на собрание на општина заснована на закон може на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници, општествените организации, здруженијата на граѓаните и на други организации да им се довери со своите акти да уредуваат определени односи од поширок интерес во областа на својата дејност, да решаваат во поединечни предмети за определени права и обврски и да вршат други јавни овластувања.</s>
<s>Со закон и со одлука на собрание на општина заснована врз закон може да се определи начинот на вршење на јавните овластувања што им се доверуваат на одделни организации и заедници, како и да се утврдат правата на собранието и на другите органи на општината односно на Републиката во поглед на давањето насоки на тие организации и заедници и во поглед на вршењето надзор во врска со вршењето на јавните овластувања.</s>
<s>8. Вршење на јавни овластувања, одговорност на нивните носители, општествен надзор и јавност во работата</s>
<s>Никој не може да врши самоуправни, јавни и други општествени функции и јавни овластувања ако тие, согласно со уставот, односно со статутот и законот, не му се доверени од работните луѓе или од собранието на општината односно од Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Сите органи и организации и другите носители на самоуправни, јавни или други општествени функции ја вршат својата функција врз основа и во рамките на уставот, законот, односно статутот и дадените овластувања, и се одговорни за нејзиното вршење.</s>
<s>Сите носители на самоуправни, јавни и други општествени функции во вршењето на своите функции се под општествена контрола.</s>
<s>Секој избран или именуван носител на самоуправна, јавна или друга општествена функција лично е одговорен за нејзиното вршење и може да биде отповикан или сменет.</s><s>Тој има право да поднесе оставка и да ја образложи.</s>
<s>Со закон и со самоуправни акти се утврдуваат видовите и условите на одговорноста на носителите на самоуправни, јавни и други општествени функции, како и начинот и постапката за остварување одговорноста на носителите на тие функции.</s>
<s>Работник избран односно именуван на самоуправна, јавна или друга општествена функција, чие вршење бара тој привремено да престане со работа во организацијата на здружениот труд или во работната заедница, има право по престанувањето на функцијата што ја вршел да се врати на работа во истата организација на здружениот труд односно работна заедница, на своето поранешно работно место или на друго работно место што му одговара на неговите способности и квалификации.</s>
<s>Работата на државните органи и на органите на управувањето на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници и на органите на општествено-политичките организации и здруженијата е јавна.</s>
<s>Начинот на обезбедувањето на јавноста се определува со закон и со самоуправни акти.</s>
<s>Со закон и со самоуправни акти се определуваат работите и податоците што претставуваат тајна или не можат да се објавуваат.</s>
<s>Остварувањето на начелото на јавност не може да биде во спротивност со интересите на безбедноста и одбраната на земјата и со другите општествени интереси утврдени со закон.</s>
<s>Работата на државните органи, на органите на управување на организациите и заедниците што вршат работи од јавен интерес се врши на македонски јазик.</s>
<s>Незнаењето на македонскиот јазик не може да биде пречка за одбрана и за остварување на правата и оправданите интереси на работните луѓе, граѓаните и организациите.</s>
<s>На секого му е загарантирано правото во постапката пред судот или пред другите државни органи, организациите и заедниците што во вршењето на јавни овластувања решаваат за правата и обврските на работните луѓе да го употребува својот јазик и во таа постапка да се запознава со фактите на својот јазик.</s>
<s>9. Општествена самозаштита</s>
<s>Право и должност на работните луѓе е непосредно и во организациите на здружениот труд, месните, интересните и другите самоуправни организации и заедници, во општините и во Републиката, во општествено-политичките и во другите општествени организации, со својата активност, самостојно и во меѓусебна соработка, во согласност со закон, да ја остваруваат општествената самозаштита.</s>
<s>Работните луѓе ја остваруваат општествената самозаштита со организирање и спроведување на мерки заради заштита на поредокот утврден со уставот, безбедноста на земјата, општествената сопственост, самоуправните и другите права на работните луѓе и нивните организации и личната сигурност на луѓето и имотот.</s>
<s>Секој е должен да учествува во спречување на дејствувањето на сите што за спречуваат работата на јавните институции и во отстранување на опасностите за мирен живот и работа на работните луѓе.</s>
<s>10.</s><s>Права на припадниците на другите народи на Југославија</s>
<s>Припадниците на другите народи на Југославија имаат, во местата во кои живеат, право на воспитно-образовна и културна дејност на нивниот јазик според условите утврдени со закон.</s>
<s>11.</s><s>Рамноправност на народностите</s>
<s>Македонскиот народ и народностите во Социјалистичка Република Македонија се рамноправни и имаат исти права и должности.</s>
<s>Општините и Републиката обезбедуваат народностите да бидат сразмерно застапени во собранијата на општините и во Собранието на Социјалистичка Република Македонија, како и да бидат соодветно застапени во нивните органи.</s>
<s>На секоја народност ѝ се гарантира правото слободно да го употребува својот јазик, да ја изразува и развива својата култура и да се основаат установи и организации што ѝ ги обезбедуваат овие права.</s>
<s>Општините и Републиката се грижат за развојот на воспитувањето и образованието, како и за развојот на печатот, радиото, телевизијата и културните дејности на јазиците на народностите.</s>
<s>Народностите имаат право да го употребуваат знамето на народноста.</s>
<s>Во местата во кои живеат народностите воспитувањето и образованието на припадниците на народностите се остваруваат во воспитни установи и училишта односно одделенија во кои воспитувањето и наставата се изведуваат на јазикот на соодветната народност.</s>
<s>Со закон се уредуваат условите за основањето, организацијата и работата на воспитните установи и училиштата односно одделенијата во кои воспитувањето и наставата се изведуваат на јазиците на народностите.</s>
<s>На подрачјата на кои живеат припадници на народностите, во јавниот и општествениот живот, јазиците и писмата на народностите се рамноправни со македонскиот јазик.</s>
<s>Во општините на чие подрачје живеат припадници на народностите, одлуките и другите поважни акти на собранијата на општините и на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници се објавуваат и на јазиците на народностите.</s><s>Јавните натписи на овие подрачја се и на јазиците на народностите.</s>
<s>Припадниците на народностите имаат право на употреба на својот јазик и писмо во остварувањето на своите права и должности, како и во постапката пред државните органи и организациите што вршат јавни овластувања.</s>
<s>Со закон и со статутот на општината се определуваат поблиски услови и постапка што обезбедуваат остварување на правата на народностите, како и начинот и условите за примена на рамноправноста на јазиците и писмата на народностите со македонскиот јазик, на подрачјата на кои живеат народностите.</s>
<s>Со општи акти на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници се утврдуваат начинот и условите за примена на рамноправноста на јазиците и писмата на народностите со македонскиот јазик, на подрачјата на кои живеат народностите.</s>
<s>Во собранијата на општините на чие подрачје живеат припадници на народностите и во Собранието на Социјалистичка Република Македонија се образува комисија за меѓунационални односи.</s>
<s>Комисијата го следи и разгледува остварувањето на рамноправноста на народностите и на другите нивни права утврдени со уставот и со законите и предлага мерки за нивното остварување.</s>
<s>Во комисијата за меѓунационални односи се избираат еднаков број припадници на македонскиот народ, албанската и турската народност.</s>
<s>Глава IV: Општина</s>
<s>Општината е самоуправна и основна општествено-политичка заедница, заснована врз власта и самоуправувањето на работничката класа и на сите работни луѓе.</s>
<s>Во општината работните луѓе и граѓаните создаваат и обезбедуваат услови за својот живот и работа, го насочуваат општествениот развиток, ги остваруваат и усогласуваат своите интереси, ги задоволуваат заедничките потреби и остваруваат власт и управуваат со другите општествени работи.</s>
<s>Функциите на власта и управувањето со другите општествени работи, освен оние што според уставот се остваруваат во пошироките општествено-политички заедници, се остваруваат во општината.</s>
<s>Во остварувањето на своите заеднички интереси и права и должности во општината, работните луѓе и граѓаните одлучуваат организирани во основни организации на здружениот труд, месни заедници, самоуправни интересни заедници, други основни самоуправни организации и заедници, други облици на самоуправно здружување и во општествено-политички организации, со самоуправно спогодување и општествено договарање и преку делегациите и делегатите во собранието на општината и во другите органи на самоуправувањето.</s>
<s>Правата и должностите на општината се утврдуваат со уставот и со статутот на општината.</s>
<s>Во општината особено:</s>
<s>1) се создаваат и развиваат материјални и други услови за живот и работа и за самоуправно задоволување на материјалните, социјалните, културните и другите заеднички потреби на работните луѓе и граѓаните;</s>
<s>2) се насочува и усогласува стопанскиот и општествениот развиток и се уредуваат односите од непосреден интерес за работните луѓе и граѓаните во општината;</s>
<s>3) се утврдуваат и распоредуваат средствата за потребите на општината;</s>
<s>4) се организира вршење на работи од заеднички и од општ општествен интерес и се образуваат органи на самоуправувањето и органи на власта за вршење на тие работи;</s>
<s>5) се обезбедува непосредно извршување на законите, ако нивното извршување со законот не им е ставено во надлежност на органите на пошироките општествено-политички заедници;</s>
<s>6) се обезбедува остварување и заштита на слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот;</s>
<s>7) се обезбедува остварување на рамноправноста на народите и народностите;</s>
<s>8) се заштитува законитоста;</s>
<s>9) се заштитува сигурноста на луѓето и се обезбедува јавниот ред и мир;</s>
<s>10) се заштитува општествениот имот и имотот на граѓаните;</s>
<s>11) се организира и обезбедува општествена заштита на самоуправните права на работните луѓе и на општествената сопственост;</s>
<s>12) се уредува и организира народната одбрана во согласност со системот на општонародната одбрана;</s>
<s>13) се организира и обезбедува општествена самозаштита;</s>
<s>14) се организира и обезбедува општествена контрола;</s>
<s>15) се обезбедува остварување на социјалистичката солидарност;</s>
<s>16) се создаваат услови за работа и вработување и се води грижа за невработените;</s>
<s>17) се уредува користењето на земјиштето и имотот во општа употреба и се уредуваат во согласност со закон односите во политиката на градењето и користењето на становите и станбените згради;</s>
<s>18) се уредуваат односите во станбено-комуналната област;</s>
<s>19) се уредуваат односите во просторното планирање и изградбата и уредувањето на населбите;</s>
<s>20) се определуваат општи услови за вршење на дејностите на комуналните и слични организации;</s>
<s>21) се уредуваат односите во врска со заштитата на природата и унапредувањето на човековата околина и се обезбедуваат услови за искористување на природата и природните богатства;</s>
<s>22) се вршат и други права и должности утврдени со уставот и статутот на општината.</s>
<s>Заради задоволување на заедничките потреби во општината, работниците во основните организации на здружениот труд и другите работни луѓе и граѓаните во месните заедници, самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници и во општината како целина, со референдум и со други облици на лично изјаснување, со самоуправно спогодување и општествено договарање одлучуваат за здружување на средства и за нивното користење.</s>
<s>Заради задоволување на општите општествени потреби во општината, во рамките на системот на изворите и видовите даноци, такси и други давачки утврдени со закон, работните луѓе и граѓаните во општината самостојно одлучуваат за обемот и начинот на финансирање на општите општествени потреби во општината.</s>
<s>Обемот на средствата за општите општествени потреби се утврдува и се распоредува со буџетот на општината.</s>
<s>Со средствата за општи општествени потреби што се создаваат во општината се финансираат: функционирањето на собранието на општината и на неговите органи; правосудните органи; народната одбрана, боречката заштита, обврските на општината утврдени со закон и со одлука на собранието на општината во областа на воспитувањето и образованието, културата, физичката и техничката култура, здравствената и социјалната заштита, заштитата на децата и инвалидската заштита; и се обезбедуваат дополнителни средства за финансирање на определени комунални дејности и на дејноста на општествено-политичките организации.</s>
<s>Со закон се утврдуваат критериумите и начинот на обезбедување дополнителни средства за финансирање на општите општествени потреби на општините чии приходи се недоволни за финансирање на тие потреби.</s>
<s>Одделни работи од надлежност на Републиката во врска со извршувањето на законите можат со закон да се пренесат во надлежност на општинските органи.</s><s>Во овој случај Републиката е должна на општините да им обезбеди соодветни средства односно извори на приходи за вршење на тие работи.</s>
<s>Општината може, во рамките на своите права и должности, да основа фондови за доделување на општествени признанија.</s>
<s>Со статутот на општината се уредуваат особено: правата и должностите на општината и начинот на нивното остварување, финансирањето на општите општествени потреби; организацијата на собранието на општината и на другите органи на општината и нивните права, должности и овластувања; начинот на работа на собранието на општината, начелата за организирање на народната одбрана, на општествената самозаштита и општествената контрола; начелата за меѓу општинската соработка; основите за работењето на комуналните организации на здружениот труд, како и други побитни прашања, во рамките на правата и должностите на општината.</s>
<s>Статутот на општината го донесува собранието на општината со мнозинство од две третини гласови од вкупниот број делегати во секој собор.</s>
<s>Општината во вршењето на своите права и должности донесува прописи.</s>
<s>Собранието на општината донесува одлуки, решенија, заклучоци и препораки, а извршниот орган наредби, упатства, решенија и заклучоци.</s>
<s>Собранието донесува насоки за работата на извршниот орган и на органите на управата, а извршниот орган со свои насоки ја насочува работата на органите на управата.</s>
<s>Собранието на општината разгледува општи прашања од значење за развитокот на стопанството и на другите области на општествениот живот и по тие прашања може да им дава препораки на организациите на здружениот труд, месните и самоуправните интересни заедници и на другите самоуправни организации и заедници.</s>
<s>Организациите на здружениот труд, месните и самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници на кои им е упатена препораката се должни да ја разгледаат, да заземат став по прашањата на кои се однесува препораката и за тоа да го известат собранието.</s>
<s>Собранието на општината избира претседател на собранието од редот на делегатите во соборите на собранието.</s>
<s>За решавање на прашања од општ интерес за општината, како и за претходно изјаснување на работните луѓе и граѓаните за одделни предлози на одлуки или мерки од надлежност на собранието или за нивно потврдување собранието на општината може да распише референдум.</s>
<s>Со статутот на општината се определуваат прашањата за кои задолжително се распишува референдум во општината.</s>
<s>Одлуката на референдумот се донесува со мнозинство гласови на повеќе од половината на работните луѓе и граѓаните што имаат право на глас на референдумот.</s>
<s>Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.</s>
<s>Општината самостојно ја организира и уредува организацијата и работата на собранието на општината и на другите органи на општината.</s>
<s>Во случај на непосредна воена опасност или за време на воена состојба ако не постои можност да се состанат надлежните собори на собранието на општината, за прашањата од надлежноста на собранието одлучува претседателството на собранието на општината.</s><s>Одлуките што ги донело претседателството на собранието по прашањата од надлежноста на собранието, должно е да му ги поднесе на потврдување на собранието штом тоа ќе биде во можност да се состане.</s><s>Составот и другите надлежности на претседателството на собранието на општината се уредуваат со закон.</s>
<s>Во собранието на општината се образува совет за народна одбрана чиј состав и надлежност се утврдува со закон.</s>
<s>Општината се образува за подрачје на едно или повеќе населени места или за дел од населено место, во кои работните луѓе се поврзани со заеднички интереси и во кои постојат услови за самостојно остварување на правата и должностите на општината, за материјален и општествен развиток, за развиток на општественото самоуправување, како и за остварување на правата на работните луѓе и граѓаните и за вршење на нивните должности.</s>
<s>Општината се образува и нејзиното подрачје се утврдува со закон по претходно мислење од соодветните собранија на општините.</s>
<s>Издвојувањето или присоединувањето на одделни населени места се врши со закон по претходно изјаснување на работните луѓе и граѓаните од соодветните населени места со референдум и мислење на собранијата на соодветните општини.</s>
<s>Општините во градовите се здружуваат во градска заедница како посебна општествено-политичка заедница.</s>
<s>Градската заедница ги врши правата и должностите што и ги доверуваат општините спогодбено во заеднички интерес.</s><s>На градската заедница Републиката може со закон да и довери вршење на определени работи во рамките на своите права и должности.</s>
<s>Градската заедница има својство на правно лице.</s>
<s>Со статутот на градската заедница, во согласност со уставот, се утврдуваат правата и должностите, организацијата и начинот на работа на градската заедница, како и односите меѓу градската заедница и општините што се здружени во неа.</s>
<s>Статутот на градската заедница го донесува собранието на градската заедница во согласност со собранијата на општините што се здружени во неа.</s>
<s>Собранието на градската заеднина го сочинуваат делегати на собранијата на општините здружени во неа, што се делегираат на начинот и според постапката утврдени со статутот на градската заедница, во согласност со закон.</s>
<s>Општините меѓусебно соработуваат врз принципите на доброволност и солидарност, здружуваат средства и образуваат заеднички органи, организации и служби за вршење на работи од заеднички интерес и за задоволување на заедничките потреби.</s>
<s>Општините соработуваат и со општини од другите социјалистички републики и од социјалистичките автономни покраини по прашања од заеднички интерес.</s>
<s>Општините можат да се здружуваат во регионални заедници.</s>
<s>Општините остваруваат соработка со соодветни странски и меѓународни органи и организации и со административни единици на странски држави, во рамките на утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Југославија и политиката на Републиката за оваа соработка.</s>
<s>Глава V: Слободи, права и должности на човекот и граѓанинот</s>
<s>Слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени со уставот се остваруваат во меѓусебна солидарност на луѓето и со исполнување на должностите и одговорностите на секого спрема сите и на сите спрема секого.</s>
<s>Слободите и правата на човекот и граѓанинот се ограничени само со еднаквите слободи и права на другите и со интересите на социјалистичката заедница утврдени со уставот.</s>
<s>Секој е должен да ги почитува слободите и правата на другите и е одговорен за тоа.</s>
<s>Граѓаните се еднакви во правата и должностите без оглед на националноста, расата, полот, јазикот, вероисповеста, образованието или општествената положба.</s>
<s>Сите се еднакви пред законот.</s>
<s>Неприкосновено и неотуѓиво е правото на работниот човек и граѓанинот на самоуправување со кое на секого му се обезбедува да одлучува за своите лични и заеднички интереси во организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници и во општествено-политичките заедници, како и во сите други облици на своето самоуправно здружување и меѓусебно поврзување.</s>
<s>Секој е одговорен за самоуправното одлучување и за спроведувањето на одлуките.</s>
<s>Граѓанинот што наполнил 18 години живот има право да избира и да биде избран за член на делегација во основната самоуправна организација и заедница и за делегат во собрание на општествено-политичка заедница.</s>
<s>Работникот во организацијата на здружениот труд како и работниот човек во сите облици на здружување на трудот, средствата и интересите, без оглед на годините на животот, има право да избира и да биде избран во делегација за собранијата на општествено-политичките заедници и да избира делегати во собранијата на тие заедници.</s>
<s>Работникот во организацијата на здружениот труд, како и работниот човек во сите облици на здружување на трудот, средствата и интересите, без оглед на годините на животот, има право да избира и да биде избиран за член односно за делегат во органот на управувањето на организацијата.</s>
<s>Граѓанинот има право да им поднесува претставки и предлози на телата и органите на општествено-политичките заедници и на другите надлежни органи и организации, да добие одговор на нив, како и да презема политички и други иницијативи од општ интерес.</s>
<s>Секој е должен совесно и во интерес на социјалистичкото самоуправно општество да ја врши самоуправната, јавната и другата општествена функција што му е доверена.</s>
<s>Загарантирано е правото на работа.</s>
<s>Правата стекнати врз основа на трудот се неотуѓиви.</s>
<s>Сите што управуваат или располагаат со општествени средства и општините и Републиката, се должни да создаваат поповолни услови за остварување правото на работа.</s>
<s>Општествената заедница создава услови за оспособување на граѓаните што не се наполно способни за работа, како и услови за нивно соодветно вработување.</s>
<s>Се гарантира, под условите определени со закон, право на материјално обезбедување за време на привремена невработеност.</s>
<s>На работникот може да му престане работата против неговата волја само под услови и на начин утврдени со закон.</s>
<s>Кој не сака да работи, а е способен за работа, не ги ужива правата и заштитата што припаѓаат врз основа на трудот.</s>
<s>Се гарантира слободата на работа.</s>
<s>Секој слободно го избира своето занимање и вработување.</s>
<s>На секој граѓанин под еднакви услови му се достапни секое работно место и функција во општеството.</s>
<s>Забранета е присилната работа.</s>
<s>Работниот човек има право на услови за работа што го обезбедуваат неговиот физички и морален интегритет и сигурност.</s>
<s>Работникот има право на ограничено работно време.</s>
<s>Работното време на работникот не може да биде подолго од 42 часа во седмицата.</s><s>Во определени дејности и во определени случаи со закон може да се пропише работното време, за ограничен период, да може да биде подолго од 42 часа во седмицата, ако тоа го бараат природата на работата или исклучителни околности.</s>
<s>Со закон можат да се определат условите за скратување на работното време.</s>
<s>Работникот има право на дневен и седмичен, како и на платен годишен одмор во траење од најмалку 18 работни дена.</s>
<s>Работникот има право на здравствена и друга заштита и на лична сигурност во работата.</s>
<s>Младината, жените и инвалидните лица уживаат посебна заштита на работата.</s>
<s>Правото на работникот на социјално осигурување се обезбедува со задолжително осигурување врз начелата на заемност и солидарност и минатиот труд во самоуправните интересни заедници, а врз основа на придонесот од личниот доход и придонесот од доходот на основните организации на здружениот труд односно од придонесот од средствата на други организации, или заедници во кои работи.</s><s>Со ова осигурување работникот, во согласност со закон, обезбедува за себе право на здравствена заштита и други права во случај на болест, права во случај на породување, намалување или губење на работната способност, безработност и старост и права на други облици на социјално осигурување, а за членовите на своето семејство — право на здравствена заштита, право на семејна пензија, како и други права по основ на социјалното осигурување.</s>
<s>Правата од социјалното осигурување за работните луѓе и граѓаните што не се опфатени со задолжителното социјално осигурување се уредуваат во согласност со закон врз начелата на заемност и солидарност.</s>
<s>Загарантирано му е на граѓанинот да стекнува станарско право на стан во општествена сопственост, со кое му се обезбедува под услови определени со закон трајно да користи стан во општествена сопственост заради задоволување на личните и семејните станбени потреби.</s>
<s>Правото на граѓаните за користење на стан на кој постои право на сопственост се уредува со закон.</s>
<s>Задолжително е основното образование во траење од најмалку осум години.</s>
<s>Материјални и други услови за основање и работа на училиштата и другите установи за образование на граѓаните и за унапредување на нивната дејност обезбедуваат, врз начелата на заемност и солидарност, работните луѓе, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници и општините и Републиката, во самоуправните интересни заедници во согласност со закон.</s>
<s>Граѓаните имаат право, под еднакви услови утврдени со закон, да стекнуваат знаења и стручна спрема на сите степени на образование, во сите видови училишта и во други установи за образование.</s>
<s>Загарантирана е слободата на мислата и на определувањето.</s>
<s>Загарантирана е слободата на печатот и на другите видови информирање и јавно изразување, слободата на здружување, слободата на говорот и на јавното истапување, слободата на собирот и на друго јавно собирање.</s>
<s>Граѓаните имаат право преку средствата за информирање да изразуваат и објавуваат свои мислења.</s>
<s>Граѓаните, организациите и здружени јата на граѓаните можат, под условите определени со закон, да издаваат печат и да шират информации преку други средства за информирање.</s>
<s>Се гарантира правото на граѓанинот да биде известен за настаните во земјата и во светот, што се од интерес за неговиот живот и работа, како и за прашањата од интерес за заедницата.</s>
<s>Печатот, радиото и телевизијата и другите средства за јавно информирање и комуницирање се должни вистинито и објективно да ја известуваат јавноста, како и да објавуваат мислења и информации на органите, организациите и граѓаните, што се од интерес за јавноста.</s>
<s>Загарантирано е правото на исправка на објавена информација со која се нанесува повреда на право или интерес на човек, организација или орган.</s>
<s>Научното и уметничкото творештво е слободно.</s>
<s>Творците на научни и уметнички дела, како и на научни откритија и технички пронајдоци имаат морални и материјални права на своите творби.</s>
<s>Правата на творците на своите творби не можат да се користат спротивно на интересите на општеството за применување на новите научни достигнувања и технички изуми.</s>
<s>Обемот, траењето, ограничувањето, престанокот и заштитата на правата на творците на своите творби, како и правата на организациите на здружениот труд во кои се создадени тие творби како резултат на здружувањето на трудот и средствата, се определуваат со закон.</s>
<s>На граѓанинот му е загарантирана слободата на изразување на припадноста на народ односно народност или етничка група, слободата на изразување на националната култура и слободата на употреба на својот јазик и писмо.</s>
<s>Граѓанинот не е должен да се изјаснува на кој народ односно на која народност или етничка група ѝ припаѓа, ниту да се определува за припадност на еден од народите односно на една од народностите или етничките групи.</s>
<s>Противуставно и казниво е секое пропагирање или спроведување на национална нерамноправност, како и секое разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост.</s>
<s>Припадниците на етничките групи што живеат во Социјалистичка Република Македонија се рамноправни со македонскиот народ и народностите и имаат исти права и должности.</s>
<s>Општините и Републиката обезбедуваат припадниците на етничките групи да бидат сразмерно застапени во собранијата на општините и во Собранието на СРМ, како и да бидат соодветно застапени во нивните органи.</s>
<s>На припадниците на етничките групи им се гарантира правото слободно да го употребуваат својот јазик, да ја изразуваат и развиваат својата култура, како и да се основаат установи и организации што го обезбедуваат остварувањето на овие права.</s>
<s>Општините и Републиката се грижат за развојот на радиото, телевизијата, печатот и културните дејности на јазиците на етничките групи.</s>
<s>Припадниците на етничките групи имаат право да го употребуваат знамето на етничката група.</s>
<s>Одбраната на земјата е неприкосновено и неотуѓиво право и највисока должност и чест на секој граѓанин.</s>
<s>Право и должност на секој граѓанин е да учествува во општествената самозаштита.</s>
<s>Исповедувањето на верата е слободно и е приватна работа на човекот.</s>
<s>Верските заедници се одделени од државата и се слободни во вршењето на верските работи и верските обреди.</s>
<s>Верските заедници можат да основаат само верски училишта за подготвување на свештеници.</s>
<s>Противуставна е злоупотребата на верата и на верската дејност за политички цели.</s>
<s>Општествената заедница може материјално да ги помага верските заедници.</s>
<s>Верските заедници можат, во границите определени со закон, да имаат право на сопственост на недвижности.</s>
<s>Животот на човекот е неприкосновен.</s>
<s>Смртна казна може по исклучок да се пропише и да се изрече само за најтешки облици на тешки кривични дела.</s>
<s>Се гарантира неповредливоста на интегритетот на човековата личност и на личниот и семејниот живот и на другите права на личноста.</s>
<s>Забрането и казниво е секое изнудување на признавање и изјави.</s>
<s>Слободата на човекот е неприкосновена.</s>
<s>Никој не може да биде лишен од слобода освен во случаи и во постапка утврдени со закон.</s>
<s>Лишувањето од слобода може да трае само додека постојат законски услови за тоа.</s>
<s>Незаконитото лишување од слобода е казниво.</s>
<s>Лицето за кое постои основано сомневање дека извршило кривично дело може да биде притворено и задржано во притвор само кога е тоа неопходно заради водење на кривичната постапка или заради безбедноста на луѓето.</s><s>Притворот се определува со одлука на судот, а само по исклучок, под услови определени со закон, со одлука на друг со закон овластен орган — најдолго до три дена.</s>
<s>На лицето што е притворено мора да му се врачи писмено образложено решение при притворувањето или најдоцна во рок од 24 часа од притворувањето.</s><s>Против ова решение тоа лице има право на жалба по која судот одлучува во рок од 48 часа.</s>
<s>Траењето на притворот мора да биде сведено на најкратко нужно време.</s>
<s>Притворот може да трае по одлука на првостепениот суд најдолго три месеци од денот на притворувањето.</s><s>Овој рок може да се продолжи со одлука на Врховниот суд на Македонија уште за три месеци.</s><s>Ако до истекот на тие рокови не се подигне обвинителен акт, окривениот се пушта на слобода.</s>
<s>Се гарантира почитувањето на човековата личност и човечкото достоинство во кривичната и во секоја друга постапка, во случај на лишување односно ограничување на слободата како и за време на извршување на казната.</s>
<s>Секој има право на еднаква заштита на своите права во постапката пред судот, државните и другите органи и организации што решаваат за неговите права, обврски и интереси.</s>
<s>Секому му е загарантирано правото на жалба или на друго правно средство против одлуките на судовите, државните органи и другите органи и организации, со кои се решава за негово право или врз закон заснован интерес.</s>
<s>Правната помош се обезбедува преку адвокатурата како самостојна општествена служба и преку други видови правна помош.</s>
<s>Никој не може да биде казнет за дело кое, пред да е сторено, не било предвидено со закон или со пропис заснован врз закон како казниво дело и за кое не била предвидена казна.</s>
<s>Кривичните дела и кривичните санкции можат да се определат само со закон.</s>
<s>Кривични санкции изрекува надлежниот суд во постапка пропишана со закон.</s>
<s>Никој не може да се смета виновен за кривично дело додека тоа не биде утврдено со правосилна судска пресуда.</s>
<s>Лице што е неоправдано осудено за кривично дело или без основа е лишено од слобода има право на рехабилитација и надоместок на штета од општествените средства, како и други права утврдени со закон.</s>
<s>Загарантирано е правото на одбрана.</s>
<s>Никој што му е достижен на судот или на друг орган надлежен за водење постапка, не може да биде казнет, ако не е распитан според закон или ако не му е дадена можност да се брани.</s>
<s>Обвинетиот има право да си земе бранител на кого, согласно со закон, му се овозможува одбрана и заштита на правата и интересите на обвинетиот.</s>
<s>Со закон се определува во кои случаи обвинетиот мора да има бранител.</s>
<s>На граѓаните им се гарантира слобода на движење и настанување.</s>
<s>Ограничување на слободата на движењето и настанувањето може да се предвиди со закон, и тоа само за да се обезбеди водење на кривичната постапка, да се спречи ширењето на заразни болести, да се заштити јавниот поредок или кога тоа го бараат интересите на одбраната на земјата.</s>
<s>Станот е неповредлив.</s>
<s>Никој без решение донесено врз основа на закон не смее да влезе во туѓ стан или други простории, ниту во нив да врши претресување против волјата на нивниот држател.</s>
<s>На претресувањето има право да присуствува лицето чиј стан или простории се претресуваат или член на неговото семејство односно негов застапник.</s>
<s>Претресувањето може да се врши само во присуство на двајца сведоци.</s>
<s>Под услови предвидени со закон службено лице може да влезе во туѓ стан или простории без решение на надлежен орган и да врши претресување без присуство на сведоци, ако е тоа неопходно заради непосредно фаќање на сторителот на кривично дело или заради безбедност на луѓето и имотот, или ако е очигледно дека на друг начин не би можеле да се обезбедат докази во кривичната постапка.</s>
<s>Секое противправно влегување во туѓ стан и други простории и нивно претресување се забранети и казниви.</s>
<s>Тајната на писмата и на другите средства за општење е неповредлива.</s>
<s>Само со закон може да се пропише дека, врз основа на одлука на надлежен орган, може да се отстапи од начелото на неповредливоста на тајната на писмата и на другите средства за општење ако е тоа неопходно за водењето на кривичната постапка или за безбедноста на земјата.</s>
<s>Секој има право на заштита на здравјето.</s>
<s>Со закон се утврдува во кои случаи граѓаните што не се осигурени имаат право на заштита на здравјето од општествените средства.</s>
<s>На борците, воените инвалиди и на членовите на семејствата на паднатите борци, како и на борците од Илинденското востание и од другите националноослободителни војни на Македонија, борците за демократски права и слободи, учесниците во антифашистичката борба и жртвите на фашистичкото насилство им се гарантираат права со кои се обезбедува нивната социјална сигурност и посебни права што се утврдуваат со закон.</s>
<s>На воените инвалиди и инвалидите на трудот им се обезбедува оспособување за работа, инвалидски права и други облици на заштита.</s>
<s>Мајката и детето уживаат посебна општествена заштита.</s>
<s>Под посебна заштита на општествената заедница се малолетниците за кои родителите не се грижат како и другите лица што не се во можност сами да се грижат за себе и за заштита на своите права и интереси.</s>
<s>Граѓаните што не се способни за работа, а немаат средства потребни за издржување, имаат право на помош од општествената заедница.</s>
<s>Семејството ужива општествена заштита.</s><s>Бракот и правните односи во бракот и во семејството се уредуваат со закон.</s>
<s>Бракот полноважно се склучува со слободна согласност на лицата што склучуваат брак пред надлежниот орган.</s>
<s>Родителите имаат право и должност да се грижат за подигањето и воспитувањето на своите деца.</s><s>Децата се должни да се грижат за своите родители на кои им е потребна помош.</s>
<s>Децата родени вон брак имаат исти права и должности како и децата родени во брак.</s>
<s>Право на човекот е слободно да одлучува за раѓање на деца.</s>
<s>Ова право може да се ограничи само заради заштита на здравјето.</s>
<s>Човекот има право на здрава животна околина.</s>
<s>Општествената заедница обезбедува услови за остварување на ова право.</s>
<s>Секој што користи земјиште, вода или други природни добра е должен тоа да го врши на начин со кој се обезбедуваат услови за работа и живот на човекот во здрава околина.</s>
<s>Секој е должен да ја чува природата и нејзините добра, природните знаменитости и реткости и спомениците на културата.</s>
<s>Загарантирано е правото за наследување.</s>
<s>Наследувањето се уредува со закон.</s>
<s>Никој не може врз основа на наследување да задржи во сопственост недвижности и средства за работа во поголем обем отколку што е определено со устав или со закон.</s>
<s>Наследувањето на имотот на лицата што уживале социјална или друга помош од општествената заедница може да се ограничи со закон.</s>
<s>Секој е должен под еднакви услови и сразмерно со своите материјални можности да придонесува за задоволување на општите општествени потреби.</s>
<s>Секој е должен да му даде на друг помош кога е во опасност и солидарно со други да учествува во отстранувањето на општа опасност.</s>
<s>Секој е должен да се придржува кон уставот и законите.</s>
<s>Со закон се определуваат условите под кои е казниво пропуштањето да се вршат должностите утврдени со уставот.</s>
<s>Противуставно и казниво е секое самоволие со кое се повредува или ограничува правото на човекот без оглед на тоа кој го врши.</s>
<s>Никој не смее да употребува принуда ниту да ги ограничува правата на друг, освен во случаите и во постапката што се пропишани со закон.</s>
<s>Секој има право на надоместок на штетата што, во врска со вршењето на службата или на друга дејност на државен орган односно на организација што врши работи од јавен интерес, ќе му ја предизвика со своја незаконита или неправилна работа лицето или органот што ја врши таа служба или дејност.</s>
<s>Штетата е должна да ја надомести општината или Републиката односно организацијата во која се врши службата или дејноста.</s><s>Оштетениот има право, во согласност со закон, да бара надоместок и непосредно од лицето што му ја причинило штетата.</s>
<s>Слободите и правата загарантирани со уставот не можат да се одземат ниту да се ограничат.</s>
<s>Со слободите и правата утврдени со уставот никој не смее да се користи заради уривање на основите на социјалистичкото самоуправно демократско уредување утврдено со уставот, загрозување на независноста на земјата, кршење на слободите и правата на човекот и граѓанинот загарантирани со уставот, загрозување на мирот и рамноправната меѓународна соработка, разгорување на национална, расна и верска омраза или нетрпеливост или поттикнување кон вршење на кривични дела, ниту овие слободи можат да се користат на начин со кој се навредува јавниот морал.</s><s>Со закон се определува во кои случаи и под кои услови користењето на слободите спротивно на уставот повлекува ограничување или забрана на нивното користење.</s>
<s>Овие слободи и права се остваруваат, а должностите се исполнуваат врз основа на уставот.</s><s>Начинот на остварување на одделни слободи и права може да се пропише само со закон, и тоа единствено кога е предвидено со уставот или кога е неопходно за нивното остварување.</s>
<s>Се обезбедува судска заштита на слободите и правата загарантирани со уставот.</s>
<s>Глава VI: Уставност и законитост</s>
<s>Заради остварување на општествено-економските и политичките односи утврдени со уставот и со закон и заради заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, самоуправувањето, општествената сопственост, самоуправните и другите права на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници и на општествено-политичките заедници, се обезбедува заштита на уставноста и законитоста.</s>
<s>За уставноста и законитоста се должни да се грижат судовите, органите на општината и на Републиката, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, како и носителите на самоуправни, јавни и други општествени функции.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија, како носител на заштитата на уставноста, ја обезбедува и законитоста во согласност со уставот.</s>
<s>Право и должност на работните луѓе и граѓаните е да даваат иницијатива за заштита на уставноста и законитоста.</s>
<s>Републичките закони мора да бидат во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Сите други прописи и општите акти на органите на општината и на Републиката, мора да бидат во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, со републичките закони и со другите републички прописи.</s>
<s>Статутот на општината не може да биде во спротивност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија и со законите.</s>
<s>Самоуправните општи акти мора да бидат во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија и со законите.</s><s>Овие акти не можат да бидат во спротивност со самоуправната спогодба за здружување, ниту со самоуправните спогодби и општествените договори кон кои пристапува организацијата на здружениот труд, друга организација односно заедница.</s>
<s>Ако органот што одлучува во поединечни работи смета дека прописот или општиот акт или самоуправниот општ акт не е во согласност со републички закон односно со друг републички пропис или дека е во спротивност со сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката, должен е да поведе постапка пред Уставниот суд на Македонија.</s>
<s>Собранието на општината може да поништи или укине противуставен или незаконски пропис или друг општ акт на својот извршен орган.</s>
<s>Извршниот орган на собранието на општината може да поништи или укине противуставен или незаконски пропис или друг општ акт на општински орган на управата на соодветното собрание.</s>
<s>Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија има право, до одлуката на уставниот суд, да го запре извршувањето на прописот или на другиот општ акт на собранието на општината, ако се во спротивност со уставот, со законите и со другите републички прописи и е должен во рок од 30 дена да поведе постапка пред уставниот суд.</s>
<s>Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија има право да го запре извршувањето на противуставен или незаконски пропис или друг општ акт на извршен орган на собранието на општината и е должен истовремено да побара од собранието на општината да го поништи или укине прописот односно актот.</s>
<s>Републичките секретаријати имаат право да го запрат извршувањето на противуставните и незаконските прописи и други општи акти на општинските органи на управата и се должни истовремено да побараат од извршниот орган на собранието на општината да го поништи или укине прописот односно актот.</s>
<s>Собранието на општината има право, до одлуката на уставниот суд, да го запре извршувањето на самоуправните општи акти што се во спротивност со уставот и со законите.</s>
<s>Со закон може да се предвиди извршувањето на самоуправните општи акти на определени организации на здружениот труд и на други самоуправни организации и заедници, под исти услови, да го запре друг орган на општината или на Републиката.</s>
<s>Законите и другите прописи и општи акти на органите на општината и на Републиката се објавуваат пред да влезат во сила.</s>
<s>Самоуправните општи акти не можат да се применуваат пред да се објават на соодветен начин.</s>
<s>Законите и другите прописи и општи акти влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето.</s>
<s>Само од особено оправдани причини може да се определи закон, друг пропис или општ акт да влезе во сила во рок пократок од осум дена од денот на објавувањето, или истиот ден кога е објавен.</s>
<s>Законите, другите прописи и општите акти не можат да имаат повратно дејство.</s>
<s>Само со закон може да се определи одделни негови одредби, ако тоа го бара општиот интерес утврден при донесувањето на законот, да имаат повратно дејство.</s>
<s>Казнивите дела се утврдуваат и казните за тие дела се изрекуваат според законот односно прописот што важел во времето кога е извршено делото, освен ако новиот закон односно пропис е поблаг за сторителот.</s>
<s>Законите и другите прописи и општи акти на републичките органи се објавуваат на македонски јазик во „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија".</s>
<s>Со статутот на општината, со статутот на организацијата на здружениот труд и на друга самоуправна организација и заедница, се определува начинот на кој се објавуваат нивните општи акти.</s>
<s>Сите поединечни акти и мерки на органите на управата и на другите државни органи што вршат извршни и управни работи, како и поединечните акти на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници што тие ги донесуваат во вршењето на јавни овластувања, мораат да се засновуваат врз закон или врз друг законито донесен пропис.</s>
<s>Државните органи, како и организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници што вршат јавни овластувања, можат да решаваат во поединечни предмети за правата и обврските или, врз основа на закон, да применуваат мерки на присилба или ограничување само во постапка пропишана со закон во која секому му е дадена можност да ги брани своите права и интереси и против донесениот акт да изјави жалба или да употреби друго правно средство предвидено со закон.</s>
<s>Органите на управата можат да им налагаат обврски на одделни самоуправни организации и заедници во поглед на нивната работа само ако се за тоа со закон изречно овластени и во постапка пропишана со закон.</s>
<s>Против решенијата и другите поединечни акти на судските, управните и другите државни органи, како и против таквите акти на самоуправните организации и заедници што вршат јавни овластувања донесени во прв степен, може да се изјави жалба до надлежниот орган.</s>
<s>Со закон може, по исклучок, во определени случаи да се исклучи жалбата ако на друг начин е обезбедена заштита на правата и на законитоста.</s>
<s>За законитоста на конечните поединечни акти со кои државните органи или самоуправните организации и заедници што вршат јавни овластувања решаваат за правата или обврските одлучува судот во управен спор, ако за определена работа со закон не е предвидена друга судска заштита.</s>
<s>Само со закон може, по исклучок, во определени видови управни работи да се исклучи управниот спор.</s>
<s>Глава VII: Судство и јавно обвинителство</s>
<s>Судската функција во единствениот систем на власта и на самоуправувањето на работничката класа и на сите работни луѓе ја вршат редовните судови како органи на државната власт и самоуправните судови.</s>
<s>Судовите ги штитат слободите и правата на граѓаните и самоуправната положба на работните луѓе и на самоуправните организации и заедници и обезбедуваат уставност и законитост.</s>
<s>Судовите во вршењето на судската функција се независни и судат врз основа на уставот, законите и самоуправните општи акти.</s>
<s>Редовните судови се востановуваат со закон.</s>
<s>Надлежноста, составот и организацијата на редовните судови и постапката пред тие судови се утврдуваат со закон.</s>
<s>Редовните судови: одлучуваат во споровите за основните лични односи, правата и обврските на граѓаните, правата и обврските на општествено-политичките заедници; изрекуваат казни и други мерки спрема сторителите на кривични дела и други казниви дела определени со закон; одлучуваат за законитоста на поединечните акти на државните органи и организациите што вршат јавни овластувања; ги решаваат споровите за имотните и работните односи, ако решавањето на овие спорови не им е доверено на самоуправните судови и решаваат за други односи кога е тоа предвидено со закон.</s>
<s>Редовните судови ги следат и проучуваат општествените односи и појави од интерес за остварувањето на своите функции и на собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија и другите државни органи и на самоуправните организации и заедници им даваат предлози за спречување на општествено опасните и штетните појави и за зацврстување на законитоста, општествената одговорност и социјалистичкиот морал.</s>
<s>Редовните судови, во рамките на својот делокруг, имаат право и должност да го известуваат собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија за примената на законите и за својата работа.</s>
<s>Самоуправните судови се востановуваат со самоуправен акт или со спогодба меѓу странките, во согласност со уставот и закон.</s><s>Самоуправни судови за определени видови спорови можат да се востановат и со закон.</s>
<s>Надлежноста, составот и организацијата на самоуправниот суд, како и постапката пред тој суд, се уредуваат со закон односно со актот за востановување на судот во согласност со закон.</s>
<s>Самоуправните судови решаваат со устав и закон определени видови спорови од општествено-економските и другите самоуправни односи, како и спорови што ќе им ги доверат работните луѓе во организациите на здружениот труд, во самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, а настанале од меѓусебните односи што самостојно ги уредуваат или што произлегуваат од правата со кои слободно располагаат, ако со закон не е утврдено определени видови спорови да ги решаваат редовните судови.</s>
<s>Граѓаните можат решавањето на определени спорови за правата со кои слободно располагаат спогодбено да им ги доверат на мировни совети или на избрани судови или на други самоуправни судови, ако со закон не е поинаку определено.</s>
<s>Самоуправните судови се востановуваат како судови на здружениот труд, арбитражи, мировни совети, избрани судови и како други облици на самоуправни судови.</s>
<s>Судот на здружениот труд одлучува за постоење на услови за организирање на основни организации на здружениот труд и работни заедници и за барањата за заштита на правото на работа со општествени средства и на други самоуправни права и на општествената сопственост и ги решава споровите за организирање и издвојување на основни организации на здружениот труд, за спојување, припојување и поделба на организацијата на здружениот труд, за склучување и спроведување на самоуправни спогодби за здружување и за меѓусебните односи во здружениот труд, како и другите видови спорови од општествено-економските и другите самоуправни односи определени со закон.</s>
<s>Образувањето, надлежноста и составот на судот на здружениот труд, како и постапката пред тој суд, се уредуваат во согласност со закон.</s>
<s>Расправата пред судот е јавна.</s>
<s>Заради зачувување на тајната, заштита на моралот, интересот на малолетниците или заради заштита на други посебни интереси на општествената заедница, со закон се определува во кои случаи од расправата може да се исклучи јавноста.</s>
<s>Судот суди во совет.</s>
<s>Со закон може да се определи во определени работи да суди судија поединец.</s>
<s>Во судењето учествуваат судии и работни луѓе и граѓани како судии, судии-поротници или поротници на начин утврден со закон односно со актот за востановување на судот.</s>
<s>Со закон може да се пропише во определени судови и во определени работи во судењето да учествуваат само судии.</s>
<s>Судиите и граѓаните што учествуваат во судењето во редовниот суд ги избира и разрешува собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Судиите во редовните судови се избираат и разрешуваат на начин, под услови и според постапка со кои се обезбедува стручна способност и морално-политичка подобност за вршење на судската функција и независноста на судиите во судењето.</s>
<s>Судиите и граѓаните што учествуваат во судењето во редовниот суд се избираат на определено време и можат да бидат повторно избрани.</s>
<s>Судиите, граѓаните и работните луѓе што учествуваат во судењето во самоуправниот суд се избираат, именуваат и разрешуваат на начин пропишан со закон.</s>
<s>Никој што учествува во судењето не може да биде повикан на одговорност за мислење дадено при донесувањето на судска одлука, а во постапка поведена поради кривично дело сторено во вршењето на судската функција не може да биде притворен без одобрение на собранието на општината односно на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Судијата не може да врши служба или работа што се неспоиви со судиската функција.</s>
<s>По жалба или друго правно средство против судска одлука може да одлучи само надлежен суд.</s>
<s>Со законот односно со актот за востановување на самоуправниот суд се определува кога и под кои услови против негова одлука е допуштено правно средство.</s>
<s>Со закон се определува под кои услови може одлука на самоуправен суд да се побива кај редовен суд и се уредува извршувањето на овие одлуки.</s>
<s>Одлуките на судовите донесени во другите социјалистички републики и во социјалистичките автономни покраини имаат важност и се извршливи на територијата на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Јавното обвинителство е самостоен државен орган што ги гони сторителите на кривични и други со закон определени казниви дела и презема со закон определени мерки за заштита на интересите на општествената заедница и вложува правни средства заради заштита на уставноста и законитоста.</s>
<s>Јавното обвинителство ја врши својата функција врз основа на уставот и законите, а во согласност со политиката утврдена со општите акти на собранието на општината односно на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Повисокиот јавен обвинител може, во согласност со закон, да му дава задолжителни упатства на понискиот јавен обвинител за неговата работа и да презема вршење на одделни работи за кои е надлежен понискиот јавен обвинител.</s>
<s>Повисокиот јавен обвинител може да го овласти понискиот јавен обвинител да води постапка по одделни предмети или да врши определени работи од надлежност на друг понизок јавен обвинител.</s>
<s>Јавните обвинителства ги следат и проучуваат општествените односи и појави од интерес за остварување на своите функции и на собранието на општината односно на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и на другите државни органи и на самоуправните организации и заедници им даваат предлози за спречување на општествено опасните и штетните појави и за зацврстување на законитоста, општествената одговорност и социјалистичкиот морал.</s>
<s>Јавните обвинителства во рамките на својот делокруг имаат право и должност да го известуваат собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија за примената на законите и за својата работа.</s>
<s>Јавните обвинителства се востановуваат и нивните надлежности се определуваат со закон.</s>
<s>Глава VIII: Народна одбрана</s>
<s>Неприкосновено и неотуѓиво право и должност на македонскиот народ и народностите, на работните луѓе и граѓаните е да ја штитат и бранат независноста, суверенитетот, територијалната целокупност и со уставот утврденото општествено и политичко уредување на Социјалистичка Република Македонија и на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>Работните луѓе и граѓаните имаат право да учествуваат во организирањето на народната одбрана и, во рамките на системот и плановите за одбрана, да им се обезбеди активно учество во одбраната на земјата, како и услови за оспособување за одбрана и заштита.</s>
<s>Никој нема право да признае или да потпише капитулација, ниту да прифати или признае окупација на Социјалистичка Република Македонија или на одделен нејзин дел.</s><s>Никој нема право да ги спречи граѓаните на Социјалистичка Република Македонија да се борат против непријателот што ја нападнал земјата.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија во согласност со основите на системот на народната одбрана, ја утврдува организацијата на народната одбрана, начинот и облиците на подготовките и начелата на плановите и подготвителните мерки во воена состојба, ја организира народната одбрана и раководи со територијалната одбрана, цивилната заштита и другите подготовки за одбрана на земјата, а во случај на напад на земјата — го организира општонародниот отпор и раководи со него на територијата на Републиката, се грижи за сразмерна застапеност на Македонците и на народностите во старешинскиот состав на Југословенската народна армија и врши со закон определени работи за потребите на Југословенската народна армија.</s>
<s>Територијалната одбрана е дел од општонародната одбрана во Републиката, составен дел на вооружените сили на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и најширок облик на организирање на народот за вооружен отпор.</s>
<s>Територијалната одбрана ја сочинуваат: штабови, единици, установи и други облици на вооружен општонароден отпор, што ги формираат и организираат Републиката, општините и организациите на здружениот труд.</s>
<s>Во штабовите, единиците и установите на територијална одбрана се применува начелото за што посразмерна застапеност на припадниците на народностите на Републиката и рамноправноста на нивните писма и јазици.</s>
<s>Во единиците на територијалната одбрана, составени од припадници на народностите, во командувањето и обуката се употребува јазикот на таа народност.</s>
<s>Цивилната заштита е облик на општонародната одбрана за организирање и подготвување на работните луѓе и граѓаните, организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници и на општината и Републиката за заштита и спасување на населението и материјалните добра од воени дејства, елементарни непогоди и други непогоди во мир.</s>
<s>Право и должност на општините е, во согласност со основите на системот на народната одбрана, секоја на своето подрачје да ја уредува и организира народната одбрана, да ги насочува подготовките на месните заедници и на другите самоуправни организации и заедници во оваа област, да раководи со територијалната одбрана, цивилната заштита и другите подготовки за одбрана на земјата а во случај на напад на земјата — да го организира општонародниот отпор и да раководи со него.</s>
<s>Во месните заедници, работните луѓе и граѓаните непосредно се организираат и се подготвуваат за учество и давање отпор на агресорот, за заштита и спасување од воени дејства и за извршување на други задачи од интерес за одбраната на земјата.</s>
<s>Организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници го вршат правото и должноста на одбрана на земјата во согласност со законот, плановите и одлуките на општествено-политичките заедници, обезбедуваат средства за народна одбрана и вршат други задачи од интерес за народната одбрана.</s><s>Овие организации и заедници се одговорни за извршување на тие задачи.</s>
<s>Општествените организации, стручните и другите здруженија спроведуваат подготовки за општонародна одбрана во согласност со својата дејност, работат врз оспособување на своите членови за активно учество во општонародниот отпор и соработуваат со други органи и организации во спроведувањето на подготовките за општонародна одбрана.</s>
<s>Општествено-политичките организации вршат подготовки за работа во војна, учествуваат во изработката и усогласувањето на плановите и спроведувањето на подготвителните мерки, а во рамките на општината односно Републиката ја поттикнуваат и насочуваат активноста на своето членство и на граѓаните за одбрана на земјата.</s>
<s>ВТОР ДЕЛ: Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Глава IX: Права и должности на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија ги има следните права и должности:</s>
<s>1) го штити суверенитетот, независноста и националната слобода;</s>
<s>2) обезбедува услови за остварување и развој на самоуправните социјалистички општествени односи;</s>
<s>3) обезбедува заштита и услови за остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, се грижи за остварување на правата на работните луѓе утврдени заради обезбедување на нивната социјална сигурност и стабилност;</s>
<s>4) создава услови и се грижи за остварување на самоуправните права на организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници и на општините;</s>
<s>5) го обезбедува остварувањето на рамноправноста на македонскиот народ, народностите и на припадниците на другите народи на Југославија, како и на припадниците на етничките групи;</s>
<s>6) ја утврдува општата политика за усогласен стопански и општествен развој на Републиката и за развој на недоволно развиените краишта, како и се грижи за нејзиното остварување;</s>
<s>7) се грижи за усогласеноста на правниот систем на Републиката;</s>
<s>8) обезбедува уставност и законитост;</s>
<s>9) учествува во утврдувањето и спроведувањето на политиката на федерацијата;</s>
<s>10) обезбедува заштита на поредокот утврден со уставот (државна безбедност);</s>
<s>11) ја организира службата на државната безбедност и ја насочува нејзината работа;</s>
<s>12) се грижи за организирањето на јавната безбедност во Републиката и ја усогласува работата на службите за јавна безбедност на општините;</s>
<s>13) се грижи за функционирањето на општествената самозаштита;</s>
<s>14) ја организира народната одбрана;</s>
<s>15) ја врши судската функција и го организира правосудството;</s>
<s>16) ја обезбедува посебната заштита на борците од Народноослободителната војна, воените инвалиди и семејствата од паднатите борци; заштитата на борците од Илинденското востание и другите националноослободителни борби на Македонија; заштитата на борците за демократски права и слободи и на учесниците во антифашистичката борба, на жртвите од фашистичкото насилство, цивилните инвалиди од војната и трудовите и другите инвалиди;</s>
<s>17) ги обезбедува основните права од социјалната заштита и се грижи за развитокот на оваа заштита;</s>
<s>18) се грижи за рационално искористување на просторот, за урбанистичко уредување и за заштита на природата;</s>
<s>19) се грижи за развитокот и единството на системот на воспитувањето и образованието и за изедначувањето на условите за образование во Републиката; учествува во обезбедувањето услови за развиток на насоченото образование;</s>
<s>20) се грижи и учествува во обезбедувањето услови за развиток на науката и научно-истражувачката работа;</s>
<s>21) се грижи и учествува во обезбедувањето услови за развиток на културата, а учествува во обезбедувањето услови за унапредување на културните дејности од општ интерес за Републиката;</s>
<s>22) се грижи за развитокот на здравствената заштита и презема мерки од општ интерес за Републиката во оваа област;</s>
<s>23) се грижи за развитокот на физичката култура;</s>
<s>24) се грижи за развитокот на техничката култура;</s>
<s>25) се грижи за развитокот на детската заштита;</s>
<s>26) се грижи за развитокот на општествените средства за јавно информирање;</s>
<s>27) основа републички органи и републички организации и се грижи за нивното функционирање;</s>
<s>28) се грижи за извршувањето на републичките и сојузните закони и другите прописи на територијата на Републиката и, доколку е овластена со сојузен закон, непосредно ги извршува;</s>
<s>29) врши и други права и должности утврдени со уставот.</s>
<s>Правата и должностите на Социјалистичка Република Македонија ги остваруваат републичките органи во рамките на нивната надлежност определена со овој устав и со законите.</s>
<s>Републичките органи, во остварувањето на надлежностите утврдени со овој устав, ја утврдуваат политиката, донесуваат закони и други прописи и акти, се грижат за нивното извршување, вршат извршни и управни работи, преземаат соодветни мерки и извршуваат други задачи со кои се остваруваат правата и должностите на Републиката.</s>
<s>{{Член|301</s>
<s>За уредување на работите од заеднички интерес за работните луѓе и граѓаните, за организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, Собранието на Социјалистичка Република Македонија донесува закони што се однесуваат на:</s>
<s>1) обезбедувањето на општествено-економската положба и правата на работните луѓе во здружениот труд утврдени со Уставот и изедначување на општите услови за работа и живот на работните луѓе врз основите на взаемноста и солидарноста; системот на општественото планирање, општествениот план на Републиката, системот на регионалниот развој, развојот на недоволно развиените краишта и кредитирањето на нивниот побрз развој, како и на мерките за остварување на политиката за општествениот развој на Републиката; системот на просторното и урбанистичкото планирање; насочувањето на распределбата на доходот и личните доходи; меѓусебните односи на работниците во организациите на здружениот труд, вработувањето и заштитата во работата; самостојниот личен труд со средства на трудот во сопственост на граѓаните; правната положба на организациите на здружениот труд и условите за вршење на определени дејности; задолжителното здружување во комори, во деловни заедници кога тоа го бара технолошкото единство на системот во одделни области и ако е тоа од интерес за Републиката, како и во заедници на определени видови организации на здружениот труд; републичките стоковни резерви заради обезбедување потребите на Републиката во случај на војна и во други вонредни прилики или заради обезбедување стабилност на пазарот во случај на поголеми нарушувања на пазарот; општествената контрола на цените на производите и услугите;</s>
<s>2) системот на финансирањето на општините и на Републиката; придонесите, даноците, таксите и другите давачки; буџетите и јавните заеми; Народната банка на Македонија; Службата на општественото книговодство во Републиката; кредитниот и банкарскиот систем; системот на осигурување на имоти и лица; игрите на среќа;</s>
<s>3) користењето на земјиштето, шумите и другите природни богатства и природните сили; ловот и риболовот; заштитата од загадување на воздухот, водата и земјиштето; спречувањето на штетната бучава; заштитата на човековата околина; заштита на животинскиот и растителниот свет; рударството, електростопанството и водостопанството; изградбата на инвестициони објекти и надзорот врз нив; премерот и катастарот на земјиштето; патиштата; патниот, железничкиот и езерскиот сообраќај и безбедноста на овој сообраќај; воздушниот, ПТТ и радио-сообраќајот; угостителството, туризмот и занаетчиските дејности;</s>
<s>4) народната одбрана и подготвувањето на општонародниот отпор; државната и јавната безбедност и општествената самозаштита;</s>
<s>5) републичкото државјанство; химната на Социјалистичка Република Македонија; републичките празници; републичките признанија и одликувања; употребата на знамињата; амнестијата и помилувањето;</s>
<s>6) основите на изборниот систем во организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, како и на изборот и отповикувањето на членовите на делегациите; изборот и отповикувањето на претседател и членови на Претседателството на Републиката и на делегатите за собранијата; републичкиот референдум;</s>
<s>7) организацијата и надлежностите на републичките органи; правата, должностите и одговорностите на работниците во општинските и републичките органи, од трудот и по основ на трудот; самоуправувањето во овие органи;</s>
<s>8) образувањето и укинувањето на општини и определувањето и менувањето на нивните граници;</s>
<s>9) сопственичките и другите имотно-правни односи; договорните и другите облигациони односи; прометот на недвижности; правото на сопственост на стан и основите на станбените односи; наследувањето; експропријацијата;</s>
<s>10) положбата, правата и должностите на општествениот правобранител на самоуправувањето;</s>
<s>11) судовите; јавното обвинителство; адвокатурата, правното застапување и другите видови правна помош;</s>
<s>12) кривичната одговорност, кривичните дела, одговорноста за стопански престапи и за прекршоци што според Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија не ги утврдуваат сојузните органи; системот на прекршоците; извршувањето на санкциите за кривични дела, стопански престапи и прекршоци; посебните постапки во областите во кои општествените односи се уредуваат со републички закон;</s>
<s>13) бракот, семејството и старателството;</s>
<s>14) системот и организацијата на воспитувањето и образованието; стручните називи и академските титули: нострификацијата на дипломи стекнати во странство; системот и организацијата на научноистражувачката работа;</s>
<s>15) основите на организацијата на културните дејности; заштитата на спомениците на културата и на природните реткости; музејската, архивската и библиотекарската дејност; издавачката дејност; филмот; сценско-уметничките дејности; изградбата на јавни споменици; системот на физичката и техничката култура; печатот, радиодифузијата и другите средства за јавно информирање;</s>
<s>16) системот и организацијата на здравствената и социјалната заштита; основните права од социјалната заштита; детската заштита; системот на здравственото, пензиското и инвалидското осигурување;</s>
<s>17) заштитата на животот и здравјето на луѓето од заразни болести чие спречување и отстранување е од интерес за Републиката; заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници чие спречување и отстранување е од интерес за Републиката; производството на лекови и отрови; складирањето и заштитата од запаливи течности, гасови, експлозивни, радиоактивни и други опасни материјали и превозот на овие материјали;</s>
<s>18) посебната заштита на борците од Народноослободителната војна, воените инвалиди и семејствата на паднатите борци; заштитата на борците од Илинденското востание и другите национално-ослободителни борби на Македонија; заштитата на борците за демократски права и слободи и на учесниците во антифашистичката борба, жртвите од фашистичкото насилство, цивилните инвалиди од војната и трудовите и другите инвалиди;</s>
<s>19) собирањето и обработката на статистички и други податоци од интерес за Републиката;</s>
<s>20) здружувањето на граѓаните; јавните собири и јавните приредби; слободата на движењето и населувањето; пријавувањето на живеалиштето и престојувалиштето;</s>
<s>21) правната положба на верските заедници;</s>
<s>22) заштитата од пожари и од елементарни непогоди;</s>
<s>23) матичните книги; личните имиња и личните карти; прогласувањето на исчезнати лица за умрени и докажувањето на смртта;</s>
<s>24) заверката на потписи, ракописи и преписи;</s>
<s>25) набавувањето, поседувањето, носењето, испробувањето и обележувањето на оружје и муниција.</s>
<s>Собранието може со закон да уредува и други односи и прашања што се од заеднички интерес за работните луѓе и граѓаните и самоуправните организации и заедници.</s><s>Овие закони се донесуваат со мнозинство гласови на сите делегати во надлежните собори на Собранието.</s>
<s>Собранието, во рамките на правата и должностите на Републиката, донесува закони и во областите што се уредени со сојузен закон.</s>
<s>Собранието може да донесува закони ако е тоа од интерес за остварувањето на правата и должностите на Републиката и во областите што се уредуваат со сојузен закон, ако таков закон не е донесен.</s>
<s>Со закон може да се утврдат општи начела во следните области во кои работните луѓе и граѓаните самостојно ги уредуваат односите во општината, месната заедница, самоуправната интересна заедница, организацијата на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници:</s>
<s>1) урбанистичкото уредување на населбите;</s>
<s>2) доделувањето, уредувањето и употребата на градежно земјиште;</s>
<s>3) уредувањето и користењето на земјиштето и добрата во општа употреба;</s>
<s>4) организацијата на самоуправните интересни заедници и меѓусебните односи во нив;</s>
<s>5) работењето и управувањето на комуналните работни организации;</s>
<s>6) станбената изградба, нејзиното финансирање и управувањето (стопанисувањето) со станбените згради и становите во општествена сопственост;</s>
<s>7) референдумот во општината, месната заедница, самоуправните интересни заедници, организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници.</s>
<s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија може, по иницијатива на повеќето од половината собранија на општините, со закон да утврди општи начела и по други прашања што работните луѓе и граѓаните самостојно ги уредуваат во општината, месната заедница, самоуправните интересни заедници, организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници.</s>
<s>Овие закони се донесуваат со двотретинско мнозинство гласови на сите делегати во надлежните собори на Собранието.</s>
<s>Законот со кој се утврдуваат општи начела не се применува непосредно.</s>
<s>Одлуките и другите општи акти што општините, месните заедници, самоуправните интересни заедници, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници ги донесуваат за уредување на работите од овој член, мора да бидат во согласност со општите начела утврдени со законот.</s>
<s>Во областите што не се уредуваат само со закон, општините можат, во рамките на своите права и должности, самостојно да донесуваат прописи заради уредување на прашања и односи од интерес за општината.</s><s>Во овие области може да се донесе закон само ако тоа го бара општиот интерес на Републиката.</s><s>Прописите донесени во овие области општините се должни да ги усогласат со подоцна донесениот закон во рок од три месеци по влегувањето во сила на законот.</s><s>Со денот на влегувањето во сила на тој закон престануваат да важат одредбите на прописите на општината што се однесуваат на прашањата уредени со законот.</s>
<s>Во областите што се уредени со републички закон општините можат, во рамките на своите права и должности, да донесуваат прописи заради уредување на одделни прашања што не се уредени со законот.</s><s>Овие прописи мора да бидат во согласност со законот.</s>
<s>Општините можат со закон да бидат овластени да донесуваат прописи за извршување на одделни закони или на одделни нивни одредби.</s>
<s>Во областите што не се уредуваат со закон и прописи на општината, работните луѓе самостојно ги уредуваат прашањата и односите од нивни интерес и од интерес за организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници.</s>
<s>Општите општествени потреби што се остваруваат во Републиката се:</s>
<s>— функционирањето на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и на републичките органи;</s>
<s>— работите на народната одбрана од надлежност на Републиката;</s>
<s>— дополнителните средства на општините;</s>
<s>— посебната боречка заштита од надлежност на Републиката;</s>
<s>— со закон утврдените обврски на Републиката за учество во финансирањето на воспитувањето и образованието, науката и научноистражувачката работа, културата, физичката и техничката култура, здравствената заштита, социјалната заштита, пензиското осигурување, заштитата на природата;</s>
<s>— поттикнувањето и помагањето на со закон утврдените обврски на Републиката за побрз развој на стопански недоволно развиените краишта;</s>
<s>— финансирањето на функциите на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија утврдени со овој устав;</s>
<s>— интервенциите во стопанството заради заштита на животниот стандард на работните луѓе и граѓаните;</s>
<s>— со закон утврдените обврски на Републиката за учество во финансирањето на изградба, одржување и реконструкција на патиштата и на објектите за заштита од поплави; истражувачките работи во рударството; изградбата и опремувањето на објектите за заштита од градобијност и пошумувањето на голините;</s>
<s>— учеството на Републиката во финансирањето на функциите на федерацијата.</s>
<s>Републиката самостојно располага со средствата за финансирање на општите општествени потреби што се остваруваат во Републиката и ги распределува со републичкиот буџет.</s>
<s>Кога е неопходно да се спречат и да се отстранат поголеми нарушувања во стопанството или кога тоа го бараат интересите на народната одбрана или други вонредни потреби на земјата, со закон можат да се пропишат:</s>
<s>— граници во кои општините и Републиката можат да ги утврдуваат своите приходи од доходот на организациите на здружениот труд и од прометот на производите и услугите;</s>
<s>— обврска на организациите на здружениот труд, на самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници и на општините и Републиката да обезбедуваат резервни општествени средства;</s>
<s>— привремена забрана на располагање со дел од општествените средства за потрошувачка или со дел од општествените средства за финансирање на проширената репродукција од страна на организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници и општините и Републиката;</s>
<s>— начинот на располагање со вишоците на приходите на буџетите на општините и Републиката, како и со вишоците на приходите на самоуправните интересни заедници што произлегуваат од обврските утврдени со закон.</s>
<s>Овој закон се донесува со мнозинство гласови на сите делегати во Соборот на здружениот труд.</s>
<s>Финансирањето на побрзиот развој на стопански недоволно развиените краишта во Републиката се врши во согласност со условите за општиот развој на Републиката.</s>
<s>Се образува посебен фонд на Републиката за кредитирање на побрзиот развиток на стопански недоволно развиените краишта.</s>
<s>Стопански недоволно развиените краишта во Републиката, како и изворите на приходите, управувањето и начинот на работењето на Фондот, се утврдуваат со закон.</s>
<s>Управувањето и работењето на фондот се утврдуваат на начин што обезбедува со средствата да управуваат и располагаат делегираните претставници на Републиката, општините на неразвиените краишта и асоцијациите на организациите на здружениот труд заинтересирани за остварување на целите на Фондот.</s>
<s>Републиката може, во рамките на своите права и должности, да основа фондови за доделување на општествени признанија.</s>
<s>Фондовите се основаат и се укинуваат со закон.</s>
<s>Републичките органи, во рамките на правата и должностите утврдени со овој устав, ја утврдуваат политиката на извршувањето на републичките закони и на другите општи акти на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, го следат нивното извршување и вршат други извршни и управни работи.</s>
<s>Републичките органи, во рамките на правата и должностите на Републиката утврдени со овој устав, непосредно одговараат за извршувањето и применувањето на републичките закони и на другите републички прописи како и за извршувањето и применувањето на сојузните закони и на другите сојузни прописи за чие извршување не се непосредно одговорни сојузните органи.</s>
<s>Општинските органи го обезбедуваат извршувањето на законите и другите прописи и непосредно ги извршуваат, доколку нивното извршување со законот или прописот не им е ставено во надлежност на републичките органи односно во надлежност на установите и организациите што вршат работи од јавен интерес.</s>
<s>Републичките органи имаат спрема општинските органи само права утврдени со уставот и со законите.</s>
<s>Општинските органи се должни да го обезбедуваат извршувањето на законите, другите прописи и мерки на републичките органи во работите од општ интерес за Републиката и за таа цел да соработуваат со нив кога тие оваа соработка ја бараат, во согласност со законот.</s>
<s>Со закон може да се предвиди во извршувањето на одделни работи од општ интерес за Републиката, републичките органи да имаат право на општинските органи да им даваат задолжителни инструкции, да вршат право на надзор над работата на тие органи, да ги задржуваат од извршување нивните незаконски акти донесени во вонуправната постапка, како и да им се дадат други овластувања заради обезбедување на извршувањето на овие работи.</s>
<s>Работи од општ интерес за Републиката се со закон определени работи за чие извршување се одговорни републичките органи и кога непосредно ги извршуваат органите на општината.</s>
<s>{{Член|311</s>
<s>Само со закон може на подрачјето на општината да се образуваат органи на управата за вршење одделни управни работи од надлежноста на Републиката, како и да се пропишува обврска на општините да образуваат органи на управата за вршење на такви работи или работи од општ интерес за Републиката што и се пренесени во надлежност на општината.</s>
<s>Републиката може непосредно преку свои органи да го обезбедува извршувањето на законите и другите републички прописи за чие извршување се надлежни општинските органи, ако и додека овие органи не ги извршуваат тие прописи, со обврска општината да ги надомести трошоците причинети со тоа.</s>
<s>Со закон може да се определи републичките органи што вршат работи на инспекција или надзор да ги вршат овие работи непосредно на целата територија на Републиката заради контрола на извршувањето на законите и заштита на законитоста и правата на работните луѓе, граѓаните и организациите.</s>
<s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија може, кога тоа го бараат вонредни околности, со одлука да им даде на републичките секретаријати и на другите републички органи и организации посебни овластувања во односите со општинските органи на управата.</s><s>Во вршењето на овие овластувања тие органи и организации можат, за времето додека траат вонредните околности, непосредно да организираат и да раководат со определени акции, како и да определуваат или непосредно да преземаат други мерки што ги бараат вонредните околности на загрозеното подрачје.</s>
<s>Одделни работи од надлежноста на Републиката во врска со извршувањето на законите можат со закон да им се пренесат во надлежност на општинските органи.</s>
<s>За решавање на прашања од општ интерес за Републиката, како и за претходно изјаснување на граѓаните за одделни предлози на закони, одлуки и мерки или за нивно потврдување, Собранието на Социјалистичка Република Македонија може да распише референдум.</s>
<s>Со закон можат да се определат прашањата по кои задолжително се распишува референдум.</s>
<s>Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија соработува со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини и со нив развива меѓусебни односи во остварувањето на задачите од заеднички интерес, а особено во поглед на усогласувањето на стопанскиот и општиот општествен развој, во уредувањето на општествените односи и во другите области од надлежност на републиките и покраините, кога е тоа во заеднички интерес и придонесува за создавање поповолни услови за остварување правата на работните луѓе, граѓаните, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, рамноправноста на народите и народностите и за обезбедување на единството и стабилноста на југословенскиот пазар, народната одбрана и безбедноста на земјата.</s>
<s>Оваа соработка ја остваруваат Собранието на Социјалистичка Република Македонија, Претседателството на Републиката, Извршниот совет, републичките органи на управата, собранијата на општините и нивните органи, организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници, општествено-политичките организации, стручните и други здруженија, во рамките на своите надлежности односно дејности.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија ја поттикнува и помага соработката на собранијата на општините и нивните органи, организациите на здружениот труд, интересните заедници и другите самоуправни организации и заедници и на стручните и други здруженија со соодветните органи и организации од другите социјалистички републики и од социјалистичките автономни покраини.</s>
<s>Заради успешно остварување на соработката, органите на Социјалистичка Република Македонија во договор со надлежните органи на одделни или на сите републики и покраини, можат да основаат заеднички органи, организации и други тела, да преземаат заеднички акции, да здружуваат средства и да поттикнуваат размена на искуства и други облици на соработка.</s>
<s>Заклучоците на заедничките органи, организации и тела ги обврзуваат органите и организациите во Републиката само ако, во рамките на своите права и должности утврдени со овој устав и со републичките закони, ги усвои надлежниот републички орган и ги пропише со соодветен пропис односно ги утврди со друг акт.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија учествува рамноправно со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини во утврдувањето и спроведувањето на надворешната политика на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и на нејзините односи со други држави и со меѓународни органи и организации.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија остварува соработка со органи и организации на други држави и со меѓународни органи и организации, во рамките на утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Југославија.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија посебно се грижи за развивањето на политички, економски, културни и други односи со соседните како и со други држави и меѓународни органи и организации што се од значење за Републиката или за правата и интересите на нејзините работни луѓе и граѓани, македонскиот народ и народностите, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници.</s>
<s>Општините, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници остваруваат соработка со соодветни странски и меѓународни органи и организации и со административните единици на странски држави, во рамките на утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Југославија и политиката на Републиката за оваа соработка.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија ја усогласува и насочува соработката на општините, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници со соодветни странски и меѓународни органи и организации и со административните единици на странски држави.</s>
<s>Глава X: Собрание на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>1. Положба и надлежност</s>
<s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија е орган на општественото самоуправување и највисок орган на власта во рамките на правата и должностите на Републиката.</s>
<s>Собранието своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на овој устав и законите.</s>
<s>Собранието, како основен носител на правата и должностите на Социјалистичка Република Македонија, непосредно и исклучиво:</s>
<s>1) го менува Уставот;</s>
<s>2) донесува закони и дава автентични толкувања на законите;</s>
<s>3) го донесува републичкиот општествен план, републичкиот буџет и завршната сметка за извршување на буџетот;</s>
<s>4) одлучува за распишување на јавни заеми;</s>
<s>5) претресува општи политички прашања и ги утврдува основите на политиката во рамките на правата и должностите на Републиката, ги утврдува обврските на републичките органи и организации за извршување на законите и другите акти и политиката на Собранието;</s>
<s>6) одлучува за измена на границите на Социјалистичка Република Македонија;</s>
<s>7) дава согласност на актите што според Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија се донесуваат во согласност со републичките и покраинските собранија;</s>
<s>8) распишува републички референдум;</s>
<s>9) претресува прашања од областа на надворешната политика и меѓународните односи;</s>
<s>10) основа организации на здружениот труд и други организации, чија дејност е од општ интерес за Републиката, определени со закон;</s>
<s>11) дава амнестија за кривични дела определени со закон;</s>
<s>12) врши политичка контрола над работата на Извршниот совет и на републичките органи на управата, како и на носителите на јавните и општествените функции што му одговараат на Собранието и ја насочува нивната работа;</s>
<s>13) врши контрола над извршувањето на републичките општествени планови, републичките буџети и финансиските планови на републичките фондови определени со закон; врши општествен надзор;</s>
<s>14) ги претресува предлозите и мислењата на Уставниот суд на Македонија за проблемите на остварувањето на уставноста и законитоста;</s>
<s>15) ги претресува извештаите на републичките судови за примената на законите од страна на судовите; ги претресува извештаите на органите на републичката управа, како и извештаите на самоуправните организации и заедници определени со закон и зазема начелни ставови по тие извештаи;</s>
<s>16) претресува прашања од заеднички интерес за организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници;</s>
<s>17) ги донесува и одобрува финансиските планови и завршните сметки на републичките фондови определени со закон;</s>
<s>18) избира и разрешува претседател и потпретседател на Собранието;</s>
<s>19) избира и разрешува претседател и членови на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија;</s>
<s>20) избира и отповикува член на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија од Социјалистичка Република Македонија;</s>
<s>21) ја избира и отповикува делегацијата на Собранието на Социјалистичка Република Македонија во Соборот на републиките и покраините на Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија;</s>
<s>22) избира и разрешува претседател и членови на Извршниот совет;</s>
<s>23) избира и разрешува претседатели и членови на комисиите и на другите работни тела на Собранието;</s>
<s>24) избира и разрешува претседател и судии на Уставниот суд на Македонија, на Врховниот суд на Македонија и на други судови кога е тоа определено со закон;</s>
<s>25) именува и разрешува републички секретари, секретар на Извршниот совет, јавен обвинител на Македонија, републички општествен правобранител на самоуправувањето и други републички функционери определени со закон или со друг акт на Собранието, како и членови на органите на управувањето за кои тоа е определено со закон или со друг акт на Собранието;</s>
<s>26) остварува соработка со собранијата на другите социјалистички републики и на социјалистичките автономни покраини по прашања од заеднички интерес и ја насочува работата на органите во Републиката во работите од меѓурепубличката соработка;</s>
<s>27) одлучува за продолжување на мандатот на делегациите и на делегатите во Собранието на Социјалистичка Република Македонија и во собранијата на општините;</s>
<s>28) врши други работи утврдени со овој устав.</s>
<s>Собранието може да донесува одлуки, декларации и резолуции и на државните органи и на организациите на здружениот труд и други самоуправни организации и заедници да им дава препораки во кои се изразува мислење по прашања од општ интерес.</s>
<s>Организациите на здружениот труд, другите самоуправни организации и заедници и државните органи на кои им е упатена препораката, ја разгледуваат и заземаат став по прашањата на кои се однесува препораката.</s>
<s>2. Состав и избор</s>
<s>Собранието го сочинуваат: Собор на здружениот труд, како собор на делегати на работните луѓе во организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници на трудот; Собор на општините, како собор на делегати на работните луѓе и граѓаните во општините и Општествено-политички собор, како собор на делегати на работните луѓе и на граѓаните организирани во општествено-политичките организации.</s>
<s>Собранијата на самоуправните интересни заедници во областа на образованието, науката, културата, здравството и социјалната заштита рамноправно со надлежните собори на Собранието одлучуваат за прашањата од тие области што се во надлежност на Собранието.</s>
<s>Собранијата на овие самоуправни интересни заедници, за учество во одлучувањето во Собранието, се организираат на начин определен со закон.</s>
<s>{{Член|321</s>
<s>Соборот на здружениот труд го сочинуваат 120 делегати.</s>
<s>Работните луѓе во здружениот труд од секоја општина делегираат во Соборот на здружениот труд најмалку по еден делегат.</s>
<s>Бројот на делегатите што се делегираат во Соборот на здружениот труд од одделни области на здружениот труд се определува со закон, сразмерно со бројот на работните луѓе, водејќи сметка за обезбедувањето на соодветна застапеност на работните луѓе од определени области на општествениот труд односно на одделните подрачја во Републиката.</s>
<s>Делегатите во Соборот на здружениот труд ги делегираат соборите на здружениот труд на собранијата на општините од составот на делегациите на основните самоуправни организации и заедници на трудот, со тајно гласање.</s>
<s>Делегатите во Соборот на здружениот труд се делегираат за време од четири години.</s>
<s>Соборите на здружениот труд на собранијата на општините, што го делегирале делегатот, можат овој делегат да го заменат со друг делегат.</s>
<s>Во Соборот на општините секоја општина и секоја градска заедница делегира по двајца делегати.</s>
<s>Делегатите во Соборот на општините ги делегираат собранијата на општините и собранијата на градските заедници на заедничка седница на сите собори, со тајно гласање.</s>
<s>Делегатите во Соборот на општините се делегираат од редот на делегациите на основните самоуправни организации и заедници и на општествено-политичките организации во општината, за време од четири години.</s>
<s>Собранијата на општините и на град ските заедници можат во Соборот на општините да делегираат делегат за определен временски период или за одделна седница на Соборот.</s><s>Начинот на делегирањето на овие делегати се уредува со статутот на општината односно на градската заедница.</s>
<s>Општествено-политичкиот собор го сочинуваат 60 делегати.</s>
<s>Општествено-политичките организации во Републиката, во рамките на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, договорно утврдуваат листа на кандидати за делегати во Општествено-политичкиот собор, од редот на своите делегации.</s>
<s>За изборот на делегатите во Општествено-политичкиот собор, врз основа на листата на кандидатите, се изјаснуваат општествено-политичките собори на собранијата на општините, со тајно гласање.</s>
<s>Делегатите во Општествено-политичкиот собор се делегираат за време од четири години.</s>
<s>Ако мандатот им престане истовремено на повеќе од една четвртина од делегатите во Општествено-политичкиот собор, пополнувањето на упразнетите места се врши на начинот утврден за избор на делегатите во Соборот во целина.</s>
<s>Кандидирањето на одделен делегат во Општествено-политичкиот собор, на местото на делегатот кому му престанал мандатот пред истекот на времето за кое бил избран, се пропишува со закон.</s>
<s>Изборот и отповикувањето на делегатите во соборите на Собранието се уредуваат со закон.</s>
<s>Делегат во собор на Собранието не може истовремено да биде именуван функционер на државен орган што му одговара на Собранието, ниту судија што го избира Собранието.</s>
<s>Избори за делегати во соборите на Собранието распишува претседателот на Собранието.</s>
<s>Изборите мора да се одржат најдоцна петнаесет дена пред истекот на изборниот период на делегатите на кои им истекува мандатот.</s>
<s>Од денот на распишувањето на изборите до денот на изборот на делегатите не може да помине повеќе од два месеци ниту помалку од еден месец.</s>
<s>Со денот на верификацијата на мандатите на новите делегати им престанува функцијата на делегатите на кои им истекол мандатот.</s>
<s>Собранието може во вонредни околности да го продолжи мандатот на делегатите за време додека трае ваквата состојба.</s>
<s>Избори се распишуваат веднаш штом ќе престанат околностите поради кои бил продолжен мандатот.</s>
<s>3. Делокруг и работа</s>
<s>{{Член|331</s>
<s>Работите од надлежноста на Собранието соборите ги вршат самостојно, рамноправно и на заедничка седница.</s>
<s>Работите во областа на образованието, науката, културата, здравството и социјалната заштита од надлежноста на Собранието ги вршат надлежните собори на Собранието рамноправно со собранијата на самоуправните интересни заедници од тие области.</s>
<s>Соборот на здружениот труд самостојно:</s>
<s>— претресува прашања од интерес за работните луѓе и за организациите на здружениот труд во областа на стопанството, прашања од областа на распределбата на доходот и на личните доходи како и други прашања од областа на стопанството и финансиите, донесува закони и други акти во тие области и дава автентични толкувања на законите што ги донесува;</s>
<s>— основа организации на здружениот труд;</s>
<s>— претресува и одлучува по други прашања од надлежноста на Собранието што не се ставени во рамноправен делокруг со друг собор или со собранијата на самоуправните интересни заедници односно што не се во нивни самостоен делокруг.</s>
<s>Соборот на здружениот труд, Општествено-политичкиот собор и Соборот на општините рамноправно го донесуваат републичкиот општествен план, републичкиот буџет и завршната сметка за извршување на буџетот и претресуваат прашања, донесуваат закони и даваат автентични толкувања на законите од областа на народната одбрана и општествената самозаштита; надворешната политика; менувањето на границите на Републиката; системот на финансирањето на општините и на Републиката; побрзиот развиток на стопански недоволно развиените краишта; регионалниот развој на Републиката; празниците и одликувањата на Социјалистичка Република Македонија; референдумот; изборот и отповикувањето на делегациите и делегатите и изборниот систем во организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници.</s>
<s>Соборот на здружениот труд и Општествено-политичкиот собор рамноправно:</s>
<s>— претресуваат прашања, донесуваат закони и даваат автентични толкувања на законите во областа на: системот на социјалистичките самоуправни односи; општествено-политичкиот систем; слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот; заштитата на поредокот утврден со уставот и јавната безбедност; правосудството; привремените мерки спрема организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници; сопственичко-правните и другите имотно-правни односи; боречката заштита; безбедноста на патниот, железничкиот и езерскиот сообраќај; заштитата од пожари и од елементарни непогоди и игрите на среќа;</s>
<s>— превземаат привремени мерки спрема организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници;</s>
<s>— ги остваруваат правата на Собранието во поглед на одговорноста на Извршниот совет и на функционерите што ги избира или именува Собранието и ги укинуваат или поништуваат прописите и другите акти на Извршниот совет што се во спротивност со уставот или со законите;</s>
<s>— вршат општествен надзор;</s>
<s>— ги потврдуваат самоуправните спогодби односно статутите на самоуправните интересни заедници како и статутите и другите општи акти на организациите на здружениот труд кога е тоа определено со закон;</s>
<s>— основаат републички органи на управата и републички организации;</s>
<s>— ги донесуваат односно одобруваат финансиските планови и завршните сметки на републичките фондови определени со закон;</s>
<s>— именуваат и разрешуваат членови на органите на управување на организациите на здружениот труд и на други самоуправни организации и заедници определени со закон или со друг акт на Собранието;</s>
<s>— одлучуваат за надоместоците на функционерите што ги избира односно именува Собранието;</s>
<s>— донесуваат одлука за организацијата и делокругот на стручните служби на Собранието.</s>
<s>Соборот на здружениот труд и Соборот на општините рамноправно:</s>
<s>— претресуваат прашања, донесуваат закони и даваат автентични толкувања на законите во областа на просторното и урбанистичкото планирање; урбанистичкото уредување на населбите; доделувањето, уредувањето и употребата на градежното земјиште; уредувањето и користењето на земјиштето и добрата во општа употреба; функционирањето и управувањето на комуналните организации на здружениот труд; станбената изградба, нејзиното финансирање и управувањето (стопанисувањето) со станбените згради и становите во општествена сопственост и заштитата на природата и човековата околина;</s>
<s>— одлучуваат за распишување на јавни заеми;</s>
<s>— претресуваат и други прашања што работните луѓе и граѓаните самостојно ги уредуваат во општината и во месната заедница.</s>
<s>Општествено-политичкиот собор и Соборот на општините рамноправно претресуваат прашања, донесуваат закони и даваат автентични толкувања на законите од областа на остварувањето на уставната положба и рамноправноста на народностите како и на припадниците на етничките групи; републичкото државјанство; химната; употребата на знамињата; бракот, семејството и старателството; наследувањето; образувањето и укинувањето на општини и утврдувањето и менувањето на нивните подрачја; здруженијата на граѓаните, јавните собири и јавните приредби; матичните книги, личните имиња и личните карти; прогласувањето на исчезнати лица за умрени и докажувањето на смртта; заверката на потписи, ракописи и преписи; набавувањето, поседувањето, носењето, испробувањето и обележувањето на оружје и муниција.</s>
<s>Општествено-политичкиот собор самостојно:</s>
<s>— претресува одделни прашања од функционирањето на општествено-политичкиот систем, надворешната политика, народната одбрана и општествената самозаштита, остварувањето на самоуправувањето во самоуправните организации и заедници и по тие прашања може да донесува препораки;</s>
<s>— дава амнестија за кривични дела определени со закон.</s>
<s>Собранието на заедничка седница на сите собори:</s>
<s>— избира и разрешува претседател и потпретседател на Собранието и претседатели и членови на заедничките комисии и на другите работни тела на Собранието;</s>
<s>— избира и разрешува претседател и членови на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија;</s>
<s>— избира и отповикува член на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија;</s>
<s>— избира и отповикува делегација на Собранието во Соборот на републиките и покраините на Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија;</s>
<s>— избира и разрешува претседател и членови на Извршниот совет;</s>
<s>— избира и разрешува претседател и судии на Уставниот суд на Македонија, на Врховниот суд на Македонија и на другите судови определени со закон;</s>
<s>— именува и разрешува републички секретари, секретар на Извршниот совет, републички функционери и претседатели и членови на колегијални органи на управата, определени со закон;</s>
<s>— врши други избори, именувања и разрешувања од надлежноста на Собранието што не се во делокруг на одделен собор или во рамноправен делокруг на соборите;</s>
<s>— донесува деловник на Собранието;</s>
<s>— одлучува за продолжување на мандатот на делегатите во Собранието и во собранијата на општините и утврдува дека престанале околностите поради кои мандатот на делегатите бил продолжен.</s>
<s>Соборот на здружениот труд и собранијата на самоуправните интересни заедници во областа на образованието, науката, културата, здравството и социјалната заштита, рамноправно претресуваат прашања, донесуваат закони и други општи акти и даваат автентични толкувања на законите во областите за кои се образувани тие заедници.</s>
<s>Одлука за издвојување на дел од доходот за заеднички и општи општествени потреби и за намената и обемот на средствата за овие потреби не може да се донесе ако не ја усвои Соборот на здружениот труд.</s>
<s>{{Член|341</s>
<s>Соборот на Собранието донесува полноважни одлуки со мнозинство гласови на седница на која присуствуваат мнозинството делегати во соборот, доколку со овој устав за донесување на одделни одлуки не се бара посебно мнозинство.</s>
<s>Собранието на заедничка седница на сите собори донесува полноважни одлуки со мнозинство на гласови, доколку со овој устав не се бара посебно мнозинство.</s><s>За донесување на одлуки на заедничката седница потребно е присуство на мнозинството од делегатите во секој собор.</s>
<s>Собор на Собранието заседава и одлучува одделно на свои седници, но соборите можат да одлучат да заседаваат и да работат заедно.</s>
<s>Соборите што учествуваат рамноправно во донесувањето на закони или други акти можат да одлучат законот или актот да го претресат или да го донесат на заедничка седница.</s>
<s>Соборите можат да одлучат на заедничка седница да претресат прашања од заеднички интерес за тие собори.</s>
<s>Кога соборите ќе одлучат да гласаат на заедничка седница, делегатите во секој собор гласаат одделно.</s>
<s>Гласањето е јавно, освен ако Собранието или соборот не определи гласањето да се врши тајно.</s>
<s>Собранието има деловник.</s>
<s>Секој собор на Собранието самостојно донесува деловник за својата работа.</s>
<s>Секој собор на Собранието самостојно врши верификација на мандатите и одлучува за мандатно-имунитетните прашања на делегатите во соборот.</s>
<s>4. Донесување на закони</s>
<s>Право на предлагање на закони или други акти има секој делегат и одбор на собор во својот собор, Извршниот совет и комисија на Собранието.</s>
<s>Секој собор и собранијата на самоуправните интересни заедници што учествуваат во одлучувањето во Собранието можат да предложат донесување на закони и други акти од делокругот на друг собор.</s>
<s>Барање за донесување на закон можат да поднесат: собрание на општина и на градска заедница, самоуправна организација и заедница и нивни здруженија, стопанска комора, општествено-политичка организација, здружение на граѓани и граѓани.</s>
<s>Собранијата на самоуправните интересни заедници во областите на образованието, науката, културата, здравството и на социјалната заштита ги претресуваат предлозите на републичкиот општествен план, републичкиот буџет и завршната сметка за извршување на буџетот и на соборите на Собранието им даваат свои мислења и предлози.</s>
<s>Ако во соборите на Собранието не се постигне согласност за истоветноста на текстот на републичкиот општествен план, републичкиот буџет и завршната сметка за извршување на буџетот, трите собори образуваат заедничка комисија од по три члена, на која и доверуваат усогласување на ставовите по спорните прашања.</s>
<s>Ако во заедничката комисија на трите собори не се постигне согласност или ако соборите не го усвојат мислењето на заедничката комисија, трите собори одржуваат заедничка седница.</s><s>Републичкиот општествен план, републичкиот буџет и завршната сметка за извршување на буџетот се донесуваат со мнозинство гласови на делегатите што присуствуваат на заедничката седница на трите собори.</s>
<s>Секој собор на Собранието има право да претресува предлог на закон и друго прашање од делокругот на друг собор и по тој предлог или прашање да му даде мислење на надлежниот собор, ако предлогот или прашањето се однесува и на областа од неговиот делокруг.</s>
<s>Надлежниот собор може да бара од друг собор мислење по предлог на закон и по друго прашање од својот делокруг.</s>
<s>Надлежниот собор е должен да ги земе во претрес мислењата на другите собори и да заземе став по нив.</s>
<s>Собор на Собранието може да одлучи предлог на закон, во чие донесување учествува, да се изнесе на јавна дискусија, а при претресувањето на предлогот на закон или друг акт може на седницата да повика претставници на самоуправни организации и заедници, на општествено-политички организации и на здруженија за давање мислења и предлози.</s>
<s>Законот или општиот акт во чие донесување рамноправно учествуваат два или повеќе собори на Собранието се смета за донесен кога е изгласан во истоветен текст во тие собори.</s>
<s>Ако не се постигне согласност за истоветноста на текстот на законот или општиот акт ниту по два претреса едноподруго, за спорното прашање соборите образуваат заедничка комисија составена од еднаков број членови на соборите, на која и се доверува составување на предлог за решавање на спорот.</s>
<s>Ако во заедничката комисија не се постигне согласност или еден од соборите не го усвои текстот што го предложила заедничката комисија, предлогот на законот или на општиот акт се изнесува на заедничка седница на соборите.</s>
<s>Ако не се постигне согласност ниту на заедничката седница, предлогот на законот или на општиот акт се симнува од дневен ред на Собранието и одново може да се стави на дневен ред по предлог на еден од соборите дури по истекот на шест месеци од денот на симнувањето од дневниот ред.</s><s>Врз основа на одлука на соборите спорниот закон односно општ акт може да се стави на дневен ред и пред истекот на овој рок.</s>
<s>{{Член|351</s>
<s>Одредбите од ставовите 1 до 3 од член 350 на овој устав се применуваат и во случаите кога законот односно општиот акт се донесува со рамноправно учество на собор на Собранието и на собранието на самоуправната интересна заедница.</s>
<s>Кога поради несогласност меѓу собор на Собранието и собранието на самоуправната интересна заедница од соодветната област не може да биде донесен закон односно општ акт законот односно општиот акт се смета за донесен во текстот изгласан во надлежниот собор на Собранието, ако за него гласале мнозинството делегати во надлежните собори.</s>
<s>5. Претседател на Собранието и претседатели на соборите</s>
<s>Собранието има претседател и еден или повеќе потпретседатели што се избираат од редот на делегатите во соборите на Собранието.</s>
<s>Претседателот и потпретседателите на Собранието и претседателите на соборите се избираат за време од 4 години.</s>
<s>Претседателот и потпретседателите на Собранието и претседателите на соборите не можат на истата функција да бидат избирани повеќе од два пати едноподруго.</s>
<s>Собранието има секретар што го именуваат и разрешуваат сите собори на заедничка седница.</s>
<s>Претседателот на Собранието го претставува Собранието, свикува заеднички седници на соборите и претседава на нив, се грижи за примената на деловникот на Собранието и врши други работи утврдени со овој устав и со деловникот на Собранието.</s>
<s>Претседателот на Собранието може да свика заедничка седница на сите собори заради претресување на прашања од општо политичко значење.</s>
<s>Претседателот на Собранието свикува заедничка седница на сите собори и по предлог од најмалку два собора.</s>
<s>Претседателот на Собранието ги потпишува сите акти на Собранието, освен актите што самостојно ги донесува одделен собор.</s>
<s>Претседателот на Собранието ги потпишува указите за прогласување на законите.</s>
<s>Секој собор на Собранието има претседател и потпретседател што ги избира од редот на делегатите во соборот.</s>
<s>Седници на одделен собор свикува претседателот на соборот врз основа на одлука на самиот собор или по сопствена иницијатива, а е должен да свика седница по предлог од претседателот на Собранието и во други случаи кога е тоа определено со овој устав или со деловникот на соборот.</s>
<s>Ако претседателот на соборот не свика седница кога е тоа определено со овој устав, соборот ќе се состане по покана од најмалку дваесет делегати во соборот или седницата на соборот ќе ја свика претседателот на Собранието.</s>
<s>Претседателот на соборот ги потпишува актите што ги донесува соборот самостојно и ги спрема, потпишува сите други акти во чие донесување учествува соборот, освен указите за прогласување на законите.</s>
<s>Претседателот на Собранието со потпретседателите на Собранието и со претседателите на соборите ги толкува одредбите на деловникот на Собранието и на деловниците на соборите за надлежноста на соборите на Собранието и на нивните работни тела и зазема ставови по други прашања од заеднички интерес за работата на соборите определени со деловникот на Собранието.</s>
<s>6. Права и должности на делегатите</s>
<s>Секој делегат има право да му поднесува на соборот во кој е делегиран предлози на закони, одлуки, препораки, декларации и резолуции и да покренува други прашања од делокругот на соборот.</s>
<s>Делегатот има право да му предлага на соборот во кој е делегиран претресување на прашања што се однесуваат на политиката и на работата на Извршниот совет, на извршувањето на законите или на работата на републичките органи на управата и на републичките организации.</s>
<s>Определен број делегати имаат право, согласно со деловникот, да предлагаат избор, именување и разрешување на функционери што ги избира односно именува Собранието, доколку со овој устав не е определено поинаку.</s>
<s>Секој делегат има право да им поставува на Извршниот совет и на функционерите што раководат со републичките органи на управата и со републичките организации прашања што се однесуваат на нивната работа или на работите од нивната надлежност.</s>
<s>Секој делегат има право да бара известување од републичките секретари и другите функционери што раководат со самостојните републички органи на управата.</s>
<s>Републичкиот секретар односно другиот функционер е должен на делегатот да му го даде бараното известување.</s>
<s>Делегатот е одговорен пред делегацијата на самоуправната организација односно заедница што го делегирала и е должен да ја известува за својата работа и за работата на соборот во кој е делегиран.</s>
<s>Делегатот има право и должност да учествува во работата на собранието на општината на чие подрачје се наоѓа самоуправната организација односно заедница што го делегирала.</s>
<s>Заради вршење на својата должност делегатот има право од државните органи, организациите на здружениот труд и од другите самоуправни организации и заедници да бара податоци што му се потребни за неговата работа во Собранието.</s>
<s>Делегатот има право, под условите определени со закон, да се врати на своето поранешно или на соодветно работно место и да остварува определени права што се стекнуваат врз основа на трудот, ако поради вршењето на функција во Собранието морал да ја прекине работата.</s>
<s>{{Член|361</s>
<s>Делегатот ужива имунитет во Собранието и надвор од него.</s>
<s>Делегатот не може да биде повикан на одговорност, притворен, ниту казнет за искажано мислење или давање глас во Собранието.</s>
<s>Делегатот не може да биде притворен без одобрение на соборот во кој е делегиран, ниту против него, ако се повика на имунитетот, може да се поведе кривична постапка без одобрение на соборот.</s>
<s>Делегатот може да биде притворен без одобрение на соборот во кој е делегиран само ако е затекнат во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна строг затвор во траење подолго од пет години.</s><s>Во таков случај државниот орган што го лишил делегатот од слобода е должен за тоа да го извести претседателот на Собранието.</s><s>Претседателот ќе го изнесе ова прашање пред соборот за да одлучи дали постапката ќе се продолжи односно дали решението за лишување од слобода ќе остане во сила.</s>
<s>Соборот може да го воспостави имунитетското право и на делегатот кој не се повикал на имунитетот, ако е тоа потребно заради вршењето на функцијата на делегатот.</s>
<s>Ако соборот не заседава, одобрение за лишување од слобода и за поведување односно за продолжување на кривичната постапка дава и одлучува за воспоставувањето на имунитетното право на делегатот мандатно-имунитетната комисија на соборот со дополнителна потврда на соборот.</s>
<s>7. Работни тела</s>
<s>За разгледување предлози на закони и на други акти и за проучување и претресување на други прашања од надлежноста на Собранието и неговите собори, Собранието и соборите можат да образуваат комисии, одбори и други постојани и повремени работни тела.</s>
<s>Составот, задачите и начинот на работа на работните тела се утврдуваат со деловникот и со одлуки на Собранието односно на соборите.</s>
<s>Со деловникот на Собранието и со деловниците на соборите на одделни работни тела на Собранието и на соборите можат да им се дадат определени овластувања како и овластување да вршат анкети и за таа цел од државните органи и од организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници да можат да бараат потребни податоци, списи и други исправи, како и други овластувања во вршењето на нивните задачи.</s><s>Работните тела не можат да имаат истражни или други судски функции.</s>
<s>Во собранието се образува комисија за прашања на изборите и именувањата.</s>
<s>Оваа комисија ги претресува сите прашања во врска со изборите, именувањата и разрешувањата од надлежноста на Собранието.</s>
<s>8. Давање согласност на актите на федерацијата, предлагање на сојузни закони и усогласување на ставовите</s>
<s>Собранието дава согласност:</s>
<s>— за измена на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија;</s>
<s>— на општествениот план на Југославија;</s>
<s>— на сојузните закони што според Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија се донесуваат во согласност со републичките и покраинските собранија;</s>
<s>— на вкупниот износ на средствата на сојузниот буџет за секоја година;</s>
<s>— за основање фондови и преземање обврски од страна на федерацијата;</s>
<s>— за ратификација на меѓународни договори што налагаат донесување на нови или измена на важечките републички закони или од кои произлегуваат посебни обврски за Социјалистичка Република Македонија, како и за сојузниот закон со кој се уредува постапката за склучување на такви договори.</s>
<s>Согласност на општествениот план на Југославија и на сојузните закони, што според Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија се донесуваат во согласност со републичките и покраинските собранија, даваат соборите на Собранието што според, овој устав се надлежни за одлучување за прашањата на кои се однесува сојузниот закон или другиот акт за чие донесување се дава согласноста.</s>
<s>Одлуката за давање согласност од претходниот став е донесена, ако за неа гласало мнозинството делегати на надлежните собори.</s>
<s>При давањето согласност на општествениот план на Југославија се применуваат одредбите на член 347 на овој устав.</s>
<s>Со деловникот на Собранието поблиску се уредува постапката за давање на согласноста.</s>
<s>Соборот на здружениот труд односно Општествено-политичкиот собор имаат право, од името на Собранието, на заедничка или на одделни седници, да предлагаат донесување на закони и други општи акти од делокругот на Соборот на републиките и покраините на Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, што се донесуваат во согласност со републичките и покраинските собранија.</s>
<s>Кога предлогот од претходниот став го утврдува еден од соборите на одделна седница, тој е должен да прибави мислење од другиот собор.</s>
<s>Ставот на Републиката по прашањата за кои одлучуваат Сојузниот извршен совет односно сојузните органи на управата, врз основа на усогласени ставови со надлежните републички и покраински органи, го изнесува Извршниот совет односно надлежниот републички орган на управата во согласност со политиката на Собранието.</s>
<s>9. Избор и права и должности во Собранието на делегацијата на Собранието на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Делегацијата на Собранието на Социјалистичка Република Македонија во Соборот на републиките и покраините на Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија ја избира и отповикува Собранието на заедничка седница на сите собори со тајно гласање.</s>
<s>За член на делегацијата може да биде избиран секој делегат во Собранието.</s>
<s>За член на делегацијата е избран кандидатот што добил мнозинство гласови од сите делегати во Собранието.</s>
<s>Собранието може да отповика член на делегацијата, по постапката пропишана за изборот.</s>
<s>Изборот и отповикувањето на членовите на делегацијата се уредуваат со закон.</s>
<s>Делегацијата го известува Собранието за прашањата што ги претресува Соборот на републиките и покраините и за ставовите на другите делегации по тие прашања, како и за својата работа во Соборот.</s>
<s>Делегацијата учествува во Собранието во заземањето на ставови по прашањата од делокругот на Соборот на републиките и покраините.</s><s>Делегацијата, во заземањето на ставови и определувањето за прашањата за кои се одлучува во Соборот на републиките и покраините, ги застапува ставовите на Собранието.</s>
<s>10.</s><s>Права и должности на членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија во Собранието</s>
<s>{{Член|371</s>
<s>Членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија од Социјалистичка Република Македонија го избира Собранието на заедничка седница на сите собори, со тајно гласање.</s>
<s>За член на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија е избран кандидатот што добил мнозинство гласови од сите делегати во Собранието.</s>
<s>Членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија за својата работа во Претседателството е одговорен пред Собранието кое може, во случаите определени со закон, да го отповика.</s>
<s>Постапката за избор и отповикување на членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија се уредува со закон.</s>
<s>Членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија има право да учествува во работата на Собранието, освен да одлучува и да биде избран во телата на Собранието и на постојани функции во Собранието.</s>
<s>Членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија е должен да ги изнесе пред Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија ставовите на Собранието по прашањата од надлежноста на Претседателството.</s>
<s>Членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија го известува Собранието, по своја иницијатива или по негово барање, за прашањата од надлежноста на Претседателството.</s>
<s>Членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија го известува Собранието за прашањата, по кои не е постигната согласност меѓу Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и му предлага да заземе став по тие прашања, а може да му предлага на Собранието да разгледа и други прашања од надлежноста на Претседателството и да заземе став по тие прашања.</s>
<s>Собранието ги разгледува и по своја иницијатива прашањата по кои не е постигната согласност меѓу Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и зазема став по тие прашања.</s>
<s>Ако членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија подолго време биде спречен да ја врши својата функција, во работата го заменува претседателот на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Глава XI: Претседателство на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Претседателството на Социјалистичка Република Македонија ја претставува Социјалистичка Република Македонија и врши други права и должности утврдени со овој устав.</s>
<s>Претседателството на Републиката:</s>
<s>— претресува прашања од општо значење за Републиката од надлежноста на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и му поднесува на Собранието предлози и иницијативи за решавање на тие прашања;</s>
<s>— разгледува прашања од соработката со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини и учествува во неа;</s>
<s>— разгледува прашања што се однесуваат на рамноправноста на народите и народностите и на усогласувањето на заедничките интереси на социјалистичките републики и на социјалистичките автономни покраини во органите на федерацијата, зазема ставови по тие прашања и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;</s>
<s>— му дава на Собранието мислења по прашањата од делокругот на Соборот на републиките и покраините на Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија по кои Собранието на Социјалистичка Република Македонија дава согласност;</s>
<s>— предлага кандидат за претседател на Извршниот совет, претседател и судии на Уставниот суд на Македонија, поднесува предлог за избор на членови на Советот на Републиката и ги разгледува предлозите за избор односно за именување и разрешување на функционерите што ги избира односно именува Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија;</s>
<s>— ги прогласува со указ законите;</s>
<s>— доделува републички признанија и одликувања;</s>
<s>— дава помилувања во согласност со законот;</s>
<s>— врши и други работи определени со овој устав.</s>
<s>Претседателството на Републиката донесува деловник за својата работа.</s>
<s>Претседателството на Републиката, во остварувањето на работите и задачите од областа на народната одбрана, го утврдува планот за одбрана на Републиката, дава насоки за преземање мерки за подготвување на стопанството и на општествените дејности и за мобилизирање на сите извори и сили за одбрана на земјата, за усогласување на плановите и мерките на Републиката, општините, организациите на здружениот труд, општествено-политичките и другите самоуправни организации и заедници за функционирање и работа во случај на непосредна воена опасност и во војна и обезбедува спроведување на мерките за приправност.</s>
<s>Претседателството образува совет за народна одбрана.</s>
<s>Претседателот на Претседателството е претседател на Советот за народна одбрана.</s>
<s>Претседателството на Републиката за време на воена состојба или во случај на непосредна воена опасност, ако не постои можност за свикување на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, донесува уредби со законска сила по прашањата од надлежноста на Собранието, што му ги поднесува на Собранието на потврда штом тоа ќе биде во можност да се состане, ги врши работите во врска со изборот и разрешувањето на функционерите што ги избира и разрешува Собранието и врши работи во врска со мандатот и имунитетските права на делегатите во Собранието.</s>
<s>Со уредба со законска сила може, ако тоа го бараат интересите на одбраната на земјата, да се запрат одделни одредби на Уставот на Социјалистичка Република Македонија што се внесуваат на одделни права на граѓаните и на правата на самоуправните организации и заедници и да се менуваат составот и овластувањата на извршните, управните и другите органи во Социјалистичка Република Македонија, како и да се укинуваат или менуваат незаконските акти на републичките органи и на другите органи во Социјалистичка Република Македонија и актите на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници.</s>
<s>Со закон може да се определи Претседателството да врши и други работи во областа на народната одбрана.</s>
<s>Претседателството раководи со ошптонародниот отпор во војна на целата територија на Републиката.</s>
<s>Претседателството на Републиката ја разгледува состојбата на заштитата на поредокот утврден со уставот и зазема ставови заради покренување на иницијативи за преземање мерки и усогласување на дејностите на надлежните органи во спроведувањето на утврдената политика во оваа област.</s>
<s>Претседателството на Републиката го сочинуваат 9 членови.</s>
<s>Претседателот и 7 членови на Претседателството ги избира Собранието.</s>
<s>{{Член|на Претседателството на Републиката по својата функција е претседателот на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија.</s>
<s>Претседателот и членовите на Претседателството на Републиката се избираат врз основа на листа што ја предлага Кандидационата конференција на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија по постапка што се утврдува со закон.</s>
<s>{{Член|381</s>
<s>{{Член|на Претседателството не може да врши никаква самоуправна, јавна или друга општествена функција, освен функции во општествено-политичките организации, ниту да врши друга професионална дејност.</s>
<s>Претседателот и членовите на Претседателството се избираат за време од четири години.</s>
<s>Никој не може да биде избиран повеќе од двапати едноподруго за претседател односно член на Претседателството.</s>
<s>Претседателството ја врши својата функција до изборот на ново Претседателство.</s>
<s>Во случај на непосредна воена опасност или воена состојба мандатот на претседателот и на членовите на Претседателството се продолжува се додека трае таквата состојба односно додека не бидат создадени услови за избор на нов претседател и членови на Претседателството.</s>
<s>Претседателот и членовите на Претседателството на Републиката уживаат имунитет.</s>
<s>Во поглед на имунитетот на претседателот и на членовите на Претседателството сходно се применуваат одредбите на овој устав што се однесуваат на имунитетот на делегатите во Собранието.</s>
<s>За прашањата на имунитетот на своите членови одлучува Претседателството.</s>
<s>Претседателството работите од својот делокруг ги врши врз основа на овој устав и законите и е одговорно за својата работа.</s>
<s>Претседателството на Републиката го известува Собранието на Социјалистичка Република Македонија, по своја иницијатива или по негово барање, за прашањата од својата надлежност.</s>
<s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија може да бара од Претседателството да заземе ставови по одделни прашања од својата надлежност што се од интерес за работата на Собранието.</s>
<s>Собранието ги разгледува предлозите, иницијативите и ставовите што му ги поднесува Претседателството на Републиката.</s>
<s>Претседателот на Претседателството, од името на Претседателството на Републиката, ја претставува Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Во случај на отсутност или подолга спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Претседателството на Републиката го заменува член на Претседателството што го определува Претседателството.</s>
<s>Претседателството на Републиката остварува соработка со органите на општествено-политичките организации по прашањата што се од интерес за тие организации.</s>
<s>Општествено-политичките и другите самоуправни организации и заедници можат да изнесуваат пред Претседателството свои мислења за одделни прашања од неговата надлежност.</s>
<s>Глава XII: Совет на Републиката</s>
<s>Советот на Републиката разгледува значајни прашања од самоуправниот социјалистички развиток, остварувањето на соработката со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини и други прашања што ќе му ги предложи Претседателството на Републиката и за своите ставови и предлози го известува Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Членовите на Советот на Републиката, по предлог од Претседателството на Републиката, ги избира Собранието.</s>
<s>Членовите на Советот на Републиката се избираат од редот на истакнатите општествено-политички и други јавни работници.</s>
<s>Седниците на Советот на Републиката ги свикува и на нив претседава претседателот на Претседателството на Републиката.</s>
<s>{{Член|391</s>
<s>Начинот на работата и организацијата на Советот на Републиката се уредуваат со закон.</s>
<s>Глава XIII: Извршен совет</s>
<s>1. Положба и надлежност</s>
<s>Извршниот совет е извршен орган на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Извршниот совет, во рамките на правата и должностите на Републиката, е одговорен пред Собранието за состојбата во сите области на општествениот живот, за спроведувањето на политиката и извршувањето на законите и другите прописи и општи акти на Собранието, како и за координирањето на работата на републичките органи на управата.</s>
<s>Извршниот совет работите од својата надлежност ги врши врз основа и во рамките на овој устав и законите.</s>
<s>Извршниот совет:</s>
<s>1) ја следи состојбата и остварувањето на политиката на Собранието и му предлага на Собранието утврдување на политиката;</s>
<s>2) предлага закони, други прописи и општи акти и има право да дава мислења по предлозите на закони, на други прописи и општи акти што му ги поднесуваат на Собранието други овластени предлагачи;</s>
<s>3) го утврдува предлогот на републичкиот општествен план; на републичкиот буџет и на завршната сметка за извршувањето на буџетот и се грижи за нивното извршување;</s>
<s>4) донесува уредби, одлуки и други прописи за извршување на законите и другите прописи и општи акти на Собранието;</s>
<s>5) се грижи за спроведување на политиката и за извршување на законите, другите прописи и општите акти на Собранието;</s>
<s>6) се грижи за спроведување на подготовките за народна одбрана, во рамките на правата и должностите утврдени со овој устав и со закон;</s>
<s>7) ја усогласува и насочува работата на републичките органи на управата заради обезбедување на спроведувањето на политиката и извршувањето на законите, другите прописи и општи акти на Собранието, врши надзор над работата на републичките органи на управата и на републичките организации и ги укинува прописите на републичките органи на управата што се во спротивност со закон и со друг пропис или со друг општ акт на Собранието или со пропис што тој го донел заради спроведување на законот или друг пропис или општ акт, а може, под услови утврдени со закон, да ги поништува прописите на тие органи;</s>
<s>8) ги утврдува општите начела за внатрешната организација на републичките органи на управата, основа стручни и други служби за своите потреби и заеднички служби за потребите на републичките органи на управата, именува и разрешува функционери за кои е тоа определено со закон;</s>
<s>9) донесува деловник за својата работа;</s>
<s>10) врши и други работи утврдени со овој устав.</s>
<s>2. Состав и избор</s>
<s>Извршниот совет го сочинуваат претседател и определен број членови.</s>
<s>Претседателот на Извршниот совет го избира Собранието по предлог од Претседателството на Републиката.</s>
<s>Членовите на Извршниот совет ги избира Собранието по предлог од кандидатот за претседател на Советот и врз основа на мислењето на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.</s>
<s>Собранието, при изборот на членовите на Извршниот совет, по предлог од претседателот на Советот, именува од редот на членовите на Советот републички секретари и други функционери што ќе раководат со републичките органи на управата и републичките организации определени со закон.</s>
<s>По секое конституирање на новоизбраното Собрание се избира Извршен совет.</s>
<s>На претседателот и членот на Извршниот совет избран од редот на делегатите, му престанува делегатскиот мандат.</s>
<s>Извршниот совет има еден или повеќе потпретседатели што се избираат од редот на членовите на Советот.</s>
<s>Претседателот и членовите на Извршниот совет се избираат на четири години.</s>
<s>За претседател на Извршниот совет може да биде избрано исто лице најмногу двапати едноподруго.</s>
<s>Членовите на Извршниот совет можат да бидат избирани двапати едноподруго, а по исклучок, уште за еден мандатен период ако за тоа постојат оправдани причини.</s>
<s>Собранието, пред преминот на избор, одлучува за оправданоста на причините од претходниот став, со мнозинство гласови на делегатите.</s>
<s>Претседателот на Извршниот совет има право на Собранието да му предлага разрешување на одделни членови на Советот.</s>
<s>Разрешувањето или оставката на претседателот на Советот или оставката на мнозинството членови на Советот повлекува оставка на целиот Извршен совет.</s>
<s>Секој член на Извршниот совет може да поднесе оставка.</s>
<s>Претседателот, потпретседателите и членовите на Извршниот совет уживаат имунитет како и делегатите во Собранието.</s>
<s>За прашањата на имунитетот на членовите на Извршниот совет одлучува Советот.</s>
<s>Секој член на Извршниот совет има право да предлага претресување на одделни прашања од надлежноста на Советот, да дава иницијатива за подготвување на закани, прописи и други општи акти за чие предлагање е надлежен Советот и прописи и други акти што ги донесува Советот, како и да му предлага на Советот утврдување на начелни ставови и насоки за работата на републичките органи на управата и републичките организации.</s>
<s>Секој член на Извршниот совет има право и должност, во согласност со ставот на Советот, да го претставува Советот во Собранието,</s>
<s>3. Начин на работа</s>
<s>Извршниот совет може да образува одбори и други тела за претресување на прашања од делокругот на Советот.</s>
<s>{{Член|401</s>
<s>Извршниот совет работи и одлучува по прашањата од својата надлежност на седници.</s>
<s>Извршниот совет одлучува со мнозинство гласови на членовите на Советот присутни на седницата.</s>
<s>Претседателот на Извршниот совет ги свикува седниците на Советот по своја иницијатива, по предлог од Претседателството на Републиката или по барање од најмалку пет члена на Советот.</s>
<s>Претседателот на Извршниот совет го претставува Советот, ги свикува седниците на Советот и претседава на тие седници, ги потпишува прописите и другите општи акти што ги донесува Советот и се грижи за нивното спроведување, се грижи за применување на деловникот на Советот и за остварување на соработката на Советот со други органи и организации.</s>
<s>4. Односи на Извршниот совет со Собранието на Социјалистичка Република Македонија и неговата одговорност</s>
<s>Извршниот совет е должен да го известува Собранието за својата работа.</s>
<s>Извршниот совет може да им предложи на надлежните собори на Собранието да се одложи претресот на предлог на закон, друг пропис или општ акт на Собранието или, заради претресување на определено прашање, да се образува заедничка комисија од членови на надлежниот собор на Собранието и членови на Извршниот совет, или да се свика седница на надлежниот собор на Собранието на која Советот ќе го изложи својот став.</s>
<s>Извршниот совет е одговорен за својата работа пред Собранието.</s>
<s>Извршниот совет, ако смета дека не е во состојба да го обезбеди спроведувањето на утврдената политика и извршувањето на закон, друг пропис или општ акт на Собранието чие донесување се предлага или дека не може да преземе одговорност за вршење на својата функција ако не се донесе законот, другиот пропис или општиот акт чие донесување го предлага, може да постави прашање на доверба.</s>
<s>Секој собор на Собранието може, по предлог од најмалку десет делегати во соборот, да постави прашање за доверба на Извршниот совет.</s>
<s>По прашањето за доверба на Извршниот совет се води претрес во соборот во кој е поставено прашањето за доверба.</s>
<s>Ако на Извршниот совет му се изгласа недоверба, Советот е должен да поднесе оставка.</s>
<s>Извршниот совет може да поднесе колективна оставка.</s>
<s>Ако Извршниот совет поднесе колективна оставка или ако му е изгласана недоверба, како и во другите случаи кога му престанува функцијата, Советот останува на должност до изборот на нов Извршен совет.</s>
<s>Најмалку десет членови на собор на Собранието можат да покренат во својот собор интерпелација за претресување на определени прашања од општо политичко значење во врска со работата на Извршниот совет.</s>
<s>Собранието може да укине или поништи пропис на Извршниот совет што е во спротивност со уставот, закон, друг пропис или општ акт на Собранието.</s>
<s>Глава XIV: Републичка управа</s>
<s>За вршење на работите на управата во рамките на правата и должностите на Републиката се основаат републички секретаријати.</s>
<s>За вршење определени стручни, управни и други работи од областа на правата и должностите на Републиката, со закон можат да се основаат други републички органи на управата и републички организации.</s>
<s>Републичките секретаријати и другите самостојни републички органи на управата и републичките организации се основаат, се укинуваат и нивниот делокруг се определува со закон.</s>
<s>Републичките органи на управата и републичките организации непосредно ги извршуваат сојузните и републичките закони, општествените планови и другите прописи и општи акти кога се за тоа со нив изречно овластени: ја спроведуваат политиката утврдена од Собранието; ја следат и се одговорни за состојбата во областа за која се основани и даваат иницијатива за решавање на прашања во тие области; подготвуваат предлози на закони и на други прописи; вршат стручни работи за Собранието и за Извршниот совет; решаваат во управните работи; вршат управен надзор, инспекциски и други управни дејности во рамките на правата и должностите на Републиката и со својата работа овозможуваат ефикасно остварување на правата и интересите на работните луѓе, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници.</s>
<s>Републичките органи на управата и републичките организации работите од својата надлежност ги вршат самостојно, врз основа и во рамките на уставот и законите.</s>
<s>Републичките органи на управата и републичките организации се должни да го обезбедуваат спроведувањето на законите и на другите прописи, како и на политиката утврдена од Собранието.</s>
<s>Во вршењето на работите од својата надлежност републичките органи на управата и републичките организации се придржуваат за законите и другите прописи и општи акти, за насоките на Собранието и начелните ставови и насоки на Извршниот совет.</s>
<s>Републичките секретари и функционерите што ги именува Собранието на Социјалистичка Република Македонија лично се одговорни пред Собранието и Извршниот совет за својата работа, за работата на органот односно организацијата со која раководат, како и за состојбата во соодветната област на општествениот живот во рамките на надлежноста на органот односно организацијата.</s>
<s>Функционерите во републичките органи на управата и во републичките организации што ги именува Собранието се одговорни за својата работа пред Собранието и Извршниот совет.</s>
<s>{{Член|411</s>
<s>Републичките секретари и функционерите што раководат со други републички органи на управата можат да донесуваат правилници, наредби и упатства за извршување на законите и на другите прописи и општи акти кога за тоа се овластени со тие закони, прописи односно акти.</s>
<s>Функционерите што раководат со републичкиките органи на управата и со републичките организации што ги именува Собранието се именуваат на четири години.</s>
<s>Овие функционери можат да бидат именувани двапати едноподруго, а по исклучок уште за еден мандатен период, ако за тоа постојат оправдани причини.</s>
<s>Собранието, пред преминот на именувањето, одлучува за оправданоста на причините од претходниот став со мнозинство гласови на делегатите во Собранието.</s>
<s>Републичките секретари и функционерите што раководат со други републички органи на управата и со републичките организации се должни да го известуваат Собранието и Извршниот совет за состојбата во соодветната област на управата и за работата на органот односно организацијата со која раководат.</s>
<s>Овие функционери се должни да им даваат на Собранието и на Извршниот совет, по нивно барање, известувања и објаснувања по прашањата од делокругот на органот односно организацијата со која раководат.</s><s>Тие се должни да даваат и одговори на прашањата од делегатите во соборите на Собранието.</s>
<s>Глава XV: Врховен суд на Македонија, Јавно обвинителство на Македонија и Републички општествен правобранител на самоуправувањето</s>
<s>Врховниот суд на Македонија:</s>
<s>1) утврдува начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за единството во примената на републичките закони и другите републички прописи од страна на судовите;</s>
<s>2) одлучува во прв степен кога е тоа предвидено со закон;</s>
<s>3) одлучува по редовните правни средства против одлуките на судовите кога е тоа определено со закон;</s>
<s>4) одлучува по вонредните правни средства против правосилните одлуки на судовите во случаите предвидени со закон;</s>
<s>5) одлучува во управните спорови во случаите предвидени со закон;</s>
<s>6) ги решава споровите за надлежност меѓу судовите од територијата на Републиката ако со закон не е поинаку определено;</s>
<s>7) врши други работи определени со закон.</s>
<s>Претседателот и судиите на Врховниот суд на Македонија ги избира и разрешува Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Функцијата на јавно обвинителство, во рамките на правата и должностите на Републиката, ја врши јавниот обвинител на Македонија.</s>
<s>Јавниот обвинител на Македонија вложува правни средства за кои е овластен со закон во работите за кои е надлежен Врховниот суд на Македонија и врши други работи определени со закон.</s>
<s>Функцијата на општествен правобранител на самоуправувањето, во рамките на правата и должностите на Републиката, ја врши републичкиот општествен правобранител на самоуправувањето.</s>
<s>Глава XVI: Уставен суд на Македонија</s>
<s>Уставниот суд на Македонија:</s>
<s>1) одлучува за согласноста на републичките закони со Уставот на Социјалистичка Република Македонија;</s>
<s>2) одлучува за согласноста на прописите и на другите општи акти на органите на општините и на Републиката со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, со републичките закони и со другите републички прописи;</s>
<s>3) одлучува за согласноста на самоуправните општи акти со Уставот на Социјалистичка Република Македонија и со републичките закони;</s>
<s>4) одлучува дали прописите и другите општи акти на органите на општината и на Републиката и самоуправните општи акти се во спротивност со сојузните закони за чие извршување се одговорни органите во Републиката;</s>
<s>5) ги решава споровите за правата и должностите меѓу Републиката и општините, меѓу две или повеќе општини како и меѓу нив и организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, ако за решавањето на овие спорови не е определена надлежност на друг суд;</s>
<s>6) решава по споровите за надлежност меѓу судовите и републичките органи и меѓу судовите и општинските органи;</s>
<s>7) врши и други работи што му се ставени во надлежност со овој устав.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија може да ја оценува уставноста на законите и уставноста и законитоста на прописите и општите акти на органите на општината и на Републиката и на самоуправните општи акти што престанале да важат, ако од престанокот на важењето до поведувањето на постапката не поминало повеќе од една година.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија ги следи појавите од интерес за остварување на уставноста и законитоста, го известува Собранието на Социјалистичка Република Македонија за состојбата и проблемите во врска со остварувањето на уставноста и законитоста и му дава на Собранието мислења и предлози за донесување и изменување на закони и за преземање на други мерки заради обезбедување на уставноста и законитоста и за заштита на правото на самоуправување и на другите слободни права на граѓаните и на самоуправните организации и заедници.</s>
<s>{{Член|421</s>
<s>Кога Уставниот суд на Македонија ќе утврди дека надлежниот орган не донел пропис за извршување на одредбите на овој устав, закон или друг пропис и општ акт, а бил должен таков пропис да донесе, го известува за тоа Собранието.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да нареди запирање на извршувањето на поединечен акт или дејство што е преземено врз основа на закон, друг пропис или општ акт на орган на општината односно на Републиката или на самоуправен општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат неотстранливи штетни последици.</s>
<s>Работата на Уставниот суд на Македонија е јавна.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија се состои од претседател и шест судии што ги избира Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Претседателот и судиите на Уставниот суд на Македонија се избираат за време од осум години и не можат да бидат повторно избрани на функцијата претседател или судија на Уставниот суд на Македонија.</s>
<s>Претседателот и судиите на Уставниот суд на Македонија не можат истовремено да вршат функции во државни или самоуправни органи.</s>
<s>Претседателот и судиите на Уставниот суд на Македонија уживаат имунитет како и делегатите во Собранието.</s>
<s>За имунитетните права на претседателот и на судиите на Уставниот суд на Македонија одлучува Уставниот суд.</s>
<s>Претседателот и судиите на Уставниот суд на Македонија пред стапувањето на должноста даваат свечена изјава пред претседателот на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Претседателот и судиите на Уставниот суд на Македонија можат да бидат разрешени од должноста пред истекот на времето за кое се избрани, само ако самите побараат да бидат разрешени, ако бидат осудени за кривично дело со казна лишување од слобода или ако трајно ја изгубат работната способност за вршење на својата функција.</s>
<s>Причините за разрешување на претседателот и на судија на Уставниот суд на Македонија пред истекот на времето за кое биле избрани ги утврдува Уставниот суд и за тоа го известува Собранието.</s>
<s>Ако претседателот или судија на Уставниот суд на Македонија побара да биде разрешен од должноста, а Собранието не донесе одлука по тоа барање во рок од три месеци од денот на неговото поднесување, Уставниот суд, по барање од претседателот или судијата, ќе утврди дека му престанала должноста во Уставниот суд и за тоа ќе го извести Собранието.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија може да одлучи претседателот или судија на Уставниот суд против кого е поведена кривична постапка да не ја врши должноста во Уставниот суд додека трае таа постапка.</s>
<s>Ако Уставниот суд на Македонија утврди дека републички закон не е во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, ќе го утврди тоа со своја одлука што му ја доставува на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Собранието е должно во рок од шест месеци од денот на доставувањето на одлуката на Уставниот суд да го усогласи законот со Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Уставниот суд, по барање од Собранието, може да го продолжи рокот за усогласување на законот најмногу уште за шест месеци.</s>
<s>Ако Собранието во определениот рок не го усогласи законот со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, одредбите на законот што не се во согласност со Уставот престануваат да важат, што Уставниот суд ќе го утврди со своја одлука.</s>
<s>Кога Уставниот суд на Македонија ќе утврди дека пропис, освен закон, општ акт на орган на општината и на Републиката или самоуправен општ акт не е во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, со републички закон односно со друг републички пропис или е во спротивност со сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката, ќе го поништи или укине тој пропис или општ акт односно оние негови одредби што не се во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, со републичкиот закон односно со другиот републички пропис или што се во спротивност со сојузниот закон.</s>
<s>Законите за кои е утврдено дека престанале да важат и другите прописи и општи акти на органите на општината и на Републиката и самоуправните општи акти што се поништени или укинати нема да се применуваат на односите што настанале пред денот на објавувањето на одлуката на Уставниот суд на Македонија, ако до тој ден не се правосилно решени.</s>
<s>Прописите и другите општи акти донесени за извршување на прописите или на самоуправните општи акти што повеќе не можат да се применуваат, нема да се применуваат од денот на објавувањето на одлуката на Уставниот суд, ако од одлуката произлегува дека тие прописи и акти му се спротивни на Уставот на Социјалистичка Република Македонија, на републички закон односно на друг републички пропис или на сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката.</s>
<s>Извршувањето на правосилните поединечни акти, донесени врз основа на прописи што повеќе не можат да се применуваат, не може ниту да се дозволи ниту да се спроведе, а ако извршувањето е започнато — ќе се запре.</s>
<s>Секој може да даде иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста.</s>
<s>Постапка пред Уставниот суд на Македонија може да поведат:</s>
<s>1) Собранието на Социјалистичка Република Македонија и собранијата на општините;</s>
<s>2) Претседателството на Социјалистичка Република Македонија;</s>
<s>3) Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, освен за оценување на уставноста и законитоста на прописите и другите општи акти што ги донесува Собранието на Социјалистичка Република Македонија;</s>
<s>4) суд, ако прашањето на уставноста и законитоста настане во постапката пред судот;</s>
<s>5) јавниот обвинител на Македонија, ако прашањето на уставноста и законитоста настане во неговата работа;</s>
<s>6) општествениот правобранител на самоуправувањето;</s>
<s>7) организациите на здружениот труд, месните заедници, самоуправните интересни заедници и другите самоуправни организации и заедници, ако е повредено нивно право утврдено со Уставот на Социјалистичка Република Македонија или со закон;</s>
<s>8) републичките секретари и функционерите што раководат со други републички органи на управата односно со републичките организации, секој во својот делокруг, освен за оценување на уставноста на законите и прописите на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, како и на уставноста и законитоста на прописите на Извршниот совет;</s>
<s>9) органот што според овој устав и закон е овластен да запре од извршување пропис или друг општ акт на орган на општината односно на Републиката и самоуправен општ акт, поради неговата несогласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија или со закон односно со друг републички пропис;</s>
<s>10) Службата на општественото книговодство во Републиката.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста.</s>
<s>Секој чие право е повредено со конечен и правосилен поединечен акт, донесен врз основа на закон, друг пропис или општ акт на орган на општината односно на Републиката или врз основа на самоуправен општ акт, што според одлуката на Уставниот суд на Македонија не е во согласност со</s>
<s>Уставот на Социјалистичка Република Македонија, со републички закон односно со друг републички пропис или е во спротивност со сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката, има право да бара од надлежниот орган измена на тој поединечен акт.</s><s>Предлогот за измена на овој поединечен акт може да се поднесе во рок од 6 месеци од денот на објавувањето на одлуката на Уставниот суд на Македонија во „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија", ако од доставувањето на поединечниот акт до донесувањето на одлуката на Уставниот суд не поминало повеќе од една година.</s>
<s>Кога суд со правосилна одлука ќе одбие да примени пропис или општ акт на орган на општината односно на Републиката или самоуправен општ акт поради неговата несогласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, со републички закон односно со друг републички пропис или поради неговата спротивност со сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката, а Уставниот суд на Македонија утврди дека таква несогласност односно спротивност не постои, секој чие право е повредено може да бара измена на правосилната одлука на судот во рок од една година од денот на објавувањето на одлуката на Уставниот суд.</s>
<s>Ако се утврди дека со измена на поединечниот акт не можат да се отстранат последиците настанати поради примената на прописот или на другиот општ акт што не е во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, со републички закон односно со друг републички пропис или што е во спротивност со сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката, Уставниот суд на Македонија, може да определи последиците да се отстранат со враќање во поранешната состојба, со надоместок на штетата или на друг начин.</s>
<s>{{Член|431</s>
<s>Државните органи, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, како и носителите на самоуправни, јавни и други општествени функции се должни, по барање од Уставниот суд на Македонија, да му даваат податоци и известувања потребни за работата на Уставниот суд и по налог на Судот да преземаат дејства од интерес за водење на постапката.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија донесува одлуки и решенија со мнозинство гласови на сите судии на Уставниот суд.</s>
<s>Судија на Уставниот суд што ќе издвои мислење има право и должност да го изрази писмено и да го образложи.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија донесува одлуки, по правило, врз основа на јавна расправа.</s>
<s>Кога во текот на постапката законот, другиот пропис или општиот акт на орган на општината односно на Републиката или самоуправниот општ акт е доведен во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, со републичкиот закон односно со другиот републички пропис или со сојузниот закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката а не се отстранети последиците од неуставноста односно на незаконитоста, Уставниот суд може со одлука да утврди дека законот, другиот пропис или општиот акт или самоуправниот општ акт не бил во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија односно со другиот републички пропис.</s><s>Оваа одлука на Уставниот суд на Македонија има исто правно дејство како и одлуката со која се утврдува дека законот престанал да важи односно со која се укинува или поништува другиот пропис или општиот акт.</s>
<s>Одлуките на Уставниот суд на Македонија се задолжителни и извршни.</s>
<s>Во случај на потреба извршувањето на одлуките на Уставниот суд го обезбедува Извршниот совет.</s>
<s>Уставниот суд може да бара да се преземат мерки спрема одговорното лице заради неизвршување на одлука на Уставниот суд.</s>
<s>Одлуките на Уставниот суд на Македонија се објавуваат на македонски јазик во „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија", како и во службеното гласило во кое е објавен прописот или другиот општ акт на органот на општината или на начин на кој се објавува самоуправниот општ акт по кој Судот одлучувал.</s>
<s>Со закон се утврдуваат основите на постапките пред Уставниот суд на Македонија и правното дејство на неговите одлуки.</s>
<s>Уставниот суд на Македонија самостојно ја уредува постапката пред Судот и својата организација.</s>
<s>Глава XVII: Давање свечена изјава</s>
<s>Свечена изјава при стапувањето на должност даваат претседателот и членовите на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија и претседателот и судиите на Уставниот суд на Македонија.</s>
<s>Текстот на свечената изјава гласи:</s>
<s>„Изјавувам дека ќе се борам за заштита на суверенитетот и интегритетот на земјата и за остварување на власта на работничката класа и на сите работни луѓе, дека ќе се залагам за остварување на братството и единството и рамноправноста на народите и народностите, за развиток на социјалистичкото самоуправно општество и за остварување на заедничките интереси на работните луѓе и граѓаните на Социјалистичка Република Македонија и на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и дека ќе се придржувам за Уставот на Социјалистичка Република Македонија и Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и законите и совесно и одговорно ќе ја вршам својата должност".</s>
<s>Претседателот и потпретседателите на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и претседателите на соборите, претседателот и членовите на Извршниот совет, претседателот и судиите на Врховниот суд на Македонија, републичките секретари и другите републички функционери што ги избира или именува Собранието на Социјалистичка Република Македонија, при стапувањето на должност, даваат свечена изјава во текст што го утврдува Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>ТРЕТ ДЕЛ: Измена на уставот</s>
<s>Глава XVIII: Измена на Уставот на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>За измена на Уставот на Социјалистичка Република Македонија одлучува Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Уставот на Социјалистичка Република Македонија може да се менува и дополнува со уставни амандмани или со уставен закон.</s>
<s>Предлог за пристапување кон измена на Уставот може да поднесе секој собор на Собранието, најмалку 30 делегати во соборите на Собранието, Претседателството на Републиката и Извршниот совет.</s>
<s>За предлогот за пристапување кон измена на Уставот одлучува Собранието на заедничка седница на сите собори.</s>
<s>Нацртот на актот за измена на Уставот го утврдува Собранието на заедничка седница на сите собори и го става на јавна дискусија.</s>
<s>По спроведената јавна дискусија Општествено-политичкиот собор на Собранието го утврдува предлогот за измена на Уставот.</s>
<s>По предлогот за измена на Уставот одлучува Собранието на заедничка седница на сите собори.</s>
<s>Измената на Уставот е усвоена во Собранието ако за неа гласале најмалку две третини од сите делегати во Собранието.</s>
<s>Ако измената на Уставот не е усвоена, предлогот за измена на Уставот по кој не е постигната согласност не може да се повтори пред истекот на една година од денот кога предлогот за измена на Уставот е одбиен.</s>
<s>Усвоената измена на Уставот ја прогласува Собранието.</s>
<s>Глава XIX: Давање согласност за измена на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија</s>
<s>Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Собранието на Социјалистичка Република Македонија утврдува на заедничка седница на сите собори со мнозинство гласови на сите делегати.</s>
<s>Иницијатива за поднесување предлог од Собранието за пристапување кон измена на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија може да поднесе секој собор на Собранието,</s>
<s>Претседателството на Републиката, Извршниот совет и најмалку 30 делегати во Собранието.</s>
<s>Одлука за давање согласност на предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Собранието донесува на заедничка седница на сите собори.</s>
<s>Одлуката за давање согласност на предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија е усвоена ако за неа гласаат две третини од сите делегати во Собранието.</s>
<s>Нацртот за измена на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија го претресува и мислење по него дава Собранието на заедничка седница на сите собори.</s>
<s>Одлука за давање согласност на текстот за измена на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, прифатен во Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Собранието на Социјалистичка Република Македонија донесува на заедничка седница на сите собори.</s>
<s>Одлуката за давање согласност на текстот на измената на Уставот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија е усвоена ако за неа гласаат две третини од сите делегати во Собранието.</s>
<s>ЧЕТВРТИ ДЕЛ: Преодни и завршни одредби</s>
<s>Под изразот „самоуправен општ акт" во овој устав се подразбираат општествените договори, самоуправните спогодби со кои на општ начин се уредуваат самоуправните односи и другите општи акти на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници.</s>
<s>За спроведување на овој устав и за обезбедување премин кон неговата примена ќе се донесе посебен уставен закон.</s>
<s>Уставниот закон за спроведување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија го донесуваат, сите собори на Собранието.</s>
<s>Предлогот на уставниот закон се усвојува со две третинско мнозинство во секој собор на Собранието сходно со одредбите на точката 2, став 4 до 8 на Уставниот амандман IX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Уставниот закон се прогласува и влегува во сила едновремено со Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Овој устав влегува во сила со денот на прогласувањето.</s>
<s>Амандмани на уставот на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>1. Секој орган на власта и на самоуправувањето и другите носители на самоуправни, јавни и други општествени функции се должни, во рамките на своите права, должности и одговорности, да обезбедаат услови за остварување на интересите на работничката класа и на сите работни луѓе во општествено-економските и политичките односи на социјалистичкото самоуправување, а посебно во делегатскиот систем, и за остварување на правата, обврските и одговорностите на работните луѓе и граѓаните во самоуправните и другите организации и заедници и во општествено-политичките заедници.</s>
<s>Организацијата, составот и начинот на работа на колективните органи на власта и на самоуправувањето се уредуваат така што да се обезбедува колективна работа, одлучување и одговорност и рамноправност на членовите на тие органи во остварувањето на нивните права, должности и одговорности утврдени со Уставот, односно со статутот и законот.</s>
<s>Секој член на колективниот орган лично е одговорен за својата работа и, во согласност со своите права и должности, за работата и одлуките на тој орган.</s>
<s>Секој член на колективнот орган кој е определен да учествува во работата на другите органи и тела е должен, согласно со начелата на делегатскиот систем, да постапува во согласност со овластувањата, насоките и ставовите на тој орган.</s>
<s>Сите органи на власта и на самоуправуањето и другите носители на самоуправни, јавни и други општествени функции се должни своите права и должности да ги вршат така што да се овозможува остварување општествена контрола над нивната работа.</s>
<s>2. Со овој амандман се дополнуваат одредбите на оддел 1, Глава III од Првиот дел на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Избраните и именуваните функционери и другите носители на самоуправни, јавни и други општествени функции за кои тоа е определено со Уставот, статусот или законот, се избираат односно именуваат за време до четири години, доколку за одделни од нив со Уставот не е поинаку определено.</s>
<s>Избраните и именуваните функционери и другите носители на самоуправни, јавни и други општествени функции за кои тоа е определено со Уставот, статутот или законот, можат да бидат избрани односно именуваат најмалку двапати едноподруго на истата функција, ако за одделни од нив со Уставот не е поинаку определено.</s>
<s>Времетраењето на мандатот и ограничувањето на повторниот избор, односно именување на избраните и именуваните функционери и на другите носители на самоуправни, јавни и други општествени функции за кои тоа е определено со Уставот, статутот или законот се утврдуваат со Уставот, статутот, законот или со деловникот на собранието на општествено-политичката заедница во согласност со Уставот, односно статутот.</s>
<s>Претседателите на собранијата на општествено-политичките заедници се избираат за време најмногу до две години во текот на мандатниот перид на собранието.</s>
<s>Претседателите на извршните органи на собранијата на општествено-политичките заедници не можат да бидат избрани двапати едноподруго на истата функција, ако со Уставот односно статутот е определено нивниот мандат да трае подолго од две години.</s>
<s>Времетраењето на мандатот и повторниот избор, одмосно именување на носителите на правосудни функции, како и времетраењето на мандатот и ограничувањето на повторното именување на општествениот правобранител на самоуправувањето, се уредуваат со закон.</s>
<s>2. Ако избраниот или именуваниот функционер на иста функција помине повеќе од половина од утврдениот мандатен период, се смета дека, во поглед на можноста за повторен избор односно именување, поминал на таа функција цел мандатен период.</s>
<s>3. Со овој амандман се заменуваат одредбите на член 167 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Претседателот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија се избира за време од една година и може да биде избран најмногу уште еднаш на истата функција во текот на траењето на мандатниот период на Собранието</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на ставовите 2 и 3 и се брише став 4 на член 352 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Собранието на Социјалистичка Република Македонија избира осум членови на Прецедателството на Социјалистичка Република Македонија врз основа на листата што ја предлага Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија по постапка што се утврдува со закон.</s>
<s>Член на Претседателството по својата функција е претседателот на органот на Сојузот на комунистите на Македонија утврден со Статутот на Сојузот на комунистите на Македонија.</s>
<s>Членовите на Претседателството се избираат за време од четири години и можат да бидат избрани најмалку двапати едноподруго на истата функција.</s>
<s>Претседателството избира претседател од редот на избраните членови за време од една година.</s>
<s>Претседателот на Претседателството не може да биде повторно избран на истата функција во текот на траењето на мандатниот период на Претседателството.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на ставовите 2, 3 и 4 на член 380 и одредбите на ставовите 2 и 3 на член 381, а се однесува и на точка 19, став 1 на член 318 и на алинеја 2 на член 338 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Претседателот на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија го избира Собранието по предлог од Претседателството на Социјалистичка Република Македонија за време од четири години и не може да биде избран на истата функција двапати едноподруго.</s>
<s>Членовите на Извршниот совет ги избира Собранието на Социјалистичка Република Македонија по предлог што го поднесува Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, по претходно мислење на кандидатот за претседател на Извршниот совет.</s>
<s>Членовите на Извршниот совет се избираат за време од четири години и можат да бидат избрани на истата функција уште за еден мандатен период.</s>
<s>Со закон се определува кои републички секретари и други функционери што раководат со републичките органи на управата и со републичките организации се именуваат од редот на членовите на Извршниот совет.</s>
<s>Оставка на мнозинството членови на Советот повлекува оставка на целиот Извршен совет.</s>
<s>Извршниот совет одлучува со мнозинство гласови на членовите на Советот.</s><s>Со закон се утврдува во кои случаи Извршниот совет одлучува со мнозинство гласови на членовите на Советот присутни на седницата.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на ставовите 1, 2 и 3 на член 395, членот 396, членот 397 и одредбите на став 2 на член 401 и се бришат одредбите на точка 25 на став 1 на член 318 и на алинеја 7 на член 338 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија што се однесуваат на секретарот на Извршниот совет.</s>
<s>Функционерите што раководат со републичките органи на управата и републичките организации што ги имениува Собранието на Социјалистичка Република Македонија се именуваат за време од четири години по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, по претходно мислење на Извршниот совет.</s>
<s>Овие функционери може да бидат именувани најмногу двапати едноподруго на иста функција.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на член 412 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Уставниот суд на Македонија има девет судии што ги избира Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Судиите на Уставниот суд на Македонија се избираат за време од осум години и не можат да бидат повторно избрани на истата функција.</s>
<s>Претседателот на Уставниот суд на Македонија го избира Собранието на Социјалистичка Република Македонија од редот на судиите за време од една година и може да биде избран уште еднаш на истата функција.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на ставовите 1 и 2 на член 424 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. За време на воена состојба, по исклучок, додека трае таа состојба и ако тоа го бараат интересите на одбраната на земјата, Претседателството на Социјалистичка Република Македонија може да:</s>
<s>- донесува уредби со законска сила со кои може да се запрат одделни одредби на Уставот на Социјалистичка Република Македонија што се однесуваат на одделни слободи, права и должности на човекот и граѓанинот и права на самоуправните организации и заедници и на составот и овластувањата на извршните и управните органи, како и да се образуваат општествено-политички заедници и да се определува составот, организацијата и надлежноста на нивните органи;</s>
<s>- укинува или поништува незаконски акт на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и на републичките органи на управата и на републичките организации и акти на органите на општината и на градската заедница, како и акти на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на став 2 на член 378 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>За спроведување на амандманите од I до VIII и за обезбедување на премин кон нивна примена, ќе се донесе уставен закон.</s>
<s>Предлогот на уставниот закон го утврдува Општествено-политичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Уставниот закон го донесува и го прогласува Собранието на Социјалистичка Република Македонија на заедничка седница на сите собори и влегува во сила со денот на прогласувањето на Амандманите од I до VIII на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Работните луѓе во основните самоуправни организации и заедници можат да одлучат функцијата на делегација на собранијата на самоуправните интересни заедници, освен за оние кои врз основа на Уставот односно статутот на општината учествуваат во одлучувањето на собранијата на општествено-политичките заедници, да ја врши работничкиот совет односно друг по положба и функцијата нему соодветен орган на управувањето.</s><s>Реботничкиот совет односно друг по положба и фубкција нему соодветен орган на управувањето ги делегира делегатите од редот на своите членови.</s>
<s>2. Со овој амандман се дополнува член 129 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1.Една или повеќе делегации на основите самоуправни организации и заедници, поврзани со трудот и со други заеднички интереси или со интересите во општествено-политичката заедница односно делегатите на тие организации и заедници во собранието на општината, делегираат од составот на делегациите делегати во соодветниот собор на собранието на општесвено-политичката заедница, на начин утврден со Уставот односно со статут и со закон.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува одредбата на став 1 на член 153 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Заради утврдување на заеднички основни ставови за работата на делегатите и остварување на другите задачи на делегациите, како и заради соработка со собранијата на општествено-политичките заедници, основните самоуправни организации и заедници образуваат конференции на делегациите за одделна област на здружениот труд односно за делегатска единица.</s><s>Со самоуправна спогодба се утврдуваат условите и начинот на работ на конференциите на делегациите.</s>
<s>2. Со овој амандман се доплнува член 156 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Делегатите во Соборот на здружениот труд се делегираат од делегациите на основните самоуправни организации и заедници поврзани со трудот и со други заеднички интереси, од составот на делегациите, со тајно гласање.</s>
<s>Бројот на делегатите во Соборот на здружениот труд се определува сразмено со бројот на работните луѓе во одделните области на здружениот труд, водејќи сметка за обезбедување на соодветна застапеност на работните луѓе од сите области на општествениот труд и за застапеност на работните луѓе од секоја општина.</s>
<s>2. Делегатите во Соборот на здружениот труд се делегираат како постојани делегати за време од четири години, а може да се делегираат и како повремени делегати за одделна седница на Соборот или за определен временски период, на начин утврден со закон и со самоуправен општ акт.</s>
<s>3. Со овој амандман се заменуваат ставовите 2 и 3 на член 321 и член 322 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Соборот на здружениот труд самостојно:</s>
<s>- претресува прашања од интерес за работните луѓе и за организациите на здружениот труд и прашања од областа на: стопанството и финансиите што не се во рамноправен делокруг со друг собор; распределба на доходот и личните доходи; меѓусебните односи на работниците во здружениот труд и заштитата при работата, донесува закони и други акти во тие области и дава автентични толкувања на законите што ги донесува;</s>
<s>- основа работни организации и други организации чија дејност е од општ интерес за Републиката;</s>
<s>- презема привремени мерки на општествена заштита на самоуправните права и на општествената сопственост спрема организациите на здружениот труд и други организации чија дејност е од општ интерес за Републиката, како и спрема самоуправните интересни заедници и други самоуправни организации и заедници, определени со закон;</s>
<s>- ги донесува односно одобрува финансиските планови и завршните сметки на републичките фондови, кога тоа е определено со закон;</s>
<s>- дава согласност на одредбите на самоуправните спогодби за здружување, на статутите или на другите општи акти на организациите на здружениот труд што вршат дејности од посебен општествен интерес кога тие одредби се од значење за остваревањето на посебниот општествен интерес во вршењето на таа дејност и ги потврдува самоуправните спогодби за основање односно статутите на самоуправите интересни заедници, кога е тоа определено со закон;</s>
<s>- именува и разрешува претставници на Републиката во организации на здружениот труд и во други самоуправни организации и заедници, како и во органни и тела, кога тоа е определено со закон или со друг акт на Собранието;</s>
<s>- претресува и одлучува по други прашања од надлежноста на Собранието што не се во рамноправен делокруг со другите собори или со собранијата на самоуправните интересни заедници односно што не се во самостоен или рамноправен делокруг на другите собори.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува член 332 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Соборот на здружениот труд, Општестено-политичкиот собор и Соборот на општините рамноправно:</s>
<s>- ги донесуваат репоубличкиот општествен план, републичкиот буџет и завршната сметка за извршување на буџетот;</s>
<s>- претресуваат прашања, донесуваат закони и други акти и даваат автентични толкувања на законите од областа на: народната одбрана и општествена самозаштита; надворешната политика; менувањето на границата на Републиката; системот на општественото планирање; системот на финансирањето на општините и Републиката; побрзиот развиток на стопански недоволно развиените краишта; регионалниот развој на Републиката; празниците, одликувањата и признанијата на Социјалистичка Република Македонија; референфумот; основите на изборниот систем во организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници и изборот и отповикувањето на членови на делегациите на основните самоуправни организации и заедници и на делегатите во собранијата во опшествено-политичките заедници.</s>
<s>- врши општествен надзор;</s>
<s>- донесува одлука за организацијата и делокругот на стручните служби на Собранието.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува член 333 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Соборот на здружениот труд и Општествено-политичкиот собор рамноправно:</s>
<s>- претресуваат прашања, донесуваат закони и други акти и даваат автентични толкувања на законите од областа на: системот на социјалистичките самоуправни општествени односи; слободите, правата и должностите на човекот и граѓанинот; заштитата на поредокот утврден со уставот и јавната безбедност; правосудството; привремените мерки на општествена заштита на самоуправните права и општествената сопственост спрема организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници и други самоуправни организации и заедници; сопственосно-правните и другите имотно-правни односи; наследувањето; експропријацијата и боречката заштита;</s>
<s>- ги остваруваат правата на Собранието во поглед на одговорноста на Извршниот совет и на функционерите што ги избира или именува Собранието и ги укинуваат или поништуваат прописите и другите акти на Извршниот совет што не се во согласност со Уставот, со закон или со друг пропис на Собранието;</s>
<s>- основаат републички органи на управата и републички организации;</s>
<s>- одлучуваат за надоместоците на фунционерите што ги избира односно именува Собранието.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува член 334 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија и се врши измена на член 336 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Соборот на здружениот труд и Соборот на општините рамноправно:</s>
<s>- претресуваат прашања, донесуваат закони и други акти и даваат автентични толкувања на законите од областа на: просторното и урбанистичко планирање; уредувањето и користењето на земјиштето и добрата во општа употреба; работењето и управувањето на комуналните организации на здружениот труд; станбената изградба, нејзиното финансирање и управувањето со станбените згради и становите во општествена сопственост; заштитата на природата и човековата околина; безбедноста на патниот, железничкиот и езерскиот сообраќај; заштитата од пожари и од елементсрни непогоди и игрите на среќа;</s>
<s>- одлучуваат за распишување на јавни заеми.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува член 335 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Соборот на општините самостојно:</s>
<s>- претресува прашања, донесува закони и други акти и дава автентични толкувања на законите од областа на: урбанистичкото уредување на населбите; уредувањето и употребата на градежното земјиште; постапката за образување месни заедници; мировните совети; матичните книги; личните имиња и личните карти; прогласувањето на исчезнати лица за умрени и документирањето на смртта и заверката на потписи, ракописи и преписи;</s>
<s>- претресува одделни прашања од областа на самоуправувањето во општината и месната заедница и на меѓународната соработка и други прашања што работните луѓе и граѓаните самостојно ги уредуваат во општината и во месната заедница.</s>
<s>2. Со овој амандман се дополнува Вториот дел, Глава X, точка 3 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија и се врши измена на член 336 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Претседателите на собранијата на општествено-политичките заедници се избираат за време од две години и може врз основа на образложен предлог да бидат избрани на истата функција уште еднаш во текот на траењето на мандатноиот период на собранието.</s>
<s>Никој не може да биде избран за претседател на собрание на иста општествено-политичка заедница во два мандатни периоди на собранието едноподруго.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува одредбата на став 4 на точка 1 од Амандман II на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Претседателот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија се избира за време од две години и може врз основа на образложен предлог да биде избран на истата функција уште еднаш во текот на траењето на мандатноиот период на Собранието.</s>
<s>Никој не може да биде избран за претседател на Собранието во два мандатни периоди на Собранието едноподруго.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува одредбата на точка 1 од Амандман III на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Претседателството на Социјалистичка Република Македонија избира претседател на Претседателството од редот на избраните членови за време од една година и може да го избере на истата функција уште еднаш едноподруго во текот на траењето на мандатниот период на Претседателството.</s>
<s>Никој не може да биде избран за претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија во два мандатни периоди на Претседателстото едноподруго.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат одредбите на ставовите 4 и 5 на точка 1 од Амандманот IV на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Извршниот совет донесува уредби, одлуки и други пописи за извршување на законите и другите прописи и општи акти на Собранието и на сојузните закони и други сојузни прописи и општи акти за чие извршување се одговорни органите во Републиката.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува одредбата на точка 4 на член 393 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>За спроведување на амандманите X до XXII и за обезбедување на премин кон нивна примена, ќе се донесе уставен закон.</s>
<s>Предлогот на уставниот закон го утврдува Општествено-политичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Уставниот закон го донесува и го прогласува Собранието на Социјалистичка Република Македонија на заедничка седница на сите собори и влегува во сила со денот на прогласувањето на Амандманите X до XXIII на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Химна на Социјалистичка Република Македонија е „Денес над Македонија“.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува член 10 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Тековниот труд на работниците и општествените средства како општествен капитал се основа на управувањето и присвојувањето на резултатите од трудот остварени со работењето со тие средства.</s>
<s>2. Секој се вклучува во работа со општествени средства слободно и под еднакви услови, зависно од знаењето и способноста заедно со другите работници тие средства постојано да ги обновува, зголемува и унапредува.</s>
<s>3. Во остварувањето на правото на работа со општествени средства, работниците во здружениот труд се одговорни едни на други и на општествената заедница како целина.</s>
<s>Работниците во здружениот труд се должни економски целесообразно и општествено одговорно да ги користат општествените средства и постојано да ги обновнуваат, зголемуваат и унапредуваат.</s>
<s>Работниците во здружениот труд се користат со резултатите што ќе ги остварат со работата и управувањето со општествените средства и ги поднесуваат материјалите и другите последици од економски нецелесообразното и општествено неодговорното користење на тие средства.</s>
<s>На работникот во здружениот труд кој несовесно или неуспешно ги исполнува своите должности и работни обврски му престанува работниот однос под услови и на начин утврдени со закон.</s>
<s>4. Организацијата на здружениот труд односно другото општествено правно лице е носител на правата и обврските во правниот промет во однос на сите средства со кои располага и што ги користи во согласност со природата и намената на тие средства, со уставот и со закон.</s>
<s>Организацијата на здружениот труд односно другото општествено правно лице за своите обврски одговара со сите средства со кои управуваат работниците односно другите работни луѓе и граѓаните во таа организација односно во тоа лице.</s>
<s>5. Работниците во здружениот труд, во услови на дејствување на законитостите на пазарот и на социјалистичките самоуправни општествено-економски односи, остваруваат приход со продажба на производи и услуги на пазарот или со слободна размена на трудот.</s>
<s>Работниците во здружениот труд од остварениот приход во различните облици на здружување на трудот и средствата и во другите облици на работење ги надомрстуваат потрошените средства и стекнуваат и го распоредуваат доходот за проширена репродукција, за резерви и за задоволување на своите лични, на заедничките и општите општествени потреби.</s>
<s>Работниците во здружениот труд за вкупна лична и заедничка потрошувачка распоредуваат дел од доходот сразмеро со својот придонес во остварувањето на доходот што го дале со тековнот труд и со управувањето со општествените средства како минат труд на работниците.</s>
<s>6. Работниците во организациите на здружениот труд што вршат стопански дејности стекнуваат доход со реално вреднување на сите фактори на производството и на работењето и на резултатите од трудот врз основа на дејствувањето на законитостите на пазарот.</s>
<s>По исклучок, работниците во оранизациите на здружениот труд во стопанските дејности определени со закон во кои дејствувањето на законитостите на пазарот не е единствен основ за вреднување на резултатите од трудот, стекнуваат доход и со слободна размена на трудот.</s>
<s>Со општествено утврдените општи услови за стопанисување, со плановите на општествено-политичките заедници и со мерките на економска политика не може да се нарушува со уставот утврдената самостојност и рамноправност во стекнувањето на доходот на организациите на здружениот труд што вршат стопански дејности.</s>
<s>Ако со акт на орган на општествено-политичка заедница се нарушува со уставот утврдената рамноправност на организациите на здружениот труд во стекнувањето на доходот на пазарот, истовремено со акт на таа општествено-политичка заедница се утврдува и се обезбедува соодветна компензација, под услови и на начин утврдени со закон.</s>
<s>7. Работниците во организациите на здружениот труд што вршат дејност во областа на образованието, науката, културата, здравството и социјалната заштита или друга општествена дејност стекнуваат доход со слободна размена на трудот непосредно со корисниците на нивните производи и услуги или во рамките односно преку самоуправните интересни заедници и другите облици на самоуправно организирање.</s>
<s>Работниците во организациите на здружениот труд што вршат општествени дејности, зависно од природата на дејностите и потребите што се задоволуваат со нивното вршење, стекнуваат доход и со продажба на своите производи и услуги на пазарот и во односи на заедничко остварување на доход, меѓусебно или со работниците во организациите на здружениот труд што вршат други дејности.</s>
<s>Работниците во организациите на здружениот труд што вршат општествени дејности и корисниците на нивните производи и услуги рамноправно ги уредуваат условите за стехнување на доход што се остварува со слободна размена на трудот, со вреднување на сите фактори и на резултатите од трудот.</s>
<s>Работниците во организациите на здружениот труд што вршат општествени дејности остваруваат во стекнувањето на доходот еднаква општествено-економска положба како и работниците во другите организации на здружениот труд.</s>
<s>8. Делот од доходот што е резултат од работата во исклучително поволни природни услови или во исклучително поволни услови создадени со положбата на местото на работа и работење се утврдува и се користи, во согласност со самоуправна спогодба и со закон, за развој на организацијата на здружениот труд во која е остварен и, кога е определено со закон, за развој на материјалната основа на трудот и за заштита на животната средина во општината, градската заедница и Републиката или за развој на комуналната инфракструктура.</s>
<s>9. Со закон, по исклучок, под условите утврдени со овој устав може привремено, да се ограничи располагањето на работниците во организациите на здружениот труд со дел од средствата на општествената репродукција или да се утврди обврска за здружување на дел од тие средства за финансирање на неопходните потреби на општествената репродукција утврдени со општествениот план на Македонија, кога задоволувањето на тие потреби е незаменлив услов за животот и работата на граѓаните или за стопанскиот и општествениот развој и ако врз самоуправна основа не можеле односно не можат да се обезбедат средства за финансирање на тие потреби.</s>
<s>Организациите на здружениот труд имаат, во согласност со закон, право на враќање на задолжително здружените средства на општествената репродукција и право на надоместок за користењето на тие средства односно право на определени погодности.</s>
<s>Управувањето со задолжително здружениот дел од средствата на општествената репродукција се заснова врз самоуправни односи.</s>
<s>10.</s><s>Работниците во организациите на здружениот труд што задржуваат средства или труд и средстава заради заедничко работење со заеднички ризик имаат право по тој основ заедно и рамноправно, сразмерно со средствата односно на трудот и средствата што ги задржуваат, да управуваат со тоа работење, да одлучуваат за заедничкиот доход и заедничкиот приход, да ги утврдуваат обврските и одговорностите за подесување на заедничкиот ризик и да утврдуваат други заеднички права, обврски и одговорности по основ на здружувањето на средствата односно на трудот и средствата.</s>
<s>Работниците во организациите на здружениот труд што основаат нова работна организација и здружуваат средства имаат по тој основ исти права, обврски и одговорности како и работниците кога здружуваат средства во постојна организација на здружениот труд.</s>
<s>11.</s><s>Организациите на здружениот труд можат, заради проширување на матријалната основа на трудот, да собираат парични и други средства на граѓаните и да им обезбедат, покрај враќање на вредноста на тие средства, и надоместок за нивно користење во вид на камата односно на определени поволности, во согласно со закон.</s>
<s>Граѓаните може да вложуваат парични и други средстава во организација на здружениот труд со заеднички ризик и по тој основ да остваруваат право на враќање на вредноста на тие средства и на надоместок за користењето на тие средства, зависно од резултатите што ќе ги оствари таа организација, како и право да бидат известувани за резултатите од користењето на тие средства и стекнуваат право да учествуваат во одлучувањето за определени работи во врска со користењето на вложените средства, во согласност со сојузен закон.</s>
<s>Организацијата на здружениот труд може заради собирање односно вложување средства на граѓаните да издава хартии од вредност што гласат на име или на доносител и според кои имателите на тие хартии остваруваат право на надоместок за користењето на тие средства односно и право на учество во одлучувањето под услови и на начин утврдени со сојузен закон.</s>
<s>Граѓаните можат да го задржат правото на сопственост на вложените средства, освен во случаите определени со сојузен закон.</s>
<s>12.</s><s>Работниците кои вршат стручни, административни, помошни и други работи за земјоделска или друга задруга, банка или друга финансиска организација, организација за осигурување, самоуправна интересна заедница и друга самоуправна организација и заедница или нивно здружение, општествено-политичка организација или друга општествена организација и здружение на граѓани, можат да образуваат работна заедница.</s><s>Работна заедница можат да образуваат и работниците во органите на општествено-политичките заедници под услови утврдени со закон.</s>
<s>Работниците во работната заедница имаат право на средства за лична и заедничка потрошувачка во согласност со начелото за распределба според трудот и со основите и мерилата за распределба што важат во организациите на здружениот труд.</s><s>Тие имаат и други самоуправни права во согласност со природата на работата што ги вршат и со одговорноста на организациите, заедниците и органите за кои ги вршат работите за осварување на нивните функции и задачи.</s>
<s>На овие работни заедници не можат да се пренесуваат права, овластувања и одговорности на организациите, заедниците и органите за кои тие вршат работи.</s>
<s>13.</s><s>На работникот не може да му престане работниот однос ако поради технолошки и други унапредувања со кои се придонесува за зголемување на продуктивноста на трудот и за поголем успех на организацијата на здружениот труд престане потребата за негова работа во таа организација, додека не му се обезбеди друго работно место кое одговара на неговите работни способности или на друг начин не му се обезбеди остварување на правото на работа или на правата по основ на трудот определени со закон.</s>
<s>Со закон може за тие цели, како и за матријално обезбедување на невработените лица, за преквалификација на работниците и за создавање на поповолни услови за вработување воопшто да се утврди обврска за здружување на средства или за обезбедување на средства на друг начин и да се пропишат условите и начинот на употреба на тие средства.</s>
<s>14.</s><s>Со точка 1 се заменува став 3 на член 14; со точка 2 се дополнува член 15; со точка 3 се заменува член 17; со точка 4 се заменува член 26; со точка 5 се заменува член 21; со точка 6 се дополнува Оддел 1 на Глава II од Првиот дел и се заменува став 2 на член 52; со точка 7 се заменува член 18; со точка 8 се заменува став 1 на член 20; со точка 9 се заменува член 25; со точка 10 се заменува член 28; со точка 11 се заменува член 30; со точка 12 се заменуваат ставовите 1 и 3 на член 32; со точка 13 се заменуваат ставовите 4 и 5 на член 34 од Уставот на СРМ.</s>
<s>Се укинуваат став 2 на член 16, член 31 и став 2 на член 34 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Работниците слободно ги задржуваат трудот и општествените средства во услови на стекнато произдводство и дејствување на законитостите на пазарот, заради вршење на стопански и општествени дејности и стекнување на доход на пазарот или во односи на слободна размена на трудот.</s>
<s>Работниците слободно одлучуваат за облиците за самоуправно и работно организирање и за облиците на здружување, поврзување и соработка на организациите на здружениот труд, за интересите што ги остваруваат во нив и за обемот на здружување на својот труд и на општествените средства.</s>
<s>2. Работната организација е самостојна самоуправна организација и економска и деловна целина во која работниците се поврзани со заеднички интереси во работата со општествени средства.</s>
<s>Работната организација во областа на стопанските дејности е основен субјект на пазарното работење, а работната организација во областа на општествените дејности е основен субјект на слободната размена на трудот.</s>
<s>Работна организација можат да основаат организациите на здружениот труд, самоуправните интересни заедници, месните заедници и другите општествени правни лица.</s>
<s>Општествено-политичка заедница може да основа работна организација ако вршењето на дејноста на таа организација е незаменлив услов за животот и работата на граѓаните или за работата на другите организации на определено подрајче или ако тоа е неопходно за работата на органите на таа општествено-политичка заедница.</s>
<s>Работна организација, под услови и на начин пропишани со закон, можат да основаат работните луѓе и граѓаните заради остварување на правото на работа и на други свои интереси.</s>
<s>Работна организација во согласност со закон, можат да основаат и граѓанските правни лица.</s>
<s>3. Со статутот на работната организација се утврдува кои права, обврски и одговорности што според уставот ги имаат работниците во организацијата на здружениот труд, работниците ги остваруваат во работната организација како целина, а кои во одделни делови од работната организација во кои работниците организирале основни организации на здружениот труд или други облици на своето организирање.</s>
<s>4. Работната организација е носител на сите права и обврски во правниот промет во однос на сите средства со кои располага и што ги користи.</s>
<s>Со статутот на работната организација може да се утврди дека определени права и обврски во правниот промет во однос на определени средства со кои располагаат и што ги користат имаат деловите на работната организација во кои работниците организирале основни организации на здружениот труд или други облици на своето организирање.</s>
<s>5. Работните организации можат да се здружуваат во сложени организации на здружениот труд, деловни здруженија, заедници и други облици на организирање на здружениот труд.</s>
<s>Со самоуправна спогодба се уредуваат кои права, обврски и одговорности на работниците во работната организација се остваруваат во сложена организација на здружениот труд или во друг облик на организирање на здружениот труд.</s>
<s>Со самоуправна спогодба може да се утврди дека определени права и должности во правниот промет во однос на определени средства со кои располагаат и што ги користат работните организации има сложената организација на здружениот труд или другиот облик на организирање на здружениот труд.</s>
<s>6. Работниците во организациите на здружениот труд што како единствени технолошки системи вршат дејности во областа на електростопанството, железничкиот сообракај и поштенско-телефонско-телеграфскиот сообраќај се должни да обезбедуваат техничка функционалност во работата и врз таа основа технолошко и економско единство на процесот на работата, рационално и ефикасно функционирање на овие системи и на одделни нивни делови на територијата на Социјалистичка Република Македонија во согласност со потребите и интересите на оштествено-економскиот развој на Републиката и со потребите и интересите на корисниците на производите и услугите.</s>
<s>7. Со закон и со одлука на собрание на општина односно на градската заедница заснована врз закон може, ако тоа го бара посебниот општествен интерес, да се уреди начинот на остварување на тој интерес во работењето на организациите на здружениот труд што вршат стопанска дејност кога тоа работење е незаменлив услов за животот и работата на граѓаните или за работата на другите организации на определено подрачје.</s>
<s>8. Со точките 1 до 4 се заменуваат членовите 35 до 38; со точка 5 се заменува став 1 на член 39; со точка 6 се дополнува Оддел 2 на Глава II од Првиот дел; со точка 7 се заменува став 2 на член 50 од Уставот на СРМ.</s>
<s>Престануваат да важат одребите на член 44 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Банката е самостојна самоуправна финансиска организација која врши депозити, кредити и други банкарски работи.</s>
<s>Банка основаат општествените правни лица со усвојување на основачкиот акт и со вложување средства во фондовите на банката.</s>
<s>Банка, заедно со други банки или со други лица определени со закон, може да биде основач на друга банка или на друга финансиска организација.</s>
<s>2. Банката работи со средствата вложени во нејзините фондови и со други прибавени или позајмени средства.</s>
<s>Основачите на банката одговараат за обврските на банката до висината на средствата што ги вложиле во нејзините фондови.</s>
<s>3. Со банката управуваат општествените правни лица што ја основале и вложиле средства во нејзините фондови, зависно од висината на тие средства, во согласност со основачкиот акт односно со статутот на банката.</s>
<s>Орган на управување на банката е собранието на банката, што го сочинуваат делегати на основачите на банката.</s>
<s>4. Другите лица што ќе вложат средства во фондовите на банката стекнуваат својство на основачи на банката со права, обврски и одговорности утврдени со основачкиот акт односно со статутот на банката.</s>
<s>5. Добивката што банката ќе ја оствари со своето работење се распределува со одлука на собранието на банката во резерви, како и на дел што, им се исплатува на вложувачите односно што се вложува во други фондови на банката сразмерно со средствата што ги вложиле во банката.</s>
<s>6. Меѓусебните односи на основачите на банката, управувањето со банката и работењето со банката се уредуваат со основачкиот акт на банката и со нејзиниот статут.</s>
<s>7. Со овој амандман се заменува член 40 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Организацијата за осигурување е самостојна самоуправна организација за осигурување на имоти и лица и за вршење на други работи на осигурувањето.</s>
<s>Организација за осигурување основаат општествените правни лица и други лица определени со закон со усвојување на актот за основање на организацијата и со вложување средства во почетните фондови на сигурноста.</s>
<s>Основачите на организацијата за осигурување одговараат за обврските на организацијата до висината на средствата што ги вложиле во фондовите на организацијата.</s>
<s>2. Со организацијата за осигурување управуваат основачите на организацијата.</s>
<s>Право да учествуваат во управувањето со организацијата за осигурување имаат граѓаните и другите осигуреници во согласност со актот за основање на организацијата односно со статутот на организацијата.</s>
<s>Орган на управување на организацијата за осигурување е собранието на организацијата, што го сочинуваат делегати на основачите на организацијата и на осигурениците.</s>
<s>3. Добивката што организацијата за осигурување ќе ја оствари се распределува во резервите на сигурноста, како и на дел што им се исплатува на основачите односно што се вложува во други фондови на организацијата сразмерно со средствата што основачите ги вложиле во организацијата.</s>
<s>4. Со овој амандман се заменува член 43 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Странско лице може да вложува средства во организација на здружениот труд, банка или во друга финансиска организација, задруга и во други облици на соработка и заедничко работење.</s>
<s>Странско лице може заедно со домашно лице да основа мешовито претпријатие, банка или друга финансиска организација, договорна организација на здружениот труд, а може да основа и сопствено претприатие.</s>
<s>Дејностите или работите односно подрачјата во кои странско лице не може да основа свое претпријатие, се утврдуваат со сојузен закон.</s>
<s>2. Странското лице има право да учествува во управувањето со заедничкото работење за времето за кое се вложени средствата, право на транстфер на добивката, право на враќање на влогот и други права утврдени со договорот.</s>
<s>Странското лице може да го задржи правото на сопственост на вложените средства.</s>
<s>Странското лице, кога основало сопствено претпријатие, го задржува правото на сопственост на вложените средства и има право на сопственост на средствата што тоа претпријатие ги остварило со сосвоето работење.</s>
<s>Овие права на странското лице не можат да се намалат со закон или со друг пропис.</s>
<s>3. Правата и обврските на работниците во претпријатието, заедничката банка или во другата заедничка финансиска организација и во договорната организација на здружениот труд се уредуваат со колективен договор.</s>
<s>4. Правната положба на мешовитото претпријатие, банката или другата финансиска организација, на договорната организација на здружениот труд и на сопственото претпријатие и правната положба на странското лице кое самостојно односно заедно со домашни лица ги основало тие организации, како и основните права и обврски на работниците кои се вработени во нив, се уредуваат со сојузен закон.</s>
<s>5. Со овој амандман се заменува член 29 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Работниците и другите работни луѓе имаат право, а кога е тоа утврдено со овој устав и должност, непосредно или преку своите организации или заедници, со самоуправни спогодби да основаат самоуправни интересни заедници или други облици на самоуправно организирање, заради задоволување на своите лични и заеднички потреби и интереси и усогласување на трудот со тие потреби и интереси.</s>
<s>2. Работноците и другите работни луѓе кои врз начелата на заемност и солидарност ги задоволуваат своите лични и заеднички потреби и интереси во областа на образованието, науката, културата, здравството и социјалната заштита, кога тие потреби и интереси се истовремено и потребни и интереси на општеството, и работниците во организациите на здружениот труд што вршат дејности во тие области, основаат самоуправна интересна заедница или друг облик на самоуправно организирање во кои рамноправно и заеднички одлучуваат за вршењето на тие дејности во согласност со заедничките интереси, ја утврдуваат политиката на развојот и унапредувањето на тие дејности и ги задоволуваат другите заедничи потреби и интереси.</s>
<s>Заради задоволување на своите лични и заеднички потреби и интереси во овие области, работниците и другите работни луѓе можат, во согласност со закон односно со одлука на собранието на општината заснована врз закон, да основаат самоуправна интересна заедница или друг облик на самоуправно организирање за две или повеќе сродни области.</s>
<s>Самоуправна интересна заедница или друг облик самоуправно организирање може да се основа за подрачје пошироко од подрачјето на општината.</s><s>Кога за подрачје пошироко од подрачјето на општината се основа самоуправна интересна заедница или друг облик на самоуправно организирање во областите на образованието, науката, културата, здравството и социјалната заштита, со статутот на општината се утврдува начинот на рамноправното одлучување на органот на управување на самоуправната интересна заедница или на другиот облик на самоуправно организирање со надлежните собори на собранието на општината.</s>
<s>3. Заради осигурување на својата социјална сигурност, работните луѓе основаат самоупрани интересни заедници на пензиското и инвалидското осигурување или други облици на самоуправно организирање во кои здружуваат средства за таа цел и ги управуваат, врз начелата на заемност и солидарност и минатиот труд, своите заеднички и поединечни обврски и права што ги остваруваат во нив.</s>
<s>4. Работниците и другите работни луѓе, заради задоволување на своите лични и заеднички потреби и интереси во областа на физичката култура, непосредно или преку своите организации или заедници, самоуправно се организираат и здружуваат средства за развојот и унапредувањето на физичката култура.</s>
<s>5. Заради создавање на поповолни услови за вработување, обезбедување на социјална сигурност на работниците за време на привремена невработеност, матријално обезбедување на невработените и преквалификација на работниците и невработените лица, работниците, другите работни луѓе и граѓаните самоуправно се организираат и здружуваат средства за таа цел и врз начелата на заемност и солидарност и минатиот труд ги остваруваат своите лични и заеднички потреби и интереси.</s>
<s>6. Работниците и другите работни луѓе, заради задоволување на своите лични и заеднички потреби и интереси во областа на становањето самоуправно се организираат и здружуваат средства за станбена изградба, ги утврдуваат политиката и програмите за таа изградба и заедно со станарите управуваат со станбените згради и становите во општествена сопственост.</s>
<s>Во согласност со начелата на заемност и солидарност, дел од здружените средства за станбена изградба се насочуваат за создавање на поповолни услови за изградба на станови за потребите на работниците и другите работни луѓе со пониски приходи во семејството, за работниците од организациите во здружениот труд што не располагаат со потребни средства за таа намена и за надоместување на дел од станарината на работниците, другите работни луѓе и граѓаните со пониски приходи во семејството.</s>
<s>7. Меѓусебните односи во самоуправните интересни заедници и во другите облици на самоуправно организирање во кои се остваруваат односи на слободна размена на трудот, се уредуваат така што им се обезбедува право на работниците и на другите работни луѓе кои во нив здружуваат средства да одлучуваат за тие средства и право на работниците во организациите на здружениот труд што вршат дејности во областите за кои е основана самоуправна интересна заедница односно друг облик на самоуправно организирање во односите на слободна размена на трудот да остваруваат еднаква општествено-економска положба како и работниците во другите организации на здружениот труд.</s>
<s>8. Со закон односно со одлука на собранието на општината заснована врз закон се утврдуваат начелата за организацијата и за уредувањето на меѓусебните односи во самоуправната интересна заедница или во другиот облик на самоуправно организирање за кои со овој устав е утврдена обврска за основање.</s>
<s>Ако во рокот што ќе го определи собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија не е основана самоуправна интересна заедница или друг облик на самоуправно организирање за кои со овој устав е утврдена обврска за основање, со закон односно со одлука на собранието на општината заснована врз закон се основа самоуправна интересна заедница односно друг облик на самоуправно организирање и привремено се уредуваат нивната организација и меѓусебните односи во нив.</s>
<s>9. Ако во самоуправна интресна заедница или во друг облик на самоуправно организирање за кои со овој устав е утврдена обврска за нивно основање не се донесе одлука за прашање од кое суштествено зависи нивната работа, собранието на општината односно Собранието на Социјалистичка Република Македонија може, под услови и по постапка пропишани со закон, да донесе одлука со која привремено се решава тоа прашање.</s>
<s>10.</s><s>Спрема самоуправна интересна заедница или друг облик на самоуправна организација можат да се преземат привремени мерки утврдени со закон во случаите и под условите под кои такви мерки можат да се преземат спрема организација на здружениот труд.</s>
<s>11.</s><s>Со овој амандман се заменуваат членовите 54 до 62 и ставовите 1 и 2 на член 102 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Работните луѓе и граѓаните, меѓусебно или со трудот на работниците во здружениот труд, слободно ги здружуваат својот труд и средства односно само трудот или само средствата во задруги и во други облици на здружување.</s>
<s>Со закон може, по исклучок, кога тоа го бара општествениот интерес, да се определат дејностите односно работите што не можат да се вршат во овие облици на здружување.</s>
<s>Работните луѓе и граѓаните своите меѓусебни односи во овие облици на здружување ги утврдуваат спогодбено врз начелата на доброволност, рамноправност, заемност и солидарност.</s>
<s>2. Работните луѓе и граѓаните имаат право да основаат земјоделски, занаетчиски, станбени, штедно-кредитни и потрошувачки задруги, задруги за давање интелектуални услуги и други производствени или услужни задруги.</s>
<s>Задругата е самостојна самоуправна организација на задругите.</s>
<s>Задругарот го задржува правото на сопственост на средствата здружени во задругата, ако со договор не ги пренел во заедничка сопственост на задругарите, во здружена сопственост или во општествена сопственост.</s>
<s>За средствата што задругата ќе ги оствари со своето работење одлучуваат задругарите самостојно, во согласност со статутот на задругата.</s>
<s>Задругата може, заради проширување на матријалната основа на трудот, да собира парични и други средства на граѓаните.</s>
<s>3. Со овој амандман се заменува член 69 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Земјоделците можат својот труд, земјиште односно други средства да ги здружат во земјоделска задруга и во други облици на здружување на земјоделците или да ги здружат со работниците во организациите на здружениот труд.</s>
<s>2. Земјоделците основаат земјоделска задруга со актот за основање со кој ги утврдуваат условите за здружување и заедничките интереси и цели и своите поединечни и заеднички права и обврски што ги остваруваат односно извршуваат во задругата.</s>
<s>Облиците на организирање и односите во задругата се утврдуваат со статутот на задругата, а меѓусебните права и обврски на задругарите и на задругата се утврдуваат со договор.</s>
<s>3. Земјоделците го задржуваат правото на сопственост на земјиштерто, на средствата на трудот односно на другите средства што ги здружуваат во земјоделската задруга.</s>
<s>Земјоделците можат овие средства со договор да ги пренесат во заедничка сопственост на задругарите, во здружена сопственост или во општествена сопственост.</s>
<s>4. Добивката што задругата ќе ја оствари со своето работење, членовите на задругата ја распоредуваат на средства што на членовите на задругата им припаѓаат според придонесот што со својот труд и со средствата здружени во задругата го дале за остварување на таа добивка и на средства што се внесуваат во фондовите на задругата, како и на средства за други потреби.</s>
<s>5. Задругарот кој својот труд, земјиште односно други средства ги здружил во задругата, во случај на истапување од задругата или на престанување на задругата, има право на враќање на земјиштето односно на другите средства на кои го задржал правото на сопственост односно правото на враќање на вредноста на средствата што ги здружил во задругата и право на дел од средствата во фондовите на задругата остварени со нејзиното работење, под условите утврдени со договорот и со статутот, во согласност со закон.</s>
<s>6. Со овој амандман се заменува член 65 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. На работните луѓе им се гарантира право самостојно да вршат дејности со личен труд односно со личен труд и средства во сопственост на граѓаните.</s>
<s>Со закон може, по исклучок, кога тоа го бара природата на тие дејности или посебниот општествен интерес, да се определат дејностите што не можат да се вршат самостојно со личен труд.</s>
<s>Со закон можат да се утврдат условите за самостојно вршење на дејностите со личен труд.</s>
<s>2. На работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд им се гарантира право да ја остварувват со уставот утврдената положба во социјалистичките општествено-економски односи, да располагаат со резултатите остварени со својот труд и врз таа основа да ги задоволуваат своите лични и општествени потреби и врз основа на својот придонес да ја остваруваат својата социјална сигурност врз начелата на заемност и солидарност.</s>
<s>3. Работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд слободно ги здружуваат својот труд и средства односно само трудот или само средствата во различни облици на здружување.</s><s>Со закон може да се утврдат условите за ова здружување.</s>
<s>4. Работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд можат, непосредно или преку облиците на своето здружување, да ги здружауваат својот труд и средства односно само трудот или само средствата со организациите на здружениот труд во различни облици на кооперација и на потрајна соработка.</s>
<s>Овие работни луѓе заедно и рамноправно со работниците во здружениот труд со општествени средства во овие области на кооперација и на потрајна соработка управуваат со заедничките работи, одлучуваат за заеднички остварениот доход и учествуваат во неговата распределба според својот придонес во остварувањето на тој доход.</s>
<s>5. Работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд можат да вработуваат работниции во границите определени со закон.</s>
<s>Договорите за вработување ги склучуваат овие работни луѓе и работниците кои тие ги вработуваат во согласност со колективениот договор што го склучуваат синдикатот и соодветната стопанска комора односно друго здружение во кое се претставени овие работни луѓе.</s><s>Со колективниот договор им се обезбедува на работниците кои се вработени кај овие работни луѓе право на средства за задоволување на личните и заедничките потреби, како и други права утврдени со закон.</s>
<s>Врз овие основи можат да вработуваат работници и задругите и другите облици на здружување на трудот и средствата на работните луѓе кои самостојно вршат дејност со личен труд, како и граѓаните и граѓанските правни лица.</s>
<s>6. Со овој амандман са заменуваат членовите 33, 68, 70 и 72 од Уставот на СРМ.</s>
<s>Насловот на Оддел 6 на Глава I од Првиот дел на Уставот на СРМ се менува и гласи: „Самостоен личен труд“.</s>
<s>1. Работниот човек може да основа договорна организација на здружениот труд и во неа, врз самоуправна основа, да ги здружува својот труд и средства со трудот на други лица.</s>
<s>На работодителот и на работниците во договорната организација на здружениот труд им припаѓаат, врз основа на нивниот труд, средства за задоволување на личните и заедничките потреби.</s>
<s>На работодителот му припаѓаат по основ на средствата што ги вложил во договорната организација на здружениот труд право на враќање на вредноста на тие средства и право на учество во доходот во согласност со начелата што важат за здружување на општествените средства во организациите на здружениот труд, како и право повторно да ги вложи средствата.</s>
<s>Во договорната организација на здружениот труд можат да здружат средства и други работни луѓе и граѓани.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат ставовите 1 и 3 на член 71 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. На граѓаните им се гарантира правото на сопственост на станбени згради и станови, на средства за работа, на деловни згради и деловни простории.</s>
<s>Сопственикот може станбената зграда или станот, средствата за работа, деловната згради или деловната просторија да ги даде на користење на друг и по тој основ да стекнува доход, под услови и на начин утврдени со закон.</s>
<s>2. На земјоделците им се гарантира право на сопственост на обработливо земјоделско земјиште во површина од најмалку 30 хектари по домаќинство.</s>
<s>Со закон може да се утврди во ридско-планинските краишта површината на обработливото земјоделско земјиште на кое земјоделците имаат право на сопственост да биде поголема од 30 хектари по домаќинство.</s>
<s>3. Со точка 1 се заменува став 2 на член 94; со точка 2 се заменуваат ставовите 1 и 2 на член 96 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Работниците и другите работни луѓе со планирање на работата и развојот на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници и со планирање на стопанскиот и општествениот развој на општествено-политичките заедници во услови на дејствување на пазарните законитости и на економската самостојност на организациите на здружениот труд, потпирајќи се врз научните сознанија и врз оцената на развојните можности заснована врз нив, го насочуваат матријалниот и општествениот развој во согласност со своите заеднички интереси утврдени врз самоуправна основа.</s>
<s>2. Организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници самостојно ги планираат својата работа и развој.</s>
<s>Со закон може да се утврди обврска за донесување на планови на самоуправните организации и заедници што вршат дејности или работа од посебен општествен интерес.</s>
<s>3. Организациите на здружениот труд што вршат дејност во областа на електростопанството, железничкиот сообраќај и поштенско-телефонско-телграфскиот сообраќај донесуваат свои и заеднички планови за развојот во согласност со потребите на корисниците на нивните производи и услуги и во согласност со заедничките интереси и цели на развојот утврдени со општествениот план на Македонија и со општествениот план на Југославија.</s>
<s>4. Општествено-политичките заедници донесуваат општествени планови со кои, во согласност со заедничките интереси и цели утврдени врз самоуправна основа, се утврдува заедничката развојна и економска политика.</s><s>Општествено-политичките заедници донесуваат економски и други мерки со кои организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници се насочуваат односно се поттикнуваат кон остварување на заедничката политика на развојот.</s>
<s>Со општествениот план на општествено-политичката заедница се утврдуваат и целите и задачите со кои се остварува посебниот општествен интерес со дејствувањето на самоуправните организации и заедници што ги вршат овие дејности или работи.</s>
<s>5. Со општествениот план на Македонија во услови на дејствување на пазарните законитости и на економска самостојност на организациите на здружениот труд на единствениот југословенски пазар, потпирајќи се врз научните сознанија и земајќи ги предвид меѓународните економски односи и меѓународните обврски на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и на Социјалистичка Република Македонија, се утврдува заедничката развојна и економска политика и се насочува стопанскиот и општествениот развој на Републиката во согласност со заедничките интереси на работниците во здружениот труд и на другите работни луѓе утврдени врз самоуправна основа, како и со заедничките интереси на општините и на градската заедница.</s>
<s>Со општествениот план на Македонија се утврдуваат економски и други мерки односно насоки и рамки за донесување на мерките на економската политика и на други мерки што, во согласност со правата и должностите утврдени со уставот, ги донесуваат органите на Републиката односно органите на општината и на градската заедница, заради обезбедување услови за што поусогласен и постабилен развој и за остварување на усогласените заеднички интереси на здружениот труд односно на заедничките интереси на општините и на градската заедница.</s>
<s>6. Органите на општествено-политчките заедници со прописите и мерките создаваат услови за остварување на општествените планови и се одговорни за тоа.</s>
<s>7. Со овој амандман се заменуваат членовите 73 до 76 и членовите 78 и 79 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Со општествениот систем на информирање се обезбедува усогласено еевиндентирање, прибирање, обработка, истражување и размена на податоци, факти и информации од значење за животот, работата, развојот и одлучувањето во сите области на општествениот живот, како и достапност на тие податоци, факти и информации.</s>
<s>2. Евиденцијата, аналитичките и информативните работи за располагањето со општествените средства, контролата на точноста на податоците за располагањето со тие средства, законитоста на располагањето со општествените средства и извршувањето на обврските на организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници и на општествено-политичките заедници, како и други работи утврдени со закон, ги врши Службата на општественото книководство.</s>
<s>3. Со точка 1 се заменува став 1 на член 80; со точка 2 се заменува став 1 на член 82 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Данокот од доходот односно од добивката на организацијата на здружениот труд и на другото правно лице се плаќаат според прописите и во корист на општествено-политичката заедница на чија територија таа организација односно тоа лице или нивните делови трајно ја вршат дејноста.</s>
<s>Придонесите од доходот на организацијата на здружениот труд и на другото правно лице се плаќаат според одлука и во корист на самоуправната интересна заедница или другиот облик на самоуправно организирање што обезбедува задоволување на потребите и интересите односно користење на услугите за кои се плаќаат тие придонеси.</s>
<s>Данокот од личните доходи односно од приходите на работниците и граѓаните, освен даноците на имот и на приходи од имот, се плаќаат, во согласност со сојузен закон, според прописите и во корист на општествено-политичката заедница на чија територија живее работникот или граѓанинот.</s>
<s>Придонесите од личните доходи односно од приходите на работниците и граѓаните се плаќаат, во согласност со сојузен закон, според одлука и во корист на самоуправната интересна заедница или на другиот облик на самоуправно организирање што на работникот и граѓаниниот или на членовите на нивното семејство им обезбедуваат задоволување на потребите и интересите односно користење на услогите за кои се плаќаат тие придонеси.</s>
<s>2. Заради изедначување на условите за стопанисување и заради усогласен развој на Социјалистичка Република Македонија, Републиката, општините и самоуправните интересни заедници ги усогласуваат обврските на организациите на здружениот труд, другите правни лица, работните луѓе и граѓаните за плаќање на даноци и придонеси.</s>
<s>3. Социјалистичка Република Македонија, ако тоа го бара обезбедувањето на единството и стабилноста на југословенскиот пазар, со меѓусебни договори со другите републики и со автономните покраини ги усогласува даночната политика и даночниот систем што во рамките на своите права и должности, ги утврдува односно ги уредува.</s>
<s>4. Заради обезбедување на определени видови на социјална сигурност на работните луѓе и граѓаните, со закон може да се утврди обврска за образување на општествени фондови и да се утврдат изворите и обемот на средствата за тие намени, како и да се пропише обврска за плаќање придонеси на тие фондови.</s>
<s>5. Работите во областа на извршувањето на обврските за плаќање на определени даноци и други давачки односно на придонеси од определени обврзници, утврдени со закон, ги вршат службите за општествени приходи како општествени служби.</s>
<s>Службите за општествени приходи работат врз основа на закон и на други прописи и се одговорни, во согласност со закон, за нивното применување.</s>
<s>Организацијата и функционирањето на службите за општествени приходи се уредуваат со закон.</s>
<s>6. Со точка 1 се заменува став 2 на член 85 и член 87; со точка 2 се заменува член 88; со точка 3 се заменува член 89; со точките 4 и 5 се дополнува оддел 9 на Глава II од Првиот дел на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Општествено-политичките заедници се одговорни, во рамките на своите права и должности, за обезбедување не едиствениот југословенски пазар.</s>
<s>2. Заради осигурување на единствениот југословенски пазар, Социјалистичка Република Македонија обезбедува признавање на правата по основ на трудот што се од влијание за остварување на правата од социјалното осигурување и други слични права, без оглед на тоа каде се стекнати во Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>3. Со точка 1 се заменува член 90; со точка 2 се заменува алинеја 6 на став 1 на член 91 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Народната банка на Македонија е установа на единствениот монетарен систем на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s>
<s>Народната банка на Македонија, во рамките на своите права и должности, ја спроведува заедничката монетарна и девизна политика, заедничките основи на кредитната политика на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и кредитната политика на Републиката.</s>
<s>Со мерките за спроведување на кредитната политика на Републиката не може никој да се доведува во нерамноправна положба во поглед на вршењето на дејноста и стекнувањето на доходот.</s>
<s>Народната банка на Македонија му предлага на Собранието закони, други прописи и општи акти во областа на кредитната политика на Републиката и, во рамките на своите права и должности, е одговорна пред Собранието за спроведувањето и постојаното следење на спроведувањето на политиката и за извршувањето на законите, другите прописи и општи акти во оваа област, како и за стабилноста на валутата, за општата ликвидност на плаќањата во земјата и спрема странство и за спроведивањето и следењето на спроведувањето на заедничката монетарна и девизна политика и на заедничките основи на кредитната политика.</s>
<s>Кога друг овластен предлагач му предлага на Собранието предлог за утврдување на кредитната политика на Републиката, Народната банка на Македонија има право да му даде на Собранието мислење за тој предлог.</s>
<s>Народната банка на Македонија, во рамките на своите права и должности, самостојно ги применува со сојузен закон, друг пропис или општ акт утврдените мерки со кои се остваруваат целите и задачите на заедничката монетарна и девизна политика и на заедничките основи на кредитната половина.</s>
<s>Деловните банки и другите финансиски организации се должни да се придржуваат кон одлуките што ги донесува Народната банка на Македонија заради остварување на таа политика.</s>
<s>Народната банка на Македонија не може да врши дејност на деловна банка, ниту да има статус на таква банка.</s>
<s>2. Со работите на Народната банка на Македонија што се однесуваат на спроведувањето на заедничката монетарна и девизна политика и на предлагањето и спроведувањето на кредитната политика на Републиката управува Советот на Народната банка Македонија.</s><s>Во управувањето со тие работи Советот донесува одлуки и презема мерки за нивното спроведување.</s><s>Одлуките и другите акти од областа на работењето на Народната банка на Македонија за кои не одличува Советот на Народната банка на Македонија ги донесува гувернерот на Народната банка на Македонија.</s><s>Советот и гувернерот на Народната банка на Македонија му се одговорни на Собранието, во рамките на своите права и должности, за одлуките и актите што ги донесуваат од областа на работењето на Народната банка на Македонија.</s>
<s>Гувернерот на Народната банка на Македонија има право да го запре извршувањето на одлуките и општите акти на Советот на Народната банка на Македонија ако смета дека се во спротивност со утврдената политика и со законите, другите прописи и општите акти од областа на работењето на Народната банка на Македонија и е должен за тоа да го извести Собранието кое донесува конечна одлуката.</s>
<s>Советот и гувернерот на Народната банка на Македонија ги именува и разрешува Собранието.</s>
<s>3. Со точка 1 се заменува член 92; со точка 2 се заменуваат ставовите 1 и 2 на член 93 и се дополнува овој член од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Работниците во организацијата на здружениот труд со референдум донесуваат статут.</s>
<s>Статутот е донесен кога за него гласало мнозинството работници во организацијата на здружениот труд.</s>
<s>Со статутот може да се утврдат и други прашања за кои работниците во организацијата на здружениот труд одлучуваат со референдум и со други облици на лично изјаснување.</s><s>Со статутот се утврдува кога одлуката се смета за донесена.</s>
<s>2. Во организацијата на здружениот труд се образува работнички совет односно по положба и функција нему соодветен орган на управување.</s>
<s>Работничкиот совет е орган на управување на организацијата на здружениот труд.</s>
<s>Во организацијата за здружениот труд со помал број на работници, фуннкцијата на работнички совет ја вршат сите работници.</s>
<s>Работничкиот совет донесува самоуправни општи акти и склучува самоуправни спогодби, донесува одлуки за планирање на работата и развојот, утврдува основи на деловната политика, избира, именува и разрешува работоводни и извршни органи и ја насочува и контролира нивната работа и врши други работи утврдени со статутот на организацијата на здружениот труд.</s>
<s>Определени извршни функции во организацијата на здружениот труд може да им се доверат на извршните органи на работничкиот совет.</s>
<s>Организациите на здружениот труд кои здружуваат труд и средства можат да образуваат заеднички орган за управување со работите од заеднички интерес.</s>
<s>3. Работничкиот совет го сочинуваат делегати на работниците од деловите на организацијата на здружениот труд.</s>
<s>Составот на работничкиот совет на организацијата на здружениот труд треба да одговара на социјалниот состав на работниците во организацијата на здружениот труд.</s>
<s>Во работничкиот совет на организацијата на здружениот труд не може да биде избран индивидуалниот работоводен орган, претседателот и член на колегијалниот работодавен орган.</s>
<s>Делегатите во работничкиот совет работат според насоките на работниците што ги избрале и нив им одговараат за својата работа.</s>
<s>4. Во секоја организација на задружениот труд постои индивидуален или колегијален работоводен орган.</s>
<s>Работоводниот орган ги извршува одлуките на работничкиот совет и одлуките донесени со лично изјаснување на работниците.</s>
<s>Работоводниот орган го организира процесот на работа и раководи со тој процес, го води работењето на организацијата на здружениот труд и самостојно донесува одлуки.</s>
<s>5. Работоводниот орган во организацијата на здружениот труд се именува врз основа на јавен конкурс.</s>
<s>Со закон може да се пропишат условите под кои работоводниот орган може да се разреши и пред истекот на времето за кое е именуван.</s>
<s>6. Работниците во работните заедници го остваруваат самоуправувањето согласно со природата на работите што ги вршат и со интересите заради кои работните заедници се образувани и во согласност со закон.</s>
<s>7. Со точка 1 се заменуваат ставовите 2 и 3 на член 124; со точка 2 се заменуваат членовите 117 и 118; со точка 3 се заменува член 119 и став 4 на член 120; со точка 4 се заменува став 1 на член 121; со точка 5 се заменуваат ставовите 2 и 5 на член 122; со точка 6 се дополнува Глава II од Првиот дел на Уставот на СРМ.</s>
<s>Се укинуваат членовите 123 и 127 и став 3 на член 136 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Работните луѓе и граѓаните во основните самоуправни организации и заедници и во општествено-политичките организации образуваат свои делегации заради непосредно остварување на своите права, должности и одговорности и заради организирано учество во вршењето на функциите на собранијата на општествено-политичките заедници.</s>
<s>Во основните самоуправни организации и заедници делегации образуваат:</s>
<s>1) работниците во работната организација, а кога е тоа утврдено со статутот на работната организација, работниците во основната организација на здружениот труд и во другиот облик на организирање во работната организација;</s>
<s>2) работниците во работните заедници, како и активните воени лица и граѓанските лица на служба во вооружените сили на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, на начин утврден со закон;</s>
<s>3) работните луѓе кои работат во земјоделска, занаетчиска и во други дејности со средства на трудот на кои постои право на сопственост, работниците кои се вработени кај нив и работниците со кои ги здружуваат својот труд и средства, организирани во задруги и во други со закон определени облици на здружување или кои се во односи на потрајна соработка со организациите на здружениот труд и со другите облици на здружување на трудот и средствата;</s>
<s>4) работните луѓе и граѓаните во месните заедници.</s>
<s>Во образувањето на делегациите во организациите на здружениот труд во областа на образованието, студентите и учениците учествуваат под услови и на начин што се утврдени со закон.</s>
<s>Делегација образуваат работниците во делот на работната организација што трајно врши дејност на подрачјето на општината на која не е седиштето на работната организација.</s>
<s>Во работната организација, основна организација на здружениот труд или друг облик на организирање во работната организација и во работна заедница со помал број работници, функцијата на делегација ја вршат сите работници.</s>
<s>Работните луѓе и граѓаните во организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници можат со статутот да утврдат функцијата на делегација да ја врши работничкиот совет односно непосредно извршниот орган.</s>
<s>Работните луѓе земјоделската дејност кои не образуваат делегација по основ на здружувањето во задруги и во други облици на здружување на трудот и средствата, образуваат делегација за соборот на здружениот труд за подрачјето на месната заедница или за подрачјето на општината.</s>
<s>Работните луѓе кои со личен труд самостојно во вид на занимање вршат уметничка или друга културна, адвокатска или друга професионална дејност, образуваат делегација за соборот на здружениот труд за подрачјето на месната заедница или за подрачјето на општината.</s>
<s>Работните луѓе кој самостојно вршат дејност со личен труд и работниците вработени кај нив образуваат делегација за соборот на здружениот труд за подрачјето на месната заедница или за подрачјето на општината.</s>
<s>Во општествено-политичките организации функцијата на делегација ја вршат нивните избрани тела определени со нивните статути односно со други одлуки.</s>
<s>2. Рабоотните луѓе и граѓаните и нивните делегации во основните самоуправни организации и заедници и во општествено-политичките организации предлагаат кандидати за делегати во соодветните собори на собранијата на општествено-политичките заедници и учествуваат во утврдувањето на кандидатите, на начин утврден со закон.</s>
<s>Бројот на утврдените кандидати за делегати на листата на кандидатите мора да биде поголем од бројот на делегатите кои се избираат.</s>
<s>Кандидатите за делегати се утврдуваат со тајно гласање.</s>
<s>3. Делегациите на работните луѓе и граѓаните во основните самоуправни организации и заедници што имаат заеднички делегат во соодветниот собор на собранието на општествено-политичка заедница образуваат конференција на делегатите или друг облик на поврзување на делегациите заради изградување на заеднички ставови за работата и одлучувањето на тој делегат во собранието.</s>
<s>Начинот на образување и работа на конференцијата на делегатите и на другите облици на поврзување на делегациите може да се уреди со закон.</s>
<s>4. Делегатите во соборот на здружениот труд и соборот на месните заедници на собранието на општината и во соборот на здружениот труд и соборот на општините на собранието на градската заедница се избираат од работните луѓе и граѓаните во организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници, непосредно и со тајно гласање.</s>
<s>5. Општествено политички организации во рамките на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ договорено ја утврдуваат листата на кандидати за делегати во општествено-политичките собори на собранијата на општествено-политичките заедници од редот на своите членови, врз основа на кандидациона постапка во која учествуваат членовите во основните организациони облици на дејствување на овие организации.</s>
<s>Работните луѓе и граѓаните се изјаснуваат, врз основа на листата на кандидатите, за изборот на делегатите во општествено-политичкиот собор на собранието на општествено-поитичката заедница, непосредно, со општо и тајно гласање.</s>
<s>6. Делегатот кој не е член на делегација има права и должности на член на делегацијата на самоуправната организација или заедница односно на општествено-политичката организација.</s>
<s>7. Делегатите во соборите на собранијата на општествено-поитичките заедници се избираат за време од четири години, во согласност со уставот и закон.</s>
<s>8. Претседателите на собранијата на општествено-политичките заедници се избираат за време од четири години и не може повторно едноподруго да бидат избрани на истата функција.</s>
<s>9. Собранијата на општествено-политичките заедници ги избираат односно ги именуваат носителите на функции во државните органи врз основа на листа на која бројот на утврдените кандидати е поголем од бројот што се избира односно именува, ако за одделни функции со закон односно со статутот на општината односно на градската заедница не е поинаку утврдено.</s>
<s>10.</s><s>Одлука за издвојување на дел од доходот за заеднички и општи општествени потреби и за намената и обемот на средствата за овие потреби не може да се донесе ако не ја усвои соборот на здружениот труд на соборот на општествено-политичката заедница.</s>
<s>11.</s><s>Со закон и со одлука на собранието на општината односно на градската заедница заснована врз закон се утврдува начинот на вршење на јавни овластувања што им се доверуваат на одделни организации и заедници и правата на собранијата и на другите органи на општествено-политичките заедници во поглед на давањето насоки на тие организации и заедници и во поглед на вршењето надзор во врска со вршењето на јавните овластувања.</s>
<s>12.</s><s>Со точка 1 се заменуваат член 148 и точка 1 на Амандман X; со точка 2 се дополнува член 150; со точка 3 се заменува точка 1 на Амандман XII; со точка 4 се заменуваат точка 1) на став 2 на член 152, член 200 и точка 1 на Амандман XI; со точка 5 се заменува член 154; со точка 6 се дополнува Оддел 7 на Глава III од Првиот дел; со точка 7 се заменува став 1 на член 155; со точка 8 се заменува точка 1 на Амандман XIX; со точка 9 се дополнува член 169; со точка 10 се заменува став 5 на член 162; со точка 11 се заменува став 2 на член 168 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Во Социјалистичка Република Македонија во службена и јавна употреба е македонскиот јазик и неговото писмо кирилица.</s>
<s>2. Припадниците на народностите имаат право слободно да го употребуваат својот јазик и писмо и да ја изразуваат и развиваат својата култура и заради тоа да основаат организации.</s>
<s>3. Припадниците на народностите имаат право на настава на својот јазик во согласнот со уставот и со закон.</s>
<s>4. Со точка 1 се заменуваат став 1 на член 173 и став 4 на член 293; со точка 2 се заменуваат ставовите 1 и 3 на член 178; со точка 3 се заменува член 179 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Припадниците на етничките групи имаат право слободно да го употребуваат својот јазик, да ја изразуваат и развиваат својата култура и заради тоа да основаат организации.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат ставовите 1 и 3 на член 222 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Во општините работните луѓе и граѓаните непосредно и во разни облици на соработка и поврзаност со другите општини и со пошироките општествено-политички заедници, создаваат и обезбедуваат услови за својот живот и работа, го насочуваат општествениот развој, ги усогласуваат и осваруваат своите интереси, ги задоволуваат заедничките потреби и ја остваруваат власта и управуваат со другите општествени работи.</s>
<s>Заради создавање и обезбедување на услови за живот и работа на работните луѓе и граѓаните и усогласување на стопанскиот и општествениот развој, во општината се поттикнуваат самоуправното задружување на трудот и слободното движење на средствата на општествената репродукција на единствениот југословенски пазар, слободното движење на научните, стручните и техничките достигнувања и зголемувањето на општествената репродукција на трудот и се обезбедуваат услови за самостојно вршење на дејности со личен труд односно со личен труд и средства во општествена сопственост на граѓаните и нивно здружување и поврзување со организациите на здружениот труд.</s>
<s>2. Во градот на чие подрачје се основани повеќе општини се основа градска заедница како посебна општествено-политичка заедница во која се обезбедува: планирањето на општествено-економскиот развој, просторното и урбанистичкото уредување и задоволувањето на комуналните потреби.</s><s>Општините можат, во заеднички интерес, да ѝ доверат на градската заедница и други права и должности.</s><s>Републиката може определени работи од својата надлежност да ѝ довери на градската заедница.</s>
<s>Со статутот на градската заедница се утврдуваат правата и должностите на градската заедница.</s>
<s>Општите општествени потреби што се остваруваат во градската заедница се финансираат од даноци, такси и други приходи утврдени со закон.</s>
<s>Општините односно Републиката ѝ обезбедуваат средства на градската заедница за доверените права и должности односно доверените работи.</s>
<s>3. Со точка 1 се заменува став 2 на член 184 и се дополнува член 185; со точка 2 се заменуваат ставовите 1 и 2 на член 199 и се дополнува овој член.</s>
<s>1. Републичките закони, статутите на општините, статутот на градската заедница и сите други прописи и општи акти на органите на општината, градската заедница и Републиката, како и самоуправните општи акти на организациите на здружениот труд и на другите самоуправни организации и заедници мора да бидат во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Другите прописи и општи акти на органите на Републиката мора да бидат во согласност со републичките закони.</s>
<s>Прописите и општите акти на органите на општината и на градската заедница и самоуправните општи акти не можат да бидат во спротивност со републички закон.</s>
<s>Ако органот што одлучува во поединечни работи смета дека пропис, општ акт или самоуправен општ акт не е во согласност со републички закон односно дека е во спротивност со републички закон или со сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката , должен е да поведе постапка пред Уставниот суд на Македонија.</s>
<s>Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија има право, до одлуката на уставниот суд, да го запре извршувањето на пропис или друг општ акт на собранието на општината односно на градската заедница, ако не е во согласност со уставот односно ако е во спротивност со закон и е должен во рок од 30 дена да поведе постапка пред уставниот суд.</s>
<s>Собранието на општината односно собранието на градската заедница има право, до одлуката на уставниот суд, да го запре извршувањето на самоуправноиот општ акт ако не е во согласност со уставот односно ако е во спротибност со закон.</s>
<s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија има право да укине или поништи пропис на Извршниот совет ако не е во согласност со уставот или со закон.</s>
<s>2. Судиите и граѓаните кои учествуваат во судењето во редовен суд ги избира и разрешува собранието на општествено-политичката заедница определена со закон.</s>
<s>Судиите на редовните судови се избираат и се разрешуваат на начин под услови и според постапка со кои се обезбедува способност за вршење на судиската функција и независност на судиите во судењето.</s>
<s>3. Јавниот обвинител има право и должност на понискиот јавен обвинител да му дава задолжителни упатства за неговата работа и да презема вршење на одделни работи за кои е надлежен понискиот јавен обвинител.</s>
<s>Јавните обвинители и нивните заменици ги именува и разрешува собранието на општествено-политичката заедница на начин и според постапка утврдени со закон.</s>
<s>4. Јавното правобранителство е самостоен орган на општествено-политичката заедница што презема мерки и правни средства за заштита на нејзините имотни права и интереси.</s>
<s>Јавните правобранителства се воспоставуваат и нивните надлежности и организација се определуваат со закон.</s>
<s>Јавниот правобранител го именува и разрешува собранието на соодветната општествено-политичка заедница на начин и според постапката пропишана со закон.</s>
<s>5. Со точка 1 се заменуваат членовите 254, 255 и 256, став 1 на член 258, став 1 на член 259 и член 407; со точка 2 се заменуваат ставовите 1 и 2 на член 281; со точка 3 се заменува став 1 на член 287 и се дополнува член 289; со точка 4 се дополнува Глава VII на Првиот дел на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Социјалистичка Република Македонија ги има и следните права и должности:</s>
<s>1) ја утврдува кредитната политика на Републиката во рамките на заедничките основи на кредитната политика на земјата;</s>
<s>2) ја организира службата за јавна безбедност на Републиката и ја насочува нејзината работа;</s>
<s>3) се грижи и учествува во обезбедувањето на услови за научниот и технолошкиот развој.</s>
<s>2. За уредување на работите од заеднички интерес за работните луѓе и граѓаните, за организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, Собранието на Социјалистичка Република Македонија донесува закони што се однесуваат и на:</s>
<s>1) системот на стоковите резерви;</s>
<s>2) системот на државната управа; општествените системи и републичките општествени совети; општествениот систем на информирање и информацискиот систем на Републиката;</s>
<s>3) службите за општествени приходи;</s>
<s>4) сточарството; геолошката и геодетската дејност; метеоролошката и хидролошката дејност;</s>
<s>5) употребата на знамето;</s>
<s>6) системот и организацијата на научноистражувачката дејност;</s>
<s>7) заштитата, чувањето и користењето на недвижностите и другите предмети и вредности од културно и историско значење и на архивската граѓа; системот на јавното информирање;</s>
<s>8) заштитата на животниот стандард на работните луѓе и граѓаните и нивната социјална сигурност.</s>
<s>3. Општи општествени потреби што се остваруваат во Републиката се и со закон утврдените обврски на Републиката за учество во финансирањето на изградбата, одржувањето и реконструкцијата на објекти за производство на електрична енергија и на објекти во железничкиот сообраќај.</s>
<s>4. Републичките органи соработуваат со сојузните органи и редовно ги известуваат за извршувањето на сојузните закони, други прописи и општи акти за чие извршување се одговорни органите во Републиката.</s>
<s>5. Републичките органи на управаата имаат право и должност да им даваат на органите на управата на општините и на градската заедница задолжителни инструкции за извршување на републичките закони, други прописи и општи акти и на сојузните закони, други прописи и општи акти за чие извршување се одговорни органите во Републиката.</s>
<s>Со закон може да се предвиди во извршувањето на одделни работи од општ интерес за Републиката, републичките органи да имаат право да вршат надзор над работата на органите на општината и на градската заедница, да ги задржуваат од извршување нивните незаконски акти донесени во вонуправна постапка, како и други овластувања заради обезбедување на извршувањето на овие работи.</s>
<s>6. Ако надлежниот орган на општината односно на градската заедница не извршува закон, друг пропис или општ акт или не го обезбедува нивното извршување, надлежниот републички орган на управата ќе го предупреди за тоа соодветниот орган на управата на општината односно на градската заедница и ќе побара во определен рок да преземе соодветни мерки со кои ќе се обезбедува неговото извршување.</s><s>Републичкиот орган на управата ќе го извести за тоа Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и извршниот совет на собранието на општината односно на градската заедница.</s>
<s>Ако и покрај предупредувањето и преземените мерки не се обезбеди извршување на законот, другиот пропис или општиот акт, Извршниот совет ќе го обезбеди неговото извршување и за тоа истовремено ќе го извести Собранието на СРМ.</s><s>Извршниот совет може на собранието на општината односно на градската заедница или на неговиот извршен совет да му предложи поведување на постапка за одговорност на надлежниот орган на општината односно на градската заедница или на функционерот кој раководи со тој орган.</s>
<s>7. Органите на Републиката можат, во остварувањето на непосредната соработка и договарање, во рамките на своите права и должности утврдени со овој устав, со договори со органите на другите републики и на автономните покраини да утврдуваат заеднички основи за уредување на односите во одделни области, да образуваат заеднички тела, да преземат и други обврски од значење за остварувањето на заедничките интереси и да поттикнуваат размена на искуства и други облици на соработка.</s><s>Договорот го обврзува органот на Републиката што склучил и тој е одговорен за спроведувањето на преземените обврски.</s>
<s>8. Социјалистичка Република Македонија соработува со другите републики и со автономните покраини во остварувањето на меѓународната соработка, а со сојузните органи го усогласува остварувањето на својата меѓународна соработка.</s>
<s>9. Со точка 1, потточка 1) се дополнува член 299, со потточка 2) се заменува точка 12), а со потточка 3) се заменува точка 20) на овој член; со точка 2 потточка 1) се заменуваат зборовите: „републичките стокови резерви заради обезбедување потребите на Републиката во случај на војна и други вонредни прилики или заради обезбедување стабилност на пазарот во случај на поголеми нарушувања на пазарот“ во точка 1) на став 1 на член 301; со потточка 2) се дополнува став 1 на член 301; со потточка 3) се дополнува точка 2) на став 1 на член 301 и во оваа точка се бришат зборовите: „кредитниот и банкарскиот систем“; со потточка 4) се дополнува точка 3) и се заменува зборот „рударство“ во оваа точка на став 1 на член 301; со потточка 5) се заменуваат зборовите; „употребата на знамињата“ во точка 5) на член 301; со потточка 6) се заменуваат зборовите: „системот и организацијата на научноистражувачката работа“ во став 1 на точка 14) на член 301; со потточка 7) се дополнува точка 15) на член 301 и во неа се заменуваат зборовите: „заштита на спомениците на културата“, зборот „архивската“ и зборовите: „печатот, радиодифузијата и другите средства за јавно информирање“; со потточка 8) се дополнува точка 16) на став 1 на член 301; со точка 3 се дополнува алинеја 9 на став 1 на член 304; со точка 4 се дополнува член 308; со точка 5 се заменува став 3 на член 310; со точка 6 се дополнува член 311; со точка 7 се заменува став 4 на член 315; со точка 8 се дополнува член 316 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Собранието врши политичка контрола над работата на Народната банка на Македонија.</s>
<s>Собранието може да укине или да поништи прропис и друг општ акт на Народната банка на Македонија што не е во согласност со овој устав, со закон, друг пропис или општ акт што тоа го донело.</s>
<s>2. Делегатите во Соборот на здружениот труд се избираат од работните лиѓе во организациите на здружениот труд и во другите самоуправни организации и заедници кои се поврзани првенствено со трудот и со односите во општествената репродукција, непосредно и со тајно гласање.</s>
<s>Соборот на општините го сочинуваат по двајца делегати од секоја општина и од градската заедница.</s>
<s>Делегатите во Соборот на општините се избираат од работните луѓе и граѓаните непосредно, со општо и тајно гласање.</s>
<s>Работните луѓе и граѓаните се изјаснуваат, врз основа на листа на кандидати, за изборот на делегатите во Општествено-политичкиот собор, непосредно, со општо и тајно гласање.</s>
<s>3. Претседателот и потпретседателите на Собранието и претседателите на соборите на Собранието се избираат за време од четири години и не може повторно едноподруго да бидат избрани на истата функција.</s>
<s>4. Органот на Сојузот на синдикатите на Македонија определен со неговиот статут има право да му предлага на Собранието на Социјалистичка Република Македонија донесување на закони и на други општи акти со кои се уредуваат правата на работниците во здружениот труд.</s>
<s>5. Одредбите на член 350 од овој устав се применуваат и во случаите кога законот односно општиот акт се донесува со рамноправно учество на соборот на Собранието и на собрание на самоуправна интересна заедница.</s>
<s>6. Во делегацијата на Собранието на Социјалистичка Република Македонија во Соборот на републиките и покараините на Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија повеќе од половината делегати се од здружениот труд.</s>
<s>7. Со став 1 на точка 1 се дополнува став 1 на член 318, а со став 2 се дополнува алинеја 2 на точка 1 на Амандман XVI; со точка 2 се заменуваат став 1 на точка 1 и точка 2 на Амандман XIII, членовите 323 и 324 и ставовите 3 и 4 на член 325; со точка 3 се заменува точка 1 на Амандман XX; со точка 4 се дополнува Оддел 4, Глава X на Вториот дел; со точка 5 се заменува член 351; со точка 6 се дополнува член 369 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Собранието на Социјалистичка Република Македонија избира член на Претседателството на Социјалистичка Фрдеративна Република Југославија по предлог од Социјалистичкиот сојуз на работниот нарад на Македонија.</s><s>Предлогот се поднесува по спроведувањето на претходна постапка за изјаснивање за кандидатите за членови на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија во Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија.</s>
<s>2. Членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија за својата работа во Претседателството е одговорен пред Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Собранието може по сопствена иницијатива, по предлог на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија или по предлог на Собранието на Социјалистичка Федератина Република Југославија, а по спроведена претходна расправа во Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија, да го разреши членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија пред истекот на времето за кое е избран.</s>
<s>3. Со овој амандман се заменува став 3 на член 371 и се дополнува овој член; зборот „отповикува“ се заменува со зборот „разрешува“ во точка 20) на став 1 на член 318 и во алинеја 3 на член 338; зборот „отповикување“ се заменува со зборот „разрешување“ во став 4 на член 371 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Претседателството на Социјалистичка Република Македонија го сочинуваат претседател и шест членови.</s>
<s>Претседателот и членовите на Претседателството ги избира Собранието по предлог од Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија, по постапка утврдена со закон.</s>
<s>Претседателот на Претседателството се избира за време од четири години и не може повторно да биде избран на истата функција.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат став 1 на член 380, точка 1 на Амандман IV и точка 1 на Амандман XXI на Уставот на СРМ.</s>
<s>Престануваат да важат одредбата на алинеја 5 на став 1 на член 376 која гласи: „поднесува предлог за избор на членови на Советот на Републиката“ и Глава XII на Вториот дел - Совет на Републиката со членовите 388 до 391 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. За предлагањето на кандидати за избор на претседател и членови на Извршниот совет и за именувањето на функционерите што раководат со републичките органи на управата и со републичките организации од составот на Советот се спроведува претходна постапка во Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.</s>
<s>2. Претседателот на Извршниот совет има право да покренува иницијатива пред Собранието за разрешување од должност на одделни членови на Извршниот совет и за избор на нови членови на Советот.</s>
<s>3. Функционерите што раководат со републичките органи на управата и со републичките организации и другите функционери што ги именува Собранието можат да бидат именувани најмногу двапати едноподруго на истата функција.</s>
<s>4. Со точките 1 и 2 се дополнува Оддел 2 на Глава XIII на Вториот дел од Уставот на СРМ; со точка 3 се заменува став 2 на точка 1 на Амандман VI на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Уставниот суд на Македонија:</s>
<s>1) одлучува за согласноста на републичките закони со Уставот на Социјалистичка Република Македонија;</s>
<s>2) одлучува за согласноста на прописите и другите општи акти на општината, на градската заедница и на Републиката и на самоуправните општи акти со Уставот на Социјалистичка Република Македонија;</s>
<s>3) одлучува за согласноста на прописите и на другите акти на органите на Републиката со републичките закони односно со сојуните закони за чие извршување се одговорни органите во Републиката;</s>
<s>4) одлучува дали прописите и другите општи акти на органите на општината и градската заедница и самоуправните општи акти се во спротивност со републички закон односно со созјузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката;</s>
<s>5) одлучува дали договорите на општинте, градската заедница и Републиката се во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија односно дали се во спротивност со републички закон или со сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката;</s>
<s>6) решава по споровите за правата и должностите меѓу Републиката и општините, меѓу две или повеќе општини, како и меѓу нив и организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници, ако за решавањето на овие спорови не е определена надлежност на друг суд;</s>
<s>7) решава по споровите за надлежност меѓу републичките и општинските органи, меѓу судовите и републичките органи и меѓу судовите и општинските органи;</s>
<s>8) врши и други работи што му се ставени во надлежност со овој устав.</s>
<s>2. Ако Уставниот суд на Македонија утврди дека пропис, освен закон, или друг општ акт на орган на Републиката не е во согласност со Уставот на СРМ, со републички закон или со сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката или дека пропис или општ акт на орган на општината или на градската заедница или самоуправен општ акт не е во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија односно дека е во спротивност со републички закон или со сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката ќе го поништи или укине тој пропис или општ акт односно оние негови одредби што не се во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, со републички закон или со сојузен закон за чие извршување се одговорни органите во Републиката односно што се во спротивност со овие закони.</s>
<s>3. Постапка пред Уставниот суд на Македонија може да поведе органот на Соизот на синдикатите на Македонија определен со неговиот статут.</s>
<s>4. Уставниот суд на Македонија има седум судии што ги избира Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Претседателот на Уставниот суд на Македонија го избира Собранието на Социјиалистичка Република Македонија од редот на судиите за време од четири години и не може повторно едноподруго да биде избран на истата функција.</s>
<s>5. Со точка 1 се заменува став 1 на член 419; со точка 2 се заменува член 427; со точка 3 се дополнува член 429; со точка 4 се заменуваат ставовите 1 и 3 на точка 1 од Амандман VII на Уставот на СРМ.</s>
<s>Во член 12; во став 2 на член 14; во став 1 на член 46; во став 1 на член 116; во став 1 на член 125 и во став 1 на член 136 од Уставот на СРМ, зборовите: „основна и друга“, во различен член и број, се бришат.</s>
<s>Во став 1 на член 16; во став 2 на член 19; во член 22; во ставовите 1 и 2 на член 23; во член 110; во став 4 на член 184 и во член 186 од Уставот на СРМ зборот „основна“, во различен член и број, се брише.</s>
<s>Во став 2 на член 126 зборовите: „работната и на сложената“ и зборот „основната“ се бришат; во став 1 на член 277 зборовите: „за организирање и издвојување на основни организации на здружениот труд“ се бришат.</s>
<s>За спроведување на Амандманите XXIV до LIV на Уставот на Социјалистичка Република Македонија ќе се донесе уставен закон.</s>
<s>Уставниот закон го донесува и го прогласува Собранието на Социјалистичк Република Македонија на заедничка седница на сите собори и влегува во сила со денот на прогласувањето на Амандманите XXIV до LIV на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Социјалистичка Република Македонја е национална держава на македонскиот народ, заснована врз сувереноста на народот и врз власта и на самоурувувањето на работничката класа и на сите работни луѓе, и социјалистичка самоуправна демократска заедница на работните луѓе и граѓаните, на македонскиот народ и на рамноправните со него припадници на другите народи и народностите кои живеат во неа.</s>
<s>2. Со овој амандман се бришат зборовите: „и на држава на албанската и турската народност во неа“ во алинеја 2 на став 1 на преамбулата; се заменува став 1 на член 1; се укинува член 2; се додаваат зборовите: „припадниците на другите народи” во членовите 3 и 4 од Уставот на СРМ.</s>
<s>Овие амандмани се составен дел на Уставот на Социјалистичка Република Македонија и влегуваат во сила со денот на нивното прогласувањето.</s>
<s>Престануваат да ваажат одделите II до X, освен ставот 17 на Одделот III на Основните начела на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Социјалистичка Република Македонија се грижи за положбата и правата на деловите на македонскиот народ во соседните земји, се грижи за Македонците во другите земји, за иселениците од Македонија и за граѓаните на привремена работа во странство и го поттикнува и помага одржувањето и развојот на врските со нив.</s>
<s>2.Со овој амандман се дополнува Глава I од Првиот дел и се вршат измени во членот 3 на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Се гарантираат сите форми на сопственост.</s>
<s>Сите форми на сопственост се рамноправни.</s>
<s>Носители на правото на сопственост се физичките и правните лица.</s>
<s>Слободно е, во согласност со уставот, вршење на стопанска и друга дејност со средства во сите форми на сопственост.</s>
<s>2. Сопственичките права и обврски спрема средствата во општествена сопственост и условите под кои можат над тие средства да се стекнуваат други форми на сопственост се уредуваат со сојузен закон.</s>
<s>Овластувањата и обврските спрема средствата во државна сопственост се уредуваат со закон.</s>
<s>Над природните богатства и добрата во општа употреба може, под услови утврдени со закон, да се стекне право на користење.</s>
<s>Средствата на стопанската инфракструктура можат да бидат во сите форми на сопственост под услови утврдени со сојузен закон.</s>
<s>3. На граѓаните им се гарантира право на сопственост над земјоделско земјиште.</s>
<s>4. Странско лице може да стекнува право на сопственост над недвижности под услови утврдени со сојузен закон.</s>
<s>5. Со точките 1, 2 и 3 се заменуваат членот 12, ставовите 1 и 2 на член 14, ставот 2 на член 15, ставот 3 на член 96 и точката 2 од Амандманот XXXV, со точката 4 се дополнува Амандманот XXIX на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Сопственоста и трудот се основа на управувањето и на учеството во одлучувањето.</s>
<s>Работниците имаат право на самоуправување врз основа на закон, колективен договор и статут.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат членот 13, ставот 1 на член 15, ставовите 1 и 3 на член 16, членовите 19, 22, 23 и 24, како и точката 2, ставовите 1 и 2 на точка 3, ставот 1 на точка 5, ставот 2 на точка 6 и точката 7 од Амандманот XXV на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Во претпријатијата што работат со општествен капитал се образува работнички совет односно друг нему соодветен орган</s>
<s>Управувањето и учеството во одлучувањето во претпријатијата што работат со средства во други облици на сопственост се уредувааат во соглсност со закон.</s>
<s>Управувањето и учеството во одлучувањето во установите и во другите организации се уредуваат со закон.</s>
<s>Со статутот на претпријатието се утврдуваат надлежноста, составот, начинот на избор и на одлучување на работничкиот совет односно на другиот нему соодветен орган, во согласност со закон.</s>
<s>Во стопанските и другите организации се именува работоводен орган, во согласност со закон.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат точките 1 до 6 од Амандманот XLI на Уставот на СРМ.</s>
<s>Престануваат да важат одредбите на ставовите 2 и 4 на член 32, членовите 42, 46, 47 и 63, ставот 2 на член 64, ставовите 1, 3 и 4 на член 122, членовите 144 и 145, ставот 3 на член 245, точката 12 од Амандманот XXV, ставот 2 на точка 2 и точката 6 од Амандманот XXVI на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Стопанските и другите организации самостојно одлучуваат за планирањето на својот развој.</s>
<s>Со закон може да се утврди обврска на организациите што вршат дејности и работи од посебен општествен интерес да го планираат својот развој.</s>
<s>Социјалистичка Република Македонија ја утврдува развојната и економската политика и со неа го насочува стопанскиот и општествениот развој на Републиката.</s>
<s>2.Со овој амандман се заменуваат точките 1 до 6 од Амандманот XXXVI на Уставот на СРМ.</s>
<s>Во точката 1) на став 1 на член 301 од Уставот на СРМ се бришат зборовите: „системот на општественото планирање, општествениот план на Републиката“, а во точката 3) на став 1 на член 318 од Уставот на СРМ, зборовите: „го донесува републичкиот општествен план“ се заменуваат со зборовите: „ја утврдува развојната и економската политика на Републиката и го донесува“.</s>
<s>1. Средствата за обезбедување на загарантираните со уставот и со закон права и утврдени потреби и интереси на општеството во областите на образованието, науката, културата, техничката култура, физичката култура, определени видови на здравствена заштита, социјална заштита, социјалната сигурност и во други области утврдени со уставот и со закон, се обезбедуваат во буџетот на Републиката, во фонд или на друг начин утврдени со закон.</s><s>Во согласност со закон, средства за овие потреби се обезбедуваат и во буџетот на општината односно на градската заедница.</s>
<s>Средства за остварување на правата од здравственото, инвалидското, пензиското и другите видови на социјално осигурување се обезбедуваат врз начелата на заемност и солидарност, во согласност со закон.</s>
<s>Граѓаните и стопанските и другите субјекти имаат право слободно да се организираат заради задоволување на своите лични односно на заедничките потреби и да обезбедуваат средства за нивно задоволување.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува ставот 2 на член 215 и престануваат да важат одредбите на членовите 128 до 131 и точките 1 до 10 од Амандманот XXX на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Организацијата на службите односно на органите за контрола над законитоста во располагањето со средствата на правните лица и над исправноста на податоците за располагањето со тие средства, за ревизијата на јавните расходи, за обезбедување на податоци за работењето на правните лица и за контрола на пресметувањето и на наплатата на даноците, придонесите и другите давачки се уредува со закон.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат ставовите 2, 3 и 4 на член 82, членот 83, точката 2 од Амандманот XXXVII, точката 5 од Амандманот XXXVIII и потточката 3) на точка 2 од Амандманот XLVII, а во точката 2) на став 1 на член 301 од Уставот на СРМ се бришат зборовите: „Службата на општественото книговотство во Републиката“.</s>
<s>1. Граѓаните се носители на власта што ја остваруваат преку преставници во собранието на Републиката, на општината односно градската заедница, со референдум, на собири и со други форми на лично изјаснување, утврдени со закон.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменуваат членовите 109, 110, 112, 113 и престануваат да важат одредбите на Амандманот I и ставовите 2 и 5 на точка 1 и точката 2 од Амандманот II на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Престануваат да важат одредбите на членот 146, точката 10) на став 1 на член 301 и членот 418, а во точката 25) на став 1 на член 318 од Уставот на СРМ се бришат зборовите: „републички општествен правобранител на самоуправувањето“.</s>
<s>1. Собранието на Социјалистичка Република Македонија, собранието на општината и собранието на градската заедница ги сочинуваат претставници на граѓаните.</s>
<s>Организацијата и надлежноста на Собранието на Социјалистичка Република Македонија се утврдуваат со овој устав.</s><s>Организацијата и надлежноста на другите органи на Републиката се уредуваат со овој устав и со закон.</s>
<s>Организацијата и надлежноста на собранијата на општините и на градската заедница и на другите органи на општината и на градската заедница се уредуваат со овој устав, со закон и со статут.</s>
<s>2. Граѓаните со непосредно и тајно гласање избираат пратеници во Собранието на СРМ односно одборници во собранието на општината и во собранието на градската заедница.</s>
<s>Кандидати за пратеници и одборници предлагаат и утврдуваат граѓаните, политичките организации и другите форми на организирање и здружување.</s>
<s>Предлагањето и утврдувањето на кандидати за избор на пратеници и одборници се уредува така што да се обезбеди слободно изразување на волјата на граѓаните во предлагањето и во утврдувањето на кандидатите.</s>
<s>3. Изборот и отповикувањето на пратениците и одборниците се врши според постапка утврдена со закон.</s>
<s>4. Мандатот на пратениците и одборниците трае четири година.</s>
<s>По исклучок, мандатот на пратениците и на одборниците може да биде продолжен односно скратен, во согласност со овој устав.</s>
<s>5. Неспојлива е функцијата пратеник односно одборник со функциите во органите на Републиката, на општината или на градската заедница, определени со закон.</s>
<s>6. Со точката 1 се заменуваат членовите 147, 161 и 162; со точката 2 се заменуваат членовите 150 до 153; со точките 3, 4 и 5 се заменуваат ставовите 2 и 3 на член 155 и член 157.</s>
<s>Престануваат да важат одредбите на членовите 149 и 156, ставот 3 на член 158, членот 164 и точките 1 до 10 од Амандманот XLII на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Општината е самоуправна заедница на граѓаните на едно или повеќе населени места или на дел од населено место.</s>
<s>2. Граѓаните во општината и со разни форми на соработка и поврзаност со други општини се грижат за создавање услови за својот живот и работа, ги усогласуваат и остваруваат своите заеднички потреби и интереси во одделните области на општествениот живот и управуваат со другите општествени работи, во согласност со закон.</s>
<s>За остварување на своите заеднички потреби и интереси во општината, граѓаните одлучуваат преку одборниците во собранието на општината, со референдум, преку органите на месните заедници и преку други форми на организирање и лично изјаснување.</s>
<s>3. Општината, врз основа и во рамките на уставот и законот:</s>
<s>1) донесува програма за развојот на општината, програма за урбанистичкото уредување на населбите, буџетот и завршната сметка за извршување на буџетот;</s>
<s>2) обезбедува развој на комуналните дејности и поблиску ги уредува условите за нивното вршење;</s>
<s>3) се грижи за изградбата, одржувањето и користењето на локалните патишта, улиците и другите јавни објекти од општинско значење;</s>
<s>4) го уредува користењето на градежното земјиште и на деловниот простор;</s>
<s>5) се грижи за задоволувањето на потребите на граѓаните во областите на образованието, културата, физичката култура, техничката култура,, здравството, социјалната и детската заштита, заштитата и унапредувањето на животната средина и во другите области од непосреден интерес за граѓаните;</s>
<s>6) основа општински фондови;</s>
<s>7) обезбедува извршување на општинските прописи, како и на законите и другите прописи чие извршување и е доверено;</s>
<s>8) образува општински органи, организации и служби;</s>
<s>9) врши други работи утврдени со закон и со статутот на општината.</s>
<s>Републиката може со закон да ѝ довери на општината вршење одделни работи.</s>
<s>4. Собранието е највисок орган на општината.</s>
<s>Собранието на општината може да укине или да поништи противуставен или незаконски пропис или друг општ акт на извршните и административните органи на општината.</s>
<s>5. Општината има статут што го донесува собранието на општината со мнозинство од две третини на гласовите од сите одборници.</s>
<s>Со статутот на општината се уредува особено начинот на остварувањето на самоуправувањето на граѓаните во општината, организацијата и начинот на работа на собранието и на другите органи на општината, финансирањето на зедничките потреби во општината, како и други прашања од значење за остварувањето на заедничките интереси и потреби на граѓаните во општината.</s>
<s>6. На општината ѝ припаѓаат приходи утврдени со закон</s>
<s>Средствата за задоволување на потребата на граѓаните во општината може да се обезбедат и со воведување на самопридонес, во согласност со закон.</s><s>За воведувањето на самопридонес граѓаните одлучуваат со референдум.</s>
<s>Средствата за задоволување на заедничките проекти во општината се утврдуваат и се распоредуваат со буџетот на општината за финансирање на функционирањето на собранието на општината и на другите органи на општината, како и на другите обврски на општината утврдени со закон и со одлука на собранието на општината.</s>
<s>7. Начинот на вршење на функциите на собранието на општината и на другите органи на општината во случај на непосредна воена опасност или за време на воена состојба, ако не постои можност да се состане собранието, се уредува со одлука на собранието на општината, во согласност со закон.</s>
<s>8. Со точкат 1 се заменуваат ставовите 1, 3 и 4 на член 184, престануваат да важат ставот 1 на член 111, членовите 193, 195 и 198 и ставовите 3, 4 и 5 на член 199 и во точката 2 од Амандманот XLV се бришат зборовите: „како посебна општествено-политичка заедница“, „планирањето на општествено-економскот развој“ и „просторното и“, со точката 2 се заменуваат членот 196 и точката 1 од Амандманот XLV, со точката 3 се заменуваат членовите 185, 190 и 191, престануваат да важат ставовите 4 и 5 на член 165 и ставот 2 на член 166, членовите 302, 303 и 309, ставовите 1, 2 и 4 на член 310, членовите 312, 313 и 314 и точките 5 и 6 од Амандманот XLVII, во ставот 1 на член 50 се бришат зборовите: „и со одлука на општината врз основа на закон“, во ставот 1 на член 165 се бришат зборовите: „собранието на општината и“, во ставот 4 на член 408 се бришат зборовите: „ако се за тоа со нив изрично овластени“ и во ставовите 1 и 3 на точка 1 од Амандманот XXXVIII се бришат зборовите: „општествено-политичката заедница на чија територија“, со точката 4 се заменуваат членовите 160, 194 и 257, со точката 5 се заменува членот 192, со точката 6 се заменуваат членовите 186, 187 и 188 и престанува да важи ставот 2 на член 86, со точката 7 се заменува членот 197 и во членот 295 на Уставот на СРМ се бришат зборовите: „ја уредува“.</s>
<s>1. Граѓаните се еднакви во правата и должностите без оглед на националноста, расата, полот, јазикот, вероисповеста, политичко или друго уверување, социјално потекло, раѓањето, образованието, општествената полпжба или друго лично својство.</s>
<s>2. Никој не смее да биде подложен на мачење или на свирото, нечовечно или понижувачко казнување или понижување.</s>
<s>Забрането е над било кое лице, без негова согласност, да се вршат медицински или научни огледи.</s>
<s>3. Човечката приватност е неповредлива.</s>
<s>4. Единствено со закон може да се пропише дека само врз основа на решение на судот може да се остапи од начелото на неповредливост на тајната на писмата и на другите средства за општење, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или за безбедноста на земјата.</s>
<s>5. Загарантирана е слободата на совеста и вероисповеста.</s>
<s>Верските заедници можат да се занимаваат со стопанска и друга дејност под условите утврдени со закон.</s>
<s>Верските заедници не можат да основаат политички организации.</s>
<s>6. Загарантирана е заштитата на личните податоци.</s>
<s>Собирањето, обработката и целта на користењето на личните податоци се уредуваат со закон.</s>
<s>Забрането е користење на личните податоци спротивно со целта на собирањето.</s>
<s>7. Загарантирана е слободата на политичкото организирање и дејствување.</s>
<s>Забрането е политичко организирање и дејствување насочено кон: насилна промена на уредувањето утврдено со уставот, загрозување на независноста на земјата и на територијалната целокрупност на Републиката и на СФРЈ, кршење на слободите и правата на човекот и граѓанинот загарантирани со уставот, разгорување на национална, расна и верска омраза и нетрпеливост.</s>
<s>Начинот на остварување на слободата на политичкото организирање и дејствување се уредува со закон.</s>
<s>8. Се гарантира слобода на синдикалното организирање и дејствување.</s>
<s>9. Секој по основа на трудот има право на заработка во согласност со закон и со колективен договор.</s>
<s>10.</s><s>Правото на работниците на социјално осигурвање утврдено со уставот и со закон се обезбедува со задолжително осигурување, со начелота на заемност и солидарност, во согласност со закон.</s>
<s>11.</s><s>На стан во општествена и државна сопственост може да постои станарско право, под услови утврдени со закон.</s>
<s>12.</s><s>Со точката 1 се заменува ставот 1 на член 204, со точката 2 се дополнува членот 230, со точката 3 се дополнува членот 236, со точката 4 се заменува ставот 2 на член 236, со точката 5 се заменува ставот 1 на член 225 и се дополнува членот 225, со точките 6, 7 и 8 се дополнува Гавата V на Првиот дел од Уставот на СРМ, со точката 9 се дополнува членот 209, со точката 10 се заменува првата реченица во ставот 1 на член 213, со точката 11 се заменува ставот 2 на член 214 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Судската функција ја вршат редовните судови како органи на државната власт.</s>
<s>Редовните судови во вршењето на судската функција се независни и судат врз основа на уставот и закон.</s>
<s>Ако со закон не е утврдено определени видови на спорови да ги решаваат редовните судови, странките можат рамноправно на споровите кои настануваат од нивните меѓусебните односи што тие самостојно ги уредуваат или што произлегуваат од правата со кои слободно располагаат, да им го доверат на арбитражи, мировни совети, избрани или други судови.</s>
<s>Надлежноста, составот и организацијата на арбитражте, мировните совети, избраните или другите судови, постапката пред тие судови, начинот на избор и разрешување на судиите се уредуваат со актотот за установување на судот, во согласност со закон.</s><s>Одделни видови на судови за решавање на определени видови спорови може да се установаат и со закон.</s>
<s>2. Судиите на редовните судови се избираат без ограничување на траењето на мандатот.</s>
<s>Судиите на редовните судови ги избира и разрешува Собранието на СРМ.</s><s>Граѓаните кои учествуваат во судењето на редовните судови се избираат и разрешуваат на начин и според постапка утврдена со закон.</s>
<s>3. Јавното обвинителство ја врши својата функција врз основа на уставот и закон.</s>
<s>4. Јавниот правобранител се именува и разрешува на начин и според постапка утврдена со закон.</s>
<s>5. Со точката 1 се заменува ставот 2 на член 114, членовите 268, 270, 274 до 277 и ставот 3 на член 281, а во членот 272 и ставовите 2 и 3 на член 284 зборовите: „самоуправните“ односно „самоуправнот“ се заменуваат со зборовите: „други“ односно „друг“; со точката 2 се заменува ставот 6 на точка 1 од Амандманот II и ставот 1 на точка 2 од Амандманот XLVI; со точката 3 се заменува ставот 2 на член 286 и во ставот 2 на точка 3 од Амандманот XLVI зборовите: „собранието на општествено-политичката заедница“ се заменуваат со зборовите: „Собранието на СРМ“; со точката 4 се заменуваат ставовите 1 и 3 на точка 4 од Амандманот XLVI на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Со Народната банка на Македонија раководи гувернер кој е одговорен пред Собранието на Социјалистичка Република Македонија за својата работа и за работата на Банката.</s>
<s>Во Народната банка на Македонија, како советодавно тело, се образува Совет кој го избира Собранието од редот на научниците и стручњаците.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува точката 2 од Амандманот XL на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Собранието на Социјалистичка Република Македонија:</s>
<s>1) го обезбедува јавниот мир и ред и ја организира службата за јавна безбедност,</s>
<s>2) ги уредува односите во врска со просторното и урбаничкото уредување и заштитата на природата и обезбедува услови за здрава животна средина и унапредување на човековата околина,</s>
<s>3) основа работнички фондови.</s>
<s>2. Со потточката 1) на точка 1 се заменува потточката 2) на точка 1 од Амандманот XLVII; со потточката 2) се дополнува членот 301; со потточката 3) се дополнува членот 299 од Уставот на СРМ.</s>
<s>Со овој амандман престануваат да важат одредбите на алинеите 7 и 10 на став 1 на член 304, во потточката 2) на став 1 на член 301 од Уставот на СРМ се бришат зборовите: „системот на осигурување на имоти и лица“ и во потточката 6) се бришат зборовите: „како и на изборот и отповикувањето на членовите на делегациите“, а зборот „делегатитите“ се заменува со зборот „пратениците“.</s>
<s>1. Собранието на Социјалистичка Република Македонија го сочинуваат 120 пратеници.</s>
<s>Од секоја општина се избира најмалку по еден пратеник во Собранието.</s>
<s>2. Работите од својата надлежност Собранието ги врши на седници.</s>
<s>Собранието одлучува со мнозинство гласови на седница на која присуствува повеќето од половината пратенеци, ако со овој устав не е предвидено посебно мнозинство.</s>
<s>Собранието со двотретинско мнозинство на сите пратеници одлучува за правото на македонскот народ за самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување од заедницата на југословенските народи, како и за менување на границите на Републиката и за републичките празници.</s>
<s>Одлуката за остварување на правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување од заедницата на југословенските народи, измените на одредбите на Уставот на СРМ за грбот, знамето и химната на СРМ како и одлуките за менување на границите на СРМ и за републичките празници, се применуваат откако за нив на референдум се изјасни мнозинството од граѓаните на Републиката.</s>
<s>Собранието со мнозинство гласови на сите пратеници избира и разрешува претседател и потпретседатели на Собранието, претседател и члнови на Владата на СРМ и одлучува за продолжување односно за скратување на мандатот на пратениците во Собранието и на одборниците во собранијата на општините и на градската заедница.</s>
<s>Гласањето на седниците на Собранието е јавно, освен ако со овој устав или со деловникот на Собранието не е определено гласањето да се врши тајно.</s>
<s>Собранието врши верификација на мандатите и одлучува за мандатно-имунитетските права на пратениците.</s>
<s>Собранието одлучува за продолжување на мандатот на пратениците и на одборниците во собранијата на општините и на градската заедница и утврдува дека престанале околностите поради кои мандатот им бил продолжен.</s>
<s>Собранието може да одлучи да се распишат избори и пред истекот на мандатот на пратениците и на одборниците во собранијата на општините и на градската заедница.</s><s>Во случај на распишување на предвремени избори собранијата остануваат на должност до комнституирањето на новоизбраните собранија.</s>
<s>Собранието донесува деловник.</s>
<s>3. Право да предлага донесување на закон или други општи акти на Собранијето има секој пратеник, работно тело на Собранието и Владата на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Барање за донесување на закон можат да поднесат собрание на општината и на градската заедница, политичка организација, општествена организација, здружение на граѓаните и граѓани, како и стопанските и другите субјекти и нивните асоцијации.</s>
<s>Собранието може да одлучи нацрт на закон да стави на јавна дискусија.</s>
<s>4. Претседателот и потпретседателите на Собранието се избираат за време од четири години.</s>
<s>Претседателот на Собранието го претставува Собранието, свикува седници на Собранието и претседава со нив, се грижи за примената на деловникот на Собранието и врши други работи утврдени со овој устав и со деловникот на Собранието.</s>
<s>Претседателот на Собранието ги потпишува актите на Собранието, освен законите.</s>
<s>Претседателот на Собранието со потпретседателите на Собранието ги толкува одредбите на деловникот на Собранието и зазема ставови по други прашања од интерес за работата на Собранието определени со деловникот на Собранието.</s>
<s>5. Секој пратеник има право да му поднесе на Собранието предлози на закони, одлуки, препораки, декларации и резолуции и да покренува други прашања од надлежноста на Собранието.</s>
<s>6. За подготвување и разгледување на предлози на закони и на други акти, за следење на извршувањето на актите на Собранието, како и за проучување и претресување на други прашања од својата надлежност Собранието образува постојани и повремени работни тела.</s>
<s>Составот, задачите и начинот на работа на работните тела се утврдуваат со деловникот и со одлуката за нивно основање.</s>
<s>Со Деловникот на Собранието може на одделни работни тела да им се дадат овластувања да вршат анкети и за таа цел од државните органи, стопанските и другите субјекти да бараат известувања и податоци, како и други овластувања заради вршењето на нивните задачи.</s><s>Работните тела не можат да имаат истражни или други судски овластувања.</s>
<s>7. Собранието има право да предлага донесување на закони и други општи акти од делокругот на Собирот на републиките и покраините на Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија што се донесуваат со согласност на републичките и покраинските собранија.</s>
<s>8. Членовите на делегацијата на Собранието во Соборот на републиките и покраините на Собранието на СФРЈ ги избира Собранието со тајно гласање.</s>
<s>9. Со точката 1 се заменуваат членовите 319 и 320, ставот 1 на член 321, ставовите 1 и 2 на член 325, членовите 326, 327 и 328, ставот 2 на точка 1 од Амандманот XIII и точката 2 од Амандманот XLIII; со точката 2 се заменуваат точката 27) на став 1 на член 317, членовите 331, 336, 337, 338 и 342, ставот 2 на член 343, членот 344 и точките 1 на амандманите XIV и XVIII, се дополнува Главата X од Вториот дел на Уставот на СРМ и престанува да важи одредбата на ставот 2 на член 305; со точката 3 се заменуваат членовите 345 до 350 и точката 5 од Амандманот XLVIII; со точката 4 се заменуваат ставовите 1, 2, 3, и 4 на член 353, членовите 354 и 355 и точката 3 од Амандманот XLXIII; со точката 5 се заменува членот 356 и ставовите 1 и 2 на член 359, а во членовите 357 и 361 зборот „соборот“ се заменува со зборот „Собранието“; со точката 6 се заменуваат членовите 362 и 363; со точката 7 се заменуваат членовите 366 и 367, а во алинејата 2 на член 365 зборовите: „на општествениот план на Југославија“ се заменуваат со зборовите: „на развојнта политика на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“; со точката 8 се заменуваат ставот 1 на член 369 и точката 6 од Амандманот XLVIII на Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Се установува функцијата претседател на Социјалистичка Република Македонија (претседател на Републиката).</s>
<s>2. Претседателот на Републиката ја претставува Социјалистичка Република Македонија и врши други права и должности утврдени со овој устав.</s>
<s>3. Претседателот на Републиката:</s>
<s>- му дава мислења и предлози на Собранието за начинот на решавање на прашањата од општо значење на Републиката по кои се расправа и одлучува во Собранието, за прашањата што се однесуваат на рамноправноста на народите и народностите и за усогласувањето на заедничките интереси на републиките и на автономните покраини во органите на Федерацијата и за другите прашања од надлежност на Собранието на СФРЈ;</s>
<s>- предлага кандидат за претседател на Владата на Социјалистичка Република Македонија и кандидати за претседател и судии на Уставниот суд на Македонија;</s>
<s>- ги прогласува со указ законите;</s>
<s>- доделува републички признанија и одликувања;</s>
<s>- дава помилување на осудени лица, во согласност со закон.</s>
<s>4. Претседателот на Републиката, по своја иницијатива или по барање од Собранието, го изврстува Собранието за прашањата од својата надлежност.</s>
<s>Собранието може да бара од претседателот на Републиката да даде мислења и предлози по значајни прашања од својата надлежност што се од интерес за работата на Собранието.</s>
<s>Собранието ги разгледува мислењата и предлозите на претседателот на Републиката и по нив зазема ставови.</s>
<s>5. Претседателот на Републиката, за време на воена состојба, по исклучок, додека трае таа состојба и ако тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката, а не постои можност да се состане Собранието, врз основа на предлог од Владата на Социјалистичка Република Македонија, може со уредба со законска сила да запре одделни одредби на овој устав што се однесуваат на донесувањето на закони, други прописи и акти, на одделни слобода, права и должности на човекот и граѓанинот и на правата на стопанските и другите субјекти или на составот и овластувањата на извршните и управните органи во Републиката.</s>
<s>Претседателот на Републиката, за време на воена состојба, ако не постои можност да се состане Собранието, по предлог од претседателот на Собранието одлучува за изборот односно именувањето и разрешувањето на фунционери од надлежноста на Собранието и за мандатно-имунитетските права на пратениците.</s>
<s>Претседателот на Републиката, за време на воена состојба, може да укинува или поништува прописи и други акти на Владата на СРМ ако не се во согласност со уставот или со закон.</s>
<s>Претседателот на Републиката раководи со општонародниот отпор за време на воена состојба на целата територија на Републиката.</s>
<s>Претседателот на Републиката е претседател на Советот за прашања на народната одбрана.</s>
<s>Советот за прашања на народната одбрана го образува и неговите членови ги именува Собранието, по предлог на претседателот на Републиката.</s>
<s>Со закон може да се определи претседателот на Републиката да врши и други работи во областа на народната одбрана.</s>
<s>6. Претседателот на Републиката изнесува ставови и му поднесува предлози и иницијативи на Собранието за преземање на мерки и за усогласување на работата на надлежните органи во спроведувањето на утврдената политика во областа на заштитата на поредокот утврден со уставот, во согласност со закон.</s>
<s>7. Претседателот на Републиката го избира и го разрешува Собранието на СРМ.</s>
<s>На претседателот на Републиката му помага потпретседател на претседателот на Републиката.</s><s>Потпретседателот на Републиката, во случај на отсутност или спреченост да ја врши функцијата, го заменува претседателот.</s><s>Во случај на смрт или трајна спреченост да ја врши функцијата или во случај на отповикување, во рок од 60 дена Собранието избира нов претседател на Републиката.</s>
<s>Претседателот на Републиката се избира и разрешува по предлог од најмалку 20 пратеници со двотретинско мнозинство на гласови на сите пратеници, со тајно гласање, според постапка утврдена со закон.</s>
<s>Потпретседателот, по предлог од претседателот на Републиката, го избира и разрешува Собранието со двотретинско мнозинство на гласови на сите пратеници, со тајно гласање, според постапка утврдена со закон.</s>
<s>8. Претседателот на Републиката и потпретседателот се избираат за време од четири години и можат да бидат избрани на истата функција најмногу двапати едноподруго.</s>
<s>За време на воена состојба, во случај на непосредна воена опасност или други вонредни околности, мандатот на претседателот на Републиката и на поторетседателот се продолжува додека траат таквите состојби односно околности.</s>
<s>9. Претседателот на Републиката и потпретседателот не можат да вршат политичка, јавна или друга општествена функција, ниту професионална дејност.</s>
<s>10.</s><s>Претседателот на Републиката и потпретседателот уживаат имунитет.</s>
<s>Во поглед на имунитетот на претседателот на Републиката и на потпретседателот сходно се применуваат одредбите на овој устав што се однесуваат на имунитетот на пратениците.</s>
<s>11.</s><s>Работата од својата надлежност претседателот на Републиката ги врши врз основа и во рамките на овој устав и законите.</s>
<s>12.</s><s>Со овој амандман се заменуваат членовите 375 до 387, точката 1 од Амандманот VIII и точката 1 од Амандманот L, а во насловот на Главата XI на Вториот дел од Уставот на СРМ зборот „Претседателство“ се заменува со зборот „Претседател“.</s>
<s>1. Во Социјалистичка Република Македонија се образува Влада на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Владата на Социјалистичка Република Македонија ја сочинуваат претседател, еден или повеќе потпретседатели и членови (министри) што раководат со одделни републички органи на управата или вршат други должности што ќе им ги довери Владата.</s>
<s>Владата ги врши работите од својата надлежност врз основа и во рамките на овој устав и законите.</s>
<s>Организацијата и надлежноста на Владата на Социјалистичка Република Македонија се утврдуваат со овој устав и со закон.</s>
<s>2. Владата на Социјалистичка Република Македонија донесува мерки за остварување на утврдената развојна и економска политиката.</s>
<s>3. Владата има право да укине или поништи пропис или друг општ акт на собранието и на другите органи на општината односно на градската заедница за чие донесување се овластени со закон, ако не се во согласност со уставот или со закон.</s>
<s>Владата има право, до донесувањето на одлуката на уставниот суд, да запре од извршување пропис или друг општ акт што самостојно ги донесуваат органите на општината и на градската заедница ако не се во согласност со уставот или се во спротивност со закон и е должна во рок од 30 дена да поведе постапка пред уставниот суд.</s>
<s>4. Владата на СРМ за време на воена состојба или во случај на непосредна воедна опасност, ако не постои можност за свикување на Собранието, донесува уредби со законска сила по прашања од надлежност на Собранието, што му ги поднесува на Собранието на потврда штом тоа ќе биде во можност да се состане.</s>
<s>5. Претседателот на Социјалисричка Република Македонија предлага кандидат за претседател на Владата на СРМ врз основа на претходни консултации со политичките организации што се застапени во Собранието.</s>
<s>Собранието, по предлог од кандидатот за претседател на Владата, избира Влада на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>6. Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 30 пратеници.</s>
<s>За довербата на Владата одлучува Собранието, по претходен претрес, со мнозинство гласови на сите пратеници.</s>
<s>Најмалку 10 пратеници можат да поднесат интерпелација за претресување на определени прашања од општо политичко значење.</s>
<s>7. Со точката 1 се заменуваат членовите 393 и 394 и ставот 5 на член 395; со точките 2, 3 и 4 се дополнува Главата XIII на Вториот дел од Уставот на СРМ; со точката 5 се заменуваат ставовите 1 до 5 на точка 1 од Амандманот V, ставот 1 на точка 1 од Амандманот VI и точките 1, 2 и 3 од Амандманот LII; со точката 6 се заменуваат ставовите 3 и 4 на член 404 и членот 406; во главите IX, X, XI, XIII, XIV и XVI на Вториот дел од Уставот на СРМ зборовите: „Извршен совет“ се заменуваат со зборот „Влада“.</s>
<s>Престануваат да важат одредбите на точката 1 и ставот 2 на точка 2 од Амандманот XLIX на Уставот на СРМ со кои е определена улогата на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ во предлагањето на изборот и разрешувањето на членот на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија од Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Уставниот суд на Македонија одлучува дали статутот или друг општ акт на политичка организација, општествена организација или здружение на граѓаните е во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија или е во спротивност со закон.</s>
<s>2. Со овој амандман се дополнува членот 419 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Предлог за пристапување кон измена на Уставот на СРМ можат да поднесат претседателот на Социјалистичка Република Македонија, Владата на Социјалистичка Република Македонија или најмалку 30 пратеници.</s>
<s>Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на СРМ е усвоен ако за него гласаат најмалку две третини од сите пратеници.</s>
<s>Нацартот на актот за измена на Уставот на СРМ го утврдува Собранието со мнозинство гласови на сите пратеници и го става на јавна дискусија.</s>
<s>По спроведената јавна дискусија, Собранието го утврдува предлогот на актот за измена на Уставот на СРМ и одлучува за него.</s>
<s>2. Предлог за пристапување кон измена на Уставот на СФРЈ, Собранието на СРМ утврдува на седница со мнозинство гласови на сите пратеници.</s>
<s>Иницијатива за поднесување предлог од Собранието за пристапување кон измена на Уставот на СФРЈ можат да поднесат претседателот на СРМ, Владата на СРМ или најмалку 30 пратеници.</s>
<s>Одлука за давање согласност на предлогот за пристапување кон измена на Уставот на СФРЈ донесува Собранието на СРМ.</s><s>Одлуката е усвоена ако за неа гласаат најмалку две третини од сите пратеници</s>
<s>Нацртот на актот за измена на Уставот на СФРЈ го претресува и мислење по него дава Собранието со мнозинство гласови на сите пратеници.</s>
<s>Одлука за давање согласност на текстот на измена на Уставот на СФРЈ, што го усвоил Сојузниот собор на Собранието на СФРЈ, донесува Собранието.</s><s>Одлуката е усвоена ако за неа гласаат најмалку две третини од сите пратеници.</s>
<s>3. Со точката 1 се заменуваат членовите 440, 441 и ставот 1 на член 442; со точката 2 се заменуваат членовите 444 до 447 од Уставот на СРМ.</s>
<s>1. Во алинеите 2, 3 и 4 на член 305 од Уставот на СРМ зборовите: „самоуправните интересни заедници“ се заменуваат со зборовите: „облиците на самоуправно организирање“ и се додава зборот „фондови“, а во алинеите 2 и 3 зборовите: „општествени средства“ се заменуваат со зборот „средства“.</s>
<s>Во ставовите 2 и 4 на точка 1 од Амандманот XXXVIII зборовите: „во корист на самоуправна интересна заедница или другиот облик на самоуправно организирање“ се заменуваат со зборовите: „во корист на фондот или другиот облик на организирање“.</s>
<s>2. Во ставот 1 на член 51, членот 156, ставот 1 на член 172, членот 298, ставот 2 на член 315, членовите 346 и 381 од Уставот на СРМ зборовите: „општествено-политичка организација“ во различен член и број се заменуваат со зборовите: „политичка и општествена организација“ во соодветен член и број.</s>
<s>Во ставот 1 на член 174 од Уставот на СРМ зборовите: „општествено-политичките и другите општествени организации“ се заменуваат со зборовите: „политички и општествени организации“.</s>
<s>Во ставот 1 на член 139 од Уставот на СРМ зборовите: „синдикатите и другите општествено-политички организации и општествените организации“ се заменуваат со зборовите: „синдикатите, политичките и општествените организации“.</s>
<s>Во ставот 1 на член 377 од Уставот на СРМ зборовите: „општествено-политичките“ се заменуваат со зборовите: „политичките, општествените“.</s>
<s>3. Во Уставот на СРМ зборот „делегат“ се заменува со зборот „претставник“, освен во одредбите што се однесуваат на Собранието на СРМ во кои зборот „делегат“ се заменува со зборот „пратеник“.</s>
<s>За спроведување на Амандманите LVII до LXXX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија ќе се донесе уставен закон.</s>
<s>За предлогот на уставниот закон одлучува Собранието на заедничка седница на сите собори.</s>
<s>Предлогот на уставниот закон е усвоен ако за него гласаат најмалку две третини од сите делегати.</s>
<s>Уставниот закон го прогласува Собранието на заедничка седница на сите собори и влегува во сила со денот на прогласувањето на Амандманите LVII до LXXX на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>1. Во називот на Уставот на Социјалистичка Репулика Македонија и во неговите одредби се брише зборот „Социјалистичка“ пред зборовите: „Реупублика Македонија“.</s>
<s>2. Во целиот текст на Уставот на Социјалистичка Република Македонија се употребува називот Република Македонија.</s>
<s>1. Постоењето на вонредни околности на територијата на Република Македонија или на нејзин дел го утврдува Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија или најмалку 40 пратеници, ако оцени дека со вооружени или други активности непосредно е загрозен суверенитетот, територијалениот интегритет или уставното уредување на Република Македонија.</s>
<s>Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредни околности се донесува со двотретинско мнозинство гласови на сите пратеници и има важност најмногу 30 дена.</s>
<s>Ако Собранието не може да се состане, одлука за утврдување на постоење на вонредни околности донесува претседателот на Република Македонија и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе биде во можност да се состане.</s>
<s>2. Со овој амандман се дополнуваат амандманите LXXIV и LXXV на Уставот на Република Македонија.</s>
<s>1. Контрола на законитоста во располагањето на средствата на правните лица и исправноста на податоците за располагањето на тие средства, ревизија на јавните расходи и јавните претпријатија, обезбедувањето евиденција, финансиски податоци и информирање за работењето на правните лица, контрола на пресметката и наплатата на даноците и придонесите и другите давачки, вршењето на платниот промет во Републиката, како и други работи одредени со закон, ги вршат служби, односно органи чија положба, надлежност и организација се уредуваат со закон.</s>
<s>Вршењето на ревизија на сметководствените искази на правните лица се уредуват со закон.</s>
<s>2. Со овој амандман се заменува точката 1 на Амандманот LXV на Уставот на Република Македонија.</s>
<s>За спроведување на амандманите LXXXII, LXXXIII и LXXXIV на Уставот на Република Македонија ќе се донесе уставен закон.</s>
<s>Предлогот на уставниот закон е усвоен ако за него гласаат две третини од сите пратеници.</s>
<s>Уставниот закон го прогласува Собранието и влегува во сила со денот на прогласувањето на амандманите LXXXII, LXXXIII и LXXXIV на Уставот на Република Македонија.</s>
<s>Поврзано
Устав на Социјалистичка Република Македонија (1974) (Пречистен текст)
Уставен закон за спроведување на амандманите од I до VIII на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1981)
Уставен закон за спроведување на амандманите од X до XXII на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1986)
Уставен закон за спроведување на амандманите од XXIV до LIV на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1989)
Уставен закон за спроведување на амандманите од LVII до LXXX на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1990)
Уставен закон за спроведување на амандманите од LXXXII до LXXXIV на уставот на Република Македонија (1991)
Уставен закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1974)</s>
|
9206 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B8%20%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281992%29 | Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Република Македонија (1992) | <s></s>
<s>Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Република Македонија</s>
<s>Во Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 52/1991) по членот 10 се додава нов член 10-а, кој гласи:</s>
<s>Република Македонија нема да учествува во работата на Собранието на СФРЈ и во работата на Претседателството на СФРЈ, со што им престанува функцијата на делегатите во Собранието на СФРЈ од Република Македонија и на членот на Претседателството на СФРЈ од Република Македонија.</s>
<s>Членовите 11 и 12 се бришат.</s>
<s>Овој уставен закон влегува во сила со денот на прогласувањето.</s>
|
9207 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281991%29 | Уставен закон за спроведување на уставот на Република Македонија (1991) | <s></s>
<s>Уставен закон за спроведување на уставот на Република Македонија</s>
<s>Уставот на Република Македонија се применува од денот на прогласувањето од Собранието на Република Македонија, ако за примената на одделни негови одредби со овој уставен закон не е поинаку определено.</s>
<s>Државната граница на Република Македонија е нејзината постојана граница со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција и Република Србија.</s>
<s>Република Македонија како суверена и самостојна држава својата меѓународна положба и односите со другите држави и меѓународни органи, организации и заедници ги остварува согласно со општоприфатените начела на меѓународното право.</s><s>Република Македонија како рамноправен праврн наследник на СФРЈ со другите републики го презема членството на СФРЈ во меѓународните органи, организации и заедници.</s>
<s>Република Македонија, како рамноправен правен наследник на СФРЈ со другите републики, врз основа на договор со другите републики на СФРЈ за правното наследство на СФРЈ и за меѓусебните односи, презема права и обврски настанати од создавањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s><s>Доколку не се склучи договор со другите републики за правното наслетство на СФРЈ и за меѓусебните односи, правното наслетство на СФРЈ и за меѓусебните односи на Република Македонија со другите суверени држави од СФРЈ се утврдуваат согласно со општите правила на меѓународното право, како и согласно со Виенската конвенција за сукцесија на државите во областа на договорите од 1978 година и Виенската конвенција за сукцесија на државите во областа на државниот имот, архивата и долговите од 1982 година.</s>
<s>Постојните сојузни прописи се преземаат како републички со надлежностите на органите утврдени со Уставот на Република Македонија.</s><s>До постигнување на договор со суверените држави од СФРЈ, Република Македонија може да го довери извршувањето на одделни прописи на сојузните органи.</s><s>Ако органите од став 2 на овој член прописите не ги извршуваат во согласност со суверенитетот и интересите на Републука Македонија, нив ги извршуваат органите на Републиката.</s><s>Сојузните прописи со кои се уредува организацијата и надлежноста на оганите на Федерацијата не се применуваат во Република Македонија.</s>
<s>Законите што не се во согласност со одредбите на Уставот на Република Македонија ќе се усогласат во рок од една година од денот на прогласувањето на Уставот.</s>
<s>Најдоцна во рок од шест месеци од денот на прогласувањето на Уставот ќе се донесат:- Закон за Републичкиот судски совет;- Закон за судовите;- Закон за Јавното обвинителство;- Закон за народниот правобранител;- Закон за начинот на трансфомација на општествената сопственост;- Закон за државјанството на Република Македонија;- Закон за личната карта;- Закон за преминот на државната граница и движењето во граничниот појас;- Закон за движењето и престојот на странци;- Закон за патните исправи на државјаните на Република Македонија;- Закон за одбраната на Република Македонија;- Закон за локалната самоуправа, и- Закон за територијалната поделба на Република Македонија.</s>
<s>Законот за грбот, знамето и химната на Република Македонија ќе се донесе во рок од шест месеци од денот на прогласувањето на Уставот.</s><s>До донесувањето на Законот од став 1 на овој член, се применуваат постојните симболи и химната утврдени во досегашниот Устав на Република Македонија.</s>
<s>Државјаните на другите републики во СФРЈ кои на денот на влегувањето во сила на овој уставен закон кои имале пријавено живеалиште на територијата на Република Македонија, а немаат државјанство на Република Македонија, ќе може да стекнат државјанство на Република Македонија во согласност со Законот за државјанството на Република Македонинја.</s>
<s>Собранието на Република Македонија во постојаниот пратенички состав, претседателот на Република Македонија и Владата на Република Македонија продолжуваат да ги вршат фунциите со права и должности утврдени со Уставот до одржувањето на новите избори.</s><s>Одредбата од член 82 од Уставот ќе се применува по одржувањето на новите избори, а најдоцна до истекот на мандатот за кој е избран потпретседателот на претседателот на Република Македонија.</s><s>Потпретседателот на претседателот на Република Македонија продолжува да ги врши функциите со права и должности утврдени со Амандманот LXXV на Уставот на Република Македонија, до одржувањето на нови избори, а најдоцна до истекот на мандатот за кој е избран.</s><s>Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, Законот за избор на претседателот на Република Македонија и Законот за политичките партии ќе се донесат најдоцна три месеци пред одтжувањето на новите изборите.</s>
<s>До постигнување на договор меѓу суверените држави од СФРЈ делегатите од Република Македонија во Собранието на СФРЈ ќе ги вршат своите функции во согласност со насоките на Собранието на Република Македонија.</s>
<s>До постигнување на договор меѓу суверените држави од СФРЈ членот на Претседателството од Република Македонија ќе ги врши своите функции во согласност со насоките на Собранието на Република Македонија.</s>
<s>Вооружените сили на Република Македонија, до донесувањето на Законот за одбраната на Република Македонија, ги сочинуваат единиците, командите и штабовите на територијалната одбрана на Република Македонија.</s><s>Служењето на воениот рок на регрутите и служењето на воената обврска во резерниот состав ќе се врши во вооружените сили на Македонија од став 1 на овој член.</s>
<s>Дипломатските и конзуларните претставништва и културно-информатичките центри на СФРЈ ќе ги застапуваат интересите на Република Македонија како суверена и самостојна држава до постигнување на договор меѓу суверените држави од СФРЈ, до основање на сопствени дипломатски, конзуларни претставништва и културно-информатички центри.</s>
<s>Изборот на сите судии во судовите и именувањето на Јавниот обвинител според одредбите на овој Устав ќе се изврши најдоцна во рок од шест месеци по конституирањето на Републичкиот судски совет.</s><s>Републичкиот судски совет ќе се конституира во рок од два месеци по донесувањето на Законот за Републичкиот судски совет.</s><s>До конституирањето на Републичкиот судски совет нема да се врши избор на судии на судовите и именување на јавни обвинители во јавните обвинителства на кои им истекол мандатот.</s><s>Истите продолжуваат да ја вршат функцијата до изборот, согласно Уставот на Република Македонија.</s>
<s>Судиите на Уставниот суд ќе се изберат најдоцна во рок од три месеци по конституирањето на Републичкиот судски совет.</s><s>Со денот на изборот на судиите на Уставниот суд на Република Македонија од став 1 на овој член, на постојните судии им престанува функцијата судии на Уставниот суд.</s>
<s>Овој уставен закон за спроведување на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставот.</s>
|
9209 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B7%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 | Предлози за пристапување кон измена на уставот на Република Македонија | <s></s>
<s>ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ЗАКОНОДАВНАТА ПОСТАПКА Е ВО ТЕК)</s>
<s>ПРЕДЛОГ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
До последната измена на страницата, до Собранието на Република Македонија од овластен предлагач (членот 130 на Уставот на Република Македонија - „претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани“), нема поднесено Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.</s>
<s>УТВРДУВАЊЕ НА НАЦРТ НА АМАНДМАНОТ ИЛИ АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>(Потребно е Собранието на Република Македонија да донесе Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија)</s>
<s>УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ НА АМАНДМАНОТ ИЛИ АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>(Потребно е Собранието на Република Македонија да има утврдено Нацрт на амандманот или амандманите на Уставот на Република Македонија)</s>
<s>ДОНЕСУВАЊЕ НА АМАНДМАНОТ ИЛИ АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>(Потребно е Собранието на Република Македонија да има утврдено Предлог на амандманот или амандманите на Уставот на Република Македонија)</s>
<s>ПРОГЛАСУВАЊЕ НА АМАНДМАНОТ ИЛИ АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>(Потребно е Собранието на Република Македонија да го има донесено амандманот или да ги има донесено амандманите на Уставот на Република Македонија)</s>
<s>ПРЕДЛОЗИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ЗАКОНОДАВНАТА ПОСТАПКА Е ЗАВРШЕНА)</s>
<s>1991 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИТЕ АМАНДМАНИ I И II НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ:</s>
<s>1998 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИОТ АМАНДМАН III НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Група пратеници: ПРЕТСТАВНИЦИ:</s>
<s>2001 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИТЕ АМАНДМАНИ IV, V VI, VII, VIII, IX, X XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII И XVIII НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Претседател на Република Македонија (Борис Трајковски, с.р.) ПРЕТСТАВНИЦИ:</s>
<s>2003 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО НЕ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ:</s>
<s>2003 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИОТ АМАНДМАН XIX НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ:</s>
<s>2005 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРАВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИТЕ АМАНДМАНИ XX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX И XXX НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ:</s>
<s>НОЕМВРИ 2006 ГОДИНА
(ЗАКОНОДАВНАТА ПОСТАПКА НЕ Е ЗАВРШЕНА ЗАРАДИ ПРЕСТАНОК НА МАНДАТОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: За 1. и за 2. насока: Сулејман Рушити, министер за образование и наука и Јован Лазаров, заменик на министерот за образование и наука; За 3. насока: Трајко Славески, министер за финансии и Предраг Трпески, заменик на министерот за финансииПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставот наРепублика МакедонијаСкопје, ноември 2006 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, на седниците, одржани на 14.11. и 21.11.2006 година, одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесеПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во функционирањето на уставниот систем на Република Македонија од донесувањето на Уставот од 1991 година до денес, воочени се одредени слабости во основите на системот на основното и средното образование, што наметна потреба од одредени измени во Уставот на Република Македонија.</s><s>Лоцираните недостатоци во системите на основното и средното образование, насоките за идните реформи на образовниот систем во делот на основното и средното образование и конкретните активности, се базираат врз повеќе анализи на домашни и странски експерти, компаративните искуства од земјите на Европската Унија, како и меѓународните стандарди содржани во релевантните документи.</s><s>Од тие согледувања произлезе заклучокот дека заради интензивно и успешно спроведување на реформите во образованието, потребна е промена на уставните основи на образованието како дејност од јавен интерес.</s><s>Мерките и активностите за реформата на образованието се набележани и елаборирани во Националната програма за развој на образованието во Република Македонија 2005-2015 со придружните програмски документи, на чие донесување и претходеше серија стручни и јавни расправи, како и сугестии од образовните инстуции во земјата и експертските мислења на повеќе релевантни меѓународни институции.</s><s>Заради остварување на стратегијата за реформи во образованието, Владата на Република Македонија, како стратешки приоритет во својата Програма за работа се определи за активности насочени кон измена на Уставот на Република Македонија во делот на образованието (Економски, социјални и културни права).</s><s>Потребата од измени на Уставот на Република Македонија произлегува и од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Република Македонија со Европската Унија, со што нашата земја се определи, помеѓу другото, и за продолжување на веќе започнатите реформи во образованието.</s><s>Основна цел на реформата на образовниот систем е приближување кон европските стандарди во сите степени на образованието: основното, средното и високото образование.</s><s>Двете клучни насоки на кои во иднина ќе се потпира реформата на образовниот систем е задолжително и бесплатно јавно основно и средно образование и основање на приватни установи во сите степени на образованието.</s><s>Активното учество на Република Македонија во глобалните интеграциски процеси подразбира и преземање на одговорност за остварување на глобалните политики во сферата на образованието.</s><s>Во таа смисла, Министерството за образование и наука ја презема реализацијата на целите, принципите и препораките кои се зацртани во меѓународните документи за развој на образованието во Европа и светот.</s><s>Програмата Образование за сите на УНЕСКО, Милениумските цели на Обединетите нации и Пактот за стабилност претставуваат референтна рамка во која се содржат најголемиот дел од целите кои Министерството за образование и наука ги реализира.</s><s>За остварување на клучните стратешки области: образование за сите (обезбедување на образовна рамноправност); унапредување на културата на живеење; зголемување на социјалната партиципација; зголемување на образовната, културната и економската компетентност на македонското општество потребна е промена на уставните основи на системот на образованието, како предуслов за успешно остварување на реформите во оваа област.</s><s>Еден од клучните предизвици во овој период ќе биде подигањето на нивото на образованието на сите млади и возрасни, со посебен акцент на зголемувањето на нивните стручни, работни и социјални компетенции.</s><s>Анализите на образовната структура на населението во Република Македонија покажуваат дека од вкупниот број на лица над 15-годишна возраст, близу половината (49,39%) се лица кои не поседуваат или поседуваат ниско ниво на образование (неписмен, со незавршено основно и со основно образование).</s><s>Ако на оваа група им се додадат лицата со завршено 3 или 4-годишно образование, тогаш состојбата со образовната структура на населението во Република Македонија е алармантна и не нуди оптимизам за идниот економски и социјален развој на државата.</s><s>Во услови на перманентна модернизација на техничко-технолошката основа на трудот, ваквата состојба претставува генератор за зголемување на бројот на невработени и слаб економски раст на државата.</s><s>Причините за ваквата состојба со образовната структура на населението има повеќе, но како најдоминантни се издвојуваат: незадоволителен опфат на учениците и осипувањето на учениците во основното и средното образование, особено осипувањето на учениците при преминот од основното во средното образование.</s><s>При оваа вертикална проодност на учениците процентот на осипување е 16,65%.</s><s>Ова јасно укажува дека проблемот со перманентна продукција на популација со ниско и, од аспект на потребите на современиот труд и социјалната инклузија, незадоволително ниво на образование, мора да се надмине.</s><s>Поради ова, Владата на Република Македонија овој проблем го стави на приоритетната листа на интервенции во образованието, односно зголемување на должината на задолжителното образование.</s><s>Имајќи го во предвид значењето на прашањата што ќе се отворат со измените на Уставот на република Македонија, во рамките на Министерството за образование и наука формирана е работна група која ја утврди потребата за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија и во таа смисла изготви Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија.</s><s>Се предлага и измена на членот 60 од Уставот на Република Македонија заради отстранување на анахрониот назив на емисионата банка како Народна банка на Република Македонија и заради усогласувањена целите на Банката утврдени во Уставот со оние дефинирани во Статутот на Европскиот систем на централни банки.</s><s>По примерот на повеќето централни банки од Европската Унија, се предлага називот да се промени во Банка на Македонија.</s><s>Исто така се предлага и измена во делот од функциите (целите) на Банката со тоа што одржувањето на ценовната стабилност ќе се дефинира како основна цел на Банката, а дефинирањето и спроведувањето на монетарната политика и политиката на девизниот курс, управувањето со девизните резерви и слично како нејзини основни задачи.</s><s>Со реализирањето на предлогот за измена на член 60 од Уставот на Република Македонија се очекува целосна усогласеност со Статутот на ЕСЦБ со јасно дефинираните цели и задачи според стандардите на Европската Унија.</s>
<s>ОБРАЗЛОЖЕНИЕ</s>
<s>1. Задолжително и бесплатно јавно основно и средно образование
Согласно член 44 став 3 од Уставот на Република Македонија основното образование е задолжително и бесплатно.</s><s>Од наведената уставна одредба произлегува дека основното образование има задолжителен карактер, односно секој мора да се здобие со основно образование, за што грижа води државата и нејзините институции, преку задолжителен опфат на децата во основните училишта.</s><s>Оваа одредба не дава можност за задолжителност на средното образование, што е основен тренд во земјите на Западна Европа, каде што најзастапена структура е: 6-годишно основно образование, 3-годишно нижо средно образование и 3-годишно вишо средно образование.</s><s>Глобализациските процеси и забрзаната динамика на промени, то ест осовременување на трудот и работењето предизвикуваат нагласени тенденции за зголемување на образовното ниво на народите во светот.</s><s>Одговорноста на државата на планот на образовниот опфат на населението станува се поголема.</s><s>Општ тренд во светот е зголемување на должината на задолжителното образование, како најизразена форма на одговорност на државата, постојано да се зголемува.</s><s>Ако во минатото горниот лимит на задолжителното образование беше поставен на елементарното и пониско ниво на средно образование, денес тој се повеќе се поставува на повисоките степени и во потполност го зафаќа средното образование.</s><s>Средното образование е оној долен лимит на образованост и квалификуваност што секој граѓанин треба да го поседува за да може активно да се вклучи во општествениот и работниот живот.</s><s>Глобалната тенденција е поместување на границата нагоре и компаративните согледувања покажуваат дека задолжителното образование е со 9-годишно траење (Словенија, Италија, Португалија и други), 10-годишно траење (Данска, Чешка, Шведска и други) 11-годишно траење (Шпанија, Франција, Норвешка и други) 12-годишно траење (В. Британија) и 13-годишно трање (Германија, Белгија, Холандија).</s><s>Покрај наведените глобални тенденции, како причини за зголемувањето на времетраењето на задолжителното образование во Република Македонија може да се наведат и следните: лошата образовна структура на населението; малиот опфат и високиот процент на осипување на учениците во редовните степени на образование; потребата од зајакнување на компетенциите за работна и социјална инклузија на населението, како и намалувањето на осипувањето на учениците од преминот од основно во средно образование.</s><s>Ова појава предизвикува перманентен притисок на пазарот на трудот од лица кои поседуваат само основно образование и се без каква било квалификациска подготовка.</s><s>Оваа структура доминантно влијае врз зголемувањето на бројот на невработените.</s><s>Со зголемувањето на задолжителното образование се очекува: да се зголеми образовната структура на населението; да се зајакне базичното образование; учениците да се стекнат со работни квалификации; да се обезбеди образовна рамноправност на сите граѓани; да се зголемат можностите за професионална ориентација; да се олесни и ефектуира преминот од основно во средно образование; да се оствари програмска сукцесивност.</s>
<s>2. Основање на приватни установи во основното образование
Согласно член 45 од Уставот на Република Македонија граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование.</s><s>Од наведената уставна одредба произлегува дека во Република Македонија не постои можност за основање на приватни основни училишта.</s><s>И покрај тоа што ваков вид на установи успешно се основаат и работат во поголем број на земји и претставуваат основа за конкурентност во основното образовнаие, агенс за јакнење на квалитетот во образованието и можност за поголем опфат на учениците, оваа уставна одредба не дава можност за основање на приватни установи во основното образование.</s><s>Државата е судрена со потребата за зголемување на училишните капацитети во одредени региони, пред се во урбаните средини.</s><s>Училишната мрежа, и покрај тоа што статистички ги задоволува потребите за опфат на учениците, не ги исполнува стандардите за современа настава и учење.</s><s>Голем дел од училишните објекти се изградени пред повеќе децении и не ги задоволуваат стандардите за квалитетно спроведување на воспитно-образовниот процес.</s><s>Финансиската моќ на државата за градење на оптимална и современа мрежа на основни училишта е недоволна и во таква ситуација се актуелизира потребата од овозможување на приватна иницијатива во основното образование, како одговор на прашањето за изнаоѓање на нови извори на финансирање или нови облици на сопственост во основното образование.</s><s>Оваа иницијатива ќе го растовари локалниот и државниот буџет, а истовремено ќе овозможи и поголем опфат на децата од сегашните 92.5%.</s><s>Искуството од основање на приватни средни училишта во Република Македонија, од аспект на конкурентност, воведување на европски стандарди и подигнување на квалитетот на училишната работа, афирмација на добри модели од практиката и мотивација на наставниците и учениците, покажа дека е потребно истото да се направи и во основното образование.</s><s>Иако се очекува зголемување на бројот на приватните установи за основно и средно образование, бесплатното и задолжителното јавно основно и средно образование и во иднина ќе биде основна опција за најголемиот број на ученици во Република Македонија.</s>
<s>3. Промена на називот на Народна банка на Република Македонија и дел од целите (функциите) на Народна банка на Република Македонија
Република Македонија веќе 15 години има воспоставено систем на парламентарна демократија и пазарна економија, но одделни термини, како на пример Народна банка на Република Македонија, сеуште се задржани како анахронизам во современите услови и текови.</s><s>Називот „Народна банка“ беше карактеристика на земјите со таканаречено социјалистичко („народно“) уредување на општеството кога во основа сè во државата формално беше „народно“.</s><s>Со промената на системот на државното уредување повеќето држави ги променија и називите на емисионите банки во централни банки или банка на соодветната држава.</s><s>Имајќи го предвид изнесеното, а особено фактот што Република Македонија е земја кандидат за рамнопрaвно членство во Европската Унија, што значи и рамноправен, конститутивен дел на Европскиот систем на централни банки, Владата на Република Македонија предлага да се пристапи кон измена на член 60 од Уставот на Република Македонија со кој е уредено дека Народната банка на Република Македонија е емисиона банка која е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство.</s><s>Предлогот се однесува на промена на: називот на Народната банка на Република Македонија во Банка на Македонија и дел од целите (функциите) на Народна банка на Република Македонија а со цел усогласување со целите и задачите утврдени со Статутот на Европскиот систем на централни банки, како што е одржување на ценовната стабилност наместо стабилноста на валутата.</s><s>Со реализирањето на предлогот за измена на член 60 од Уставот на Република Македонија се очекува целосна усогласеност со Статутот на ЕСЦБ со јасно дефинираните цели и задачи според стандардите на Европската Унија.</s>
<s>ОКТОМВРИ 2008 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИОТ АМАНДМАН XXXI НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: Михајло Маневски, министер за правда и Ибрахим Ибрахими, заменик на министерот за правдаПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставот наРепублика МакедонијаСкопје, октомври 2008 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија на седницата одржана на 09.10.2008 година, одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесеПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во функционирањето на уставниот систем во Република Македонија од донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 година до денес, воочени се одредени слабости во однос на изборот на Претседател на Република Македонија.</s><s>Имено, во изминатиот период се спроведоа три изборни циклуса за избор на претседател во Републиката.</s><s>Во сите изборни циклуси изборниот процес траеше релативно долго, и се доведуваше во прашање изборот на претседател на Република Македонија заради цензусот за избран кандидат утврден со Уставот на Република Македонија, а посебно условот утврден во вториот круг на избори.</s><s>Насоките за идните реформи и конкретните активности во однос на изборната регулатива се базирани и врз повеќе анализи на домашни и странски експерти, врз компаративните искуства од земјите со етаблирани демократски системи и меѓународните стандарди содржани во релевантните документи.</s><s>Од тие согледувања, а заради поуспешно остварување на изборните реформи во оваа област потребна е промена на уставните основи за избор на претседател на Република Македонија.</s><s>Во член 81 став 5 од Уставот на Република Македонија е регулирано дека за претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи.</s><s>Заради тоа потребно е овие уставни одредби е да се изменат во насоки дека за претседател на Република Македонија во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од четириесет посто избирачи.</s><s>По донесувањето на предложените уставни измени неопходно ќе биде да се направат измени и дополнувања на Изборниот законик во делот на одредбите што се однесуваат за избор на Претседател на Република Македонија.</s>
<s>ОБРАЗЛОЖЕНИЕ поради кои се предлага измени на Уставот на Република Македонија
Уставот на Република Македонија со неколку одредби уредува определени прашања кои се однесуваат на функцијата претседател на Република Македонија.</s><s>Меѓу нив е и прашањето на начинот на избор на претседател на Република Македонија.</s><s>Во Уставот на Република Македонија, со членот 80 се уредува дека претседателот на Република Македонија се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, мандатот е пет години и едно исто лице може да биде избрано најмногу двапати.</s><s>Исто така, согласно Уставот, претседателот на Република Македонија мора да биде државјанин на Република Македонија и со наполнети најмалку 40 години живот, со тоа што оваа возраст треба да биде исполнета до денот на одржувањето на изборите.</s><s>Уставот утврдил и дополнителен услов според кој, лицето кое се кандидира за претседател на Република Македонија задолжително треба да биде жител на Република Македонија најмалку 10 години во последните 15 години до денот на одржувањето на изборите.</s><s>Во останатите одредби од Уставот се утврдува дека предлагачи за кандидат за претседател на Република Македонија можат да бидат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.</s><s>Во членот 81 од Уставот на Република Македонија е определено дека за претседател на Републиката, е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.</s><s>Доколку не се избере претседател на Републиката во првиот круг, односно ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, тогаш во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.</s><s>Во вториот круг за претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи.</s><s>Според пропишаниот услов во вториот круг на избори потребно е да гласаат 50% плус еден од запишаните избирачи и од нив мнозинството да гласаат за еден кандидат што може да предизвика постојано повторување на изборниот процес.</s><s>На овие уставни решенија за начинот за избор на претседател на Република Македонија свои забелешки дадоа и претставниците на меѓународните организации кои правеа експертиза на Законот за избор на претседател на Република Македонија и препорачаа да се направи промена на уставната одредба која дирекно е преземена и во Изборниот законик.</s><s>Исто така и ОБСЕ/ОДИХР во конечниот Извештај по спроведените претседателски избори во 2004 година препорача измена на уставните решенија за избор на претседател на Републиката, а посебно на условите предвидени за вториот изборен круг.</s><s>Во Препораките во делот “Правна рамка” во првата препорака стои: “Со Устав препишаниот услов повеќе од 50% од регистрираните гласачи да го дадат својот глас во вториот изборен круг треба да се острани, за да се избегне можноста за неуспешни избори.</s><s>Исто така треба да се разгледува можноста за изменување на уставот со кој, за да постигне победа, кандидатот мора да ги добие гласовите на повеќе од 50% од регистрираните избирачи”.</s><s>Со предложената измена на Уставот ќе се обезбеди поедноставување на постапката за избор на претседател на Република Македонија, односно се обезбедува уставна основа за избор на претседател во вториот изборен круг на кандидат кој добил мнозинсто од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од четириесет посто избирачи.</s><s>Со ваквото решение се имплементира и препораката на ОБСЕ/ОДИХР за промена на уставното решение за избор на претседател во вториот изборен круг.</s>
<s>ДЕКЕМВРИ 2010 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИОТ АМАНДМАН XXXII НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Владата на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: Михајло Маневски, министер за правда и Ибрахим Ибрахими, заменик на министерот за правдаПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставот наРепублика МакедонијаСкопје, декември 2010 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 21.12.2010 година одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесеПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Изминатиот период е зголемен интензитетот на организираниот криминал кој има регионални и меѓународни димензии.</s><s>Причини за неговото јакнење, меѓу другото, се зголеменото движење на луѓето, стоката и капиталот.</s><s>Со јакнењето на транснационалниот организиран капитал, извршителите на овие кривични дела со различни техники настојуваат да ги прикријат вистинските извори на противправно стекнатата имотна корист.</s><s>Притоа, перењето на парите и корупцијата како пратечки појави на организираниот криминал, не само што штетат на националната економија туку ги нарушуваат и основните демократски вредности во националните држави, а на меѓународен план предизвикуваат значајна дестабилизација.</s><s>Извршителите на кривичните дела од сферата на организираниот криминал настојуваат да го избегнат изрекувањето и извршувањето на кривично-правните санкции злоупотребувајќи го начелото за забрана за предавање на сопствени државјани на други држави.</s><s>Со тоа се доведуваат во прашање превентивната и репресивната функција на казненото право.</s><s>Главно средство за успешно справување со транснационалниот организиран криминал претставува ефикасната правна и правосудна соработка.</s><s>Во таа насока, Република Македонија ги има потпишано и ратификувано сите релевантни меѓународни документи во оваа област.</s><s>Исто така, Република Македонија прави значајни напори да ја доизгради институционалната и правната рамка која ќе овозможи ефикасно справување со транснационалниот организиран криминал.</s><s>Имајќи во предвид дека за успешна борба против ова зло е неопходна поширока меѓународна акција, земјите од регионот покренаа иницијатива за усогласување на правната рамка во сите држави од регионот.</s><s>Во член 4 во ставот 2 од Уставот на Република Македонија е пропишано дека на државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту да биде протеран или предаден на друга држава.</s><s>Оваа одредба претставува пречка за склучување меѓународни договори со кои што ќе биде уредена можноста за предавање на државјанин на Република Македонија на друга држава, како и предавање на државјанин на друга држава на Република Македонија заради водење на кривична постапка за сторено кривично дело од областа на организираниот криминал.</s><s>Одредени држави во регионот веќе извршија изменување на нивните устави и го воведоа Европскиот налог за апсење и пропишаа можност за потпишување билатерални договори за екстрадиција на свои државјани за дела од областа на организиран криминал, додека други држави од регионот веќе имаат покренато таква иницијатива и постапката за измена на нивните устави е во тек.</s><s>На пример, Република Хрватска го измени членот 9 од Уставот со кој што се предвидува дека државјанин на Република Хрватска не може да биде протеран од Република Хрватска, ниту може да му биде одземено државјанството, а не може да биде предаден на друга држава, освен кога мора да се изврши одлука за предавање или екстрадиција донесена во согласност со меѓународен договор или согласно прописите на Европската унија.</s><s>Врз основа на наведеното, сметаме дека заради успешно справување со транснационалниот организиран криминал и Република Македонија би требало да пристапи кон изменување на член 4 ставот 2 од Уставот на Република Македонија во кој ќе биде пропишана можност за предавање на државјанин на Република Македонија на други држави согласно меѓународен договор, за сторено кривично дело од областа на организираниот криминал.</s>
<s>ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Во член 4 во ставот 2 од Уставот на Република Македонија е пропишано дека на државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту да биде протеран или предаден на друга држава.</s><s>Со оглед дека оваа одредба претставува пречка за склучување меѓународни договори со кои што ќе биде уредена можноста за предавање на државјанин на Република Македонија на друга држава, како и предавање на државјанин на друга држава на Република Македонија заради водење на кривична постапка за сторено кривично дело од областа на организираниот криминал, се пристапува кон измени на Уставот на Република Македонија.</s><s>Имено, за таа цел, Владата на Република Македонија на Сто деведесет и втората седница, одржана на 9.11.2010 година ја разгледа Информацијата за потребата за изменување на член 4 став 2 од Уставот на Република Македонија и усвои заклучок со кој го задолжи Министерството за правда да ја започне постапката за изменување на член 4 став 2 од Уставот на Република Македонија и во рок од 30 дена до Владата на Република Македонија да достави Предлог за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија, согласно насоките дадени во оваа информација.</s><s>Потребата од наведените измени произлегува од потребата за успешно справување со организираниот криминал.</s><s>Во таа насока, досега Република Македонија презеде бројни активности.</s><s>Имено, изминативе години се формирани повеќе институции и внатрешни организациони единици во постојните институции во оваа област, меѓу кои најзначајни се: специјализираното судско Одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Агенцијата за управување со одземен имот, Секторот за организиран криминал во рамките на Министерството за внатрешни работи, Советот за заштита на сведоци и Одделението за заштита на сведоци во рамките на Министерството за внатрешни работи.</s><s>Исто така, донесени се и повеќе закони во кои се предвидени механизми за ефикасно справување со организираниот криминал.</s><s>Како позначајни механизми се посебните истражни мерки, уредени во Законот за кривичната постапка, проширената конфискација уредена во Кривичниот законик и во Законот за кривичната постапка, непроцесните и процесните мерки за заштита на сведоци уредени во Законот за заштита на сведоци и во Законот за кривичната постапка, како и управувањето со конфискуваниот имот, уредено во Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.</s><s>Со оглед на наведеното, заради обезбедување на дополнителни механизми во справувањето со организираниот криминал се предлага изменување на член 4 став 2 од Уставот на Република Македонија, во насока на пропишување уставна одредба со која врз основа на ратификуван меѓународен договор државјанин на Република Македонија би можело да биде предаден на друга држава заради гонење за кривични дела од областа на организираниот криминал, со што ќе се создаде можност и за предавање на странски државјани по истиот основ на Република Македонија.</s>
<s>ФЕВРУАРИ 2011 ГОДИНА
(ЗАКОНОДАВНАТА ПОСТАПКА НЕ Е ЗАВРШЕНА ЗАРАДИ ПРЕСТАНОК НА МАНДАТОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Група пратеници (Силвана Бонева, с.р.; Илија Китановски, с.р.; Александар Спасеноски, с.р.; Светлана Јакимовска, с.р.; Владимир Ѓорчев, с.р.; Петар Поп Арсов, с.р.; Александар Николовски, с.р.; Косана Николиќ Мазнева, с.р.; Зоран Петрески, с.р.; Илија Димовски, с.р.; Анита Кипаризова Крстевска, с.р.; Анета Стефановска, с.р.; Благородна Дулиќ, с.р.; Васко Шутаров, с.р.; Ванчо Коцев, с.р.; Веле Ѓорѓиевски, с.р.; Виолета Ташева, с.р.; Весела Честоева, с.р.; Владо Стефановски, с.р.; Горан Ѓуровски, с.р.; Дарко Димитриевски, с.р.; Даниела Иротова Лазарева, с.р.; Дарка Петрушевска, с.р.; Живко Пејковски, с.р.; Ивица Георгиевски, с.р.; Јаготка Ивановска, с.р.; Јован Гинев, с.р.; Катерина Димеска, с.р.; Крсто Мукоски, с.р.; Лилјана Затуроска, с.р.; Лидија Митева, с.р.; Марија Андоновска, с.р.; Марија Рашковска, с.р.; Марјанчо Колевски, с.р.; Миле Пачемски, с.р.; Наташа Јаневска, с.р.; Никола Котевски, с.р.; Надица Тулиева Танчева, с.р.; Нада Станчевска, с.р.; Оливера Трајановска, с.р.; Оливер Алексовски, с.р.; Панче Дамески, с.р.; Стојче Крстевски, с.р.; Саве Савески, с.р.; Соња Ѓелова Стојанова, с.р.; Соња Цветковска, с.р.; Томе Даневски, с.р.; Хрисстина Ручева, с.р.; Цена Матевска, с.р.; Цветан Трипуновски, с.р.; Цветко Грозданов, с.р.; Иван Стоилковиќ, с.р.; Ќенан Хасипи, с.р.; Лилјана Поповска, с.р.; Борислав Стојменов, с.р.; Амди Бајрам, с.р.; Авдија Пепиќ, с.р.; и Павле Трајанов, с.р.;) ПРЕТСТАВНИЦИ: Благородна Дулиќ, овластен претставник и Силвана Бонева, заменик овластен претставникПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставот наРепублика МакедонијаСкопје, февруари 2011 година Врз основа на членот 130 од Уставот на Република Македонија и членовите 193 и 194 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Ви поднесуваме Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.</s><s>За претставник на предлагачите се определува пратеникот Благородна Дулиќ.</s><s>ПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>1. Државен завод за ревизија
Во Извештојот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година, за Поглавјето 32.</s><s>Финансиска контрола, во однос на надворешната ревизија е наведено дека „Независноста на ДЗР останува да биде утврдена во Уставот“.</s><s>Ова е значајно и од аспект на исполнување на критериумите за отворање и затворање на пристапните преговори за Поглавје 32.</s><s>Финансиска контрола, утврдени од Европската комисија на 22 јуни 2006 година, каде како критериум за започнување на преговорите е утврдено „Врховната ревизиска институција (ВРИ) да има солидна основа во Уставот и да е регулирана со посебен закон;“.</s><s>Во насока на исполнување на критериумите на Европската комисија за обезбедување на независноста на Државниот завод за ревизија, во Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2011 година, како краткорочен приоритет е утврдено изготвување на предлог за пристапување за измени на Уставот на Република Македонија, со цел дефинирање на ДЗР како уставна категорија.</s><s>За реализација на овие обврски во целост и навремено предлагаме да се пристапи кон измена на Уставот на Република Македонија со дополнување со нов амандман со кој ќе се утврди уставна основа за обезбедување на независноста на Државниот завод за ревизија.</s>
<s>2. Состав на Судскиот совет на Република Македонија
Развојот на судскиот систем во Република Македонија, по осамостојувањето може да се подели на три етапи.</s><s>Во првата етапа (1991-1995 година) тој функционираше во организациона рамка од претходниот систем.</s><s>Втората етапа започна со донесувањето на Законот за судовите во 1995 година и на другите закони од областа на организацијата на судството, на материјалните и процесните закони од областа на граѓанското и кривичното право и траеше до донесувањето на уставните амандмани во делот на правосудството во 2005 година.</s><s>Во овој период посебно е значајно донесувањето на Законот за судовите.</s><s>Исто така, во 1996 година беше направен генералниот реизбор на судиите во Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија по предлог на Републичкиот судски совет.</s><s>Републичкиот судски совет е орган воведен за прв пат со Уставот на Република Македонија од 1991 година.</s><s>Републичкиот судски совет го сочинуваа седум членови кои ги избираше Собранието на Република Македонија од редот на истакнати правници.</s><s>Републичкиот судски совет имаше надлежност да му предлага на Собранието избор и разрешување на судии; да одлучува за дициплинската одговорност на судиите; да ја оценува стручноста и совесноста на судиите во вршењето на нивната функција и да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија.</s><s>Со воведувањето на овој орган беше направен значаен чекор кон афирмирањето на независната позиција на судската власт, бидејќи се овозможи во најчуствителната област (изборот и разрешувањето на судиите) оценката да ја дава стручен, а не политички орган.</s><s>Третата фаза од развојот на судскиот систем во Република Македонија започна со донесувањето на уставните амандмани од XX до XXX во делот на правосудството во 2005 година.</s><s>Наведените амандмани беа донесени врз основа на Стратегијата за реформа на правосудниот систем со Анекси, усвоена во 2004 година.</s><s>Стратегијата е поделена на два сегмента што се однесуваат на: судскиот систем и јавното обвинителство.</s><s>Кон Стратегијата се приложени и Анекси кои ги содржат основните планирани реформски зафати во пенитенцијарниот систем, јавното правобранителство, адвокатурата и нотаријатот.</s><s>Првиот дел, кои се однесува на судскиот систем, ја потенцира важноста на независноста и непристрасноста на судството и на зголемувањето на неговата ефикасност.</s><s>Како клучни точки кои ја детерминираат независноста на судството се нагласени: селекцијата, изборот и разрешувањето на судиите, нивниот тренинг и финансирањето на судството.</s><s>Зголемувањето на ефикасноста на судството претпоставува и промени во повеќе сегменти на судскиот систем, со кои треба да се остранат факторите што влијаат врз одолжувањето на постапките: слабостите во процесното законодавство, несоодветната организациона поставеност на судството, непостоењето систем за алтернативно решавање спорови и нецелосно покривање на судството со информатичка технологија.</s><s>Вториот дел ја опфаќа јавно-обвинителската организација со сите нејзини сегменти и ја нагласува потребата за надградба на уставно-правната рамка за позицијата на јавното обвинителство, во насока на обезбедување нов начин на именување на јавните обвинители, како и зголемување на ефикасноста во извршување на неговата основна функција.</s><s>Анексот број 1 посветен на пенитенцијарниот систем содржи мерки за унапредување на системот на извршување на казнено-правните и прекршочните санкции, со посебно внимание врз алтернативните мерки како нов вид санкции.</s><s>Во однос на реформата на јавното правобранителство Анексот број 2 ја идентификува потребата од дополнителна анализа со цел за утврдување на мерките што треба да бидат преземени во насока на обезбедување поефикасно извршување на основната функција за заштита на имотните права и облиците на сопственост што имаат јавно-приватен карактер.</s><s>Анексот број 3 е посветен на реформа на адвокатурата и ги содржи иструментите за унапредување на статусот на адвокатурата како јавна служба, како и на професионално-етичките стандарди за нејзина поставеност и соработка со судовите и другите органи во правец на поефикасно остварување на судската функција.</s><s>Предвидените реформски зафати во однос на нотаријатот дадени во Анексот број 4 се насочени кон унапредување на вршењето на нотарската дејност.</s><s>Основна цел на реформата во правосудството утврдена во Стратегијата беше развивање на европските стандарди во сферата на правдата.</s><s>Двата клучни столба врз кои се потпира реформата на правосудството се јакнењето на неговата независност и зголемување на ефикасноста.</s><s>Реформата на правосудството тргнува и ги има за цел следниве принципи: владеење на правото; начелото на поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска; гарантирање на независноста на судството; заштита на правата на граѓаните; гарантирање на еднаков пристап до правдата; и прифаќање на сите релевантни европски стандарди во сферата на правдата како што се Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Препораката на Советот на Европа (94) 12 за независноста, ефикасноста и улогата на судиите како и Европската повелба за статусот на судиите.</s><s>Во овие меѓународни документи се содржани основните принципи на положбата на судијата кои имаат за цел да обезбедат стручност, независност и непристрасност што секој граѓанин оправдано ги очекува од судството.</s><s>За обезбедување на овие принципи, во Европската повелба за статусот на судиите е предвидено дека секоја одлука која се однесува на селекцијата, регрутирањето, именувањето, движењето во службата или престанокот на функцијата на судија треба да биде донесена од страна на независен орган во чиј состав ќе доминираат претставници од судството.</s><s>Во областа на независноста на судството, согласно насоките дадени во Стратегијата, со уставните амандмани од 2005 година беше востановен Судскиот совет на Република Македонија.</s><s>Овој самостоен и независен орган на судството ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.</s><s>Имено, меѓу другите, клучна новина е надлежноста на Судскиот совет е да ги избира и разрешува судиите и претседателите на судовите и да ја оценува нивната работа.</s><s>Меѓу другите, во 2005 година беше усвоен Амандманот XXVIII во кој е уредена материјата за составот на членовите на судскиот совет и нивниот мандат.</s><s>Така, со наведениот амандман е пропишано дека Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган на судството.</s><s>Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.</s><s>Значајна новина во однос на Судскиот совет е неговиот состав.</s><s>Имено, мнозинство во него имаат судиите избрани од самите нив на непосредни избори.</s><s>Советот го сочинуваат петнаесет члена.</s><s>По функција членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда.</s><s>Осум члена на Советот се од редот на судиите и ги избираат судиите на тајни и непосредни избори.</s><s>Од овие осум члена тројца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.</s><s>Исто така, во Судскиот совет има и тројца членови кои ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.</s><s>Покрај наведените членови, во составот на Советот има и два члена кои ги предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.</s><s>Во однос на членовите кои не се од редот на судиите, е пропишано дека членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Македонија се од редот на универзитетските професии по право, адвокатите и други истакнати правници.</s><s>Во амандманот е уреден и мандатот на избраните членови на Судскиот совет и тој трае шест години, со право на уште еден избор.</s><s>Исто така, материјата за условите и постапката за избор, како и основите и постапката за престанок на функцијата и разрешување на член на Советот е уредена со закон.</s><s>Уставниот амандман ја уредува и материјата за неспојливост со функцијата член на Судскиот совет со вршење други функции.</s><s>Така, во него е пропишано дека функцијата избран член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.</s><s>Во Амандманот XXIX се уредени надлежностите на Судскиот совет на Република Македонија.</s><s>Имено, Судскиот совет на Република Македонија: - ги избира и разрешува судиите и судиите поротници; - утврдува престанок на судиската функција; - ги избира и разрешува претседателите на судовите; - ја следи и оценува работата на судиите; - одлучува за дициплинската одговорност на судиите; - одлучува за одземање на имунитетот на судиите; - предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите и - врши други работи утврдени со закон.</s><s>Во однос на соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците, при изборот на судиите, судиите поротници и претседателите на судовите, во Амандманот XXIX е пропишано дека ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.</s><s>Исто така, во овој амандман е пропишано дека Советот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија, чија форма, содржина и начин на усвојување се уредуваат со закон.</s><s>Заради унапредување на судскиот систем воочена е потреба за унапредување на положбата на судската власт преку имплементирање на највисоките европските стандарди.</s><s>Во таа насока, се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет на Република Македонија и зголемување на бројот на судии членови на Судскиот совет избрани од страна на судиите и преиспитување на правото за повторен избор на членовите на Судскиот совет.</s><s>Исто така, се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет и во однос на членовите по функција-министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, во насока Судскиот совет да нема членови по функција.</s><s>Наведените измени се предлагаат заради усогласување со меѓународните стандарди во областа на правосудството кои се преземени во најголемиот број европски држави.</s><s>Од тие причини предлагаме да се пристапи кон измена на Уставот на Република Македонија и во наведените насоки во поглед на Судскиот совет на Република Македонија со што цениме дека ќе се зајакне независноста и самостојноста на судската власт, посебно во процесот на избор и разрешување на судии.</s>
<s>ОБРАЗЛОЖЕНИЕ</s>
<s>1. Државен завод за ревизија
Предложеното дополнување на Уставот на Република Македонија во однос на Државниот завод за ревизија има за цел да ја зајакне независноста на Државниот завод за ревизија.</s><s>Имено, стандардите за независноста на Државниот завод за ревизија се вградени во меѓународните стандарди на врховните ревизорски институции (ISSAI), кои се применуваат во вршењето на државната ревизија во Република Македонија.</s><s>Согласно ISSAI 1-Лима Декларација во Делот 5. Независност на Врховните ревизорски институции, е наведено дека: „1. Врховните ревизорски институции може да ја исполнат својата задача објективно и ефикасно само ако се независни од субјектите на ревизија и ако се заштитени од надворешни влијанија.</s><s>2. Иако државните институции не може да бидат во целост независни бидејќи се дел од државата како целина, Врховните ревизорски институции треба да имаат функционална и организациска независност која е потребна за извршување на нивните задачи.</s><s>3. Формирањето на Врховните ревизорски институции и неопходниот степен на независност ќе биде утврдена со Уставот; деталите може да бидат утврдени и со закон.</s><s>Посебно ќе се гарантира соодветната законска заштита против било какво влијание врз независноста и ревизорскиот авторитет на Врховните ревизорски институции.“ Во однос на независноста на избраните функционери на врховните ревизорски институции, во делот 6. на ISSAI 1-Лима Декларација, се наведува: „1. Независноста на Врховните ревизорски институции е нераскинливо поврзана со независноста на нивните членови.</s><s>Членови треба да бидат оние лица кои донесуваат одлука за Врховните ревизорски институции и одговараат за таквите одлуки пред трети лица, понатаму членовите на колегијалното тело кои донесуваат одлуки или шефот (главниот ревизор) на монократски поставената Врховна ревизорска институција.</s><s>2. Независноста на членовите исто така ќе биде загарантирана со Устав.</s><s>Посебно, процедурите за отповикување, кои исто така ќе бидат втемелени во Уставот, не смеат да ја нарушат независноста на членовите.</s><s>Начинот на назначување и отповикување на членовите зависи од уставната поставеност на земјата за која станува збор.</s><s>3. Со оглед на нивната професионална кариера, ревизорите во Врховните ревизорски институции не смеат да бидат изложени на влијанија од страна на субјектите на ревизија и не смеат да бидат зависни од такви субјекти.“</s>
<s>2. Состав на Судскиот совет на Република Македонија
Со Амандманот XXVIII од 2005 година е востановен Судскиот совет на Република Македонија како самостоен и независен орган на судството кој ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.</s><s>Мнозинсто во овој орган имаат судиите избрани од самите нив на непосредни избори.</s><s>Имено, Советот го сочинуваат петнаесет члена.</s><s>По функција членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда, додека осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови.</s><s>Тројца од избраните членови од редот на судиите се припадници на заедниците кои не се мнозинсто во Република Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.</s><s>Исто така, во Судскиот совет има и тројца членови кои ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинсто во Република Македонија.</s><s>Покрај наведените членови, во составот на Советот има и два члена кои ги предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.</s><s>Во однос на членовите кои не се од редот на судиите, пропишано е дека членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Македонија се од редот на универзитетските професии по право, адвокатите и други истакнати правници.</s><s>Ваквиот состав на Судскиот совет во кој мнозинството се судии избрани на непосредни избори од сите судии во Република Македонија овозможува да се маргинализираат можните политички влијанија во работата на Судскиот совет, особено во постапката за избор и разрешување на судии.</s><s>Зголемувањето на бројот на судиите членови на Судскиот совет се предлага заради натамошно јакнење на независноста на судството.</s><s>Предност на овој модел според кој мнозинството на Судскиот совет се судии избрани од сите судии во Република Македонија има за цел да го оневожможи секое можно политичко влијание врз судството.</s><s>Исто така, предложените измени на уставот имаат за цел да се избегне секоја можна политизација во процесот на избор и разрешување на судиите, со оглед дека судиите избрани од нивните редови ќе бидат побројни во однос на другите членови.</s><s>Предложеното решение за зголемување на бројот на судиите членови на Судскиот совет би се реализирало преку измена на Амандманот XXVIII.</s><s>Во мислењето на Венецијанската комисија по Предлог амандманите од 2005 година се истакнува дека: „Предложената реформа е добродојдена, со оглед на тоа дека има за цел да постигне деполитизација на изборот и разрешувањето на судиите.</s><s>Присуството на мнозинството на судии во Судскиот совет е добродојдено …“ Во однос на учеството на министерот за правда како член во Судскиот совет, во мислењето на Венецијанската комисија по Предлог амандманите од 2005 година е наведено дека: „со цел да се сведе на минимум влијанието на извршната власт, членството на министерот за правда во Државниот судски совет може да биде земенето со право на министерот за правда да присуствува на седниците на Советот или членство без право на глас.“.</s><s>Ова прашање беше едно од најдискутабилните и поради несогласувањето на тогашната најголема опозициска партија со предложениот амандман за учество на Министерот за правда во Судскиот совет на Република Македонија, не гласаше за уставните амандмани.</s><s>Предложените решенија за зголемување на бројот на членовите во Судскиот совет од редот на судиите содржани во Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија се базираат на меѓународните стандарди во оваа област и на компаративните искуства од државите членки на Европската унија.</s><s>Имено, основните меѓународни стандарди во оваа област се содржани во следниве меѓународни документи: Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Препораката на Советот на Европа (94) 12 за независноста, ефикасноста и улогата на судиите, Мислењето број 10 (2007) на Консултативниот совет на Европски судии за судските совети, како и Европската повелба за статусот на судиите.</s><s>Во Европската повелба за статусот на судиите е истакнато дека секоја одлука која се однесува на селекцијата, регрутирањето, именувањето, движењето во службата или престанокот на функцијата на судија треба да биде донесена од страна на независен орган во чиј состав ќе доминираат претставници од судството.</s><s>Во Мислењето број 10 (2007) на Консултативниот совет на Европски судии за судиските совети се истакнува дека судските совети треба да бидат составени или исклучиво од судии или да имаат мешан состав (судии и претставници надвор од судството).</s><s>Притоа се нагласува дека доколку судските совети се со мешан состав, задолжително е значително мнозинство да го имаат судиите кои би биле избрани од нивните редови.</s><s>Во однос на членовите кои се избираат надвор од судството, во мислењето е истакнато дака тие треба да бидат избрани од редот на истакнати правници и универзитетски професори со долгогодишно искуство.</s><s>Компаративната анализа за составот на судските совети во европските држави покажува дека најголемиот број вакви органи се составени од претставници од судството и претставници надвор од судството.</s><s>Во повеќето европски држави, судските совети имаат важна улога во именување на судиите.</s><s>Ова е случај во Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Грузија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Шведска, Турција.</s><s>Само во Руската Федерација и Исланд, Врховниот суд е надлежен за именување на судиите.</s><s>Најголемиот број од судските совети во европските држави се составени од судии и претставници од надворешни професии (академици, адвокати, а понекогаш и претставници од Министерството за правда)-Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Руска Федерација, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Северна Ирска, Шкотска и Англија.</s><s>Само во неколку европски држави судските совети се составени исклучиво од судии (Кипар, Латвија, Литванија).</s><s>Исто така, редок е бројот на европски држави каде судските совети се составени исклучиво од членови со други-надворешни професии (Андора, Чешка, Луксембург, Словенија, Украина).</s><s>Генерално, компаративната анализа покажува дека судските совети даваат мислење за именување на судии и јавни обвинители, што во определени случаи е задолжително за формалните власти на кои им е доделена надлежноста за именување на судија или јавен обвинител.</s><s>Најчесто, оваа формална надлежност е доделена на извршната власт, или на Претседателот (Франција, Унгарија, Литванија, Луксембург, Молдавија, Монако, Романија) или на Владата (Малта, Шведска).</s><s>Именувањата од страна на законодавната власт се поретки (Србија, Словенија).</s><s>Во другите земји, има судски Комисии или совети надлежни за именување (Данска, Финска, Ирска, Латвија, Норвешка, Полска).</s><s>Мнозинство од овие совети се составени од судии и правни практичари.</s><s>Често советите се надлежни за подготовка на предлози за именување.</s><s>Овие предлози се адресираат до министерствата за правда или парламентите кои се надлежни за формална номинација/ именување на судии.</s><s>Меѓутоа, во Финска именувањето на судиите е во надлежност на Претседателот по препорака од Министерството за правда на номинација од страна на Одборот за судски именувања.</s><s>Исто така, се забележува дека во Швајцарија, судиите на Врховните кантонски судови и на Федералниот суд генерално се именувани од страна на кантонските парламенти и Федералниот Парламент, додека пак судиите на основните судови се именувани од страна на судиите од Врховните кантонски судови.</s><s>Врз основа на наведеното се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет преку зголемување на членовите од редот на судиите избрани на тајни и непосредни избори од судиите и преиспитување на правото на повторен избор на членовите на Судскиот совет.</s><s>Исто така, се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет и во однос на членовите по функција-министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, во насока Судскиот совет да нема членови по функција.</s><s>Овие измени се предлагаат заради усогласување со меѓународните стандарди во областа на правосудството кои се преземени во најголемиот број европски држави.</s>
<s>ПРИЛОГ 1
КОМПАРАТИВНИ ИСКУСТВАПРЕГЛЕД ЗА ОДРЕДБИТЕ ЗА ДРЖАВНИТЕРЕВИЗОРСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ Решенијата кои ги предлагаме се засновани и на анализите на законодавството на неколку држави во кои државната ревизија од аспект на самостојноста и независноста е предвидена како уставна категорија, за што приложуваме извадоци од уставите на неколку држави.</s><s>ЧЕШКА РЕПУБЛИКА„Член 97 од Уставот: 1. Државниот завод за ревизија е независно тело.</s><s>Тој ќе врши ревизија на управувањето со државниот имот и спроведувањето на Државниот Буџет.</s><s>2. Претседателот и неговиот заменик ќе ги назначува Претседателот на Републиката на предлог од Комората на депутатите.</s><s>3. Статусот, јуриздикцијата, организационата структура и други детали во однос на Државниот завод за ревизија ќе бидат дефинирани со закон.“УНГАРИЈАИзвадоци од Уставот: „Парламентот ги избира Претседателот на Републиката, Премиерот, Претседателот и потпретседателите на Државниот завод за ревизија со двотретинско мнозинство од гласовите.</s><s>За изгласување на Законот за организација и принципите на работа на Државниот завод за ревизија потребно е двотретинско мнозинство од присутните пратеници.“ПОЛСКА„Член 202 од Уставот: 1. Врховната државна ревизорска институција ќе биде главен орган на државна ревизија.</s><s>2. Врховната државна ревизорска институција ќе биде потчинета на Собранието.</s><s>3. Врховната државна ревизорска институција ќе дејствува во согласност со принципите на колегијалност.</s><s>Член 207 од Уставот: Организацијата и начинот на работа на Врховната државна ревизорска институција ќе бидат специфицирани со статут.“ХОЛАНДИЈАГлава 4 од Уставот во насловот:„Совет на Државата, Суд за ревизија и постојани советодавни телаЧлен 76 Судот за ревизија ќе биде одговорен за испитување на државните приходи и трошоци.</s><s>Член 78 1. Организацијата, составот и надлежноста на Судот ќе бидат регулирани со закон на Парламентот.</s><s>2. Дополнителни задачи на Судот може да бидат додадени со закон на Парламентот.“ЕСТОНИЈАИзвадоци од Уставот: „132.</s><s>Државниот завод за ревизија во своите активности ќе биде независно државно тело одговорно за економска контрола.</s><s>137.</s><s>Организацијата на Државниот завод за ревизија ќе биде регулирана со закон.</s><s>138.</s><s>Криминално обвинение против Главниот ревизор може да се покрене само на предлог на Легалниот канцелар и со согласност на мнозинството членови на Парламентот.“АВСТРИЈАЧлен 122 од Уставот: center„Независност и состав на Судот за ревизијаcenter 1. Судот за ревизија ќе биде дирекно потчинет на Парламентот, ќе работи како орган на Националниот совет.</s><s>2. Судот за ревизија ќе биде независен од Федералната влада и ќе биде предмет на одредбите на законот.</s><s>3. Претседателот на Судот за ревизија го избира Националниот совет по номинирање од страна на нејзината Работна комисија на период од 12 години без право на реизбор.</s><s>Пред преземањето на должноста, Претседателот на Судот за ревизија дава службена заклетва пред Претседателот на Републиката.“АЛБАНИЈА„Член 162 од Уставот: 1. Врховната државна контрола е највисоката институција за економска и финансиска контрола.</s><s>Таа е предмет на регулирање од страна на Уставот и законите.</s><s>2. Шефот на институцијата го назначува и отповикува Собранието на предлог од Претседателот на Републиката со мандат од 7 години со право на реизбор.</s><s>Член 165 1. Главниот на Врховната државна контрола може да биде поканет да учествува на состаноците на Советот на министри кога се разгледуваат прашања од неговата надлежност.</s><s>2. 1. Главниот на Врховната државна контрола има имунитет на член на Врховниот суд.“</s>
<s>ПРИЛОГ 2
КОМПАРАТИВНИ ИСКУСТВАПРЕГЛЕД НА СОСТАВОТ НА СУДСКИТЕ СОВЕТИВО ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИРепублика Словенија: Судски совет Судскиот совет во Словенија е составот од 11 членови.</s><s>Националното собрание избира 5 членови по предлог на Претседателот на Република Словенија од редот на истакнати универзитетски професори по право, адвокати и други правни застапници.</s><s>Останатите 6 члена се избираат од редот на судиите од страна на сите судии.</s><s>Еден од членовите на Судскиот совет се избира да ја извршува функцијата Претседател на истиот.</s><s>Република Италија: Врховен судски совет Врховниот судски совет е самостоен и независен орган кој ја обезбедува судската независност, ги регулира најважните активности неопходни за вршење на неговите надлежности и изрекува дициплински санкции.</s><s>Составен е од Претседателот на државата, кој претседава со истиот и генерално има помош од страна на Заменик Претседателот, избран од членовите на советот.</s><s>Претседателот на Касационен суд и Касациониот Генерален Јавен Обвинител, како и 24 други членови од кои, 1/3 се избрани од страна на Парламентот и 2/3 се избрани од редовните судии.</s><s>Министерот за правда не е член на Советот, но може да присуствува на седници кога треба да даде објаснување или некоја информација, без право на глас.</s><s>Португалија: Врховен судски совет Именувањето на судиите е во надлежност на Врховниот судски совет, кој исто така има надлежност да именува, распределува и унапредува судии како и да изрекува дициплински санкции во согласност со законот.</s><s>Именувањето, доделувањето, распоредувањето и унапредувањето на судиите во управните и даночните судови, како и дициплинските постапки се во надлежност на Врховниот судски совет.</s><s>Судиите за второстепените судови се регрутираат од редот на судиите во првостепените судови врз основа на мерит систем, преку конкурентно поднесување резимеа.</s><s>Пристапот до Врховниот суд е на основа на конкурентно поднесување резимеа и е отворен за судии, јавни обвинители и други правни професии.</s><s>Со Врховниот судски совет претседава Претседателот на Врховниот суд на правдата, а е составен од двајца членови кои се наименувани од Претседателот на Републиката од кои еден е судија, 7 членови кои се избрани од Собранието и седум судии кои се избрани од судовите во согласност со пропорционален модел.</s><s>Во Врховниот судски совет со закон може да биде утврдено учество на правосудни службеници избрани од страна на судовите.</s><s>Тие се избираат за посебни прашања на расправа и гласање кои се однесуваат на одредувањето на нивните професионални заслуги и утврдувањето на нивната дициплинска одговорност.</s><s>Франција: Висок Правосуден Совет Високиот Правосуден Совет е составен од два совета.</s><s>Судски Совет, составен од 5 судии и 1 јавен обвинител и Обвинителски Совет, составен од 5 јавни обвинители и 1 судија.</s><s>Мандатот на членовите трае 4 години со право на реизбор.</s><s>Покрај наведените членови од редот на судиите и јавните обвинители, Високиот правосуден совет број и 8 членови од кои 1 е државен советник именуван од Државниот совет, 1 активен адвокат и 6 истакнати граѓани кои не се членови ниту на Парламентот ниту на правосудството, а од кои два именува Претседателот на Републиката, 2 именува Претседателот на Народното Собрание и 2 именува Претседателот на Сенатот.</s><s>Шпанија: Општ совет на судска власт Општиот совет на судската власт во Шпанија не е тело со правни надлежности, туку контролно и организационо тело на шпанското судство кое меѓу другото има функција да избира Претседател на Врховниот суд, именува судии, а со претходна процена на Министерот за правда и судии во Врховниот суд, претседатели на судови и магистрати.</s><s>Исто така има надлежност да воспоставува и одржува дициплински правила и постапки за судиите и магистратите.</s><s>Општиот совет на судската власт е составен од 20 членови именувани од страна на Кралот по процена на Министерот за правда врз основа на предлози од двата дома на Националниот Парламент, именувани за период од 5 години без право на реизбор.</s><s>Од 12 членови, активни судии и магистрати, 6 предлага Сенатот, а 6 предлага Конгресот со 3/5 од мнозинството на нивните членови.</s><s>Овие членови се предлагаат од листа на 36 судии и магистрати предложени од страна на професионални здруженија кои застапуваат најмалку 2% од активните судии и магистрати.</s><s>Останатите 8 членови се од редот на истакнати адвокати и правници со повеќе од 15 години активна служба, од кои 4 на предлог на Сенатот и 4 на предлог на Конгресот.</s><s>Романија: Врховен правосуден совет Согласно измените на Уставот, во член 132 е додадена улогата на Врховниот правосуден совет како гарант на независноста на правдата.</s><s>Советот го сочинуваат 19 членови од кои: 9 судии и 5 јавни обвинители, избрани на генерално собрание на судиите и јавните обвинители кои ги сочинуваат двата совета: Судски совет и Обвинителски совет; 2 претставници на граѓанското општество, специјалисти во областа на право, кои уживаат висок морален и професионален углед, избрани од страна на Сенатот.</s><s>Претседателот на Високиот Касационен суд, претставник на судската власт, Министерот за правда и Генералниот Јавен обвинител кои се членови на Советот по функција.</s><s>Мандатот на членовите е 6 години.</s><s>Кога Претседателот на државата учествува на состаноците, тој претседава со Советот без право на глас.</s><s>Хрватска: Државен судски совет Државниот Судски Совет, во согласност со Уставот и законите ги именува и разрешува судиите и исто така решава за дициплинската одговорност на судиите.</s><s>Советот е составен од 11 членови избрани од редот на истакнати судии, адвокати и универзитетски професори, каде мнозинството на членовите мора да бидат од редот на судиите.</s><s>Претседателите на судовите не можат да бидат избрани за членови на Советот.</s><s>Надлежностите и постапката на Државниот судски совет се пропишани со закон.</s><s>Бугарија: Врховен Судски Совет Врховниот судски совет ги избира, унапредува, казнува, прераспределува и разрешува судиите, обвинителите и истражните судии.</s><s>Советот е составен од 25 члена.</s><s>По функција во составот на Советот влегуваат и Претседателот на Врховниот Касационен Суд, Претседателот на Врховниот Административен Суд и Државниот Јавен Обвинител.</s><s>Како лица кои можат да бидат избрани за членови се правници кои имаат висок професионален и морален интегритет со најмалку 15 години професионално искуство.</s><s>11 члена ги избира Собранието, а другите 11 се избираат од страна судските органи.</s><s>Избраните членови имаат мандат од 5 години без право на реизбор веднаш по истекување на мандатот.</s><s>Состаноците на Советот ги води Министерот за правда без право на глас.</s><s>Холандија: Правосуден совет Правосудниот совет на Холандија е дел од правосудниот систем но не управува со правосудството како такво.</s><s>Советот има преземено обврски за многу задачи од Министерството за правда.</s><s>Овие задачи се оперативни по природа и опфаќаат алокација на буџетот, контрола над управувањето со финансиите, персонална политика, ИКТ и слично.</s><s>Советот ги поддежува судовите во извршувањето на задачите од овие области.</s><s>Друга основна задача на Советот е да промовира квалитет во правосудството и да дава совети за новата легислатива која има импликации на управувањето во правосудството.</s><s>Составен е од 4 члена од кои 2 доаѓаат од правосудството, а 2 претходно биле на високи позиции во Владините сектори.</s><s>Советот има Биро кое ги помага сите активности и врши подготвителни работи кои ќе бидат потребни.</s><s>Членовите на Советот се номинираат со кралски декрет, одлука на кабинетот врз основа на листа на препораки дадени од Министерството за правда.</s><s>Оваа листа ја составува Министерството за правда во согласност со Советот по претходни консултации во правосудниот систем.</s><s>Членовите се избираат за период од 6 години со можност за уште еден мандат од 3 години.</s><s>Белгија: Висок Совет на правдата Кралот ги избира судиите по номинација од страна на Високиот Совет на правдата преку Министерството за правда.</s><s>Високиот Совет игра одлучувачка улога во именувањето на членовите во правосудството постапувајќи објективно и без партиски влијанија.</s><s>Советот е составен од 44 членови од кои 22 се судии и јавни обвинители избрани од самите судови и јавните обвинителства, а 22 се надворешни членови, од кои 4 се адвокати членови на Адвокатската комора најмалку 10 години, 3 се универзитетски професори со минимум 10 години професионално искуство, и 4 со универзитетска или еквивалентна диплома и десет години професионално искуство (претставници на медиумите, јавниот сектор, владата, бизнис заедницата и така натаму).</s><s>Данска: Правосуден совет за именување Правосудниот совет за именување поднесува препораки до Министерството за правда за сите именувања во правосудството освен за Претседателот на Врховниот суд.</s><s>Во пракса, Министерството за правда секогаш ги следи препораките на Советот.</s><s>Правосудниот совет за именувања е независен совет чии членови ги именува министерот за правда врз основа на мислењата на Врховниот суд, високите судови, Здружението на дански судии, Генералниот совет на данската адвокатура и правно општество, Националното здружение на локалните власти и Данското здружение за едукација.</s><s>Советот е составен од 6 члена од кои, 1 судија од Врховниот суд (претседавач), судија од висок суд (заменик-претседавач), окружен судија, адвокат и двајца претставници на јавноста.</s><s>Унгарија: Национален Совет на правдата Назионалниот Совет на правдата е уставна организација формирана со цел да обезбеди независност на правосудството.</s><s>Советот се наоѓа во централна позиција одржувајќи јасна поделба на законодавната, судската и извршната власт.</s><s>Меѓу основните функции на Советот се да врши именување и разрешување на претседателите на судовите и да дава препораки на Претседателот на државата за именување и разрешување на судии.</s><s>Националниот Совет на правдата има вкупно 15 члена, од кои 9 се судии со мандат од 6 години избрани од страна на судиите.</s><s>Останатите членови се членови по функција и тоа: Претседателот на Врховниот суд, 3 членови избрани од Министерот за правда, Главниот Јавен Обвинител и Претседателот на Адвокатската комора, како и два члена избрани од Собранието предложени од страна на Уставно-Судската Комисија и Буџетско-финансиската Комисија.</s><s>Велика Британија: Судска Комисија за именување Судската Комисија за именување е независна комисија што ги избира кандидатите за судска служба во судовите и трибуналите во Англија и Велс и за некои трибунали чии надлежности се проширени и на територијата на Шкотска и Северна Ирска.</s><s>Комисијата е составена од 15 члена.</s><s>Само 3 од овие члена ги избира Советот на судии, а останатите членови се избираат преку отворен повик за претставници на правосудството, правната професија, трибунали и јавноста.</s><s>Грција: Врховен Судски Совет Врховниот судски совет донесува одлуки за унапредување, доделување на обврски, преместување и преместување на друга служба на судиите со претседателски декрет.</s><s>Овој совет е составен од Претседателот на Врховниот суд и од членовите на истиот суд избрани по пат на ждрепка од оние судии кои работат во судот најмалку две години.</s><s>Јавниот обвинител на Врховниот граѓански и кривичен суд учествува во Советот за прашања кои се однесуваат на граѓанската и кривичната постапка.</s><s>Генералниот претставник на државата во Ревизиониот суд учествува во самата работа на Судскиот совет.</s><s>Кипар: Висок суд на правдата Високиот суд на правдата во Кипар е составен од 4 члена од кои 2 се грчки судии, 1 турски судија и 1 неутрален судија.</s><s>Неутралниот судија истовремено е и Претседател на судот и има право на глас како за двајца.</s><s>Претседателот и останатите судии на овој суд се именуваат од страна на Претседателот и Потпретседателот на државата.</s><s>Неутралниот судија не е државјанин односно граѓанин на Република Грција ниту на Република Турција.</s><s>Членовите на овој суд се избираат од редовите на истакнати адвокати кои имаат високи морали и професионални стандарди.</s><s>Временскиот период за кој се избираат судиите е 6 години.</s><s>Естонија: Комисија за испитување на судиите/Врховен суд Судиите се избираат од страна на Комисијата за испитување на судиите која ги испитува апликациите на кандидатите за судии.</s><s>Оваа комисија е составена од 3 окружни судии и 3 судии од регионалните судови, именувани од страна на Генералната Конференција на судии, 3 судии од Врховниот суд, претставник од Министерството за правда номиниран од министерот, и претставник од Правниот Факултет при Универзитетот на Тарту.</s><s>Резултатите од испитот се презентираат на Врховниот суд кој врз основа на тоа ги избира кандидатите за судии за окружните и регионалните судови и предлага најмногу до 3 кандидати за секое место.</s><s>Врз основа на наведените предлози Претседателот на државата донесува одлука за именување.</s>
<s>ПРИЛОГ 3
ЕВРОПСКА КОМИСИЈАБрисел, 9 ноември 2010 годинаСЕЦ (2010) 1332РАБОТЕН ДОКУМЕНТ НА СЛУЖБИТЕ НА КОМИСИЈАТАИЗВЕШТАЈ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2010во прилог наСООПШТЕНИЕТО НАКОМИСИЈАТА ДО ЕВРОПСКИОТПАРЛАМЕНТ И ДО СОВЕТОТСтратегија за проширување и главни предизвици 2010-2011(КОМ (2010) 660) Секретаријатот за европски прашања интервенираше во текстот заменувајќи ја референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“ со уставното име „Република Македонија“.</s><s>Извадок од 2. Политички критериумиПравосуден систем Постигнат е ограничен напредок во спроведувањето на реформата во судството, што е клучен приоритет на Партнерството за пристапување.</s><s>Во однос на независноста на судството, не е постигнат понатамошен напредок во обезбедувањето на тоа постојните законски одредби да бидат спроведени во пракса.</s><s>Улогата на Министерот за правда во Судскиот совет сериозно загрижува во однос на мешањето на извршната власт во работата на судството.</s><s>Не се јасно дефинирани границите помеѓу основата за дициплинска постапка и основата за судско разгледување.</s><s>Потребни се дополнителни напори со цел да се обезбеди оценувањето на професионалната способност на судиите да не се врши примарно врз основа на квантитативни критериуми, како што е стапката на изменети пресуди, туку и врз основа на квалитативни критериуми со согласност со препораките на Советот на Европа.</s><s>Назначувањата на некои од членовите на Судскиот совет не беа во согласност со востановените критериуми.</s>
<s>ПРИЛОГ 4
СТРУКТУРА НА СУДСКИОТ СОВЕТ Врховен суд на Република Македонија-1 член; Виш управен суд-1 член; Управен суд-1 член; Апелационо подрачје Скопје-1 член; Апелационо подрачје Битола-1 член; Апелационо подрачје Штип-1 член; Апелационо подрачје Гостивар-1 член; Припадници на заедниците кои не се мнозинство-3 члена; Собрание на Република Македонија-по предлог на Комисијата за избор и именување (Бадентерово мнозинство)-3 члена; Собрание на Република Македонија-по предлог на Претседателот на Република Македонија (еден припадник на заедниците кои не се мнозинство)-2 члена; Вкупно членови: 15 Членови од судството: 10 Членови надвор од судството: 5</s>
<s>АПРИЛ 2012 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО НЕ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Група пратеници (Радмила Шекеринска, с.р.; Гордан Георгиев, с.р.; Наташа Савова, с.р.; Игор Ивановски, с.р.; Тања Томиќ, с.р.; Ана Павловска Данева, с.р; Оливер Спасовски, с.р.; Горан Минчев, с.р.; Благоја Стојановски, с.р.; Самка Ибраимоски, с.р.; Драгиша Милетиќ, с.р.; Марјанчо Николов, с.р.; Маринела Тушева, с.р.; Емилијан Станковиќ, с.р.; Билјана Казанџиска, с.р.; Миле Андонов, с.р.; Голубчо Ангелов, с.р.; Станка Анастасова, с.р.; Андреј Петров, с.р.; Панче Орцев, с.р.; Горан Сугарески, с.р.; Цветанка Иванова, с.р.; Саве Марачков, с.р.; Светлана Мазгалоска Вучетиќ, с.р.; Борче Ставров, с.р.; Јани Макрадули, с.р.; Весна Бендевска, с.р.; Митре Велјаноски, с.р.; Ердоган Сарач, с.р.; Дивна Јофковска Ефтимоска, с.р.; Менде Диневски, с.р.; Стојко Пауновски, с.р.; Тито Петковски, с.р.; Горан Мисовски, с.р.; Соња Мираковска, с.р.; Николче Ацевски, с.р.; Рејхан Дурмиши, с.р.; Фијат Цаноски, с.р.; Ленче Николовска, с.р.; Мевмет Џемајлоски, с.р.; Сафет Бишевац, с.р.; и Ивон Величковски, с.р.;) ПРЕСТАВНИЦИ: Ана Павловска Данева, овластен претставник и Радмила Шекеринска, заменик овластен претставникПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставотна Република МакедонијаСкопје, април 2012 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија и членовите 193 и 194 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Ви поднесуваме Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.</s><s>ПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Причината за изменување на Уставот на Република Македонија е со цел да се обезбеди уставна можност за повратно дејство на законите со кои се уредува кривичното гонење и извршувањето на казните за делата поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатијата со општествен и државен капитал во Република Македонија.</s><s>Исто така да се создаде можност да нема застареност за овие кривични дела.</s><s>Во таа насока предлагаме да се дополни членот 52 став 4 на Уставот на Република Македонија каде е наведено дека законите и другите акти немаат повратно дејство.</s><s>На тој начин ќе се овозможи со оваа уставна одредба да нема застарување на кривичното гонење и извршувањето на казните за кривични дела поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатија со општествен и државен капитал.</s><s>Заради тоа предлагаме пратениците на Собранието на Република Македонија да ја прифатат иницијативата за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија во насока на создавање уставен основ за процесирање на кривичните дела кој се однесуваат на трансформацијата или продажбата на претпријатија со општествен и државен капитал.</s>
<s>ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Со предложеното изменување на Уставот на Република Македонија се предлага создавање на уставна можност за повратно дејство на законите со кои се уредува кривичното гонење и извршувањето на казните за делата поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатијата со општествен и државен капитал во Република Македонија.</s><s>Со тоа ќе се овозможи расчистување на сомневањата околу криминалното постапување во текот на процесите на приватизација и казнување на сторителите на тешки кривични дела во текот на трансформација и продажба на претпријатијата со општествен и државен капитал.</s><s>Оваа одредба не го нарушува принципот на законитост бидејќи не предлага измена на описот на кривичните дела и видот и висината на казната.</s><s>Предложените измени ќе бидат основ за продолжување на роковите за застарување на кривичното гонење и извршување на казните за одредени противзаконити дела направени во процесот на приватизација односно продажба на претпријатијата со општествен односно државен капитал, а нема да биде основа за ретроактивно воведување на нови кривични дела или нови санкции.</s><s>Овие измени на Уставот на Република Македонија ќе овозможат уставна можност за повратно дејство на законите со кои се уредува кривичното гонење и извршувањето на казните за делата поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатијата со општествен и државен капитал во Република Македонија.</s><s>Согласно Уставот на Република Македонија, меѓународните документи и компаративното право, продолжувањето на роковите за застареност, во случај кога застарувањето на кривичното гонење или извршувањето на казните не настапило не претставува повреда на начелото на законитост.</s><s>Што се однесува за делата за кои веќе настапила застареност, овој амандман не содржи дефинитивни решенија, туку остава можност доколку праксата и толкувањата на Европскиот суд за човекови права тоа го овозможи, со Кривичниот законик да се овозможи примена на уставниот амандман и врз нив.</s>
<s>АВГУСТ 2013 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО НЕ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Група пратеници (Силвана Бонева, с.р.; Илија Китаноски, с.р.; Александар Спасеновски, с.р.; Светлана Јакимовска, с.р.; Владимир Ѓорчев, с.р.; Антонијо Милошоски, с.р.; Александар Николоски, с.р.; Косана Николиќ Мазнева, с.р.; Илија Димовски, с.р.; Благородна Дулиќ, с.р.; Веле Ѓорѓиевски, с.р.; Надица Танчева Тулиева, с.р.; Нада Станчевска, с.р.; Ане Лашкоска, с.р.; Бети Кузмановска, с.р.; Васко Пашовски, с.р.; Панче Дамески, с.р.; Весна Пемова, с.р.; Димитар Стевананџија, с.р.; Драган Цуклев, с.р.; Ѓорѓи Коџабашиев, с.р.; Лилјана Затуроска, с.р.; Лилјана Кузмановска, с.р.; Драган Настески, с.р.; Миле Пачемски, с.р.; Сузана Анова, с.р.; Нада Ципушева, с.р.; Павле Саздов, с.р.; Ромео Тренов, с.р.; Ристо Манчев, с.р.; Милорад Додевски, с.р.; Михаило Џолонга, с.р.; Светлана Карапетрова, с.р.; Славе Гошев, с.р.; Христина Рунчева, с.р.; Васко Мицевски, с.р.; Харалампие Шокаровски, с.р.; Цена Матевска Дуза, с.р.; Јордан Пачков, с.р.; Трајчо Димков, с.р.; Елена Павлова, с.р.; Диме Маџовски, с.р.; Васил Пишев, с.р.; Тони Трајановски, с.р.; Дарко Димитриески, с.р.; Марија Рашковска, с.р.; Борислав Стојменов, с.р.; Павле Трајанов, с.р.; Иван Стоилковиќ, с.р.; и Ќенан Хасипи, с.р.;) ПРЕТСТАВНИЦИ: Владимир Ѓорчев, овластен претставник и Силвана Бонева, заменик овластен претставникПРЕДЛОГза пристапување кон измена на Уставотна Република МакедонијаСкопје, август 2013 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија и членовите 193 и 194 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Ви поднесуваме Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија.</s><s>ПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во функционирањето на уставниот систем на Република Македонија од донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 до денес, се наметнува потребата од јасно и прецизно уставно дефинирање на бракот како заедница исклучиво на еден маж и една жена.</s><s>Со Уставот на Република Македонија во членот 40 ставот 1 и 2 е утврдено дека „Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.</s><s>Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон“.</s><s>Измените на Уставот на Република Македонија ќе овозможат прецизно дефинирање на брачната и вонбрачната заедница, поради што се наметнува потребата од измена на овој член и тоа во насока со кој ќе се утврди дека бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена, како и дека вонбрачната заедница е заедница исклучиво на еден маж и една жена.</s><s>Воедно, треба да се уреди прашањето дека ниту една друга заедница на живот освен уставно дефинираната брачна заедница помеѓу еден маж и една жена не може да произведува правни дејствија и последици во Република Македонија.</s><s>Уставната заштита и јасната дефиниција на бракот ќе овозможи натамошна заштита на децата и афирмација на нивното воспитување во семејна средина каде носачки дел се родителите, односно таткото и мајката, со истовремена поддршка на улогата на самохраните родители.</s><s>Воедно, децата без родители можат да бидат посвојувани исклучиво во брачна заедница на еден маж и една жена, како и од самохрани родители.</s>
<s>ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Со член 40 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија е утврдено дека „Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.</s><s>Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон“.</s><s>Според член 6 од Законот за семејство е дефиниран бракот и тоа: „Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.</s><s>Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање“.</s><s>Според член 5 од Законот за спречување и заштита од дискриминација е дефиниран бракот и тоа: „Бракот е заедница на живот исклучиво на еден маж и една жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството“.</s><s>Со измената на Уставот, оваа правна положба на брачната институција уставно треба да се дефинира како заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.</s><s>Истовремено, треба да се уреди прашањето дека ниту една друга заедница на живот освен уставно дефинираната брачна заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена нема да произведува правни дејствија и последици во Република Македонија.</s><s>Семејството, бракот, мајчинството, татковството и грижата за децата се меѓу најважните морални обврски.</s><s>Бракот како заедница е соочен со предизвиците на современото време, обидите за негово редефинирање, деинституционализација и негова постепена маргинализација.</s><s>Ова е особено важно ако се има предвид дека бракот има огромен ефект врз односите во семејството, врз сопружниците и врз децата, а со самото тоа и врз целото општество и вкупните состојби во општеството.</s><s>Бракот треба да биде заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена, а целта на бракот е емоционална, духовна, физичка и материјална заедница на мажот и жената, како сопруг и сопруга, во цврста и стабилна меѓусебна заедница, базирана врз принципите на рамноправност, доверба и взаемна почит, помагање и разбирање, што како вредности се пренесуваат кон идните поколенија, во согласност со правните прописи на државата.</s><s>Бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена е составен дел од човечката историја, претставува константа и многувековна традиција на овие простори.</s><s>Бракот е еден од основните столбови на општеството.</s><s>Вака дефинираниот брак исклучиво како заедница на еден маж и една жена во Уставот на Република Македонија ќе придонесе институцијата брак да биде дополнително афирмирана и промовирана во нашето општество.</s><s>Поради исклучителната улога што ја имал во развојот на општествата, бракот станал исклучително значајна форма на правна врска.</s><s>Моралните, етичките и верските начела на сите религии во Република Македонија го определуваат бракот како заедница на еден маж и на една жена.</s><s>Од сите овие причини, Република Македонија треба со уставни механизми да ја определи и да ја заштити традиционалната дефиниција за бракот, со јасна поддршка за семејните вредности.</s><s>На тој начин бракот како заедница ќе биде заштитен, промовиран, афирмиран и јасно дефиниран.</s>
<s>ЈУНИ 2014 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ЗАКОНОДАВНАТА ПОСТАПКА НЕ Е ЗАВРШЕНА ВО НАРЕДНИТЕ ФАЗИ ЗА ДАНЕСУВАЊЕ НА АМАНДМАНИ ЗАРАДИ ПРЕСТАНОК НА МАНДАТОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: д-р Аднан Јашари, министер за правда и Билјана Бришковска Бошковски, заменик на министерот за правдаПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАСОНАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НАУСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАСкопје, Јуни 2014 година Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 27.06.2014 година одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесеПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНАНА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАСОНАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ</s>
<s>НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>1. НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во членот 60 од Уставот на Република Македонија е пропишано дека Народната банка на Република Македонија е емисиона банка.</s><s>Народната банка е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство.</s><s>Организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон.</s><s>Целта на овие измени на Уставот е да се интервенира во називот на оваа институција во насока на нејзино реименување во Банка на Република Македонија.</s>
<s>2. ДЕФИНИРАЊЕ НА БРАКОТ КАКО ЗАЕДНИЦА ИСКЛУЧИВО МЕЃУ САМО ЕДНА ЖЕНА И САМО ЕДЕН МАЖ
Во функционирањето на уставниот систем на Република Македонија од донесувањето на Уставот на Република Македонија од 1991 година до денес, се наметнува потребата од јасно и прецизно уставно дефинирање на бракот како заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж.</s><s>Со Уставот на Република Македонија со членот 40 ставот 1 и 2 е утврдено дека „Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.</s><s>Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон“,.</s><s>Измените на Уставот на Република Македонија ќе овозможат попрецизно дефинирање на брачната заедница, поради што се наметнува потребата од измена на овој член и тоа во насока со кој ќе се утврди дека бракот е заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж.</s>
<s>3. УСТАВНА ЖАЛБА
Во Република Македонија не постои институтот уставна жалба.</s><s>Имено, во надлежностите на Уставниот суд на Република Македонија, меѓу другите, се утврдени и оние кои се однесуваат на заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.</s>
<s>4. СОСТАВ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Развојот на судскиот систем во Република Македонија, по осамостојувањето може да се подели на три етапи.</s><s>Во првата етапа (1991 - 1995 година) тој функционираше во организациона рамка од претходниот систем.</s><s>Втората етапа започна со донесувањето на Законот за судовите во 1995 година и на другите закони од областа на организацијата на судството, на материјалните и на процесните закони од областа на граѓанското и кривичното право и траеше до донесувањето на уставните амандмани во делот на правосудството во 2005 година.</s><s>Во овој период посебно е значајно донесувањето на Законот за судовите.</s><s>Исто така, во 1996 година беше направен генералниот реизбор на судиите во Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија по предлог на Републичкиот судски совет.</s><s>Републичкиот судски совет е орган воведен за прв пат со Уставот на Република Македонија од 1991 година.</s><s>Републичкиот судски совет го сочинуваа седум членови кои ги избираше Собранието на Република Македонија од редот на истакнати правници.</s><s>Републичкиот судски совет имаше надлежност да му предлага на Собранието избор и разрешување на судии; да одлучува за дисциплинската одговорност на судиите; да ја оценува стручноста и совесноста на судиите во вршењето на нивната функција и да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија.</s><s>Со воспоставувањето на овој орган беше направен значаен чекор кон афирмирањето на независната позиција на судската власт, бидејќи се овозможи во најчувствителната област (изборот и разрешувањето на судиите) оценката да ја дава стручен, а не политички орган.</s><s>Третата фаза од развојот на судскиот систем во Република Македонија започна со донесувањето на уставните амандмани од XX до XXX во делот на правосудството во 2005 година.</s><s>Наведените амандмани беа донесени врз основа на Стратегијата за реформа на правосудниот систем со Анекси, усвоена во 2004 година.</s><s>Стратегијата е поделена на два сегмента што се однесуваат на: судскиот систем и јавното обвинителство.</s><s>Кон Стратегијата се приложени и Анекси кои ги содржат основните планирани реформски зафати во пенитенцијарниот систем, јавното правобранителство, адвокатурата и нотаријатот.</s><s>Првиот дел, кој се однесуваше на судскиот систем, ја потенцира важноста на независноста и непристрасноста на судството и на зголемувањето на неговата ефикасност.</s><s>Како клучни точки кои ја детерминираат независноста на судството се нагласени: селекцијата, изборот и разрешувањето на судиите, нивниот тренинг и финансирањето на судството.</s><s>Зголемувањето на ефикасноста на судството претпоставува и промени во повеќе сегменти на судскиот систем, со кои треба да се отстранат факторите што влијаат врз одолжувањето на постапките: слабостите во процесното законодавство, несоодветната организациона поставеност на судството, непостоењето систем за алтернативно решавање спорови и нецелосно покривање на судството со информатичка технологија.</s><s>Основна цел на реформата во правосудството е развивање на европските стандарди во сферата на правдата.</s><s>Двата клучни столба врз кои се потпира реформата на правосудството се јакнењето на неговата независност и зголемување на ефикасноста.</s><s>Реформата на правосудството тргнува и ги има за цел следниве принципи: владеење на правото; начелото на поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска; гарантирање на независноста на судството; заштита на правата на граѓаните; гарантирање на еднаков пристап до правдата; и прифаќање на сите релевантни европски стандарди во сферата на правдата како што се Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Препораката на Советот на Европа (2010) 12 за независноста, ефикасноста и одговорнста на судиите како и Европската повелба за статусот на судиите.</s><s>Во овие меѓународни документи се содржани основните принципи на положбата на судијата кои имаат за цел да обезбедат стручност, независност и непристрасност што секој граѓанин оправдано ги очекува од судството.</s><s>За обезбедување на овие принципи, во Европската повелба за статусот на судиите е предвидено дека секоја одлука која се однесува на селекцијата, регрутирањето, именувањето, движењето во службата или престанокот на функцијата на судија треба да биде донесена од страна на независен орган во чиј состав ќе доминираат претставници од судството.</s><s>Во областа на независноста на судството, согласно насоките дадени во Стратегијата, со уставните амандмани од 2005 година беше востановен Судскиот совет на Република Македонија.</s><s>Овој самостоен и независен орган на судството ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.</s><s>Имено, меѓу другите, клучна новина е надлежноста на Судскиот совет да ги избира и разрешува судиите и претседателите на судовите и да ја оценува нивната работа.</s><s>Меѓу другите, во 2005 година беше усвоен Амандманот XXVIII во кој е уредена материјата за составот на членовите на судскиот совет и нивниот мандат.</s><s>Така, со наведениот амандман е пропишано дека Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган на судството.</s><s>Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.</s><s>Значајна новина во однос на Судскиот совет е неговиот состав.</s><s>Имено, мнозинство во него имаат судиите избрани од самите нив на непосредни избори.</s><s>Советот го сочинуваат петнаесет члена.</s><s>По функција членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда.</s><s>Осум члена на Советот се од редот на судиите и ги избираат судиите на тајни и непосредни избори.</s><s>Од овие осум члена тројца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.</s><s>Исто така, во Судскиот совет има и тројца членови кои ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.</s><s>Покрај наведените членови, во составот на Советот има и два члена кои ги предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.</s><s>Во однос на членовите кои не се од редот на судиите, е пропишано дека членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Македонија се од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници.</s><s>Во амандманот е уреден и мандатот на избраните членови на Судскиот совет и тој трае шест години, со право на уште еден избор.</s><s>Исто така, материјата за условите и постапката за избор, како и основите и постапката за престанок на функцијата и разрешување на член на Советот е уредена со закон.</s><s>Уставниот амандман ја уредува и материјата за неспојливост со функцијата член на Судскиот совет со вршење други функции.</s><s>Така, во него е пропишано дека функцијата избран член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.</s><s>Во Амандманот XXIX се уредени надлежностите на Судскиот совет на Република Македонија.</s><s>Имено, Судскиот совет на Република Македонија: - ги избира и разрешува судиите и судиите поротници; - утврдува престанок на судиската функција; - ги избира и разрешува претседателите на судовите; - ја следи и оценува работата на судиите; - одлучува за дисциплинската одговорност на судиите; - одлучува за одземање на имунитетот на судиите; - предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите и - врши други работи утврдени со закон.</s><s>Во однос на соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците, при изборот на судиите, судиите поротници и претседателите на судовите, во Амандманот XXIX е пропишано дека ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.</s><s>Исто така, во овој амандман е пропишано дека Советот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија, чија форма, содржина и начин на усвојување се уредуваат со закон.</s><s>Заради унапредување на судскиот систем воочена е потребата за унапредување на положбата на судската власт преку имплементирање на највисоките европски стандарди.</s><s>Во таа насока, се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет на Република Македонија и зголемување на бројот на судии членови на Судскиот совет избрани од страна на судиите.</s><s>Имено, со оваа иницијатива се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет во однос на исклучување на членовите по функција – министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија од составот на Судскиот совет.</s><s>Исто така, се предлага зголемување на бројот на членови на Советот кои се избираат од редот на судиите, односно се предлага постојниот број од 8 да се зголеми на 10.</s><s>Наведените измени се предлагаат заради усогласување со меѓународните стандарди во областа на правосудството кои се преземени во најголемиот број европски држави, како и и исполнување на Препораките на ГРЕКО.</s><s>Со тоа ќе се зајакне независноста и самостојноста на судската власт, посебно во процесот на избор и разрешување на судии.</s>
<s>5. РЕДЕФИНИРАЊЕ НА НАДЛЕЖНОСТА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА НА ОДЛУКИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ИЗБОР НА СУДИИ, РАЗРЕШУВАЊЕ ИЛИ ДРУГА ИЗРЕЧЕНА ДИСЦИПЛИНСКА САНКЦИЈА НА СУДИЈА ИЛИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУД И ВОВЕДУВАЊЕ НАДЛЕЖНОСТ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА НА ОДЛУКИТЕ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ИЗБОР НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, РАЗРЕШУВАЊЕ ИЛИ ДРУГА ИЗРЕЧЕНА ДИСЦИПЛИНСКА САНКЦИЈА НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Еден од меѓународните стандарди во сферата на независноста на судството е оној кој гарантира дека при одлучувањето за дисциплинските санкции судијата има право да поднесе жалба до повисока судска институција.</s><s>Ова е наведено во Мислењето број 3 на Консултативниот совет на европски судии, точка 72 и во Европската повелба за статусот на судиите, точка 5.1.</s><s>Имено, со предложената иницијатива се предлага воведување надлежност на Уставниот суд да одлучува по жалба на одлуките на Судскиот совет на Република Македонија за избор на судии, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на судија или на претседател на суд и воведување надлежност за одлучување по жалба на одлуките на Советот на јавни обвинители на Република Македонија за избор на јавни обвинители, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на јавен обвинител.</s>
<s>6. ФИСКАЛНИ ПРАВИЛА
Во 2012 година Европската унија во услови на Економска криза ја усвои Спогодбата за фискална стабилност која влезе во сила на 1 јануари 2013 година по нејзината ратификација од страна на 16 држави членки на Европската унија.</s><s>Во духот на строга финансиска дисциплина се наметнува потребата за нормирање на дефицитот на буџетот во висина најмногу до 3% од БДП, а јавниот долг да се лимитира на ниво од најмноу 60% од БДП.</s><s>На патот кон Европската унија, Република Македонија иако успешно се справи со светската економска криза со оваа иницијатива се има намера во Уставот превентивно да се вградат механизми коишто гарантираат фискална дисциллина и стабилност, тргнувајќи од најдобрите европски практики по примерот на земјите кои извршија уставни измени во оваа насока и тоа: Словенија, Германија, Полска, Италија, Шпанија, Австрија и други.</s><s>Овие механизми согласно потребата од измена на Уставот и законите ќе се имплементираат при подготовката на Буџетот на Република Македонија за 2017 година.</s><s>Основна задача и предизвик на одговорните и современите Влади е обезбедување на фискална одржливост, односно ефикасно управување со јавните финансии, воспоставување на стабилна фискална позиција на долг рок без да се загрози солвентноста во однос на преземените обврски и плаќањето на расходите.</s><s>По примерот на Европските земји, Владата на Република Македонија предлага да се воведат фискални правила кои обезбедуваат: - рамка за водење на стабилна, предвидлива и одржлива фискална политика; - зголемување на буџетската дисциплина и одговорност;
- зголемување на кредибилитетот на макроекономската политика;- правична и одржлива распределба на расходите помеѓу сегашната и идната генерација корисници на јавни добра.</s>
<s>7. МЕЃУНАРОДНА ФИНАНСИСКА ЗОНА
Со предложените измени на Уставот на Република Македонија се предвидува создавање на уставна можност за основање на финансиска зона, која би развивала посебна правна и финансиска регулатива по највисоките меѓународни стандарди.</s>
<s>8. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
Во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година, за Поглавјето 32.</s><s>Финансиска контрола, во однос на надворешната ревизија е наведено дека „Независноста на ДЗР останува да биде утврдена во Уставот“.</s><s>Ова е значајно и од аспект на исполнување на критериумите за отворање и затворање на пристапните преговори за Поглавје 32.</s><s>Финансиска контрола, утврдени од Европската комисија во 2006 година, каде како критериум за започнување на преговорите е утврдено „Врховната ревизорска институција (ВРИ) да има солидна основа во Уставот и да е регулирана со посебен закон;“.</s>
<s>ОБРАЗЛОЖЕНИЕ</s>
<s>1. НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Компаративните искуства покажуваат дека називот на оваа институција дефиниран во Уставот не е соодветен, поради што се јавува потребата од негово менување во Банка на Република Македонија.</s>
<s>2. ДЕФИНИРАЊЕ НА БРАКОТ КАКО ЗАЕДНИЦА ИСКЛУЧИВО МЕЃУ САМО ЕДНА ЖЕНА И САМО ЕДЕН МАЖ
Со член 40 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија е утврдено дека „Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.</s><s>Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон“.</s><s>Според член 6 од Законот за семејство е дефиниран бракот и тоа:
„Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и опшеството.</s><s>Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање“.</s><s>Според член 5 од Законот за спречување и заштита од дискриминација е дефиниран бракот и тоа: „Бракот е заедница на живот исклучиво на еден маж и една жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството“.</s><s>Со измената на Уставот, оваа правна положба на брачната институција уставно треба да се дефинира како заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.</s><s>Семејството, бракот, мајчинството, татковството и грижата за децата се меѓу најважните морални обврски.</s><s>Бракот како заедница е соочен со предизвиците на современото време, обидите за негово редефинирање, деинституционализација и негова постепена маргинализација.</s><s>Ова е особено важно ако се има во предвид дека бракот има огромен ефект врз односите во семејството, врз сопружниците и врз децата, а со самото тоа и врз целото општество и вкупните состојби во општеството.</s><s>Бракот треба да биде заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж, а целта на бракот е емоционална, духовна, физичка и материјална заедница на мажот и жената, како сопруг и сопруга, во цврста и стабилна меѓусебна заедница, базирана врз принципите на рамноправност, доверба и взаемна почит, помагање и разбирање, што како вредности се пренесуваат кон идните поколенија, во согласност со правните прописи на државата.</s><s>Бракот како заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж е составен дел од човечката историја, претставува константа и многувековна традиција на овие простори.</s><s>Бракот е еден од основните столбови на општество.</s><s>Вака дефинираниот брак исклучиво како заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж во Уставот на Република Македонија ќе придонесе институцијата брак да биде дополнително афирмирана и промовирана во нашето општество.</s><s>Поради исклучителната улога што ја имал во развојот на општествата, бракот станал исклучително значајна форма на правна врска.</s><s>Моралните, етичките и верските начела на сите религии во Република Македонија го определуваат бракот како заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж.</s><s>Од сите овие причини, Република Македонија треба со уставни механизми да ја определи и да ја заштити традиционалната дефиниција за бракот, со јасна поддршка на семејните вредности.</s><s>На тој начин бракот како заедница ќе биде заштитен, промовиран, афирмиран и јасно дефиниран.</s>
<s>3. УСТАВНА ЖАЛБА
Овој институт го имаат воведено повеќе држави.</s><s>Неговата цел е да се зајакне заштитата на човековите права и слободи дефинирани во Уставот.</s><s>Во понатамошниот дел од иницијативата е даден компаративен преглед на дел од државите кои ја имаат воведено уставната жалба во нивните правни системи.</s><s>Со оваа иницијатива се предлага воведување на надлежност на Уставниот суд на Република Македонија да одлучува по уставна жалба, изјавена против поединечни акти или дејствија на државните органи, единиците на локалната самоуправа или носителите на јавни овластувања со кои се повредуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот кои се однесуваат на: дискриминацијата, правото на живот, тортура, правото на слобода на човекот, презумпцијата на невиност и фер судење, слободата на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, слободното основање институции за јавно информирање, слободата на вероисповеста, слободата на здружување, почитувањето и заштитата на приватноста, на личниот и семејниот живот, на достоинството и угледот, како и правото на слободно движење, доколку се исцрпени или не се предвидени други национални правни средства за нивна заштита.</s><s>Воедно, со закон ќе биде уредена постапката за поднесување на уставна жалба, која ќе може исклучиво да ја поднесат само физички и правни лица на кои им се повредени претходно наведените слободи и права, како и рокот за поднесување на уставната жалба.</s><s>Уставна тужба во Хрватска Во Република Хрватска уставната тужба е регулирана со Уставот, Уставниот закон како и со Деловникот за работа на Уставниот суд.</s><s>Имено согласно членот 125 од пречистениот текст на Уставот на Република Хрватска (од 15 јануари 2014 година) Уставниот суд на Хрватска одлучува по уставни тужби против поединечни одлуки на државните тела, телата на единиците на локалната и подрачната (регионална) самоуправа и на правните лица со јавни овластувања, кога со тие одлуки им се повредени човековите права и темелни слободи, како и правата на локална и подрачна (регионална) самоуправа загарантирани со Уставот на Хрватска.</s><s>Делот кој е поврзан со постапката по уставната тужба е уреден со Уставниот закон - пречистен текст (3 мај 2002 година).</s><s>Во главата со 5 (членови 62 до 80) предвидена е заштитата на човековите права и темелните слободи а членот 62 став 1 предвидува дека секој може да поднесе до Уставниот суд уставна тужба ако смета дека со поединечен акт на државните тела, телата на единиците на локалната и подрачната (регионална) самоуправа и на правните лица со јавни овластувања со кои се одлучувало за неговите права и обврски, или при сомнение или обвинување за кривично дело, му е повредено човеково право и темелна слобода загарантирана со Уставот, односно уставно загарантирано право на локална и подрачна (регионална) самоуправа.</s><s>Уставната тужба може да се поднесе само доколку се исцрпени сите други домашни правни средства предвидени со закон.</s><s>Доколку е допуштен управен спор, ревизија (во парнична или вонпарнична постапка), се смета дека правото средство е исцрпено откако ќе се одлучи по тие правни лекови (член 62 став 3).</s><s>Во случаите кога станува збор за повреда на правото на судење во разумен рок, уставната тужба може да се поднесе и пред исцрпување на правните средства (член 63 став 1).</s><s>Уставната тужба може да се поднесе во рок од 30 дена од денот на прием на одлуката.</s><s>Членот 65 ја предвидува формата на уставната тужба (став 1) како и документацијата која треба да се достави во прилог (став 2).</s><s>Уставната тужба не го одлага извршувањето на оспорениот акт.</s><s>По уставната тужба одлучува совет составен од 6 судии (член 68 став 1).</s><s>Кога не постојат процесни претпоставки за одлучување по уставната тужба (недопуштена, поднесена од неовластено лице и слично) по таквата тужба одлучува совет составен од 3 судии.</s><s>Советот може да одлучува само едногласно и во полн состав.</s><s>Доколку не се постигне едногласност или доколку советот смета дека уставната тужба има пошироко значење, по уставната тужба ќе се одлучува на седница на Уставниот суд.</s><s>Советот одлучува само по оние наводи за повреда на некое уставно правно кои се наведени во тужбата.</s><s>Уставниот суд со решение ќе ја отфрли уставната тужба доколу не е надлежен да постапува, ако уставната тужба е ненавремена, нецелосна, неразбирлива или недопуштена.</s><s>Уставниот суд одлучува по уставната тужба со одлука, со која уставната тужба може да се усвои или одбие како неоснована.</s><s>Доколку се утврди дека уставното право на подносителот на уставната тужба е повредено не само со оспорениот акт, туку и со некој друг акт донесен по тој предмет, Уставниот суд со одлука ќе го укине, целосно или делумно и тој акт.</s><s>Одлуката, односно решението го потпишува претседателот на советот (доколку по уставната тужба одлучувал совет) или претседателот на Уставниот суд (доколку по уставната тужба се одлучувало на седница на Уставниот суд), како и судијата известител и советник.</s><s>Со одлуката со која се усвојува уставната тужба, Уставниот суд ќе го укине оспорениот акт и предметот ќе го врати на повторно одлучување.</s><s>При донесувањето на нов акт, органот надлежен за донесување на таквиот акт е должен да го почитува правното мислење на Уставниот суд наведено во одлуката со која се укиннал актот.</s><s>Уставна тужба Босна и Херцеговина Уставната тужба во Босна и Херцеговина е предвидена со членот VI точка 3, под б) од Уставот на Босна и Херцеговина.</s><s>Постапката по уставната тужба е уредена со Правилата на Уставниот суд, кои согласно овластувањата според Уставот, ги носи самиот Уставен суд.</s><s>Согласно членот 6 точка 3б, од Уставот на БиХ, Уставниот суд има апелациона надлежност по прашањата содржани во Уставот, кога тие се предмет на спор поради пресуда на било кој суд во БиХ.</s><s>Овој институт пред Уставниот суд, претставува последна инстанца на заштита на човековите права и темелни слободи во БиХ.</s><s>Уставната тужба (апелацијата) согласно Правилата на Уставниот суд на Бих (донесени на пленарна седница одржана на 23 јануари и 12 февруари 2013 година), може да се поднесе само доколку се исцрпени сите ефикасни правни средства предвидени со закон, и доколку е поднесена во рок од 60 дена од приемот на одлуката на последниот ефикасен правен лек кој што го искористил.</s><s>Уставниот суд може да ја разгледува апелацијата и тогаш кога нема одлука од надлежниот суд, доколку апелацијата укажува на сериозни кршења на правата и основните слободи заштитени со Уставот или меѓународните документи кои се применуваат во БиХ.</s><s>Апелацијата се поднесува на посебен образец кој е достапен во Уставниот суд или на веб страната на Уставниот суд и треба да ги содржи: Одлуката на судот која се оспорува, одредби од Уставот или меѓународните документи кои се применуваат во БиХ, кои апелантот смета дека му се повредени, наводи и докази на кои се заснова апелацијата, доколку нема одлука, причини поради кои се поднесува апелацијата, потпис на подносителот и полномошно (доколку подносителот има застапник).</s><s>При одлучувањето, Уставниот суд ги има во предвид само оние наводи за повреда кои се наведени во апелацијата.</s><s>По апелацијата Уставниот суд одлучува на пленарна седница со мнозинство на гласови од сите судии на Уставниот суд , како и во Голем совет со мнозинство гласови од сите судии (а најмалку 5 судии).</s><s>Со одлуката со која се усвојува уставната тужба, Уставниот суд ќе го укине оспорениот акт и предметот ќе го врати на повторно одлучување, освен во случаите кога последиците од кршењето на уставното право можат да се решат на друг начин.</s><s>При донесувањето на нов акт, органот надлежен за донесување на таквиот акт е должен да го почитува правното мислење на Уставниот суд наведено во одлуката со која се укинал актот.</s><s>Во определени случаи Уставниот суд може да одлучи и мериторно.</s><s>Одлуките на Уставниот суд се конечни и обврзувачки.</s><s>Европскиот суд за човекови права заклучил дека поднесувањето на апелацијата пред Уставниот суд е ефикасно правно средство кое мора да се исцрпи пред да се поднесе апликација до него.</s><s>Уставна тужба во Словенија Институтот „уставна тужба или жалба“ во Словенија е воведен уште со Уставот од 1991 година.</s><s>Сепак, овој правен лек станува оперативен дури по донесувањето на Законот за Уставниот суд во 1994 година.</s><s>Пристапот од уставната тужба во Словенија е прилично широк - покрај правата и слободите загрантирани со Уставот, повод за поднесување на уставна тужба може да претставува секое друго право загарантирано со ратификуван меѓународен договор.</s><s>Поднесувањето на уставната жалба не подлежи на судски или било какви други такси.</s><s>Не постои обврска за ангажирање на правен застапник.</s><s>Уставна тужба може да поднесе секое физичко и правно лице против поединечен правен акт со кое се одлучувало негови права или обврски.</s><s>Рокот за поднесување на уставна тужба пред Уставниот суд на Словенија изнесува 60 дена од донесувањето на поединечниот акт, односно припуштањето или спорното сторување.</s><s>Уставната тужба може да се поднесе по искористување на сите можни правни лекови, а по исклучок и пред искористувањето на ваквите средства, на приемр, кога повредата е очигледна.</s><s>Во рамките на Уставниот суд функционираат граѓански, кривичен и управен совет.</s><s>Овие совети, составени од тројца судии, во принцип одлучуваат за допуштеноста на секоја уставна тужба.</s><s>Како правило, за допуштеноста советите одлучуваат едногласно.</s><s>Притоа овие совети може да ја прогласат поднесената уставна тужба за недопуштена или за очигледно неоснована.</s><s>Доколку пак истата го помине прагот на допуштеност, за основаноста одлучува пленарната сеница на Уставниот суд, освен со случаи кога станува збор за уставно прашање за кое Уставниот суд веќе претходно одлучувал.</s><s>Во овие случи одлуката по уставната тужба може да ја донесе и советот на Уставниот суд.</s><s>Усните расправи во постапката по уставна тужба иако се можни, во принцип, пред Уставниот суд во Словенија се случуваат ретко.</s><s>Анализите укажуваат дека судовите на пр.</s><s>Врховниот суд кој во редовна судска постапка постапувал по конкретен предмет во врска со кој е поднесена уставна тужба ретко се произнесуваат во одговор на истите.</s><s>Доколку Уставниот суд констатира повреда на уставно загрантираните права со поединечен акт, Уставниот суд ја укинува спорната одлука и предметот го враќа на повторно постапување на надлежниот орган на пр.</s><s>Врховниот суд, или орган на управа во зависност од тоа кој ја сторил повредата.</s><s>Притоа доколку во постапката по уставна тужба, Уставниот суд дојде до заклучок дека поединечниот акт во врска со кој била поднесена уставната тужба е заснован на неуставен закон или подзаконски акт, во постапка која се одвива на маргините на постапката по уставната тужба може да го укине таквиот акт - при што ваквата одлука има erga omnes ефект.</s><s>Особено е интересно овластувањето кое произлегува од членот 60 од Законот за Уставниот суд, според кое истиот има право да донесе одлука со која ќе се замени спорната одлука која претставува предмет на уставната тужба.</s><s>Ова преставува особено силен инструмент во рацете на Уставниот суд во ситуации кога се очекува надлежниот орган да манифестира отпор во донесувањето на одлука која би била во линија со онаа на Уставниот суд по повод конкретната уставна тужба.</s><s>Ваква надлежност на пример нема Уставниот суд во Хрватска, а Уставниот суд на пример во БиХ ја воведе преку Деловникот на Уставниот суд.</s><s>Сепак важно е да се истакне дека станува збор за овластување и надлежност кое Уставниот суд во Словенија извонредно ретко го употребува (само неколку пати и тоа во исти случаи кои се однесуваат на воени пензии).</s><s>Уставна тужба во Србија Во Србија уставната жалба егзистира како посебно правно средство кое може да се покрене против поединечни акти или дејствија на државните органи или организации кои вршат јавни овластувања, со кое е повредено човеково или малцинско право или слобода кои се загарантирани со Уставот на државата, доколку се исцрпени сите правни средства или не се предвидени други правни средства за нивна заштита или пак со закон е исклучена нивната судска заштита.</s><s>Уставна жалба пред Уставниот суд во Србија може да поднесе секое правно или физичко лице во рок од 30 дена од доставата на поединечниот правен акт донесен во последна инстанца, односно од започнувањето на дејствието или неговиот престанок, кога предет на уставната жалба се дејствија, при што рокот се засметува од денот на сознанието кое подносителот го стекнал за започнувањето односно престанокот на спорното дејствие.</s><s>Уставниот суд на Србија не може да одлучи наместо органот чиј акт или дејствие е предмет на уставната жалба.</s><s>Тој единствено одлучува за тоа дали во конкретниот случај постои повреда на човековите или на малцинските права и слободи.</s><s>Уставниот суд кога констатира повреда на правата односно слободите загрантирани со Уставот, одлучува и во однос на начинот на правичното обесштетување.</s><s>По исклучок, само во случаи кога Уставниот суд констатира повреда на уставно загарантирано право односно слобода, при што не може на друг начин да се отстранат штетните последици од таквата повреда, тој може да укине поништи поединечен правен акт, со што предметот се враќа на повторно постапување.</s><s>Притоа Уставниот суд може да забрани определено сторување или да нареди определено сторување, како и да определи рок во кој треба да се отстранат штетните последици од настанатата повреда.</s><s>Кога уставниот суд со одлука ја усвојува поднесената уставна жалба одлучува дали истата може да претставува основ за надомест на штета.</s><s>Кога Уставниот суд ќе констатира повреда и како последица ќе поништи определен поединечен правен акт, тогаш последиците кои настануваат од поништувањето на истиот, доколку тој се однесува на повеќе лица, а само некои од не поднеле уставна жалба, одлуката на Уставниот суд односно нејзиното дејствие се проширува и таа има правна важност и во однос на овие лица, под претпоставка дека се наоѓаат во иста правна ситуација.</s><s>По правило, уставната жалба не го задржува извршувањето на поединечните акти во однос на кои е поднесена.</s><s>Сепак Уставниот суд има надлежниот под одредени услови да го одложи извршувањето на спорниот поединечен правен акт.</s><s>Одлуката на Уставниот суд со која е усвоен уставна жалба претставува основа за поднесување на барање за надомест на штета.</s><s>Ваквото барање се поднесува до Комисијата за надомест на штета, за цел постигнување на спогодба во однос на висината на надоместокот.</s><s>Доколку Комисијата не го усвои барањето или доколку во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето, Комисијата не донесе одлука, подносителот на уставната жалба може да поднесе барање за надомест на штета пред надлежниот суд.</s>
<s>4. СОСТАВ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Со Амандманот XXVIII во 2005 година е востановен Судскиот совет на Република Македонија како самостоен и независен орган на судството кој ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.</s><s>Мнозинство во овој орган имаат судиите избрани од самите нив на непосредни избори.</s><s>Имено, Советот го сочинуваат петнаесет члена.</s><s>По функција членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда, додека осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови.</s><s>Тројца од избраните членови од редот на судиите се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.</s><s>Исто така, во Судскиот совет има и тројца членови кои ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.</s><s>Покрај наведените членови, во составот на Советот има и два члена кои ги предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.</s><s>Во однос на членовите кои не се од редот на судиите, пропишано де дека членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Македонија се од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници.</s><s>Ваквиот состав на Судскиот совет во кој мнозинството се судии избрани на непосредни избори од сите судии во Република Македонија овозможува да се маргинализираат можните политички влијанија во работата на Судскиот совет, особено во постапката за избор и разрешување на судии.</s><s>Зголемувањето на бројот на судиите членови на Судскиот совет се предлага заради натамошно јакнење на независноста на судството.</s><s>Предност на овој модел според кој мнозинството на Судскиот совет се судии избрани од сите судии во Република Македонија има за цел да го оневозможи секое можно политичкото влијание врз судството.</s><s>Исто така, предложените измени на уставот имаат за цел да се избегне секоја можна политизација во процесот на избор и разрешување на судиите, со оглед дека судиите избрани од нивните редови ќе бидат побројни во однос на другите членови.</s><s>Предложеното решение за зголемување на бројот на судиите членови во Судскиот совет би се реализирало преку измена на Амандманот XXVIII.</s><s>Во мислењето на Венецијанската комисија по Предлог амандманите од 2005 година, се истакнува дека: „Предложената реформа е добредојдена, со оглед на тоа дека има за цел да постигне деполитизација на изборот и разрешувањето на судиите.</s><s>Присуството на мнозинството на судии во Советот е добредојдено…“ Во однос на учеството на министерот за правда како член во Судскиот совет, во мислењето на Венецијанската комисија по Предлог амандманите од 2005 година е наведено дека: „со цел да се сведе на минимум влијанието на извршната власт, членството на министерот за правда во Државниот судски совет може да биде заменето со право на министерот за правда да присуствува на седниците на Советот или членство без право на глас.“ Ова прашање беше едно од најдискутабилните и поради несогласувањето на тогашната најголема опозициска партија со предложениот амандман за учество на Министерот за правда во Судскиот совет на Република Македонија, не гласаше за уставните амандмани.</s><s>Предложените решенија за зголемување на бројот на членовите во Судскиот совет од редот на судиите содржани во Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија се базираат на меѓународните стандарди во оваа област и на компаративните искуства од државите членки на Европската унија.</s><s>Имено, основните меѓународни стандарди во оваа област се содржани во следниве меѓународни документи: Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Препораката на Советот на Европа (2010) 12 за независноста, ефикасноста и одговорноста на судиите, Мислењето број 10 (2007) на Консултативниот совет на Европски судии за судските совети, како и Европската повелба за статусот на судиите.</s><s>Во Европската повелба за статусот на судиите е истакнато дека секоја одлука која се однесува на селекцијата, регрутирањето, именувањето, движењето во службата или престанокот на функцијата на судија треба да биде донесена од страна на независен орган во чиј состав ќе доминираат претставници од судството.</s><s>Во Мислењето број 10 (2007) на Консултативниот совет на Европски судии за судските совети се истакнува дека судските совети треба да бидат составени или исклучиво од судии или да имаат мешан состав (судии и претставници надвор од судството).</s><s>Притоа се нагласува дека доколку судските совети се со мешан состав, задолжително е значителното мнозинство да го имаат судиите кои би биле избрани од нивните редови.</s><s>Во однос на членовите кои се избираат надвор од судството, во мислењето е истакнато дека тие треба да бидат избирани од редот на истакнати правници и универзитетски професори со долгогодишно искуство.</s><s>Компаративната анализа за составот на судските совети во европските држави покажува дека најголемиот број вакви органи се составени од претставници од судството и претставници надвор од судството.</s><s>Во повеќето европски држави, судските совети имаат важна улога во именување на судиите.</s><s>Ова е случај во Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Грузија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Шведска, Турција.</s><s>Само во Руската Федерација и Исланд, Врховниот суд е надлежен за именување на судиите.</s><s>Најголемиот број од судските совети во европските држави се составени од судии и претставници од надворешни професии (академици, адвокати, а понекогаш и претставници од Министерство за правда) - Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Руска Федерација, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Северна Ирска, Шкотска и Англија.</s><s>Само во неколку европски држави судските совети се составени исклучиво од судии (Кипар, Латвија, Литванија).</s><s>Исто така, редок е бројот на европските држави каде што судските совети се составени исклучиво од членови со други - надворешни професии (Андора, Чешка, Луксембург, Словенија, Украина).</s><s>Генерално, компаративната анализа покажува дека судските совети даваат мислење за именување на судии и јавни обвинители, што во определени случаи е задолжително за формалните власти на кои им е доделена надлежноста за именување на судија или јавен обвинител.</s><s>Најчесто, оваа формална надлежност е доделена на извршната власт, или на Претседателот (Франција, Унгарија, Литванија, Луксембург, Молдавија, Монако, Романија) или на Владата (Малта, Шведска).</s><s>Именувањата од страна на законодавната власт се поретки (Србија, Словенија).</s><s>Во другите земји, има судски Комисии или совети надлежни за именување (Данска, Финска, Ирска, Латвија, Норвешка, Полска).</s><s>Мнозинство од овие совети се составени од судии и правни практичари.</s><s>Често советите се надлежни за подготовка на предлози за именување.</s><s>Овие предлози се адресираат до министерствата за правда или парламентите кои се надлежни за формална номинација/именување на судии.</s><s>Меѓутоа, во Финска именувањето на судиите е во надлежност на Претседателот по препорака од Министерството за правда на номинација од страна на Одборот за судски именувања.</s><s>Исто така, се забележува дека во Швајцарија, судиите на Врховните кантонски судови и на Федералниот суд генерално се именувани од страна на кантонските парламенти и Федералниот Парламент, додека пак судиите на основните судови се именувани од страна на судиите од Врховните кантонски судови.</s><s>Врз основа на наведеното се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет преку зголемување на членовите од редот на судиите избрани на тајни и непосредни избори од судиите.</s><s>Имено, се предлага редефинирање на составот на Судскиот совет во однос на членовите по функција – министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, во насока Судскиот совет да нема членови по функција.</s><s>Овие измени се предлагаат заради усогласување со меѓународните стандарди во областа на правосудството кои се преземени во најголемиот број европски држави.</s>
<s>5. РЕДЕФИНИРАЊЕ НА НАДЛЕЖНОСТА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА НА ОДЛУКИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ИЗБОР НА СУДИИ, РАЗРЕШУВАЊЕ ИЛИ ДРУГА ИЗРЕЧЕНА ДИСЦИПЛИНСКА САНКЦИЈА НА СУДИЈА ИЛИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУД И ВОВЕДУВАЊЕ НАДЛЕЖНОСТ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБА НА ОДЛУКИТЕ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ИЗБОР НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, РАЗРЕШУВАЊЕ ИЛИ ДРУГА ИЗРЕЧЕНА ДИСЦИПЛИНСКА САНКЦИЈА НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Со предложената иницијатива се предлага воведување надлежност на Уставниот суд да одлучува по жалба на одлуките на Судскиот совет на Република Македонија за избор на судии, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на судија или на претседател на суд и воведување надлежност за одлучување по жалба на одлуките на Советот на јавни обвинители на Република Македонија за избор на јавни обвинители, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на јавен обвинител.</s>
<s>6. ФИСКАЛНИ ПРАВИЛА
Причините за овој предлог се зајакнување на фискалната дисциплина и фискалната стабилност што е основен столб за стабилен финансиски систем.</s><s>Утвдувањето на фискални правила претставува темел за фискална одговорност, транспарентност и наменско користење на буџетските средства.</s>
<s>7. МЕЃУНАРОДНА ФИНАНСИСКА ЗОНА
Со создавањето на финансиската зона ќе се поттикне развојот на финансиските услуги во Република Македонија преку создавање на услови за привлекување на меѓународни финансиски и трговски друштва.</s>
<s>8. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
Во насока на исполнување на критериумите на Европската комисија за обезбедување на независноста на Државниот завод за ревизија, во Националната програма за усвојување на правото на Европската унија – ревизија 2011 година, како краткорочен приоритет е утврдено изготвување на предлог за пристапување за измени на Уставот на РМ, со цел дефинирање на ДЗР како уставна категорија.</s><s>Реализацијата на овие обврски е во насока на јакнење на независноста на Државниот завод за ревизија.</s>
<s>ОКТОМВРИ 2018 ГОДИНА
(СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)(ПРАВА ФАЗА ОД ПОДОЦНА ДОНЕСЕНИТЕ АМАНДМАНИ XXXIII, XXXIV, XXXV И XXXVI НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА) ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДЛАГАЧ: Влада на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија д-р Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања Никола Димитров, министер за надворешни работи и Андреј Жерновски, заменик на министерот за надворешни работиСкопје, октомври 2018 годинаПРЕДЛОГЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАСОНАДОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НАУСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, на седницата, одржана на 8.10.2018 година одлучи на Собранието на Република Македонија да му поднесе
ПРЕДЛОГ
ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
СО НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ</s>
<s>НАСОКИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА</s>
<s>1. ДОДАВАЊЕ НА ПРИДАВКАТА СЕВЕРНА ВО ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во целиот текст на Уставот на Република Македонија пред зборот Македонија се додава придавката Северна.</s>
<s>2. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ
Заради усогласување на текстот на Преамбулата со Договорот со Грција, во Преамбулата ќе бидат извршени соодветни измени.</s><s>Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија при наведувањето на државно-правните традиции, ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, односно ќе се внесе повикување на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, со неговите конститутивни одлуки.</s>
<s>3. ПОЦВРСТА ГАРАНЦИЈА НА ГРАНИЦАТА
Во членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива.</s><s>Постојната граница на Република Македонија е неповредлива.</s><s>Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.</s><s>Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.</s><s>Овој член веќе беше изменет во 1992 година со Амандманот I, кога беше додаден принципот на доброволност при промена на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми.</s><s>Исто така со овој амандман беше декларирано дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.</s><s>Со новиот уставен амандман кој се предлага ќе се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и со тоа ќе се прецизира поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии.</s><s>Тоа ќе значи заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија и на соседните земји.</s>
<s>4. ГРИЖА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДИЈАСПОРАТА ВО СТРАНСТВО
Во членот 49 од Уставот е пропишано дека Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив.</s><s>Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство.</s><s>Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.</s><s>И овој член беше изменет со Амандманот II во 1992 година кој предвидуваше дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.</s><s>Со уставниот амандман кој се предлага ќе се декларира грижа за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи, во било каква форма и заради било каква причина.</s>
<s>ОБРАЗЛОЖЕНИЕ</s>
<s>1. ДОДАВАЊЕ НА ПРИДАВКАТА СЕВЕРНА ВО ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.</s><s>Притоа, покрај општи услови и рокови за стапување во сила на амандманите кои ќе бидат врзани со влегување во сила на Договорот и ратификација на протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО во Парламентот на Република Грција, односно престанок на важење на амандманите во случај на невлегување во сила на овие два документи, за начинот на примена на овој конкретен амандман ќе има и посебни рокови.</s><s>Имено во согласност со договорот ќе биде утврден преоден период за примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија.</s><s>При тоа ќе има два преодни периода: „технички“ и „политички“.</s><s>„Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Република Македонија за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата.</s><s>Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува со истекот на нивното важење, но најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на договорот. .</s><s>„Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Република Македонија.</s><s>Издавањето на ваквите документи и материјали ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантната област во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.</s>
<s>2. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ
Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.</s>
<s>3. ПОЦВРСТА ГАРАНЦИЈА НА ГРАНИЦАТА
Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.</s><s>Со Договорот се потврдува постоечка меѓусебна граница меѓу Република Македонија и Грција како трајна и неповредлива меѓународна граница, при што се презема обврска ниту една од двете држави да нема, ниту да поддржува никакви претензии кон кој било дел од територијата на другата држава, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебна постоечка граница.</s><s>Покрај тоа, и Република Македонија и Грција се обврзаа дека нема да поддржуваат какви било вакви претензии кои може да ги изнесат трети страни.</s><s>Република Македонија и Грција се обврзаа да го почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата држава и да не поддржуваат какви било активности на трети страни насочени против суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на другата држава.</s><s>Исто така двете држави презедоа обврска, во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обединетите Нации, да се воздржуваат од закани или употреба на сила, вклучително и од закани или употреба на сила со намера да се наруши нивната меѓусебна постоечка граница.</s>
<s>4. ГРИЖА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДИЈАСПОРАТА ВО СТРАНСТВО
Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.</s><s>Согласно Договорот, Република Македонија и Грција се обврзаа ниту една одредба од Уставот, да не може или не треба да се толкува на начин кој претставува или кога било ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на другата држава, во каква било форма или заради каква било причина, вклучително и заради заштитата на статусот и првата на кои било лица кои не се нејзини граѓани.</s>
|
9210 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BE%D0%B4%20XXXIII%20%D0%B4%D0%BE%20XXXVI%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%282019%29 | Уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на уставот на Република Македонија (2019) | <s></s>
<s>Уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на уставот на Република Македонија</s>
<s>Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија влегуваат во сила со влегувањето во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.</s><s>Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија не произведуваат правно дејство, не влегуваат во сила и се неважечки доколку веднаш не се исполнат условите утврдени во ставот 1 на овој член.</s>
<s>Одредбите од Амандманот XXXIII во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од денот на влегувањето во сила на овој закон.</s><s>Од денот на влегувањето во сила на Амандманот XXXIII, државјанството ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, што не ја определува ниту ја предодредува етничката припадност на граѓаните.</s><s>Државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија во личните документи и патни исправи на граѓаните се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо.</s><s>Државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија во личните документи и патни исправи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, се пишува на македонски јазик и неговото писмо и на тој јазик и неговото писмо и истото ќе се утврди на тој јазик во сите закони каде што треба да се примени.</s><s>Од денот на влегувањето во сила на Амандманот XXXIII, употребата на придавката во однос на државата, државните органи и јавни институции и во однос на други употреби согласно Конечната спогодба е во согласност со името на државата или со нејзиното скратено име и гласи „на Република Северна Македонија“ или „на Северна Македонија“.</s>
<s>Постоечките официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои може да се користат надвор од државата, ќе се усогласат со Амандманот XXXIII најдоцна во рок од пет години од нeговото влегување во сила.</s>
<s>Усогласувањето со Амандманот XXXIII на постоечките документи и материјали наменети исклучиво за внатрешна употреба ќе започне со отворањето на секое поглавје од релевантното поле во преговорите со Европската Унија, а ќе заврши најдоцна во рок од пет години од отворањето на поглавјето.</s>
<s>Во однос на примената на Амандманот XXXV Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави: Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Косово и Република Србија.</s>
<s>Овој уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието на Република Македонија и влегува во сила со денот на влегувањето во сила на уставните амандмани.</s>
|
9211 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BE%D0%B4%20XX%20%D0%B4%D0%BE%20XXX%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%282005%29 | Уставен закон за спроведување на амандманите од XX до XXX на уставот на Република Македонија (2005) | <s></s>
<s>Уставен закон за спроведување на амандманите од XX до XXX на уставот на Република Македонија</s>
<s>Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија се применуваат од денот на прогласувањето од Собранирто на Република Македонија, ако за примената на некои одредби од Амандманите со овој уставен закон поинаку не е определено.</s>
<s>Најдоцна до 30 јуни 2006 ќе се донесат:- Законот за Судски совет на Република Македонија;- Законот за судовите и- Законот за прекршоците.</s>
<s>Најдоцна во рок од девет месеци од денот на прогласувањето на Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија ќе се донесат:- Законот за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство и- Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија.</s><s>Најдоцна во рок од 18 месеци од денот на прогласувањето на Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија ќе се усогласат законите врз основа на кои орган на државната управа или организација и друг орган, што врши јавни овластувања, можат да изрекуваат санкции за сторен прекршок.</s>
<s>До влегување во сила на Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Македонија, изборот и разрешувањето на судиите ќе се врши согласно Законот за судови (“Службен весник на Република Македонија” број 36/1995, 45/1995 и 64/2003) и Законот за Републичкиот судски совет (“Службен весник на Република Македонија” број 80/1992, 50/1999 и 43/2003).</s>
<s>До усоглосувањето на Законот за јавното обвинителство со амандманите XXIV и XXX јавните обвинители ќе се избираат согласно Законот за јавното обвинителство (“Службен весник на Република Македонија” број 38/2004).</s>
<s>До усоглосувањето на Законот за Владата на Република Македонија со Амандманот XXIII, за имонитетот на претседателот и министрите ќе се одлучува согласно Законот за Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 59/2000, 12/2003 и 55/2005).</s>
<s>Овој уставен закон за спроведување на Амандманите од XX до XXX на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието на Република Македонија и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставните амандмани.</s>
|
9216 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281991%29%20%28%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD%20%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%29 | Уставен закон за спроведување на уставот на Република Македонија (1991) (Пречистен текст) | <s>Неофицијалниот пречистен текст на Уставнот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија ги опфаќа: Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 52/1991) и Уставниот закон за изменување и дополнување на Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 4/1992), во кои е означено времето на нивното влегување во сила и примена.</s>
<s>Уставен закон за спроведување на уставот на Република Македонија</s>
<s>Уставот на Република Македонија се применува од денот на прогласувањето од Собранирто на Република Македонија, ако за примената на одделни негови одредби со овој уставен закон не е поинаку определено.</s>
<s>Државната граница на Република Македонија е нејзината постојана граница со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција и Република Србија.</s>
<s>Република Македонија како суверена и самостојна држава својата меѓународна положба и односите со другите држави и меѓународни органи, организации и заедници ги остварува согласно со општоприфатените начела на меѓународното право.</s><s>Република Македонија како рамноправен правен наследник на СФРЈ со другите републики го презема членството на СФРЈ во меѓународните органи, организации и заедници.</s>
<s>Република Македонија, како рамноправен правен наследник на СФРЈ со другите републики, врз основа на договор со другите републики на СФРЈ за правното наследство на СФРЈ и за меѓусебните односи, презема права и обврски настанати од создавањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s><s>Доколку не се склучи договор со другите републики за правното наслетство на СФРЈ и за меѓусебните односи, правното наслетство на СФРЈ и за меѓусебните односи на Република Македонија со другите суверени држави од СФРЈ се утврдуваат согласно со општите правила на меѓународното право, како и согласно со Виенската конвенција за сукцесија на државите во областа на договорите од 1978 година и Виенската конвенција за сукцесија на државите во областа на државниот имот, архивата и долговите од 1982 година.</s>
<s>Постојните сојузни прописи се преземаат како републички со надлежностите на органите утврдени со Уставот на Република Македонија.</s><s>До постигнување на договор со суверените држави од СФРЈ, Република Македонија може да го довери извршувањето на одделни прописи на сојузните органи.</s><s>Ако органите од став 2 на овој член прописите не ги извршуваат во согласност со суверенитетот и интересите на Републука Македонија, нив ги извршуваат органите на Републиката.</s><s>Сојузните прописи со кои се уредува организацијата и надлежноста на оганите на Федерацијата не се применуваат во Република Македонија.</s>
<s>Законите што не се во согласност со одредбите на Уставот на Република Македонија ќе се усогласат во рок од една година од денот на прогласувањето на Уставот.</s>
<s>Најдоцна во рок од шест месеци од денот на прогласувањето на Уставот ќе се донесат:- Закон за Републичкиот судски совет;- Закон за судовите;- Закон за Јавното обвинителство;- Закон за народниот правобранител;- Закон за начинот на трансфомација на општествената сопственост;- Закон за државјанството на Република Македонија;- Закон за личната карта;- Закон за преминот на државната граница и движењето во граничниот појас;- Закон за движењето и престојот на странци;- Закон за патните исправи на државјаните на Република Македонија;- Закон за одбраната на Република Македонија;- Закон за локалната самоуправа, и- Закон за територијалната поделба на Република Македонија.</s>
<s>Законот за грбот, знамето и химната на Република Македонија ќе се донесе во рок од шест месеци од денот на прогласувањето на Уставот.</s><s>До донесувањето на Законот од став 1 на овој член, се применуваат постојните симболи и химната утврдени во досегашниот Устав на Република Македонија.</s>
<s>Државјаните на другите републики во СФРЈ кои на денот на влегувањето во сила на овој уставен закон кои имале пријавено живеалиште на територијата на Република Македонија, а немаат државјанство на Република Македонија, ќе може да стекнат државјанство на Република Македонија во согласност со Законот за државјанството на Република Македонинја.</s>
<s>Собранието на Република Македонија во постојаниот пратенички состав, претседателот на Република Македонија и Владата на Република Македонија продолжуваат да ги вршат фунциите со права и должности утврдени со Уставот до одржувањето на новите избори.</s><s>Одредбата од член 82 од Уставот ќе се применува по одржувањето на новите избори, а најдоцна до истекот на мандатот за кој е избран потпретседателот на претседателот на Република Македонија.</s><s>Потпретседателот на претседателот на Република Македонија продолжува да ги врши функциите со права и должности утврдени со Амандманот LXXV на Уставот на Република Македонија, до одржувањето на нови избори, а најдоцна до истекот на мандатот за кој е избран.</s><s>Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, Законот за избор на претседателот на Република Македонија и Законот за политичките партии ќе се донесат најдоцна три месеци пред одтжувањето на новите изборите.
{{Член|10-а====
Република Македонија нема да учествува во работата на Собранието на СФРЈ и во работата на Претседателството на СФРЈ, со што им престанува функцијата на делегатите во Собранието на СФРЈ од Република Македонија и на членот на Претседателството на СФРЈ од Република Македонија.</s>
<s>Членот е избришан.</s>
<s>Членот е избришан.</s>
<s>Вооружените сили на Република Македонија, до донесувањето на Законот за одбраната на Република Македонија, ги сочинуваат единиците, командите и штабовите на територијалната одбрана на Република Македонија.</s><s>Служењето на воениот рок на регрутите и служењето на воената обврска во резерниот состав ќе се врши во вооружените сили на Македонија од став 1 на овој член.</s>
<s>Дипломатските и конзуларните претставништва и културно-информатичките центри на СФРЈ ќе ги застапуваат интересите на Република Македонија како суверена и самостојна држава до постигнување на договор меѓу суверените држави од СФРЈ, до основање на сопствени дипломатски, конзуларни претставништва и културно-информатички центри.</s>
<s>Изборот на сите судии во судовите и именувањето на Јавниот обвинител според одредбите на овој Устав ќе се изврши најдоцна во рок од шест месеци по конституирањето на Републичкиот судски совет.</s><s>Републичкиот судски совет ќе се конституира во рок од два месеци по донесувањето на Законот за Републичкиот судски совет.</s><s>До конституирањето на Републичкиот судски совет нема да се врши избор на судии на судовите и именување на јавни обвинители во јавните обвинителства на кои им истекол мандатот.</s><s>Истите продолжуваат да ја вршат функцијата до изборот, согласно Уставот на Република Македонија.</s>
<s>Судиите на Уставниот суд ќе се изберат најдоцна во рок од три месеци по конституирањето на Републичкиот судски совет.</s><s>Со денот на изборот на судиите на Уставниот суд на Република Македонија од став 1 на овој член, на постојните судии им престанува функцијата судии на Уставниот суд.</s>
<s>(Член 17 од Уставниот закон објавен во „Службен весник на Република Македонија” број 52/1991)Членот не важи во Пречистен текст.</s>
<s>(Член 3 од Уставниот закон објавен во „Службен весник на Република Македонија” број 4/1992)Членот не важи во Пречистен текст.</s>
|
9218 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%83%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A4%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0%20%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281945%29 | Декларација за прогласуењето на Федеративна Народна Република Југославија (1945) | <s></s>
<s>Декларација за прогласуењето на Федеративна Народна Република Југославија
Низ дваесет и двете години на постоењето на Југославија пред војната, нејзините народи не могле да ги остварат своите вековни теженија: националната рамноправност и социјалната правда.</s><s>Вместо да биде создадено нивното братско единство на основание рамноправноста, ненародната владивина на една хегемонистичка клика создавала помеѓу нив се подлабок јаз и меѓусобен раздор.</s>
<s>Таква политика на угнетуење поедини народи и на нивното разединуење, како и бруталната политичка и социјална реакција која ја спроведуеле реакционерните клики со монархијата на чело, ја ослабила државата однатре како и спроти надворешниот свет, што довело до катастрофални последици во времето на наездата на фашистичките сили на Југославија во април 1941 година.</s>
<s>За време на априлската наезда на Германија и другите фашистички сили на Југославија, Петар II Караѓорѓевиќ немал ни способност ни волја да организира отпор на народот против окупаторот, туку побегнал во странство, а народите на Југославија ги препуштил на нивната судбина.</s>
<s>Со своите постапки за време народноослободителната борба Петар II Караѓорѓевиќ го ослабил отпорот на народот спроти окупаторот.</s><s>Тој со сите средства ги помагал издајниците кои од 1941 непрекидно воделе борба против Народноослободителната војска, односно против оелободителниот покрет на народот, а соработуеле со окупаторот.</s>
<s>Народите на Југославија станале во борба против фашистичките окупатори и домашните издајници, цврсто решени да ја бранат својата независнот и слободата и да го допринесат својот удел на општите усилија на уединени нации против заедничкиот непријател.</s><s>Во четиригодишната борба народите на Југославија го оствариле своето цврсто единство и братство.</s><s>Оние со крвта и животите на своите најарни синови не сако да ги победиле окупаторите и нивните домашни соработници, току го уклониле сето оноа што во миналото ги раздвојуело.</s><s>Оние цврсто решиле да создадат таков внатрешен поредок кој ќе им овозможи мирен развиток и остваруење на поарна и посреќна иднина.</s>
<s>Народите на Југославија се увериле како во периодот од првата до втората светска војна, така и во самиот тек на четиригодишната ослободителна берба, да монархијата била најголема пречка за создавањето на новата Југославија, братската и демократската заедница на рамноправните народи.</s>
<s>Оние се увериле да монархијата е главен кривец и за сите постапки на ненародните режими и пред војната како и за оноа што нашите народи морале да поднесуат од домашните издајници кои биле помагани од монархијата.</s>
<s>На основание тоа и согласно на слободно изразен.ата волја на сите народи на Југославија, Уставотворната скупштина на заедничкото заседание на Сојузната скупштина и Скупштината на народите, решила и решуе во име на народот и на основание законските одлуки на обата дома:</s>
<s>Демократска Федеративна Југославија се прогласуе за народна република под име Федеративна Народна Република Југославија!</s>
<s>Федеративна Народна Република Југославија е сојузна народна држава на републиканска форма, заедница на рамноправните народи кои слободно ја изразиле својата волја да останат уединени во Југославија.</s>
<s>Со оваа одлука конечно во име на сите народи на Југославија се укинуе монархијата во Југославија а Петар II Караѓорѓевиќ со целата династија на Караѓорѓевиќи се лошава од сите права кои нему и на династија на Караѓорѓевиќи припаѓале.</s>
<s>Законска регулатива на Југославија</s>
|
9222 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281991%29 | Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија (1991) | <s></s>
<s>Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Со оваа декларација се изразува сувереноста на Социјалистичка Република Македонија согласно со уставните определби за независност и територијален интегритет на македонската држава, како и правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување.</s>
<s>Политичкиот, стопанскиот и правниот систем на Социјалистичка Република Македонија се темелат на Уставот на СРМ и републичките закони, а во согласност и со определбите изразени во оваа декларација.</s>
<s>Уставот на СФРЈ, сојузните закони и другите сојузни прописи и општи акти ќе се применуваат на територијата на Социјалистичка Република Македонија, доколку не се во спротивност на Уставот на СРМ, републичките закони и одлуките на Собранието со кои се остварува сувереноста на СРМ.</s>
<s>Изразувајќи ја сувереноста на Социјалистичка Република Македонија, Собранието на СРМ ќе донесе нов устав со кој, покрај другото, ќе се определи општественото уредување и идните симболи на државноста на Македонија.</s>
<s>Социјалистичка Рецублика Македонија како суверена држава самостојно одлучува за идните односи со државите на другите народи на Југославија, во согласност со своите интереси, по мирен и демократски пат.</s>
<s>Оваа декларација, Уставот на СРМ, републичките закони и другите прописи и општи акти се основа за одлучување и дејствување како на републичките органи и организации, така и на сојузните органи и организации на територијата на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Собранието на СРМ и надлежните органи на Републиката, до донесувањето на новиот устав, можат и самостојно да преземаат мерки за заштита и унапредување на положбата и правата на деловите на македонскиот народ кои како национално малцинство живеат во соседните земји, за Македонците во другите земји, за иселениците од Македонија и за граѓаните на привремена работа во странство.</s>
<s>Доколку спогодбено и демократски не се разрешуваат меѓусебните односи на суверените републики во СФРЈ или тоа се врши на начин на кој сувереноста на Републиката се загрозува, Собранието на СРМ ќе донесе уставен закон со кој ќе ги утврди другите прашања од уставноправен карактер со кои СРМ како самостојна и независна држава ќе го преземе извршувањето на суверените права што ги остварувала преку органите на СФРЈ и ќе го утврди начинот на спогодување со другите републики за правното наследство на СФРЈ и за меѓусебните односи, според начелата на меѓународното јавно право.</s>
<s>Оваа декларација влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“.</s>
|
9224 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281974%29 | Уставен закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија (1974) | <s></s>
<s>Уставен закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>I. Примена на Уставот на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Уставот на Социјалистичка Република се применува од денот кога ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, ако во поглед на примената на одделни негови одредби со овој закон не е поинаку определено.</s>
<s>Одредбите на Уставот на Социјалистичка Република Македонија што се однесуваат на составот, организацијата и правата и должностите на Собранието на Социјалистичка Република Македонија се применуваат од денот на првиот состанок на новоизбраното Собрание.</s><s>Одредбите на Уставот на Социјалистичка Република Македонија што се однесуваат на изборот и разрешувањето на членовите на другите органи на Републиката, како и одредбите што се однесуваат на именувањето и разрешувањето на фунционерите што раководат со републичките органи на управата и републичките организации, се применуваат од денот на првиот состанок на новоизбраното Собрание.</s><s>Одредбите на Законот за Извршниот совет, за овластувањата на Извршниот совет и за неговите односи со Собранието на Социјалистичка Република Македонија се применуваат во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Одредбите на Уставот на Социјалистичка Република Македонија што се однесуваат на неотуѓивите права на работниците и на самоуправувањето во организациите на здружениот труд, се применуваат со денот на прогласувањето на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s><s>Со тој ден престануваат да важат одредбите на законите што се во спротивност со наведените одредби на Уставот на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Законите и другите републички прописи, ако според овој закон не престануваат да важат, остануваат во сила, а нивните одредби што не се во согласност со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, мораат да се усогласаат со него во рокот определен со овој закон.</s>
<s>II.</s><s>Органи на Републиката</s>
<s>Првиот состанок на новоизбраното Собрание на Социјалистичка Република Македонија ќе се одржи до 6 мај 1974 година.</s><s>Новоизбраното Собрание го свикува претседателот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>Изборот на претседател и на членови на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија ќе се изврши до 10 мај 1974 година.</s><s>До изборот на претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија, Социјалистичка Република Македонија ја претставува, во името на Собранието, претседателот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и тој ги прогласува законите со указ.</s>
<s>Изборот на претседател и на членови на Извршниот совет ќе се изврши до 10 мај 1974 година.</s><s>До изборот на Извршниот совет, Извршниот совет во сегашниот состав ја продолжува работата во рамките на правата и должностите што ги има според постојните прописи.</s>
<s>До денот определен со Законот за редовните судови, Врхомниот суд на Македонија и другите постојни судови во Социјалистичка Република Македонија продолжуваат со работа во рамките на своите надлежности утврдени со постојните прописи.</s>
<s>До денот определен со Законот за јавното обвинителство, сегашниот републички јавен обвинител ќе ги врши функциите на јавнот обвинител на Македонија во рамките на правата и должностите што ги има според постојните прописи.</s>
<s>Републичките органи на управата и републичките организации продолжуваат со работа во рамките на своите надлежности утврдени со постојните прописи.</s>
<s>III.</s><s>Усогласување на републичките прописи со Уставот на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија ќе ги донесе, најдоцна во рок од 30 дена од денот на прогласувањето на овој закон, следниве закони:
1. Закон за составот, изборот и отповикувањето на членовите на делегациите на самоуправните организации и заедници;
2. Закон за избор на делегати на собранијата на општините;
3. Закон за избор на делегати на Собранието на Социјалистичка Република Македонија;
4. Закон за избор на делегацијата на Социјалистичка Република Македонија во Соборот на републиките и покраините на Собранието на СФРЈ;
5. Закон за избор на членови на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија;
6. Закон за избор на член на Претседателството на СФРЈ од Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>До 30 април 1974 година Собранието на Социјалистичка Република Македонија ќе донесе Закон за стварната надлежност на редовните судови.</s>
<s>Со денот на влегувањето во сила на овој закон, престануваат да важат следните закони:
1. Законот за избор на пратеници на Собранието на Социјалистичка Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 4/1969);
2. Законот избор на одборници на општинските собранија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 4/1969);
3. Законот за изборните единици за избор на пратеници на Собранието на Социјалистичка Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 5/1969).</s>
<s>До 31 декември 1975 година мораат да се усогласат со Уставот на Социјалистичка Република Македонија законите што не се во согласност со него.</s><s>Постапката за оценување на уставноста на одредбите на законите од став 1 на овој член може да се покрене и пред истекот на рокот од тој став.</s>
<s>{Републичките прописи за извршување на законите, што според одредбите на овој закон престануваат да важат, престануваат да важат едновремено со престанокот на тој закон.</s><s>Републичките прописи за извршување на законите што според одредбите на овој закон мораат да се усогласат со Уставот на Социјалистичка Република Македонија, мораат да се стават вон сила едновремено со усогласувањето на тие закони односно да се усогласат најдоца во рок од три месеци од денот на усогласувањето на тие закони.</s>
<s>IV.</s><s>Уредување на односите во областите регулирани со сојузни закони што престануваат да важат</s>
<s>До донесувањето на соодветни републички закони, ќе се применуваат, како републички закони следниве сојузни закони, освен нивните одредби што остануваат во сила како одредби на сојузните закони, и тоа:
1. Основниот закон за утврдување на вредноста на станбените згради, станевите и деловните простории („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 34/1965);
2. Основниот закон за стопанското работење (стопанисување) со станбените згради во општествена сопственост („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 35/1965 и 50/1968);
3. Основниот закон за занаетчиските и другите определени видови на задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 16/1965);
4. Основниот закон за новинарските претпријатија и установи („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 29/1956 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
5. Основниот закон за заштита на воздухот од загадување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 30/1965);
6. Основниот закон за радиодифузните установи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
7. Основниот закон за искористување на селско-стопанското земјиште („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 25/1965 и 12/1967);
8. Основниот закон за станбените задруги („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 1/1968 и 50/1968);
9. Основниот закон за здобивање со право на сопственост на земјоделски орудија и за користење на земјоделски орудија од страна на граѓани („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 7/1967);
10.</s><s>Основниот закон за придонесот на средствата за заедничка потрошувачка („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 54/1967, 24/1968 и 50/1968);
11.</s><s>Основниот закон за установите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1965, 50/1968 и 55/1969);
12.</s><s>Законот за стручните називи и академските степени („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 13/1963);
13.</s><s>Законот за селскостопанскиот земјишен фонд од општествена сопственост и за доделување на земја на селскостопанските организации („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1953 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
14.</s><s>Законот за задолжително опфаќање на ризикот од земјотрес во одделни видови на осигурување („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 7/1967 и 20/1969);
15.</s><s>Законот за деловните згради и простории („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965 и 57/1965);
16.</s><s>Законот за амортизација на основните средства на раборните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 29/1966, 30/1968, 50/1968, 17/1969, 20/1969 и 42/1969);
17.</s><s>Законот за стапките за аморизација на основните средства на работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 52/1966, 40/1968, 50/1968, 8/1969 и 42/1969);
18.</s><s>Законот за укнижување на недвижностите во општествена сопственост („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1965);
19.</s><s>Основниот закон за правната положба на верските заедници („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 22/1953 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 10/1965);
20.</s><s>Основниот закон за насочување и издвојување на средствата за станбена изградба („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 60/1970);
21.</s><s>Основниот закон за организација и финансирањето на запослувањето („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965, 51/1965, 47/1966, 55/1969 и 9/1970);
22.</s><s>Основниот закон за шумите („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 26/1965);
23.</s><s>Основниот закон за организацијата на превозот со моторни возила во друмскиот сообраќај („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 25/1967 и 30/1968);
24.</s><s>Основнот закон за јавните патишта („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 27/1965, 7/1967 и 10/1970);
25.</s><s>Законот за печатот и за другите видови информации („Службен лист на Федеративна Народна Република Југославија“ број 45/1960 и „Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965);
26.</s><s>Основниот закон за електростопанство („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 17/1965, 9/1968 и 50/1968);
27.</s><s>Законот за организација на Југословенските железници („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1966, 50/1968 и 10/1970);
28.</s><s>Законот за избирачките списоци („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 5/1965 и 8/1969);
29.</s><s>Законот за сопственоста на делови од згради („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965 и 57/1965);
30.</s><s>Законот за промет со земјиште и згради („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 43/1965, 57/1965 и 17/1967);
31.</s><s>Основниот закон за избор на работнички совети и други органи на управување во работните организации („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 15/1965, 32/1967 и 54/1967), освен одредбите на членовите 1-71, членовите 75-96 и членовите 98-123;
32.</s><s>Основниот закон за работните односи („Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ број 12/1970), освен одредбите на членовите 1-21, член 23, член 24, став 1, 4, 5, 7, 8, 9 и 11, членовите 25-31, член 32 став 1, 2, 3 и 5 член 33-37, член 38, став 1, 5, 6, член 40, член 42 и 43, член 46-54, член 55, став 1 и 2, член 56, член 57, став 1, член 58, член 60, 61 и 62, член 64, став 1, 2 и 3, член 66, став 1, член 69, член 75 и 76, член 77, став 1 и 2, членовите 78-87, член 89, став 1, член 90, член 91, став 2, член 93, став 3, член 94-99, член 100 став 1, 3 и 4, член 101-109, член 110 став 1, член 113-117, член 121, 122 и 123, член 126-129, член 131-144, член 146-149 и член 151-163.</s>
<s>До донесувањето на соодветни републички прописи, прописите донесени од сојузните органи за извршување на законите од член 16 на овој закон, ќе се применуваат како републички прописи за извршување на тие закони.</s>
<s>Овластувањата на сојузните органи за извршување и применување на сојузните закони од член 16 на овој закон ќе се применуваат како овластувања на соодветните републички органи.</s>
<s>V. Други одредби</s>
<s>На пратениците на Собранието на Социјалистичка Република Македонија им престанува мандатот со денот на првиот состанок на новоизбраното Собрание на Социјалистичка Република Македонија.</s>
<s>До донесувањето на Закон за помилување, Претседателството на Социјалистичка Република Македонија ќе дава помилување според Законот за помилување („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 22/1964).</s>
<s>Изборните дејствија за првите избори за собранијата на општините и за Собранието на Социјалистичка Република Македонија што се спроведуваат во основните организации на здружениот труд, можат да се спроведуваат и во основните организации на здружениот труд во кои се донесени одлуки за нивното организирање, ако е извршена презентација на тие одлуки во судскиот регистер.</s>
<s>До почнувањето на работата на судовите на здружениот труд, споровите за организирање и издвојување на основните организации на здружениот труд, за спојување, припојување и поделба на организациите на здружениот труд и за склучување и спроведување на самоуправните спогодби за здружување, ќе решава Уставниот суд на Македонија односно стопанските судови во рамките на своите надлежности утврдени со постојните прописи.</s>
<s>Во општините во кои не постојат услови за образување на самоуправни интересни заедници во областа на културата, социјалната заштита и физичката култура, за прашањата од тие области од надлежноста на собранието но општината одлучуваат надлежните собори на собранието на општината, а финансирањето на тие дејности може да се врши преку фондови или преку буџетот на општината непосредно.</s>
<s>Републичките фондови можат да продолжи да фунционираат според постојните прописи до 31 декември 1974 година, ако во областите за кои се основани не се образоваат самостоини интересни заедници.</s><s>Собранијата на општините можат да одлучат општинските фондови да продолжат да функционираат според постојните прописи до 31 декември 1974 година, ако во областите во кои се основани не се образуваат самоуправни интересни заедници.</s>
<s>Овој закон влегува во сила кога едновремено со прогласувањето на Уставот на Социјалистичка Република Македонија, ќе го прогласи Републичкиот собор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
|
9225 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%B8%20%D0%B4%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%A0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281975%29 | Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на СР Македонија (1975) | <s></s>
<s>Уставен закон за изменување и дополнување на уставниот закон за спроведување на уставот на Социјалистичка Република Македонија</s>
<s>Во Уставниот закон за спроведување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ број 7/1974) {{Член|14 се менува и гласи:
„До 31 декември 1977 година ќе се усогласат со Уставот на Социјалистичка Република Македонија законите што не се во согласност со него.</s><s>Собранието на Социјалистичка Република Македонија ќе ги определи роковите за усогласување на законите“.</s>
<s>Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласат на заедничка седница сите собори на Собранието на Социјалистичка Република Македонија.</s>
|
9228 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%83%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%86%D0%B8%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8%20%282021%29 | Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции (2021) | <s></s>
<s>Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции
Врз основа на член 68 став 2 од Уставот, како и врз основа на член 184 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија</s>
<s>Тргнувајќи од објавениот „Резултат од референдумот во Република Македонија, одржан на 8 септември 1991 година (Сл.</s><s>Весник 43/91), почитувајќи ги позициите на „Декларацијата за развој на односите на Република Македонија со Европската Унија“ усвоена од Собранието на 4 февруари 1998 година (Сл.</s><s>Весник 7/98), а во контекст на наметнатите билатерални пречки кон ЕУ, ние пратениците ја декларираме волјата на граѓаните и на ден 29 јули 2021 година Собранието донесе</s>
<s>РЕЗОЛУЦИЈА
Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.</s><s>Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.</s><s>3. Да се уважуваат сознанијата. утврдените со акти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според кои што:
- македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор,
- споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам.</s><s>4. Процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите.</s><s>5. Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на Организацијата на обединетите нации (СЈОН) за правото на самоопределување и за човековите права и слободи.</s><s>6. Собранието ја обврзува и ја насочува Владата, но и сите надлежни органи задолжени за надворешната политика и евроинтеграциите да постапат во рамките на позициите утврдени со оваа Резолуција
8. Оваа Резолуција ќе се објави во Службен Весник</s>
|
9239 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE | Небиднина/ Четврта молитва на моето тело | <s>Овде си, над ова тело, како смирено крило
ти - толку разумно - толку студено штедра,
па сакам да се помолам за она што веќе било,
зашто иднината во сите срца е ведра.</s>
<s>Сплети ги тие светлини, тоа горење бело,
тие светкавици во темнина што спијат,
обви го со нив денес ова гордо исправено тело,
сеедно - како камшик или ко бршлан вијат.</s>
<s>Сплети ги в огромна лузна, скамени ги во вера,
дај ми, дај таа светлина со кошмар да ја пијам,
зашто сè она што потемнува во моето Вчера
јас како светло Утре во длабини го кријам.</s>
<s>Видете исто така
Небиднина</s>
<s>У</s>
|
9240 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE | Небиднина/ Петта молитва на моето тело | <s>Зар ќе го изодиш ова тело, овие шеметни височини
ветре на тишината, пеперуго на сонот недоболина.</s><s>Каде потаму во мене?</s><s>Застани, неуморо, почини
на овој камен каракамен, на оваа голина.</s>
<s>Зар ќе испливаш од ова тело, од овој темен вител
танчарко на сите подземни, сите нескротени води.</s><s>Ти си само овде како прастар жител
и играш врз ова тело гневно што те роди.</s>
<s>Заробени сме сега во игра, во круг,
и носени од тмурна и нестварна плима
цел живот патуваме од еден до друг
и секој го крие она што го има.</s>
<s>Видете исто така
Небиднина</s>
<s>У</s>
|
9241 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%A8%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE | Небиднина/ Шеста молитва на моето тело | <s>Везилка си на оваа игра, на овој домородски ритам.</s><s>Од дивина со крвта ми викаш, од далечина:
„Кон твоето тело неподвижно итам
јас непозната, глув водопад од месечина.”</s>
<s>На твоето чело високо пасат плашливи елени,
ти имаш раце силни и зараснати длабоко вземи,
во твоето грло растат треви зелени,
твоите зборови се ковчести и остри, но неми.</s>
<s>Везилка си на оваа игра, на оваа домородска песна
а не знам дали си моја ноќ, дали си ден,
и оваа грутка црвеница врз која лежам е тесна
за овој пораз мој величествен.</s>
<s>Видете исто така
Небиднина</s>
<s>У</s>
|
9242 | https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%A1%D0%B5%D0%B4%D0%BC%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%20%E2%80%93%20%D0%90%D1%86%D0%BE%20%D0%A8%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2 | Небиднина/ Седма молитва на моето тело – Ацо Шопов | <s>Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна
и сите твои слатки измами ги знам.</s><s>Дали оваа игра денеска толку ми стежна
па пред тебе до болка и јас се разголувам.</s>
<s>Ти знаеш - на ова место нема никаква трага,
ни хишник овде ни ѕвер некаков мине.</s><s>Биди милозлива, биди дарежлива и блага
со ова тело од чекање што гине.</s>
<s>Ова тело личи на жедна суводолица
поцрнета од сонце, испукана од жега.</s><s>Ова тело е истрајно и гладно како јаловица.</s><s>Биди му родилка, зачни го повторно сега.</s>
<s>Видете исто така
Небиднина</s>
<s>У
Македонска литература
Современа македонска поезија</s>
|
Subsets and Splits