id
stringlengths
1
5
url
stringlengths
32
784
title
stringlengths
1
235
text
stringlengths
109
2.14M
6673
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%20%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/%2019%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Книга на израелеви судии/ 19 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Во она време кога во Израел уште немаше цар, во Израел живееше еден човек, левит, како придојденик на крајот на Ефремовата Гора.</s><s>Тој зеде за наложница жена од Јудиниот Витлеем.</s><s>2 Откако му се расрди еднаш, неговата наложница го остави и се врати во татковата куќа во Јудиниот Витлеем, и беше таму некое време, околу четири месеци.</s><s>3 Нејзиниот маж отиде кај неа за да ја вразуми и за да ја доведе назад; водеше со себе слуга и две ослиња.</s><s>Додека и приоѓаше на куќата на таткото на младата жена, тестот го забележа и му излезе радосно во пресрет.</s><s>4 Тестот, таткото на младата жена, го задржа три дни кај себе, па јадеа, пиеја и ноќеваа.</s><s>5 На четвртиот ден поранија; левитот се готвеше да си оди, кога таткото на младата жена му рече на зетот: „Поткрепи се со залак леб, па потоа одете си.” 6 И така седнаа, па двајцата јадеа и пиеја, а тогаш таткото на младата жена му рече на човекот: „ Остани уште ноќеска и нека се развесели твоето срце!” 7 Кога човекот стана да тргне, тестот почна да навалува на него, па тој преноќева уште еднаш таму.</s><s>8 На петтиот ден левитот порани да тргне, но таткото на младата жена му рече: „Поткрепи се најнапред!” Така го поминаа времето заедно додека денот не превали.</s><s>9 Човекот стана да си оди со соложницата и со слугата, кога тестот, таткото на младата жена, му рече: „Еве денот превали кон вечер, преноќувај тука и повесели се, а утре пораните на пат и ќе се вратиш во твојот дом.” 10 Но човекот нејќеше да преноќева, туку стана и тргна.</s><s>Така дојде до пред Евус, односно Ерусалим.</s><s>Со него беа две насамарени ослиња, наложницата и слугата.</s><s>11 Кога беа близу Ерусалим, денот веќе многу превали, па слугата му рече на својот господар: „Да влеземе во овој евусејски град и да ноќеваме во него.” 12 Но господарот му одговори: „Нема да влеземе во град на туѓинци, кои не се Израелци, туку ќе одиме до Гаваја.” 13 Уште му рече на слугата: „Ајде, да побрзаме за да стигнеме во некое од тие места - во Гаваја или во Рама.” 14 И поминаа, продолжувајќи го патот.</s><s>Кога стигнаа пред Венијаминова Гаваја, сонцето заоѓаше.</s><s>15 И тие свратија таму, за да одат да ноќеваат во Гаваја.</s><s>Откако влезе, седна на градското трговиште, но немаше некого за да ги прими во куќата за преноќевање.</s><s>16 И ете, еден старец се враќаше, пред вечер, од работа во полето.</s><s>Тоа беше човек од Ефремовата Гора, живееше во Гаваја како придојденик, а сите жители на местото беа Венијаминови синови.</s><s>17 Подигајќи ги очите, го виде патникот на градската улица: „Од каде доаѓаш, и каде одиш?”- го праша старецот.</s><s>18 А тој му одговори: „Доаѓаме од Јудиниот Витлеем кон Ефремовата Гора, од каде што сум јас.</s><s>Отидов во Јудиниот Витлеем и се враќам дома; но нема некој за да ме прими кај себе во куќата.</s><s>19 Имам и слама и крма за моите ослиња, а и леб и вино за себе, за мојата жена и за момокот, што ме придружува мене, твојот слуга.</s><s>Имаме сè доста.” 20 ”Мир со тебе и добро ми дојде - одговори старецот. - Моја грижа е за тоа што ти е потребно, само не ноќевај на улица.” 21 И го воведе во својот дом и им даде крма на ослиците.</s><s>Патниците си ги измија нозете, а тогаш јадеа и пиеја.</s><s>22 Додека тие се закрепнуваа, ете, некои граѓани, развратни луѓе, му ја опкружија куќата и, тропајќи со сета сила на вратата, му рекоа на старецот, господарот на куќата: „Изведи го тој човек кој влезе во твојот дом за да го познаеме.” 23 Тогаш домаќинот излезе од куќата и им рече: „Не, браќа мои, не правете зло.</s><s>Човекот влезе во мојот дом, затоа не правете беззаконие.</s><s>24 Еве, мојата ќерка е девица, ќе ви ја отстапам.</s><s>Правете со неа што ви е мило, но на овој човек не правете му беззаконие.” 25 Луѓето не сакаа да го послушаат.</s><s>Тогаш оној човек ја зеде соложницата па им ја изведе.</s><s>Тие ја силуваа и ја измачуваа цела ноќ до утрото, а кога забелеа мугрите, ја пуштија.</s><s>26 Пред зората, жената дојде и падна при вратата на куќата на оној човек каде што беше нејзиниот господар, и лежеше таму додека не се раздени.</s><s>27 Нејзиниот господар стана наутро, ја отвори куќната врата па излезе за да го продолжи патот; кога ја забележа жената, својата соложница, како што лежи при куќната врата, со рацете на прагот.</s><s>28 ”Стани, да си одиме” - и рече.</s><s>Но немаше одговор.</s><s>Тогаш ја зеде, ја натовари на ослето и тргна на пат за да се врати дома.</s><s>29 Кога дојде дома, извади нож и го зеде мртвото тело на соложницата, го исече, член по член, на дванаесет делови и ги распрати во сите краишта на Израел.</s><s>30 И секој што виде, рече: „Вакво нешто не се случило од денот кога Израелците излегоа од Египет до денешниот ден.</s><s>Треба за тоа да се размисли, да се посоветува и да се зборува.”</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6675
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%20%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/%2020%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Книга на израелеви судии/ 20 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Тогаш сиот Израел излезе и се собра сета заедница како еден човек, од Дан до Вирсавеја и до Галадската Земја, кај Господа во Миспа.</s><s>2 Началниците на сиот народ, на сите Израелеви племиња, дојдоа на собирот на Божјиот народ, четири стотини пешаци свикнати на меч.</s><s>3 А Венијаминовите синови научија дека Израелевите синови се искачиле во Миспа.</s><s>Тогаш Израелевите синови запрашаа: „Кажете ни како се случи злосторот!” 4 Леви, мажот на убиената жена, зеде збор: „Дојдов со наложницата во Венијаминовата Гаваја за да преноќам.</s><s>5 А граѓаните на Гаваја станаа против мене и ноќе ја опкружија куќата во која што бев; сакаа да ме убијат мене, а мојата соложница ја изнасилија така што умре.</s><s>6 Затоа ја зедов мртвата соложница, ја исеков на делови и ја испратив во сите краишта на Израелевото наследство, зашто направија беззаконие и срамно дело во Израел 7 Ете, сите вие, Израелеви синови, разгледајте го делото и одлучете тука.” 8 Сиот народ стана како еден човек, говорејќи: „Никој од нас нека не се враќа во својот шатор, никој нека не се враќа во својата куќа!</s><s>9 Туку сега ова да и го направиме на Гаваја: ќе фрлиме жрепка; 10 и ќе земеме од сите Израелеви колена по десет луѓе од сто и по илјада од десет илјади и тие ќе и носат храна на војската, на оние кои ќе тргнат да ја казнат Венијаминова Гаваја за срамното дело што го направила во Израел.” 11 И се собраа Израелците против оној град, здружени како еден човек.</s><s>12 Тогаш Израелевите племиња испратија пратеници по сето Венијаминово племе со порака: „Какво гнасно дело е направено среде вас?</s><s>13 Сега предајте ги оние развратни луѓе, кои се во Гаваја, за да ги погубиме и да го откорнеме злото од Израел!” Но Венијаминовците не сакаа да ги послушаат своите браќа Израелци.</s><s>14 Венијаминовите синови се собраа, од своите градови, во Гаваја за да завојуваат против Израелците.</s><s>15 А Венијаминовците, кои дојдоа од разни градови, беа изброени во тој ден дваесет и шест илјади луѓе свикнати на меч, без жителите на Гаваја.</s><s>16 Од сиот тој народ имаше седум стотини вешти луѓе, кои беа леваци, и секој од нив гаѓаше со камен од праќка точно на влакно, не промашувајќи ја целта.</s><s>17 А Израелците беа, без Венијаминовите синови, четири стотини илјади, сè луѓе свикнати на меч и сè само воини.</s><s>18 Израелевите синови, откако станаа, тргнаа во Ветил за да се посоветуваат со Бога: „Кој од нас да тргне прв во бој против Венијаминовите синови?” - прашаа Израелците.</s><s>А Господ одговори: „Јуда нека тргне прв.” 19 Наутро Израелците тргнаа та се влогорија пред Гаваја.</s><s>20 Откако тргнаа во бој против Венијаминовците, се наредија во боен ред пред Гаваја.</s><s>21 А Венијаминовите синови излегоа од Гаваја и му погубија во тој ден на Израел дваесет и две илјади луѓе, кои останаа на полето.</s><s>22 Израелците отидоа и плачеа пред Господа сè до вечерта, а тогаш Го прашаа Господа: „Треба ли пак да излеземе во бој против синовите на нашиот брат Венијамин?” А Господ им одговори: „Тргнете против него!” 23 Тогаш војската на Израелевите синови се охрабри и повторно се нареди во боен ред, на истото место каде што се наредија во првиот ден.</s><s>24 На вториот ден Израелците им се приближија на Венијаминовците, 25 но во тој втор ден, Венијамин излезе од Гаваја пред нив и им уби на Израелците уште осумнаесет илјади луѓе, кои останаа во полето, сè само одбор воини, свикнати на меч.</s><s>26 Тогаш сите Израелци и сиот народ отидоа во Ветил (Божји Дом), па плачеа и стоеја таму пред Господа; постеа цел ден до вечерта, принесуваа паленици и помирителни жртви пред Господа.</s><s>27 И тогаш Израелците пак Го прашаа Господа, (зашто во она време Ковчегот на Божјиот Завет се наоѓаше на тоа место, 28 и Финес, син на Ароновиот син Елеазар, стоеше пред него во оние денови.) Тие прашаа: „Треба ли пак да излеземе против синовите на нашиот брат Венијамин?” А Господ им одговори: „Тргнете, зашто утре ќе ги предадам во ваши раце.” 29 Тогаш Израел постави чети во заседа околу Гаваја.</s><s>30 На третиот ден Израелците тргнаа против Венијаминовците, и се наредија во бојни редови пред Гаваја, како и порано.</s><s>31 Венијаминовите синови излегоа против нив, а тие ги намамија далеку од градот.</s><s>Како и порано Венијаминовците убиваа некои по патиштата, од кои еден водеше кон Ветил, а другиот во Гаваја; така убија околу триесет Израелци.</s><s>32 И Венијаминовите синови зборуваа: „Еве ги биеме како и првиот пат.” А Израелците рекоа: „Да бегаме додека не ги намамиме на отворени патишта, далеку од градот!” 33 Тогаш главнината на Израелевата војска стана од својот положај и се нареди во боен ред кај Вал Тамара, а Израелевата заседа излезе од своето засолниште западно од Гаваја.</s><s>34 Десет илјади способни луѓе, избрани од сиот Израел, дојдоа кон Гаваја.</s><s>Бојот беше жесток.</s><s>Венијаминовите синови и не насетуваа дека ќе ги стигне зло.</s><s>35 И Господ го порази Венијамина пред Израел во тој ден, та Израелците му погубија на Венијамина дваесет и пет илјади и сто луѓе свикнати на меч.</s><s>36 Венијаминовите синови видоа дека се победени.</s><s>Луѓето Израелци се повлекоа од своите бојни редови пред Венијамина, надевајќи се на заседата што ја поставија околу Гаваја.</s><s>37 А оние кои беа во заседата се нафрлија брзо против Гаваја и, откако влегоа во неа, ги исекоа со остар меч сите жители.</s><s>38 Израелевите мажи се беа договориле со оние од заседата, тие да кренат столб од дим од градот како знак: 39 тогаш Израелевите мажи ќе се повлечат од бојот.</s><s>Венијамин почна да ги убива Израелците и им исече триесет луѓе, и си рекоа: „Навистина, паѓаат пред нас како во поранешниот бој.” 40 А кога знакот, столб од дим, почна да се издига од градот, Венијамин се обѕрна и виде како пламен од целиот град се вишка кон небото.</s><s>41 Тогаш Израелевите мажи се завртија, а Венијаминовците ги опфати ужас, зашто видоа дека ги најде зло.</s><s>42 И избегаа пред Израелците кон пустината, но воините им беа зад петиците, а оние кои доаѓаа од градот ги убиваа од зад плеќи.</s><s>43 Така го опколија Венијамина и, гонејќи го без здивнување, го уништија до Гаваја на источната страна.</s><s>44 И на Венијамин му паднаа осумнаесет илјади луѓе, сè само способни јунаци.</s><s>45 Преживеаните се завртија и избегаа во пустината кон Римонската Стена.</s><s>Сечејќи по патиштата, Израелците погубија уште пет илјади луѓе.</s><s>46 Во тој ден, на Венијаминовците им паднаа дваесет илјади луѓе навикнати на меч, сè само способни луѓе.</s><s>47 Шест стотини луѓе избегаа во пустината кон Римонската Карпа и останаа таму четири месеци.</s><s>48 Потоа Израелевите луѓе им се вратија на Венијаминците, ги исекоа со остри мечеви мажите во градовите, добитокот и сè што се нашло; и ги изгореа со оган сите градови што ги најдоа во Венијамин.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6677
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D1%80%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%20%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8/%2021%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Книга на израелеви судии/ 21 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Израелевите луѓе се заколнаа вака во Миспа: „Никој од нас не ќе даде своја ќерка за жена на Венијаминов син.” 2 И народот отиде во Ветил и остана таму пред Господа до вечерта, тажејќи и плачејќи.</s><s>3 Зборуваа: „Зошто, о Господи, Израелев Боже, требаше да се случи оваа несреќа, за да му снема денес едно племе на Израел?” 4 Утреден луѓето поранија и изградија таму жртвеник; принесоа паленици и помирителни жртви.</s><s>5 Тогаш Израелците прашаа: „Има ли некое од сите Израелеви племиња што не дошло на собирот при Господа?” Зашто свечено се заколнаа дека ќе го погубат оној, кој не ќе дојде во Миспа при Господа.</s><s>6 На Израелците им се сожали за братот Венијамин, та рекоа: „Денес е откинато едно племе од Израел.</s><s>7 Како ќе им дадеме жени на оние кои останаа, кога Му се заколнавме на Господа дека не ќе им даваме свои ќерки за жени?” 8 Затоа прашаа: „Има ли некој од Израелевите племиња што не дошол при Господа во Миспа?” И се покажа дека никој од жителите на Јавис Галадски не дојде во логорот, на собирот.</s><s>9 Зашто кога народот се преброи, таму немаше никого од жителите на Галадски Јавис.</s><s>10 Затоа заедницата испрати таму дванаесет илјади храбри луѓе и им заповеда: „Идете и исечете ги со остри мечеви жителите на Галадски Јавис, заедно со жените и децата.</s><s>11 Еве што ќе направите: ќе ги предадете на проклето погубување сите мажи и сите жени, кои делеле постела со маж, но ќе го запазите животот на девиците.” Така и направија.</s><s>12 И најдоа меѓу жителите на Јавис во Галад четири стотини млади девојки, кои не делеле постела со маж, и ги доведоа во логорот во Сило, што е во Ханаан.</s><s>13 Тогаш сето општество им испрати пратеници на Венијаминовите синови, кои беа на Римонската Стена: им објавија мир.</s><s>14 Така се созеде Венијамин.</s><s>Им ги дадоа оние од жените, од Галадски Јавис, кои ги оставија во живот, но не ги имаше достатно за сите.</s><s>15 На народот му се нажали за Венијамин, зашто Господ направи празнина меѓу Израелевите племиња.</s><s>16 ”Како ќе им најдеме жени на оние што останаа - рекоа старешините на општеството - зашто се истребени жените на Венијамин?” 17 И рекоа: „Како да биде запазен остатокот на Венијамина, за да не биде сотрено едно племе од Израел?</s><s>18 А не можеме да им ги дадеме нашите ќерки за жени.” Зашто се беа заколнале, велејќи: „Проклет да биде оној кој ќе му даде жена на Венијамин!” 19 ”Но - рекоа - Господов празник се слави секоја година во Сило.” Градот се наоѓа северно од Ветил, источно од патот што води од Ветил во Сихем и јужно од Левона.</s><s>20 И затоа ги посоветуваа Венијаминците: „Отидете во заседа по лозјата.</s><s>21 Внимавајте, па кога девојките од Сило ќе излезат да играат во танец, вие излезете од лозјата, грабнете си секој за себе жена од силоските ќерки па одете си во Венијаминовата Земја.</s><s>22 А кога нивните татковци и нивните браќа ќе дојдат да се жалат на вас, ние ќе им речеме: Простете им заради нас, зашто не им зедовме за секој по една жена во војната; а и сега вие не им ги дадовте, па да бидете виновни.’” 23 Венијаминовите синови направија така, и од девојките кои ги грабнаа зедоа онолкав број жени колку што ги имаше нив.</s><s>Тогаш си отидоа и се вратија секој во своето наследство, пак изградија градови и се населија во нив.</s><s>24 Тогаш Израелците се разотидоа, кој во своето племе и во својот род, и секој оттаму се врати во своето наследство.</s><s>25 Во тоа време немаше цар во Израел, и секој го правеше тоа што му се чинеше дека е справедливо.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6692
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%202%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 2 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 На тоа Ана се помоли вака: „Моето срце воскликнува во Господа расте мојата сила преку мојот Бог.</s><s>Устата ми се шири на моите непријатели, зашто се радувам на Твојата помош.</s><s>2 Никој не е свет како што е Господ (зашто нема никого освен Тебе) и нема стена како што е нашиот Бог.</s><s>3 Не зборувајте многу горделиви зборови, нека не излегува дрскост од вашата уста, зашто Господ е Сèзнаечки Бог, Тој ги пресудува право делата.</s><s>4 Се крши лакот на јунаците, слабите се опашуваат со сила.</s><s>5 Ситите сега се мачат за леб, гладните веќе не гладуваат.</s><s>Неродилката раѓа седумпати, мајката на многуте деца изнемоштува.</s><s>6 Господ дава смрт и живот, спушта во гроб и оттаму издига.</s><s>7 Господ осиромашува и збогатува, го оборува човекот и го возвишува.</s><s>8 Го подига бедниот од правот, сиромашниот го возвишува од буниште, за да ги седне со кнезовите и за да наследат славен престол.</s><s>Зашто Господови се столбовите на земјата, и Тој ја ставил врз нив вселената.</s><s>9 Ги чува чекорите на своите свети, злосторниците ги стигнува пропаст во мракот зашто човек не придобива победа со својата сила.</s><s>10 Кои Му се противат на Господа, се сотираат.</s><s>Сèвишниот грми од небесата врз нив.</s><s>Господ им суди на краиштата на земјата, му дава сила на својот цар, и Го воздигнува рогот на Својот помазаник.” 11 Потоа Елкан се врати во домот во Рама, а детенцето остана да Му служи на Господа, при свештеникот Илија.</s><s>12 А Илиевите синови беа недобри луѓе, зашто не се грижеа за Господа, 13 ни за правата на свештениците спроти народот: кога некој би принесувал жртва, би дошол свештениковиот слуга додека месото уште се вареше, со трирогова вилушка во рацете 14 и забодуваше со неа во котлето или во грнецот, во садот за пржење или во чинијата, и што и да се закачеше на вилушката, го земаше свештеникот за себе.</s><s>Така им правеа на сите Израелци кои доаѓаа онаму, во Сило.</s><s>15 Така, и пред да беше спалено салото, би дошол свештениковиот слуга и би му рекол на човекот, кој ја принесуваше жртвата: „Дај ми месо за да му испечам на свештеникот!</s><s>Тој не сака од тебе варено месо, туку само пресно.” 16 Ако човекот би му рекол тогаш: „Најнапред нека биде спалено салото, а тогаш земи што ти сака душата,” тој би одговорил: „Не, туку дај веднаш.” 17 Гревот на овие луѓе беше многу голем пред Господа, зашто луѓето ја презираа жртвата што Му беше принесувана на Господа.</s><s>18 А Самоил служеше пред Господа, уште дете во ленен наплеќник.</s><s>19 Неговата мајка му правеше горна облека за наметнување и му ја донесуваше секоја година, кога ќе дојдеше со својот маж, за да ја принесе годишната жртва.</s><s>20 А Илија ги благословуваше Елкана и неговата жена, велејќи: „Господ нека ти даде пород од таа жена наместо подарокот што Му го даде на Господа.” Тогаш се враќаа во својот дом.</s><s>21 Господ ја посети Ана, и таа зачна и роди уште три сина и две ќерки; а детето Самоил растеше со Господа.</s><s>22 Илија веќе беше многу стар, ама сепак чу сè што неговите синови му правеа на сиот Израел, и дека лежеле со жените, кои се собирале при влезот на Шаторот на сведоштвото.</s><s>23 И тој им рече: „Зашто работите такво нешто, за да треба да слушам за тоа од сиот овој народ?</s><s>24 Немојте така, синови мои!</s><s>Не се добри гласовите што ги слушам... го соблазнувате Господовиот народ.</s><s>25 Ако човек му згреши на човека, Господ ќе пресуди.</s><s>Но ако човек Му згреши на Господа, кој ќе се заземе за него?” Ама синовите не го послушаа гласот на својот татко, зашто Господ беше одлучил да ги погуби.</s><s>26 А детето Самоил сè повеќе растеше и придобиваше благонаклоност и пред Господа и пред луѓето.</s><s>27 Тогаш дојде еден Божји човек при Илија и му рече: „Господ зборува вака: ‘Нели му се јавив јасно на домот на твојот татко кога беа во Египет, во домот на фараонот?</s><s>28 Ги избрав од сите Израелеви племиња за да ми бидат свештеници, за да се искачуваат на Мојот жртвеник, за да принесуваат жртви паленици и за да носат наплеќник пред Мене: и му ги дадов на домот на твојот татко сите палени жртви на Израелевите синови.</s><s>29 Зошто ја газите Мојата жртва и Мојот лебен принос?</s><s>И зошто ги пазиш своите синови повеќе од Мене, гоејќи ги со најдобрите делови на сите жртвени приноси на Мојот народ Израел?’ 30 ’Затоа - Господ, Израелевиот Бог говори - навистина реков дека твојот дом и домот на твојот татко ќе стапуваат пред Мене довека, сега - говори Господ - нека е тоа далеку од Мене, ќе ги прославам оние кои Ме прославуваат Мене, а кои не Ме слават Мене, ќе бидат засрамени.</s><s>31 Ете, доаѓаат денови кога ќе ги отсечам твојата мишка и мишката на домот на татка ти, така што веќе не ќе има старец во твојот дом.</s><s>32 Ти ќе гледаш со кривогледо око на сите добра со кои ќе го опсипам Израел, и никогаш веќе не ќе има старец во твојот дом.</s><s>33 Сепак ќе задржам некого од твоите кај Својот олтар, само за да му слабеат очите и за да му венее неговата душа, но сето потомство на твојот дом ќе умира на средна возраст.</s><s>34 Знак ќе биде она што ќе ги снајде твоите два сина, Офниј и Финес: двајцата ќе загинат во ист ден.</s><s>35 Јас ќе си издигнам за Себе си верен свештеник, кој ќе работи според Моето срце и според Мојата душа, и во него ќе создадам траен дом, и тој секогаш ќе оди пред Мојот Помазаник.</s><s>36 А кој ќе остане од твојот дом, ќе доаѓа да му се поклони и да измоли сребрениче или парче леб, и ќе рече: „Те молам, прими ме во каква и да е свештеничка служба, за да имам залак леб.”‘“</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6693
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%203%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 3 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Младиот Самоил Му служеше на Господа под Илиево надгледување, во она време Господ ретко им зборуваше на луѓето, а виденијата не беа чести.</s><s>2 Но еден ден Илија лежеше во својата соба - неговите очи почнаа да слабеат, та веќе не можеше да гледа.</s><s>3 Божјиот светилник, уште не беше угаснат, и Самоил спиеше во Господовиот Храм, таму каде што беше Божјиот Ковчег.</s><s>4 И Господ го повика: „Самоиле!</s><s>Самоиле!” А тој одговори: „Еве ме!” 5 И отрча кај Илија и рече: „Еве ме!</s><s>Ти ме повика!” А Илија рече: „Јас не те повикав.</s><s>Врати се и спиј!” И тој отиде и легна.</s><s>6 И Господ пак го повика: „Самоиле!</s><s>Самоиле!” Самоил стана, отиде при Илија и му рече: „Еве ме!</s><s>Ти ме повика!”А Илија одговори: „Јас не те повикав, сине!</s><s>Врати се и спиј!” 7 Самоил уште не го познаваше Господа, и уште никогаш не му беше објавено Господовото слово.</s><s>8 И Господ го повика Самоила по трет пат.</s><s>Тој стана, отиде кај Илија и рече: „Еве ме!</s><s>Ти ме повика!” Сега Илија разбра дека Господ го повикувал детенцето.</s><s>9 Затоа му рече на Самоила: „Оди и легни; а ако те повика, ти речи: ‘Зборувај, Господи, твојот слуга слуша.’” И Самоил отиде и легна на своето место.</s><s>10 И Господ дојде и застана, и викна како порано: „Самоиле!</s><s>Самоиле!” А Самоил одговори: „Зборувај Твојот слуга Те слуша.” 11 Тогаш Господ му рече на Самоила: „Еве ќе направам нешто во Израел така што ќе им брчат двете уши на секој што ќе чуе.</s><s>12 Во оној ден ќе исполнам врз Илија сè што реков за неговиот дом, од почеток до крај.</s><s>13 Ти ќе му јавиш дека ја осудувам неговата куќа довека; тој знаеше дека неговите синови го хулат Бога, а не ги воздржа.</s><s>14 Затоа му се колнам на Илиевиот дом никакви жртви ни приноси нема да ја исперат вината на Илиевиот дом довека.” 15 Самоил спиеше до утрото, а тогаш ја отвори вратата на Господовиот Дом.</s><s>Самоил се боеше да му го каже видението на Илија.</s><s>16 Но Илија го повика Самоила, говорејќи: „Самоиле, сине!” А тој одговори: „Еве ме!” 17 И тој го праша: „Какво е словото што ти го рече?</s><s>Не криј ништо од мене!</s><s>Така да ти направи Бог и да ти додаде друго ако ми скриеш нешто од она што ти рекол.” 18 Самоил му раскажа сè, и ништо не притаи од него.</s><s>А Илија рече: „Тој е Господ, нека прави како што Му е по волја!” 19 Самоил растеше, а Господ беше со него и не оставаше ниту едно негово слово да падне на земја.</s><s>20 Сиот Израел, од Дан до Вирсавеа, созна дека Самоил е поставен за пророк Господов.</s><s>21 Господ и натаму се јавуваше во Сило, зашто му се откриваше на Самоила преку словото Господово.</s><s>И Самоиловото слово се расчу низ сиот Израел.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6696
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%204%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 4 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Во она време Филистејците собраа војска против Израел.</s><s>Израелците излегоа пред нив за да војуваат, и се влогорија кај Евен Езер, додека Филистејците поставија логор кај Афек.</s><s>2 Филистејците се построија во боен ред против Израел, и настана жестока битка.</s><s>Израел им подлегна на Филистејците: околу четири илјади луѓе загинаа на боиштето, на отворено поле.</s><s>3 Кога народот се врати во логорот, Израелевите старешини рекоа: „Зошто Господ дозволи денес да нè победат Филистејците?</s><s>Да појдеме во Сило по Ковчегот на Господовиот Завет, нека дојде во наша средина и нека нè спаси од рацете на нашите непријатели.” 4 Народот испрати луѓе во Сило, и го донесоа оттаму Ковчегот на Заветот на Господа, на силите, кој престолува над херувимите; двата Илиеви сина, Офниј и Финес, дојдоа како придружници на Ковчегот.</s><s>5 Кога Господовиот Ковчег стигна во логорот, сиот Израел грмливо воскликна, од кое одекнуваше земјата.</s><s>6 Филистејците го чуја тоа грмливо воскликнување и прашаа: „Што значи тоа грмливо воскликнување во логорот на Евреите?” И сфатија дека Господовиот Ковчег стигна во нивниот логор.</s><s>7 Тогаш Филистејците ги обзеде страв, зашто зборуваа: „Бог дојде во логорот!” И извикаа: „Тешко нам!</s><s>Така не беше досега.</s><s>8 Тешко нам!</s><s>Кој ќе нè избави од рацете на Тој силен Бог?</s><s>Тоа е Оној, Кој го удрил Египет со секакви неволји во пустината.</s><s>9 Охрабрете се и бидете јунаци, Филистејци, за да не им станете робови на Евреите, како што тие ви беа робови вам; бидете јунаци и борете се!” 10 Тогаш Филистејците заметнаа битка, Израелците беа поразени и избегаа секој во својот шатор.</s><s>Поразот беше силен, зашто загинаа триесет илјади пешаци од Израелците.</s><s>11 И Божјиот Ковчег беше одземен, и двата Илиеви сина загинаа, Офниј и Финес.</s><s>12 Еден Венијамовец отрча од бојните редови и стигна во Сило уште на истиот ден, со искинати облеки и со глава посипана со прав.</s><s>13 Кога стигна, Илија седеше на својата столица, покрај огнот, внимавајќи на патот, зашто срцето му трепереше од страв за Божјиот Ковчег.</s><s>Имено, тој човек дојде за да му донесе на градот глас, и настана силна викотница низ сиот град.</s><s>14 Кога Илија ја чу виката, праша: „Каква е таа голема викотница?” Човекот поита и дојде да го извести Илија.</s><s>15 А Илија беше тогаш на деведесет и осум години, очите му беа помрачени, та веќе ништо не гледаше.</s><s>16 Човекот му рече на Илија: „Доаѓам од боиштето, денес избегав од бојот.” Тогаш старецот праша: „Што се случило, сине?” 17 Гласникот одговори: „Израел избега пред Филистејците, тоа беше голем пораз за народот, и уште двата твои сина загинаа, и Божјиот Ковчег е грабнат!” 18 Кога го спомна Божјиот Ковчег, Илија падна од столицата назад покрај вратата, го скрши вратот и умре, зашто беше стар и тежок човек.</s><s>Беше судија во Израел четириесет години.</s><s>19 Неговата снаа, Финесовата жена, беше трудна и пред породување.</s><s>Кога чу дека е грабнат Божјиот Ковчег и дека умре нејзиниот свекор и дека загина нејзиниот маж, се свитка и роди, зашто наеднаш ја опфатија породилни болки.</s><s>20 Бидејќи беше на умирање, жените, кои што стоеја околу неа и рекоа: „Биди без грижа, зашто роди син!” Ама таа не одговори ниту обрна внимание.</s><s>21 На детето му го даде името Ихавод (неславен), велејќи: „Славата си отиде од Израел.” Со тоа мислеше на грабнатиот Божји Ковчег и на својот свекор и на својот маж.</s><s>22 Затоа рече: „Славата си отиде од Израел,” зашто е одземен Божјиот Ковчег.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6698
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%205%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 5 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Кога Филистејците го освоија Божјиот Ковчег, го пренесоа од Евен Езер во Азот.</s><s>2 На тоа Филистејците го зедоа Божјиот Ковчег, го внесоа во Дагоновиот храм и го сместија покрај Дагона.</s><s>3 Утреден наутро, ете, Дагон лежеше ничкум на земјата пред Господовиот Ковчег.</s><s>Тие го кренаа Дагона и го ставија на неговото место.</s><s>4 Ама кога поранија наутро, ете, Дагон лежеше пак на земјата пред Господовиот Ковчег; Дагоновата глава и двете негови раце лежеа отсечени на прагот: на местото стоеше само Дагоновиот труп.</s><s>5 Затоа Дагоновите свештеници и сите кои влегуваат во Дагоновиот храм не стапнуваат со нога на Дагоновиот праг во Азот сè до денешен ден.</s><s>6 Тогаш Господовата рака ги притисна тешко жителите на Азот и ги натера во силен страв: ги казни со чиреви, Азот и неговото подрачје.</s><s>7 Кога луѓето во Азот видоа што се случи, рекоа: „Ковчегот на Израелевиот Бог не смее да остане кај нас, зашто Неговата рака се испружила против нас и против нашиот бог Дагон.” 8 Тие ги свикаа и ги собраа сите филистејски кнезови кај себе и рекоа: „Што да правиме со Ковчегот на Израелевиот Бог?” А тие одговорија: „Ковчегот на Израелевиот Бог нека биде пренесен во Гат.” И го пренесоа таму Ковчегот на Израелевиот Бог.</s><s>9 Ама кога го пренесоа, Господовата рака се спушти на градот и настана силна стравотија: ги удри граѓаните, од најмалите до најголемите така што им се појавија чиреви.</s><s>10 Тогаш го испратија Божјиот Ковчег во Акарон, Акаронците повикаа: „Го донесоа Ковчегот на Израелевиот Бог кај нас, за да нè помори нас и сиот наш народ!” 11 Затоа испратија и ги собраа сите филистејски кнезови и рекоа: „Испратете го назад Ковчегот на Израелевиот Бог, нека биде вратен на своето место, за да не нè помори нас и нашиот народ!” Зашто владееше смртен страв во целиот град, толку таму беше притиснала Господовата рака.</s><s>12 Луѓето кои не изумреа, беа удрени со чиреви и болниот вик на градот се дигаше до небото.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6700
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%206%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 6 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Ковчегот на Господа беше седум месеци во земјата на Филистејците.</s><s>2 Тогаш Филистејците ги свикаа свештениците и вражалците и ги прашаа: „Што да правиме со Господовиот Ковчег?</s><s>Поучете нè како да го испратиме назад на неговото место.” 3 Тие одговорија: „Ако сакате да го вратите Ковчегот на Израелевиот Бог, не праќајте го назад празен, туку покрај него испратете и надоместница.</s><s>Тогаш ќе се излечите и ќе знаете зошто Неговата рака не се сврти од вас.” 4 Тие прашаа: „Каква надоместница треба да Му испратиме?” Тие одговорија: „Според бројот на Филистејските кнезови пет златни чиреви и пет златни стаорци, зашто е иста неволја и на вас и на вашите кнезови.</s><s>5 И така, направете слики на своите чиреви и слики на своите стаорци, што ви ја сотруваат земјата, и дајте Му слава на Израелевиот Бог.</s><s>Можеби ќе ја тргне Својата рака од вас, од вашите богови и од вашата земја.</s><s>6 Зошто сакате да ви окорави срцето, како што им беше окоравено на Египетците и на фараонот?</s><s>Кога Бог ги притисна, не ги пуштија ли тогаш да си одат?</s><s>7 Подгответе сега една нова кола и земете две крави доилки, што уште не носеле јарем: впрегнете ги кравите во колата, а нивните телиња одведете ги назад во стајата.</s><s>8 Тогаш ќе го земете Господовиот Ковчег и ќе го ставите во колата.</s><s>Златните предмети што Му ги принесувате како жртва за престап ќе ги сложите во ковчеже покрај него, и така нека тргне.</s><s>9 Потоа гледајте: ако тргне кон својот крај, по патот кон Вет Семес, тогаш е очигледно дека Тој ни го задаваше ова големо зло; ако не тргне така, ќе знаеме дека не нè удрила Неговата рака, туку дека тоа ни стана случајно.” 10 Луѓето направија така: зедоа две крави доилки и ги впрегнаа во колата, а нивните телиња ги задржаа во стајата.</s><s>11 Господовиот Ковчег го ставија на колата, и ковчежето со златните стаорци и со ликовите на своите чиреви.</s><s>12 Кравите удрија право по патот кон Вет Семес, и еднакво одеа по истиот пат, мукаа одејќи, а не свртуваа ни десно ни лево.</s><s>Филистејските кнезови ги придружуваа до границата на Вет Семес.</s><s>13 Жителите на Вет Семес токму беа зафатени со жетвата на пченицата во долината.</s><s>Подигнувајќи ги очите го здогледаа Ковчегот и му потрчаа во пресрет со радост.</s><s>14 Кога колата стигна во нивата на Ветсемеецот Исус, застана.</s><s>Таму имаше голем камен.</s><s>Тогаш ги исцепија дрвата од колата и Му ги принесоа кравите како жртва паленица на Господа.</s><s>15 Левитите го беа симнале Господовиот Ковчег и ковчежето, што беше покрај него и во кое беа златните предмети, и сè беа сложиле врз оној голем камен.</s><s>Жителите на Вет Семес Му принесуваа во тој ден жртви паленици и Му колеа жртви закланици на Господа.</s><s>16 Кога го видоа тоа петте филистејски кнезови, се вратија во Акарон истиот ден.</s><s>17 А ова се петте златни чиреви што Филистејците Му ги испратија како жртва за престап на Господа: еден за Азот, еден за Газа, еден за Аскалон, еден за Гат, еден за Акарон.</s><s>18 А златни стаорци имаше толку колку сите филистејски градови во сите пет кнежевства, од утврдените градови до отворените села.</s><s>Сведок е големиот камен врз кого го положија Господовиот Ковчег, и кој уште и денес стои во нивата на Исуса од Вет Семес.</s><s>19 И Тој ги удри жителите на Вет Семес бидејќи погледнаа во Господовиот Ковчег.</s><s>Затоа Господ порази педесет илјади и седумдесет луѓе меѓу нив.</s><s>Народот тагуваше заради тоа што Господ ги порази со големо истребување.</s><s>20 Тогаш луѓето во Вет Семес рекоа: „Кој би можел да опстои пред Господа, пред Овој Свет Бог?</s><s>Кому ќе Му отиде сега од нас?” 21 И им испратија пратеници на жителите на Киријат Јарим и им порачаа: „Филистејците го вратија Господовиот Ковчег.</s><s>Дојдете и однесете го при себе.”</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6702
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%207%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 7 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Тогаш луѓето од Киријат Јарим дојдоа и го однесоа Господовиот Ковчег при себе.</s><s>Го внесоа во Авинадавовата куќа, на ридот и го посветија неговиот син Елеазар да го чува Господовиот Ковчег.</s><s>2 Од денот кога Ковчегот беше поставен во Киријат Јарим помина многу време - дваесет години - и сиот Израелев дом воздивнуваше по Господа.</s><s>3 Тогаш Самоил му проговори на сиот Израелев дом вака: „Ако од сè срце Му се враќате на Господа, отстранете ги од својата средина туѓите богови, ваалите и астартите, и пригответе ги своите срца за Господа и служете Му единствено Нему.</s><s>Тогаш Тој ќе ве избави од рацете на Филистејците.” 4 Тогаш Израелевите синови ги отстранија ваалите и астартите, и Му служеа единствено на Господа.</s><s>5 Тогаш Самоил заповеда: „Соберете ги сите Израелеви синови во Миспа, за да Му се помолам на Господа за вас.” 6 И така тие се собраа во Миспа; таму нацрпуваа вода и ја излеваа пред Господа.</s><s>И постеа во оној ден и признаваа: „Му согрешивме на Господа!” И Самоил им судеше на Израелевите синови во Миспа.</s><s>7 Кога Филистејците чуја дека Израелевите синови се собраа во Миспа, филистејските кнезови тргнаа да нападнат на Израел.</s><s>Кога го видоа тоа Израелевите синови, се исплашија од Филистејците.</s><s>8 И Израелевите синови го замолија Самоила: „Не прекратувај да викаш за нас кон Господа, кон нашиот Бог, за да нè избави од рацете на Филистејците.” 9 Самоил зеде едно јагне цицалче и Му го принесе на Господа како жртва паленица, и гласно Му се помоли на Господа за Израел, и Господ го послуша.</s><s>10 Додека Самоил принесуваше жртва паленица, Филистејците дојдоа за да удрат на Израел, ама во тој ден Господ загрме со силен грмеж на Филистејците и така ги испалши и ги збуни, та му подлегнаа на Израел.</s><s>11 Израелските војници излегоа од Миспа и ги спотераа Филистејците, поразувајќи ги сè до Вет Хар.</s><s>12 А Самоил зеде еден камен и го постави меѓу Миспа и Сена и го нарече Евен Езер (Камен на Помош), говорејќи: „Господ ни помогна дотука.” 13 Така Филистејците беа понижени, и никогаш веќе не се нафрлија на Израелевата земја, а Господовата рака ги притискаше Филистејците за време на сиот век на Самоила.</s><s>14 И градовите што Филистејците ги беа зазеле од Израел му беа вратени нему, од Акарон до Гат, и Израел го ослободи нивното подрачје од филистејски раце.</s><s>И имаше мир меѓу Израелците и Аморејците.</s><s>15 Самоил беше судија во Израел за време на сиот свој век.</s><s>16 Секоја година ги обиколуваше Ветил, Галгал и Миспа, и во сите тие места му судеше на Израел.</s><s>17 Потоа се враќаше во Рама, зашто таму имаше своја куќа и таму му судеше на Израел.</s><s>Таму му подигна и жртвеник на Господа.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6704
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%208%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 8 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Кога Самоил остаре, ги постави своите синови за судии во Израел.</s><s>2 Неговиот првороденец се викаше Јоил, а вториот син Авија; тие беа судии во Вирсавеа.</s><s>3 Ама синовите не одеа по татковите стапки: гледаа на својата печалба, примаа поткуп и ја извртуваа правдата.</s><s>4 Тогаш се собраа сите израелски старешини и дојдоа кај Самоила, во Рама.</s><s>5 И му рекоа: „Ете ти остаре, а твоите синови не одат по твоите стапки.</s><s>И така, постави ни цар да владее над нас, како што е тоа кај сите народи.” 6 Ама на Самоила не му беше мило дека рекоа: „Дај ни цар да владее над нас!” Затоа Самоил Му се помоли на Господа.</s><s>7 А Господ му рече на Самоила: „Послушај го гласот на народот во сè што бараат од тебе, зашто не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, не сакајќи Јас да царувам над нив.</s><s>8 Сè што Ми правеа Мене, од оној ден кога ги изведов од Египет па до денешниот ден - Ме оставија Мене и им служеа на туѓи богови - тие ти прават така и тебе.</s><s>9 И така, сега послушај го нивното барање, но опомени ги свечено и поучи ги за правата на царот, кој ќе владее над нив.” 10 Самоил му ги повтори сите Господови зборови на народот, кој бараше цар од него.</s><s>11 И рече: „Ова ќе биде правото на царот кој ќе царува над вас: ќе ги зема вашите синови за да му служат кај бојните коли и кај коњите, и тие ќе трчаат пред неговите бојни коли.</s><s>12 Ќе ги поставува за илјадници за педесетници; тие ќе ја ораат неговата земја, ќе ја жнијат неговата жетва, ќе му изработуваат бојно оружје и опрема за неговите бојни коли.</s><s>13 Царот ќе ги зема вашите ќерки за да му прават мирисливи масти, да бидат готвачки и пекарки.</s><s>14 Ќе ги земе вашите најдобри ниви, вашите лозја и вашите градини со маслинки и ќе им ги подарува на своите дворјани.</s><s>15 Ќе зема десеток од вашите посеви и од вашите лозја и ќе им го дава на своите дворјани и на своите службеници.</s><s>16 Ќе ги зема вашите слуги и вашите слугинки и вашите најдобри волови и ослиња, и ќе ги употребува за своја работа.</s><s>17 Ќе зема десеток од вашиот ситен добиток, а вие самите ќе му станете робови.</s><s>18 И кога еден ден ќе викате за помош заради царот, кого што го избравте сами, Господ нема да ве послуша во оној ден!” 19 Народот не сакаше да го послуша Самоиловиот глас, туку рече: „Не!</s><s>Сакаме цар да владее над нас!</s><s>20 Така и ние ќе бидеме како сите народи: ќе ни суди наш цар, ќе ни биде водач и ќе ги води нашите војни.” 21 Кога Самоил чу што зборува народот, Му кажа сè на Господа.</s><s>22 А Господ му рече на Самоила: „Послушај ја нивната желба и постави им цар!” Тогаш Самоил им рече на Израелците: „Вратете се секој во својот град!”</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6706
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%209%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 9 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Во она време живееше еден човек во Венијаминовото племе по име Кис, син на Авила, син на Серор, син на Вехорат, син Афиев; беше од Венијаминовото племе, виден човек.</s><s>2 Имаше син по име Саул, кој беше млад и убав.</s><s>Меѓу Израелевите синови немаше поубав човек од него: за глава беше повисок од сиот народ.</s><s>3 Тогаш на Кис, Сауловиот татко му се загубија ослиците, па Кис му рече на својот син Саул: „Земи со себе еден слуга па стани и оди да ги бараш ослиците!” 4 И тие ја поминаа Ефремовата Гора, и ја поминаа земјата Салиса, но не најдоа ништо; ја поминаа земјата Салим, но ослиците не беа таму; ја поминаа и Венијаминовата Земја, но не најдоа ништо.</s><s>5 Кога дојдоа во земјата Суф, Саул му рече на слугата кој го придружуваше: „Ајде да се вратиме, за да не се откаже таткото од ослиците и да се загрижи за нас!” 6 А тој му одговори: „Ене, во оној онаму град живее Божји човек; тој е многу угледен човек: што и да каже се збиднува навистина.</s><s>И така, да отидеме кај него, можеби ќе не упати во она заради што тргнавме на пат.” 7 А Саул му рече на својот слуга: „Ако навистина отидеме онаму што ќе му однесеме на човекот?</s><s>Снема леб во нашите торби, немаме подарок да му однесеме на Божјиот човек.</s><s>Што имаме да му дадеме?” 8 А слугата проговори пак и му рече на Саула: „Ете, имам во раката четвртинка сребрен сикал: ќе му го дадам на Божјиот човек, за да нè упати каде да одиме.” 9 (Некогаш во Израел кога би оделе да Го прашаат Бога за совет, се велеше: „Ајде, да појдеме кај видовитиот!” Зашто кого денес го нарекуваат пророк, некогаш беше викан видовит.) 10 Саул му одговори на својот слуга: „Добро велиш.</s><s>Ајде!” И тргнаа во градот каде што живееше Божјиот човек.</s><s>11 Кога се искачуваа по угорништето кон градот, сретнаа девојки кои што излегле да нацрпат вода.</s><s>И ги прашаа: „Дали е горе видовитиот?” 12 Тие им одговорија вака: „Да, видовитиот е пред вас.</s><s>Точно стигна во градот, само побрзајте, бидејќи денес народот има жртва на високо место.</s><s>13 Штом ќе влезете во градот, ќе го најдете уште пред да се искачи на високото место да јаде.</s><s>Зашто народот нема да јаде додека не дојде тој, бидејќи тој треба да ја благослови жртвата, а потоа повиканите ќе јадат.</s><s>Затоа одете веднаш горе зашто уште ќе го најдете.” 14 Тие отидоа горе во градот.</s><s>Кога влегуваа во вратата, Самоил ги сретна тргнувајќи кон високото место.</s><s>15 А ден пред да дојде Саул Господ му откри на Самоила: 16 ”Утре во ова доба ќе испратам при тебе човек од Венијаминовата Земја.</s><s>Ти ќе го помажеш за кнез над Мојот народ Израел.</s><s>Тој ќе го избави Мојот народ од филистејските раце.</s><s>Ја видов неволјата на Својот народ, и неговиот вик достигна до Мене.” 17 А кога Самоил го здогледа Саула, Господ му проговори: „Еве ти го човекот за кого ти реков: ‘Тој ќе владее над Мојот народ.’” 18 Саул му пристапи на Самоила при вратата и рече: „Покажи ми каде е куќата на видовитиот.” 19 А Самоил му одговори на Саула: „Јас сум видовитиот.</s><s>Тргни пред мене на високото место, денес ќе јадете со мене.</s><s>Утре наутро ќе те отпуштам и ќе ти речам сè што ти е на срцето.</s><s>20 А за ослиците што ти се загубија пред три дни, не возбудувај се, зашто се најдоа.</s><s>Освен тоа, кому му припаѓа сè што е најскапоцено во Израел?</s><s>Зар не тебе и на сиот дом на твојот татко?” 21 А Саул одговори вака: „Не сум ли јас од Венијаминовото племе, од најмалото Израелово племе?</s><s>А мојот род не е ли најнезначаен од сите родови на Венијаминовото племе?</s><s>И така, зошто ми зборуваш такви зборови?” 22 Самоил ги зеде Саула и неговиот слуга, ги одведе во соба и им даде место на чело на повиканите, кои беа околу триесет.</s><s>23 Потоа Самоил му рече на готвачот: „Донеси го делот што ти го дадов и за кој ти реков да го оставиш настрана.” 24 Готвачот ги зеде плешката и она што беше над неа и ги стави пред Саула, а Самоил му рече: „Еве, пред тебе е она што е запазено за тебе.</s><s>Јади, зашто тоа ти е запазено досега, кога го свикав народот.” Така во оној ден Саул јадеше со Самоила.</s><s>25 Потоа оттаму слегоа во градот.</s><s>Таму му послаа на Саула на покривот.</s><s>26 И тој легна на почивка.</s><s>Штом се зазори, Самоил го повика Саула, велејќи: „Стани, за да те отпуштам!” Кога Саул стана, двајцата излегоа, тој и Самоил.</s><s>27 Кога дојдоа на крајот на градот, Самоил му рече на Саула: „Речи му на момокот нека тргне напред пред нас!</s><s>А ти застани, сега, за да ти го јавам Божјото слово.”</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6708
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2010%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 10 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Тогаш Самоил зеде сад со масло па го излеа врз главата на Саула, потоа го пољуби и рече: „Со ова Господ те помаза за кнез над Својот народ Израел.</s><s>Ти ќе владееш над Господовиот народ, и ќе го избавиш од рацете на неговите непријатели наоколу.</s><s>И еве ти знак дека Господ те помаза за кнез над Своето наследство.</s><s>2 Кога ќе заминеш сега од мене, ќе најдеш двајца луѓе кај Рахилиниот Гроб, на границата на Венијаминовата Земја, во Селса.</s><s>Тие ќе ти речат: ‘Се најдоа ослиците, кои тргна да ги бараш; и ете, твојот татко ги заборави ослиците, и се загрижи за вас и вели: „Што да направам за својот син?”‘ 3 Кога ќе заминеш оттаму натаму и ќе дојдеш до Таворскиот Даб, ќе сретнеш таму тројца луѓе кои ќе одат горе кон Бога во Ветил.</s><s>Едниот ќе носи три јариња, другиот три леба, а третиот мев со вино.</s><s>4 Тие ќе те поздрават, и ќе ти дадат два леба, а ти прими ги од нивните раце.</s><s>5 Потоа ќе дојдеш во Божја Гаваја каде се наоѓаат филистејските граничари.</s><s>Кога ќе влезеш во градот, ќе сретнеш дружина пророци, кои ќе слегуваат од високото место, а пред нив псалтири, тапанчиња кавалчиња и гуслиња; и тие ќе пророкуваат.</s><s>6 Тогаш Господовиот Дух ќе слезе на тебе, и ќе пророкуваш со нив, и ќе се измениш во друг човек.</s><s>7 А кога ќе се исполнат тие знакови, тогаш прави како што ќе посакаш, зашто Бог е со тебе.</s><s>8 Потоа ќе слезеш пред мене во Галгал, и јас ќе слезам при тебе, за да принесам паленици и помирителни жртви.</s><s>Чекај седум денови додека не дојдам кај тебе и да те поучам што ќе правиш.” 9 Штом Саул ги сврте плеќите за да си отиде од Самоила, Бог му го промени срцето, и сите оние знаци се исполнија во оној ден.</s><s>10 Имено кога дојдоа во Гаваја, ете, му дојде во пресрет дружина пророци, и Божјиот Дух слезе на него, и тој пророкуваше среде нив.</s><s>11 И кога сите, кои го познаваа отпорано, го видоа како пророкува со пророците, почнаа да зборуваат еден на друг: „Што се случи тоа со Кисовиот син?</s><s>Зар е Саул меѓу пророците?” 12 А еден од нив одговори и рече: „А кој е нивниот татко?” Од тоа стана пословицата: „Зар е и Саул меѓу пророците!” 13 Кога прекрати да пророкува Саул се врати дома.</s><s>14 А Сауловиот чичко ги праша него и слугата: „Каде отидовте?” А Саул одговори: „Да ги бараме ослиците; а кога видовме дека ги нема, отидовме кај Самоил.” 15 А неговиот чичко го замоли: „Раскажи ми што ви рече Самоил.” 16 А Саул му одговори на својот чичко: „Ни рече дека се најдоа ослиците.” Ама не му рече ништо за царската чест што му ја прорече Самоил.</s><s>17 Потоа Самоил го свика народот пред Господа во Миспа 18 и им рече на Израелевите синови: „Вака зборува Господ: ‘Јас го изведов Израел од Египет и ве избавив од египетските раце и од рацете на сите царства, кои ве угнетуваа.’ 19 А вие го отфрливте денес својот Бог, Оној Кој ве избавуваше од сите ваши зла и од сите ваши неволји, и Му рековте: ‘Не, туку постави ни цар над нас!’ Затоа сега застанете пред Господа според своите племиња и родови.” 20 Потоа Самоил ги приведе сите Израелеви племиња, и жрепката падна на Венијаминовото племе.</s><s>21 Потоа го приведе Венијаминовото племе по родовите, и жрепката падна на Матриевиот род; и кога го приведе Матриевиот род, човек по човек, жрепката падна на Саула, синот Кисов; но кога го побараа, не го најдоа.</s><s>22 Тогаш го прашаа уште еднаш Господа: „Дали дојде тој човек тука?” А Господ одговори: „Ене го, се скрил зад товарот.” 23 Стрчаа и го доведоа оттаму; а кога застана среде народот, беше со главата и со рамениците повисок од сите.</s><s>24 Тогаш Самоил му рече на сиот народ: „Видовте ли кого го избра Господ?</s><s>Не му има рамен во сиот народ.” И сиот народ почна да воскликнува и да вика: „Да живее царот!” 25 Тогаш Самоил му го соопшти на народот царското право и го запиша во книжен свиток што го положи пред Господа.</s><s>Најпосле Самоил го отпушти сиот народ, за да си оди секој во својата куќа.</s><s>26 Саул исто така се врати дома во Гаваја, а со него тргнаа јунаците на кои Бог им ги допре срцата.</s><s>27 Ама некои ништожници рекоа: „Како ќе нè спаси тој?” И го презреа и не му донесоа никаков подарок.</s><s>Тој се преправаше како да не го гледа тоа.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6710
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2011%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 11 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Од прилика по месец дена Амонецот Наас дојде и се влогори кај Галадовиот Јавис.</s><s>Сите јависци му порачаа на Наас: „Склучи сојуз со нас, па ќе ти се покориме.” 2 Но Амонецот Наас одговори: „Вака ќе склучам сојуз со вас: на секој од вас ќе му го извадам десното око, и така ќе му направам срам на сиот Израел.” 3 А јависките старешини му рекоа: „Остави ни седум денови, за да испратиме гласници во сите Израелеви краеви, па ако не се најде никој за да нè избави, ќе ти се предадеме тебе.” 4 И пратениците дојдоа во Саулова Гаваја па му изложија сè на народот за да чуе.</s><s>Тогаш сиот народ заплака со висок глас.</s><s>5 А ете, Саул токму одеше по добитокот од полето, па праша: „Што им е на луѓето па плачат?” И му раскажаа што рекоа јависците.</s><s>6 Кога Саул ги чу тие зборови, Господовиот Дух слезе на него, и силен гнев зовре во него.</s><s>7 И тој зеде два вола, ги насече, и деловите ги испрати по пратеници во сите Израелеви краишта и порача: „Кој не ќе тргне по Саула, вака ќе биде со неговите говеда.” И Божјиот страв ги опфати луѓето, па тргнаа како еден човек.</s><s>8 Саул ги преброја во Везек: и имаше Израелеви синови три стотини илјади, а Јудини луѓе триесет илјади.</s><s>9 Потоа им рече на пратените кои што беа дошле: „Вака речете им на јависците во Галад: ‘Утре кога сонцето ќе припече, ќе ви стигне помош.’” Кога посланиците се вратија, им го јавија сè тоа на јависците, и тие се зарадуваа.</s><s>10 И му порачаа на Наас: „Утре ќе излеземе кон вас, па направете со нас како што ќе ви биде мило.” 11 Утреден Саул го раздели народот во три чети, кои навлегоа во логорот при утринската стража, и ги поразија Амонците под најголемата дневна жега; а тие што останаа живи се распрснаа така што ни двајца не останаа заедно.</s><s>12 Тогаш народот му рече на Самоила: „Кој е оној што зборуваше: ‘Зар Саул ќе царува над нас?’ Дајте ги тие луѓе за да ги погубиме!” 13 Ама Саул одговори: „Нека никој не биде погубен во овој ден, зашто денес Господ извојува победа во Израел.” 14 Тогаш Самоил му рече на народот: „Ајде во Галгал, таму да го потврдиме царството.” 15 И сиот народ тргна во Галгал, и таму го поставија Саула за цар пред Господа, во Галгал.</s><s>Таму жртвуваа пред Господа помирителни жртви, и таму Саул, со сите Израелци, прославуваше прослава.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6712
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2012%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 12 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Тогаш Самоил му рече на сиот Израел: „Еве ја исполнив вашата желба во сè што баравте од мене, и поставив цар над вас.</s><s>2 И отсега царот ќе оди пред вас.</s><s>А јас остарев и оседев, и моите синови ете, се меѓу вас.</s><s>Јас одев пред вас од својата младост па до денешниот ден.</s><s>3 Еве ме!</s><s>Посведочите против мене пред Господа и пред Неговиот помазаник: кому му одзедов вол и кому му одзедов осле?</s><s>Кого го измамив?</s><s>Кого го угнетував?</s><s>Од кого примив поткуп за да замижам на едното око?</s><s>Јас ќе ви вратам назад сè.” 4 А тие одговорија: „Не нè измами, не нè угнетуваше, од никого не прими ништо.” 5 Уште им рече: „Господ е сведок за вас, и Неговиот помазаник е сведок во овој ден, дека не најдовте ништо во мојата рака.” А тие одговорија: „Сведок е!” 6 Тогаш Самоил му рече на народот: „Да, сведок е Господ, Кој ги постави Мојсеја и Арона и Кој ги изведе вашите татковци од Египет.</s><s>7 Застанете сега тука, да поразговарам со вас пред Господа и да ве потсетам на сите големи дела, кои ви ги направи Господ вам и на вашите татковци.</s><s>8 Кога Јаков дојде во Египет Египетците ги притиснаа, а вашите татковци извикаа кон Господа за помош.</s><s>И Господ ги испрати Мојсеја и Арона, кои ги изведоа вашите татковци од Египет, и ги насели на ова место.</s><s>9 Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Тој ги предаде во рацете на Сисара, војводата на асорската војска, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив.</s><s>10 И пак извикаа кон Господа за помош, говорејќи: ‘Згрешивме, зашто Го оставивме Господа и почнавме да им служиме на ваалите и на астартите; избави нè сега од рацете на нашите непријатели па ќе Ти служиме!’ 11 И Господ ги испрати Еровала, Ведана, Ефтаја и Самоила, па ве избави од рацете на вашите непријатели, наоколу, така што можевте да живеете без страв.</s><s>12 Ама кога го видовте Наас, амонскиот цар, како иде против вас, ми рековте: ‘Не, туку цар нека владее над нас!’ Па сепак е ваш Цар, Господ, вашиот Бог!</s><s>13 И ете ви го сега царот кого го избравте!</s><s>Ете, Господ постави цар над вас.</s><s>14 Ако се боите од Господа и ако Му служите, ако го слушате Неговиот глас и не се противите на Неговите заповеди, ќе го следете Господа, својот Бог, вие и царот кој царува над вас.</s><s>15 Ако не го слушате Господовиот глас, ако се противите на Неговите заповеди, тогаш Господовата рака ќе се спушти на вас и на вашиот цар, како што беше против вашите татковци.</s><s>16 Сега пристапете уште еднаш и видете го големиот знак што Господ ќе го направи пред вашите очи.</s><s>17 Не е ли сега пченичната жетва?</s><s>Ама јас ќе Го повикам Господа, и Тој ќе испрати громови и дожд.</s><s>И ќе разберете јасно колку е големо злото што го направивте пред Господа, барајќи цар за себе.” 18 Тогаш Самоил го повика Господа, и Господ испрати громови и дожд во оној ден, и сиот народ многу се исплаши од Господа и од Самоила.</s><s>19 И сиот народ му рече на Самоила: „Моли Му се на Господа, на својот Бог, за своите слуги, за да не изумреме, зашто кон сите свои гревови додадовме зло - барајќи цар за себе.” 20 Ама Самоил му рече на народот: „Не бојте се!</s><s>Навистина вие го сторивте сето ова зло, ама сега веќе не го оставајте Господа, туку служете Му на Господа со сето свое срце.</s><s>21 Не клањајте им се веќе на ништожните кипови, кои не ви користат ништо, не ви помагаат ништо, зашто се само ништожества.</s><s>22 А Господ нема да го отфрли Својот народ, заради Своето величествено име, зашто Господ благоволи да направи Свој народ.</s><s>23 А нека биде далеку од мене за да Му згрешам на Господа, прекратувајќи да молам за вас и да ве упатувам на добар и чесен пат.</s><s>24 Само бојте се од Господа, и служете Му нему искрено со сето свое срце; зашто колку големи дела направи за вас.</s><s>25 Ако правите зло, ќе пропаднете вие и вашиот цар.”</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6714
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2013%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 13 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Саул царуваше една година, а втората година од царувањето над Израел, 2 Саул си избра три илјади Израелци: две илјади од нив беа со Саула во Михмас и во Ветилската Гора, а едната илјада беше со Јонатан во Венијаминовата Гаваја.</s><s>Другиот народ Саул го отпушти секого во неговиот шатор.</s><s>3 Јонатан го разурна филистејскиот столб, што стоеше во Гаваја, и Филистејците научија дека Евреите се побунија.</s><s>Саул заповеда па затрубија во рог по сета земја, 4 и сиот Израел ја дозна новоста: „Саул го сурна филистејскиот столб, Израел му стана замразен на Филистејците!” И народот почна да се собира околу Саула во Галгал.</s><s>5 А Филистејците се собраа за да војуваат против Израел: три илјади бојни коли, шест илјади коњаници, а мноштво народ како песок на морскиот брег.</s><s>И се влогорија кај Михмас, источно од Вет Авен.</s><s>6 Кога Израелците видоа дека се во неволја и дека народот е притиснат од непријателот, се скрија во пештерите, во јамите, во камењиштата, во рововите и во водособиралиштата.</s><s>7 Некои поминаа и преку бродовите на Јордан во земјата Гадова и Галадова.</s><s>Саул уште беше во Галгал, а сиот народ околу него трепереше од страв.</s><s>8 Тој почека седум дена како што му одреди Самоил; но бидејќи Самоил не дојде во Галгал, народот почна да се разојдува од Саула.</s><s>9 Тогаш Саул рече: „Донесете ми жртва паленица и помирителни жртви!” И ја принесе жртвата паленица.</s><s>10 И токму ја завршуваше жртвата паленица, кога ете го Самоила, и Саул му излезе во пресрет за да го поздрави.</s><s>11 Самоил, го праша: „Што направи?” А Саул одговори: „Кога видов дека народот се разојдува од мене, а ти да не доаѓаш до одредениот ден, а Филистејците се собрале во Михмас, 12 помислив: ‘Сега Филистејците ќе удрат на мене во Галгал, а јас не ќе стигнам да Му се помолам на Господа со молитва!’ Затоа се осмелив и принесов жртва паленица.” 13 Самоил му рече тогаш на Саула: „Безумно постапи!</s><s>Ако ја запазеше заповедта што ти ја даде Господ, твојот Бог, Господ би го зацврстил твоето царство над Израел довека.</s><s>14 А сега твоето царство нема да се одржи трајно: Господ си побара човек според Своето срце и го одреди за кнез над Својот народ, зашто ти не го запази тоа што ти го заповеда Господ.” 15 Тогаш Самоил стана и си отиде од Галгал по својот пат во Венијаминова Гаваја.</s><s>Народот што остана, тргна по Саула во пресрет на војниците.</s><s>Штом дојдоа од Галгал во Венијаминова Гаваја, Саул го преброи народот што остана покрај него, и го имаше околу шест стотини.</s><s>16 Саул и неговиот син Јонатан со луѓето кои што беа со нив заседнаа во Венијаминова Гаваја, а Филистејците се влогорија во Михмас.</s><s>17 Тогаш од филистејскиот логор излезе чета пљачкаши во три одделенија: едното одделение удри кон Офра во Совалската Земја; 18 второто одделение тргна кон Вет Орон, а третото одделение удри кон Гаваја што се крева покрај Севоим (Долината на Хиените) кон пустината.</s><s>19 А по сета Израелева земја немаше ковачи, зашто Филистејците рекоа: „Треба да се стори сè за да не си прават Евреите мечеви и копја.” 20 Затоа сите Израелци одеа кај Филистејците ако некој сакаше да го прекове своето рало или мотиката, својата секира или остенот за воловите.</s><s>21 Или ако им се скршеа врвовите на паличниците, мотиките, вилите, или секирите, или ако беше потребно да поправат кол.</s><s>22 Така се случи на денот на битката кај Михмас никој од сиот народ, што беше со Саула и со Јонатана, немаше ни меч ни копје во раката; само Саул и неговиот син Јонатан ги имаа.</s><s>23 А тогаш една филистејска стража беше излегла кон преминот кај Михмас.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6716
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2014%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 14 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Еден ден Сауловиот син Јонатан му рече на својот момок, оруженосец: „Ајде да поминеме до филистејската стража, која е онаму преку.” Не му јави ништо за тоа на својот татко.</s><s>2 Саул седеше на меѓата на Гаваја, под калинката што беше во Мигрон; а со него беа околу шест стотини луѓе.</s><s>3 А Ахиј синот Ахитов, братот Ихаводов, синот Финесов, синот Илиев, на Господовиот свештеник во Сило, носеше наплеќник.</s><s>Народот не забележа дека Јонатан си отиде.</s><s>4 Во средината на клисурата каде што Јонатан сакаше да помине за да дојде до филистејската стража имаше стрмен камен од едната страна и стрмен камен од другата страна.</s><s>Едниот се викаше Восес, а другиот Сене.</s><s>5 Првиот стрмен камен стоеше на север, спроти Михмас, а другиот на југ, спроти Гаваја.</s><s>6 Јонатан му рече на својот оруженосец: „Ајде да поминеме до стражата на оние необрезаници.</s><s>Можеби Господ ќе направи нешто за нас, зашто ништо не Му пречи на Господа да додели победа, било да се многу луѓе или малку.” 7 А штитоносецот му одговори: „Прави сè на што те поттикнува твоето срце.</s><s>Јас ќе дојдам со тебе, моето срце е како твоето срце.” 8 Јонатан му одговори: „Еве ќе поминеме кон тие луѓе и ќе им се покажеме.</s><s>9 Ако ни речат вака: ‘Не мрдајте сè додека не дојдеме до вас,’ тогаш ќе се исправиме на местото и нема да се искачуваме кон нив.</s><s>10 Ама ако ни речат вака: ‘Искачете се кон нас,’ тогаш ќе се искачиме, зашто Господ ни ги предаде во рацете.</s><s>Тоа ќе ни биде знак.” 11 Кога двајцата и се покажаа на филистејската стража, филистејците рекоа: „Ете Евреите почнаа да излегуваат од дупките во кои се скрија.” 12 И стражарите му викнаа на Јонатана и на неговиот оруженосец: „Искачете се кон нас за да ве научиме нешто!” А Јонатан му рече на својот оруженосец: „Искачувај се по мене, зашто Господ ги предаде во Израелевите раце.” 13 Јонатан почна да се искачува помагајќи се со рацете и нозете, а по него неговиот оруженосец.</s><s>Филистејците паѓаа пред Јонатана, а неговиот штитоносец ги убиваше по него.</s><s>14 Во тој прв колеж што го направија Јонатан и неговиот штитоносец, паднаа дваесет луѓе на од прилика половина рало изорано поле.</s><s>15 Тогаш се рашири страв по логорот и по полето, а стравот ги опфати и стражарите и четата грабачи; и земјата се стресе, и тоа беше силен Божји страв.</s><s>16 А Сауловите стражари во Венијаминовата Гаваја забележија дека мноштвото во логорот се разбранувало на сите страни.</s><s>17 И Саул им рече на луѓето кои што беа со него: „Извикувајте по име и видите кој си отишол од нас.” А кога прозиваа, ете, ги немаше Јонатана и неговиот штитоносец!</s><s>18 Тогаш Саул му рече на Ахиј: „Приближи го наплеќникот!</s><s>Посоветувај се со Господа!” Зашто Божјиот Ковчег во тоа време беше со Израелевите синови.</s><s>19 Но додека Саул зборуваше со свештеникот, вревата во филистејскиот логор стануваше сè поголема, па Саул му рече на свештеникот: „Повлечи ја раката!” 20 Тогаш Саул и сиот народ што беше со него тргнаа заедно кон местото на бојот, и ете, таму ги беа извлекле мечевите едни на други, и голем смут владееше меѓу нив.</s><s>21 А оние Евреи кои од поодамна беа во служба на Филистејците и кои што тргнаа сега со нив во војската, се одметнаа од нив и им се придружија на Израелците, кои беа со Саула и со Јонатана.</s><s>22 И сите Израелци, кои се беа скриле во Ефремовата Гора, откако чуја дека Филистејците бегаат, се нафрлија по нив во бој.</s><s>23 Така Господ му додели победа на Израел во оној ден, а бојот се рашири сè до преку Вет Авен.</s><s>24 Израелците беа во оној ден многу изморени, зашто Саул ја изрече над народот оваа заклетва: „Проклет да биде човекот, кој ќе вкуси храна пред вечерта, пред да им се одмаздам на своите непријатели!” Така сиот народ не вкуси храна во тој ден.</s><s>25 Но таму имаше саќи со мед на површината на земјата.</s><s>26 Кога народот дојде онаму, виде како тече мед, но никој не ја принесе раката кон устата, зашто народот се боеше од заклетвата.</s><s>27 Само Јонатан, кој не чу кога неговиот татко го заколна народот, го доближи врвот на стапот, што му беше во раката, и го намака во медените саќи, потоа ја принесе раката кон устата; и веднаш му засветкаа очите.</s><s>28 Тогаш еден од народот проговори и рече: „Твојот татко го заколна народот, велејќи: ‘Проклет да е оној кој ќе вкуси храна денес!’” 29 А Јонатан одговори: „Мојот татко ја навалува несреќата на земјата.</s><s>Гледајте, ми засветкаа очите зашто вкусив малку од тој мед.</s><s>30 Што би било допрва ако народот јадеше слободно од пленот што го доби од непријателот?</s><s>Не ќе ли беше уште поголем филистејскиот пораз?” 31 Во оној ден ги поразија Филистејците од Михмас сè до Ајалон, а народот беше на крајот на своите сили.</s><s>32 Тогаш народот се нафрли на грабеж, нафаќа ситен добиток, говеда и телиња и почна да ги коле на гола земја и да го јаде месото со крвта.</s><s>33 И му соопштија на Саула, велејќи: „Ете народот му греши на Господа, јадејќи месо со крв!” 34 Потоа рече: „Отидете меѓу народот и речете им на сите нека секој го доведе при мене својот вол или овца; тука ќе ги колете и ќе ги јадете, а нема да Му грешите на Господа, јадејќи месо со крвта.” Така сиот народ уште во истата ноќ доведе кој што имаше, и тоа го колеа таму.</s><s>35 А Саул Му подигна жртвеник на Господа; тоа беше прв жртвеник што Му го подигна на Господа.</s><s>36 Тогаш Саул рече: „Да тргнеме уште ноќеска во потера по Филистејците, и да ги пленуваме додека не осамне утрото!</s><s>Нема да им оставиме ниеден човек!” А народот му одговори: „Прави сè што мислиш дека е добро!” Ама свештеникот рече: „Да Му пристапиме тука на Бога!” 37 И Саул го праша Бога: „Треба ли да тргнам во потера по Филистејците?</s><s>Дали ќе ги предадеш во Израелеви раце?” Ама не му одговори во оној ден.</s><s>38 Затоа Саул рече: „Пристапете ваму, сите народни главатари!</s><s>Испитајте и видете во што беше денешниот престап.</s><s>39 Зашто, живиот ми Господ, Кој му дава победа на Израел, ако се најде вина макар и на мојот син Јонатан, треба да умре!” Ама никој од народот не се осмели да му одговори на Саула.</s><s>40 Саул тогаш му рече на сиот Израел: „Вие застанете на една страна, а јас и мојот син Јонатан ќе застанеме на другата страна.” А народот му одговори на Саула: „Прави го она што мислиш дека е добро!” 41 Тогаш Саул се помоли: „Господи, Израелев Боже, зошто не му одговори денес на својот слуга?</s><s>Ако е вината на мене или на мојот син Јонатан, Господи, Израелев Боже, дај Урим; ако е вината на Твојот народ Израел, дај Тумим.” И жрепката падна на Саула и на Јонатана, а народот излезе прав.</s><s>42 Саул продолжи: „Фрлете жрепка за мене и за мојот син Јонатан!” И жрепката падна на Јонатана.</s><s>43 Тогаш Саул му рече на Јонатана: „Признај што си направил!” Јонатан одговори: „Јас само вкусив малку мед со врвот на стапот што ми беше во раката.</s><s>Еве ме, готов сум да умрам!” 44 Саул одговори: „Така Господ да ми направи зло и да ми додаде друго ако навистина не умреш Јонатане!” 45 Ама народот му рече на Саула: „Зар да умре Јонатан, кој ја извојува оваа голема победа во Израел?</s><s>Тоа не смее да биде!</s><s>Живиот ни Господ, ниедно влакно од неговата глава нема да падне на земја, зашто тој со Бога го изврши ова дело денес!” Така народот го избави, та Јонатан не загина.</s><s>46 Саул се откажа од потерата по Филистејците, а Филистејците се вратија во својот крај.</s><s>47 Кога Саул ја зацврсти својата царска власт над Израел, се сврте да војува против сите свои непријатели наоколу: против Моав, против Амонците, против Едом, против царот на Сова и против Филистејците; каде и да се завртеше секаде победуваше.</s><s>48 Даде многу докази за својата храброст, ги порази Амаликците и го избави Израел од рацете на оние кои што го ограбуваа.</s><s>49 Саулови синови беа: Јонатан, Исух и Мелхи-Суј, а од неговите две ќерки постарата се викаше Мерава, а помладата Михала.</s><s>50 Сауловата жена се викаше Ахиноама, а беше ќерка Ахимасова.</s><s>Војводата на неговата војска се викаше Авенир, а му беше син на Нир, Сауловиот чичко.</s><s>51 Зашто Кис, Сауловиот татко, и Нир, Авенировиот татко, беа синови Авилови.</s><s>52 Жестока војна се водеше против Филистејците за време на сиот Саулов век.</s><s>И кого и да видеше Саул храбар и боевит човек, секого го земаше во своја служба.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6717
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2015%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 15 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Еднаш Самоил му рече на Саула: „Господ ме испрати мене за да те помажам за цар над Неговиот народ, Израел.</s><s>И така послушај ги Господовите зборови.</s><s>2 Господ над Воинствата зборува вака: ‘Одлучив да се одмаздам за она што Амалик му направил на Израел, затворајќи му го патот кога излегуваше од Египет.</s><s>3 Сега оди и удри на Амалик, изврши проклето уништување, врз него и врз сè што има; не поштедувај го, погуби ги мажите и жените, децата и доилчињата, говедата и овците, камилите и ослиците!’” 4 Саул го свика народот да го преброи во Телаим: беа две стотини илјади пешаци (и десет илјади Јудејци).</s><s>5 Саул дојде до Амаличкиот град и постави заседа во долината на потокот.</s><s>6 Потоа Саул им порача на Кенејците: „Отидете и одвоете се од Амаликците за да не ве истребам заедно со нив, зашто им бевте наклонети на сите Израелци кога излегуваа од Египет.” И Кенејците се одвоија од Амаликците.</s><s>7 Саул ги порази Амаликците од Авила па сè до Сур, кој лежи пред Египет.</s><s>8 И го фати жив Агаг, амаличкиот цар, а сиот народ го сотре со острилото на мечот, извршувајќи клето уништување.</s><s>9 Но Саул и народот ги поштедија Агаг и најдобрите овци и најдобрите говеда, згоената стока и јагнињата, и сè што беше добро.</s><s>Не сакаа да извршат клето уништување над сè тоа; туку над тоа што беше без цена и вредност од добитокот, врз тоа извршија проклето уништување.</s><s>10 Затоа му дојде Господовото слово на Самоила вака: 11 ”Се кајам што го поставив Саула за цар: се сврти од Мене и не ги исполни Моите заповеди.” Самоил се нажали, и цела ноќ извикнуваше кон Господа.</s><s>12 Рано наутро Самоил тргна за да го побара Саула.</s><s>И му јавија на Самоила вака: „Саул отиде во Кармил, и ете, си подигна таму споменик; потоа отиде натаму и слезе во Галгал.” 13 Кога Самоил дојде кај Саула, Саул му рече: „Благословен да си од Господа!</s><s>Ја извршив Господовата заповед.” 14 Ама Самоил праша: „Какво е тоа блеење на овци што достига до моите уши и мукање на говеда што го слушам?” 15 А Саул одговори: „Ги потераа од Амаликците, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и најдобрите говеда, за да ги жртвува на Господа, на твојот Бог.</s><s>Сè друго истребивме!” 16 А Самоил му рече на Саула: „Застани да ти кажам што ми откри ноќеска Господ.” А тој рече: „Зборувај”.</s><s>17 Тогаш Самоил рече: „Колку и да си мал во своите очи, сепак стана главатар на Израелевите племиња.</s><s>Господ те помза за цар над Израел.</s><s>18 Господ те испрати во воен поход и ти заповеда: ‘Оди изврши клето уништување над тие грешници, над Амаликците, војувај против нив до истребување.’ 19 Зошто не ги послуша Господовите зборови?</s><s>Зошто се нафрли на грабеж и го стори она што е зло во Господовите очи?” 20 Саул му одговори на Самоила: „Јас го послушав Господовиот збор: презедов поход каде што ме испрати, го доведов Агаг, амаличкиот цар, и извршив клето истребување над Амаликците.</s><s>21 Но народот зеде од пленот овци и говеда, и тоа од најдобрите врз кои требаше да биде извршен клето истребување, за да Му ги жртвува на Господа, на твојот Бог, во Галгал.” 22 А Самоил одговори: „Дали Му се на Господа помили палениците и приносите од послушноста кон Неговиот глас?</s><s>Знај, послушноста е поскапоцена од најдобрата жртва, покорноста е подобра од овни; 23 непокорноста е како гревот на вражањето самоволието е како злостор со идолите.</s><s>Ти го отфрли Господовиот збор, затоа Господ те отфрли тебе, за да не бидеш повеќе цар!” 24 Тогаш Саул му одговори на Самоила: „Згрешив што ги прекршив Господовата заповед и твоите наредби.</s><s>Се боев од народот и му попуштив на неговото барање.</s><s>25 А сега прости ми го мојот грев и врати се со мене, за да му се поклонам на Господа.” 26 Но Самоил му одговори на Саула: „Нема да се вратам со тебе: ти го отфрли Господовото слово, затоа Господ те отфрли тебе, за да не бидеш веќе цар над Израел.” 27 Кога Самоил се сврте за да си отиде, Саул го фати цврсто скутот на неговата наметка, но скутот се отцепи.</s><s>28 Тогаш Самоил му рече: „Денес Господ ти го отцепи царството над Израел и му го даде на твојот сосед, кој е подобар од тебе.” 29 Сепак Силниот Израелев Светец не лаже и не се кае, зашто не е човек за да се кае.</s><s>30 Саул рече: „Согрешив; но сега направи ми чест пред старешините на мојот народ и пред Израел и врати се со мене, за да Му се поклонам на Господа, на твојот Бог.” 31 И Самоил се врати со Саула, и Саул му се поклони на Господа.</s><s>32 Потоа Самоил заповеда: „Доведете го при мене Агаг, амаличкиот цар!” И Агаг дојде при него весело и рече: „Навистина, горчината на смртта одминала!” 33 Самоил му одговори: „Како што твојот меч им ги одзеде децата на многу жени, така твојата мајка ќе остане меѓу жените без дете!” И Самоил го сосече Агага пред Господа во Галгал.</s><s>34 Потоа Самоил отиде во Рама, а Саул се врати во својот дом, во Сауловата Гаваја.</s><s>35 И Самоил не го виде веќе Саула до својот смртен ден.</s><s>Самоил тажеше заради Саула, ама Господ воздивна што го постави Саула за цар над Израел.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6720
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2016%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 16 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Господ му рече на Самоила: „До кога ќе тажиш заради Саула, кога Јас го отфрлив, за да не царува веќе над Израел?</s><s>Наполни го својот рог со масло и тргни на пат!</s><s>Јас те праќам при Витлеемецот Јесеј, зашто си избрав цар од неговите синови.” 2 А Самоил рече: „Како би можел да одам таму?</s><s>Саул ќе чуе за тоа, и ќе ме убие!” Ама Господ му одговори: „Земи со себе јуница па речи: ‘Дојдов за да Му жртвувам на Господа,’ 3 и повикај го Јесеја на жртвата, а Јас Самиот ќе те поучам што ќе правиш: ќе го помажеш оној кого што ќе ти го посочам.” 4 Самоил направи како што му рече Господ.</s><s>Кога дојде во Витлеем, градските старешини му дојдоа треперејќи во пресрет и го прашаа: „Значи ли мир твоето доаѓање?” 5 Самоил одговори: „Да, мир!</s><s>Дојдов да Му жртвувам на Господа.</s><s>Очистете се и дојдете со мене на жртвата!” Потоа ги очисти Јесеја и неговите синови и ги повика на жртва.</s><s>6 Кога дојдоа и кога Самоил го виде Елијав, си рече во себеси: „Без сомнение, еве пред Господа стои Неговиот помазаник!” 7 Но Господ му рече на Самоила: „Не гледај на неговата надворешност, ни на неговиот висок раст, зашто го отфрлив.</s><s>Бог не гледа како што гледа човекот: човекот гледа на лице, а Господ гледа што е во срцето.” 8 Потоа Јесеј го повика Авинадава и го доведе пред Самоила.</s><s>А тој рече: „Господ не го избра ни овој.” 9 Тогаш Јесеј го доведе Сама, ама Самоил рече: „Господ не го избра ни овој.” 10 Така Јесеј ги доведе своите седум синови пред Самоила, ама Самоил рече: „Господ не избра ниеден од овие.” 11 Потоа го праша Јесеја: „Дали се тоа сите твои синови?” А тој одговори: „Остана најмладиот, тој е на пасиште, по стадото.” Тогаш Самоил му рече на Јесеја: „Испрати по него, зашто нема да седнам покрај столот додека тој не дојде.” 12 Јесеј испрати по него: тоа беше румен момок, со убави очи и убава става.</s><s>И Господ му рече на Самоила; „Стани помажи го: тој е!” 13 Самоил го зеде рогот со маслото, и го помаза среде неговите браќа.</s><s>Господовиот Дух го опфати Давида од оној ден.</s><s>А Самоил тргна на пат и отиде во Рама.</s><s>14 Господовиот Дух беше отстапил од Саула, а еден зол дух, од Господа, почна да го вознемирува.</s><s>15 Тогаш на Саула му рекоа неговите слуги: „Еве Божји зол дух те вознемирува.</s><s>16 Затоа нашиот господар нека заповеда, па твоите слуги ќе побараат човек, кој знае да свири со лира: кога ќе те нападне Божјиот зол дух, оној нека свири во лирата, па ќе ти биде подобро.” 17 Саул им рече на своите слуги: „Најдете ми човек, кој умее да свири вешто со лира и доведете го кај мене!” 18 Еден од неговите слуги одговори: „Јас видов еден син на Витлеемецот Јесеј: тој умее да свири со лира, храбар човек е, и човек воин, вешт говорник е, со убава става, и Господ е со него.” 19 Тогаш Саул му испрати гласници на Јесеј и му порача: „Испрати ми го својот син Давид кој е кај стадото!” 20 А Јесеј зеде пет лебови, мев со вино и му ги испрати на Саула по својот син Давид.</s><s>21 И Саул го возљуби многу, и Давид стана негов штитоносец.</s><s>22 Потоа Саул испрати кај Јесеја и му порача: „Давид нека остане кај мене во служба, зашто ја придоби мојата наклонетост.” 23 И кога Божјиот зол дух ќе го нападнеше Саула, Давид ја земаше лирата и свиреше; тогаш му олеснуваше на Саула, и му стануваше подобро, а лошиот дух заминуваше од него.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6722
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2017%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 17 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Филистејците ги собраа своите чети и се состанаа кај Сокхот во Јудеја.</s><s>Се влогорија меѓу Сокхот и Азика кај Ефес Дамим.</s><s>2 А Саул и Израелците се собраа и се влогорија во Теребинската Долина и се наредија за бој против Филистејците.</s><s>3 Филистејците стоеја на гората од едната страна, Израелците на гората од другата страна, а долината беше меѓу нив.</s><s>4 Од филистејските редови излезе еден предизвикувач.</s><s>Се викаше Голијат, а беше од Гат.</s><s>Беше висок шест лакти и една педа.</s><s>5 На главата имаше бронзена кацига, беше облечен во лушпест оклоп, а оклопот му беше тежок пет илјади бронзени сикли.</s><s>6 На нозете имаше бронзени ногалки, а на рамената бронзен штит.</s><s>7 Дршката на неговото копје беше како ткајачко кросно, а врвот на копјето тежеше шест стотини железни сикли.</s><s>Пред него врвеше штитоносец.</s><s>8 Тој застана пред израелските бојни редици и им викна: „Зашто сте излегле да се наредите за битка?</s><s>Не сум ли јас Филистеец, а вие Саулови слуги?</s><s>Изберете од вас еден човек па нека слезе кон мене!</s><s>9 Ако победи во борбата против мене и ако ме погуби, ние ќе бидеме ваши слуги.</s><s>Ако пак јас го победам него и го погубам, тогаш вие ќе бидете наши слуги и ќе ни робувате.” 10 Филистеецот рече уште: „Јас денес ги предизвикав Израелевите бојни редови.</s><s>Дајте ми човек за да се обидеме во двобој!” 11 Кога Саул и сиот Израел чуја што рече Филистеецот, ги опфати страв и трепет.</s><s>12 Давид му беше син на некој си Ефраќанец од Витлеем во Јудеја; тој се викаше Јесеј, а имаше осум синови.</s><s>Тој човек, во Сауловото време, беше стар и напреднат во годините.</s><s>13 Трите најстари Јесееви синови беа отишле по Саула во војна; а тие три негови синови, кои беа отишле во војна, се викаа: најстариот Елијав, вториот Авинадав, а третиот Сама.</s><s>14 Давид беше најмлад.</s><s>А трите најстари беа отишле по Саула.</s><s>15 Давид одеше кај Саула и се враќаше од неговата служба, за да ги пасе стадата на својот татко во Витлеем.</s><s>16 А Филистеецот излегуваше секое утро и вечер и се покажуваше така четириесет дни.</s><s>17 А Јесеј му рече на својот син Давид: „Земи ги за своите браќа оваа ефа пржено жито и овие десет лебови и однеси ги побрзо кај своите браќа во логорот.</s><s>18 А оние десет пити сирење, однеси ги на нивниот илјадник.</s><s>Распрашај се за здравјето на своите браќа и донеси од нив знак дека си го извршил налогот!</s><s>19 Тие се со Саула и со сите Израелци во Илинската Долина: војуваат против Филистејците.” 20 Давид стана рано наутро, му го остави стадото на еден чувар, се приготви и отиде како што му беше заповедал Јесеј.</s><s>Стигна во логорот кога војската излегуваше во боен ред и дигаше боен восклик.</s><s>21 Израелците и Филистејците се наредија во боен ред едни спроти други.</s><s>22 Давид ги остави своите работи на чуварот на спремата па отрча во бојниот ред.</s><s>Откако дојде ги праша своите браќа за здравјето.</s><s>23 Додека разговараше со нив, ете, оној предизвикувачот (се викаше Голијат, Филистеец од Гат) излезе од филистејските бојни редови и ги повтори истите зборови како порано.</s><s>И Давид ги чу.</s><s>24 А штом Израелците го здогледаа тој човек, избегаа сите далеку од него, и страв ги опфати.</s><s>25 Некој Израелец рече: „Дали го видовте оној човек што излезе?</s><s>А излезе да го предизвикува Израел.</s><s>Кој ќе го погуби него, царот ќе му даде големо благо, и ќе му ја даде својата ќерка, и ќе го ослободи од данок неговиот татковски дом во Израел.” 26 Тогаш Давид ги праша луѓето, кои стоеја околу него: „Што ќе добие човекот, кој ќе го убие тој Филистеец и го симне срамот од Израел?</s><s>И кој е тој необрезан Филистеец, за да ги предизвикува бојните редови на живиот Бог?” 27 А народот му одговори со истите зборови како порано: „Ете тоа ќе добие човекот, кој ќе го погуби.” 28 А кога Елиав, неговиот најстар брат, чу како разговараше со луѓето, пламна со гнев против Давида па му рече: „А што си дошол ти тука?</s><s>Кому му ги остави оние малку овци во пустината, ја знам јас твојата дрскост и злобата на твоето срце: дојде за да ја видиш битката!” 29 А Давид одговори: „А што направив?</s><s>Зар не смее да се рече ни збор?” 30 Тогаш се сврти од него кон друг и го праша со истите зборови како порано.</s><s>Народот му одговори исто како првиот пат.</s><s>31 Кога луѓето чуја што зборува Давид, му го јавија тоа на Саула, а тој го повика пред себе.</s><s>32 Давид му рече на Саула: „Нека никому не му омалодуши заради оној човек!</s><s>Твојот слуга ќе излезе и ќе се бори со тој Филистеец.” 33 Ама Саул му одговори на Давида: „Не можеш ти да излезеш против тој Филистеец за да се бориш со него, зашто ти си уште дете, а тој е воин од својата младост.” 34 Но Давид му одговори на Саула: „Твојот слуга му ги чуваше овците на својот татко, па кога би дошол лав или мечка па ќе фател овца од стадото, 35 јас отрчував по него, го удирав и му ја истргнував овцата од устата.</s><s>А ако се кренеше тој против мене го фаќав за гривата и го удирав додека не го убиев.</s><s>36 Твојот слуга убил и лав и мечка, па и тој необрезан Филистеец ќе помине како еден од нив, зашто ги предизвика бојните чети на живиот Бог.” 37 Давид додаде уште: „Господ Кој ме избави од лавовите кани и од мечкините шепи, ќе ме избави и од рацете на тој Филистеец.” Тогаш Саул му рече на Давида: „Отиди и Господ нека биде со тебе!” 38 Саул го облече Давида во својата воена облека, на главата му стави бронзена кацига и му стави оклоп.</s><s>39 Му го припаша на Давида својот меч преку облеката, но Давид напразно се обиде да оди, зашто не беше свикнал, па му рече на Саула: „Не можам да одам во тоа, зашто не сум свикнал.” Затоа сè соблече од себе.</s><s>40 Давид го зеде својот стап во раката, избра во потокот пет мазни камчиња и ги стави во својата пастирска торба, што му служеше како торба за праќка, та со праќката во раката тргна кон Филистеецот.</s><s>41 А Филистеецот сè поблиску му се доближуваше на Давида, додека неговиот штитоносец чекореше пред него.</s><s>42 А кога Филистеецот погледна и го виде Давида, го презре заради неговата младост - Давид беше младинец, румен, со убаво лице.</s><s>43 Затоа Филистеецот му рече на Давида: „Зар сум јас пес да идеш против мене со стапови?” И почна да го проколнува Давида со своите богови.</s><s>44 Потоа Филистеецот му рече на Давида: „Дојди кај мене, за да им го дадам твоето месо на небесните птици и на земните ѕверови!” 45 А Давид му одговори на Филистеецот: „Ти доаѓаш против мене со меч, со копје и со штит, а јас одам против тебе во името на Господа на Силите, Бога на Израелевите чети, кои ти ги предизвика.</s><s>46 Денес Господ ќе те предаде во мојата рака, јас ќе те убијам, ќе ја симнам твојата глава и уште денес ќе им го дадам твоето мртво тело и телата на филистејската војска на небесните птици и на земните ѕверови.</s><s>Сета земја ќе знае дека има Бог во Израел.</s><s>47 И сиот овој собир ќе знае дека Господ не дава победа со меч ни со копје, зашто Господ е господар на битката, и Тој ве предава во наши раце.” 48 Кога Филистеецот се доближи и тргна кон Давида, Давид излезе од бојните редови и тргна кон Филистеецот.</s><s>49 Давид посегна со раката во торбата, извади камче од неа, и го фрли од праќката.</s><s>И го погоди Филистеецот во челото; камчето му се закачи во челото, и тој падна ничкум на земјата.</s><s>50 Така Давид со камче и праќка го победи Филистеецот: го удри Филистеецот и го уби, а немаше меч во раката.</s><s>51 Затоа Давид потрча и застана врз Филистеецот, го грабна неговиот меч, го извлече од ножницата и го погуби Филистеецот, отсечувајќи му ја главата.</s><s>Кога Филистејците видоа како загина нивниот јунак се нафрлија во бегство.</s><s>52 Тогаш станаа Израелците и Јудејците и извикувајќи ги спотераа Филистејците до окопите околу Гат и до градските врати на Акарон; филистејските мртви го покрија патот од Сараим сè до Гат и до Акарон.</s><s>53 Тогаш Израелците се вратија од таа жестока потера по Филистејците и го ограбија нивниот логор.</s><s>54 А Давид ја зеде главата на Филистеецот и ја однесе во Ерусалим, а неговото оружје го стави во својот шатор.</s><s>55 Кога Саул го виде Давида како излегува пред Филистеецот, го праша својот војвода Авенир: „Чиј син е тој младинец, Авенире?” А Авенир одговори: „Жив да ми е твојот живот, цару не знам!” 56 А царот му рече: „Распрашај се чиј син е тој младинец!” 57 А кога се врати Давид, откако го погуби Филистеецот, Авенир го зеде и го доведе пред Саула, а Давид уште ја држеше филистеевата глава во раката.</s><s>58 Саул го праша: „Чиј син си ти момче?” А Давид му одговори: „Син сум на твојот слуга Витлеемецот Јесеј.”</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6724
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2018%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 18 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Кога Давид го заврши разговорот со Саула, Јонатановата душа се наклони кон Давидовата душа, и Јонатан го возљуби како самиот себеси.</s><s>2 Саул го задржа Давида во оној ист ден кај себе, не го остави да се врати во куќата на својот татко.</s><s>3 И Јонатан склучи сојуз со Давида, зашто го љубеше како самиот себе.</s><s>4 И Јонатан ја симна наметката што ја имаше на себе и му ја даде на Давида; така и својата облека, па и својот меч, својот лак и својот појас.</s><s>5 Во сите свои походи, каде и да го праќаше Саул, Давид постапуваше разумно, и Саул го постави на чело на своите воини; тој му замилеа на сиот народ, па и на Сауловите дворјанци.</s><s>6 При нивното враќање, кога Давид се враќаше откако го уби Филистеецот, жените од сите Израелеви градови му излегоа во пресрет на царот Саул воскликнувајќи весело, пеејќи и играјќи при звуци на тапани и гуслиња.</s><s>7 Жените пееја играјќи: „Саул погуби илјади, Давид десетици илјади.” 8 Саул се расрди многу, не му беше мила таа песна.</s><s>Затоа рече: „На Давида му дадоа десетици илјади, а мене само илјада!</s><s>Уште му треба само царството!” 9 И од тој ден Саул го гледаше Давида со омраза.</s><s>10 Утреден зол Божји дух го нападна Саула, така што беснееше по куќата.</s><s>Давид удираше со раката по лирата како во другите денови, а Саул имаше копје во раката.</s><s>11 И Саул го фрли копјето велејќи во себе: „Сега ќе го заковам Давида за ѕидот!” Но Давид му избега двапати.</s><s>12 Саул почна да се бои од Давида, зашто Господ беше со него, а отстапи од Саула.</s><s>13 Затоа Саул го отстрани од својата близина и го постави за илјадник; тој излегуваше и се враќаше на чело на народот.</s><s>14 Давид имаше успех во сите свои патишта, зашто Господ беше со него.</s><s>15 Кога Саул виде дека Давид има многу успеси, го опфати страв од него.</s><s>16 Ама Давид им замилеа на сиот Израел и на Јуда, зашто тој ги водеше по сите нивни патишта.</s><s>17 Саул му рече на Давида: „Еве ќе ти ја дадам за жена својата најстара ќерка Мерава, само биди ми храбар и води ги Господовите боеви!” Саул мислеше: „Нема да падне од мојата рака, туку нека се крене на него филистејската рака!” 18 А Давид одговори: „Кој сум јас и што значи мојот живот, што куќата на мојот татко, во Израел, за да бидам царев зет?” 19 И кога дојде време Сауловата ќерка Мерава да тргне со Давида, му ја дадоа за жена на Адрил од Меола.</s><s>20 Ама Давида го љубеше Сауловата ќерка Михала; кога му јавија тоа на Саула, му беше право.</s><s>21 Тој рече во себе: „Ќе му ја дадам, ама таа ќе му биде стапица, и филистејската рака ќе се дигне на него.” Саул по вторпат му рече на Давида: „Денес ќе ми бидеш зет.” 22 Тогаш Саул им заповеда на своите слуги вака: „Разговарајте со Давида тајно и речете му: ‘Ете, му замиле на царот, и сите негови дворјани те сакаат; затоа биди царев зет!’” 23 И Сауловите слуги му ги повторија тие зборови на Давида, ама Давид им одговори: „Зар е во вашите очи нешто мало да се стане царев зет?</s><s>Јас сум само беден и мал човек!” 24 Сауловите слуги му го соопштија тоа на Саула, велејќи: „Еве ти ги зборовите што ги рече Давид.” 25 А Саул одговори: „Речете му на Давида вака: ‘Царот не бара никаков свадбен подарок туку само сто филистејски обрезоци, за да им се одмазди на царевите непријатели.’” Саул мислеше така ќе го урне Давида во рацете на Филистејците.</s><s>26 Сауловите слуги му ги соопштија тие зборови на Давида, а нему му беше по волја да стане царев зет.</s><s>Уште пред да истече времето 27 Давид се подготви и тргна со своите луѓе па им уби на Филистејците две стотини луѓе; и ги донесе нивните обрезоци и му ги предаде на царот на број, за да стане негов зет.</s><s>Тогаш Саул му ја даде својата ќерка Михала за жена.</s><s>28 Саул виде јасно дека Господ е со Давида и дека сиот Израелев дом го љуби.</s><s>29 И Саул се исплаши уште повеќе од Давида и му стана непријател на Давида засекогаш.</s><s>30 А филистејските кнезови излегуваа во бој, ама колку пати и да излегуваа, Давид имаше повеќе успеси отколку сите Саулови дворјани; и така неговото име стана многу славно.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6726
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2019%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 19 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Саул им ја образложи на својот син Јонатан и на сите свои дворјани својата намера да го убие Давида.</s><s>Но Јонатан, Сауловиот син, мошне многу се радуваше на Давида.</s><s>2 И Јонатан тоа му го соопшти на Давида вака: „Мојот татко Саул има намера да те убие.</s><s>И така биди внимателен утре наутро, остани во скривалиштето и скриј се.</s><s>3 А јас ќе излезам и ќе стојам покрај мојот татко во полето каде што ќе бидеш ти, и ќе зборувам за тебе со мојот татко.</s><s>Кога ќе научам како е, ќе ти јавам.” 4 Јонатан му го пофали Давида на својот татко и му рече вака: „Царот нека не се огреши за својот слуга Давид, зашто тој ништо не згрешил за тебе; спротивно, тоа што го правеше беше од голема полза за тебе.</s><s>5 Тој го стави својот живот на коцка, го уби Филистеецот, и Господ му прибави голема победа на сиот Израел: виде и се радуваше.</s><s>И така зошто би згрешил за невина крв, убивајќи го Давида без причина?” 6 Саул ги сослуша Јонатановите зборови и се заколна: „Живиот ми Господ, Давид нема да умре!” 7 Тогаш Јонатан го повика Давида и му ги кажа тие зборови.</s><s>Потоа Јонатан го доведе Давида кај Саула, и Давид пак ја доби службата што ја имаше порано.</s><s>8 И пак избувна војна, Давид излезе на боиште за да се бори со Филистејците; и ги порази така што избегаа пред него.</s><s>9 Тогаш лошиот Божји дух го обзеде Саула; кога седеше во својата куќа со копјето во раката, а Давид свиреше со лирата, 10 Саул се обиде да го прикове Давида со своето копје за ѕидот.</s><s>Давид побегна и се спаси 11 Во истата ноќ Саул испрати гласници за да ја надгледуваат Давидовата куќа, зашто сакаше да го убие Давида рано наутро.</s><s>Но Давидовата жена Михала му го соопшти тоа на Давида, говорејќи: „Ако ноќеска не избегаш на безбедно место, утре ќе бидеш мртов!” 12 Тогаш Михала го спушти Давида низ прозорецот.</s><s>Тој си отиде и се спаси со бегство.</s><s>13 А Михала го зеде кипот, го положи во постела, му стави козји влакна околу главата и го покри со покривка.</s><s>14 Кога Саул испрати гласници за да го фатат Давида, таа им рече: „Болен е.” 15 Но Саул ги врати гласниците за да го видат Давида, и им заповеда: „Донесете го кај мене во постела, за да го убијам!” 16 А кога гласниците влегоа, ете: во постелата беше кипот, со козина околу главата!</s><s>17 Тогаш Саул и рече на Михала: „Зошто ме измами така и го пушти мојот непријател да побегне и да се спаси?” А Михала му одговори на Саула: „Тој ми рече: ‘Пушти ме да си одам, или ќе те убијам!’” 18 Така Давид избега и се спаси.</s><s>И тој отиде кај Самоила во Рама и му јави за сè што му направи Саул.</s><s>Потоа тој и Самоил отидоа и се настанија во Најот.</s><s>19 А на Саула му јавија вака: „Ене го Давид во Најот во Рама.” 20 Тогаш Саул испрати гласници за да го фатат Давида.</s><s>Кога тие видоа пророчки собир во пророчки занес, а Самоил на нивно чело, Божјиот Дух ги опфати и Сауловите гласници, та и тие пророкуваа.</s><s>21 Кога му го јавија тоа на Саула тој испрати други гласници, но и тие пророкуваа.</s><s>Потоа Саул испрати и трети гласници, ама и тие пророкуваа.</s><s>22 Тогаш Саул тргна сам во Рама, и кога дојде до големиот кладенец кај Сокхот, праша: „Каде се Самоил и Давид?” И му одговорија: „Ене ги во Најот во Рама.” 23 Тој веднаш тргна кон Најот во Рама.</s><s>Но и него го обзеде Божји Дух, па одеше во пророрчки занес сè додека не дојде во Најот во Рама.</s><s>24 Таму и тој ги соблече своите облеки зашто и него го обзеде занес пред Самоила; потоа легна гол и остана така целиот тој ден и сета ноќ.</s><s>Оттогаш се вели: „Зар е и Саул меѓу пророците?”</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
6728
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%20%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0/%2020%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0
Прва книга Самоилова/ 20 глава
<s>Стар Завет</s> <s>1 Давид избега од Најот во Рама и дојде кај Јонатана та му рече: „Што направив?</s><s>Каква беше мојата вина и што му згрешив на татка ти, та го бара мојот живот?” 2 А тој му одговори: „Далеку да е од тебе таа мисла!</s><s>Ти нема да загинеш.</s><s>Ете, мојот татко не презема ништо, било големо или мало, а тоа да не ми го открие мене.</s><s>И така, зошто татко ми би го криел од мене токму тоа?” 3 Но Давид се заколна и рече: „Твојот татко знае добро дека јас ја придобив твојата наклонетост, па мисли: ‘Јонатан не треба ништо да знае за тоа, за да не биде жалостен.’ Ама живиот ми Господ и животот ми твој, има само еден чекор меѓу мене и смртта.” 4 Тогаш Јонатан го праша Давида: „Што сакаш да направам за тебе?” 5 А Давид му одговори на Јонатана: „Еве, утре е млада месечина, и јас би требало да јадам со царот покрај столот; ама ти пушти ме да си одам, за да се скријам во полето до вечерта.</s><s>6 Ако твојот татко забележи дека ме нема, ќе му речеш вака: ‘Давид ме молеше упорно за да го пуштам да отиде бргу до својот град Витлеем, зашто таму се слави годишната жртва за сето негово семејство.’ 7 Ако тој рече: ‘Добро!’ твојот слуга е спасен.</s><s>Ако пламне со гнев, знај дека цврсто намислил да ме погуби.</s><s>8 И така, искажи му милост на својот слуга, кога својот слуга го воведе со себе во Господовиот сојуз.</s><s>Ама ако има некаква вина на мене, убиј ме самиот; зошто би ме водел кај својот татко?” 9 А Јонатан му одговори: „Далеку да е од тебе таа мисла!</s><s>Кога би знаел веродостојно дека мојот татко наумил цврсто за да навали несреќа врз тебе, зар јас не би ти јавил?” 10 Давид го праша Јонатана: „А кој ќе ми јави ако твојот татко ти одговори нешто лошо?” 11 Јонатан му одговори на Давида: „Дојди, да излеземе во полето!” И двајцата излегоа во полето.</s><s>12 Тогаш Јонатан му рече на Давида: „Господ Израелевиот Бог, нека ми биде сведок!</s><s>Јас ќе го искушам татка си, утре во ова време.</s><s>Ако биде добро за Давида, а јас не испратам кај тебе за да те известам, 13 Господ нека му го направи тоа зло на Јонатана и нека му додаде друго зло!</s><s>Ако на татка ми му биде мило да ти направи зло, ќе ти јавам, и ќе те пуштам да си отидеш во мир; и Господ нека биде со тебе, како што беше со мојот татко!</s><s>14 Ако јас уште бидам жив, ќе можеш да ми ја искажеш Господовата милост; 15 Ако умрам, не крати му ја твојата добрина на мојот дом довека!</s><s>Кога Господ ќе ги откорне редум Давидовите непријатели од лицето на земјата, 16 Јонатан се заветува со домот Давидов, дека Господ ќе бара сметка за тоа од рацете на Давидовите непријатели.” 17 Тогаш Јонатан му се заколна уште еднаш на Давида во својата љубов, зашто го љубеше со сета љубов на својата душа.</s><s>18 Потоа Јонатан му рече на Давида: „Утре е млада месечина и ќе забележи дека те нема, зашто твоето место ќе биде празно.</s><s>19 Задутре ќе види уште поочигледно дека те нема, а ти дојди на местото каде што се скри во денот на оној настан, и седни при каменот Езел.</s><s>20 А јас ќе фрлам три стрели кон онаа страна како да гаѓам цел.</s><s>21 А тогаш ќе го испратам момокот и ќе му речам: ‘Оди! најди ја стрелата!’ Ако тогаш му викнам на момокот ‘Внимавај стрелата е ваму поблизу од тебе, донеси ја!’ - ти тогаш дојди, зашто има мир за тебе и нема никаква опасност, така ми живиот Господ!</s><s>22 Ако му викнам на момокот: ‘Внимавај! стрелата е онаму подалеку од тебе’ - ти тогаш отиди си, зашто Господ те праќа оттука.</s><s>23 А за овој договор, за кој се договоривме јас и ти, Господ нека е сведок меѓу мене и тебе довека!” 24 Потоа Давид се скри во полето.</s><s>И кога излезе нов месец царот седна покрај столот за да јаде.</s><s>25 Царот седна на своето вообичаено место, на местото до ѕидот, Јонатан се смести спроти него, Авенир седна покрај Саула, а Давидовото место остана празно.</s><s>26 Ама Саул не рече ништо во оној ден, зашто мислеше: „Му се случило нешто, та не е чист.” 27 Утреден по младата месечина во вториот ден на месецот, Давидовото место пак остана празно, и Саул го праша својот син Јонатан: „Зошто Јесејовиот син не дојде на ручек ни вчера ни денес?” 28 А Јонатан му одговори на Саула: „Давид ме молеше упорно да го пуштам да оди во Витлеем.</s><s>29 Ми рече: ‘Пушти ме да одам, зашто ја славиме семејната жртва во мојот град, и моите браќа ме повикаа да дојдам.</s><s>Ако ја придобив твојата наклоност, дај ми дозвола да ги посетам моите браќа.’ Ете, затоа го нема покрај царскиот стол.” 30 Тогаш Саул пламна со гнев на Јонатана и му рече: „Ти сине на развратна и бунтовна жена!</s><s>Мислиш дека не знам дека си во сојуз со Јесејовиот син, за свој срам и за срам на мајка ти!</s><s>31 Зашто додека биде жив на земјата Јесејовиот син, не ќе бидеш безбеден ни ти ни твоето царство.</s><s>Затоа сега испрати по него и доведи го кај мене, зашто е осуден на смрт.” 32 А Јонатан му одговори на својот татко Саул и му рече: „Зошто треба тој да умре?</s><s>Што направи?” 33 Тогаш Саул замавна со копјето на синот за да го прободе.</s><s>Јонатан виде дека неговиот татко одлучил да го убие Давида.</s><s>34 Јонатан стана од столот сиот разјарен, и не јадеше ништо во тој втор ден на месецот, зашто се загрижи за Давида, бидејќи неговиот татко го навреди.</s><s>35 Утреден наутро Јонатан излезе во полето според спогодбата со Давида, со него одеше млад момок.</s><s>36 И тој му рече на својот момок: „Ти ќе се затрчаш и ќе ги најдеш стрелите што ќе ги фрлам сега.” И момокот се затрча, а Јонатан ја оптегна стрелата така што прелета преку него.</s><s>37 Кога момокот дојде до местото каде што беше стрелата, што ја фрли Јонатан, Јонатан му викна на момокот: „Не е ли стрелата онаму подалеку од тебе?” 38 Уште Јонатан му викна на момокот: „Побргу!</s><s>Побрзај!</s><s>Не стој!” Јонатановиот момок ја крена стрелата и му ја донесе на својот господар.</s><s>39 Момокот не забележа ништо, само Јонатан и Давид знаеја за што се работи.</s><s>40 Тогаш Јонатан му го предаде оружјето на момокот и му рече: „Оди си и однеси го тоа во градот!” 41 Кога си отиде момокот, Давид излезе од кон југ, падна ничкум на земјата и се поклони трипати.</s><s>Потоа се изљубија и плачеа заедно, но Давид плачеше повеќе.</s><s>42 Потоа Јонатан му рече на Давида: „Оди си во мир!</s><s>За тоа што двајцата се заколнавме во Господовото име, Господ нека биде сведок меѓу мене и тебе, меѓу моето потомство и твоето потомство довека!” Тогаш Давид стана и си отиде, а Јонатан се врати во градот.</s> <s>Поврзано Стар завет Библија</s> <s>Надворешни врски Стариот Завет на македонски јазик</s>
7165
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B2%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Јов (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Предговор.</s> <s>1Си живееше во земјата Уц еден човек по име Јов.</s><s>Тој беше чесен и без пороци, имаше страхопочит спрема Бог и се држеше настрана од злото.</s><s>2Му се беа родиле седум сина и три ќерки.</s><s>3Имотот негов беше седум илјади овци, три илјади камили, петстотини рала волови, петстотини магарици и многу голем број слуги.</s><s>Тој беше најбогатиот човек на Истокот.</s> <s>4Секоја година, кога ќе им дојдеше роденденот, синовите на Јов приредуваа гозби.</s><s>Ќе ги поканеа нивните три сестри, ќе се собереа во домот на славеникот, па заедно јадеа и пиеја.</s><s>5Тие гозби траеја и по неколку дена, а на крајот од секоја гозба Јов ќе испратеше да ги повикаат неговите деца и ќе ги очистеше.</s><s>Ќе станеше рано наутро и ќе принесеше жртви паленици за секој од нив, зашто си мислеше: „Можеби моите деца грешеле и го колнеле Бог во своите срца!“.</s><s>Вака правеше Јов после секоја гозба.</s> <s>Првото искушување на Јов.</s> <s>6Еден ден синовите Божји дојдоа да се претстават пред ГОСПОД, а со нив дојде и сатаната.</s><s>7„Од каде доаѓаш?“ - го праша ГОСПОД сатаната, а тој му одговори: „Скитав по земјата и гледав што сѐ се случува по неа.“</s> <s>8Тогаш ГОСПОД го праша сатаната: „Го виде ли Мојот слуга Јов?</s><s>Нема друг како него на земјата, човек чесен и без пороци, кој има страхопочит спрема Бог и се држи настрана од злото.“</s> <s>9„А зошто не би имал страхопочит?“ - забележа сатаната.</s><s>10„Зарем Ти не го штитиш?</s><s>Зарем не си поставил ограда и околу него, и околу неговото домаќинство и околу сѐ што е негово?</s><s>Трудот на неговите раце си го благословил, па стадата му се распослале по земјата.</s><s>11Но испружи ја сега раката Твоја и земи му сѐ што има!</s><s>Сигурен сум дека в лице ќе Те проколне.“</s> <s>12Тогаш ГОСПОД му одговори на сатаната: „Добро, прави што сакаш со сѐ што е негово, но на него рака не ставај!“.</s><s>После ова сатаната си замина од кај ГОСПОД.</s> <s>13Токму во денот кога синовите и ќерките на Јов се гостеа и пиеја вино во домот на најстариот брат, 14гласник дотрча кај Јов и му рече: „Додека слугите ораа со воловите, а магарињата пасеа близу до нив, 15Шевајците нѐ нападнаа, стоката ја одведоа, а твоите слугите, сите до еден, со остар меч ги исклаа.</s><s>Само јас успеав да побегнам за да ти јавам.“</s> <s>16Уште зборот не дорече, друг гласник дотрча викајќи: „Оган Божји падна од небесата, ги проголта овците и сите твои пастири.</s><s>Само јас успеав да побегнам за да ти јавам.“</s> <s>17Уште зборот не дорече, трет гласник дотрча викајќи: „Три Халдејски банди нѐ нападнаа, камилите ги одведоа, а сите твои слугите со остар меч ги исклаа.</s><s>Само јас успеав да побегнам за да ти јавам.“</s> <s>18Уште зборот не дорече, четврт гласник дотрча викајќи: „Синовите и ќерките твои јадеа и пиеја вино во куќата на најстариот брат, 19кога силен ветер дувна од пустината и удри по четирите агли на куќата, а таа се урна врз децата и ги уби.</s><s>Само јас успеав да побегнам за да ти јавам.“</s> <s>20Стана Јов, ја раскина од жал наметката своја, ја избрича главата, падна на земја и се поклони пред Бог, 21па рече: „Гол сум излегол од утробата на мајка ми, кога земјата ќе ме прибере, што со себе ќе земам?</s><s>ГОСПОД даде, ГОСПОД зеде.</s><s>Нека се слави името ГОСПОДОВО!“ 22Во сето ова Јов не згреши, зашто не Го обвини Бог дека погрешно постапува.</s> <s>Глава 2</s> <s>Второто искушување на Јов.</s> <s>1Еден ден синовите Божји пак дојдоа да се претстават пред ГОСПОД.</s><s>Со нив дојде и сатаната.</s><s>2ГОСПОД му рече: „Од каде доаѓаш?“, а сатаната Му одговори: „Скитав по земјата и гледав што сѐ се случува по неа.“</s> <s>3Потоа ГОСПОД го праша сатаната: „Го виде ли Мојот слуга Јов?</s><s>Нема друг како него на земјата, човек чесен и без пороци, кој има страхопочит спрема Бог и се држи настрана од злото.</s><s>Иако ти ме подбуцна против него да го уништам без причина, тој сепак си остана чесен.“ 4Тогаш сатаната Му одговори на ГОСПОД: „Кожа за кожа!</s><s>Сѐ што има човек ќе даде за да спаси гол живот!</s><s>5Но испружи ја сега раката Твоја и удри по неговите коски и по неговото тело!</s><s>Сигурен сум дека в лице ќе Те проколне.“</s> <s>6Тогаш ГОСПОД му рече на сатаната: „Добро, прави со него што сакаш, само животот остави му го!“ 7Потоа сатаната си замина од кај ГОСПОД и го нападна Јов со болни чиреви од главата до петите.</s> <s>8Седна Јов во пепелта и зеде една ќерамитка да се чеша.</s><s>9Тогаш жена му му рече: „Уште ли се обидуваш да останеш чесен!</s><s>Проколни го Бог и умри!“</s> <s>10Јов ѝ одговори: „Зборуваш како глупавите жени!</s><s>Зарем доброто од Бог да го прифатиме, а маката не?“ Во сето ова Јов не згреши со тоа што го кажа.</s> <s>Тројцата пријатели на Јов.</s> <s>11Тогаш тројцата пријатели на Јов слушнаа за сите маки што го беа снашле, и се упати секој од својот дом, Теманецот Елифаз, Шухиецот Вилдад и Нааматиецот Зофар, па се сретнаа и тргнаа заедно да му искажат сочувство и да го утешат.</s><s>:12Кога го здогледаа оддалеку, не можеа да го познаат.</s><s>Викнаа да плачат на сет глас, ја раскина од жал секој наметката своја, попрскаа прав врз главите свои до небесата 13и седнаа со него на земја.</s><s>Седум дена и седум ноќи никој збор не проговори, зашто видоа колку големо беше неговото страдање.</s> <s>Глава 3</s> <s>Јов проговорува.</s> <s>1Тогаш Јов отвори уста и го проколна денот кога се родил.</s><s>2Проговори Јов и рече:</s> <s>3„Проклет да е денот кога сум се родил и ноќта кога било кажано: ,Машко се роди!’ 4Во црна темнина да се претвори!</s><s>Бог да го заборави!</s><s>Сонце да не го огрее!</s><s>5Мрак и црна сенка да го земат!</s><s>Темен облак да го надвисне!</s><s>Бел ден да не види!</s><s>6Таа ноќ црна темнина да ја голтне!</s><s>Да се брише од годината, во деновите да не се брои, во месеците да не влегува!</s><s>7Пуста да остане таа ноќ!</s><s>Крик радосен во неа да нема!</s><s>8Клетва да ѝ фрлат тие што денот го колнат, тие што и Левијатанот можат да го скорнат!</s><s>9Утринските ѕвезди да ѝ се зацрнат!</s><s>На мугра да чека, мугра да не дојде!</s><s>Зората да не ѝ осамне 10зашто не ги затвори вратите на мајчината ми утроба, зашто остави за ваква мака да се родам!</s><s>11Што не си умрев уште на раѓање?!</s><s>Од утробата кога излегов смртта што не ме прибра?!</s><s>12Зошто колена ме прифатија, зошто гради ме надоија?!</s><s>13Ќе си лежев сега во мир, ќе спиев, спокојство ќе имав, 14со цареви и советници земни, со оние што дворци си ѕидаа, домови од кои само урнатини останаа, 15со кнезови злато што трупаа, домовите свои со сребро што ги полнеа.</s><s>16Зошто како мртвородено не ме запретаа, како младенчињата светло што не видуваат?!</s><s>17Таму злите не прават веќе збрки, уморниот спокој наоѓа.</s><s>18На заробените им олеснува, викањето на стражарите не го слушаат веќе.</s><s>19И мал и голем таму се исти, робовите - слободни од своите господари.</s><s>20Зошто на несреќните светлина им се дава и живот на оние со горчина во душата?!</s><s>21По смртта чезнеат, а смртта ја нема.</s><s>Ја бараат како да е скриено богатство.</s><s>22Зошто им е животот на оние за кои гробот е спас, на оние што се радуваат и веселат кога до него ќе стигнат, 23на оние чиј пат е скриен и Бог ограда околу нив ставил.</s> <s>24Наместо храна, воздишки ми идат, стенкањата мои како вода течат.</s><s>25Токму тоа од што се плашев на глава ми дојде, тоа од што треперев, тоа ми се случи.</s><s>26Немам мир, немам тишина, немам почин - неспокој кај мене се всели.“</s> <s>Глава 4</s> <s>Елифаз.</s> <s>1Тогаш одговори Теманецот Елифаз и рече:</s> <s>2„Ако се осмелам еден збор да ти кажам, ќе имаш ли трпение?</s><s>Но кој може да ги додржи зборовите!?</s><s>3Ете, ти на многумина совет си дал, раце слаби си укрепил.</s><s>4Твоите зборови подршка биле на потклекнатиот, на колена растреперени сила си дал.</s><s>5Но сега дојде на твоја глава и ти потклекна.</s><s>Удри против тебе и сега ти не знаеш главата кај ти е. 6Зарем побожноста твоја не е твојата сигурност?</s><s>Зарем непорочните патишта твои не се твојата надеж?</s> <s>7Застани сега и размисли, кој невин погинал?</s><s>Каде праведните биле уништени?</s><s>8Колку што јас сум видел, оние што зло ораат и мака сеат, зло и мака жнеат!</s><s>9Од здивот Божји гинат, ги снемува пред пламенот на гневот Негов.</s> <s>10Рика лавот и реве, ама забите лавовски се кршат и 11умира без плен, а младенчињата на лавицата - секое на своја страна.</s> <s>12Имам еден збор тајно што го добив, ушите мои во шепот го уловија 13среде немирните ноќни соништа, кога врз луѓето длабок сон се спушта.</s><s>14Страв ме обзеде и трепет, сите коски ми се растресоа.</s><s>15Дух до мене се прикрадна и целиот се наежив.</s><s>16Застана, но за ликот негов ништо не можам да кажам - само облик пред очите мои.</s><s>Стивна и слушнав глас: 17,Може ли смртен човек поправеден од Бог да биде, од Создателот да биде почист?!</s><s>18Тој ни во слугите свои доверба нема, кај ангелите грешка наоѓа, 19а не пак кај оние што во куќи од кал живеат, чии темели во прв лежат, кај оние што како молци гинат.</s><s>20Од утро до мрак умираат, исчезнуваат неприметно и засекогаш.</s><s>21Јажињата на шатори нивни зарем не се корнат и тие гинат без мудрост да соберат.’</s> <s>Глава 5</s> <s>1Викни сега, помош барај!</s><s>Одговара ли некој?</s><s>Кон кого од светите ќе се свртиш?</s><s>2Глупавиот срџбата го убива, а простиот зависта го кине.</s><s>3Сум гледал јас глупав човек корен да пушти, но веднаш домот негов сум го проколнал.</s><s>4Далеку се децата негови од безбедност.</s><s>Ќе ги сотрат на суд и нема кој да ги одбрани.</s><s>5Секој што е гладен жетвата негова ја јаде, дури и од меѓу трњето ја граба.</s><s>Брефтаат оние што по богатство негово се жедни.</s><s>6Злото од земја не никне, ниту маката од нива изртува.</s><s>7Човек за мака е роден, исто како што искрите не паѓаат, туку кон небо се вишат.</s> <s>8Јас да сум на твое место накај Бог ќе се свртам, пред Бог маката ќе си ја кажам.</s><s>9Тој величествени и несфатливи нешта прави, на чудата негови број им нема.</s><s>10Дождот го распоредува по целата земја и води пушта по нивите.</s><s>11Скромните ги воздига, ожалостените ги штити.</s><s>12Ги препречува намерите на вештите и рацете нивни не успеваат, 13ги фаќа мудрите во нивната остроумност, сплетките на лукавите ги збришува, 14на сред бел ден со темнина ги обвива, напладне пипаат како да е ноќ.</s><s>15Го спасува сиромавиот од мечот што им е в уста, од канџите на моќниците го избавува.</s><s>16Така и за бедните надеж има, а неправдата уста затвора.</s> <s>17Види колку се благословени оние што Бог ги поправа!</s><s>Не презирај го укорот од Семоќниот!</s><s>18Тој ранува, но и ги превива раните, повредува, но рацете Негови исцелуваат.</s><s>19Од шест неволји ќе те избави, во седмата зло нема да те стигне.</s><s>20Кога има глад од смрт ќе те избави, во битка - од ударите на мечот.</s><s>21Од отровни јазици ќе те штити, уништувањето кога ќе дојде - нема да се плашиш.</s><s>22На уништувањето и на гладта ќе им се потсмеваш, од ѕверовите земни нема да се плашиш, 23зашто завет имаш со камењата во полето, дивите животни во мир со тебе ќе бидат.</s><s>24Ќе знаеш дека безбеден е твојот дом.</s><s>Имотот ќе си го преброиш и ништо нема да недостасува.</s><s>25Ќе знаеш дека многубројни се твоите деца, потмците твои се како тревата по земјата.</s><s>26Крепок в гроб ќе легнеш, како сноп навреме собран.</s> <s>27Гледај, ова сме го провериле и вистина е!</s><s>Слушни и на себе примени го!“</s> <s>Глава 6</s> <s>Јов.</s> <s>1Тогаш Јов одговори и рече: 2„Ах да може болката моја да се измери, маката моја на кантар да се стави, 3сета морска песок рамна не ќе им е!</s><s>Затоа така итаат зборовите мои.</s><s>4Ете, стрелите на Семоќниот се во мене и духот мој од отровот нивни пие.</s><s>Ужасите Божји против мене се построени.</s><s>5Рика ли дивото магаре кога има трева?</s><s>Мука ли волот над полни јасли?</s><s>6Се јаде ли храна блуткава, без сол?</s><s>Белката на јајцето вкус има ли?</s><s>7Ни да ги допрам не можам, ми се лоши од таа храна.</s> <s>8Има ли кој молитвите мои да ги исполни?</s><s>Надежта моја ќе ја награди ли Бог?</s> <s>9Ах, да сака Бог да ме дотолчи, да пушти рака и да ме смачка.</s><s>10Така сепак една утеха ќе имам, во оваа болка безмилосна радост ќе ми биде, што зборовите на Светиот јас не ги порекнав.</s> <s>11Што сила имам, та да се надевам?</s><s>Што иднина ме чека, та да се стрпам?</s><s>12Силата моја од камен ли е?</s><s>Телото мое од бронза ли е?</s><s>13Нема помош за мене!</s><s>Што беше, до тука беше!</s> <s>14Кога човек е во очај, верност му треба од неговите пријатели, дури и ако престанал да има страв од Семоќниот.</s><s>15Но браќата мои превртливи се, како потоци што пресушуваат, како порои што поплавуваат, 16заматени од ледот, надојдени од снегот, 17а в лето пак секнуваат, кога ќе се стопли - во коритата ги нема.</s><s>18Караваните заради нив скршнуваат, одат по нив во пустината и гинат.</s><s>19Ги бараат караваните од Тема, патувачките трговци од Шева на нив се надеваат, 20се истоштуваат зашто доверба во нив имаат, пристигаат, а таму - сува песок.</s> <s>21Така и од вас ништо не бидува!</s><s>Видовте страшни нешта и се уплашивте.</s><s>22Сум ви кажал ли јас досега:,Дајте ми!’?</s><s>Од богатствата ваши откупнина да платите за мене сум побарал ли?</s><s>23Од раката на непријателот да ме избавите, од канџите на безмилосните да ме оттргнете сум ве молел ли?</s> <s>24Ај научете ме, што грешка сторив покажете ми и ќе се смирам!</s><s>25Колку болат искрени зборови!</s><s>Но што со тоа докажавте?</s><s>26Она што го реков ли да го исправите?</s><s>Зборовите на разочараниот се како ветер!</s><s>27Вие и за сирак ждрепка би фрлиле, пријателот свој би го продале!</s><s>28Ајде сега, ве молам, погледнете ме!</s><s>Зар в лице би ве лажел?</s><s>29Смирете се сега и не бидете неправедни!</s><s>Размислете уште еднаш за мојата праведност!</s><s>30Мислите дека лажам?</s><s>Устата моја не разликува ли што е зло?</s> <s>Глава 7 1Зарем нема човек тешка служба на земјата?!</s><s>Деновите негови зарем не се како деновите на аргатите?</s><s>2Како роб за сенка чезнее, како аргат надницата со нетрпение си ја чека.</s><s>3А мене ми се дадоа месеци на празнина, ноќи тегобни ми се доделија.</s><s>4Ќе легнам и веднаш помислувам:,Уште колку има додека да станам?’ А ноќта се влече, и јас се вртам наваму натаму сѐ до зората.</s><s>5Телото мое со црви е облечено, со красти и прашина е покриено.</s><s>Распукана е кожата моја и загнојува.</s> <s>6Деновите мои побрзо од сновалка летаат и завршуваат без никаква надеж.</s><s>7О Боже, сети се, мојот живот е само еден здив!</s><s>Никогаш повеќе очите мои среќа нема да видат!</s><s>8Ме гледаш сега, но не за долго.</s><s>Ќе ме бараш, а мене ќе ме нема.</s><s>9Облакот се распршува и го снемува.</s><s>Кој в гроб влегува, оттаму не се враќа.</s><s>10Во домот свој веќе нема да си дојде, местото негово нема за него да знае.</s> <s>11Затоа нема да молчам!</s><s>Духот мој од мака ќе зборува!</s><s>Ќе се жалам со горчина во душата!</s><s>12Море ли сум јас, чудовиште од бездната, та стража си поставил околу мене?!</s><s>13Си помислив - постелата ќе ме утеши, леглото мое маките ќе ми ги олесни, 14а Ти со соништа ме нападна, со виденија страв в коски ми втера.</s><s>15Подобро да се загушам, да умрам, отколку со вакво тело да живеам!</s><s>16Ми дотегна веќе, та вечно ли жив ќе сум!</s><s>Остави ме на мира, зашто бесмислени се деновите мои!</s><s>17Што е човек, та толку да го величаш?</s><s>Што толку внимание срцето Твое му посветува?</s><s>18Го испитуваш секое утро, секој миг на проба го ставаш.</s><s>19До кога ќе го држиш погледот Твој прикован за мене?</s><s>Остави ме барем плувачката на мира да си ја голтнам!</s><s>20Ако сум грешел што Тебе сум Ти сторил, Ти што кон луѓето гледаш?</s><s>Зошто на заб ме зеде?</s><s>Јас самиот на себе сум си бреме.</s><s>21Зошто навредите мои не ми ги простиш, гревовите мои зошто не ги заборавиш?</s><s>Јас и онака скоро в прав ќе легнам.</s><s>Ќе ме бараш, а мене веќе ќе ме нема.“</s> <s>Глава 8</s> <s>Билдад.</s> <s>1Тогаш одговори Шухиецот Вилдад и рече: 2„До кога вака ќе зборуваш?</s><s>До кога зборовите од устата твоја ќе завиваат како ветер?</s><s>3Зарем Бог ја извртува правдата!?</s><s>Зарем Семоќниот правото го прекршува!?</s><s>4Кога децата твои грешеле против Него, тој им платил според нивните гревови.</s><s>5Но ако ти кон Бог погледнеш, на Семоќниот ако Му се помолиш, 6ако си чист и праведен, дури и сега Тој на твоја страна ќе застане, и твоето праведно место ќе го обнови.</s><s>7Ќе почнеш скромно, а потоа напредокот ќе ти биде голем.</s> <s>8Ајде прашај ги сега претходните поколенија, откриј што научиле нивните татковци, 9зашто ние од вчера сме и ништо не знаеме.</s><s>Деновите наши на земјата се како сенка.</s><s>10Зарем нема да те поучат, зарем нема да ти кажат, од своето знаење зарем нема зборови да извлечат?</s><s>11Може ли да расте рогоз, ако нема мочуриште?</s><s>Може ли да успева трска, ако нема вода?</s><s>12Никој не ги коси, а тие овенуваат пред сета друга трева.</s><s>13Таква е судбината на сите што Го забораваат Бог.</s><s>Така исчезнува надежта на безбожните.</s><s>14Колку е кревко она во што тие веруваат, она на што се потпираат е како пајакова мрежа.</s><s>15Се потпираат на мрежата своја, но таа не издржува.</s><s>Се закачуваат за неа, но таа не додржува.</s><s>16Безбожните луѓе навидум се силни, како билки добро наводнувани, на сонце изложени, шират гранки над своите градини, 17ги обвиваат корењата околу купишта камења, меѓу карпите место бараат.</s><s>18Но кога ќе ги искорнат, не се ни познава.</s><s>19Така завршува нивната радост, а од почвата други никнат.</s> <s>20Внимавај!</s><s>Ниту Бог непорочните ги отфрла, ниту на злите напредок им дава.</s><s>21Пак со смеа устата твоја ќе ја исполни, усните твои со извици радосни.</s><s>22Оние што те мразат со срам ќе бидат облечени, шаторите на злите ќе ги снема.“</s> <s>Глава 9</s> <s>Јов.</s> <s>1Тогаш Јов одговори и рече:</s> <s>2„Знам јас дека тоа е вистина, но може ли смртен човек да биде праведен пред Бог?</s><s>3Дури и да сака да се расправа со Него, не би можел да му одговори ниту еднаш од илјада.</s><s>4Со мудро срце и неизмерна сила, кој може да истрае против Него и да не биде уништен?</s><s>5Оној Кој планините ги поместува без тие и да почувствуваат, Кој ги превртува во својот гнев, 6Оној Кој земјата ја тресе од нејзиното место, и столбовите нејзини треперат, 7Оној Кој на сонцето кога ќе му проговори тоа престанува да свети, чие место е зад ѕвездите, 8Оној Кој Сам ги распнува небесата, Кој гази по брановите морски, 9Оној Кој ги создаде Мечката, Орион, Плејадите и јужните соѕвездија, 10Оној Кој чуда создава несфатливи, чудесни нешта без број, 11ете, покрај мене минува и јас не Го гледам.</s><s>Поминува, а јас не Го чувствувам.</s><s>12Ако грабне, кој може да Го сопре?</s><s>Кој може да му каже:,Еј, што правиш!?’ 13Бог не го зауздува својот гнев.</s><s>Под Него треперат дури и одредите на Рахав.</s><s>14Како тогаш јас да се препирам со Него?</s><s>Можам ли зборови да најдам?</s><s>15Дури и невин да бев, нема да можев да Му одговорам.</s><s>Можам само за милост да Го молам Оној што ме суди.</s><s>16Дури и да Го повикав, а Тој ми одговореше, не верувам дека ќе ме послушаше.</s><s>17Тој со бура ќе ме сотреше и ќе ги умножеше раните мои без причина.</s><s>18Немаше да ми дозволи здив да земам, туку ќе ме преплавеше со несреќи.</s><s>19Ако е до сила, моќен е!</s><s>Ако е до правда, кој може да ме обвини?</s><s>20Дури и да бев невин, устата моја ќе ме обвинеше.</s><s>Дури и да бев непорочен, таа ќе ја изговореше вината моја.</s><s>21Непорочен сум, но не се грижам за себе, го презирам својот живот.</s><s>22Сѐ едно е, и затоа велам: ,И непорочен и зол Тој уништува.’ 23Кога камшикот Негов донесува ненадејна смрт, Тој му се потсмева на очајот на невините.</s><s>24Земјата паѓа во рацете на злите, а Тој ги заслепува судиите.</s><s>Ако не е Тој, тогаш кој е?</s> <s>25Моите денови се побрзи од тркач, летаат без искра радост.</s><s>26Се лизгаат како лесни кораби, како орел кој се спушта врз плен.</s><s>27Да си кажам:,Ќе ја заборавам мојата поплака, ќе го променам изразот на лицето и ќе се смеам.’ 28Страв ме фаќа од сите мои страдања, знам дека нема да ме сметаш за невин.</s><s>29Виновен сум?!</s><s>Зошто тогаш попусто да се борам?</s><s>30Дури и со сапун да се измиев, со сода да ги измиев рацете мои, 31Ти во тиња би ме потопил, та и облеките мои од мене да се гадат.</s><s>32Оти Тој не е човек како што сум јас, па да можам со Него да се препирам, на суд заедно да појдеме.</s><s>33Нема меѓу нас кој да посредува, да положи рака и на обајцата, 34да го тргне од мене стапот Негов, ужасите Негови веќе да не ме заплашуваат.</s><s>35Тогаш би зборувал и не би се плашел, а не вака препуштен сам на себе.</s> <s>Глава 10</s> <s>1Ѝ се згади на душата моја од ваков живот.</s><s>Затоа ќе ги отпуштам уздите на мојата поплака, ќе зборувам од горчината на мојата душа.</s><s>2Ќе му кажам на Бог:,Не осудувај ме!</s><s>Кажи ми за што ме обвинуваш!</s><s>3Уживаш ли да го згмечиш, да го шутнеш делото на своите раце, додека на сплетките на злите се смешкаш?!</s><s>4Твоите очи од месо ли се, како очи на смртник ли гледаат?</s><s>5Твоите денови како денови на смртник ли се?</s><s>Годините твои како деновите на човекот ли се, 6па мораш да ја проучуваш мојата вина, да го испитуваш мојот грев, 7иако знаеш дека не сум виновен и никој од Твоја рака не може да ме спаси?</s><s>8Твоите раце ме обликувале и ме создале.</s><s>Дали сега ќе се свртиш и ќе ме уништиш?</s><s>9Сети се дека си ме обликувал како што се обликува глината!</s><s>Сега во прав ли ќе ме претвориш?</s><s>10Зарем не си ме излеал како млеко?</s><s>Зарем не си ме згрутчил како сирење?</s><s>11Со кожа и месо си ме облекол, со коски и жили си ме составил.</s><s>12Живот си ми дал, пријателство си ми подарил, а Твоето Провидение го чуваше мојот дух.</s><s>13Но ова во срцето Твое си го сокрил, и знам дека тоа е во Тебе: 14Ако грешев ќе ме видеше, за мојата навреда нема да ме оставеше неказнет.</s><s>15Ако сум виновен - тешко мене!</s><s>Ако сум невин, глава не можам да кренам, полн со срам и свесен за мојата рана.</s><s>16Ако како лав се издигнеш повторно против мене и страотна сила покажеш, 17ако нови сведоштва изнесеш против мене и гневот Твој го зголемиш, силите Твои ако дојдат против мене како бранови, 18тогаш зошто од утробата си ме извадил?</s><s>Требало да умрам, требало око човечко да не ме види!</s><s>19Камо никогаш да не се создадов, од утробата в гроб да легнев.</s><s>20Не завршија ли веќе моите малку денови?</s><s>Сврти се сега од мене, за да имам еден миг задоволство, 21пред да заминам, и оттаму да не се вратам, во земјата на темнината и смртната сенка, 22земјата на мракот, сенка длабока како ноќ, безредие, онаму каде што и светлината е како темнина.’“</s> <s>Глава 11</s> <s>Софар.</s> <s>1Тогаш одговори Нааматиецот Зофар и рече:</s> <s>2„Зарем сите овие зборови да бидат оставени без одговор?</s><s>Зарем човекот што вака зборуваше да биде оправдан?</s><s>3Молчи човеку, празни се твоите зборови!</s><s>Кога се потсмеваш, нема ли никој да те прекори?</s><s>4Велиш:,Погрешна е мојата вера, јас сум чист во Твоите очи!’ 5Камо да можеше некој да Го натера Бог да проговори, да отвори уста против тебе, 6да ти ги открие тајните на мудроста, оти вистинската мудрост има две страни.</s><s>Знај, Бог веќе заборавил некои од твоите гревови!</s><s>7Можеш ли да ги сфатиш Божјите тајни?</s><s>Можеш ли да ги дознаеш границите на Семоќниот?</s><s>8Повисоки се од небесата - што ти можеш тука да сториш?</s><s>Подлабоки се од пеколот - што ти за тоа можеш да знаеш?</s><s>9Подолги се од земјата, пошироки од морето.</s><s>10Ако Тој помине и те стави в затвор, ако свика суд, кој може да Му се спротивстави?</s><s>11Ги препознава Тој измамниците!</s><s>Кога ќе види зло, зарем тоа не го забележува?</s><s>12Колку што од дивото магаре може човек се роди, толку глуп човек може мудар да стане.</s><s>13Ако Му го посветиш срцето, ако испружиш рака кон Него, 14ако гревот од раката своја го отстраниш, и не дозволиш зло да има во шаторите твои, 15тогаш сигурно ќе подигнеш глава без срам, ќе стоиш цврсто и нема да се плашиш.</s><s>16Ќе ја заборавиш маката своја.</s><s>Нема да се сеќаваш на неа, ќе биде за тебе како води што се веќе истечени.</s><s>17Животот ќе ти стане посветол од пладне, темнината ќе ти стане како утро.</s><s>18Ќе бидеш безбеден, зашто постои надеж.</s><s>Ќе гледаш наоколу и ќе одмараш во сигурност.</s><s>19Ќе легнуваш, без никој да те заплашува.</s><s>Многумина ќе се борат за твојата наклоност.</s><s>20А очите на злите - ќе ги измамат.</s><s>За нив излез ќе нема, ќе угасне нивната надеж.“</s> <s>Глава 12</s> <s>Јов.</s> <s>1Тогаш Јов одговори и рече:</s> <s>2„Да, да, само вие сте луѓе и со вас мудроста ќе умре!</s><s>3Па и јас разум имам како и вие, не сум подолен од вас.</s><s>Кој не ги знае овие работи?</s><s>4Ругло станав за моите пријатели, иако кон Бог повикав и Тој ми одговори!</s><s>Обично ругло, иако сум праведен и непорочен!</s><s>5Човек, кога добро му оди, ја презира несреќата.</s><s>Тоа е судбината на оној чија нога се подлизнува.</s><s>6Мирни се шаторите на разбојниците, спокојни се оние што Го предизвикуваат Бог, кои својот бог в рака го носат.</s><s>7Но прашајте ги сега животните и тие ќе ве научат, прашајте ги птиците небесни и тие ќе ви кажат!</s><s>8Проговорете ѝ на земјата и таа ќе ве поучи, нека ви објаснат рибите морски!</s><s>9Кој не ги знае сите овие работи?</s><s>Кој не знае дека раката ГОСПОДОВА сето тоа го создаде, 10дека во раката Негова е животот на секое живо суштество и здивот на секое човечко тело?</s><s>11Зарем увото не ги распознава зборовите, како што јазикот ги разликува вкусовите на храната?</s><s>12Кај старците е мудроста, многуте денови носат разум.</s><s>13Негова е мудроста и силата, Негови се советот и разумот.</s><s>14Ете, што Тој ќе разурне - не може да биде обновено, кого Тој ќе стави в затвор - не може да биде ослободен.</s><s>15Ќе ги запре водите и ете ти суша.</s><s>Ќе ги отпушти и ќе ја опустошат земјата.</s><s>16Негова е силата и победата, Негови се и лажгото и излажаниот.</s><s>17Советници голи одведува, од судии прави глупаци.</s><s>18Царски пранги симнува и им ги препашува половините со платно.</s><s>19Свештеници голи одведува, првенци соборува.</s><s>20Ги замолчува устите на луѓе во кои се имало доверба, остроумноста од старците ја одзема.</s><s>21Излева презир врз благородници и распашува појас од силните.</s><s>22Ги открива длабоките нешта од темнината, длабоката сенка на светло ја изнесува.</s><s>23Воздигнува народи и ги уништува.</s><s>Намножува народи и ги распрснува.</s><s>24Ги лишува од разум водачите земни и ги праќа низ пусто беспаќе.</s><s>25Пипаат во темнина без зрак светло, ги прави да се тетерават како пијани.</s> <s>Глава 13</s> <s>1Сето ова окото мое го видело, увото мое го чуло и разбрало.</s><s>2Тоа што вие го знаете, го знам и јас и не сум подолен од вас.</s><s>3Но јас кон Семоќниот ќе проговорам, мојот случај со Бог сакам да го расправам.</s><s>4А вие со лаги го валкате мојот образ.</s><s>Безвредни лекари сте, сите до еден.</s><s>5Кој да ве натера да замолчите!?</s><s>Ако замолчите, тоа за мудрост ќе ви се припише.</s><s>6Слушнете сега што јас имам да кажам, чујте ја молбата од моите усни!</s><s>7Заради Бог ли зборувате злобно, заради Него ли лажете?</s><s>8Кон Него ли ќе бидете пристрасни, наместо Бог ли вие ќе се расправате?</s><s>9А што ако Тој добро ве испраша?</s><s>Можете ли и Него да го излажете, како што можете да излажете човек?</s><s>10Ќе ве прекори, сигурно ќе ве прекори, ако тајно бидете пристрасни.</s><s>11Неговата величественост нема ли да ве заплаши, ужасите Негови нема ли да паднат на вас?</s><s>12Вашите поговорки се изреки од пепел!</s><s>Вашите одбрани се одбрани од кал!</s><s>13Молчете и оставете ме јас да зборувам, па што ќе биде - нека биде.</s><s>14Зошто самиот се изложувам на опасност?</s><s>Зошто го земам својот живот во свои раце?</s><s>15Иако ме дотолчи, јас во Него ќе се надевам, моите постапки непоколебливо пред Него ќе ги бранам.</s><s>16Ете ова може да ме спаси - ниту еден безбожен не би се осмелил пред Него да дојде.</s><s>17Слушнете, слушнете го мојот збор!</s><s>Она што го велам нека ви влезе в уши!</s><s>18Ете, јас го приготвив мојот случај и знам дека ќе бидам оправдан.</s><s>19Кој може против мене да изнесе обвинение?</s><s>Ако има таков, јас ќе замолчам и ќе умрам!</s><s>20Само од две нешта поштеди ме и ќе престанам да се кријам од Тебе: 21Раката Твоја од мене отстрани ја, со Својот ужас не заплашувај ме!</s><s>22Тогаш повикај ме и јас ќе одговорам, или пак дозволи ми да зборувам и одговори ми!</s><s>23Колку се моите престапи и гревови?</s><s>Моите навреди и гревови покажи ми ги!</s><s>24Зошто се криеш од мене и ме сметаш за непријател?</s><s>25Лист од ветрот оддуван ли ќе мачиш или сува плева ќе прогонуваш?</s><s>26Горки нешта против мене напиша.</s><s>Направи јас да ги наследам гревовите на моите деца.</s><s>27Нозете мои во пранги ги окова и ги следиш сите мои патишта, ги бележиш сите траги на моите стапала.</s><s>28Така човек како гнилеж исчезнува, како наметка - молци го јадат.</s> <s>Глава 14</s> <s>1Човек од жена роден - малку се деновите негови и полни со мака.</s><s>2Како цвет - расцветува и овенува.</s><s>Одлетува како сенка и го снемува.</s><s>3Ете на што Ти си ги вперил очите, мене си ме извел пред Себе на суд.</s><s>4Кој може да извади чисто од нечисто?</s><s>Никој!</s><s>5Човековите денови се изброени, Ти го знаеш бројот на неговите месеци.</s><s>Границата си му ја поставил и тој не може да ја премине.</s><s>6Тргни го погледот од него, остави го сам со себе додека како аргат го минува своето време.</s><s>7За дрвото има надеж!</s><s>Ако биде пресечено, пак ќе развие, фиданките негови нема да исчезнат.</s><s>8Ако остари коренот негов в земја, ако се распадне пенушката негова во почвата, 9од водата ќе напупи, ќе пушти фиданки и ќе бидат како нови растенија.</s><s>10Но човек умира, паѓа, без здив останува и го нема веќе.</s><s>11Исчезнуваат водите од морето, речните корите се празнат и пресушуваат.</s><s>12Така човекот паѓа и не станува.</s><s>Сѐ додека постојат небесата нема да се разбуди, нема да стане од својот сон.</s><s>13Камо да се смилуваше и во гробот да ме сокриеше, да ме тргнеше настрана сѐ додека не помине Твојот гнев, да определеше време кога пак за мене ќе си спомнеш.</s><s>14Ако човек умре, ќе живее ли пак?</s><s>Во сите денови на мојата тешка служба ќе чекам сѐ додека не дојде моето обновување.</s><s>15Ти ќе викнеш и јас ќе Ти одговорам, ќе се зажелиш за делото на Твоите раце.</s><s>16Тогаш ќе ги броиш моите стапки и нема да ги следиш моите гревови.</s><s>17Моите престапи ќе бидат запечатени во вреќа, Ти ќе ставиш покривка врз мојот грев.</s><s>18Но, како што планината се рони и се урива, карпата се поместува од своето место, 19како што водите камењата ги нагризуваат, потоците ја измиваат почвата од земјата, така Ти ја уништуваш надежта што ја има човек.</s><s>20Ти го надвиваш и тој исчезнува засекогаш, го менуваш изразот на неговото лице и го отфрлаш.</s><s>21Се здобиваат со почит неговите синови, а тој не знае, ги соборуваат, а тој тоа не го гледа.</s><s>22Не чувствува ништо друго освен болката на сопственото тело.</s><s>Не жали за никој друг освен за себе.“</s> <s>Глава 15</s> <s>Елифаз.</s> <s>1Тогаш одговори Теманецот Елифаз и рече:</s> <s>2„Мудар човек со празни зборови ли ќе одговара, со топол источен ветер ли ќе го наполни својот стомах?</s><s>3Со бескорисни зборови ли ќе се препира, со говори што немаат никаква вредност?</s><s>4Но ти ја подриваш побожноста и ја намалуваш посветеноста кон Бог.</s><s>5Гревот устата твоја ја води и си го прифатил јазикот на подмолните.</s><s>6Твојата уста те осудува, а не јас, твоите усни сведочат против тебе!</s><s>7Ти ли си првиот човек што се родил, пред ридовите ли си се појавил?</s><s>8Го слушаш ли советот Божји, или си се ограничил само на сопствената мудрост?</s><s>9Што е тоа што ти го знаеш, а ние не го знаеме!?</s><s>Имаш ли остроумност што ние ја немаме?</s><s>10Има меѓу нас белокоси, старци, луѓе чии денови се повеќе и од деновите на твојот татко.</s><s>11Не ли се доволни за тебе утехите од Бог, Неговите нежни зборови кон тебе?</s><s>12Зошто срцето те понесе, зошто молскаат очите твои, 13па си го отпуштил твојот гнев против Бог и истураш од устата зборови?</s><s>14Што е човекот, па да биде чист?</s><s>Родениот од жена може ли да биде праведен?</s><s>15Ако Бог ни во своите свети не верува, ако небесата не се чисти во очите негови, 16што останало за оној што е лош и расипан, за човекот кој пие зло како да е вода?</s><s>17Слушај ме сега, јас ќе ти објаснам, она што сум го видел дозволи ми да ти го кажам!</s><s>18Ова мудрите го објавиле, ништо не сокриле од она што го добиле од своите татковци.</s><s>19Нив им беше дадена земјата, кога сѐ уште туѓинец не минуваше меѓу нив.</s><s>20Сите денови на злиот човек се мачно страдање, неговите изброени години се собрани за безмилосниот.</s><s>21Звукот на стравотиите е во неговите уши, во мир разбојникот го напаѓа.</s><s>22Нема надеж да се извлече од темнината, тој е обележан за мечот.</s><s>23Талка бесцелно, храна е за мрашојадецот.</s><s>Знае дека денот мрачен му е на дофат.</s><s>24Бол и мака го преплашуваат, го надвиваат како цар подготвен за напад, 25затоа што тој кон Бог тупаница крева и против Семоќниот се фали.</s><s>26Безобразно напаѓа против Него со своите дебели штитови, 27иако лицето со сало му е покриено, и дебел е во половините.</s><s>28Ќе живее во разурнати градови, во опустени куќи што се уриваат и се претвораат во шут.</s><s>29Богат нема да биде и имот нема да му остане.</s><s>Стоката негова нема да се шири по земјата.</s><s>30Нема да побегне од темнината, пламен ќе ја спржи фиданката негова, здивот од устата Божја ќе го одвее.</s><s>31Нека не верува во празни нешта, измамувајќи се, оти за возврат ништо нема да добие.</s><s>32Пред време ќе му биде платено, а гранката негова нема да раззеленее.</s><s>33Ќе биде соголен како лоза уште додека е зелено грозјето, ќе му окапе цветот како на маслина, 34зашто пуста е дружината на безбожните, оган ќе ги проголта шаторите на поткупливите!</s><s>35Зачнуваат мака, раѓаат зло, утробата нивна изродува измама.“</s> <s>Глава 16</s> <s>Јов.</s> <s>1Тогаш Јов одговори и рече: 2„Многу вакви работи слушнав - бедни утешители сте сите вие.</s><s>3Им дојде ли крај на вашите зборови во ветер?</s><s>Што ве тишти, та се препирате?</s><s>4И јас сум како вас.</s><s>Да бевте вие на мое место и јас можев да кажувам против вас дотерани говори, да вртам со глава.</s><s>5Но јас би ве охрабрил со својата уста, усните мои би ве утешиле и би ви донеле олеснување.</s><s>6Ако зборам, маката не ми олеснува!</s><s>Ако молчам, ќе ми помине ли?</s><s>7Ме сотре!</s><s>Целото домаќинство ми го запусте!</s><s>8Ме огради и ми стана сведок!</s><s>Се дигна против мене слабоста на моето тело и против мене сведочи.</s><s>9Ме кине и напаѓа во гнев.</s><s>Крцка со забите против мене.</s><s>Противникот мој со очи ме боде.</s><s>10Уста отвараат против мене за да се подбиваат, по образите ме удараат, против мене се здружуваат.</s><s>11Бог на лоши луѓе ме препушти, во канџите на злите ме фрли.</s><s>12Добро ми беше, но Тој ме растргна, за вратот ме фати и ме скрши, ме зеде на заб.</s><s>13Стрелците Негови ме опколија.</s><s>Ги пронижуваат бубрезите мои, прска жолчката моја по земјата, а Нему жал не Му паѓа.</s><s>14Сосипа по мене удар врз удар, ме нападна како војник.</s><s>15Вреќиште сошив врз кожата и челото во прав го закопав.</s><s>16Лицето ми е црвено од липање, околу очите длабока сенка, 17а сепак нема насилство во рацете мои, молитвата моја е чиста.</s><s>18Земјо, не покривај ја крвта моја, за мојот вик место за почин да нема!</s><s>19Ете и сега Сведокот мој е во небесата, Бранителот мој е во височините.</s><s>20Застапникот мој ми е пријател.</s><s>Кон Бог лее солзи окото мое.</s><s>21Се застапува Тој за мене пред Бог, Синот човечки за својот пријател.</s><s>22Малку години ќе поминат, а јас ќе тргнам на пат без враќање.</s> <s>Глава 17</s> <s>1Скршен е духот мој.</s><s>Ми се скратија деновите.</s><s>Гробот ме чека.</s><s>2Околу мене само луѓе што ме иссмеваат.</s><s>Окото мое мора да го гледа нивното непријателство.</s><s>3Заложи се Боже за мене!</s><s>Кој друг ќе ми даде сигурност?</s><s>4Нивните умови си ги затворил и не разбираат, затоа и нема да дозволиш тие да ликуваат.</s><s>5Ќе згаснат очите на децата на оној, кој заради своја лична корист пријателите ги обвинува.</s><s>6Бог направи луѓето во поговорки да ме кажуваат, в лице да ме плукаат.</s><s>7Од жал се помрачи окото мое, ставата моја стана како сенка.</s><s>8Престрашени се праведните од ова и невин против безбожен станува.</s><s>9Сепак праведниот ќе се држи до својот пат и оној со чисти раце ќе јакне.</s><s>10Но сега сите вие повторно дојдете, а јас меѓу вас мудар нема да најдам.</s><s>11Деновите мои одминаа.</s><s>Моите намери, она што моето срце го сакаше - се распрсна.</s><s>12Овие луѓе за ноќта велат дека е ден, пред самата темнина велат:,Близу е светлината!’.</s><s>13Ако се надевам гробот дом да ми биде, во темнината ако сум си послал легло, 14на распаѓањето ако сум му рекол:,Татко мој!’, на црвите:,Мајко и сестро!’, 15каде тогаш надеж јас да најдам?!</s><s>Надеж за мене кој може да види?!</s><s>16Ќе дојде ли со мене до вратите на пеколот или заедно во прав ќе се претвориме?“</s> <s>Глава 18</s> <s>Билдад.</s> <s>1Тогаш одговори Шухиецот Вилдад и рече:</s> <s>2„До кога ќе ги прекинуваш нашите говори.</s><s>Вразуми се, па тогаш ќе можеме да разговараме!</s><s>3Зошто се однесуваш со нас како да сме стока, не сметаш за глупави?!</s><s>4Ти се раскинуваш во гнев!</s><s>Треба ли заради тебе земјата да се опустоши!?</s><s>Треба ли заради тебе карпа од место да се помести!?</s><s>5Ете, ламбата на злиот догоре.</s><s>Не гори пламенот во неговото огниште.</s><s>6Светлината стана темнина во неговиот шатор.</s><s>Ламбата што е до него - гасне.</s><s>7Ослабнува крепкоста на неговите чекори, ќе падне од сопствените сплетки.</s><s>8Неговите стапала во мрежа го водат, низ јамките нејзини се плетка.</s><s>9Стапица за петата го фаќа, примка ненадејно го лови.</s><s>10Јажето на примката го чека скриено на земја, стапица има на неговиот пат.</s><s>11Ужаси го заплашуваат на сите страни и постојано му се зад петите.</s><s>12Гладна е пропаста за него.</s><s>Подготвена е несреќата да падне врз него.</s><s>13Јаде делови од неговата кожа, ги голта краците негови првородениот на смртта.</s><s>14Извлечен е од безбедноста на неговиот шатор, и чекори кон царот на ужасите.</s><s>15Во неговиот шатор ништо не останува.</s><s>Врз неговото живеалиште - запален сулфур.</s><s>16Долу коренот му се суши, горе гранките му венеат.</s><s>17Споменот за него се губи од овој свет и нема име за него по лицето на земјата.</s><s>18Го носат од светло во темнина, од овој свет го прогонуваат.</s><s>19Нема потомок, нема наследник меѓу луѓето.</s><s>Нема преживеан во неговите живеалишта.</s><s>20Ќе се преплашат од судбината негова луѓето од запад, луѓето од исток ужас ќе ги фати.</s><s>21Ете такви се живеалиштата на секој зол човек, такво е местото на оној кој не Го познава Бог.“</s> <s>Глава 19</s> <s>Јов.</s> <s>1Тогаш Јов одговори и рече:</s> <s>2„До кога ќе ме мачите?</s><s>До кога ќе ме кршите со зборови?</s><s>3Еве веќе десетпати ме прекоривте, бессрамно напаѓате против мене.</s><s>4Ако навистина сум застранил, мојата грешка останува со мене.</s><s>5Ако баш сакате над мене да ликувате и понижувачки зборови да употребувате против мене, 6знајте дека Бог неправедно постапи кон мене, мрежата своја околу мене ја постави.</s><s>7Иако викам:,Неправда!’, нема одговор.</s><s>Викам за помош, но правда нема.</s><s>8Патот мој е препречен и не можам да поминам.</s><s>Патеките мои црна темнина ги покри.</s><s>9Славата моја соблечена е од мене, симната е круната од мојата глава.</s><s>10Ме кине Тој на секоја страна дури не ме доврши, ја корне надежта моја како да е дрво.</s><s>11Гори против мене гневот Негов, ме вброи меѓу непријателите Негови.</s><s>12Напредуваат силно војските Негови, градат насип против мене, логор подигаат околу мојот шатор.</s><s>13Браќата мои се оддалечија од мене, оние што ме познаваат се тргнаа настрана.</s><s>14Роднините побегнаа, а пријателите ме заборавија.</s><s>15Оние што беа гости во мојот дом и слугинките мои, ме сметаат за туѓ.</s><s>Туѓинец сум во нивните очи.</s><s>16Слугите мои ги викам, со своја уста ги молам, и не одговараат.</s><s>17Мојот здив е одбоен за жена ми, гаден сум им на сопствените браќа.</s><s>18Дури и малите деца се подбиваат со мене.</s><s>Ќе се појавам и ќе почнат да ми се потсмеваат.</s><s>19Се гадат од мене моите блиски пријатели, оние што ги сакав - се свртеа против мене.</s><s>20Останав само коска и кожа, се извлеков само со кожата врз забите.</s> <s>21Сожалете ме, сожалете ме пријатели мои, оти раката Божја удри против мене!</s><s>22Зошто и вие ме прогонувата како и Бог?</s><s>Од месото мое уште ли не се наситивте?</s><s>23Камо некој да ги запише моите зборови?!</s><s>Камо некој да ги забележи на свиток, 24со алатка железна и оловна засекогаш во карпа да ги вреже?!</s><s>25А јас знам, жив е Избавителот мој, и на крајот на земјата ќе застане.</s><s>26И кога ќе се разбудам, иако ова мое тело е уништено, одвоен од моето тело, ќе Го гледам Бог.</s><s>27Тоа јас ќе го видам, јас, моите очи, а не други, срцето ми в гради чезнее за тоа.</s><s>28Ако си кажете: ,Како да го бркаме, оти коренот на несреќата лежи во него?’, 29вие плашете се од мечот, зашто гневот носи казна од мечот!</s><s>Така ќе знаете дека има суд.“</s> <s>Глава 20</s> <s>Софар.</s> <s>1Тогаш одговори Нааматиецот Зофар и рече:</s> <s>2„Тешки мисли не ме оставаат, немирот што се всели во мене, 3навредливиот прекор што го слушам и она што го разбирам ме тераат да одговорам.</s><s>4Го знаеш ова што е уште од старо време, уште откога човекот е поставен на земјата.</s><s>5Радоста на злите е краткотрајна, задоволството на безбожните трае само еден миг.</s><s>6Иако гордоста негова достига до небесата и главата до облаците му допира, 7ќе го снема засекогаш, како и неговиот измет.</s><s>Оние што го познаваат ќе речат:,Каде е?’ 8Како сон, одлетува и никој веќе не може да го најде, избркан како ноќно видение.</s><s>9Окото што го гледа - нема веќе да го гледа, местото негово нема повторно да го види.</s><s>10Децата негови ќе мораат да им ја надоместат штетата на сиромасите, со свои раце ќе мораат назад да го вратат неговото богатство.</s><s>11Коските негови полни со младешка бујност со него в прав ќе лежат.</s><s>12Иако злото е слатко во неговата уста, и под јазик го крие, 13жал му е да се одвои од него и в уста го држи, 14ќе скисне храната во неговата утроба, во отров змијски ќе се претвори.</s><s>15Проголта богатство, но ќе го исплука.</s><s>Бог ќе го натера да го поврати од својата утроба.</s><s>16Отров змијски ќе цица, заб од отровница ќе го убие.</s><s>17Нема да ужива во потоците, во реките од мед и кајмак.</s><s>18Она со труд што ќе го заработи, ќе мора да го врати без и да го проба.</s><s>Во добивката од неговата трговија нема да ужива.</s><s>19Газеше, ги осиромашуваше бедните, куќа грабна која тој не ја ѕидал.</s><s>20Иако лакомоста негова за насит не знае, со она што го натрупал не може да се спаси.</s><s>21Ништо не остана тој да не го приграби, затоа нема да опстане неговото богатство.</s><s>22Среде полно изобилие на мака ќе се најде, во полна сила несреќа ќе падне врз него.</s><s>23Мевот кога ќе го наполни, ќе го отпушти против него Бог Својот огнен гнев, ќе падне врз него со силен лом.</s><s>24Бега од железно оружје, стрела бронзена го погодува.</s><s>25Ја извлекува, ја истргнува од својот грб, го вади нејзиниот блескав врв од својот џигер.</s><s>Ужас ќе го обземе.</s><s>26Црна темнина ги демне неговите богатства.</s><s>Оган неразгорен ќе ги проголта, ќе изеде сѐ што останало во неговиот шатор.</s><s>27Небесата ќе ја откријат неговата вина и земјата ќе се крене против него.</s><s>28Сѐ што има во неговиот дом ќе биде збришано, одвлечено на денот на Божјиот гнев.</s><s>29Таква судбина има зол човек од Бог, такво наследство му е определено од Бог.“</s> <s>Глава 21</s> <s>Јов.</s> <s>1Тогаш Јов одговори и рече:</s> <s>2„Слушнете го, слушнете го мојот збор и вака утешете ме!</s><s>3Издржете додека јас зборувам, а потоа иссмевајте ме.</s><s>4Кон човек ли е упатена мојата поплака?</s><s>Зошто да не бидам нестрплив?</s><s>5Погледнете ме и стаписајте се!</s><s>Рака ставете на уста!</s><s>6Кога само ќе помислам ужас ме фаќа, трепет телото ми го обзима.</s><s>7Зошто злите живеат, остаруваат и си ја зголемуваат силата?</s><s>8Гледаат како нивните деца зацврснуваат околу нив, како јакне нивното потомство.</s><s>9Домовите им се безбедни, стапот Божји не е врз нив.</s><s>10Биковите нивни оплодуваат и нема промашување.</s><s>Се телат кравите нивни и не пометнуваат.</s><s>11Ги пуштаат децата како добиток и нивните чеда играат наоколу.</s><s>12Пеат со тамбура и харфа, се женат со звукот на сворчето.</s><s>13Во напредок им минуваат деновите и наеднаш в гроб се симнуваат.</s><s>14А сепак на Бог Му велат:,Тргни се од нас!</s><s>Не сакаме да ги познаваме Твоите патишта!.</s><s>15Кој е Тој Семоќен, та ние да Му служиме?!</s><s>Што полза имаме, та да Му се молиме?’ 16Но тие не се заслужни за својот напредок и јас не ги слушам советите на злите.</s><s>17Колку често ламбата на злите гасне и на нив доаѓа тешка несреќа, судбина која Бог во Својата лутина им ја определува.</s><s>18Тие се како слама пред ветер, како плева која виорот ја одвејува.</s><s>19Велат:,Бог за неговиот син собира казна.</s><s>Нему лично нека му плати па да знае.</s><s>20Со свои очи да си го види уништувањето, од гневот на Семоќниот нека пие.</s><s>21Оти нему - многу му е гајле за семејството што останува зад него, кога месеците што му се определени ќе завршат?’ 22Можат ли Бог да го учат, кога Тој и најголемите ги суди?</s><s>23Еден човек умира во полна сила, лесно и спокојно.</s><s>24Телото му добро нахрането, сржта на коските негови - полна.</s><s>25Друг пак умира огорчен в душа, немајќи можност да ужива во нешто добро.</s><s>26Заедно во прав лежат и црви ги покриваат.</s><s>27Гледате, ги знам јас вашите мисли и итрините со кои сакате да ме обвините.</s><s>28Велите, каде е домот на големецот?</s><s>Каде е шаторот на злиот човек?</s><s>29Зарем не сте се распрашале меѓу патниците, зарем не сте чуле што тие велат?</s><s>30Лошиот човек е поштеден од денот на тешката несреќа, од денот на гневот тие се спасени!</s><s>31Кој може да го обвини в лице за неговото поведение?</s><s>За она што го сторил кој ќе му отплати?</s><s>32И тој в гроб ќе биде однесен, и неговиот гроб ќе биде чуван.</s><s>33Слатка му е земјата во долината.</s><s>По него луѓето го следат, пред него такви како него без број.</s><s>34Како можете да ме утешите со бесмислици?</s><s>Вашите одговори не се ништо друго туку лаги!“</s> <s>Глава 22</s> <s>Елифаз.</s> <s>1Тогаш одговори Теманецот Елифаз и рече:</s> <s>2„Може ли човек да му биде од полза на Бог?</s><s>Дури и мудриот може ли Нему да му користи?</s><s>3Какво задоволство има Семоќниот ако ти си бил праведен, што добива Тој ако биле непорочни патиштата твои?</s><s>4Заради твојата побожност ли те прекорува и изнесува против тебе обвиненија?</s><s>5Лошотијата твоја не е ли голема и гревовите твои зарем не се бескрајни?</s><s>6Без причина си барал залог од твоите браќа и облека си соблекувал од голите.</s><s>7Не си му дал вода да се напие на уморниот, си ја сокрил храната од гладниот, 8иако беше моќен човек, почитуван, иако земја поседуваше и живееше на неа.</s><s>9Вдовици си испраќал со празни раце, силата на сираци си им ја кршел.</s><s>10Затоа змии има околу тебе, затоа неочекувана опасност те заплашува, 11затоа е темница и ништо не гледаш, затоа потоп од води те преплави.</s><s>12Не е ли Бог во висините на небесата?</s><s>Види колку величествени се највисоките ѕвезди?</s><s>13А сепак велиш:,Што знае Бог?</s><s>Низ темница суди, 14обвивка од темни облаци е околу Него, па не нѐ гледа додека оди по сводот небесен.’ 15Ќе се држиш ли до стариот пат, по кој одеа престапниците, 16оние што беа однесени пред време и поплава ги збриша нивните темели?</s><s>17Оние кои Му велеа на Бог:,Тргни се од нас!’, и:,Што може Семоќниот да ни стори?!’ 18А сепак ги наполнија куќите нивни со богатства.</s><s>Далеку да биде советот на злите од мене!</s><s>19Гледаат праведните и се радуваат, невините им се потсмеваат: 20,Уништени се непријателите наши!</s><s>Богатството нивно оган го проголта!’ 21Покори се сега и смири се со Него!</s><s>Така ќе дојде за тебе напредок.</s><s>22Прифати ги сега упатствата од Негова уста, стави ги Неговите зборови во срцето свое!</s><s>23Ако се вратиш кај Семоќниот, ќе бидеш обновен.</s><s>Отстрани го злото од твојот шатор!</s><s>24Фрли ги сега грутките на буниште, твоето Офирско злато меѓу камењата во клисурите!</s><s>25Тогаш Семоќниот ќе биде твое злато и твое одбрано сребро.</s><s>26Тогаш во Семоќниот ќе се зарадуваш, кон Бог ќе го кренеш лицето свое.</s><s>27Ќе му се молиш и Тој ќе те слушне.</s><s>Ќе го исполниш она за што си дал завет.</s><s>28Штом нешто ќе решиш, тоа и ќе ти се оствари, а на твоите патишта ќе блеска светлина.</s><s>29Кога некого ќе унижат, ќе речеш:,Воздигни го!’.</s><s>Луѓето со смирен поглед Тој ќе ги спаси.</s><s>30Дури и оние кои не се невини Тој ќе ги избави.</s><s>Ќе бидат избавени преку чистотата на твоите раце.“</s> <s>Глава 23</s> <s>Јов.</s> <s>1Тогаш Јов одговори и рече:</s> <s>2„Дури и денот горчлив ми стана од мојата поплака.</s><s>Тешка е раката Негова врз мене и покрај моето стенкање.</s><s>3Кога би можел да знам каде е, каде можам да Го најдам, кога би можел во Неговото пребивалиште да отидам, 4би го изложил пред Него мојот случај, устата моја би се исполнила со докази.</s><s>5Би дознал што Тој има да ми одговори и би слушнал што Тој има да ми каже.</s><s>6Ќе ми се спротивстави ли Тој со Својата голема сила?</s><s>Не, нема да ме притера в ќош со обвиненија.</s><s>7Таму праведен човек може да го изложи својот случај пред Него и јас засекогаш ќе бидам избавен од мојот Судија.</s><s>8Ако кон исток тргнам, таму Тој не е, кон запад, пак не можам да Го најдам.</s><s>9На север, каде што Тој работи - не можам да го видам, ќе се сврти кон југ и од Него ниту зрак не допира до мене.</s><s>10Но Тој го знае мојот пат.</s><s>Ме проверува како што се проверува златото, и јас ќе испаднам прав.</s><s>11Стапалата мои трагите Негови ги следат, до патот Негов се држам и не се свртувам на страна.</s><s>12Не сум ги напуштил заповедите кажани од усните Негови.</s><s>Повеќе од лебот насушен ги пазам зборовите од устата Негова.</s><s>13Но тој е единствен и кој може да Му се спротивстави?</s><s>Што сака тоа прави.</s><s>14Ете, Тој го спроведува она што го решил за мене и многу такви нешта има кај Него.</s><s>15Затоа пред Него сум преплашен.</s><s>Кога само ќе помислам, страв ме фаќа од Него.</s><s>16Бог направи да ми малакса срцето, ме преплаши Семоќниот.</s><s>17Сепак овој мрак, оваа црна темнина што се обвива околу мене не ме натера да молчам.</s> <s>Глава 24</s> <s>1Зошто Семоќниот време не одредил за суд?</s><s>Зошто оние кои Го познаваат попусто ги чекаат тие денови?</s><s>2Меѓници поместуваат, стока крадат и потоа ја пасат, 3магариња од сираци одземаат, вол од вдовица во залог земаат.</s><s>4Ги туркаат бедните од патот, ги тераат сиромашните во земјата да се кријат од нив.</s><s>5Како диви магариња во пустина - одат наоколу, работат, храна бараат, пустата земја храна обезбедува за нивните деца.</s><s>6Како стока храна по полињата собираат, лозјата на злите ги доберуваат.</s><s>7Голи ноќеваат зашто немаат облека, ништо со што да се покријат пред студот.</s><s>8Дождот од планините ги врне, и тие, немајќи засолниште - карпите ги гушкаат.</s><s>9Сираче од гради грабаат, дете од сиромав како плата за долг земаат.</s><s>10Голи талкаат немајќи облека.</s><s>Гладни носат снопови.</s><s>11Маслини гмечат во нивните градини, газат во гмечалките и пак страдаат од жед.</s><s>12Луѓето од градовите стенкаат, душите на ранетите викаат за помош, но Бог не го казнува злото.</s><s>13Тие се меѓу бунтовниците против светлината и не ги знаат патиштата нејзини, на патеките нејзини не стојат.</s><s>14Штом дневното светло исчезне, станува убиецот и убива сиромашен и беден.</s><s>Ноќе тој е како крадец.</s><s>15Окото на прељубникот приквечерина чека, си мисли:,Око човечко нема да ме види.’ и си го прикрива лицето.</s><s>16Ноќе во куќи упаѓаат, а дење се кријат, светлината за нив не знае.</s><s>17Дури и утрото е за нив длабока сенка, со ужасите на темнината пријателство склопуваат.</s><s>18Пена се тие по површината на водата, проколнат е делот нивни во земјата, никој не оди по патот кон лозјата.</s><s>19Како што сушата и топлината ја пијат водата од снегот, така пеколот ги граба грешните.</s><s>20Утробата ги заборава, црвот врз нив се гости, за нив спомен не останува.</s><s>Злото се крши како дрво.</s><s>21Ограбуваат неплодна и бездетна жена, кон вдовица милост немаат.</s><s>22Но Бог ги одвлекува моќните со Својата сила.</s><s>Тие се подигаат, но не се сигурни за своите животи.</s><s>23Тој може да ги остави да одморат, чувствувајќи се безбедно, но очите Негови будно ги следат нивните патишта.</s><s>24Малку ќе се порадуваат и ќе ги снема.</s><s>Ќе бидат соборени, прибрани како и сите други.</s><s>Ќе бидат ожнеани како класје.</s><s>25Ако не е така, кој ќе докаже дека лажам, кој ќе ги порекне моите зборови?“</s> <s>Глава 25</s> <s>Билдад.</s> <s>1Тогаш Шухиецот Вилдад одговори и рече:</s> <s>2„Власта и страхопочитта Нему му припаѓаат, Тој воведува ред во висините.</s><s>3Им има ли број на силите Негови?</s><s>Врз кого сѐ не изгрева светлината Негова?</s><s>4Како тогаш може човек да биде праведен пред Бог?</s><s>Како може да биде чист оној што од жена е роден?</s><s>5Ако дури и месечината не е светла, дури и ѕвездите не се чисти во очите Негови, 6што останало тогаш за човекот кој е ларва, за синот човечки кој е само еден црв.“</s> <s>Глава 26</s> <s>Јов.</s> <s>1Тогаш Јов одговори и рече:</s> <s>2„Како си му помогнал ти на немоќен, како си спасил рака ослабена?</s><s>3Како си го советувал оној кој нема мудрост, каква голема остроумност си покажал?</s><s>4Со кого си ги споделил овие зборови, чиј дух зборува од тебе?</s><s>5На мака се мртвите, оние под водите и оние што живеат во нив.</s><s>6Гола е смртта пред Него, уништувањето поклопец нема.</s><s>7Го распнува северното небо над празниот простор, ја држи земјата над празнината.</s><s>8Ги замотува водите во облаци и облаците не се кинат под нив.</s><s>9Го покрива лицето на полната месечина, распостилајќи пред неа облаци.</s><s>10Го одбележал хоризонтот над водите, како граница меѓу светлината и темнината.</s><s>11Столбовите на небесата треперат преплашени пред Неговиот прекор.</s><s>12Со Неговата сила го размати морето, со Својата мудрост на парчиња ја раскина Рахав.</s><s>13Од Неговиот здив небесата се разведруваат, Неговата рака ја прободе змијата што демне.</s><s>14Ете ова се само краиштата на Неговите патишта, само тивок шепот слушаме од Него!</s><s>А грмотевиците на Неговата сила, кој може да ги разбере?“</s> <s>Глава 27</s> <s>1Потоа Јов ја продолжи својата беседа и рече:</s> <s>2„Жив е Бог, Оној Кој ми ја одрече правдата, Семоќниот, Кој ја огорчи душата моја, 3се колнам дека сѐ дури живот има во мене и здивот Божји е во ноздрите мои, 4нема да проговорат усните мои зло, мојот јазик измама нема да изрече!</s><s>5Ни на крај памет не ми паѓа и додека да умрам нема да признаам дека вие сте во право!</s><s>Јас нема да се одречам од својата непорочност.</s><s>6Ќе се држам до мојата праведност и никогаш нема да се одвојам од неа.</s><s>Додека сум жив мојата совест нема да ме прекори.</s><s>7Нека бидат моите противници како злите, нека бидат моите непријатели како неправедните, 8но каква е надежта на безбожниот кога тој ќе биде уништен, кога Бог ќе му го земе животот?!</s><s>9Повикот негов ќе го слушне ли Бог кога ќе го сполета несреќа?</s><s>10Во Семоќниот ќе се зарадува ли, ќе Го призива ли Бог во секое време?</s><s>11Јас ќе ве научам за силата на Бог, патиштата на Семоќниот нема да ги кријам.</s><s>12Ете, сето ова вие сте го виделе.</s><s>Зошто се тогаш овие бессмислени разговори?</s><s>13Еве што Бог определил за злите и какво наследство безмилосните добиваат од Семоќниот: 14>Колку и да се бројни децата негови, нивната судбина е меч.</s><s>Наследниците негови храна никогаш нема да имаат доволно.</s><s>15Оние што ќе преживеат - чума ќе ги погреба и нивните вдовици нема да плачат по нив.</s><s>16Иако собира сребро како прав и трупа облеки како кал, 17става на страна, ама праведниот ќе се облекува, среброто негово невините ќе го поделат.</s><s>18Гради куќа како молец, како полјакот - колиба прави, 19легнува да одмара богатиот, но за последен пат.</s><s>Ќе отвори очи и сѐ е веќе готово.</s><s>20Ужас ќе го обземе како потоп, ноќе бура ќе го грабне.</s><s>21Источниот ветер го крева и го нема веќе, го одвејува од неговото место.</s><s>22Беснее против него безмилосно.</s><s>Од силината Негова тој главечки ќе одлета.</s><s>23Плескаат со раце по него, го иссвиркуваат од местото негово.’</s> <s>Глава 28</s> <s>1Ете, за среброто рудник постои и место каде што златото се прочистува.</s><s>2Железото од земја се вади, бакар од руда се топи.</s><s>3Човек мракот го победува, во секое окно пребарува, трага по руда во црната темнина.</s><s>4Длаби рударски окна далеку од населените места, каде што човечка нога не стапнува.</s><s>Се јази и ниша далеку од луѓето.</s><s>5Од земјата лебот си го вади, под неа се преобразува како низ оган.</s><s>6Местото на сафирите им е во карпи на земјата, меѓу нејзиниот прав злато има.</s><s>7Сокриен е тој пат, не го знае птица граблива, не го гледа око соколово.</s><s>8Не стапнуваат на него горделивите синови, не демне по него лавот.</s><s>9Против кремен камен напаѓа раката негова, ги соголува корењата на планините.</s><s>10Меѓу карпите окна ископува и окото негово секое богатство го гледа.</s><s>11Речните извори ги пребарува и скриените нешта на виделина ги вади.</s><s>12Но мудроста, каде може да се најде?</s><s>Каде е пребивалиштето на разумот?</s><s>13Човек вредноста нејзина не може да ја сфати и таа во земјата на живите не може да се најде.</s><s>14Бездната вели:,Не е во мене.’, морето вели:,Не е со мене.’ 15Не може да се купи со најчисто злато, со сребро не може да се одмери цената нејзина.</s><s>16Не може да се купи ни со офирско злато, со оникс скапоцен ниту со сафир.</s><s>17Не се споредува со злато или кристал, не може да се има ни за златен накит.</s><s>18Коралите и јасперот да не ги ни спомнуваме, цената на мудроста ја надминува цената на рубините.</s><s>19Не се споредуваат со неа топазите од Куш, со чисто злато не може да се купи.</s><s>20А мудроста од каде доаѓа?</s><s>Каде е пребивалиштето на разумот?</s><s>21Сокриена е од очите на секое живо суштество, тајна е за птиците небесни.</s><s>22Уништувањето и Смртта велат: ,Со ушите наши шепотот нејзин го слушнавме.’ 23Бог ги разбира нејзините патишта, Тој го знае пребивалиштето нејзино, 24оти Тој до краевите на земјата гледа, сѐ под небесата наблјудува.</s><s>25Кога на ветрот сила му даде и водите со мерка ги премери, 26за дождот закон кога постави и патот на молњите им го одреди, 27тогаш на неа погледна, ја процени, ја одобри и ја испроба.</s><s>28Му рече на човекот: ,Да се плашиш од Господ, тоа е мудрост!</s><s>Да се држиш настрана од злото, тоа е разум!’“</s> <s>Глава 29</s> <s>1Потоа Јов ја продолжи својата беседа и рече: 2„Ах, кога некој би ми ги вратил одминатите месеци, деновите кога Бог пазеше на мене, 3Кога ламбата Негова светеше над мојата глава, преку светлината Негова одев низ темнината.</s><s>4Во деновите кога бев во полна сила, кога пријателството со Бог го исполнуваше мојот дом, 5кога Семоќниот беше со мене, а околу мене моите деца, 6кога од моите патишта капеше кајмак и камењата за мене излеваа потоци маслиново масло.</s><s>7Поминував низ градската порта, на плоштадот седнував, 8младите ме гледаа и се тргнуваа настрана, старите стануваа и стоеја, 9првенците се стегаа да зборуваат, со рака уста покриваа, 10благородниците глас не пуштаа, а јазикот за непце им се лепеше.</s><s>11Секој што ќе ме чуеше, добро за мене зборуваше.</s><s>Секој што ќе ме видеше ме фалеше, 12оти сиромашни што за помош викаа спасував, сираци на кои нема кој да им помогне.</s><s>13Луѓе на смртна постела ме благословуваа, на вдовици сум помагал така што срцето им пееше.</s><s>14Праведност врз себе ставив и во неа се облеков.</s><s>Како наметка и круна ми беше мојата чесност.</s><s>15Очи бев за слепите и стапала за сакатите.</s><s>16Татко бев за бедните, а се завзедов и за делото на непознатиот.</s><s>17Му ги скршив вилиците на злиот, жртвата од неговите заби ја извлеков.</s><s>18И си мислев, во својот дом ќе си умрам, а моите денови ќе бидат многубројни како песок.</s><s>19Мојот корен до водите ќе досега, а росата ќе ноќева на моите гранки.</s><s>20Мојата слава нема да опадне, моја сила нема да се намали.</s><s>21Мене желно ме слушаа, на мојот совет во молк се чекаше.</s><s>22Мојот збор беше последен.</s><s>Што ќе кажев, кажано беше.</s><s>23Ме чекаа како дожд, а устите нивни пиеја како пролетна роса.</s><s>24Ќе им се насмеев и не им се веруваше.</s><s>Скапоцена беше за нив мојата насмевка.</s><s>25Јас патот за нив го одбирав.</s><s>Главен бев.</s><s>Како цар престојував меѓу војниците, како оној што тажните ги утешува.</s> <s>Глава 30</s> <s>1А сега ме иссмеваат луѓе помлади од мене, оние чии татковци не би ги пуштил ни меѓу кучињата на моите стада.</s><s>2Силата на рацете нивни за мене беше ништо.</s><s>Побегна животната сила од нив.</s><s>3Истоштени од глад и сиромаштија, талкаат по пустината, ноќеваат во пусти и исушени предели.</s><s>4Собираат солени растенија меѓу грмушките, корените на метлата се нивна храна.</s><s>5Од пријателите избркани, викаат по нив како да се крадци.</s><s>6Во сувите речни корита живеат, по дупките во земјата и карпите.</s><s>7’Ржат меѓу трњето, се туткаат под грмушките.</s><s>8Накот долен и безимен, протеран од земјата.</s><s>9И сега јас на такви им станав песна за подбив!</s><s>Таквите мене во поговорки ме кажуваат!</s><s>10Се гнасат и бегаат од мене, не се свенат в лице да ме плукнат.</s><s>11Сега, откако Бог ја скина струната на мојот лак и ме нападна, и тие се разуздаа пред мене.</s><s>12Оддесно племе ме напаѓа, за моите стапала примка поставува, против мене градат земјени насипи за опсада.</s><s>13Го кршат мојот пат и во уништувањето успеваат, без никој да им помогне.</s><s>14Напредуваат како пробојна греда, навлегуваат меѓу урнатините.</s><s>15Мене ужас ме обзима.</s><s>Како ветер исчезнува моето достоинство, како облак се разнесува сигурноста моја.</s><s>16Животот мој гасне од мене, ме приклештиле денови на страдање.</s><s>17Ноќта коските ми ги пронижува, болките не престануваат да ме глодаат.</s><s>18Во големината на Својата сила Тој ми стана како облека, ме стега како јака на наметката.</s><s>19Ме фрла во калта и ме сведе на прав и пепел.</s><s>20Викам кон Тебе, но Ти не ми одговараш.</s><s>Станувам, а Ти ме гледаш, 21си се свртел безмилосно против мене, со силината на Твојата рака ме напаѓаш.</s><s>22Ме грабаш, пред ветрот ме ставаш, во бурата ме фрлаш на сите страни.</s><s>23Знам дека до смрт ќе ме доведеш, до местото кое е определено за сите живи.</s><s>24Кон скршен човек никој рака не подава, кога во својата несреќа тој за помош вика.</s><s>25Но зарем јас не плачев за оние на кои тежок ден им дојде?</s><s>Зарем не страдаше душата моја за сиромашните?</s><s>26Кога на добро се надевав - зло ми дојде.</s><s>Кога светло очекував - црна темнина ме покри.</s><s>27Утробата ми се првртува без прекин, ми дојдоа денови на страдање.</s><s>28Одам поцрнет, но не од сонцето.</s><s>Стојам во собранието и викам за помош.</s><s>29Брат им станав на шакалите, другар на ќерките уткини.</s><s>30Кожата моја поцрне, телото треска го гори.</s><s>31Тажи харфата моја, кавалот свири со плачлив глас.</s> <s>Глава 31</s> <s>1Завет склопив со очите мои!</s><s>Како тогаш можам да погледнам кон девојка?</s><s>2Оти каква судбина определил Бог одозгора, какво наследство оставил Семоќниот од висините?</s><s>3Зарем не е тоа уништување за злиот и пропаст за оној кој неправично постапува?</s><s>4Зарем Тој не ги гледа патиштата мои, зарем не ја брои секоја моја стапка?</s><s>5Ако чекорев во лаги, ако по измама брзаше ногата моја, 6нека Бог ме премери со точни мерки, и ќе ја знае Тој мојата непорочност!</s><s>7Ако стапките мои беа скршнале од патот, ако срцето ми беше тргнало по очите, ако разврат ми се беше залепил за рацете, 8јас што сум сеел други нека јадат, искоренети нека бидат посевите мои!</s><s>9Ако моето срце беше заведено од жена, покрај портата на соседот ако сум демнел, 10мојата жена за друг нека меле, со неа други нека спијат, 11оти тоа е срамно и тој грев треба да се осуди!</s><s>12Тоа е оган што гори сѐ до Уништувањето, и сета моја жетва ќе ја уништи.</s><s>13Ако сум го погазил правото на слугата и слугинката моја, кога се пожалиле против мене, 14тогаш што ќе правам кога Бог ќе ми се спротивстави, кога ќе викне кон мене - што ќе Му одговорам?</s><s>15Оној Кој мене ме создаде во утробата, зарем не ги создаде и нив?</s><s>Оној Кој нѐ обликуваше во утробата зарем не е истиот и за мене и за нив?</s><s>16Ако сум им одрекол помош на сиромашните и око на вдовица ако сум натажил, 17ако својот леб сам сум го јадел и не сум го делел со сирак, - 18а уште од својата младост сум го гледал како да сум му татко, уште од мајчина утроба за вдовица сум се грижел, - 19ако сум видел некој да гине зашто нема облека, наметка да нема кутриот, 20и нивните срца не ме благословиле, со волната од моите овци ако не сум ги затоплил, 21ако сум подигнал рака против сирак, кога сум знаел дека во судот имам влијание, 22раката од рамо да ми окапе, во лактот да се скрши!</s><s>23Јас се плашев Бог да не ме уништи и заради неговата величественост не можев да правам такви нешта.</s><s>24Ако на златото сум се надевал, ако на чистото злато сум му рекол:,Ти си мојата сигурност!’, 25ако сум се радувал на моето големо богатство, на изобилието што го беа заработиле рацете мои, 26ако кон сјајното сонце сум гледал и кон прекрасната месечина како се лизга по небото, 27и тајно било намамено срцето мое, па својата рака со уста сум ја бакнувал, 28и тоа е грев што треба да се осуди, затоа што така би му бил неверен на Бог во висините.</s><s>29Ако сум се радувал на несреќата на моите непријатели и сум се сител што зло ги снашло, 30иако не сум ѝ дозволил на устата моја да греши, да изрече клетва против нив, 31ако луѓето во мојот дом ниту еднаш не рекле: ,Кој сѐ не се најал од неговото месо?’ 32на улица туѓинец не ноќевал, вратите мои за патник биле отворени, 33ако како Адам сум ги прикривал своите гревови, ако в срце сум ја криел својата вина, 34затоа што многу сум се плашел од толпата и ужас ме фаќал од презирот на родовите, та сум молчел и не сум излегувал од врата, 35(О да имаше кој да ме слушне!</s><s>Еве го мојот потпис, а Семоќниот нека ми одговори, нека го напише Своето обвинение Оној што ме обвинува.</s><s>36На рамо ќе ја носам, на глава ќе ја поставам како круна, 37отчет ќе му давам за секоја моја стапка, ќе му приоѓам како на кнез.) 38ако против мене повика земјата моја, и со неа браздите нејзини заплачат, 39ако плодот нејзин без надокнада сум го јадел и сум го скршил духот на нејзините закупци, 40наместо жито - трње нека изникнат, наместо јачмен - плевел.“</s> <s>Завршија зборовите на Јов.</s> <s>Глава 32</s> <s>Елиху.</s> <s>1Така овие тројца луѓе престанаа да му одговараат на Јов, зашто тој беше праведен во нивните очи.</s><s>2Но се разгоре гневот на Елиху, син на Барахел, Бузиец од семејството Рам, се разгоре гневот негов против Јов, зашто тој себе си се оправдуваше, а не Бог.</s><s>3И против тројцата пријатели на Јов се разгоре неговиот гнев затоа што, иако го обвинија, не успеаја да го побијат.</s><s>4Елиху почека пред да му проговори на Јов, зашто тие беа постари по години од него.</s> <s>5Но кога виде Елиху дека тројцата луѓе немаат што повеќе да кажат, пламна неговиот гнев, 6и одговори Елиху, синот на Бузиецот Барахел и рече:</s> <s>„Јас сум млад по години, а вие сте стари.</s><s>Затоа се плашев и се свенев да ви го кажам она што го знам.</s><s>7Мислев, старите треба да зборуваат, многуте години да поучуваат на мудрост.</s><s>8Но Духот што е во човекот, здивот на Семоќниот е Оној Кој дава разум.</s><s>9Луѓето не се мудри затоа што им се многу годините, ниту пак затоа што се стари - исправно расудуваат.</s><s>10Затоа велам:,Слушнете ме, јас ќе ви кажам што јас знам!’ 11Ете, јас чекав додека вие зборувавте, ги слушав вашите расудувања, чекав додека вие баравте зборови, за да се искажете.</s><s>12Ви посветив полно внимание!</s><s>Но, ете, никој од вас не докажа дека Јов не е во право, никој не ги поби неговите докази.</s><s>13Не велете:,Ја најдовме мудроста!</s><s>Бог нека го собори, а не човек!’ 14Јов не упати против мене зборови, и затоа јас нема да му одговорам онака како што му одговоривте вие.</s><s>15Тие се обесхрабени и немаат што повеќе да кажат, зборовите ги издадоа.</s><s>16Мора ли и јас да чекам, затоа што тие не зборуваат, затоа што стојат немајќи никаков одговор?</s><s>17И јас ќе го кажам мојот дел, и јас ќе проговорам за она што го знам, 18оти полн сум со зборови, духот во мене не ме остава.</s><s>19Ете, ќе пукне во мене како вино затворено во нови мевови.</s><s>20Морам да зборувам, за да ми олесни.</s><s>Морам да отворам уста и да одговорам.</s><s>21Нема да покажам пристрасност кон човек, и нема на човек да му ласкам, 22оти ако бев вешт во ласкање, Создателот веднаш би ме отстранил.</s> <s>Глава 33</s> <s>1Слушни ги сега Јове моите зборови!</s><s>Обрни внимание на сѐ што ќе кажам!</s><s>2Гледај, ја отворам устата, зборува во неа мојот јазик!</s><s>3Зборовите мои доаѓаат од непорочноста на моето срце, а моите усни искрено го зборуваат она што го знам.</s><s>4Духот Божји ме создаде, и здивот на Семоќниот ми дава живот.</s><s>5Ако можеш, одговори ми!</s><s>Спротивстави ми се!</s><s>Подготви се!</s><s>6Гледај, и јас пред Бог сум како и ти.</s><s>И јас исто така од глината сум земен.</s><s>7Стравот од мене нема зошто да те вознемирува.</s><s>Мојата рака нема врз тебе да биде тешка.</s><s>8Но ти рече, моите уши чуја, го слушнав звукот на твоите зборови: 9,Чист сум и без грев.</s><s>Чист сум и во мене вина нема, 10а Бог грешки ми наоѓа, з а Свој непријател ме смета!</s><s>11Нозете во пранги ми ги окова, будно пази на сите мои патишта.’ 12Но, ти велам, не си во право!</s><s>Бог е поголем од кој било човек.</s><s>13Зошто се жалиш кон Него?</s><s>Тој не дава отчет ниту за една своја постапка!</s><s>14Бог зборува еднаш на еден начин, другпат на друг, а човек тоа не го забележува.</s><s>15Во сон, во ноќно видение кога длабок сон го совладува човекот, кога се превртува во постелата, 16тогаш Тој може да ги отвори ушите човекови и да ги запечати во нив своите предупредувања.</s><s>17Да го одврати човек од она што го прави, да го сочува од гордоста, 18да ја сочува душата негова и животот негов од јамата, за да не погине од меч.</s><s>19Или пак го напаѓа со болки и го фрла на постела, со тегоби непрестани во коските, 20така што храната му станува одвратна, одбраните јадења - одбивни за душата негова.</s><s>21Се топи снагата негова, избиваат на површина коските, дотогаш скриени.</s><s>22Се приближува душата негова кон јамата, животот негов кон оние што носат смрт.</s><s>23Сепак, да има покрај него ангел посредник, еден од илјада, да му ги каже на човек неговите права, 24да биде милостив кон него и да каже: ,Поштеди го од јамата, јас најдов откупнина за него.’ 25тогаш се обновува телото негово како на дете, станува како во деновите на неговата младост.</s><s>26Му се моли на Бог и наоѓа милост, гледа кон Него со извик на радост, и Тој пак му го враќа на човекот неговиот чист образ.</s><s>27Се враќа кај луѓето и вели: ,Грешев, го извртував правото, но Тој не ми плати според она што сум го заслужил.</s><s>28Ја избави душата моја од јамата - мојот живот на светло го изведе.’ 29Ете, сите овие нешта Бог му ги прави на човекот, двапати, па и трипати.</s><s>30Ја одвраќа душата негова од јамата, за неговиот живот светлина да го огрее.</s><s>31Внимавај Јове, слушни ме!</s><s>Молчи, а јас ќе зборувам!</s><s>32Ако имаш што да ми кажеш, одговори ми!</s><s>Зборувај, зашто јас сакам ти да бидеш очистен!</s><s>33Ако пак немаш, слушај ме!</s><s>Молчи и јас ќе те научам на мудрост!“</s> <s>Глава 34</s> <s>1Тогаш Елиху проговори и рече:</s> <s>2„Слушнете ги зборовите мои мудреци!</s><s>Чујте ме вие луѓе кои знаење имате!</s><s>3Оти увото ги испитува зборовите, а јазикот храната ја вкусува.</s><s>4Ајде да одвоиме што е право, да научиме што е добро, 5оти Јов вели:,Невин сум, но Бог го одрекува моето право.</s><s>6Иако сум праведен, ме сметаат за лажго!</s><s>Иако сум без вина, Неговата стрела ме погоди и неизлечиво ме рани!’ 7Каков човек е Јов?</s><s>Пие потсмев како вода!</s><s>8Се дружи со злосторници, се приклучува кон злите луѓе, 9оти вели:,Ништо корист нема човек кога постапува по Божја волја.’ 10Слушнете ме сега луѓе разумни!</s><s>Далеку е злото од Бог!</s><s>Далеку е Семоќниот од неправдата.</s><s>11Му отплатува на секој според неговите дела, му возвраќа според она како постапува.</s><s>12Бог сигурно не постапува погрешно, Семоќниот не ја извртува правдата.</s><s>13Кој Го постави Него над земјата?</s><s>Кој Го постави да заповеда над целиот свет?</s><s>14Ако само срцето Му посака, па Духот, здивот Свој го повлече, 15ќе изгине сето човештво и луѓето во правта ќе се вратат!</s><s>16Ако ме разбирате, слушнете го ова, чујте што јас имам да ви кажам: 17Може ли оној што ја мрази правдата да управува?</s><s>Ете, ќе Го обвините ли Праведниот, Моќниот?</s><s>18Оној кој на царот му вели: -,Безвреден си!’, на благородникот -,Зол си!’.</s><s>19Кој не покажува пристрасност кон кнезови и не ги сака богатите повеќе од сиромашните, оти сите тие се дело на Неговите раце.</s><s>20Наеднаш умираат, на сред ноќ луѓе бидуваат протресени и починуваат.</s><s>Ги отстранува моќните без со рака да ги допре.</s><s>21Оти очите Негови се насочени кон човековите патишта, и секоја негова стапка Тој ја гледа.</s><s>22Нема темно место, нема длабока сенка за таму да се скријат оние кои прават зло.</s><s>23Бог не мора додатно да го испитува човекот, за да дојде пред Него на суд.</s><s>24Ги урива моќните без да ги испрашува и поставува други на нивно место, 25оти ги знае Тој нивните дела.</s><s>Преку ноќ ги соборува и тие се веќе уништени.</s><s>26Ги казнува за нивната лошотија, на место каде што можат сите тоа да го видат, 27оти тие се свртеа од Него и не почитуваат ниту еден од Неговите патишта.</s><s>28Направија крикот на сиромашните да дојде до Него - повикот на бедните Тој го слушна.</s><s>29Но ако Тој остане да молчи, тогаш Кој ќе обвини?</s><s>Ако си го сокрие лицето, кој ќе може да Го види?</s><s>Сепак, Тој заповеда и над луѓето и над народите.</s><s>30Не дозволува безбожен да управува, да постапува стапици за луѓето.</s><s>31Да претпоставиме некој кон Бог да каже: ,Виновен сум, нема повеќе да те навредувам!</s><s>32Тоа што не го гледам, Ти научи ме!</s><s>Лошо ако сум постапувал, нема повеќе така да правам.’ 33Според вас, треба ли тогаш Тој да го награди, затоа што се откажал од грешење?</s><s>Ете, вие решете, а не јас!</s><s>Кажете го она што го знаете!</s><s>34Кажете ми луѓе разумни!</s><s>Вас ве слушам луѓе мудри!</s><s>35Јов без знаење зборува, во неговите зборови нема остроумност.</s><s>36О, кога Јов до ср’ж би бил испитан, оти одговара како злите луѓе!</s><s>37Кон своите гревови додава бунтовништво, меѓу нас со раце плеска и ги умножува своите зборови против Бог.“</s> <s>Глава 35</s> <s>1Тогаш Елиху проговори и рече:</s> <s>2„Ова за праведно ли го сметаш?</s><s>Велиш:,Мене Бог ќе ме очисти!’, 3а сепак прашуваш:,Што корист имам, што добивам ако не грешам?’ 4Јас ќе ти одговорам и тебе и на твоите пријатели!</s><s>5Погледни кон небесата и гледај, види ги облаците високо над себе.</s><s>6Ако грешиш, што тоа за Него значи?</s><s>Ако се многу твоите гревови, како со тоа ќе Му наштетиш?</s><s>7Ако си праведен, што со тоа ќе Му дадеш, што Тој од твоја рака добива?</s><s>8Твоето зло погодува само луѓе како тебе, твојата праведност им користи само на синовите човечки!</s><s>9Под тежината на угнетувањето тие стенкаат и молат за избавување од раката на моќните, 10но никој не вели:,Каде е Бог, Мојот Создател, кој дава песни во ноќта, 11Кој ни дава повеќе знаење од ѕверовите земни, не прави помудри од птиците небесни?’ 12Кога тие ќе викнат, Тој не одговара, заради дигноглавоста на злите.</s><s>13Ете, празни зборови Бог не слуша, Семоќниот не им обрнува внимание.</s><s>14Колку помалку ќе слуша кога ти велиш: ,Каде е, не Го гледам?</s><s>Мојот случај е пред Него и чека!’ 15и уште велиш дека Неговиот гнев никогаш не казнува, и Тој воопшто не го забележува злото.</s><s>16Така Јов напразно уста отвара и умножува неразумни зборови.“</s> <s>Глава 36</s> <s>1Па продолжи Елиху и рече:</s> <s>2„Потрпете ме уште малку и јас ќе ви покажам, дека има многу што да се каже во корист на Бог.</s><s>3Моето знаење од далеку сум го добил, и на мојот Создател јас му припишувам правда, 4оти моите зборови без сомнение не се лажни, со вас е човек со совршено знаење.</s><s>5Гледајте, Бог е моќен, но никого не презира.</s><s>Моќен е и непоколеблив во своите намери.</s><s>6Злите не ги одржува во живот, туку на натажените им го дава нивното право.</s><s>7Не симнува очи од праведните, со цареви на престол ги поставува, ги зацарува засекогаш и ги издигнува.</s><s>8Но на оние што се оковани во ланци, цврсто стегнати од јажињата на жалоста, 9Тој им ги кажува нивните престапи и нивните дела што дрско ги правеле, 10и им ги отвора ушите, за да се поправат, па им заповеда да се откажат од злото.</s><s>11Ако послушаат и Му служат, ќе ги проживеат деновите свои во напредок, и годините свои во уживање.</s><s>12Но ако не послушаат - од меч ќе загинат, ќе умрат без мудрост.</s><s>13Безбожните во срце кријат јад.</s><s>Дури и кога во пранги ги оковува, тие не повикуваат за помош.</s><s>14Умира душата нивна уште во младоста, а нивното тело меѓу машките блудници.</s><s>15Но тие што страдаат Тој ги избавува, кога се во жалост ушите им ги отвора.</s><s>16Така Тој и тебе те повикува од канџите на маката кон пространо место, без огради.</s><s>Удобна трпеза за тебе е поставена, преполна со одбрана храна.</s><s>17Но, сега врз тебе е натоварена пресуда против зол човек.</s><s>Судот и правдата те достигнаа.</s><s>18Не дозволувај богатството да те намами, големиот поткуп да те заведе.</s><s>19Ќе те одржи ли твоето богатство, сѐ што може моќен човек да направи, па да не бидеш во мака?</s><s>20Не посакувај ја ноќта, за да ги одвлечкаш луѓето од нивните места!</s><s>21Внимавај!</s><s>Не свртувај се кон злото, оти тоа повеќе го сакаш отколку жалоста!</s><s>22Гледај, возвишен е Бог во Неговата сила!</s><s>Кој е учител како Него!?</s><s>23Кој може да Му каже по кој пат да оди?</s><s>Кој може да Му каже:,Погрешно постапи!’.</s><s>24Запомни, ти мораш да му се восхитуваш на она што Тој го прави, а луѓето во песни го опеваат!</s><s>25Сето човештво тоа го гледа, луѓе оддалеку наблјудуваат.</s><s>26Гледај, голем е Бог и ние не можеме да Го разбереме!</s><s>Бројот на годините Негови не можеме да го дознаеме.</s><s>27Ги крева водените капки, а тие се цедат од пареата и се претвораат во дожд.</s><s>28Влага излеваат облаците, врне изобилие врз човештвото.</s><s>29Ете, кој може да го разбере простирањето на облаците?</s><s>Кој може да разбере како Тој грми од Неговото живеалиште?</s><s>30Гледај, распара молњата Негова под Него, нурнува сѐ до морските длабочини.</s><s>31Така управува со народите и обезбедува изобилна храна.</s><s>32Раката Негова е полна со молњи, и Тој им заповедува да светкаат.</s><s>33Громот Него го објавува, дури и стоката знае кога Тој се приближува.</s> <s>Глава 37</s> <s>1Ете, од ова срцето мое тупка, од местото скока.</s><s>2Слушни го, слушни рикањето на гласот Негов, грмотевицата што од устата Негова излегува!</s><s>3Ја отпушта молњата под целото небо, сѐ до краиштата на земјата.</s><s>4Зад Него глас рика, грми звукот на Неговата величественост, и кога ќе се слушне гласот Негов, ништо не може да ги задржи.</s><s>5Грми Бог со Својот глас на чудесен начин, големи нешта прави кои ние не ги разбираме.</s><s>6На снегот му вели: ,Паѓај на земјата!’, на дождот: ,Врнете, паѓајте силни поројни дождови!’ 7Тој ја прекинува работата на секој човек, за да ги дознаат луѓето делата Негови.</s><s>8Бегаат животните под заклон, во дувлата остануваат.</s><s>9Излегува бурата од својата одаја, студот од разбеснетите ветрови.</s><s>10Здивот Божји мраз произведува и водните пространства ги смрзнува.</s><s>11Со влага ги полни облаците, со молњи ги распара.</s><s>12Тој ги води да кружат по нивните патеки над земјата, им заповеда што треба да прават над целиот свет.</s><s>13Ги собира или за казна, или пак за да ја натопи земјата и да ѝ покаже наклоност.</s><s>14Слушни го ова Јове!</s><s>Застани и замисли се над овие Божји чуда!</s><s>15Дали знаеш како Бог управува со нив, како ја светка молњата меѓу облаците?</s><s>16Дали знаеш како се држат облаците на небо?</s><s>Дали ги знаеш чудата на Оној Кој е совршен во знаењето?</s><s>17Ти што се капеш во пот во твоите облеки, додека земјата лежи потисната од јужниот ветер, 18можеш ли со Него да ги распнуваш небесата, тешки како огледало од леана бронза?</s><s>19Кажи ни што треба да Му кажеме, оти заради мракот, ние не можеме да најдеме зборови.</s><s>20Да Му кажеме ли: ,Јас ќе зборувам!’?</s><s>Зарем човек свесно ќе побара да биде проголтан?</s><s>21Никој не може да гледа право во сонцето кое блеска на небесата, откако ветрот дувнал и ги исчистил.</s><s>22Бог Кој е страотно величествен од север доаѓа, во златен сјај облеан!</s><s>23Семоќниот не можеме да го досегнеме!</s><s>Возвишен во Неговата сила, правда и голема правичност Тој никого не ги угнетува.</s><s>24Затоа луѓето го почитуваат, а и Тој, зарем не ги цени мудрите во срце?“</s> <s>Глава 38</s> <s>ГОСПОД проговорува.</s> <s>1Тогаш ГОСПОД му одговори на Јов од бурата и рече:</s> <s>2„Кој е овој што го замрачува Мојот совет со зборови лишени од знаење?</s><s>3Препашај си ги сега половините како маж!</s><s>Јас ќе те прашувам, а ти да ми одговараш!</s><s>4Каде беше ти кога Јас ги поставив темелите на земјата?</s><s>Кажи ми ако знаеш и разбираш!</s><s>5Кој ги одреди нејзините размери, кој распна преку неа мерно јаже, ти сигурно знаеш?!</s><s>6На што се поставени нејзините подножја, кој го постави нејзиниот аголен камен, 7додека сите утрински ѕвезди заедно пееја и викаа од радост сите синови Божји?!</s><s>8Кој му ги затвори портите на морето, кога бликна, од утробата кога излезе, 9кога облаците наметка негова ги направив и во црна темнина го завив, 10кога границите му ги утврдив и ги наместив лостот и вратите?!</s><s>11Кога реков: ,До тука смееш да дојдеш, и не оди понатаму!</s><s>Тука нека запираат твоите горди бранови!’ 12Си му заповедал ли ти на утрото, си ѝ покажал ли на зората каде ѝ е местото?</s><s>13Си ги фатил ли краевите на земјата, па да ги истресеш од неа злите?</s><s>14Таа се обликува како глина под печат, и сѐ на неа останува како на наметка.</s><s>15Им се одзема на злите светлото, раката бунтовничка се крши.</s><s>16Си продрел ли до изворите на морето, си одел ли по дното на бездната?</s><s>17Ти биле ли покажани портите на смртта - портите на длабоката сенка дали си ги видел?</s><s>18Ја сфаќаш ли огромната пространост на земјата, кажи ми ако го знаеш сево ова?</s><s>19Каде е патот кон пребивалиштето на светлината, темнината знаеш ли каде има дом?</s><s>20Можеш ли да ги одведеш во нивните места?</s><s>Го знаеш ли патот до нивните пребивалишта?</s><s>21Ти сигурно знаеш!</s><s>Ти уште оттогаш си роден, и голем е бројот на деновите твои!</s><s>22Си влегол ли во складиштето на снегот, складиштето на градот си го видел ли, 23кои ги чувам за тешко време, за ден на војна и битка?</s><s>24Во која насока се распрснува молњата, брише источниот ветер по земјата?</s><s>25Кој им пробива корита на пороите и пат на грмотевиците во бурата, 26на водата во земја каде човек не живее, пуста земја без жива душа во неа, 27за да се напои сувата земја и пустината, и да избијат никулци од трева?</s><s>28Има ли дождот татко?</s><s>Кој ги раѓа капките роса?</s><s>29Од чија утроба доаѓа ледот, сланата небесна кој ја раѓа?</s><s>30Водите како камен цврсти стануваат кога ќе замрзнат површините на бездната.</s><s>31Можеш ли да ги зауздаш прекрасните Плејади, уздите на Орион можеш ли да ги отпуштиш?</s><s>32Можеш ли да ги изведеш соѕвездијата во вистинското време, да ја водиш +Мечката со мечињата?</s><s>33Ги знаеш ли законите на небесата, можеш ли ги поставиш да владеат над земјата?</s><s>34Може ли твојот глас да допре до облаците?</s><s>Со потоп од вода можеш ли да се преплавиш?</s><s>35Ти ли ги пушташ молњите да излезат?</s><s>Те известуваат ли тие: ,Еве не!’?</s><s>36Ти ли ги обдари срцата со мудрост?</s><s>Кој му дава разум на умот?</s><s>37Кој, во својата мудрост ги брои облаците, ќуповите небесни Кој ги превртува, 38кога прашината ќе натежне и грутките земја ќе се слепат?</s><s>39Ти ли ѝ ловиш на лавицата плен, гладта на лавовите ти ли ја наситуваш, 40кога се притајуваат во дувлата, лежат по грмушките чекајќи?</s><s>41Кој за гавранот храна обезбедува, кога пилињата негови кон Бог пиштат, талкат гладни за храна?</s> <s>Глава 39</s> <s>1Знаеш ли кога треба да се породат горските кози?</s><s>Пораѓањето на срните си го гледал ли?</s><s>2Ги броиш ли месеците додека да им дојде времето, го знаеш ли часот кога треба да се породат?</s><s>3Ќе се наведнат, ќе ги родат младенчињата и ќе завршат нивните породилни болки.</s><s>4Растат младенчињата, јакнат во дивината, си заминуваат и повеќе не им се враќаат.</s><s>5Кој го отпуштил на слобода дивото магаре, оглавникот кој му го одврзал?</s><s>6Јас му ја дадов пустината дом да му биде, солените рамници - негови живеалишта.</s><s>7Им се потсмева на градските гужви.</s><s>Не слуша како вика возачот.</s><s>8Талка по ридовите - неговото пасиште, трага по сѐ што е зелено.</s><s>9Ќе го натераш ли дивиот бик да ти служи, ќе остане ли ноќе покрај твоите јасли?</s><s>10Можеш ли да го задржиш дивиот бик впрегнат во бразда, ќе ора ли тој долини зад тебе?</s><s>11Ќе се потпреш ли на неговата голема сила, ќе му ја препуштиш ли твојата напорна работа?</s><s>12Можеш ли да му довериш да ти го собере житото, на гумното твое ќе го прибере ли?</s><s>13Крилјата на нојот весело плескаат, но не се како зглобовите и перјата на штркот.</s><s>14Ете, тој на земја ги лежи своите јајца, во песокта ги грее, 15заборава дека нога може да ги скрши, или диво животно да ги згази.</s><s>16Грубо се однесува кон своите млади, како да не се негови.</s><s>Неговиот труд, кога нема грижа, е залуден, 17затоа што Бог не го обдари со мудрост, и не му даде дел од разумот.</s><s>18А сепак, кога ќе расшири перја да трча, му се потсмева и на коњот и на јавачот.</s><s>19Ти ли му ја даваш на коњот силата негова, вратот негов ти ли со грива развеана го облекуваш?</s><s>20Ти ли го правиш да скока како скакулец - ужас влева неговото гордо ’ржење?</s><s>21Удира жестоко со копитата, се радува на својата сила, одвај чека кавга да започне.</s><s>22На стравот му се потсмева, од ништо не се плаши, од работ на мечот не се крие.</s><s>23Треска тагарчето крај него, блескаат стрелите и копјата.</s><s>24Од возбуда и бес земја јаде, додека трубата свири тој мирно не застанува.</s><s>25Штом трубата екне, тој фркнува: ,Аха!’, од далеку битка намирисува - викањето на заповедниците и бојниот вик.</s><s>26Со твоја мудрост ли лета соколот, шири крилја кон југ.</s><s>27На твоја заповед ли се виши орелот, на високо гнездо вие?</s><s>28Во карпите пребива, таму ноќта ја поминува, камените гребени му се тврдина.</s><s>29Од таму храна бара, со очи оддалеку ја забележува, 30а пилињата негови со крв се гостат.</s><s>Каде има мрши, таму е и тој.“</s> <s>Глава 40</s> <s>1Па му проговори ГОСПОД на Јов и му рече:</s> <s>2„Оној кој се препира со Семоќниот, ќе се поправи ли?</s><s>Нека одговори оној кој го обвинува Бог!“</s> <s>3Тогаш Јов му одговори на ГОСПОД и рече:</s> <s>4„Види колку сум јас безвреден.</s><s>Можам ли да Ти одговорам?!</s><s>Рака на уста ставам.</s><s>5Еднаш проговорив, но не дадов одговор.</s><s>Двапати проговорив, но нема да зборувам веќе.“</s> <s>6Тогаш ГОСПОД му проговори на Јов од бурата и рече:</s> <s>7„Препашај си ги сега половините како маж!</s><s>Јас ќе те прашувам, а ти да ми одговараш!</s><s>8Ти ли ќе ја ставаш под сомневање Мојата праведност?!</s><s>Ти ли ќе Ме обвинуваш, за себе да се оправдаш?!</s><s>9Ете, имаш ли рака како Бог?</s><s>Со ваков глас можеш ли да грмиш?</s><s>10Ајде украси се со слава и величественост!</s><s>Во чест и величие облечи се!</s><s>11Отпушти ја гневноста на својата лутина!</s><s>Погледни на секој горделив човек и унижи го!</s><s>12Погледни на секој горделив човек и направи го скромен!</s><s>Уништи ги злите по нивните места!</s><s>13Закопај ги сите нив во правта!</s><s>Лицата нивни закопај ги во гробот!</s><s>14Тогаш ќе ти признаам дека твојата десница може да те спаси.</s><s>15Погледни го бехемотот, кого сум го создал заедно со тебе.</s><s>Трева пасе како вол, 16ете, силата негова му е во бедрата, јаки се мускулите на неговиот желудец!</s><s>17Мавта со опашката дебела како кедрово дрво.</s><s>Жилите на неговите бедра тесно се испреплетени.</s><s>18Коските негови - цевки бронзени, краците негови - стапови железни.</s><s>19Тој е прв меѓу созданијата Божји, а сепак Создателот може да му пријде со Неговиот меч.</s><s>20Производите од ридовите му ги носат, а сите диви животни играат наоколу.</s><s>21Под лотосите лежи, се крие под алгите и гази.</s><s>22Лотосите ја кријат сенката негова, околу него тополи што растат покрај потоците.</s><s>23Ете, ќе се разбранува реката, а тој не се вознемирува, безбеден е иако Јордан бранови крева против устата негова.</s><s>24Може ли некој со око да го фати?</s><s>Со јадица може ли да го прободе неговиот нос?</s> <s>Глава 41</s> <s>1Можеш ли левијатанот со јадица да го уловиш, со јаже можеш ли да го врзеш неговиот јазик?</s><s>2Можеш ли узда низ носот да му провреш, со кука образот негов можеш ли да го прободеш?</s><s>3Дали тој за милост ќе те моли и ќе ти проговори слатки зборови?</s><s>4Ќе склучи ли договор со тебе, ќе направиш ли од него свој доживотен роб?</s><s>5Можеш ли од него да направиш галениче, како птица?</s><s>Ќе го врзеш ли на јаженце за своите девојчиња?</s><s>6Ќе тргуваат ли со него продавачите, ќе го поделат ли меѓу себе трговците?</s><s>7Ќе му ја наполниш ли кожата со копја, главата негова со рибарски стрели?</s><s>8Само допри го, па таа битка ќе ја запомниш и нема веќе ни да ти текне да го допираш.</s><s>9Оној кој се надева дека може да го совлада - се лаже.</s><s>Само што ќе го погледне човек, веднаш се откажува.</s><s>10Никој не е доволно жесток, за да го разбуди.</s><s>Тогаш кој против Мене ќе застане?</s><s>11Кој ќе тврди дека Јас мора да платам?</s><s>Сѐ под небесата е Мое.</s><s>12Не, Јас нема да проговорам заради неговите раце или нозе, нема да проговорам заради неговата сила или убавина.</s><s>13Кој може да ги соголи надворешните делови на неговата кожа, кој може да му пријде со двојни узди?</s><s>14Портите на неговата уста, заокружени со застрашувачки заби, кој може да ги отвори?</s><s>15Грбот негов нанижан со штитови, затворени, цврсто запечатени.</s><s>16Секој штит до соседниот е залепен, така што ни воздух меѓу нив не може да помине.</s><s>17Еден до друг цврсто се прилепени, се држат и не можат да се одвојат.</s><s>18Кога кива, светлина молска, очите негови - како зраците на зората.</s><s>19Од устата негова пламени јазици избиваат, огнени искри летаат.</s><s>20Од ноздрите негови дим излегува, како грне зовриено над оган од трски.</s><s>21Здивот негов јаглен запалува, пламен избива од устата негова.</s><s>22Силата пребива во вратот негов, пред него сѐ малаксува.</s><s>23Слоевите на неговото тело цврсто се слепени, врз него се држат и не се поместуваат.</s><s>24Градниот кош му е цврст како камен, тврд како долен воденичен камен.</s><s>25Кога ќе се крене, моќните треперат, од неговите траги бегаат.</s><s>26Мечот што допира до него ништо не постига, а ни стрелата, копјето или куката.</s><s>27За него железото е како слама, бронзата како дрво изгниено.</s><s>28Стрелите не го тераат во бег, камењата од праќата за него се како плева.</s><s>29Остенот за него е како сламка, се смее на ѕвечкањето на сабјата.</s><s>30Долната страна му е начичкана со остри ќерамиди, и остава траги во калта како остен за вршидба.</s><s>31Ја разматува бездната како да е котел, го бранува морето како да е грнче за масло.</s><s>32Остава зад себе блескава бразда, да помисли човек на бездната ѝ побелела косата.</s><s>33Ништо на земјата не е како него, создаден да нема страв.</s><s>34Ги гледа сите дигноглави, царува над сите горделиви.“</s> <s>Глава 42</s> <s>Јов.</s> <s>1Тогаш Јов му одговори Јов на ГОСПОД и рече:</s> <s>2„Знам јас дека сето ова Ти можеш да го направиш, и пред Твоите намери ништо не може да се испречи.</s><s>3(Велиш:) ,Кој е тој што Мојот совет го замрачува неразумно?.’ Да, јас проговорив за нешта што не ги знам, нешта прекрасни, кои се далеку над мене и не ги разбирам.</s><s>4(Велиш:),Слушни ме сега и Јас ќе зборувам, Јас ќе поставувам прашања, а ти да одговараш!’</s> <s>5Со уво Те слушнав, но сега окото мое Те виде.</s><s>6Затоа самиот себе се презирам и се каам во прав и пепел.“</s> <s>Поговор.</s> <s>7А после ова, откако ГОСПОД му ги кажа на Јов овие нешта, му кажа ГОСПОД на Теманецот Елифаз:</s> <s>„Пламти гневот Мој против тебе и против твоите двајца пријатели, зашто не зборувавте за мене она што е вистина, онака како што зборуваше мојот слуга Јов.</s><s>8Затоа сега земете си седум волови и седум овни и одете кај Мојот слуга Јов, жртвувајте за себе жртви паленици, а Мојот слуга Јов ќе се моли за вас.</s><s>Ете, од него сигурно ќе ги прифатам, па да не постапам со вас според вашата глупавост, зашто не зборувавте право за Мене, како што зборуваше Мојот слуга Јов.“</s> <s>9И така отидоа Теманецот Елифаз, Шухиецот Вилдад и Нааматиецот Зофар, и направија како што им кажа ГОСПОД, а ГОСПОД ги прифати (молитвите) од Јов.</s> <s>10Тогаш, откако Јов се помоли за своите пријатели, ГОСПОД му го врати напредокот, дури му даде двапати повеќе одошто имаше порано.</s><s>11Дојдоа кај него сите негови браќа, сите негови сестри и сите што го познаваа од порано.</s><s>Јадеа со него во неговиот дом, му искажаа сочувство и го утешија за сите несреќи што ГОСПОД ги донесе на негова глава.</s><s>Секој од нив му даде по една сребрена пара и по еден златен прстен.</s> <s>12И ГОСПОД го благослови вториот дел од животот на Јов повеќе од првиот.</s><s>Имаше четиринаесет илјади овци, шест илјади камили, илјада рала волови и илјада магарици.</s><s>13Имаше седум сина и три ќерки.</s><s>14Им даде имиња, на првата Јемима, на втората Кесиа и на третата Керен Хаппух.</s><s>15Во целата земја немаше други жени, толку убави како ќерките на Јов, а нивниот татко им даде наследство, заедно со нивните браќа.</s> <s>16И живееше Јов после ова сто и четириесет години и виде деца и внуци и правнуци до четврто колено, 17па умре стар и сит од животот.</s> <s></s> <s>Забелешки:</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7169
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D1%83%D1%82%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Рут (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Наоми и Рут.</s> <s>1Беше тоа во деновите кога владееја судиите.</s><s>Глад завладеа во земјата и еден човек се пресели од Витлеем Јудејски во Моавските области за да живее таму; тој, неговата жена и неговите два сина.</s><s>2Името на човекот му беше Елимелех, а на жена му Наоми.</s><s>Имињата на неговите два сина беа Махлон и Килион.</s><s>Тие беа Ефратјани од Витлеем Јудејски и заминаа во Моавските области, па таму живееја.</s> <s>3Но умре Елимелех, мажот на Наоми и таа остана со своите два сина.</s><s>4Тие се оженија со Моавки.</s><s>Името на едната ѝ беше Орпа, а на другата Рут.</s><s>Живееја таму околу десет години.</s><s>5Тогаш умреа Махлон и Килион, па остана жената и без двата сина и без својот маж.</s> <s>6Кога слушна дека ГОСПОД му помогнал на својот народ и обезбедил храна за него, се приготви таа, заедно со нејзините снаи, си замина од Моавските области и се врати дома.</s><s>7Го напушти местото каде што живееше и заедно со своите две снаи тргна по патот кој водеше кон Јудејската земја.</s> <s>8Тогаш Наоми им рече на своите две снаи: „Одете, вратете се назад во домовите на вашите мајки!</s><s>Можеби ГОСПОД ќе покаже милост кон вас, исто како што вие покажавте кон починатите и кон мене.</s><s>9Може ГОСПОД ќе ве награди и секоја од вас ќе најде спокојство во домот на својот маж.“, па ги бакна.</s> <s>Но тие викнаа да плачат 10и ѝ рекоа: „Ќе се вратиме со тебе кај твојот народ.“</s> <s>11Наоми им рече: „Вратете се ќерки мои!</s><s>Зошто да доаѓате со мене?</s><s>Има ли во мене уште синови кои би можеле да ви станат мажи?</s><s>12Вратете се ќерки мои, одете!</s><s>Јас сум премногу стара за да се мажам.</s><s>Дури и да мислев дека има за мене надеж, уште оваа вечер да поминев со маж и да родев синови, 13зарем би ги чекале да пораснат?</s><s>Зарем би останале немажени заради нив?</s><s>Не ќерки мои, мојата горчина е поголема од вашата, зашто против мене се протегна раката ГОСПОДОВА.“</s> <s>14Викнаа тие одново да плачат и тогаш Орпа ја бакна свекрва си, но Рут се припи кон неа.</s> <s>15„Гледај!“ - рече Наоми - „Твојата јатрва се враќа кај својот народ и кај своите богови.</s><s>Врати се и ти со твојата јатрва!“</s> <s>16Но Рут одговори: „Не терај ме да те напуштам, да ти свртам грб!</s><s>Каде ти ќе одиш, таму ќе одам и јас.</s><s>Каде ти ќе застанеш, таму ќе застанам и јас.</s><s>Твојот народ е и мој народ, твојот Бог е и мој Бог.</s><s>17Каде ти ќе умреш, таму ќе умрам и јас и таму ќе бидам погребана.</s><s>Така ГОСПОД нека направи со мене, жесток нека биде, ако било што, освен смртта, нѐ раздели.</s><s>18Кога сфати Наоми дека Рут решила да оди со неа, престана да ја тера.</s> <s>19И така тие двете одеа, сѐ додека не дојдоа во Витлеем.</s><s>А кога стигнаа во Витлеем, се дигна на нозе целиот град заради нив и прашуваа: „Оваа Наоми ли е?“</s> <s>20А таа им рече: „Не викајте ме Наоми, викајте ме Мара, зашто Семоќниот горчина голема ми донесе.</s><s>21Полна излегов, а ГОСПОД празна ме врати.</s><s>Зошто да ме викате Наоми?</s><s>ГОСПОД ме порази!</s><s>Семоќниот несреќа врз мене донесе.“</s> <s>22Така се вратија Наоми и нејзината снаа Моавката Рут со неа, се вратија од Моавските области и пристигнаа во Витлеем во времето кога започнуваше жетвата на јачменот.</s> <s>Глава 2</s> <s>Рут го среќава Боаз.</s> <s>1А Наоми имаше еден роднина по мажот, многу прочуен човек од родот на Елимелех.</s><s>Името му беше Боаз.</s> <s>2Моавката Рут ѝ рече на Наоми: „Пушти ме да одам во полето и да собирам меѓу снопјето зад оние во чии очи ќе најдам наклоност.“, а таа ѝ рече: „Оди ќерко!“ 3Па ја остави и отиде да собира во полето зад жетварите.</s><s>Така се случи да се погоди на делот од полето што му припаѓаше на Боаз, кој беше од родот на Елимелех.</s> <s>4Токму тогаш Боаз пристигна од Витлеем и ги поздрави жетварите: „ГОСПОД со вас!“, а тие му одговорија: „ГОСПОД да те благослови!“</s> <s>5Боаз го праша слугата, оној што ги водеше жетварите: „Чија е онаа жена?“ 6А слугата, оној што ги водеше жетварите, му одговори и рече: „Таа млада жена е Моавката која се врати заедно со Наоми од Моавските области.</s><s>7Ми рече: >,Пушти ме да собирам, да го прибирам она што ќе остане меѓу снопјето зад жетварите.’, и ете ја, работи од утро, па сѐ до сега, само малку што си почина под сенка.“</s> <s>8Тогаш Боаз ѝ рече на Рут: „Слушај ќерко, да не одиш да прибираш на друга нива и да не си одиш одовде!</s><s>Тука остани со моите слугинки.</s><s>9Гледај каде ќе жнеат и оди по нив, а јас им реков на мажите да не те задеваат.</s><s>Кога ќе ожеднеш, оди кај стомните и напиј се од она што го налеале мажите.</s> <s>10Тогаш таа падна на колена, се поклони до земја и извика кон него: „Со што сум нашла наклоност во твоите очи, и си ме забележал, иако сум туѓинка?“</s> <s>11А Боаз ѝ одговори, и ѝ рече: „Многу ми имаат кажувано за сѐ што си направила за твојата свекрва, по смртта на нејзиниот маж.</s><s>Дека си го напуштила татко ти и мајка ти и својата родна земја и си дошла кај народ кој до вчера не си го ни познавала.</s><s>12ГОСПОД нека ти плати за твоите дела, богата нека биде твојата награда од ГОСПОД, Бог на Израел, под чии крилја си дошла да бараш прибежиште.“</s> <s>13Таа рече: „Можам ли да најдам наклоност во твоите очи, господару мој, зашто ти ме утеши и му проговори на срцето на твојата слугинка, иако јас не сум ни колку твоите слугинки?“ 14А Боаз ѝ рече: „Кога ќе дојде време за ручек, дојди и јади од лебот, макај во оцетот.“ А кога седна до жетварите, ѝ понуди пржено жито.</s><s>И таа јадеше, се најаде, и дури ѝ остана.</s> <s>15Кога стана да собира, Боаз им нареди на мажите: „Дури и ако собира меѓу сноповите, да не ја вознемирувате, 16туку фрлајте ѝ од она што ви е во рацете, оставајте за таа да може да собира и немојте да ја прекорувате!“</s> <s>17Така таа собираше во полето сѐ до вечерта.</s><s>Тогаш го оврши она што го собра и имаше околу една ефа јачмен.</s><s>18Го зеде и го однесе во градот.</s><s>Виде свекрва ѝ што беше собрала, а Рут ѝ носеше, и ѝ даде од она што ѝ беше останало од храната.</s> <s>19Тогаш свекрва ѝ ја праша: „Каде собираше денеска?</s><s>Каде работеше?</s><s>Благословен нека биде оној што те забележал?“, а Рут ѝ раскажа на свекрва си со кого работеше и рече: „Името на оној со кого работев денеска му е Боаз.“</s> <s>20Наоми ѝ рече на снаа си: „Благословен да е од ГОСПОД оној чија милост не престанува ниту кон живите, ниту кон мртвите.“, па ѝ рече: „Тој човек ни е близок роднина и наш спасител.“</s> <s>21Моавката Рут тогаш рече: „Тој човек дури ми рече да останам со неговите работници, сѐ додека не ја завршат целата негова жетва.“ 22Наоми ѝ рече на својата снаа Рут: „Добро е ќерко што ќе одиш со неговите девојки, за да не те повредат на некоја друга нива.“</s> <s>23Така таа остана близу до слугинките на Боаз и собираше сѐ додека не заврши жетвата на јачменот и жетвата на пченицата, и живееше со својата свекрва.</s> <s>Глава 3</s> <s>Рут и Боаз на гумното.</s> <s>1Еден ден Наоми, свекрвата нејзина, ѝ рече: „Ќерко, зарем ти не треба да бараш за себе спокојство, место каде што ќе ти биде добро?</s><s>2А Боаз, оној со чии слугинки си сега, зарем не е наш роднина?</s><s>Ете, вечерва тој ќе го вее јачменот на гумното.</s><s>3А ти, измиј се, намирисај се и облечи се, па симни се на гумното.</s><s>Немој да му се покажуваш сѐ додека не заврши со јадењето и пиењето.</s><s>4Кога ќе легне, забележи на кое место лежи, па оди, откриј му ги стапалата и легни.</s><s>Тогаш тој ќе ти каже што треба да правиш.“</s> <s>5Рут ѝ одговори: „Како што ми кажа, сѐ така ќе направам.“ 6Се симна на гумното, па направи како што ѝ кажа свекрва ѝ.</s> <s>7Кога Боаз се најаде и се напи, и добро се орасположи, легна на самиот крај од купот жито.</s><s>Рут тивко му се приближи, му ги откри стапалата и легна.</s><s>8Беше некаде околу полноќ кога човекот се стресе и се сврте, и види - жена лежи до неговите стапала.</s> <s>9Тогаш ја запраша: „Која си ти?“, а таа му одговори: „Јас сум Рут, слугинката твоја.</s><s>Спростри го аголот од својата наметка врз својата слугинка, зашто ти си ми избавител.“</s> <s>10А тој одговори: „Благословена да си од ГОСПОД ќерко, зашто покажа милост, и оваа сега е поголема од поранешната.</s><s>Не тргна по млади мажи, било сиромашни или богати.</s><s>11А сега ќерко не плаши се!</s><s>Сѐ што ќе побараш од мене, јас ќе сторам, зашто сите луѓе во градот знаат дека си ти благородна жена.</s><s>12Но, иако е вистина дека јас сум ти роднина избавител, има и друг избавител, поблизок од мене.</s><s>13Остани овде ноќеска, а утре, ако тој сака да те избави, нека те избави, но ако не сака, јас ќе те избавам, жив е ГОСПОД.</s><s>Преспиј овде до утре.“</s> <s>14И така таа легна до неговите стапала сѐ до утрото, но стана пред да може да ја препознае човекот што лежеше до нив, зашто Боаз ѝ рече: „Не смее да се знае дека жена доаѓала на гумното.“ 15Па ѝ рече: „Дај ја наметката што е врз тебе и држи ја!“, па истури шест мери јачмен и ѝ помогна да го крене.</s><s>Потоа тој се врати во градот.</s> <s>16Кога дојде кај свекрва ѝ, таа ја праша: „Што стана ќерко?“, а Рут ѝ раскажа за сѐ што стори човекот за неа.</s><s>17Уште ѝ рече: „Овие шест мери јачмен тој ми ги даде, за, како што рече: ,Да не се враќаш со празни раце кај свекрва ти.’“</s> <s>18Тогаш Наоми ѝ рече: „Чекај ќерко да видиме како ќе се завши оваа работа, зашто тој човек нема да застане сѐ додека ова не се разреши уште денеска.“</s> <s>Глава 4</s> <s>Боаз ја зема Рут за жена.</s> <s>1Се искачи Боаз до градската порта и седна.</s><s>Кога избавителот за кого Боаз зборуваше дојде, Боаз му рече: „Дојди, седи овде пријателе!“, а тој дојде и седна.</s> <s>2Викна десетмина старешини од градот и им рече: „Седете овде!“, и тие дојдоа и седнаа.</s><s>3Тогаш му рече на избавителот: „Наоми, онаа што се врати од Моавските области, го продава делот од земјата што му припаѓа на нашиот брат Елимелех.</s><s>4Јас си реков, да ти кажам, да ти предолжам пред сите овде присутни и пред овие старешини од мојот народ - купи го!</s><s>Ако сакаш да ги избавуваш, избави ги!</s><s>Но ако не сакаш, кажи ми за јас да знам, зашто нема кој друг освен ти и јас после тебе.“ И тој рече: „Ќе ги избавам!“</s> <s>5Тогаш Боаз му рече: „Оној ден кога ќе ја купиш земјата од Наоми и од Моавката Рут, вдовицата на починатиот треба да ја прибереш, за да се сочува името на починатиот, заедно со неговиот имот.“</s> <s>6Тогаш избавителот рече: „Јас не можам да ја избавам, зашто така може да го доведам во опасност сопствениот имот.</s><s>Ти избави ја, наместо мене, зашто јас нема да можам.“</s> <s>7Е сега, во Израел, во старо време, кога се избавувало, или се купувало и продавало, за да се заклучи работата, човек ја собувал сандалата и му ја давал на другиот човек.</s><s>Така се заклучувале работите во Израел.</s><s>8Па му кажа избавителот на Боаз: „Ти купи ја!“, и ја собу сандалата.</s> <s>9Тогаш Боаз објави пред старешините и пред сите луѓе кои тој ден беа присутни за да сведочат: „Јас од Наоми купувам сѐ што му припаѓа на Елимелех и сѐ што им припаѓа на Килион и Махлон.</s><s>10А Моавката Рут, вдовицата на Махлон ќе ја приберам кај себе како жена, за да се сочува името на починатиот, заедно со неговиот имот и да не исчезне името на починатиот меѓу неговите браќа и во градот.</s><s>Денеска вие сте ми сведоци.“</s> <s>11Тогаш сите луѓе кои стоеја пред портата и старешините рекоа: „Ние сме ти сведоци.</s><s>Нека ГОСПОД ја направи жената што доаѓа во твојот дом како Рахел и Леа, двете жени кои го подигнаа домот на Израел.</s><s>Нека се здобиеш со високо место во Ефрат и нека се прочуе името твое во Витлеем.</s><s>12Со потомството што ќе ти го даде ГОСПОД преку таа млада жена, нека стане твоето семејство како семејството на Перес, кого Тамар му го роди на Јуда.“</s> <s>Родословот на Давид.</s> <s>13Така Боаз ја зеде Рут и му стана жена, па влезе кај неа.</s><s>Даде ГОСПОД таа да зачне и роди син.</s><s>14Тогаш жените ѝ рекоа на Наоми: „Нека се слави ГОСПОД, Кој денеска не дозволи ти да останеш без избавител.</s><s>Нека се прочуе името Негово низ Израел.</s><s>15Тој ќе ти го обнови животот и ќе те гледа на стари денови, зашто твојата снаа што го роди и која те сака, ти вреди повеќе од седум синови.“</s> <s>16Тогаш го зеде Наоми детето, си го стави во скутот и се грижеше за него.</s><s>17Жените што живееја таму си рекоа: „На Наоми ѝ се роди син.“ и му дадоа име Овед.</s><s>Тој е татко на Јишај, а тој татко на Давид.</s> <s>18Значи оваа е семејната лоза на Перес:</s> <s>Перес му е татко на Хесрон, 19Хесрон му е татко на Рам, Рам му е татко на Аминадав, 20Аминадав му е татко на Нахшон, Нахшон му е татко на Салма, 21Салмон му е татко на Боаз, Боаз му е татко на Овед, 22Овед му е татко на Јишај и Јишај му е татко на Давид.</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики превод)</s>
7171
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D0%B7%D1%80%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Езра (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Кир им помага на прогонетите да се вратат</s> <s>1Во првата година на Кир, царот на Персија, за да се исполни зборот ГОСПОДОВ кажан преку Еремија, го покрена ГОСПОД духот на Кир, царот на Персија, па тој состави писмен проглас и го објави низ целото негово царство:</s> <s>2вака вели Кир, царот на Персија:</s> <s>„Јахве, Бог на небесата, ми ги даде сите царства на земјата, и ме назначи да изградам за Него храм во Ерусалим, во Јуда.</s><s>3Секој кој е меѓу вас од Неговиот народ, Бог нека е со него, нека оди во Ерусалим, во Јуда, и нека го гради храмот на Јахве, Бог на Израел, Бог Кој е во Ерусалим.</s><s>4И сите луѓе од оние места каде што сега живеат преживеаните, нека ги обезбедат со сребро, злато, имот и добиток, со доброволните приноси за храмот на Бог Кој е во Ерусалим.“</s> <s>5Тогаш се подготвија главите на семејствата од Јуда и Бенјамин, свештениците и Левитите, сите чии срца беа покренати од Бог, и тргнаа да одат да го градат храмот на ГОСПОД, Кој е во Ерусалим.</s><s>6Сите нивни соседи им помогнаа со сребрени и златни предмети, со имот, добиток и скапоцени дарови, како додаток на она што беше дадено како доброволен прилог.</s><s>7Царот Кир ги извади предметите кои му припаѓаа на храмот ГОСПОДОВ, а кои Невухаднессар ги однесе од Ерусалим и ги стави во храмот на неговите богови.</s><s>8Ги извади Кир, царот на Персија, преку благајникот Митредат, и му ги изброи на Шешбассар, кнез на Јуда.</s> <s>9Ова е нивниот список:</s> <s>златни чинии - 30, сребрени чинии - 1000, ножеви - 29, 10 златни пехари - 30, соодветни сребрени пехари - 410, други предмети - 1000.</s> <s>11Сите предмети од злато и сребро беа 5400.</s><s>Сето тоа Шешбассар го донесе кога прогонетите се вратија од Вавилон во Ерусалим.</s> <s>Глава 2</s> <s>Список на прогонетите што се вратиле 1Ова се луѓето од областа кои се вратија од ропство, од прогонството во Вавилон во кое ги беше зел Невухаднессар, царот на Вавилон, и се вратија во Ерусалим и Јуда, секој во својот град, 2кои дојдоа со Зерувавел,</s> <s>Јешуа, Нехемја, Сераја, Реелаја, Мордахај, Билшан, Миспар, Бигвај, Рехум, Баана,</s> <s>список на луѓето од Израел:</s> <s>3потомци на Парош - 2172, 4на Шефатија - 372, 5на Арах - 755, 6на Пахат Моав, преку наследниците на Јешуа и Јоав - 2812, 7на Елам - 1254, 8на Затту - 945, 9на Заккај - 760, 10на Бани - 642, 11на Бевај - 623, 12на Азгад - 1222, 13на Адоникам - 666, 14на Бигвај - 2056, 15на Адин - 454, 16на Атер, преку Хезекија - 98, 17на Бесај - 323, 18на Јора - 112, 19на Хашум - 223, 20на Гиббар - 95, 21потомци од Витлеем - 123, 22од Нетофат - 56, 23од Анатот - 128, 24од Азмавет - 42, 25од Киријат Арим, Кефира и Беерот - 743, 26од Рама и Гева - 621, 27од Михмас - 122, 28од Бет Ел и Аи - 223, 29од Нево - 52, 30од Магбиш - 156, 31од другиот Елам - 1254, 32од Харим - 320, 33од Лод, Хадид и Оно - 725, 34од Јерихо - 345, 35од Сенаа - 3630.</s> <s>36Свештеници: потомци на Једаија,</s> <s>преку семејството на Јешуа - 973, 37на Иммер - 1052, 38на Пашхур - 1247, 39на Харим - 1017.</s> <s>40Левити, потомци на Јешуа и Кадмиел,</s> <s>преку потомците на Ходавија - 74. 41Пејачи, наследници на Асаф - 128. 42Потомци на вратарите, потомци на Шаллум, Атер, Талмон, Аккув, Хатита и Шовај, вкупно - 139.</s> <s>43Слуги во храмот,</s> <s>потомци на Сиха, Хасуфа, Таббаот, 44Керос, Сиаха, Падон, 45Левана, Хагава, Аккув, 46Хагав, Шалмај, Ханан, 47Гиддел, Гахар, Реаија, 48Ресин, Некода, Гиззам, 49Узза, Пасеах, Бесај, 50Асна, Меуним, Нефусим, 51Бакбук, Хакуфа, Хархур, 52Баслут, Мехида, Харша, 53Баркос, Сисера, Темах, 54Несијах и Хатифа.</s> <s>55Потомци на слугите на Соломон:</s> <s>потомци на Сотај, Хассоферет, Перуда, 56Јаала, Даркон, Гиддел, 57Шефатија, Хаттил, Похерет, Хассевајим и Ами,</s> <s>58вкупно слуги во храмот и потомци на слугите на Соломон - 392.</s> <s>59Следните дојдоа од Тел Мелах, Тел Харша, Керув, Аддон и Иммер, но не можеа да ги покажат семејните стебла, и тоа дали се тие потомци од Израел.</s> <s>60Потомците на Делаија, Товија и Некода - 652.</s> <s>61А од потомците на свештениците: Потомци на Ховаија, Хаккос, Барзиллај (оној кој се ожени со една од ќерките на Барзиллај Гилеадецот и беше наречен според името на својата жена).</s><s>62Тие ги бараа своите семејните записи, но не можеа да ги најдат, па беа исклучени од свештенство.</s><s>63Потоа нареди управителот за нив да не јадат од најсветите од светите нешта, сѐ додека не послужи свештеник со Урим и Тумим.</s> <s>64Сите заедно броеја 42360, 65а освен нив дојдоа и 7337 слуги и слугинки, и 200 мажи и жени пејачи.</s><s>66Имаа 736 коњи, 245 мазги, 67435 камили и 6720 магариња.</s> <s>68Кога стигнаа во домот Божји, што е во Ерусалим, главите на семејствата дадоа доброволни приноси за да се изгради домот Божји на неговото место.</s><s>69Според своите можности тие дадоа во благајната за оваа работа 61000 драхми злато, 5000 мини сребро и 100 свештенички облеки.</s> <s>70Свештениците, Левитите, други луѓе од нараодот, пејачите, вратарите и слугите во храмот се населија во своите градови, и така сите Израелци што се прибраа во своите градови.</s> <s>Глава 3</s> <s>Обновување на жртвеникот 1Кога дојде седмиот месец и синовите Израелеви беа во своите градови, се собраа луѓето сложно, како еден човек во Ерусалим.</s><s>2Тогаш Јешуа, синот на Јосадак, неговите пријатели свештеници, и Зерувавел, синот на Шеалтиел, заедно со неговите придружници, започнаа и го изградија жртвеникот на Израелевиот Бог, за да принесат на него жртва паленица, како што е запишано во Законот на Божјиот човек Мојсеј.</s><s>3И покрај тоа што се плашеа од околните народи, тие го изградија жртвеникот врз неговите стари темели, и принесоа на него жртви паленици за ГОСПОД, жртви за наутро и за навечер.</s><s>4Потоа го прославија празникот на Колибите, како што е напишано, со жртви паленици за секој ден, во оној број колку што се пропишани за секој ден.</s><s>5А после тоа принесоа жртви паленици за Младата Месечина, за сите свети празници на ГОСПОД и за сите донесени доброволни прилози за ГОСПОД.</s><s>6На првиот ден од седмиот месец почнаа да принесуваат жртви паленици за ГОСПОД, иако темелите на храмот ГОСПОДОВ сѐ уште не беа поставени.</s> <s>Обновување на храмот</s> <s>7Дадоа пари за ѕидарите и дрводелците, храна, пијалок и масло за Сидонците и Тирјаните, за да донесат кедрова граѓа од Либан, по море до Јафо, како што ги беше овластил Кир, царот на Персија.</s> <s>8Во втората година од нивното пристигнување во Божјиот дом во Ерусалим, во вториот месец, Зерувавел, синот на Шеалтиел, Јешуа, синот на Јосадак, и остатокот од нивните браќа, свештениците и Левитите, заедно со сите што се вратија во Ерусалим од заробеништво, започнаа да работат и назначија Левити постари од дваесет години возраст, за надзорници над градењето на домот ГОСПОДОВ.</s><s>9Јешуа, неговите синови и браќа, Кадмиел, неговите синови, потомците на Јехуда, синовите на Хенадад, нивните синови и браќа - сите Левити, се приклучија како еден да ја надгледуваат работата на Божјиот дом.</s> <s>10Кога градителите ги поставија темелите на храмот ГОСПОДОВ, свештениците облечени во своите одежди, со труби, и Левитите, синовите на Асаф, со кимвали, ги зазедоа своите места за да го слават ГОСПОД, како што е пропишано од Давид, царот на Израел.</s><s>11Пееја, славеа, и Му оддаваа благодарност на ГОСПОД: „Добар, добар е Тој!</s><s>Љубовта Негова кон Израел вечно ќе трае!“ А сиот народ викаше силно, славејќи го ГОСПОД, затоа што се поставија темелите на домот ГОСПОДОВ.</s> <s>12Многу од свештениците, Левитите и главите на семејствата кои беа постари и го беа виделе претходниот храм, кога ги поставија темелите на овој храм, заплакаа и силно залипаа, додека насобраните луѓе силно викаа од радост и среќа.</s><s>13Никој не можеше да разликува што е од радост, а што од липање, затоа што луѓето правеа силна бучава и таа се слушаше на далеку.</s> <s>Глава 4</s> <s>Противење на обновата</s> <s>1Кога слушнаа непријателите на Јуда и Бенјамин дека синовите на прогонетите го градат храмот на ГОСПОД, Бог на Израел, 2дојдоа кај Зерувавел и кај главите на семејствата, и им рекоа: „Пуштете нѐ да градиме со вас, затоа што, како и вие, и ние го бараме вашиот Бог, и Нему му принесуваме жртви, уште од деновите на Есар Хадон, царот на Асирија, кој нѐ донесе овде.“</s> <s>3Но Зерувавел, Јешуа и останатите глави на семејствата на Израел им одговорија: „Не може заедно да го градиме храмот на нашиот Бог.</s><s>Ние сами ќе градиме за ГОСПОД, Бог на Израел, токму како што ни нареди царот Кир, цар на Персија.“</s> <s>4Тогаш луѓето од земјата почнаа да ги обесхрабруваат Јудејците, и да ги заплашуваат да градат.</s><s>5Најмија против нив советници, за да ја осуетат нивната намера.</s><s>Така беше во текот на целото владеење на Кир, царот на Персија, и на Дариј, цар на Персија.</s> <s>6А на почетокот од владеењето на Ксерксес, напишаа обвинение против жителите на Јуда и Ерусалим.</s> <s>7Во времето на Артаксерксес, Бишлам, Митредат, Тавеел и останатите нивни придружници му напишаа на Артаксерксес, царот на Персија, писмо, кое беше напишано со арамејска азбука и на арамејски јазик.</s><s>8Заповедникот Рехум и секретарот Шимшај му го напишаа на царот Артаксерксес следното писмо против Ерусалим:</s> <s>9Рехум, заповедник, Шимшај, секретар и останатите нивни придружници, судии, луѓе на власт, луѓе од Триполис, Персијанци, Ерекијци, Вавилонци, Еламци од Суса, 10и други народи кои ги пресели големиот и чесен Асурбанипал, и ги насели во градот Самарија, и насекаде во Транс - Еуфратија, 11ова е препис на писмото што тие му го испратија на царот Артаксерксес:</s> <s>„Од твоите слуги, луѓе од Транс - Еуфратија,</s> <s>12Нека му биде познато на царот дека Евреите што од кај вас дојдоа кај нас, заминаа за Ерусалим, град бунтовен и зол, и таму ги обновуваат ѕидините и ги поправаат темелите.</s> <s>13Уште нека знае царот дека ако овој град се изѕида и ѕидините се обноват, данок, царина и такса тие нема да плаќаат и царскиот приход ќе страда.</s><s>14А ние, затоа што сол од царскиот дворец јадеме, и не ни е право да гледаме како некој го понижува царот, заради тоа го испраќаме ова писмо, за да го известиме царот.</s><s>15Тој може да побара во записите на летописите на неговите предци, каде што ќе најде запишано и ќе знае дека ова е бунтовен град и им задавал маки на цареви и области, а среде него се прават буни уште од старо време.</s><s>Затоа овој град и беше уништен.</s><s>16Го известуваме царот дека ако овој град се изгради и ѕидините се обноват, нема да остане за него дел во Транс - Еуфратија.“</s> <s>17Одговор што им го испрати царот на заповедникот Рехум, секретароат Шимшај, и нивните придружници што живеат во Самарија, и насекаде низ Транс - Еуфратија:</s> <s>„Поздрави!</s> <s>18Писмото што ни го испративте беше преведено и прочитано во мое присуство.</s> <s>19Од моја страна беше издадена наредба да се пребара и се најде дека тој град уште од старо време се бунтува против царевите, востанија и немири се случуваат во него.</s><s>20Над Ерусалим владееле моќни цареви и владетели биле на цела Транс - Еруфратија.</s><s>Нив им биле плаќани даноци, царини и такси.</s><s>21Затоа сега издадете наредба и сопрете ги тие луѓе, за тој град да не биде обновен, сѐ додека од мене не се издаде таква наредба.</s><s>22Внимавајте да не ја занемарите оваа работа!</s><s>Зошто да расне таа закана штетна за царството?“</s> <s>23Веднаш штом на Рехум, секретарот Шимшај и нивните придружници им беше прочитан препис од писмото на царот Артаксерксес, итно заминаа за Ерусалим кај Евреите и со сила ги принудија да ја запрат работата.</s> <s>24Така запре работата на домот Божји што е во Ерусалим и мируваше сѐ до втората година од владеењето на царот Дариј, цар на Персија.</s> <s>Глава 5</s> <s>Писмото од Татенај до Дариј 1Пророкот Хагај и пророкот Зехарија, потомок на Иддо, им пророкуваа на Евреите кои се во Јуда и Ерусалим во името на Израелевиот Бог, Кој е над нив.</s><s>2Тогаш Зерувавел, синот на Шеалтиел и Јешуа, син на Јосадак, се зафатија со работа и почнаа да го обновуваат домот Божји во Ерусалим, а со нив беа и прорците Божји и им помагаа.</s> <s>3Во тоа време отидоа кај нив Татенај, управител на Транс - Еруфратија и Шетар Бозенај, заедно со нивните придружници, и вакво прашање им поставија: „Кој ви даде овластување да го обновувате овој храм и оваа градба повторно да ја подигате?!“ 4А потоа прашаа: „Кои им се имињата на оние луѓе што ја градат оваа градба?“ 5Но окото Божјо беше над еврејските старешини и тие не застанаа, сѐ додека не стана можно да се испрати извештај за Дариј и да се добие од него пишан одговор во врска со оваа работа.</s> <s>6Препис на писмото што на царот Дариј му го испрати Татенај, управител на Транс - Еуфратија, заедно со Шетар Бозенај и нивните придружници, луѓе кои се на власт во Транс - Еуфратија.</s><s>7Тие му испратија извештај, и во него вака пишуваше:</s> <s>„За царот Дариј!</s><s>Срдечни поздрави.</s> <s>8Нека му биде познато на царот дека отидовме во областа Јуда, кај храмот на великот Бог.</s><s>Таму се ѕидаат големи камења и се поставува дрвена граѓа во ѕидовите, а оваа работа вредно се спроведува и напредува во нивните раце.</s> <s>9Тогаш им поставивме прашање на старешините што беа таму и ги прашавме: „Кој ви даде овластување да го обновувате овој храм и оваа градба повторно да ја подигате?!“ 10Ги запрашавме исто така и за нивните имиња, за да те известиме, за да можеме да ги испишеме имињата на луѓето што се главни.</s> <s>11Ваков одговор ни дадоа: ,Ние сме слуги на Бог на небесата и земјата.</s><s>Го обновуваме храмот што беше изграден пред многу години, оној што беше изграден и довршен од големиот израелски цар.</s><s>12Но, затоа што нашите татковци го гневеа небесниот Бог, Тој ги предаде во раката на Халдеецот Невухаднессар, царот на Вавилон, а тој го разурна овој храм и луѓето ги пресели во Вавилон.</s> <s>13Меѓутоа, во првата година на Кир, царот на Вавилон, царот Кир издаде указ домот Божји да биде обновен.</s><s>14Дури и златните и сребрени предмети од домот Божји кои Невухаднессар ги зеде од храмот во Ерусалим и ги однесе во храмот во Вавилон, царот Кир ги извади од храмот во Вавилон и му беа дадени на Шешбассар (така му е името на управителот што тој го назначи),</s> <s>15Потоа му рече: Овие предмети земи ги и приложи ги во храмот што е во Ерусалим, а домот Божји нека биде обновен на неговото место.</s><s>16Така Шешбассар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим, и оттогаш па сѐ до сега тој се гради, но сѐ уште не е завршен.’</s> <s>17Сега, ако му е на царот така угодно, нека се пребара во царските архиви што се во Вавилон, дали царот Кир навистина издал указ да се обнови домот Божји во Ерусалим.</s><s>Потоа, нека ни го испрати царското решение во врска со оваа работа.“</s> <s>Глава 6</s> <s>Указот на Дариј 1Тогаш царот Дариј издаде наредба и побараа во архивите на ризницата што е во Вавилон.</s><s>2И беше најден свиток во престолнината Екбатана, која е во областа Медија, и вака пишуваше во него:</s> <s>3<Во првата година на царот Кир, царот Кир издаде наредба во врска со храмот Божји во Ерусалим: Да се обнови храмот како место на кое ќе се принесуваат жртви, и нека бидат поставени неговите темели.</s><s>Висината нека му биде шеесет кубити и ширината шеесет кубити, 4со три реда големи камења и еден ред дрвена граѓа, а цената нека биде платена од царската благајна.</s><s>5Златните и сребрени предмети од домот Божји кои Невухаднессар ги зеде од храмот во Ерусалим и ги донесе во Вавилон, да се вратат и да се однесат во храмот во Ерусалим, каде што им е местото, и да се приложат во домот Божји.“</s> <s>6Тогаш ти Татенај управителе на Транс - Еуфратија, Шетар Бозенај и вашите пријатели, кои владеат со Транс - Еуфратија, држете се настрана.</s><s>7Не се мешајте во работата на храмот на овој Бог.</s><s>Нека управителот на Евреите и нивните старешини го обноват домот на овој Бог на неговото место.</s> <s>8Од мене е издаден указ за тоа што треба да правите за старешините на Евреите, за да се изгради храмот на овој Бог, а од царската благајна, од приходот на Транс - Еуфратија во целост нека им се исплатат трошоците на овие луѓе, за работата да не застане.</s><s>9Сѐ што ќе им биде потребно, телиња, овни, јагниња за жртви паленици на небесниот Бог, жито, сол, вино, масло, како што бараат свештениците кои се во Ерусалим, нека им биде давано секојдневно, без закинување, 10за тие да можат да Му го жртвуваат она што Му е по волја на небесниот Бог, и да се молат за животите на царот и неговите синови.</s> <s>11Јас пак издавам указ со кој секој оној кој ќе се спротивстави на претходната наредба, од неговиот дом да се извади греда, да се исправи и да се обеси на неа, а неговата куќа да биде претворена во купишта шут.</s><s>12А Бог, кој направил името негово да пребива таму, нека го собори оној цар или народ кој ќе крене рака да го уништи храмот на овој Бог во Ерусалим.</s><s>Јас Дариј го издадов овој указ.</s><s>Нека се спроведе по итна постапка.</s> <s>Довршувањето и осветувањето на храмот</s> <s>13Тогаш Татенај, управител на Транс - Еуфратија, Шетар Бозенај и нивните придружници, по итна постапка го спроведоа она што им го беше наредил царот Дариј.</s><s>14Така старешините на Евреите градеа и напредуваа со помош на пророкувањето на пророкот Хаггај и Зехарија, син на Иддо, и завршија со градбата, според наредбата на Израелевиот Бог и указот на Кир, Дариј и Артаксерксес, цареви на Персија.</s><s>15Овој храм се заврши на третиот ден од месецот Адар, во шестата година од владеењето на царот Дариј.</s> <s>16Тогаш Израелците - свештениците, Левитите и остатокот од прогонетите - со радост го прославија денот на посветувањето на овој Божји дом.</s><s>17За посветувањето на Божјиот дом принесоа сто вола, двеста овни и четиристотини јагниња, а како принос за грев на целиот Израел, дванаесет јарци од козите, колку што е бројот на Израелевите племиња.</s><s>18Застанаа свештениците и Левитите по групи, за да Му служат на Бог во Ерусалим, како што е напишано во Мојсеевата книга.</s> <s>Пасха</s> <s>19На четиринаесеттиот ден од првиот месец вратените од прогонство ја прославија Пасха.</s><s>20Свештениците и Левитите се очистија и сите до еден беа чисти.</s><s>Го заклаа пасхалното јагне за сите вратени од прогонство и за своите браќа, свештениците, и за себе.</s><s>21И така синовите Израелеви, вратените од прогонство и сите оние што се одвојуваа од нечистотијата на околните пагански народи, јадеа од него, барајќи го така ГОСПОД, Бог на Израел.</s><s>22Седум дена со радост го славеа празникот на Бесквасните Лебови, затоа што ГОСПОД ги исполни со радост, и му го промени срцето на асирскиот цар во нивна корист, за да им помогне во работата на Божјиот дом, домот на Израелевиот Бог.</s> <s>Глава 7</s> <s>Езра доаѓа во Ерусалим</s> <s>1После овие настани, во текот на владеењето на Артаксерксес, царот на Персија, Езра,</s> <s>синот на Сераија, син на Азарија, син на Хилкија, 2син на Шалум, син на Садок, син на Ахитув, 3син на Амарија, син на Азарија, син на Мерајот, 4син на Зерахија, син на Уззи, син на Букки, 5син на Авишуа, син на Пинехас, син на Елеазар, син на Аарон, првосвештеникот,</s> <s>6тој Езра дојде од Вавилон.</s><s>Езра беше учител кој добро го познава Мојсеевиот Закон, кој ГОСПОД, Бог на Израел им го даде.</s><s>Царот му подари сѐ што тој побара, затоа што раката на ГОСПОД, неговиот Бог беше врз него.</s><s>7Некои од Израелците, од свештениците, Левитите, пејачите, вратарите и слугите во храмот дојдоа во Ерусалим во седмата година на царот Артаксерксес.</s> <s>8Езра пристигна во Ерусалим во петтиот месец од седмата година на царот Артаксерксес.</s><s>9Тој тргна на првиот ден од првиот месец и го започна своето патување од Вавилон, а на првиот ден од петтиот месец пристигна во Ерусалим, затоа што раката на неговиот Бог беше врз него за добро, 10затоа што Езра се беше посветил во своето срце на учење на Законот ГОСПОДОВ и негово разгледување, да ги поучува Израелците на неговите укази и закони.</s> <s>Писмото од Артаксерксес до Езра</s> <s>11Еве го преписот од писмото што му го даде царот Артаксерксес на Езра, свештеник и познавач на Законот, учител на наредбите ГОСПОДОВИ, и указите Негови за Израел:</s> <s>12<Артаксерксес, царот на царевите, за Езра, свештеник и учител на Законот на небесниот Бог.</s><s>Биди поздравен.</s> <s>А сега 13од мое име се издава указ со кој секој оној во моето царство, што е од народот Израелев, од свештениците и Левитите, ако сака може да оди со тебе во Ерусалим, 14затоа што пред царот и пред неговите седум советници си испратен да истражуваш во врска со Јуда и Ерусалим, почитувајќи го Законот на твојот Бог, кој е во твоја рака.</s><s>15Земи сребро и злато кое царот и неговите советници го даваат како доброволен принос за Израелевиот Бог, чие пребивалиште е во Ерусалим, 16заедо со сето сребро и злато што можеш да го добиеш од сите вавилонски области, кое народот и свештениците ќе го дадат како доброволен прилог, за храмот на нивниот Бог во Ерусалим.</s><s>17Затоа, со тие пари веднаш купи бикови, овни, јагниња, житни приноси и приноси во пијалок, и принеси ги на жртвеникот во храмот на вашиот Бог во Ерусалим.</s> <s>18Сѐ она што според тебе и според твоите браќа е добро да го направите со остатокот од среброто и златото, а е според волјата на вашиот Бог, тоа направете го!</s><s>19Предметите што ти се доверени за служба во храмот на вашиот Бог испорачај Му ги на Бог во Ерусалим!</s><s>20За сѐ друго што е потребно за храмот на вашиот Бог и можеш да го набавиш, можеш да обезбедиш средства од царската благајна.</s> <s>21А од моја страна, јас, царот Артаксерксес им издавам указ на сите благајници кои се во Транс - Еуфратија, сѐ што од нив ќе побара Езра, свештеник и учител на Законот на небесниот Бог, веднаш да му биде обезбедено, 22сѐ до износ од сто таланти сребро, сто кора жито, сто бата вино, сто бата масло и сол без ограничување.</s><s>23Сѐ што е пропишано од небесниот Бог, веднаш нека биде направено за храмот на небесниот Бог.</s><s>Зошто да има гнев против царството на царот и неговите синови?!</s><s>24Исто треба да знаеш дека на свештениците, Левитите, пејачите, вратарите и слугите што работат во храмот на овој Бог, никој нема овластување да им наложи данок, царина или такси.</s> <s>25А ти Езра, според мудроста на твојот Бог што ја поседуваш, назначи раководители и судии да ја спроведуваат правдата над целиот народ во Транс - Еуфратија, над сите што ги знаат законите на вашиот Бог, а оние што не ги знаат, научете ги!</s><s>26Секој оној што не му се потчинува на законот на вашиот Бог и на законот на царот, веднаш мора да биде казнет, било со смрт, со прогонство, со запленување на неговиот имот или со затвор.“</s> <s>27Нека биде благословен ГОСПОД, Бог на нашите татковци, кој го стави ова во срцето на царот, за да се прослави домот ГОСПОДОВ, што е во Ерусалим, 28и направи да добијам милост пред царот и неговите советници, пред сите моќни царски службеници.</s><s>Заради тоа што ГОСПОД, мојот Бог беше со мене, се охрабрив и ги собрав поистакнатите луѓе од Израелците, па ги поведов со себе.</s> <s>Глава 8</s> <s>Список на главите на семејствата што се вратиле со Езра</s> <s>1Ова се главите на семејствата и на оние запишани со нив, кои дојдоа со мене од Вавилон во текот на владеењето на царот Артаксерксес:</s> <s>2од потомците на Пинехас - Гершом, од потомците на Итамар - Даниел, од потомците на Давид - Хаттуш, 3од потомците на Шеханија и од потомците на Парош - Зехарија и со него запишани 150 мажи, 4од потомците на Пахат Моав - Елиехоенај, син на Зерахија и со него 200 мажи, 5од потомците на Затту - Шеханија, син на Јахазиел, и со него 300 мажи, 6од потомците на Адин - Евед, син на Јонатан и со него 50 мажи, 7од потомците на Елам - Јешаија, син на Аталија и со него 70 мажи, 8од потомците на Шефатија - Зевадија, син на Михаел и со него 80 мажи, 9од потомците на Јоав - Овадија, син на Јехиел и со него 218 мажи, 10од потомците на Бани - Шеломија, син на Јосифија и со него 160 мажи, 11од потомците на Бевај - Зехарија, син на Бевај и со него 28 мажи, 12од потомците на Азгад - Јоханан, син на Хаккатан и со него 110 мажи, 13од потомците на Адоникам, ова се последните и нивните имиња се Елифелет, Јеиел, Шемаија, и со нив 60 мажи, 14од потомците на Бигвај - Утај и Заккур, и со нив 70 мажи.</s> <s>Враќањето во Ерусалим</s> <s>15Ги собрав кај каналот што тече кон Ахава и таму логорувавме три дена.</s><s>Потоа направив проверка меѓу луѓето и свештениците, и не најдов ниту еден од синовите на Леви.</s><s>16Ги свикав водачите Елиезер, Ариел, Шемаија, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Зехарија, Мешуллам и учените луѓе Јојарив и Елнатан.</s><s>17Ги испратив кај Иддо, водачот на местото Касифија, им кажав што да му пренесат на Иддо и неговите роднини, слугите во храмот на местото Касифија, да ни доведат слуги за домот на нашиот Бог.</s><s>18И затоа што раката на нашиот Бог беше за добро врз нас, тие ни доведоа способни луѓе од потомците на Махли, син на Леви, син на Израел: Шеревија и неговите синови и браќа - 18, 19и Хашавија, а со него и Јешаија од потомците на Мерари, неговите синови и браќа - 20, 20а од слугите на храмот и службениците што ги востанови Давид, за да им помагаат на Левитите - слуги во храмот 220, сите запишани по име.</s> <s>21Тогаш, покрај Ахавскиот канал, прогласив пост, за да се смириме пред нашиот Бог, да побараме од Него нашето патување да биде безбедно и за нас и за нашите деца и за целиот наш имот.</s><s>22Ми беше срам да побарам од царот војници и коњаници за да нѐ штитат од непријатели по патот, затоа што му бевме кажале на царот дека раката Божја е врз нас за добро, врз сите што гледаат кон Него, а Неговиот голем гнев е против сите оние што Го забораваат.</s><s>23Така ние постевме и Го молевме нашиот Бог за оваа работа, и Тој ни одговори.</s> <s>24Издвоив дванаесетмина од водачите на свештениците и со нив Шеревија, Хашавија и десетмина од нивните браќа, 25им измерив сребро, злато и предмети, прилог за домот на нашиот Бог што го подари царот, неговите советници и службеници, и сите присутни Израелци, 26им измерив на рака</s> <s>650 таланти сребро, сребрени предмети 100 таланти, 100 таланти злато, 2720 златни пехари, 1000 дарихии на тежина, два добро измазнети бронзени предмети, скапоцени како злато,</s> <s>28па им реков: „Вие, како и овие предмети, среброто, златото и доброволниот прилог, сте Му посветени на ГОСПОД, Бог на вашите татковци.</s><s>29Чувајте ги и бидете внимателни, сѐ додека не ги предадете и измерите на водачите на свештениците и Левитите, главите на семејствата на Израел, во Еруалим, во просториите на домот ГОСПОДОВ.“ 30Потоа свештениците и Левитите го зедоа среброто, златото и предметите, го измерија и го понесоа со себе во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.</s> <s>31На дванаесеттиот ден од првиот месец тргнавме од каналот Ахава кон Ерусалим, а раката на нашиот Бог беше врз нас и нѐ штитеше по пат од непријатели и разбојници.</s><s>32Така пристигнавме во Ерусалим и се одморивме таму три дена.</s> <s>33На четвртиот ден го измеривме среброто, златото и предметите во домот на нашиот Бог, и му го предадовме на рака на Меремот, син на свештеникот Урија, а со него и на Елеазар, син на Пинехас, со нив беа и Левитите Јозавад, син на Јешуа, и Ноадија, син на Биннуи, 34сѐ по број и по тежина, и тогаш беше попишана целата тежина.</s> <s>35Тогаш вратените од ропство, синовите на прогонетите, Му принесоа жртви паленици на Израелевиот Бог, дванаесет бика за цел Израел, девеесет и шест овни, седумдесет и седум јагниња и дванаесет јарци, како жртва за грев, сето тоа како жртва паленица за ГОСПОД.</s><s>36Им ги пренесоа царските наредби на сатрапите и управниците на Транс - Еуфратија и тие им помогнаа на луѓето и на домот Божји.</s> <s>Глава 9</s> <s>Молитвата на Езра за мешаните бракови 1Откако сето ова се заврши, дојдоа кај мене водачите и рекоа: „Народот Израелев, свештениците и Левитите, не се држат на страна од околните народи, од одвратните обичаи на Канаанците, Хититите, Перезијците, Јевусијците, Амонците, Моавците, Египјаните и Аморејците.</s><s>2Ги земаат ќерките нивни за себе и за своите синови, го мешаат светиот род со околните народи, а водачите и луѓето на власт предничат во ова неверство.“</s> <s>3Кога го слушнав ова нешто, ги раскинав наметката и облеката, почнав да си ја кубам косата и брадата, и седнав згрозен.</s><s>4Се собраа околу мене сите што треперат пред зборовите на Израелевиот Бог, заради неверноста на вратените од прогонство, а јас седев згрозен сѐ до вечерната жртва.</s> <s>5Кога дојде времето на вечерната жртва, станав од мојата понизност, со раскината наметка и облека, клекнав на колена, ги раширив рацете накај ГОСПОД, мојот Бог, 6и се помолив:</s> <s>„О, Боже мој, срам ми е и немам образ да го кренам лицето накај Тебе, заради нашите гревови кои се издигнаа над нашите глави, заради нашата вина која допре дури до небесата.</s><s>7Во грев голем сме уште од деновите на нашите предци, па сѐ до денешен ден.</s><s>Заради нашите гревови, ние, нашите цареви и свештеници бевме предадени на царевите од околните земји, на меч, ропство, грабеж и понижување, сѐ до денешен ден.</s> <s>8Но сега, за еден краток миг ГОСПОД, нашиот Бог беше милостив спрема нас, оставајќи преживеани од нас, остаток на кој му даде цврсто место во Неговото светилиште, за да ни даде нашиот Бог светло на очите и мало олеснување во нашето ропство.</s><s>9Иако сме робови и сѐ уште сме во пранги, нашиот Бог не нѐ напушти и ни покажа милост во ликот на царот на Персија, да ни подари нов живот, да се обнови домот на нашиот Бог, да се поправат неговите урнатини и да ни дозволи да имаме ѕидини во Јуда и Ерусалим.</s> <s>10И што после ова да кажеме, Боже наш?!</s><s>Ги занемаривме законите Твои 11што ни ги даде преку Твоите слуги, пророците, велејќи: ,Земјата во која влегувате да ја запоседнете е земја загадена и расипана од народите што ја населуваат, од нивните одвратни обичаи со кои ја исполнија од крај до крај со нивната нечистотија.</s><s>12Затоа ќерките ваши не давајте ги за нивните синови, и нивните ќерки не земајте ги за вашите синови.</s><s>Немојте никогаш да им помагате да живеат во благосостојба и да напредуваат, за вие да станете силни, да ги јадете добрите плодови на таа земја и да им ја оставите на вашите деца засекогаш!’</s> <s>13И после сѐ што ни се случи, заради нашите зли дела, и нашата голема вина, сепак Ти, Боже наш се воздржа и нѐ казни помалку отколку што заслуживме според нашите гревови, ни даде да има преживеани, како што сме сега ние.</s><s>14Треба ли сега пак да ги кршиме твоите наредби и да се мешаме со народите што имаат вакви одвратни обичаи?</s><s>Нема ли да ни се налутиш, да нѐ уништиш, па да нема ниту поштеден, ниту преживеан!?</s><s>15О ГОСПОДИ, Боже Израелев, праведен си!</s><s>Ете, оставени сме во живот сѐ до денешниот ден.</s><s>Еве нѐ пред Тебе во нашата вина, иако заради тоа никој од нас не би можел да остане исправен во Твое присуство.“</s> <s>Глава 10</s> <s>Исповедање на гревовите</s> <s>1Додека Езра се молеше, се исповедаше липајќи, фрлајќи се на земја пред Божјиот дом, се собра околу него голема толпа Израелци, мажи, жени и деца, кои исто така плачеа и горко липаа.</s><s>2Тогаш проговори Шеханија, син на Јехиел, од потомците на Елам, и му рече на Езра: „Неверни Му бевме на нашиот Бог и се женевме со жени туѓинки, од околните народи, но и покрај тоа има надеж за Израел.</s><s>3Да направиме сега завет пред нашиот Бог и да ги избркаме сите жени и децата родени од нив, како што нѐ советува мојот господар и оние што треперат пред наредбите на нашиот Бог.</s><s>Како што е според законот, така да направиме.</s><s>4Стани, зашто од тебе зависи оваа работа, и ние сме со тебе.</s><s>Собери храброст и направи ја!“</s> <s>5Тогаш стана Езра и ги натера да се заколнат водачите, свештениците, Левитите и сиот народ Израелев, за да постапат според тој предлог.</s><s>И тие се заколнаа.</s><s>6Потоа Езра се тргна од пред Божјиот дом и отиде во просторијата на Јехоханан, син на Елијашив.</s><s>Откога замина, храна не јадеше и вода не пиеше, затоа што беше во жалост заради неверноста на вратените од прогонство.</s> <s>7Издадоа проглас во Јуда и Ерусалим: „Да се соберат во Ерусалим сите вратени од прогонство.</s><s>8На оној што во рок од три дена не се појави, според решението на властите и старешините, ќе му биде запленет целиот негов имот, а тој ќе биде исфрлен од собранието на вратените од прогонство.“</s> <s>9На дваесеттиот ден од деветтиот месец се собраа во Ерусалим во рок од три дена сите мажи од Јуда и Бенјамин, и седнаа во дворот на Божјиот дом, вознемирени заради поводот за кој се собрани и заради дождовите.</s><s>10Стана свештеникот Езра и им рече: „Неверни бевте и се оженивте со туѓинки, додавајќи така кон вината на Израел.</s><s>11Исповедајте Му се сега на ГОСПОД, Бог на вашите татковци, и извршете ја неговата волја, одвојте се од околните народи и од жените туѓинки!“</s> <s>12Сите насобрани одговорија и силно извикаа: „Во право си!</s><s>Така треба да направиме!“ 13„Сега има многу народ насобрано, а дождливото време не дозволува да стоиме надвор.</s><s>Освен тоа оваа работа не може да се разреши во еден ден или два, затоа што во ова нешто сме направиле големи гревови.</s><s>14Затоа нека работат сега оние што се на власт во име на целото собрание, и потоа сите кои се во нашите градови и се оженети со туѓинки, нека доаѓаат тогаш кога ќе биде за нив одредено, а со нив нека доаѓаат и старешините и судиите од нивниот град, сѐ додека не се одврати огнениот гнев на нашиот Бог од нас и од оваа работа.“ 15Само Јонатан, син на Асахел и Јахзеија, син на Тиква, се спротивставија, а Мешуллам и Левитот Шаббетај ги подржаа.</s> <s>16Потоа вратените од прогонство навистина така и направија.</s><s>Свештеникот Езра одбра луѓе од главите на семејствата, според родовите на нивните татковци, и ги повика сите по име.</s><s>Седнаа на првиот ден од десеттиот месец за да ја претресат оваа работа, 17а на првиот ден од првиот месец завршија со сите луѓе кои беа оженети со туѓинки.</s> <s>Виновни за мешаните бракови</s> <s>18Се изнесе на виделина дека меѓу наследниците на свештениците следните луѓе беа оженети со туѓинки:</s> <s>Од потомците на Јешуа, син на Јосадак, и неговите браќа: Маасеја, Елиезер, Јарив и Гедалија.</s><s>19Тие дадоа рака, ветувајќи дека ќе ги избркаат нивните жени, а како жртва за грев принесоа овен од стадото.</s><s>20Од потомците на Иммер: Ханани и Зевадија.</s><s>21Од потомците на Харим: Маасеја, Елија, Шемаија, Јехиел и Узија.</s><s>22Од потомците на Пашхур: Елиоенај, Маасеја, Ишмаел, Нетанел, Јозавад и Еласа.</s><s>23Од потомците на Левитите: Јозавад, Шимеј, Келаија (кој што е Келита), Петахија, Јуда и Елиезер.</s><s>24Од пејачите: Елијашив, од вратарите: Шаллум, Телем и Ури.</s> <s>25А од останатите Израелци:</s> <s>од потомците на Парош: Рамија, Иззија, Малкија, Мијамин, Елеазар, Малкија и Бенаија, 26од потомците на Елам: Маттанија, Зехарија, Јехиел, Авди, Јеремот и Елија, 27од потомците на Затту: Елоенај, Елиашив, Маттанија, Јеремот, Завад и Азиза, 28од потомците на Бевај: Јехоханан, Хананија, Заббај и Атлај, 29од потомците на Бани: Мешуллам, Малух, Адаија, Јашув, Шеал и Јеремот, 30од потомците на Пахат Моав: Адна, Келал, Бенаија, Маасеја, Маттанија, Бесалел, Биннуи и Манашшех, 31од потомците на Харим: Елиезер, Ишшија, Малкија, Шемаија, Шимеон, 32Бенјамин, Маллух и Шемарија.</s><s>33од потомците на Хашум: Маттенај, Маттатта, Завад, Елифелет, Јеремај, Манашех и Шимеј, 34од потомците на Бани: Маадај, Амрам, Уел, 35Бенаија, Бедеија, Келухи, 36Ванија, Меремот, Елијашив, 37Маттанија, Маттенај и Јаасај, 38Вани, Биннуј, Шимеј, 39Шелемија, Натан, Адаија, 40Махнадевај, Шашај, Шарај, 41Азарел, Шелемија, Шемарија, 42Шаллум, Амарија, Јосеф, 43од потомците на Нево: Јеиел, Маттитија, Завад, Зевина, Јаддај, Јоел и Бенаија.</s> <s>44Сите тие се беа ожениле со туѓинки и од тие жени имаа деца.</s> <s>Забелешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7173
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Неемија (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Молитвата на Нехемија.</s> <s>1Зборовите на Нехемија, синот на Хахалија:</s> <s>„Во месецот кислев, во дваесеттата година, додека бев во престолнината Суса.2Ханани, еден од моите браќа, заедно со неколкумина други луѓе, дојде од Јуда и јас ги распрашав за остатокот од Евреите, за оние кои го преживеаја прогонството, и за Ерусалим.</s> <s>3А тие ми рекоа: ’Оние кои го преживеаја прогонството, таму во областа, живеат во голема мака и немилост.</s><s>Ѕидот на Ерусалим е разурнат, а портите со оган се изгорени.'</s> <s>4Кога слушнав за овие работи, седнав да плачам и тагувам.</s><s>Со денови постев и се молев пред небесниот Бог.</s><s>5Тогаш реков:</s> <s>’О ГОСПОДИ, Боже на небесата, Боже велик и страотен, Ти Кој се држиш до заветот и љубовта со оние што Те сакаат и ги исполнуваат Твоите наредби, 6нека внимава сега увото Твое, очите Твои нека бидат отворени, за да ја слушнеш молитвата од Твојот слуга, која ја кажувам пред Тебе ден и ноќ за народот на Израел - слугите Твои!</s><s>Ги признавам гревовите на народот Израелов, признавам дека грешевме против Тебе.</s><s>Дури и јас и домот на моите татковци грешевме.</s><s>7Лошо, многу лошо се однесувавме кон Тебе.</s><s>Не ги исполнувавме наредбите, указите и законите кои му ги даде на Мојсеј, слугата Твој.</s> <s>8Потсети се сега на упатството што му го даде на Мојсеј, слугата Твој: ’Неверни сте ми и Јас ќе ве распрснам меѓу народите!</s><s>9Но вие вратете се кај Мене, потчинувајте се на Моите наредби и извршувајте ги!</s><s>Дури и ако сте прогонети до крајот на небесата, и од таму ќе ве приберам и ќе ве доведам во местото кое го одбрав да биде пребивалиште на Моето име.'</s> <s>10А тие се Твои слуги, Твој народ, кој го избави со Твојата голема сила и Твојата моќна рака.</s><s>11О Господи, нека биде внимателно сега увото Твое за молитвата на Твојот слуга, за молитвата на слугите Твои, оние кои со задоволство го почитуваат Твоето име.</s><s>Дај му денеска успех на Твојот слуга, обдари го да има наклоност пред овој човек.', а јас му бев пехарник на царот.“</s> <s>Глава 2</s> <s>Артаксерксес го испраќа Нехемија во Ерусалим.</s> <s>1И тогаш, во месецот нисан, во дваесеттата година на царот Артаксерксес, виното беше пред него, а јас го зедов виното и му го подадов на царот.</s><s>До тој момент не бев се појавувал тажен во негово присуство, 2па царот ме праша: „Зошто ти е тажно лицето, кога не си болен?</s><s>Ова не е ништо друго туку тага во срцето“.</s> <s>Јас многу се уплашив, 3но му реков на царот: „Нека е жив царот довека.</s><s>Како да не ми биде тажно лицето кога градот, местото каде што се гробовите на моите татковци, лежи во урнатини, а портите негови со оган се уништени.“</s> <s>4Царот ми рече: „Што бараш од мене?“,</s> <s>тогаш Му се помолив на небесниот Бог 5и му одговорив на царот: „Ако му е така по волја на царот и ако слугата ваш нашол милост пред вас, испратете ме во Јудеја, во градот каде што се гробовите на моите татковци, за да го обновам.“</s> <s>6Тогаш царот, со царицата седната крај него, ме праша: „До кога ќе трае твоето патување и кога ќе се вратиш?“, па се смилува царот и ме испрати, а јас го одредив времето.</s> <s>7Покрај тоа го прашав царот: „Ако му е така угодно на царот, нека ми даде писма за управителите на областа *Транс - Еуфратија, што ќе ми обезбедат безбеден премин сѐ додека стигнам во Јуда, 8писмо за Асаф, чуварот на царските шуми, за да ми даде граѓа да направам греди за портите на тврдината околу храмот, за градскиот ѕид и за дворецот во кој јас ќе отседнам.“ И царот ги удоволи моите барања, затоа што раката Божја милостиво беше над мене.</s><s>9Така јас тргнав кај управителите на Транс - Еуфратија и им ги дадов писмата од царот, а тој со мене беше испратил воени старешини и коњаници.</s> <s>10Кога слушнаа Хорониецот Санваллат, и Амониецот Товија, кој беше човек од власта, се вознемирија, многу се вознемирија, затоа што доаѓа некој што ќе се застапува за доброто на синовите Израелеви.</s> <s>Нехемија ги разгледува ѕидините на Ерусалим.</s> <s>11Јас отидов во Ерусалим и останав таму три дена.</s><s>12Станав ноќе, јас и неколкумина со мене, и не кажав никому што мојот Бог ми беше ставил на срце да направам за Ерусалим.</s><s>Немаше друг коњ со мене освен оној на кого јас јавав.</s> <s>13Излегов ноќе низ портата во долината кон Шакаловиот извор, и се упатив кон порта крај буништата.</s><s>Ги разгледав разурнатите ѕидини на Еруслим и портите изгорени од оган.</s><s>14Се упатив кон портата крај изворот и кон царското складиште за вода, но за коњот под мене немаше место каде да помине.</s><s>15Така одев некое време низ долината ноќе и го разгледував ѕидот, па се свртев, повторно влегов низ портата во долината и се вратив назад.</s><s>16Властите не знаеја ниту каде одев, ниту што правев, затоа што ниту на Евреите, ниту на свештениците, ниту на благородниците, ниту на властите или на некој друг што зеде учество во работата, сѐ уште ништо не им бев кажал.</s> <s>17Тогаш им реков: „Гледате на каква мака сме.</s><s>Ерусалим лежи во урнатини, а неговите порти со оган се изгорени.</s><s>Дојдете да го обновиме ѕидот на Ерусалим и веќе нема да бидеме во немилост!“ 18Исто така им раскажав како раката на мојот Бог беше милостиво над мене и им ги пренесов зборовите кои царот ми ги беше кажал.</s> <s>Тие одговорија: „Да почнеме и да го обновиме!“ И така нивните раце ја започнаа оваа добра работа.</s> <s>19Тогаш слушнаа Хорониецот Санваллат, Амониецот Товија, кој беше човек од власта, и Арапот Гешем, па ни се потсмеваа и подбиваа.</s><s>Нѐ прашаа: „Што е ова што го правите?</s><s>Против царот ли ќе се бунтувате?“</s> <s>20Јас им дадов одговор и им реков: „Небесниот Бог ни даде напредок и ние, Неговите слуги, ќе почнеме со обновата.</s><s>А вие немате ниту дел, ниту право, ниту пак такво право сте имале во Ерусалим.“</s> <s>Глава 3</s> <s>Градители на ѕидините.</s> <s>1И така, првосвештеникот Елијашив и неговите пријатели, свештениците, се фатија за работа и ја обновија Овчјата порта.</s><s>Ја посветија и ги наместија нејзините врати.</s><s>Посветија сѐ до кулата на Стоте и до кулата на Хананел.</s><s>2До нив градеа луѓето од Ерихон, а до нив градеше Заккур, синот на Имри.</s> <s>3Рибјата порта ја обновија синовите на Хассенаа.</s><s>Ги поставија гредите, ги наместија вратите, резињата и лостовите.</s><s>4До нив поправаше Меремот, синот на Урија, син на Хаккос, до нив поправаше Мешуллам, синот на Берехија, син на Мешезавел, а до нив поправаше Садок, синот на Баана.</s><s>5До нив поправаа жителите на Текоа, но нивните благородници не подметнаа рамо да работат за својот Господ.</s> <s>6Портата на Јешана ја поправи Јојада, синот на Пасеа и Мешуллам, синот на Бесодеја.</s><s>Тие ги поставија гредите, ги наместија вратите, резињата и лостовите.</s><s>7До нив поправаше гивеонецот Мелатија и меронотиецот Јадон, луѓе од Гивеон и Миспа, места кои се под власта на управникот на Транс - Еуфратија.</s><s>8До нив поправаше Узиел, синот на Хархаја, кои беа златари, а до него поправаше Хананија, кој произведуваше миризливи масла, и тие го обновија Ерусалим сѐ до Широката порта.</s><s>9До нив поправаше Рефаија, синот на Хур, управител на половината од Ерусалимскиот округ.</s><s>10До нив, спроти сопствената куќа, поправаше Једаија, синот на Харумаф, а до него поправаше Хаттуш, синот на Хашавнеја.</s><s>11Малкија, синот на Харим, и Хашшув, синот на Пахат Моав, го поправија наредниот дел и Кулата на печките.</s><s>12До нив поправаше Шаллум, синот на Халлохеш, управител на половината од Ерусалимскиот округ, тој и неговите ќерки.</s> <s>13Портата во долината ја поправија Ханун и жителите на Зеноа.</s><s>Тие ја изѕидаа, ги поставија вратите, резињата и лостовите.</s><s>Поправија и илјада лакти од ѕидот, сѐ до портата на буништата.</s> <s>14Портата на буништата ја поправи Малкија, синот на Рехав, управител на округот Бет Хаккерем.</s><s>Тој ја обнови и ги постави вратите, резињата и лостовите.</s> <s>15Портата на изворот ја поправи Шаллун, синот на Кол Хозе, управителот на округот Миспа.</s><s>Тој ја обнови, ѝ направи покрив, ги постави вратите, резињата и лостовите.</s><s>Го поправи и ѕидот на складиштето за вода Шела, покрај царската градина, сѐ до скалите што се симнуваа од Давидовиот град.</s><s>16После него поправаше Нехемија, синот на Азбук, управител на половината од округот Бет Зур, сѐ до горе спроти Давидовите гробници, до вештачкото складиште за вода и до Куќата на Хероите.</s> <s>17До него поправаа Левитите предводени од Рехум, синот на Бани.</s><s>До него, за својот округ, поправаше Хашавија, управителот на половината од округот Кеила.</s><s>18До него поправаа селаните предводени од Баввај, синот на Хенадад, управителот на половината од округот Кеила.</s><s>19На страна од нив поправаше Езер, синот на Јешуа, управителот на Миспа, од нагорнината, па сѐ до оружарницата на аголот.</s><s>20До него ревносен во поправањето беше Барух, синот на Заббај, на еден друг дел, од аголот, па сѐ до влезот во домот на првосвештеникот Елијашив.</s><s>21До него поправаше Меремот, синот на Урија, синот на Хаккос, наредниот дел, од влезот во домот на Елијашив, па сѐ до крајот на неговиот дом.</s> <s>22До него поправаа свештениците, луѓе од околните области.</s><s>23После нив поправаа Бенјамин и Хашшув, пред своите куќи.</s><s>До нив, покрај сопствената куќа, поправаше Азарија, синот на Маасеја, синот на Ананија.</s><s>24До нив поправаше Биннуј, синот на Хенадад, еден друг дел, од домот на Азарија па до свиокот и до аголот.</s><s>25Палал, синот на Узија, работеше спроти аголот на кулата, која се издига од горниот царски дворец, близу до дворот на стражарите.</s><s>До него беше Педаија, синот на Парош, 26и слугите во храмот кои живееја во Офел.</s><s>Тие поправаа сѐ до спроти Водната порта кон исток и кулата што се таму се издига.</s><s>27После нив текојците го поправаа наредниот дел, од пред големата кула што се издига, па сѐ до ѕидот на Офел.</s> <s>28Над Коњската порта поправаа свештениците, секој пред својата куќа.</s><s>29До нив поправаше Садок, синот на Иммер, спроти својата куќа, а до него поправаше Шемаија, синот на Шеханија, чуварот на Источната порта.</s><s>30До него наредниот дел го поправаа Хананија, синот на Шелемија, и Ханун, шестиот син на Залаф.</s><s>До нив поправаше Мешуллам, синот на Берехија, спроти соседството во кое живееше.</s><s>31До него поправаше Малкија, син на златар, сѐ до куќата на храмските слуги и трговците, од спроти портата за проверка, па сѐ до просторот над аголот.</s><s>32А меѓу просторот над аголот и Овчјата порта поправаа златарите и трговците.</s> <s>Глава 4</s> <s>Спротивставување на обновата.</s> <s>1Кога слушна Санваллат дека ние го обновуваме ѕидот, многу се налути и се разгневи.</s><s>Им се потсмеваше на Евреите, 2и рече во присуство на неговите придружници и војската на Самарија: „Што прават кутрите Евреи?</s><s>Ѕидот ли ќе го обноват?</s><s>Жртви ли ќе принесуваат?</s><s>Ќе завршат ли за еден ден?</s><s>Можат ли повторно да ги оживеат изгорените камења, од купиштата шут?“</s> <s>3А Амониецот Товија, стоејќи до него, рече: „Ете, тоа што тие го градат, тој ѕид од камења, лисица по него да се искачи - ќе го сруши.“</s> <s>4Слушни нѐ Боже наш, затоа што сме презрени, и сврти го нивното подбивање на нивна глава.</s><s>Предај ги да бидат плен во земја каде што ќе бидат заробеници.</s><s>5Не покривај ја нивната вина!</s><s>Гревот нивни не бриши го од пред Себе, зашто на градителите в лице навреди им сосипаа!</s> <s>6Така ние го обновивме ѕидот.</s><s>Целиот ѕид достигна до половината од својата височина, затоа што луѓето работеа од сѐ срце.</s> <s>7Но кога Санваллат, Товија, Арапите, Амонијците и Ашдотците слушнаа дека поправањето на ѕидините на Ерусалим напредна и дека почнаа да се затвораат разурнатите делови, многу се разгневија.</s><s>8Направија заговор, сите заедно да дојдат, да се борат против Ерусалим, и да му напакостат.</s><s>9Но ние му се помоливме на нашиот Бог и заради нив поставивме стража, и дење и ноќе.</s> <s>10Тогаш Јудејците рекоа: „Работниците ги издава силата, а има премногу шут и нема да можеме да го обновиме ѕидот.“</s> <s>11Нашите непријатели исто така рекоа: „Нема ниту да дознаат, ниту да видат, кога ќе се најдеме меѓу нив и сите ќе ги убиеме.</s><s>Така ќе ѝ ставиме крај на таа работа.“ 12Тогаш дојдоа Евреите кои живеат близу до нив и десетпати ни повторија: „Каде и да се свртите, ќе нѐ нападнат!“</s> <s>13Затоа зад најниските и најизложени места на ѕидот поставив луѓе, ги распоредив според нивните семејства со мечеви, копја и лакови.</s><s>14Откако разгледав наоколу, застанав и им реков на благородниците, службениците и остатокот од народот: „Не плашете се!</s><s>Господ е голем и страотен.</s><s>Запамтете го тоа и борете се за своите браќа, синови и ќерки, за своите жени и домови!“</s> <s>15А кога слушнаа нашите непријатели дека знаеме за нивната намера и Бог го осуети нивниот заговор, сите повторно се вративме во обнова на ѕидот, секој на својот дел од работата.</s> <s>16Од тој ден, половината од моите луѓе работеа, додека половината беа вооружени со стрели, штитови, лакови и оклопи, а воените старешини стоеја зад целиот Јудин дом, 17зад сите што го градеа ѕидот, што носеа граѓа и полнеа, половината од нив работејќи, а половината со оружје в рака.</s><s>18А и оние што градеа, секој на половината имаше опашано меч и така работеше.</s><s>Оној што даваше тревога со трубата одеше со мене.</s> <s>19Тогаш им реков на благородниците, службениците и на остатокот од народот: „Работата е обемна и растегната, а ние сме распрснати по ѕидините, далеку еден од друг.</s><s>20Таму каде што ќе го слушнете звукот на трубата, таму придружете ни се.</s><s>Нашиот Бог ќе се бори за нас.</s> <s>21Така работевме, половината од нас со копја в рака, од в зори, па сѐ додека не се појават ѕвездите.</s><s>22Во тоа време им го кажав и на луѓето и ова: „Секој маж и неговиот помошник нека ноќева во Ерусалим, за да ни служи ноќе како стражар, а дење како работник.“ 23И ниту јас, ниту моите браќа, ниту моите луѓе, ниту стражата со мене, не се соблекувавме.</s><s>Секој беше со своето оружје дури и кога одеше по вода.</s> <s>Глава 5</s> <s>Нехемија им помага на сиромашните.</s> <s>1Но пропиштеа силно мажите и жените против своите еврејски браќа.</s><s>2Имаше такви кои што велеа: „Ние, нашите синови и ќерки сме многумина.</s><s>Мора да добиеме жито, за да јадеме и да останеме живи.“</s> <s>3Имаше и такви кои што велеа: „Ги заложивме нивите, лозјата и домовите, за да дојдеме до жито во времето на гладта.“</s> <s>4Имаше и такви кои што велеа: „Позајмивме пари за да го платиме царскиот данок на нашите ниви и лозја.</s><s>5А и нашите тела се исти како телата на нашите сонародници.</s><s>И нашите синови се како нивните синови.</s><s>И ете, сега ние мораме нашите синови и ќерки да ги дадеме во ропство.</s><s>Некои од нашите ќерки веќе се во ропство, а ние сме немоќни, затоа што нашите ниви и лозја им припаѓаат на други луѓе.“</s> <s>6Кога ја слушнав оваа пискотница и овие обвинувања, многу се налутив.</s><s>7Откако убаво размислив, ги обвинив благородниците и службениците, и им реков: „Вие земате лихва од вашите сонародници!“ Па свикав против нив големо собрание, 8и им реков: „Ние, колку што можевме побрзо, ги откупивме нашите браќа Евреи од паганските народи.</s><s>Сега вие пак ги продавате вашите браќа, за повторно да ни ги продаваат назад!“ И тие молчеа, зашто не знаеа што да кажат.</s> <s>9Па реков: „Не е исправно тоа што го правите!</s><s>Зарем не треба да чекорите во страв од нашиот Бог, и така да го избегнете потсмевањето од паганите, нашите непријатели?!</s><s>10И јас, и моите браќа и моите луѓе сме им позајмувале пари и жито.</s><s>Да го прекинеме сега ова лихварство!</s><s>11Уште денеска да им ги вратите нивите, лозјата, маслините и куќите, и стоти дел од парите, житото, младото вино и маслото со кое ги теретите!“</s> <s>12А тие рекоа: „Ќе им ги вратиме, и ништо нема да им бараме.</s><s>Како што рече, така ќе постапиме.“</s> <s>Тогаш ги свикав свештениците и ги натерав за ова да дадат ветување и да се заколнат.</s><s>13Потоа си ја истресов наметката и реков: „Вака да го истресе Бог секој човек кој нема да се држи до ова ветување од неговата куќа и неговиот имот!</s><s>Нека биде истресен и празен!“ И целото собрание рече: „Амин.“</s> <s>Потоа Го славеа ГОСПОД и го исполнија ова ветување.</s> <s>14А згора на тоа, уште од денот кога бев назначен на бидам управител на земјата Јудина, од дваесеттата година, па сѐ до триесет и втората година на царот Артаксерксес, дванаесет години, јас и моите браќа не јадевме храна земена како данок за управителот.</s><s>15Поранешните управители, оние што беа пред мене, ставија тешко бреме врз народот и земаа од нив покрај четириесетте шекели сребро уште и храна и вино, а и нивните помошници се однесуваа како господари над народот.</s><s>Но јас, од почит кон Бог, не се однесував така.</s><s>16Напротив, јас му се посветив на градењето на ѕидините.</s><s>Сите мои луѓе беа таму собрани за таа работа и не се здобивме со земја.</s> <s>17На тоа згора уште сто и педесетмина Евреи, службеници и оние што доаѓаа кај нас од околните народи, се собираа на мојата трпеза.</s><s>18Секој ден за мене се подготвуваше по еден вол, шест одбрани овци и домашни птици, а на секои десет дена имаше обилни количини вино од сите видови.</s><s>Но и покрај тоа, јас не побарав данок во храна, како што бараа управителите, зашто тоа тешко би го погодило овој народ.</s> <s>19Помни ме со милост, Боже мој, заради сѐ што јас направив за овој народ.</s> <s>Глава 6</s> <s>Понатамошно спротивставување на обновата.</s> <s>1Откако слушнаа Санваллат, Товија, Арапот Гешем и останатите наши непријатели дека јас ги обновив ѕидините и не остана на нив разурнато место, иако до тоа време не бев ги поставил вратите на портите, 2ми ја испратија Санваллат и Гешем оваа порака: „Дојди да се сретнеме во едно од селата во рамницата Оно.“</s> <s>Но тие имаа намера да ми напакостат.</s><s>3Затоа јас испратив гласник за да им пренесе: „Јас раководам со голем потфат и не можам да слезам долу.</s><s>Зошто да се прекинува работата додека јас ја напуштам и доаѓам долу кај вас?“ 4Четири пати ми праќаа вакви пораки и јас четири пати им давав слични одговори.</s> <s>5Петтиот пат Санваллат ми го прати сопствениот слуга со слична порака и со неиспратено писмо в рака, 6во кое пишуваше:</s> <s>„Се расшири глас меѓу народите, а и Гашму јавува дека ти, заедно со Евреите, подготвувате бунт и затоа ги обновувате ѕидините.</s><s>Уште се зборува дека ќе си им станал цар.</s><s>7Дури и пророци си назначил да разгласуваат за тебе и да велат во Ерусалим: ’Цар има во Јуда!' Сега сето ова ќе му биде јавено на царот, затоа веднаш дојди, за да се договориме!“</s> <s>8Одговорот што му го испратив беше: „Ништо слично на тоа што го велиш не се случува, туку сѐ ти самиот си измислил.“</s> <s>9Сите тие се обидуваа да нѐ исплашат, велејќи си: „Ќе им ослабнат рацете и нема да ја завршат работата.“, затоа сега дај им сила (Боже) на рацете мои.</s> <s>10Отидов во домот на Шемаија, синот на Делаја, син на Мехетавел.</s><s>Тој се беше затворил дома и ми рече: „Да се сретнеме во Божјиот дом, внатре во храмот и да ги затвориме вратите на храмот, зашто се подготвуваат да те убијат, ноќе ќе дојдат луѓе за да те убијат.“</s> <s>11Но јас реков: „Зарем човек како мене да бега!?</s><s>Зарем некој како мене да оди во храмот и да си го спасува животот!?</s><s>Нема да одам!“ 12И сфатив дека не го испрати Бог, туку го кажа тоа пророштво против мене затоа што го најмија Товија и Санваллат.</s><s>13Најмен беше за јас да се исплашам, да го послушам и така да направам грев.</s><s>Тоа би им послужило за да ме оговараат и да го нарушат мојот углед.</s> <s>14Спомни си Боже за Товија, за Санваллат и за овие негови постапки, за пророчицата Ноадија и останатите прорци кои се обидуваат да ме заплашат.</s> <s>Довршување на ѕидините.</s> <s>15Така беа завршени ѕидините на дваесет и петтиот ден од месецот Елул, за педесет и два дена.</s><s>16Кога слушнаа сите наши непријатели и видоа сите околни народи, ја изгубија самодовербата, затоа што сфатија дека оваа работа беше направена со помош на нашиот Бог.</s> <s>17Во тие денови, многу благородници од Јуда испраќаа писма за Товија, и од Товија доаѓаа писма за нив, 18затоа што многумина во Јуда му се беа заколнале, зашто тој му беше зет на Шеханија, синот на Арах, а неговиот син Јехоханан се ожени со ќерката на Мешуллам, синот на Берехија.</s><s>19Дури и ми кажуваа за неговите добрите дела и потоа моите зборови му ги пренесуваа, а Товија испраќаше писма за да ме заплаши.</s> <s>Глава 7</s> <s>1Откако беа обновени ѕидините и јас ги поставив вратите, беа назначени вратари, пејачи и Левити.</s><s>2Го поставив над Ерусалим мојот брат Ханани, заедно со Хананија, заповедникот на крепоста, затоа што тој беше непорочен човек и повеќе се плашеше од Бог од најголемиот број луѓе.</s><s>3Им реков: „Портите на Ерусалим не смеат да бидат отворени сѐ додека сонцето убаво не опече.</s><s>Додека тие се на должност, нека ги затвораат вратите и нека ги поставуваат лостовите.</s><s>Исто така назначете стражари од жителите на Ерусалим, некои на стражарски места, а некои близу до сопствените домови!“</s> <s>4Градот беше широк и простран, а луѓе во него имаше малку и куќите сѐ уште не беа обновени.</s><s>5Затоа Бог ми стави на срце и јас ги собрав благородниците, службениците и народот за да ги попишам.</s><s>Најдов запис за родословот на оние што први се вратија, и во него беше запишано:</s> <s>6Ова се луѓето од областа што доаѓаат од заробеништво и прогонство, луѓето кои ги зароби Невухаднессар, царот на Вавилон, и се вратија во Ерусалим и Јуда, секој во својот град, 7заедно со Зерувавел, Јешуа, Нехемија, Азарија, Раамија, Нахамани, Морддахи, Билшан, Мисперет, Бигвај, Нехум, Баана,</s> <s>список на луѓе од Израел:</s> <s>8наследници на Парош - 2172, 9на Шефатија - 372, 10на Арах - 652, 11на Пахат Моав, преку синовите на Јешуа и Јоав - 2818, 12на Елам - 1254, 13на Затту - 845, 14на Заккај - 760, 15на Биннуи - 648, 16на Бевај - 628, 17на Азгад - 2322, 18на Адоникам - 667, 19на Бигвај - 2067, 20на Адин - 655, 21на Атер, преку Хезекија - 98, 22на Хашум - 328, 23на Безај - 324, 24на Хариф - 112, 25на Гивеон - 95, 26луѓе од Витлеем и Нетофа - 188, 27од Анатот - 128, 28од Бет Азмавет - 42, 29од Киријат Јеарим, Кефира и Веерот - 743, 30од Рама и Гева - 621, 31од Михмас - 122, 32од Бет Ел и Аи - 123, 33од другиот Нево - 52, 34од другиот Елам - 1254, 35од Харим - 320, 36од Јерихо - 345, 37од Лод, Хадид и Оно - 721, 38од Сенаа - 3930,</s> <s>39свештеници: наследници на Једаија, преку семејството на Јешуа - 973, 40на Иммер - 1052, 41на Пашхур - 1247, 42на Харим - 1017, 43Левити: наследници на Јешуа, преку Кадмиел, преку синовите на Ходева - 74, 44пејачи: наследници на Асаф - 148, 45вратари: наследници на Шаллум, Атер, Талмон, Аккув, Хатита и Шовај - 138, 46слуги во храмот: наследници на Сиха, Хасуфа, Таббаот, 47Керос, Сиа, Падон, 48Левана, Хагава, Шалмај, 49Ханан, Гиддел, Гахар, 50Реаија, Ресин, Некода, 51Газзам, Узза, Пасеах, 52Бесај, Меуним, Нефишесим, 53Бакбук, Хакуфа, Хархур, 54Баслит, Мехида, Харша, 55Баркос, Сисера, Тамах, 56Несијах, Хатифа,</s> <s>57наследници на Соломоновите слуги: наследници на Сотај, Соферет, Перида, 58Јаала, Даркон, Гиддел, 59Шефатија, Хаттил, Похерет, Хассевајим, Амон,</s> <s>60вкупно слуги во храмот и наследници на Соломоновите слуги - 392.</s> <s>61А следните доаѓаат од Тел Мелах, Тел Харша, Керув, Аддон и Иммер, но не можеа да покажат дека семејствата на нивните татковци и нивните наследници потекнуваат од Израел:</s> <s>62наследници на Делаја, Товија и Некода - 642.</s> <s>63А од свештениците, наследници на Ховаја, Хаккос, Барзиллај, кој се ожени со една од ќерките на Барзиллај од Гилеад и го зеде името според својата жена.</s> <s>64Тие побараа запис за себе каде што беа заведени по семејства, но не можеа да најдат, затоа беа исклучени од свештенство како нечисти.</s><s>65Затоа управителот им нареди да не смеат да јадат од најсветото од светите нешта, сѐ додека свештеник не послужи со Урим и Туммим.</s> <s>66Сите заедно броеја 42360, 67не вклучувајќи ги тука нивните 7337 слуги и слугинки, и 245 пејачи и пејачки.</s><s>68Имаа 736 коњи, 245 мазги, 69435 камили и 6720 магариња.</s> <s>70Некои од главите на семејствата допринесоа за работата.</s><s>Управникот даде во благајната 1000 драхми злато, педесет бокали и 530 свештенички наметки.</s><s>71Некои од главите на семејствата дадоа во благајната за оваа работа 20000 драхми злато и 2200 мини сребро.</s><s>72Останатите луѓе вкупно дадоа 20000 драхми злато, 2000 мини сребро и 67 наметки за свештениците.</s> <s>73Свештениците, Левитите, вратарите, пејачите од народот, слугите во храмот и сите Израелци се населија во своите градови.</s> <s>Кога дојде седмиот месец, синовите Израелеви веќе беа во своите градови.</s> <s>Глава 8</s> <s>Езра го чита Законот.</s> <s>1И се собра целиот народ, како еден човек, на плоштадот пред Водната порта, па му кажаа на Езра, познавач на Законот, да ја извади книгата со Мојсеевиот Закон, кој ГОСПОД му го заповеда на Израел.</s> <s>2На првиот ден од седмиот месец свештеникот Езра го донесе Законот пред насобраните мажи, жени и сите што можат да чујат и разберат.</s><s>3Читаше од него, свртен кон плоштадот што е пред Водната Порта, од утро до пладне, во присуство на мажите, жените и сите што можеа да разберат, а вниманието на сите луѓе беше свртено кон Книгата на Законот.</s> <s>4Езра, познавач на законот, стоеше на висока дрвена подлога, која ја изградија за таа намена.</s><s>До него од десно стоеја Матитија, Шема, Анаија, Урија, Хилкија и Маасеја, а од лево Педаија, Мишаел, Малкија, Хашум, Хашбаддана, Зехарија и Мешуллам.</s> <s>5Ја отвори Езра книгата пред очите на целиот народ, затоа што тој беше над сите нив, и како што ја отвори, сите станаа на нозе.</s><s>6Го прослави Езра ГОСПОД, великиот Бог, а сите луѓе одговорија: „Амин, амин!“, кревајќи ги рацете, па се клекнаа на колена и Му се поклонија на ГОСПОД со лицата до земја.</s> <s>7А Левитите Јешуа, Бани, Шеревија, Јамин, Аккув, Шаббетај, Ходија, Маасеја, Келита, Азарја, Јозавад, Ханан и Пелаја ги поучуваа луѓето да го знаат Законот, додека тие стоеја на своите места.</s><s>8Читаа од Книгата на Божјиот Закон и го објаснуваа, му даваа смисла на прочитаното, за луѓето да можат да го разберат.</s> <s>9Тогаш управителот Нехемија, заедно со Езра, свештеник и познавач на Законот, и Левитите кои го поучуваа народот, рече: „Овој ден е свет за ГОСПОД, вашиот Бог.</s><s>Не плачете и не жалете!“, затоа што сите луѓе плачеа додека ги слушаа зборовите на Законот.</s> <s>10Па им рече: „Одете, јадете одбрана храна, пијте слатки пијалоци и испратете им оброци и на оние кои немаат ништо приготвено, зашто денеска е свет ден за нашиот Господ.</s><s>Не тагувајте, зашто радоста во ГОСПОД е вашата сила.“</s> <s>11И Левитите го утешуваа сиот народ велејќи: „Молчете и не тагувајте, зашто ова е свет ден!“</s> <s>12Тогаш сите луѓе отидоа да јадат, да пијат и да испратат оброци, да слават со голема радост, затоа што ги разбраа зборовите кои им беа објаснети.</s> <s>13На вториот ден се собраа главите на семејствата од сиот народ, свештениците и Левитите околу Езра, познавач на Законот, за да им посветат внимание на зборовите на Законот.</s><s>14Најдоа дека во Законот е запишано, и е заповедано од ГОСПОД, преку Мојсеј, дека синовите Израелеви треба да живеат во колиби во текот на празникот во седмиот месец.</s><s>15Тоа го разгласија и раширија вест низ сите градови и во Ерусалим: „Излезете по ридиштата, донесете гранки од питоми и диви маслини, гранки од мирта, од палма и сенчести дрвја, за да направите колиби, како што е напишано!“</s> <s>16Излегоа луѓето, донесоа гранки и направија колиби секој на својот покрив, во својот двор, во дворовите на Божјиот дом, на плоштадот пред Водната Порта или на плоштадот кај Ефраимовата Порта.</s><s>17Сите што се вратија од прогонство направија колиби и живееја во нив.</s><s>Ете, уште од деновите на Јешуа, синот на Нун, сѐ до тој ден, синовите Израелеви не го беа славеле овој празник, затоа радоста беше многу голема.</s> <s>18Ден за ден читаа од Книгата на Божјиот Закон, од првиот до последниот ден, и го славеа празникот седум дена.</s><s>А на осмиот ден, како што е пропишано, направија собор.</s> <s>Глава 9</s> <s>Израелците ги исповедаат своите гревови.</s> <s>1И така, на дваесет и четвртиот ден од истиот месец се собраа синовите Израелеви со пост, со вреќишта и прав врз себе.</s><s>2Се издвоија наследниците Израелеви од сите синови на туѓинци, застанаа и ги признаа своите гревови и лошотијата на своите татковци.</s><s>3Четвртина од денот стоеја на своите места и читаа од Книгата на Законот на ГОСПОД, нивниот Бог, а четвртина од денот се исповедаа и го славеа ГОСПОД, нивниот Бог.</s><s>4А на скалите стоеја Левитите Јешуа, Бани, Кадмиел, Шеванија, Буни, Шеревија, Бани, Кенани и повикуваа со силен глас кон ГОСПОД, нивниот Бог.</s><s>5Левитите Јешуа, Кадмиел, Бани, Хашавнеја, Шеревија, Ходија, Шеванија, Петахија рекоа: „Станете, славете го ГОСПОД, вашиот Бог, Кој е од вечност до вечност:</s> <s>’Нека биде благословено Твоето славно име, нека се издигне над сите благослови и славопои.</s><s>6Ти си единствениот ГОСПОДЕ.</s><s>Сам си ги создал небесата, небото на небесата и сето нивно воинство, земјата и сѐ што е на неа, морињата и сѐ што е во нив.</s><s>Ти на сите нив им даваш живот.</s><s>Небесното мноштво Тебе ти се поклонува.</s> <s>7Ти си ГОСПОД Бог, Оној што го одбра Аврам, го доведе од Ур халдејски, и му даде име Аврахам.</s><s>8Виде дека срцето негово Ти е верно и направи со него завет да му ја дадеш земјата на Канаанците, Хититите, Аморејците, Перизијците, Јевусијците, Гиргашијците - да им ја дадеш на неговите потомци.</s><s>И го одржа своето ветување, зашто Ти си праведен.</s> <s>9Го виде страдањето на нашите татковци во Египет, и плачот нивни го слушна покај Црвеното Море, 10па испрати знаци и чуда против фараонот, против сите негови службеници и против народот во неговата земја, зашто знаеше со каква дигноглавост постапуваа со нив.</s><s>Така се прослави сѐ до денешен ден.</s><s>11Морето го раздели пред нив и поминаа среде море по сува земја, а оние што ги прогонуваа ги фрли во длабочините како камен во моќните води.</s><s>12Со столб од облаци ги водеше дење, со столб од оган ноќе им даваше светло на патот по кој одеа.</s> <s>13На планината Синај слезе и им проговори од небесата.</s><s>Им даде правични уредби, праведни закони - укази и наредби добри.</s><s>14Им ја откри Својата света Сабота.</s><s>Наредби, укази и закони им даде преку Мојсеј, слугата Твој.</s><s>15Леб од небесата им даде кога беа гладни и вода од карпата извади кога беа жедни.</s><s>Им рече да одат и да ја запоседнат земјата за која си се заколнал дека ќе им ја дадеше.</s> <s>16Но тие, нашите татковци, станаа горделиви, тврдоглави и не се покоруваа на твоите наредби.</s><s>17Одбија да слушаат и не си спомнуваа за чудата Твои што ги направи меѓу нив.</s><s>Станаа тврдоглави и во нивната бунтовност си назначија водач за тој пак да направи од нив робови.</s><s>Но Ти си Бог што простува, милостив, жалежлив, спор на гнев и преполн со љубов, и затоа не ги напушти.</s><s>18Дури и кога си излеаја теле и рекоа: ’Ова е твојот бог, кој те изведе од Египет', и правеа страшни богохулства,</s> <s>19Ти, заради Твојата голема милосрдност не ги напушти во пустината.</s><s>Столбот од облаци што ги водеше дење на нивниот пат не им го одзеде, ниту им го одзеде столбот од оган што ноќе светеше врз нив и врз патот по кој одеа.</s><s>20Им го даде Твојот добар Дух да ги поучува.</s><s>Маната Твоја не им ја одзеде од нивните усти и вода им даваше кога беа жедни.</s><s>21Четириесет години ги одржа во пустината.</s><s>Ништо не им недостасуваше.</s><s>Облеките не им изветвеа и стапалата не им отекоа.</s> <s>22Им даде царства и народи, им ги раздели сѐ до најоддалечените граници.</s><s>Ја презедоа земјата Сихон, а тоа е земјата на царот Хешбон и земјата на Ог, царот на Башан.</s><s>23Ги умножи синовите нивни како ѕвездите на небото и ги доведе во земјата за која на нивните татковци им кажуваше да влезат во неа и да ја запоседнат.</s><s>24Влегоа синовите и ја запоседнаа земјата, а Ти ги покори пред нив жителите на Канаанската земја и ги предаде во нивни раце, нив и царевите нивни и народите од таа земја, за да прават со нив што им е по волја.</s><s>25Освоија утврдени градови, плодна земја, запоседнаа куќи полни со секакви богатства, со веќе ископани бунари, лозја, маслини и овошки во изобилство.</s><s>Јадеа, се наситија, се нахранија и уживаа во Твојата голема добрина.</s> <s>26Но тие беа непослушни и се побунија против Тебе.</s><s>Твојот закон го занемарија, ги убија пророците Твои кои ги предупредуваа да се вратат кон Тебе и страшни богохулства направија.</s><s>27Затоа Ти ги предаде во рацете на нивните непријатели и тие ги угнетуваа.</s><s>Но кога беа угнетени, повикаа кон Тебе и Ти ги слушна од небесата, па во Својата голема милосрдност им даде избавители и тие ги ослободија од рацете на нивните непријатели.</s> <s>28Но само што се одморија, тие повторно почнаа да прават зло пред Тебе.</s><s>Тогаш Ти ги напушти и ги препушти во рацете на нивните непријатели, па тие владееја над нив.</s><s>Повикаа повторно кон Тебе и Ти ги слушна од небесата, и ги многу пати ги избавуваше сожалувајќи се над нив.</s> <s>29Ги предупредуваше да се вратат кон Твојот Закон, но тие станаа горделиви и не се потчинуваа на Твоите наредби, против твоите уредби грешеа, против оние кои, ако се придржува човек до нив - ќе живее.</s><s>Ти свртеа грб своеглаво, станаа тврдоглави и непослушни.</s><s>30Ти имаше трпение со нив многу години, ги предупредуваше преку Својот Дух и преку пророците, но тие не им обрнуваа внимание.</s><s>Затоа ги предаде во рацете на народите од околните земји.</s><s>31Но во Својата голема милост, не ги уништи и не ги напушти, зашто Ти си добар и милостив Бог.</s> <s>32Затоа сега Боже наш, Боже велик, моќен и страотен, Ти што го спазуваш заветот и љубовта, нека не бидат ситни во Твоите очи сите страдања што ги поминаа нашите цареви, водачи, свештеници, нашите пророци, татковци и целиот народ, од деновите на Асирскиот цар, па сѐ до денеска.</s><s>33А во сѐ што нѐ снајде, Ти постапуваше правично и верно, а ние грешевме.</s><s>34Нашите цареви, водачи, свештеници и татковци не се држеа до Твојот Закон и не им посветуваа внимание на Твоите наредби и предупредувања што им ги упатуваше.</s><s>35Додека беа во своите царства, и уживаа во Твојата голема добрина, во земјата пространа и плодна што им ја даде, тие не Ти служеа, и не отстапија од своите зли патишта.</s> <s>36Ете, ние денеска сме робови!</s><s>Во земјата која им ја даде на нашите претци да јадат плодови од неа и да уживаат во нејзиното богатство, ете, во неа сме робови!</s><s>37Обилна е жетвата за царевите кои ги постави над нас, заради нашите гревови.</s><s>Владеат со нашите тела и со нашиот добиток како што им е по волја, а ние сме на голема мака.</s> <s>Спогодба со народот.</s> <s>38Заради сево ова ние составуваме обврзувачка спогодба, ја запишуваме и на неа ставаат печат нашите водачи, Левитите и свештениците.'“</s> <s>Глава 10</s> <s>1А печат ставија:</s> <s>управителот Нехемија, син на Хахалија, Седекија, 2Сераија, Азарија, Еремија, 3Пашхур, Амарија, Малкија, 4Хаттуш, Шеванија, Маллух, 5Харим, Меремот, Овадија, 6Даниел, Гиннетон, Барух, 7Мешуллам, Авија, Мијамин, 8Маазија, Билгај, Шемаија.</s><s>Ова беа свештениците.</s> <s>9А Левитите се: Јешуа, син на Азанија, Биннуи, еден од синовите на Хенадад Кадмиел, 10и нивните придружници Шеванија, Ходија, Келита, Пелаија, Ханан, 11Миха, Рехов, Хашавија, 12Заккур, Шеревија, Шеванија, 13Ходија, Вани, Бенину.</s> <s>14Водачи на народот: Парош, Пахат, Моав, Елам, Затту, Бани, 15Буни, Азгад, Бевај, 16Адонија, Бигвај, Адин, 17Атер, Хезекија, Аззур, 18Ходија, Хашум, Бесај, 19Хариф, Анатот, Невај, 20Мигпиаш, Мешуллам, Хезир, 21Мешезавел, Садок, Јаддуа, 22Пелатија, Ханан, Анаија, 23Хошеа, Хананија, Хашшув, 24Халлохеш, Пилха, Шовек, 25Рехум, Хашавна, Маасеја, 26и Анија, Ханан, Анан, 27Маллух, Харим, Баана.</s> <s>28А остатокот од народот, свештениците, Левитите, вратарите, пејачите, слугите во храмот и сите што се одвојуваат од другите народите заради Божјиот Закон, нивните жени, синови и ќерки, сите што знаат и разбираат, 29се приклучија кон нивните браќа, благородниците, се обврзаа со клетва и дадоа збор да го следат Божјиот Закон, кој им беше даден преку Мојсеј, слугата Божји, внимателно да се потчинуваат на секоја наредба, правило и указ кои се од Јахве, нашиот Господ:</s> <s>30<Нема да ги даваме ќерките наши на другите народи и нивните ќерки нема да ги земаме за нашите синови.</s> <s>31Кога другите народи ќе носат стока или жито да продаваат во Сабота, нема да купуваме од нив ниту во Сабота, ниту кога е свет ден.</s><s>Секоја седма година ќе ја одмараме земјата и ќе го простуваме секој долг.</s> <s>32Ќе си земеме обврска, почитувајќи ги наредбите, секој од нас да дава по една третина од шекел годишно, за службата во домот на нашиот Бог, 33за лебот што се принесува, за редовниот житен принос и за редовните жртви паленици во Сабота, на Млада Месечина, за празници, за свети жрвувања, за жртви со кои Израел се кае за направените гревови, и за сите обврски во домот на нашиот Бог.</s> <s>34Ние, свештениците, Левитите и обичните луѓе, фрливме жрепка за тоа кој кога ќе носи дрва во домот на нашиот Бог, според семејствата на нашите татковци, во определените времиња секоја година, за да горат на жртвеникот на ГОСПОД, нашиот Бог, како што е запишано во Законот.</s> <s>35Ќе ги носиме секоја година во домот ГОСПОДОВ првите плодови од нашата земја, секој прв плод од секое дрво.</s> <s>36Како што е запишано во Законот, ќе ги носиме првородените од нашите синови и нашата стока, првородените од нашите стада крупен и ситен добиток во домот на нашиот Бог, кај свештениците, оние што служат во домот на нашиот Бог.</s> <s>37На тоа згора и првото сомелено брашно, приносите од плодовите на секое дрво, младото вино и масло ќе им ги носиме на свештениците за складиштата на домот на нашиот Бог, и десеток од нашата земја за Левитите, зашто тие, Левитите го собираат десетокот од она што сме го произвеле во сите наши градови.</s><s>38Кога Левитите ќе го примаат десетокот, мора со нив да има свештеник, наследник на Аарон.</s><s>Левитите исто така мора да донесат десетти дел од десетокот во домот на нашиот Бог, за складиштата на ризницата, 39оти Израелците, вклучувајќи ги и Левитите, мора да даваат во складиштата принос во жито, младо вино, масло, а таму се чувааат светите предмети и престојуваат свештениците, служителите, вратарите и пејачите.</s><s>Нема да го занемариме домот на нашиот Бог.“</s> <s>Глава 11</s> <s>Нови доселеници во Ерусалим.</s> <s>1Водачите на народот се населија во Ерусалим, а останатите луѓе фрлија жрепка за да изберат по еден од десемина да живее во светиот град Ерусалим, а останатите деветмина да живеат во другите градови.</s><s>2Луѓето ги пофалија сите оние што беа доброволци да живеат во Ерусалим.</s> <s>3Ова се водачите на областите кои се населија во Ерусалим (во градовите на Јуда живееја секој на својот имот, во своите градови, Израелци, свештеници, Левити, слуги во храмот и наследници на слугите на Соломон,</s> <s>4додека во Ерусалим живееја и од потомците на Јуда и од потомците на Бенјамин), од потомците на Јуда: Атаија, син на Уззија, син на Зехарија, син на Амарија, син на Шефатија, син на Махалалел, еден од потомците на Перес, 5и Маасеја, син на Барух, син на Кол Хозе, син на Хазарија, син на Адаија, син на Јојарив, син на Зехарија, потомок на Шилони.</s><s>6Вкупно од потомците на Перес во Ерусалим живееја 468 храбри мажи.</s> <s>7Ова се потомците на Бенјамин: Саллу, син на Мешуллам, син на Јоед, син на Педаија, син на Колаија, син на Маасеја, син на Итиел, син на Јешаија, 8а по нив Габбај, Саллај - 928, 9и Јоел, син на Зихри, заповедник над нив, и Јуда, син на Хассенуа, кој беше заповедник над Втората населба од градот.</s> <s>10Од свештениците, Једаија, син на Јојарив Јахин, 11Сераија, син на Хилкија, син на Мешуллам, син на Садок, син на Мерајот, син на Ахитув, надзорник над домот Божји, 12и придружниците негови, оние што ја водат работата за храмот - 822 и Адаја, син на Јерохам, син на Пелалија, син на Амси, син на Зехарија, син на Пашхур, син на Малкија, 13и продружниците негови, глави на семејствата - 242.</s><s>Амашсај, син на Азарел, син на Ахзај, син на Мешиллемот, син на Иммер, 14и придружниците негови, храбри борци - 128.</s><s>Заповедник над нив беше Завдиел, син на Хаггедолим.</s> <s>15А од Левитите: Шемаија, син на Хашшув, син на Азрикам, син на Хашавија, син на Бунни, 16Шаббетај и Јозавад, старешини од Левитите, надзорници на надворешните работи во домот Божји.</s><s>17Матанија, син на Миха, син на Завди, син на Асаф, кој раководеше со благодарствените молитви, Бакбакуија, втор меѓу неговите придружници, Авда, син на Шаммуа, син на Галал, син на Једутун.</s><s>18Вкупно во светиот град имаше 284 Левити.</s> <s>19Вратари беа: Аккув, Талмон и неговите придружници, кои ги чуваа портите - 172.</s> <s>20Остатокот од Израелците, свештениците и Левитите беа во своите градови во Јуда, секој на својот имот.</s> <s>21Слугите во храмот живееја во Офел, и над нив беа поставени Сиха и Гишпа.</s> <s>22Заповедник на Левитите во Ерусалим беше Уззи, син на Бани, син на Хашавија, син на Маттанија, син на Миха.</s><s>Тој е од наследниците на Асаф, кои пеат напред кога има служба на домот Божји.</s><s>23Тие се под царска управа, и одредено е што тие секојдневно ќе работат.</s> <s>24Петахија, синот на Мешезавел, еден од потомците на Зерах, син на Јуда, му беше при рака на царот во сите односи со народот.</s> <s>25А што се однесува до селата и полињата, некои од Јудејците живееја во Киријат Арба и неговите населби, во Дивон и неговите населби, во Јекавсеел и неговите села.</s><s>26во Јешуа, Молада, Бет Пелет, 27во Хасар, Шуал, Беер Шева и нејзините населби, 28во Сиклаг, Мехона и нејзините населби, 29во Ен Риммон, Сора, Јармут, 30Заноах, Адуллам и неговите села, Лахиш и неговите полиња, Азека и неговите населби.</s><s>Така тие живееја од Беер Шева до долината Хинном.</s> <s>31Наследниците на Бенјамин живееја од Гева, Михмас и Аија, Бет Ел и неговите населби, 32Анатот, Нов и Ананија, 33Хасор, Рама, Гиттаим, 34Хадид, Севоим, Неваллат, 35Лод, Оно, Долината на Занаетчиите,</s> <s>36А некои одреди од Левитите се населија во Бенјамин.</s> <s>Глава 12</s> <s>Свештениците и Левитите.</s> <s>1Ова се свештениците и Левитите кои се вратија заедно со Зерувавел, син на Шеалтиел, и со Јешуа: Сераија, Еремија, Езра, 2Амариај, Маллух, Хаттуш, 3Шеханија, Рехум, Меремот, 4Иддо, Гинетој, Авија, 5Мијамин, Маадија, Билга, 6Шемаија и Јојарив, Једаија, 7Саллу, Амок, Хилкија, Једаија, ова беа водачите на свештениците и нивните придружници во деновите на Јешуа.</s> <s>8А Левитите беа: Јешуа, Биннуи, Кадмиел, Шеревија, Јуда, Маттанија, кој ги водеше благодарствените песни, заедно со неговите придружници, 9Бакбукија, Уни и неговите придружници, кои беа спроти нив во текот на службата,</s> <s>10Јешуа, му беше татко на Јојаким, Јојаким му беше татко на Елијашив, а Елијашив му беше татко на Јојада.</s><s>11Јојада му беше татко на Јонатан, Јонатан му беше татко на Јаддуа.</s> <s>12Во деновите на Јојаким глави на свештеничките семејства беа: на семејството Сераија - Мераија, на Еремија - Хананија, 13на Езра - Мешуллам, на Амарија - Јехоханан, 14на Малух - Јонатан, на Шеванија - Јосеф, 15на Харим - Адна, на Мерајот - Хелкај, 16на Иддо - Зехарија, на Гиннетон - Мешуллам, 17на Авија - Зихри, на Минјамин и Моадија - Пилтај, 18на Билга - Шаммуа, на Шемаија - Јехонатан, 19на Јојарив - Маттенај, на Једаија - Уззи, 20на Саллај - Каллај, на Амок - Евер, 21на Хилкија - Хашавија, на Једаија - Нетанеел.</s> <s>22Главите на Левитските семејства во деновите на Елијашив, Јојада, Јоханан и Јаддуа, како и свештениците, беа запишани во времето на владеењето на Персијанецот Дарие.</s><s>23Потомците на Леви, главите на семејствата, беа запишани во книгата на летописите од тоа време, па сѐ до деновите на Јоханан, син на Елијашив.</s><s>24Водачи на Левитите беа Хашавија, Шеревија и Јешуа, син на Кадмиел, заедно со нивните придружници кои стојат спроти нив, да слават и оддаваат благодарност, секој спроти своите, како што беше пропишано од Божјиот човек Давид.</s> <s>25Маттанија, Бакбукија, Овадија, Мешуллам, Талмон и Аккуб беа вратари пред портите на складиштата, 26во деновите на Јојаким, син на Јешуа, син на Јосадак и во деновите на управникот Нехемија и Езра, свештеник и познавач на Законот.</s> <s>Посветување на ѕидините.</s> <s>27А кога се посветуваше ѕидот на Ерусалим, ги побараа Левитите од сите нивни живеалишта, за да ги доведат во Ерусалим, да го прославуваат посветувањето, да се радуваат и да оддаваат благодарност со музика од кимвали, харфи и лири.</s><s>28Доведени беа и синовите на пејачите од областа околу Ерусалим и од селата на Нетофати, 29од Бет Гилгал, од областите на Гева и Аземавет, зашто беа изградиле села за пејачите околу Ерусалим.</s><s>30Кога се очистија свештениците и Левитите, го очистија народот и портите на ѕидините.</s> <s>31Тогаш ги качив водачите на Јуда на ѕидот и назначив два големи хора.</s><s>Едниот направи поворка на десно по ѕидините кон Портата на Буништето.</s><s>32По него одеше Хошаија и половината од водачите на Јуда, 33заедно со Азарија, Езра и Мешуллам, 34Јуда, Бенјамин, Шемаија и Еремија, 35некои свештениците со труби, како и Зехарија, син на Јонатан, син на Шемаија, син на Маттанија, син на Михаија, син на Заккур, син на Асаф, 36и нивните придружници Шемаија, Азарел, Милалај, Гилалај, Маај, Нетанеел, Јуда и Ханани, со музички инструменти од Божјиот човек Давид.</s><s>Пред нив одеше Езра, познавач на Законот.</s><s>37Пред Портата на Изворот се искачија по скалите на Давидовиот град, по угорнината на ѕидот, поминаа над куќата на Давид, сѐ до Водната порта на исток.</s> <s>38Вториот хор направи поворка кон спротивната страна и јас одев со нив, со половината од народот по горниот дел на ѕидот, покрај Портата на Печките, сѐ до Широката порта, 39над Ефраимовата порта, над Портата на Јешана, над Рибјата порта, и кулата на Хананел, кулата на Стоте, сѐ до Овчјата порта, и застанаа кај Портата на Стражата.</s> <s>40Двата хора зазедоа место во Божјиот дом, а со нив и јас и половината од службениците со мене, 41свештениците Елијаким, Маасеја, Мијамин, Михаија, Елоејани, Зехарија и Хананија со труби, 42а исто и Маасеја, Шемаија, Елеазер, Уззи, Јехоханан, Малкија, Елам и Езер.</s><s>Пејачите пееја под водство на Језрахија.</s><s>43На тој ден принесоа големи жртви и се радуваа, затоа што Бог им даде радост, задоволство големо.</s><s>Заедно со нив се радуваа и жените и децата.</s><s>Радосните гласови од Ерусалим надалеку се слушаа.</s> <s>44Во тоа време беа назначени надзорници над складиштата од ризницата, за доброволните прилози, за првите плодови, за десетоците, кои треба да се носат во нив од полињата околу градовите, толку колку што е определено со Законот за свештениците и Левитите, затоа што Јудејците беа задоволни од свештениците и Левитите кои служеа.</s><s>45Тие ја обавија службата на нивниот Бог, и службата за очистување, а истото го направија и пејачите и вратарите, согласно со наредбите на Давид и неговиот син Соломон.</s><s>46Многу одамна, во деновите на Давид и Асаф, имаше раководители над пејачите на песни за слава и благодарност кон Бог.</s><s>47Затоа сега во времето на Зерувавел и Нехемија сите Израелци издвоија придонеси за пејачите и вратарите, колку една дневница.</s><s>Оставија и за Левитите, а Левитите оставија за наследниците на Аарон.</s> <s>Глава 13</s> <s>Последните реформи на Нехемија.</s> <s>1Тој ден беше читана Мојсеевата книга, и луѓето слушаа, па се најде дека е запишано во неа Амониец или Моавец засекогаш да не смее да влезе во Божјото собрание, 2затоа што не ги пречекаа синовите Израелеви со храна и вода, туку го најмија против нив Балаам за да ги проколне.</s><s>Но нашиот Бог ја претвори таа клетва во благослов.</s><s>3Кога го слушнаа овој закон, ги исклучија од Израел сите што имаа туѓинско потекло.</s> <s>4А пред ова, свештеникот Елијашив беше назначен да раководи со складиштата на домот на нашиот Бог.</s><s>Тој му беше близок на Товија, 5и му даде голема просторија, таму каде што порано се чуваа житните приноси, темјанот, разните предмети, десетокот од житото, младото вино и маслото кои се пропишани за Левитите, пејачите и вратарите, а истовремено се и придонес за свештениците.</s> <s>6Но додека ова се случуваше, јас не бев во Ерусалим, затоа што во триесет и втората година на Артаксерксес, царот на Вавилон, јас се вратив кај царот.</s><s>По некое време го замолив царот 7и се вратив назад во Ерусалим, па дознав за злите нешта што ги направил Елијашив, за да му обезбеди на Товија простор во дворот на Божјиот дом.</s><s>8Тоа многу ме онерасположи, па ја исфрлив целата покуќнина од домот на Товија надвор од просторијата.</s><s>9Наредив и ги очистија собите, па повторно ја вратив назад опремата на Божјиот дом, заедно со житниот принос и темјанот.</s> <s>10Дознав и тоа дека делот на Левитите не им бил даван, па тие се вратиле секој на своите ниви, и Левитите и пејачите кои се задолжени за службата.</s><s>11Затоа ги прекорив оние во чии раце е власта и ги прашав: „Зошто е занемарен Бојиот дом?!“ Ги свикав заедно и ги поставив секој на неговото место.</s> <s>12Сите од Јуда донесоа десеток во жито, младо вино и масло во складиштата.</s><s>13За раководители со складиштата ги поставив свештеникот Шелемија, Садок, познавач на Законот и Педаија од Левитите, а при рака да им биде Ханан, син на Заккур, син на Маттанија, затоа што беа сметани за чесни.</s><s>Нив им беше доверено да им распоредуваат на своите браќа.</s> <s>14Спомни си за мене Боже мој заради сево ова, не бриши ги моите дела и служби што верно ги направив во домот на мојот Бог.</s> <s>15Во тоа време видов во Јуда како луѓе гмечат грозје во каца во Сабота, како донесуваат снопје товарено на магариња, винско грозје, смокви и секаков товар носат во Ерусалим во Саботен ден.</s><s>А веќе ги бев предупредил да не продаваат храна на тој ден.</s><s>16Луѓе од Тир живееја во градот и носеа риба и разни трговски стоки во Ерусалим, па продаваа во Сабота на Јудејци.</s><s>17Тогаш јас ги прекорив благородниците на Јуда и им реков: „Што е оваа зла работа што ја правите - го сквернавите Саботниот ден!</s><s>18Зарем не правеа исто и вашите предци, па ја донесе нашиот Бог целата оваа несреќа врз нас и врз овој град?!</s><s>Сега вие повторно го потпалувате гневот против Израел, сквернавејќи ја Саботата!“</s> <s>19Затоа наредив откако ќе падне сенка врз ерусалимските порти, ден пред Сабота, вратите да се затворат и да не се отвораат сѐ додека е Сабота.</s><s>Поставив свои луѓе крај портите, за да не дозволуваат да се внесува товар во Саботен ден.</s><s>20Трговците и продавачите ја преседоа ноќта надвор од Ерусалим еднаш, двапати, 21но јас ги предупредив и им реков: „Што дремете пред ѕидините!?</s><s>Ако ве видам уште еднаш, ќе пострадате!“ Оттогаш не доаѓаа во Сабота.</s><s>22Потоа им наредив на Левитите дека тие мора да се очистуваат самите себе и да одат да ги чуваат портите, за да се сочува света Саботата.</s><s>И за ова спомни си Боже мој, и покажи милост кон мене, според Твојата голема љубов!</s> <s>23На тоа згора во тие денови видов Јудејци како се женат со Ашдотки, Амонки и Моавки.</s><s>24Половината од нивните деца зборуваат ашдотски, или јазик на некој друг народ, и не знаат да зборуваат јудејски.</s><s>25Затоа ги прекорив, ги проколнав, а неколку од нив претепав и им ја искубав косата, па ги натерав вака да се заколнат во Бог: „Да не ги давате своите ќерки, за нивните синови, и да не зимате од нивните ќерки за вашите синови или за вас!</s><s>26Зарем не беше тоа причината зошто грешеше Соломон, царот на Израел?</s><s>А меѓу многу народи немаше таков цар како него и беше сакан од неговиот Бог, па го направи него Бог цар над целиот Израел.</s><s>Дури и него туѓинките го наведоа на грев!</s><s>27Мора ли сега да слушаме дека и вие ги правите сите тие страшни зла, дека сте му неверни на нашиот Бог, и се жените за туѓинки.“</s> <s>28Еден од синовите на Јојада, син на првосвештеникот Елијашив, беше зет на хорониецот Санваллат, и го избркав од мене.</s> <s>29Спомни си за нив, Боже мој, заради тоа што ја осквернија свештеничката должност и заветот на свештенството и Левитите.</s> <s>30Потоа ги очистив од сѐ што е туѓинско, и им дадов задачи на свештениците и Левитите, на секого според неговата работа.</s><s>31Ги средив работите и во врска со приносите во дрва, во времето што е за тоа определено, и во врска со првите плодови.</s> <s>Спомни си за мене Боже мој со милост!</s> <s>Забелешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7175
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Естира (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Симнување од престолот на царицата Вашти.</s> <s>1Беше тоа во времето на Ксерксес, оној Ксерксес што владееше од Индија, па сѐ до Куш, со сто дваесет и седум области.</s><s>2Во тоа време царот Ксерксес владееше од својот царски престол во престолнината Суса.</s><s>3Во третата година на неговото владеење приреди гозба за сите негови благородници и службеници.</s><s>Присутни беа воените старешини на Персија и Медија, кнезовите и благородниците од сите области.</s><s>4Кога го покажа неизмерното богатство на своето царство, сјајот и славата на неговото величество, а тоа траеше многу денови, сто и осумдесет на број, 5и кога завршија овие денови, приреди царот седумдневна гозба во предворјето на градината на царската палата за сите луѓе што се затекнаа во градот Суса, од најголемиот па сѐ до најмалиот.</s><s>6Бели и сини ленени платна беа закачени со јажиња од бел и пурпурен лен, на алки од сребро и столбови од мермер.</s><s>Златни и сребрени легла беа поставени врз подот поплочен со порфир, мермер, мајката на бисерот и скапоцени камења.</s><s>7Се служеше вино во златни бокали, секој бокал различен од другите, царско вино изобилно, според дарежливоста на царот.</s><s>8Пиењето беше без принуда, според наредбата на царот, зашто тој им беше наредил на сите кои служеа вино во неговиот дворец, на секој човек да му налеваат толку колку што тој сака.</s><s>9И царицата Вашти приреди гозба за жените во царскиот дворец на царот Ксерксес.</s><s>10На седмиот ден, кога царот добро се беше орасположил од виното, им нареди на Мехуман, Бизта, Харвона, Бигта, Авагта, Зетар и Каркас, седуммината евнуси кои служеа пред царот Ксерксес, 11да ја доведат царицата Вашти пред царот со царската круна на глава, за да им ја покаже на луѓето и благородниците нејзината убавина, зашто таа беше многу убава.</s><s>12Но царицата Вашти одби да дојде, како што ѝ беше наредено од царот, преку неговите слуги.</s><s>Царот силно се разгневи и неговата лутина се разгоре во него.</s><s>13Тогаш им проговори царот на мудреците, луѓето кои ги разбираа времињата, зашто така правеше царот постојано и се советуваше со оние кои ги познаваа законите и правото.</s><s>14А до него беа: Каршена, Шетар, Адмата, Таршиш, Мерес, Марсена и Мемухан, седуммина благородници од Персија и Медија, луѓе кои имаа пристап до царот и кои беа на највисоки места во царството.</s><s>15„Што според законот треба да ѝ сторам на царицата Вашти, зашто таа не се потчини на наредбата на царот Ксерксес, пренесена од евнусите?“ 16Тогаш одговори Мемухан пред царот и пред благородниците: „Она што го направи царицата Вашти не е само против царот, туку и против сите благородници и против сите луѓе кои живеат во областите на царот Ксерксес, 17оти ќе се расчуе за таа постапка на царицата и сите жени ќе ги презираат своите мажи.</s><s>Ќе велат: ’Царот Ксерксес наредил да ја доведат царицата Вашти пред него, но таа не дошла.' 18Уште денеска жените на благородниците на Персија и Медија кои слушнале за оваа постапка на царицата, истото ќе им го направат на своите мажи, па на непочитувањето и расправиите крај ќе им нема.</s><s>19Затоа, ако му е така угодно на царот, нека издаде неотповиклив царски указ и нека биде запишано во законите на Персија и Медија, Вашти веќе никогаш да не смее да се појави во присуство на царот Ксерксес, а нејзиното царско место нека ѝ го додели царот на некоја друга жена, подобра од неа.</s><s>20Кога ќе се расчуе за указот на царот, кој ќе биде разгласен низ целото царство, кое ете е многу големо, сите жени ќе ги почитуваат своите мажи, од најголемиот па сѐ до најмалиот.“ 21Им се допадна овој совет на царот и на благородниците, и царот постапи според препораката на Мемухан.</s><s>22Тогаш испрати царот проглас до сите царски области, до секоја област со нејзиното писмо и до секој народ на неговиот јазик, разгласувајќи секому на неговиот сопствен говор дека секој маж треба да биде господар во својот дом.</s> <s>Глава 2</s> <s>Естер станува царица.</s> <s>1После овие настани, откако стивна гневот на царот Ксерксес, се сети на Вашти, на она што таа го стори и на она што беше наредено во врска со неа.</s><s>2Тогаш предложија придружниците на царот, оние кои го служеа: „Нека се побараат за царот убави млади девојки, девици.</s><s>3Нека назначи царот луѓе задолжени за таа работа во сите области на неговото царство и нека ги донесат сите убави млади девици во престолнината Суса, во харемот под управа на царскиот евнух Хегај, кој е задолжен за жените, и да им се даде сѐ што им треба за разубавување.</s><s>4Тогаш онаа девојка која ќе му се допадне на царот нека биде царица наместо Вашти.“ Му се допадна овој совет на царот и тој така и направи.</s><s>5А имаше во престолнината Суса еден човек, Евреин од племето Венијаминово, Мордахај му беше името, син на Јаир, син на Шимеј, син на Киш.</s><s>6Тој беше одведен од Ерусалим заедно со заробениците кои беа одведени со Јехонија, царот на Јуда, а кои ги зароби вавилонскиот цар Невухаднессар.</s><s>7Тој ја беше посвоил Хадаса, а таа е Естер, ќерката на неговиот чичко, бидејќи таа немаше ни татко ни мајка.</s><s>Девојката беше нежна и убава во ставата.</s><s>Кога умреа татко ѝ, и мајка ѝ, ја посвои Мордахај и му стана ќерка.</s><s>8Кога се расчу наредбата на царот и неговиот указ, и кога беа доведени многу девојки во престолнината Суса под управа на Хегај, и Естер беше одведена во царскиот дворец под управа на Хегај, оној кој беше задолжен за жените.</s><s>9Му се допадна девојката и ја доби неговата наклоност, па веднаш ѝ даде сѐ што ѝ требаше за дотерување.</s><s>Ѝ обезбеди посебна храна и седум слугинки избрани и доделени од царскиот дворец, па ја пресели неа и нејзините слугинки во најдобриот дел од харемот.</s><s>10Естер не откри од кој народ е и од кое семејство, зашто Мордахај ѝ беше заповедал да не открива.</s><s>11Секој ден Мордахај одеше близу до дворот на харемот, за да дознае како е Естер и што се случува со неа.</s><s>12Пред да дојде редот на една девојка да оди кај царот Ксерксес, требаше да помине дванаесет месеци во дотерување, како што беше пропишано за жените, шест месеци со миртово масло и шест месеци со мириси и женска козметика.</s><s>13Вака одеше девојката кај царот: Сѐ што сакаше од харемот ѝ се даваше за да го понесе со себе во царскиот дворец.</s><s>14Вечерта одеше, а наутро се враќаше во харемот, во друг дел под управа на царскиот евнух Шаашгаз, кој беше задолжен за наложниците.</s><s>Не се враќаше повторно кај царот, освен ако царот не беше задоволен со неа и не ја повикаше по име.</s><s>15Кога дојде ред кај царот да оди Естер, ќерката на Авихаил, чичкото на Мордахај, која тој ја беше посвоил, таа не побара ништо друго, освен она што ѝ препорача царскиот евнух Хегај, оној што беше задолжен за жените, и Естер им се допадна на сите што ја видоа.</s><s>16Естер беше одведена кај царот Ксерксес, во неговиот царски дворец, во десеттиот месец, а тоа е месецот тевет, во седмата година од неговото владеење.</s><s>17Естер го привлече царот повеќе од која било друга жена, и се здоби со неговата наклоност, му прирасна за срце повеќе од било која друга девица, па ѝ стави царска круна на главата и ја направи царица наместо Вашти.</s><s>18Приреди царот голема гозба за сите благородници и негови службеници, гозба во чест на Естер.</s><s>Тој ден беше прогласен за празник низ сите области и беа поделени дарови, според дарежливоста на царот.</s> <s>Мордекај го открива заговорот.</s> <s>19А кога по втор пат се собраа девиците, тогаш Мордахај седеше пред царската порта.</s><s>20Естер не откри од кое семејство е и од кој народ, токму онака како што ѝ беше рекол Мордахај, и таа ги слушаше неговите упатства исто како и кога живееше кај него.</s><s>21Во текот на деновите кога Мордахај седеше пред царската порта, се налутија Бигтан и Тереш, двајца царски старешини, стражари пред влезот и направија заговор да дигнат рака на Ксерксес.</s><s>22Но овој заговор беше откриен од Мордахај и тој ѝ кажа за тоа на царицата Естер, а царицата Естер му пренесе за тоа на царот од името на Мордахај.</s><s>23Тогаш ова беше испитано и се разоткри заговорот, па ѝ двајцата беа обесени на бесилка, а ова, во присуство на царот, беше запишано во летописите на тоа време.</s> <s>Глава 3</s> <s>Хаман сака да ги уништи Евреите.</s> <s>1После овие настани, царот Ксерксес му направи чест на Хаман, син на Хамедата, Агагиец, и го воздигна.</s><s>Му даде место највисоко од сите благородници кои беа со него.</s><s>2Сите царски службеници кои беа крај царската порта клечеа на колена и му правеа чест на Хаман, зашто така беше заповедал за него царот.</s><s>Но Мордахај не клечеше и не му правеше чест.</s><s>3Тогаш царските службеници кои беа крај царската порта го прашаа Мордахај: „Зошто ти не се покоруваш на царската наредба?“ 4И откако така му зборуваа ден за ден, а тој не се расправаше со нив, му кажаа на Хаман да види до кога ќе се трпи таквото однесување на Мордахај, зашто тој им беше кажал дека е Евреин.</s><s>5Кога виде Хаман дека Мордахај не клечи на колена и не му прави чест, се исполни Хаман со бес.</s><s>6Малку му се виде да прати човек за да го убие Мордахај, а му беа кажале од кој народ е Мордахај, затоа Хаман гледаше како да ги уништи сите Евреи, народот на Мордахај, во целото царство на Ксерксес.</s><s>7Во дванаесеттата година на царот Ксерксес, во првиот месец, а тоа е месецот нисан, фрли тој пур, а тоа е жрепка.</s><s>Фрлена беше жрепка во присуство на Хаман, за секој ден и за секој месец, сѐ до дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар.</s><s>8Тогаш Хаман му рече на царот Ксерксес: „Има еден народ, распрснат и расселен меѓу народите во сите области од вашето царство.</s><s>Нивните обичаи се разликуваат од обичаите на сите други народи, на царските закони не се потчинуваат и на царот не му е од полза да ги трпи.</s><s>9Ако му е по волја на царот, нека нареди да бидат уништат.</s><s>Десет илјади таланти сребро приложив во царската ризница, ги предадов во рацете на оние кои треба да ја извршат оваа работа.“ 10Го симна царот прстенот-печат од рака и му го даде на Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот, непријателот на Евреите, 11и му рече царот на Хаман: „Парите задржи си ги, а со народот прави како што сметаш за исправно.“ 12Тогаш, во тринаесеттиот ден од првиот месец, беа повикани царските записничари, и беше запишано сѐ што им нареди Хаман на царските сатрапи, на управниците над сите области, на благородниците од сите народи, за секоја област со нејзиното писмо, за секој народ на неговиот јазик.</s><s>Во името на царот Ксерксес беше запишано и запечатено со царскиот прстен-печат.</s><s>13Испратија писма преку гласници до сите царски области да се уништи, да се убие и истреби секој Евреин од младо до старо, и дете и жена, за само еден ден, на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар, и нивните имоти да се разграбаат.</s><s>14Препис од овој указ да се донесе како закон во сите области и да им се објави на сите народи, за да бидат подготвени за тој ден.</s><s>15Излегоа гласниците потерани од царската наредба и указот беше издаден во престолнината Суса.</s><s>Царот и Хаман седнаа да пијат, а во престолнината Суса настана забуна.</s> <s>Глава 4</s> <s>Мордахај ја преколнува Естер за помош.</s> <s>1Кога дозна Мордахај што сѐ се беше случило, ја раскина Мордахај облеката своја, стави врз себе вреќиште и пепел посипа, излезе среде градот и плачеше, липаше силно и горчливо.</s><s>2Тој стигна само до пред царската порта, зашто никој облечен во вреќиште не смееше да влезе во царската порта.</s><s>3Во секоја област, во секое место каде што царскиот указ беше донесен, жалост голема настана меѓу Евреите со пост и плак и лелек.</s><s>Вреќишта ставија врз себе многумина и пепел посипаа.</s><s>4Кога дојдоа слугинките на Естер, и евнусите, и ѝ кажаа, царицата многу се натажи.</s><s>Испрати облеки да му облечат на Мордахај и да го соблечат од него вреќиштето, но тој не прифати.</s><s>5Тогаш Естер го викна Хатах, еден од царските евнуси кој ѝ беше доделен, и му нареди да открие што станува со Мордахај и зошто така се однесува.</s><s>6Излезе Хатах и отиде кај Мордахај, на градскиот плоштад пред царската порта.</s><s>7Мордахај му раскажа за сѐ што се беше случило и му го кажа точниот износ на пари кој му го ветил Хаман на царот за царската ризница, за да ги уништи Евреите.</s><s>8Му го даде и преписот од указот кој беше издаден во Суса, за нивно искоренување, за да ѝ го покаже на Естер и да ѝ објасни, да ѝ каже веднаш да оди кај царот и да моли за милост, да се заложи пред него за својот народ.</s><s>9Се врати Хатах, и ѝ ги пренесе на Естер зборовите на Мордахај.</s><s>10Тогаш Естер му кажа на Хатах што да му пренесе на Мордахај: 11„Сите службеници на царот, сите луѓе од царските области знаат дека ако било кој маж или жена пријде кај царот во внатрешниот двор, без да биде повикан, законот вели да биде убиен, освен ако царот не го допре со својот златен жезол, та да преживее.</s><s>А јас не сум повикана да одам кај царот има веќе ете триесет дена.“ 12Тогаш му ги пренесе на Мордахај зборовите на Естер.</s><s>13Одговори Мордахај, и ѝ возврати на Естер: „Немој да си мислиш во себе дека единствено ти, од сите Евреи, ќе се извлечеш само затоа што си во царскиот дом.</s><s>14Ако ти сега премолчиш, ако во ова време ништо не сториш, ќе се најде за Евреите спас и избавување од друго место.</s><s>Но ти и семејството на твојот татко ќе изгинете.</s><s>Кој знае, можеби токму за едно вакво време ти стана царица.“ 15Тогаш одговори Естер и му испрати порака на Мордахај: 16„Оди, собери ги сите Евреи што се наоѓаат во Суса и постете за мене!</s><s>Не јадете и не пијте три дена и три ноќи, а јас и моите слугинки исто така ќе постиме!</s><s>Потоа јас ќе одам кај царот, иако тоа не е по законот, па ако погинам, нека погинам.“ 17Излезе Мордахај и направи сѐ онака како што му беше кажала Естер.</s> <s>Глава 5</s> <s>Естер го моли царот.</s> <s>1На третиот ден облече Естер царска облека и застана во внатрешниот двор на царскиот дворец, пред царскиот дом, а царот седеше на својот царски престол, во царскиот дом, токму наспроти влезот.</s><s>2Кога царот ја виде царицата Естер како стои во предворјето, му се допадна, па го зеде царот златниот жезол в рака, пријде кон Естер и ја допре со врвот на жезолот.</s><s>3Тогаш тој ја праша: „Што е царице Естер?</s><s>Што бараш?</s><s>И да е до половината царство - ќе ти биде дадено.“ 4А Естер одговори: „Ако му е така угодно на царот, нека дојде денеска царот, заедно со Хаман, на гозбата што јас ја приредив за него.“ 5Царот одговори: „Брзо доведете го Хаман, за да ја исполниме желбата на Естер!“ И така царот и Хаман отидоа на гозбата што ја приреди Естер.</s><s>6Пиејќи вино, царот ја праша Естер: „Кажи што бараш и ќе ти биде дадено?</s><s>Каква е твојата молба?</s><s>И да е до половината царство - ќе ти биде исполнето.“ 7Тогаш одговори Естер и рече: „Мојето барање и молба е 8ако сум нашла милост во очите на царот и ако на царот му е угодно да ме награди и моето барање и молба да ги удоволи, да дојде царот со Хаман и утре на гозбата што ќе ја приредам за нив.</s><s>Тогаш ќе одговорам на прашањето на царот.“</s> <s>Бесот на Хаман против Мордахај.</s> <s>9Излезе Хаман тој ден среќен и развеселен, но кога го виде Хаман Мордахај покрај царската порта, и тој не стана и не покажа страв од него, се исполни Хаман со бес против Мордахај.</s><s>10Се воздржа Хаман и си отиде дома.</s><s>Ги викна кај себе своите пријатели и својата жена Зереш.</s><s>11Им се испофали Хаман за своето огромно богатство, за своите многу синови, и сета чест што му ја направи царот и како го воздигна над сите благородници и службеници царски.</s><s>12А исто така кажа: „Никој друг не повика царицата Естер на гозба со царот, туку само мене.</s><s>И утре сум поканет од неа, заедно со царот.</s><s>13Но сето тоа не ме прави среќен, сѐ додека го гледам Евреинот Мордахај како седи пред царската порта.“ 14Тогаш жена му Зереш и сите негови пријатели му рекоа: „Направи бесилки, педесет лакти високи, и утре побарај од царот да го обеси Мордахај на нив.</s><s>Потоа оди со царот среќен на вечера.“ Ова му се допадна на Хаман и тој направи бесилки.</s> <s>Глава 6</s> <s>На Мордахај му се прави чест.</s> <s>1Таа ноќ сонот му побегна на царот, па нареди да ја донесат книгата на летописите од тоа време и да му читаат од неа.</s><s>2И се најде запишано дека Мордахај ги раскринка Бигтана и Тереш, двајцата царски старешини и стражари пред портата, кои спремаа заговор да дигнат рака на Керксес.</s><s>3Тогаш царот праша: „Каква чест му беше направена на Мордахај и какво признание му беше дадено за ова?“, а луѓето околу царот, оние кои го служеа одговорија: „За него ништо не е сторено.“ 4Царот рече: „Кој е во дворот?“, тогаш Хаман влезе во предворјето на царскиот дом, за да му зборува на царот да го обеси Мордахај на бесилките што ги подигна за него.</s><s>5Слугите на царот му оговорија: „Ете го Хаман стои во дворот.“ Царот нареди да влезе.</s><s>6Кога влезе Хаман, царот го праша: „Што да стори царот за човек од кого е задоволен, каква чест да му направи?“, а Хаман си помисли во себе: „На кого друг царот би му правел чест, освен мене?“ 7Па му одговори Хаман на царот: „На оној човек од кого царот е задоволен и сака да му направи чест, 8нека му донесат царска облека, онаа царот што ја носи, и коњот царот што го јава, оној што има царска грива на главата.</s><s>9Нека ја предаде облеката и коњот во рацете на еден од благородните царски кнезови, па нека го облече човекот со кого царот е задоволен и сака да му направи чест.</s><s>Потоа нека го води качен на коњ низ улиците на градот и нека разгласува пред него: ’Вака му се прави на човек со кого царот е задоволен и сака да му направи чест.'“ 10А царот му нареди на Хаман: „Брзо оди, земи ја облеката и коњот, како што ми советуваше и сето ова направи му го на Евреинот Мордахај, оној што седи пред царската порта.</s><s>Ништо да не заборавиш од сето ова што ми го препорача.“ 11И така, ја зеде Хаман облеката и коњот, го облече Мордахај, го качи на коњот и го водеше по улиците, викајќи пред него: „Вака му се прави на човек со кого царот е задоволен и сака да му направи чест.“ 12Потоа Мордахај се врати кај царската порта, а Хаман оттрча дома натажен и со покриена глава, 13и им рече Хаман на својата жена Зереш и на сите негови пријатели што му се беше случило.</s><s>Неговите советници и неговата жена Зереш му одговорија: „Штом Мордахај, оној пред кого си почнал да паѓаш, е потомок на Евреите, нема да можеш да истраеш против него.</s><s>Ќе бидеш уништен, сигурно ќе бидеш уништен пред него.“ 14Додека сѐ уште зборуваа со него, царските евнуси пристигнаа и побрзаа да го одведат Хаман на гозбата што ја приредуваше Естер.</s> <s>Глава 7</s> <s>Обесувањето на Хаман.</s> <s>1Отидоа царот и Хаман да се гостат со царицата Естер.</s><s>2На вториот ден, пиејќи вино, царот повторно ја праша Естер: „Кажи што бараш царице Естер и ќе ти биде дадено?</s><s>Кажи ја твојата молба и ако е и до половината царство - ќе ти биде исполнето?“ 3Тогаш одговори царицата Естер и рече: „Ако сум нашла милост во твоите очи царе, и ако на царот така му е угодно, подари ми го мојот живот, тоа ми е барањето и поштеди го мојот народ, тоа ми е молбата.</s><s>4Продадени сме, јас и мојот народ, за да нѐ уништат, да нѐ исколат и да нѐ истребат.</s><s>Ако како робови и робинки бевме продадени, јас ќе си молчев, зашто не вреди за такво нешто царот да се вознемирува.“ 5Тогаш праша царот Ксерксес, и ѝ рече на царицата Естер: „Кој е тој, каде е тој чие срце можело да направи такво нешто?“ 6А Естер рече: „Човекот кој е наш противник и непријател е овој злобен Хаман.“ Тогаш Хаман се стресе од страв пред царот и пред царицата.</s><s>7Царот стана бесно од пиењето вино и отиде во градината на дворецот, а Хаман остана да ја моли царицата Естер за својот живот, сфаќајќи дека царот веќе му ја беше решил судбината.</s><s>8Кога царот се врати од градината на дворецот во просторијата за гозби, каде што пиеше вино, Хаман падна врз леглото каде што лежеше Естер, а царот извика: „Зарем и на царицата ќе ѝ досадуваш, додека сум јас присутен!?“ Само што зборот излета од устата на царот, на Хаман му го покрија лицето.</s><s>9Тогаш Харвона, еден од царските евнуси рече: „Видете, бесилките што ги направи Хаман за Мордахај, оној кој проговори и му помогна на царот, стојат пред домот на Хаман високи педесет лакти.“ А царот рече: „На нив обесете го!“ 10Така Хаман го обесија на бесилките кои тој ги направи за Мордахај, а гневот на царот се смири.</s> <s>Глава 8</s> <s>Царскиот указ во корист на Евреите.</s> <s>1Уште истиот ден царот Ксерксес ѝ го даде на царицата Естер целиот имот на Хаман, непријателот на Евреите, а Мордахај дојде пред царот, зашто Естер кажа што ѝ е тој.</s><s>2Го зеде царот прстенот-печат, што го беше одзел од Хаман и му го даде на Мордахај, а Естер го назначи Мордахај да раководи со имотот на Хаман.</s><s>3Естер повторно му се помоли на царот и падна пред неговите стапала.</s><s>Плачеше и молеше да го сопре злото на Хаман Агагиецот и она што тој го кроеше против Евреите.</s><s>4Тогаш царот го протегна до Естер својот златен жезол, па се дигна Естер, застана пред царот 5и рече: „Ако му е на царот така угодно и ако јас сум нашла милост пред него, ако е ова исправно според царот и јас сум нашла наклоност во неговите очи, нека се напише наредба со која се поништуваат писмата на Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот, кои тој ги напиша за да се уништат Евреите кои живеат во сите области на царот.</s><s>6Зашто како можам јас да поднесам да го гледам тоа страшно зло што ќе падне на мојот народ, и како можам да поднесам да го гледам уништувањето на моето семејство.“ 7Тогаш царот Ксерксес им одговори на царицата Естер и на Евреинот Мордахај: „Ете, имотот на Хаман ѝ го дадов на Естер, а него го обесија на бесилки, зашто тој дигна рака на Евреите.</s><s>8Сега вие напишете во корист на Евреите сѐ што сметате за потребно, нека биде тоа од името на царот и запечатете го со царскиот печат, зашто она што ќе се напише во името на царот и ќе се запечати со царски печат, не може да биде отповикано.“ 9И така, на дваесет и третиот ден од третиот месец, а тоа е месецот сиван, повикани беа царските записничари и беше запишано сѐ што Мордахај им нареди во врска со Евреите на сатрапите, на управителите и на благородниците во областите, од Индија па сѐ до Куш, сто дваесет и седум области, на секоја област со нејзиното писмо, на секој народ на неговиот јазик, и на Евреите со нивното писмо и на нивниот јазик.</s><s>10И беше запишано од името на царот Ксерксес и беше запечатено со царскиот прстен-печат, па испратија писма преку гласници, кои јаваат на брзи царски коњи, одгледани во коњушници.</s><s>11Тогаш царот им дозволи на Евреите во сите градови да се соберат и да се заштитат.</s><s>Да ги убијат, уништат и истребат сите вооружени војски од народите и областите кои ќе ги нападнат нив, нивните деца и жени, а нивните имотите да ги ограбат, 12и тоа во ист ден во сите области на царот Ксерксес, во тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар.</s><s>13Препис од овој указ да се донесе како закон во секоја област и да им се објави на сите народи, за да бидат подготвени Евреите за тој ден и да им се одмаздат на своите непријатели.</s><s>14Излегоа гласниците јавајќи на царските коњи, брзајќи потерани од царската наредба, а указот беше издаден во престолнината Суса.</s><s>15Мордахај си замина од кај царот во царска наметка, сина и бела, голема круна од злато и долга наметка од нежно ленено платно и пурпур, а градот Суса се радуваше и славеше.</s><s>16За Евреите настапи време на среќа и радост, задоволство и чест.</s><s>17Во секоја област, во секој град, во секое место каде што пристигнуваше царскиот указ, радост и задоволство се ширеше меѓу Евреите, славје и веселба.</s><s>И многу луѓе од останатите народи станаа Евреи, затоа што ги беше фатил страв од Евреите.</s> <s>Глава 9</s> <s>Победа на Евреите.</s> <s>1На тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар, кога требаше царскиот указ и неговата наредба да бидат извршени, тогаш кога непријателите на Евреите се надеваа дека ќе ги надвијат, сега ова се сврте и Евреите дигнаа рака на оние што ги мразеа.</s><s>2Се собраа Евреите по градовите во сите области на царот Ксерксес за да тргнат против оние кои го бараа нивното уништување.</s><s>И ниту еден човек не можеше да им се спротивстави, зашто силен страв ги беше фатил сите народи од нив.</s><s>3Сите благородници во областите, сатрапите, управителите и оние што ги спроведуваа царските работи им помагаа на Евреите, зашто страв ги беше фатил од Мордахај, 4зашто истакнат беше Мордахај во царскиот дворец и угледот негов се прошири низ сите области, зашто човекот Мордахај стануваше сѐ посилен и посилен.</s><s>5И така Евреите ги поразија сите нивни непријатели, прободувајќи ги со меч, убивајќи ги и уништувајќи ги, а на оние што ги мразеа им направија сѐ што сакаа.</s><s>6Во престолнината Суса Евреите убија и уништија петстотини мажи.</s><s>7Исто и во Першандата, Делфон и Аспата, 8во Пората, Адалиа и Аридата, 9во Пармашта, Арисај, Аридај и Ваизата.</s><s>10Ги убија десетте синови на Хаман, синот на Хамедата и непријателот на Евреите, но на ограбено рака не ставија.</s><s>11Истиот ден се изнесе пред царот бројот на погубените во престолнината Суса, 12па царот ѝ рече на царицата Естер: „Во престолнината Суса Евреите убија и уништија петстотини мажи и десетмината синови на Хаман.</s><s>Што направија во останатите царски области?</s><s>Кажи сега што бараш и ќе ти биде дадено.</s><s>Кажи ја твојата молба и ќе ти биде исполнета.“ 13А Естер одговори: „Ако му е по волја на царот, нека им биде даден на Евреите кои се во Суса и утрешниот ден за да го исполнат указот, а десетмината синови на Хаман нека ги обесат на бесилките.“ 14И така царот нареди ова да се изврши, па беше издаден указ во Суса и десетмината синови на Хаман беа обесени.</s><s>15Се собраа сите Евреи кои беа во Суса на четиринаесеттиот ден од месецот адар и убија во Суса триста мажи, но на ограбено рака не ставија.</s><s>16А останатите Евреи кои беа во царските области се собраа за да се заштитат и да се ослободат од нивните непријатели, да ги убијат оние што ги мразат, седумдесет и пет илјади, но на ограбено рака не ставија.</s><s>17Бидна тоа на тринаесеттиот ден од месецот адар, а на четиринаесеттиот се одморија и го направија тој ден - ден за прослава и радост.</s> <s>Прославување на Пурим.</s> <s>18Но Евреите кои беа во Суса се собраа и на тринаесеттиот и на четиринаесеттиот ден, па се одморија на петнаесеттиот ден и него го направија ден за прослава и радост.</s><s>19Затоа Евреите селани, оние што живеат во неутврдени градови и селски области го слават четиринаесеттиот ден од месецот адар, се радуваат и се веселат и тој ден им е за правење добри дела и давање подароци на своите пријатели.</s><s>20Ги запиша овие настани Мордахај и испрати писма до сите Евреи кои се во сите области на царот Ксерксес, блиски и далечни, 21за да им наложи секоја година да го слават четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден од месецот адар.</s><s>22Зашто тие се деновите кога се ослободија Евреите од нивните непријатели, тоа е месецот кој се претвори од тага во радост, од жалост во славје.</s><s>Нека пазат на тие денови на веселба и радост, да даваат подароци во храна еден на друг и дарови за сиромашните!</s><s>23Се согласија Евреите и почнаа да слават, како што им беше напишал Мордахај, 24оти Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот и непријателот на сите Евреи спремаше завера против Евреите, за да ги уништи.</s><s>Фрли пур, а тоа значи жрепка, за сосема да ги уништи.</s><s>25Но кога таа завера стаса пред царот, тој написмено нареди сето зло што тој го спремаше против Евреите да му се врати на глава, да го обесат и него и неговите синови на бесилки.</s><s>26Затоа овие денови се нарекуваат Пурим, од зборот пур.</s><s>Затоа, заради сите зборови кои во ова писмо беа запишани, заради сѐ што видоа и што им се случи, 27го востановија Евреите и го прифатија, тие и нивните наследници и сите оние кои ќе им се приклучат.</s><s>И не треба да го пропуштаат, туку да пазат на него, да го слават секоја година на овие два дена, како што им беше пропишано и востановено за нив тоа време.</s><s>28А овие денови треба да се памтат и да се пазат во секое поколение, во секое семејство, во секоја област и во секој град.</s><s>Деновите на Пурим никогаш да не престанат меѓу Евреите, во нивното сеќавање, ниту да одумрат меѓу нивните наследници.</s><s>29Така напиша царицата Естер, ќерката на Авихаил и Евреинот Мордахај, со целата власт што ја имаше, за да се потврди ова второ писмо за Пурим.</s><s>30И испрати писма до сите Евреи во сто дваесет и седумте области на царството на Ксерксес, испрати зборови на добра волја и охрабрување, 31за да се востановат овие денови на Пурим, како што им беше одредено времето, токму онака како што пропиша за нив Евреинот Мордахај и царицата Естер, и токму онака како што си беа востановиле за себе и за своите наследници времиња за постење и жалост.</s><s>32Указот на Естер ги потврдува правилата за Пурим и влегува во записот.</s> <s>Глава 10</s> <s>Големината на Мордахај.</s> <s>1И наложи царот Ксерксес данок за целото свое царство, сѐ до морските брегови.</s><s>2А сите дела на сила и моќ, заедно со големината на Мордахај, кого царот го воздигна, зарем не се запишани во книгата на летописите на царевите од Медија и Персија?</s><s>3Ете, Евреинот Мордахај стана втор до царот Ксерксес и возвеличен меѓу Евреите, ценет од многумината свои пријатели, оној што работи за доброто на својот народ и зборува во корист на сите свои роднини.</s> <s>Забелешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7177
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80%20%D0%97%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%82%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Стар Завет (вики-превод)
<s></s> <s>Текст</s> <s>Прва книга Мојсеева (вики-превод) Втора книга Мојсеева (вики-превод) Трета книга Мојсеева (вики-превод) Четврта книга Мојсеева (вики-превод) Петта книга Мојсеева (вики-превод) Јошуа (вики-превод) Судии (вики-превод) Рут (вики-превод) Прва книга Самоилова (вики-превод) Втора книга Самоилова (вики-превод) Прва книга за царевите (вики-превод) Втора книга за царевите (вики-превод) Прва книга летописи (вики-превод) Втора книга летописи (вики-превод) Езра (вики-превод) Нехемија (вики-превод) Естер (вики-превод) Јов (вики-превод) Псалми (вики-превод) Изреки (вики-превод) Проповедник (вики-превод) Песна над песните (вики-превод) Исаија (вики-превод) Еремија (вики-превод) Плачот на Еремија (вики-превод) Езекиел (вики-превод) Даниел (вики-превод) Хошеа (вики-превод) Јоел (вики-превод) Амос (вики-превод) Овадија (вики-превод) Јона (вики-превод) Миха (вики-превод) Наум (вики-превод) Хавакук (вики-превод) Сефанија (вики-превод) Хагај (вики-превод) Захарија (вики-превод) Малахија (вики-превод)</s> <s>Поврзано Стар Завет (вики-превод) Нов Завет (вики-превод) Библија (вики-превод)</s>
7179
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%85%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Малахија (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1 1Пророштво, збор од ГОСПОД за Израел, пренесено преку Малахија: 2<Ве сакав,“ - вели ГОСПОД - „а вие прашувате: >Како си нѐ сакал?' Зарем не му беше Есав брат на Јаков?“ - вели ГОСПОД - „Сепак, Јас Јаков го засакав, 3а Есав го замразив и ги претворив планините негови во пустелија, а наследството негово им го препуштив на пустинските шакали.</s><s>4Ете, Едом може ќе рече: >Уништени бевме, но ќе се вратиме и повторно ќе ги изградиме овие урнатини.'“ Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Тие можеби ќе градат, но Јас ќе уривам!</s><s>И ќе ги наречат: >Земја на злото', луѓе против кои вечно ќе биде гневот ГОСПОДОВ.“ 5Ќе видат очите ваши и ќе речете: „Голем е ГОСПОД, дури и зад границите на Израел.“</s> <s>Срамни жртви</s> <s>6<Синот го почитува својот татко, и слугата - господарот свој.</s><s>Но, ако сум Јас ваш татко, каде е почитта кон Мене?</s><s>Ако сум Јас Господар, каде е стравопочитта кон Мене?“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>„Вие свештеници, го презирате Моето име, а сепак прашувате: >Како сме го презреле Твоето име?' 7Принесувате нечиста храна на Мојот жртвеникот, а прашувате: >Како сме Те оскверниле?' - велејќи: >Трпезата ГОСПОДОВА е за презир.' 8Кога принесувате слепо животно за жртва, не е ли тоа погрешно?!</s><s>Кога жртвувате сакато животно или болно, не е ли тоа погрешно?!</s><s>Понуди му го тоа на својот управител!</s><s>Ќе биде ли тој задоволен од тебе и ќе те прифати ли?“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>9Помолете Му се сега на ГОСПОД за да се смилува над нас.</s><s>„Со тоа што ви е во рацете, ќе ве прифати ли?“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>10<Камо некој од вас да ги затвори вратите, па да не палите оган на Мојот жртвеник напразно!</s><s>Не сум задоволен од вас,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и жртва од ваша рака нема да прифатам!</s><s>11Ете, од изгрејсонце, па сѐ до залезот, големо ќе биде името Мое меѓу народите и на секое место темјан ќе се принесува на името Мое, и жртва чиста, оти големо ќе биде името Мое меѓу народите.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>12<Но вие го сквернавите велејќи: >Трпезата ГОСПОДОВА е осквернета.</s><s>И таа и храната врз неа се за презир.' 13Велите: >Колку тешко!', и шмркате гадливо.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>„Кога носите повредено и сакато и болно, и ги принесувате како жртва, треба ли да ја прифатам од ваша рака?“ - вели ГОСПОД.</s><s>14<Проклет да биде оној кој лаже, и има во стадото негово машко, кој дал завет, но на Господ Му жртвува нешто со недостаток, оти Јас сум Цар голем,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и страшно е името Мое меѓу народите.“</s> <s>Глава 2</s> <s>Предупредување за свештениците</s> <s>1<А сега свештеници, за вас е ова предупредување: 2Ако не послушате, ако не земете при срце да оддавате чест на Моето име,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „ќе пратам врз вас проклетство и ќе ги проколнам благословите ваши.</s><s>Да, ете веќе ги проколнав, оти не го зедовте тоа при срце.</s><s>3Заради вас ќе ги прекорам вашите наследници.</s><s>Ќе ви ги размачкам врз лицата мршите на вашите празнични жртви, и ќе бидете однесени заедно со нив.</s><s>4Ќе дознаете тогаш дека Јас ви го упатив ова предупредување за да продолжи заветот Мој со Леви.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>5<Заветот Мој со него беше за живот и мир.</s><s>Му го дадов за да ме почитува, и навистина ме почитуваше.</s><s>Пред Моето име во стравопочит стоеше.</s><s>6Во устата негова имаше вистинска поука, и лага не се најде на усните негови.</s><s>Во мир и праведност одеше со Мене и многумина одврати од грев.</s><s>7Усните на свештеникот треба да го чуваат знаењето.</s><s>Од устата негова луѓето поука треба да бараат, оти тој е гласник на ГОСПОД Семоќен.</s><s>8Но вие скршнавте од патот, направивте многумина да се сопнуваат од законот, го прекршивте заветот со Леви.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>9<Затоа ве направив презрени и понижени пред сите луѓе, затоа што не ги следевте Моите патишта, туку бевте пристрасни во применувањето на законот.“</s> <s>Јуда неверен</s> <s>10Немаме ли сите ние еден Татко?</s><s>Не нѐ создаде ли сите нас еден Бог?</s><s>Зошто сме тогаш неверни еден кон друг, сквернавејќи го така заветот на нашите татковци?</s><s>11Јуда ја погази верата и одвратно нешто направи во Израел и во Ерусалим.</s><s>Со тоа што се ожени со ќерка на туѓински бог, Јуда го оскверни омиленото светилиштето на ГОСПОД.</s><s>12Нека го искорени ГОСПОД оној кој вака прави!</s><s>Нека го извлече од шаторите на Јаков и нека одговара, и покрај тоа што Му принесува жртва на ГОСПОД Семоќен.</s><s>13А и ова го правите: го поплавувате жртвеникот ГОСПОДОВ со солзи, плачејќи и липајќи, оти не им обрнува веќе внимание на жртвите и не ги прифаќа со задоволство од раката ваша.</s><s>14Прашувате: >Зошто?'.</s><s>Затоа што ГОСПОД беше сведок меѓу тебе и жената на твојата младост.</s><s>Затоа што ја изневери, иако таа е придружничка твоја и жена со која си склопил завет.</s><s>15Нели едно Бог ги направи и дух им вдахна.</s><s>А зошто едно?</s><s>Барајќи побожно потомство.</s><s>Така вие чувајте се во духот свој, и жената на својата младост не изневерувајте ја.</s><s>16<Јас го мразам разводот,“ - вели ГОСПОД, Бог на Израел - „и го мразам оној кој со насилство се прекрива како со наметка.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>„Затоа чувајте се во духот свој и не изневерувајте.“</s> <s>Судниот ден</s> <s>17Му досадивте на ГОСПОД со зборовите ваши.</s><s>Прашувате: „Како сме му досадиле?“ Му досадивте велејќи: „Сите кои прават зло се добри во очите на ГОСПОД и со нив Тој е задоволен!“, или „Каде е Бог на правдата?“</s> <s>Глава 3 1<Гледајте, ви испраќам Мој гласник и тој ќе приготви пат пред Мене.</s><s>Тогаш ненадејно ќе дојде во Својот храм Господ, Оној Кого вие Го барате - Гласникот на заветот, Кого вие Го посакувате.</s><s>Гледајте ете доаѓа.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>2Но кој ќе може да го издржи денот на Неговото доаѓање?</s><s>Кој ќе остане исправен, кога Тој ќе се појави, оти Тој е како огнот на пречистителот, како сапунот на перачите?</s><s>3И ќе седне пречистителот, оној кој пречистува сребро, ќе ги пречисти синовите на Леви.</s><s>Ќе ги пречисти онака како што се пречистува златото и среброто.</s><s>Тогаш ќе му припаѓаат на ГОСПОД и ќе бидат луѓе кои принесуваат жртва во праведност, 4па ќе стане прифатлива за ГОСПОД жртвата на Јуда и на Ерусалим, исто како во изминатите денови и во поранешните години.</s><s>5<Така Јас ќе се приближам кон тебе за суд и ќе бидам сведок брз против бајачите и против оние што вршат прељуба, против оние кои се колнат лажно, против оние кои закинуваат плата од работник, вдовица и сирак, против оние кои се неправедни кон туѓинец и не се плашат од Мене.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s> <s>Ограбување на Бог</s> <s>6<Ете Јас, ГОСПОД, не се менувам.</s><s>Затоа вие, наследниците на Јаков, не сте уништени.</s><s>7Уште од деновите на вашите предци им свртевте грб на Моите наредби и не се држевте до нив.</s><s>Вратете се кај Мене и Јас ќе се вратам кај вас!“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>„Но вие прашувате: >Како да се вратиме?' 8Ќе успее ли човек да го ограби Бог?</s><s>Сепак, вие ме ограбувате!</s><s>Прашувате: >Како Те ограбуваме?' Од десетокот и од приносите!</s><s>9Под проклетство сте, проколнати, оти Мене Ме ограбувате - сите, целиот народ.</s><s>10Донесете го целиот десеток во ризницата, та да има храна во Мојот дом!</s><s>Ете испробајте Ме сега во ова!“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>„Нема ли да ги отворам ширум за вас браните на небесата и нема ли да излеам врз вас благослов, сѐ додека има место.</s><s>11Ќе ве заштитам од штетници и нема да ги уништуваат плодовите на вашата земја.</s><s>Вашите лозја по полето нема да го фрлаат својот плод пред време.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>12<Тогаш сите народи ќе ве наречат благословени, оти вие ќе бидете земја која сите ја посакуваат.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>13<Груби беа зборовите ваши против Мене,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „а дури уште прашувате: >Што сме кажале против Тебе?' 14Рековте: >Бескорисно е да му се служи на Бог.</s><s>Што корист имавме кога се држевме до Неговите заповеди и кога одевме во жалост пред ГОСПОД Семоќен.</s><s>15Сега ние горделивите ги нарекуваме благословени.</s><s>Оние кои прават зло сигурно напредуваат.</s><s>Дури и Бог Го предизвикуваат и пак се извлекуваат.'“ 16Тогаш си прозбореа еден со друг оние кои имаат страв од ГОСПОД.</s><s>И слушна ГОСПОД и чу, па беше напишан свитокот за потсетување, во присуство Негово, кој се однесува на оние кои имаат страв од ГОСПОД и оние кои му оддаваат чест на Неговото име.</s><s>17<Тие ќе бидат Мои,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „Мој внимателно чуван посед во денот што го подготвувам.</s><s>И ќе ги поштедам како што човек го поштедува својот син кој му служи.</s><s>18Тогаш повторно ќе ја видите разликата меѓу праведен и зол, меѓу оној кој Му служи на Бог и оној кој не Му служи.</s> <s>Глава 4</s> <s>Денот ГОСПОДОВ</s> <s>1Тој ден сигурно ќе дојде, угорен како фурна.</s><s>„Сите горделиви, сите што прават зло ќе бидат стрниште.</s><s>Ќе ги запали нив денот што доаѓа,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „та да не остане од нив ни корен ни гранка.“ 2А за вас, кои го почитувате Моето име, ќе изгрее сонце на праведност со оздравување во крилјата.</s><s>Па ќе излезете и ќе потскокнувате како телиња ослободени од обор.</s><s>3Тогаш ќе ги прегазите злите, ќе бидат како пепел под стапалата ваши, на денот кога Јас ќе ги направам овие нешта.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>4<Сетете се на законот на Мојот слуга Мојсеј, кој му го дадов на Хорев за целиот Израел - наредби и закони.</s><s>5Гледајте, ви го праќам пророкот Илија, пред да дојде големиот и страшен ден ГОСПОДОВ.</s><s>6И ќе го сврти Тој срцето на татковците кон децата и срцето на децата кон нивните татковци.</s><s>Ако не стане така, Јас ќе дојдам и ќе ја нападнам земјата со проклетство.“</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7182
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%97%D0%B0%D1%85%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Захарија (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Повик за враќање кон ГОСПОД.</s> <s>1Во осмиот месец од втората година на Дарие, дојде збор од ГОСПОД до пророкот Зехарија, син на Берекија, син на Иддо: 2<Лут беше ГОСПОД на вашите предци, лут, 3Затоа, кажи им: Вака вели ГОСПОД Семоќен: >Вретете се кај Мене,' - вели ГОСПОД Семоќен - >и Јас ќе се вратам кај вас!' - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>4Не бидете како вашите предци, на кои поранешните пророци им објавуваа велејќи: Вака вели ГОСПОД Семоќен: >Откажете се сега од вашите лоши патишта и вашите лоши навики!' >Но ниту слушаа, ниту Ми обрнуваа внимание.' - вели ГОСПОД.</s><s>5Вашите предци, каде се сега?</s><s>Пророците вечно ли живеат?</s><s>6Моите зборови и наредби што им ги заповедав на слугите Мои, пророците, не ги достасаа ли предците ваши?</s><s>Тогаш се покајаа и рекоа: >Токму како што одредил ГОСПОД Семоќен да прави со нас, според патиштата наши и навиките наши, така и ни направи.'“</s> <s>Човекот меѓу миртовите дрвја.</s> <s>7На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец, а тоа е месецот шеват, во втората година на Дарие, дојде збор од ГОСПОД, за пророкот Зехарија, син на Берекија, син на Иддо: 8Имав видение ноќеска: „И види човек јава на црвен коњ и стои меѓу миртовите дрвја, во клисурата, а зад него коњи црвени, сиви и бели.</s><s>9Јас прашав: >Што се овие, господине мој?' Ангелот што зборуваше со мене ми одговори: >Ќе ти покажам што се овие.' 10Тогаш човекот кој стоеше меѓу миртовите дрвја објасни и рече: >Овие ги испрати ГОСПОД, да шетаат по земјата.' 11Па го известија ангелот ГОСПОДОВ што стоеше меѓу миртовите дрвја и рекоа: >Ја прошетавме земјата и ете, целиот свет е во спокојство и мир.' 12Тогаш одговори ангелот ГОСПОДОВ и рече: >ГОСПОДИ Семоќен, до кога ќе немаш милост за Ерусалим и градовите на Јуда, на кои си им лут еве веќе седумдесет години?' 13Му проговори ГОСПОД на ангелот, оној што зборуваше со мене, со зборови љубезни, зборови утешни.</s><s>14Тогаш ангелот кој зборуваше со мене ми рече: Разгласи и кажи: Вака вели ГОСПОД Семоќен: >Многу сум љубоморен заради Ерусалим и заради Сион.</s><s>15Силно, силно сум им лут на народите, кои се сметаат за безбедни.</s><s>Јас бев малку лут, но тие додадоа на несреќата!' 16Затоа, вака вели ГОСПОД: >Ќе се вратам во Ерусалим со милост и домот Мој повторно ќе биде изграден во него,' - вели ГОСПОД Семоќен - >а околу Ерусалим ќе биде оптегнато мерно јаже.' 17Потоа разгласи го ова што го вели ГОСПОД Семоќен: >Моите градови повторно ќе се преполнат со напредок, и ќе го утеши ГОСПОД повторно Сион, ќе го одбере повторно Ерусалим.'“</s> <s>Четирите рогови и четирите занаетчии.</s> <s>18Тогаш ги кренав очите и видов: И види - четири рога.</s><s>19Го прашав ангелот што ми зборуваше: „Што се овие?“, а тој ми одговори: „Овие се роговите што ги парчосаа Јуда, Израел и Ерусалим.“ 20Тогаш ми покажа ГОСПОД четири занаетчии.</s><s>21И прашав: „Зошто доаѓаат овие, што ќе прават?“ Ми одговори: „Ова се роговите што го парчосаа Јуда, така што никој не може глава да крене.</s><s>Но занаетчиите дојдоа да ги уплашат, да ги скршат роговите на народите, на оние кои кренаа рог против земјата на Јуда, за да ја парчосаат.“</s> <s>Глава 2</s> <s>Човекот со мерно јаже.</s> <s>1Тогаш ги кренав очите, погледнав и види човек, а во неговата рака мерно јаже.</s><s>2Го прашав: „Каде одиш?“, а тој ми одговори: „Да го измерам Ерусалим, да видам колку е ширината и колку е должината негова.“ 3Тогаш ангелот што ми зборуваше си замина и друг ангел му дојде во пресрет.</s><s>4И му рече: „Трчај, кажи му на ова младо момче вака: >Град без ѕидини ќе биде Ерусалим, заради многуте луѓе и стока во него.</s><s>5И Јас, Јас ќе бидам ѕид од оган околу него.' - вели ГОСПОД - >Јас ќе бидам среде него за слава.'“ 6<Дојдете, дојдете, побегнете од земјата северна,“ - вели ГОСПОД - „оти кон четирите небесни ветрови ве распрснав!“ - вели ГОСПОД.</s><s>7<Дојди Сионе, побегни ти што живееше кај ќерката Вавилонска!“ 8Зашто вака вели ГОСПОД Семоќен: „Откако ми даде слава, Тој ме испрати против народите кои ве ограбуваа, затоа што оној кој ве допира, ја допира зеницата на Неговото око.</s><s>9Сигурно, гледајте, ја кревам раката моја против нив, за да станат плен за нивните робови.</s><s>Тогаш ќе знаете дека ГОСПОД Семоќен ме прати.“ 10<Викни и радувај се ќерко Сионова!</s><s>Оти гледај, Јас доаѓам и ќе пребивам среде тебе.“ - вели ГОСПОД.</s><s>11Во тој ден ќе Му се придружат многу народи на ГОСПОД, и ќе станат Мој народ, а Јас ќе живеам среде вас и ти ќе знаеш дека ГОСПОД Семоќен Ме испрати кај вас.</s><s>12И ќе ја наследи ГОСПОД Јуда, делот Негов во светата земја, и повторно ќе го одбере Ерусалим.</s><s>13Молчи сет човечки роде пред ГОСПОД, оти Тој стана од Своето свето живеалиште!</s> <s>Глава 3</s> <s>Чисти облеки за првосвештеникот.</s> <s>1Тогаш ми го покажа Јошуа, првосвештеникот, како стои пред еден ангел ГОСПОДОВ, и Сатаната, како стои од неговата десна страна, за да го обвинува.</s><s>2И Му рече ГОСПОД на Сатаната: „ГОСПОД те обвинува, Сатано!</s><s>Ете, ГОСПОД те обвинува, Оној што го избра Ерусалим.</s><s>Не е ли овој човек гламја истргната од оган?“ 3А Јошуа беше облечен во нечисти облеки, додека стоеше пред ангелот.</s><s>4Тогаш ангелот проговори и им рече на оние што стоеја пред него: „Соблечете ги нечистите облеки од него!“ Па му рече: „Гледај, го симнав од тебе твојот грев и ти облеков богати наметки.“ 5Тогаш реков: „Ставете чист турбан на неговата глава!“ Па го ставија чистиот турбан на неговата глава, и му облекоа облеки, додека ангелот ГОСПОДОВ стоеше до него.</s><s>6Тогаш ангелот ГОСПОДОВ му даде задолжение на Јошуа, да каже: 7Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Ако тргнеш по Моите патишта и ако ги запазуваш Моите закони, тогаш ќе управуваш со Мојот дом и ќе заповедаш во Моите дворови, и ќе ти дадам место меѓу овие што стојат овде.</s><s>8Слушај сега, првосвештенику Јошуа, ти и твоите приврзаници кои седат пред тебе, кои се луѓе на знаци.</s><s>Гледај, ти носам Мој Слуга, Гранка.</s><s>9Ете, гледај го овој камен што го поставив пред Јошуа, на еден камен - седум очи.</s><s>Гледај, Јас врежувам натпис на него,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и ќе го отстранам гревот на оваа земја во еден ден.</s><s>10Во тој ден,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „ќе го поканите секој соседот свој под својата лоза и под својата смоква.“</s> <s>Глава 4</s> <s>Златниот свеќник и двете маслинови дрвја.</s> <s>1Тогаш се врати ангелот кој зборуваше со мене и ме разбуди како човек што се буди од спиење.</s><s>2Ме праша: „Што гледаш?“ Јас одговорив: „Гледам... и ете свеќник, целиот од злато, со сад на врвот, седум ламби на него и седум цевчиња од врвот кон ламбите.</s><s>3Две маслинови дрвја покрај него, едно од десната страна на садот и едно од левата.“ 4Јас прашав и му реков на ангелот кој зборуваше со мене: „Што се овие, господине мој?“ 5Ангелот кој зборуваше со мене ми одговори и ми рече: „Не ли знаеш што се овие?“, а јас одговорив: „Не, господине мој!“ 6Тогаш тој ми одговори и ми рече да го кажам овој збор од ГОСПОД за Зерувавел: „Не преку моќ, ниту преку сила, туку преку Мојот Дух!“, вели ГОСПОД Саваот.</s><s>7Што си ти моќна планино?</s><s>Пред Зерувавел си како рамница!</s><s>Тогаш тој ќе го изнесе кровниот камен, со извици: „Благослов, благослов за неа!“ 8Тогаш дојде до мене збор од ГОСПОД: 9<Рацете на Зерувавел го поставија темелот на овој храм, рацете негови и ќе го довршат.</s><s>Тогаш ќе знаеш дека ГОСПОД Семоќен ме прати кај тебе.</s><s>10Кој го презира денот на малите нешта?</s><s>Ќе се зарадуваат кога ќе го видат тенкиот висок во рацете на Зерувавел.</s><s>Овие седум очи, се очите ГОСПОДОВИ, оние кои досегаат преку целата земја.“ 11Тогаш прашав и му реков: „Што се овие две маслинови дрвја, од десно на свеќникот и од лево?“ 12И пак прашав и му реков: „Што претставуваат двете маслинови гранки, од двете страни на златните цевки, кои го излеваат врз него златото?“ 13А тој ми одговори: „Не знаеш ли кои се овие?“ Реков: „Не, господине мој!“ 14Па рече: „Тие се двата сина Помазаника, оние кои му служат на Оној Кој е Господ на целиот свет.“</s> <s>Глава 5</s> <s>Свиток што лета.</s> <s>1Ги кренав повторно очите, погледнав и види - свиток како лета.</s><s>2Тој ме праша: „Што гледаш?“, а јас му одговорив: „Гледам свиток како лета.</s><s>Должината му е дваесет кубити, а ширината десет кубити.“ 3Па ми рече: „Ова е проклетството што се простира над целата земја, за секој што краде да биде истребен, како што пишува на едната страна, и секој што лажно се колне да биде истребен, како што пишува на другата страна.“ 4<Јас ќе го испратам.“ - вели ГОСПОД Семоќен - „Ќе влезе во домот на крадецот, и во домот на оној кој се колне лажно со Моето име и ќе остане внатре, во домот негов.</s><s>Ќе го уништи и него и гредите негови и камењата негови.“</s> <s>Жената во ефа.</s> <s>5Тогаш истапи напред ангелот кој ми зборуваше и ми рече: „Крени ги сега очите и гледај!</s><s>Што е она што се појавува?“ 6А Јас прашав: „Што е?“ Тој ми одговори: „Ова што се појавува е една ефа.“ - па додаде: „Таа покажува какви се луѓето по целата земја.“ 7Тогаш, види, оловната покривка се крена и една жена седи во ефата.</s><s>8Тој рече: „Ова е злото.“ и ја турна внатре во ефата.</s><s>Го заклопи и оловниот капак преку нејзината уста.</s><s>9Тогаш ги кренав очите и погледнав, и ете, две жени се појавуваат со ветер во нивните крилја.</s><s>А крилјата им беа како крилја на штрк.</s><s>Ја кренаа ефата меѓу земјата и небото.</s><s>10Го прашав ангелот кој ми зборуваше: „Каде ја носат ефата?“ 11Тој ми одговори: „Да изградат за неа дом во земјата Шинар.</s><s>Кога ќе биде готов, ќе биде поставена таму, на нејзиното место.“</s> <s>Глава 6</s> <s>Четирите коли.</s> <s>1Ги кренав повторно очите, погледнав, и види, четири коли како доаѓаат од меѓу две планини.</s><s>А планините, планини од бронза.</s><s>2На првата кола спрегнати коњи црвени, на втората кола - коњи црни, 3на третата кола - коњи бели, а на четвртата кола - коњи шарени, моќни.</s><s>4Прашав и му реков на ангелот кој зборуваше со мене: „Што се овие, господаре мој?“ 5Ми одговори ангелот и ми рече: „Тоа се четирите ветрови небесни, кои излегуваат од местото каде што беа пред Господ на целиот свет.</s><s>6Онаа таму, со коњи црни оди кон северната земја.</s><s>А белите одат кон запад, шарените одат кон јужната земја.</s><s>7Кога моќните излегоа, тргнаа да одат вдолж и попреку земјата.</s><s>И тој рече: >Одете, одете вдолж и попреку земјата!' па тие заминаа кон земјата.“ 8Тогаш ме повика и ми рече: „Гледај, оние што одат кон северната земја му дадоа мир на Мојот Дух во северната земја.“ 9И дојде збор од ГОСПОД за мене: 10<Земи од прогонетите: од Хелдај, од Товија и од Једаија, кои пристигнаа од Вавилон, и оди истиот тој ден во домот на Јосија, синот на Сефанија.</s><s>11Земи сребро и злато, направи круни, па стави ги на главата на Јошуа, синот на првосвештеникот Јехосадак.</s><s>12Потоа кажи му: вака вели ГОСПОД Семоќен: >Овде е човекот чие име е Гранка и од Неговото место Тој ќе се разграни и ќе го изгради храмот ГОСПОДОВ.</s><s>13Тој ќе го изгради храмот ГОСПОДОВ и ќе се облече во величественост.</s><s>Ќе седне и ќе владее на престолот Негов.</s><s>Ќе биде Свештеник на престолот Негов и склад ќе има меѓу Нив двајцата.' 14А круните ќе бидат за Хелем, Товија, Једаија и за Хен, син на Сефанија, како споменик во храмот ГОСПОДОВ.</s><s>15Од далеку ќе дојдат и ќе го градат храмот ГОСПОДОВ, па ќе знаете дека ГОСПОД Семоќен ме прати кај вас.</s><s>А ова ќе се случи ако навистина го послушате гласот на ГОСПОД, вашиот Бог.“</s> <s>Глава 7</s> <s>Правда и милост, а не постење.</s> <s>1А во четвртата година на царот Дарие, дојде збор од ГОСПОД за Зехарија, на четвртиот ден од деветтиот месец, од месецот кислев.</s><s>2Народот на Бетел ги испрати Шаезар и Регем Мелех, со нивните луѓе, да Му се поклонат на ГОСПОД, 3да ги прашаат свештениците и пророците во домот на ГОСПОД Семоќен: „Треба ли да бидам во жалост во петтиот месец, да постам, како што го правев тоа веќе толку многу години?“ 4Тогаш дојде збор од ГОСПОД Семоќен за мене: 5Прашај ги сите луѓе во земјата и свештениците: „Кога постевте и бевте во жалост во петтиот и седмиот месец, за овие седумдесет години, кога постевте, за Мене ли постевте?</s><s>6А кога јадевте и пиевте, не ли јадевте и пиевте за себе?“ 7Зарем не се ова зборовите што ГОСПОД ги објави преку поранешните пророци, додека Ерусалим беше мирен и напредуваше, заедно со неговите околни градови, додека Негев, заедно со подножјето на планините кон запад беше населен?</s><s>8Тогаш дојде збор од ГОСПОД за Зехарија: 9Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Вашето однесување нека биде навистина правично!</s><s>Милост и сочувство имајте еден кон друг!</s><s>10Вдовица, сирак, туѓинец или сиромашен не угнетувајте, зло еден за друг не мислете во срцата ваши!“ 11Но тие одбија на ова да пазат, се свртеа назад тврдоглаво и ушите си ги затнаа, за да не слушаат.</s><s>12Срцата свои ги направија кремен камен, за да не го слушаат законот - зборовите што ги испрати ГОСПОД Семоќен преку Неговиот Дух, преку поранешните пророци.</s><s>Така ГОСПОД Семоќен силно се налути.</s><s>13И така, како што кога Тој повикуваше, тие не слушаа, „Кога тие ќе повикаат, Јас нема да чујам!“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>14Ги распрснав со виор меѓу сите народи, каде што не ги знаеја, а земјата остана пуста зад нив.</s><s>Ниту некој заминува, ниту некој пристига.</s><s>Така направија пустина од оваа пријатна земја.</s> <s>Глава 8</s> <s>ГОСПОД ветува да го благослови Ерусалим.</s> <s>1И дојде збор од ГОСПОД Семоќен: 2Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Љубоморен сум, многу сум љубоморен за Сион.</s><s>Силно пламти во Мене љубомората за него.“ 3Вака вели ГОСПОД: „Ќе се вратам во Сион и ќе пребивам среде Ерусалим.</s><s>Ќе се нарече Ерусалим: >Град на вистината', и планината на ГОСПОД Семоќен: >Света планина'“.</s><s>4Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Пак ќе седат старци и старици по улиците на Ерусалим, секој со бастун во раката, заради неговата длабока старост.</s><s>5Улиците на градот ќе бидат исполнети со момчиња и девојчиња што ќе си играат по нив.“ 6Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Ете, сега ова можеби изгледа чудно во очите на остатокот од овој народ, но во Мои очи, ќе биде ли тоа чудно?“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>7Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Ете, Јас го избавувам народот Мој од земјата источна и од земјата на зајдисонцето.</s><s>8Ќе ги приберам, па ќе живеат среде Ерусалим, и ќе бидат Мој народ, а Јас, Јас ќе им бидам Бог, во верност и праведност.</s><s>9Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Нека бидат силни рацете ваши, вие кои сега ги слушате овие зборови од устата на пророците, кои бевте присутни кога беше поставен темелот на домот на ГОСПОД Семоќен, за да може храмот да се изгради!</s><s>10Ете, пред тоа, немаше плата ниту за човекот, ниту за ѕверот.</s><s>Ниту оној кој заминуваше, ниту оној кој пристигнуваше не беше безбеден од непријателот, оти Јас го свртев секој човек против својот сосед.</s><s>11Но сега веќе не е како во минатите денови.</s><s>Јас сум со остатокот од овој народ.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>12Ете, семето ќе напредува, лозјата ќе раѓаат, а земјата ќе дава плод и небесата ќе пуштаат роса.</s><s>Сево ова ќе го дадам како наследство на остатокот на овој народ.</s><s>13И, како што бевте проклетство меѓу народите, доме Јудин и доме Израелев, така Јас ќе ве спасам и ќе станете благослов.</s><s>Не плашете се!</s><s>Нека бидат силни рацете ваши!“ 14Ете, вака вели ГОСПОД Семоќен: „Како што Јас одредив да падне несреќа врз вас, кога Ме лутеа татковците ваши,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и не се сожалив, 15така сега одредив повторно да му правам добро на Ерусалим и на домот Јудин.</s><s>Не плашете се!“ 16Ова се нештата што морате да ги правите: „Зборувајте ја вистината еден на друг и правична пресуда донесувајте во судовите ваши!</s><s>17Никаква завера против соседот свој не ковајте во своето срце!</s><s>Немојте да го сакате лажното колнење!</s><s>Ете, сето ова Јас го мразам.“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>18И дојде збор од ГОСПОД Семоќен за мене: 19Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Постот во четвртиот и постот во петтиот и постот во седмиот и постот во десеттиот месец ќе станат за домот Јудин радост, задоволство и весели празници.</s><s>Затоа вистината и мирот сакајте ги!</s><s>“20Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Уште ќе доаѓаат народи и жители на многу градови.</s><s>21И ќе одат жителите на еден град кон друг, велејќи: >Ајде да одиме да се молиме пред ГОСПОД, да Го бараме ГОСПОД Семоќен.</s><s>Јас ете веќе одам!' 22Ќе доаѓаат многу луѓе и народи моќни да го бараат ГОСПОД Семоќен во Ерусалим и да се молат пред ГОСПОД.“ 23Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Во тие денови десет луѓе од сите јазици на народите, ќе го држат работ на наметката на еден Јудеец, велејќи: >Пушти нѐ да одиме со тебе, оти слушнавме дека Бог е со вас.'“</s> <s>Глава 9</s> <s>Пресуда за непријателите на Израел.</s> <s>1Пророштво, збор од ГОСПОД против земјата Хадрах, и против Дамаск, одмаралиштето негово, оти очите ГОСПОДОВИ се свртени како кон племињата Израелеви, така и кон целиот човечки род.</s><s>2А исто и против Хамат, кој граничи со него, Тир и Сидон, и покрај нивна голема вештина.</s><s>3И изгради Тир тврдина за себе, натрупа сребро како прашина и злато како кал од улиците.</s><s>4Гледај, ГОСПОД ќе му ги одземе сите богатства негови и ќе ја уништи на море силата негова, а тој од оган ќе биде проголтан.</s><s>5Ќе го види тоа Ашкелон и ќе се уплаши, Газа и Екрон ќе се превиваат во силна болка, оти ќе исчезне нивната надеж.</s><s>Ќе го снема царот од Газа, а Ашкелон ќе остане ненаселен.</s><s>6Туѓинци ќе завладеат во Ашдод, а Јас ќе ја сотрам гордоста на Пилистејците.</s><s>7Ќе ги отстранам крвиштата од устите нивни, и забранетите храни од меѓу забите нивни, а оние што ќе останат од нив ќе Му припаѓаат на нашиот Бог и ќе станат како Јевусејците - водачи во Јуда и Екрон.</s><s>8Но Јас ќе го бранам Мојот дом од силата грабежлива која надоаѓа и никогаш повторно нив нема да ги покори утнегувачот, оти сега Јас, со Свои очи чувам стража.</s><s>9Зарадувај се силно, ќерко Сионова, викни ќерко на Ерусалим!</s><s>Гледај, твојот Цар доаѓа кај тебе.</s><s>Праведен, спасоносен е Тој.</s><s>Кроток, јава на магаре, на прле дури, на младенче од магарињата.</s><s>10Ќе ги одземам колите од Ефраим и коњите од Ерусалим.</s><s>Ќе биде скршен лакот боен, а Тој ќе прогласи мир за народите.</s><s>Ќе владее Тој од море до море, од реката до краевите на земјата.</s><s>11А што се однесува до тебе, заради крвта на заветот со тебе, ќе ги ослободам заробениците твои од јама безводна.</s><s>12Вретете се во тврдината, заробеници на надежта!</s><s>Уште од денес објавувам дека двојно ќе ве обновам.</s><s>13Ете, ќе го оптегнам Јуда како лак, ќе го наполнам со Ефраим и ќе ги кренам синовите твои Сионе, против синовите твои Јаване, па ќе те направам како меч војнички!</s> <s>ГОСПОД ќе се појави.</s> <s>14Тогаш ГОСПОД ќе се појави над нив и ќе блесне како молња стрелата Негова.</s><s>ГОСПОД Бог ќе затруби, ќе зачекори во бурите јужни.</s><s>15ГОСПОД Семоќен ќе ги заштитува, и ќе уништат, ќе совладаат со камења од праќи, па ќе пијат, ќе рикаат како од вино опиени и ќе се наполнат како пехар, како аглите на жртвеникот.</s><s>16На тој ден ќе ги сочува нив ГОСПОД, нивниот Бог, како стадо од Неговиот народ, како скапоцени камења на круната кои блескаат во Неговата земја.</s><s>17Ете, колку е привлечно и убаво.</s><s>Житото ќе направи момчињата да процутат, а младото вино - девојките.</s> <s>Глава 10</s> <s>ГОСПОД ќе се грижи за Јуда.</s> <s>1Во пролет барајте од ГОСПОД дожд!</s><s>ГОСПОД создава буроносни облаци и врнежи од дожд дава за секое растение по полето.</s><s>2Ете, идолите кажуваат измама.</s><s>Лажните пророци гледаат лажни виденија и сонови лажни кажуваат, утеха празна даваат.</s><s>Затоа скитаат како овци, угнетени се, оти нема пастир.</s><s>3<Против пастирите пламти гневот Мој и против водачите и нив Јас ќе ги казнам.“ ГОСПОД Семоќен ќе се грижи за стадото Свое, за домот Јудин.</s><s>Ќе направи од нив горди коњи Негови во битка.</s><s>4Од него ќе произлезе аголен камен, од него шаторски кол, од него боен лак, од него ќе произлезат сите владетели.</s><s>5Ќе бидат моќни.</s><s>Ќе газат во битка како во улична кал.</s><s>Ќе се борат, зашто ГОСПОД е со нив и ќе ги соборат оние што јаваат коњи.</s><s>6Ќе го зајакнам домот Јудин и домот Јосифов, и ќе ги спасам, ќе ги обновам, зашто се сожалив над нив.</s><s>Ќе бидат исто како да не сум ги отфрлил, оти Јас, ГОСПОД, нивниот Бог ќе им одговорам.</s><s>7Ефраим ќе стане моќен, задоволен во срцето како од вино.</s><s>Ќе видат децата негови и ќе се радуваат.</s><s>Ќе се развесели срцето нивно во ГОСПОД.</s><s>8Ќе им дадам знак и ќе ги приберам.</s><s>Целосно ќе ги ослободам и ќе бидат многубројни, како што порано беа многубројни.</s><s>9Иако ги распрснав меѓу народите и сѐ уште се во далечните земји, ќе се сетат на Мене, ќе опстанат и ќе се вратат заедно со нивните деца.</s><s>10Ќе ги вратам назад од Египетската земја, ќе ги приберам од Асирија, во земјата Гилеад и Либан ќе ги доведам.</s><s>Ќе бидат толку што за нив ќе нема доволно место.</s><s>11Ќе поминат преку море од неволји.</s><s>Ќе се потчинат морските бранови и ќе се исушат сите длабочини на Нил.</s><s>Ќе биде срушена гордоста на Асирија, а жезолот на Египет ќе исчезне.</s><s>12Ќе им дадам сила во ГОСПОД и во името Негово ќе одат.“ - вели ГОСПОД.</s> <s>Глава 11 1Отвори ги Либане вратите, за да ги проголта оган кедрите твои!</s><s>2Плачете борови, зашто паднаа кедрите, уништени се гордите дрвја.</s><s>Плачете дабови Башански - падна гората густа!</s><s>3Плач се слуша од кај овчарите - уништени се богатствата нивни.</s><s>Рикаат лавовите - уништена е бујноста на Јордан.</s> <s>Два пастира.</s> <s>4Вака вели ГОСПОД, мојот Бог: „Вие пасете стока одредена за клање.</s><s>5Така оние што ја купуваат, ја колат неказнето, а оние што ја продаваат, велат: >Слава Му на ГОСПОД, се збогатив!' Оние што ги пасат, не ги штедат.“ 6<Нема да имам повеќе жал за народите на земјата.“ - вели ГОСПОД.</s><s>„И ете гледај, го предавам секого во раката на соседот негов и во раката на царот негов.</s><s>Тие ќе ја угнетуваат земјата, а Јас нема да ги избавам од нивните раце.“ 7Така Јас го пасев стадото одредено за клање, посебно потчинетите од стадото.</s><s>Си зедов два стапа, едниот го нареков Наклоност, а другиот го нареков Сојузи, и го пасев стадото.</s><s>8Отфрлив тројца пастири во еден месец.</s><s>Ми здосадија, а и тие ме замразија.</s><s>9И реков: „Нема да ве пасам повеќе!</s><s>Која овца умира, нека умре, која гине, нека гине, а тие што ќе останат, нека го јадат месото една на друга!</s><s>10Тогаш го зедов стапот Наклоност и го скршив за да го раскинам заветот што го склучив со сите народи.</s><s>11И беше раскинат на тој ден.</s><s>Така дознаа повредените од стадото, оние кои гледаа кон Мене, дека тоа е збор од ГОСПОД.</s><s>12Им реков: „Ако сметате дека е така најдобро, дајте Ми ја Мојата плата, ако не, задржете си ја!“ Така Ми дадоа плата триесет сребреници.</s><s>13Тогаш ми рече ГОСПОД: „Фрли му ја на грнчарот оваа добра цена, со која Ме проценија!“, па ги зедов триесетте сребреници и му ги фрлив на грнчарот во домот ГОСПОДОВ.</s><s>14Тогаш го скршив вториот стап, Сојузите, за да го скршам братството меѓу Јуда и Израел.</s><s>15Тогаш ми рече ГОСПОД: „Опреми се повторно како безумен пастир.</s><s>16Ете гледај, Јас ќе издигнам пастир над земјата!</s><s>За изгубената нема да се грижи, младите нема да ги бара, повредените нема да ги лекува, здравите нема да ги храни, туку ќе бира од која месо ќе јаде и папките ќе ѝ ги корне.</s><s>17Тешко му на несовесниот пастир, на оној кој го напушта стадото!</s><s>Меч за раката негова и за десното му око!</s><s>Раката да му се исуши, десното око да му ослепи!“</s> <s>Глава 12</s> <s>Уништување на непријателите на Ерусалим.</s> <s>1Пророштво, збор од ГОСПОД за Израел: Вака вели ГОСПОД, Оној Кој ги распна небесата и ги постави темелите на земјата, Оној Кој му даде облик на духот што е во човекот: 2<Гледајте, од Ерусалим ќе направам пехар опоен за сите околни народи.</s><s>Ќе постават опсада против Јуда и против Ерусалим.</s><s>3Кога ќе се соберат против него сите народи од земјата, ќе направам од Ерусалим карпа непоместива, за сите народи кои се обидуваат да го поместат, да се повредат.</s><s>4На тој ден,“ - вели ГОСПОД - „ќе го нападнам секој коњ со страв, а јавачот негов со лудило, и над домот Јудин Јас, со свои очи, ќе чувам стража, а сите коњи на народите ќе ги нападнам со слепило.</s><s>5Тогаш ќе си кажат водачите на Јуда во срцата свои: >Ние, жителите на Ерусалим сме силни поради тоа што ГОСПОД Семоќен е наш Бог.' 6На тој ден ќе направам од водачите на Јуда огниште во шумите, распламтен факел меѓу снопјето.</s><s>Ќе ги проголтаат надесно и налево сите околни народи, а Ерусалим ќе остане мирен и спокоен.</s><s>7ГОСПОД најпрво ќе ги спаси живеалиштата на Јуда, за да не биде поголема славата на домот Давидов и славата на жителите на Ерусалим од онаа на Јуда.</s><s>8На тој ден ГОСПОД ќе ги заштити жителите на Ерусалим, па ќе биде тогаш и слабиот како Давид, домот Давидов како Бог, како ангел ГОСПОДОВ пред нив.</s><s>9На тој ден ќе тргнам да ги уништам сите народи кои го напаѓаат Ерусалим.</s> <s>Оплакување на прободениот.</s> <s>10Ќе излеам врз домот Давидов и врз жителите на Ерусалим дух на милост и молитви, и ќе гледаат кон Мене, Оној што го прободеа.</s><s>Ќе плачат над Него како што се плаче над дете единец, и ќе жалат горко по Него, како што се жали по првороден син.</s><s>11На тој ден, голем ќе биде плачот во Ерусалим, како плачот во Хадад Риммон во рамницата Мегиддон.</s><s>12Ќе оплакува земјата, родовите секој посебно, родот на домот Давидов посебно и жените нивни посебно, родот на домот Натанов посебно и жените нивни посебно.</s><s>13Родот на домот Левиев посебно и жените нивни посебно, родот на Шимеј посебно и жените нивни посебно.</s><s>14Сите останати родови, секој род посебно, и жените негови посебно.</s> <s>Глава 13</s> <s>Очистување од грев.</s> <s>1На тој ден ќе биде отворен извор за домот Давидов и жителите на Ерусалим, за очистување од грев и нечистотија.</s><s>2<На тој ден“ - вели ГОСПОД Семоќен - „ќе ги истребам имињата на идолите од земјата и за нив повеќе ни спомен нема да остане.</s><s>Ќе ги отстранам од земјата и пророците и духот на нечистотијата.“ 3Тогаш, ако некој сѐ уште пророкува, ќе му кажат татко му и мајка му, оние кои го родиле: „Нема да живееше, оти лага кажа во името на ГОСПОД!“ И кога ќе пророкува, татко му и мајка му, оние кои го родиле, ќе го прободат.</s><s>4На тој ден ќе се засрамат сите пророци од виденијата нивни, кога пророкуваат, и нема да облечат наметка од коса за да лажат.</s><s>5Секој од нив ќе рече: „Не сум пророк.</s><s>Човек сум земјоделец.</s><s>Ете, уште од младост сум продаден.“ 6Па ако го праша некој: „Што ти се овие рани по рацете?“, ќе одговори: „Повреден бев во домот на моите пријатели.“</s> <s>Пастирот прободен, овците распрснати.</s> <s>7<Стани мечу против пастирот Мој, против човекот близок до Мене!“, - вели ГОСПОД Семоќен - „Прободи го пастирот и овците ќе се распрснат, а Јас ќе ја свртам раката Моја против малите!“ 8<Па во целата земја“ - вели ГОСПОД - „два дела ќе соборам и ќе изгинат, а третиот ќе биде оставен во неа.</s><s>9Ќе го ставам третиот дел во оган и ќе го прочистам, како што се прочистува среброто.</s><s>Ќе го проверам, како што се проверува златото.</s><s>Тој ќе го повика Моето име, а Јас ќе му одговорам и ќе речам: >Ова е Мојот народ.', а тие ќе речат: >ГОСПОД е мојот Бог.'“</s> <s>Глава 14</s> <s>ГОСПОД доаѓа и царува.</s> <s>1Гледај, денот ГОСПОДОВ доаѓа кога пленот твој ќе биде поделен среде тебе.</s><s>2Ќе ги соберам сите народи кон Ерусалим за борба и градот ќе биде заземен.</s><s>Куќите ќе бидат ограбени, а жените ќе бидат силувани.</s><s>Ќе отиде половината од градот во прогонство, но остатокот од луѓето нема да бидат одведени од градот.</s><s>3Тогаш ќе се појави ГОСПОД и ќе се бори против тие народи, како што се бори Тој во ден на битка.</s><s>4Ќе застанат стапалата Негови во тој ден на Маслиновата Гора, која е спроти Ерусалим од исток, и ќе се подели Маслиновата Гора на две, од исток кон запад.</s><s>Ќе се создаде долина многу голема.</s><s>Половината од планината ќе се помести на север, а другата половина на југ.</s><s>5Ќе бегате низ долината меѓу Моите планини, оти долината ќе се протега сѐ до Асел.</s><s>Ќе бегате како што бегавте пред земјотресот во деновите на Узија, царот на Јуда.</s><s>Тогаш ќе дојде ГОСПОД, мојот Бог и сите свети со Него.</s><s>6Во тој ден не ќе има повеќе светлина, студенило ниту слана.</s><s>7Ќе биде тоа ден единствен, ден познат на ГОСПОД, ни ден, ни ноќ, а приквечер ќе се појави светло.</s><s>8На тој ден ќе истекуваат живи води од Ерусалим, половината кон источното, а половината кон западното море, и во лето и во зима.</s><s>9ГОСПОД ќе биде цар над сета земја.</s><s>На тој ден ќе има само еден ГОСПОД, и името Негово ќе биде единствено.</s><s>10Сета земја, од Гева до Риммон - јужно од Ерусалим, ќе се претвори во рамница, а Ерусалим ќе се издигне и ќе опстане на своето место, од портата Бенјамин до местото на Првата порта и од Аголната порта до кулата на Ханенел, до царските преси за грозје.</s><s>11Ќе живеат во него, и уништување никогаш повеќе нема да има.</s><s>Ерусалим повторно ќе живее безбедно.</s><s>12А ова ќе биде болеста со која ќе ги нападне ГОСПОД сите народи кои се бореа против Ерусалим: „Ќе гние месото негово, уште додека стои на нозе и очите ќе му гнијат во очните дупки, јазикот ќе му гние во устата.“ 13На тој ден ќе ги обземе страв силен од ГОСПОД, и ќе се грабнат рака со рака, и ќе нападне рака на рака.</s><s>14А Јуда исто така ќе се бори во Ерусалим, и ќе биде собрано богатството на сите околни народи, злато и сребро и облеки во огромни количини.</s><s>15Слична ќе биде и болеста што ќе ги нападне коњите, мазгите, камилите, магарињата и сите животни кои се во логорите.</s><s>16Тогаш оние што ќе преживеат од народите кои напаѓаа против Ерусалим, ќе доаѓаат од година во година да му се поклонуваат на Царот ГОСПОД Семоќен и да го слават Празникот на Храмот.</s><s>17Оној народ од кој нема да дојдат во Ерусалим за да се поклонат на Царот ГОСПОД Семоќен, ќе остане без дожд.</s><s>18Ако народот на Египет не дојде да учествува, и за нив ќе нема дожд, туку ќе ги нападне болеста со која ГОСПОД ги нападна народите кои не доаѓаат да го слават Празникот на Храмот.</s><s>19Ова ќе биде казната за Египет и казната за сите народи кои нема да доаѓаат да го слават Празникот на Храмот.</s><s>20На тој ден ќе биде напишано на коњските прапорци: „На ГОСПОД посветен.“, а садовите за готвење во домот ГОСПОДОВ ќе бидат како свети пехари пред жртвеникот.</s><s>21Секое грне во Ерусалим и Јуда ќе биде посветено на ГОСПОД Семоќен.</s><s>Ќе доаѓаат сите кои ќе принесуваат жртви, ќе земаат од нив и ќе готват во нив.</s><s>Нема да има повеќе трговци во домот на ГОСПОД Семоќен на тој ден.</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7190
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D1%83%D0%BC%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Наум (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1 1Пророштво за Нинева, книга за видението на Наум од Елкоши.</s> <s>Гневот ГОСПОДОВ против Нинева</s> <s>2ГОСПОД е Бог љубоморен и се одмаздува.</s><s>Одмазда врши ГОСПОД, исполнет со гнев.</s><s>Одмазда врши ГОСПОД врз противниците Свои, гневот Негов се истура против непријателите Негови.</s><s>3ГОСПОД е спор на гнев и голем во Својата сила.</s><s>Не, нема да го остави виновникот неказнет.</s><s>ГОСПОД е во виорот и во бурата е патот Негов, а облаците се прав од Неговите стапки.</s><s>4Го прекорува морето и го исушува.</s><s>Ги исушува сите реки.</s><s>Овенати се Башан и Кармел, свена бујноста на Либан.</s><s>5Планините се тресат пред Него, ридовите се топат, земјата трепери пред лицето Негово.</s><s>Трепери светот и сѐ живо по него.</s><s>6Пред Неговата огорченост кој може да истрае?</s><s>Кој може да ја издржи пламената лутина Негова?</s><s>Гневот Негов се истура како оган и карпите се дробат пред Него.</s><s>7Добар е ГОСПОД.</s><s>Прибежиште е Тој во ден тегобен.</s><s>Се грижи за оние кои во Него веруваат.</s><s>8Но со потоп голем крај ќе стави на местото нејзино, непријателите Негови ќе ги прати во мрак.</s><s>9Што и да спремате против ГОСПОД, Тој крај ќе му стави!</s><s>Неволјата втор пат нема да дојде!</s><s>10Ете, оние кои меѓу трње се заплеткани и од вино се опиени, како суво стрниште до крај ќе бидат проголтани!</s><s>11Од „реф> Нинева.</ref>тебе излезе оној кој спремаше зло против ГОСПОД, кој советуваше злоба.</s><s>12Вака вели ГОСПОД: „Иако се здружени и толку многубројни, ќе бидат покосени и ќе изгинат.</s><s>Иако те натажив, нема да те натажувам веќе.</s><s>13А сега ќе го скршам јаремот нејзин што е врз тебе, прангите твои ќе ги скинам.“ 14Па заповеда ГОСПОД за тебе: „Ќе нема веќе кој да го наследи името твое во храмот на твоите богови.</s><s>Ќе ги уништам резбаните и леаните богови!</s><s>Гробот твој ќе го приготвам, оти си зла.“ 15Погледај, на планините се стапките на Оној Кој носи добри вести, Оној Кој прогласува мир.</s><s>Слави ги Јуда празниците твои, исполни го она за што си дал завет!</s><s>Ете, нема повторно да навлезе во тебе зол.</s><s>Сите тие ќе бидат уништени.</s> <s>Глава 2</s> <s>Падот на Нинева</s> <s>1Напаѓач напредува против тебе.</s><s>Чувај ја тврдината, наблјудувај го патот, препашај ги половините, подготви ја целата своја сила!</s><s>2Ете, ќе го обнови ГОСПОД раскошот на Јаков и на Израел, иако уништувачите ги поразија и лозјата нивни ги уништија.</s><s>3Штитовите на неговите борци се црвени.</s><s>Војниците се облечени во алово.</s><s>Блеска металот на колите на денот кога се подготвени.</s><s>Боровите копја заканувачки штрчат.</s><s>4Бојните коли татнат по улиците.</s><s>Јурат натаму наваму по плоштадите.</s><s>Личат на пламени факли.</s><s>Како молњи светкаат наоколу.</s><s>5Ги повикува одбраните одреди - тие потклекнуваат на нивниот пат.</s><s>Нагрнуваат на градскиот ѕид.</s><s>Поставен е штитот.</s><s>6Речните врати се ширум отворени, а +дворецот се руши.</s><s>7Наредбата падна и исселена е, одведени се жителите.</s><s>Робинките нејзини лелекаат како гулабици и се бијат во гради.</s><s>8Нинева е како локва со вода, а водите нејзини истекуваат.</s><s>„Застанете!</s><s>Застанете!“ Но никој не се свртува!</s><s>9Грабајте сребро, грабајте злато!</s><s>На залихата во ризницата крај ѝ нема, богатство од сите видови.</s><s>10Ограбена, опљачкана и соголена!</s><s>Срцето замира, потклекнуваат колената, треперат телата, бледнеат сите лица.</s><s>11Каде е дувлото лавовско?</s><s>Хранилиште беше за лавчињата!</s><s>Таму влегуваа и лавот и лавицата, таму лавчињата беа сосема безбедни.</s><s>12Лавот убиваше доволно за своите млади, давеше за лавиците свои.</s><s>Ги полнеше своите дувла со жртви и леглата со плен.</s><s>13<Гледај, Јас сум против тебе!“ - вели ГОСПОД Семоќен! - „Ќе ги изгорам, во дим ќе ги претворам колите твои!</s><s>Твоите млади лавови меч ќе ги проголта!</s><s>Ќе го збришам од земјата твојот плен и нема повеќе да се чуе гласот на твојот гласник!“</s> <s>Глава 3</s> <s>Тешко на Нинева</s> <s>1Тешко на градот крволочен!</s><s>Полн е со лага, со грабеж е полн, никогаш не е без жртва.</s><s>2Прасок на камшик и тропот на тркало.</s><s>Трчаат коњи, трескаат коли.</s><s>3Коњаниците напаѓаат!</s><s>Блесок на меч и сјај на копје.</s><s>Многу ранети, купишта мртви, на телата број им нема, се сопнуваат преку нивните трупови.</s><s>4Сето ова е заради сите страсти на блудницата, успешна во заведувањето, љубовница на маѓесници, поробителка на многу народи преку блудствувањата нејзини, поробителка на многу племиња преку магиите нејзини.</s><s>5<Ете, Јас сум против Тебе,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „и ќе ти ги кренам скутите твои преку лице, па ќе им ја покажам на народите голотијата твоја, и на царствата срамот твој.</s><s>6Ќе нафрлам врз тебе нечистотии, ќе те презрам и ќе направам од тебе ругло.</s><s>7Сите што ќе те видат, ќе бегаат од тебе и ќе велат: >Нинева е во урнатини.</s><s>Кој ќе жали за неа!?' Каде да ти најдам утешители?“ 8Подобра ли си ти од Но Амон, кој беше поставен меѓу водите нилски, околу кого реката беше одбрана, водите - ѕид негов.</s><s>9Куш и Египет беа силата негова безгранична, Пут и Либија беа меѓу сојузниците негови.</s><s>10Па сепак отиде во заробеништво и во прогонство.</s><s>Децата негови лежеа искасапени по крстопатите, за благородниците негови жрепка фрлаа и сите големци негови беа оковани во ланци.</s><s>11Така и ти ќе се опиеш, ќе се криеш, ќе бараш засолниште од непријателот.</s><s>12Сите тврдини твои се како смоквини дрвја со првите зрели плодови.</s><s>Кога ќе ги затресат - паѓаат во устата на оној што сака да ги јаде.</s><s>13Погледни ги војниците твои - жени среде тебе!</s><s>Ширум отворени се портите на твојата земја за непријателите твои.</s><s>Оган ги проголта лостовите твои.</s><s>14Нацрпи вода за опсада!</s><s>Зајакни си ги тврдините!</s><s>Меси глина, прави тули, поправи ја фурната за тули!</s><s>15Таму оган ќе те проглта, меч ќе те сосече, ќе те изеде како скакулец.</s><s>Намножи се како скакулците, наплоди се како скачките!</s><s>16Се зголеми бројот на трговците твои повеќе од ѕвездите на небото.</s><s>Како скакулци - соголуваат и одлетуваат.</s><s>17Стражарите твои се како скакулците - службениците твои како рој од скакулци.</s><s>Се населуваат во ѕидините во ден студен.</s><s>Штом сонцето се појави тие одлетуваат и не се познава каде било местото нивно.</s><s>18Дремат пастирите твои царе Асирски, одмараат благородниците твои.</s><s>Народот твој е распрснат по планините и нема кој да ги собере.</s><s>19Нема лек за раната твоја, смртоносна е твојата повреда.</s><s>Сите што ќе чујат вести за тебе, плескаат раце, оти до кого сѐ не допре твојата бескрајна суровост.</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7221
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%BD%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Јона (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1 1Ваква порака дојде ГОСПОД за Јона, син на Амиттај: 2<Стани, оди во Нинева, град многу голем и проповедај против неа, оти порасна злото нејзино пред Мене.“ 3Но Јона стана да бега од ГОСПОД и се упати кон Тарсис.</s><s>Слезе до Јафа и најде брод кој се упатуваше кон Тарсис, па плати возарина и се качи да плови со него за Тарсис, бегајќи од ГОСПОД.</s><s>4Тогаш ГОСПОД испрати силен ветер по морето и дигна голема бура, па постоеше опасност бродот да се скрши.</s><s>5Се исплашија морнарите и повика секој кон своите богови.</s><s>Ги исфрлија в море товарите што беа во бродот за да го олеснат.</s><s>Но Јона се симна на дното од бродот, легна и цврсто заспа.</s><s>6Отиде кај него заповедникот на морнарите и му рече: <Како можеш да спиеш?</s><s>Стани, викај кон твојот Бог!</s><s>Можеби ќе нѐ забележи, па нема да изгинеме.“ 7Тогаш си рекоа еден на друг: <Дојдете да фрламе жрепка и да откриеме заради кого оваа тешка несреќа падна врз нас!“ Фрлија жрепка и падна жрепката на Јона.</s><s>8Тогаш го прашаа: <Кажи ни сега ти, заради кого оваа несреќа падна на нас, со што се бавиш, од каде доаѓаш, од која земја си и од кој народ?“ 9А тој им одговори: <Јас сум Евреин и Му се поклонувам на ГОСПОД, Бог на небесата, Кој ги создаде морето и копното.“ 10Се уплашија луѓето, силен страв ги фати, па го прашаа: <Што си сторил?“ Знаеја дека бега од ГОСПОД, оти тој им беше кажал.</s><s>11Потоа го прашаа: <Што да правиме со тебе за морето да се смири?“, затоа што морето продолжуваше да беснее.</s><s>12А тој им одговори: <Земете ме и фрлете ме в море и тоа ќе се смири.</s><s>Знам јас дека заради мене оваа голема бура се крена на вас.“ 13Наместо тоа луѓето почнаа да веслаат, за да се вратат на копно, но не можеа, затоа што морето продолжуваше да беснееше против нив.</s><s>14Тогаш повикаа кон ГОСПОД и рекоа: <О, ГОСПОДИ!</s><s>Те молиме, не оставај нѐ да умреме заради животот на овој човек и не сметај нѐ за виновни за смртта негова, оти Ти ГОСПОДИ, како што сакаше, така и направи.“ 15Тогаш го зедоа Јона, го фрлија в море и тоа се смири, престана да беснее.</s><s>16Се уплашија луѓето, силен страв ги фати од ГОСПОД, Му принесоа жртва на ГОСПОД и Му дадоа завети.</s> <s>Глава 2</s> <s>Молитвата на Јона.</s> <s>1Но доведе ГОСПОД голема риба за да го проголта Јона и тој помина во неа три дена и три ноќи.</s><s>2Му се помоли Јона на ГОСПОД, својот Бог, од внатрешноста на рибата 3и рече: <Во мојата мака повикав кон ГОСПОД и Тој ми одговори.</s><s>Од длабочината на гробот повикав за помош и Ти го слушна мојот глас.</s><s>4Ме фрли во бездната, во срцето на морињата.</s><s>Морските струи во вртлог се свија околу мене.</s><s>Сите силни бранови и далгите Твои над мене се заклопија.</s><s>5Си велев, протеран сум од пред очите Твои, а сепак јас сѐ уште ќе гледам кон Твојот свет храм.</s><s>6Ме прекрија водите до грлото, бездната ме опколи, се обмотаа морски треви околу главата моја.</s><s>7До корените на планините потонав.</s><s>Земјата засекогаш ги затвори решетките свои над мене.</s><s>Но Ти ме избави од јамата жив, О ГОСПОДИ, Боже мој.</s><s>8Кога животот мој гаснеше во мене, на ГОСПОД се сетив и се крена молитвата моја кон Тебе, кон Твојот свет храм.</s><s>9Оние кои се крепат на безвредни идоли ја отстрануваат од себе милоста.</s><s>10Но јас, со песна благодарствена ќе Ти принесам жртва, она за што сум Ти дал завет, целосно ќе го исполнам.</s><s>Спасението доаѓа од ГОСПОД.“ 11Па ѝ заповеда ГОСПОД на рибата и таа го поврати Јона на копно.</s> <s>Глава 3</s> <s>Јона заминува за Нинева.</s> <s>1Тогаш по вторпат дојде збор од ГОСПОД за Јона: 2<Стани, оди за Нинева, град многу голем, и разгласи ја пораката што ти ја давам!“ 3Стана Јона и отиде за Нинева, како што му рече ГОСПОД.</s><s>А Нинева беше град важен за Бог.</s><s>За да се преоди потребни беа три дена одење.</s><s>4Влезе Јона во градот на еден ден одење, па проповедаше и зборуваше: <Уште четириесет дена и Нинева ќе падне!“ 5Поверуваа Ниневјаните во Бог и прогласија пост.</s><s>Облекоа вреќишта од најголемиот до најмалиот.</s><s>6Кога вестите стигнаа до царот на Нинева, стана тој од својот престол, ја соблече царската наметка, се покри со вреќиште и седна во пепелта.</s><s>7Тогаш издаде проглас во Нинева: <Со указ на царот и неговите благородници: >Ниту на луѓето, ниту на ѕверовите, ниту на стадата стока да не им се дозволи да вкусат било што, да не им се дозволи да јадат ниту да пијат вода!</s><s>8Туку со вреќишта да се покријат и луѓето и ѕверовите, и веднаш да повикаат кон Бог!</s><s>Нека се откаже секој од неговиот лош пат и од насилството кое му е во рацете!</s><s>9Кој знае, може ќе попушти, ќе се сожали Бог и ќе се откаже од Неговиот огнен гнев, па нема да изгинеме?'“ 10Кога ги виде Бог нивните дела, како секој се откажаа од својот лош пат, се сожали Бог во врска со уништувањето со кое им се беше заканил и не го изврши.</s> <s>Глава 4</s> <s>Јона се лути затоа што ГОСПОД се смилува над Нинева.</s> <s>1На Јона му стана многу криво и силно се налути.</s><s>2Му се помоли на ГОСПОД и рече: <О ГОСПОДИ, нели испадна така како што кажував уште кога бев дома!</s><s>Затоа и брзав да побегнам за Тарсис.</s><s>Знаев дека си Ти Бог добар и милостив, спор на гнев и преполн со љубов, Кој се откажува од испраќање несреќи.</s><s>3Сега ГОСПОДИ, земи ми го животот, оти помила ми е смртта од животот.“ 4Но ГОСПОД одговори: <Имаш ли право да се лутиш?“ 5Излезе Јона од градот и седна источно од него.</s><s>Си направи колиба и седна под неа во сенка, за да види што ќе се случи со градот.</s><s>6Тогаш ГОСПОД Бог направи да порасне лоза над Јона и да ѝ прави сенка на неговата глава, за да му ја олесни неудобноста, а Јона многу се зарадува поради лозата.</s><s>7Но идниот ден в зори, направи Бог црв да ја прегризе лозата и таа овена.</s><s>8Кога изгреа сонцето, направи Бог да дувне врел источен ветер и сонцето го опече Јона по главата.</s><s>Тој малакса и посака да умре па рече: <Подобро да умрам отколу да живеам!“ 9Но Бог му рече на Јона: <Право ли е да се лутиш заради лозата?“, а тој рече: <Право е, лут сум до смрт!“ 10Но ГОСПОД рече: <Ти зажали за лозата, иако ниту си ја негувал, ниту си направил да порасне.</s><s>Преку ноќ израсна, преку ноќ и умре.</s><s>11А Јас, зарем не треба да се грижам за Нинева, град многу голем, во кого има повеќе од сто и дваесет илјади луѓе кои не разликуваат десна рака од лева, и многу стока?“</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7225
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%BC%D0%BE%D1%81%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Амос (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1 1Зборови на Амос, еден од пастирите на Текоа, она што тој го виде во врска со Израел во деновите на Уззија, царот на Јуда и во деновите на Јеровоам, синот на Јоаш, царот на Израел, две години пред земјотресот.2И рече: „ГОСПОД од Сион рика и од Ерусалим грми!</s><s>Се исушија пасиштата на пастирите, овена врвот на Кармел.“</s> <s>Суд за соседите на Израел.</s> <s>3Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Дамаск, и за четирите, нема да го одвратам од него (Мојот гнев), оти со железни чекани го вршеше Гилеад.</s><s>4Оган ќе пуштам врз домот на Хазаел, што ќе ги проголта тврдините на Бен Хадад.</s><s>5Ќе ги скршам портите на Дамаск, ќе го уништам оној кој живее во долината Авен, кој држи жезол во Бет Еден.</s><s>Во прогонство кај Кир ќе замине народот на Арам.“, вели ГОСПОД.</s><s>6Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Газа, и за четирите, нема да го одвратам од неа (Мојот гнев), оти заробеници* прибираше, цели села продаваше на Едом.</s><s>7Оган ќе пуштам врз ѕидините на Газа што ќе ги проголта тврдините нејзини.</s><s>8Ќе го уништам оној кој живее во Ашдод и кој држи жезол во Ашкелон.</s><s>Ќе ја свртам раката Моја против Екрон сѐ додека и последниот Пилистеец не умре!“, вели Господ Јахве.</s><s>9Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Тир, и за четирите, нема да го одвратам од него (Мојот гнев), оти цели села продаваа на Едом и не го почитуваа братскиот сојуз.</s><s>10Оган ќе пуштам врз ѕидините на Тир што ќе ги проголта тврдините негови.“ 11Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на „реф> Едом, народ настанат од Есав (1 Мој 36, 25:23-30, 27:39-40) Есав значи влакнест, а бил наречен Едом, што значи црвен.</ref>Едом, и за четирите, нема да го одвратам од него (Мојот гнев), оти својот брат со меч го гонеше, +жал не му падна, гневот негов се разгоре, ја остави лутината своја незауздана.</s><s>12Затоа оган ќе пуштам врз Теман кој ќе ги проголта тврдините на Басра.“ 13Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на синовите Амонови, и за четирите, нема да го одвратам од нив (Мојот гнев), оти бремени жени распараа во Гилеад за да си ги прошират границите.</s><s>14Затоа ќе ги запалам со оган ѕидовите на Рабба кој ќе ги проголта тврдините нејзини, со боен вик во ден на битка, со силен ветер во ден на бура.</s><s>15И ќе отиде царот негов во прогонство, тој заедно со сите негови службеници.“ - вели ГОСПОД.</s> <s>Глава 2 1Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Моав, и за четирите, нема да го одвратам од него (Мојот гнев), оти коските на Едомскиот цар ги гореше, сѐ додека не станаа варовник.</s><s>2Затоа оган ќе пуштам врз Моав што ќе ги проголта тврдините на Керијот.</s><s>Ќе падне Моав во голем метеж, со боен вик и со трубен звук.</s><s>3Ќе го уништам оној што владее среде него, ќе ги убијам сите негови службеници со него.“ - вели ГОСПОД.</s><s>4Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Јуда, и за четирите, нема да го одвратам од неа (Мојот гнев), оти го отфрлија законот ГОСПОДОВ, и не се држеа до неговите наредби.</s><s>Заскитаа по лажните (богови), оние кои ги следеа нивните предци.</s><s>5Затоа оган ќе пуштам врз Јуда што ќе ги проголта тврдините на Ерусалим.</s> <s>Суд за Израел.</s> <s>6Вака вели ГОСПОД: „За трите грева на Израел, и за четирите, нема да го одвратам од него (Мојот гнев), оти продаваат праведен за сребро, сиромашен за еден рало сандали.</s><s>7Газат врз главите на бедните како по земна прашина, правдата на потчинетите не им ја признаваат.</s><s>Син и татко кај иста девојка одат и така го сквернават Моето свето име.</s><s>8Врз наметките земени во залог лежат покрај секој жртвеник, во домот на својот Бог пијат вино земено како глоба.</s><s>9Ете, ги уништив пред нив Аморејците, иако беа високи како кедри и силни како дабови.</s><s>Ги уништив и нивните плодови горе и нивните корени долу.</s><s>10Јас те избавив од земјата Египетска, Јас те водев низ пустината четириесет години, за да ја поседуваш земјата на Аморејците.</s><s>11Јас од твоите синови подигнав пророци и од момчињата твои назарејци, зарем не беше така народе Израелев?“ - вели ГОСПОД.</s><s>12Но вие ги опивавте со вино назарејците, на пророците им наредивте да не пророкуваат.</s><s>13Ете гледајте, Јас ќе ве скршам како што се крши кола натоварена со жито.</s><s>14Брзиот нема да побегне, силниот нема да собере сила, војникот нема живот да спаси.</s><s>15Стрелецот нема на нога да остане, брзоногиот нема да побегне, јавачот нема живот да спаси.</s><s>16Дури и оние војници со најхрабри срца, тој ден голи ќе бегаат!“ - вели ГОСПОД.</s> <s>Глава 3</s> <s>Повикување на сведоци против Израел.</s> <s>1Слушни го овој збор што го кажа ГОСПОД против тебе народе Израелев, против целото семејство што го избавив од земјата Египетска: 2<Токму тебе те одбрав од сите семејства на земјата, па затоа и ќе те казнам за сите твои гревови.“ 3Одат ли двајца заедно ако не се сложни?</s><s>4Рика ли лав во грмушките ако нема плен, 'ржи ли тој во дувлото ако не уловил ништо?</s><s>5Се фаќа ли птица во стапица, ако нема примка?</s><s>Се стега ли примката, ако нема што во неа да се фати?</s><s>6Ќе се огласи ли труба во градот, а луѓето да не затреперат?</s><s>Ќе падне ли несреќа на градот која не е од ГОСПОД?</s><s>7Ништо не прави Господ Јахве, без да им ги открие Своите намери на Неговите слуги, пророците.</s><s>8Рикна лавот - кој нема да се уплаши?</s><s>Проговори Господ Јахве - кој нема да пророкува?</s><s>9Објави им на тврдините Ашдотски и на тврдините во земјата Египетска: „Соберете се на планините Самариски и гледајте - немири големи во неа и угнетување среде неа!“ 10<Ете, не умеат правично да постапуваат,“ - вели ГОСПОД - „натрупувајќи грабеж и плен во тврдините нивни.“ 11Затоа, вака вели Господ Јахве: „Непријател ќе ја заземе земјата, ќе ги сруши вашите ѕидини и ќе ви ги ограби тврдините.“ 12Вака вели ГОСПОД: „Колку што пастир од устата на лавот спасува две потколеници или парче од уво, толку ќе бидат спасени Израелците, оние кои седат во Самарија на работ на креветот и во Дамаск на леглата свои!“ 13<Слушни и сведочи против домот на Јаков!“ - вели Господ Јахве, Семоќниот Бог!</s><s>14<Ете, на денот кога Јас ќе го казнам Израел за неговите гревови, ќе ги уништам жртвениците во Бет Ел, ќе бидат откршени роговите на жртвеникот и ќе паднат на земја.</s><s>15Ќе ги срушам и зимскиот дом и летниот дом!</s><s>Ќе бидат уништени куќите од слонова коска.</s><s>Разурнати ќе бидат големите куќи.“ - вели ГОСПОД.</s> <s>Глава 4</s> <s>Израел не се врати кај Бог.</s> <s>1Слушнете го овој збор крави Башански, вие кои сте на гората Самариска, вие жени кои ги угнетувате сиромашните и душа им вадите на бедните, вие жени кои им велите на вашите мажи: „Донесете ни за да има што да пиеме!“ 2Се заколна Господ Јахве во Својата светост: „Незадрживо ете идат на вас денови, кога со куки ќе ве одведе, со јадици до последната!</s><s>3Низ пукнатините на ѕидовите ќе излезете и ќе бидете фрлени во правецот на Хармон.“ - вели ГОСПОД.</s><s>4Оди во Бет Ел и греши!</s><s>Оди во Гилгал и греши уште повеќе!</s><s>Донеси ги утринските жртви, носи ги десетоците секој трет ден!</s><s>5Квасен леб запали како принос за благодарност!</s><s>Фали се наоколу за доброволниот принос што си го дал и гордеј се!</s><s>Тоа е она што вие Израелците го сакате.“ - вели ГОСПОД Седржителот.</s><s>6<Јас, Јас направив гладни да бидете во секој од вашите градови и недостаток на леб да има во секое село, а вие сепак не се вративте кај Мене.“ - вели ГОСПОД.</s><s>7<Јас, Јас ве оставив без дожд на три месеци пред жетва.</s><s>Пуштив дожд на еден град, а на друг не пуштив.</s><s>На едно поле заврна, а полето на кое не заврна се исуши.</s><s>8Талкавте од два три града кон еден град, за да се напиете вода, но вода доволно немаше!</s><s>И вие сепак не се вративте кај Мене.“ - вели ГОСПОД.</s><s>9<Многу пати ги нападнав градините ваши со лисни вошки и пепелница.</s><s>Лозјата, смоквите и маслините скакулец ги изеде, а вие сепак не се вративте кај Мене.“ - вели ГОСПОД.</s><s>10<Пуштив меѓу вас чума, како што пуштив во Египет.</s><s>Со меч ги убив момчињата, заедно со вашите заробени коњи.</s><s>Со смрдеата од вашите табори ви ги исполнив ноздрите и сепак не се вративте кај Мене.“ - вели ГОСПОД 11<Ве соборив како што Бог ги собори Содом и Гомора.</s><s>Бевте како нагорена гламја истргната од оган, и сепак не се вративте кај Мене.“ - вели ГОСПОД.</s><s>12Затоа вака ќе ти правам Израеле!</s><s>А затоа што вака ќе ти правам, приготви се да се сретнеш со својот Бог Израеле!</s><s>13О, гледајте, Оној Кој им даде облик на планините, Кој го создаде ветрот, Оној Кој му ги открива на човекот Своите мисли, Кој мракот го претвора во зора, Оној Кој гази по висовите на земјата, ГОСПОД, Бог Семоќен е Неговото име.</s> <s>Глава 5</s> <s>Жалопојка и повик за покајување.</s> <s>1Слушнете го овој збор, оваа жалопојка што ја кажувам за тебе, доме Израелев.</s><s>2Падна и нема веќе да се подигне девицата Израелева, напуштена е во сопствената земја и нема кој да ја подигне.</s><s>3Ете вака вели Господ Јахве: „Во градот од кој излегуваа илјада, ќе останат сто, во гратчето од кое излегуваат сто, ќе останат десет за домот Израелев.“ 4Ете ова му порачува ГОСПОД на домот Израелев: „Барајте Ме Мене и ќе живеете!</s><s>5Не барајте го Бет Ел и не одете во Гилгал, не патувајте во Бер Шева, оти Гилгал во прогонство ќе замине, а Бет Ел ќе биде сосема уништен.“ 6Барајте Го ГОСПОД и ќе живеете.</s><s>Ако пак не го барате, како оган Тој ќе прелета низ домот Јосифов и ќе го проголта, и нема да има во Бет Ел кој да го угасне.</s><s>7Вие кои ја извртувате правдата во горчина, праведноста ја фрлате на земја, 8(Оној Кој ги создаде Плејадите** и Орион, Кој мракот го претвора во зора и денот во ноќ го замрачува, Кој водите морски ги повикува и ги излева преку лицето на земјата, Јахве е Неговото име!</s><s>9Молскавично ги уништува тврдините.</s><s>Уништување им носи на утврдените градови.) 10го мразите оној кој прекорува по судовите, оној кој вистината ја кажува го презирате.</s><s>11Затоа што го газите бедниот и дел жито земате од него - куќи камени изѕидавте, но во нив нема да живеете, бујни лозја посадивте, но вино од нив нема да пиете.</s><s>12Знам Јас многу ваши навреди.</s><s>Големи се гревовите ваши.</s><s>Угнетувате праведен земајќи поткуп, бедните ги лишувате од правда во судовите.</s><s>13Затоа мудар човек молчи во вакво време.</s><s>Лоши се времињата.</s><s>14Барајте добро, а не зло, за да живеете.</s><s>Тогаш ГОСПОД, Бог Семоќен, ќе биде со вас, како што сега велите дека е. 15Мразете го злото, сакајте го доброто, правда во судовите спроведувајте!</s><s>Може ќе му се смилува ГОСПОД, Бог Семоќен, на остатокот на Јосиф.</s><s>16Затоа вака вели Јахве, Бог Семоќен, Господ: „По сите улици лелек!</s><s>Викаат по сите плоштади: >Оф, оф!' Ќе свикаат земјоделци да плачат, тажачки да оплакуваат.</s><s>17Плак ќе има во сите лозја, оти Јас ќе поминам среде вас.“ - вели ГОСПОД.</s> <s>Денот ГОСПОДОВ.</s> <s>18Тешко на оние кои го посакуваат денот ГОСПОДОВ!</s><s>Зошто ви е тој ден ГОСПОДОВ?</s><s>Тој е мрак, а не светлина!</s><s>19Ќе биде како кога човек побегне од лав и го сретне мечка.</s><s>Се прибере дома и потпре рака на ѕидот, а го касне змија.</s><s>20Нема ли мрак да биде денот ГОСПОДОВ, а не светлина?</s><s>Црна темнина, без зрак светлина!</s><s>21Ги мразам, ги презирам вашите верски празници.</s><s>Не можам да ги трпам вашите собранија.</s><s>22Иако ми носите жртви паленици и житни приноси, нема да ги прифатам!</s><s>Иако ми носите доброволни приноси, одбрани од вас, нема ни да ги погледнам!</s><s>23Мавнете ми ја бучавата на вашите песни!</s><s>Звукот на вашите харфи не сакам да го слушам!</s><s>24Туку нека потече правда како река, праведност како поток што не пресушува.</s><s>25Ми принесуваше ли жртви и житни приноси во пустината, четириесет години, доме Израелев?</s><s>26Му подигнавте храм на својот цар, ги поставивте вашите идоли на високо, ѕвездата на вашите богови кои си ги направивте самите за себе.</s><s>27Затоа ќе ве протерам од другата страна на Дамаск!“ - вели ГОСПОД, Бог Семоќен е Неговото име.</s> <s>Глава 6</s> <s>Тешко на самозадоволните.</s> <s>1Тешко на самозадоволните во Сион, на оние кои се чувствуваат безбедно на планината самариска, за први што ги сметаат меѓу народот и кај нив доаѓаат од домот Израелев!</s><s>2Оди во „реф> Калнех и Хамат паднале во војната на Јеровоам Втори (2 Цар 14:28), а ѕидот на Гат било пробиен од Узија (2 Лет 26:6).</ref>Калнех и гледај!</s><s>Оди од таму во Хамат* голем, оди долу во Гат Пилистејски!</s><s>Подобри ли сте од тие царства и не е поголема ли нивната земја од вашата?</s><s>3Тие денот зол го одложуваат, а вие власта на насилството ја приближувате.</s><s>4Оние кои лежат на кревети од слонова коска и денгубат во своите легла, оние кои ручаат јагниња од стадото и телиња од оборот, 5оние кои дрнкаат по жиците на харфата, божем како Давид музика создаваат на инструментите, 6оние кои пијат вино со бокали и најфини лосиони употребуваат, а не жалат над урнатината на Јосиф, 7затоа тие меѓу првите ќе заминат во прогонство и ќе престанат нивните празнувања и денгубења.</s> <s>ГОСПОД се гади од гордоста на Израел.</s> <s>8Се заколна Господ Јахве во Себе.“ - вели ГОСПОД, Бог Семоќен - „Ми се згади од гордоста на Јаков.</s><s>Ми омрзнаа тврдините негови.</s><s>Ете, ќе го предадам градот и сѐ што е во него.“ 9И ако десетмина останат во еден дом, и тие ќе умрат.</s><s>10Роднините, кога ќе доаѓаат да ги вадат од дома за да ги спалат нивните тела, ќе ги прашуваат оние внатре: „Уште ли е со вас?“, а тие ќе велат: „Не!“, па ќе кажат: „Молчете, да не го спомнете името ГОСПОДОВО!“ 11Оти гледајте, ГОСПОД издава наредба и ќе ги здроби големите куќи на парчиња, малите куќи прав и пепел ќе ги стори.</s><s>12Одат ли коњи по каменлив гребен?</s><s>Ора ли човек по него со воловите?</s><s>А вие правдата во отров ја претворивте и плодовите на праведноста во горчина!</s><s>13Вие кои се радувате заради „реф> Ло Девар значи ништо.</ref>Ло Девар, и велите: „Зарем не го освоивме +Карнаим со своја сила?“ 14<Оти гледај доме Израелев!“ - вели ГОСПОД, Бог Семоќен - „Јас подигам против вас народ кој ќе ве угнетува од Лево Хамат*, па сѐ до долината Арава.“</s> <s>Глава 7</s> <s>Скакулци, оган и оловна лента.</s> <s>1Ова ми го покажа Господ Јахве: Гледај, подготвува рој скакулци на почетокот на вторите плодови, а вторите плодови се после жетвата на царот.</s><s>2Откако го соголија сето зеленило по земјата, извикнав: „Јахве Господе, прости ни сега!</s><s>Како ќе преживее Јаков?!</s><s>Тој е толку мал!“ 3Тука ГОСПОД попушти: „Ова нема да се случи.“ - рече ГОСПОД.</s><s>4Ова ми го покажа Господ Јахве: Гледај Господ Јахве повикува на суд преку оган и се исуши големата бездна и ја проголта земјата.</s><s>5Тогаш извикнав: „Јахве Господе, престани сега!</s><s>Како ќе преживее Јаков?!</s><s>Тој е толку мал!“ 6Тука ГОСПОД попушти: „Ниту ова нема да се случи.“ - рече Господ Јахве.</s><s>7Ова ми го покажа: Гледај, Господ стои покрај ѕид ограда, а во неговата рака оловна лента.</s><s>8И ме праша ГОСПОД: „Што гледаш Амосе?“, а јас одговорив: „Оловна лента.“ Тогаш рече Господ: „Гледај, поставувам оловна лента меѓу Мојот народ, Израел, и нема веќе да го штедам.</s><s>9Уништени ќе бидат височинките на Исак!</s><s>Разурнати ќе бидат светилиштата на Израел!</s><s>Јас ќе станам против домот на Јеровоам со меч.“</s> <s>Амос и Амасија.</s> <s>10Тогаш Амасија, свештеник од Бет Ел, испрати (порака) до Јеровоам, царот на Израел: „Тој Амос подготвува заговор против тебе во срцето на домот Израелев!</s><s>Земјата веќе не може да ги трпи сите негови зборови!“ 11Оти вака вели Амос: „Од меч ќе умре Јеровоам, а Израел ќе оди во прогонство, прогонет ќе биде од својата земја!“ 12Тогаш му рече Амасија на Амос: „Ајде ти гледач бегај, врати се во Јуда!</s><s>Таму леб да јадеш, таму да пророкуваш!</s><s>13На Бет Ел веќе да не пророкуваш, оти ова е светилиште на овој цар и храм на ова царство!“ 14Амос одговори и му рече на Амасија: „Јас не сум ниту пророк, ниту син на пророк, туку сум пастир, одгледувам смокви.</s><s>15ГОСПОД ме зеде од стадото; и ми рече ГОСПОД: „Оди и пророкувај му на Мојот народ, Израел!“ 16Слушни сега збор од ГОСПОД!</s><s>Велиш, не пророкувај против Израел, не проповедај против домот Исаков!</s><s>17Затоа вака вели ГОСПОД: „Твојата жена во градот ќе стане блудница, синовите и ќерките твои од меч ќе паднат, а земјата твоја ќе биде премерена и поделена!</s><s>Ти во земја нечиста ќе умреш!</s><s>Израел ќе оди во прогонство!</s><s>Во прогонство ќе замине од земјата своја!“</s> <s>Глава 8</s> <s>Кош зрели плодови.</s> <s>1Ова ми го покажа Господ Јахве: Гледај, кош зрели плодови.</s><s>2И ме праша: „Што гледаш Амосе?“, а јас одговорив: „Кош зрели плодови.“ Тогаш ми рече ГОСПОД: „Созреа времето за Мојот народ, Израел.</s><s>Нема повеќе да го штедам.“ 3<Во лелек ќе се претворат песните во храмот тој ден“ - вели Господ Јахве! - „Многу тела насекаде расфрлани!</s><s>Молк!“ 4Слушнете го ова вие кои ги газите бедните и ги уништувате сиромашните во земјата!</s><s>5Велите: „Кога веќе еднаш ќе заврши Младата месечина, за да можеме да продаваме жито!?</s><s>Кога веќе еднаш ќе заврши Саботата, за да можеме да тргуваме со пченица!?</s><s>Да закинеме на мерката, да накачиме на цената, да мамиме со нечесни тегови!</s><s>6Да купуваме сиромашни со сребро, и бедни за рало сандали.</s><s>Дури и плевата од житото да ја продадеме.“ 7Се заколна ГОСПОД со гордоста на Јаков: „Нема да заборавам до века ниту едно од нивните дела!“ 8Нема ли заради ова да затрепери земјата, нема ли да зажалат сите нејзини жители?</s><s>Како Нил ќе се разбранува.</s><s>Ќе биде издигната и потоа поплавена, како реката Египетска.</s><s>9<Тој ден“ - вели ГОСПОД Седржителот - „ќе го зајдам сонцето на сред пладне, ќе ја замрачам земјата при дневно светло!</s><s>10Во лелек ќе ги претворам вашите верски празници, во плак сите ваши песни.</s><s>Ќе направам секој вреќиште да облече и главата да ја избриче.</s><s>Ќе го направам тоа време како страдање по син единец, а крајот негов како горчлив ден.“ 11<Гледајте, идат денови“ - вели Господ Јахве - „кога ќе пуштам глад по земјата!</s><s>Не глад за храна, или жед за вода, туку желба да се чујат зборовите ГОСПОДОВИ.</s><s>12Ќе скитаат од море до море, од север до исток, ќе талкаат барајќи збор од ГОСПОД, но нема да најдат.</s><s>13Во тој ден ќе се онесвестуваат личните девојки, младите момци ќе припаѓаат од жед.</s><s>14Тие што се колнат со срамот на Самарија, или велат: >Живи се нашите богови, жив е Дан', или: >Жива е силата на Бер Шева', тие ете ќе паднат и никогаш повеќе нема да станат!“</s> <s>Глава 9</s> <s>Израел ќе биде уништен.</s> <s>1Го видов Господ како стои покрај жртвеникот и рече: „Удри по врвот на потпорните столбови!</s><s>Нека се затресат гредите!</s><s>Нека паднат врз главите на сите нив, а тие што ќе преживеат Јас со меч ќе ги убијам!</s><s>Ниту еден нема да се извлече, ниту еден нема да побегне.</s><s>2И до пеколот длабоко да ископаат, и таму раката Моја ќе ги стигне!</s><s>И до небесата да се искачат, и оттаму ќе ги симнам!</s><s>3На врвот на Кармел да се сокријат, и таму ќе ги уловам и ќе ги фатам.</s><s>На дното на морето да се сокријат од очите Мои, ќе ѝ наредам на змијата и ќе ги касне.</s><s>4Иако се однесени во прогонство пред нивните непријатели, и таму ќе му наредам на мечот да ги искасапи!</s><s>Ќе ги држам на око за зло, не за добро!“ 5Господ, Јахве Семоќен, Оној Кој ја допира земјата и таа се топи, страда сѐ живо по неа, се крева како Нил целата земја, преплавува како реката Египетска.</s><s>6Оној Кој ги создаде небесата, Неговите високи дворци, Кој ги постави темелите на земјата, Оној Кој водите морски ги повикува и ги излева по лицето на земјата, Јахве е Неговото име.</s><s>7<Народе Израелски, зарем не сте вие за Мене како Кушитите?“ - вели ГОСПОД - „Израеле зарем не те избавив од земјата Египетска, како што ги избавив Пилистејците од Кафтор и Арамејците од Кир?</s><s>8Ете, очите на Господ Јахве гледаат на ова грешно царство и ќе го уништам од лицето на земјата!</s><s>Сепак, ете, нема да го уништам домот на Јаков.“ - вели ГОСПОД.</s><s>9<Оти еве, Јас наредувам: >Ќе го просеам домот на Јаков меѓу сите народи, како што се сее низ сито, и ниту едно зрно песок нема да дојде до земјата.' 10Од меч ќе загинат сите грешници од Мојот народ, оние кои велат: >Нема да не снајде несреќа, ниту лошо време ќе дојде за нас.'</s> <s>Обновувањето на Израел.</s> <s>11Во тој ден ќе го обновам паднатиот шатор на Давид, ќе ги поправам скршените места, искршените делови ќе ги обновам, ќе го подигнам како во поранешните денови, 12и така тие ќе го поседуваат остатокот на Едом, и сите народи кои го повикуваат Моето име.“ - вели ГОСПОД, Оној Кој ќе го направи ова.</s><s>13<Ете, денови идат“ - вели ГОСПОД - „кога орачот ќе го престигне жетварот, оној што гмечи грозје - сеачот!</s><s>И ќе капе од планините младо вино, ќе тече по сите ридови.</s><s>14Ќе ги вратам прогонетите од Мојот народ, Израел.</s><s>Тие ќе ги обноват разурнатите градови.</s><s>Ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе пијат вино од нив.</s><s>Ќе обработуваат градини и ќе јадат плодови од нив.</s><s>15Јас ќе ги посадам во нивната земја, и никогаш повеќе нема да бидат искоренети од нивната земја, која Јас им ја дадов.“ - вели ГОСПОД, вашиот Бог.</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7241
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%BE%D0%B2%20%D0%97%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D1%82%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Нов Завет (вики-превод)
<s>Новиот Завет е централното писмено свидетелство на христијанството, во кое основната представена личност е Исус Христос.</s><s>Новиот завет претставува втор дел на Библијата (по Стариот завет) и содржа 27 книги, од кои се евангелија, историја и дејност на првите христијани, писма и книгата Откровение. (Повеќе...)</s> <s>Текст Евангелието според Матеј (вики-превод) Евангелието според Марко (вики-превод) Евангелието според Лука (вики-превод) Евангелието според Јован (вики-превод) Дела на апостолите (вики-превод) Писмо од апостол Павле до христијаните во Рим (вики-превод) Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт (вики-превод) Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт (вики-превод) Писмо од апостол Павле до христијаните во Галатија (вики-превод) Писмо од апостол Павле до христијаните во Ефес (вики-превод) Писмо од апостол Павле до христијаните во Филипи (вики-превод) Писмо од апостол Павле до христијаните во Колос (вики-превод) Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Солун (вики-превод) Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Солун (вики-превод) Прво писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод) Второ писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод) Писмо од апостол Павле до Тит (вики-превод) Писмо од апостол Павле до Филемон (вики-превод) Писмо до Евреите (вики-превод) Писмо од апостол Јаков (вики-превод) Прво писмо од апостол Петар (вики-превод) Второ писмо од апостол Петар (вики-превод) Прво писмо од апостол Јован (вики-превод) Второ писмо од апостол Јован (вики-превод) Трето писмо од апостол Јован (вики-превод) Писмо од апостол Јуда (вики-превод) Откровение (вики-превод)</s> <s>Поврзано Стар Завет (вики-превод) Библија (вики-превод)</s>
7242
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BB%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Дела на апостолите (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Вовед</s> <s>1Драги Теофиле, во мојата прва книга ти го опишав сето она што Исус го правеше и поучуваше од почетокот, 2па сѐ до денот кога се вознесе на небото.</s><s>Пред да се вознесе, им даде упатства на апостолите што ги беше одбрал во содејство со Светиот Дух.</s><s>3Во текот на четириесет дена, по Неговото распнување, Исус повеќепати се појавуваше пред Своите апостоли со што недвосмислено им докажа дека навистина е жив.</s><s>Тогаш им зборуваше за Божјото царство.</s><s>4На една од тие средби, додека јадеа заедно, им ги даде следниве упатства: „Не заминувајте од Ерусалим сѐ додека Небесниот Татко не ви го прати Светиот Дух, Кој ви го вети.</s><s>Јас уште отпорано ви го кажав тоа.</s><s>5Јован Крстител крштаваше во вода, но по неколку дена вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.“</s> <s>Вознесувањето на Исус</s> <s>6Додека апостолите беа со Исус, честопати Го прашуваа: „Господе, сега ли ќе го ослободиш Израел и ќе го возобновиш нашето царство?“ 7Тој им одговори: „Времето и датумите ги определува небесниот Татко и не сметал за потребно вам да ви ги кажува!</s><s>8Но штом Светиот Дух ќе слезе врз вас, вие ќе добиете сила и ќе им проповедате за Мене на луѓето во Ерусалим, во цела Јудеја, во Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“ 9Откако им го рече ова, пред нивните очи Исус почна да се подига кон небото и тие Го гледаа сѐ додека облак не Го сокри од нивните погледи.</s><s>10Додека тие со вперени погледи кон небото гледаа како Тој заминува, пред нив се појавија двајца мажи облечени во бело, 11и им рекоа: „Галилејци, зошто стоите и зјапате во небото?</s><s>Истиот Исус, Кој пред вашите очи се вознесе на небото, повторно ќе дојде, на истиот начин на кој и замина!“</s> <s>Црквата на апостолите во „Горната соба“</s> <s>12Тогаш апостолите се вратија во Ерусалим.</s><s>Ова се случуваше на ридот наречен Маслинова Гора.</s><s>Тој рид е близу до Ерусалим, на оддалеченост помала од еден километар.</s><s>13Влегоа во градот и отидоа во горната соба на куќата каде што редовно престојуваа.</s><s>Таму беа:</s> <s>Петар, Јован, Јаков, Андреј, Филип, Тома, Бартоломеј, Матеј, Јаков (синот на Алфеј), зилотот Симон и Јуда (синот на Јаков).</s><s>14Сите овие луѓе сложно и редовно се собираа и заедно се молеа.</s><s>Со нив беа и: Марија (мајката на Исус), повеќе други жени и браќата на Исус.</s> <s>Избран заменик на Јуда Искариотски</s> <s>15По неколку дена се собраа околу сто и дваесет Христови следбеници.</s><s>Петар стана и им се обрати: 16,Драги пријатели христијани!</s><s>Уште пред неколку столетија, Светиот Дух ја претскажа судбината на Јуда Искариотски, преку зборовите искажани од царот Давид, запишани во Светото писмо.</s><s>Значи, тоа што се случи со Јуда, предводникот на оние што го уапсија Исус, беше претскажано и мораше да се исполни, 17иако Јуда беше еден од нас и работеше заедно со нас.“ 18(Со парите што ги доби за предавството на Исус, Јуда си купи нива.</s><s>Потоа таму се обеси, па падна среде неа, распукнувајќи се, при што целата утроба му се истури.</s><s>19За ова дознаа сите жители на Ерусалим, па таа нива ја нарекоа Акал-Д'ма, што на нивниот јазик значи „Крвна нива“.) 20<Во книгата на псалмите стои запишано:</s> <s>,Домот да му се запусти, никој во него да не живее!'</s> <s>и</s> <s>,Службата негова друг нека ја преземе!'</s> <s>21Затоа треба да одбереме човек што ќе го замени Јуда.</s><s>Тоа треба да биде некој што бил со нас во текот на целото време, откако Господ Исус дојде, па сѐ додека си замина, 22некој што бил со нас откако Јован Крстител Го крсти Исуса, па сѐ до денот кога Исус се вознесе на небото.</s><s>Тој човек треба да биде и очевидец на воскреснатиот Исус, како што сме и ние.“ 23Тогаш предложија двајца: првиот беше Јосиф Барсаба, познат и како Јуст, а вториот беше Матија.</s><s>24Пред да го извршат изборот, се помолија вака: „Господе, ти знаеш што лежи во срцето на секој човек.</s><s>Покажи ни кого од овие двајца си го одбрал 25да биде апостол наместо Јуда, кој нѐ изневери и заврши таму каде што припаѓа.“ 26Со ждрепка го одбраа Матија, кој им се приклучи на останатите единаесет апостоли.</s> <s>Глава 2</s> <s>Доаѓањето на Светиот Дух</s> <s>1Кога дојде празникот Духовден, сите христијани се собраа на едно место.</s><s>2Тогаш ненадејно од небото се чу бучава како од силен виор.</s><s>Бучавата ја исполни целата куќа каде што беа собрани.</s><s>3Се појавија одвоени јазици, како од оган, и се спуштија врз секој од нив.</s><s>4Сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на различни јазици, како што им даваше способност Светиот Дух.</s><s>5Во тоа време во Ерусалим престојуваа побожни Евреи дојдени од секој народ под небесниот свод.</s><s>6Кога ја слушнаа бучавата, мнозина дотрчаа да видат што се случува и се збунија, зашто секој ги слушаше христијаните како зборуваат на неговиот јазик!</s><s>7Сите се чудеа и збунето, велеа: „Како е можно ова?</s><s>Зар сите овие луѓе што зборуваат не се од Галилеја?</s><s>8Како, тогаш, секој од нас го слуша јазикот од својот роден крај?</s><s>9Меѓу нас има Партјани, Мидјани и Еламијци, потоа луѓе што живеат во Месопотамија, во Јудеја, во Кападокија, во Понт и во Азија, 10во Фригија и во Памфилија, во Египет, во областите на Либија близу до Киренеја, како и гости од Рим 11(Евреи и новообратени), луѓе од Крит и Арапи, и сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за прекрасните дела што ги извршил Бог!“ 12Зачудени и збунети, еден на друг си велеа: „Што ли значи ова?“ 13Други, пак, се потсмеваа и велеа: „Пијани се!</s><s>Се изнапиле слатко вино!“</s> <s>Петар им се обраќа на насобраните</s> <s>14Тогаш стана Петар, заедно со другите единаесет апостоли, и гласно им се обрати на насобраните: „Луѓе, Евреи и сите други што живеете во Ерусалим!</s><s>Ова треба да го знаете!</s><s>Послушајте ме што ќе ви кажам: 15Овие луѓе не се пијани, како што некои од вас претпоставуваат, зашто одвај е девет часот наутро.</s><s>16Ова што се случи утрово е исполнување на она што беше претскажано преку пророкот Јоел: 17,Во последните денови' - вели Бог - ,ќе излеам од Мојот Дух врз сите луѓе, па ќе пророкуваат синовите и ќерките ваши, момчињата ќе имаат виденија, а старците ќе сонуваат соништа.</s> <s>18Во тие денови ќе излеам од Мојот Дух врз сите Мои слуги и слугинки, и тие ќе пророкуваат.</s> <s>19Ќе правам чуда горе во небесата и видливи докази долу на Земјата - крв и оган и столбови од чад.</s> <s>20Сонцето ќе поцрни, а месечината ќе се вцрви како крв, пред да дојде тој голем и славен Господов ден.</s> <s>21Тогаш секој што ќе го повика името Господово ќе биде спасен.'“</s> <s>22Израелци, слушнете ги овие зборови: Бог јавно го поддржа Исуса од Назарет со тоа што преку Него изврши многу чуда, несекојдневни работи и чудотворни докази.</s><s>Тоа и самите добро го знаете.</s><s>23Но се случи онака како што беше определено и предвидено од сезнајниот Бог: вие Го предадовте Исус и со помош на еден паганин, Го распнавте на крст и Го убивте.</s><s>24Но Бог Го воскресна, ослободувајќи Го од смртта која очајнички настојуваше да Го задржи, но не можеше.</s><s>25За Него, Давид вели:</s> <s>„Знам дека Господ е постојано со мене, Тој ми е оддесно - нема да потклекнам!</s><s>26Поради тоа срцето ми е весело, и душата ми се радува; а и телото во надеж ќе ми почива, 27зашто Ти во гробот нема да ме оставиш, ниту ќе дозволиш Твојот Светец да доживее распаѓање.</s><s>28Ти ми го објави патот на животот, Твоето присуство ќе ме исполни со радост.“</s> <s>29Луѓе, браќа, јасно е дека нашиот прататко Давид овде не зборува за себе, зашто тој умре, беше погребан и неговиот гроб е тука, меѓу нас, сѐ до денешен ден.</s><s>30Но бидејќи беше пророк и знаеше дека Бог му се беше заколнал оти потомок од неговите бедра ќе седи на неговиот престол, 31претскажувајќи за тоа, тој зборуваше за воскреснувањето на Христос, Кој, ниту беше оставен во гробот, ниту Неговото тело доживеа распаѓање.</s><s>32Бог Го воскресна Исуса и сите ние сме сведоци за тоа.</s><s>33Откако беше вознесен и поставен од десната страна на Бог, и откако го прими Светиот Дух што Му беше ветен од Небесниот Татко, го излеа врз нас, како што вие сега гледате и слушате.</s><s>34Зашто, самиот Давид не се вознесе на небото, а сепак рече:</s> <s>„Му рече Господ на мојот Господ: Седни на почесното место, од Мојата десна страна, 35додека не ги претворам Твоите непријатели во чергиче што ќе го газат стапалата Твои!'“</s> <s>36Затоа нека знаат сите Израелци и нека бидат уверени дека Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Месија!“ 37Ова што го слушнаа до срце ги прободе, па им рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе, браќа, што да правиме?“ 38Петар им одговори: „Секој од вас треба да се покае за своите гревови, и да се крсти во името на Исус Христос, за да ви бидат простени гревовите.</s><s>Потоа ќе ви биде подарен Светиот Дух, а со Него и духовни дарби.</s><s>39Ветувањето што Бог му го даде на Давид се однесува на вас, на вашите деца, како и на неевреите, и на сите што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика.“ 40Со овие, и со многу други зборови Петар им проповедаше и ги повикуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“ 41Во тој ден околу три илјади души искрено ги прифатија неговите зборови, па се крстија и се приклучија кон христијаните.</s><s>42Тие се посветија на учење од апостолите, на заедничките собири, на редовно учество на Господовата вечера и на молитви.</s> <s>Првите христијански заедници</s> <s>43Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази.</s><s>44Сите христијани се здружија и сѐ што имаа им беше заедничко.</s><s>45Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби.</s><s>46Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени.</s><s>Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце.</s><s>47Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе.</s><s>А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.</s> <s>Глава 3</s> <s>Петар исцелува сакат питач</s> <s>1Еден ден, Петар и Јован се упатија кон храмот.</s><s>Беше три часот попладне - време за молитва.</s><s>2Токму тогаш донесоа еден човек, сакат во нозете од раѓање, што секојдневно го носеа и го оставаа пред познатата „Красна порта“, за да проси милостина од луѓето што доаѓаа во храмот.</s><s>3Кога виде дека Петар и Јован ќе влегуваат во храмот, запроси да му дадат нешто.</s><s>4Петар и Јован го погледнаа и му рекоа: „Погледни нѐ!“ 5Сакатиот молежливо ги гледаше, очекувајќи милостина.</s><s>6Тогаш Петар му рече: „Немам ни сребреници, ни златници, но тоа што го имам, ти го давам: Во името на Исус Христос од Назарет, стани и ќе проодиш!“ 7Потоа го фати за десната рака и го исправи.</s><s>Во истиот миг му зацврснаа стапалата и глуждовите!</s><s>8Скокна, застана на свои нозе и почна да оди!</s><s>Заедно со нив влезе во храмот, скокајќи и славејќи го Бога.</s><s>9Целиот народ го виде како оди и го слави Бога.</s><s>10Тие знаеа дека тоа беше истиот човек што седеше и просеше пред Красната порта на храмот и од восхит не можеа да се изначудат на она што се случи.</s> <s>Петар проповеда во храмот</s> <s>11Сиот народ се насобра околу нив, под Соломоновиот трем.</s><s>Човекот не се одвојуваше од Петар и Јован.</s><s>Луѓето стоеја, стаписани од тоа што се случи.</s><s>12Кога Петар виде дека луѓето се чудат, им рече: „Луѓе, Израелци, зошто се чудите на ова?</s><s>Зошто зјапате во нас, небаре ние со своја сила или побожност направивме овој човек да прооди!?</s><s>13Преку ова дело, Богот на Авраам, на Исак, на Јаков и на сите наши предци, Го прослави Својот Слуга Исус.</s><s>Вие Го предадовте и се откажавте од Него пред Пилат, кога тој беше решил да Го ослободи.</s><s>14Се откажавте од Светиот и Праведниот, а побаравте да биде пуштен на слобода еден убиец!</s><s>15Зачетникот на животот Го убивте!</s><s>Но Бог Го воскресна од мртвите - ние сме живи сведоци за тоа.</s><s>16Овој човек, кого вие добро го познавате, се исцели врз основа на верата во Неговото име.</s><s>Верата во Исусовото име го оздраве, пред вашите очи.</s><s>17Браќа, знам дека вие и вашите водачи го направивте тоа од незнаење, 18но Бог на тој начин го исполни она што го беше претскажал преку сите пророци: дека Месијата испратен од Него ќе мора да помине низ овие страдања.</s><s>19Затоа покајте се и свртете се кон Бог, за да ви бидат избришани гревовите.</s><s>20Тогаш, присуството на Господ во вашите животи ќе ви донесе освежување и Бог ќе ви Го испрати Месијата Исус, Кој од порано ви беше претскажан.</s><s>21Исус треба да остане на небото, сѐ додека не дојде време Бог да обнови сѐ, како што ни вети уште одамна преку Своите свети пророци.</s><s>22Уште Мојсеј беше претскажал: >Господ, вашиот Бог, ќе ви издигне од вашиот народ Пророк, како што сум јас.</s><s>Сѐ што ќе ви каже Тој - слушајте Го!</s><s>23Секој што нема да Го послуша Тој Пророк, ќе биде истребен од Божјиот народ.' 24А и сите пророци, од Самоил и неговите наследници, па наваму, зборуваа токму за ова време.</s><s>25Вие сте потомци на пророците, вие сте тие за кои Бог на вашите предци им даде завет, ветувајќи му на Авраам: >Преку твоето потомство ќе бидат благословени сите народи на земјата.' 26Штом Бог Го издигна Својот Слуга, Го испрати прво кај нас, за да ве благослови со тоа што секого од вас ќе го одврати од вашите грешни патишта.“</s> <s>Глава 4</s> <s>Националните и верските водачи против апостолите</s> <s>1Додека Петар и Јован уште му зборуваа на народот, им пријдоа неколку свештеници, заповедникот на гардата во ерусалимскиот храм и неколку садукеи.</s><s>2Тие беа многу вознемирени поради тоа што апостолите го учеа народот и, повикувајќи се на воскреснатиот Исус, тврдеа дека постои воскресение на мртвите.</s><s>3Ги фатија и ги фрлија в затвор до следниот ден, зашто веќе беше вечер.</s><s>4Мнозина од оние што ја слушнаа проповедта на апостолите поверуваа, па бројот на христијаните се зголеми на околу пет илјади, сметајќи ги тука само возрасните мажи.</s><s>5Утредента се состана Народниот Совет составен од сите управници, старешини и вероучители во Ерусалим.</s><s>6Дојде првосвештеникот Анан, дојдоа и Кајафа, Јован, Александар како и сите други роднини на првосвештеникот.</s><s>7Ги доведоа Јован и Петар, ги поставија на средината, па почнаа да ги испрашуваат: „Кој ви даде право, кој ве овласти да го правите ова?“ 8Исполнет со Светиот Дух, Петар им рече: „Управници и старешини на народот!</s><s>9Ако денес нѐ испрашувате за доброто дело спрема сакатиот човек, ако сакате да дознаете како беше исцелен, тогаш, 10знајте и вие и сиот израелски народ, дека човекот пред ваши очи застана на свои нозе во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, а Бог Го воскресна од мртвите!</s><s>11Исус е Тој за Кого во Светото писмо пишува:</s> <s></s> <s>>Каменот што ѕидарите го отфрлија</s> <s>стана темелен камен.' 12Под сиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!“ 13Членовите на Народниот Совет се зачудија кога ја видоа смелоста на Петар и Јован, зашто беше очигледно дела тие се обични, необразовани луѓе.</s><s>А ги препознаа дека тие луѓе беа со Исус.</s><s>14Но човекот што беше исцелен стоеше тука, пред нив, и тие немаа што да приговорат.</s><s>15Тогаш им наредија на Петар и Јован да излезат надвор од собранието, а тие почнаа да се советуваат: 16<Што да правиме со овие луѓе?</s><s>Големо чудо се случи преку нив и тоа на сите во Ерусалим им е познато.</s><s>Тоа не можеме да го порекнеме.</s><s>17Но можеби можеме да ги запреме да го шират тоа учење меѓу народот.</s><s>Да им забраниме никому повеќе да не му зборуваат за Исус!“ 18Ги повикаа апостолите внатре и им наредија ништо да не зборуваат за Исус, ниту да поучуваат во Негово име.</s><s>19Но Петар и Јован им одговорија: „Самите проценете, дали Бог ќе се сложи повеќе да ве слушаме вас отколку Него!?</s><s>20Не можеме да молчиме за она што го видовме и чувме!“ 21Членовите на Народниот Совет им се заканија, но сепак ги ослободија.</s><s>Не можеа да најдат ништо за што би можеле да ги казнат.</s><s>А се плашеа дека и народот ќе крене бунт, зашто сите Го славеа Бога за чудото што се случи: 22беше исцелен човек што повеќе од четириесет години бил сакат во нозете!</s> <s>Молитва за смелост наспроти прогонствата</s> <s>23Веднаш штом беа ослободени, Петар и Јован се вратија меѓу своите пријатели христијани и им кажаа за сѐ што им рекоа свештеничките поглавари и старешините.</s><s>24Кога го чуја тоа, сите сложно повикаа кон Бог и рекоа: „Семоќен Господару, Создателе на небото и Земјата, на морињата и на сите суштества во нив!</s><s>25Ти, преку Светиот Дух, го поттикна нашиот прататко Давид да ги искаже следниве стихови:</s> <s></s> <s>>Зошто беснеат паганските народи,</s> <s>луѓето коваат залудни завери?</s><s>26Цареви по земјата се креваат</s> <s>и владетели се здружуваат,</s> <s>против Господ и против Неговиот Помазаник.' 27Токму тоа се случи овде, во овој град: царот Ирод Антипа, гувернерот Понтиј Пилат, пагани и Израелци, се здружија против Исус, Твојот свет Слуга, Кого Ти Го определи за Месија.</s><s>28Но сѐ што сторија тие претставува исполнување на она што го определија Твојата рака и Твојата мудрост.</s><s>29Ги гледаш сега, Господе, нивните закани!</s><s>Дај им на Своите слуги смелост да ја проповедаат Твојата порака!</s><s>30Испружи ја раката Твоја за да исцелуваш, да даваш видливи докази, чуда да се случуваат во името на Твојот свет Слуга Исус!“ 31Штом се помолија, местото на кое беа собрани се затресе и сите се исполнија со Светиот Дух, па со смелост продолжија да ја проповедаат Божјата порака.</s> <s>Христијански комуни</s> <s>32Сите што поверуваа беа толку сплотени и еднодушни, што никој од нив не зборуваше за својот имот како негова лична сопственост, туку сѐ им беше заедничко.</s><s>33Апостолите со голема смелост сведочеа за воскресението на Господ Исус, и Бог спрема сите нив беше многу благонаклонет.</s><s>34Меѓу нив немаше сиромаси, зашто оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и парите од продаденото 35им ги даваа на апостолите, а тие на секого му делеа според неговите потреби.</s><s>36На пример, Јосиф, кого апостолите го нарекоа Барнаба, односно „Утешител“ кој беше од племето на Левиј, а родум од Кипар, 37имаше нива, и откако ја продаде, ги донесе парите и им ги предаде на апостолите.</s> <s>Глава 5</s> <s>Казната над Ананиј и Шапира поради лажење</s> <s>1А еден друг човек, по име Ананиј, во договор со својата жена Шапира исто така продаде една од своите ниви 2но само дел од парите им донесе на апостолите, тврдејќи дека тоа се сите пари.</s><s>За сето ова знаеше и неговата жена.</s><s>3Тогаш Петар му рече: „Ананиј, зошто дозволи сатаната да ти го исполни срцето, да го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од парите што ги доби за нивата?</s><s>4Нивата беше твоја.</s><s>Твоја работа беше дали ќе ја продадеш, или не.</s><s>И кога ја продаде, парите беа твои.</s><s>Зошто се реши на измама?</s><s>Ти се обиде да Го измамиш Бога, а не луѓето!“ 5Кога Ананиј ги слушна овие зборови, падна и умре!</s><s>Сите што слушнаа за ова многу се исплашија.</s><s>6Неколку момчиња станаа, го завиткаа во платно, го изнесоа и го погребаа.</s><s>7По околу три часа, дојде неговата жена и влезе, не знаејќи што се случи.</s><s>8Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли беше продадена нивата?“</s> <s><Да, за толку“ - рече таа.</s><s>9Петар ѝ рече: „Зошто се договоривте да го ставате на проверка Духот Господов?</s><s>Еве ги пред врата момчињата што отидоа да го погребат твојот маж, па и тебе мртва ќе те изнесат!“ 10И таа веднаш падна пред неговите нозе и умре.</s><s>Кога влегоа момчињата, ја најдоа и неа мртва, па ја изнесоа и ја погребаа покрај нејзиниот маж.</s><s>11Голем страв ја зафати целата црква и сите што слушнаа за ова.</s> <s>Големиот углед на првите христијани</s> <s>12Преку рацете на апостолите беа покажувани многу видливи докази и чуда среде народот.</s><s>Тие редовно се состануваа во храмот, под тремот на Соломон и сите беа сложни.</s><s>13Иако луѓето многу ги почитуваа, никој не се осмелуваше да им се придружи во храмот.</s><s>14Од друга страна, се умножуваше бројот на луѓето што веруваа во Господ, мноштво мажи и жени.</s><s>15Луѓето изнесуваа на улиците болни, положени на носила и постели, со надеж дека барем сенката на апостолот Петар ќе падне на некој од нив и ќе ги исцели.</s><s>16Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим.</s><s>Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.</s> <s>Верските водачи ги прогонуваат Христовите апостоли</s> <s>17Тогаш првосвештеникот и неговите пријатели, садукеите, се исполнија со завист, 18па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор.</s><s>19Но уште истата вечер ангел Господов им ги отвори вратите на затворот и ги ослободи, велејќи им: 20<Одете, застанете во храмот и проповедајте им ја на луѓето оваа порака што е од животна важност!“ 21Апостолите ги послушаа и уште на разденување влегоа во храмот и ги поучуваа присутните.</s> <s>Кога дојде првосвештеникот со својата свита, го свика Врховното собрание составено од верските водачи и старешините на Израел, па порачаа да ги доведат затворениците.</s><s>22Но испратените од гардата на храмот не ги најдоа апостолите во затворот, па се вратија и им рекоа: 23<Затворот беше заклучен, со целото обезбедување и стража пред вратата, но кога влеговме внатре, никого не најдовме!“ 24Кога го слушнаа ова заповедникот на гардата во храмот и првосвештеникот, се збунија и се прашуваа, што значи ова!?</s><s>25Тогаш дојде еден човек и им рече: „Оние што ги фрливте в затвор сега се во храмот и го поучуваат народот!“ 26Штом го чу ова заповедникот на гардата на храмот, со своите слуги, отиде и ги доведе апостолите, без да употреби сила, зашто се плашеше да не биде каменуван од народот.</s><s>27Потоа ги изведоа пред Врховното собрание и првосвештеникот почна да ги испрашува: 28<Јас најстрого ви забранив да зборувате за Исус, а вие го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сте решиле врз нас да ја префрлите вината за смртта на Тој Човек!“ 29Петар и другите апостоли му одговорија: „Треба да Му се покоруваме првенствено на Бог, а потоа и на луѓето што ни се претпоставени.</s><s>30Вие Го убивте Исус, Го распнавте на крст, но Богот на нашите татковци Го воскресна, 31Го воздигна како наш Водач и Спасител, па го постави на почесното место - од Својата десна страна, за да им даде можност на Израелците да се покајат и Бог да им ги прости гревовите.</s><s>32За овие настани сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им го даде на оние што Му се послушни.“ 33Кога членовите на Врховното собрание го слушнаа ова, збеснаа и решија да ги убијат Христовите апостоли!</s><s>34Но стана еден фарисеј по име Гамалиел, вероучител почитуван од целиот народ.</s><s>Им нареди на апостолите да излезат на кратко.</s><s>35Потоа му се обрати на собранието: „Луѓе Израелци, размислете добро што ќе сторите со овие луѓе!</s><s>36Пред извесно време се беше кренал Тода, Кој за себе тврдеше дека е голем човек.</s><s>Му се приклучија околу четиристотини луѓе.</s><s>Тој беше убиен, а сите негови следбеници се распрснаа и исчезнаа.</s><s>37По него, за време на пописот, се појави галилеецот Јуда и привлече многу народ по себе.</s><s>И тој загина, па сите негови следбеници се разбегаа.</s><s>38И за овој случај ве советувам: Оставете ги овие луѓе, пуштете ги, зашто ако целиот овој покрет и учење се од луѓе - ќе исчезнат, 39но ако се од Бога, не можете да ги уништите.</s><s>Внимавајте, да не се впуштите во судир со Бог!“</s> <s>Собранието го прифати неговиот совет.</s><s>40Ги викнаа апостолите, ги натепаа и им забранија никогаш повеќе да не зборуваат за Исус.</s><s>Потоа ги пуштија.</s><s>41Апостолите си заминаа од Собранието, радосни што Бог ги удостои да пострадаат поради верност кон името на Исус.</s><s>42Потоа, секој ден, во храмот и по куќите*, непрестано го поучуваа народот и проповедаа дека Исус е долгоочекуваниот Месија.“</s> <s>Глава 6</s> <s>Назначување на седум помошници</s> <s>1Во тоа време, откако бројот на христијаните се зголеми, Елините се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа занемарувани при секојдневното делење на храна.</s><s>2Тогаш дванаесетте апостоли ги свикаа сите христијани* и им рекоа: „Не е добро ние, апостолите, да го запоставуваме проповедањето на Божјата порака и да служиме околу трпезите.</s><s>3Затоа, браќа, одберете меѓу себе седуммина чесни мажи, со добар углед, исполнети со Светиот Дух и со мудрост, на кои ќе им го предадеме ова задолжение, 4а ние целосно ќе се посветиме на молитва и на проповедање на Божјата порака.“ 5Ова им се допадна на присутните и ги одбраа: Стефан, човек исполнет со вера и со Светиот Дух, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен и Никола, новообратен прозелит од Антиохија.</s><s>6Ги доведоа пред апостолите, кои со положени раце над нив се помолија за нив.</s><s>7Божјата порака сѐ пошироко се прифаќаше и бројот на христијаните во Ерусалим бргу се зголемуваше, па и голем број еврејски свештеници ја прифаќаа христијанската вера.</s> <s>Апсењето на Стефан</s> <s>8Бог беше благонаклонет спрема Стефан и Му даде сила, па тој правеше големи чуда и изнесуваше докази меѓу луѓето.</s><s>9Но еден ден, неколку припадници на синагогата наречена „Синагога на ослободените“ почнаа да се расправаат со него.</s><s>Тие беа Евреи од Киринеја, Александрија, Киликија и од областа Азија.</s><s>10Не можејќи да им се противстават на мудроста и на Духот со кои Стефан зборуваше, 11тие тајно наговорија неколку луѓе лажно да го обвинат, велејќи: „Го слушнавме како зборува многу навредливи работи против Мојсеј и против Бог!“ 12Така успеаја да ги кренат на нозе народот, старешините и вероучителите, кои дојдоа кај Стефан, го фатија и го изведоа пред Врховното Собрание.</s><s>13Истапија лажните сведоци и рекоа: „Овој човек не престанува да зборува против овој храм и против Мојсеевиот Закон.</s><s>14Сме го слушнале како зборува дека Исус од Назарет ќе го уништи храмот и ќе ги измени обичаите што ни се предадени од Мојсеј.“ 15Тогаш сите што седеа во Собранието се загледаа во Стефан, забележувајќи дека лицето му стана како лице на ангел.</s> <s>Глава 7</s> <s>Говорот на Стефан пред еврејското Собрание</s> <s>1Тогаш првосвештеникот го праша Стефан: „Точни ли се исказите против тебе?“ 2Стефан одговори: „Луѓе, браќа и татковци, сослушајте ме.</s><s>Нашиот славен Бог му се јави на нашиот предок Авраам, додека тој сѐ уште беше во Месопотамија, пред да се насели во Харан, 3и му рече: >Напушти ја оваа земја, напушти ги твоите роднини и појди во земјата што Јас ќе ти ја покажам.' 4Тогаш Авраам ја напушти земјата на Халдејците и се насели во Харан.</s><s>По смртта на неговиот татко, се пресели во оваа земја во која сега ние живееме.</s><s>5Бог не му даде наследство ниту една педа земја, но, уште пред да има деца, му вети дека на неговите потомци ќе им ја даде во наследство целата земја.</s><s>6Му рече дека неговите потомци ќе бидат доселеници во туѓа земја, каде што ќе ги претворат во робови и ќе ги измачуваат четиристотини години.</s><s>7>Но на народот на кој ќе му робуваат, Јас ќе му судам!' - рече Бог. >Кога ќе излезат оттаму, ослободени, ќе Ми служат на ова место.' 8Потоа му го заповеда на Авраам заветот за обрежувањето.</s><s>Авраам доби син - Исак, и го обрежа кога наполни осум дена.</s><s>Потоа и Исак доби син - Јаков.</s><s>Јаков е таткото на дванаесетте родоначалници на еврејскиот народ.</s><s>9Синовите на Јаков му љубомореа на својот брат Јосиф, и го продадоа како роб во Египет, но Бог беше со него 10и го избави од сите неволи што го снајдоа.</s><s>Бог му беше благонаклонет и му даде мудрост, па фараонот, царот на Египет, го постави за управител над целата земја и над целиот свој дом.</s><s>11Тогаш Египет и Канаан ги погоди глад, па нашите прадедовци се најдоа на голема мака, не можејќи да набават храна.</s><s>12Кога Јаков слушна дека во Египет има жито, ги испрати таму своите синови.</s><s>Тоа беше нивната прва посета.</s><s>13Кога и по вторпат отидоа во Египет, Јосиф им се откри на своите браќа.</s><s>Така фараонот го запозна неговото семејство.</s><s>14Потоа Јосиф испрати да го повикаат неговиот татко Јаков и сите негови роднини, седумдесет и петмина на број.</s><s>15Така Јаков се досели во Египет.</s><s>Таму умреа и тој и нашите прадедовци.</s><s>16Подоцна, коските им беа пренесени во Шехем, каде што беа погребани во гробницата што Авраам со сребро ја беше купил од синовите на Хамор.</s><s>17Како што се приближуваше времето Бог да го исполни ветувањето што му го даде на Авраам, нашиот народ во Египет се зголемуваше и намножуваше.</s><s>18Но со Египет веќе владееше друг цар, кој не знаеше за Јосиф.</s><s>19Тој скова заговор против нашиот народ, ги мачеше нашите предци и ги принудуваше да си ги напуштаат новороденчињата, за да не останат живи.</s><s>20Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бог.</s><s>Три месеци беше одгледуван во домот на својот татко, 21а потоа мораа да го остават, но го зеде ќерката на фараонот и го одгледа како свој син.</s><s>22Така Мојсеј се запозна со целата мудрост на Египќаните и се стекна со големо теоретско и практично знаење.</s><s>23Кога наполни четириесет години, му се роди во срцето желба да ги посети своите сонародници, Израелците.</s><s>24Во текот на таа посета, виде дека еден Египќанец насилно постапува со еден Евреин.</s><s>Мојсеј го заштити Евреинот и во одмазда го уби Египќанецот.</s><s>25Тој мислеше дека неговите сонародници ќе сфатат оти Бог, преку неговата рака, им праќа ослободување, но тие не сфатија.</s><s>26Утредента виде како двајца Израелци се тепаат и се обиде да ги смири, велејќи им: >Луѓе, вие сте припадници на ист народ!</s><s>Зошто се повредувате еден со друг?' 27Но виновникот за тепачката го турна и му рече: >Кој те поставил тебе да ни бидеш владетел и судија!?</s><s>28Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што вчера го уби Египќанецот!?' 29Кога Мојсеј го слушна ова, побегна во Мидијамската земја, каде што живееше како доселеник.</s><s>Таму му се родија два сина.</s><s>30Откако поминаа четириесет години, во пустината, близу до планината Синај, му се појави ангел во пламенот на една запалена грмушка.</s><s>31Кога Мојсеј го виде ова, се зачуди и појде таму за да види одблизу.</s><s>Тогаш го чу гласот Господов кој му рече: 32>Јас сум Богот на твоите татковци: Богот на Авраам, на Исак и на Јаков!' Мојсеј се стресе од страв и не се осмели да погледне.</s><s>33Потоа Господ му рече: >Собуј ги сандалите, зашто стоиш на свето место!</s><s>34Видов како Мојот народ е измачуван во Египет и стенкањето негово го чув.</s><s>Еве, доаѓам да го ослободам.</s><s>Сега, оди во Египет, како Мој пратеник!' 35Оној Мојсеј, кого луѓето го отфрлија, велејќи му: >Кој те поставил да ни бидеш владетел и судија!?' - Бог го испрати преку ангелот што му се појави во запалената грмушка, да им биде водач и ослободител.</s><s>36Правејќи многу чуда и видливи докази, тој ги изведе од Египет, ги преведе преку Црвеното Море и ги водеше низ пустината цели четириесет години.</s><s>37Самиот Мојсеј му рече на Израелскиот народ: >Бог ќе ви издигне Пророк од вашите редови, како што сум јас.' 38Тој беше заедно со целиот Божји народ во пустината.</s><s>Посредуваше меѓу ангелот што му зборуваше на планината Синај и нашите татковци.</s><s>Притоа, тој прими зборови од животно значење и ни ги пренесе нам.</s><s>39Но нашите предци не го послушаа, туку го отфрлија и посакаа да се вратат во Египет, по кој им беа прираснале срцата.</s><s>40Му рекоа на Арон: >Направи ни богови што ќе нѐ водат, зашто не знаеме што се случи со Мојсеј, кој нѐ изведе од Египет.' 41Така си направија од злато идол во форма на теле и му принесоа жртва, восхитени од својата ракотворба.</s><s>42Тогаш Бог им сврте грб и ги остави да им служат на Сонцето, Месечината и ѕвездите, како да им се богови, токму онака како што е запишано во книгата на пророците:</s> <s></s> <s>>Народе Израелски!</s><s>Дали Мене</s> <s>Ми принесувавте жртви и приноси</s> <s>додека патувавте низ пустината,</s> <s>цели четириесет години, доме Израелов?</s><s>43Не, туку си направивте идоли,</s> <s>за да им се поклонувате:</s> <s>Со себе ги носевте шаторот</s> <s>- светилиште посветен на богот Молех и</s> <s>ѕвездата на богот Реифан!</s> <s>Затоа ќе ве предадам во ропство,</s> <s>и ќе ве одведат во далечниот Вавилон!' 44Додека патуваа низ пустината, нашите предци го носеа заветниот шатор.</s><s>Така им заповеда Бог.</s><s>Тој му рече на Мојсеј да го направи според моделот што му го беше покажал' 45Многу години подоцна, под водство на Јошуа го донесоа во земјата што ја одзедоа од паганските народи, кои Бог ги истера пред нив.</s><s>Таму остана сѐ до времето на царот Давид.</s><s>46Бог му беше благонаклонет на Давид и затоа Давид се осмели да побара од Бог дозвола да најде место каде што ќе изгради храм во кој Израелците ќе Му служат на својот Бог.</s><s>47Сепак, Божјиот храм го изгради Соломон.</s><s>48Но Севишниот не живее во градби направени од човечка рака.</s><s>Како што самиот Бог вели преку пророкот Исаија: 49>Небото Ми е престол,</s> <s>а Земјата - подножје на Моите нозе.</s> <s>Каков дом ќе ми направите вие?' - вели Господ -</s> <s>>Какво место ќе ми најдете за Мое живеалиште?</s><s>50Зарем не е сѐ со Мојата рака создадено?' 51Вие сте тврдоглав народ!</s><s>Длабоко во себе вие сте како паганите!</s><s>Глуви сте за вистината!</s><s>И вие, како и вашите предци, постојано Му се противите на Светиот Дух.</s><s>52Посочете ми еден пророк што не беше прогонуван од вашите предци!</s><s>Тие ги убија пророците што го претскажаа доаѓањето на Праведникот, на Месијата, а кога Тој дојде, вие се свртевте против Него, Го предадовте и Го убивте.</s><s>53Ангели ви го пренесоа Божјиот Закон и пак не го почитувате!“</s> <s>Каменувањето на Стефан</s> <s>54Кога еврејските верски и национални водачи го слушнаа ова, зовреа од бес и почнаа да крцкаат со забите против Стефан.</s><s>55А тој, исполнет со Светиот Дух, и со вперен поглед кон небото каде што ја виде Божјата слава, и Го виде Исус како стои од десната страна на Бог, 56рече: „Погледнете, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бог!“ 57Тогаш Евреите си ги затнаа ушите, и со силна викотница се нафрлија врз Стефан.</s><s>58Го извлекоа надвор од градот и го каменуваа.</s><s>Оние што сведочеа против Стефан ги соблекоа своите горни облеки и ги оставија кај едно момче по име Саул, да им ги причува.</s><s>59Додека го каменуваа, Стефан гласно му се молеше на Бог, велејќи: „Господе Исусе, прими го мојот дух.“ 60Потоа падна на колена и силно извика: „Господе, не земај им го ова за грев!“ Го рече ова и почина.</s> <s>Глава 8</s> <s>Саул ја прогонува црквата</s> <s>1Саул го одобруваше убиството на Стефан.</s> <s>Од тој ден почна големо прогонство против Црквата во Ерусалим, па сите христијани, со исклучок на апостолите, се раштркаа по јудејските области и по Самарија.</s><s>2Неколку побожни луѓе го погребаа Стефан, оплакувајќи го на сет глас.</s><s>3Саул почна да ја уништува Црквата дом по дом.</s><s>Влегуваше, ги извлекуваше и мажите и жените, и ги испраќаше в затвор.</s> <s>Радосната вест се проповеда низ Самарија</s> <s>4Христијаните што се раштркаа поради прогонствата, одеа од место во место и ја проповедаа Радосната вест за Христос.</s><s>5Филип, на пример, отиде во градот Самарија и на тамошните жители им проповедаше за Христос.</s><s>6Сиот народ многу внимателно го слушаше она што Филип им го зборуваше, гледајќи ги чудата што тој ги правеше.</s><s>7Многу демонски духови, со силен викот излегуваа од обземените, и многу парализирани и сакати беа исцелени.</s><s>8Во градот завладеа голема радост.</s><s>9Имаше таму и еден човек по име Симон.</s><s>Тој порано правеше магии и ги восхитуваше луѓето, тврдејќи за себе дека е голем човек.</s><s>10Него го слушаа сите, од мало до големо, велејќи: „Овој човек е сила Божја - >Голема сила'.“ 11Тие го слушаа бидејќи долго време ги восхитуваше со магии и трикови.</s><s>12Но кога поверуваа во она што го зборуваше Филип, кој им проповедаше за Божјото царство и за Исус Христос, сите се крштаваа, и мажи и жени.</s><s>13Дури и Симон поверува, и се крсти.</s><s>Му се придружи на Филип и се восхитуваше од чудата и видливите докази што Филип ги правеше.</s><s>14Кога слушнаа апостолите во Ерусалим дека народот во Самарија ја прифатил Божјата порака, ги испратија кај нив Петар и Јован.</s><s>15Кога пристигнаа тие, се помолија за овие нови христијани да го примат Светиот Дух, 16бидејќи Тој сѐ уште не беше слегол над ниту еден од нив, туку тие само беа крстени во името на Господ Исус.</s><s>17Тогаш Петар и Јован се помолија, положувајќи ги рацете врз нив, и тие го примија Светиот Дух.</s><s>18Кога Симон виде дека Светиот Дух им беше даден преку ракополагање од страна на апостолите, им понуди пари 19и им рече: „Дајте ми ја и мене оваа моќ, та врз кого ќе положам раце, да го прими Светиот Дух!“ 20Но Петар му одговори: „Одете во неврат и ти и твоите пари, штом мислиш дека Божјиот дар може да се купи за пари!</s><s>21Нема за тебе место, ти не можеш да учествуваш во оваа работа, зашто се покажа дека твоето срце не е праведно пред Бог!</s><s>22Затоа покај се што помисли таква зла работа и помоли Му се на Бог.</s><s>Можеби ќе ти ја прости оваа нечесна намера, 23зашто гледам дека си полн со горчина и окован во стегите на гревот.“ 24Тогаш Симон извика: „Молете Му се на Господ за мене, за да не ме снајде ништо од она што го спомнавте!“ 25Откако Петар и Јован сведочеа и проповедаа за Господ, се вратија во Ерусалим.</s><s>Патем ја проповедаа Радосната вест по многу села во Самарија низ кои поминуваа.</s> <s>Филип и евнухот од Етиопија</s> <s>26Потоа ангел Господов му рече на Филип: „Стани и оди на југ, по пустинскиот пат што се спушта од Ерусалим кон Газа!“ 27Филип веднаш замина.</s><s>По пат сретна еден Етиопјанец, евнух, виден службеник кој раководел со целата ризница во дворецот на етиопската царица Кандакија.</s><s>Тој бил на поклонение во Ерусалим, 28па сега се враќаше во Етиопија.</s><s>Седеше во својата кола и ја читаше книгата на пророкот Исаија.</s><s>29Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“ 30Филип го стаса и кога слушна како го чита пророкот Исаија, го праша: „Го разбираш ли ова што го читаш?“ 31<Како би можел да го разберам, ако некој не ми го објасни?“ - одговори Етиопјанецот, па го покани да седне до него.</s><s>32Тој го читаше следниов дел од Светото Писмо:</s> <s></s> <s>„Беше одведен како овца на клање,</s> <s>молчеше како јагне на стрижење.</s> <s>Уста не отвори, иако беше 33понижен и лишен од правда, кога му судеа.</s> <s>Кој ќе ја сфати неговата генерација</s> <s>која го лиши од живот на овој свет!?“ 34Потоа евнухот го праша Филип: „За кого го кажува ова пророкот: за себе или за некоја друга личност?“ 35Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус.</s><s>36Патувајќи така, дојдоа до една вода и евнухот рече: „Еве вода!</s><s>Што ме спречува да се крстам!?“ 37 38Тогаш евнухот нареди колата да застане, па двајцата слегоа во водата и Филип го крсти.</s><s>39Кога излегоа од водата, Духот Господов го грабна Филипа и евнухот веќе не го виде.</s><s>Потоа радосен си го продолжи својот пат.</s><s>40А Филип се појави во градот Азот.</s><s>Минувајќи низ тие предели, ја проповедаше Радосната вест низ сите градови, сѐ додека не стигна до Цезареа.</s> <s>Глава 9</s> <s>== Господ го преобраќа Саул - идниот апостол Павле</s> <s>(Дела Ап.</s><s>22:6-16; 26:12-18) ==</s> <s>1Во меѓувреме Саул, со секој свој здив, претставуваше смртна закана за Господовите следбеници.</s><s>Толку беше ревносен во неговата решеност да ги истреби, што отиде кај првосвештеникот 2и измоли од него да напише писма до синагогите во Дамаск, во кои првосвештеникот ќе бара од нив да соработуваат со Саул во апсењето на сите следбеници на Патот што ќе ги најде таму.</s><s>Саул сакаше да ги доведе во Ерусалим сите христијани, и мажи и жени, оковани во синџири.</s><s>3Кога се приближи до Дамаск, ненадејно блесна во него силна светлина од небото!</s><s>4Тој падна на земјата и слушна глас, како му се обраќа: „Саул, Саул!</s><s>Зошто Ме прогонуваш?“ 5<Кој сте Вие господине?“ - праша Саул.</s> <s>Господ му одговори: „Јас сум Исус, Кого ти Го прогонуваш!</s><s>6Стани и влези во градот; таму ќе ти биде кажано што треба да правиш!“ 7Луѓето што патуваа со него стоеја занемени, зашто слушнаа глас, а не видоа никого.</s><s>8Саул стана од земјата, ги отвори очите, но ништо не гледаше.</s><s>Водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск.</s><s>9Три дена не можеше да гледа, и ниту јадеше, ниту пиеше.</s><s>10А во Дамаск имаше еден христијанин по име Ананија.</s><s>Нему Господ му се јави во видение и му рече: „Ананија!“, а тој му одговори: „Еве ме, Господе!“ 11Господ му рече: „Стани, оди на улицата наречена >Права', во куќата на Јуда.</s><s>Таму има еден човек од градот Тарс, по име Саул.</s><s>Ќе го најдеш како се моли.</s><s>12Преку видение му покажав еден човек, по име Ананија, како доаѓа да ги положи врз него рацете, за тој повторно да прогледа!“ 13Ананија одговори: „Господе, многу сум слушал за тој човек, колку многу зла им има направено на Твоите следбеници во Ерусалим!</s><s>14Тој има овластување дадено од првосвештеникот да го уапси секој што го повикува Твоето име!“ 15Но Господ му рече: „Оди храбро,зашто Јас сум го избрал Саул да им проповеда за Мене на нееврејските народи, на нивните цареви како и на Израелците.</s><s>16А јас ќе му покажам колку ќе мора да пропати поради проповедање на Моето име.“ 17Ананија отиде и влезе во посочената куќа.</s><s>Ги положи рацете врз Саул и рече: „Брате Сауле, ме испрати Господ Исус, Оној што ти се јави на патот по кој доаѓаше, за повторно да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.“ 18Од очите на Саул веднаш падна нешто како лушпа и тој повторно прогледа.</s><s>Потоа стана и беше крстен.</s> <s>Саул проповеда во Дамаск</s> <s>19Откако се најаде, му се врати силата.</s><s>Саул остана неколку дена со христијаните во Дамаск.</s><s>20Веднаш почна во синагогите да проповеда дека Исус е Божјиот Син.</s><s>21Сите што го слушаа беа вчудовидени и велеа: „Не ли е овој истиот човек што во Ерусалим ги убиваше следбениците на Исус?</s><s>Зар не дојде и овде со истата цел: да ги уапси Исусовите следбеници и во пранги да ги одведе кај првосвештениците?“ 22Но Саул толку уверливо докажуваше дека Исус е Месијата, што Евреите кои беа во Дамаск беа целосно збунети и не можеа да му се противстават.</s><s>23После долго време, Евреите сковаа заговор да го убијат, 24но на Саул му беше јавено дека Евреите стражараат покрај градските порти и дење и ноќе, за да го фатат и да го убијат.</s><s>25Затоа христијаните во текот на ноќта го префрлија преку ѕидините, спуштајќи го во кош.</s> <s>Саул проповеда во Ерусалим</s> <s>26Од Дамаск, Саул отпатува за Ерусалим, каде што се обиде да се поврзе со тамошните христијани, но тие се плашеа од него и не веруваа дека и тој навистина станал христијанин.</s><s>27Тогаш Барнаба го доведе кај апостолите и им раскажа како Саул на патот се сретнал со Господ и зборувал со Него, па како во Дамаск смело проповедал за Исус.</s><s>28Тогаш апостолите го прифатија.</s><s>Саул остана извесно време со нив, движејќи се во Ерусалим и околината, смело проповедајќи за Господ.</s><s>29Се расправаше и со некои елинизирани Евреи, но тие се обидуваа да го убијат.</s><s>30Кога дознаа за ова, христијаните го одведоа во Цезареа, и оттаму го испратија за Тарс.</s><s>31Тогаш низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија, за Црквата настапи период на мир и растеж.</s><s>Живеејќи со страхопочит спрема Господ и имајќи поткрепа од Светиот Дух, бројот на христијаните постојано се зголемуваше.</s> <s>Делата на Петар во градовите Лида и Јопа</s> <s>32Посетувајќи ги христијаните, апостолот Павле патуваше од место во место.</s><s>Така пристигна и кај следбениците на Господ што живееја во градот Лида.</s><s>33Таму сретна еден човек по име Енеј, кој осум години лежел парализиран.</s><s>34Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува!</s><s>Стани и направи си ја постелата!“ И тој веднаш стана!</s><s>35Сите што живееја во Лида и Шарон го видоа ова и се обратија кон Господ.</s><s>36А во градот Јопа имаше една христијанка по име Тавита, што во превод значи >Срна'.</s><s>Таа имаше направено многу добри дела и имаше раздавано многу милостина.</s><s>37Во тоа време се разболе и умре.</s><s>Ја избањаа и ја положија во една соба на горниот кат.</s><s>38Лида е близу до Јопа и кога христијаните од Јопа, разбраа дека Петар е во Лида, испратија двајца луѓе да го викнат веднаш да дојде кај нив.</s><s>39Петар веднаш стана и тргна со нив кон Јопа.</s><s>Кога пристигнаа, го одведоа во горната соба.</s><s>Собата беше полна со вдовици кои веднаш се собраа околу Петар и плачејќи му ги покажуваа кошулите и другите облеки што ги изработувала Тавита додека била жива.</s><s>40Петар ги замоли сите да излезат надвор.</s><s>Потоа клекна на колена, се помоли, се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ Таа ги отвори очите и кога го виде Петар седна.</s><s>41Тој ѝ подаде рака, и ѝ помогна да стане.</s><s>Потоа ги викна христијаните и вдовиците и им ја покажа жива.</s><s>42Тоа се расчу низ целиот град Јопа, и многумина поверуваа во Господ.</s><s>43А Петар остана подолго време во Јопа.</s><s>Живееше кај еден човек по име Симон, кој беше кожар.</s> <s>Глава 10</s> <s>Крштевање на римскиот офицер Корнелие</s> <s>1Во градот Цезареа имаше еден римски офицер по име Корнелие.</s><s>Тој беше командир на Италијанскиот полк.</s><s>2Беше побожен човек и имаше страхопочит спрема Бог, заедно со сите што живееја во неговиот дом.</s><s>Делеше многу милостина и постојано Му се молеше на Бог.</s><s>3Еден ден, околу три часот попладне имаше видение: еден Божји ангел, дојде кај него и му рече: „Корнелие!“ 4Ѕурејќи исплашено во него, Корнелие одговори: „Молам, господине?“.</s> <s>Ангелот му рече: „Бог ги слушна твоите молитви, а и милостината што ја даваш, не остана незабележана.</s><s>5Испрати сега неколку луѓе во Јопа да го доведат човекот по име Симон, кого уште го викаат и Петар!</s><s>6Тој престојува кај кожарот Симон, чија куќа е покрај морето.“ 7Кажувајќи му го ова, ангелот си замина.</s><s>Корнелие викна двајца слуги и еден од своите потчинети војници, кој исто така беше побожен човек.</s><s>8Им објасни што се случи, и ги испрати во Јопа.</s> <s>Петар доаѓа кај Корнелиус</s> <s>9Утредента, околу пладне, додека гласниците на Корнелие патуваа и се приближуваа накај градот, Петар се качи на рамниот покрив за да се моли.</s><s>10Кога огладне, посака нешто да јаде.</s><s>Додека му го подготвуваа јадењето, тој падна во занес 11и виде како се отвора небото, и како кон земјата се спушта нешто како големо, ленено платно, врзано на четирите ќошиња, 12а во него имаше секаков вид четириножни животни, лазачи и птици.</s><s>13Тогаш слушна глас: „Петре!</s><s>Стани, коли и јади!“ 14<Никако Господи!</s><s>Јас никогаш досега не сум јадел нешто што е забрането да се јаде според еврејските закони !“ - одговори Петар.</s><s>15Гласот уште еднаш му се јави: „Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го очистил!“ 16Ова се повтори трипати, а потоа платното беше кренато на небото.</s><s>17Петар беше збунет и се прашуваше што може да значи ова видение.</s><s>Тогаш ги виде луѓето испратени од Корнелие, кои прашувајќи, дојдоа до куќата на Симон и стоеја пред портата, 18прашувајќи дали тука престојува Симон, наречен Петар.</s><s>19Додека Петар уште размислуваше за видението што го имаше, Светиот Дух му рече: „Те бараат тројца мажи.</s><s>20Стани и појди со нив, без да се двоумиш, зашто Јас ги испратив.“ 21Петар слезе кај луѓето и им рече: „Јас сум човекот што го барате.</s><s>За што сте дојдени?“ 22Тие му одговорија: „Нѐ испрати офицерот Корнелие.</s><s>Тој е праведен човек и има страхопочит спрема Бог.</s><s>За него сите Евреи имаат добро мислење.</s><s>Тој доби наредба од светиот ангел да те повика во својот дом и да слушне од тебе што имаш да му кажеш.“ 23Потоа Петар ги покани да влезат и ги прими како гости.</s><s>Утредента, замина со нив, во придружба на неколку христијани од Јопа.</s><s>24Следниот ден, стигнаа во Цезареа.</s><s>Таму го чекаше Корнелие, кој ги беше викнал своите роднини и блиски пријатели.</s><s>25Кога Петар влегуваше, Корнелие падна пред него, искажувајќи му така длабока почит.</s><s>26Петар го крена и му рече: „Стани!</s><s>И јас сум само човек, како што си и ти.“ 27Корнелие стана, а Петар почна да му зборува.</s><s>Кога влегоа внатре Петар виде голем број собрани луѓе.</s><s>28Тогаш Петар им рече: „Вие знаете дека е спротивно на еврејските закони да се дружам со неевреи и да доаѓам кај нив.</s><s>Но Бог ми покажа дека никого не треба да го сметам за гнасен и нечист.</s><s>29Затоа, без да се противам, се одѕвав на вашата покана.</s><s>А сега да ве прашам: Зошто ме повикавте?“ 30Корнелие му одговори: „Пред четири дена, во три часот попладне, се молев во својата куќа, кога одненадеж пред мене застана еден човек во блескава облека, 31и ми рече: >Корнелие, Бог ги услиши твоите молитви и си спомна за твојата дарежливост спрема сиромашните.</s><s>32Испрати гласници во Јопа да го повикаат човекот што го викаат Петар, кој престојува во куќата на кожарот Симон, близу до морскиот брег!' 33Затоа веднаш испратив по тебе и ти добро направи што дојде.</s><s>Еве нѐ сега сите нас, собрани овде пред Бог, за да слушнеме што сѐ ти е доверено од Господ.“</s> <s>Петровата проповед во домот на Корнелие</s> <s>34Тогаш Петар почна да зборува: „Сега сфаќам дека Бог навистина не е пристрасен кон никого, 35туку го прифаќа секој што има страхопочит спрема Него и праведно постапува, без разлика на кој народ му припаѓа.</s><s>36Вие ја знаете пораката што им ја упати на Израелците, нудејќи им Радосна вест за помирување преку Исус Христос, Кој е Господ на сите.</s><s>37Знаете што сѐ се случуваше во Јудеја, почнувајќи од Галилеја, откако Јован Крстител почна да проповеда дека секој треба да се крсти.</s><s>38Потоа Бог Го помаза Исус од Назарет со Светиот Дух и Му даде сила.</s><s>Исус цел живот правеше добрини и ги исцелуваше сите што беа угнетени од ѓаволот, зашто Бог беше со Него.</s><s>39А ние, апостолите, сме сведоци за сѐ што Тој направи во земјата на Евреите и во Ерусалим.</s><s>Него Го убија, Го распнаа на крст.</s><s>40Но на третиот ден, Бог Го воскресна, Му овозможи да се појави, 41не на сите луѓе, туку само на сведоците што Бог ги беше одбрал од порано, односно нам што јадевме и пиевме со Него откако Тој воскресна од мртвите.</s><s>42Тој ни заповеда да им проповедаме и да ги уверуваме луѓето дека Исус е Судијата назначен од Бог, и Тој ќе им суди и на живите, и на мртвите.</s><s>43Сите пророци зборуваа за Исус и навестија дека на сите што веруваат во Него им се простуваат гревовите преку вера во Неговото име.“</s> <s>Примањето на Светиот Дух и крштавањето на првите неевреи</s> <s>44Додека Петар зборуваше, Светиот Дух слезе врз сите што ја слушаа пораката.</s><s>45Христијаните од еврејско потекло кои го придружуваа Петар, се изненадија кога видоа дека Светиот Дух и духовните дарови им беа дадени и на луѓе што не се Евреи.</s><s>46Тука, пред нивни очи, ги слушаа како зборуваат на туѓи јазици и Го прославуваат Бога.</s> <s>Тогаш Петар рече.</s><s>47<Може ли некој да не им дозволи на овие луѓе да се крстат во вода, кога тие Го примија Светиот Дух исто како и ние!?“ 48Така Петар им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос.</s><s>Потоа тие го замолија да остане кај нив уште неколку дена.</s> <s>Глава 11</s> <s>Петар ги урива еврејските предрасуди</s> <s>1Апостолите и другите христијани во Јудеја разбраа дека и неевреите ја прифатиле Божјата порака.</s><s>2Кога Петар се врати горе, во Ерусалим, некои од Евреите - христијани почнаа да му приговараат: 3велејќи му: „Си влегол во куќа полна со необрежани луѓе и си јадел со нив!“ 4Тогаш Петар почна да им објаснува што се случи, и им рече: 5<Бев во градот Јопа.</s><s>Додека се молев, паднав во занес и имав видение: нешто како големо ленено платно врзано за ќошињата се спушти од небото и дојде до мене.</s><s>6Погледнав во платното и видов разни видови четириножни животни, ѕверови, лазачи и птици.</s><s>7Потоа слушнав глас: >Петар!</s><s>Стани, коли и јади!' 8Јас одговорив: >Никако Господи, зашто она што е забрането да се јаде според еврејските закони никогаш не влегло во мојата уста!' 9Гласот од небото по вторпат ми проговори: >Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го очистил!' 10Тоа се случи трипати и потоа платното со животните се врати на небото.</s><s>11Веднаш потоа, пред куќата во која престојував, се појавија тројца мажи од Цезареа.</s><s>Тие беа испратени по мене.</s><s>12Светиот Дух ми рече да одам со нив, без да се двоумам.</s><s>Со мене појдоа и шестмина христијани.</s><s>Заедно отидовме во домот на човекот што ме повика.</s><s>13Тој ни раскажа како во својот дом видел ангел, кој му рекол: >Испрати луѓе во Јопа и викни го Симон, кого уште го викаат Петар.</s><s>14Тој ќе ти каже како да се спасите ти и сите што живеат во твојот дом.' 15Тукушто почнав да зборувам, Светиот Дух слезе врз нив, исто како што слезе и врз нас на почетокот.</s><s>16Тогаш се сетив на она што Господ ни го рече: >Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Светиот Дух.' 17Ако Бог, им го даде истиот дар како и нам, кога и тие поверуваа во Исус Христос, кој сум јас да Му се противставувам на Бог!?“ 18Кога го слушнаа ова, престанаа да негодуваат и Го прославија Бога, велејќи: „Значи и на неевреите Бог им даде можност да се покаат и да добијат вечен живот!“</s> <s>== Зачетоци на Црква во сириска Антиохија</s> <s>Воведување на името >христијани' ==</s> <s>19Во меѓувреме, христијаните што се беа распрснале поради прогонствата што настапија по убиството на Стефан, и беа стигнале до Феникија, Кипар и Антиохија, не им ја проповедаа Радосната вест на другите народи, туку само на Евреите.</s><s>20Имаше само неколкумина од Кипар и Кирена, кои, откако стигнаа во Антиохија, и им проповедаа и на Грците дека Исус е Господ.</s><s>21Силата Господова беше со нив и голем број поверуваа и се обратија кон Господ.</s><s>22Кога за ова слушнаа луѓето од ерусалимската црква, го испратија Барнаба во Антиохија.</s><s>23Тој дојде и, восхитен од Божјата благонаклоност се радуваше и ги охрабруваше сите да Му останат верни и посветени на Господ.</s><s>24Барнаба беше добар човек, исполнет со Светиот Дух и со силна вера.</s><s>Тогаш голем број луѓе се приклонија кон Господ.</s><s>25Потоа Барнаба замина за Тарс да го бара Саул, 26па кога го најде, го доведе во Антиохија.</s><s>Цела една година останаа таму.</s><s>Се собираа во црквата и поучуваа многу народ.</s><s>Токму во Антиохија следбениците на Христос за прв пат ги нарекоа христијани.</s><s>27Во тоа време од Ерусалим во Антиохија дојдоа неколку пророци.</s><s>28Еден од нив по име Агав претскажа преку Светиот Дух дека по целото римско царство ќе настапи голем глад.</s><s>Тоа навистина и се случи во времето на Клаудие.</s><s>29Тогаш христијаните во Антиохија решија секој, според своите можности, да им испрати помош на христијаните во Јудеја.</s><s>30Така и направија, испраќајќи ја помошта до тамошните старешини, преку Барнаба и Саул.</s> <s>Глава 12</s> <s>Убиството на Јаков и апсењето на Петар</s> <s>1Во тоа време, царот Ирод Агрипа им зададе многу маки на неколку припадници на Црквата.</s><s>2Со меч го погуби апостолот Јаков, братот на Јован.</s><s>3Кога виде дека со тоа им угодува на Еврејските челници, го уапси и Петар, и тоа за време на празникот Бесквасници.</s><s>4Го фати Петра, го затвори и нареди четири групи од по четири војници да го чуваат, а по Пасхата да го изведе на јавно судење пред народот.</s><s>5Додека Петар беше в затвор, целата Црква усрдно Му се молеше на Бог за него.</s> <s>Петар на чудотворен начин излегува од затворот</s> <s>6Ноќта, пред Ирод да го изведе на суд, Петар спиеше меѓу двајца војници, врзан со два синџира, а пред вратата на затворот стоеше стража.</s><s>7Одеднаш, ангел Господов му пријде и светлина болсна во ќелијата.</s><s>Го потчукна по рамото и го разбуди, велејќи му: „Станувај брзо!“ Тогаш ланците паднаа од неговите раце, 8а ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги сандалите!“ Петар го послуша.</s><s>Потоа му рече: „Облечи си ја наметката и врви по мене!“ 9Така Петар излезе од затворот, следејќи го ангелот, и не беше свесен дека тоа што се случува е на јаве, туку мислеше дека сонува.</s><s>10Ја поминаа првата стража, ја поминаа и втората стража, дојдоа пред железната градска порта и таа сама им се отвори, па излегоа и тргнаа по една улица.</s><s>Тогаш ангелот исчезна.</s><s>11А кога Петар, дојде на себеси, рече: „Сега се уверив дека Господ навистина испрати Свој ангел да ме избави од Ирод и од она што сакаа да ми го сторат Евреите!“ 12Потоа Петар се упати кон куќата на Марија, мајката на Јован, со прекар Марко.</s><s>Таму имаше многу христијани собрани на молитва.</s><s>13Чукна на портата.</s><s>Дојде слугинката по име Рода 14и кога му го позна гласот, од радост не му отвори, туку втрча во куќата и им кажа дека Петар стои пред портата.</s><s>15<Ти не си при себе!“ - ѝ рекоа луѓето, но таа упорно тврдеше дека ја зборува вистината.</s><s>„Тоа мора да е неговиот ангел!“ - велеа тие.</s><s>16Петар продолжуваше да чука и кога конечно му отворија и го видоа, се стаписаа!</s><s>17Им даде знак со раката да молчат и им раскажа како Господ го изведе од затворот, па додаде: „Јавете му за ова на Јаков и на другите браќа - христијани.“ Потоа Петар си замина и отиде на друго место.</s><s>18Кога се раздени, настана паника меѓу војниците.</s><s>Не знаеја што се случило со Петар!</s><s>19Ирод испрати потера, но не го најде.</s><s>Ги испрашуваше и стражарите, но безуспешно, па нареди да ги погубат.</s> <s>Потоа Ирод ја напушти Јудеја и времено се пресели во Цезареа.</s> <s>Смртта на Ирод Агрипа</s> <s>20Ирод беше во многу лоши односи со граѓаните на Тир и Сидон.</s><s>Тие се здружија, испратија кај него делегација.</s><s>Го поткупија Бласт, кој му беше собар, и побараа да склучат мир, бидејќи нивната земја добиваше храна од земјата на царот Ирод.</s><s>21На договорениот ден, Ирод се облече во царска облека, седна на престолот, и му одржа говор на насобраниот народ.</s><s>22Народот одушевено викаше: „Ова е глас на бог, а не на човек!“ 23Во истиот миг ангел Господов го удри со болест, зашто не Му оддаде слава на Бог.</s><s>Во неговото тело се развија црви од што тој набргу умре.</s><s>24А Божјата порака сѐ пошироко се проповедаше и бројот на христијаните растеше.</s><s>25Откако ја завршија мисијата во Ерусалим, Барнаба и Саул се вратија во Антиохија.</s><s>Со себе го зедоа Јован, со прекар Марко.</s> <s>Глава 13</s> <s>ПРВОТО МИСОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА ПАВЛЕ</s> <s>1Меѓу пророците и учителите во антиохиската црква беа и Барнаба, Симеон наречен >Црни', Луцие од Кирена, Менахем, кој беше израснал со царот Ирод, и Саул.</s><s>2Еден ден, додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: „Одвојте ми ги Барнаба и Саул за една посебна задача што сакам да им ја доверам!“ 3Откако постеа и се молеа, нивните соработници ги положија рацете врз нив и ги испратија.</s> <s>1) Мисија во Кипар</s> <s>4Саул и Барнаба, испратени од Светиот Дух, слегоа во пристаништето Селеукија, а оттаму отпловија за островот Кипар.</s><s>5Таму, во градот Саламис, одеа по еврејските синагоги и ја проповедаа Божјата порака.</s><s>Со нив, како помошник, беше и Јован, со прекар Марко.</s><s>6Го поминаа целиот остров, сѐ до гратчето Пафос.</s><s>Таму сретнаа еден човек по име Бар-Исус.</s><s>Тој се бавеше со магии и лажно им се претставуваше на Евреите како Божји пророк.</s><s>7Од друга страна, тој му беше пријател на Сергие Павле, управник на островот.</s><s>Управникот беше разумен човек, па ги покани Барнаба и Саул, сакајќи од нив да ја слушне Божјата порака.</s><s>8Маѓесникот Елимас (така го викаа на грчки), им се спротивстави, настојувајќи да го спречи управникот да стане христијанин.</s><s>9Тогаш Саул, познат и како Павле, се исполни со Светиот Дух, го погледна маѓесникот в очи 10и му рече: „Човеку, ти си полн со измами и лукавствства! \аволски син си, непријател на сѐ што е праведно!</s><s>Нема ли да престанеш да лажеш и да тврдиш дека твоите лаги се вистинските патишта Господови!?</s><s>11Еве, сега раката Господова ќе те казни: ќе ослепиш и извесно време нема да гледаш!“</s> <s>Маѓесникот веднаш ослепе и талкаше наоколку, молејќи се некој да го фати за рака и да го води.</s><s>12Кога управникот виде што се случи, поверува, а она што го научи за Господ му остави силен впечаток.</s> <s>2) Апостолот Павле проповеда во писидиска Антиохија</s> <s>13Потоа Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и дојдоа во пристаништето Перга, во областа Памфилија.</s><s>Јован се оддели од нив и се врати во Ерусалим.</s><s>14Барнаба и Павле заминаа од Перга и дојдоа во Антиохија, град во областа Писидија.</s> <s>Во еден саботен ден влегоа во една синагога и седнаа.</s><s>15Откако заврши вообичаеното читање од Мојсеевите книги и од книгите на Пророците, водачите на синагогата ги поканија: „Браќа, ако имате некаква порака за народот, излезете и зборувајте!“ 16Тогаш Павле стана, ја подигна раката за да престанат да зборуваат, па рече:</s> <s><Луѓе, Израелци и сите вие што имате страхопочит спрема Бог, слушнете!</s><s>17Израелскиот Бог, ги одбра нашите предци и го издигна нашиот народ во времето кога беше во Египет, и победоносно го изведе оттаму.</s><s>18Речиси четириесет години се грижеше за нив во пустината.</s><s>19Уништи седум народи во Канаанската земја и нивната земја им ја даде на Израелците.</s><s>20Тоа траеше околу четиристотини и педесет години.</s><s>Потоа со Израелците управуваа судии, сѐ до времето на пророкот Самоил.</s><s>21Тогаш народот побара од Бог да им постави цар и Бог им го посочи Саул, синот на Киш, од племето Бинјамин.</s><s>Тој владееше четириесет години.</s><s>22Потоа Бог го отстрани Саул и го издигна за цар Давид, за кого со благонаклоност рече: >Давид, синот на Јишај, е човек по мерак на Моето срце.</s><s>Тој ќе исполни сѐ што ќе побарам од него!' 23Исполнувајќи го Своето ветување, Бог му подигна Спасител на израелскиот народ.</s><s>Тоа е Исус.</s><s>24Пред да се појави Исус, Јован Крстител на Израелците им проповедаше да се вратат кон Бог и да се крстат.</s><s>25Кога Јован ја завршуваше својата мисија им рече на луѓето: >Немојте да мислите дека јас сум Месијата, зашто не сум!</s><s>Но Тој доаѓа веднаш по мене, и јас не сум достоен ни сандалите на нозете да Му ги одврзам!' 26Луѓе, браќа, потомци на Авраам и сите вие што имаат страхопочит спрема Бог, оваа порака за спасение е испратена до сите нас!</s><s>27Жителите на Ерусалим и нивните водачи не сфатија Кој е Исус, иако секоја сабота читаат од книгите на Пророците.</s><s>Осудувајќи Го на смрт, тие го исполнија она што го претскажаа пророците.</s><s>28Иако не му најдоа никаква вина за да Го осудат на смрт, тие инсистираа кај Пилат Исус да биде погубен.</s><s>29Откако преку нив се исполнија сите пророштва поврзани со смртта на Месијата, тие Го симнаа од крстот и Го положија во гробница.</s><s>30Но Бог Го воскресна од мртвите!</s><s>31Потоа, со денови им се појавуваше на оние што дојдоа со Него од Галилеја во Ерусалим.</s><s>Сега тие се Негови сведоци пред Израелскиот народ.</s><s>32Барнаба и јас сме сега дојдени да ви пренесеме Радосна вест: Ветувањето што Бог им го беше дал на нашите предци 33го исполни пред нас, нивните деца, кога Го воскресна Исуса!</s><s>Имено, во вториот псалм Бог вели во врска со Исус:</s> <s></s> <s>>Ти си Мојот Син,</s> <s>денес станав Твој Татко.' 34Понатаму, Бог вети дека ќе Го воскресне Исуса од мртвите и дека никогаш повеќе нема да умре.</s><s>Тоа е запишано со следниве зборови:</s> <s></s> <s>>Тебе ќе ти го дадам</s> <s>Светиот благослов што му го ветив на Давид.' 35Во еден друг псалм, појаснува:</s> <s></s> <s>>Ти нема да дозволиш</s> <s>Твојот Светец да скапува во гробот.' 36Ова ветување не се однесуваше на Давид, зашто Тој, откако ја изврши Божјата мисија меѓу своите современици, почина и беше прибран кај своите предци, а неговото тело се распадна.</s><s>37Ова се однесуваше на некој друг, на Оној Кого Бог Го воскресна, на Исус.</s><s>Тој не остана во гробот, Неговото тело не се распадна.</s><s>38Затоа браќа мои, Радосната вест гласи дека само преку Исус може да ви се простат гревовите!</s><s>Тој може да го стори она што не е можно да се постигне со придржување кон Мојсеевиот закон.</s><s>39На секој што верува во Него, ќе му се прости вината, ќе биде оправдан пред Бог!</s><s>Ова е нешто што не можеше да се добие преку придржување кон Мојсеевиот Закон.</s><s>40Затоа внимавајте да не ве снајде она што е претскажано од пророците: 41>Гледајте, вие подбивачи!</s> <s>Стаписајте се и изгинете,</s> <s>зашто она што го правам во вашите дни,</s> <s>немаше да го верувате</s> <s>ако некој ви го раскажуваше!'“ 42На излегување, луѓето ги молеа и идната сабота да им проповедаат за ова.</s><s>43Кога се разотидоа, многу Евреи и прозелити тргнаа по Павле и Барнаба, кои им зборуваа и ги охрабруваа да Му останат верни на Бог, чија благонаклоност се излеа над нив.</s> <s>Павле се свртува кон неевреите</s> <s>44Следната сабота речиси целиот град се собра да ја слуша пораката Господова.</s><s>45Кога еврејските челници видоа колку многу народ се насобра, се исполнија со завист.</s><s>Почнаа да го навредуваат Павле и да му се противат на сѐ што ќе речеше.</s><s>46Но Павле и Барнаба, решително и смело им рекоа: „Нормално беше Божјото слово да ви се проповеда прво на вас, Евреите.</s><s>Но вие го одбивате, и покажувате дека не сте достојни за вечен живот; затоа сега ние се свртуваме кон другите народи.</s><s>47Самиот Господ вака ни нареди:</s> <s></s> <s>>Ве поставувам да им бидете светлина на нееврејските народи,</s> <s>да го однесете спасението, до краевите на земјата!'“ 48Слушајќи го ова, луѓето од нееврејско потекло се радуваа и Му благодареа на Господ за она што го слушаа.</s><s>Тогаш сите што беа предодредени за вечен живот, поверуваа.</s><s>49Така пораката Господова се ширеше низ целата област.</s><s>50Тогаш еврејските челници ги подбуцнаа поистакнатите религиозни жени и градските водачи, кои се кренаа против Павле и Барнаба и ги истераа од нивната област.</s><s>51Павле и Барнаба ја истресоа правта од стапалата и отидоа во градот Иконија, 52а христијаните беа полни со радост и со Светиот Дух.</s> <s>Глава 14</s> <s>3) Павле и Барнаба проповедаат во Иконија</s> <s>1Павле и Бранаба влегоа заедно во синагогата во градот Иконија и проповедаа со таква сила, што голем број и Евреи и неевреи ја прифатија христијанската вера.</s><s>2Но оние Евреи што не поверуваа, ги подбуцнуваа луѓето од другите народи да не ги слушаат Павла и Барнаба.</s><s>3И покрај тоа, апостолите долго време останаа таму и смело зборуваа за Господ, а Господ им даваше сила да прават чуда и видливи докази, поткрепувајќи ја така веродостојноста на Пораката за Неговата огромна благонаклоност.</s><s>4Народот во градот беше поделен.</s><s>Едни беа со Евреите - противници, а други со апостолите.</s><s>5Кога работата дојде до таму, што противниците од Евреите и од другите народи, предводени од своите водачи, решија да ги нападнат и да ги каменуваат, 6апостолите избегаа кон областа Ликаонија, накај градовите Листра, Дерба и околните села.</s><s>7Таму продолжија да ја проповедаат Радосната вест.</s> <s>4) Павле и Барнаба во Листра: од обожавање до каменување!</s> <s>8Во градот Листра имаше еден човек со заболени нозе.</s><s>Беше сакат во нозете уште од раѓање, постојано седеше и никогаш не беше проодел.</s><s>9Додека апостолот Павле проповедаше, тој човек слушаше.</s><s>Павле го забележа и кога виде дека во него има вера за да биде исцелен, 10гласно му рече: „Стани, исправи се на своите нозе!“ Човекот скокна и прооде!</s><s>11Кога луѓето видоа што направи Павле, почнаа силно да извикуваат, на ликаонски говор: „Боговите зеле човечки тела и слегле кај нас!“ 12Почнаа Барнаба да го викааат Зевс, а Павле - Хермес, зашто тој беше главниот говорник.</s><s>13Свештеникот во храмот на Зевс, кој се наоѓаше пред градот, доведе бикови, донесе венци од цвеќиња пред градските портите и заедно со целиот народ сакаше да им принесе жртви на апостолите.</s><s>14Кога слушнаа за ова апостолите Барнаба и Павле, ги раскинаа своите наметки и потрчаа накај народот, викајќи: 15<Луѓе, што правите!?</s><s>И ние сме обични луѓе, како вас!</s><s>Сакаме да ви објавиме Радосна вест: оставете ги овие безвредни обреди и свртете се кон Живиот Бог!</s><s>Тој ги создаде небото и Земјата, морето и сѐ што е во нив!</s><s>16Во минатото, Тој им дозволи на сите народи да одат по сопствените патишта.</s><s>17Сепак никогаш не ги остави без сведоштво за себеси, правејќи за нив добродетелства, давајќи им дожд и плодни годишни времиња, давајќи им храна и исполнувајќи ги нивните срца со радост.“ 18Дури и откако им го рекоа ова, одвај ги убедија луѓето да не им принесуваат жртви.</s><s>19Тогаш од Антиохија и од Иконија пристигнаа неколку Евреи, кои го подбуцнаа народот, да го каменуваат Павла.</s><s>Потоа го исфрлија надвор од градот, сметајќи го за мртов.</s><s>20Но кога тамошните христијани се собраа околу него, тој стана и се врати во градот.</s><s>Утредента Павле и Барнаба заминаа за Дерба.</s> <s>Довршување на првото мисионерско патување: Павле и Барнаба се враќаат во сириска Антиохија</s> <s>21Откако во тој град ја проповедаа Радосната вест и придобија многу следбеници, апостолите Павле и Барнаба се вратија најпрвин во Листра, а потоа и во Иконија и писидиска Антиохија, 22за да ги охрабрат христовите следбеници, давајќи им поттик да истраат во верата, учејќи ги дека пред да стасаме во Божјото царство ќе треба да минеме низ многу неволи.</s><s>23Во секоја црква поставија старешини, откако постеа и се молеа, а потоа ги предадоа во рацете на Господ, во Кого поверуваа, Тој да се грижи за нив.</s><s>24Потоа преку Писидија, се вратија во областа Памфилија.</s><s>25Уште еднаш проповедаа во Перга, а оттаму заминаа за Аталија 26откаде со брод се вратија во сириска Антиохија, град од којшто и го започнаа првото мисионерско патување, со доверба дека Божјата благонаклоност ќе ги води во извршувањето на работата.</s><s>Таа задача сега беше успешно завршена.</s><s>27Кога пристигнаа во Антиохија, ја собраа целата црква, им раскажаа за сѐ што Бог направи преку нив, и како и на нееврејските народи им ја отвори вратата на верата.</s><s>28Тука останаа подолго време со тамошните христијани.</s> <s>Глава 15</s> <s>Расправија во Антиохија околу обрежувањето</s> <s>1Во времето додека Павле и Барнаба беа во сириска Антиохија, имаше неколку луѓе дојдени од Јудеја што им говореа на новообратените христијани од нееврејско потекло, дека ако не се обрежани според обичајот оставен од Мојсеј, не можат да бидат спасени.</s><s>2Павле и Барнаба не се согласија со ова, па дојде до голема расправија.</s><s>Затоа се договорија, Павле, Барнаба и неколкумина од нив да појдат кај апостолите и старешините во Ерусалим и да се посоветуваат во врска со ова прашање.</s><s>3Така испратени на пат од црквата минуваа низ Феникија и Самарија, и патем застануваа да ги посетат христијаните.</s><s>Во текот на тие посети подробно им раскажуваа како и луѓе што не се Евреи, се обраќаат кон Бог.</s><s>Со тоа многу ги израдуваа тамошните христијани.</s> <s>Апостолскиот Собор во Ерусалим</s> <s>4Кога Павле и Барнаба стигнаа во Ерусалим, беа примени од тамошната црква, од апостолите и старешините.</s><s>Им раскажаа за сѐ што Бог направи преку нив.</s><s>5Но станаа неколкумина што порано биле фарисеи, а сега беа христијани, па рекоа дека е неопходно сите новообратени што не се Евреи да се обрежат и да им се нареди да го спроведуваат Мојсеевиот Закон.</s><s>6Апостолите и старешините се собраа, за да го разгледаат ова прашање.</s><s>7По една долга расправа, стана Петар и им рече: „Луѓе, браќа, вие знаете дека уште од првите денови Бог избра другите народи токму од мојата уста да ја слушнат Радосната вест и да поверуваат.</s><s>8Бог, Кој ги познава човечките срца, потврди дека ги прифаќа и неевреите со тоа што им го даде Светиот Дух, како и нам.</s><s>9Тој не направи никаква разлика меѓу нас и нив.</s><s>Ги очисти и нивните срца преку вера.</s><s>10Зошто сега вие не го прифаќате начинот што Бог го одбра и врз вратовите на нееврејските христијани ставате јарем, кој ниту нашите предци, ниту ние не можевме да го носиме?</s><s>11Ние веруваме дека спасението и за нас и за нив е преку дарежливата благонаклоност на Господ Исус.“ 12Тогаш сите што беа собрани замолкнаа и ги слушаа Барнаба и Павле како раскажуваат за многубројните видливи докази и чуда што Бог ги направи преку нив меѓу нееврејските народи.</s><s>13После нив проговори Јаков: „Луѓе, браќа, слушнете што ќе ви кажам!</s><s>14Симон Петар ви објасни како Самиот Бог најнапред се погрижи да придобие Свои луѓе и од другите, нееврејски народи.</s><s>15Тоа е во согласност со претскажувањата на пророците, кои ги запишале Божјите зборови: 16>Подоцна ќе се вратам</s> <s>и ќе го обновам паднатиот шатор на Давид,</s> <s>урнатините ќе ги поправам</s> <s>и повторно ќе ги кренам, 17така што остатокот од човештвото, меѓу кои се</s> <s>и сите нееврејски народи</s> <s>кои Јас сум ги повикал да бидат Мои,</s> <s>ќе можаат да Го најдат Господа.'-</s> <s>Вака рече Господ, 18Кој уште пред векови</s> <s>ни ги објави овие нешта.</s><s>19Затоа јас сметам дека не треба да им отежнуваме на луѓето од нееврејско потекло кои решиле да се свртат кон Бог.</s><s>20Да им напишеме само да не јадат месо што е принесено како жртва на идоли, да се пазат од блуд, да не јадат удавени животни и да не консумираат крв.</s><s>21Зашто овие закони од Мојсеј, се проповедаат секоја сабота по еврејските синагоги во сите градови.“</s> <s>Писмо до христијаните од нееврејските народи</s> <s>22Тогаш апостолите, старешините и целата црква во Ерусалим решија да изберат луѓе и да ги испратат во сириска Антиохија, заедно со Павле и Барнаба за да им ја пренесат оваа одлука.</s><s>Одбраа двајца од водачите на црквата: Јуда, наречен Барсаба, и Сила.</s><s>23Ним им го предадоа следното писмо:</s> <s><Од апостолите и старешините, ваши браќа од Ерусалим,</s> <s>до христијаните од нееврејско потекло во Антиохија, Сирија и Киликија.</s> <s>Поздрави до вас!</s><s>24Слушнавме дека кај вас дошле луѓе од овде и без да добијат од нас никакви упатства, ви издавале разни заповеди, со што многу ве вознемириле.</s><s>25Затоа, откако постигнавме согласност по ова прашање, избравме луѓе што ќе ги испратиме кај вас, заедно со нашите сакани Барнаба и Павле, 26луѓе што Му ги посветиле своите животи на нашиот Господ Исус Христос.</s><s>27Ги испраќаме Јуда и Сила, кои и усмено ќе ви го објаснат ова што ви го пишуваме.</s><s>28Светиот Дух и ние решивме да не ве оптоваруваме со други бремиња, освен со овие неколку нешта, што се неопходни: 29да не јадете месо што е принесено како жртва на идоли, да не консумирате крв, да не јадете задавени животни и да се пазите од блуд.</s><s>Доволно е да се придржувате до овие упатства.</s> <s>Бидете поздравени!“ 30Така четворицата испратени заминаа за сириска Антиохија.</s><s>Таму свикаа собрание на сите христијани и им го предадоа писмото.</s><s>31Луѓето го прочитаа и многу ѝ се израдуваа на неговата содржина.</s><s>32А Јуда и Сила, обајцата Божји пророци, долго им зборуваа на христијаните, охрабрувајќи ги и зајакнувајќи им ја верата.</s><s>33Поминаа со нив извесно време, а потоа со благослов од христијаните се вратија во Ерусалим кај оние што ги испратија.</s><s>34 35Павле и Барнаба останаа во Антиохија, каде што заедно со многу други луѓе поучуваа и ја проповедаа пораката од Господ.</s> <s>Павле и Барнаба се разделуваат</s> <s>36По извесно време Павле му рече на Барнаба: „Ајде да се вратиме и повторно да ги посетиме христијаните по сите градови каде што ја проповедавме пораката од Господ, за да видиме како се.“ 37Барнаба се согласи, но продолжи да го поведат со себе и Јован, со прекар Марко.</s><s>38Меѓутоа, Павле сметаше дека не треба да водат со себе, човек што веќе еднаш ги остави во Памфилија и се повлече од работата.</s><s>39Несогласувањето беше толку остро што тие се разделија.</s><s>Барнаба, го зеде со себе Марко и тие отпловија за Кипар.</s><s>40Павле пак, го зеде со себе Сила, и заедно тргнаа на пат, откако верните се помолија Господ да им биде благонаклонет.</s><s>41Така тие пропатуваа низ Сирија и Киликија, и по сите цркви ги охрабруваа христијаните.</s> <s>Глава 16</s> <s>ВТОРОТО МИСИОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА АПОСТОЛОТ ПАВЛЕ</s> <s>1Павле и Сила пристигнаа прво во Дерба, а оттаму и во Листра.</s><s>Таму имаше еден млад Христов следбеник по име Тимотеј.</s><s>Неговата мајка веруваше во Господ.</s><s>Таа беше Еврејка, а татко му беше Грк.</s><s>2Тимотеј уживаше голем углед меѓу верниците во Листра и Иконија.</s><s>3Павле реши да го поведе со себе.</s><s>Заради Евреите што живееја во тој град, уреди Тимотеј да биде обрежан пред да тргнат на пат, зашто сите знаеја дека неговиот татко беше Грк.</s><s>4Како што одеа од град во град, им ги пренесуваа на христијаните уредбите до кои треба да се придржуваат според решението на апостолите и старешините во Ерусалим.</s><s>5Така црквите стануваа сѐ посилни во верата, а и нивниот бројот секојдневно се зголемуваше.</s> <s>Павле добива повик од Македонија</s> <s>6Тие патуваа низ областите Фригија и Галатија, бидејќи Светиот Дух не им дозволуваше да одат и да проповедаат во областа Азија.</s><s>7Пристигнаа до границите на областа Мизија и сакаа да се упатат накај областа Битинија, но Духот на Исус не им дозволи.</s><s>8Минувајќи низ Мизија, слегоа до градот Троада.</s><s>9Во текот на ноќта, Павле имаше видение: Еден Македонец, стоеше пред него и го молеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“ 10По тоа негово видение, ние веднаш се упативме накај Македонија, сфаќајќи дека Бог нѐ повикува таму да ја проповедаме Радосната вест.</s> <s>2) Во градот Филипи: обраќањето на Лидија</s> <s>11Отпловивме од Троада и се упативме накај островот Самотраки, а следниот ден пристигнавме во пристаништето Неаполис.</s><s>12Оттаму заминавме за Филипи, важен град во областа Македонија.</s><s>Тој град беше римска колонија.</s><s>Таму останавме неколку дена.</s><s>13Во еден саботен ден излеговме од портите на градот покрај една река, каде што претпоставувавме дека им е местото за молитва.</s><s>Седнавме и позборувавме со неколку жени што беа дојдени на тоа место.</s><s>14Меѓу нив имаше една жена по име Лидија од градот Тијатир.</s><s>Таа се занимаваше со продавање на скапоцени пурпурни ткаенини.</s><s>Лидија веруваше во Бог.</s><s>Додека нѐ слушаше, Господ ѝ го отвори срцето и таа го прифати она што го зборуваше Павле.</s><s>15Откако таа и нејзините домашни се крстија, упорно нѐ канеше да бидеме нејзини гости: „Ако сметате дека имам вера во Господ, дојдете и останете во мојот дом додека престојувате во овој град.“ Така нѐ убеди и останавме.</s> <s>Павле и Сила в затвор</s> <s>16Еден ден, додека одевме на тоа место за молитва, нѐ сретна една робинка која се бавеше со вражање.</s><s>Таа со своето вражање им носеше многу пари на своите господари.</s><s>17Тргна по Павле и по нас, и почна да вика: „Овие луѓе Му се службеници на Севишниот Бог!</s><s>Тие се дојдени да ви кажат како можете да се спасите!“ 18Тоа го правеше со денови, па кога на Павле му досади, се сврте кон духот што ја обземаше девојката, и му рече: „Ти наредувам во името на Исус Христос да излезеш од неа!“ Во истиот час вражачкиот дух излезе од неа.</s><s>19Нејзините господари сфатија дека згасна нивниот извор на приходи, па ги фатија Павле и Сила, и ги одвлечкаа на пазариштето, пред градските власти.</s><s>20Ги изведоа пред судиите и почнаа да викаат: „Овие Евреи го вознемируваат целиот град!</s><s>21Тие проповедаат обичаи кои за нас Римјаните се неприфатливи!“ 22Против Павле и Сила веднаш нагрвали толпа народ, а судиите наредија да им ги соблечат горните облеки и да ги тепаат со стапови.</s><s>23Откако сурово ги претепаа, ги фрлија в затвор и му наредија на чуварот добро да внимава на нив.</s><s>24Чуварот ја спроведе наредбата, ги фрли во најдлабокиот дел од затворот и им ги стегна нозете во пранги.</s><s>25Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.</s><s>26Одеднаш силен земјотрес ги измести темелите на затворот; сите врати се отворија и прангите на сите затвореници им паднаа од нозете.</s><s>27Чуварот се разбуди и кога виде дека вратите на затворот се отворени, го извади мечот за да се убие, мислејќи дека затворениците избегале.</s><s>28Тогаш Павле силно викна и му рече: „Немој да се убиваш!</s><s>Сите сме овде!“ 29Чуварот побара ламба и влезе внатре треперејќи, па клекна пред Павле и Сила.</s><s>30Ги изведе надвор и им рече: „Господа, што треба да сторам, за да се спасам?“ 31Тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус и ќе бидете спасени ти и твоите домашни!“ 32Потоа тие нему и на сите што беа во неговиот дом им проповедаа за Господ, 33а тој, уште ноќта, им ги изми раните и не чекајќи ниту миг беше крстен, и тој и сите негови домашни.</s><s>34Ги одведе горе, во својата куќа, постави пред нив трпеза, па тој и сите негови домашни многу се радуваа што поверуваа во Бог.</s><s>35Кога се раздени градските судиите испратија службеници да му речат на чуварот: „Ослободи ги тие луѓе!“ 36Чуварот му ги пренесе овие зборови на Павле: „Судиите ми наредија да ве ослободам, затоа слободно одете си.“ 37Меѓутоа Павле, им одговори: „Ние сме римски граѓани, а властите наредија јавно да нѐ тепаат, без да ни се суди.</s><s>Потоа нѐ затворија.</s><s>Зар сега сакаат тајно да нѐ ослободат?</s><s>Не може така!</s><s>Нека дојдат судиите и тие лично нека нѐ ослободат!“ 38Службениците им ја пренесоа на судиите пораката, а овие, кога дознаа дека Павле и Сила се римски граѓани, се уплашија.</s><s>39Дојдоа, им се извинија, ги извадија од затворот и ги молеа да го напуштат градот.</s><s>40Кога излегоа од затворот, Павле и Сила отидоа во домот на Лидија за да се видат со христијаните и да ги охрабрат, а потоа отпатуваа.</s> <s>Глава 17</s> <s>3) Павле проповеда во Солун</s> <s>1Потоа Павле и Сила поминаа низ градовите Амфиполис и Аполонија, па пристигнаа во Солун.</s><s>Таму имаше еврејска синагога.</s><s>2Како што обично правеше, Павле дојде кај нив и три саботи по ред им проповедаше од Светото писмо, 3објаснувајќи им и докажувајќи им дека беше неопходно Месијата да пострада и да воскресне од мртвите.</s><s>Тој им рече: „Исус е Месијата.</s><s>За Него ви проповедам.“ 4Некои од нив поверуваа и им се приклучија на Павле и Сила, а пристапија и голем број побожни Грци и доста жени од високите кругови.</s><s>5Евреите ги фати завист, па собраа од пазариштето неколку денгубци и тргнаа во толпа да го вознемируваат целиот град.</s><s>Ја нападнаа куќата на Јасон и бараа да им ги изведат Павле и Сила пред толпата.</s><s>6Откако не ги најдоа таму, го фатија Јасон, заедно со неколкумина други христијани, и ги одвлекоа кај градските власти, па почнаа да викаат: „Тие што го вознемирија целиот свет, сега пристигнаа и овде!</s><s>7А Јасон ги прибира и сите тие ги кршат законите на римскиот император со тоа што тврдат дека постои друг цар - некој си Исус!“ 8Слушајќи го ова, народот и властите се вознемирија, 9меѓутоа, откако зедоа од Јасон и од другите христијани пари во залог - ги ослободија.</s> <s>4) Павле и Сила во Верија</s> <s>10Уште истата ноќ христијаните од Солун итно ги испратија Павле и Сила во градот Верија.</s><s>А тие, штом стигнаа во градот, влегоа во еврејската синагога.</s><s>11Евреите од Верија беа многу поблагородни од оние во Солун и со одушевување го примаа она што им го проповедаше Павле.</s><s>Секојдневно го проучуваа Светото писмо, за да проверат дали она што тој им го проповеда е вистина.</s><s>12Затоа многумина од тамошните Евреи поверуваа, а поверуваа и доста истакнати жени и мажи од Грците.</s><s>13Кога Евреите од Солун дознаа дека Павле и во Верија ја проповеда Божјата порака, дојдоа да ги подбуцнуваат луѓето против Павле.</s><s>14Тогаш христијаните веднаш го испратија Павле до морскиот брег, а Сила и Тимотеј останаа во Верија.</s><s>15Неколку христијани го спроведоа Павле до Атина.</s><s>Потоа Павле им рече да се вратат и да им пренесат на Сила и Тимотеј што е можно побрзо да дојдат и тие.</s> <s>5) Павле проповеда во Атина</s> <s>16Додека Павле ги чекаше во Атина, духот му се потресе гледајќи го градот полн со идоли.</s><s>17Секој ден во синагогата разговараше со Евреите и со побожните луѓе од другите народи што доаѓаа таму.</s><s>Одеше и на пазарот и им проповедаше на луѓето што ги среќаваше таму.</s><s>18Се расправаше и со неколкумина епикурејски и стоички филозофи.</s><s>Кога почна да им зборува за Исус и за воскресението, некои од нив си рекоа: „Што сака да каже овој брборко!?“ Други велеа: „Проповеда за некоја нова вера!“ 19Го одведоа пред Советот на филозофите наречен Ареопаг и му рекоа: „Може ли сега да слушнеме какво е ова ново учење што ни го проповедаш?</s><s>20Тврдиш некои чудни работи и сакаме да чуеме повеќе за тоа.“ 21(Атинјаните и туѓинците што беа во посета на Атина си го поминуваа времето зборувајќи или слушајќи за нови работи.) 22Павле застана сред Ареопагот и рече: „Атињани!</s><s>Забележав дека сте вие многу побожни луѓе, 23зашто, минувајќи и гледајќи ги вашите светилишта, видов и еден жртвеник на кој пишуваше: >На непознат Бог.' Значи вие Го обожавате, иако не Го познавате.</s><s>Јас сакам да ви проповедам за Него.</s><s>24Тој Бог го создаде светот и сѐ што е во него.</s><s>Тој е Господар на небото и Земјата.</s><s>Не живее во храмови изградени од човечки раце.</s><s>25Тој нема потреба да Му служите со дарови од вашите раце, бидејќи нема потреба од ништо.</s><s>На целиот жив свет Тој му дава живот и здив и сѐ што им треба.</s><s>26Сите народи ги создаде од еден човек, ги насели по целата земја, им определи во кое време ќе постојат и во кои граници ќе бидат нивните живеалишта, 27за да Го бараат Бога, да допрат до Него и да Го најдат, зашто Тој е близу до секој од нас!</s><s>28Бидејќи Тој ни овозможува да живееме, да се движиме и да бидеме тоа што сме.</s><s>Како што вели и еден од вашите поети: >Ние сме Негови деца.' 29Затоа, штом знаете дека сме Божји деца, не треба да мислиме дека идолите се богови.</s><s>Тие се само злато, сребро или камен, обликувани со вештината и според замислата на обични луѓе.</s><s>30Не земајќи го предвид времето кога луѓето не го знаеле ова, Бог сега им порачува на сите луѓе, насекаде, да се одвратат од идолите и да се свртат кон Бог.</s><s>31Зашто Тој има определено ден во кој праведно ќе му суди на целиот свет, преку Човекот што за тоа Го определи и уверливо го потврди воскреснувајќи Го од мртвите.“ 32Кога слушнаа дека зборува за воскреснување од мртвите, некои луѓе почнаа да му се подбиваат, но други рекоа: „Сакаме повторно да ни зборуваш за ова!“ 33Тогаш Павле си замина оттаму, 34а неколку души поверуваа и му се придружија.</s><s>Меѓу нив беа: Дионисие, член на Ареопагот (Советот на филозофите), една жена по име Дамара и уште неколкумина други.</s> <s>Глава 18</s> <s>6) Павле проповеда во Коринт</s> <s>1Потоа Павле отпатува од Атина за Коринт.</s><s>2Таму се сретна со еден Евреин по име Акила, родум од Понт.</s><s>Тој, заедно со својата жена Присцила, неодамна беше пристигнал од Италија, бидејќи императорот Клаудие беше наредил сите Евреи да го напуштат Рим.</s><s>Павле отиде кај нив, 3и бидејќи го знаеше нивниот занает - изработка на шатори - тој остана кај нив и заедно работеа.</s><s>4Секоја сабота Павле одеше во тамошната синагогата и им проповедаше и на Евреи и на Грци.</s><s>5Кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле уште поревносно им проповедаше на Евреите дека Исус е Месијата што го чекаат.</s><s>6Но кога тие се свртеа против него и почнаа да го навредуваат, тој им ја врати и прашината од наметката и им рече: „По своја вина ќе загинете!</s><s>Јас немам вина за тоа!</s><s>Отсега ќе одам да им проповедам на другите народи!“ 7Си замина оттаму и се пресели во куќата на Тицие Јуст, побожен човек чија куќа беше веднаш до синагогата.</s><s>8Управник на синагогата беше Крисп, кој со сите свои домашни поверуваа во Господ.</s><s>Поверуваа и многу други жители на Коринт, кои ја слушнаа пораката, а откако поверуваа, потоа и се крстија.</s><s>9Една ноќ, Господ му порача на Павле преку видение: „Не плаши се!</s><s>Немој да молчиш, туку зборувај!</s><s>10Јас сум со тебе и никој нема да ти направи никакво зло!</s><s>Има многу Мои луѓе во овој град!“ 11Така Павле остана во Коринт една година и шест месеци, проповедајќи им ја на луѓето Божјата порака.</s><s>12Но кога Галио стана управник на Ахаја, извесен број Евреи се здружија и се кренаа против Павле.</s><s>Го изведоа на суд пред Галио, 13изнесувајќи го против него следното обвинение: „Овој човек ги наговара луѓето да Му пристапуваат на Бог на начин што е спротивен на нашиот верски Закон!“ 14Пред Павле уста да отвори, Галио се сврте накај Евреите и им рече: „Евреи, ако се работеше за злосторство или за некаков престап, ќе бев обврзан да ве ислушам; 15но со оглед на тоа што се работи за учења, за личности и за вашиот верски Закон, тоа расчистете си го самите меѓу себе.</s><s>Јас немам намера да ви пресудувам за такви нешта!“ 16Потоа ги избрка од судницата.</s><s>17А тие го фатија Состен, кој беше управник на синагогата, и го тепаа пред судот, но Галио воопшто не интервенираше.</s> <s>Второто мисиско патување завршува: Павле се враќа во сириска Антиохија</s> <s>18Павле остана во Коринт уште извесно време, а потоа се збогува со тамошните христијани и отплови за Сирија.</s><s>Со него отпатуваа и Присцила и Акила. (Претходно, во Кенкреа, согласно со еврејските обичаи, Павле си ја беше избричал главата, зашто имаше дадено таков завет.) 19Кога пристигнаа во пристаништето Ефес, Павле се раздели од своите придружници.</s><s>Додека беше во Ефес, отиде во синагогата и им проповедаше на Евреите.</s><s>20Тие го замолија да остане кај нив подолго време, но тој не прифати, 21туку, збогувајќи се со нив, им рече: „Ако даде Бог, пак ќе се вратам кај вас.“ Потоа отплови од Ефес.</s><s>22Дојде до пристаништето Цезареа, се поздрави со луѓето од црквата, па замина за Антиохија.</s><s>23Откако остана извесно време во сириска Антиохија, Павле одново тргна на пат, посетувајќи ги редум христијаните во областите на Галатија и Фригија, за да ги охрабри.</s> <s>Аполос проповеда во Ефес и Ахаја</s> <s>24Во меѓувреме, во Ефес пристигна еден Евреин по име Аполос.</s><s>Тој беше родум од градот Александрија, во Египет.</s><s>Беше вешт говорник и добро ги познаваше Божјите книги.</s><s>25Веќе беше упатен на Патот Господов и многу ревносно и точно проповедаше за Исус, иако знаеше само за крштавањето на Јован Крстител.</s><s>26Тој почна смело да зборува во синагогата.</s><s>Кога го слушнаа Присцила и Акила, го зедоа кај нив и уште подобро му го објаснија Божјиот Пат.</s><s>27Аполос реши да замине за Ахаја.</s><s>Христијаните од Ефес го охрабрија и им напишаа писма на христијаните во Ахаја, со препорака да го прифатат.</s><s>Кога пристигна во Ахаја, Аполос многу им помогна на новообратените христијани кои поверуваа благодарение на Божјата дарежлива благонаклоност.</s><s>28Тој на јавни дебати ги побиваше Евреите, со силни аргументи, докажувајќи им преку Божјите книги дека Исус е Месијата што им беше предвестен.</s> <s>Глава 19</s> <s>ТРЕТО МИСИОНЕРСКО ПАТУВАЊЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ</s> <s>1Додека Аполос беше во Коринт, Павле патуваше низ внатрешноста, во околината на Ефес, а потоа се симна во градот.</s><s>Таму најде неколку нови Христови следбеници, 2и ги праша: „Го примивте ли Светиот Дух кога поверувавте?“</s> <s>Тие му одговорија: „Ние и не знаеме дека постои Свет Дух!“ 3Тогаш Павле ги праша: „А како сте крстени?“</s> <s><Онака како што крштаваше Јован Крстител“ - му одговорија тие.</s><s>4Павле им рече: „Јован ги крштаваше луѓето кои се каеја поради своите гревови.</s><s>И самиот тој им велеше на луѓето дека е неопходно да веруваат во Оној што доаѓа веднаш по него, а тоа беше Исус.“ 5Кога го слушнаа ова, одново се крстија, овојпат во името на Господ Исус.</s><s>6Потоа Павле се помоли за нив, положувајќи ги над нив рацете и Светиот Дух слезе врз нив, па тие почнаа да зборуваат на други јазици и да пророкуваат.</s><s>7Во таа група беа околу дванаесет мажи.</s> <s>1) Апостолот Павле проповеда во Ефес</s> <s>8Потоа Павле одеше во ефешката синагога три месеци со голем жар им проповедаше на Евреите, се расправаше со нив и ги убедуваше во врска со Божјото царство.</s><s>9Кога еден дел од нив тврдоглаво одбија да поверуваат и почнаа јавно да зборуваат лоши работи за Христовото учење, Павле ја напушти синагогата, но ги поведе со себе оние што поверуваа во Христа и секојдневно проповедаше во училиштето на Тиран.</s><s>10Ова продолжи во текот на две години, така што сите жители на Азија, и Евреи и Грци, имаа можност да ја слушнат Господовата порака.</s><s>11Бог преку Павле, правеше многу необични чуда, 12така што дури и кога врз болните ќе ставеа шамивче или дел од облека што се допрела до телото на Павле, болестите исчезнуваа, а обземените се ослободуваа од демонските духови.</s><s>13Неколку Евреи што патуваа од место во место и истеруваа демони, се обидоа над обземените од демонски духови да го употребат името на Господ Исус велејќи: „Во името на Исус, Оној за Кого Павле проповеда, ви наредуваме да излезете!“ 14Тоа го правеа седумтемина синови на еврејскиот првосвештеник Скева.</s><s>15Но демонскиот дух им одговори: „Исус Го знам, а и Павле го знам, но вас не ве знам!“ 16Па го натера човекот во кој беше влезен да се нафрли врз нив и да ги претепа, па тие голи и разранети избегаа куќата.</s><s>17За ова дознаа сите што живееја во Ефес, и Евреи, и Грци, па ги фати страв и искажуваа голема почит спрема името на Господ Исус.</s><s>18Мнозина од оние што поверуваа, доаѓаа и се исповедаа, признавајќи ги своите грешни дела.</s><s>19Дури и некои од оние што се занимавале со магии ги донесуваа своите книги за магии и пред сите ги запалуваа.</s><s>Цената на запалените книги изнесуваше педесет илјади сребреници.</s><s>20Така пораката за Господ брзо се ширеше и јакнеше.</s> <s>Бунт против христијанството во Ефес</s> <s>21После овие настани, поттикнат од Светиот Дух, Павле реши да ги посети Македонија и Ахаја, па да замине за Ерусалим.</s><s>„А потоа,“ - рече тој - „ќе треба да го посетам и Рим.“ 22Ги испрати во Македонија двајцата свои помошници, Тимотеј и Ераст, а тој уште некое време остана во Азија.</s><s>23Во тоа време во Ефес настанаа големи немири заради Христовото учење.</s><s>24Еден златар по име Димитри, кој изработуваше сребрени модели од храмот на божицата Артемида и на тој начин се богатеа и тој и неговите соработници, 25ги собра сите што се бавеа со оваа и слична работа и им рече: „Луѓе, вие знаете дека нашето богатство доаѓа од овој занает.</s><s>26Гледате и слушате дека не само во Ефес, туку речиси во цела Азија, овој човек Павле, разубеди и одврати многу луѓе, велејќи им дека овие предмети направени од човечка рака не се богови.</s><s>27Постои опасност не само нашиот занает да падне во немилост, туку и храмот на големата божица Артемида сосема да ја загуби својата важност, да исчезне нејзината величественост што ја почитува цела Азија и целиот свет!“ 28Кога го слушнаа ова, зовреа од бес и почнаа да викаат: „Голема е Артемида, божицата на Ефес!“ 29Во градот настана мешаница и откако ги фатија Македонците Гај и Аристарх, сопатници на Павле, сите се собраа во градскиот амфитеатар.</s><s>30Павле сакаше да се појави пред насобраната толпа, но тамошните христијани го одвратија од таквата намера, 31а и некои луѓе од власта што му беа пријатели му испратија порака, молејќи го да не се појавува во амфитеатарот.</s><s>32Собирот се претвори во збрка.</s><s>Едни викаа едно, други друго, а повеќето воопшто не знаеја за што се собрани.</s><s>33Евреите го посочија Александар и го изведоа напред, а тој мавна со раката за да ги смири и да даде објаснување пред толпата, 34но кога слушнаа дека тој е Евреин, сите во еден глас викаа речиси два часа: „Голема е Артемида, божицата на Ефес!“ 35Најпосле градоначалникот ја смири толпата и рече: „Граѓани на Ефес!</s><s>Има ли некој што не знае дека Ефес е град заштитник на храмот на големата божица Артемида и на кипот што ни падна од небото!?</s><s>36Ова никој не може да го оспори, затоа треба да се смирите и да не правите ништо непромислено.</s><s>37Овие луѓе што сте ги довеле овде, ниту го ограбиле храмот, ниту пак зборувале против нашата божица.</s><s>38Ако Димитри и занаетчиите што се со него имаат некаква тужба против овие луѓе, постојат судови и судии, па таму нека се судат.</s><s>39Ако имате некои други поплаки, тие мора да бидат разрешени на легалното градско собрание.</s><s>40Постои опасност Римјаните да нѐ обвинат дека креваме бунт.</s><s>Нема никаква причина да создаваме вакви немири.“ 41Откако го рече ова, го распушти собирот и луѓето се разотидоа.</s> <s>Глава 20</s> <s>2) Павле оди за Македонија и Ахаја (Грција)</s> <s>1Кога стивна вревата, Павле ги собра христијаните од Ефес и ги охрабри.</s><s>Се збогува со нив и тргна за Македонија.</s><s>2Патем, во сите градови низ кои поминуваше, со многу проповеди ги храбреше христијаните.</s><s>Потоа замина за Грција.</s><s>3Таму остана три месеци.</s><s>Токму кога се подготвуваше да тргне на пловидба кон Сирија, дозна дека група Евреи коваат заговор против него.</s><s>Затоа реши да се врати преку Македонија.</s><s>4На тој пат го придружуваа: Сопатер, синот на Пир од Верија, Аристарх и Секунд, од Солун, Гај од Дерба, Тимотеј, како и Тихик и Трофим од областа Азија.</s><s>5Тие отидоа пред нас и нѐ чекаа во Троада.</s><s>6Откако заврши празникот на Бесквасните лебови, ние отпловивме од Филипи и по пет дена им се придруживме во Троада.</s><s>Таму останавме седум дена.</s> <s>3) Павле за последен пат ја посетува Троада</s> <s>7Еден неделен ден бевме собрани на Причест, а Павле ги поучуваше насобраните, па ја одолжи проповедта сѐ до полноќ, зашто следниот ден се подготвуваше да замине.</s><s>8Во горната соба, каде што бевме собрани, имаше многу ламби.</s><s>9Едно момче, по име Евтих, седејќи покрај прозорецот, задрема, бидејќи Павле долго проповедаше.</s><s>Сонот го совлада и Евтих падна од третиот кат.</s><s>Кога го кренаа, беше мртов.</s><s>10Павле слезе долу, се наведна над него, го гушна и рече: „Не грижете се, жив е!“ 11Потоа сите се вратија во горната соба, и заедно зедоа Причест.</s><s>Павле продолжи да им проповеда сѐ до мугрите, кога си замина.</s><s>12Во меѓувреме, момчето го одведоа дома живо и здраво, што беше големо олеснување за сите.</s><s>13Павле реши да патува за Асос по копно.</s><s>Ние, останатите, тргнавме со брод до Асос и се договоривме таму да го земеме со нас и Павле.</s><s>14Се сретнавме во Асос, го зедовме со нас и отпловивме за Митилена.</s><s>15Утредента пловевме покрај островот Киос, следниот ден поминавме покрај островот Самос, а по уште еден ден пловење, пристигнавме во Милет.</s><s>16Павле беше решил да го заобиколи Ефес и да не се задржува во Азија, зашто брзаше, ако е можно, до празникот Духовден да пристигне во Ерусалим.</s> <s>4) Павле се простува со црковните старешини од Ефес</s> <s>17Од Милет испрати порака до старешините на црквата во Ефес и ги замоли да дојдат за да се сретнат со него.</s><s>18Кога пристигнаа, Павле им рече: „Вие знаете како живеев, уште од првиот ден кога пристигнав во Азија, зашто цело време бев со вас.</s><s>19Му служев на Господ со голема понизност, со солзи и маки низ кои морав да поминам поради заговорите што против мене ги коваа Евреите.</s><s>20Сепак, не пропуштив да ви кажам сѐ што е полезно за вас, поучувајќи ве јавно или во вашите домови.</s><s>21Имав иста порака и за Евреите и за неевреите: да се покаат, да се свртат кон Бог и да поверуваат во нашиот Господ Исус.</s><s>22Сега Светиот Дух ме тера да одам во Ерусалим.</s><s>Не знам што ме чека таму.</s><s>23Знам само дека Светиот Дух ми има кажано оти во секој град ме чекаат затвори и страдања.</s><s>24Но тоа не ме плаши.</s><s>Мојот живот би немал вредност доколку не го искористам за да ја извршам мисијата што ми ја довери Господ Исус: да им ја проповедам на луѓето Радосната вест за Божјата милосрдна благонаклоност.</s><s>25Сега знам дека никој од вас со кои живеев и ви проповедав за Божјото царство нема повеќе да ме види.</s><s>26Затоа сакам јасно и гласно да ви кажам денес дека, ако некој од вас заврши во вечна смрт, јас за тоа не сум одговорен.</s><s>27Не пропуштив ништо од Божјиот план за луѓето, туку во целост ви го објавив.</s><s>28Внимавајте и на себе и на целото Божјо стадо во кое Светиот Дух ве поставил за надзорници.</s><s>Бидете пастири на Божјата Црква која Тој ја откупи со сопствената крв.</s><s>29Знам дека откако јас ќе си заминам, ќе ви доаѓаат лажни пастири кои како свирепи волци ќе ве напаѓаат и нема да го штедат стадото: 30Од самите вас ќе произлезат луѓе што ќе ја изопачуваат вистината за да повлечат по себе дел од Христовите следбеници.</s><s>31Затоа, бидете на штрек!</s><s>Не заборавајте дека три години деноноќно, без престан, со солзи во очите, го советував секој од вас поединечно.</s><s>32Сега ве предавам под Божјата грижа и поука од пораката за Неговата милосрдна благонаклоност кон вас.</s><s>Таа порака има моќ да ве изградува и да ви даде наследство заедно со сите што Бог ги избра и посвети.</s><s>33Од никого не барав пари или облеки.</s><s>34Вие и самите знаете дека за моите потреби и за потребите на оние што ме придружуваа јас работев со сопствените раце.</s><s>35На тој начин ви покажав како со вредно работење може да им се помогне на сиромашните.</s><s>Не заборавајте што ни порача Самиот Господ Исус: >Поблагословен е тој што дава, отколку тој што добива.'“ 36Кога го рече ова, клекна на колена со нив и се молеше.</s><s>37Сите заплакаа на глас, и збогувајќи се, го гушкаа и го бакнуваа.</s><s>38Беа особено тажни поради тоа што им рече дека веќе нема да го видат.</s><s>Потоа го испратија до бродот.</s> <s>Глава 21</s> <s>5) Павле најавува враќање во Ерусалим</s> <s>1Откако во Милет се збогувавме со старешините на црквата од Ефес, испловивме накај островот Кос.</s><s>Следниот ден стигнавме до Родос, а оттаму до Патара.</s><s>2Најдовме брод што оди за сириската област Феникија, па се качивме и отпловивме.</s><s>3Поминавме покрај Кипар, кој ни остана одлево, па продолживме да пловиме накај Сирија и пристигнавме во пристаништето Тир, каде што бродот требаше да го растовари товарот.</s><s>4Слеговме од бродот, ги најдовме тамошните христијани и останавме со нив седум дена.</s><s>Тие, поттикнати од Светиот Дух, го советуваа Павле да не оди во Ерусалим.</s><s>5Кога завршија седумте дена, тргнавме да си одиме.</s><s>Сите христијани: мажи, жени и деца, се собраа да нѐ испратат, па одеа со нас сѐ до излезот од градот, а на брегот клекнавме на колена и се помоливме.</s><s>6Се збогувавме и се качивме на бродот, а тие се вратија во своите домови.</s><s>7Заминувајќи од Тир, пристигнавме во пристаништето Птолемаида.</s><s>Се поздравивме со тамошните христијани и останавме со нив еден ден.</s><s>8Следниот ден отпатувавме и пристигнавме во Цезареа.</s><s>Таму отидовме во домот на евангелизаторот Филип, еден од седумтемина што беа одбрани да им делат храна на сиромашните.</s><s>9Тој имаше четири немажени ќерки, кои имаа дар на пророкување.</s><s>10Во текот на нашиот повеќедневен престој во Цезареа, дојде еден човек од Јудеја по име Агав, кој исто така имаше дарба да пророкува.</s><s>11Дојде кај нас, го зеде појасот на Павле, си ги врза рацете и нозете, па рече: „Вака вели Светиот Дух: >Сопственикот на овој појас ќе биде вака врзан од Евреите и ќе им биде предаден на Римјаните!'“ 12Кога го чувме тоа и ние, и христијаните од Цезареа, го молевме Павле да не оди во Ерусалим.</s><s>13Но Павле ни одговори: „Зошто плачете и ми го кинете срцето?</s><s>Јас сум подготвен не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим, за името на Господ Исус!“ 14Бидејќи не успеавме да го разубедиме, замолкнавме и си рековме: „Нека биде според волјата Господова!“</s> <s>6) Павле пристигнува во Ерусалим</s> <s>15После ова, се подготвивме и тргнавме кон Ерусалим.</s><s>16Со нас патуваа и неколу христијани од Цезареа и нѐ одведоа на гости кај Мнасон, каде што останавме извесно време.</s><s>Тој беше од Кипар и беше еден од најпрвите Христови следбеници.</s><s>17Кога стигнавме во Ерусалим, тамошните христијани убаво нѐ пречекаа и се израдуваа.</s><s>18Следниот ден Павле, заедно со нас, отиде да го посети апостолот Јаков.</s><s>На средбата присуствуваа и сите старешини од црквата во Ерусалим.</s><s>19Откако разменија поздрави, Павле подробно им раскажа што сѐ Бог направи преку него меѓу нееврејските народи, во текот на неговата мисија.</s><s>20Кога го ислушаа, му благодарија на Бог.</s><s>Потоа му рекоа на Павле: „Брате, ти гледаш колку илјадници Евреи станаа христијани и сите тие многу ревносно се придржуваат кон Мојсеевиот Закон.</s><s>21Тие чуле дека ти си ги поучувал Евреите кои живеат меѓу нееврејските народи да го напуштат Мојсеевиот Закон, односно да не ги обрежуваат своите машки деца и да не се придржуваат до обичаите.</s><s>22Што ќе правиме сега?</s><s>Тие сигурно ќе разберат дека си дошол овде.</s><s>23Затоа ние имаме предлог: меѓу нас има четворица мажи што се заветувале, па се подготвуваат да си ги избричат главите.</s><s>24Оди со нив во храмот и придружи им се во церемонијата на очистување, плати им да си ги избричаат главите и сите ќе знаат дека она што го слушнале не е вистина, туку дека и самиот ти се придржуваш до еврејските закони.</s><s>25Што се однесува до неевреите - христијани, сѐ што ние бараме од нив, веќе им го напишавме во писмо: да не јадат храна наменета како жртва на идоли, да не конзумираат крв, да не јадат месо од удавени животни и да се пазат од блуд.“ 26Павле се согласи и веќе следниот ден, заедно со тие луѓе, ја изврши церемонијата на очистување.</s><s>Потоа влезе во храмот и го објави датумот кога нивниот завет ќе биде исполнет и кога за секој од нив ќе биде принесена жртва.</s> <s>Павле е уапсен во храмот</s> <s>27Токму кога седумте дена беа при крај, група Евреи од областа Азија го видоа Павле во храмот, го фатија, па потикнаа бунт кај народот, 28викајќи: „Израелци!</s><s>Помагајте!</s><s>Овој е човекот кој секаде каде што оди, ги учи луѓето против нашиот народ, им кажува да не се придржуваат до еврејските верски закони и зборува против овој храм!</s><s>Тој дури се осмели во храмот да доведе неевреи и така да го оскверни ова свето место!“ 29(Тие претходно го беа виделе во градот ефешанецот Трофим во друштво со Павле и мислеа дека тој го довел и во храмот.) 30Целиот град се крена на нозе.</s><s>Се насобра многу народ, го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот и веднаш зад него ги затворија портите.</s><s>31Кога се готвеа да го убијат, до командирот на римскиот полк, стигна веста дека целиот Ерусалим е на нога!</s><s>32Тој веднаш повика војници и помлади офицери, па со трчање отидоа кај толпата.</s><s>Кога ги видоа полковникот и војниците, престанаа да го тепаат Павле.</s><s>33Полковникот го уапси Павле и нареди да го врзат со двојни синџири.</s><s>Потоа праша кој е овој човек и каков прекршок сторил.</s><s>34Едни од толпата викаа едно, други друго, па полковникот не можеше ништо да разбере.</s><s>Затоа нареди да го одведат Павле во тврдината каде што беше сместена војската.</s><s>35Кога дојдоа до скалите, толпата се однесуваше толку насилнички, што војниците мораа да го кренат Павле и да го носат, за да го заштитат.</s><s>36Толпата продолжи да оди по нив и да вика: „Убијте го!“</s> <s>Павле зборува пред толпата</s> <s>37Пред да влезат во воената тврдина, Павле му рече на полковникот: „Ако ми дозволите, јас би сакал да ви кажам нешто.“</s> <s><Зар ти знаеш грчки?“ - му одговори полковникот изненадено.</s><s>38<Значи ти не си оној Египќанец што пред извесно време подигна бунт и поведе во пустината четири илјади убијци!“ 39Павле му одговори: „Јас сум Евреин од познатиот градот Тарс во областа Киликија.</s><s>Сакам да ве замолам да ми дозволите да им се обратам на луѓето.“ 40Полковникот му дозволи и Павле застана на скалите.</s><s>Им мавна со раката да замолкнат.</s><s>Кога настана длабока тишина, тој им се обрати на нивниот, арамејски јазик:</s> <s>Глава 22 1<Браќа и татковци!</s><s>Ислушајте ја мојата одбрана што сега ќе ја изнесам пред вас.“ 2Кога слушнаа дека им се обраќа на нивниот, арамејски јазик, уште повеќе стивнаа, а Павле продолжи: 3<Јас сум Евреин.</s><s>Роден сум во Тарс, град во областа Киликија, но пораснав и се школував овде, во Ерусалим.</s><s>Учител ми беше познатиот Гамалиел.</s><s>Крај неговите нозе научив строго да се придржувам кон правилата и обичаите на нашите предци.</s><s>Станав ревносен за Бог, исто како што сте и вие денес.</s><s>4Ги прогонував христијаните до смрт.</s><s>Ги врзував и ги носев в затвор, без разлика дали беа мажи или жени.</s><s>5Ова можат да го потврдат првосвештеникот и сите старешини.</s><s>Од нив добив писма за нашите браќа Евреи во Дамаск, со кои ме овластија да одам во Дамаск и да ги апсам тамошните христијани, а потоа, оковани во пранги да ги доведам во Ерусалим за да бидат казнети.</s> <s>== Павле раскажува за своето обраќање</s> <s>(Дела 9:1-19; 26:12-18) ==</s> <s>6Додека се приближував до Дамаск, некаде околу пладне, околу мене ненадејно блесна силна светлина од небото.</s><s>7Паднав наземи и чув глас како ми се обраќа: >Сауле, Сауле, зошто Ме прогонуваш!?' 8>Кој сте Вие, господине?' - прашав јас.</s> <s>>Јас сум Исус од Назарет - Оној што Го прогонуваш!' 9И оние што беа со мене ја виделе светлината, но гласот што ми проговори не го чуле.</s><s>10Тогаш реков: >Кажи ми што да правам, Господе?'</s> <s>>Стани, оди во Дамаск и таму ќе ти биде кажано сѐ што треба да правиш!' - ми одговори Господ.</s><s>11Потоа оние што беа со мене ме водеа до Дамаск, зашто јас бев заслепен од јачината на таа светлина и воопшто не можев да гледам.</s><s>12Во Дамаск имаше еден човек по име Ананиј.</s><s>Тој беше побожен човек што се придржуваше до Божјиот закон и уживаше голем углед кај сите Евреи од тој крај.</s><s>13Тој дојде кај мене, ми пристапи и ми рече: >Брате Саул, нека ти се врати видот!' Истиот миг видот ми се врати и можев да го видам Ананиј.</s><s>14Потоа тој ми рече: >Богот на нашите прадедовци те одбра да се запознаеш со Неговата намера, да го видиш Праведникот и да го слушнеш повикот од Неговата уста.</s><s>15Отсега ти ќе им проповедаш за Него на сите луѓе, ќе им кажуваш за она што си го видел и слушнал.</s><s>16Што чекаш сега?</s><s>Стани, крсти се и повикај Го Господ да ти ги измие гревовите!' 17Кога се вратив во Ерусалим, еден ден отидов во храмот за да се молам.</s><s>18Во видение Го видов Исус, Кој ми рече: >Напушти го Ерусалим, што поскоро, зашто тие нема да веруваат кога ќе им сведочиш за Мене!' 19А јас Му реков: >Господе, зошто да не ми веруваат кога знаат дека јас ги затворав и ги тепав по синагогите оние што веруваа во Тебе!?</s><s>20А кога го каменуваа Твојот сведок Стефан, и јас бев таму.</s><s>Го одобрував убиството и им ги чував облеките на неговите убијци!' 21Но Господ ми рече: >Ти наредувам да го напуштиш Ерусалим, зашто Јас те праќам далеку, меѓу нееврејските народи!'“ 22Сѐ до овој миг тие го слушаа, но кога го слушнаа последново, почнаа да викаат: „Истребете го овој човек од лицето на земјата!</s><s>Тој не заслужува да живее!“ 23Викаа, мафтаа со своите наметки и фрлаа прав во воздухот.</s> <s>Павле открива дека е римски граѓанин</s> <s>24Полковникот им нареди на војниците да го внесат Павле во тврдината и да го камшикуваат, за да признае какво злосторство извршил.</s><s>Сакаше да дознае зошто народот толку гневно вика против него.</s><s>25Кога го врзаа за да го камшикуваат, Павле го прашаа помладиот офицер што стоеше покрај него: „Зар смеете да камшкувате римски граѓанин, кој за ништо не е осуден!?“ 26Тогаш помладиот офицер му пријде на полковникот и му рече: „Што ќе правиме сега?</s><s>Овој човек е римски граѓанин!“ 27Полковникот отиде кај Павле и го праша: „Вистина ли е дека си римски граѓанин?“</s> <s><Да!“ - му одговори Павле.</s><s>28Полковникот му рече: „И јас сум римски граѓанин; за тоа платив голема сума пари!“ Во одговор Павле му рече: „Јас сум римски граѓанин по раѓање!“ 29Војниците што требаше да го сослушуваат Павле веднаш се повлекоа, а се повлече и полковникот, исплашен што нареди римски граѓанин да биде врзан и камшикуван.</s> <s>Павле пред собранието</s> <s>30Следниот ден, сакајќи да дознае за што ќе го обвинат Евреите полковникот го ослободи Павле од прангите и нареди да се соберат првосвештениците и сите членови на еврејското собрание, па го доведе Павле и им го предаде на сослушување.</s> <s>Глава 23 1Со вперен поглед кон членовите на собранието, Павле им рече: „Браќа, мојата совест пред Бога е чиста!“ 2Тогаш првосвештеникот Ананиј им нареди на оние што стоеја покрај Павле да го удрат по устата.</s><s>3Павле му одговори: „Бог ќе те удри тебе, ѕиду варосан!</s><s>Си седнал да ме судиш според законот, а наредуваш да ме удираат, спротивно на законот!“ 4Оние што стоеја до Павле рекоа: „Како се осмелуваш да го навредуваш Божјиот првосвештеник!?“ 5Тогаш Павле им се извини: „Не знаев браќа, дека тој е првосвешник, зашто во Светото писмо пишува: >Не зборувај лошо за водачот на својот сопствен народ!'“ 6Кога Павле забележа дека дел од членовите на собранието се садукеи, а дел се фарисеи, гласно рече: „Браќа, јас сум фарисеј!</s><s>Сите мои предци биле фарисеи!</s><s>Овде ми се суди заради тоа што верувам дека ќе има воскреснување од мртвите!“ 7Тоа предизвика расправија меѓу фарисеите и садукеите, па во собранието дојде до поделба.</s><s>8Садукеите тврдеа дека нема ни воскреснување, ни ангели, ни духови, а фарисеите веруваат во сето ова.</s><s>9Настана голема викотница.</s><s>Неколку вероучителите од фарисеите станаа и почнаа жестоко да се препираат со садукеите, велејќи: „Не гледаме ништо лошо кај овој човек!</s><s>Што ако навистина му се јавил дух или ангел и му зборувал!?“ 10Расправијата стануваше сѐ пожестока, па полковникот се исплаши дека ќе го растргнат Павле на парчиња.</s><s>Затоа нареди војниците да го тргнат оттаму и да го вратат во воената тврдина.</s><s>11Таа ноќ Господ му се појави на Павле и му рече: „Држи се храбро, зашто за Мене ќе треба да проповедаш и во Рим, онака како што сведочеше овде во Ерусалим!“</s> <s>Заговор против Павле</s> <s>12Кога се раздени, група Евреи сковаа заговор.</s><s>Се заколнаа дека нема ни да јадат, ни да пијат, сѐ додека не го убијат Павле.</s><s>13Во заговорот зедоа учество повеќе од четириесет мажи.</s><s>14Тие отидоа кај првосвештеникот и старешините, па им рекоа: „Ние се заколнавме ништо да не ставаме в уста, сѐ додека не го убиеме Павле.</s><s>15Затоа јавете му на полковникот да го доведе Павле во собранието, како божем имате намера поподробно да го испрашувате, а ние, уште пред тој да стаса овде ќе му поставиме заседа и ќе го убиеме.“ 16Но синот на Павловата сестра разбра за овој заговор, па отиде во воената тврдина и му кажа на Павле.</s><s>17Павле викна еден од офицерите и му рече: „Одведи го ова момче кај полковникот.</s><s>Има нешто важно да му пренесе.“ 18Офицерот го одведе и му рече на полковникот: „Затвореникот Павле ме викна и ме замоли да го доведам ова момче кај вас, зашто имало нешто важно да ви каже.“ 19Полковникот го фати за рака момчето, го одведе на страна и го праша: „Што сакаш да ми кажеш?“ 20Момчето му рече: „Евреите се договорија да ве замолат утре да го доведете Павле во собранието, како божем имаат намера поподробно да го испрашаат.</s><s>21Немојте да ги послушате, зашто повеќе од четириесетмина Евреи му поставија заседа за да го убијат!</s><s>Се заколнале дека нема да јадат и пијат, сѐ додека не го убијат.</s><s>Веќе демнат во заседа и чекаат само вие да го одобрите нивното барање.“ 22Полковникот го пушти момчето, наредувајќи му на никого да не кажува дека го известил за заговорот.</s> <s>Павле е испратен кај гувернерот Феликс</s> <s>23Потоа полковникот викна двајца од своите офицери и им рече: „Одберете двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, и наредете им да се подготват вечерва во девет часот да заминат за Цезареа.</s><s>24Обезбедете за Павле добиток за јавање, за безбедно да го одведете кај гувернерот Феликс.“ 25Потоа напиша писмо за гувернерот, со следнава содржина: 26<Од Клаудие Лисија,</s> <s>до почитуваниот,</s> <s>гувернер Феликс.</s> <s>Ве поздравувам!</s><s>27Ви испраќам еден човек кого Евреите го беа фатиле и се подготвуваа да го убијат.</s><s>Кога дознав дека е римски граѓанин јас отидов со војска и го ослободив.</s><s>28Сакајќи да дознаам за што го обвинуваат Евреите, го изведов пред нивното собрание.</s><s>29Така дознав дека го обвинуваат за работи од нивниот верски закон, но не беше виновен за нешто што заслужува смртна казна, или затвор.</s><s>30Откако ми беше јавено дека против овој човек се подготвува заговор, со закана да го убијат, веднаш го испраќам кај Вас, а ги известив и оние што имаат обвинение против него да дојдат кај Вас, и таму да ги изнесат своите обвиненија.“ 31Уште истата ноќ, војниците го одведоа Павле до Антипатрида, како што им беше наредено.</s><s>32Следниот ден, пешаците се вратија во воената тврдина, а коњаниците го одведоа кон Цезареа.</s><s>33Кога пристигнаа во Цезареа, му ги предадоа писмото и Павле на гувернерот Феликс.</s><s>34Гувернерот го прочита писмото и го праша Павле од која област потекнува, па кога дозна дека е од Киликија 35му рече: „Ќе те сослушам кога ќе пристигнат и твоите обвинители.“ Потоа нареди да го одведат и да го чуваат под стража во Иродовата палата.</s> <s>Глава 24</s> <s>Павле на суд пред Феликс</s> <s>1По пет дена дојде првосвештеникот Ананиј со неколку старешини и со еден адвокат по име Тертул, кој го изнесе пред гувернерот обвинението против Павле.</s><s>2Го повикаа Павле и Тертул почна да го изнесува обвинението:</s> <s><Почитуван гувернеру!</s><s>Под Вашето владеење ние, Евреите живееме во мир и спокојство.</s><s>Вашата далекувидост доведе до многу реформи за овој народ.</s><s>3За тоа секогаш и секаде Ви оддаваме признание, честити Феликсе, со голема благодарност.</s><s>4Но сега, за да не го трошам напразно Вашето време, Ве молам, знаејќи ја Вашата љубезност, накратко да ме сослушате.</s><s>5Ние утврдивме дека овој човек е вистинска напаст, кој предизвикува препирки меѓу Евреите по целиот свет!</s><s>Тој е челник на назаретската секта.</s><s>6Се обиде дури и храмот да го оскверни, но ние го уапсивме.</s><s>8Сега Вие можете да го сослушате и да дознаете за што го обвинуваме.“ 9И другите Евреи го потврдуваа тоа што го зборуваше Тертул.</s> <s>Одбраната на Павле пред Феликс</s> <s>10Гувернерот му даде знак на Павле дека може да зборува.</s><s>Павле рече:</s> <s><Знам господине дека Вие веќе долго време ни служите како судија на нашиот еврејски народ и добро ги познавате работите за кои сум обвинет, затоа јас со голема доверба во вас ќе ја изложам својата одбрана.</s><s>11Лесно ќе дознаете дека јас во Ерусалим пристигнав на поклонение во храмот пред дванаесетина дена.</s><s>12Ниту во храмот ме затекнале со некого да се расправам, ниту во синагогите, ниту пак во градот сум го подбуцнувал народот на бунт.</s><s>13Тие не можат да го докажат она за што ме обвинуваат.</s><s>14Јас овде, пред Вас, признавам дека сум следбеник на Христовото учење што тие го нарекуваат секта и на тој начин Му служам на Богот на нашите татковци, верувајќи во сѐ што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.</s><s>15И јас, како и тие верувам во Бог и верувам дека Тој ќе ги воскресне мртвите, како праведните, така и неправедните.</s><s>16Заради тоа правам сѐ што знам и умеам, та мојата совест пред Бог и пред луѓето секогаш да биде чиста.</s><s>17По повеќе години отсуство се вратив во Ерусалим, носејќи со себе доброволни прилози, за да му помогнам на мојот народ и да Му принесам жртви на Бог.</s><s>18Овие што ме обвинуваат ме видоа во храмот кога веќе го бев завршил церемонијалното очистување.</s><s>Околу мене ниту имаше насобрано луѓе, ниту имаше некаков бунт.</s><s>19Имаше само неколку Евреи дојдени од областа Азија, кои требаше да бидат присутни, и ако имале нешто против мене, овде пред Вас тоа да го изнесат.</s><s>20Нека кажат овие што дојдоа да ме обвинат, какво злосторство најдоа во мене кога ме изведоа пред еврејското народно собрание, 21освен тоа што гласно изјавив: >Денеска овде мене ми се суди затоа што верувам во воскресение на мртвите!'“ 22Тогаш Феликс, кој добро го познаваше Хриството учење, го одложи сослушувањето, со вакво образложение: „Ќе почекаме полковникот Лисија да дојде овде.</s><s>Тогаш ќе пресудам во врска со вашиот случај.“ 23Потоа му нареди на офицерот да го задржат Павле во притвор, но да му дадат извесна слобода и да не спречуваат никој од неговите блиски да го посетува и да му помага.</s> <s>Павле пред Феликс и Друсила</s> <s>24По неколку дена, дојде Феликс со својата жена Друсила, која беше Еврејка.</s><s>Го повикаа Павле да им зборува за верата во Исус Христос.</s><s>25Додека тој зборуваше за праведноста, за обуздување на телесните страсти и за Божјиот суд што претстои, Феликс се исплаши и му рече: „Оди си сега!</s><s>Кога ќе имам време, пак ќе те викнам.“ 26феликс всушност се надеваше дека од Павле ќе добие мито и затоа честопати го викаше и разговараше со него.</s><s>27Така поминаа цели две години.</s><s>Тогаш на местото на Феликс дојде Порцие Фест.</s><s>Сакајќи да им угоди на Евреите, Феликс го остави Павле в затвор.</s> <s>Глава 25</s> <s>Судската постапка пред Фест</s> <s>1Три дена по преземањето на власта во покраината, Фест отпатува од Цезареа за Ерусалим.</s><s>2Таму првосвештениците и еврејските челници му го изнесоа своето обвинение против Павле, па го молеа 3да им направи услуга и да го префрли Павле во Ерусалим, а всушност коваа заговор патем да го убијат.</s><s>4Но Фест им одговори дека Павле ќе биде задржан во Цезареа, каде што и тој самиот има намера набргу да се врати, 5па ако тие имаат нешто против Павле, нека дојдат со Фест неколку поистакнати луѓе кои ќе покренат обвинение против него.</s><s>6По осум до десет дена, Фест се врати во Цезареа.</s><s>Следниот ден седна во судот и нареди да го доведат Павле.</s><s>7Околу него се насобраа Евреите кои беа дошле од Ерусалим и изнесоа многу тешки обвиненија против Павле, но не можеа да ги докажат.</s><s>8Павле, бранејќи се, рече: „Јас не сум згрешил ни против еврејскиот закон, ни против храмот, ниту против императорот!“ 9Фест, сакајќи да им угоди на Евреите, му рече на Павле: „Дали сакаш да одиме во Ерусалим и таму да ти судам во врска со ова?“ 10Павле рече: „Не!</s><s>Ова е суд на римската империја и овде треба да ми биде судено.</s><s>На Евреите ништо лошо не сум им сторил, како што и самиот знаете.</s><s>11Ако сум навистина виновен, ако сум направил нешто што заслужува смртна казна, јас не се противам таа и да се изврши.</s><s>Но ако обвинувањата против мене се неосновани, никој нема право да ме предаде на овие луѓе да ме убијат!</s><s>Сакам да се жалам пред императорот!“ 12Тогаш Фест, се посоветува со судскиот совет и му одговори: „Добро, штом сакаш да се жалиш пред императорот, ќе те пратам кај императорот!“</s> <s>Фест и Агрипа за случајот „Павле“</s> <s>13По неколку дена, во Цезареа дојдоа царот Агрипа и неговата сестра Берника, за да му честитаат на Фест, кој неодамна стана нов гувернер.</s><s>14Во текот на нивниот неколкудневен престој, Фест му го изложи на царот случајот на Павле, велејќи: „Имам еден неосуден затвореник, останат уште од времето на Феликс.</s><s>15Кога бев во Ерусалим, еврејските првосвештеници и старешини го обвинија пред мене и побараа да го осудам.</s><s>16Се разбира, јас им одговорив дека Римјаните немаат обичај да ги осудуваат обвинетите, без да им дадат можност да се соочат со обвинителите и да ја изложат својата одбрана.</s><s>17Затоа тие дојдоа овде и јас без одлагање, веќе следниот ден, седнав во судот и наредив да го доведат човекот.</s><s>18Кога обвинителите станаа да зборуваат, обвиненијата што ги изнесоа воопшто не беа толку страшни колку што јас очекував.</s><s>19Се препираа околу нивната вера, за некојси Исус, Кој умрел, а за Кого Павле тврдеше дека е жив.</s><s>20Јас не бев сигурен како да ја водам истрагата, па го прашав Павле дали би сакал да му биде судено во Ерусалим.</s><s>21Но Павле се повика на правото да се жали пред императорот и јас наредив да остане под стража, сѐ додека не извршам подготовки да го испратам кај императорот.“ 22Агрипа му рече на Фест: „И јас би сакал да го сослушам тој човек!“</s> <s><Утре ќе го сослушате!“ - му рече Фест.</s><s>23И така, утредента дојдоа Агрипа и Бернис со голема помпезност и влегоа во судската сала, придружувани од офицери и угледни личности од градот.</s><s>Потоа Фест нареди да го доведат Павле.</s><s>24Фест рече: „Царе Агрипа и сите што сте овде со нас.</s><s>Пред вас е човекот за кого целата еврејска заедница, и овде и во Ерусалим, бара да биде лишен од живот.</s><s>25Јас утврдив дека тој не направил никаков престап што би заслужувал смртна казна, но тој побара да биде испратен кај императорот и јас го одобрив тоа.</s><s>26Но јас не знам што да му напишам на нашиот владетел!</s><s>Затоа го изведов пред сите Вас, а особено пред вас, царе Агрипа, за да го сослушаме па да знам што да напишам, 27зашто ми се чини дека е бесмислено кај императорот да испратам затвореник, а да не ги изложам и обвиненијата против него!“</s> <s>Глава 26</s> <s>Павловата одбрана пред Агрипа</s> <s>1Потоа Агрипа му рече на Павле: „Можеш да почнеш да ја изложуваш својата одбрана.“</s> <s>Тогаш Павле ја испружи раката во знак на поздрав, и ја започна својата одбрана: 2<Царе Агрипа, имам голема среќа што можам пред Вас да ја изнесам мојата одбрана во врска со сѐ она за што ме обвинуваат Евреите, 3зашто вие сте добар познавач на еврејските обичаи и несогласици.</s><s>Затоа ве молам внимателно да ме ислушате.</s><s>4Сите Евреи знаат каков беше мојот живот уште од млади денови, кога живеев во Ерусалим, меѓу мојот народ.</s><s>5Ме познаваат веќе долго време и ако сакаат можат да потврдат дека јас бев фарисеј, што значи дека живеев според најстрогите прописи на нашата вера.</s><s>6Сега сум изведен суд, затоа што верувам дека Бог ќе го исполни она што им го вети на нашите прататковци.</s><s>7А сите дванаесет еврејски племиња ревносно му се поклонуваат на Бог ден и ноќ, очекувајќи го исполнувањето на истата вера!</s><s>Заради таа моја вера, царе, јас денеска сум обвинет од Евреите.</s><s>8Зошто вам ви се чини неверојатно дека Бог ќе ги воскресне мртвите!?</s><s>9Порано и јас верував дека треба со сите свои сили да им се противставам на следбениците на Исус од Назарет.</s><s>10Така и правев.</s><s>Имав добиено овластување од првосвештениците, па многу христијани од Ерусалим одведов в затвор.</s><s>Кога им се судеше и кога беа осудувани на смрт и јас гласав против нив.</s><s>11Ги казнував по сите синагоги и со примена на сила се обидував да ги натерам да Го навредуваат Христос.</s><s>Толку луто бев против нив, што ги прогонував дури и во далечни градови, надвор од нашата земја!</s> <s>== Павле зборува за своето обраќање во христијанството</s> <s>(Дела 9:1-19; 22:6-16) ==</s> <s>12При еден таков потфат тргнав за Дамаск со овластување и налог од првосвештениците.</s><s>13Додека патував, Ваше Величество, среде бел ден видов светлина посилна од сончевата што блесна во мене и моите придружници.</s><s>14Сите паднавме наземи!</s><s>Тогаш јас слушнав глас, кој на еврејски јазик ми рече: >Сауле, Сауле, зошто Ме прогонуваш!?</s><s>Лошо ќе поминеш ако клоцаш против остен!' 15>Кој сте Вие господине?' - прашав, а Господ ми одговори: >Јас сум Исус -Оној што ти Го прогонуваш!</s><s>16Стани, исправи се на нозе!</s><s>Јас ти се појавив за да те назначам за Свој службеник и сведок: да им го кажуваш на луѓето ова што го виде и она што допрва ќе ти го откријам.</s><s>17А јас ќе те заштитувам од твојот народ и од другите народи кај кои те испраќам 18за да им ги отвориш очите, па да се обратат од темнина кон светлина, од власта на сатаната кон Бог.</s><s>Така ќе добијат простување за своите гревови и наследство заедно со сите други што станаа Божји народ, одбрани преку вера во Мене.'</s> <s>Павле зборува за своето делување</s> <s>19Така, царе Агрипа, јас не откажав послушност спрема ова видение што ми дојде од небото.</s><s>20Почнав да им проповедам, најпрво на Евреите во Дамаск, а потоа во Ерусалим и во сите области на Јудеја.</s><s>Потоа продолжив да им проповедам и на нееврејските народи, да им објаснувам дека треба да се покаат и да се свртат кон Бог, и со своето поведение на дело да потврдат дека навистина се покајале.</s><s>21Заради ова, додека бев во храмот, група Евреи ме фатија и се обидоа да ме убијат.</s><s>22Но сѐ до денешен ден Бог ми беше напомош и еве стојам овде и им сведочам на сите, на обични луѓе и на моќници.</s><s>Не проповедам ништо различно од она што е веќе претскажано од пророците и од Мојсеј: 23дека Месијата требаше да пострада и дека како првовоскреснат од мртвите Тој им ја покажа светлината и на Евреите и на сите други народи.“ 24Ненадејно Фест стана и почна да вика: „Си споулавел, Павле!</s><s>Си се мрднал од многу учење!“ 25<Не сум споулавел, честити Фесте!“ - рече Павле.</s><s>„Тоа што го зборувам е разумно и вистинито!</s><s>26Царот Агрипа добро ги познава овие работи и затоа јас толку слободно зборувам пред него.</s><s>Уверен сум дека ништо од сево ова не му е непознато, бидејќи ова не се одигруваше во некој зафрлен агол!</s><s>27Верувате ли, царе Агрипа, во она што го пишале пророците?</s><s>Знам дека верувате!“ 28Агрипа му одговори: „За малку и мене ќе ме убедеше да станам христијанин!“ 29На тоа Павле му рече: „Му се молам на Бог, за малку или за многу не само Вие, туку и сите што денес ме слушате да станете такви луѓе каков што сум јас, но без окови!“ 30Тогаш царот, гувернерот, Берника и сите што седеа со нив станаа, 31и на заминување си рекоа меѓу себе: „Овој човек нема направено ништо што би заслужувало смртна казна или затвор!“ 32А Агрипа му рече на Фест: „Ако овој човек не беше побарал да оди кај императорот, можеше веднаш да биде ослободен!“</s> <s>Глава 27</s> <s>== ПАВЛЕ ОТПЛОВУВА КОН РИМ</s> <s>1) од Цезареа до Крит ==</s> <s>1Кога беше решено да нѐ носат за Италија, Павле и неколку други затвореници, му беа предадени на еден офицер од Августовиот полк по име Јулиус.</s><s>2Се качивме на еден брод, чие матично пристаниште беше Адрамитија.</s><s>Тој се подготвуваше да плови покрај местата од брегот на Азија што ни беа попат.</s><s>Со нас беше и Аристарх, Македонец од Солун.</s><s>3Следниот ден пристигнавме во Сидон.</s><s>Римскиот офицер Јулиус беше многу љубезен со Павле и му дозволи да отиде кај неговите пријатели, за да го снабдат со сѐ што му е потребно.</s><s>4Откако отпловивме оттаму, скршнавме накај Кипар, зашто ветровите не ни дозволуваа да продолжиме во планираната насока.</s><s>5Поминавме покрај бреговите на покраините Киликија и Памфилија, па дојдовме до местото Мира во покраината Ликија.</s><s>6Таму офицерот најде еден египетски брод од Александрија што требаше да плови за Италија и нѐ префрли на него.</s><s>7Долго време пловевме бавно и тешко и одвај дојдовме до брегот на Книд.</s><s>Ветрот не ни дозволуваше да впловиме во Книд, па отпловивме на спротивната страна од островот Крит, заобиколувајќи го 'ртот Салмона.</s><s>8Со голема мака го заобиколивме и дојдовме до местото наречено Добри Пристаништа, близу до градот Ласеа.</s><s>9Изгубивме многу време и веќе не беше безбедно да се плови, зашто веќе беше поминал и Големиот есенски пост, па Павле ги советуваше надлежните на бродот: 10<Луѓе, гледам дека пловидбата тешко ќе оди и ќе има големи опасности, не само за товарот и бродот, туку и за нашите животи.“ 11Меѓутоа офицерот повеќе им веруваше на кормиларот и на сопственикот на бродот, отколку на она што го рече Павле.</s><s>12Пристаништето >Добри Пристаништа' не беше погодно за презимување, па мнозинството реши да отпловиме оттаму и да се обидеме да допловиме до Феникс, па да презимиме во тоа критско пристаниште, свртено и кон југозапад и кон северозапад.</s> <s>2) Бура помеѓу Крит и Малта</s> <s>13Кога дувна тивок јужен ветер, морнарите мислеа дека условите се поволни, па дигнаа котва и запловија покрај брегот на Крит.</s><s>14Но по кратко време, дувна против нас ветер со ураганска сила, наречен Североисточник.</s><s>15Зафатени од ветрот и не можејќи да пловиме наспроти него, кренавме раце и се препуштивме ветрот да нѐ носи.</s><s>16Кога поминавме во заветрината на едно островче наречено Кауда, одвај успеавме да го зачуваме чамецот за спасување, кој беше трескан од брановите.</s><s>17Морнарите го качија горе и го врзаа со јажиња за бродот.</s><s>Постоеше опасност да заринкаме на песочните наноси кај Сирт, па затоа ја спуштија котвата и го оставија бродот слободно да плови.</s><s>18Следниот ден бурата толку силно нѐ фрлаше наваму-натаму што морнарите почнаа да го исфрлаат товарот в море.</s><s>19На третиот ден, ја исфрлија и опремата на бродот, а и сѐ што им дојде под раце.</s><s>20Веќе долго време не се појавуваа ни сонцето, ниту ѕвездите, а бурата продолжуваше да беснее, така што конечно изгубивме секаква надеж дека ќе се спасиме.</s><s>21Луѓето веќе долго време немаа апетит и не јадеа.</s><s>Тогаш стана Павле и им рече: „Требаше да ме послушате и да не испловите од Крит.</s><s>Така ќе се поштедевте од овие неволи и загуби.</s><s>22Сега ве советувам да се држите храбро, зашто никој од вас нема да загине.</s><s>Ќе биде уништен само бродот.</s><s>23Минатата ноќ застана покрај мене ангел пратен од Богот, на Кој јас Му припаѓам и служам, 24и ми рече: >Не плаши се, Павле!</s><s>Ти сигурно ќе стигнеш до императорот, а заради тебе, Бог ќе им ги поштеди и животите на сите што пловат со тебе.' 25Затоа, луѓе, разведрете се!</s><s>Јас верувам дека тоа што Бог ми го кажа ќе се оствари.</s><s>26Ќе бидеме исфрлени на некој остров, но бродот ќе биде уништен.“ 27Кога дојде четиринаесеттата ноќ откако бурата нѐ фрлаше наваму-натаму низ Адрианското море, некаде околу полноќ, морнарите забележаа дека се приближуваме до некое копно.</s><s>28Ја измерија длабочината и утврдија дека изнесува околу триесет и седум метри.</s><s>Пловеа уште малку, па пак ја измерија длабочината која сега изнесуваше само дваесет и седум метри.</s><s>29Плашејќи се да не удриме во подводни карпи, тие фрлија четири котви на задниот дел на бродот и со трепет чекаа да осамне.</s><s>30Тогаш морнарите се обидоа да побегнат од бродот.</s><s>Почнаа да го спуштат чамецот за спасување, под изговор дека од предницата на бродот ќе спуштаат котви.</s><s>31Но Павле им рече на офицерот и на војниците: „Ако морнарите не останат на бродот, нема ни вие да се спасите!“ 32Тогаш војниците ги пресекоа јажињата на кои висеше чамецот за спасување и го пуштија да падне и да отплови.</s><s>33Пред да осамне, Павле ги молеше сите да јадат, велејќи им: „Денес е веќе четиринаесетти ден како гладувате.</s><s>Ништо не сте ставиле в уста.</s><s>34Ве молам, каснете нешто.</s><s>Тоа ќе ви помогне да се спасите.</s><s>На никого од вас ниту влакно од главата нема да му недостасува.“ 35Кога им го кажа ова, самиот зеде леб, Му заблагодари на Бог пред сите, и почна да си крши леб и да јаде.</s><s>36Тогаш сите луѓе се охрабрија и почнаа да јадат.</s><s>37На бродот имаше двесте седумдесет и шест души.</s><s>38Откако се најадоа, го исфрлија житото в море, за да го олеснат бродот.</s> <s>3) Бродолом со среќен крај</s> <s>39Кога се раздени, морнарите видоа копно, но не можеа да препознаат за која земја се работи.</s><s>Забележаа залив со достапен брег и решија да се обидат со бродот да пријдат кон брегот.</s><s>40Ги одврзаа котвите и ги спуштија во морето.</s><s>Ги разлабавија јажињата на кормилата, го кренаа предното едро спроти ветрот и се упатија накај брегот.</s><s>41Но бродот удри во гребен меѓу две морски струи и предницата на бродот се заринка, па не можеше да се помрдне, а задниот дел почна да напукува од ударите на брановите.</s><s>42Војниците имаа намера да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне, 43но офицерот ги спречи, сакајќи да го поштеди Павле.</s><s>Тој нареди оние што знаат да пливаат први да скокнат од бродот и да пливаат накај копното, 44а другите да се спасуваат на даски и на други остатоци од бродот.</s><s>Така сите се спасија и стигнаа на копно.</s> <s>Глава 28</s> <s>4) Три месеци на Малта</s> <s>1Откако се спасивме, дознавме дека се наоѓаме на островот Малта.</s><s>2Островјаните беа мошне љубезни спрема нас.</s><s>Бидејќи врнеше дожд и беше студено, тие запалија оган и сите нѐ прибраа.</s><s>3Павле собра еден куп гранки и ги ставаше врз огнот, кога една змија гонета од огнот излезе од гранките и му се впи во раката.</s><s>4Кога островјаните ја видоа змијата како виси на неговата рака, си проговорија меѓу себе: „Овој човек мора да е убиец!</s><s>Се спаси од морето, но правдата не го остава да живее!“ 5Но Павле ја истресе змијата во огнот и немаше никакви последици по неговото здравје.</s><s>6Луѓето очекуваа Павле да отече или веднаш да падне мртов, но откако подолго време гледаа и чекаа, а со него ништо не се случи, си го сменија мислењето и си говореа дека тој човек е бог!</s><s>7Во близината на тоа место имаше имот што му припаѓаше на Пубилиус, поглаварот на островот.</s><s>Тој, најљубезно нѐ прими и три дена нѐ гоштеваше.</s><s>8Таткото на Пубилиус лежеше в постела, зашто имаше треска и страдаше од дизентерија.</s><s>Павле му пријде, се помоли за него, ги положи рацете врз него и го исцели.</s><s>9По тој настан и други луѓе од островот што беа болни доаѓаа кај Павле и тој ги исцелуваше.</s><s>10Заради ова, островјаните ни искажаа многу почести, а кога повторно испловивме, ни дадоа сѐ што ние беше потребно за пловидбата.</s> <s>5) Од Малта до Рим</s> <s>11По три месеци се качивме на еден брод од Александрија, што го носеше знакот на римските богови - близнаци и ја беше минал зимата на Малта.</s><s>12Стигнавме во Сиракуза и таму останавме три дена.</s><s>13Оттаму, пловејќи покрај брегот, стигнавме во Регија.</s><s>Утредента дувна јужен ветер, па по два дена стигнавме во Путеоли.</s><s>14Таму најдовме неколку христијани, кои нѐ поканија да останеме кај нив седум дена.</s><s>Потоа продолживме кон Рим.</s><s>15Тамошните христијани, откако слушнале за нас, дојдоа да нѐ пресретнат уште кај Форумот на Апиус, а други ни се придружија кај Трите Крчми.</s><s>Кога Павле ги виде, Му заблагодари на Бог и се охрабри.</s> <s>Павле пристигнува во Рим</s> <s>16Сега, кога веќе беше во Рим, на Павле му беше дозволено да живее каде што сака, чуван од само еден војник.</s> <s>6) Средба со римските Евреи</s> <s>17По три дена, Павле ги повика водачите на тамошните Евреи, и им рече: „Јас, браќа, иако не сум направил ништо што би било на штета на нашиот народ или на обичаите на нашите предци, бев уапсен од Евреи во Ерусалим и предаден на римската власт.</s><s>18Римјаните, откако ме сослушаа, сакаа да ме ослободат, бидејќи не најдоа никаква вина што би заслужувала смртна казна, 19но кога Евреите се противставија на тоа, иако не можеа против мене да изнесат никакво обвинение, јас бев присилен да барам заштита од императорот.</s><s>20Затоа ве викнав, за да се запознаам со вас и да ви објаснам дека јас ги носам овие окови поради тоа што верувам оти она на што се надеваше Израел - Месијата, веќе дојде.“ 21Тие му одговорија: „Ние ниту сме добиле писмо во врска со тебе од Јудеја, ниту пак некој наш брат дошол да ни каже нешто лошо за тебе.</s><s>22Сакаме од тебе да слушнеме што мислиш ти за христијанството, зашто слушаме дека насекаде се зборува против него.“ 23Определија ден и многумина дојдоа во неговата изнајмена куќа, а тој од утро до мрак им објаснуваше и им говореше за Божјото царство, ги уверуваше за Исус, читајќи им од Мојсеевите книги и од книгите на пророците.</s><s>24Некои се убедија од она што беше кажано, а некои не поверуваа.</s><s>25Се појавија несогласувања, па почнаа да си заминуваат, а Павле им рече: „Во право беше Светиот Дух кога преку пророкот Исаија за вашите предци рече: 26>Оди кај овој народ и речи им:</s> <s>Ќе го слушате Моето Слово,</s> <s>но нема да го разберете;</s> <s>ќе ги гледате Моите дела,</s> <s>но нема да ги разберете, 27зашто, срцата на овие луѓе им се закоравени!</s> <s>Со ушите одвај слушаат,</s> <s>а очите си ги затвораат!</s> <s>Не сакаат да видат,</s> <s>да слушнат,</s> <s>да разберат,</s> <s>па да се свртат кон Мене</s> <s>за да ги исцелам!'“ 28Затоа сакам да знаете дека ова спасение од Бог е испратено и за нееврејските народи и тие ќе го прифатат!</s><s>29 30Таму Павле остана цели две години во изнајмена куќа и ги примаше сите што му доаѓаа, 31проповедајќи им за Божјото царство и поучувајќи ги за Господ Исус Христос, слободно и непречено.</s>
7243
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A0%D0%B8%D0%BC%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Писмо од апостол Павле до христијаните во Рим (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1 1Од Павле, слуга на Исус Христос.</s><s>Бог ме повика да бидам апостол и да се посветам на проповедање на Радосната вест.</s><s>2Неа Бог уште одамна ја вети, како што имаат запишано во Светото писмо Неговите пророци.</s><s>3Радосната вест зборува за Неговиот Син.</s><s>Тој според Својата човечка природа му беше наследник на Давид.</s><s>4Што се однесува до Неговата божествена светост, Тој со голема сила покажа дека е Божји Син, со тоа што воскресна од мртвите.</s><s>Тоа е Исус Христос, нашиот Господ.</s><s>5Преку Него и во Негово име Бог ни ја даде таа привилегија да бидеме Негови апостоли и да ги повикуваме луѓето од сите народи кон покорност што доаѓа од вера.</s><s>6Меѓу оние што се повикани да Му припаѓаат на Исус Христос сте и вие.</s><s>7До сите вас во Рим, до сите што Бог ги сака и што се повикани да бидат Негов народ.</s> <s>Ви посакувам нашиот Татко, Бог и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.</s> <s>Молитва за благодарност.</s> <s>8Најнапред сакам да Му заблагодарам на мојот Бог, преку Исус Христос, за сите вас, зашто за вашата вера се раскажува по целиот свет.</s><s>9Бог, Оној на Кого јас Му служам со сето свое срце во проповедањето на Радосната вест за Неговиот Син, ми е сведок дека во моите молитви постојано си спомнувам за вас.</s><s>10Секогаш во моите молитви барам, ако е според Божја волја, патот да ме наведе да дојдам кај вас.</s><s>11Копнеам да ве видам, за да можам да споделам со вас некој духовен дар, па да зацврснете, 12да се охрабриме еден со друг, преку верата што е и ваша и моја.</s><s>13Сакам да знаете драги пријатели дека често пати посакував да дојдам кај вас, за и меѓу вас да има плодови од мојата работа, како што има меѓу останатите народи.</s><s>Но сѐ до сега бев спречен.</s><s>14Се чувствувам должен и кон цивилизираните народи и кон останатите, кон мудрите и кон неразумните, 15па, колку што тоа зависи од мене, желен сум да дојдам кај вас во Рим и да проповедам.</s> <s>Силата на Радосната вест.</s> <s>16Не, јас не се срамам од Радосната вест.</s><s>Таа е силата со која Бог ќе го спаси секој што верува, прво Евреите, а потоа и останатите народи.</s><s>17Преку неа е откриено како Бог ќе се измири со сите што се верни, но само со верните.</s><s>Токму тоа и го пишува во Светото Писмо: <А праведниот преку вера ќе живее."</s> <s>Вината на човештвото.</s> <s>18Бог јасно покажа дека се гневи од небото против сите безбожни и неправедни луѓе, што со својата неправичност ја замаглуваат вистината.</s><s>19Она што може да се знае за Бог тие го знаат, зашто Бог тоа јасно им го покажа.</s><s>20Она што е кај Бог невидливо, Неговата вечна моќ и божествена природа, може јасно да се согледа преку создавањето на светот и да се разбере преку сѐ што е создадено.</s><s>Затоа за безбожните нема оправдување.</s><s>21Тие, иако знаат за Бог, ниту Го почитуваат, ниту Му се благодарни.</s><s>Напротив, потонаа во празни мудрувања, а нивните неразумни умови се помрачија.</s><s>22Иако тврдат дека се мудри, испаднаа глупави.</s><s>23Наместо да Го слават бесмртниот Бог, тие слават ликови на смртни луѓе, птици, четвороножни животни и влекачи.</s><s>24Затоа Бог ги препушти на страстите на нивните срца, на нечистотија, самите меѓу себе да си ги понижуваат телата.</s><s>25Ја заменија вистината за Бог со лага, па му служат и му се поклонуваат на создаденото, а не на Оној што го создал, Кој е благословен за вечни времиња.</s><s>Амин.</s><s>26Затоа Бог ги препушти на нивните ниски страсти.</s><s>Дури и нивните жени веќе не сакаат да водат љубов на природен начин, туку прават едни со други работи што се спротивни на нивната природа.</s><s>27Истото се случува и со мажите.</s><s>Напуштајќи ја природната склоност кон жените, ги распалија страстите еден кон друг, мажи со мажи правеа срамни нешта и добија заслужена казна за нивната расипаност.</s><s>28Како што тие одбија да го прифатат Бог во своите умови, така Тој ги предаде на изопачени умови, да прават недолични работи.</s><s>29Се исполнија со секаков вид неправичност, лошотија, алчност и злоба.</s><s>Се исполнија со завист, убиства, раздор, измама и расипаност.</s><s>Тие зборуваат лошо еден за друг, 30клеветат, Го мразат Бог, дрски се и безобразни, фалбаџии, само измислуваат нови начини да направат некое зло.</s><s>Непослушни се кон родителите, 31несовесни, што ќе ветат не исполнуваат, бездушни се и безмилосни.</s><s>32Иако го знаат Божјиот праведен Закон, според кој сите што така постапуваат заслужуваат смрт, не само што си тераат по свое, туку ги поттикнуваат и другите да прават така.</s> <s>Глава 2</s> <s>Божјиот суд.</s> <s>1Некои од вас секого што ќе стигнат го осудуваат дека не постапува како што треба.</s><s>Нема оправдување за таквото однесување.</s><s>Кога ги осудувате луѓето, а потоа и вие истото го правите, самите себе се осудувате.</s><s>2Ние знаеме дека Бог е во право кога суди против оние што вака се однесуваат.</s><s>3Дали мислиш дека осудувајќи ги другите ќе ја избегнеш Божјата пресуда, иако и ти истото го правиш, 4или ја презираш Божјата огромна благонаклоност, толерантност и стрпливост, не сфаќајќи дека Бог е благонаклонет кон тебе за да те доведе до покајување?</s><s>5Но, заради твојата тврдоглавост, заради тоа што во тебе каење нема, ти уште пожестоко ќе бидеш казнет на денот кога Бог ќе покаже колку е гневен и кога праведно ќе им суди на сите луѓе, 6кога <Бог секого ќе го награди зависно од тоа како постапувал." 7Од една страна на оние што се однесуваат добро, стрпливо надевајќи се на слава, чест и бесмртност, Бог ќе им даде вечен живот, 8но за оние што се себични, што ја отфрлаат вистината и го следат злото, ќе има гнев и лутина.</s><s>9Маки и страдања ќе има за сите што прават зло, прво за Евреите, но и за останатите народи, 10а слава, чест и мир за секој што прави добро, прво за Евреите, а потоа и за останатите народи.</s><s>11Кај Бог нема пристрасност.</s><s>12Оние што грешат не познавајќи го Законот, ќе бидат казнети затоа што прават зло.</s><s>Оние, пак, што го знаат Законот, а сепак грешат, ќе бидат судени според Законот.</s><s>13Не се праведни пред Бог оние што имале можност да го слушнат Законот, туку оние што постапуваат според него.</s><s>14Има луѓе што не го знаат Законот, но сепак природно се придржуваат кон заповедите што произлегуваат од него.</s><s>Тие не го знаат Законот, а природно им е да се придржуваат до неговите заповеди.</s><s>15Тоа е доказ дека она што Законот го бара е запишано во нивните срца.</s><s>За нив мерило за однесувањето е и нивната совест, нивните мисли што понекогаш ги обвинуваат, а понекогаш ги бранат.</s><s>16Тоа ќе се види во денот кога Бог, преку Исус Христос, ќе го суди она што е сокриено во луѓето, како што и кажува Радосната вест што јас ја пренесувам.</s> <s>Евреите и Законот.</s> <s>17Ако ти се нарекуваш Евреин и се потпираш на Законот, фалејќи се со посебната поврзаност на твојот народ со Бог, 18ако знаеш што на Бог Му е по волја и го одобруваш она што е најдобро, затоа што си учел од Законот, 19веруваш дека можеш да им бидеш водач на слепите, светло на оние што живеат во мрак, 20ако поучуваш неразумни и млади, имајќи во Законот пример за знаење и вистина, 21може ли, учејќи ги останатите, самиот себе да не се поучиш!?</s><s>Ти што велиш дека не треба да се краде, дали и самиот не крадеш!?</s><s>22Ти што велиш дека не треба да се прават прељуби, дали и самиот не правиш прељуби!?</s><s>Ти што се гнасиш од идоли, дали и самиот не ограбуваш храмови!?</s><s>23Ти што се фалиш со Законот, а сепак го прекршуваш со тоа Му нанесуваш срам на Бог.</s><s>24Токму така и стои запишано во Светото писмо: <Зашто поради вас незнабошците зборуваат навредливо за Божјото име." 25Од обрежувањето има полза само ако се придружуваш кон Законот.</s><s>Ако го прекршуваш, исто е како и да не си обрежан.</s><s>26Затоа, ако необрежан човек се придржува кон Законот, зарем нема да се смета за еднакво добар со обрежаните.</s><s>27Оние што телесно не се обрежани, а сепак го спроведуваат Законот, ќе ве осудат вас што, иако го имате Законот напишан и сте обрежани, сепак го прекршувате.</s><s>28Човек не станува Евреин со тоа што ќе почне да се облекува и да се однесува како Евреите, не станува Евреин со тоа што телесно ќе се обреже.</s><s>29Вистински Евреин е оној што е Евреин длабоко во себе.</s><s>Обрежувањето е вистинско ако е направено врз срцето.</s><s>Тоа е дело на Светиот Дух, а не на пишаниот Закон.</s><s>Тогаш славата доаѓа од Бог, а не од луѓето.</s> <s>Глава 3 1Значи предност ли е да се биде Евреин?</s><s>Има ли некаква корист од обрежувањето?</s><s>2Голема предност е во секој поглед!</s><s>Прво, Светото писмо им е ним доверено.</s><s>3Што ако некои од нив не поверуваа?</s><s>Дали тоа значи дека и на Бог не може да Му се верува?</s><s>4Секако не!</s><s>Дури и сите луѓе да испаднат лажговци, на Бог може да Му се верува, како што стои запишано:</s> <s><Ќе се покаже дека е вистина она што го зборуваш</s> <s>и ќе извојуваш победа кога ќе бидеш суден." 5Но ако нашата неправедност ја изнесува на виделина Божјата праведност, што тоа значи?</s><s>Дека Бог неправедно истура гнев врз нас? (Зборувам онака како што луѓето размислуваат.) 6Секако не!</s><s>Ако беше Бог неправеден, како тогаш би можел да му суди на светот!?</s><s>7Некој може ќе рече: <Ако преку мојата лага, уште повеќе доаѓа до израз Божјата вистина и Неговата слава се возвеличува, зошто тогаш Бог ме смета грешник?" 8Има луѓе што лажно нѐ обвинуваат и тврдат дека ние велиме: <Да правиме лоши работи, за од тоа да испадне добро!" Не е така, а тие ќе си ја добијат казната што ја заслужуваат.</s> <s>Никој не е праведен.</s> <s>9Што следува од ова?</s><s>Дали ние Евреите сме подобри од останатите народи?</s><s>Не, не сме.</s><s>Ние веќе рековме дека и Евреите и останатите народи ги раководи гревот.</s><s>10Како што е напишано во Светото писмо:</s> <s><Нема ниту еден праведен, 11нема ниту еден што разбира,</s> <s>нема ниту еден што Го бара Бог.</s><s>12Сите скршнаа и станаа отпад.</s> <s>Нема ниту еден единствен човек,</s> <s>што прави добро." 13<Грлата нивни - гробови отворени,</s> <s>јазиците само за злобни лаги им служат."</s> <s><Зад усните отров змијски кријат." 14<Устите им со клетви и горчина се полни." 15<Брзи се стапалата нивни да пролеваат крв.</s><s>16Кај ќе стапнат - трева не расте.</s><s>17Да живеат во мир тие не знаат." 18<Страв од Бог кај нив нема." 19Ние знаеме дека она за што зборува Законот се однесува на сите што се должни да му се покоруваат.</s><s>Затоа за никого нема изговор и целиот свет е одговорен пред Бог.</s><s>20Со спроведување на Законот никој нема да биде оправдан!</s><s>Напротив, преку Законот само стануваме свесни за нашата грешност.</s> <s>Како Бог нѐ измирува со Себе.</s> <s>21Сега гледаме како Бог нѐ измирува со Себе.</s><s>За тоа зборуваат и Законот и Пророците.</s><s>Бог не се измирува со нас затоа што ние му се покоруваме на Мојсеевиот Закон, 22туку затоа што веруваме во Исус Христос.</s><s>Тоа важи за сите што веруваат.</s><s>Нема никаква разлика, 23зашто сите згрешија и сите се лишени од Божјата слава.</s><s>24Оправдувањето е подарок.</s><s>Тоа доаѓа затоа што Бог е благонаклонет кон нас.</s><s>Бог се измирува со нас преку откупот што го плати Исус Христос.</s><s>25Него Бог Го испрати да биде жртва за нас.</s><s>Исус ја пролеа Својата крв, за оние што веруваат во Него да можат да се измират со Бог.</s><s>Бог ова го направи за да не се доведе во прашање Неговата праведност, а сепак нашите претходно направени гревови да не се земат во обзир.</s><s>26Тој долго време имаше трпение со нас, за во ова наше денешно време да покаже дека е правичен.</s><s>Така Неговата правичност не е доведена во прашање, а оние што веруваат во Исус се оправдани.</s><s>27Има ли тука место за фалење?</s><s>Се разбира не.</s><s>Кој е начинот, преку покорување на Законот ли?</s><s>Не, туку преку вера.</s><s>28Ние сметаме дека човек се измирува со Бог затоа што верува, а не затоа што се придржува до Законот.</s><s>29Дали Бог им припаѓа само на Евреите?</s><s>Зарем тој не им е Бог и на останатите народи?</s><s>Се разбира дека е!</s><s>30Има е само еден Бог и Тој ги прифаќа и обрежаните и необрежаните, едноставно затоа што веруваат.</s><s>31Значи ли тоа дека ние го поништуваме Законот преку верата?</s><s>Никако!</s><s>Ние само го потврдуваме.</s> <s>Глава 4</s> <s>Примерот на Авраам.</s> <s>1Што по ова прашање можеме да научиме од нашиот прататко Авраам?</s><s>2Ако Авраам бил оправдан заради неговите постапки, тој имал причина да се фали.</s><s>Но тој сигурно не би можел да му се фали на Бог.</s><s>3Светото Писмо вели: <Авраам поверува и Бог го прифати како праведен." 4Кога некој работи, наградата што му се дава не претставува подарок, туку обврска.</s><s>5Од друга страна, оној што се потпира на својата вера, а не на исправноста на своите постапки, што верува во Оној што ги оправдува грешниците, токму заради таа негова вера Бог го измирува со Себе.</s><s>6Давид зборува за истото нешто кога вели дека е благословен оној човек кого Бог го смета за праведен, без оглед на неговите постапки: 7<Благословени се оние чии престапи се простени,</s> <s>чии гревовите се покриени.</s><s>8Благословен е оној човек</s> <s>чиј грев Бог никогаш нема да го земе во обзир." 9Дали овој благослов важи само за обрежаните, или важи и за необрежаните?</s><s>Велиме Бог го прифати Авраам, затоа што Авраам имаше вера во Него.</s><s>10Кога го прифати?</s><s>Дали тоа беше пред Авраам да се обреже, или после?</s><s>Тоа се случи пред Авраам да биде обрежан.</s><s>11Тој се обрежа, за со тој чин да покаже дека Бог го прифати заради неговата вера што ја имаше додека сѐ уште не беше обрежан.</s><s>Така тој им стана татко на сите што се верни и Бог ги прифаќа како праведни, иако не се обрежани.</s><s>12Истовремено им стана татко на сите што се обрежани, но не се само обрежани, туку и го следат примерот на нашиот татко Авраам, и веруваат исто како што тој веруваше додека сѐ уште не беше обрежан.</s> <s>Божјото верување е примено преку вера.</s> <s>13Бог им вети на Авраам и на неговите потомци дека тие ќе го наследат светот.</s><s>Ова ветување не им беше дадено затоа што Авраам му се покоруваше на Законот, туку заради неговата вера, заради што Бог и го прифати како праведен.</s><s>14Ако вистински наследници се оние што му се покоруваат на Законот, верата нема никаква вредност и Божјото ветување веќе не важи.</s><s>15Кога се крши Законот Бог се гневи.</s><s>Каде што нема Закон, нема ни прекршување на Законот.</s><s>16Ветувањето е засновано на вера, за да биде применливо на сите на кои Бог им е благонаклонет и да го опфати сето потомство на Авраам.</s><s>Тоа важи не само за оние што живеат според Законот, туку и за оние што му се потомци, затоа што ја имаат истата вера што ја имаше и тој.</s><s>Авраам е прататко на сите нас.</s><s>17Во Светото Писмо стои запишано: <Те направив татко на многу народи." Авраам веруваше во Него и затоа Бог му го даде ова ветување, Бог, Оној што мртви оживува, она што не постои ќе го викне и тоа станува стварност.</s><s>18Авраам, иако изгледаше дека е тоа невозможно, поверува дека тој ќе стане татко на многу народи, заради тоа што му беше кажано: <Толкав ќе биде бројот на твоите потомци." 19Не му ослабна верата.</s><s>Знаеше дека неговото тело е речиси мртво.</s><s>Имаше околу сто години, а и Сара веќе не можеше да раѓа.</s><s>20Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог.</s><s>Верата му даде сила и тој му оддаде слава на Бог.</s><s>21Беше целосно убеден дека Бог е способен да го направи она што го вети.</s><s>22Кога пишува: <И беше прифатен како праведен." 23не се мисли само на Авраам, 24туку и на нас што веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите нашиот Господ Исус, 25Кој беше предаден на смртта заради нашите гревови, и беше воскреснат за ние да бидеме оправдани.</s> <s>Глава 5</s> <s>Измирени со Бог.</s> <s>1Сега, преку вера, станавме прифатливи за Бог, па заради нашиот Господ Исус Христос, живееме во мир со Бог.</s><s>2Преку Исус почувствувавме колку е Бог благонаклонет кон нас.</s><s>Таквата благонаклоност не сме ја заслужиле, туку сме ја добиле преку вера.</s><s>Затоа се гордееме и со нетрпение очекуваме да нѐ огрее и нас Божјата слава.</s><s>3Не тоа не е сѐ.</s><s>Ние се гордееме кога страдаме, затоа што знаеме дека страдањето создава стрпливост, 4стрпливоста го гради карактерот, а тој ни дава надеж 5што никогаш нема да нѐ разочара.</s><s>Бог, преку Светиот Дух што ни го даде, ги исполни нашите срца со Неговата љубов.</s><s>6Уште додека бевме беспомошни и грешни, кога дојде определеното време, Христос умре за нас.</s><s>7Тешко некој би посакал да умре за чесен човек.</s><s>За добар човек можеби некој и би се решил да умре, 8но Бог ни покажа колку многу нѐ сака уште додека бевме грешници.</s><s>Тогаш Христос умре за нас.</s><s>9Сега, откако сме оправдани затоа што Христос пролеа крв за нас, сосема сме сигурни дека преку Исус ќе бидеме поштедени од Божјиот гнев.</s><s>10Ако додека сѐ уште бевме непријатели, се помиривме преку смртта на Неговиот син, колку повеќе сега, кога сме веќе помирени, ќе бидеме спасени затоа што Исус е жив.</s><s>11Тоа не е сѐ.</s><s>Ние се гордееме заради она што Бог го направи преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого се помиривме со Бог.</s> <s>Адам и Христос.</s> <s>12Гревот навлезе во овој свет преку еден човек, а со него дојде и смртта.</s><s>Сите луѓе згрешија, па затоа секој мора да умре.</s><s>13Гревот постоеше во овој свет и пред Законот, но кога нема Закон гревот не се зема во обзир.</s><s>14И покрај тоа и тие што живееја пред Мојсеј, уште од времето на Адам, не ја одбегнаа смртта.</s><s>Не ја одбегнаа ни оние што не згрешија на истиот начин на кој згреши Адам.</s><s>Адам беше слика на Оној што требаше да дојде.</s><s>15Но дарот не е како престапот.</s><s>Ако заради престапот на еден човек, многумина умреа, колку повеќе Божјата благонаклоност и дарот што го добивме заради љубовта што еден човек, Исус Христос, ја покажа кон нас, ќе се излее врз многумина.</s><s>16Божјиот дар не е како гревот на еден човек.</s><s>Пресудата што се изрекува за еден престап е: <Виновен!", а Бог, и покрај тоа што ние многу пати сме грешеле, ни подари оправдување.</s><s>17Смртта завладеа преку престапот на само еден човек, но тоа не може да се спореди со она што го направи Исус Христос.</s><s>Затоа оние што ја примиле Божјата изобилна благонаклоност и дарот на праведност ќе владеат со своите животи.</s><s>18Значи, како што еден престап доведе до осуда на сите луѓе, така преку една праведна постапка дојде до оправдување што им носи живот на сите луѓе.</s><s>19Како што преку непокорноста на еден човек многумина станаа грешници, така преку покорноста на еден Човек многумина ќе станат праведни.</s><s>20Законот беше даден за да се види колку е гревот моќен.</s><s>Но и покрај тоа што гревот многу нарасна, Божјата благонаклоност испадна посилна.</s><s>21Гревот владееше служејќи се со смртта.</s><s>Но сега владее Божјата благонаклоност.</s><s>Бог нѐ прифати заради нашиот Господ, Исус Христос и затоа ние ќе добиеме вечен живот.</s> <s>Глава 6</s> <s>Мртви за гревот, но живи за заедништво со Христос.</s> <s>1Што да кажеме на ова?</s><s>Треба ли да продолжиме да грешиме, за Бог да стане уште поблагонаклонет кон нас?</s><s>2Никако!</s><s>За гревот ние сме веќе мртви.</s><s>Како може тогаш да продолжиме да живееме во грев.</s><s>3Зарем не знаете дека сите што се крстени во името на Исус Христос, на тој начин зеле учество во Неговата смрт?</s><s>4Кога бевме крстени ние умревме и бевме погребани со Исус.</s><s>Тоа го сторивме за, како што Христос воскресна од мртвите со помош на величествената сила на Таткото, така и ние да зачекориме во еден нов живот.</s><s>5Ако на ваков начин Му се придруживме во Неговата смрт, ќе Му се придружиме и во Неговото воскреснување.</s><s>6Сега знаеме дека нашата стара природа беше закована на крстот заедно со Исус, за да му се одземе силата на грешното тело.</s><s>Затоа ние веќе не треба да му бидеме робови на гревот.</s><s>7Гревот не може да владее со луѓе што се мртви.</s><s>8Ние умревме со Христос, па затоа веруваме дека со Него и ќе живееме.</s><s>9Знаеме дека откако Христос беше воскреснат од мртвите, нема повторно да умре.</s><s>Смртта над Него веќе нема моќ.</s><s>10Тој за гревот е веќе мртов, еднаш засекогаш.</s><s>Животот што сега го живее е за Бог.</s><s>11Така и вие треба да сметате дека сте мртви за гревот, а заедно со Исус Христос, живи за Бог.</s><s>12Не му дозволувајте на гревот да владее со вашите тела.</s><s>Тие се смртни, па затоа немојте да им се покорувате на нивните страсти.</s><s>13Не дозволувајте деловите од вашето тело да бидат орудија на неправедноста и да прават грев.</s><s>Предајте му се на Бог како луѓе оживеани од мртвите.</s><s>Нека секој дел од вашето тело стане орудие на праведноста и нека Му служи на Бог.</s><s>14Не му дозволувајте на гревот да владее со вас, затоа што вас веќе не ве раководи Законот, туку тоа што Бог ви е благонаклонет.</s> <s>Робови на праведноста.</s> <s>15Што тоа значи?</s><s>Смееме ли ние да грешиме, заради тоа што не се раководиме според Законот, туку според Божјата благонаклоност?</s><s>Никако!</s><s>16Зарем не знаете дека на оној на кого ќе му се понудите да му се покорувате и да му робувате, негови робови и ќе станете?</s><s>Можете да му робувате на гревот, а тоа води во смрт, или да Му бидете послушни на Бог и да се измирите со Него.</s><s>17Вие му бевте робови на гревот.</s><s>Благодарен сум Му на Бог што од сѐ срце поверувавте во ова учење што го прифативте.</s><s>18Сега кога сте веќе ослободени од гревот, вие ѝ станавте робови на праведноста.</s><s>19Јас ви давам едноставни примери, затоа што вие сѐ уште сте слаби.</s><s>Вие порано ги предававте деловите на вашите тела да ѝ бидат робови на нечистотијата, на беззаконието што не знае за граници.</s><s>Сега предајте се целосно и станете ѝ робови на праведноста, за да станете свети.</s><s>20Кога му бевте робови на гревот, вие не водевте сметка за праведноста.</s><s>21Што добивте правејќи нешта од кои сега се срамите?</s><s>Тие водат право во смрт!</s><s>22Сега сте ослободени од гревот и Му станавте робови на Бог.</s><s>Тоа ќе ве направи свети и ќе ви даде вечен живот.</s><s>23Плата за гревот е смрт!</s><s>Вечниот живот е незаслужен дар од Бог, даден преку Исус Христос, нашиот Господ.</s> <s>Глава 7</s> <s>Илустрација од бракот.</s> <s>1Драги мои, знам дека го знаете Законот и знаете дека тој има моќ над луѓето само додека се живи.</s><s>2Мажена жена е врзана со закон со својот сопруг, но ако тој умре, таа веќе е ослободена од таа законска обврска.</s><s>3Ако таа заживее со друг маж додека нејзиниот сопруг е сѐ уште жив, таа ќе биде наречена прељубница, но ако сопругот умре, таа е ослободена од законската обврска и ако се омажи со друг човек нема да биде прељубница.</s><s>4Така е и со вас, драги мои.</s><s>За Законот вие сте мртви, затоа што сте дел од Христовото тело.</s><s>Сега слободно можете да бидете со Исус, со Оној што беше воскреснат од мртвите, за да Му бидете од корист на Бог.</s><s>5Додека живеевме раководени само од нашите тела, грешните страсти, поттикнати од Законот, работеа во деловите на нашите тела и нѐ водеа право во смрт.</s><s>6Сега сме ослободени од Законот, мртви за она што нѐ држеше заробени.</s><s>Можеме да Му служиме на Бог на нов начин, со тоа што ќе Му се покоруваме на Неговиот Дух, а не на стариот начин, со тоа што ќе му се покоруваме на пишаниот Закон.</s> <s>Законот и гревот.</s> <s>7Што тоа значи?</s><s>Дали Законот е грешен?</s><s>Никако!</s><s>Но јас не знаев каков е гревот.</s><s>За него дознав преку Законот.</s><s>Не знаев што е тоа алчност пред Законот да каже: <Не посакувај туѓо!" 8Гревот, ја искористи приликата, па преку таа заповед поттикна во мене најразлични грешни страсти.</s><s>Без Законот гревот е мртов.</s><s>9Пред да го знам Законот јас бев жив.</s><s>Но кога ја слушнав таа заповед, гревот оживеа 10и јас умрев.</s><s>Така открив дека заповедта чија намера е да ми даде живот всушност води во смрт.</s><s>11Гревот ја искористи таа заповед да ме измами и да ме убие.</s><s>12Законот си е свет.</s><s>Таа заповед е света, исправна и добра.</s><s>13Дали ова значи дека мојата смрт ја предизвика она што е во суштина добро?</s><s>Никако!</s><s>Гревот е тој што ме уби, искористувајќи ја заповедта.</s><s>Но истовремено преку таа заповед, се покажа дека гревот е нешто лошо и грозно.</s> <s>Судирот што постои во секој човек.</s> <s>14Знаеме дека Законот е духовен, а јас сум човек од крв и месо, продаден на гревот.</s><s>15Јас не го разбирам она што го правам.</s><s>Не го правам она што го сакам, туку она што го мразам.</s><s>16Со самото тоа што не сакам да го правам она што го правам, јас се согласувам со Законот и потврдувам дека тој е добар.</s><s>17Значи, не сум јас оној што тоа го прави, туку гревот што живее во мене.</s><s>18Јас знам дека во мене, во моето тело, нема ништо добро.</s><s>Имам желба да правам добро, но не успевам во тоа.</s><s>19Не го правам она што е добро, како што би сакал, туку она што е зло, иако не го сакам.</s><s>20Но ако не го сакам она што го правам, не сум веќе јас тој што тоа го прави, туку гревот што живее во мене.</s><s>21Сфатив дека по правило вака испаѓа, кога сакам да правам добро, ете ти го злото до мене.</s><s>22Јас, длабоко во себе му се восхитувам на Божјиот Закон, 23но во целото мое тело гледам еден друг закон што војува против мојот ум и ме држи заробен од гревот, кој е тука, во моето тело.</s><s>24Кутар човек сум јас!</s><s>Кој ќе ме избави од ова тело што ме води во смрт!?</s><s>25Но, благодарен сум Му на Бог, што го стори тоа преку Исус Христос, Нашиот Господ.</s><s>Така, од една страна, со мојот ум Му служам на Божјиот Закон, а од друга страна, со моето тело му робувам на гревот.</s> <s>Глава 8</s> <s>Живот во Светиот Дух.</s> <s>1Заради тоа оние што се на страната на Исус Христос нема да бидат осудени, 2затоа што преку Исус Христос законот на Духот што дава живот ве ослободи од законот на гревот, што води во смрт.</s><s>3Она што беше невозможно за Законот, затоа што луѓето се слаби, тоа Бог го стори испраќајќи го Својот Сопствен Син во тело слично на грешните човечки тела, за да се справи со гревот.</s><s>Така Тој го осуди гревот кај луѓето.</s><s>4Така она што Законот со право го бара може да биде исполнето во нас што не се раководиме според телото, туку според духот.</s><s>5Оние што се раководат според телото, размислуваат за телесни нешта, а оние што се раководат според духот, размислуваат за духовни нешта.</s><s>6Кога во еден ум царува телесното - тоа води во смрт.</s><s>Кога со умот владее духовното - тоа донесува живот и мир.</s><s>7Умот што се раководи од телесното е непријателски настроен кон Бог.</s><s>Тој не му се покорува на Божјиот Закон.</s><s>Не може да му се покори.</s><s>8Оние што се раководат според телото не можат да Му угодат на Бог.</s><s>9Но во вас не владее телесното, туку духовното, затоа што во вас живее Божјиот Дух.</s><s>Ако некој од вас Го нема во себе духот на Христос, тој не Му припаѓа на Христос.</s><s>10Христос живее во вас.</s><s>Вие сте живи затоа што Бог ве прифати, иако вашите тела мора да умрат заради вашите гревови.</s><s>11Бог Го воскресна Исус!</s><s>Неговиот Дух сега живее во вас, па со Негова помош и вас ќе ве воскресне.</s><s>12Драги мои, ние не сме му должници на телесното, па да живееме само за задоволување на телесните потреби.</s><s>13Ако живеете раководени од телесното вие сте осудени на смрт.</s><s>Но ако со помош на Божјиот Дух, ги совладате навиките на телесното, ќе останете живи.</s><s>14Само тие што се водени од Божјиот Дух се Негови деца.</s><s>15Божјиот Дух не сака да нѐ направи робови што ќе се плашат од Него.</s><s>Напротив, ние сме сега Негови деца и заради тоа Го викаме <Абба", што значи Татко.</s><s>16Божјиот Дух Лично, заедно со нашиот дух, ни сведочи дека сме ние Божји деца.</s><s>17Ако сме деца, ние сме и наследници.</s><s>Од една страна ние сме Божји наследници, од друга страна сонаследници со Христос.</s><s>Ако ние сме страдале заедно со Него, заедно со Него ќе добиеме и слава.</s> <s>Идната слава.</s> <s>18Јас мислам дека страдањата низ кои во денешно време минуваме не можат ни да се споредат со славата што доаѓа и што ќе ни биде откриена.</s><s>19Сѐ што е создадено со нетрпение чека да види кои ќе бидат Божјите деца.</s><s>20Сѐ што е создадно ѝ беше потчинето на суетата, не по своја волја, туку по волјата на оној што ги потчини.</s><s>Затоа живеат во надеж 21дека и тие ќе биде ослободени од стегите на смртта и ќе ја добијат слободата што произлегува од привилегијата да се биде Божјо дете.</s><s>22Знаеме дека сѐ до сега целиот свет стенка и се грчи од болка, како жена што се породува.</s><s>23Не само светот, стенкаме и ние што ги уживаме првите плодови на Светиот Дух.</s><s>И ние во себе стенкаме, желно очекувајќи Бог да нѐ направи негови деца и да ги ослободи нашите тела.</s><s>24Таа надеж е она што нѐ одржува.</s><s>Надежта, ако е веќе доживеана, не е надеж.</s><s>Зошто некој би се надевал и би очекувал нешто што веќе го има?!</s><s>25Ако се надеваме на она што сѐ уште го немаме, стрпливо и желно ќе го очекуваме.</s><s>26На истиот начин и Светиот Дух ни се придружува и ни помага во нашата слабост.</s><s>Ние не знаеме како би требало да се молиме.</s><s>Светиот Дух се застапува за нас со неописива жестина.</s><s>27Бог знае што има во срцата на луѓето и знае што мисли Светиот Дух, затоа што Тој се застапува за оние што според Божја волја се посветени.</s><s>28Знаеме дека на оние што Го сакаат Бог и што се повикани да Му служат сѐ им оди на добро.</s><s>29Оние што Тој ги одбрал, ги предодредил да бидат слични на Неговиот Син, за Исус да биде Првороден што има многу браќа и сестри.</s><s>30Бог ги повикал оние што ги предодредил.</s><s>Нив ги измирил со Себе и им дал удел во Неговата слава.</s> <s>Божјата љубов во Исус Христос.</s> <s>31Што на ова да кажеме?</s><s>Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас!</s><s>Оној што 32Својот Сопствен Син не Го поштеди, туку Го даде заради сите нас, зарем нема заедно со Него да ни подари и сѐ друго?</s><s>33Кој смее да подигне обвинение против оние што се од Бог одбрани, оние што Бог ги очисти?!</s><s>34Кој смее да осудува?</s><s>За нас се застапува Исус Христос.</s><s>Тој умре и беше воскреснат, а сега е до Бог, од Неговата десна страна.</s><s>35Кој може да нѐ одвои од љубовта на Христос?</s><s>Можат ли тешкотиите, маките, прогоните, гладта, студот или заканите со смрт?</s><s>36Како што е напишано во Светото писмо: <Заради Тебе секојдневно се соочуваме со смртта.</s><s>Со нас постапуваат како со овци одредени за клање." 37Не, во сѐ ова ние сме повеќе од победници преку Оној што нѐ сака, 38затоа што јас сум убеден дека ни животот ни смртта, ни ангелите, ни владетелите, ни она што е, ни она што ќе дојде, ни силите 39над нас ни силите под нас, ниту било што на овој свет не може да нѐ одвои од Божјата љубов искажана преку Исус Христос, нашиот Господ.</s> <s>Глава 9</s> <s>Бог и неговиот народ.</s> <s>1Јас ја кажувам вистината.</s><s>Му припаѓам на Христос и не лажам.</s><s>Мојата совест, водена од Светиот Дух, ми сведочи дека не лажам 2кога ви кажувам колку е голема мојата тага, каква непрестана болка има во моето срце, 3за мојот народ, за оние што се моја крв и месо.</s><s>Заради нив јас се молев да бидам проколнат, издвоен од Христос.</s><s>4Тие се наследници на Израел, Божји одбран народ.</s><s>Ним Бог им ја покажа Неговата слава и со нив склучи завет.</s><s>Ним им беше даден Законот, ним им беше доверено да служат во храмот, ним им беа дадени ветувањата.</s><s>5Од нив потекнуваат партијарсите, од нив потекнува Христос по тело.</s><s>Бог, Оној што владее над сѐ нека биде благословен за вечност.</s><s>Амин.</s><s>6Не се работи за тоа дека Божјиот збор не се исполни.</s><s>Не сите Израелци се Божји народ.</s><s>7Не сите потомци на Авраам се негови вистински наследници, туку: <Оние што се преку Исак ќе се сметаат за твои наследници." 8Со други зборови, не се Божји деца оние што се родени на вообичаениот начин.</s><s>Вистинските потомци се децата што беа родени онака како што вети Бог.</s><s>9Вака гласи ветувањето: <Точно во определеното време јас ќе дојдам и Сара ќе добие син." 10Ова не е сѐ.</s><s>Слично нешто се случи и со Ревека.</s><s>Таа зачна близнаци од еден ист човек, од нашиот предок Исак.</s><s>11Но, за изборот на наследникот да биде целосно резултат на Божјата намера, уште пред тие да се родат и да сторат било добро или зло, 12Бог ѝ рече на Ревека: <Поголемиот син ќе му служи на помалиот." Изборот не беше резултат на нивните заслуги, туку зависеше само од Оној што одбираше, од Бог.</s><s>13Токму затоа Светото писмо вели: <Јаков го сакав, а Есав го мразев." 14Значи ли ова дека Бог е неправеден.</s><s>Се разбира, не!</s><s>15На Мојсеј му рече:</s> <s><Кон кого сакам, кон тој ќе имам милост, со кого сакам, со тој ќе сочувствувам." 16Сѐ зависи од Божјата милост, а не од желбите и напорите на луѓето.</s><s>17Вака вели Светото Писмо за фараонот: <Токму заради ова те направив цар, за да се покаже преку тебе Мојата сила и за да се прочуе Моето име по целата земја." 18Значи, кон кого сака Бог ќе има милост, а кого сака ќе го направи тврдоглав.</s> <s>Божјиот гнев и Неговата милосрдност.</s> <s>19Некој може ќе рече: <Зошто тогаш Бог смета дека грешката е кај нас?</s><s>Кој може да Му се спротивстави на она што Бог има намера да го стори?" 20Драги мои!</s><s>Кои сте вие, па да се препирате со Бог?!</s><s>Може ли парчето глина да му каже на грнчарот: <Зошто си ме направил вакво?" 21Зарем грнчарот нема право од иста грутка глина да направи еден сад за почесна и еден сад за секојдневна употреба.</s><s>22Токму така и се случи.</s><s>Бог сакаше да го искаже Неговиот гнев и да ја покаже Неговата сила, но сепак се однесуваше многу стрпливо со оние на кои им беше гневен, оние што ги чекаше уништување.</s><s>23Така Тој ја покаже величественоста на Неговата слава и ја излеа врз оние што Му беа драги, оние што ги беше приготвил за слава?</s><s>24Во овие вториве сме вброени и ние, а нас нѐ има не само од Евреите, туку и од останатите народи.</s><s>25Како што во книгата на Осија се вели:</s> <s><На оние што не се мој народ ќе им речам: >Мој народе!' На оние што не беа сакани ќе им речам: >Драги мои!'" 26и</s> <s><На истото место каде што им беше речено: >Вие не сте мој народ.' ќе бидат наречени деца на Живиот Бог." 27Токму заради ова Исаија вика за Израел:</s> <s><Дури и ако синовите на Израел станат многубројни како морската песок, само мал број од нив ќе се спасат!</s><s>28Брзо Господ ќе го исполни тоа што го има кажано за земјата." 29Исаија уште од порано има речено:</s> <s><Ако Господ Семоќен не оставеше од нас преживеани, како Содом ќе станевме, како Гомора ќе се запустевме!"</s> <s>Израел и Радосната вест.</s> <s>30Што ова значи?</s><s>Останатите народи, иако не се трудеа да се измират со Бог, добија можност за измирување и тоа преку вера.</s><s>31Израелците се обидуваа да се измират со придржување кон Законот, но не успеаја.</s><s>32Зошто?</s><s>Затоа што не се потпираа на верата, туку на сопствените постапки.</s><s>Тие се сопнаа од каменот на сопнување, 33токму како што и пишува во Светото писмо:</s> <s><Еве ќе поставам во Сион камен од кој ќе се сопнат, карпа од која ќе паднат, а оние што веруваат во Него, нема да се разочараат."</s> <s>Глава 10 1Драги мои, мојата најголема желба и молитва кон Бог е Израелците да се спасат.</s><s>2Јас знам дека тие искрено Го сакаат Бог, но таа нивна ревносност не е заснована на знаење.</s><s>3Тие не го знаат начинот на кој Бог се измирува со луѓето.</s><s>Сакаат тоа да го сторат онака како што тие сметаат дека е исправно, а не онака како што смета Бог.</s><s>4Но со Христос Законот веќе не е неопходен.</s><s>Сите што веруваат се измируваат со Бог.</s> <s>Спасението е за сите.</s> <s>5Мојсеј вели дека човек може да се измири со Бог ако се придржува кон Законот: <Ако сакате да останете живи, придржувајте се до сите заповеди на Законот." 6Но луѓето што преку нивната вера се измириле со Бог никогаш не би прашале: <Кој може да се качи на небо и да Го симне Христос?" 7Тие никогаш не би прашале: <Кој може да се симне во светот на мртвите и да Го оживее Христос!?" 8Оние што се измирени со Бог преку нивната вера едноставно велат:</s> <s><Пораката е близу до тебе, на твоите усни, во твоето срце."</s> <s>Точно тоа е учењето за верата што ние го проповедаме.</s><s>9Ако ти со својата уста признаваш дека Исус е Господ, ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ти ќе бидеш спасен.</s><s>10Ако искрено веруваш и им кажуваш за својата вера на луѓето околу тебе, Бог ќе те прифати и ќе те спаси.</s><s>11Вака вели Светото Писмо: <Секој што верува во Него нема да се разочара." 12Нема разлика дали човек е Евреин или припадник на некој друг народ.</s><s>Постои само еден Господ и Тој е дарежлив кон сите што бараат помош од Него.</s><s>13<Секој што ќе побара помош од Господ ќе биде спасен." 14Но како може луѓето да бараат помош од Господ ако не поверувале!?</s><s>Како да поверуваат, ако не ја слушнале пораката?</s><s>Како да слушнат, ако никој не им проповеда?</s><s>15Како може некој да проповеда, ако не е испратен од Господ?</s><s>Во Светото писмо пишува:</s> <s><Колку е прекрасно да видиш дека доаѓаат оние што носат Радосна вест." 16Но не ѝ поверуваа сите на Радосната вест.</s><s>Исаија вели: <Господе, има ли некој што верува во тоа што го зборуваме?" 17Никој не може да поверува ако не ја слушне пораката за Спасителот.</s><s>18Но зарем Израелците не слушнаа?</s><s>Се разбира дека слушнаа:</s> <s><Нивниот глас се расчу до краиштата на земјата, нивните зборови допреа до целиот свет." 19Пак ќе речам, зарем на Израелците не им е јасно?</s><s>Па и Мојсеј им рече:</s> <s><Ќе направам да им станат љубоморни на оние што како народ се никој и ништо, ќе направам да му се лутат на народ што ништо не знае." 20Исаија многу отворено кажува:</s> <s><Мене Ме најдоа оние што не Ме бараа, им се појавив на оние што не прашуваа за Мене." 21а за Израелците тој вели: <Цел ден рацете ги пружав, кон народ непокорен и своеглав."</s> <s>Глава 11</s> <s>Божјата милост за Израел.</s> <s>1Значи ли тоа дека Бог му сврте грб на Својот народ?</s><s>Никако!</s><s>Па и јас сум Израелец, потомок на Авраам, припадник на племето Бенјамин.</s><s>2Бог не му сврте грб на Својот одбран народ.</s><s>Зарем не знаете што вели Светото Писмо во оној дел кога Илија вика кон Бог против Израел: 3<Господе!</s><s>Пророците Твои ги убија, жртвениците Твои ги раскопаа!</s><s>Само јас останав, а и мене ме бараат за да ме убијат!" 4Но како Бог му одговора на Илија: <Јас сочував за себе седум илјади што не клекнаа на колена пред Баал." 5Така е и денеска.</s><s>Бог е благонаклонет кон Израелците, па и од нив има верни.</s><s>6Тоа е затоа што Бог е благонаклонет кон нив, а не затоа што тие со своите постапки тоа го заслужиле.</s><s>Ако Бог не беше благонаклонет кон нив, тоа немаше да се случи.</s><s>7Сега испадна дека само мал број одбрани го добија она што сите Израелци го бараа.</s><s>Останатите беа премногу тврдоглави.</s><s>8токму како што е напишано во Светото писмо:</s> <s><Бог ги заглупи, ги заслепи, ги направи глуви и такви се сѐ до ден денешен." 9Давид вели:</s> <s><Трпезата нивна нека им стане стапица, да се фатат, да се уловат и да си ја добијат заслужената казна.</s><s>10Очите нека им се помрачат, за да не гледаат и довека грбави да одат!" 11Дали тоа значи дека Израелците отпаднаа и никогаш повеќе нема да се опорават?</s><s>Се разбира, не!</s><s>Нивната грешка овозможи останатите народи да се спасат, а тоа кај Израелците да предизвика љубомора.</s><s>12Ако нивната грешка донесе толкав благослов за светот, ако нивната духовна сиромаштија донесе толкаво духовно богатство за останатите народи, колку поголем благослов ќе има кога тие целосно ќе се приклучат!?</s> <s>Спасението на останатите народи.</s> <s>13Сега ви се обраќам вам, што не сте Евреи.</s><s>Сѐ додека сум ваш апостол ќе се гордеам со тоа што ми е доверена таа задача.</s><s>14Белки така ќе предизвикам љубомора кај оние што се моја крв и месо, па и некој од нив ќе се спаси.</s><s>15Ако преку тоа што тие го отфрлија Бог, останатите народи се измирија, кога ќе Го прифатат, тоа не би можело да значи ништо друго туку воскреснување на мртвите.</s><s>16Ако првото парче леб од новата жетва се освети така што ќе Му се принесе на Бог, свети ќе бидат сите лебови месени од таа жетва.</s><s>Ако е коренот свет, свети ќе бидат и гранките.</s><s>17Вие сте како гранки од дива маслина, накалемени на питомо дрво.</s><s>Неколку гранки беа скршени, а вие го зазедовте нивното место и сега ги уживате благодетите како да сте гранки од питомата маслина.</s><s>18Немојте да мислите дека сте вие подобри од гранките што беа искршени.</s><s>Не заборавајте дека не сте вие тие што го одржуваат коренот, туку тој вас ве одржува во живот.</s><s>19Можеби ќе речете: <Гранките беа искршени, за ние да бидеме накалемени." 20Тоа е вистина.</s><s>Тие беа искршени затоа што немаа вера, а вие го зазедовте нивното место затоа што имате вера.</s><s>Затоа немојте да бидете горделиви, туку имајте стравопочит.</s><s>21Ако Бог не ги поштеди природните гранки, ни вас нема да ве штеди.</s><s>22Погледнете колку благ и колку жесток Бог може да биде.</s><s>Жесток кон оние што паднаа, а благонаклонет кон вас.</s><s>Ако продолжите да верувате во Неговата благонаклоност, Тој ќе остане благ кон вас.</s><s>Ако не и вие ќе бидете отсечени.</s><s>23Така ќе бидат накалемени и оние што ќе поверуваат.</s><s>Бог може нив повторно да ги врати назад.</s><s>24Ако вие бевте отсечени од дивата маслина и наспроти она штое е природно бевте накалемени на питомата маслина, колку полесно оние што се дел од питомата маслина можат пак да бидат накалемени на нивното питомо дрво.</s> <s>Божјата милост за сите.</s> <s>25Драги мои, сакам да ви ја откријам оваа тајна, за не мислите дека сте многу мудри.</s><s>Тврдоглавоста на дел од Израелците ќе трае сѐ додека не се пополни бројот од нееврејските народи.</s><s>26Така сите Израелци ќе бидат спасени, како што е напишано во Светото писмо: <Од Сион ќе дојде Избавител.</s><s>Тогаш потомците на Јаков ќе престанат да бидат зли.</s><s>27Ова е мој Завет за нив.</s><s>Тогаш ќе ги отстранам нивните гревови." 28Тие не ја прифатија Радосната вест и затоа Му станаа непријатели на Бог.</s><s>Тоа се случи за вие да добиете можност да ја слушнете Радосната вест.</s><s>Но тие се сепак одбран народ и Бог ги сака зарадни нивните предци.</s><s>29Бог не си ги зима назад даровите што ги дава и кога некого ќе одбере, не се предомислува.</s><s>30Порано вие Му бевте непокорни на Бог.</s><s>Сепак, заради тоа што и тие Му станаа непокорни на Бог, вие бевте помилувани.</s><s>31На истиот начин, заради тоа што Бог се смилува над вас, ќе се смилува и над нив.</s><s>32Сите Му беа непокорни на Бог, па затоа Тој се однесува кон сите како кон затвореници.</s><s>Тоа го прави за да покаже дека им е благонаклонет.</s><s>33О колку длабоки и изобилни се мудроста и знаењето на Бог!</s><s>Колку несфатливи се Неговите пресуди, колку таинствени се Неговите патишта.</s><s>34<Знаел ли некој некогаш што Господ мисли?</s><s>Му бил ли некој советник?" 35<Кој Нему нешто Му дал, па очекува да му биде вратено?" 36Сѐ е од Него создадено и сѐ Тој одржува во живот.</s><s>Сѐ е Негово.</s><s>Нему слава нека Му е во вечни времиња.</s><s>Амин.</s> <s>Глава 12</s> <s>Да се живее, служејќи Му на Бог.</s> <s>1Драги мои, Бог е благонаклонет кон вас.</s><s>Затоа ве молам да Му ги принесете вашите тела како жива жртва, света и пријатна за Бог.</s><s>Тоа е најдобриот начин да Му служите.</s><s>2Не им се прилагодувајте на луѓето околу вас, туку допуштете Бог одвнатре да ве промени со тоа што ќе го промени начинот на кој размислувате.</s><s>Така ќе дознаете што Бог сака, што е добро, што Му е пријатно и што е совршено.</s><s>3Јас знам каква благонаклоност Бог покажа кон мене и затоа на секој од вас му велам да не мисли дека е подобар отколку што навистина е. Бидете скромни и проценувајте ја сопствената вредност зависно од верата што Бог ви ја дал.</s><s>4Како што ние во едно тело имаме многу органи и секој орган си има своја функција, 5така и ние, иако сме многу, во Христос сите сме едно тело и секој им припаѓа на останатите.</s><s>6Бог беше благонаклонет кон нас и на секој му даде различни дарби.</s><s>Ако е некој надарен да пророкува, нека пророкува зависно од тоа колкава е верата што ја има.</s><s>7Ако е некој надарен да служи, нека служи, ако е надарен да поучува, нека поучува, 8ако е надарен да ги охрабрува останатите, нека го прави тоа.</s><s>Ако некој дава, нека дава од сѐ срце.</s><s>Ако раководи, нека раководи најдобро што знае и умее.</s><s>Ако од милосрдие им помага на луѓето, нека го прави тоа со радост.</s><s>9Сакајте искрено.</s><s>Мразете сѐ што е зло и цврсто држете се до доброто.</s><s>10Сакајте се како браќа.</s><s>Кога се работи за почести, давајте им предност на останатите.</s><s>11Бидете ревносни, а не мрзливи.</s><s>Служете Му на Господ со огнена страст во вашите срца.</s><s>12Надежта што ја имате нека ви дава радост.</s><s>Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се.</s><s>13Грижете се за потребите на верните и бидете гостопримливи.</s><s>14Благословувајте ги оние што ве прогонуваат.</s><s>Наместо да ги колнете, благословувајте ги.</s><s>15Радувајте се со оние што се радуваат, тагувајте со оние што тагуваат.</s><s>16Немојте да правите разлики меѓу луѓето.</s><s>Немојте да бидете горделиви.</s><s>Не треба да ви биде тешко да работите и скромни работи.</s><s>Немојте да мислите дека сте вие многу паметни.</s><s>17Никому зло за зло не враќајте.</s><s>Трудете се да го правите само она што сите го сметаат за добро.</s><s>18Колку што тоа зависи од вас, трудете се да живеете во мир со сите луѓе.</s><s>19Драги мои, немојте да се одмаздувате.</s><s>Оставете Божјиот гнев тоа да го стори.</s><s>Во Светото писмо Господ вели: <Одмаздувањето е Моја работа.</s><s>Јас ќе враќам." 20Напротив: <Ако е гладен твојот непријател, нахрани го, ако е жеден дај му да пие.</s><s>Со тоа разгорен јаглен ќе натрупаш врз неговата глава." 21Не дозволувајте злото да ве победи.</s><s>Вие злото победувајте го со доброто.</s> <s>Глава 13</s> <s>Должности во однос на властите.</s> <s>1Секој нека им се покорува на властите што му се надредени, затоа што ниту една власт не се воспоставува без дозвола од Бог, па и постоечките власти се од Бог назначени.</s><s>2Оној што им се спротивставува на властите, му се спротивставува на она што е од Бог одбрано и ќе биде казнет.</s><s>3Владетелите не се закана за добрите, туку за лошите луѓе.</s><s>Нема потреба да се плашиш од власите.</s><s>Прави добро и тие ќе те пофалат.</s><s>4Владетелот е Божји слуга и негова должност е да работи за твое добро.</s><s>Ако правиш зло - плаши се, зашто владетелот не носи попусто сабја!</s><s>Тој е Божји слуга и со гнев им се одмаздува на оние што прават зло.</s><s>5Затоа, неопходно е да се покоруваш, не само заради стравот од казна, туку и затоа што совеста така ти наложува.</s><s>6Од истата причина ги плаќате и даноците.</s><s>Извршителите на власта се Божји слуги што работат за општо добри и тоа им е професија.</s><s>7Затоа давајте им го она што им припаѓа.</s><s>Плаќајте го и персоналниот и данокот на имот, почитувајте ги властите, укажувајќи им ја стравопочитта што ја заслужуваат.</s> <s>Што треба да правиме еден кон друг.</s> <s>8Немојте никому да му останете должни.</s><s>Нека ни остане само должноста да се сакаме еден со друг, затоа што оној што ги сака останатите, со тоа го исполнува Законот.</s><s>9Заповедите: <Не прави прељуба!</s><s>Не убивај!</s><s>Не кради!</s><s>Не завидувај!", всушност сите заповеди се содржани во заповедта: <Сакај ги луѓето околу тебе толку колку што самиот себе се сакаш!" 10Ако некого го сакаш, не можеш да му нанесеш зло.</s><s>Затоа ако ги сакаш луѓето, го исполнуваш и Законот.</s><s>11Знаете во какво време живееме.</s><s>Дојде време да се разбудите.</s><s>Денот кога ќе бидеме спасени е сега поблизу до нас, отколу во моментот кога поверувавме.</s><s>12Ноќта е при крај, денот се ближи.</s><s>Да престанеме да го правиме она што ѝ припаѓа на темнината.</s><s>Да се вооружиме со оружјата на светлината.</s><s>13Однесувајте се примерно, како да е ден, без оригии и пијанства, без блуд и разврат, без кавги и љубомора.</s><s>14Дозволете Му на Господ Исус Христос да биде близу и постојано до вас, како што е облеката што ја носите и не му дозволувајте на телото да ве надвладее со неговите страсти.</s> <s>Глава 14</s> <s>Не судете му на својот брат.</s> <s>1Прифатете ги оние што се слаби во верата, без да ги осудувате за тоа што по одредени прашања имаат поинакво мислење од вас.</s><s>2Некој верува дека смее да јаде сѐ.</s><s>Друг, пак, затоа што е слаб во верата, смета дека смее да јаде само растителна храна.</s><s>3Оној што јаде сѐ не треба да го презира оној што јаде само одредена храна и обратно.</s><s>Бог ги прифаќа и едните и другите.</s><s>4Со кое право ти осудуваш туѓ слуга.</s><s>Единствено неговиот Господар има право да го оправда или да го осуди.</s><s>Не грижете се, Господ ќе ги сочува од сериозни грешки.</s><s>Тој е способен да ги постави на здрави нозе.</s><s>5Некои верни сметаат дека еден ден е поважен од останатите, а други ги сметаат сите денови за еднакви.</s><s>Секој нека си процени онака како што му наложува неговиот разум.</s><s>6Оној што на одреден ден му дава поголемо значење од останатите денови во неделата, тоа го прави од почит кон Господ.</s><s>Оној што прави разлика меѓу тоа што смее, а што не смее да јаде, го прави тоа од почит кон Господ и на тој начин Му искажува благодарност.</s><s>Оној што смета дека смее да јаде сѐ, исто така тоа го прави од почит кон Господ и со тоа исто така Му искажува благодарност.</s><s>7Никој од нас за себе не живее и за себе не умира.</s><s>8Додека сме живи, за Господ живееме.</s><s>Кога умираме, за Господ умираме.</s><s>Живи или мртви, ние сме Господови.</s><s>9Токму заради ова Христос умре и оживеа, за да им биде Господ и на мртвите и на живите.</s><s>10Зошто ги критикувате останатите верници?</s><s>Зошто дури и ги презирате?</s><s>Сите ние ќе застанеме пред Божјиот судски престол.</s><s>11Во Светото писмо Господ вели: <Во Себе се колнам, нема колено што не ќе клекне пред Мене, нема јазик што нема да признае дека Јас сум Бог." 12Секој од нас лично за себе ќе полага сметка пред Бог.</s> <s>Внимавајте да не предизвикате вашиот брат да падне.</s> <s>13Затоа, да престанеме да се осудуваме едни со други.</s><s>Да се потрудиме да не поставуваме сопки и стапици пред останатите верници.</s><s>14Како човек што е на страната на Господ Исус, јас сум убеден дека секоја храна, сама по себе е добра за јадење.</s><s>Меѓутоа, ако некој смета дека не треба да јаде извесни нешта, за него тие се одвратни.</s><s>15Ако со храната што ја јадете повредувате некои од останатите верници, вие не постапувате во склад со љубовта.</s><s>Христос умре за нив.</s><s>Немојте сега вие заради некаква си храна да ги уништувате.</s><s>16Не дозволувајте заради вашето право да јадете сѐ да Му се нанесува навреда на Христос.</s><s>17Божјото царство не зависи од тоа што човек јаде и пие, туку од тоа дали е праведен, дали е измирен со Бог и дали ја има радоста што ја дава Светиот Дух.</s><s>18Ако Му служите на Христос на ваков начин, ќе му бидете по волја на Бог и ќе бидете почитувани од луѓето.</s><s>19Да се стремиме кон она што донесува мир и взаемно нѐ изградува.</s><s>20Немојте заради храна да го уништувате она што е дело на Бог.</s><s>Сѐ смее да се јаде, но погрешно е заради она што го јадете да предизвикате некој да потклекне.</s><s>21Најдобро е да не јадете месо, да не пиете вино, да не правите ништо што може да предизвика некој од верните да потклекне.</s><s>22Она што го верувате во однос на овие нешта нека си остане меѓу вас и Бог.</s><s>Среќен е оној што не се чувствува виновен затоа што прави нешто што смета дека е исправно.</s><s>23Но ако некој се сомнева дали нешто смее да јаде, а сепак го јаде, тој оди против сопственото уверување.</s><s>Сѐ што правите спротивно од она што го верувате е грев.</s> <s>Глава 15</s> <s>Угодувајте им на другите, а не на себе.</s> <s>1Ние што сме силни во верата треба да ја поднесуваме слабоста на оние што се послаби, а не да си угодуваме самите на себе.</s><s>2Секој од нас треба да им угодува на верните што се околу него, за нивно добро, за да ги изградува.</s><s>3И Христос не си угодуваше Самиот на Себе, туку, како што е напишано: <Навредите што беа наменети за вас паднаа врз Мене." 4Сѐ што во минатото е напишано во Светото писмо, напишано е за ние да се поучиме, да оцврснеме, да се охрабриме и да не губиме надеж.</s><s>5Сега, нека Бог, изворот на нашата цврстина и храброст, ви даде да бидете сложни меѓу себе и да го следите примерот на Исус Христос, 6па сите заедно и сложно да Го прославувате Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос.</s> <s>Радосната вест за останатите народи.</s> <s>7Прифаќајте се еден со друг, како што Христос ве прифати вас.</s><s>Тоа е за Божја слава.</s><s>8Сакам да знаете дека Христос им стана слуга на Евреите за да се потврди дека Бог го исполни ветувањето што им го даде на нивните предци.</s><s>Постои и друга причина зошто Тој дојде, 9а тоа е за останатите народи да Го прославуваат Бог заради Неговата милост, како што е напишано во Светото писмо: <Затоа ќе Те славам меѓу останатите народи, на името Твое славопои ќе му пеам." 10и на друго место: <Радувајте се сите што не сте Евреи, заедно со народот Негов!" 11и повторно: <Славете Го Господ сите народи, сите луѓе Него нека Го слават!" 12а Исаија вели: <Ќе се појави потомок на Јеше, ќе се крене за да владее со нееврејските народи, и на Него тие ќе се надеваат." 13Сега, нека Бог, Оној што дава надеж, ве исполни со радост и мир заради вашата вера, а вашата надеж нека продолжи да расте, поткрепена од силата на Светиот Дух.</s> <s>Причината зошто Павле пишува толку остро.</s> <s>14Убеден сум, драги мои, дека вие сте полни со добрина, дека имате знаење и дека сте способни и други да поучувате.</s><s>15Сепак, за некои работи остро ви напишав, за да ве потсетам.</s><s>Бог беше благонаклонет кон мене.</s><s>16Ме одбра да Му служам на Исус Христос меѓу нееврејските народи, со тоа што ќе извршувам една света задача: ширење на Божјата Радосна вест.</s><s>На тој начин Светиот Дух ќе може да направи од нееврејските народи принос што ќе биде свет и прифатлив за Бог.</s><s>17Јас сум на страната на Исус Христос и затоа се гордеам со тоа што го работам за Бог.</s><s>18Јас се осмелувам да зборувам само за она што Христос го изврши преку мене, за тоа како ми дозволи да зборувам и делувам, за и оние што не се Евреи да Му се покорат.</s><s>19Зборувам за тоа како Христос правеше чуда, им даваше чудотворни знаци на луѓето со помош на силата на Светиот Дух.</s><s>Им ја проповедам Радосната вест за Него почнувајќи од Ерусалим, па сѐ до Илирик.</s><s>20Моја намера е да ја проповедам Радосната вест онаму каде што сѐ уште не слушнале за Христос.</s><s>Не сакам да градам врз туѓ темел.</s><s>21Напротив, сакам да биде онака како што е напишано во Светото писмо: <Ќе сфатат оние на кои не им беше кажувано за Него, ќе разберат оние што немаа слушнато."</s> <s>Намерата на Павле да го посети Рим.</s> <s>22Затоа јас долго време бев спречен да дојдам кај вас.</s><s>23Сега, меѓутоа, нема веќе во овие области за мене простор за работа па, заради тоа што веќе повеќе години имам желба да дојдам кај вас, 24ќе ве посетам кога ќе тргнам на пат за Шпанија.</s><s>Се надевам дека на поминување ќе се видам со вас и дека вие, откако убаво ќе си поминеме, ќе ме испратите понатаму.</s><s>25Прво ќе одам за Ерусалим, за да им помогнам на посветените, 26зашто верните од Македонија и Ахаја имаа желба да дадат нешто добровлни прилози за оние верни во Ерусалим што се сиромашни.</s><s>27Тоа беше нивна желба.</s><s>Се чувствуваа должни кон нив.</s><s>Сметаа дека ако Евреите ги поделија духовните нешта со останатите народи, ред е и тие да им помогнат со материјални добра.</s><s>28Кога ќе ја завршам оваа работа и ќе им ги предадам овие прилози, ќе ве посетам, а потоа ќе заминам за Шпанија.</s><s>29Знам дека кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со целиот благослов на Христос.</s><s>30Драги мои, преку Господ Исус Христос и преку љубовта што доаѓа од Светиот Дух, ве молам искрено да Му се молите на Бог со мене и за мене.</s><s>31Молете се Бог да Ме заштити од неверниците во Јудеја, а посветените да го прифатат она што јас го работа.</s><s>32Така, исполнет со радост, да дојдам кај вас и, ако е Божја волја, да останам извесно време со вас.</s><s>33Сега нека Бог, Оној што ни дава мир, биде со сите вас.</s><s>Амин.</s> <s>Глава 16</s> <s>Поздрави.</s> <s>1Ви ја препорачувам нашата сестра Фоеба, која служи во црквата во Кенкреа.</s><s>2Прифатете ја онака како што прилега да се прифати човек верен на Господ.</s><s>Помогнете ѝ за сѐ што ќе има потреба, затоа што таа им помогна на многумина, па ми помогна и мене.</s><s>3Поздравете ги Приска и Акила, моите соработници во Исус Христос, 4кои ги ризикуваа сопствените животи заради мене, на кои не сум им благодарен само јас, туку и сите цркви на неевреите.</s><s>5Поздравете ја црвката што се собира во нивниот дом.</s> <s>Поздравете го мојот драг пријател Ефаенет.</s><s>Тој е првиот од Азија што се обрати за Христос.</s><s>6Поздравете ја Марија, која многу работеше за вас.</s><s>7Поздравете ги моите роднини Андроник и Јуниј, со кои заедно бевме во затвор.</s><s>Тие се многу почитувани меѓу апостолите и уште пред мене беа Христови следбеници.</s><s>8Поздравете го мојот драг пријател во Господ Амфлиат.</s><s>9Поздравете го Урбан, кој работи со нас за Христос, поздравете го и мојот драг пријател Стахиј.</s><s>10Поздравете го Апелиј, потврден следбеник на Христос.</s> <s>Поздравете го семејството на Аристобул.</s><s>11Поздравете го мојот роднина Херодион.</s> <s>Поздравете ги оние од семејството на Нарциј што Му се верни на Господ.</s><s>12Поздравете ги Трифаена и Трифоса, кои работат за Господ.</s> <s>Поздравете ја мојот драг пријател Персис, кој многу работеше за Господ.</s><s>13Поздравете го Руфус, посебен слуга на Господ.</s><s>Поздравете ја и неговата мајка, која и мене ми беше како мајка.</s><s>14Поздравете го Асинхрит, Флегон, Хермес, Патробас, Хермас и нашите пријатели што се со нив.</s><s>15Поздравете ги Филолог и Јулија, Нереј и неговата сестра, Олимп и сите верни што се со нив.</s><s>16Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж.</s><s>Примете поздрави од сите Христови цркви.</s> <s>Завршни упатства.</s> <s>17Ве предупредувам драги мои, да се пазите од оние што предизвикуваат поделби и поставуваат препреки на вашиот пат, што е спротивно на учењето што го примивте.</s><s>Избегнувајте ги!</s><s>18Таквите луѓе не му служат на Христос, нашиот Господ, туку им служат само на сопствените интереси.</s><s>Преку лицемерни говори и ласкање тие ги измамуваат простодушните.</s><s>19Многу ми е мило што сите веќе слушнале колку сме Му вие послушни на Бог.</s><s>Би сакал да бидете мудри во однос на она што е добро и да си немате работа со ништо што е зло.</s><s>20Бог, Оној што ни дава мир брзо ќе го згази сатаната под вашите стапала.</s><s>Нашиот Господ Исус нека ви биде благонаклонет.</s><s>21Ве поздравува мојот соработник Тимотеј.</s><s>Ве поздравуваат моите роднини Луциј, Јасон и Сосипатер.</s><s>22И јас Тертиј, оној што го испишувам ова писмо, ве поздравувам во Господ.</s><s>23Ве поздравува Гај, кој ни е домаќин и мене и на целата црква.</s><s>Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и нашиот пријател Квартус.</s><s>24</s> <s>Завршна молитва.</s> <s>25Молете Му се на Бог!</s><s>Тој може да ве направи силни преку Радосната вест што ви ја пренесувам.</s><s>Таа зборува за Исус Христос.</s><s>Со векови ова беше тајна, 26но сега стана нешто што сите можат да го слушнат.</s><s>Вечниот Бог им заповеда на Неговите пророци да пишуваат за Радосната вест, па сите народи да се покорат и да поверуваат.</s><s>27На единствениот Бог, на Оној што е мудар, преку Исус Христос, слава нека Му е во вечни времиња.</s><s>Амин.</s> <s>Христијанство</s>
7244
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%82%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Павле, повикан од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот брат Состен.</s><s>2До Божјата црква во Коринт, до вас, кои Бог ве повика да бидете Негов свет народ и ве направи свети преку Исус Христос, и вас, и сите христијани насекаде, сите што го повикуваат името на Исус Христос, нивен и наш Господ.</s><s>3Ви посакуваме благонаклоност и мир од Бог, нашиот Татко, и од Господ Исус Христос.</s> <s>Благодарност на Бог за благословите во коринтската црква</s> <s>4Постојано Му се заблагодарувам на мојот Бог за Неговата милосрдна благонаклоност што ви ја подари преку Исус Христос.</s><s>5Тој во секој поглед ја збогати вашата црква со надареност за говорништво и со многу знаење.</s><s>6Со тоа и проповедањето за Христос се зацврсти меѓу вас.</s><s>7Сега, додека нестрпливо го чекате повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос, не ви недостасува никаква духовна дарба.</s><s>8Тој ќе продолжи да ве надградува докрај, за да бидете беспрекорни на денот кога ќе се врати нашиот Господ Исус Христос.</s><s>9Во Бог можете да имате доверба!</s><s>Тој ве повика да се здружите со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.</s> <s>Неединство меѓу верниците во Коринт</s> <s>10Сега, драги пријатели христијани, многу ве молам, во името на нашиот Господ Исус Христос, да изградувате слога меѓу вас, за да не дојде до раздор во црквата.</s><s>Треба да ги усогласите вашите идеи и планови.</s><s>11Од семејството на Хлое ме известија дека меѓу вас, драги мои, има поделби.</s><s>12Едни сте викале: „Јас сум Павлов!“ други: „Јас сум Аполосов!“, трети: „Јас сум Петров!“, четврти: „Јас сум Христов!“ 13Зар Христос се раздели?</s><s>Павле ли беше распнат за вас?</s><s>Во името на Павле ли бевте крстени?</s><s>14Благодарен сум Му на Бог што, освен Крисп и Гај, јас не крстив ниту еден од вас, 15за да не рече некој дека е крстен во мое име.</s><s>16(Да, ги крстив и членовите на семејството на Стефан, а не се сеќавам дали сум крстил уште некој.) 17Христос не ме испрати да крштавам, туку да ја проповедам Радосната вест, и тоа не со мудри говори, за да не се омаловажи силата на делото што го изврши Христос на крстот.</s> <s>Световна и Божја мудрост</s> <s>18Проповедањето за смртта на Исус на крстот им звучи бесмислено на луѓето што се на патот кон пропаста, но за нас што преку тоа се спасивме, претставува Божја сила.</s><s>19Во Светото писмо, Бог вели:</s> <s></s> <s>„Ќе ја уништам човечката мудрост,</s> <s>ќе ги отфрлам нивните најостроумни идеи.“</s> <s>20Зашто, ни филозофите, ни законодавците, ниту научниците на овој свет не нѐ спасија!</s><s>Бог ни покажа дека мудроста на овој свет е далеку од мудрост!</s><s>21Кога мудриот Бог, виде дека луѓето преку сопствената мудрост никогаш нема да дојдат до Него, реши да им обезбеди спасение на оние што ќе ѝ поверуваат на оваа, навидум бесмислена, порака што ние ја проповедаме.</s><s>22И додека Евреите бараат знаци од небото, а Грците мудруваат, 23ние проповедаме за Христос Кој беше распнат за да нѐ спаси.</s><s>Тоа за Евреите е неприфатливо, а за другите народи - бесмислено!</s><s>24Но за оние што се повикани од Бог да се спасат, без разлика дали се Евреи, или се од другите народи, во Христос се покажа Божјата сила и Божјата мудрост.</s><s>25Овој навидум неразумен Божји план е многу помудар и од најмудрите човечки планови, и она што ни изгледа слабо од Бог, е многу помоќно од сета човечка моќ.</s><s>26Погледнете се, драги мои, вие што сте од Бога одбрани: меѓу вас нема многумина што се мудри според човечки мерила, ни многу моќници или луѓе од благородничко потекло.</s><s>27Напротив, Бог ги одбра оние што овој свет ги смета за прости, за да ги посрамоти оние што се сметаат за мудри.</s><s>Бог ги одбра оние што во овој свет се немоќни, за да ги посрамоти моќниците.</s><s>28Бог ги одбра оние што не се од благородничко потекло и оние што се презрени во овој свет, за да ги направи ништожни оние што овој свет ги смета за многу важни.</s><s>29Така ниеден човек не ќе може да се фали пред Бог.</s><s>30Бог ви овозможува и вам да се спасите преку Исус Христос, Кој стана наша мудрост од Бога, ни ја подари Својата праведност, нѐ направи свети и ја плати цената за да нѐ откупи.</s><s>31Затоа, во Светото писмо е напишано:</s> <s></s> <s>„Кој сака да се фали,</s> <s>нека се фали само со она што го стори Господ.“</s> <s>Глава 2</s> <s>Мудроста што ја проповедал апостолот Павле</s> <s>1Драги пријатели, кога дојдов кај вас да ви ја проповедам Божјата порака, јас не се служев со висок стил на зборување или со мудрување.</s><s>2Сметав дека меѓу вас не треба да ги истакнувам моите сестрани познавања, туку да ви проповедам само за Исус Христос и за Неговото распнување на крстот.</s><s>3Веројатно ви делував слаб, исплашен и растреперен.</s><s>4Она што ви го зборував и проповедав не се состоеше од мудро составени говори за да ве убедам, туку Светиот Дух ја покажа Својата сила меѓу вас.</s><s>5Постапив така за да се здобиете со вера втемелена на Божјата сила, а не на човечка мудрост.</s><s>6Се разбира, кога сме меѓу зрели христијани, знаеме да одржуваме и мудри говори.</s><s>Но тоа не е мудрост што произлегува од овој свет или мудрост што ги привлекува владетелите на овој свет, кои кратко траат.</s><s>7Ние ја проповедаме Божјата таинствена мудрост која порано беше скриена, но од искона наменета во вечноста нам да ни донесе слава.</s><s>8За жал никој од денешните владетели не ја разбра, зашто да ја беа разбрале, немаше да го распнат нашиот величествен Господ.</s><s>9Ние го проповедаме она што во Светото писмо е опишано вака:</s> <s></s> <s>„Око човечко не видело,</s> <s>уво човечко не слушнало,</s> <s>ниту пак човечкиот ум можел да го замисли</s> <s>тоа што Бог го има приготвено за оние што Го сакаат.“</s> <s>10А нам Бог ни го има откриено тоа преку Својот Дух.</s><s>Божјиот Дух знае сѐ, вклучувајќи го и она што е длабоко во Божјиот ум.</s><s>11Зашто, како што ниеден човек не може да му ги знае мислите на друг човек, освен неговиот сопствен дух, така никој не може да ги знае Божјите мисли, освен Божјиот Дух.</s><s>12А Бог ни Го даде токму Својот Дух (не духот на овој свет), за да ги знаеме сите работи што Тој ни ги подарил.</s><s>13Кога ви зборуваме за овие работи, ние не користиме зборови на човечка мудрост, туку зборови што ни се дадени од Божјиот Дух, Кој духовните работи ги објаснува со духовен речник.</s><s>14Луѓето кои не се препородени од Божјиот Дух не можат да ги разберат вистините што доаѓаат од Божјиот Дух, и затоа не ги прифаќаат.</s><s>Ним сето тоа им изгледа неразбирливо, а тоа е затоа што духовните работи можат да се разберат само со помош на Божјиот Дух.</s><s>15А луѓето кои се препородени од Божјиот Дух се способни сѐ да разберат, иако самите нив другите луѓе не можат да ги разберат.</s><s>16Како што рекол пророкот Исаија:</s> <s></s> <s>„Кој ги знае мислите на Господ?</s> <s>Кој Му е советник на Господ?“</s> <s></s> <s>А нам ни е даден Христовиот ум и затоа можеме да ги разбереме овие работи.</s> <s>Глава 3</s> <s>Поделби меѓу незрели христијани</s> <s>1Драги мои, додека бев кај вас, јас не можев да ви зборувам како на духовно зрели христијани.</s><s>Ви зборував како на телесни луѓе, како на луѓе што во Христовата вера се новороденчиња.</s><s>2Ве хранев со млеко, а не со тврда храна, бидејќи сѐ уште не бевте способни да ја примате.</s><s>За жал, ни сега не сте способни.</s><s>3Сѐ уште сте телесни, како луѓето од овој свет, штом си завидувате и се карате.</s><s>Зар со тоа не докажувате дека сте исти како луѓето што не се христијани?</s><s>4Едни од вас велат дека се Павлови следбеници, а други дека се следбеници на Аполос.</s><s>Зар тоа не покажува дека сте како и сите други, телесни луѓе?</s> <s>Проповедниците се само Божји слуги</s> <s>5Кој е Аполос?</s><s>Кој е Павле?</s><s>Вреди ли заради нас да се карате?</s><s>Ние сме само Божји слуги преку кои поверувавте.</s><s>Секој од нас си ја извршуваше задачата дадена од Господ.</s><s>6Јас сеев, Аполос полеваше, но Бог овозможи семето да порасне.</s><s>7Не е важен ни тој што сееше, ни тој што полеваше, туку Бог, Кој овозможи семето да порасне.</s><s>8Оној што сее и оној што полева работат еднакво важни задачи и секој од нив ќе добие награда соодветна на вложениот труд.</s><s>9И Аполос и јас работиме за Бог, а вие сте Божја нива, Божја градба, а не наша.</s> <s>Индивидуална одговорност: Христовиот Суд</s> <s>10Користејќи ја дарбата што Бог милостиво ми ја даде, јас, како и секој мудар ѕидар, најпрво го поставив темелот, а други по мене ќе градат врз него.</s><s>Но секој мора да внимава како ќе гради!</s><s>11Никој не смее да поставува друг темел, зашто тој е веќе поставен, а тоа е Исус Христос!</s><s>12Врз тој темел, некој ќе ѕида со злато, сребро или скапоцени камења, а друг со дрво, сено или слама.</s><s>13Но ќе дојде ден, кога сечие дело ќе излезе на видело!</s><s>Секое дело, на секој христијанин, ќе биде проверено низ оган, за да му се утврди вистинската вредност.</s><s>14Ако делото издржи, градителот ќе добие награда; 15ако, пак, делото согори, градителот ќе се соочи со голем губиток.</s><s>Ќе се спаси, но како некој што поминал преку оган!</s><s>16Зар не сфаќате дека вие сте Божјиот храм и дека Божјиот Дух живее во вас?</s><s>17Ако некој го урива Божјиот храм, Бог него ќе го разурне, бидејќи Божјиот храм е свет.</s><s>Тој храм сте вие, христијаните.</s><s>18Никој нека не се залажува!</s><s>Ако некој од вас се смета за мудар според мерилата на овој свет, треба да се ослободи од таквата самоувереност, за да може да стане мудар според Божјите мерила.</s><s>19Зашто мудроста на овој свет е рамна на лудост пред Бог!</s><s>Во Светото писмо пишува:</s> <s></s> <s>„Бог ги лови самоуверените мудреци</s> <s>во стапицата на нивното сопствено лукавство!“</s> <s>20И на друго место:</s> <s></s> <s>„Господ им ги знае плановите на мудрите,</s> <s>знае дека во нив нема вредност!“</s> <s>21Затоа, никој да не се фали со човек!</s><s>Вам ви припаѓа сѐ: 22И Павле, и Аполос и Петар, и целиот свет, и животот и смртта, и сегашноста и иднината - сѐ ви припаѓа вам, 23а вие Му припаѓате на Христос, а Христос Му припаѓа на Бог.</s> <s>Глава 4</s> <s>Одговорната задача на апостолите</s> <s>1Мене и Аполос треба да нѐ сметате за Христови службеници, на кои им е доверено да раководат со Божјите тајни.</s><s>2А од секој раководител се бара верно да ги извршува поставените задачи.</s><s>3Малку ми значи вашата оценка за мене, или оценката од други луѓе.</s><s>Јас дури ни самиот не се оценувам.</s><s>4Навистина, совеста ми е чиста, но и тоа не е доволно за да ме оправда.</s><s>Господ е Тој што ќе ме оценува.</s><s>5Затоа, за ништо не донесувајте конечен суд предвреме, пред да дојде Господ.</s><s>Тој ќе го изнесе на виделина она што за нас е скриено и невидливо и ќе ги обелодени мотивите на секое срце.</s><s>Тогаш Бог секого ќе го пофали толку колку што заслужил.</s><s>6Драги пријатели, се посочив себеси и Аполос како пример, за да научите што значи поговорката: „Ништо повеќе од она што е напишано во Светото писмо!“ Не треба да се вообразите, приклонувајќи се кон еден од нас, а понижувајќи го другиот.</s><s>7Што ти дава за право да се сметаш за повреден од другите?</s><s>Што е тоа што го имаш, а да не си го добил од Бога?</s><s>А ако тоа што го имаш си го добил од Бога, зошто се фалиш со тоа?</s><s>Зар не се работи за подарок?</s><s>8Веќе се заситивте, се збогативте и без нас си создадовте свое царство.</s><s>Камо навистина да создадевте царство, па и ние ќе можевме да владееме заедно со вас!</s><s>9Понекогаш ми се чини дека нас апостолите Бог нѐ поставил последни, како осуденици на смрт, јавно изложени на приказ пред целиот свет - и пред ангелите и пред луѓето!</s><s>10Нас нѐ сметаат за глупави, поради посветеноста кон Христос, а вас верата во Христос ве направи мудри.</s><s>Ние сме слаби и понижени, но вие сте моќни и почитувани.</s><s>11Сѐ до овој миг ние сме и гладни и жедни, во партали, тепани, без постојано место за живеење.</s><s>12Работиме до изнемоштеност и се издржуваме од трудот на сопствените раце.</s><s>Луѓето нѐ навредуваат, а ние ги благословуваме.</s><s>Нѐ прогонуваат, а ние стрпливо поднесуваме.</s><s>13Нѐ напаѓаат, а ние одговараме со љубезни зборови.</s><s>Се однесуваат кон нас како да сме отпадок, како смет исфрлен од сите сѐ до денешен ден.</s><s>14Не ви го пишувам ова за да ве посрамам, туку да ве посоветувам како мои драги деца.</s><s>15Дури и да имате десет илјади учители што ќе ве поучуваат за Христос, имате само еден духовен татко.</s><s>Јас ви ја донесов Радосната вест за Исус Христос и така станав ваш духовен татко.</s><s>16Затоа ве молам да го следите мојот пример.</s><s>17За таа цел го испратив кај вас Тимотеј.</s><s>Тој е мое драго чедо и верен службеник на Господ.</s><s>Тој ќе ве потсети за она што јас го проповедам за Исус Христос по сите цркви каде што одам.</s><s>18Некои од вас мислат дека јас никогаш веќе нема да дојдам во вашата црква, па се поставија на високо.</s><s>19Но, ако даде Господ, наскоро ќе дојдам и ќе видам колку се силни оние што се креваат на големо, не на зборови, туку на дело.</s><s>20Зашто Божјото царство не е празни зборови.</s><s>Тоа е сила!</s><s>21Што сакате: да дојдам кај вас со прачка, или со љубов и со кроток дух!?</s> <s>Глава 5</s> <s>За неморалот на некои „христијани“</s> <s>1Јавено ми е дека кај вас има некој човек што живее во блуд, и тоа таков блуд каков што нема ни меѓу паганите: блудство со својата маќеа!</s><s>2А вие, наместо да жалите - се гордеете!</s><s>Треба да го отстраните од вашата средина тој што прави такво нешто!</s><s>3Иако јас сум физички отсутен, со духот сум меѓу вас.</s><s>Јас веќе пресудив за тој што направил такво нешто, исто како да сум присутен.</s><s>4Треба да се соберете во името на нашиот Господ Исус Христос, а со вас ќе биде и мојот дух, па со силата на нашиот Господ Исус Христос, 5да го исклучите тој човек од црквата, препуштајќи го во рацете на сатаната!</s><s>Така тој телесно ќе биде казнет, за да биде спасен неговиот дух на Денот кога Господ ќе се врати.</s><s>6Не е добро што се фалите колку сте духовни, а дозволувате во вашата средина да се случуваат вакви работи!</s><s>Зар не знаете дека е доволно само малку квасец, за да го скисне целото тесто?</s><s>Така е и со гревот.</s><s>7Исчистете се од стариот квасец, односно, од гревот!</s><s>Тогаш ќе бидете ново тесто, замесено без квасец.</s><s>Вие сте токму тоа, бидејќи нашето пасхално Јагне, Христос, беше веќе жртвувано за нас.</s><s>8Немојте да го славите празникот Пасха со >стариот квас', односно, така што ќе продолжите да бидете лоши и расипани, туку со бесквасен леб, односно, со искреност и духовна чистота.</s><s>Бидете чисти и искрени, па прославете го со леб без квасец.</s><s>9Во моето претходно писмо ви напишав да се држите настрана од луѓе што се впуштаат во блуд.</s><s>10Притоа не мислев на луѓе кои сѐ уште не се христијани, а живеат во блуд.</s><s>Кога би требало да се држите настрана од сите што во овој свет се неморални, алчни, лажговци и што им се поклонуваат на разни идоли, би требало сосема да го напуштите овој свет!</s><s>11Мислев на луѓето што се нарекуваат христијани, а сепак прават блуд, или се алчни, или им се поклонуваат на идоли, или ги навредуваат другите, или се опиваат или мамат.</s><s>Со такви немојте дури заедно ни да јадете!</s><s>12Зар е моја работа да судам за оние што се надвор од црквата?</s><s>Не треба ли и вие најнапред да се грижите какви се оние што се внатре во црквата?</s><s>13На оние што се надвор, Бог ќе им суди, а нам Светото писмо ни порачува:</s> <s></s> <s>„Отстранете го од вашите редови секој што е зол!“</s> <s>Глава 6</s> <s>За споровите меѓу христијаните</s> <s>1Кога меѓу двајца христијани има некој спор, доликува ли случајот да го изнесуваат пред световен суд, наместо да побараат помош од другите христијани?</s><s>2Зар не знаете дека еден ден, ние, христијаните, ќе му судиме на овој свет?</s><s>Ако вие треба да му судите на целиот свет, зарем не сте способни да разрешите дури и најситен меѓусебен спор?</s><s>3Зар не знаете дека ние, христијаните, ќе им судиме дури и на ангелите?</s><s>Тогаш, колку полесно треба да ги разрешуваме овоземните несогласувањата!</s><s>4Кога се спорите за најобични, секојдневни работи, зошто одите да се судите пред луѓе кои црквата воопшто не ги цени!?</s><s>5Треба да се засрамите, што сум присилен да ви го кажувам тоа!</s><s>Нема ли меѓу вас христијаните барем еден мудар човек кој би можел да пресудува во вашите меѓусебни спорови?</s><s>6Туку дозволувате еден христијанин да се суди со друг христијанин, и тоа пред суд на неверници!</s><s>7Самото тоа што вие воопшто се тужите еден со друг, несомнено претставува пораз за вас.</s><s>Зошто не истрпите, макар и да сте онеправдани?</s><s>Зошто не ја прежалите штетата што евентуално ви е нанесена?</s><s>8Наместо тоа, вие самите правите неправди и им нанесувате штета на своите сохристијани!</s> <s>За чист христијански живот</s> <s>9Зар не знаете дека неправедниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство?</s><s>Немојте да се залажувате!</s><s>Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни полово изопачените мажи, ни хомосексуалците, 10ни крадците, ни алчните, ни пијаниците, ни клеветниците, ни измамниците нема да бидат меѓу наследниците на Божјото царство!</s><s>11И некои од вас бевте такви, но сега сте очистени, станавте свети и оправдани пред Бог преку делото на Господ Исус Христос и Духот на нашиот Бог.</s><s>12Некои од вас велат: „Имам слобода да правам што сакам!“ Да, но не е сѐ полезно!</s><s>Иако имам слобода да правам што сакам, нема да дозволам да робувам на нешто.</s><s>13Велите: „Храната е наменета за стомакот, а стомакот за храната!“ Да, но еден ден Бог ќе ги уништи и стомакот и храната.</s><s>Телото не постои за со него да правиме блуд.</s><s>Нашите тела Му припаѓаат на Господ, зашто Господ ги создал.</s><s>14Бог ќе ги воскресне и нашите тела со истата моќ со која Го воскресна и нашиот Господ.</s><s>15Зар не сфаќате дека вашите тела се органи на Христовото тело?</s><s>Треба ли сега јас да земам нешто што е Христово и да го соединам со проститутка?</s><s>Никако!</s><s>16Или не ви е јасно дека оној што се соединува со проститутка, станува едно тело со неа?</s><s>Светото писмо вели: „Двајцата ќе станат едно тело.“ 17На сличен начин, Кој се соединува со Господ, станува еден дух со Него.</s><s>18Бегајте од блудот!</s><s>Секој друг грев што човек може да го направи е надвор од неговото тело, но со блудот греши против сопственото тело.</s><s>19Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој ви е подарен од Бог за да живее во вас?</s><s>Вие не сте ваша сопственост.</s><s>20Откупени сте со скапа откупнина!</s><s>Затоа, користете ги вашите тела со должната почит спрема Бог.</s> <s>Глава 7</s> <s>== ОДГОВОРИ НА НЕКОЛКУ ПРАШАЊА</s> <s>1) За бракот и брачните односи ==</s> <s>1А сега да ви одговорам на прашањата што ми ги поставивте во вашето писмо.</s><s>Прво: „Да, добро е човек да не се жени.</s><s>2Но, поради опасност од блудства, секој маж треба да има своја жена и секоја жена свој маж.</s><s>3Мажот нека ги исполнува брачните должности спрема својата сопруга, а исто така и жената спрема својот сопруг.</s><s>4Телото на жената не е само нејзино, туку му припаѓа и на нејзиниот сопруг.</s><s>Исто така и телото на мажот не е само негово, туку и на неговата сопруга.</s><s>5Затоа, не ускратувајте се еден на друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва.</s><s>Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост.</s><s>6Ова ви го кажувам како нешто што е дозволено, а не како заповед.</s><s>7Би сакал секој човек да биде самостоен, како што сум јас.</s><s>Но не сме сите исти.</s><s>Бог некого дарувал да живее во брак, а друг да живее како самец.</s><s>8На неженетите и на оние чиј брачен другар починал, им препорачувам: да останат самостојни, како што сум и јас.</s><s>9Но, ако не можат да издржат, нека стапат во брак, зашто подобро е да се во брак, отколку страста постојано да гори во нив.</s><s>10На оние што се во брак им заповедувам да не се разведуваат.</s><s>Тоа не е заповед од мене, туку од Господ.</s><s>Жената нека не се разведува од својот сопруг.</s><s>11Ако сепак се разведе, да не стапува во нов брак, или нека му се врати на својот маж.</s><s>Истото важи и за мажите: да не се разведуваат од своите сопруги.</s><s>12На другите можам да им дадам мој совет.</s><s>Тоа не е заповед од Господ, туку мој личен совет.</s><s>Ако некој христијанин има сопруга што не е христијанка и таа сака да живее со него, нека не ја остава.</s><s>13Слично и ако христијанка има сопруг што не е христијанин и тој сака да живее со неа, нека не го остава, 14бидејќи жената христијанка, му носи светост на својот брак, па со тоа и на мажот, иако тој не е христијанин.</s><s>Слично и кога мажот е христијанин, а неговата сопруга не е, тој му носи светост на својот брак, а со тоа и на својата сопруга.</s><s>Кога не би било така, вашите деца би биле нечисти, а сега тие се свети.</s><s>15Ако брачниот другар што не е христијанин сака да се разведе, нека си оди.</s><s>Во таков случај, не сте обврзани да живеете во постојани расправии, зашто Бог сака неговите деца да живеат во мир.</s><s>16Впрочем, можете ли да бидете сигурни дека ќе успеете да го убедите вашиот брачен другар да стане христијанин и да се спаси?</s><s>17Секој нека остане во ситуацијата во која Господ го избрал, кога Бог го повикал да поверува.</s><s>Ова правило го кажувам по сите цркви.</s><s>18На пример, ако некој, пред да биде повикан да поверува, веќе бил обрежан, нека не го крие тоа.</s><s>Ако не бил обрежан, нека не се обрежува.</s><s>19Дали човек е обрежан или не, воопшто не е важно.</s><s>Важно е да живееме според Божјите заповеди.</s><s>20Секој нека остане во онаа состојба во која бил кога Бог го повикал.</s><s>21Ако си бил роб кога Бог те повикал да поверуваш во Христос, и сѐ уште си роб - не вознемирувај се!</s><s>Но ако ти се укаже можност да станеш слободен, искористи ја.</s><s>22А за Господ, оној што бил повикан како роб, е слободен, а оној што бил повикан како слободен човек, сега е роб на Христос.</s><s>23Скапо сте платени и сега и едните и другите сте „Христови робови“, и немојте на никој друг да му слугувате!</s><s>24Значи, драги пријатели, секој нека остане во ситуацијата во која ве затекнал Божјиот позив.</s> <s>2) За девојките и за (не)стапување во брак</s> <s>25За девојките немам посебна заповед од Господ, но можам да ви го кажам моето мислење и сметам дека можете да ми верувате како на човек спрема кого Господ покажал милостива благонаклоност.</s><s>26Сметам дека, поради тешкотиите низ кои сега минуваме, добро е човек да остане во состојбата во која е затекнат.</s><s>27Ако си во брак, не барај развод, а ако не си, не настојувај да стапиш во брак.</s><s>28Ако сепак стапиш во брак, тоа не е грев.</s><s>Ако една девојка стапи во брак, тоа не е грев.</s><s>Но, ќе помине низ многу овоземни неволи од кои се обидувам да ве поштедам.</s><s>29Она што сакам да ви го кажам, драги мои, е дека времето што ни преостанува е кратко: Господ брзо ќе дојде, па малку е важно дали сте во брак или не.</s><s>30Наскоро, ќе биде неважно дали сте живееле во тага или во радост, дали сте имале имот или не, 31дали сте добиле нешто од овој свет или не, бидејќи овој свет, во сегашниот облик, ќе го нема.</s><s>32Би сакал да бидете ослободени од овоземните грижи.</s><s>Неоженет човек може да му се посвети на Господовото дело, трудејќи се да Му угоди на Господ, 33а оној што е оженет се грижи и за овоземни работи, бидејќи сака да ѝ угоди и на својата сопруга.</s><s>34Неговото внимание е поделено.</s><s>На ист начин, и немажена жена или девојка можат да му се посветат на Господовото дело, па така ќе бидат свети и телесно и духовно.</s><s>Мажената жена, пак, се грижи и за овоземни работи, за да може да му угоди на својот сопруг.</s><s>35Ова ви го пишувам за ваше добро, а не за да ве ограничувам.</s><s>Само сакам да Му бидете приврзани на Господ со неподелено внимание.</s><s>36Ако некој има девојка во зрели години и смета дека не е убаво да ја остави немажена, нека постапи според своето убедување.</s><s>Бракот не е грев!</s><s>37Но ако некој цврсто решил да не се жени, односно, не чувствува таква потреба и може да ги контролира сопствените страсти, тогаш нека не се жени, туку нека остане девственик.</s><s>И во тој случај добро ќе направи.</s><s>38Значи, сосема е в ред ако некој реши да заснова брак, но уште подобро е ако човек може да остане самец.</s><s>39Секоја сопруга има обврска да остане со својот сопруг сѐ додека е тој жив.</s><s>Ако тој почине, таа е слободна да се омажи за кого што сака, но треба да ги следи правилата на Господ.</s><s>40Сепак, верувам дека таа ќе биде посреќна ако не се премажува и, кога го велам ова, сметам дека Божјиот Дух ви дава совет преку мене.</s> <s>Глава 8</s> <s>3) За храната принесена на идолска трпеза</s> <s>1А сега, во врска со храната принесена како жртва на идоли.</s><s>Сите ние имаме некое знаење.</s><s>Но знаењето создава горделивост, а љубовта е таа што изградува.</s><s>2Ако некој мисли дека многу знае, тој сѐ уште не знае колку што треба да знае.</s><s>3Бог ги познава и ги признава за Свои само оние што имаат љубов кон Него.</s><s>4Во врска со јадењето на храна што е принесена како жртва на идоли, сите ние знаеме дека идолите не се богови.</s><s>Постои само еден единствен Бог и освен него друг бог нема.</s><s>5За некои луѓе постојат многу „богови“ и господари, и на небото, и на земјата.</s><s>6Но ние имаме само еден Бог, нашиот небесен Татко.</s><s>Тој е Создателот на сѐ и ние за Него живееме.</s><s>Имаме само еден Господ, и тоа е Исус Христос.</s><s>Сѐ е преку Него создадено, вклучувајќи нѐ и нас, луѓето.</s><s>7Но ваквото знаење го немаат сите.</s><s>Некои луѓе се навикнати да почитуваат идоли и јадат храна принесена како жртва, со што си ја опогануваат својата слаба совест.</s><s>8Храната нема да нѐ приближи до Бог: ништо не губиме ако не јадеме, и ништо не добиваме ако јадеме!</s><s>9Само внимавајте слободата што ја имате да не им стане повод за духовно разочарување на оние што не се доволно утврдени во христијанската вера.</s><s>10Еве што може да се случи: некој христијанин, што смета дека е погрешно да се јаде оваа храна, може да те види во идолски храм како јадеш од принесената храна.</s><s>Иако ти не го правиш тоа затоа што веруваш во идоли, твојот пример може да го потикне тој човек да постапи спротивно на својата совест, па и тој да почне да јаде храна принесена како жртва на идоли.</s><s>11Иако ти имаш правилно знаење, твојот пример може да дејствува погубно врз друг христијанин.</s><s>А Христос умре и за него!</s><s>12Грешејќи така против другите христијани, ранувајќи ја нивната слаба совест, вие всушност грешите против Христос.</s><s>13Затоа, ако храната што ја јадам наведува некој од моите пријатели да направи грев, ќе престанам да јадам месо до крајот на мојот живот!</s><s>Не сакам јас да бидам причината некој од моите пријатели христијани да биде наведен на грев!</s> <s>Глава 9</s> <s>Павле - пример на самоодрекување</s> <s>1Зар јас немам иста слобода како другите?</s><s>Зар јас не сум апостол?</s><s>Зар лично не сум Го видел нашиот Господ Исус?</s><s>Зар не поверувавте во Господ преку мојот труд?</s><s>2Ако за некои не сум апостол, за вас сигурно сум!</s><s>Вие сте, всушност, жив доказ дека јас сум апостол на Господ.</s><s>3Мојата одбрана пред оние што го доведуваат во прашање мојот авторитет како апостол гласи: 4Зар јас и Барнаба немаме право на храна и вода во вашите домови?</s><s>5Зар ние немаме право да се ожениме со христијанки и да ги водиме со нас, како што прават другите апостоли, браќата на Господ, па и Петар?</s><s>6Зар само јас и Барнаба мораме самите да се издржуваме додека проповедаме?</s><s>7Кој војник сам си ги плаќа трошоците на своето служење?</s><s>Кој одгледува лозје, а не јаде од неговиот род?</s><s>Кој пасе овци, а не пие млеко од нив?</s><s>8Не го зборувам тоа само од човечка гледна точка.</s><s>Зар и Божјиот Закон не го вели истото?</s><s>9Во Мојсеевиот Закон е запишано: „Не врзувај му ја устата на волот што врши жито.“ Бог сигурно не мисли тука првенствено на воловите.</s><s>10Зар тоа не е кажано за нас?</s><s>Како што им следува надомест на оној што ора и на оној што врши, така и на оние што се духовни работници.</s><s>11Ако ние во вас, посадивме духовни добра, зарем е голема работа ако за возврат добиеме дел од вашите материјални добра?</s><s>12Ако други луѓе имаат такво право на издршка од вас, зарем ние не сме позаслужни од нив?</s><s>Сепак, ние не го искористивме тоа право.</s><s>Поднесуваме сѐ, само да не создаваме пречки за ширењето на Радосна вест од Христос.</s><s>13Зар не знаете дека оние што ги извршуваат светите служби во храмот, се издржуваат од подароците донесени во храмот, а и оние што служат на жртвеникот, добиваат дел од принесеното?</s><s>14Така Господ определи и оние што ја проповедаат Радосната вест, од тоа да се издржуваат.</s><s>15Сепак, јас не искористив ниту едно од овие права и не ви го пишувам ова за да барам од вас издршка.</s><s>Попрво ќе умрам, ама нема да дозволам некој да ми ја уништи репутацијата дека работам без надомест.</s><s>16Тоа што ја проповедам Радосната вест не го сметам за причина да се фалам.</s><s>Се чувствувам должен тоа да го работам и тешко мене ако не ја проповедам Радосната вест!</s><s>17Да го работев тоа по моја лична определба, ќе заслужував надомест.</s><s>Но за мене тоа е обврска што Бог ми ја довери.</s><s>18Тогаш, каква награда добивам јас?</s><s>Тоа е честа да ја проповедам Радосната вест, без да имам материјална корист и без да ги искористувам правата што ми следуваат како на проповедник.</s><s>19Јас не бев обврзан да им се покорувам на луѓето, бидејќи од нив не добивав плата, но сепак им станав слуга на сите за да ги доведам кај Христос.</s><s>20Кога сум со Евреи, живеам како Евреин, за да ги доведам кај Христос.</s><s>Тие му се потчинуваат на Мојсеевиот Закон, па и јас се придржувам кон истиот Закон, за да можам да ги доведам кај Христос, иако јас веќе не сум под тој Закон.</s><s>21Кога сум со луѓе што не го признаваат Мојсеевиот Закон, го оставам Законот настрана, та и нив да ги доведам кај Христос.</s><s>Се разбира, јас не живеам без закон, зашто го почитувам Божјиот Закон, односно, се раководам од Христовиот закон.</s><s>22Кога сум со сиромаси и јас живеам како нив, па и нив да ги доведам кај Христос.</s><s>На сите им се прилагодив, сите начини ги применив за да спасам некои од нив.</s><s>23Сето тоа го правам за да се шири Радосната вест, па и јас да уживам во благословите што таа ги носи.</s><s>24Знаете дека на трката трчаат сите натпреварувачи, но само еден ја добива наградата.</s><s>И вие треба да трчате со цел да победите!</s><s>25Секој атлетичар се одрекува од многу нешта, за да добие награда што нема долго да вреди, а нашата награда вечно ќе вреди.</s><s>26Јас не трчам кон нешто неизвесно, не удирам во празно, 27туку го вежбам моето тело на издржливост и го обуздувам, за да не се случи, додека им проповедам на другите, самиот да испаднам од трката.</s> <s>Глава 10</s> <s>Предупредување против идолопоклонството</s> <s>1Драги мои, сакам да ве потсетам на нашите предци кога патуваа низ пустината.</s><s>Бог ги водеше, испраќајќи подвижен облак да ги води; сите безбедно минаа преку морето.</s><s>2Како следбеници на Мојсеј, тие беа крстени во морето, со Божјиот облак над нив.</s><s>3Сите ја јадеа истата храна што ја добиваа на чудотворен начин, 4сите ја пиеја истата вода што потече за нив на чудотворен начин, зашто тие пиеја од духовната Карпа која ги придружуваше.</s><s>Таа „Карпа“ беше Христос.</s><s>5Сепак, со повеќето од нив Бог не беше задоволен.</s><s>Затоа тие изумреа, а нивните тела останаа расфрлани по пустината.</s><s>6Тоа што им се случи е поука за нас, за да не посакуваме зли нешта, како што посакуваа тие, 7да не станеме идолопоклоници, како што станаа некои од нив.</s><s>За ова во Светото писмо пишува:</s> <s></s> <s>„Луѓето славеа со гозби и пијанки,</s> <s>а потоа станаа на пагански игри!“</s> <s>8Да не вршиме блуд, како што вршеа некои од нив поради што во само еден ден загинаа дваесет и три илјади души!</s><s>9Да не Го предизвикуваме Господ, како што некои од нив Го предизвикуваа, па изгинаа каснати од змии.</s><s>10Немојте да негодувате, како што некои од нив негодуваа, па Господ го испрати ангелот на смртта да ги погуби.</s><s>11Ова што им се случи ним, треба да биде поука за нас.</s><s>Тоа е запишано во Светото писмо како предупредување за нас што живееме во овие последни денови.</s><s>12Затоа, секој што мисли дека е цврст спрема искушенијата, нека внимава да не потклекне.</s><s>13Искушенијата ги сполетуваат сите луѓе, но тие не се над вашите сили.</s><s>Тој нема да дозволи да бидете искушувани повеќе отколку што можете да поднесете.</s><s>А за секое искушение ќе ви покаже излез и ќе ви даде сили да се одбраните.</s><s>14Затоа, драги мои, пазете се од идолопоклонство.</s><s>15Вие сте разумни луѓе и самите можете да расудите за ова што ќе ви го кажам.</s><s>16Кога на Господовата вечера пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв?</s><s>Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело?</s><s>17Со тоа што јадеме од еден ист леб покажуваме дека сите ние сме едно тело.</s><s>18Погледнете го израелскиот народ.</s><s>Тие, јадејќи од жртвите принесени на еден ист жртвеник, покажуваат дека се еден народ.</s><s>19Што сакам да кажам со ова?</s><s>Дали идолите на кои паганите им принесуваат жртви се вистински богови и дали од тие жртви има некаква придобивка?</s><s>20Се разбира, не!</s><s>Она што тие го принесуваат како жртва, им го принесуваат на демоните, а не на Бог, а јас не сакам вие да општите со демони.</s><s>21Не може да пиете од чашата на Господ, а потоа и од чашата на демоните!</s><s>Не може да седите на Господовата трпеза, а потоа и на демонската трпеза!</s><s>22Зар ќе предизвикуваме љубомора кај Господ?</s><s>Зар сме ние посилни од Него?</s><s>23Велите: „Имаме слобода да правиме што сакаме!“ Да, но не е сѐ полезно!</s><s>Иако имаме слобода да правиме што сакаме, не допринесува сѐ за наше изградување!</s><s>24Ниеден од нас не треба да ги гледа само своите интереси, туку да водиме сметка и за другите луѓе.</s><s>25Еве како треба да постапувате.</s><s>Слободно јадете од секое месо што се продава на пазар, без да се распрашувате дали било наменето за идоли; така нема да ве гризе совеста.</s><s>26А Светото писмо вели: „Господова е Земјата и сѐ што ја исполнува.“ 27Ако некој што не е христијанин ве покани на вечера и вие сакате да одите, одете слободно.</s><s>Јадете од сѐ што ќе ви биде принесено, без да се распрашувате дали таа храна била наменета како принос за идоли; така нема да ве гризе совеста.</s><s>28Но ако некој ве предупреди и ви рече: „Таа храна е од приноси на идоли“, тогаш немојте да јадете, заради совеста на тој што ви го рекол тоа.</s><s>29Значи, не заради вашата совест, туку заради совеста на тој што ве предупредил.</s> <s>Можеби некој рече: „Зошто мојата слобода да биде ограничена од тоа што им ја обременува совеста на други луѓе!?</s><s>30Ако јас Му се заблагодарувам на Бог за она што го јадам, зошто некој да ме напаѓа поради тоа што го јадам!?“ 31Но дури и јадењето, пиењето, па и секоја наша постапка треба да биде за Божја слава.</s><s>32Затоа, немојте да ги соблазнувате ни Евреите, ни другите народи, ни оние што ѝ припаѓаат на Божјата црква.</s><s>33Правете како што правам јас: на сите се обидувам да им угодам и не правам онака како што би било најдобро за мене, туку пред сѐ, мислам на другите луѓе.</s><s>Тоа е затоа што сакам тие да се спасат.</s> <s>Глава 11 1Следете го мојот пример, како што јас го следам примерот на Христос.</s> <s>ЗА НЕКОИ ПРАВИЛА НА БОГОСЛУЖБИТЕ</s> <s>2Мило ми е, драги пријатели, што постојано сум ви во мислите и ве пофалувам што точно го следите христијанското учење, онака како што ви го пренесов.</s><s>3Но има нешто што сакам да го знаете: Секој маж има свој поглавар, а тоа е Христос, и секоја жена има свој поглавар, а тоа е нејзиниот маж.</s><s>И Христос има свој поглавар, а тоа е Бог.</s><s>4Секој маж што се моли или пророкува со покривало на главата го срамоти својот поглавар, односно Христос.</s><s>5И секоја жена што се моли или пророкува гологлава, го срамоти својот поглавар, односно мажот, зашто тоа е исто како да ѝ е избричена главата.</s><s>6Ако некоја жена не сака да носи покривало на својата глава, тоа е како да е сосема истрижана!</s><s>А бидејќи е срамно жените да бидат истрижени или со избричена глава, нека носат покривала.</s><s>7Мажот не треба да носи покривало на главата бидејќи тој ја одразува Божјата слава и беше создаден според Божјиот лик.</s><s>Жената пак, ја одразува славата на мажот.</s><s>8Зашто првиот човек не беше создаден од жена, туку жената беше создадена од маж.</s><s>9Не беше мажот создаден заради жената, туку жената заради мажот.</s><s>10Затоа жените треба да носат покривала на главата како знак на потчинетост, бидејќи ангелите гледаат.</s><s>11Но според Господ, ниту мажот е независен од жената, ниту жената е независна од мажот.</s><s>12Како што жената потекнува од мажот, така и мажот дошол на свет преку жена, а Создател на сѐ што суштествува е Бог.</s><s>13Кажете сами, дали прилега жена да Му се моли на Бог без покривало на главата?</s><s>14Зар самата природа не ве учи дека на мажот не му прилега да носи долга коса?</s><s>15Од друга страна, за жената долгата коса е украс.</s><s>Таа ѝ е дадена како еден вид покривало на главата.</s><s>16Но, ако некој има намера да се препира околу ова прашање, ниту ние, ниту другите Божји цркви немаме таков обичај.</s> <s>2) За Господовата спомен-вечера (Причест)</s> <s>17За следното прашање, за кое ќе ви дадам упатства, не можам да ве пофалам, зашто се чини дека вашите собирања предизвикуваат повеќе штета одошто полза!</s><s>18Пред сѐ, слушам, а делумно и верувам во тоа, дека, кога се собирате на богослужби, меѓу вас има подвоеност.</s><s>19Неизбежно е и меѓу вас да се појават групи што ќе се отцепат од вас.</s><s>Но така ќе се види кој се држи до вистината.</s><s>20Слушам дека кога се собирате на Господовата спомен-вечера 21секој гледа брзо да си го изеде тоа што го донел, па еден останува гладен, а друг се опива!</s><s>22Си немате ли вие куќи, па таму да јадете и да пиете?</s><s>Или сакате да ги презирате сиромашните во Божјата црква!?</s><s>Што да ви кажам?</s><s>Зар да ве фалам?</s><s>За тоа не можам да ве пофалам!</s><s>23И вам ќе ви го пренесам она што Господ мене ми го предаде.</s><s>Ноќта кога беше предаден, Господ Исус зеде леб, 24се заблагодари, го раскрши и рече: „Ова е моето тело што се крши за вас.</s><s>Правете го ова како спомен за Мене.“ 25Исто така, по вечерата зеде чаша со вино и рече: „Оваа чаша е Новиот Завет меѓу Бог и вас, запечатен со Мојата крв.</s><s>Потсетувајте се на ова секогаш кога ќе пиете за сеќавање на Мене.“ 26Секојпат кога за оваа цел јадете од лебот и пиете од чашата, ја прикажувате смртта на Господ, сѐ додека Тој повторно не дојде.</s><s>27Секој што недостојно јаде од лебот или пие од чашата Господова, виновен е за непочитување на телото и крвта на Господ.</s><s>28Секој прво нека се преиспита, а потоа нека јаде од лебот и нека пие од чашата принесена како Господова спомен-вечера.</s><s>29Зашто, оној што зема учество во спомен-вечерата Господова, а нема правилна вера, разбирање и почит спрема телото на Господ, си навлекува осуда врз себе!</s><s>30Затоа меѓу вас има многу слаби и болни, а некои дури и починаа.</s><s>31Кога самите себеси би се преиспитувале, не би биле казнувани.</s><s>32А кога Господ нѐ кара и казнува, тоа е за да нѐ поправи, па да не бидеме осудени заедно со неверничкиот свет.</s><s>33Затоа драги мои, кога се собирате да ја јадете Господовата спомен-вечера, причекувајте се!</s><s>34Ако е некој гладен, нека јаде дома.</s><s>Така вашите собирања нема да ви носат осуда.</s> <s>А за другите работи, ќе ви дадам упатства кога ќе дојдам.</s> <s>Глава 12</s> <s>ЗА ДУХОВНИТЕ ДАРОВИ</s> <s>1А сега, драги пријатели христијани, сакам да ви напишам нешто и за духовните дарови, односно, даровите што Светиот Дух му ги дава на секој од нас, за да немате погрешна претстава по ова прашање.</s><s>2Знаете дека кога бевте пагани вие бевте заведени и влечени кон обожавање на неми идоли.</s><s>3Затоа сакам да ви кажам како да разликувате дали нешто е навистина од Бог: како што ниеден човек кој е воден од Божјиот Дух не може да Го колне Исус, така и никој не може да исповеда дека Исус е Господ, доколку не е воден од Светиот Дух.</s><s>4Постојат различни духовни дарови, но сите нив ги дава истиот Дух.</s><s>5Постојат различни начини на кои секој од нас помага во Црквата, но сите ние работиме за истиот Господ.</s><s>6Постојат различни начини на кои Бог дејствува во нашите животи, но преку сите нас работи истиот Бог.</s><s>7Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува на општа полза за сите.</s><s>8На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење.</s><s>9Истиот Дух на едни луѓе им дава посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат.</s><s>10На некои луѓе им дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; на некои луѓе им дава способност да распознаваат дали духот што зборува навистина е од Бог или не, на други да зборуваат на различни јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици.</s><s>11Сите овие нешта ги прави единствениот и истиот Свет Дух, Кој ги распоредува даровите онака како што лично Тој ќе реши.</s> <s>Споредба со органите во телото</s> <s>12Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело.</s><s>13Нас нѐ има Евреи и припадници на другите народи, некои од нас се робови, а некои слободни.</s><s>Сепак Божјиот Дух сите нас нѐ крсти и од нас направи едно тело.</s><s>Секој од нас го прими истиот Дух.</s><s>14Телото не е составено само од еден орган, туку од повеќе органи.</s><s>15Ако ногата рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум рака!“ Дали тоа што е нога, а не рака, е причина да не се смета за дел од телото?</s><s>16Или ако увото рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум око!“ Дали тоа што е уво, а не око, е причина да не се смета за дел од телото?</s><s>17Ако целото тело беше само око, како ќе слушавме?</s><s>Ако целото тело беше само уво, како ќе чувствувавме мириси?</s><s>18Но Бог го создаде нашето тело со многу органи и ги постави онаму каде што сметал дека им е местото.</s><s>19Ако има само еден орган, тоа нема да претставува тело!</s><s>20Телото е едно, но се состои од многу органи.</s><s>21Окото не може да ѝ каже на раката: „Не си ми потребна!“, ниту главата може да им каже на нозете: „Не сте ми потребни!“ 22Напротив, органите што ни изгледаат послаби се многу понеопходни, 23а на оние што ги сметаме за понеугледни, им посветуваме поголемо внимание!</s><s>Значи, поголемо внимание им посветуваме на нашите понеугледни органи, 24зашто угледните органи немаат потреба од тоа.</s><s>Бог така го составил телото, што им дал поголема чест на органите кои ние не ги истакнуваме.</s><s>25Така во самото тело нема неединство, туку органите еднакво се грижат еден за друг.</s><s>26Кога еден орган страда, со него страдаат сите органи.</s><s>Кога на еден орган му се оддаде признание, со него се радуваат сите органи.</s><s>27Сите заедно, вие сте Христово тело, а секој поединец е посебен орган во тоа тело.</s><s>28Во Христовото тело, односно во Црквата, Бог поставил</s> <s>прво апостоли,</s> <s>второ пророци,</s> <s>трето учители,</s> <s>по нив се оние што прават чуда,</s> <s>па оние што имаат дар да исцелуваат,</s> <s>па оние што им помагаат на другите,</s> <s>па оние што умеат да управуваат</s> <s>и оние што зборуваат разни јазици.</s><s>29Зар треба сите да бидат апостоли?</s><s>Треба ли сите да бидат пророци?</s><s>Зар треба сите да бидат учители?</s><s>Може ли сите да прават чуда?</s><s>30Може ли сите да имаат дар да исцелуваат?</s><s>Треба ли сите да зборуваат на разни јазици?</s><s>Може ли секој да преведува од друг јазик?</s><s>Се разбира, не!</s><s>31Стремете се кон поголеми дарби!</s> <s>А јас ќе ви покажам што е неспоредливо подобро од која и да е дарба!</s> <s>Глава 13</s> <s>Славопој за љубовта</s> <s>1И да умеам да зборувам на сите можни јазици,</s> <s>човечки и ангелски,</s> <s>а немам љубов,</s> <s>јас би бил како гонг што одѕвонува,</s> <s>како цимбал што ѕвечи.</s><s>2И да имам дарба да пророкувам,</s> <s>да ги знам сите тајни,</s> <s>да го имам собрано целото знаење,</s> <s>да имам вера што може планини да преместува,</s> <s>а немам љубов -</s> <s>не вредам ништо!</s><s>3И да раздадам на сиромаси сѐ што имам,</s> <s>па и сопственото тело да си го жртвувам,</s> <s>а немам љубов -</s> <s>ништо не сум направил!</s><s>4Да имаш љубов, значи:</s> <s>да имаш голема стрпливост и</s> <s>да бидеш љубезен.</s> <s>Да не си завидлив,</s> <s>да не се фалиш, да не се вообразуваш.</s><s>5Да не бидеш груб, да не бидеш себичен,</s> <s>да не бидеш избувлив, да не памтиш зло.</s><s>6Да не се радуваш на ниедна неправда,</s> <s>а да се радуваш на вистината.</s><s>7Секогаш да имаш разбирање за другите,</s> <s>секогаш да веруваш,</s> <s>секогаш да се надеваш и сѐ да поднесуваш.</s><s>8Љубовта е вечна,</s> <s>а пророкувањата ќе престанат,</s> <s>зборувањето на непознати јазици ќе молкне,</s> <s>сегашното знаење ќе се надмине.</s><s>9Зашто, нашето знаење е нецелосно,</s> <s>па и пророштвата само малку ни откриваат; 10а кога ќе дојде времето на совршенството,</s> <s>сѐ што е нецелосно ќе исчезне.</s><s>11Кога бев дете, зборував како дете,</s> <s>размислував како дете и расудував како дете.</s> <s>Кога станав зрел човек,</s> <s>престанав да се однесувам како дете.</s><s>12Ние сега гледаме нејасно,</s> <s>како во замаглено огледало,</s> <s>а тогаш ќе бидеме лице в лице со Бог,</s> <s>и сѐ ќе ни стане јасно.</s> <s>Сѐ што знам сега е нецелосно,</s> <s>а тогаш сѐ ќе знам совршено,</s> <s>како што мене Бог совршено ме познава.</s><s>13Има три работи што ќе опстојат:</s> <s>верата, надежта и љубовта;</s> <s>а од сите нив, најголема е љубовта.</s> <s>Глава 14</s> <s>Дарбата за зборување туѓи јазици и дарбата за пророкување</s> <s>1Љубовта нека ви биде највозвишената цел!</s><s>Бидете желни и за духовни дарби, а посебно за дарба да пророкувате.</s><s>2Зашто, кога некој зборува на непознати јазици, Бог ќе го разбере, но не и луѓето.</s><s>Тоа што го зборува воден од Светиот Дух, ќе остане тајна за луѓето.</s><s>3А оној што пророкува, им зборува на луѓето за да ги поучи, да ги опомене и да ги утеши.</s><s>4Оној што зборува на непознати јазици, самиот себе се надградува, а оној што пророкува ги надградува сите што се во црквата.</s><s>5Би сакал сите вие да имате дарба да зборувате на непознати јазици, но повеќе би сакал да умеете да пророкувате.</s><s>Оној што пророкува извршува поважна служба од оној што зборува на јазици, освен ако има и превод, па луѓето во црквата да можат да се поучат.</s><s>6Драги мои, ако дојдам кај вас и ви зборувам на непознати јазици, каква полза ќе имате, ако не ви откријам што значи тоа?</s><s>Каква полза ќе имате ако не ви кажам нешто што не го знаете, ако не ви пророкувам и не ве поучам?</s><s>7Дури и музичките инструменти, како на пример флејта или харфа, иако не се живи суштества, треба да испуштаат јасни тонови инаку, како ќе ја распознаваме мелодијата?</s><s>8Ако трубата не дава препознатлив звук, како ќе знаат војниците дека треба да се подготват за борба?</s><s>9Така и вие, ако не ја пренесете пораката со разбирливи зборови, како ќе се знае што сте рекле?</s><s>Зборувањето ќе ви биде во ветер!</s><s>10На светот постојат многу јазици и сите си имаат смисла за оние што ги разбираат.</s><s>11Но ако јас не го знам јазикот, ниту јас ќе можам да го разберам човекот што ми зборува на тој јазик, ниту тој ќе може да ме разбере мене.</s><s>12Затоа, кога сте веќе толку желни за духовни дарби, барајте такви дарби што ќе бидат најполезни за Црквата.</s><s>13Оној што има дарба да зборува на туѓ јазик, треба да се моли и за способност да им го преведе на слушателите.</s><s>14Зашто, ако се молам на јазик што не го разбирам, мојот дух се моли, но мојот разум нема никаква полза од тоа.</s><s>15Значи, што треба да правам?</s><s>Да се молам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум!</s><s>Да пеам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум.</s><s>16Во спротивно, ако се молите само во својот дух, како може оној што не ве разбира да каже „Амин“ на вашите искажани благодарности, кога не разбира што сте рекле?</s><s>17Вие можеби сте Му се заблагодариле на Бог на прекрасен начин, но во тоа нема поука за другите.</s><s>18Благодарен сум Му на Бог што јас зборувам повеќе јазици од сите вас, 19сепак во црквата претпочитам да кажам пет збора што сите ќе ги разберат и од нив ќе се поучат, отколку десет илјади зборови на јазик што никој не го разбира.</s><s>20Драги пријатели христијани, немојте да се однесувате како да сте со детски ум!</s><s>Во однос на злото, треба да бидете наивни како деца, но во расудувањето бидете со зрели умови.</s><s>21Во Светото писмо е напишано:</s> <s></s> <s>„Ќе му се обратам на овој народ на разни јазици,</s> <s>преку луѓе кои ќе им говорат на разни јазици,</s> <s>но ни тогаш нема да Ме послушаат“ - вели Господ.</s><s>22Духовниот дар да се зборува на туѓи јазици можеби им значи нешто на оние кои сѐ уште не поверувале, но не и на оние што веруваат.</s><s>Пророкувањето, од друга страна, е првенствено наменето за оние што веруваат, а не за оние што не веруваат.</s><s>23Замислете да се собере целата црква и сите да почнат да зборуваат на непознати јазици; ако влезе некој неупатен или неверен, зар нема да помисли дека сте полуделе!?</s><s>24Но ако во црквата се пророкува, па влезе некој неупатен или неверник, ќе слушне, ќе сфати дека е грешен и дека начинот на кој живее е за осуда.</s><s>25Додека слуша, ќе му бидат разоткриени тајните на неговото срце, па ќе клекне на колена и ќе Му се помоли на Бог, признавајќи дека Бог навистина е овде, меѓу вас.</s> <s>Ред на богослужбите</s> <s>26Значи, што барам јас од вас, драги пријатели христијани?</s><s>На вашите собранија, некој ќе сака да каже псалм, некој поука, некој нешто што Му е откриено од Бог, некој ќе зборува на непознат јазик, друг ќе го преведува.</s><s>Сите тие нешта треба да бидат за ваша духовна изградба.</s><s>27Ако некои посакаат да зборуваат на непознат јазик, нека зборуваат двајца или најмногу тројца и тоа еден по еден, а некој нека ги преведува.</s><s>28Ако нема кој да ги преведува, нека не зборуваат јавно во црквата, туку приватно, пред Бог.</s><s>29И кога се пророкува, нека зборуваат двајца или тројца, а другите нека размислуваат за кажаното.</s><s>30Ако некој од учесниците добие откровение од Бог, тогаш оној што зборува тогаш треба да заврши, па да почне другиот да зборува.</s><s>31Така сите што пророкуваат ќе можат да зборуваат, но само еден по еден, за сите да можат да научат нешто и да се охрабрат.</s><s>32Зашто и луѓето што пророкуваат треба да се контролираат и да си го чекаат својот ред!</s><s>33Бог не сака безредие, туку сака сѐ да се одвива во ред и мир, како што е во сите христијански цркви.</s><s>34Жените не треба да говорат на богослужбите.</s><s>Тие треба да молчат и да слушаат, како што наложува Мојсеевиот Закон.</s><s>35Ако нешто не им е јасно, нека ги прашаат дома своите мажи.</s><s>На жена не ѝ доликува да говори на богослужба.</s><s>36Божјото слово, драги христијани во Коринт, ниту започна од вас, ниту завршува кај вас!</s><s>37Ако некој се смета за пророк или за духовен човек, ќе сфати дека овие работи што ви ги напишав се заповеди од Господ.</s><s>38Ако некој го отфрла ова, Господ ќе го отфрли него!</s><s>39Така, драги мои, бидете желни да пророкувате.</s><s>Не забранувајте го зборувањето на непознати јазици, 40но сѐ мора да се прави пристојно и уредно!</s> <s>Глава 15</s> <s>Суштината на Радосната вест</s> <s>1Драги пријатели христијани!</s><s>Сакам да ве потсетам на Радосната вест што ви ја проповедав, која вие ја прифативте и која ви стана основа на верата.</s><s>2Таа Радосна вест што јас ви ја проповедав ќе ви донесе спасение, докалку цврсто се држите до неа, освен ако немате празна или лажна вера.</s><s>3Јас најпрвин ви ја пренесов најважната порака, онака како што и мене ми беше пренесена: Христос умре за нашите гревови, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо; 4беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо.</s><s>5Воскреснатиот Христос се јави на Петар и на дванаесетте апостоли, 6а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници заедно, од кои повеќето сѐ уште се живи, иако некои веќе починаа.</s><s>7Потоа му се јави на Јаков, а на крајот одново на сите апостоли.</s><s>8Најпосле по извесно време, ми се јави и мене, како на духовно недоносче.</s><s>9Јас се сметам за најмал меѓу апостолите.</s><s>Не заслужувам дури ни да се наречам апостол, бидејќи јас ја прогонував Божјата црква.</s><s>10Но, Бог ми беше милостиво благонаклонет, па станав тоа што сум и ја оправдав Неговата благонаклоност спрема мене.</s><s>Работев најмногу од сите апостоли, иако за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата благонаклоност спрема мене.</s><s>11Сепак, не е важно дали проповедам јас или некој од другите апостоли.</s><s>Важно е тоа што го проповедаме, и тоа што вие поверувавте.</s> <s>За воскресението на мртвите</s> <s>12Ако е јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат?</s><s>13Ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал!</s><s>14А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и нашето проповедање и вашата вера!</s><s>15Зашто, би испаднало дека тоа што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос!</s><s>16Ако е невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни Христос не бил воскреснат.</s><s>17Ако Христос не бил воскреснат, тогаш вашата вера е безвредна - вие сте и понатаму под осуда на вашите гревови!</s><s>18Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во Христос се неповратно загинати!</s><s>19Ако ние се надевавме на Христос само за овој живот, тогаш сите ние сме најмизерни од сите луѓе на светот!</s><s>20Но Христос воскресна од мртвите!</s><s>Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе бидат воскреснати од мртвите.</s><s>21Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос.</s><s>22Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос, повторно ќе оживеат, 23но според утврдениот ред.</s><s>Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе воскреснат и Христовите следбеници.</s><s>24После тоа ќе дојде крајот.</s><s>Христос ќе ги уништи сите зли владетели, власти и сили и ќе Му го предаде царувањето на Таткото Бог.</s><s>25Зашто Христос ќе владее, „сѐ додека не ги собори и згази сите Свои непријатели“.</s><s>26Последниот непријател што ќе биде уништен ќе биде смртта.</s><s>27Кога Светото писмо вели: „Сѐ ќе покори под Своите стапала.“ јасно е дека тоа не Го вклучува Бога, зашто Бог е Тој што ќе покори сѐ и ќе Му го потчини на Христос.</s><s>28Кога сѐ ќе биде под власта на Божјиот Син, тогаш Самииот Тој ќе Му се потчини на Бог, Кој претходно Нему Му потчини сѐ.</s><s>Така Бог целосно ќе владее над сѐ.</s><s>29Ако нема воскресение за мртвите, тогаш, што сакаат да постигнат луѓето што се крштаваат заради нив?</s><s>Зошто се крштаваат во име на мртвите, ако нема воскресение на мртвите!?</s><s>30Зошто ние секој миг се изложуваме на опасности?</s><s>31Зошто јас секојдневно се соочувам со смртта?</s><s>Ви се колнам дека е така, ви се колнам во она со што многу се гордеам пред нашиот Господ Исус Христос, а тоа е што вие станавте христијани.</s><s>32Ако во Ефес се борев со диви ѕверови надевајќи се само на она на што се надеваат обичните луѓе, каква корист ќе имам од тоа?</s><s>Ако нема воскресение за мртвите, тогаш:</s> <s></s> <s>„Да јадеме и да пиеме,</s> <s>зашто ионака наскоро ќе умреме!“</s> <s>33Не дозволувајте да ве залажат оние што така велат, зашто: „Лошото друштво го уништува добриот карактер!“ 34Вразумете се како што треба, и престанете да грешите!</s><s>Простете што ќе ви го кажам ова, но треба да се засрамите, што некои од вас сѐ уште не Го познаваат Бога!</s> <s>За новите воскреснати тела</s> <s>35Некој од вас ќе праша: „Како ќе воскреснат мртвите?</s><s>Какви тела ќе имаат?“ 36Размислете разумно: кога сеете некое семе, тоа најпрво умира, а потоа од него израснува жива билка.</s><s>37Она што го сеете е голо зрно пченица или нешто друго.</s><s>Семето изгледа сосема различно од растението што подоцна ќе изникне.</s><s>38На секое посадено семе Бог му дава тело какво што Тој сака.</s><s>Секое си има свое сопствено тело.</s><s>39А знаеме дека има разлики меѓу телата на луѓето, животните, птиците и рибите.</s><s>40Постојат и небесни и земни тела, но славата на небесните тела е различна од убавината на земните тела.</s><s>41Сјајот на сонцето се разликува од сјајот на месечината; поинаков е пак, сјајот на ѕвездите, а и ѕвездите меѓусебно се разликуваат по својот сјај.</s><s>42Слично ќе биде и со воскресението на мртвите.</s><s>Се закопува распадливо тело, а ќе воскресне бесмртно тело.</s><s>43Се погребува истоштено, грдо, слабо тело, а ќе воскресне славно и силно тело.</s><s>44Се погребува материјално тело, а ќе воскресне духовно тело.</s><s>Како што постои материјално тело, така постои и духовно тело.</s><s>45Во Светото писмо пишува: „Првиот човек, Адам, стана жива душа.“ А Христос, Кој може да биде наречен „Последниот Адам“, е Дух што дава живот.</s><s>46Но прво доаѓа материјалното тело, а потоа духовното.</s><s>47Првиот човек, Адам, беше создаден од земја, направен од земен прав.</s><s>Вториот човек, Христос, потекнува од небото.</s><s>48Какво што беше телото на Адам, такво е и телото на секој човек сега: тоа е тело создадено од земја.</s><s>Но на небото ќе имаме тела како Христовото тело, бидејќи Христос потекнува од небото.</s><s>49Како што сега личиме на Адам, на човекот направен од земен прав, така тогаш ќе личиме на Христос, на човекот што потекнува од небото.</s><s>50Драги мои, она што сакам да ви го кажам е дека телата од крв и месо не можат да го наследат Божјото царство.</s><s>Тие се разпадливи тела и како такви не можат да бидат жители на Божјото царство.</s><s>51Ќе ви откријам една тајна: сите нема да доживееме физичка смрт, сите ќе бидеме преобразени.</s><s>52Тоа ќе се случи брзо, за еден миг на окото.</s><s>Кога ќе се огласи последната труба, починатите Христови следбеници ќе бидат воскреснати во бесмртни тела, а ние што сме живи ќе бидеме преобразени исто така во бесмртни тела.</s><s>53Неопходно е нашите распадливи тела да се преобразат во нераспадливи, и тоа што е смртно да се преобрази во бесмртно.</s><s>54Кога нашите распадливи тела ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно, тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото писмо:</s> <s><бр Ѓ> „Смртта е уништена и победата е целосна!“ 55<О, смрт, каде е твојата победа?</s> <s>О, смрт, каде е твоето осило?“ 56Гревот е осилото на смртта, а силата на гревот почива врз одредбите на Божјиот закон.</s><s>57Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа.</s><s>58Затоа, драги пријатели христијани, бидете цврсти и непоколебливи, секогаш подготвени да го унапредувате делото Господово, свесни дека тоа што го работите за Господ нема да биде попусто.</s> <s>Глава 16</s> <s>Доброволни прилози за Ерусалимската црква</s> <s>1А сега нешто во врска со доброволните прилози за христијаните во Ерусалим.</s><s>Она што им го кажав на црквите во Галатија важи и за вас.</s><s>2Секој прв ден во неделата, секој од вас нека издвои на страна дел од она што го заработил и нека го чува кај себе, за да не собирате прилози дури кога јас ќе дојдам.</s><s>3Кога ќе пристигнам, ќе испратиме луѓе што вие ги сметате за достојни да го однесат во Ерусалим она што вие со љубов ќе го подарите, а ќе составиме и пригодни писма.</s><s>4Ако можам да појдам и јас, ќе отпатуваме заедно.</s> <s>Завршни упатства</s> <s>5Ќе дојдам кај вас откако најпрво ќе ја посетам Македонија, зашто планирам да патувам преку Македонија.</s><s>6Ќе останам кај вас извесно време, можеби и целата зима, а потоа ќе ме испратите на моето следно патување.</s><s>7Не сакам да ве посетам сега, само на минување, туку сакам, ако Господ допушти, да останам кај вас извесно време.</s><s>8Ќе останам во Ефес сѐ до Духовден, 9зашто за мене овде се отвори широко поле за работа и се надевам на успех, иако има и многумина што ми се противставуваат.</s><s>10Ако дојде Тимотеј, погрижете се да му обезбедите спокоен престој кај вас, бидејќи и тој работи за Господ, како што работам и јас.</s><s>11Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.</s><s>12Во врска со братот Аполос, јас многу го молев да дојде кај вас, заедно со другите браќа христијани, но тој не сакаше да тргне кај вас сега.</s><s>Ќе дојде тогаш кога ќе има можност.</s><s>13Бидете постојано будни и непоколебливи во она што го верувате; бидете храбри и силни.</s><s>14Сѐ што работите нека биде со љубов.</s><s>15Сега, драги мои, ве молам за семејството на Стефан, првиот христијанин во Ахаја, кој се стави во служба на верните.</s><s>16Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него.</s><s>17Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас.</s><s>18Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам.</s><s>Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.</s> <s>Поздрави</s> <s>19Ве поздравуваат црквите од покраината Азија.</s><s>Акила и Приска, заедно со оние што се собираат во нивниот дом, од сѐ срце ве поздравуваат.</s><s>20Ве поздравуваат сите христијани.</s><s>Поздравете се најсрдечно еден со друг.</s><s>21Со своја рака ви пишувам: поздави од мене Павле.</s><s>22Проклет нека биде оној што нема љубов спрема Господ!</s><s>Мараната (Дојди Господе!)!</s><s>23Господ Исус нека ви биде благонаклонет.</s><s>24Ве сакам сите што сте следбеници на Исус Христос.</s>
7245
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%82%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Коринт (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Павле, наименуван од Бог да Му биде апостол на Исус Христос,</s> <s>и од нашиот драг брат Тимотеј,</s> <s>до Божјата црква во градот Коринт и до сите христијани во цела Ахаја.</s><s>2Ви посакувам Бог, нашиот небесен Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.</s> <s>Утешителот Бог</s> <s>3Благословен нека е Бог, Кој е и Татко на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдието и Бог од Кој ни доаѓа секоја утеха!</s><s>4Во секоја наша невола нѐ утешува, за да можеме и ние да ги утешуваме другите што се во некаква невола, со истата утеха со која Бог нас нѐ утешува.</s><s>5Колку повеќе страдаме за Христос, толку повеќе Бог ќе нѐ опсипе со утеха преку Христос.</s><s>6Кога ние страдаме, тоа е за ваше добро и за ваше спасение, зашто кога Бог ќе нѐ утеши нас, тоа и за вас ќе претставува охрабрување и така ќе бидете поподготвени трпеливо да поминете низ истите страдања низ кои ние сега минуваме.</s><s>7Имаме цврста верба во вас, иако знаеме дека сега минувате низ страдања низ кои и ние сме минувале, но ќе бидете утешени на истиот начин на кој и ние бевме утешени.</s><s>8Сметам, драги пријатели христијани, дека треба да знаете за страдањата низ кои ние поминавме во покраината Азија.</s><s>Тие беа толку тешки и неподносливи, што загубивме секаква надеж дека ќе останеме живи.</s><s>9Помисливме дека ќе умреме и престанавме да се потпираме на сопствените сили.</s><s>Му се препуштивме на Бог, Кој и мртви може да воскресне.</s><s>10Тој нѐ избави од сигурна смрт и пак ќе нѐ избавува.</s><s>На Него се надеваме и знаеме дека ќе продолжи да нѐ избавува.</s><s>11Вие ни помагате со тоа што се молите за нас.</s><s>Кога тие многубројни молитви ќе бидат одговорени и Бог ќе ни ја покаже својата дарежлива благонаклоност, многу луѓе ќе Му бидат благодарни.</s> <s>Икреност и отвореност</s> <s>12Ние можеме да бидеме горди на нашата чиста совест.</s><s>Спрема сите луѓе, а посебно спрема вас, бевме отворени и искрени, онака како што Бог нѐ учи.</s><s>Не постапувавме онака како што телесен човек би сметал дека е мудро, туку нѐ водеше Бог, Кој ни беше благонаклонет.</s><s>13Моите писма се јасни.</s><s>Нема ништо неразбирливо, или скриено меѓу редови.</s><s>Се надевам дека еден ден сѐ ќе ви биде јасно, 14иако сега само делумно ви е јасно.</s><s>Така, на денот кога нашиот Господ Исус ќе се врати, вие ќе се гордеете со нас, а ние со вас.</s> <s>Причини за одлагање на посетата на Коринт</s> <s>15Со таа увереност имав намера да дојдам прво кај вас, и дури двапати да ви бидам полезен: 16еднаш да ве посетам на одење накај Македонија, а потоа на враќање од Македонија повторно да свратам кај вас и оттаму вие да ме испратите за Јудеја.</s><s>17Се надевам дека нема да ме обвините оти не си стојам на зборот и дека се однесувам како световните луѓе кои кога велат да, всушност мислат не.</s><s>18Бог ми е сведок дека нашето „да“ не е двосмислено, па да значи и „не“, 19затоа што Божјиот Син, Исус Христос, за Кого ви проповедавме јас, Силван и Тимотеј, не зборуваше двосмислено, туку она што ќе го кажеше секогаш беше и остануваше така како што е кажано.</s><s>20Сите Божји ветувања се исполнети во Него.</s><s>Затоа кога на Бог Му оддаваме слава преку Исус велиме „Амин“.</s><s>21Бог е Тој што и вам и нам ни дава сили да стоиме цврсто на страната на Христос.</s><s>Тој нѐ одбра, 22го всели Својот печат врз нас и Го стави во нашите срца Својот Дух како потврда дека сме Негови.</s><s>23Бог ми е сведок дека причината за моето недоаѓање во Коринт беше со цел да ве поштедам од укорување.</s><s>24Ние не сме ви господари што ќе ви кажуваат како треба, а како не треба да верувате.</s><s>Сакаме само да соработуваме со вас, за да бидете исполнети со радост, зашто вие во верата сте непоколебливи.</s> <s>Глава 2 1Решив да не ве нажалам со уште една болна посета.</s><s>2Ако јас вас ве натажам, кој мене ќе ме развесели?</s><s>Зар тие кои штотуку сум ги натажил?</s><s>3Затоа така ви напишав во моето претходно писмо, та кога ќе дојдам да не ме нажалат оние кои одвај чекам да ме зарадуваат.</s><s>Уверен сум дека знаете оти кога сте среќни вие, среќен сум и јас.</s><s>4Колку тешко ми беше да ви го напишам претходното писмо!</s><s>Ви пишував длабоко нажален, со болка во срцето и со солзи во очите.</s><s>Не сакав да ве повредам.</s><s>Сакав само да сфатите колку е голема мојата љубов спрема вас.</s> <s>Треба да му се прости на тој што згрешил</s> <s>5Не претерувам ако речам дека човекот што ја направи целава оваа невола повеќе ве нажали сите вас, отколку мене.</s><s>6Но повеќето од вас се усогласивте по ова прашање и казната што му ја изрековте е доволна.</s><s>7Сега треба да му простите и да го утешите, за да не биде толку повреден што нема да биде во состојба духовно да се врати и да закрепне.</s><s>8Затоа, ве молам, покажете му на тој човек дека сѐ уште го сакате!</s><s>9Ви го пишувам ова бидејќи сакам да ве проверам и да видам дали сте подготвени да се придржувате до сите мои упатства.</s><s>10А на тој на кого вие ќе му простите, му простувам и јас.</s><s>А тоа што јас веќе сум простил, ако воопшто сум имал нешто за простување, тоа е за ваша полза пред Христос.</s><s>11Ако не постапуваме така, сатаната ќе нѐ надмудри, а знаеме какви се неговите намери!</s> <s>Апостолската служба</s> <s>12Кога пристигнав во Троада за да ја проповедам Радосната вест за Христос, видов како Господ пред мене отвора ново поле за работа.</s><s>13Но немав душевен мир, бидејќи мојот драг пријател Тит не се беше вратил откај вас.</s><s>Затоа, се збогував со луѓето во Троада и заминав за Македонија, за таму да се сретнам со Тит.</s><s>14Но, благодарни сме Му на Бог, Кој, на чело со Христос, секогаш нѐ води во победа.</s><s>Преку нас Тој насекаде ја шири вистината за Христос, како што се шири миризливоста од пријатен мирис.</s><s>15За Бог ние сме како пријатен мирис што го приближува Христос кон сите: и кон оние што Го прифаќаат и се спасуваат, и кон оние што Го одбиваат и пропаѓаат.</s><s>16За жал, на оние што Го одбиваат Христос, овој мирис ќе им биде смртна пресуда.</s><s>На оние, пак, што Го прифаќаат Христос, ние сме им како најпријатен мирис што им носи вечен живот.</s><s>Кој е способен да извршува ваква служба?</s><s>17Ние не сме трговци - а такви ги има многу - што се обидуваат да заработат пари од проповедање на Божјиот слово!</s><s>Ние проповедаме за Христос искрено, како што Бог сака.</s><s>Нас Бог нѐ испрати и Тој нѐ надгледува.</s> <s>Глава 3 1Можеби ова ви звучи како самите да се препорачуваме?</s><s>Дали нам ни се потребни, како што им се потребни на некои, писмени препораки за да проповедаме кај вас, или пак препораки од вас?</s><s>2Вие сте нашата препорака, запишана во нашите срца, која сите луѓе можат да ја видат и прочитаат.</s><s>3Очигледно е дека вие сте препораката што ја имаме, која преку нашиот труд е напишана од Христос, не со мастило, туку со Духот на Живиот Бог; не врз камени плочи, туку врз човечки срца.</s><s>4Уверени сме во ова затоа што, преку Христос, имаме доверба во Бог.</s><s>5Нема ништо во нас што би ни дало за право да тврдиме дека сме способни да направиме нешто од трајна вредност.</s><s>Нашата способност доаѓа од Бог.</s><s>6Тој нѐ оспособи да го претставуваме Неговиот нов завет.</s><s>Тоа не е завет од пишани закони, туку од Светиот Дух.</s><s>Стариот начин, преку пишаниот закон, води кон смрт, а новиот начин, преку Светиот Дух, дава живот.</s> <s>Величественоста на Новиот завет</s> <s>7Мојсеевиот Закон беше врежан само на камени плочи, па сепак беше даден со таков блесок што луѓето не можеа да гледаат во лицето на Мојсеј, иако сјајот што тој го имаше полека бледнееше.</s><s>Ако тојЗакон што води во смрт беше даден на така величествен начин, 8колку повеличествено ќе биде дејствувањето на Светиот Дух!?</s><s>9Ако стариот завет што доведе до осуда на сите луѓе беше толку величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде новиот завет што ни овозможува да се стекнеме со праведност пред Бог!</s><s>10Токму поради тоа што новото е далеку повеличествено, старото го загуби својот сјај!</s><s>11Ако стариот завет, кој веќе е надминат, беше величествен, тогаш колку повеличествен ќе биде новиот завет, чија слава ќе трае вечно!?</s><s>12Токму поради тоа што имаме таква прекрасна надеж, можеме толку смело да настапуваме.</s><s>13Ние не сме како Мојсеј, кој ставаше превез врз лицето, за да не забележат луѓето дека сјајот на неговото лице бледнее и исчезнува.</s><s>14Но умовите им закоравеа, па и ден-денес, кога го читаат Стариот завет, превез им ги покрива умовите и тие не можат да ја согледаат вистината.</s><s>Тој превез се отстранува само кога човек ќе поверува во Христос.</s><s>15Да, дури и денес, кога ги читаат Мојсеевите книги, превез им ги покрива срцата и тие не разбираат.</s><s>16Но кога човек ќе се сврти кон Господ, превезот се отстранува.</s><s>17Господ е во единство со Духот и каде што е присутен Господовиот Дух, Тој донесува слобода.</s><s>18Сите ние, пред чии лица нема превез, сме одраз на славата Господова, како во огледало.</s><s>Со помош на Господовиот Дух доживуваме преобразба и стануваме сѐ послични на нашиот славен Господ.</s> <s>Глава 4</s> <s>Храбри Христови пратеници</s> <s>1Затоа сега, кога како израз на Божјата милост ја добивме оваа служба, ние не се обесхрабруваме.</s><s>2Се откажавме од сите подмолни и срамни работи.</s><s>Не се служиме со итрини и не го извртуваме Божјиот збор, туку јасно, пред Бог, му ја откриваме вистината на секој човек, оставајќи му ја одлуката на неговата совест.</s><s>3Ако Радосната вест што ние ја проповедаме е скриена од некого, тоа е јасен знак дека тој се определил за пропаст.</s><s>4Но на таквите сатаната, богот на овој зол свет, им го заслепил разумот и тие не можат да го видат прекрасниот сјај на Радосната вест што ни доаѓа од преславниот Христос, Кој, како слика, точно Го одразува самиот Бог.</s><s>5Ние не се истакнуваме себеси, туку проповедаме дека Исус Христос е Господ, а ние сме ви на услуга, заради Исус.</s><s>6Зашто Бог, Кој рече: „Нека се појави светло во темнината!“, Тој ги просветли и нашите срца, за да согледаме дека Неговата слава се одразува во ликот на Исус Христос.</s><s>7Но ова скапоцено богатство го носиме во обични земјани садови, односно во нашите смртни тела.</s><s>Така на сите им е јасно дека оваа величествена сила доаѓа од Бог, а не од нас.</s><s>8Од сите страни сме притиснати, но не сме поразени.</s><s>Понекогаш сме збунети, но не сме без надеж.</s><s>9Прогонувани сме, но Бог не нѐ оставил.</s><s>Нѐ соборуваат наземи, но не сме уништени.</s><s>10Преку страдањата на овие наши тела, ние постојано учествуваме во смртните страдања на Исус, за да се види и Неговиот живот во нашите тела.</s><s>11Живееме под постојани закани дека ќе нѐ убијат поради тоа што проповедаме за Исус, за да може Исусовиот живот да се пресликува во нашите смртни тела.</s><s>12И така, додека смртта си ја покажува силата против нас, вечниот живот ја покажува својата сила во вас.</s> <s>Надеж во воскресението</s> <s>13Ние ќе продолжиме да проповедаме, бидејќи и ние ја имаме истата вера што ја имал псалмистот кога рекол: „Верував во Бог и затоа зборував.“ 14Знаеме дека истиот онојБог, Кој Го воскресна Господ Исус, и нас ќе нѐ воскресне.</s><s>Потоа, и нас и вас, заедно со Исус, ќе нѐ доведе кај Себе.</s><s>15Сето ова е за ваша полза.</s><s>Така сѐ повеќе и повеќе луѓе ќе дознаваат дака Бог дарежливо им е благонаклонет и ќе Му искажуваат благодарност, а Бог сѐ повеќе ќе се прославува.</s><s>16Затоа ние не се обесхрабруваме.</s><s>Иако нашите тела постепено пропаѓаат, духот во нас секојдневно се обновува.</s><s>17Овие мали и привремени тешкотии низ кои минуваме ќе ни донесат неизмерна слава што ќе трае вечно.</s><s>18Затоа ние не се сосредоточуваме на она што сега се гледа, туку на придобивките што допрва ќе се видат.</s><s>Зашто сѐ што е сега видливо е привремено, а тоа што еден ден ќе го видиме е вечно.</s> <s>Глава 5</s> <s>Очекуваме нови, вечни тела</s> <s>1Знаеме дека кога ќе пропадне овој >шатор' во кој сега живееме, односно, нашето овоземно тело, нѐ очекуваат на небото вечни домови направени од Бог, а не од човечка рака.</s><s>2Во нашите сегашни тела офкаме и копнееме по денот кога како нова облека ќе ги облечеме нашите небесни тела, 3зашто ние нема да бидеме голи духови, без тела, туку ќе ги облечеме нашите нови, небесни тела.</s><s>4Додека живееме во овој овоземен шатор, односно во нашите смртни тела, офкаме бидејќи имаме мака.</s><s>Но ние не копнееме по тоа да умреме и да останеме без тела, туку со нетрпение чекаме да се преселиме во нашите нови тела, па вечниот живот да го проголта ова смртно тело.</s><s>5Бог нѐ подготви за тоа и ни Го даде Светиот Дух како гаранција дека тоа навистина ќе се случи.</s><s>6Затоа ние секогаш сме смели, и покрај тоа што сѐ додека сме во ова овоземно тело, ние не сме дома, кај Господ.</s><s>7Верата е она што нѐ движи напред, а не тоа што сега го гледаме.</s><s>8Храбри сме, бидејќи повеќе сакаме да се иселиме од ова наше овоземно тело и да си одиме дома, кај Господ.</s><s>9Затоа, било да сме дома кај Господ, или да сме овде, сакаме да го работиме тоа што Нему Му е по волја.</s><s>10Секој од нас ќе треба да се појави пред Христовиот суд, за да го прими она што го заслужил со своите добри или лоши постапки додека бил во овоземното тело.</s> <s>Ние сме Божји амбасадори</s> <s>11Ние имаме страхопочит спрема Господ, и затоа со сите сили се обидуваме да им всадиме вера и на другите луѓе.</s><s>Бог знае дека сме искрени, а се надевам дека длабоко во себе и вие знаете какви луѓе сме.</s><s>12Не, не ни е намерата да ви се наметнуваме, туку да ви дадеме аргументи за да се гордеете со нас, и да можете да им одговорите на оние што се фалат со својата надворешност, а не со внатрешни квалитети.</s><s>13Ако ви изгледаме надвор од себе, тоа е за да Му донесеме слава на Бог.</s><s>Ако, пак, разумот нѐ води, тоа е за ваша полза.</s><s>14Што и да работиме, тоа е затоа што нѐ раководи љубовта на Христос.</s><s>Како што веруваме дека Христос умре за сите луѓе, така веруваме и дека сите ние умревме за стариот начин на живот што го живеевме.</s><s>15Тој умре за сите нас и затоа тие што го прифаќаат од Него подарениот, нема веќе да живеат за да си угодуваат самите на себе, туку ќе живеат за да Му угодат на Христос, Кој умре и воскресна за нив.</s><s>16Затоа, ние веќе никого не вреднуваме според телесните постигнувања.</s><s>Ако порано така гледавме на Христос сега веќе не гледаме така.</s><s>17Тоа значи дека кога некој ќе стане христијанин, тој е веќе нова личност.</s><s>Не е веќе ист како порано, зашто со стариот живот е веќе завршено.</s><s>Започнува нов живот!</s><s>18Тој нов живот доаѓа од Бог, Кој, преку Христос, нѐ помири со Себе и ни ја довери задачата да им објаснуваме на луѓето како и тие да се помират со Него.</s><s>19Нашата порака е дека Бог беше во Христос и му понуди помирување на целиот свет со Себе, готов да им ги прости гревовите на луѓето.</s><s>Таа порака, која објаснува како можеме да се помириме со Бог, ни ја довери нам, за да им ја проповедаме на сите луѓе.</s><s>20Ние сме амбасадори на Христос, и преку нас Бог ви говори.</s><s>Во име на Христос, ве молиме: помирете се со Бог!</s><s>21Бог Го даде Христос, Кој немаше никаков грев, да биде жртва за нашиот грев, та преку Него ние да се здобиеме со Божја праведност.</s> <s>Глава 6 1Ние, во улога на Божји соработници, ве молиме да не ја пропуштите Божјата милосрдна благонаклоност спрема вас, 2зашто Бог вели:</s> <s></s> <s>„Повикај Ме во вистинскиот час</s> <s>и Јас ќе ти ја услишам молитвата;</s> <s>побарај Ме во денот кога ти нудам спасение</s> <s>и Јас ќе ти помогнам!“</s> <s>Денес е вистинскиот час!</s><s>Денес е денот кога ти нудам спасение!</s> <s>Тешкотиите со кои се соочувал Павле</s> <s>3Не даваме повод нашето поведение некого да поколеба да поверува во Господ, затоа се трудиме нашата работа да биде беспрекорна.</s><s>4Во сѐ се однесуваме како Божји службеници, стрпливо поднесувајќи ги сите напади, страдања и тешкотии.</s><s>5Нѐ тепаат, нѐ ставаат в затвор, креваат бунтови против нас, а ние работиме, минуваме бессони ноќи и гладуваме.</s><s>6Се докажувавме преку нашата чистота, знаење, стрпливост, љубезност, преку силата на Светиот Дух и преку нашата искрена љубов.</s><s>7Верно ја проповедаме вистината.</s><s>Божјата сила работи во нас.</s><s>Праведноста е нашето оружје и за напад и за одбрана.</s><s>8Му служиме на Бог без разлика дали луѓето нѐ почитуваат, или нѐ презираат, дали имаат добро или лошо мислење за нас.</s><s>Ние сме чесни, но тие нѐ нарекуваат измамници.</s><s>9Сите знаат за нас, а се однесуваат спрема нас како да не нѐ познаваат.</s><s>Соочени со смртни закани, а сепак, ете, живи сме.</s><s>Казнувани сме, но не сме убиени.</s><s>10Се обидуваат да нѐ растажат, но ние сепак сме радосни.</s><s>Сиромашни сме, но на многумина им дадовме духовно богатство.</s><s>Немаме ништо, а сепак поседуваме сѐ.</s><s>11Драги наши пријатели во Коринт, ние искрено ви проговоривме, широко ги отворивме нашите срца.</s><s>12Не сме ние затворени спрема вас, туку вие сте затворени спрема нас.</s><s>13Како на свои деца ви велам: отворете ги и вие вашите срца спрема нас!</s> <s>Пазете се од штетни компромиси</s> <s>14Немојте да се здружувате со неверници!</s><s>Како може праведен и неправеден да работат заедно?</s><s>Како може светлината и темнината да живеат заедно?</s><s>15Може ли да има слога меѓу Христос и ѓаволот?</s><s>Каква заедница може да има еден христијанин со безверник?</s><s>16Треба ли во Божјиот храм да ставате и идоли?</s><s>Ние сме храмови на Живиот Бог.</s><s>Како што Самиот Тој вели за Своите следбеници:</s> <s></s> <s>„Ќе живем во нив,</s> <s>ќе се движам меѓу нив;</s> <s>Јас ќе бидам нивни Бог,</s> <s>а тие Мој народ.“ 17<>Затоа, напуштете ги оние што не Му припаѓаат на Бог,</s> <s>одвојте се од нив,' - вели Господ.</s> <s>>Не мешајте се со она што е нечисто</s> <s>и Јас ќе ве прифатам.'“ 18<>Ќе ви бидам Татко,</s> <s>а вие ќе бидете</s> <s>Мои синови и ќерки,'</s> <s>- вели Семоќниот Господ.“</s> <s>Глава 7 1Драги пријатели, сега кога ги знаеме сите овие ветувања, да се исчистиме од сѐ што може да ги оскверни нашето тело или дух.</s><s>Да се трудиме, од страхопочит спрема Бог, да стануваме телесно и духовно сѐ почисти, до совршенство.</s> <s>За односите меѓу апостол Павле и црквата во Коринт</s> <s>2Направете повеќе место за нас во вашите срца!</s><s>Ние никого не сме онеправдале, никого не сме завеле, никого не сме измамиле и искористиле.</s><s>3Не го велам ова за да ве обвинувам.</s><s>Вие сте ни толку прираснати за срце што сме готови со вас да го делиме и животот и смртта.</s><s>4Имам голема доверба во вас.</s><s>Се гордеам со вас и навистина сте големо охрабрување за мене.</s><s>И покрај сите наши тешкотии, мојата радост не знае за граници.</s><s>5Откако дојдовме во Македонија, немаме мир.</s><s>Се соочуваме со неволи од сите страни: однадвор напади, однатре стравови.</s><s>6Но Бог, Кој ги охрабрува потиштените, со доаѓањето на Тит ни ја врати храброста.</s><s>7Охрабрување за нас беше не само неговото доаѓање, туку и тоа што тој ни го пренесе за вас: како вие него сте го охрабриле, колку сте биле желни да ме видите, колку тагувате и колку ревносно сте приврзани за мене.</s><s>Тоа уште повеќе ме зарадува.</s><s>8Дури и ако сум ве нажалил со претходното писмо што ви го пратив, не се каам што го сторив тоа.</s><s>Извесно време ми беше жал, зашто тоа писмо привремено ве натажи 9но сега се радувам, не затоа што ве нажалив, туку затоа што тоа ве доведе до покајување.</s><s>Таа жалост ви е од Бог.</s><s>Ние со ништо не сакавме да ве повредиме.</s><s>10Бог може да ја употреби жалоста во нашите животи за да ни помогне да се оттргнеме од гревот и да бараме спасение.</s><s>Ако сте доживеале таква жалост, не треба да ви биде криво.</s><s>Опасна е жалоста што не води кон покајание, бидејќи таа води во смрт.</s><s>11Видете колку позитивно се одрази на вас таа жалост од Бога!</s><s>Ве направи многу поотворени и поревносни да покажете дека не сте виновни.</s><s>Каква огорченост, каква тревога, каква желба, грижа и решителност да се казни прекршителот!</s><s>Со сето ова покажавте дека во однос на таа работа вие сте чисти.</s><s>12Зашто, кога ви го напишав тоа писмо, не ми беше намерата да го обвинам оној што направил прекршок, ниту да го бранам оној што бил онеправдан.</s><s>Ви напишав за да ви покаже Бог колку сте приврзани кон нас.</s><s>13Тоа навистина нѐ охрабри.</s> <s>Не само што ова нѐ охрабри, туку уште повеќе нѐ зарадува тоа што Тит се врати радосен.</s><s>Сте му покажале дека нема причина да биде загрижен.</s><s>14Сето она за што сум ве фалел пред него се потврди како вистина и не ме посрамивте.</s><s>Секогаш сум ја зборувал вистината за вас, па така и тоа што ве фалев пред Тит се потврди дека е вистина.</s><s>15Кога Тит видел колку сте вие послушни, со колкава страхопочит и трепет во срцето сте го пречекале, тој уште повеќе ве засака.</s><s>16Многу сум радосен што можам да имам целосна доверба во вас.</s> <s>Глава 8</s> <s>ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ ВО ЕРУСАЛИМ</s> <s>1Драги пријатели христијани во Коринт: сакаме да ве известиме за Божјата милосрдна благонаклоност кон црквите во Македонија.</s><s>2Тие поминаа низ големи искушенија и низ многу неволи, но нивната радост е толку голема што, и покрај нивната голема сиромаштија, тие се многу дарежливи.</s><s>3Јас сум сведок дека тие дадоа толку доброволни прилози колку што им се можностите, па и повеќе.</s><s>4Многу нѐ молеа да им дадеме можност и тие да се вклучат во собирањето доброволни прилози за помош на христијаните во Ерусалим.</s><s>5Направија повеќе отколку што очекувавме.</s><s>Прво самите себе Му се предадоа на Господ, а потоа ни се предадоа и нам, следејќи ја Божјата волја.</s><s>6Затоа го замоливме Тит, кој од порано ја започна оваа служба на милосрдие меѓу вас, да се врати кај вас и да ја доврши.</s><s>7Како што вие во многу нешта се истакнувате и имате: вера, проповедници, знаење, сериозен однос, љубов спрема нас, така погрижете се и вашата милосрдна дарежливост да не заостане.</s><s>8Ова не е наредба, туку, гледајќи ја ревноста со која другите ѝ пристапуваат на оваа задача, сакам да проверам колку е искрена вашата љубов.</s><s>9Вие знаете каков милосрден дар ни даде нашиот Господ Исус Христос!</s><s>Иако беше богат, заради вас Тој стана сиромашен, та преку Неговата сиромаштија вие да станете богати.</s><s>10Пред една година вие први почнавте да давате прилози и го правевте тоа од сѐ срце.</s><s>Затоа ви препорачувам сега да го довршите тоа дело; тоа ќе биде добро и за вас.</s><s>11Довршете ја оваа работа со истата ревност со која и ја започнавте.</s><s>Дајте толку колку што можете.</s><s>12Ако постои добра волја, таа се цени според можностите на секој дародавател.</s><s>Никој не очекува да дадете нешто што немате.</s><s>13Не велам давајќи за другите, вие да западнете во невола, туку повикувам на еднаквост.</s><s>14Сега, кога вие имате во изобилие, треба да им помогнете на оние што се во немаштија, па кога тие ќе имаат во изобилие, а вие ќе бидете во скудност, тие вам да ви помогнат, па така да постои еднаквост меѓу нас.</s><s>15Сетете се што пишува во Светото писмо:</s> <s></s> <s>„На оној што собра многу</s> <s>ништо не му преостана,</s> <s>а на оној што собра малку</s> <s>сепак, му достаса.“</s> <s>2) Апостол Павле препорачува хуманитарни работници</s> <s>16Му благодарам на Бог што во срцето на Тит ја стави истата грижа што јас ја чувствувам за вас.</s><s>17Тој, не само што ја прифати нашата молба да дојде кај вас, туку одвај чекаше што побрзо да тргне на пат!</s><s>18Со него ви испраќаме уште еден наш брат кој е проповедник на Радосната вест, и ужива голема почит меѓу сите цркви.</s><s>19Освен тоа, тој е одбран од црквите да патува со нас кога ќе ги носиме доброволните прилози во Ерусалим.</s><s>Тоа дело е за слава на Господ и ја покажува нашата готовност да помогнеме.</s><s>20Ќе патуваме заедно, за да не му дадеме никому повод да нѐ озборува дека сомнително располагаме со овие вредни дарови, 21зашто сакаме да бидеме чесни не само пред Господ, туку и пред луѓето.</s><s>22Со нив ви испраќаме и еден наш брат чија искреност повеќепати сме ја провериле во многу работи.</s><s>Тој сега уште повеќе сака да помогне, зашто има голема доверба во вас.</s><s>23Ако некој се распрашува за Тит, кажете му дека тој е мој другар и соработник во мојата служба меѓу вас.</s><s>Што се однесува до браќата што ќе го придружуваат, тие се претставници на црквите.</s><s>Тие се прекрасен пример како треба да се работи за слава на Христос.</s><s>24Покажете љубов спрема нив, за да видат црквите дека ние со право се гордееме со вас.</s> <s>Глава 9</s> <s>3) Доброволни прилози од Коринт за христијаните во Ерусалим</s> <s>1Излишно е да ви пишувам дека треба да собираме помош за христијаните во Ерусалим.</s><s>2Знам дека вие сте готови да помогнете.</s><s>Со гордост им зборував на христијаните во Македонија дека вие, христијаните од Ахаја, уште од лани бевте подготвени да дадете доброволни прилози.</s><s>Токму вашата ревност ги поттикна и нив.</s><s>3Затоа сега бидете подготвени, зашто ги испраќам браќата кај вас; да не испадне дека напразно сме ве фалеле!</s><s>4Можеби ќе дојдат со мене и неколку Македонци.</s><s>Ако видат дека вие не сте подготвени, јас би се засрамил, затоа што изразив голема доверба спрема вас.</s><s>Вие уште повеќе би се засрамиле.</s><s>5Значи сметав дека е неопходно да ги замолам браќата да дојдат кај вас пред јас да дојдам, и да ги соберат прилозите што вие уште отпорано ги ветивте.</s><s>Така тоа нема да биде изнуден прилог, туку великодушен подарок од вас.</s><s>6Едно сакам да ви припомнам: кој скржаво сее, скржаво и ќе жнее; кој штедро сее, штедро и ќе жнее!</s><s>7Секој нека даде онолку колку што самиот ќе реши, без да му биде жал или сосила да се принудува.</s><s>Бог ги сака оние што даваат со радост.</s><s>8А Бог може толку изобилно да ве благослови, така што секогаш ќе имате доволно од сѐ што ви треба, па од изобилието ќе можете да правите разновидни добри дела.</s><s>9Како што е напишано во Светото писмо:</s> <s></s> <s>„Дарежливиот човек</s> <s>на сиромасите штедро им дава,</s> <s>праведноста негова</s> <s>ќе се памти довека!“</s> <s>10Бог, Кој обезбедува семе за сеидба, ќе обезбеди и леб за прехрана.</s><s>А така ќе ви создаде и многубројни можности да сеете добри дела, па плодовите од вашата праведност ќе бидат обилни.</s><s>11Ќе ве направи богати во сѐ, така што уште поштедро ќе можете да давате.</s><s>Кога ќе им ги однесеме вашите дарови на оние што се во скудност тоа ќе ги поттикне од сѐ срце да Му се заблагодарат на Бог.</s><s>12Зашто, извршувањето на оваа служба, освен што ќе им ги исполни потребите на христијаните во Ерусалим, во исто време ќе поттикне изливи на благодарност спрема Бог.</s><s>13Значи, тие ќе Му оддадат слава на Бог благодарение на тоа што вие на дело се докажавте во оваа служба.</s><s>Тоа ќе им биде доказ дека вие навистина живеете според принципите на Радосната вест од Христос, која вие ја исповедате и поради која толку штедро давате и за нив и за сите.</s><s>14Тие со голема љубов ќе се молат за вас, затоа што Бог токму преку вас им покажа колку милосрдно им е благонаклонет.</s><s>15А сите ние сме Му благодарни на Бог за Неговиот дар што со зборови не може да се искаже*.</s> <s>Глава 10</s> <s>Павле зборува за овластувањата што ги има од Бог</s> <s>1Сега јас, Павле, лично ве молам со кроткост и љубезност какви што би покажал Христос, да ме послушате, иако некои од вас зборувале дека сум бил строг, кога сум далеку од вас, а малодушен кога сум кај вас.</s><s>2Не би сакал да бидам принуден да покажам строгост спрема оние што тврдат дека нас нѐ водат телесни мотиви.</s><s>3Ние сме од крв и месо, ама не војуваме со телесни, световни методи.</s><s>4Не сме вооружени со човечки оружја, туку со моќните Божји оружја.</s><s>Со нив ги уриваме сатанските упоришта 5и ги соборуваме сите зли мудрувања и сѐ друго што ги попречува луѓето да Го запознаат Бога.</s><s>Ја поразуваме секоја бунтовна човечка мисла и ја учиме да Му биде послушна на Христос.</s><s>6Ние сме готови да ги казниме оние што не се послушни во сѐ, но дури откако вие ќе покажете дека сте целосно послушни.</s><s>7Многу површно гледате на работите*!</s><s>Треба да ви биде јасно дека и ние Му припаѓаме на Христос исто толку колку што за себе го тврдат тоа оние што гордо изјавуваат дека се Христови!</s><s>8Дури и ако претерано сум го истакнувал авторитетот што Господ ни го даде, јас од тоа не се срамам, бидејќи тоа било за да ве изградуваме, а не да ве уриваме.</s><s>9Не сакам да звучи како да се обидувам да ве заплашам со моите писма.</s><s>10Слушам дека некои велат за мене: „Неговите писма се сериозни и строги, но кога е овде кај нас, тој е слаб и неговите говори се безвредни!“ 11На таквите луѓе им порачуваме дека онакви какви што сме на зборови, во нашите писма, сега кога не сме кај вас, исти такви ќе бидеме и на дела, кога ќе дојдеме кај вас!</s> <s>Против самофалби</s> <s>12Ние не се ни осмелуваме да се изедначуваме или споредуваме со оние што имаат толку високо мислење за себе.</s><s>Тие постапуваат неразумно, зашто се вреднуваат себеси со свои мерки па испаѓа дека се споредуваат сами со себе!</s><s>13А ние не сакаме да се фалиме без мера, туку исклучиво според мерката што ни ја даде Бог, а таа мерка е да допреме до сите луѓе, па и до вас.</s><s>14Ние не го протегаме своето дејстување на места кои не сме ги досегнале; всушност, ние први стигнавме до вас, проповедајќи ви ја Радосната вест од Христос.</s><s>15Така, ние не се фалиме со плодови околу кои други се труделе, туку се надеваме дека вашата вера ќе зајакне, па да можеме и да ја прошириме својата работа во вашиот крај, 16а потоа да ја проповедаме Радосната вест и на други места, подалеку од вас, каде што никој претходно не проповедал.</s><s>Така нема да може да ни се приговори дека се фалиме со резултати што некој друг ги постигнал.</s><s>17Но, Светото писмо вели:</s> <s></s> <s>„Ако некој се фали,</s> <s>нека се фали со она што</s> <s>Господ го прави!“</s> <s>18Зашто кога некој сам себеси се фали, тоа не е вистинска препорака.</s><s>А кога Господ некого ќе пофали, таквиот навистина е достоен.</s> <s>Глава 11</s> <s>ОДЛИКИ НА ВИСТИНСКИТЕ АПОСТОЛИ</s> <s>1Се надевам дека ќе ме истрпите, дури и ако не зборувам мошне мудро.</s><s>Ве молам, истрпете ме!</s><s>2Љубоморен сум на вас, онака како што е љубоморен и Бог!</s><s>Ве 'свршив' за еден Свршеник, за Христос, за да ве доведам кај Него чисти како девица, 3но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна и чиста посветеност на Христос.</s><s>Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева.</s><s>4Ние ви проповедаме за Исус, и вие го примивте Светиот Дух и ја прифативте Радосната вест.</s><s>Но сега дозволувате да ви проповедаат за некаков друг Исус, за примање на некаков друг дух и за прифаќање на некаква друга порака!</s><s>5Јас не се сметам за помалку вреден од тие „супер апостоли“.</s><s>6Ако и не сум толку вешт говорник, моето знаење не е ништо помало од нивното.</s><s>Тоа на сите полиња ви го докажавме, и тоа јавно, пред сите.</s> <s>2) Работа без наплаќање</s> <s>7Згрешив ли што бесплатно ви ја проповедав Радосната вест, понижувајќи се себеси за вас да ве издигнам?</s><s>8Додека работев кај вас, добивав издршка од другите цркви.</s><s>Живеев на нивни товар, за да ви служам вам.</s><s>9Никого од вас не обременував кога запаѓав во скудност.</s><s>За моите потреби се погрижија браќата од Македонија.</s><s>Внимавав, а и понатаму ќе внимавам, никому од вам да не му бидам на товар.</s><s>10Како што цврсто ја имам вистината за Христос во себе, така цврсто ви велам дека никој не ќе може да ме спречи со гордост да зборувам за ова по цела Ахаја!</s><s>11Зошто го велам ова?</s><s>Зар затоа што не ве сакам?</s><s>Бог знае дека искрено ве сакам.</s><s>12Ќе продолжам и во иднина да работам онака како што работев и досега, за да не им дадам можност на тие други „апостоли“ да се поистоветуваат со нас и да се фалат дака се исти како нас.</s><s>13Тие се лажни апостоли!</s><s>Се служат со измами и се преправаат во апостоли на Христос.</s><s>14Немојте да се чудите на ова!</s><s>И самиот сатана може да се преправа во ангел на светлината!</s><s>15Тогаш не е необично ако и неговите слуги се преправаат во службеници направедноста.</s><s>Но на крајот тие ќе си ја добијат казната што ја заслужиле со своите зли постапки.</s> <s>3) Голема пожртвуваност</s> <s>16Ќе повторам: не би сакал никој од вас да смета дека сум неразумен!</s><s>Но ако е веќе така, ислушајте ме како неразумен, па барем да можам малку сам себеси да се пофалам!</s><s>17Самофалбата е нешто што Господ не го сака и затоа се чувствувам неразумно.</s><s>18Но кога веќе толку многу луѓе се фалат со своите човечки достигања, ќе се пофалам и јас.</s><s>19Впрочем, иако вие се сметате за мудри, со задоволство ги слушате неразумните!</s><s>20Не ви пречи кога некој ве третира како робови, ве искористува, ве ограбува, ве понижува и ви удира шлаканици!</s><s>21Се срамам што ние за вакви работи се покажавме неспособни!</s> <s>Знам дека е неразумно ова што ќе го кажам, но ако некој има смелост така да се фали, имам смелост и јас.</s><s>22Тие биле Евреи!</s><s>Па и јас сум!</s><s>Биле Израелци!</s><s>Па и јас сум!</s><s>Биле потомци на Авраам!</s><s>Па и јас сум!</s><s>23Му служеле на Христос!</s><s>Глупаво е што самиот за себе вака зборувам, но јас многу повеќе Му служам на Христос, многу повеќе работам, поради што многу почесто ме затвораат, ме тепаат и ми се закануваат со смрт!</s><s>24Петпати сум камшкуван од Евреите, по триесет и девет удари со камшик!</s><s>25Трипати сум тепан со стапови, еднаш сум каменуван, трипати сум преживеал бродоломи, цел ден и цела ноќ сум поминал во вода, на отворено море.</s><s>26Често патував, и бев изложен на опасности од надојдени реки и од разбојници.</s><s>Изложен сум на опасности и од моите сонародници, Евреите, и од паганите.</s><s>Изложен сум на опасности и во град и во дивина, и на море.</s><s>Изложен на опасности од лажни пријатели.</s><s>27Работам, се мачам, минувам бессони ноќи, гладен, жеден, постам, ѕемнам без доволно облека.</s><s>28И покрај сѐ што ме притиска, јас секојдневно се грижам за сите цркви.</s><s>29Се случило ли некој да го фати слабост, а јас да не сочувствувам со него?</s><s>Се случило ли некој да застрани, а јас да не согорувам?</s><s>30Ако веќе морам да се фалам, ќе се фалам со она што ја покажува мојата немоќ.</s><s>31Бог, Таткото на Господ Исус, Кому Му припаѓа вечна слава, знае дека не лажам.</s><s>32Кога бев во Дамаск, управникот на царот Арета постави стража до градските порти за да ме уапси.</s><s>33Луѓето ме префрлија преку ѕидините во кош, преку еден прозорец,и така му побегнав.</s> <s>Глава 12</s> <s>Апостол Павле говори за виденијата и откровенијата што ги имал</s> <s>1Иако фалењето не е добро, сакам да ви раскажам за виденијата и откровенијата што ги добив од Господ.</s><s>2Пред четиринаесет години бев однесен на третото небо.</s><s>Дали бев грабнат сосе тело, или само мојот дух, не знам.</s><s>Тоа Бог го знае.</s><s>3Бог знае дали грабнувањето беше сосе тело, или само на духот, но знам дека се случи.</s><s>4Бев грабнат и однесен во рајот.</s><s>Таму чув работи што не можат да се искажат, а и не ми беше дозволено да ги кажувам.</s><s>5Со таквото доживување можам да се фалам, а со самиот себе не можам да се фалам, освен да признаам дека сам по себе сум немоќен.</s><s>6Кога би сакал да се фалам, има многу работи со кои би можел да се пофалам, и тоа не би било неразумно, бидејќи е вистина.</s><s>Но ќе се воздржам од фалење.</s><s>Не сакам некој да стекне повисоко мислење за мене од она што го добива гледајќи ме и слушајќи ме.</s><s>7Но, за да не станам премногу горделив поради многубројните откровенија што ги добив од Бог, ставен ми е трн во телото, сатански ангел, кој ме измачува и така ме држи во понизност.</s><s>8Трипати во агонија Го молев Господ да ме ослободи од него, 9но Тој ми рече: „Ја имаш Мојата благонаклоност и тоа ти е доволно!</s><s>Мојата сила најдобро се забележува во твојата немоќ!“ Затоа, смело ја признавам својата немоќ зашто така станува очигледно дека Христова сила работи преку мене.</s><s>10Затоа, заради Христос, јас смело ги поднесувам немоќта, навредите, маките, прогоните и тешкотиите.</s><s>Бидејќи, кога јас сум најнемоќен, Господ преку мене дејствува најмоќно!</s> <s>Загриженост за христијаните во Коринт</s> <s>11Почнав неразумно да зборувам, но вие ме принудивте.</s><s>Вие требаше да ме фалите!</s><s>Иако и јас сум никој и ништо, сепак во ништо не заостанувам зад тие ваши „големи апостоли“.</s><s>12Додека бев кај вас, ви дадов доволно докази дека јас навистина сум апостол испратен од Бог.</s><s>Со голема стрпливост ви беа покажани многу видливи докази, чуда и големи дела.</s><s>13Во што бевте запоставени во споредба со другите цркви, освен што не ви бев на товар и издршка?</s><s>Простете ми што во тоа сум ве “онеправдал!“ 14Еве, готов сум и по третпат да дојдам кај вас.</s><s>Нема да ви бидам на товар, зашто не барам ништо материјално од вас.</s><s>Вие сте ми важни.</s><s>Впрочем, не се децата тие што треба да обезбедуваат храна за родителите, туку обратно: родителите ги хранат децата.</s><s>15Од моја страна, јас со задоволство ќе потрошам сѐ што имам, па и самиот себе ќе се потрошам, за да ги нахранам вашите души.</s><s>Но се чини дека, колку повеќе јас ве засакувам, толку помалку вие мене ме сакате.</s><s>16Нека биде така.</s><s>Ќе се согласите дека со ништо не ви бев на товар.</s><s>Некој може да рече: „Беше таков за лукаво, со измама да нѐ придобие!“ 17Дали јас или некој од оние што ги испраќав кај вас ве искористувале?</s><s>18На моја молба Тит дојде кај вас, придружуван уште од еден брат.</s><s>Зар Тит ве искористуваше?</s><s>Зар тој не оди по моите стапки?</s><s>Зар и него не го водат истите мотиви што ме водат и мене?</s><s>19Можеби ќе си помислите дека ние сега сакаме да се правдаме пред вас.</s><s>Не!</s><s>Ви зборуваме како Христови слуги и знаеме дека Бог нѐ слуша.</s><s>Сѐ што правиме, драги пријатели, е за да ве изградиме.</s><s>20Се плашам дека, кога ќе дојдам кај вас, нема да ве затекнам онакви какви што сакам да бидете, поради што ни јас спрема вас нема да бидам онаков каков што вие би сакале да бидам.</s><s>Се плашам дека меѓу вас ќе затекнам кавги, љубомора, лутина, соперништво, озборувања, омаловажувања, самобендисаност и безредие.</s><s>21Страхувам Бог да не ме посрами пред вас, зашто многу ќе се нажалам поради оние што порано грешеле, а досега не се покајале за неморалот, блудот и развратот што ги направиле.</s> <s>Глава 13</s> <s>Строги предупредувања</s> <s>1Ова ќе биде третпат како доаѓам кај вас.</s><s>„Секое обвинение мора да биде потврдено од двајца или тројца сведоци“ - вели Светото писмо.</s><s>2Во текот на мојата втора посета ве предупредив, а и сега, кога не сум кај вас, однапред ги предупредувам оние што порано грешеле, а и сите други: кога овојпат ќе дојдам, нема да ве штедам!</s><s>3Барате доказ дека преку мене зборува Христос!?</s><s>Ќе добиете!</s><s>Тој не е немоќен да излезе на крај со вас!</s><s>Ви има покажано колку е моќен.</s><s>4Кога Христос беше распнат, се чинеше дека е слаб, но Тој е сега жив преку Божјата моќна сила.</s><s>Така и ние што сме со Него изгледаме слаби, но ние живееме со Него преку Божјата сила, со која ќе истапиме спрема вас.</s><s>5Проверете се и проценете дали ја имате вистинската вера!</s><s>Дали Исус Христос живее во вас?</s><s>Ако не, вие сте лажни верници!</s><s>6Се надевам дека ќе се уверите оти ние не сме лажни верници.</s><s>7Му се молиме на Бог да не правите ништо лошо.</s><s>Не со цел да се докажеме ние, туку за да постапувате правилно вие, па макар и да нѐ сметате за лажни верници.</s><s>8Наша должност е никогаш да не ѝ се противставуваме на вистината, туку цврсто да застанеме на нејзина страна.</s><s>9Се радуваме кога сте вие силни во верата, па макар да нѐ сметате нас за слаби.</s><s>Се молиме одново да станете зрели христијани.</s><s>10Затоа и ви го пишувам ова, пред да дојдам кај вас, за да не бидам принуден да постапам строго кога ќе дојдам, употребувајќи ја власта што ми е дадена од Господ.</s><s>Зашто таа власт ми е дадена за да изградувам, а не да уривам.</s> <s>Поздрави и благослов</s> <s>11На крајот, драги пријатели христијани, сакам да бидете радосни.</s><s>Стремете се кон духовна зрелост, охрабрувајте се еден со друг, трудете се да живеете во слога и мир.</s><s>Тогаш Бог, Кој е извор на љубов и мир ќе биде со вас.</s><s>12Поздравете се меѓусебно со изрази на искрена љубов.</s><s>Ве поздравуваат сите овдешни христијани.</s><s>13А сега, над секој од вас нека бдеат милостивата благонаклоност на нашиот Господ Исус Христос, Божјата љубов и пријателската придружба на Светиот Дух!</s>
7246
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%93%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Писмо од апостол Павле до христијаните во Галатија (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Павле, повикан да биде апостол не од луѓе, ниту со помош на луѓе, туку од Исус Христос и од Бог Таткото, Кој Го воскресна Исуса од мртвите.</s><s>2Сите христијани што се со мене, се придружуваат кон ова писмо што го упатуваме до црквите во Галатија.</s><s>3Бог, Кој е наш Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.</s><s>4Христос ја исполни волјата на Бог, нашиот Татко и доброволно се предаде како жртва за нашите гревови, за да нѐ спаси од овој зол свет во кој живееме.</s><s>5Затоа Нему Му припаѓа сета слава за вечни времиња.</s><s>Амин!</s> <s>Постои само една Радосна вест</s> <s>6Не можам да се изначудам како толку брзо се одметнавте од Бог, Кој поради својата љубов и милост спрема вас ве покани да станете сонаследници на Христовите заслуги.</s><s>Се свртевте кон друга Радосна вест.</s><s>7А друга Радосна вест не постои.</s><s>Некои луѓе сакаат да ве збунат, изопачувајќи ја Радосната вест за Христос.</s><s>8Проклет да биде секој што ќе ви проповеда Радосна вест поинаква од онаа што ви ја проповедавме ние, па макар да е тоа и некој од нас или да е ангел од небото!</s><s>9Веќе кажав, но пак ќе повторам: проклет да биде секој што ќе ви проповеда Радосна вест поинаква од онаа што ја примивте!</s><s>10Дали јас се обидувам да им угодам на луѓето и ним да им се умилкувам?</s><s>Мене ми е важно Бог да го одобрува тоа што го проповедам.</s><s>Да ми беа важни луѓето, немаше да станам службеник на Христос!</s> <s>Изворот на Радосната вест</s> <s>11Сакам да знаете, драги пријатели, дека Радосната вест што јас ви ја проповедав не потекнува од човек, 12зашто јас не ја чув од човек, ниту за неа некој ми раскажа, туку ја добив преку откровение директно од Исус Христос.</s><s>13Вие сигурно сте слушнале каков бев јас додека ѝ припаѓав на еврејската религија.</s><s>Безмилосно ја прогонував Божјата црква и се обидував да ја уништам.</s><s>14Јас во еврејската религија напредував многу повеќе од повеќето мои современици и сонародници и бев многу поревносен во спроведувањето на обичаите на моите предци.</s><s>15Но Бог ме одбра уште од утробата на мојата мајка и ме повика, поради Својата благонаклоност што јас не ја заслужувам.</s><s>16Реши да ми Го открие Својот Син, за да проповедам за Него меѓу нееврејските народи.</s><s>За таа задача јас не барав совети од луѓе, суштества од крв и месо.</s><s>17Не отидов во Ерусалим кај оние што уште пред мене беа апостоли, туку веднаш заминав за Арабија, а подоцна повторно се вратив во Дамаск.</s><s>18Дури по три години отидов во Ерусалим, да се запознаам со Петар и со него останав петнаесет дена.</s><s>19Со другите апостоли, освен со Јаков, братот Господов, не се ни сретнав.</s><s>20Бог ми е сведок дека ова што ви го пишувам не е лага, туку е вистина.</s><s>21Потоа заминав за Сирија и Киликија.</s><s>22Христијаните во Јудеја сѐ уште не ме познаваа лично, 23туку само беа слушнале дека „оној што ги прогонуваше, сега и самиот ја проповеда верата што сакаше да ја уништи“.</s><s>24И го славеа Бог заради тоа што го направи со мене.</s> <s>Глава 2</s> <s>Апостолите одобруваат</s> <s>1По четиринаесет години, повторно, отидов во Ерусалим, заедно со Барнава, а со себе го поведов и Тит.</s><s>2Отидов затоа што Бог, преку откровение, така ми нареди.</s><s>На еден затворен состанок, на кој присуствуваа само поистакнатите водачи на црквата, јас им објаснив како ја проповедам Радосната вест меѓу нееврејските народи.</s><s>Сакав да се уверам дека тоа што го правам и што го правев не е погрешно.</s><s>3Тие нѐ поддржаа, па ни Тит, кој беше со мене, иако е Грк, не го натераа да се обреже, 4иако некои таканаречени „христијани“ се обидуваа.</s><s>Тие подмолно се вовлекоа во нашите редови за да извидат каква слобода ние имаме преку верата во Исус Христос, па потоа да можат да ни ја одземат таа слобода и да нѐ претворат во робови на јудаизмот.</s><s>5Ни за момент не им дозволивме да нѐ надвладеат, за да може вистинската Радосна вест да биде зачувана и за вас.</s><s>6Оние што се сметаа за поистакнати (велам се сметаа, зашто за мене тоа воопшто не е важно; Бог не суди според надворешноста), тие поистакнати луѓе не додадоа ништо кон она што јас го говорев.</s><s>7Напротив, тие сфатија дека Бог ми довери да ја проповедам Радосната вест меѓу нееврејските народи, исто како што на Петар му довери да ја проповеда меѓу Евреите.</s><s>8Бог, Кој работи преку Петар, испраќајќи го да биде апостол меѓу Евреите, сега работи и преку мене, со тоа што ме испрати кај другите народи.</s><s>9Кога Јаков, Петар и Јован, кои се сметаа за столбови на црквата, сфатија дека Бог е благонаклонет спрема мене, се ракуваа со мене и со Барнава во знак на пријателство, согласувајќи се ние да работиме меѓу нееврејските народи, а тие меѓу Евреите.</s><s>10Единствено од мене бараа да не ги забораваме сиромашните, за кои јас и досега ревносно се грижам.</s> <s>Павле го укорува Петар за дволичност</s> <s>11Но кога Петар дојде во Антиохија, јас бев принуден јавно да му се спротивставам, бидејќи заслужуваше да биде укорен!</s><s>12Имено, пред да дојдат неколкумина пратеници на Јаков, тој слободно јадеше со христијани од нееврејско потекло.</s><s>Но кога овие дојдоа, се повлече и се одвои од неевреите, плашејќи се да не биде осуден од новодојдените браќа Евреи!</s><s>13Во тоа лицемерство му се придружија и другите Евреи христијани, па дури и Барнава го вовлекоа во тоа лицемерство!</s><s>14Кога видов дека не постапуваат правилно и во согласност со вистинската Радосна вест, јас пред сите му реков на Петар: „Ти, иако си Евреин, се откажа од еврејските закони и живееш како неевреин.</s><s>Како можеш сега да ги тераш оние што не се Евреи да живеат според еврејските правила!?</s><s>15Јас и ти по раѓање сме Евреи, а не „погани неевреи“.</s><s>16Па сепак знаеме дека човек не се помирува со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, туку преку вера во Исус Христос.</s><s>Затоа и поверувавме во Исус Христос, за да бидеме прифатени од Бог преку вера во Христос, а не преку придржување кон Мојсеевиот Закон.</s><s>Никој нема да се спаси придржувајќи се до Мојсеевиот Закон.“ 17Кога ние, Евреите, почнавме да бараме помирување со Бог преку вера во Христос, сфативме дека и ние сме грешници.</s><s>Дали тоа значи дека Христос нѐ направи грешници?</s><s>Се разбира, не!</s><s>18Ако јас урнам нешто, а потоа се обидувам повторно да го изградам, ќе испадне дека сум згрешил што сум го урнал!</s><s>19Кога се обидов да се придржувам до Мојсеевиот Закон, сфатив дека на тој начин никогаш нема да станам прифатлив за Бог.</s><s>Затоа јас умрев за Законот, за да можам да живеам за Бог.</s><s>Јас бев распнат со Христос, 20и веќе не сум јас тој што живее во моето тело.</s><s>Во мене Христос живее.</s><s>Животот што сега го живеам, го живеам преку вера во Божјиот Син, Кој ја искажа Својата љубов спрема мене со тоа што го даде Својот живот за мене.</s><s>21Јас не можам да гледам како се омаловажува Божјата благонаклоност спрема нас!</s><s>Зашто, да можевме да се спасиме со придржување кон Мојсеевиот Закон, тогаш немаше потреба Христос да се жртвува!</s> <s>Глава 3</s> <s>Верата во Христос наспроти Законот</s> <s>1О неразумни Галаќани!</s><s>Кој ве маѓепса!?</s><s>Пред ваши очи имавте толку јасна претстава за Исус Христос распнат на крстот.</s><s>2Едно сакам да ми кажете: дали го примивте Светиот Дух преку придржување кон Мојсеевиот Закон, или така што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте?</s><s>3Како можете да бидете толку неразумни!?</s><s>Започнавте со духовното, а сега сакате да станете совршени преку телесното!</s><s>4Толку многу претрпевте, а попусто!</s><s>Зарем попусто страдавте!?</s><s>5Дали Бог ви Го даде Светиот Дух и изврши силни дела меѓу вас поради тоа што го спроведувавте Мојсеевиот Закон или поради тоа што ја слушнавте Радосната вест и поверувавте?</s><s>6Така беше и со Авраам.</s><s>Тој поверува и верата му се припиша како праведност.</s><s>7Треба да ви биде јасно дека оние што Му веруваат на Бог се вистинските потомци на Авраам.</s><s>8Светото писмо претскажа дека Бог ќе ги прифати сите народи врз основа на нивната вера во вистинскиот Бог.</s><s>Тоа беше во оној дел кога Бог на Авраам му ја објави Радосната вест, велејќи му: „Преку тебе ќе бидат благословени сите народи.“ 9Тоа значи дека секој што ќе поверува во Христос ќе биде благословен, исто како што Авраам беше благословен бидејќи Му поверува на Бог.</s><s>10Сите оние што се надеваат дека ќе се спасат преку придржување кон Мојсеевиот Закон живеат под проклетство!</s><s>Светото писмо вели: „Проклет да е секој што не исполнува сѐ што е запишано во книгата на Законот.“ 11А дека никој не може да се оправда пред Бога преку придржување кон Мојсеевиот Закон јасно се гледа од она што го вели Светото писмо: „Праведникот добива живот преку вера.“ 12Законот не се засновува врз верата.</s><s>Напротив, во него се вели: „Ако сакаш да добиеш живот преку придржување кон Мојсеевиот Закон, ќе мораш да се придржуваш до сите негови заповеди.“ 13Христос нѐ ослободи од проклетството на Законот, така што, наместо ние, Тој ги поднесе последиците на проклетството.</s><s>Во Светото писмо е запишано: „Проклет е секој што е обесен на дрво.“ 14Така ветувањето што Бог му го даде на Авраам сега може преку Исус Христос да се исполни и сите народи да добијат благослов.</s><s>Тоа ветување е дека ќе го примат Светиот Дух, врз основа на верата во Христос.</s> <s>Природата и целите на Мојсеевиот Закон</s> <s>15Драги пријатели христијани, да ви дадам еден пример од секојдневноста.</s><s>Ако двајца луѓе склучат договор, никој од нив не може ниту да отстапи од него, ниту пак нешто да додаде кон него.</s><s>16Ветувањето му беше дадено на Авраам и на неговиот Потомок.</s><s>Светото писмо не вели „на твоите потомци“, како да се повеќемина, туку вели: „на твојот Потомок“, а тоа е Христос.</s><s>17Сакам да кажам дека Мојсеевиот Закон не може да го промени или поништи ветувањето што Бог го даде четиристотини и триесет години пред да Му биде даден Законот на Мојсеј.</s><s>18Ако добивањето на наследството зависи од придржувањето кон Мојсеевиот Закон, тогаш Божјото ветување не би играло никаква улога, а знаеме дека Бог му подари на Авраам наследство врз основа на Своето ветување.</s><s>19Тогаш зошто постои Мојсеевиот Закон?</s><s>Тој им беше даден на луѓето за да сфатат дека се грешни.</s><s>Тој беше на сцена сѐ додека не дојде Потомокот за Кого беше дадено ветувањето.</s><s>Постои уште една разлика.</s><s>Ангелите му го дадоа Законот на Мојсеј, а тој им го пренесе на луѓето.</s><s>20Посредник е потребен кога има две страни, а при ветувањето дадено на Авраам, Бог дејствуваше самостојно.</s><s>21Тогаш, дали Законот е во спротивност со Божјото ветување?</s><s>Никако!</s><s>Ако Мојсеевиот Закон можеше да ни даде живот, тогаш луѓето ќе се помируваа со Бог со придржување кон Законот.</s><s>22Светото писмо, меѓутоа, вели дека сите сме заробеници на гревот, па единствениот начин да го добиеме она што Бог го вети е преку вера во Исус Христос.</s><s>23Пред да ни се објави верата во Христос, како начин да бидеме прифатливи за Бог, Законот нѐ чуваше како затвореници, под свој надзор.</s> <s>Божји деца преку вера</s> <s>24Така Законот ни беше воспитувач што нѐ водеше кон Христос, за да се помириме со Бог преку вера.</s><s>25Сега кога ни се објави верата, веќе нема потреба Законот да ни биде воспитувач.</s><s>26Сите стануваме Божји деца, преку вера во Исус Христос.</s><s>27Сите што преку крштавање во името на Христос се идентификуваа со Него, станаа како Христос.</s><s>28Без разлика дали се работи за Евреин или за Грк, за роб или за слободен, за маж или за жена, сите што сте христијани сте еднакви пред Христос.</s><s>29Ако Му припаѓате на Христос, тогаш вие сте вистинските потомци на Авраам и вие ќе го добиете она што Бог му го вети.</s> <s>Глава 4 1Но, сѐ додека наследникот е малолетен не се разликува многу од роб, иако тој е сопственик на сѐ.</s><s>2Старатели го чуваат и застапници ги водат работите во негово име, сѐ додека не дојде времето што го определил неговиот татко.</s><s>3Така е и со нас.</s><s>Додека бевме духовно малолетни, им бевме потчинети на световните сили.</s><s>4Кога дојде определеното време, Бог Го прати Својот Син.</s><s>Тој се роди од жена и живееше под Законот.</s><s>5Бог го испрати Христос за да нѐ ослободи од Законот и, преку посвојување, да нѐ направи Божји деца.</s><s>6За да ви докаже дека и вие, неевреите, станавте Негови деца, Бог Го испрати во вашите срца Духот на Својот Син.</s><s>Духот ви дава слобода да Му се обраќате на Бог со: „Ава“, односно со „Татко“.</s><s>7Така, сега не сте веќе робови, туку Божји деца, а штом сте Божји деца, вие ќе наследите сѐ што е Божјо.</s> <s>Апостол Павле е загрижен за Галаќаните</s> <s>8Порано, не познавајќи Го Бог, вие им робувавте на „богови“ кои по својата природа не се богови.</s><s>9Сега Го познавате Бог, или поточно Бог, познавајќи ве вас, ве одбра да Го запознаете.</s><s>Како тогаш можете пак да им се враќате на тие слаби и бедни световни сили!?</s><s>Зошто сакате повторно да станете нивни робови?</s><s>10Почнавте да славите одредени денови, месеци, годишни времиња и години.</s><s>11Страхувам за вас!</s><s>Се плашам дека попусто се трудев околу вас.</s><s>12Драги пријатели христијани, ве молам, бидете како мене - ослободени од тие работи, како што и јас станав како вас, неевреите - ослободен од Мојсеевиот Закон.</s> <s>Кога бев кај вас вие со ништо не ме повредивте.</s><s>13Се сеќавате дека бев болен кога првпат ви ја проповедав Радосната вест.</s><s>14Иако мојата телесна слабост можеше да биде големо соблазнување за вас, вие не ме презревте, ниту пак одбивте да ме слушате, туку ме примивте како да сум Божји ангел, како да сум Самиот Исус Христос.</s><s>15Каде е сега вашето воодушевување?</s><s>Тогаш да можевте и сопствените очи ќе си ги ископавте и ќе ми ги дадевте!</s><s>16Зарем ви станав непријател затоа што ви ја кажувам вистината?</s><s>17Тие лажни учители ве опсипуваат со внимание, но нивните побуди не се добронамерни!</s><s>Сакаат да ве одвојат од мене и да ве придобијат за себе.</s><s>18Треба постојано да бидете ревносни за доброто, а не само додека сум јас кај вас.</s><s>19Деца мои, повторно минувам низ породилни болки заради вас, и тоа ќе трае сѐ додека да се создаде Христова природа во вас.</s><s>20Колку би сакал токму сега да сум со вас и да ви се обратам со поинаков тон, зашто вашата состојба навистина ме збунува!</s> <s>Двата сина на Авраам</s> <s>21Слушнете ме сега вие што сакате да се придржувате кон Мојсеевиот Закон: Знаете ли што, всушност, кажува тој Закон?</s><s>22Во Светото писмо пишува дека Авраам имаше два сина: еден од робинка и еден од слободна жена.</s><s>23Синот од робинката беше роден во обид човекот да ги оствари Божјите ветувања, а синот од слободната жена се роди така што Бог го исполни Своето ветување.</s><s>24Се работи за алегорија.</s><s>Овие две жени преку кои се родија Исмаил и Исак претставуваат два завета.</s><s>Првиот, претставен преку Агара, е Законот даден на планината Синај, кој ги поробува луѓето.</s><s>25Агара ја претставува планината Синај во Арабија и ја прикажува сегашната состојба на Ерусалим, кој живее во ропство, заедно со сите свои жители.</s><s>26Сара го претставува небесниот Ерусалим.</s><s>Таа не беше робинка, туку слободна.</s><s>Таа е нашата мајка.</s><s>27Светото писмо за неа вели:</s> <s>=П „Радувај се жено неротко, =П ти што деца не си раѓала, =П излези и викај од радост =П ти што не си видела породилни маки, =П зашто повеќе деца ќе има неротката, =П од жената што има маж.“</s> <s>28Вие, драги христијани, исто како и Исак, сте деца родени по ветување.</s><s>29Во тоа време детето родено од робинката го прогонуваше детето што беше родено по ветување.</s><s>Така е и сега: телесните луѓе нѐ прогонуваат нас, родените од Светиот Дух.</s><s>30Но, еве што вели Светото писмо: „Избркај ги робинката и нејзиниот син!</s><s>Синот на робинката нема да биде сонаследник со синот на слободната.</s><s>Синот на слободната жена ќе добие сѐ.“ 31Значи, драги христијани, ние не сме деца на робинката, туку на слободната жена.</s> <s>Глава 5</s> <s>Предноста и одговорноста на христијанската слобода</s> <s>1Значи, ние сме слободни!</s><s>Христос нѐ ослободи.</s><s>Држете се цврсто до таа слобода и не дозволувајте повторно да ви го стават јаремот на ропството, односно Мојсеевиот Закон.</s><s>2Слушнете ме сега!</s><s>Јас, Павле, ви тврдам дека ако се надевате преку обрежувањето да се спасите, тогаш Христос не може да ви помогне.</s><s>3Уште еднаш ќе ви нагласам дека секој што ќе се обреже е должен да го спроведува целиот Мојсеев Закон.</s><s>4Тие што се обидуваат да се помират со Бог преку придржување кон Мојсеевиот Закон, се одвојуваат од Христос и ја губат Неговата благонаклоност.</s><s>5А ние, христијаните, со нетрпение очекуваме да бидеме оправдани, но преку Светиот Дух и преку вера.</s><s>6За тој што верува во Исус Христос нема никакво значење дали е обрежан или не.</s><s>Важно е да имате делотворна вера и таа да се искажува преку љубов.</s><s>7Добро напредувавте.</s><s>Кој ве спречи да продолжите да ја следите вистината?</s><s>8Тоа сигурно не е Бог, зашто Тој ве избра.</s><s>9Малку квасец треба за да скисне целото тесто!</s><s>10Јас сепак верувам дека Господ ќе ве одржи за да не отстапите од вистината, а оние што ве збунуваат, кои и да се, ќе си ја добијат заслужената казна.</s><s>11Што се однесува до обвинувањата против мене, драги пријатели христијани, дека јас сѐ уште проповедам оти обрежувањето е неопходно, зошто тогаш Евреите ме прогонуваат?</s><s>Да е така, она што јас го проповедам за Христовиот крст не би претставувало камен на сопнување за нив.</s><s>12Би сакал оние што ве збунуваат терајќи ве да се обрежете, да не застанат на обрежувањето, туку самите себе и да се кастрираат!</s><s>13Што се однесува до вас, драги пријатели христијани, вие сте избрани да живеете во слобода.</s><s>Немојте, меѓутоа, таа слобода да ви биде изговор за да дозволите телесното да завладее со вас.</s><s>Напротив, со љубов служете си еден на друг.</s><s>14Зашто, целиот Закон може да се сведе само на една заповед: „Сакај го својот ближен како што се сакаш себеси.“ 15Но, ако наместо да се сакате, се гризете и се растргнувате како диви ѕверови, внимавајте, сосема да не се уништите!</s> <s>Да се живее со помош на Светиот Дух</s> <s>16Сакам да ви го кажам следново: дозволете Светиот Дух да ве раководи и нема да им подлегнувате на грешните телесни похоти.</s><s>17Грешните телесни похоти се противат на дејствувањето на Светиот Дух, а Светиот Дух се противи на дејствувањето на грешните телесни похоти.</s><s>Овие две сили се борат една против друга.</s><s>Тоа значи дека нема да можете да правите сѐ што ќе посакате.</s><s>18Но ако сте водени од Светиот Дух, значи дека вие веќе не сте под Законот.</s><s>19Плодовите на грешната телесна природа се видливи: блуд, погани работи, разврат, 20идолопоклонство, вражање, омрази, кавги, љубомора, гнев, себичност, поделби, ереси, 21завист, пијанство, развратни гозби и слични нешта за кои веќе порано ве предупредив.</s><s>Како што веќе ви зборував, оние што прават такви нешта нема да го наследат Божјото царство.</s><s>22Од друга страна, ако ве раководи Светиот Дух, Тој ќе ги произведе во вас следниве плодови: љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност, 23кроткост и самоконтрола.</s><s>Не постои закон што е против вакви нешта.</s><s>24Тие што Му припаѓаат на Исус Христос, ја имаат распнато својата грешна телесна природа, заедно со нејзините необуздани желби и страсти.</s><s>25Ако Светиот Дух ни дал живот, тогаш треба да живееме согласно Неговото водство.</s><s>26Не смееме да бидеме самобендисани, да се провоцираме еден со друг или да си завидуваме.</s> <s>Глава 6</s> <s>Што ќе посееме, тоа ќе ожнееме</s> <s>1Драги пријатели христијани, ако некој од вас заглиби во некаков грев, вие што сте подуховни треба да му помогнете да се извлече, но внимателно, чувајќи се и вие да не бидете завлечени.</s><s>2Помагајте си еден со друг кога имате проблеми.</s><s>На тој начин ќе го извршувате Христовиот Закон.</s><s>3Ако некој мисли дека е премногу важен за да им помага на другите, самиот се залажува.</s><s>Со тоа само покажува дека е никој и ништо.</s><s>4Секој треба да си ги проценува сопствените постигања, без да се споредува со други луѓе.</s><s>Ако некоја работа е добро извршена, тоа треба да биде за лично задоволство, а не за да се фали пред другите.</s><s>5Зашто секој од нас е одговорен за сопственото поведение.</s><s>6Оние што присуствуваат на поуки од Светото Писмо, нека ги делат сите свои добра со учителот што ги поучува.</s><s>7Не залажувајте се: никој не може да го измами Господ!</s><s>Секој човек ќе си го жнее тоа што си го сее!</s><s>8Тој што живее само за сопственото тело, ќе ожнее смрт, а кој живее за Духот, од Него ќе добие вечен живот.</s><s>9Да бидеме неуморни во правење добро, зашто ако истраеме, ќе дојде време кога ќе го ожнееме посеаното.</s><s>10Затоа, секогаш кога ќе ни се укаже можност, треба да им правиме добро на сите луѓе, а особено на оние што се наше семејство по вера, на христијаните.</s> <s>Завршни совети</s> <s>11Гледате со колкави големи букви ви пишувам кога пишувам со сопствена рака!</s><s>12Оние што се обидуваат да ве натераат да се обрежете го прават тоа само за да не бидат прогонувани поради проповедање дека спасението доаѓа само преку вера во Христовата жртва на крстот.</s><s>13Зашто ни самите тие, иако се обрежани, не се придржуваат кон целиот Закон.</s><s>Тие сакаат да ве натераат да се обрежете, само за да се фалат дека ве придобиле.</s><s>14Што се однесува до мене, да не даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со придобивките од крстот на нашиот Господ Исус Христос.</s><s>Поради тој крст, умре во мене интересот за овој свет, а умре и интересот на овој свет за мене.</s><s>15Не е важно дали е човек обрежан или не.</s><s>Важно е да се промениме, да станеме нови луѓе.</s><s>16На сите што ќе се придржуваат кон ова правило им посакувам мир и милост од Господ.</s><s>Тие се новиот Божји народ.</s><s>17Отсега натаму никој нека не ми додева со вакви обвинувања, зашто јас на сопственото тело носам лузни што покажуваат дека Му припаѓам на Христос.</s><s>18Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет, и духовно нека биде со вас, драги мои.</s><s>Амин.</s>
7247
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%95%D1%84%D0%B5%D1%81%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Писмо од апостол Павле до христијаните во Ефес (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Павле, одбран од Бог да му биде апостол на Исус Христос, до Божјиот свет народ во Ефес, до верните следбеници на Исус Христос.</s><s>2Бог, нашиот Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.</s> <s>Духовни благослови</s> <s>3Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков вид духовни благослови од небесните простори, бидејќи Му припаѓаме на Христос.</s><s>4Поради Својата љубов спрема нас, уште пред светот да биде создаден, Бог нѐ одбра да бидеме Негов народ, преку вера во Христос, и да бидеме свети и без пороци во Неговите очи.</s><s>5Неговиот план отсекогаш беше, преку Исус Христос, да нѐ посвои, да нѐ направи Негови деца.</s><s>Тоа беше резултат на Неговата благонаклоност спрема нас.</s><s>6Го славиме Бог заради таа прекрасна благонаклоност што ја излеа врз нас, бидејќи Му припаѓаме на Неговиот сакан Син.</s><s>7Христос ја пролеа сопствената крв за да нѐ откупи.</s><s>Сега гревовите ни се простени.</s><s>Го стори тоа поради Својата неизмерна благонаклоност спрема нас, 8излевајќи ја врз нас заедно со сета мудрост и разбирање.</s><s>9Бог ни откри каква Му била намерата и ни го објасни тајниот план што веќе беше решил да го оствари преку Христос.</s><s>10Планот што Бог ќе го доврши, кога за тоа ќе дојде време, е да собере сѐ заедно, и од небото и од земјата, и да го стави под власт на Христос.</s><s>11Токму по заслуга на Христос и ние бевме избрани за наследници, однапред определени од Бог, Кој сѐ прави онака како што Самиот Тој ќе реши.</s><s>12Ние ќе ја увеличиме Божјата слава, сите ние што навреме ја положивме својата надеж во Христос.</s><s>13И вие сте сега Божји народ.</s><s>Ја слушнавте вистината, Радосната вест за тоа како можете да се спасите, и поверувавте во неа.</s><s>Бог ве посвои, ставајќи го врз вас Својот печат со тоа што ви го даде Светиот Дух, токму онака како што ни беше ветено.</s><s>14Светиот Дух е гаранција дека навистина ќе го добиеме она што Бог му го вети на Својот народ: откупување, ослободување за тие што се Негови.</s><s>Тоа е уште една причина да го славиме нашиот величествен Бог.</s> <s>Молитва за духовна мудрост</s> <s>15Слушнав за вашата вера во Исус Христос и за љубовта што ја имате спрема сите христијани 16и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас.</s><s>17Го молам Бог, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие сѐ за Себе, за да Го запознаете целосно.</s><s>18Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ, 19колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме.</s><s>Таа сила е истата онаа моќна сила 20со која Тој Го воскресна Христос од мртвите и Му Го додели почесното место на небото, од Својата десна страна.</s><s>21Христос е високо над сите владетели и власти, над сите сили и господари, над секого, не само во овој свет, туку и во идниот.</s><s>22Бог сѐ стави под власт на Христос и Го постави за Господар над сѐ, во полза на црквата, 23Црквата е Христовото тело, таа е исполнета со Христос, Кој со своето присуство исполнува сѐ и насекаде.</s> <s>Глава 2</s> <s>Оживеани со Христос</s> <s>1Порано и вие бевте мртви, вечно осудени од вашите престапи и гревови.</s><s>2Живеевте грешно, онака како што живее и останатиот свет.</s><s>Му се покорувавте на ѓаволот, на оној што владее со силите во воздухот, на духот што и сега владее во оние што не Му се покоруваат на Бог.</s><s>3Сите ние порано живеевме така.</s><s>Се раководевме од нашите телесни страсти, го правевме она што го сака нашата грешна природа, преку телото и умот.</s><s>Со таквата наша природа ние бевме подложни на Божјиот гнев, како и другите луѓе.</s><s>4Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја чувствува спрема нас, 5така што уште додека бевме мртви, удавени во нашите гревови, Тој нѐ врати во живот.</s><s>Со тоа што го воскресна Христос, ни овозможи и нам да оживееме.</s><s>Вашето спасение е резултат на Божјата благонаклоност, која никој од нас не ја заслужува.</s><s>6Значи, заедно со Исус Христос, Бог нѐ воскресна и нас, и ни даде место на небото, веднаш до Исус, затоа што сме во единство со Него.</s><s>7Тоа го стори за да бидеме пример во времињата што доѓаат за Неговата огромна благонаклоност, што се покажа преку сето она што Тој го стори за нас, кои сме на страната на Исус Христос.</s><s>8Бог, кога поверувавте, ве спаси поради Својата милостива благонаклоност спрема вас.</s><s>Спасението не е по ваша заслуга, тоа е Божји дар.</s><s>9Никој не го заработил, па да може да се фали.</s><s>10Ние сме Божјо совршено, врвно дело.</s><s>Создадени сме преку Исус Христос, за да живееме живот исполнет со добри дела, што Бог уште одамна ги испланирал за нашите животи.</s> <s>Помирување и единство преку Христос</s> <s>11Затоа не заборавајте што бевте порано.</s><s>Вие според раѓањето не сте Евреи.</s><s>Оние што се обрежани, иако е тоа само телесно обрежување и извршено од човечка рака, со презир ве нарекуваа „необрежани “.</s><s>12Тоа беше кога Го немавте Христос.</s><s>Бевте туѓинци и не бевте дел од Божјиот народ.</s><s>Немавте дел во заветот, во ветувањата што Бог му ги даде на Својот народ.</s><s>Живеевте во овој свет без надеж и без Бог.</s><s>13Но сега го имате Исус Христос.</s><s>Вие кои некогаш бевте далеку, сега сте доведени близу до Бог, благодарение на крвта што Христос ја пролеа за вас.</s><s>14Христос е Тој што нѐ помири, Кој од Евреи и неевреи направи еден народ.</s><s>Го урна ѕидот што нѐ раздвојуваше и нѐ правеше непријатели.</s><s>15Со својата смрт Христос му стави крај на целиот еврејски систем од заповеди и правила.</s><s>Преку Себе Христос создава нов човек, и од Евреин и од неевреин, изградувајќи така мир.</s><s>16Умирајќи на крстот, и за едните и за другите, Христос го уништи непријателството што владееше меѓу нив, ги помири со Бог и ги обедини во еден народ.</s><s>17Христос дојде и проповедаше помирување со Бог, и за вас неевреите што бевте далеку, и за нас Евреите што Му бевме близу.</s><s>18Преку Него и вие и ние, со посредство на Светиот Дух, имаме пристап до Таткото.</s> <s>Храмот Господов</s> <s>19Затоа сега вие не сте веќе туѓинци и странци, туку сограѓани на Божјиот народ и членови на Божјото семејство.</s><s>20И вие сте изградени врз темелите што ги поставија апостолите и пророците, а Христос е ваш потпорен камен.</s><s>21Тој целата градба ја држи цврсто поврзана и ја претвора во свет храм на нашиот Господ.</s><s>22Соединети со Него, и вие сте дел од духовната градба во која живее Бог.</s> <s>Глава 3</s> <s>Откривањето на Божјиот таен план</s> <s>1Токму поради тоа што ви проповедам за Исус Христос и вам кои не сте Евреи, јас, Павле, сега лежам в затвор.</s><s>2Вие сигурно сте слушнале дека Бог ми ја довери задачата да ви ја проповедам Неговата милост и љубов спрема вас, неевреите.</s><s>3Тој ми го откри и објасни Неговиот таен план. (За тоа порано накратко ви пишував, 4и можете да прочитате, за да дознаете како ми беше откриена тајната за Христос.) 5На претходните поколенија таа тајна не им беше објавена.</s><s>Бог сега, преку Светиот Дух, им ја откри на Неговите свети апостоли и пророци.</s><s>6Од Радосната вест дознаваме дека тајната е во тоа што по заслуга на Исус Христос и нееврејските народи се соучесници во ветувањата што ги даде Бог, сонаследници со Евреите и органи на истото тело.</s><s>7Бог беше многу милостив и благонаклонет спрема мене.</s><s>Неговата сила ми даде дарба и задача да ја ширам Радосната вест.</s><s>8Спрема мене, најмалку достојниот од сите Божји избраници, Бог беше благонаклонет и ме одбра да им ја проповедам Радосната вест на нееврејските народи, веста дека им стојат на располагање неисцрпни богатства, сѐ по заслуга на Христос.</s><s>9Бог, Создателот на сѐ што постои, ме одбра да им го објаснувам на сите луѓе Божјиот план, што со векови беше скриен во Неговиот ум.</s><s>10Целта беше преку формирањето на Црквата да им се покаже на сите владетели и власти во небесните простори дека Бог има многустрана мудрост.</s><s>11Сето тоа беше во согласност со Божјиот вечен план, што се оствари преку нашиот Господ Исус Христос.</s><s>12Во заедништво со Христос и преку вера во Него ние можеме смело и со целосна доверба да Му пристапуваме на Бог.</s><s>13Затоа ве молам да не се обесхрабрувате поради страдањата низ кои сега јас минувам.</s><s>Тие ќе бидат за ваша полза, за ваша слава.</s> <s>Молитва за духовна сила</s> <s>14Кога само ќе помислам на Божјата мудрост и на Неговиот план, на колена паѓам пред небесниот Татко, 15Создателот на секој род, и на небото и на Земјата.</s><s>16Го молам Бога, од Својата огромна слава, преку Неговиот дух, да ви даде внатрешна сила, за да бидете непоколебливи.</s><s>17Христос, преку вера, да се всели во вашите срца.</s><s>Да пуштите корени и цврсто да се закрепите во Божјата љубов, 18за да бидете способни, заедно со сите побожни луѓе, да сфатите колку широка и долга, колку висока и длабока е Неговата љубов.</s><s>19Да ја искусите таа несфатливо голема љубов и така целосно да се исполните со сета полнота што доаѓа од Бог.</s><s>20А сега на Бог, Кој со Својата делотворна моќ може да направи за нас многу повеќе од она што можеме да го посакаме или замислиме, 21нека Му биде оддавана слава преку Црквата и преку Христос Исус, во сите поколенија и за вечни времиња!</s><s>Амин!</s> <s>Глава 4</s> <s>За единство во црквата</s> <s>1Затоа ве молам, јас кој сум затвореник поради тоа што проповедам за Господ, да живеете живот достоен за луѓе што се повикани, одбрани од Бог.</s><s>2Да бидете понизни, кротки и трпеливи.</s><s>Да се толерирате меѓусебно и да се сакате.</s><s>3Трудете се да ги зачувате единството, меѓусебната поврзаност и мирот што ви ги дава Светиот Дух.</s><s>4Сите ние сме дел од едно исто тело, сите го имаме истиот Божји Дух, и кога бевте одбрани да бидете Божји народ, вам ви беше дадена една иста надеж.</s><s>5Постои само еден Господ, само една вера, само едно крштавање.</s><s>6Постои само еден Бог, Татко на сите.</s><s>Тој е Господар над сите, дејствува преку сите и живее во сите.</s><s>7Но Христос секого од нас го надарил со разновидна дарба, како што Тој милувал.</s><s>8Затоа Светото писмо вели:</s> <s>=П „Кога се вознесе во висините, =П зеде со Себе многу затвореници =П и им даде дарови на луѓето. “</s> <s>9Што значи тоа „кога се вознесе “?</s><s>Тоа подразбира дека Тој прво слезе до најдолните предели на Земјата.</s><s>10Тој што слезе е истиот Оној што се издигна високо над сите неба, а тоа е Христос, за да може да ја исполни целата вселена и да владее со неа.</s><s>11Христос надарил некои луѓе да бидат апостоли, други да бидат пророци; некои да бидат евангелизатори, а други духовни пастири и учители.</s><s>12Тие треба да ги обучат Божјите луѓе за извршување на Неговото дело - изградба на Црквата, духовното Христово тело, 13сѐ додека сите заедно не постигнеме единство во верата и во познавањето на Божјиот Син, со што ќе станеме целосно зрели според возвишените стандарди што ги постави Христос.</s><s>14Не треба веќе да се однесуваме како малолетници, фрлани наваму - натаму од брановите, носени од сите ветришта на лажните човечки учења, кои итро ги водат луѓето во стапицата на измамата.</s><s>15Треба да растеме, цврсто држејќи се до вистината, искажувајќи ја со љубов, доближувајќи се во секој поглед до Оној што е главата, до Христос.</s><s>16Тој го поврзува и обединува целото тело, за да функционира како сложна целина.</s><s>Кога секој дел од телото си ја извршува својата функција, целото тело расте, самото себе се изградува и се исполнува со љубов.</s> <s>Нова природа за богоугоден живот</s> <s>17Затоа ви велам и ве обврзувам пред Господ: не треба веќе да живеете онака како што живеат луѓето кои не знаат за Господ, водени од нивните празни умови.</s><s>18Нивните умови се помрачени.</s><s>Тие се отуѓени од животот што доаѓа од Бог, затоа што не го разбираат тоа, а не го разбираат бидејќи срцата им се закоравени.</s><s>19Тие веќе не го разликуваат праведното од грешното.</s><s>Лакомо се препуштаат на разни пороци и на секаков вид гнасни работи.</s><s>20Но вие што сте запознаени со учењето на Христос, не сте учени така да живеете.</s><s>21Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус.</s><s>22Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама.</s><s>23Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување.</s><s>24Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.</s><s>25Веќе не треба ни да помислите да лажете, туку да ја зборувате само вистината, бидејќи сме органи на едно исто тело.</s><s>26<Не гневете се во толкава мера та да грешите! “ Гневот нека ви помине уште истиот ден!</s><s>27Не оставајте простор ѓаволот да дејствува!</s><s>28Кој крадел, да не краде веќе; нека работи нешто чесно, нека заработува со своите раце, па да може да им дава и на оние што имаат потреба од помош.</s><s>29Лоши зборови да не излегуваат од вашата уста!</s><s>Зборувајте поучни работи, зборови од кои слушателите ќе имаат некаква полза.</s><s>30Не ожалостувајте го Светиот Дух со своите постапки.</s><s>Тој е вашиот гарант дека сте спасени и ве чува за денот на откупувањето.</s><s>31Ослободете се од сета горчина, гнев и лутина.</s><s>Немојте да викате еден на друг и да се навредувате.</s><s>Ослободете се од сѐ што е зло.</s><s>32Бидете љубезни еден спрема друг и полни со милосрдие, простувајте си, како што и Бог ви прости преку Христос.</s> <s>Глава 5</s> <s>Христијански начин на живеење</s> <s>1Следете го Божјиот пример, бидејќи вие сте Негови омилени деца.</s><s>2Вашите постапки нека бидат водени од љубовта, токму онака како што Христос, воден од љубов, го принесе Својот живот како жртва што Му е пријатна на Бог и има сладок мирис.</s><s>3Вие сте свети Божји луѓе и меѓу вас не смее да има блуд, гнасотии и алчност.</s><s>4Не смее да има безобразни, глупави разговори и двосмислени шеги.</s><s>Сето тоа не ви прилега.</s><s>Наместо тоа, искажувајте ја вашата благодарност спрема Бог.</s><s>5Можете да бидете сигурни дека ниту еден блуден, гнасен или алчен човек нема да биде во царството на Христос и на Бог.</s><s>И алчноста е еден вид идолопоклонство!</s><s>6Не дозволувајте никој да ве мами, наоѓајќи оправадување за ваквите гревови!</s><s>За вакви работи Бог ги казнува сите непослушни луѓе!</s><s>7Со такви луѓе немојте да си имате работа.</s><s>8Вие порано бевте во мрак, но сега, откако поверувавте во Господ, ве огреа светлина.</s><s>Затоа однесувајте се како деца на светлината.</s><s>9Таа светлината во вас ќе роди секаков вид добрина, праведност и вистина.</s><s>10Трудете се да откриете што Му е мило на Бог и тоа правете го.</s><s>11Не учествувајте во бесполезни работи, кои се дела на темнината.</s><s>Напротив, разоткривајте ги!</s><s>12За она што тајно го прават некои луѓе срамота е дури и да се зборува!</s><s>13Но светлината ќе ги разоткрие и сѐ ќе излезе на виделина, 14Зашто сѐ што е изложено на светлина, станува јавно.</s><s>Затоа е речено во Светото писмо:</s> <s>=П „Стани ти што спиеш, =П воскресни од мртвите =П и Христовата светлина ќе те огрее. “</s> <s>Да се живее под водство на Светиот Дух</s> <s>15Внимавајте како живеете!</s><s>Нека биде тоа мудро, а не неразумно.</s><s>16Ова се тешки времиња, затоа користете го секој миг.</s><s>17Немојте да се однесувате глупаво, туку трудете се да сфатите како Господ сака да се однесувате.</s><s>18Не опивајте се со вино!</s><s>Тоа може само да ве уништи.</s><s>Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води!</s><s>19Разговарајте еден со друг, читајте псалми, пејте химни и духовни песни!</s><s>Вашите срца нека пеат за Господ!</s><s>20Постојано и за сѐ заблагодарувајте Му се на Бог, Небесниот Татко во името на нашиот Господ Исус Христос.</s> <s>За односот меѓу сопружниците</s> <s>21Слушајте се еден со друг од почит спрема Христос.</s><s>22Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ, 23зашто мажот е глава на својата сопруга, онака како што Христос е глава на Црквата.</s><s>Тој е Спасител на Црквата, која е Негово тело, 24па, како што Црквата Му е послушна на Христос, така треба и жените во сѐ да им се послушни на своите сопрузи.</s><s>25Истото важи и за вас мажите.</s><s>Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа, 26за да ја направи света, очистувајќи ја преку воденото крштавање и преку Божјото Слово.</s><s>27да ја доведе пред Себе славна, без дамка, без брчка, без ништо слично, па да биде света и без мана.</s><s>28Така треба и мажот да ја сака својата сопруга.</s><s>Да ја сака онака како што си го сака сопственото тело.</s><s>Кога човек си ја сака сопругата, покажува дека се сака самиот себе.</s><s>29Никој не го мрази сопственото тело, туку го храни и се грижи за него.</s><s>Тоа го прави и Христос за Црквата.</s><s>30А ние сме органи во Неговото тело - Црквата.</s><s>31Светото писмо вели: „Заради тоа човек ќе ги напушти својот татко и својата мајка и ќе се здружи со својата жена, па тие двајца ќе станат едно тело. “ 32Тоа е голема мистерија, но ова што го зборувам се однесува на Христос и на Црквата.</s><s>33Затоа, ќе ви повторам уште еднаш: секој маж нека си ја сака сопругата, онака како што се сака себеси, а жената нека го почитува својот сопруг.</s> <s>Глава 6</s> <s>Должностите на децата и на родителите</s> <s>1Деца, бидете им послушни на своите родители бидејќи вие Му припаѓате на Господ.</s><s>Тоа е примерно поведение.</s><s>2Првата од Десетте заповеди што содржи и ветување гласи: „Почитувај ги своите татко и мајка. “ 3А ветувањето е: „за да ви биде добро и долго да поживеете на земјата. “ 4Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца.</s><s>Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.</s> <s>Должностите на робовите и на господарите</s> <s>5Робови, бидете им послушни на вашите земни господари, со страхопочит, искрено, од сѐ срце, како да Му служите на Христос.</s><s>6Работете чесно, не само кога ве гледаат, и не за да ја добиете нивната наклоност, туку како робови на Христос кои од сѐ срце ја исполнуваат Божјата волја.</s><s>7Ревносно исполнувајте ги вашите должности, правејќи го тоа како за Господ, а не како за луѓето, 8зашто знаете дека секој што прави добро, било да е роб или слободен, ќе биде награден од Господ.</s><s>9Истото важи и за вас, господари.</s><s>Однесувајте се спрема вашите робови според истите принципи и немојте да им се заканувате, зашто знаете дека и тие и вие имате еден ист Господ на небото, кај Кого нема пристрасност!</s> <s>Духовното оружје на христијаните</s> <s>10На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ.</s><s>11Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на ѓаволот.</s><s>12Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори 13Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп.</s><s>Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени.</s><s>14Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста, 15обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир.</s><s>16Со сето ова, понесете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги сопрете и угасите сите огнени стрели на Злиот.</s><s>17Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјиот збор.</s><s>18Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух.</s><s>Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани.</s><s>19Молете се и за мене, за кога ќе отворам уста, Бог да ми даде зборови смело да проповедам за тајната на Радосната вест, 20иако сега сум во окови токму поради тоа што, како Божји пратеник ја проповедам Радосната вест.</s><s>Молете се да продолжам смело да зборувам, како што и треба.</s> <s>Поздрави</s> <s>21Тихик, мојот драг брат по вера и верен помошник во работата за Господ, ќе ви каже како сум и што правам.</s><s>22Токму заради тоа го испраќам кај вас, за да ви каже што правиме ние и да ве охрабри.</s><s>23На сите христијани таму им посакувам мир и љубов со вера што доаѓа од Бог Таткото и од Господ Исус Христос.</s><s>24Бог нека им биде благонаклонет на сите што Го сакаат нашиот Господ Исус Христос со љубов што не гасне.</s>
7248
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF%D0%B8%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Писмо од апостол Павле до христијаните во Филипи (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Павле и Тимотеј,</s> <s>службеници на Исус Христос,</s> <s>до сите Божји луѓе во Филипи што веруваат во Исус Христос, до старешините и помошниците во црквата.</s><s>2Бог, нашиот Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.</s> <s>Молитва со благодарност</s> <s>3Секојпат кога ќе помислам на вас, Му се заблагодарувам на мојот Бог 4и секогаш со задоволство се молам за вас, 5зашто вие ми помагате во ширењето на Радосната вест уште од првиот ден кога ја слушнавте, па сѐ досега.</s><s>6Сигурен сум дека Бог, Кој ја започна оваа добра работа во вас, ќе продолжи да ја води, сѐ додека не ја заврши, на Денот кога Исус Христос повторно ќе дојде.</s><s>7Сите сте ми многу драги, и со право ми прираснавте за срце, зашто и вие ја делите со мене оваа привилегија што Бог ми ја даде, сега, кога сум в затвор, како и порано кога бев слободен, да ја бранам и ширам Радосната вест.</s><s>8Бог ми е сведок дека моите чувства спрема сите вас се искрени и дека ве сакам онака како што ве сака и Исус Христос.</s><s>9Се молам и вашата љубов еден спрема друг сѐ повеќе да расте, вашето знаење да се продлабочува, и сѐ потемелно да ги разбирате работите, 10за да знаете да го одберете она што е најдобро.</s><s>Така, на Денот кога Христос ќе се врати, ќе бидете беспрекорни и чисти.</s><s>11Вашите животи ќе бидат исполнети со вистински вредности, какви што само Исус Христос може да создаде, за слава и величање на Бог.</s> <s>Павле е радосен што се проповеда за Христос</s> <s>12Сакам да знаете, драги пријатели, христијани, дека она што ми се случи, помогна Радосната вест уште поуспешно да се шири.</s><s>13Целата царска стража во касарната и сите луѓе што се овде дознаа дека сум затворен поради тоа што проповедам за Христос.</s><s>14Мојот престој во затворот кај повеќето христијани ја зацврсти нивната вера во Господ, ги поттикна да бидат посмели и без страв да ја проповедаат Божјата порака.</s><s>15Навистина, некои тоа го прават од завист и од соперништво спрема мене, но другите со најискрени намери проповедаат за Христос.</s><s>16Оние што го прават тоа од љубов знаат дека Бог ме определи да ја бранам Радосната вест.</s><s>17Оние, пак, што проповедаат од ривалство и нечесни мотиви, сакаат да ми ја наголемат болката додека сум в затвор.</s><s>18Но без оглед на тоа дали мотивите се чисти или не, се проповеда за Христос!</s><s>А јас на тоа се радувам и ќе продолжам да се радувам, 19бидејќи знам дека преку вашите молитви и со помошта што доаѓа од Духот на Исус Христос сето ова ќе биде за мое избавување.</s> <s>Да се живее и да се умре за Христос</s> <s>20Јас најискрено се надевам и посакувам во ништо да не потфрлам, исполнувајќи ја својата должност.</s><s>Сакам секогаш, а посебно сега, да бидам полн со храброст, и со целото мое битие да Му донесам слава на Христос, било преку мојот живот, или преку мојата смрт.</s><s>21Што е животот?</s><s>За мене тоа е Христос!</s><s>Што е смртта?</s><s>За мене тоа е чиста добивка!</s><s>22Но ако останам жив ќе можам плодно да работам за Христос.</s><s>Затоа, кога би требало јас да избирам, не знам што би одбрал.</s><s>23Растргнат сум од овие две желби: да го напуштам овој живот и да бидам со Христос, зашто за мене тоа е далеку подобро, 24или да останам овде, во тело, што би било многу покорисно за вас.</s><s>25Со таа увереност ќе останам со сите вас и ќе продолжам да работам, за да напредувате и да се радувате во верата, 26па кога повторно ќе бидам со вас ќе имате уште поголема причина да се гордеете со вашата вера во Исус Христос и со мене.</s> <s>Однесувајте се како жители на небото</s> <s>27Трудете се да живеете достојно на Радосната вест на Христос.</s><s>Без разлика дали сум со вас и можам да видам што правите, или сум отсутен, сакам да слушам само добро за вас: дека еднодушно и сложно се борите за верата што произлегува од Радосната вест.</s><s>28Немојте да се плашите од вашите непријатели.</s><s>Бидете секогаш храбри.</s><s>Со тоа ќе им покажете дека тие ќе изгубат, а вие ќе бидете спасени, зашто Бог е на ваша страна.</s><s>29Дадена ви е привилегијата да Му служите на Христос, не само со тоа што ќе верувате во Него, туку и со тоа што ќе страдате за Него, 30водејќи ја истата борба што ја водев јас, како што и самите видовте, борба што и сега, како што слушате, продолжувам да ја водам.</s> <s>Глава 2</s> <s>Единство и скромност</s> <s>1Затоа, ако наоѓате охрабрување во фактот дека сте Христови следбеници, ако Неговата љубов ве утешува, ако имате заедништво со Светиот Дух, ако сте чувствителни и сочувствувате еден спрема друг, тогаш 2потрудете се мојата радост да биде целосна со тоа што ќе бидете сложни, ќе се сакате, и здружени ќе се стремите кон една иста цел.</s><s>3Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе.</s><s>4Не гледајте си ги само сопствените интереси, туку грижете се и за потребите на другите.</s><s>5Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос: 6Тој, иако по Својата природа е Бог,</s> <s>не ја искористи Својата еднаквост со Бог</s> <s>за да приграби нешто за Себе.</s><s>7Напротив, се откажа од тоа и стана слуга,</s> <s>се роди во човечко тело</s> <s>и живееше како човек.</s><s>8Како човек, Тој се понижи, остана покорен</s> <s>и по цена на Својот живот,</s> <s>и понизно умре распнат на крст.</s><s>9Затоа Бог Го воздигна и Му даде име</s> <s>поголемо од секое друго име.</s><s>10Пред тоа име, пред Исус,</s> <s>сите суштества на колена ќе клекнат:</s> <s>небесните, земните и оние под земјата, 11сите отворено ќе признаат дека</s> <s>Исус Христос е Господ!</s> <s>Тоа ќе Му донесе</s> <s>слава на Бог Таткото.</s> <s>Бидете светла во овој свет</s> <s>12Затоа, драги мои, како што бевте послушни додека бев кај вас, уште поважно е да останете послушни и сега, кога сум отсутен.</s><s>Продолжете да работите, со длабока страхопочит, за да се заокружи вашето спасение, 13зашто Бог дејствува во вас, за да ве направи желни и способни да го работите она што Тој го сака.</s><s>14Сѐ што ќе правите, правете без да негодувате или да се расправате, 15за да бидете беспрекорни и чисти.</s><s>Меѓу овие расипани, изопачени луѓе вие треба да бидете совршени Божји деца, да светите меѓу нив како што ѕвездите светат на небото, 16држејќи се цврсто до Пораката што носи живот.</s><s>Така, кога Христос ќе се врати, јас ќе се гордеам со вас, зашто ќе биде јасно дека моите напори и мојата работа не биле залудни.</s><s>17Вашата вера во Господ и вашето служење се жртва што Му се принесува на Бог.</s><s>Можеби мојата крв ќе треба да се излее како принос врз таа жртва.</s><s>Ако биде така, јас ќе бидам среќен и ќе се радувам со сите вас.</s><s>18Така и вие треба да бидете среќни и да се радувате со мене.</s> <s>Павле го препорачува Тимотеј</s> <s>19Ако Му е тоа по волја на Господ Исус, се надевам дека набрзо ќе можам да го пратам кај вас Тимотеј, та кога ќе се врати да ме израдува со вести за вас, 20зашто немам друг истомисленик што толку искрено се грижи за вас.</s><s>21Сите други работат за своја корист, а не за делото на Исус Христос.</s><s>22Но, тој се има докажано како карактерен човек.</s><s>Се сеќавате како работевме заедно на ширењето на Радосната вест: како татко и син.</s><s>23Се надевам дека ќе можам да го испратам веднаш штом дознаам каква судбина ми се подготвува, 24а се надевам дека Господ ќе ми овозможи наскоро и јас да дојдам кај вас.</s> <s>Павле го препорачува Епафродит</s> <s>25Во меѓувреме, сметав дека е потребно да ви го пратам нашиот брат Епафродит, со кој заедно работевме и се боревме, откако вие ми го испративте да ми помага во разни потреби.</s><s>26Тој одвај чека да ве види, копнее да се врати дома, зашто му падна тешко што сте разбрале дека беше болен.</s><s>27Навистина беше смртно болен, но Бог му се смилува.</s><s>И не само нему, туку и мене ми се смилува, за да не ми дојде тага врз тага.</s><s>28Брзам да го испратам, за да го видите и да му се нарадувате, па и јас да не бидам толку загрижен за вас.</s><s>29Затоа, пречекајте го со радост, како брат во Господ.</s><s>Таквите како него треба многу да ги цените, 30зашто работејќи за Христос, тој животот си го доведе во опасност и речиси умре, за да ми помогне и да ми го надомести тоа што вие не можевте да го направите за мене, бидејќи сте далеку.</s> <s>Глава 3</s> <s>Да се познава Христос е голема придобивка</s> <s>1За крај, драги мои, радувајте се што Му припаѓате на Господ.</s><s>Мене не ми е тешко одново да ви го напишам истото нешто што веќе порано сум ви го пишувал, бидејќи тоа ќе придонесе да се заштитите.</s><s>2Чувајте се од тие зли луѓе, од тие кучиња што тврдат дека обрежувањето е неопходно!</s><s>Тоа е лажна побожност!</s><s>3Ние, а не тие, сме обрежани на вистинскиот начин, зашто преку (Светиот) Дух Му служиме на Бог и се гордееме со Исус Христос.</s><s>Ние не ја полагаме својата вера во телесни вредности.</s><s>4Јас, се разбира, би можел да се потпрам на телесните вредности.</s><s>Ако некој мисли дека може да се потпира на телесни вредности, нека знае дека јас имам многу повеќе причини така да мислам.</s><s>5Обрежан сум кога сум имал осум дена, Израелец сум по раѓање, од племето на Бинјамин - чистокрвен Евреин.</s><s>Им припаѓав на фарисеите, што подразбира стриктно придржување кон верските закони.</s><s>6Бев толку ревносен, што дури ги прогонував христијаните.</s><s>Толку колку што човек може да биде праведен со почитување на заповедите од верскиот Закон, јас беспрекорно се придржував до нив.</s><s>7Но сите тие нешта што порано толку многу ми значеа, сега, кога верувам во Христос, ги сметам за безвредни.</s><s>8И уште повеќе, сметам дека сѐ е рамно на загуба во споредба со таа скапоцена придобивка: да се познава Исус Христос, мојот Господ.</s><s>Заради Него се откажав од сите тие телесни вредности и ги сметам за обичен смет.</s><s>Христос е сѐ што ми треба.</s><s>9Со Него сакам да бидам, не преку моја сопствена праведност, што би произлегувала од придржување кон верскиот Закон, туку преку праведност што се добива заради вера во Христос, праведност што доаѓа од Бог, врз основа на вера.</s><s>10Сакам длабоко да Го запознаам Христос, да ја доживеам силата што Го воскресна, да искусам дел од Неговите страдања и да се идентификувам со Неговата смрт, 11па така некако да стигнам до воскреснување од мртвите.</s> <s>Стремеж кон целта</s> <s>12Јас не велам дека веќе сум успеал да го постигнам тоа, или дека сум станал совршен.</s><s>Но, и понатаму се стремам да ги постигнам целите заради кои Исус Христос ме придоби.</s><s>13Се разбира, драги пријатели христијани, јас не мислам дека веќе сум успеал да го достигнам тоа, но мислам дека успеав да го заборавам она што е зад мене и од сѐ срце да се стремам кон она што е пред мене.</s><s>14Трчам право кон целта, за да ја добијам наградата, небесното жителство за кое Бог, преку Исус Христос, нѐ повика.</s><s>15Сите што сте духовно зрели, вака треба да размислувате.</s><s>Ако во нешто не се согласувате, верувам дека Бог тоа ќе ви го разјасни.</s><s>16Но важно е да продолжиме да се придржуваме до вистината што веќе ја прифативме.</s><s>17Драги пријатели христијани, одете по моите стапки.</s><s>Гледајте на оние што го следат нашиот пример.</s><s>18Многу пати досега сум ви го кажал ова, а и сега, со солзи во очите ќе ви го повторам: има многу луѓе кои според начинот на кој живеат му се непријатели на Христовиот крст.</s><s>19Тие ќе завршат во пеколот, бидејќи нивните телесни желби им се бог.</s><s>Се гордеат со она од што би требало да се срамат и размислуваат само за овоземни работи.</s><s>20За разлика од нив, ние сме жители на небото и желно очекуваме нашиот Спасител, Господ Исус Христос, оттаму да дојде.</s><s>21Тој ќе ги преобрази нашите слаби, смртни тела и ќе ги направи слични на Неговото славно тело, со истата моќ со која ќе ја преземе власта над сѐ.</s> <s>Глава 4 1Затоа, мои мили и многу сакани пријатели христијани, по кои толку копнеам, радост моја, гордост моја, останете Му непоколебливо верни на Господ!</s> <s>Совети и поттик</s> <s>2Еводија и Синтихија, ве молам обидете се да се усогласите во работата за Господ.</s><s>3Те молам и тебе, мој верен соработнику, помогни им.</s><s>Тие многу работеа со мене на ширењето на Радосната вест, заедно со Климент и со многу други мои соработници чии имиња се запишани во Божјата книга на живите.</s><s>4Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се!</s><s>5Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат.</s><s>Господ брзо ќе дојде.</s><s>6Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.</s><s>7Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.</s><s>8За крај, мои драги пријатели христијани, стремете се кон она што е вистинито, чесно и праведно; она што е невино, љубезно, на добар глас, вредно и ценето.</s><s>9Применете го во практика она што го научивте и добивте од мене, било слушајќи ме што зборувам, било гледајќи ме како постапувам, па Бог, Кој е извор на мир, ќе биде со вас.</s> <s>Благодарност за грижата и помошта</s> <s>10Господ ми даде голема радост што по толку долго време вие пак имавте можност да покажете дека се грижите за мене.</s><s>Не дека престанавте да се грижите за мене, туку немавте можност да го покажете тоа.</s><s>11Не го кажувам ова затоа што бев во беда.</s><s>Се научив да бидам задоволен со тоа што го имам.</s><s>12Знам како да живеам и во сиромаштија и во изобилие.</s><s>Ја научив таа тајна, па сега секогаш и секаде сум задоволен, без разлика дали сум сит или гладен, дали имам многу или малку.</s><s>13Со силата што Христос ми ја дава можам да издржам секакви услови.</s><s>14Сепак, добро сте сториле што сте ми испратиле помош сега, кога ми е тешко.</s><s>15Вие во Филипи, добро знаете дека кога заминав од Македонија, во раните денови на проповедањето на Радосната вест, вие бевте единствената црква што ми помагаше, единствените што го делеа со мене и доброто и злото.</s><s>16Кога бев во Солун, не еднаш ми испраќавте помош, кога таа ми беше потребна.</s><s>17Не барам јас подароци.</s><s>Само сакам вие да добиете заслужена награда заради вашата грижа.</s><s>18Сега, откако Епафродит ми ги предаде даровите што сте ми ги испратиле, имам сѐ што ми треба, дури и повеќе.</s><s>Тие се како принос за Бог со прекрасна миризба, жртва прифатлива и пријатна за Него.</s><s>19Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.</s><s>20На нашиот Бог и Татко слава нека Му е довека!</s><s>Амин.</s> <s>Завршни поздрави</s> <s>21Поздравете ги сите што искрено веруваат во Исус Христос.</s><s>Тие се свети луѓе.</s><s>Ве поздравуваат и браќата што се со мене.</s><s>22Ве поздравуваат сите христијани, а посебно оние што работат во дворецот на императорот.</s><s>23Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет и нека биде со вас.</s>
7249
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%81%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Писмо од апостол Павле до христијаните во Колос (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Павле, избран од Бог да Му биде апостол на Исус Христос, и од нашиот брат по вера Тимотеј, 2до христијаните во градот Колос,</s> <s>до нашите пријатели, верни следбеници на Христос.</s> <s>Бог, нашиот Татко, нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.</s> <s>Благодарностна и застапничка молитва</s> <s>3Секогаш кога се молиме за вас, Му благодариме на Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, 4зашто слушнавме за вашата вера во Исус Христос, и за љубовта што ја имате спрема сите Божји луѓе.</s><s>5Вашата вера и љубов се засновани врз надежта што ја имате за она што е подготвено за вас на небото.</s><s>За тоа слушнавте од вистинитата порака - од Радосната вест.</s><s>6Таа се проповеда по целиот свет и се шири со голем успех, давајќи плодови како и кај вас, од првиот ден кога ја слушнавте вистината и дознавте колку Бог ни е благонаклонет.</s><s>7Радосната вест ја слушнавте од Епафрас, нашиот драг соработник, човек што верно Му служи на Христос и работи за вас.</s><s>8Тој ни раскажа за вашата голема христијанска љубов што ви ја дал Светиот Дух.</s><s>9Затоа, уште од првиот ден кога слушнавме, не престануваме да се молиме за вас и да бараме од Бог да ви ја открие Неговата волја за вашите животи.</s><s>Се молиме да ве исполни со секаква мудрост и разбирање на духовните вистини.</s><s>10Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја.</s><s>Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и сѐ подобро ќе Го запознавате Бог.</s><s>11Се молиме да добивате сила од Неговата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите сѐ што ќе ве снајде 12и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во царството на светлината.</s><s>13Тој нѐ извлече од власта на царството на темнината и нѐ пренесе во царството на Неговиот сакан Син, 14Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите.</s> <s>Христос е над сѐ</s> <s>15Христос е видлива слика на невидливиот Бог.</s> <s>Тој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал</s> <s>и е над сѐ што е создадено.</s><s>16Преку Христос Бог ги создаде сите нешта</s> <s>и на небото и на Земјата:</s> <s>тоа што се гледа и тоа што не се гледа,</s> <s>сите престоли и власти,</s> <s>сите владетели и властодршци,</s> <s>сѐ беше создадено преку Него и за Него.</s><s>17Тој постои пред сѐ и ги одржува сите нешта.</s><s>18Христос е глава на Црквата, која е Негово тело.</s> <s>Тој е Почетокот, прв што воскресна од мртвите,</s> <s>за да биде прв во сѐ, 19зашто Бог одбра во Него</s> <s>во целост да се всели Божјата природа 20и преку Него да ги</s> <s>помири со Себе сите,</s> <s>било да се на Земјата, или на небото,</s> <s>воспоставувајќи мир преку</s> <s>Својата крв, пролеана на крстот.</s><s>21Тоа ве вклучува и вас што порано бевте отуѓени од Бог и Му бевте непријатели, и во мислите и на дело.</s><s>22Сега, преку телесната смрт на Неговиот Син, Тој ве помири со Себе.</s><s>Затоа Христос ќе ве претстави пред Бог како свети, непорочни и беспрекорни.</s><s>23Се разбира, ако докрај продолжите да верувате цврсто и непоколебливо, и не отстапите од надежта што ја дава Радосната вест што ја чувте.</s><s>Јас, Павле, добив задача од Бог да им ја проповедам таа Радосна вест на сите луѓе под небесниот свод.</s> <s>Енергично проповедање на Радосната вест</s> <s>24Страдам, но се радувам, затоа што знам дека вие од тоа ќе имате корист.</s><s>Мило ми е што со моето телесно страдање и јас придонесувам кон страдањата на Исус за Црквата, која е Негово тело.</s><s>25Бог ми даде задолжение да ѝ служам на Црквата и ме испрати кај вас да ви ја проповедам Неговата порака, во сета нејзина полнота.</s><s>26Со векови оваа порака беше тајна за луѓето, а сега таа им е објаснета на Неговите свети луѓе.</s><s>27Бог го стори ова бидејќи сакаше вие што не сте Евреи да ја разберете таа прекрасна, величествена тајна: дека Христос живее во вас и заради тоа вие со право се надевате дека ќе имате свој удел во Божјата слава.</s><s>28Ние токму за Христос проповедаме и ја употребуваме сета наша мудрост, за да ги предупредиме и поучиме сите луѓе, па сите да станат зрели Христови следбеници.</s><s>29Затоа јас толку напорно работам, користејќи ја силата што Тој ми ја дава.</s> <s>Глава 2 1Сакам да знаете низ колкава агонија минувам заради вас, заради христијаните во Лаодикеја и заради сите други христијани што досега не ме имаат ни сретнато.</s><s>2Целта ми е да ги охрабрам, сплотени во љубов целосно да ја разберат Божјата тајна, а тоа е Христос, за да сфатат какво богатство е човек да ја има таа сигурност.</s><s>3Во Христос се кријат сите ризници на Божјата мудрост и знаење!</s><s>4Ви го кажувам ова за да не дозволите никој да ве разубедува и да ве измами.</s><s>5Иако не сум меѓу вас, постојано ве имам во мислите.</s><s>Мило ми е што гледам дека живеете уредно и дека вашата вера во Христос е цврста.</s> <s>Христос, а не обичаи, храна или слави</s> <s>6Вие Го прифативте Исус Христос како свој Господ.</s><s>Продолжете да живеете во послушност спрема Него.</s><s>7Пуштете корени во Него, од Него црпете, за да растете и да се зацврстувате во верата, онака како што ве учевме.</s><s>Бидете Му бесконечно благодарни на Господ.</s><s>8Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос, 9зашто Бог во целост е присутен во Христос во облик на човечко тело, 10па и вие сте целосни личности, преку сојуз со Него.</s><s>Тој е Господар над сите сили и власти.</s><s>11Преку духовно обрежување, Христос ја отстрани од вас вашата грешна природа, исто како што при телесното обрежување се отстранува едно делче од телото.</s><s>12Кога се крстивте, вие всушност се погребавте со Христос, а потоа воскреснавте, бидејќи верувавте во Божјата сила што Го воскресна Христос од мртвите.</s><s>13Вие бевте мртви поради гревовите во вас, зашто вашата грешна природа не беше отстранета од вас.</s><s>Но Бог ве оживеа, заедно со Христос!</s><s>Тој ни ги прости сите наши гревови.</s><s>14Бог ја избриша обврзницата со нашите долгови, според чии одредби ние бевме должници.</s><s>Тој ја зеде и ја уништи, приковувајќи ја на Христовиот крст.</s><s>15Така Бог ги разоружа сите зли владетели и власти, и јавно ги посрамоти, поразувајќи ги со Христовата жртва на крстот.</s><s>16Затоа, не дозволувајте никој да ве обвинува за она што го јадете и пиете, за тоа дали ги славите празниците, дали ја славите Младата месечина и саботата.</s><s>17Тие нешта беа само сенка на она вистинското што требаше да дојде, а тоа е Христос.</s><s>18Не дозволувајте да ве тераат да се самопонижувате и да обожавате ангели, зашто божем добиле такви виденија.</s><s>Тие луѓе се прават многу понизни, но нивните грешни умови се полни со суета и горделивост.</s><s>19Тие веќе не се поврзани со Христос, Кој е глава на телото.</s><s>Тој му дава сила на телото, и преку неговите жили и лигаменти го држи цврсто обединето.</s><s>Тоа духовно тело може да расте само ако се храни од Бог.</s><s>20Вие умревте со Христос и ослободени сте од начинот на кој живеат световните луѓе.</s><s>Зошто тогаш дозволувате да ви наметнуваат вакви догми: 21<Тоа не смее да се допира!“, „Тоа не смее да се јаде!“, или „Тоа не смее да се прави!“?</s><s>22Тоа се само уредби и учења наметнати од луѓе, а се однесуваат на распадливи нешта, на работи што ги употребуваме.</s><s>23Иако на прв поглед се чини мудро да се придржувате до тие правила, бидејќи повикуваат на побожност, понизност и строгост спрема телото, со нив не можат да се победат грешните телесни страсти.</s> <s>Глава 3</s> <s>Новиот живот на христијанинот</s> <s>1Вие сте воскреснати за да живеете со Христос.</s><s>Затоа стремете се кон она што е на небото, каде што Христос владее, седнат од Божјата десна страна.</s><s>2Размислувајте за она што е на небото, а не за она што е на Земјата.</s><s>3Вие умревте кога умре Христос, а тоа значи дека вашиот вистински живот е скриен во Христос кај Бог.</s><s>4А кога ќе се појави Христос, кој е вашиот вистински живот, тогаш и вие ќе се појавите, закитени со Неговата слава.</s><s>5Затоа, не дозволувајте вашето тело да управува со вас!</s><s>Умртвете го во вас она што е развратно, гнасно, похотно, зло и алчно.</s><s>И алчноста е еден вид на идолопоклонство!</s><s>6Ваквите постапки го предизвикуваат Божјиот гнев.</s><s>7Така постапувавте и вие кога вашиот живот беше неуреден.</s><s>8Сега треба да престанете со гнев, омраза и злоба.</s><s>Престанете да навредувате и да се служите со непристојни зборови.</s><s>9Немојте да лажете.</s><s>Вие веќе ја соблековте и ја отфрливте вашата стара природа, со нејзините навики, 10па наместо неа облековте нова природа, која постојано се обновува, колку што подобро Го запознавате Христос, Кој ја создаде новата природа во вас.</s><s>11Не е важно дали сте Грци или Евреи, дали сте обрежани или не, дали сте варвари или Скити, дали сте робови или слободни.</s><s>Сѐ што е важно е Христос да живее во сите нас!</s><s>12Бог ве сака и ве одбра да бидете Негов свет народ.</s><s>Затоа, сочувствувајте со луѓето, бидете љубезни спрема нив, бидете скромни, кротки и трпеливи.</s><s>13Толерирајте се, простувајте си кога некој ќе ви згреши.</s><s>Простувајте си исто како што Господ вам милостиво ви прости.</s><s>14А најважно од сѐ е да бидете исполнети со љубов, зашто меѓусебната љубов сврзува во совршена заедница.</s><s>15Секој од вас е дел од Христовото тело.</s><s>Треба да бидете сложни и благодарни.</s><s>Дозволете мирот што доаѓа од Христос да ги води вашите срца.</s><s>16Зборовите на Христос, во сето нивно богатство, нека го исполнуваат вашиот живот.</s><s>Користете ја сета мудрост што ја имате за да се поучувате и советувате еден со друг.</s><s>Пејте Му на Бог псалми, химни и духовни песни, пејте Му со благодарност и од сѐ срце.</s><s>17Сѐ што ќе кажете или ќе направите, правете го како претставници на Господ Исус, оддавајќи Му преку Него благодарност на Бог Таткото.</s> <s>Начела за христијанските семејства</s> <s>18Жени, покорувајте им се на вашите сопрузи, како што им прилега на Господови следбенички.</s><s>19Мажи, сакајте си ги вашите сопруги.</s><s>Не однесувајте се грубо спрема нив.</s><s>20Деца, бидете им во сѐ послушни на вашите родители.</s><s>Тоа Му причинува задоволство на Господ.</s><s>21Татковци, немојте да постапувате сурово спрема своите деца, за да не им ја уништите волјата.</s><s>22Робови, бидете им послушни на вашите земни господари во сѐ, дури и тогаш кога не ве гледаат.</s><s>Правете го тоа од сѐ срце, не за да им угодите на луѓето, туку од страхопочит спрема Господ.</s><s>23Сѐ што правите, правете го со сета душа, како да го правите за Господ, а не за луѓето.</s><s>24Имајте на ум дека Му служите на Господ Христос и дека Тој ќе ве награди.</s><s>25А кој постапува лошо, ќе си ги поднесува последиците, бидејќи кај Господ нема пристрасност.</s> <s>Глава 4 1Господари, постапувајте чесно и правично со своите робови.</s><s>Не заборавајте дека и над вас има Господар на небото!</s> <s>Поттик на молитва и мудро однесување</s> <s>2Посветете се на молитва, будно и со благодарност.</s><s>3Молете се и за нас, Бог да ни отвори патишта, па Неговата порака да се шири и да се објаснува тајната за Христос.</s><s>Токму заради тоа сега јас сум в затвор.</s><s>4Молете се пораката да ја објаснувам разбирливо, онака како што треба.</s><s>5Однесувајте се мудро спрема оние што не се христијани и користете ја секоја можност.</s><s>6Зборувајте љубезно, умесно и концизно; давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.</s> <s>Завршни упатства и поздрави</s> <s>7Мојот драг пријател Тихик, кој верно работи со нас и Му служи на Господ, ќе ви раскаже сѐ што ве интересира за мене.</s><s>8Го праќам токму заради тоа, да ви каже како сме и да ве охрабри.</s><s>9Со него ќе дојде и вашиот земјак Онисим, кој е наш верен и многу мил брат по вера.</s><s>Тие ќе ви раскажат за сѐ што се случува овде.</s><s>10Ве поздравува Аристарх.</s><s>И тој е в затвор со мене.</s><s>Ве поздравува и Марко, братучедот на Барнава.</s><s>Ако дојде кај вас, прифатете го, како што веќе ви пишавме.</s><s>11Ве поздравува и Исус, меѓу нас познат како Јуст.</s><s>Овие тројца се единствените христијани од Евреите што работат со мене за Божјото царство.</s><s>Тие се големо охрабрување за мене.</s><s>12Ве поздравува и вашиот сограѓанин Епафрас, кој сега е во служба на Исус Христос.</s><s>Тој ревносно се моли за вас, да бидете цврсти, да станете зрели христијани, уверени во целата Божја волја.</s><s>13Јас лично сум сведок колку ревносно се залага тој за вас, како и за христијаните во Лаодикија и во Јерапол.</s><s>14Ве поздравуваат нашиот драг лекар Лука и Димас.</s><s>15Поздравете ги сите христијани во Лаодикија, а посебно Нимфа и членовите на црквата што се собираат во нејзиниот дом.</s><s>16Кога ќе го прочитате ова писмо кај вас, погрижете се да стигне и во Лаодикиската црква, за да го прочитаат и тие, а и вие треба да го прочитате писмото што им го упатив ним.</s><s>17Потсетете го Архип внимателно да ја извршува работата што му ја довери Господ.</s><s>18Сега своерачно ви пишувам: Поздрав од Павле!</s> <s>Не заборавајте дека сум в затвор.</s> <s>Бог нека ви биде благонаклонет.</s>
7250
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Прво писмо од апостол Павле до христијаните во Солун (вики-превод)
<s>Библија</s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Павле, Силван и Тимотеј</s> <s>до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог Таткото, и на Господ Исус Христос.</s> <s>Бог нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир.</s> <s>Примерната вера на солунските христијани</s> <s>2Постојано Му заблагодаруваме на Бог за сите вас и секогаш ве спомнуваме во нашите молитви.</s><s>3Си спомнуваме пред Бог, нашиот Татко, како се покажа вашата вера на дело, како работите со љубов и колку трпеливо се надевате на нашиот Господ Исус Христос.</s><s>4Знаеме, драги пријатели, дека Бог вас ве сака и дека ве одбра да бидете Негов народ, 5затоа што Радосната вест не ви ја проповедавме само преку зборови, туку бевте сведоци на огромна сила: Светиот Дух наполно ве увери дека тоа што ви го говоревме е вистина.</s><s>Вие знаете како ние живеевме додека бевме кај вас.</s><s>Тоа беше дополнителен доказ дека нашата порака е искрена.</s><s>6Вие сега се однесувате онака како што се однесуваме ние и како што се однесува Господ, па, иако многу настрадавте, со радост ја прифативте пораката што доаѓа од Светиот Дух.</s><s>7Така им станавте пример на сите христијани во Македонија и Ахаја.</s><s>8Не само што од вас почна да се шири пораката Господова во Македонија и Ахаја, туку за вашата вера насекаде се раскажува!</s><s>Нема никаква потреба ние за тоа да зборуваме.</s><s>9Самите луѓе раскажуваат за вас, како сте ги пречекале, како сте се обратиле кон Бог и сте престанале да им служите на идолите, за да Му служите на вистинскиот, на живиот Бог; 10и како го чекате Неговиот Син Исус да дојде од небото.</s><s>Него Бог Го воскресна од мртвите и Тој нѐ избави од Божјиот гнев што ќе дојде.</s> <s>Глава 2</s> <s>Мисијата на Павле во Солун</s> <s>1Вие, драги мои, знаете дека нашето доаѓање кај вас не беше загубено време.</s><s>2Знаете како настрадавме и како нѐ навредуваа во градот Филипи, пред да дојдеме кај вас.</s><s>Сепак, Бог ни даде храброст, наспроти силното противење, и вам да ви ја пренесеме Неговата Радосна вест.</s><s>3Тоа што ви го проповедавме не произлегува од заблуда, ниту пак е со нечисти мотиви, или со измами.</s><s>4Зборуваме онака како што Бог бара од нас, зашто Тој нѐ провери и утврди дека може да ни го довери проповедањето на Радосната вест.</s><s>Затоа ние зборуваме, не со намера да им угодуваме на луѓето, туку да Му угодиме на Бог, на Оној што ги проверува мотивите на нашите срца.</s><s>5Добро знаете дека ние не се обидовме да ве придобиеме со подмилкување.</s><s>Бог ни е сведок дека не дојдовме кај вас со подмолна алчност за богатење.</s><s>6Не бараме ни признание од луѓето: ниту од вас, ниту од други луѓе.</s><s>7Како апостоли на Христос можевме да ви поставуваме разни барања, но ние многу внимателно се однесувавме со вас, како мајка доилка што со нежност се грижи за своите дечиња.</s><s>8Толку ни станавте мили, толку се приврзавме спрема вас, што бевме решени не само да ви ја пренесеме Божјата Радосна вест, туку и душите свои да ги дадеме за вас.</s><s>9Впрочем, драги пријатели, потсетете се како ние работевме и се трудевме.</s><s>Ден и ноќ работевме за својата издршка, за да не му бидеме на товар на никого од вас додека ви ја проповедавме Божјата Радосна вест.</s><s>10Вие и Бог сте ни сведоци дека нашето поведение спрема вас христијаните беше искрено, праведно и беспрекорно.</s><s>11Знаете дека спрема секого од вас се однесувавме онака како што татко се однесува спрема своите деца.</s><s>12Ве охрабрувавме, ве утешувавме и ве поттикнувавме да живеете онака како што прилега за Бог, Кој ве повикува да станете дел од Неговото царство и да учествувате во Неговата слава.</s><s>13Постои и друга причина поради која ние постојано Му заблагодаруваме на Бог.</s><s>Кога ја слушнавте од нас Божјата порака, вие ја прифативте не како порака што доаѓа од луѓе, туку како Божја порака, што таа навистина и е. Таа сега дејствува во вас кои поверувавте.</s><s>14Драги пријатели христијани, вам ви се случија истите нешта што им се случуваат на Божјите цркви во Јудеја и на сите луѓе што Му се верни на Исус Христос.</s><s>Вие настрадавте од вашите сонародници, исто како што тие страдаа од Евреите, 15од оние што Го убија Господ Исус, што ги убиваа пророците, од оние што и нас жестоко нѐ прогонуваа.</s><s>Тие не Му се по волја на Бог.</s><s>Непријателски се расположени спрема целото човештво.</s><s>16Ни забрануваа да им проповедаме на луѓе што не се Евреи, за да не се спаси и некој што не е Евреин!</s><s>Со тоа докрај се исполни списокот на нивните гревови.</s><s>Сега Божјиот гнев конечно дојде и на нивна глава.</s> <s>Павле сака повторно да ја посети црквата во Солун</s> <s>17Драги пријатели!</s><s>Колку многу ни недостасувате, колку желно сакаме пак да ги видиме вашите лица, иако само кратко време сме одвоени од вас, се разбира физички, но не и во нашите мисли.</s><s>18Сакавме да дојдеме кај вас.</s><s>Јас, Павле, не еднаш се обидов, но сатаната нѐ спречи.</s><s>19Конечно, што ни дава надеж и радост, со каков венец ние ќе се гордееме?</s><s>Тоа сте вие!</s><s>Кога нашиот Господ Исус повторно ќе дојде, ние со вас ќе се гордееме и ќе се радуваме.</s><s>20Вие сте нашата слава и радост.</s> <s>Глава 3 1Веќе не можевме да издржиме.</s><s>Решивме само ние да останеме во Атина, 2а кај вас да го пратиме нашиот брат Тимотеј.</s><s>Тој работи со нас за Бог и ни помага во проповедањето на Радосната вест за Христос.</s><s>Сакавме тој да ве охрабри и да ја зацврсти вашата вера.</s><s>3Не сакаме никој од вас да се обесхрабри од овие тешкотии.</s><s>Однапред знаевте дека ќе треба да страдаме.</s><s>4Кога бевме кај вас, ви кажувавме дека ќе минуваме низ неволи.</s><s>Така и се случи.</s><s>5Затоа јас не можев да чекам повеќе и го испратив Тимотеј да види како се држите, во каква состојба е вашата вера.</s><s>Страхував сатаната да не успеал да ве поколеба преку искушенија и да го уништи сето она што ние го постигнавме.</s><s>6Сега Тимотеј се врати од кај вас и ни донесе радосни вести.</s><s>Ни раскажа дека во вас има и вера и љубов.</s><s>Ни пренесе дека со радост се сеќавате на нас, и дека и вие копнеете пак да нѐ видите.</s><s>7Така, драги пријатели, и покрај сите маки и страдања низ кои минуваме, вашата вера многу нѐ охрабри.</s><s>8Вашата непоколеблива вера во Господ претставува силен поттик за нас.</s><s>9Како да Му се заблагодариме на Бог за вас?</s><s>Како да Му возвратиме за сета радост што ни ја причинувате?</s><s>10Деноноќно, од сѐ срце Му се молиме на Бог пак да се сретнеме со вас и да ви помогнеме онаму каде што имате потреба во однос на вашата вера.</s><s>11Се молиме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос, да ни дозволат пак да дојдеме кај вас.</s><s>12Господ нека ја поттикне љубовта што ја имате еден спрема друг и спрема сите луѓе.</s><s>Таа љубов нека расте онака како што расте нашата љубов спрема вас.</s><s>13А кога нашиот Господ Исус ќе дојде, заедно со сите Негови следбеници, нека ги направи вашите срца чисти и посветени во очите на Бог, нашиот Татко.</s><s>Амин.</s> <s>Глава 4</s> <s>Поттик на богоугоден живот</s> <s>1За крај, драги пријатели, сега кога Му припаѓате на Господ Исус, ве молиме и ве повикуваме да живеете богоугодно, онака како што ве учевме.</s><s>Вие веќе сега живеете така, но трудете се уште повеќе.</s><s>2Потсетувајте се на упатствата што ви ги дававме како на следбеници на Господ Исус.</s><s>3Бог сака вие да бидете свети - да се чувате од блуд.</s><s>4Секој треба да умее да го контролира своето тело, за да биде свето и за почит.</s><s>5Немојте да им робувате на вашите необуздани страсти, како што прават луѓето што не Го познаваат Бога.</s><s>6Во однос на ова прашање, никако не смеете да мамите и искористувате други христијани!</s><s>Потсетете се, веќе ве предупредивме дека Господ ќе го казни секој што така прави.</s><s>7Бог не ве одбра за да живеете валкан живот, туку за да бидете свети.</s><s>8Секој што не се придржува кон ова, не е непослушен спрема нас, туку спрема Бог, спрема Оној што ни Го дава Својот Свет Дух.</s><s>9Нема потреба да ви пишувам дека треба да се сакате еден со друг.</s><s>Самиот Бог веќе ве научи како да се сакате, 10и вие веќе ја покажавте својата љубов спрема сите христијани во цела Македонија.</s><s>Сакам само да ве охрабрам, драги пријатели, таа љубов кај вас уште повеќе да расте.</s><s>11Трудете се да живеете тивко, да си ја гледате својата работа, да си заработувате за живејачка, како што и ве учевме.</s><s>12Така и тие што не се христијани ќе ве почитуваат, а вие нема да зависите од никого.</s> <s>Воскреснување и вознесување на христијаните</s> <s>13Драги пријатели христијани, сакаме да знаете што ќе се случи со оние што се починати, за да не тагувате како луѓето што по ова прашање немаат никаква надеж.</s><s>14Ако ние веруваме дека Исус умре и воскресна, веруваме и дека Бог пак ќе ни Го врати, а со Него ќе ги врати и сите што пред да починат верувале во Исус.</s><s>15Ова ни е кажано од Господ.</s><s>Тој ни рече дека ние што ќе бидеме живи кога Тој повторно ќе дојде, ќе се сретнеме со Него откако Тој претходно ќе ги воскресне починатите.</s><s>16Господ Лично ќе се симне од небото, со силен глас ќе заповеда, со глас на архангел и со труба Божја, и прво ќе воскреснат оние што верувале во Христос пред да починат; 17потоа ние што сме живи, заедно со нив, ќе бидеме грабнати во облаците, за да се сретнеме со Господ и засекогаш да останеме со Него.</s><s>18Затоа, утешувајте се и охрабрувајте се меѓусебно со овие зборови.</s> <s>Глава 5 1Нема потреба да ви пишувам за времето и датумот кога ќе се случи ова.</s><s>2Вие сигурно и самите знаете дека доаѓањето на Господ ќе биде ненадејно, како кога крадец неочекувано упаѓа ноќе.</s><s>3Кога луѓето ќе си мислат: „Сега сме мирни и безбедни,“ тогаш неочекувано ќе им дојде уништувањето, како кога породилни болки ѝ доаѓаат на жена што треба да роди.</s><s>Тоа неминовно ќе им се случи.</s><s>4Но вие што сте христијани, не живеете во мрак, па во тој ден нема да бидете непријатно изненадени, како од крадец.</s><s>5Вие ѝ припаѓате на светлината и на денот, а не на темнината и на ноќта.</s><s>6Затоа, да нѐ бидеме заспани, како другите луѓе, туку да бидеме будни и трезвени.</s><s>7Ноќе луѓето спијат, ноќе се опиваат; 8но ние што му припаѓаме на денот треба да бидеме трезвени.</s><s>Треба да се вооружиме со вера и љубов.</s><s>Тие да ни бидат како штитник на градите.</s><s>Треба да се вооружиме со увереност дека ќе бидеме спасени и тоа да ни биде како шлем на главата.</s><s>9Бог не нѐ одбра за да нѐ казни, туку за да бидеме спасени преку нашиот Господ Исус Христос, 10Кој умре за нас, за да Му се придружиме и вечно да живееме со Него, без оглед на тоа дали кога Тој ќе се врати ќе бидеме живи, или починати.</s><s>11Затоа, продолжете да се охрабрувате и да се изградувате еден со друг.</s> <s>Упатства за меѓусебните односи во Црквата</s> <s>12Драги христијани по црквите, ве молиме да им оддавате признание на оние што работат меѓу вас, што ве водат и поучуваат; 13искрено да ги почитувате и да ги сакате заради тоа што го работат.</s><s>Ве молиме да не се карате.</s><s>14Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите.</s><s>15Гледајте никој никому да не враќа зло за зло.</s><s>Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе.</s><s>16Бидете секогаш радосни, 17постојано молете се.</s><s>18Што и да ви се случува, прифаќајте го со благодарност, зашто така, вие што Му припаѓате на Исус Христос, ја исполнувате Божјата волја.</s><s>19Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух.</s><s>20Немојте да ги занемарувате пророштвата.</s><s>21Проверувајте сѐ што се проповеда и држете се до тоа што е добро.</s><s>22Држете се настрана од сѐ што е зло.</s> <s>Благослови и поздрави</s> <s>23Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, сѐ до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.</s><s>24На Оној што ве одбра, можете да Му верувате.</s><s>Тој навистина ќе го стори тоа.</s><s>25Драги пријатели христијани, молете се и за нас.</s><s>26Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж.</s><s>27Ве задолжувам, во името на Господ, да го прочитате ова писмо пред сите христијани.</s><s>28Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет.</s> <s></s> <s>Забелешки:</s> <s>ar:الكتاب المقدس bs:Biblija cs:Bible cy:Beibl de:Bibel el:ءمكل أٌلِق es:Biblia fr:La Bible he:ביבליה hr:Biblija it:Sacra Bibbia la:Biblia Sacra ml:ബൈബിള്‍ pl:Biblia Gdaסska pt:Bםblia ro:Biblia ru:ֱטבכט sl:Sveto pismo sr:ׁגועמ ןטסלמ sv:Bibeln 1917 th:₪ְֱׁױֳלה÷א÷װֵ tr:İncil uk:ֱ³בכ³ (־ד³÷םךמ)</s>
7251
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Второ писмо од апостол Павле до христијаните во Солун (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Павле, Силван и Тимотеј, до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог, нашиот Татко, и на Господ Исус Христос.</s><s>2Ви посакуваме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.</s> <s>Примерната вера на солунските христијани</s> <s>3Како што прилега, чувствуваме обврска да Му благодариме на Бог за вас, драги пријатели христијани, затоа што вашата вера и вашата љубов, еден спрема друг и спрема сите луѓе, постојано расте.</s><s>4Се гордееме со вас пред сите Божји цркви.</s><s>Им кажуваме колку сте непоколебливи, како вашата вера опстојува и покрај сите прогони и маки низ кои минувате.</s><s>5Тоа покажува дека Бог правилно ве проценил и дека навистина сте достојни да го наследите Божјото царство, за кое и страдате.</s><s>6Бог праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и мачат, 7а вам, кои страдате, ќе ви даде починка, како и на сите нас, кога Господ Исус ќе се појави од небото со Своите моќни ангели, 8со распламтен оган, казнувајќи ги оние што не сакаат да Го признаат Бог и ја отфрлаат Радосната вест на нашиот Господ Исус.</s><s>9Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила.</s><s>10Ова ќе се случи кога Господ ќе се врати за да Му биде оддадена слава и чест од оние што се Негови, што веруваат во Него.</s><s>Меѓу нив спаѓате и вие, затоа што поверувавте во она што ви го сведочевме.</s><s>11Вас Бог ве одбра и ние постојано се молиме за вас, Бог да ве направи достојни за тој позив.</s><s>Се молиме Бог да ви даде сила да ги извршите сите добри дела што посакувате да ги направите и што верата ви налага да ги правите.</s><s>12Така, заради тоа што нашиот Бог и Господ Исус Христос беше толку благонаклонет спрема вас, вие ќе му донесете слава на името на нашиот Господ Исус, а и Тој вам ќе ви донесе слава.</s> <s>Глава 2</s> <s>Настани што ќе му претходат на второто доаѓање на Господ</s> <s>1Нашиот Господ Исус Христос ќе се врати и ќе нѐ прибере кај Себе.</s><s>Затоа ве молам, драги пријатели христијани, 2не дозволувајте лесно да ве поколебаат, ниту да ве вознемират луѓето што тврдат дека Господ веќе се вратил.</s><s>Тие можеби ќе тврдат дека тоа го дознале преку духовна објава, дека слушнале од некој друг, или дека тоа го прочитале во некое од нашите писма.</s><s>3Не дозволувајте да ве измамат!</s><s>Тој ден нема да дојде пред луѓето масовно да се побунат против Бог и пред да се појави Човекот на гревот и уништувањето.</s><s>4Тој самиот себе ќе се возвишува и ќе се противставува на сѐ што е Божјо и свето.</s><s>Дури ќе се осмели да седне во Божјиот храм и да тврди дека тој е Бог.</s><s>5Зарем не се сеќавате дека ви го зборував ова додека бев кај вас?</s><s>6Вие знаете што е тоа што го спречува Злиот да се појави, сѐ додека не дојде времето тој да настапи во јавноста.</s><s>7Неговата зла сила веќе подмолно дејствува, но има Еден што го задржува и така ќе биде сѐ додека Тој не му се тргне од патот.</s><s>8Тогаш Човекот на гревот ќе се појави, а Господ Исус со Својот здив ќе го убие, ќе го уништи при Своето повторно доаѓање.</s><s>9Тој зол човек ќе дојде за да ги изврши делата на сатаната: со сета своја сила ќе покаже лажни чудотворни знаци.</s><s>10Со своите зли дела ќе успее да ги измами оние што одат по патот кој ќе ги одведе во пропаст, зашто одбија да ја засакаат вистината и така да се спасат.</s><s>11Затоа Бог им испраќа една толку уверлива измама, што ќе поверуваат во сите тие лаги.</s><s>12Тогаш сите тие ќе бидат казнети, бидејќи, наместо да поверуваат во вистината, тие уживаа да прават зло.</s> <s>Верните треба да останат непоколебливи</s> <s>13Чувствуваме обврска постојано да Му бидеме благодарни на Бог за вас, драги пријатели христијани, вас што Господ ве засака.</s><s>Тој ве одбра да се спасите меѓу првите, така што Светиот Дух ве посвети, а вие поверувавте во вистината.</s><s>14Преку нашето проповедање на Радосната вест Бог ве повика да се спасите.</s><s>Сега можете и вие да се придружите кон славата на нашиот Господ Исус Христос.</s><s>15Затоа, драги пријатели христијани, бидете непоколебливи и држете се цврсто до она што ве учевме лично и преку нашите писма.</s><s>16А сега, нашиот Господ Исус Христос и Бог Таткото, Кој нѐ сака и ни даде трајна утеха и прекрасна надеж со Својата благонаклоност спрема нас, 17нека ви ги насрчат срцата и нека ви дадат сила постојано да го зборувате и да го правите она што е добро.</s> <s>Глава 3</s> <s>Павле бара да се молат за нив</s> <s>1Понатаму, драги пријатели, молете се за нас.</s><s>Молете се најнапред учењето за Господ да се шири, па и другите да го почитуваат она што го почитувате вие.</s><s>2Молете се да не паднеме во рацете на лоши и злобни луѓе, зашто не сите луѓе веруваат во Господ.</s><s>3Но, во Господ можете да имате доверба.</s><s>Тој ќе ви даде сила и ќе ве чува од злиот.</s><s>4Господ ни дава увереност дека она што ви го наложивме го правите и ќе продолжите да го правите.</s><s>5Се молам Господ да ви ги насочува срцата кон исполнување со љубов, онака како што Бог е полн со љубов и кон трпеливост, онака како што Христос е трпелив.</s> <s>Бидете вредни, а не мрзливи</s> <s>6Сега, драги пријатели христијани, во името на нашиот Господ Исус Христос, ви наложувам да не им се придружувате на оние меѓу вас, кои само денгубат, ништо не работат и не се придржуваат до она што ве учевме.</s><s>7Вие сигурно знаете дека треба да го следите нашиот пример.</s><s>Додека бевме со вас, ние не седевме со скрстени раце.</s><s>8Лебот што го јадевме не беше подарок од вас, туку деноноќно напорно работевме, за да не му бидеме никому на товар.</s><s>9Не дека ние не можевме да бараме храна од вас, туку сакавме вам да ви дадеме пример.</s><s>10Уште кога бевме кај вас ви рековме: на оној што не сака да работи, не давајте му ни да јаде!</s><s>11Слушаме дека некои меѓу вас денгубат, ништо не работат и само се плеткаат во тоа што не е нивна работа.</s><s>12Заради нашиот Господ Исус Христос ги молиме тие луѓе и бараме од нив да се средат и да почнат да работат, та сами да се издржуваат.</s><s>13А вам, драги пријатели што не сте во таа група, никогаш нека не ви биде мачно да правите добри дела.</s><s>14Посочете ги луѓето што не се придржуваат до упатствата што ви ги дадовме во ова писмо.</s><s>Престанете да се дружите со нив, за да се посрамат.</s><s>15Немојте да ги сметате за свои непријатели, туку советувајте ги, како членови на вашето духовно семејство.</s> <s>Благослови и поздрави</s> <s>16Господ нека биде со вас и нека ви дава мир, зашто Самиот Тој е извор на мирот.</s><s>17Како и во сите мои писма, ве поздравувам со своерачен потпис: Павле.</s><s>18Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет на сите.</s>
7252
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%A2%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%98%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Прво писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Павле,</s> <s>апостол на Исус Христос, назначен по заповед на Бог, нашиот Спасител, и на Христос, нашата надеж.</s><s>2До Тимотеј, кој заради заедничката вера ми е како син.</s> <s>Ти посакувам Бог Таткото и нашиот Господ Исус Христос да ти бидат благонаклонети, да покажат милост спрема тебе и да ти дадат мир.</s> <s>Предупредување против изопачените учења</s> <s>3Кога заминував за Македонија, те замолив да останеш во Ефес и да предупредиш одредени луѓе таму да престанат да шират изопачени учења, 4да престанат да си го губат времето со митови и со бескрајни родослови.</s><s>Со такви нешта само предизвикуваат расправии, а не водат до Божјиот план, кој може да се осознае само преку вера.</s><s>5Целта на нашето предупредување е тамошните христијани да научат да сакаат искрено и од сѐ срце, да имаат чиста совест и искрена вера.</s><s>6Некои учители застранија од ова и се свртеа кон празни мудрувања.</s><s>7Сакаат да бидат учители на Мојсеевиот Закон, а не го разбираат ниту она што го зборуваат, ниту пак она што го тврдат со толкава самоувереност!</s> <s>Улогата на законите</s> <s>8Ние знаеме дека, ако правилно се применуваат, законите се добри.</s><s>9Но го знаеме и тоа дека законите не постојат за да ги контролираат праведните луѓе, туку да ги одвраќаат престапниците, бунтовниците, безбожниците и грешниците.</s><s>Тие постојат заради луѓе на кои ништо не им е свето, луѓе што сквернават сѐ што ќе стигнат, убијци што се во состојба да си ги убијат дури и сопствените родители!</s><s>10Законите се напишани заради блудните луѓе, заради полово изопачените, трговците со робови, лажговците и оние што не си ги почитуваат заклетвите.</s><s>Тие постојат заради сите оние што му се противставуваат на правилното учење 11што произлегува од величествената Радосна вест која ми ја довери нашиот прекрасен Бог.</s> <s>Благодарност за Божјата милост</s> <s>12Благодарен сум Му на нашиот Господ Исус Христос, Кој сметаше дека може да има доверба во мене и ми даде сила да ја вршам оваа работа.</s><s>13Јас зборував навредливи нешта за Него, безобѕирно ги прогонував Неговите следбеници, но Тој се смилува над мене, зашто знаеше дека тоа се случуваше пред да поверувам и не бев свесен што правам.</s><s>14Каква огромна благонаклоност покажа нашиот Господ спрема мене!</s><s>Целосно ме исполни со вера и љубов каква што има Исус Христос.</s><s>15<Исус Христос дојде на овој свет за да ги спаси грешните.“ Оваа вистина сите треба да ја прифатиме со целосна доверба.</s><s>Јас сум најголемиот грешник од сите!</s><s>16Но токму заради тоа Бог се смилува над мене и преку мојот пример покажа колку Исус Христос е трпелив со нас грешните.</s><s>Така и други луѓе ќе сфатат дека и тие можат да поверуваат во Него и да добијат вечен живот.</s><s>17На вечниот Цар, бесмртен и невидлив, на единствениот Бог, да Му оддадеме слава и почит за вечни времиња!</s><s>Амин.</s><s>18Тимотеј, сине мој, упатствата што ти ги давам се засновани врз пророштвата што претходно се дадени за тебе.</s><s>Нека те поттикнуваат да се бориш како добар војник, 19да бидеш верен и да имаш чиста совест.</s><s>Некои луѓе доживеаја бродолом во својата вера, бидејќи не си ја слушаа совеста.</s><s>20Тоа им се случи на Именеј и на Александар.</s><s>Тие луѓе му ги препуштив на Сатаната, за да се научат да не зборуваат навредливо за Бог.</s> <s>Глава 2</s> <s>Како треба да Му се служи на Бог</s> <s>1Како прво, ве поттикнувам да се молите за сите луѓе.</s><s>Барајте од Бог да им помогне и да ги благослови, а потоа заблагодарувајте Му се за сите нив.</s><s>2Молете се за царевите и за сите што се на власт, за да имаме мирен и тивок живот, исполнет со побожност и достоинство.</s><s>3Ваквите молитви се добри и Бог, нашиот Спасител, ги прифаќа.</s><s>4Тој сака сите да се спасат и да ја сфатат вистината, а тоа е дека 5постои само еден Бог и постои само Еден што може да посредува меѓу Бог и луѓето: тоа е човекот Исус Христос.</s><s>6Тој го даде Својот живот за да се откупи слобода за секој човек.</s><s>Бог му ја упати оваа порака на светот во вистинско време.</s><s>7Бог ме одбра да бидам проповедник и апостол на таа Радосна вест.</s><s>Јас не лажам.</s><s>Она што ви го зборувам е вистина.</s><s>Бог ме испрати кај оние што не се Евреи, да ги учам за верата и вистината.</s><s>8Затоа, каде и да се собирате, од мажите барам да креваат чисти раце кон небото и да се молат ослободени од лутина и препирки.</s><s>9Од жените барам да изгледаат скромно.</s><s>Да се облекуваат едноставно и пристојно.</s><s>Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери.</s><s>10Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела.</s><s>11Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки.</s><s>12Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат.</s><s>Треба да бидат тивки, 13зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева, 14а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.</s><s>15Сепак, жените, ако останат верни, ако ја зачуваат љубовта, ако бидат свети и скромни, ќе бидат спасени преку раѓање деца.</s> <s>Глава 3</s> <s>Какви треба да бидат водачите и помошниците во црквите</s> <s>1Точно е дека кога некој сака да биде водач на црква, посакува многу возвишена работа.</s><s>2Затоа, за да биде човек водач на црква, мора да биде без пороци, да ѝ биде верен на својата сопруга, да биде воздржан, разумен, со добар углед, гостољубив и способен да поучува.</s><s>3Не смее да се опива, ниту да врши насилства.</s><s>Треба да биде трпелив, да не е склон кон расправии и да не биде алчен за пари.</s><s>4Треба да биде добар домаќин, а неговите деца треба да го слушаат и да го почитуваат.</s><s>5Ако тој не умее да го води сопственото домаќинство, како тогаш ќе се грижи за Божјата црква!?</s><s>6Тој не смее да биде новообратен, за да не стане горделив и да ја направи истата грешка што ја направи и ѓаволот.</s><s>7Тој треба да ужива добар углед и кај луѓето што не ѝ припаѓаат на црквата.</s><s>Во спротивно, тој може да падне во стапицата на ѓаволот и да се посрамоти.</s><s>8Истото важи и за ѓаконите во црквата.</s><s>Тие мора да бидат сериозни и чесни луѓе, да не лажат, да не се опиваат и да не бидат алчни за пари.</s><s>9Мора да имаат чиста совест и цврсто да се држат до начелата на христијанската вера кои сега ни се откриени.</s><s>10Пред да бидат назначени за ѓакони, тие треба да се докажат како луѓе без пороци.</s><s>11Исто така и нивните жени треба да бидат сериозни.</s><s>Не треба да се занимаваат со озборување, не треба да бидат избувливи, туку треба да бидат верни во секој поглед.</s><s>12Секој ѓакон треба да ѝ биде верен на својата сопруга, добро да си ги воспитува децата и добро да го води сопственото домаќинство.</s><s>13Тие што добро ги извршуваат ѓаконските должности во црквата треба да бидат наградени со почит и доверба како верни следбеници на Исус Христос.</s> <s>Тајната на нашата вера</s> <s>14Се надевам дека набрзо ќе те посетам, но сепак ти го пишувам ова 15за, ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е Црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.</s><s>16Без сомнение, тајната на вистинската вера во Бог е величествена:</s> <s></s> <s>Христос дојде во човечко тело.</s> <s>Светиот Дух потврди дека Тој</s> <s>ја исполни Божјата волја.</s> <s>Ангели Го видоа.</s> <s></s> <s>За Него им беше проповедано</s> <s>на народите.</s> <s>Луѓето поверуваа во Него.</s> <s>Тој славно се вознесе на небото.</s> <s>Глава 4</s> <s>Распознавање на лажните учители</s> <s>1Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера.</s><s>Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења.</s><s>2Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена.</s><s>3Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна.</s><s>Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат.</s><s>4Сѐ што е создадено од Бог е добро.</s><s>Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.</s><s>5Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.</s> <s>Примерни христијански водачи</s> <s>6Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос.</s><s>Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш.</s><s>7Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски!</s><s>Вежбај се да бидеш вистински побожен.</s><s>8Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна.</s><s>Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.</s><s>9Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба.</s><s>10Напорно работиме и се бориме, бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.</s><s>11На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето.</s><s>12Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад.</s><s>Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани.</s><s>13Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото писмо во црквата, на проповедање и поучување.</s><s>14Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините.</s><s>15Извршувај ги овие должности, посвети им се целосно, нека се гледа дека напредуваш.</s><s>16Внимавај како живееш и како поучуваш!</s><s>Истрај во праведната работа, за да се спасиш и себеси, и оние што те слушаат.</s> <s>Глава 5</s> <s>Примерен однос спрема луѓето во црквата</s> <s>1Спрема постари луѓе не покажувај грубост, туку обраќај им се како што би му се обратил на сопствениот татко.</s><s>Спрема тие што се помлади од тебе однесувај се како да ти се браќа.</s><s>2Спрема постарите жени однесувај се како да ти се мајки, а спрема помладите, твојот однос треба да биде чист, како спрема сестри.</s><s>3Грижи се за оние вдовици за кои навистина нема кој друг да се грижи.</s><s>4Ако вдовицата има деца или внуци, тие нека се учат да се грижат за оние што им се семејство, исто како што родителите се грижеле за нив.</s><s>Нека ја покажат својата побожност најпрво спрема своето семејство.</s><s>Тоа е она што Бог го бара од нив.</s><s>5Вистинска вдовица е онаа што нема роднини, што верува во Бог, Му се моли дење и ноќе, и бара помош од Него.</s><s>6Онаа вдовица што живее само за задоволства, духовно е мртва уште додека е жива.</s><s>7Пренеси им ги овие упатства, за да не грешат.</s><s>8Христијаните што не се грижат за своите роднини, а посебно за членовите на сопственото семејство, ја омаловажуваат верата!</s><s>Тие се полоши и од неверниците!</s><s>9Секоја вдовица за која ќе се грижи црквата треба да ги исполнува следниве услови: да има најмалку шеесет години, да му била верна на својот сопруг, 10да се има докажано со правење добри дела, со одгледување деца, со гостољубивост спрема патници, со понизна услужливост спрема вистинските христијани, со тоа што им помагала на луѓето во невола и секогаш била посветена на правење добри дела.</s><s>11Помлади вдовици не ставај на списокот.</s><s>Ако телесните страсти ја надвладеат нивната посветеност спрема Христос, тие ќе посакаат повторно да се омажат.</s><s>12Така ќе го прекршат ветувањето што претходно го дале.</s><s>13Освен тоа, тие можат да станат мрзливи и да им стане навика да одат од куќа во куќа.</s><s>Не само тоа, туку можат да почнат да озборуваат, да прават сплетки и да зборуваат работи што не им прилегаат.</s><s>14Затоа, мој совет е помладите вдовици повторно да се омажат, да раѓаат деца и да се грижат за сопствените семејства.</s><s>Така противникот ќе нема повод да ги клевети.</s><s>15За жал, некои вдовици веќе скршнаа и му станаа следбенички на Сатаната.</s><s>16Ако некоја христијанка има роднини што се вдовици, нека им помага, а не да ги остава на товар на црквата, која треба да им помага на оние вдовици за кои нема кој да се грижи.</s><s>17Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат.</s><s>18Така вели и Светото писмо: „Не врзувајте му ја муцката на вол што врши жито.“, и „Секој што работи, заслужува да добие и плата.“ 19Ако некој сака да обвини старешина во црквата мора да има најмалку двајца или тројца сведоци.</s><s>Во спротивно, немој да го слушаш.</s><s>20Оние што грешат, искарај ги јавно, па и другите да извлечат поука.</s><s>21Пред Бог, пред Исус Христос и пред светите ангели, најсериозно те задолжувам да се придржуваш до упатствата што ти ги дадов!</s><s>Немој да правиш дискриминација и да бидеш пристрасен!</s><s>22Не избрзувај да ракополагаш луѓе за Божја служба!</s><s>Не соучествувај во туѓи гревови!</s><s>Чувај се да останеш чист!</s><s>23Не пиј веќе само вода.</s><s>Пиј по малку и вино, заради твојот стомак и болестите што често те мачат.</s><s>24Казната за гревовите на некои луѓе е очигледна, а кај други гревовите и казната ќе станат очигледни дури по извесно време.</s><s>25Така е и со добрите дела.</s><s>Некои се очигледни, но и оние што не се нема да останат скриени.</s> <s>Глава 6</s> <s>За робовите - христијани</s> <s>1Христијаните кои се затекнале како робови треба искрено да ги почитуваат своите господари.</s><s>Во спротивно, ќе дадат повод да се зборува лошо за Бог и за нашето учење.</s><s>2Оние, пак, чии господари се христијани не треба поради тоа помалку да ги почитуваат.</s><s>Напротив, треба да им служат најдобро што знаат и умеат, бидејќи со тоа му помагаат на својот брат по вера, што треба да го сакаат.</s><s>Така треба да ги поучуваш и да ги советуваш.</s> <s>Алчни вероучители.</s><s>Опасности од алчноста за пари.</s> <s>3Секој што поучува поинаку, му се противставува на здравото учење на нашиот Господ Исус Христос, кое е основа на побожноста.</s><s>4Таквите учители горделиво се самозалажуваат, а ништо не им е јасно.</s><s>Имаат нездрава желба да се расправаат, за збор да се фаќаат, а од тоа произлегуваат завист, кавги, навреди, опасна недоверба 5и постојани расправии.</s><s>Нивните умови се изопачени и тие не ја разбираат вистината.</s><s>Мислат дека верата е средство за лично богатење.</s><s>6Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш.</s><s>7Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе.</s><s>8Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни.</s><s>9Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици.</s><s>Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст.</s><s>10Алчноста за пари е корен на сите зла.</s><s>Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки.</s> <s>Упатства за Божјите луѓе</s> <s>11Тимотеј, ти си Божји човек, затоа бегај од тие зла!</s><s>Труди се да бидеш праведен, побожен, верен, да ги сакаш луѓето, да бидеш трпелив и кроток.</s><s>12Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот.</s><s>Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво!</s><s>13Пред Бог, Кој му дава живот на сѐ што постои, и пред Исус Христос, Кој даде добро сведоштво пред Понтиј Пилат, те задолжувам 14беспрекорно да се придржуваш до сите заповеди, та никој да не може да ти најде мана, сѐ до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.</s><s>15Бог е нашиот единствен Владетел,</s> <s>Цар на царевите и Господар на господарите.</s> <s>Во определеното време Тој</s> <s>пак ќе Го испрати Исус Христос кај нас.</s><s>16Само Бог е бесмртен.</s> <s>Тој живее во светлина</s> <s>во која никој не може да Му пријде!</s> <s></s> <s>Човечко око не Го видело,</s> <s>ниту може да Го види.</s> <s>Сета почит и власт</s> <s>Му припаѓаат Нему.</s><s>Амин!</s> <s>17Предупреди ги богатите на овој свет да не ги обзема горделивост, ниту да се надеваат на своето богатство што лесно можат да го загубат!</s><s>Кажи им да се потпрат на Бог, Кој обилно ни дарува сѐ што ни е потребно за да уживаме во животот.</s><s>18Советувај ги да прават добри дела, да помагаат, да бидат дарежливи, решени да го делат со другите луѓе она што го имаат.</s><s>19Така ќе постават солиден темел за својата иднина, ќе се стекнат со вистински живот.</s><s>20Тимотеј, чувај го тоа што ти го доверил Бог!</s><s>Не учествувај во непристојни и празни разговори, во расправи за она што лажно се нарекува „знаење“.</s><s>21Некои луѓе скршнаа од верата, поведувајќи се по такви работи.</s> <s>Бог нека ви биде благонаклонет!</s>
7253
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%A2%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%98%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Второ писмо од апостол Павле до Тимотеј (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Павле, апостол на Исус Христос, кој по Божја волја проповеда за животот што Бог го вети преку вера во Исус Христос.</s><s>2До Тимотеј, кој ми е како вистински син.</s> <s>Ти посакувам Бог, Кој е наш Татко и Исус Христос, Кој е наш Господ, да ти бидат благонаклонети, да покажат милост спрема тебе и да ти дадат мир.</s> <s>Поттик на верност</s> <s>3Благодарен сум Му на Бог за тебе.</s><s>Нему Му служам со чиста совест, онака како што Му служеле и моите предци.</s><s>Постојано те спомнувам во моите молитви и деноноќно Му се молам на Бог за тебе.</s><s>4Се сеќавам како пророни солзи при нашата разделба и копнеам пак да те видам, за повторно да се исполнам со радост.</s><s>5Знам дека имаш искрена вера.</s><s>Така поверува прво баба ти Лоида, потоа мајка ти Евника, а убеден сум дека и ти веруваш во Господ исто толку искрено.</s><s>6Затоа те потсетувам да го разгоруваш во себе Божјиот дар што го доби кога положив раце врз тебе.</s><s>7Божјиот Дух не создаде од нас плашливци.</s><s>Напротив, ни даде сила, љубов и самодисциплина.</s><s>8Затоа, немој да се срамиш да им зборуваш на луѓето за нашиот Господ.</s><s>Немој да се срамиш ни од мене, сега кога сум в затвор поради тоа што проповедам за Господ.</s><s>Искористи ја силата што ти ја дава Бог и придружи ми се во ширењето на Радосната вест, дури и ако треба заради тоа да поминеш низ страдања.</s><s>9Бог нѐ спаси и нѐ одбра да живееме свет живот, не поради тоа што ние со нашите постапки тоа го заслужуваме, туку затоа што тоа беше Негов план уште пред почетокот на времето - да ни ја искаже Својата благонаклоност преку Исус Христос.</s><s>10Сега, со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, тоа ни стана јасно.</s><s>Од една страна, Тој ја порази смртта, а од друга страна, преку Радосната вест, ни го покажа патот кон вечниот живот.</s><s>11Бог ме постави за проповедник, апостол и учител на Радосната вест.</s><s>12Тоа е причината поради која сега страдам в затвор.</s><s>Но не се срамам!</s><s>Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го запази она што сум Му го доверил, сѐ до Оној Ден.</s><s>13Придржувај се до здравото учење што го доби од мене, а верноста и љубовта на Исус Христос нека ти бидат пример.</s><s>14Со помош на Светиот Дух, Кој живее во нас, чувај го она што Бог ти го довери.</s><s>15Ти знаеш дека сите христијани што дојдоа овде од Азија, вклучувајќи ги Фигел и Ермоген, ме напуштија.</s><s>16Господ нека го благослови домот на Онисифор.</s><s>Тој често ме посетува и не се срами поради тоа што сум в затвор.</s><s>17Веднаш штом стигнал во Рим упорно ме барал додека не ме најде.</s><s>18Господ нека му биде посебно благонаклонет во Оној Ден.</s><s>Вие добро знаете колку многу тој ми помагаше додека бев во Ефес.</s> <s>Глава 2</s> <s>Смислата на страдањата заради верата во Христос</s> <s>1Тимотеј, сине мој, Исус Христос ти е благонаклонет!</s><s>Дозволи Му да те направи силен.</s><s>2Она што го слушаше од мене пред многубројни сведоци, пренеси им го на оние луѓе кои заслужуваат таква доверба, луѓе што се способни да поучуваат и други.</s><s>3Како добар војник на Исус Христос издржи го твојот дел од страдањата, како што и јас го издржувам мојот дел.</s><s>4Кога еден војник е на должност не треба да се плетка со цивилни работи.</s><s>Само така ќе може да го исполни она што од него го бара неговиот претпоставен.</s><s>5Кога еден атлетичар се натпреварува, не може да победи, ако не се придржува до правилата.</s><s>6Земјоделецот што напорно работи треба прв да вкуси од плодовите на својот труд.</s><s>7Размисли за ова и Господ ќе ти помогне овие нешта целосно да ги разбереш!</s><s>8Постојано имај Го на ум Исус Христос!</s><s>Тој му беше потомок на Давид и воскресна од мртвите.</s><s>Тоа е Радосната вест што јас ја проповедам.</s><s>9Поради тоа што ја проповедам Радосната вест, сега сум в затвор, како да сум злосторник.</s><s>Но Божјата порака не е окована!</s><s>10Готов сум сѐ да издржам, ако со тоа придонесам оние што Бог ги одбрал, да добијат спасение и вечна слава, бидејќи Му припаѓаат на Исус Христос.</s><s>11Вистина е дека:</s> <s></s> <s>„Ако сме умреле со Христос,</s> <s>со Него и ќе живееме.</s><s>12Ако издржиме,</s> <s>со Него ќе владееме.</s> <s>Ако се откажеме од Него</s> <s>и Тој ќе се откаже од нас.</s><s>13Ако не Му бидеме верни,</s> <s>Тој сепак ќе остане верен,</s> <s>зашто Христос не може</s> <s>да се порекне Самиот Себе.“</s> <s>Биди добар работник</s> <s>14Потсетувај ги луѓето на овие работи.</s><s>Сериозно предупредувај ги во Божјо име да не се фаќаат за збор и од тоа да прават расправии.</s><s>Од такви расправии ништо добро не може да произлезе.</s><s>Тие можат само да ги уништат оние што ги слушаат.</s><s>15Труди се да се докажеш пред Бог, како работник кој нема од што да се срами, зашто правилно ја проповеда вистината.</s><s>16Одбегнувај безбожни и бесмислени расправи.</s><s>Тие само ги оддалечуваат луѓето од Бог.</s><s>17Таквите учења се како рак - рана што се шири по телото.</s><s>Именеј и Филет ти се пример за тоа.</s><s>18Застранија од вистината.</s><s>Тврдат дека мртвите веќе воскреснале.</s><s>Тоа ја поткопа верата кај некои луѓе.</s><s>19Без оглед на тоа, темелот што Бог го има поставено е цврст.</s><s>Врз него стои напишано: „Господ знае кои луѓе се Негови.</s><s>Секој што се повикува на Господовото име треба да се откаже од секаков грев.“ 20Во богатите куќи нема само садови од злато и сребро, туку има и дрвени и глинени садови.</s><s>Некои се за свечена, а некои за секојдневна употреба.</s><s>21Така е и со луѓето.</s><s>Ако човек се очисти, Бог ќе го издвои за посебни задачи и ќе може да го употреби за секаква добра работа.</s><s>22Бегај од искушенија својствени за млади луѓе!</s><s>Стреми се кон праведност, вера, љубов и мир, заедно со оние што со чисто срце Го повикуваат Господ.</s><s>23Не учествувај во глупави и бесмислени расправи.</s><s>Тие само доведуваат до кавги.</s><s>24Човек што Му служи на Бог не треба да се кара, туку да биде љубезен спрема сите, да ги поучува, да биде трпелив, 25кротко да ги поучува оние што ѝ се противставуваат на вистината.</s><s>Можеби Бог ќе им помогне да се покаат и да ја сфатат вистината.</s><s>26Тогаш ќе си дојдат на себеси и ќе се извлечат од стапицата во која ги има фатено ѓаволот и ги има натерано да ги извршуваат неговите наредби.</s> <s>Глава 3</s> <s>Опасностите во последните денови</s> <s>1Треба да знаеш дека во последните денови ќе настапат многу тешки времиња.</s><s>2Луѓето ќе станат себични, алчни за пари, самољубиви и горделиви.</s><s>Ќе навредуваат, ќе бидат непослушни спрема родителите, ќе бидат неблагодарни и без светост.</s><s>3Ќе немаат љубов, ни желба да си простуваат; ќе се клеветат еден со друг, ќе немаат самоконтрола, ќе бидат свирепи и ќе му се противат на сѐ што е добро.</s><s>4Ќе станат предавници, безобѕирни и вообразени.</s><s>Наместо да го сакаат Бог, на прво место ќе сакаат да уживаат во своите страсти.</s><s>5Навидум ќе изгледаат побожни, но тие ќе ја одбиваат силата што може да ги направи навистина побожни.</s><s>Држете се понастрана од таквите луѓе!</s><s>6Има меѓу нив и такви што влегуваат по домовите и ги придобиваат оние жени што се робови на гревот и што се раководат од необуздани страсти.</s><s>7Таквите жени постојано се подготвени да слушнат нешто ново, а никако да ја сфатат вистината.</s><s>8Тие луѓе ѝ се противставуваат на вистината онака како што Јанис и Јамврис му се противставија на Мојсеј.</s><s>Тоа се луѓе со изопачен ум, нивната вера е лажна.</s><s>9Нема далеку да стигнат!</s><s>Набргу нивното безумие ќе им стане јасно на сите, исто како што се случи и со Јанис и Јамврис.</s> <s>Упатства до Тимотеј</s> <s>10Тимотеј, внимателно слушаше што те поучував и гледаше како живеев.</s><s>Знаеш што сакам да постигнам и во што верувам.</s><s>Виде колку сум трпелив и колку ги сакам луѓето.</s><s>Виде колку можам да истраам.</s><s>11Виде какви прогонства и страдања истрпев во градовите Антиохија, Иконија и Листра.</s><s>Низ какви сѐ прогони поминав и од сите нив Господ ме избави!</s><s>12Сите што сакаат да живеат побожно и да бидат на страната на Исус Христос ќе бидат прогонувани, 13а злите луѓе и измамниците, ќе стануваат сѐ полоши и полоши.</s><s>Ќе заведуваат и ќе бидат заведувани.</s><s>14Туку ти остани му верен на она што го научи и со непоколеблива вера го прифати, зашто знаеш кој те учеше.</s><s>15Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос.</s><s>16Целото Свето писмо е од Бога вдахновено.</s><s>Сѐ што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме.</s><s>17Светото писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.</s> <s>Глава 4 1Кога Исус Христос ќе дојде да го воспостави Своето царство, Тој ќе им суди на сите - и на живите или на мртвите.</s><s>Затоа, имајќи ги Бог и Исус Христос за сведоци, со заклетва те обврзувам 2да ја проповедаш Божјата порака!</s><s>Прави го тоа ревносно, без оглед на тоа дали моментот е погоден или не.</s><s>Исправај ги луѓето и укорувај ги за нивните гревови.</s><s>Трпеливо поучувај ги и охрабрувај ги.</s><s>3Ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат правилното учење.</s><s>Напротив, за да си најдат оправдување за своите грешни страсти, ќе си повикаат многубројни учители што ќе им го кажуваат она што сакаат да го слушнат.</s><s>4Ќе престанат да ја слушаат вистината и ќе се свртат кон бесмислени митови.</s><s>5Ти, меѓутоа, биди трезвен во секоја ситуација.</s><s>Издржи ги неправдите.</s><s>Како проповедник на Радосната вест, изврши ја својата задача докрај.</s><s>6На мојот живот му се гледа крајот.</s><s>Дојде време да заминам кај Господ.</s><s>7Храбро се борев, ја завршив трката и останав верен.</s><s>8Затоа, за мене е веќе обезбеден венецот на праведноста што Господ ќе ми го даде.</s><s>Тој суди праведно и во Оној Ден ќе ми даде венец, и мене, и на сите што со нетрпение го чекаат Неговото повторно доаѓање.</s> <s>За некои лични работи</s> <s>9Потруди се да дојдеш кај мене најбрзо што можеш.</s><s>10Димас толку многу ги сака световните работи, што ме напушти и замина за Солун.</s><s>Криск замина за Галатија, а Тит за Далмација.</s><s>11Само Лука остана со мене.</s> <s>Доведи го и Марко.</s><s>Тој ќе ми биде од голема полза во службата.</s><s>12Тихик го пратив во Ефес.</s><s>13Кога ќе дојдеш, донеси ми го и палтото што го оставив во Троада, кај Карп.</s><s>Донеси ми ги и книгите, а особено пергаментните свитоци.</s><s>14Ковачот Александар ми нанесе многу зло, но Господ ќе му плати за неговите постапки.</s><s>15Чувај се од него!</s><s>Многу се противи на она што го проповедаме.</s><s>16Кога првпат ме изведоа на суд, никој не дојде да ми биде поткрепа.</s><s>Сите ме напуштија.</s><s>Од мене, простено нека им е. 17Сепак, Господ беше со мене.</s><s>Ми даде сила да ја проповедам Неговата порака во целата нејзина полнота, па сите народи што не Го познаваат Бог да можат да ја слушнат.</s><s>Господ ме спаси од сигурната смрт што ме чекаше, ако ме фрлеа кај лавовите.</s><s>18Да, Господ ќе ме чува од секакво зло и безбедно ќе ме доведе во Своето Небесно царство.</s><s>Слава нека Му е за вечни времиња!</s><s>Амин!</s> <s>Завршни поздрави</s> <s><бр Ѓ> 19Поздрави ги Приска и Акила, како и семејството на Онисифор.</s><s>20Ераст остана во Коринт, а Трофим беше болен и остана во Милет.</s><s>21Потруди се да дојдеш пред зимата.</s> <s>Те поздравуваат Евбул, Пуденс, Линус, Клаудија и сите други христијани.</s><s>22Господ нека биде духовно со тебе и спрема сите вас нека биде благонаклонет.</s>
7254
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%A2%D0%B8%D1%82%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Писмо од апостол Павле до Тит (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и вовед</s> <s>1Од Павле, Божји слуга и апостол на Исус Христос.</s> <s>Јас сум испратен да им донесам вера на оние што Бог ги одбра, за да ја запознаат вистината и да живеат побожно.</s><s>2Таа произлегува од надежта дека ќе добиеме вечен живот, како што Бог уште одамна ни вети, а Тој не лаже.</s><s>3Кога дојде вистинското време Бог, нашиот Спасител, ја објави Својата порака, ми ја довери и ми наложи да им ја проповедам на луѓето.</s><s>4Пишувам до Тит кој, заради тоа што имаме иста вера, ми е како вистински син.</s><s>Ти посакувам Бог, нашиот Татко и Исус Христос, нашиот Спасител, да ти бидат благонаклонети и да ти дадат мир.</s> <s>Квалификации за водач на црква</s> <s>5Те оставив во Крит за да го довршиш она што остана недовршено: по сите градови да назначиш водачи во црквите.</s><s>Како што ти наредив, 6за да биде некој водач треба да биде без пороци, верен на својата сопруга, ако има деца, тие треба да имаа вера во Бог и да не ги бие глас дека се разуздани и непослушни.</s><s>7Неопходно е оние што се надзорници во црквата, како Божји управители, да немаат пороци, да не бидат самовљубени и избувливи, да не бидат пијаници, зајадливи, ниту да бидат алчни по нечесна заработка.</s><s>8Тие треба да бидат гостољубиви, да го сакаат доброто, да бидат разумни, правични, побожни луѓе што умеат да се контролираат.</s><s>9Мора да се придржуваат до правилното учење.</s><s>Така ќе можат да им помогнат и на други луѓе, проповедајќи им здраво учење, и ќе можат да ги изнесат на виделина грешките на оние што му се противставуваат на правилното учење.</s> <s>За противниците</s> <s>10Има многу противници, особено од Евреите, кои се занимаваат со бескорисни расправии и ги мамат луѓето.</s><s>11На таквите треба да им се затнат устите.</s><s>Со своето погрешно учење тие цели семејства заведуваат, поучувајќи ги на она што не треба, а сѐ од лакомост за пари кои нечесно ги печалат.</s><s>12Еден од нивните пророци, иако и самиот е од Крит, има кажано за нив:</s> <s></s> <s>„Жителите на Крит се лажливци,</s> <s>зли ѕверови и мрзливи лапачи!“</s> <s>13Многу точно ги опишал!</s><s>Сериозно да ги искараш, за да ѝ се вратат на здравата вера, 14да не се раководат од еврејските митови и од заповедите воспоставени од луѓе кои ја изопачуваат вистината.</s><s>15За оној што е во срцето чист, сѐ е чисто.</s><s>За оние, пак, што се неверни, чии умови се валкани, чија совест е нечиста, за нив ништо не е чисто.</s><s>16Тие тврдат дека Го знаат Бога, но со своите постапки го докажуваат спротивното.</s><s>Одвратни се, непокорни и неспособни да направат барем нешто добро.</s> <s>Глава 2</s> <s>Упатства за христијански начин на живеење</s> <s>1Ти поучувај го она што е во согласност со здравото учење.</s><s>2Постарите луѓе советувај ги да бидат трезвени, сериозни и разумни.</s><s>Тие треба да имаат непоколеблива вера, љубов и трпение.</s><s>3Постарите жени исто така треба да се однесуваат онака како што им прилега на оние што веруваат во Господ.</s><s>Да не озборуваат, ниту да му робуваат на виното.</s><s>Тие треба да поучуваат на добро поведение, 4да ги поттикнуваат помладите жени да си ги сакаат мажите и децата, 5да бидат разумни, чисти, вредни домаќинки, да бидат добри, да им се покоруваат на своите мажи.</s><s>Во спротивно, ќе станат повод да се зборува лошо за христијанството.</s><s>6Советувај ги и младите мажи да бидат разумни.</s><s>7Биди им пример со своето добро однесување.</s><s>Кога поучуваш, биди сериозен и искрен.</s><s>8Зборувај умесно и разбирливо, за да не може никој да те прекорува, а секој противник да се засрами, немајќи ништо лошо да каже за тебе.</s><s>9Робовите во сѐ нека им се покоруваат на своите господари, без да се муртат и да противречат.</s><s>10Не смеат да поткраднуваат.</s><s>Треба да покажат верност и добрина, зашто така ќе придонесат луѓето многу повеќе да го почитуваат учењето на нашиот Спасител и Бог.</s> <s>Божјата благонаклоност и нашиот одговор</s> <s>11Бог ни покажа колку ни е благонаклонет со тоа што дојде да ги спаси сите луѓе.</s><s>12Нѐ поучи да се откажеме од безбожниот начин на живеење и од световните похоти, па да почнеме да живееме разумно, праведно и побожно, 13очекувајќи го тој прекрасен ден на кој се надеваме, кога величествено ќе се врати нашиот Велик Бог и Спасител Исус Христос.</s><s>14Тој се жртвуваше за нас, за да нѐ ослободи од секаков грев и да нѐ направи чисти.</s><s>Тој сака ние да бидеме Негов народ и од сѐ срце да го правиме она што е добро.</s><s>15Учи ги луѓето на ова, поттикнувај ги, и со целосен авторитет укорувај ги непослушните.</s><s>Не дозволувај никој да го омаловажува тоа што го проповедаш.</s> <s>Глава 3</s> <s>Однос спрема власта и луѓето</s> <s>1Потсетувај ги луѓето да им се покоруваат на властите и управниците, и да бидат послушни.</s><s>Секогаш да бидат подготвени да прават добро.</s><s>2За никого да не зборуваат лошо и да не се караат со луѓето, туку да бидат пријателски настроени и кротки спрема сите.</s><s>3Порано и ние бевме неразумни и непокорни, одевме по погрешниот пат, бевме робови на грешни страсти и на секаков вид телесни задоволства.</s><s>Бевме злобни, завидливи и исполнети со омраза.</s><s>Се мразевме еден со друг.</s><s>4Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку нѐ сака и колку ни е благонаклонет, 5кога нѐ спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив.</s><s>Со силата на Светиот Дух нѐ изми, нѐ обнови и направи од нас нови суштества.</s><s>6Изобилно Го излеа врз нас Светиот Дух, преку нашиот Спасител, Исус Христос.</s><s>7Нѐ оправда, затоа што ни е благонаклонет и сега можеме да се надеваме дека ќе добиеме вечен живот.</s><s>8Ова е веродостојно учење.</s><s>Те советувам уверливо да ги поучуваш луѓето, па оние што ќе поверуваат во Бог да се стремат кон добри дела, кон работи што ќе бидат полезни за сите луѓе.</s><s>9Одбегнувај расправии околу глупави прашања, не препирај се околу родословијата и Мојсеевиот Закон.</s><s>Од тоа нема никаква полза, само залудно ќе ги со губиш времето.</s><s>10Оние што искривено ја проповедаат верата, предупреди ги еднаш, двапати, а потоа остави ги.</s><s>11Знаеш дека тие се изопачени и со своите гревови самите си се осудиле.</s> <s>Завршни упатства и поздрави</s> <s>12Сакам да го испратам кај тебе Артема или Тихик.</s><s>Кога еден од нив ќе пристигне, потруди се да дојдеш кај мене во Никополис, зашто имам намера таму да ја поминам зимата.</s><s>13Кога правникот Зена и Аполос ќе решат да си заминат, погрижи се да ги снабдиш со сѐ што им е потребно за на пат.</s><s>14Треба да ги учиме нашите луѓе да не седат со скрстени раце, туку вредно да работат, правејќи добри дела и за други луѓе, кои имаат итни потреби.</s><s>15Те поздравуваат сите што се тука со мене.</s> <s>Поздрави ги сите што нѐ сакаат, оние со кои ја имаме истата вера.</s> <s>Бог нека ви биде благонаклонет на сите.</s>
7255
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Писмо од апостол Павле до Филемон (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1 1Од Павле, кој е в затвор затоа што проповеда за Исус Христос</s> <s>и од братот по вера Тимотеј,</s> <s>до нашиот соработник, до нашиот сакан Филимон, 2до сестра Апија, до нашиот соборец Архипус и до црквата што се собира во твојот дом.</s><s>3Ви посакувам Бог, нашиот Татко и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.</s> <s>Љубовта и верата на Филимон</s> <s>4Филимоне, секогаш кога ќе те спомнам во моите молитви, Му благодарам на Бог за тебе.</s><s>5Слушам за твојата вера во Господ Исус и љубов спрема сите верни.</s><s>6Се молам да имаш успех во споделувањето на верата со другите, па и тие да сфатат какви сѐ благослови Христос ни даде.</s><s>7Љубовта што ја имаш многу ме израдува и ме охрабри.</s><s>Ги зарадува и срцата на сите Божји луѓе.</s> <s>Молба за Онисим</s> <s>8Христос ми дава смелост да ти заповедам што треба да сториш, 9но јас, попрво би те замолил да го сториш тоа од љубов.</s><s>Затоа јас, старецот Павле, затвореник затоа што проповедам за Исус Христос, 10те молам да му помогнеш на Онесим.</s><s>Тој ми е како син, бидејќи тука во затворот го доведов кај Христос.</s><s>11Порано тој беше бескорисен за тебе, но сега е многу корисен и за тебе и за мене.</s><s>12Сега го испраќам кај тебе.</s><s>За срце ми прирасна 13и би сакал да го задржам кај себе, за во твое име да ми помага сега, кога сум во окови затоа што ја проповедам Радосната вест, 14но не сакав ништо да сторам без твоја согласност.</s><s>Сакав да го сториш тоа од љубов, а не затоа што јас сум те принудил.</s><s>15Можеби токму заради тоа тој за кратко беше одвоен од тебе, за потоа засекогаш да ти се врати, 16но не веќе како роб, туку како нешто многу повеќе, како драг брат.</s><s>Мене ми е драг пријател, а тебе сигурно ќе ти биде уште подраг и како личност и како човек што верува во Господ.</s><s>17Ако ме сметаш за пријател, прифати го како што би ме прифатил мене.</s><s>18Ако ти направил некаква штета, или ако нешто ти должи, стави го тоа на моја сметка.</s><s>19Јас Павле, со своја рака ти пишувам: „Јас ќе ти се оддолжам.“ Нема сега да спомнувам дека и самиот ти си мој должник.</s><s>20Брате мој, направи ми ја таа услуга заради Господ, зарадувај ме заради Христос.</s><s>21Сигурен сум дека ќе сториш сѐ што побарав од тебе, дури и повеќе.</s><s>22Приготви за мене соба, зашто се надевам дека твоите молитви ќе бидат услишени и набргу ќе можам повторно да те посетам.</s> <s>Завршни поздрави</s> <s>23Те поздравува Епафрас.</s><s>И тој е со мене в затвор, затоа што проповеда за Исус Христос.</s><s>24Те поздравуваат моите соработници Марко, Аристарх, Димас и Лука.</s><s>25Господ Исус Христос нека ти биде благонаклонет и духовно нека биде со тебе.</s>
7256
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%88%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Писмо од апостол Јаков (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1 1Од Јаков,</s> <s>слуга на Бог и на нашиот Господ Исус Христос.</s><s>Поздрав до еврејските христијани од сите дванаесет племиња, распрснати низ целиот свет.</s> <s>Проверка на верата</s> <s>2Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија, 3зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате.</s><s>4Морате да научите сѐ да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.</s> <s>Молитва со вера</s> <s>5Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде.</s><s>Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него.</s><s>6Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате.</s><s>Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива.</s><s>7Таков човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ, 8бидејќи е неодлучен и непостојан во сѐ.</s> <s>Сиромаштијата и богатството</s> <s>9Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив, 10а богатите - со понизност.</s><s>Богатите ќе прецветаат како дивите цветови.</s><s>11Ќе огрее жешкото сонце, ќе ја исуши тревата, па дивите цветови ќе се исушат и сета нивна убавина ќе исчезне.</s><s>Така е и со богатите.</s><s>Ќе овенат презафатени со она што го работат.</s> <s>За искушенијата</s> <s>12Благословен е оној човек, што и покрај искушенијата низ кои минува, останува верен.</s><s>Откако ќе го помине испитот, Бог ќе го награди со вечен живот, како што им вети на сите што Го сакаат.</s><s>13Никој, кога е во искушеније да направи нешто грешно, нека не вели: „Бог ме искушува со грев!“ Ниту Бог Себеси се проверува со грев, ниту пак вас ве проверува со грев.</s><s>14Секој паѓа во искушение тогаш кога ќе го намамат и ќе го фатат во стапица неговите сопствени, необуздани страсти.</s><s>15Кога необузданата страст ќе се зачне, таа раѓа грев, а растењето на гревот доведува до смрт.</s><s>16Мили мои, не дозволувајте да бидете измамени.</s><s>17Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ја создал светлината.</s><s>Кај Него колебање нема.</s><s>Нема ни трага од некаква промена.</s><s>18Тој сакаше ние да бидеме „ref> Мојсеевиот Закон кажува дека првородените од сите животни и првите плодови од сите растенија Му припаѓаат на Господ.</ref>првина меѓу сите Негови созданија и затоа ни ја испрати вистинската порака, за да ни даде ново раѓање.</s> <s>Да се слуша и да се спроведува на дело</s> <s>19Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење.</s><s>20Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас.</s><s>21Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја посади во вашите срца и што може да ве спаси.</s><s>22Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате.</s><s>Исполнувајте го тоа што ќе го чуете!</s><s>23Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало, 24и ќе си замине, заборавајќи како изгледа!</s><s>25Само оној што ќе се задлабочи во совршениот Закон, законот ослободува, и секогаш ќе се придржува до него, не заборавајќи го она што го слушнал, туку исполнувајќи го, ќе биде благословен од Бог во сѐ што работи.</s><s>26Ако се сметаш за побожен, а не го обуздуваш својот јазик, ти само се залажуваш - твојата побожност е безвредна!</s><s>27Побожност што Бог, нашиот Татко, ја прифаќа како чиста и непорочна е оваа: Да се грижиш за сирачињата и вдовиците што се во невола и да се одржиш неизвалкан од овој свет.</s> <s>Глава 2</s> <s>Против предрасудите</s> <s>1Пријатели мои, ако имате вера во нашиот славен Господ Исус Христос, нема да се однесувате спрема едни луѓе подобро, а спрема други полошо.</s><s>2Да претпоставиме на вашата богослужба влегува човек со златни прстени на раката, облечен во убава облека, а влегува и сиромашен човек во одрпана облека.</s><s>3Ако вие, гледајќи според облеката, му речете на човекот во убава облека: „Седни овде, на убаво место.“ - а на сиромашниот му речете: „Ти стој овде!“, или „Седни на подот!“, 4зарем со тоа не ги дискриминирате луѓето, раководејќи се според неправедни мотиви!?</s><s>5Послушајте ме, драги пријатели!</s><s>Зарем Бог не ги одбра сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството што им го вети на оние што Го сакаат?</s><s>6А вие ги презирате сиромашните!</s><s>Кој ве тормози, кој ве влечка по судови?</s><s>Токму богатите!</s><s>7Зарем не се богатите тие што го навредуваат Божјото возвишено име што вие го носите?</s><s>8Добро правите, ако го исполнувате Господовиот царски закон запишан во Светото Писмо: „Сакај го својот ближен колку што се сакаш себеси.“ 9Но ако спрема едни луѓе се однесувате подобро, а спрема други полошо, правите грев и според Светото Писмо вие сте престапници.</s><s>10Дури и ако некој се придржува до целиот Закон, а згреши само на едно место, тој е виниовник, како и оној што го прекршува целиот Божји Закон.</s><s>11Зашто истиот Бог, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Ако не си извршил прељуба, а си убил, ти си прекршител на Законот.</s><s>12Зборувајте и постапувајте како луѓе што ќе бидат судени според милостивиот законот што нѐ ослободува!</s><s>13Инаку, на Судниот ден Бог нема да има милост спрема оние што биле безмилосни спрема другите.</s><s>Милоста ја поразува осудата.</s> <s>Неделотворната вера е бескорисна</s> <s>14Драги пријатели, каква корист има да велите дека имате вера, ако тоа не се гледа од вашите постапки?</s><s>Може ли таква вера да ве спаси?</s><s>15Да претпоставиме дека некој ваш брат или сестра нема доволно облека или храна.</s><s>16Дали е доволно да му кажете: „Оди си спокојно, Господ нека ти даде облека и храна!“, наместо да му го дадете она што му е неоходно за да преживее!?</s><s>17Така е и со верата.</s><s>Ако не е поткрепена со соодветни постапки, таквата вера е мртва вера.</s><s>18Можеби некој ќе рече: „Некои луѓе имаат вера, а некои - дела.“ Покажете ми, како може да имате вера, а од тоа да не произлегуваат соодветни постапки, а јас, преку моите постапки ќе ви покажам дека имам вера.</s><s>19Вие верувате дека има само еден Бог.</s><s>Тоа е добро, но дури и демоните веруваат во тоа и се тресат од страв!</s><s>20Зар не сакаш да сфатиш, површен човеку, сакаш ли доказ дека од вера без дела нема никаква „ref> Во некои ракописи: вера без дела е мртва.</ref>корист!?</s><s>21Врз основа на што Бог го прогласи за праведен, нашиот прататко Авраам?</s><s>Зарем тоа не беше преку дела, кога го стави својот син Исак врз жртвеникот?</s><s>22Гледате ли дека неговата вера беше усогласена со неговите постапки?</s><s>Со таа своја постапка тој потврди дека има совршена вера.</s><s>23Токму на тоа се мисли кога Светото Писмо вели: „Авраам Му веруваше на Бог и заради неговата вера Бог го прогласи за праведник“, па го нарече и Свој пријател 24Значи, очигледно е дека човек станува праведен пред Бог преку своите постапки, а не само преку вера.</s><s>25Така беше и со блудницата Раав.</s><s>Бог ја прифати како праведна, зашто таа ги прифати израелските разузнавачи и ги упати на безбеден излез?</s><s>26Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва.</s> <s>Глава 3</s> <s>Зауздување на јазикот</s> <s>1Драги пријатели, не треба сите да настојуваме да станеме учители во Црквата.</s><s>Всушност, ние, учителите, ќе бидеме судени построго од другите луѓе.</s><s>2Сите ние грешиме во многу работи, но ако умееме да си го зауздаме јазикот, тогаш сме зрели луѓе, па ќе можеме да го зауздаме и целото тело.</s><s>3На коњите им ставаме узда во устата, за да ги натераме да ни се покоруваат и да одат онаму каде што ние сакаме.</s><s>4Земете ги бродовите за пример.</s><s>Тие се толку големи, а сепак кормиларот со мало кормило ги води онаму каде што сака, и покрај силните ветрови кои ги движат.</s><s>5Така е и со јазикот.</s><s>Мал орган е, но голема штета може да направи.</s><s>Едно жарче може цела шума да запали!</s><s>6Јазикот е оган, најопасен од сите наши органи.</s><s>Во состојба е целото тело да го опогани.</s><s>Јазикот може целиот наш живот да го запали, бидејќи се пали од самиот пекол.</s><s>7Секое животно, било да е ѕвер, птиците, влекач или од морско животно, се припитомува, или било припитомено од човекот, 8но јазикот, ниеден човек не може да го припитоми.</s><s>Тој е необуздано зло, полн е со смртоносен отров.</s><s>9Со јазикот Го величаме нашиот Господ и Татко, а со истиот тој јазик ги колнеме луѓето коишто се создадени според Божјо подобие.</s><s>10Од иста уста излегуваат и благослови и клетви.</s><s>Треба ли, драги мои, така да биде!?</s><s>11Може ли од ист извор да извира и слатка и горчлива вода?</s><s>12Може ли, драги мои, смоквата да раѓа маслинки, а лозата смокви?</s><s>Не може од солен извор да се црпи слатка вода!</s> <s>Вистинската мудрост доаѓа од Господ</s> <s>13Има ли меѓу вас мудри и разумни луѓе?</s><s>Ако има, покажете ја вашата мудрост и разумност со примерен живот, со постапки што ќе се одликуваат со скромност и ќе бидат направени мудро.</s><s>14Но ако вашите срца се полни со чемерна завист и себичност, немојте да се фалите и да се лажете дека сте мудри.</s><s>15Тоа не е небесна мудрост, туку овоземна, себична и демонска.</s><s>16Кога луѓето се завидливи и себични, создаваат безредие и секакви зли дела.</s><s>17Небесната мудрост нѐ прави чисти, мирољубиви, внимателни, чувствителни, да ги сакаме луѓето и да им помагаме, да бидеме непристрасни и нелицемерни.</s><s>18А миротворците ќе го сеат семето на мирот, и ќе жнеат плодови на праведност.</s> <s>Глава 4</s> <s>Пријателството со светот</s> <s>1Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас?</s><s>Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела?</s><s>2Го посакувате тоа што го немате и ќе направите сѐ за да го добиете!</s><s>Подготвени сте дури и да убиете!</s><s>Ќе пукнете од завист.</s><s>Се карате, се расправате и пак не го добивате, бидејќи не го барате од Бог.</s><s>3А и кога барате - не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.</s><s>4Тоа е неверство спрема Бог!</s><s>Зар не знаете дека пријателството со овој свет значи непријателство со Бог!?</s><s>Секој што ќе одбере да му биде пријател на овој свет, Му станува непријател на Бог.</s><s>5Зарем мислите дека Светото Писмо попусто кажува: „Духот што Бог го поставил да живее во нас до ревност копнее за нашата верност кон Него.“ 6Всушнот Бог е многу поблагонаклонет спрема нас, како што и кажува Светото Писмо:</s> <s>„Бог им се противставува на гордите, но спрема скромните е благонаклонет.“ 7Затоа, дозволете Бог да ве води.</s><s>Спротивставете му се на ѓаволот, па тој ќе побегне од вас!</s><s>8Приближете се кон Бог и Тој ќе се приближи кон вас!</s><s>Грешните луѓе нека си ги измијат рацете, лицемерните нека си ги пречистат срцата.</s><s>9Нека жалат, нека тагуваат и нека плачат.</s><s>Наместо да се смеат, нека тагуваат, наместа да се радуваат, нека жалат.</s><s>10Бидете понизни пред Господ и Тој ќе ве издигне!</s> <s>Предупредување против критизерството</s> <s>11Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг!</s><s>Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон.</s><s>А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате!</s><s>12Само Бог е Законодавец и Судија.</s><s>Само Тој може да спасува или да уништува.</s><s>Со кое право ти му судиш на твојот ближен!?</s> <s>Грешна самоувереност</s> <s>13Слушнете ме сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во тој и тој град и таму една година ќе работиме, ќе тргуваме и ќе заработиме.“ 14Што знаете вие за утрешниот ден?</s><s>Од каде знаете дали утре ќе бидете живи?</s><s>Вашиот живот е како утринската магла: ќе се појави на кратко и набргу исчезнува.</s><s>15Треба да велите: „Ако е Божја волја, ќе бидеме живи и ќе го правиме ова или она.“ 16Наместо тоа, вие самоуверено се фалите со вашите планови.</s><s>Лошо е така да се фалите.</s><s>17Секој што не прави добро, иако знае дека треба да прави, греши.</s> <s>Глава 5</s> <s>За неправедните богаташи</s> <s>1Слушнете ме сега вие што сте богати!</s><s>Плачете и лелекајте заради многубројните неволи што ве очекуваат!</s><s>2Гнило е вашето богатство, вашите облеки молци ги изедоа.</s><s>3Вашето сребро и злато 'рѓосаа.</s><s>Таа 'рѓа ќе биде сведоштво против вас.</s><s>Ќе ги изеде вашите тела како оган.</s><s>Сте натрупале богатство во овие последни денови.</s><s>4Не им плативте на оние што ги косеа вашите ливади и тие неисплатени пари сега викаат против вас, а лелекот на оние што ги жнееја вашите ниви дојдоа до ушите на Семоќниот Господ.</s><s>5Живеевте раскошно и разуздано на земјата, си ги угоивте телата како стока готова за клање.</s><s>6Осудувате и убивате праведни луѓе, кои не можеа да ви се спротивстават.</s> <s>Трпение при страдања</s> <s>7Имајте трпение, драги пријатели, додека чекате да се врати Господ.</s><s>Погледнете како земјоделецот трпеливо чека скапоцениот плод на земјата да созрее за жетва, како трпеливо го чека пролетниот и есенскиот дожд.</s><s>8Бидете и вие трпеливи како нив и охрабрете ги вашите срца: Господ брзо ќе дојде!</s><s>9Немојте да негодувате еден против друг, во спротивно Бог ќе ви суди!</s><s>Еве Го Судијата, веќе стои пред врата!</s><s>10Драги мои, следете го примерот на пророците што зборуваа во име на Господ.</s><s>Тие имаа трпение, дури и кога мораа да страдаат.</s><s>11Оние што најмногу издржале, најмногу и ги почитуваме.</s><s>Сте слушнале какво трпение покажа Јов и знаете како Господ на крајот го благослови.</s><s>Господ е полн со милост и сочувство.</s><s>12Но пред сѐ, драги пријатели, немојте да се колнете, ни во Небото, ни во Земјата, ниту во било што друго.</s><s>Доволно е да кажете само „да“ или „не“, за да не паднете под осуда.</s> <s>Моќта на молитвата</s> <s>13Ако некој меѓу вас е во невола, нека се моли.</s><s>Ако е весел, нека пее песни на благодарност.</s><s>14Ако некој од вас е болен, нека ги викне старешините на црквата да дојдат и да се молат за него.</s><s>Нека ги замоли да го помажат со маслиново масло во името на Господ.</s><s>15Ако се молите со вера, ќе му помогнете на болниот.</s><s>Господ ќе го оздрави и ако направил грев, ќе му прости.</s><s>16Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете излечени.</s><s>Енергична молитвата од праведен човек има голема сила!</s><s>17Илија беше човек од крв и месо, како што сме и ние.</s><s>Кога тој се помоли да не врне дожд - три и пол години дожд не заврна на земјата.</s><s>18Потоа пак се помоли и заврна дожд, па земјата си ги даде своите плодови.</s><s>19Пријатели мои, христијани, ако некој од вас застрани од вистината, треба да се потрудите да го вратите назад.</s><s>20Оној што ќе врати грешник од погрешен пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие многу гревови.</s>
7257
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Прво писмо од апостол Петар (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Поздрави</s> <s>1Од Петар, апостол на Исус Христос, до луѓето одбрани од Бог што живеат во туѓина, распрснати низ Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија.</s><s>2Бог Таткото реши да ве одбере, а Неговиот Дух ве направи свети.</s><s>Вие Го послушавте Исус Христос и сега сте попрскани со Неговата крв.</s> <s>Ви посакувам Бог да ви биде изобилно благонаклонет и да ви дава сѐ подлабок мир.</s> <s>За спасението, некогаш и сега</s> <s>3Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој поттикнат од Својата огромна милост, одново нѐ роди!</s><s>Сега живееме со надеж која произлезе од воскресението на Исус Христос.</s><s>4Очекуваме наследство што не се распаѓа, неосквернето, што не венее.</s><s>Тоа наследство Бог го чува за нас на небото.</s><s>5Божјата сила ќе ве чува сѐ до последниот ден, бидејќи имате доверба во Него.</s><s>Тогаш Бог јавно ќе го објави вашето спасение.</s><s>6Затоа треба неизмерно да се радувате, макар што, ако е неопходно, уште кратко време ќе минувате низ разни маки и искушенија.</s><s>7Преку нив се проверува вредноста на вашата вера.</s><s>Дури и златото, кое е само од привремена полза, со оган се проверува.</s><s>Вашата вера е многу повредна.</s><s>Така, ако успешно ја поминете таа проверка, вие ќе добиете пофалба, слава и чест на денот кога Исус Христос ќе Му се открие на целиот свет.</s><s>8Вие Го сакате Христос, иако никогаш не сте Го виделе, верувате во Него, иако не ви е пред очи.</s><s>Затоа ќе се радувате со величествена радост што не може да се опише, 9оти ќе ја постигнете целта на вашата вера - спасението на своите души.</s><s>10Токму за ова спасение сакаа повеќе да дознаат и пророците.</s><s>Тие пророкуваа за тој незаслужен подарок што требаше да дојде.</s><s>11Се обидуваа да дознаат на кого се однесува тоа и кога ќе се случи.</s><s>Духот на Христос беше во нив и им претскажуваше дека Месијата најпрво ќе страда, а потоа ќе се стекне со голема слава.</s><s>12Ним им беше откриено дека ова нема да се случи во нивно време, и дека тие претскажуваат работи за иднината, за вас.</s><s>Тие работи сега ви беа објавени преку оние што ви ја проповедаа Радосната вест, со силата на Светиот Дух испратен од небото.</s><s>Дури и ангелите копнеат да проникнат во овие работи, да ги разберат.</s> <s>Поттик за свет живот</s> <s>13Затоа, впрегнете го својот ум, размислувајте трезвено.</s><s>Сета своја надеж положете ја во благонаклоноста што ќе ви биде дадена кога ќе се врати Исус Христос!</s><s>14Бидете Му послушни на Бог, бидејќи сте Негови деца.</s><s>Немојте да им се препуштате на вашите поранешни страсти од времето кога живеевте во незнаење.</s><s>15Напротив, бидете свети во сите свои постапки, бидејќи вие сте Божји избраници, а Тој е свет.</s><s>16Самиот Бог во Светото Писмо ни порачува:</s> <s><Бидете свети, затоа што Јас сум свет!“ 17Кога веќе Бога го сметате за ваш небесен Татко, Кој секого наградува или казнува според постапките, без пристрасности спрема поединци, тогаш, сѐ додека живеете како туѓинци, овде на земјава, однесувајте се со страхопочит спрема Бог.</s><s>18Вие знаете каква цена беше платена за да бидете откупени од безвредниот начин на живеење што го имавте наследено од вашите татковци.</s><s>Знаете дека не бевте откупени со сребреници и златници, кои се потрошни нешта, 19туку со скапоцената крв на Христос, безгрешното, совршено Божјо Јагне.</s><s>20Бог Него Го одбра за оваа цел уште пред создавањето на светот, но дури сега, во овие последни времиња, Го испрати на Земјата заради вас.</s><s>21Преку Христос вие поверувавте во Бог, во Оној што Го воскресна од мртвите и Го прослави.</s><s>Затоа можете со целосна доверба да ја положите својата надеж во Бог.</s><s>22Сега, откако ѝ се покоривте на вистината, ги исчистивте своите души.</s><s>Од тоа произлезе искрена, братска љубов меѓу вас.</s><s>Затоа, сакајте се меѓусебно искрено и од сѐ срце.</s><s>23Сакајте се затоа што сега сте наново родени, не од земни родители, кои би ви ја пренесле и смртта, туку од бесмртниот Родител, преку живиот и вечен Божји Збор.</s><s>24Светото писмо вели::</s> <s></s> <s>„Секој човек е како трева,</s> <s>а секоја човечка слава и убавина</s> <s>се како цвеќе во ливада;</s> <s>тревата се суши, цвеќето венее, 25само зборот Господов вечно ќе живее.“</s> <s></s> <s>Тој збор е Радосната вест што ви беше проповедана.</s> <s>Глава 2 1Затоа ослободете се од сѐ што е злобно, немојте да лажете и да лицемерите, немојте да завидувате и да клеветите.</s><s>2Бидете како новороденчиња, секогаш жедни за чисто духовно млеко, преку кое ќе растете и ќе се спасите, 3сега кога лично се уверивте дека Господ е добар.</s> <s>Скапоцен темел и света градба</s> <s>4Дојдете кај Исус Христос.</s><s>Тој е Живиот Камен, Кој, навистина од луѓето беше отфрлен, но Бог го одбра и за Него е скапоцен.</s><s>5Сега и вие, како живи камења сте вградени во еден духовен дом, за да бидете свето свештенство, да принесувате духовни жртви прифатливи за Бог, заради Исус Христос.</s><s>6За ова во Светото Писмо Бог вели:</s> <s></s> <s>„Еве, ќе поставам во Ерусалим Камен-темелник,</s> <s>одбран и скапоцен,</s> <s>кој ќе поверува во Него,</s> <s>никогаш нема да се разочара.“</s> <s>7Да, за вас што верувате:</s> <s></s> <s>„Тој Камен што ѕидарите го отфрлија,</s> <s>стана камен-темелник,“ скапоцен Камен.</s><s>А за оние што Го отфрлија, истиот тој камен е: 8<Камен од кој ќе се сопнуваат,</s> <s>карпа преку која ќе паѓаат.“</s> <s>Тие се сопнуваат затоа што не ја слушаат и не ја веруваат Божјата порака.</s><s>Затоа таква судбина им е определена.</s><s>9Но вие сте одбрани луѓе, царско свештенство, свет народ, луѓе што Му припаѓаат на Бог.</s><s>Вие сте избрани за да им ја покажете на луѓето Божјата добрина, зашто Тој ве изведе од темнината и ве воведе во Својата прекрасна светлина.</s><s>10<Вие што порано не бевте сметани за народ,</s> <s>сега сте Божји народ;</s> <s>вие над кои немаше кој да се сожали,</s> <s>сега добивте милост од Бога.“</s> <s>Живејте примерно</s> <s>11Драги мои, вие сте привремени жители, туѓинци на оваа земја.</s><s>Затоа ве молам да не им се препуштате на телесните страсти, зашто тие војуваат против вашите души.</s><s>12Однесувајте се примерно спрема луѓето кои не Го познаваат Бога.</s><s>Иако тие ве клеветат дека сте злосторници, кога ќе видат дека вршите добри дела, ќе Го прослават Бог во денот кога Тој ќе ги посети.</s><s>13Заради Господ, покорувајте им се на институциите на власта: било на царот, како на врховен владетел, 14било на управниците назначени од него.</s><s>Тие се поставени за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние што прават добро.</s><s>15Бог сака со правење добро да ги замолкнете неоснованите обвинувања на неразумните луѓе.</s><s>16Вие не сте робови, туку слободни луѓе, но не треба да ја користите слободата како изговор за да правите зло, туку да живеете служејќи Му на Бог.</s><s>17Почитувајте ги сите луѓе.</s><s>Сакајте ги христијаните, имајте страхопочит спрема Бог и почитувајте ја власта.</s> <s>Христос и Неговото страдање нека ви бидат пример</s> <s>18Слуги, покорувајте им се со страхопочит на вашите господари, не само на оние што се добри и кротки, туку и на оние што се сурови.</s><s>19Вредно е во Божјите очи ако од обѕири спрема Него трпеливо поднесувате страдања на кои сте неправедно изложени.</s><s>20Инаку, зар би било за пофалба, ако трпите заслужена казна!?</s><s>Но ако правите добро, а сепак страдате, тоа е вредно во Божји очи.</s><s>21Токму заради ова Бог и ве одбра.</s><s>Христос страдаше за вас и ви даде пример што треба да го следите.</s><s>22<Грев Тој не направи,</s> <s>лага не изусти.“ 23Кога Го навредуваа,</s> <s>Тој не им возвраќаше со навреди.</s> <s>Кога страдаше,</s> <s>Тој не се закануваше,</s> <s>туку се препушти во рацете на Бог,</s> <s>Кој суди праведно.</s><s>24Ги зеде нашите гревови</s> <s>врз себе, на крстот, за да бидеме,</s> <s>мртви за гревот,</s> <s>да почнеме да живееме за праведноста.</s> <s>Тој доби рани за да бидете вие здрави.</s><s>25Талкавте како залутани овци.</s> <s>Но сега се вративте кај Пастирот,</s> <s>кај Оној што се грижи за вашите души.</s> <s>Глава 3</s> <s>За сопругите</s> <s>1Вие, мажените жени, треба да им се покорувате на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово.</s><s>Вашето поведение зборува посилно од зборови.</s><s>Ќе ги придобиете 2преку вашето непорочно и побожно поведение.</s><s>3Вашата убавина да не биде само надворешна.</s><s>Нека не се сведува на дотерување на косата, на накит и скапи облеки.</s><s>4Треба да зрачите со внатрешна убавина, со кроток и тивок дух, со нераспадлив накит, со она што е скапоцено пред Бог.</s><s>5Така во минатото се украсуваа светите жени.</s><s>Имајќи вера во Бог, тие им се покоруваа на своите сопрузи.</s><s>6Така Сара му се покоруваше на Авраам, нарекувајќи го свој господар.</s><s>Вие сте сега нејзини ќерки, и ако го правите тоа што е правилно, од ништо не треба да се плашите.</s> <s>За сопрузите</s> <s>7Вие, мажите треба да бидете внимателни спрема своите сопруги.</s><s>Тие не се толку силни како што сте вие.</s><s>Почитувајте ги затоа што и тие, заедно со вас, ќе го наследат Божјиот милостив подарок - вечниот живот.</s><s>Само така вашите молитви нема да бидат попречувани.</s> <s>За сите христијани</s> <s>8На крајот, како заклучок, сите бидете сложни, сочувствителни еден спрема друг, сакајте се, бидете љубезни и понизни.</s><s>9Не враќајте зло за зло, ниту навреда за навреда.</s><s>Напротив, дури и во такви ситуации бидете љубезни со луѓето и посакајте им добро.</s><s>Токму заради тоа Бог и ве одбра и тоа е она што Тој го очекува од вас.</s><s>Така ќе го добиете Неговиот благослов.</s><s>10<Човек што си го сака животот</s> <s>и сака да доживее многубројни и среќни дни,</s> <s>нека си го варди јазикот од зла дума</s> <s>и усните од лага, 11Од злото настрана нека се држи</s> <s>добро нека прави,</s> <s>кон мир нека се стреми</s> <s>и за мир нека работи.</s><s>12А Господ бдее над праведниците</s> <s>и благонаклоно им ги слуша молитвите,</s> <s>додека спрема оние што вршат зло</s> <s>Господ го упатува Својот прекорен поглед.“</s> <s>Кога страдате неправедно</s> <s>13Ако ревносно правите добро, кој да ви напакости?</s><s>14Па дури и ако страдате, борејќи се за правдата, Господ ќе ве награди.</s><s>Затоа, немојте да се плашите од нивните закани, не губете си го спокојството.</s><s>15Почитувајте Го Христос од сѐ срце, како свој Господ.</s><s>Бидете секогаш подготвени да му одговорите на секој што ќе ве праша за вашата христијанска вера.</s><s>16Одговарајте им на луѓето кротко и со страхопочит.</s><s>Вашата совест треба да биде чиста.</s><s>Тогаш оние што зборуваат против вас ќе бидат посрамени од вашето добро поведение, какво што и му прилега на еден следбеник на Христос.</s><s>17Па ако Бог допушти и да страдате, подобро е да страдате поради тоа што вршите добро, отколку да страдате поради зли дела.</s><s>18Па и Христос пострада,</s> <s>кога умре за нашите гревови,</s> <s>еднаш за секогаш.</s> <s>Тој беше безгрешен, но умре за нас грешните,</s> <s>за да нѐ врати кај Бог.</s> <s>Телесно беше убиен, но преку Светиот Дух оживеа.</s> <s>19Тој отиде да им проповеда на духовите што лежат в затвор, 20на оние што долго време во минатото беа непокорни, а Бог трпеливо ги чекаше, на оние што изгинаа во времето на Ное.</s><s>Тогаш беше направен ковчегот во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија од смрт преку водата.</s><s>21Таа симболика го претставува крштавањето со кое сега сте спасени.</s><s>Крштавањето не е отстранување на нечистотијата од телото, туку завет пред Бог што се дава со чиста совест.</s><s>Тоа е сега можно затоа што Исус Христос воскресна.</s><s>22Сега Христос е на небото и седи на почесно место - од десната страна на Бог.</s><s>Сите ангели, власти и сили се под Негова контрола.</s> <s>Глава 4</s> <s>Поттик на свет живот</s> <s>1Кога Христос, додека беше овде на земјата, страдаше, и вие треба да бидете подготвени да страдате.</s><s>Кога човек ќе умре, престанува да греши.</s><s>2Ако „умревте“ со Христос, вие веќе нема да живеете водени од вашите телесни страсти, туку во текот на вашиот овоземен живот ќе ја исполнувате Божјата волја.</s><s>3Доволно време потрошивте учествувајќи во она во што уживаат паганите: во неморал, незауздана похота, опивање, гозби, пијанки и одвратно идолопоклонство.</s><s>4Вашите поранешни пријатели се чудат што вие не сте веќе со нив во тоа море од расипаност, па затоа зборуваат против вас.</s><s>5Но тие ќе полагаат сметка пред Бог, Кој веќе е подготвен да им суди и на живите и на мртвите.</s><s>6Токму заради ова, Радосната вест им беше проповедана и на оние што починаа.</s><s>Иако телесно беа казнети со смрт, тие ќе живеат духовно, како што и Бог живее како дух.</s><s>7Крајот е близу.</s><s>Затоа бидете трезвени и ревносно молете се, 8а најмногу од сѐ, сакајте се меѓу себе длабоко и искрено, зашто љубовта покрива многу гревови.</s><s>9Бидете гостољубиви еден спрема друг, без да негодувате.</s><s>10Секој, согласно со дарбите што ги има, нека им служи на другите.</s><s>На тој начин ќе докажете дека добро управувате со дарбите што ги дава Бог, дарежливо и разновидно.</s><s>11Ако е некој добар говорник, нека ја проповеда Божјата порака.</s><s>Ако некој има дарба да им помага на луѓето, нека го прави тоа со силата што му ја дава Бог.</s><s>Сѐ треба да се прави така што да Му се оддава слава на Бог, преку Исус Христос, на Кого Му припаѓаат славата и власта во вечни времиња.</s><s>Амин.</s> <s>Бидете пример и кога страдате</s> <s>12Драги мои, нека не ве изненадува фактот што минувате низ огнени искушенија, небаре нешто неочекувано ви се случува!</s><s>13Радувајте се што преку страдањата се поистоветувате со Христос.</s><s>Затоа, пак, ќе се радувате и веселите кога ќе се открие Неговата слава.</s><s>14Ако ве навредуваат поради тоа што сте Христови следбеници, тоа треба да ве радува!</s><s>Тоа е доказ дека величествениот Божји Дух е во вас.</s><s>15Срамота е ако некој од вас биде казнет за убиство, за кражба, за злосторство или за правење сплетки, 16но ако страдате поради тоа што сте христијани, немојте да се срамите.</s><s>Напротив, бидете Му благодарни на Бог што го носите Христовото име!</s><s>17Бог веќе почна да суди и тоа најпрво меѓу Своите следбеници.</s><s>Ако ние, христијаните сме судени, каков ли ќе им биде крајот на оние што ѝ се противат на Божјата Радосна вест!?</s><s>18<Ако праведните одвај се спасуваат,</s> <s>што ли ќе биде со безбожните и грешните!?“</s> <s>19Заради тоа, оние што страдаат извршувајќи ја Божјата волја, нека Му ги доверат своите души на својот Творец, Кој никогаш не изневерува, и нека продолжат да прават добро.</s> <s>Глава 5</s> <s>Совети за црковните пастори и за младите луѓе</s> <s>1Сакам да ги охрабрам црковните старешини.</s><s>И јас сум старешина, сведок на страдањето на Христос и знам дека кога повторно ќе дојде и мене ќе ме огрее Неговата слава.</s><s>2Затоа ве молам, како што овчарот се грижи за своето стадо, така и вие да се грижите за оние што ви се од Бога доверени.</s><s>Правете го тоа од сѐ срце, а не безволно.</s><s>Грижете се за нив ревносно, заради Бог, а не од желба за печалба.</s><s>3Не господарете над луѓето што ви се доверени, туку бидете му пример на стадото.</s><s>4А кога ќе дојде Христос, Врховниот Пастир, вие ќе добиете венец што никогаш не свенува - божествена слава.</s><s>5Вие што сте помлади, слушајте ги старешините.</s><s>Всушност, сите треба понизно да си помагате еден на друг, зашто:</s> <s>„Бог на горделивите им се противставува,</s> <s>а спрема понизните е благонаклонет.“ 6Бидете понизни пред Божјата моќна рака, за Бог да ве воздигне кога за тоа ќе дојде време.</s><s>7Сѐ што ве вознемирува препуштете Му го Нему.</s><s>Тој се грижи за вас.</s><s>8Бидете трезвени и постојано на штрек!</s><s>Внимавајте!</s><s>Вашиот непријател, ѓаволот, како разјарен лав обиколува и си бара жртва за растргнување.</s><s>9Спротивете му се, без да се колебате во верата.</s><s>Вие знаете дека христијаните во целиот свет минуваат низ истите страдања!</s><s>10Во Својата љубезност, Бог ве повика, преку Исус Христос, да бидете дел од Неговата вечна слава.</s><s>Откако кратко време ќе истрпите, Тој ќе ве усоврши, ќе ве поткрепи, ќе ве направи цврсти и непоколебливи.</s><s>11Тој владее над сѐ, сега и за вечни времиња.</s><s>Амин.</s> <s>Поздрави</s> <s>12Ова кратко писмо ви го пишувам со помош на Силван, кого го сметам за верен брат.</s><s>Сакав да ве охрабрам и да ве уверам дека ја имате Божјата благонаклоност.</s><s>13Ве поздравува вашата сестринска црква од Рим.</s> <s>Ве поздравува и Марко.</s><s>Тој ми е како син.</s><s>14Поздравете се меѓусебно со искрени изрази на христијанска љубов.</s> <s>На сите што сте Христови следбеници ви посакувам мир. (Амин.)</s>
7258
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Второ писмо од апостол Петар (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Симеон Петар, слуга и апостол на Исус Христос,</s> <s>до оние што ја имаат истата скапоцена вера што ја имаме и ние, вера што ни беше дадена преку праведноста на Исус Христос, нашиот Бог и Спасител.</s><s>2Ви посакувам сѐ подобро да го запознавате Исус, нашиот Бог и Господ, а преку тоа Бог да ви биде сѐ поблагонаклонет и во изобилие да ви дава мир.</s> <s>Божјиот повик на свет живот</s> <s>3Запознавајќи го Христос, Неговата божествена сила ни подарува сѐ што ни е потребно за да живееме побожен живот.</s><s>Тој нѐ повика да ги примиме Неговата слава и добрина.</s><s>4Бог ни даде големи и скапоцени ветувања преку кои и вие можете да добиете божествена природа.</s><s>Со неа ќе можете да им се противставите на вашите грешни страсти и да го избегнете погубното влијание на овој свет.</s><s>5Затоа со сите сили потрудете се да ја унапредите својата вера.</s><s>Додајте ѝ добрина, на добрината додајте ѝ знаење, 6на знаењето додајте му самоконтрола, на самоконтролата додајте ѝ трпеливост, на трпеливоста додајте ѝ побожност, 7на побожноста дојдајте ѝ љубов спрема сите христијани, а кон сето тоа додајте несебична љубов спрема секого.</s><s>8Ако ги имате ваквите доблести во изобилие, ќе покажете дека вашето познавање на нашиот Господ Исус Христос ве има направено корисни и плодоносни.</s><s>9Кој ги нема овие доблести, тој е слеп, или кратаковид, и заборавил дека Бог го исчисти од неговите стари гревови.</s><s>10Затоа, драги пријатели христијани, потрудете се да покажете дека Бог навистина ве повикал и ве одбрал.</s><s>Правејќи го ова, никогаш нема да се сопнете и да паднете.</s><s>11Тогаш Бог широко ќе ги отвори портите на небото за да влезете во вечното Царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.</s><s>12Знам дека вие веќе сега сте цврсто втемелени во вистината и добро ги знаете овие нешта, но сепак јас секогаш ќе настојувам да ве потсетувам.</s><s>13Сѐ додека сум во овој шатор, моето смртно тело, сметам дека ми е должност да ве потсетувам.</s><s>14Нашиот Господ Исус Христос ми покажа дека моите денови овде на земјата се изброени и јас брзо ќе го напуштам овој шатор.</s><s>15Затоа ќе направам сѐ што зависи од мене, за и после моето заминување вие да ги помните овие нешта.</s> <s>Веродостојноста на Божјите објави</s> <s>16Кога ви кажувавме за силата на нашиот Господ Исус Христос и за Неговото повторно доаѓање, ние не се служевме со лукаво смислени прикаски!</s><s>Ние со свои очи ја видовме Неговата величественост!</s><s>17Прими чест и слава од Бог Таткото кога Божјиот славен, величествен глас се спушти од небото кон Него:</s> <s>=П „Ова е Мојот Син, Мојот љубимец, =П Со Него сум целосно задоволен.“ 18Кога се случи тоа ние бевме таму, на светата гора, заедно со Исус и го слушнавме тој глас од небото.</s><s>19Тоа уште повеќе нѐ разувери во вистинитоста на она што го претскажуваа пророците.</s><s>Затоа, добро ќе сторите ако на нивните пораки гледате како на светило што свети во темнината, сѐ додека не осамне денот кога Христос, ѕвездата Деница, ќе заблеска во вашите срца.</s><s>20Пред сѐ треба да знаете дека ниту едно пророштво во Светото Писмо не е нечија самоволна објава, 21затоа што пророштвата никогаш не биле дадени по желба на некој човек, туку Светиот Дух ги поттикнувал и водел Божјите луѓе да го зборуваат она што им било наложено од Бог.</s> <s>Глава 2</s> <s>Лажните вероучители и Божјата осуда</s> <s>1Но имаше и лажни пророци меѓу Израелците, како што и меѓу вас ќе има и лажни вероучители.</s><s>Тие подмолно ќе воведуваат погубни ереси, свртувајќи се дури и против Господарот што ги откупи.</s><s>Така тие брзо ќе навлечат врз себе уништување.</s><s>2Многумина ќе тргнат по нивните срамни патишта и заради нив лошо ќе се зборува за Патот на вистината.</s><s>3Поради алчност ќе измислуваат разни прикаски, само за да извлечат од вас материјална корист.</s><s>Но Бог уште одамна им пресудил на таквите.</s><s>Уништувањето нив будно ги чека.</s><s>4Зашто Бог не ги поштеди ни ангелите што згрешија, туку ги предаде во оковите на мракот, ги фрли во пеколот, за да бидат таму чувани сѐ до Судниот ден.</s><s>5Не го поштеди ни древниот свет, туку пушти потоп и ги уништи безбожниците.</s><s>Го сочува само Ное, кој проповедаше праведност, и неговото седумчлено семејство.</s><s>6Градовите Содом и Гомора во прав и пепел ги претвори!</s><s>Им пресуди и ги разори на страотен начин, како пример за сите што сакаат да бидат безбожни.</s><s>7Но Лот беше праведен и се згрозуваше од развратот на тие изопачени луѓе.</s><s>Затоа Бог него го избави.</s><s>8Тој беше праведен човек и за него беше душевно измачување да живее со Содомјаните и секојдневно да ги гледа и слуша како прават секакви зла.</s><s>9Бог знае како да ги избави побожните луѓе од нивните неволи, а неправедните ги казнува уште додека го очекуваат Судниот ден.</s><s>10Тоа посебно се однесува на оние што се раководат од телото и грешните страсти и го презираат Божјиот авторитет.</s><s>Во нивната дрскост тие луѓе немаат никаква почит спрема славните небесни суштества, туку се осмелуваат дури и да ги навредуваат!</s><s>11Дури ни ангелите, иако се многу посилни и помоќни од нив, не изнесуваат пред Господ такви навредливи обвиненија против нив.</s><s>12Таквите луѓе се како неразумни животни, кои се определени за да бидат ловени и убивани.</s><s>Се потсмеваат на нешта што не ги разбираат.</s><s>Затоа и ќе загинат како животни.</s><s>13Ќе страдаат како казна за сите страдања што ги предизвикале.</s><s>За нив претставува уживање среде бел ден да се препуштат на разврат.</s><s>Кога јадат и пијат со вас, тие се дамки на вашиот углед и само ве осрамотуваат, затоа што тоа го прават од нечисти мотиви.</s><s>14Очите им се полни со прељуби.</s><s>Нивната желба за грев е незаситна.</s><s>Ги заведуваат неутврдените луѓе, а срцата им се навикнати на алчност.</s><s>Тоа се проколнати луѓе!</s><s>15Оставајќи го правиот пат, тие заталкаа.</s><s>Се поведоа по примерот на пророкот Балаам, синот на Беор, кој за пари беше спремен да постапува неправично.</s><s>16Но тој беше прекорен за својот престап.</s><s>Неговото магаре, немо животно, проговори со човечки глас и го натера да прекине со тие неразумни постапки.</s><s>17Таквите луѓе се како пресушени извори, како облаци разнесени од ветрот.</s><s>За нив е обезбедено место во најцрната темнина.</s><s>18Устите им се полни со празни фалби.</s><s>Со своите незауздани телесни похоти, тие ги заведуваат луѓето кои одвај се истргнеле од живеење во заблуди.</s><s>19Им ветуваат слобода, а самите се робови на корупција, зашто човек му робува на она што не може да го заузда.</s><s>20Ако кога дознаа за нашиот Господ и Спасител Исус Христос тие навистина се оттргнаа од валканите навики на овој свет и сега пак се вплеткуваат во стапицата на развратноста и претрпуваат пораз, тогаш нивната сегашна состојба е полоша од онаа на почетокот!</s><s>21Подобро ќе беше да не го запознаеја патот на праведноста, отколку, откако го запознаа, да ѝ свртат грб на светата заповед што им беше дадена!</s><s>22Ним им се случи она што го кажуваат поговорките:</s> <s>=П</s> <s><Песот се враќа на сопствената блујавица.“</s> <s></s> <s>и</s> <s>=П</s> <s><Откако се искапила, свињата во калта се вратила!“</s> <s>Глава 3</s> <s>Господ ќе се врати!</s> <s>1Драги мои, ова е веќе второ писмо што ви го пишувам, за да ви ги освежам сеќавањата и да ве поттикнам искрено да расудувате.</s><s>2Потсетувајте се на зборовите што ги кажуваа светите пророци и на заповедите на нашиот Господ и Спасител, дадени преку апостолите.</s><s>3Прво, треба да знаете дека во последните денови ќе дојдат луѓе што ќе ѝ се подбиваат на вистината, ќе се раководат од своите грешни страсти 4и ќе велат: „Што се случи со ветувањето дека Христос ќе се врати?</s><s>Нашите предци одамна изумреа, а во светот сѐ си тече онака како што било уште од неговото создавање!“ 5Тие како да забораваат дека небесата постојат веќе многу долго време, и дека преку Божјата заповед Земјата излезе од вода, останувајќи опкружена со вода.</s><s>6На Божја заповед светот потоа беше поплавен од водите и беше уништен.</s><s>7На Божја заповед сегашните небо и Земја се чуваат сѐ до Судниот ден.</s><s>Тогаш оган ќе ги проголта, а безбожниците ќе бидат уништени.</s><s>8Драги мои, една работа да не заборавате: за Господ еден ден е како илјада години и илјада години се како еден ден.</s><s>9Господ не одолговлекува со исполнувањето на Своето ветување, како што некои мислат.</s><s>Тој само е трпелив, зашто не сака никој да заврши во пропаст, туку секој да се покае и да се спаси.</s><s>10Денот кога Господ ќе се врати, ќе ве изненади како крадец.</s><s>Небесата ненадејно ќе исчезнат со силна бучава.</s><s>Елементарните состојки во оган ќе се распаднат, а Земајта и сите остварувања на неа, ќе исчезнат.</s><s>11Кога знате дека сето ова ќе пропадне, како треба да се однесувате?</s><s>Треба да водите свет живот, посветен на Бог, 12да го чекате и да го посакувате доаѓањето на тој Божји ден што поскоро.</s><s>Тогаш небесата ќе бидат запалени и уништени, а елементарните состојки од жештина ќе се растопат.</s><s>13Но за нас Бог вети ново небо и нова Земја, каде што ќе владее праведност.</s><s>Ова со нетрпение го очекуваме!</s><s>14Очекувајќи го ова, пријатели мои, потрудете се Христос да ве затекне чисти, без пороци и помирени со Бог.</s><s>15Ценете ја трпеливоста на нашиот Господ, бидејќи таа дава можност што повеќе луѓе да се спасат.</s><s>За тоа ви пиша и нашиот сакан брат Павле, воден од мудроста што Бог му ја дал.</s><s>16Тој за ова пишува во сите свои писма.</s><s>Во тие писма има и работи што се тешки за разбирање, па некои неуки и неутврдени луѓе ги извртуваат, како што извртуваат и други делови од Светото писмо.</s><s>Така самите ќе се уништат.</s><s>17Но вие, драги мои, благовремено сте предупредени.</s><s>Чувајте се да не застраните, да не бидете заведени од овие зли луѓе и да ја загубите сигурната позиција на која се наоѓате.</s><s>18Трудете се да придобиете сѐ поголема благонаклоност од нашиот Господ и Спасител Исус Христос и сѐ подобро да Го запознавате.</s> <s>Нему Му припаѓа славата и сега и во вечни времиња.</s><s>Амин.</s>
7259
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Прво писмо од апостол Јован (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Вовед</s> <s>1Ви пишуваме за Исус Христос, Зборот на животот, Оној што постои уште од самиот почеток.</s><s>Со свои уши Го слушнавме, со свои очи Го видовме, со свои раце Го допревме.</s><s>2Оној што дава живот се појави!</s><s>Го видовме и подготвени сме да ви сведочиме за тоа.</s><s>Сакаме да ви кажеме за овој вечен Живот што беше со Небесниот Татко и се појави пред нас.</s><s>3Ви го кажуваме она што го видовме и чувме, за да ни се придружите и вие во општењето што го имаме со Таткото и со Неговиот Син, Исус Христос.</s><s>4Ви го пишуваме ова, за да биде целосна нашата радост.</s> <s>Бог е светлина.</s><s>Да живееме во светлина.</s> <s>5Ова е пораката што ја слушнавме од Исус и ви ја пренесуваме: Бог е светлина.</s><s>Во Него нема ни трошка темнина.</s><s>6Ако кажеме дека општиме со Бог, а живееме во темнина, лажеме и не се придржуваме до вистината.</s><s>7Но ако живееме во светлина, како што и Бог е во светлина, тогаш навистина ќе општиме еден со друг, а крвта на Божјиот Син, Исус ќе нѐ очистува од секој грев.</s><s>8Ако тврдиме дека не грешиме, самите се лажеме и одбиваме да ја прифатиме вистината.</s><s>9Но ако Му ги признаваме своите гревови на Бог, Тој е правичен и ќе си го одржи ветувањето: ќе ни ги прости гревовите и ќе нѐ исчисти од сета неправедност.</s><s>10Ако тврдиме дека не сме грешни, Бога Го правиме лажливец и покажуваме дека Неговото Слово не навлегло во нас.</s> <s>Глава 2</s> <s>Христос се застапува за нас</s> <s>1Чеда Божји, ова ви го пишувам за да не грешите.</s><s>Но, ако некој од вас направи грев, Го имаме праведниот Исус Христос, Кој се застапува за нас пред Небесниот Татко.</s><s>2Тој е помирителната жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.</s> <s>Одлики на Божјите луѓе</s> <s>3По што ќе се знае дека сме Божји луѓе?</s><s>По тоа што ќе се придржуваме до Неговите заповеди!</s><s>4Оној што тврди дека е Божји човек, а не се придржува до Неговите заповеди, тој лаже и само покажува дека вистината не е во него.</s><s>5Само тој што се придржува до Неговото Слово има совршена љубов спрема Бог, и по тоа ќе се знае дека сме Божји луѓе.</s><s>6Оној што тврди дека е Божји човек, треба да го следи примерот на Исус.</s><s>7Драги мои, јас не ви пишувам за да ви дадам некаква нова заповед.</s><s>Ова е стара заповед што ви беше дадена уште од самиот почеток.</s><s>Таа стара заповед - да имаме љубов еден спрема друг - е истата порака што ја чувте отпорано.</s><s>8Сепак, таа заповед на некој начин е и нова, зашто нејзината вистинска смисла може да се согледа дури сега во Исус и во вас.</s><s>Погледнете, темнината исчезнува, а вистинската светлина веќе свети!</s><s>9Оној што тврди дека е на страната на светлината, а ги мрази другите христијани, тој сѐ уште е на страната на темнината.</s><s>10Оној што ги сака другите христијани, навистина живее во светлината и кај него нема ништо што би можело некого да наведе на грев.</s><s>11Оној што ги мрази другите христијани е на страната на темнината, низ црна темнина оди и не знае каде ќе стигне, зашто темнината му ги заслепува очите.</s><s>12Ви пишувам вам, чеда Божји, бидејќи вашите гревови се простени благодарејќи Му на Исус Христос.</s><s>13Ви пишувам вам, родители, бидејќи вие Го знаете Христос, Оној што постои уште од самиот почеток.</s> <s>Ви пишувам вам, млади луѓе, бидејќи ја добивте битката против Злиот.</s> <s>14Ви напишав вам, деца, бидејќи вие Го спознавте Таткото.</s> <s>Ви напишав вам, родители, бидејќи вие Го знаете Христос, Оној што постои уште од самиот почеток.</s> <s>Ви напишав вам, млади луѓе, вие сте силни, зашто Божјото Слово живее во вас и вие ја добивте битката против Злиот.</s><s>15Немојте да го сакате овој свет и она што тој ви го нуди, зашто ако го сакате овој свет, во вас нема љубов спрема Небесниот Татко.</s><s>16Тоа што го нуди светот: телесните похоти, желбата да се има сѐ што ќе се види, гордоста заради богатството што се поседува - не е од Небесниот Татко, туку од овој свет.</s><s>17А овој свет и световните похоти се минливи; само оној што ја исполнува Божјата волја останува вечно.</s> <s>Антихристи</s> <s>18Чеда Божји, се одигрува последниот час!</s><s>Сте слушнале дека ќе дојде Антихристот, но веќе сега има многу антихристи и по тоа знаеме дека настапува последната епоха.</s><s>19Тие луѓе излегоа од нас, но никогаш не беа навистина дел од нас.</s><s>Да беа навистина дел од нас, со нас и ќе останеа.</s><s>Напуштајќи нѐ, тие покажаа дека ниту еден од нив не бил дел од нас.</s><s>20Но вие сте просветлени од Светиот Дух и сѐ ви е јасно.</s><s>21Не ви пушувам како да не ја знаете вистината, туку затоа што ја знаете и знаете дека од вистината не може да произлезе никаква лага.</s><s>22Значи кој е лажливец?</s><s>Секој што тврди дека Исус не е Месијата!</s><s>Тие луѓе се антихристи и не Го прифаќаат ниту Небесниот Татко, ниту Синот - Исус.</s><s>23Секој што не го прифаќа Синот покажува дека не го прифаќа ни Таткото.</s><s>А секој што го признава Синот во исто време Го признава и Таткото.</s><s>24Вие, пак, придржувајте се до тоа што го слушнавте на почетокот.</s><s>Ако се придржувате до тоа што го чувте од почетокот, ќе бидете во единство со Синот и со Таткото.</s><s>25А Тој ни вети вечен живот.</s><s>26Ова ви го пишувам зашто има луѓе што се обидуваат да ве заведат.</s><s>27Што се однесува до вас, вие сте просветлени од Светиот Дух и, сѐ додека Тој Дух живее во вас, нема потреба никој да ве учи за тоа што е вистина, а што не.</s><s>Светиот Дух ве учи за сѐ, и сѐ што Тој ве учи е вистина, а не лага.</s><s>Држете се до Него и до она што Тој ве научи.</s> <s>Христијаните се Божји деца</s> <s>28А сега, чеда Божји, останете во единство со Христос, за да не се посрамиме при Неговото повторно доаѓање, туку да излеземе пред Него со крената глава.</s><s>29Знаете дека Исус е праведен, затоа треба да знаете дека секој што постапува праведно е Божјо дете.</s> <s>Глава 3</s> <s>Како треба да живеат Божјите луѓе</s> <s>1Погледнете колкава голема љубов покажа Небесниот Татко спрема нас!</s><s>Тој толку многу нѐ засака, што нѐ прифати како Свои деца и ние сега навистина сме Божји деца!</s><s>Световните луѓе не Го познаваат Бога, па затоа и нас не нѐ препознаваат како Божји деца.</s><s>2Драги мои, ние веќе сега сме Божји деца, но не можеме ни да си замислиме што ќе станеме допрва!</s><s>Сепак знаеме дека кога Христос повторно ќе дојде, ќе станеме слични на Него, бидејќи ќе Го видиме онаков каков што Тој навистина е. 3Секој што ја положил својата надеж во Него, ќе се пази да остане чист, токму како што и Христос е чист.</s><s>4Секој што прави грев, го прекршува Божјиот закон, зашто гревот е токму тоа: прекршување на законот.</s><s>5Како што знаете, Христос токму заради тоа и дојде: да ги отстрани нашите гревови.</s><s>Во Него грев нема, 6па затоа секој што е на Негова страна нема да продолжи да греши.</s><s>Ако човек продолжи да греши, тој ниту Го познава Христос, ниту пак сфаќа Кој е Тој!</s><s>7Чеда Божји, не допуштајте некој да ве заведе!</s><s>Праведен е оној што постапува праведно, онака како што постапуваше Исус.</s><s>8А оној што продолжува да греши е на страната на ѓаволот, зашто ѓаволот греши уште од самиот почеток.</s><s>Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави ѓаволот.</s><s>9Тој што е препородено Божјо дете, нема да продолжи да греши, бидејќи Божјото семе е во него.</s><s>Тој е препородено Божјо дете и не може да продолжи да греши.</s><s>10Постои јасна разлика меѓу Божјите деца и децата на ѓаволот: секој што не постапува праведно, и што не ги сака другите христијани, не е Божјо дете.</s> <s>Да се сакаме еден со друг</s> <s>11Пораката што ја чувме од почетокот гласи: да се сакаме еден со друг.</s><s>12Да не бидеме како Каин, кој застана на страната на Злиот и го уби сопствениот брат.</s><s>Зошто го уби?</s><s>Бидејќи она што го правеше Каин беше погрешно, а она што го правеше неговиот брат беше правилно.</s><s>13Според тоа, не чудете се, драги христијани, ако луѓето од овој свет ве мразат!</s><s>14Ако ние, христијаните, се сакаме еден со друг, тоа докажува дека сме преминале од смрт во вечен живот.</s><s>Оној што не ги сака другите христијани, сѐ уште е во стегите на смртта.</s><s>15Секој што мрази некој од христијаните е убиец, а вие знаете дека ниту еден убиец во себе нема вечен живот.</s><s>16Кога Исус го даде сопствениот живот за нас, ние сфативме што значи да се има љубов.</s><s>Така треба и ние да ги даваме нашите животи за други христијани.</s><s>17Како може некој да тврди дека ја има Божјата љубов, ако има световни богатства и гледа дека некој од христијаните е во материјална невола, а тој не сака да му помогне?</s><s>18Чеда Божји, треба вистински да се сакаме, не само на зборови, туку на дело, со нашите постапки во секојдневниот живот.</s><s>19Така ќе знаеме дека сме на страната на вистината, и ќе ја имаме неопходната увереност кога ќе застанеме пред Бог.</s><s>20Па и кога нашата совест нѐ обвинува, да не забораваме дека Бог е над нашата совест и дека Тој знае сѐ.</s><s>21Драги мои, кога имаме чиста совест можеме да пристапиме пред Бог со увереност.</s><s>22Сѐ што ќе побараме од Него, ќе добиеме, ако се држиме до Неговите заповеди и го правиме она што е во согласност со Неговата волја.</s><s>23А Божјата заповед е да веруваме во Неговиот Син Исус Христос и да се сакаме еден со друг.</s><s>Така ни заповеда и Исус.</s><s>24Оние што се придржуваат до Божјите заповеди живеат во нераскинливо заедништво со Бог и Тој трајно живее во нив.</s><s>Како знаеме дека Бог живее во нас?</s><s>Доказ за тоа е Светиот Дух што ни го даде Христос.</s> <s>Глава 4</s> <s>Вистинскиот и лажниот дух</s> <s>1Драги мои, не верувајте му на секој што тврди дека во себе го има Божјиот Дух.</s><s>Проверувајте дали духот што е во нив е од Бога, бидејќи по светот се појавија многу лажни пророци.</s><s>2Вака ќе проверите дали некој во себе го има Божјиот Дух: ако проповеда дека Исус Христос дојде во човечко тело, тој е од Бога.</s><s>3Секој што не Му оддава признание на Исус, не е од Бога, туку е од Антихристот.</s><s>За Антихристот сте слушнале дека ќе дојде.</s><s>Тој е веќе присутен во светот.</s><s>4Чеда мои, вие Му припаѓате на Бог и веќе ги победивте овие непријатели.</s><s>Божјиот Дух што е во вас е посилен од духот што е во световните луѓе.</s><s>5Тие луѓе му припаѓаат на овој свет.</s><s>Световно зборуваат и светот ги слуша.</s><s>6Ние, пак, Му припаѓаме на Бог.</s><s>Тие што Го знаат Бога, нѐ слушаат, а тие што не се на Божја страна, не нѐ слушаат.</s><s>Така распознаваме дали некој е со Духот на вистината или со духот на заблудата.</s> <s>Бог е изворот на љубовта</s> <s>7Драги мои, треба да се сакаме еден со друг, бидејќи љубовта доаѓа од Бог.</s><s>Секој што ги сака луѓето докажува дека е Божјо дете и дека Го познава Бога.</s><s>8Оној што не ги сака луѓето докажува дека не Го познава Бога, бидејќи Бог е љубов.</s><s>9Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него.</s><s>10Тоа е вистинска љубов.</s><s>Не дека ние го сакавме Бога, туку Бог нас нѐ сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.</s><s>11Драги мои, штом Бог покажа толкава љубов спрема нас, и ние треба да се сакаме еден со друг.</s><s>12Никој никогаш не Го видел Бога, но ако еден со друг се сакаме, покажуваме дека Бог живее во нас и Неговата љубов целосно ќе се искаже преку нас.</s><s>13Бог ни го даде Својот Дух како доказ дека сме во Него, а Тој во нас.</s><s>14Со свои очи видовме и им сведочиме на луѓето дека Небесниот Татко Го испрати Синот, Исус, да биде Спасител за светот.</s><s>15Секој што го прифаќа Исуса како Божји Син, го има Бога во себе, а и тој е во Бога.</s><s>16Сега знаеме колку многу Бог нѐ сака и имаме доверба во Него.</s> <s>Бог е љубов!</s><s>Секој што ги сака луѓето е во единство со Бога, а и Бог е во него.</s><s>17Ако искрено се сакаме и ако живееме онака како што живееше Исус, нема причина да се плашиме од Судниот ден.</s><s>18Љубовта не остава место за страв.</s><s>Совршената љубов го исклучува стравот, бидејќи стравот подразбира казна, а тој што се плаши нема искрена љубов.</s><s>19Ние возвраќаме со љубов, зашто Бог прв нѐ засака.</s><s>20Ако некој тврди дека има љубов спрема Бог, а мрази некој од христијаните, тој е лажливец.</s><s>Ако не ги сака христијаните, кои му се пред очи, како ќе може да Го сака Бога, Кого не Го има видено?</s><s>21Христос ни даде ваква заповед: Тој што Го сака Бога, треба да ги сака и христијаните околу себе.</s> <s>Глава 5</s> <s>Верата победува</s> <s>1Секој што верува дека Исус е Месијата, е препородено Божјо дете.</s><s>Секој што го сака Родителот, ќе ги сака и Неговите деца.</s><s>2По што знаеме дека ги сакаме Божјите деца?</s><s>По тоа што Го сакаме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди.</s><s>3Да Го сакаме Бог значи да се придржуваме до Неговите заповеди без тие да ни претставуваат бреме.</s><s>4Секој што е препородено Божјо дете може да надвладее против светот.</s><s>Таа победа против светот се постигнува преку вера во Христос.</s><s>5Кој друг ќе го победи овој свет, ако не оние што веруваат дека Исус е Божјиот Син!?</s> <s>Тројно сведоштво за Исус</s> <s>6Христос ни беше објавен како Божји Син преку Неговото крштавање во водата и преку пролевањето на Неговата крв на крстот.</s><s>Не само преку вода, туку преку вода и крв.</s><s>Светиот Дух ни сведочи за тоа, а Нему може да Му се верува.</s><s>7Значи постојат тројца сведоци: 8Духот, водата и крвта, и сведоштвата на сите тројца сведоци се совпаѓаат.</s><s>9Ако прифаќаме сведочење од човек, Божјото сведоштво е уште посилно.</s><s>Затоа ние го прифаќаме она што Бог ни го сведочи за Својот Син.</s><s>10Секој што верува во Божјиот Син, го има ова сведоштво во своето срце.</s><s>Оние што не Му веруваат на Бог, Го прогласуваат Бога за лажливец, бидејќи не Му веруваат на сведоштвото што го даде Тој за Својот Син.</s><s>11Сведоштвото кажува дека Бог ни даде вечен живот и тој живот доаѓа од Неговиот Син.</s><s>12Кој го има Божјиот Син, има вечен живот.</s><s>Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот.</s> <s>Одговор на молитви</s> <s>13Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот.</s><s>14Заради тоа ние имаме доверба во Бог и знаеме дека кога молиме нешто што е во согласност со Неговата волја, Тој ќе ни го исполни.</s><s>15Знаеме дека кога се молиме Тој нѐ слуша и сигурни сме дека на нашите молитви ќе добиеме одговор.</s><s>16Ако некој од вас гледа дека некој христијанин прави грев што не е за смрт, нека се помоли и Бог ќе му даде живот на оној што згрешил.</s><s>Ова се однесува на гревови што не се смртоносни.</s><s>Постои и смртоносен грев и јас не велам дека треба да се молите за оние што го извршиле тој грев.</s><s>17Секоја неправедност е грев, но секој грев не е смртоносен.</s><s>18Знаеме дека ниедно Божјо дете не продолжува постојано да греши, бидејќи Божјиот Син го чува и ѓаволот не може да допре до него.</s><s>19Ние, христијаните, знаеме дека потекнуваме од Бог, а световните луѓе се под власта на ѓаволот.</s><s>20Знаеме и дека Божјиот Син дојде и ни даде разум за да Го препознаеме вистинскиот Бог.</s><s>Затоа ние сме во единство со вистинскиот Бог и со Неговиот Син, Исус Христос.</s><s>Тој е вистинскиот Бог, Тој е вечниот живот.</s><s>21Чеда Божји, чувајте се од идоли!</s> <s></s> <s>Забелешки:</s> <s>ar:الكتاب المقدس bs:Biblija cs:Bible cy:Beibl de:Bibel el:ءمكل أٌلِق es:Biblia fr:La Bible he:ביבליה hr:Biblija it:Sacra Bibbia la:Biblia Sacra ml:ബൈബിള്‍ pl:Biblia Gdaסska pt:Bםblia ro:Biblia ru:ֱטבכט sl:Sveto pismo sr:ׁגועמ ןטסלמ sv:Bibeln 1917 th:₪ְֱׁױֳלה÷א÷װֵ tr:İncil uk:ֱ³בכ³ (־ד³÷םךמ)</s>
7260
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Второ писмо од апостол Јован (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од старешината Јован,</s> <s>до почитуваната госпоѓа и до нејзините деца.</s><s>Имам искрена љубов спрема вас, каква што имаат и сите други што ја знаат Божјата вистина, 2онаа вистина што живее во нас и што ќе биде со нас засекогаш.</s><s>3Бог Таткото и Неговиот Син, Исус Христос, нека ни бидат благонаклонети, нека ни бидат милостиви и нека ни дадат мир, за да останеме на страната на вистината и да живееме во љубов.</s> <s>Поттик на меѓусебна љубов</s> <s>4Многу се израдував кога дознав дека некои од вашите деца се на вистинскиот пат и се придржуваат до заповедта што ни беше дадена од Небесниот Татко.</s><s>5Сега, драга госпоѓо, јас не ви пишувам некоја нова заповед, туку ве молам да се придржувате кон заповедта што ја имаме уште од почетокот: да се сакаме меѓусебно.</s><s>6А љубовта се докажува преку придржување до Божјите заповеди.</s><s>Заповедта да се сакаме ја слушнавме уште од самиот почеток и до неа треба да се придржуваме.</s> <s>Предупредување за појавата на измамници</s> <s>7Многу измамници се појавија на овој свет.</s><s>Не признаваат дека Исус Христос дојде на овој свет во човечко тело.</s><s>Секој што зборува така е измамник и антихрист.</s><s>8Чувајте се, за да не го загубите она за што се трудевме.</s><s>Борете се да ја добиете целосната награда!</s><s>9Секој што отстапува и не се држи до Христовото учење нема заедништво со Бог.</s><s>Оној што се држи до Христовото учење има заедништво со Небесниот Татко и со Синот - Христос.</s><s>10Ако некој дојде кај вас, и не го носи Христовото учење, немојте да го примате во вашите домови, немојте дури ни добредојде да му посакате.</s><s>11Оној што ќе му посака добредојде станува соучесник во неговите зли дела.</s> <s>Заклучок</s> <s>12Имам уште многу да ви кажам, но не сакам тоа да го сторам вака, со перо и мастило, туку се надевам дека ќе дојдам кај вас и сѐ што имам да ви кажам, ќе ви кажам лице в лице.</s><s>Верувам дека тоа ќе биде обострано задоволство.</s><s>13Ве поздравуваат децата на вашата сестра, одбрана од Бог.</s>
7261
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Трето писмо од апостол Јован (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од старешината Јован, до мојот драг пријател Гај, кого искрено го сакам.</s><s>2Драги пријателе, ти посакувам сѐ добро да ти оди, да бидеш телесно здрав, како што си духовно јак.</s><s>3Многу се израдував кога некои од христијаните дојдоа кај мене и ми потврдија дека ти си на страната на вистината и чекориш по вистинскиот пат.</s><s>4За мене нема поголема радост од тоа да слушнам дека моите деца чекорат по вистинскиот пат.</s> <s>За помагањето меѓу христијаните.</s> <s>5Драги пријателе, добро правиш што се грижиш и за други христијани, особено за дојдените од други места.</s><s>6Тие пред сите нас во црквата раскажаа за твојата љубов.</s><s>Добро ќе сториш ако ги испратиш на начин како што прилега пред Бог, 7бидејќи тие патуваат заради Исусовото име, а не примаат никаква помош од оние што не се христијани.</s><s>8Заради тоа треба да покажеме гостопримство спрема такви луѓе, за и ние да земеме учество во ширењето на вистината.</s> <s>Осуда на Диотреф</s> <s>9Јас им напишав едно кратко писмо на луѓето во црквата, но Диотреф, кој сака да биде водач меѓу нив, не нѐ признава нас.</s><s>10Затоа, ако дојдам, ќе го прекорам за тоа што го прави, напаѓајќи нѐ злобно и неправедно.</s><s>И тоа не му е доволно, па не само што самиот не ги прифаќа христијаните што доаѓаат во посета, туку и оние што би сакале да ги прифатат ги спречува и ги исклучува од црквата!</s><s>11Драги пријателе, немој да земаш пример од оние што прават зло!</s><s>Угледај се на оние што прават добро!</s><s>Оној што прави добро е Божјо дете, а оној што прави зло, покажува дека не Го познава Бога.</s> <s>Признание за Димитри</s> <s>12За Димитри сите зборуваат добро.</s><s>Тоа се потврдува со вистинската порака што тој ја проповеда.</s><s>И ние имаме добро мислење за него, а ти знаеш дека ние сме искрени.</s> <s>Поздрави</s> <s>13Сакам уште многу нешта да ти кажам, но не сакам вака со перо и мастило.</s><s>14Се надевам дека наскоро ќе те видам и лице в лице ќе си поразговараме.</s><s>15Божјиот мир нека биде со тебе!</s> <s>Те поздравуваат пријателите.</s><s>Поздрави ги и ти оние што ни се пријатели, секого поименично.</s>
7262
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BB%20%D0%88%D1%83%D0%B4%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Писмо од апостол Јуда (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Авторство и поздрави</s> <s>1Од Јуда, слуга на Исус Христос и брат на Јаков,</s> <s>до повиканите, оние што Бог Таткото ги сака и Исус Христос ги чува.</s><s>2Бог нека ви даде во изобилие милост, мир и љубов.</s> <s>Повод за ова писмо: појавата на лажливи вероучители</s> <s>3Драги пријатели, многу сакав да ви пишувам за нашето заедничко спасение што го имаме, но сметам дека е неопходно да ви напишам и да ве охрабрам да ја браните верата што еднаш засекогаш Бог им ја предаде на Своите верни следбеници.</s><s>4Се вовлекоа меѓу вас безбожни луѓе, што ја извртуваат пораката за благонаклоноста на нашиот Бог, за да си го оправдаат сопствениот разврат.</s><s>Тие не Го признаваат нашиот единствен Владетел и Господ Исус Христос.</s><s>За нив во Светото писмо уште одамна е запишано дека ќе бидат осудени.</s> <s>Три примери за поука од минатото</s> <s>5Сакам да ве потсетам на тоа што вие веќе го знаете.</s><s>Иако Господ го избави својот народ од Египет, сепак потоа ги уништи сите што немаа доверба во Бог.</s><s>6Ангелите што не ги исполнуваа задолженијата што им беа дадени, туку ги напуштија своите места, Тој ги окова во вечни вериги, и ги чува во мрак, сѐ до големиот Суден ден.</s><s>7Содом и Гомора, заедно со околните градови, се оддадоа на блуд и неприродни телесни страсти.</s><s>Слично како и ангелите, и тие за казна беа предадени на вечен оган, за да им служат како предупредување на луѓето.</s> <s>Осуда на лажливите вероучители</s> <s>8На сличен начин и овие луѓе, вообразени мечтатели, од една страна си ги поганат сопствените тела, а од друга ја презираат врховната власт на Бог и ги навредуваат славните суштества.</s><s>9Дури ни архангелот Михаел, кога се препираше со ѓаволот околу телото на Мојсеј, не се осмели да изнесе против него навредливо обвинение, туку рече: „Господ да те прекори!“ 10Овие луѓе го навредуваат она што не го разбираат.</s><s>Тие знаат да го прават само она што е инстинктивно, како безумните животни.</s><s>Тоа ќе ги уништи!</s><s>11Тешко ним, зашто тргнаа по патот на Каин!</s><s>Како Балаам, за пари сѐ ќе направат!</s><s>Како и Корах ќе изгинат поради нивното бунтовништво.</s><s>12Овие луѓе се црна дамка на вашите заеднички спомен-вечери.</s><s>Се гоштаваат со вас без трошка страв.</s><s>Само за себе се грижат.</s><s>Тие се облаци што многу ветуваат, но дожд во нив нема.</s><s>Тие се овошки без плодови во време на берба, двојно мртви, зашто и корењата им се извадени.</s><s>13Тие се разбеснети морски бранови кои како пена ги исфрлаат на брегот своите срамни дела.</s><s>Тие се ѕвезди заскитани, забревтани кон вечна и најцрна темнина.</s><s>14За таквите луѓе пророкувал Енох, кој живеел во седмата генерација по Адам, кога рекол:</s> <s>„Ете, доаѓа Господ со десетици илјади Свои светии 15да им суди на сите, да ги осуди безбожниците за сите нивни зли дела, што безбожно ги извршија, за сите навредливи зборови што ги изрекоа безбожните грешници против Него.“ 16Тие се луѓе што негодуваат и постојано имаат поплаки, а се раководат само од сопствените телесни похоти.</s><s>Постојано се фалат и им ласкаат на сите од кои можат да имаат некаква корист.</s> <s>Поттик за верност</s> <s>17Но вие, драги пријатели, помнете го сето она на што ве поучуваа апостолите на нашиот Господ Исус Христос.</s><s>18Тие ви кажаа дека во последните времиња ќе има луѓе што ќе се подбиваат, ќе се раководат само од сопствените страсти и ќе прават безбожни нешта.</s><s>19Тоа се луѓе што создаваат поделби меѓу вас.</s><s>Живеат онака како што им наложуваат инстинктите, зашто во нив го нема Божјиот Дух.</s><s>20Но вие, драги пријатели, продолжете да ги градите вашите животи врз темелите на нашата света вера.</s><s>Молете се, водени од Светиот Дух.</s><s>21Во очекување на вечниот живот што милостиво ќе ви го подари нашиот Господ Исус Христос, останете под закрилата на Божјата љубов.</s><s>22Бидете милостиви спрема оние со непостојана вера.</s><s>23Спасувајте луѓе, истргнувајќи ги од огнот.</s><s>Спрема сите грешници покажете милост, внимавајќи и самите да не се заразите од нивните гревови.</s> <s>Славопој за Бог</s> <s>24А сега, на Оној што е способен да ве зачува од паѓање и Кој со голема радост ќе ве доведе во Неговата беспрекорна слава, 25на единствениот Бог и наш Спасител преку Исус Христос, нашиот Господ, Нему Му припаѓаат славата, величественоста, власта и моќта уште пред почетокот на времето, и сега, и во сите времиња!</s><s>Амин.</s>
7649
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%3A%D0%91%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%81
Викиизвор:Барања за бирократски статус
<s></s> <s>Тековни номинации за администраторски статус Моменталното време е</s> <s>Тековни номинации за отстранување администраторски статус</s> <s>За БзБС</s> <s>Моментални барања за бирократски статус</s> <s>Поврзани барања Барања за дозволи на други Викимедија проекти Барања за администраторски или бирократски статус на мета Барања за самоодземање на администраторски статус на било кој проект може да се направат на мета:Барања за дозволи.</s> <s>Доколку оваа страница не се обновува правилно, или исчистете го вашиот кеш или [ кликнете овде да го исчистите] кешот на серверот.</s> <s>Викиизвор:Бирократи</s> <s>da:Wikisource:Anmodning om bureaukratstatus</s>
7659
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D1%85%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Нехемија (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Молитвата на Нехемија.</s> <s>1Зборовите на Нехемија, синот на Хахалија:</s> <s>„Во месецот кислев, во дваесеттата година, додека бев во престолнината Суса.2Ханани, еден од моите браќа, заедно со неколкумина други луѓе, дојде од Јуда и јас ги распрашав за остатокот од Евреите, за оние кои го преживеаја прогонството, и за Ерусалим.</s> <s>3А тие ми рекоа: ,Оние кои го преживеаја прогонството, таму во областа, живеат во голема мака и немилост.</s><s>Ѕидот на Ерусалим е разурнат, а портите со оган се изгорени.’</s> <s>4Кога слушнав за овие работи, седнав да плачам и тагувам.</s><s>Со денови постев и се молев пред небесниот Бог.</s><s>5Тогаш реков:</s> <s>,О ГОСПОДИ, Боже на небесата, Боже велик и страотен, Ти Кој се држиш до заветот и љубовта со оние што Те сакаат и ги исполнуваат Твоите наредби, 6нека внимава сега увото Твое, очите Твои нека бидат отворени, за да ја слушнеш молитвата од Твојот слуга, која ја кажувам пред Тебе ден и ноќ за народот на Израел - слугите Твои!</s><s>Ги признавам гревовите на народот Израелов, признавам дека грешевме против Тебе.</s><s>Дури и јас и домот на моите татковци грешевме.</s><s>7Лошо, многу лошо се однесувавме кон Тебе.</s><s>Не ги исполнувавме наредбите, указите и законите кои му ги даде на Мојсеј, слугата Твој.</s> <s>8Потсети се сега на упатството што му го даде на Мојсеј, слугата Твој: ,Неверни сте ми и Јас ќе ве распрснам меѓу народите!</s><s>9Но вие вратете се кај Мене, потчинувајте се на Моите наредби и извршувајте ги!</s><s>Дури и ако сте прогонети до крајот на небесата, и од таму ќе ве приберам и ќе ве доведам во местото кое го одбрав да биде пребивалиште на Моето име.’</s> <s>10А тие се Твои слуги, Твој народ, кој го избави со Твојата голема сила и Твојата моќна рака.</s><s>11О Господи, нека биде внимателно сега увото Твое за молитвата на Твојот слуга, за молитвата на слугите Твои, оние кои со задоволство го почитуваат Твоето име.</s><s>Дај му денеска успех на Твојот слуга, обдари го да има наклоност пред овој човек.’, а јас му бев пехарник на царот.“</s> <s>Глава 2</s> <s>Артаксерксес го испраќа Нехемија во Ерусалим.</s> <s>1И тогаш, во месецот нисан, во дваесеттата година на царот Артаксерксес, виното беше пред него, а јас го зедов виното и му го подадов на царот.</s><s>До тој момент не бев се појавувал тажен во негово присуство, 2па царот ме праша: „Зошто ти е тажно лицето, кога не си болен?</s><s>Ова не е ништо друго туку тага во срцето“.</s> <s>Јас многу се уплашив, 3но му реков на царот: „Нека е жив царот довека.</s><s>Како да не ми биде тажно лицето кога градот, местото каде што се гробовите на моите татковци, лежи во урнатини, а портите негови со оган се уништени.“</s> <s>4Царот ми рече: „Што бараш од мене?“,</s> <s>тогаш Му се помолив на небесниот Бог 5и му одговорив на царот: „Ако му е така по волја на царот и ако слугата ваш нашол милост пред вас, испратете ме во Јудеја, во градот каде што се гробовите на моите татковци, за да го обновам.“</s> <s>6Тогаш царот, со царицата седната крај него, ме праша: „До кога ќе трае твоето патување и кога ќе се вратиш?“, па се смилува царот и ме испрати, а јас го одредив времето.</s> <s>7Покрај тоа го прашав царот: „Ако му е така угодно на царот, нека ми даде писма за управителите на областа Транс - Еуфратија, што ќе ми обезбедат безбеден премин сѐ додека стигнам во Јуда, 8писмо за Асаф, чуварот на царските шуми, за да ми даде граѓа да направам греди за портите на тврдината околу храмот, за градскиот ѕид и за дворецот во кој јас ќе отседнам.“ И царот ги удоволи моите барања, затоа што раката Божја милостиво беше над мене.</s><s>9Така јас тргнав кај управителите на Транс - Еуфратија и им ги дадов писмата од царот, а тој со мене беше испратил воени старешини и коњаници.</s> <s>10Кога слушнаа Хорониецот Санваллат, и Амониецот Товија, кој беше човек од власта, се вознемирија, многу се вознемирија, затоа што доаѓа некој што ќе се застапува за доброто на синовите Израелеви.</s> <s>Нехемија ги разгледува ѕидините на Ерусалим.</s> <s>11Јас отидов во Ерусалим и останав таму три дена.</s><s>12Станав ноќе, јас и неколкумина со мене, и не кажав никому што мојот Бог ми беше ставил на срце да направам за Ерусалим.</s><s>Немаше друг коњ со мене освен оној на кого јас јавав.</s> <s>13Излегов ноќе низ портата во долината кон Шакаловиот извор, и се упатив кон порта крај буништата.</s><s>Ги разгледав разурнатите ѕидини на Еруслим и портите изгорени од оган.</s><s>14Се упатив кон портата крај изворот и кон царското складиште за вода, но за коњот под мене немаше место каде да помине.</s><s>15Така одев некое време низ долината ноќе и го разгледував ѕидот, па се свртев, повторно влегов низ портата во долината и се вратив назад.</s><s>16Властите не знаеја ниту каде одев, ниту што правев, затоа што ниту на Евреите, ниту на свештениците, ниту на благородниците, ниту на властите или на некој друг што зеде учество во работата, сѐ уште ништо не им бев кажал.</s> <s>17Тогаш им реков: „Гледате на каква мака сме.</s><s>Ерусалим лежи во урнатини, а неговите порти со оган се изгорени.</s><s>Дојдете да го обновиме ѕидот на Ерусалим и веќе нема да бидеме во немилост!“ 18Исто така им раскажав како раката на мојот Бог беше милостиво над мене и им ги пренесов зборовите кои царот ми ги беше кажал.</s> <s>Тие одговорија: „Да почнеме и да го обновиме!“ И така нивните раце ја започнаа оваа добра работа.</s> <s>19Тогаш слушнаа Хорониецот Санваллат, Амониецот Товија, кој беше човек од власта, и Арапот Гешем, па ни се потсмеваа и подбиваа.</s><s>Нѐ прашаа: „Што е ова што го правите?</s><s>Против царот ли ќе се бунтувате?“</s> <s>20Јас им дадов одговор и им реков: „Небесниот Бог ни даде напредок и ние, Неговите слуги, ќе почнеме со обновата.</s><s>А вие немате ниту дел, ниту право, ниту пак такво право сте имале во Ерусалим.“</s> <s>Глава 3</s> <s>Градители на ѕидините.</s> <s>1И така, првосвештеникот Елијашив и неговите пријатели, свештениците, се фатија за работа и ја обновија Овчјата порта.</s><s>Ја посветија и ги наместија нејзините врати.</s><s>Посветија сѐ до кулата на Стоте и до кулата на Хананел.</s><s>2До нив градеа луѓето од Ерихон, а до нив градеше Заккур, синот на Имри.</s> <s>3Рибјата порта ја обновија синовите на Хассенаа.</s><s>Ги поставија гредите, ги наместија вратите, резињата и лостовите.</s><s>4До нив поправаше Меремот, синот на Урија, син на Хаккос, до нив поправаше Мешуллам, синот на Берехија, син на Мешезавел, а до нив поправаше Садок, синот на Баана.</s><s>5До нив поправаа жителите на Текоа, но нивните благородници не подметнаа рамо да работат за својот Господ.</s> <s>6Портата на Јешана ја поправи Јојада, синот на Пасеа и Мешуллам, синот на Бесодеја.</s><s>Тие ги поставија гредите, ги наместија вратите, резињата и лостовите.</s><s>7До нив поправаше гивеонецот Мелатија и меронотиецот Јадон, луѓе од Гивеон и Миспа, места кои се под власта на управникот на Транс - Еуфратија.</s><s>8До нив поправаше Узиел, синот на Хархаја, кои беа златари, а до него поправаше Хананија, кој произведуваше миризливи масла, и тие го обновија Ерусалим сѐ до Широката порта.</s><s>9До нив поправаше Рефаија, синот на Хур, управител на половината од Ерусалимскиот округ.</s><s>10До нив, спроти сопствената куќа, поправаше Једаија, синот на Харумаф, а до него поправаше Хаттуш, синот на Хашавнеја.</s><s>11Малкија, синот на Харим, и Хашшув, синот на Пахат Моав, го поправија наредниот дел и Кулата на печките.</s><s>12До нив поправаше Шаллум, синот на Халлохеш, управител на половината од Ерусалимскиот округ, тој и неговите ќерки.</s> <s>13Портата во долината ја поправија Ханун и жителите на Зеноа.</s><s>Тие ја изѕидаа, ги поставија вратите, резињата и лостовите.</s><s>Поправија и илјада лакти од ѕидот, сѐ до портата на буништата.</s> <s>14Портата на буништата ја поправи Малкија, синот на Рехав, управител на округот Бет Хаккерем.</s><s>Тој ја обнови и ги постави вратите, резињата и лостовите.</s> <s>15Портата на изворот ја поправи Шаллун, синот на Кол Хозе, управителот на округот Миспа.</s><s>Тој ја обнови, ѝ направи покрив, ги постави вратите, резињата и лостовите.</s><s>Го поправи и ѕидот на складиштето за вода Шела, покрај царската градина, сѐ до скалите што се симнуваа од Давидовиот град.</s><s>16После него поправаше Нехемија, синот на Азбук, управител на половината од округот Бет Зур, сѐ до горе спроти Давидовите гробници, до вештачкото складиште за вода и до Куќата на Хероите.</s> <s>17До него поправаа Левитите предводени од Рехум, синот на Бани.</s><s>До него, за својот округ, поправаше Хашавија, управителот на половината од округот Кеила.</s><s>18До него поправаа селаните предводени од Баввај, синот на Хенадад, управителот на половината од округот Кеила.</s><s>19На страна од нив поправаше Езер, синот на Јешуа, управителот на Миспа, од нагорнината, па сѐ до оружарницата на аголот.</s><s>20До него ревносен во поправањето беше Барух, синот на Заббај, на еден друг дел, од аголот, па сѐ до влезот во домот на првосвештеникот Елијашив.</s><s>21До него поправаше Меремот, синот на Урија, синот на Хаккос, наредниот дел, од влезот во домот на Елијашив, па сѐ до крајот на неговиот дом.</s> <s>22До него поправаа свештениците, луѓе од околните области.</s><s>23После нив поправаа Бенјамин и Хашшув, пред своите куќи.</s><s>До нив, покрај сопствената куќа, поправаше Азарија, синот на Маасеја, синот на Ананија.</s><s>24До нив поправаше Биннуј, синот на Хенадад, еден друг дел, од домот на Азарија па до свиокот и до аголот.</s><s>25Палал, синот на Узија, работеше спроти аголот на кулата, која се издига од горниот царски дворец, близу до дворот на стражарите.</s><s>До него беше Педаија, синот на Парош, 26и слугите во храмот кои живееја во Офел.</s><s>Тие поправаа сѐ до спроти Водната порта кон исток и кулата што се таму се издига.</s><s>27После нив текојците го поправаа наредниот дел, од пред големата кула што се издига, па сѐ до ѕидот на Офел.</s> <s>28Над Коњската порта поправаа свештениците, секој пред својата куќа.</s><s>29До нив поправаше Садок, синот на Иммер, спроти својата куќа, а до него поправаше Шемаија, синот на Шеханија, чуварот на Источната порта.</s><s>30До него наредниот дел го поправаа Хананија, синот на Шелемија, и Ханун, шестиот син на Залаф.</s><s>До нив поправаше Мешуллам, синот на Берехија, спроти соседството во кое живееше.</s><s>31До него поправаше Малкија, син на златар, сѐ до куќата на храмските слуги и трговците, од спроти портата за проверка, па сѐ до просторот над аголот.</s><s>32А меѓу просторот над аголот и Овчјата порта поправаа златарите и трговците.</s> <s>Глава 4</s> <s>Спротивставување на обновата.</s> <s>1Кога слушна Санваллат дека ние го обновуваме ѕидот, многу се налути и се разгневи.</s><s>Им се потсмеваше на Евреите, 2и рече во присуство на неговите придружници и војската на Самарија: „Што прават кутрите Евреи?</s><s>Ѕидот ли ќе го обноват?</s><s>Жртви ли ќе принесуваат?</s><s>Ќе завршат ли за еден ден?</s><s>Можат ли повторно да ги оживеат изгорените камења, од купиштата шут?“</s> <s>3А Амониецот Товија, стоејќи до него, рече: „Ете, тоа што тие го градат, тој ѕид од камења, лисица по него да се искачи - ќе го сруши.“</s> <s>4Слушни нѐ Боже наш, затоа што сме презрени, и сврти го нивното подбивање на нивна глава.</s><s>Предај ги да бидат плен во земја каде што ќе бидат заробеници.</s><s>5Не покривај ја нивната вина!</s><s>Гревот нивни не бриши го од пред Себе, зашто на градителите в лице навреди им сосипаа!</s> <s>6Така ние го обновивме ѕидот.</s><s>Целиот ѕид достигна до половината од својата височина, затоа што луѓето работеа од сѐ срце.</s> <s>7Но кога Санваллат, Товија, Арапите, Амонијците и Ашдотците слушнаа дека поправањето на ѕидините на Ерусалим напредна и дека почнаа да се затвораат разурнатите делови, многу се разгневија.</s><s>8Направија заговор, сите заедно да дојдат, да се борат против Ерусалим, и да му напакостат.</s><s>9Но ние му се помоливме на нашиот Бог и заради нив поставивме стража, и дење и ноќе.</s> <s>10Тогаш Јудејците рекоа: „Работниците ги издава силата, а има премногу шут и нема да можеме да го обновиме ѕидот.“</s> <s>11Нашите непријатели исто така рекоа: „Нема ниту да дознаат, ниту да видат, кога ќе се најдеме меѓу нив и сите ќе ги убиеме.</s><s>Така ќе ѝ ставиме крај на таа работа.“ 12Тогаш дојдоа Евреите кои живеат близу до нив и десетпати ни повторија: „Каде и да се свртите, ќе нѐ нападнат!“</s> <s>13Затоа зад најниските и најизложени места на ѕидот поставив луѓе, ги распоредив според нивните семејства со мечеви, копја и лакови.</s><s>14Откако разгледав наоколу, застанав и им реков на благородниците, службениците и остатокот од народот: „Не плашете се!</s><s>Господ е голем и страотен.</s><s>Запамтете го тоа и борете се за своите браќа, синови и ќерки, за своите жени и домови!“</s> <s>15А кога слушнаа нашите непријатели дека знаеме за нивната намера и Бог го осуети нивниот заговор, сите повторно се вративме во обнова на ѕидот, секој на својот дел од работата.</s> <s>16Од тој ден, половината од моите луѓе работеа, додека половината беа вооружени со стрели, штитови, лакови и оклопи, а воените старешини стоеја зад целиот Јудин дом, 17зад сите што го градеа ѕидот, што носеа граѓа и полнеа, половината од нив работејќи, а половината со оружје в рака.</s><s>18А и оние што градеа, секој на половината имаше опашано меч и така работеше.</s><s>Оној што даваше тревога со трубата одеше со мене.</s> <s>19Тогаш им реков на благородниците, службениците и на остатокот од народот: „Работата е обемна и растегната, а ние сме распрснати по ѕидините, далеку еден од друг.</s><s>20Таму каде што ќе го слушнете звукот на трубата, таму придружете ни се.</s><s>Нашиот Бог ќе се бори за нас.</s> <s>21Така работевме, половината од нас со копја в рака, од в зори, па сѐ додека не се појават ѕвездите.</s><s>22Во тоа време им го кажав и на луѓето и ова: „Секој маж и неговиот помошник нека ноќева во Ерусалим, за да ни служи ноќе како стражар, а дење како работник.“ 23И ниту јас, ниту моите браќа, ниту моите луѓе, ниту стражата со мене, не се соблекувавме.</s><s>Секој беше со своето оружје дури и кога одеше по вода.</s> <s>Глава 5</s> <s>Нехемија им помага на сиромашните.</s> <s>1Но пропиштеа силно мажите и жените против своите еврејски браќа.</s><s>2Имаше такви кои што велеа: „Ние, нашите синови и ќерки сме многумина.</s><s>Мора да добиеме жито, за да јадеме и да останеме живи.“</s> <s>3Имаше и такви кои што велеа: „Ги заложивме нивите, лозјата и домовите, за да дојдеме до жито во времето на гладта.“</s> <s>4Имаше и такви кои што велеа: „Позајмивме пари за да го платиме царскиот данок на нашите ниви и лозја.</s><s>5А и нашите тела се исти како телата на нашите сонародници.</s><s>И нашите синови се како нивните синови.</s><s>И ете, сега ние мораме нашите синови и ќерки да ги дадеме во ропство.</s><s>Некои од нашите ќерки веќе се во ропство, а ние сме немоќни, затоа што нашите ниви и лозја им припаѓаат на други луѓе.“</s> <s>6Кога ја слушнав оваа пискотница и овие обвинувања, многу се налутив.</s><s>7Откако убаво размислив, ги обвинив благородниците и службениците, и им реков: „Вие земате лихва од вашите сонародници!“ Па свикав против нив големо собрание, 8и им реков: „Ние, колку што можевме побрзо, ги откупивме нашите браќа Евреи од паганските народи.</s><s>Сега вие пак ги продавате вашите браќа, за повторно да ни ги продаваат назад!“ И тие молчеа, зашто не знаеа што да кажат.</s> <s>9Па реков: „Не е исправно тоа што го правите!</s><s>Зарем не треба да чекорите во страв од нашиот Бог, и така да го избегнете потсмевањето од паганите, нашите непријатели?!</s><s>10И јас, и моите браќа и моите луѓе сме им позајмувале пари и жито.</s><s>Да го прекинеме сега ова лихварство!</s><s>11Уште денеска да им ги вратите нивите, лозјата, маслините и куќите, и стоти дел од парите, житото, младото вино и маслото со кое ги теретите!“</s> <s>12А тие рекоа: „Ќе им ги вратиме, и ништо нема да им бараме.</s><s>Како што рече, така ќе постапиме.“</s> <s>Тогаш ги свикав свештениците и ги натерав за ова да дадат ветување и да се заколнат.</s><s>13Потоа си ја истресов наметката и реков: „Вака да го истресе Бог секој човек кој нема да се држи до ова ветување од неговата куќа и неговиот имот!</s><s>Нека биде истресен и празен!“ И целото собрание рече: „Амин.“</s> <s>Потоа Го славеа ГОСПОД и го исполнија ова ветување.</s> <s>14А згора на тоа, уште од денот кога бев назначен на бидам управител на земјата Јудина, од дваесеттата година, па сѐ до триесет и втората година на царот Артаксерксес, дванаесет години, јас и моите браќа не јадевме храна земена како данок за управителот.</s><s>15Поранешните управители, оние што беа пред мене, ставија тешко бреме врз народот и земаа од нив покрај четириесетте шекели сребро уште и храна и вино, а и нивните помошници се однесуваа како господари над народот.</s><s>Но јас, од почит кон Бог, не се однесував така.</s><s>16Напротив, јас му се посветив на градењето на ѕидините.</s><s>Сите мои луѓе беа таму собрани за таа работа и не се здобивме со земја.</s> <s>17На тоа згора уште сто и педесетмина Евреи, службеници и оние што доаѓаа кај нас од околните народи, се собираа на мојата трпеза.</s><s>18Секој ден за мене се подготвуваше по еден вол, шест одбрани овци и домашни птици, а на секои десет дена имаше обилни количини вино од сите видови.</s><s>Но и покрај тоа, јас не побарав данок во храна, како што бараа управителите, зашто тоа тешко би го погодило овој народ.</s> <s>19Помни ме со милост, Боже мој, заради сѐ што јас направив за овој народ.</s> <s>Глава 6</s> <s>Понатамошно спротивставување на обновата.</s> <s>1Откако слушнаа Санваллат, Товија, Арапот Гешем и останатите наши непријатели дека јас ги обновив ѕидините и не остана на нив разурнато место, иако до тоа време не бев ги поставил вратите на портите, 2ми ја испратија Санваллат и Гешем оваа порака: „Дојди да се сретнеме во едно од селата во рамницата Оно.“</s> <s>Но тие имаа намера да ми напакостат.</s><s>3Затоа јас испратив гласник за да им пренесе: „Јас раководам со голем потфат и не можам да слезам долу.</s><s>Зошто да се прекинува работата додека јас ја напуштам и доаѓам долу кај вас?“ 4Четири пати ми праќаа вакви пораки и јас четири пати им давав слични одговори.</s> <s>5Петтиот пат Санваллат ми го прати сопствениот слуга со слична порака и со неиспратено писмо в рака, 6во кое пишуваше:</s> <s>„Се расшири глас меѓу народите, а и Гашму јавува дека ти, заедно со Евреите, подготвувате бунт и затоа ги обновувате ѕидините.</s><s>Уште се зборува дека ќе си им станал цар.</s><s>7Дури и пророци си назначил да разгласуваат за тебе и да велат во Ерусалим: ,Цар има во Јуда!’ Сега сето ова ќе му биде јавено на царот, затоа веднаш дојди, за да се договориме!“</s> <s>8Одговорот што му го испратив беше: „Ништо слично на тоа што го велиш не се случува, туку сѐ ти самиот си измислил.“</s> <s>9Сите тие се обидуваа да нѐ исплашат, велејќи си: „Ќе им ослабнат рацете и нема да ја завршат работата.“, затоа сега дај им сила (Боже) на рацете мои.</s> <s>10Отидов во домот на Шемаија, синот на Делаја, син на Мехетавел.</s><s>Тој се беше затворил дома и ми рече: „Да се сретнеме во Божјиот дом, внатре во храмот и да ги затвориме вратите на храмот, зашто се подготвуваат да те убијат, ноќе ќе дојдат луѓе за да те убијат.“</s> <s>11Но јас реков: „Зарем човек како мене да бега!?</s><s>Зарем некој како мене да оди во храмот и да си го спасува животот!?</s><s>Нема да одам!“ 12И сфатив дека не го испрати Бог, туку го кажа тоа пророштво против мене затоа што го најмија Товија и Санваллат.</s><s>13Најмен беше за јас да се исплашам, да го послушам и така да направам грев.</s><s>Тоа би им послужило за да ме оговараат и да го нарушат мојот углед.</s> <s>14Спомни си Боже за Товија, за Санваллат и за овие негови постапки, за пророчицата Ноадија и останатите прорци кои се обидуваат да ме заплашат.</s> <s>Довршување на ѕидините.</s> <s>15Така беа завршени ѕидините на дваесет и петтиот ден од месецот Елул, за педесет и два дена.</s><s>16Кога слушнаа сите наши непријатели и видоа сите околни народи, ја изгубија самодовербата, затоа што сфатија дека оваа работа беше направена со помош на нашиот Бог.</s> <s>17Во тие денови, многу благородници од Јуда испраќаа писма за Товија, и од Товија доаѓаа писма за нив, 18затоа што многумина во Јуда му се беа заколнале, зашто тој му беше зет на Шеханија, синот на Арах, а неговиот син Јехоханан се ожени со ќерката на Мешуллам, синот на Берехија.</s><s>19Дури и ми кажуваа за неговите добрите дела и потоа моите зборови му ги пренесуваа, а Товија испраќаше писма за да ме заплаши.</s> <s>Глава 7</s> <s>1Откако беа обновени ѕидините и јас ги поставив вратите, беа назначени вратари, пејачи и Левити.</s><s>2Го поставив над Ерусалим мојот брат Ханани, заедно со Хананија, заповедникот на крепоста, затоа што тој беше непорочен човек и повеќе се плашеше од Бог од најголемиот број луѓе.</s><s>3Им реков: „Портите на Ерусалим не смеат да бидат отворени сѐ додека сонцето убаво не опече.</s><s>Додека тие се на должност, нека ги затвораат вратите и нека ги поставуваат лостовите.</s><s>Исто така назначете стражари од жителите на Ерусалим, некои на стражарски места, а некои близу до сопствените домови!“</s> <s>4Градот беше широк и простран, а луѓе во него имаше малку и куќите сѐ уште не беа обновени.</s><s>5Затоа Бог ми стави на срце и јас ги собрав благородниците, службениците и народот за да ги попишам.</s><s>Најдов запис за родословот на оние што први се вратија, и во него беше запишано:</s> <s>6Ова се луѓето од областа што доаѓаат од заробеништво и прогонство, луѓето кои ги зароби Невухаднессар, царот на Вавилон, и се вратија во Ерусалим и Јуда, секој во својот град, 7заедно со Зерувавел, Јешуа, Нехемија, Азарија, Раамија, Нахамани, Морддахи, Билшан, Мисперет, Бигвај, Нехум, Баана,</s> <s>список на луѓе од Израел:</s> <s>8наследници на Парош - 2172, 9на Шефатија - 372, 10на Арах - 652, 11на Пахат Моав, преку синовите на Јешуа и Јоав - 2818, 12на Елам - 1254, 13на Затту - 845, 14на Заккај - 760, 15на Биннуи - 648, 16на Бевај - 628, 17на Азгад - 2322, 18на Адоникам - 667, 19на Бигвај - 2067, 20на Адин - 655, 21на Атер, преку Хезекија - 98, 22на Хашум - 328, 23на Безај - 324, 24на Хариф - 112, 25на Гивеон - 95, 26луѓе од Витлеем и Нетофа - 188, 27од Анатот - 128, 28од Бет Азмавет - 42, 29од Киријат Јеарим, Кефира и Веерот - 743, 30од Рама и Гева - 621, 31од Михмас - 122, 32од Бет Ел и Аи - 123, 33од другиот Нево - 52, 34од другиот Елам - 1254, 35од Харим - 320, 36од Јерихо - 345, 37од Лод, Хадид и Оно - 721, 38од Сенаа - 3930,</s> <s>39свештеници: наследници на Једаија, преку семејството на Јешуа - 973, 40на Иммер - 1052, 41на Пашхур - 1247, 42на Харим - 1017, 43Левити: наследници на Јешуа, преку Кадмиел, преку синовите на Ходева - 74, 44пејачи: наследници на Асаф - 148, 45вратари: наследници на Шаллум, Атер, Талмон, Аккув, Хатита и Шовај - 138, 46слуги во храмот: наследници на Сиха, Хасуфа, Таббаот, 47Керос, Сиа, Падон, 48Левана, Хагава, Шалмај, 49Ханан, Гиддел, Гахар, 50Реаија, Ресин, Некода, 51Газзам, Узза, Пасеах, 52Бесај, Меуним, Нефишесим, 53Бакбук, Хакуфа, Хархур, 54Баслит, Мехида, Харша, 55Баркос, Сисера, Тамах, 56Несијах, Хатифа,</s> <s>57наследници на Соломоновите слуги: наследници на Сотај, Соферет, Перида, 58Јаала, Даркон, Гиддел, 59Шефатија, Хаттил, Похерет, Хассевајим, Амон,</s> <s>60вкупно слуги во храмот и наследници на Соломоновите слуги - 392.</s> <s>61А следните доаѓаат од Тел Мелах, Тел Харша, Керув, Аддон и Иммер, но не можеа да покажат дека семејствата на нивните татковци и нивните наследници потекнуваат од Израел:</s> <s>62наследници на Делаја, Товија и Некода - 642.</s> <s>63А од свештениците, наследници на Ховаја, Хаккос, Барзиллај, кој се ожени со една од ќерките на Барзиллај од Гилеад и го зеде името според својата жена.</s> <s>64Тие побараа запис за себе каде што беа заведени по семејства, но не можеа да најдат, затоа беа исклучени од свештенство како нечисти.</s><s>65Затоа управителот им нареди да не смеат да јадат од најсветото од светите нешта, сѐ додека свештеник не послужи со Урим и Туммим.</s> <s>66Сите заедно броеја 42360, 67не вклучувајќи ги тука нивните 7337 слуги и слугинки, и 245 пејачи и пејачки.</s><s>68Имаа 736 коњи, 245 мазги, 69435 камили и 6720 магариња.</s> <s>70Некои од главите на семејствата допринесоа за работата.</s><s>Управникот даде во благајната 1000 драхми злато, педесет бокали и 530 свештенички наметки.</s><s>71Некои од главите на семејствата дадоа во благајната за оваа работа 20000 драхми злато и 2200 мини сребро.</s><s>72Останатите луѓе вкупно дадоа 20000 драхми злато, 2000 мини сребро и 67 наметки за свештениците.</s> <s>73Свештениците, Левитите, вратарите, пејачите од народот, слугите во храмот и сите Израелци се населија во своите градови.</s> <s>Кога дојде седмиот месец, синовите Израелеви веќе беа во своите градови.</s> <s>Глава 8</s> <s>Езра го чита Законот.</s> <s>1И се собра целиот народ, како еден човек, на плоштадот пред Водната порта, па му кажаа на Езра, познавач на Законот, да ја извади книгата со Мојсеевиот Закон, кој ГОСПОД му го заповеда на Израел.</s> <s>2На првиот ден од седмиот месец свештеникот Езра го донесе Законот пред насобраните мажи, жени и сите што можат да чујат и разберат.</s><s>3Читаше од него, свртен кон плоштадот што е пред Водната Порта, од утро до пладне, во присуство на мажите, жените и сите што можеа да разберат, а вниманието на сите луѓе беше свртено кон Книгата на Законот.</s> <s>4Езра, познавач на законот, стоеше на висока дрвена подлога, која ја изградија за таа намена.</s><s>До него од десно стоеја Матитија, Шема, Анаија, Урија, Хилкија и Маасеја, а од лево Педаија, Мишаел, Малкија, Хашум, Хашбаддана, Зехарија и Мешуллам.</s> <s>5Ја отвори Езра книгата пред очите на целиот народ, затоа што тој беше над сите нив, и како што ја отвори, сите станаа на нозе.</s><s>6Го прослави Езра ГОСПОД, великиот Бог, а сите луѓе одговорија: „Амин, амин!“, кревајќи ги рацете, па се клекнаа на колена и Му се поклонија на ГОСПОД со лицата до земја.</s> <s>7А Левитите Јешуа, Бани, Шеревија, Јамин, Аккув, Шаббетај, Ходија, Маасеја, Келита, Азарја, Јозавад, Ханан и Пелаја ги поучуваа луѓето да го знаат Законот, додека тие стоеја на своите места.</s><s>8Читаа од Книгата на Божјиот Закон и го објаснуваа, му даваа смисла на прочитаното, за луѓето да можат да го разберат.</s> <s>9Тогаш управителот Нехемија, заедно со Езра, свештеник и познавач на Законот, и Левитите кои го поучуваа народот, рече: „Овој ден е свет за ГОСПОД, вашиот Бог.</s><s>Не плачете и не жалете!“, затоа што сите луѓе плачеа додека ги слушаа зборовите на Законот.</s> <s>10Па им рече: „Одете, јадете одбрана храна, пијте слатки пијалоци и испратете им оброци и на оние кои немаат ништо приготвено, зашто денеска е свет ден за нашиот Господ.</s><s>Не тагувајте, зашто радоста во ГОСПОД е вашата сила.“</s> <s>11И Левитите го утешуваа сиот народ велејќи: „Молчете и не тагувајте, зашто ова е свет ден!“</s> <s>12Тогаш сите луѓе отидоа да јадат, да пијат и да испратат оброци, да слават со голема радост, затоа што ги разбраа зборовите кои им беа објаснети.</s> <s>13На вториот ден се собраа главите на семејствата од сиот народ, свештениците и Левитите околу Езра, познавач на Законот, за да им посветат внимание на зборовите на Законот.</s><s>14Најдоа дека во Законот е запишано, и е заповедано од ГОСПОД, преку Мојсеј, дека синовите Израелеви треба да живеат во колиби во текот на празникот во седмиот месец.</s><s>15Тоа го разгласија и раширија вест низ сите градови и во Ерусалим: „Излезете по ридиштата, донесете гранки од питоми и диви маслини, гранки од мирта, од палма и сенчести дрвја, за да направите колиби, како што е напишано!“</s> <s>16Излегоа луѓето, донесоа гранки и направија колиби секој на својот покрив, во својот двор, во дворовите на Божјиот дом, на плоштадот пред Водната Порта или на плоштадот кај Ефраимовата Порта.</s><s>17Сите што се вратија од прогонство направија колиби и живееја во нив.</s><s>Ете, уште од деновите на Јешуа, синот на Нун, сѐ до тој ден, синовите Израелеви не го беа славеле овој празник, затоа радоста беше многу голема.</s> <s>18Ден за ден читаа од Книгата на Божјиот Закон, од првиот до последниот ден, и го славеа празникот седум дена.</s><s>А на осмиот ден, како што е пропишано, направија собор.</s> <s>Глава 9</s> <s>Израелците ги исповедаат своите гревови.</s> <s>1И така, на дваесет и четвртиот ден од истиот месец се собраа синовите Израелеви со пост, со вреќишта и прав врз себе.</s><s>2Се издвоија наследниците Израелеви од сите синови на туѓинци, застанаа и ги признаа своите гревови и лошотијата на своите татковци.</s><s>3Четвртина од денот стоеја на своите места и читаа од Книгата на Законот на ГОСПОД, нивниот Бог, а четвртина од денот се исповедаа и го славеа ГОСПОД, нивниот Бог.</s><s>4А на скалите стоеја Левитите Јешуа, Бани, Кадмиел, Шеванија, Буни, Шеревија, Бани, Кенани и повикуваа со силен глас кон ГОСПОД, нивниот Бог.</s><s>5Левитите Јешуа, Кадмиел, Бани, Хашавнеја, Шеревија, Ходија, Шеванија, Петахија рекоа: „Станете, славете го ГОСПОД, вашиот Бог, Кој е од вечност до вечност:</s> <s>,Нека биде благословено Твоето славно име, нека се издигне над сите благослови и славопои.</s><s>6Ти си единствениот ГОСПОДЕ.</s><s>Сам си ги создал небесата, небото на небесата и сето нивно воинство, земјата и сѐ што е на неа, морињата и сѐ што е во нив.</s><s>Ти на сите нив им даваш живот.</s><s>Небесното мноштво Тебе ти се поклонува.</s> <s>7Ти си ГОСПОД Бог, Оној што го одбра Аврам, го доведе од Ур халдејски, и му даде име Аврахам.</s><s>8Виде дека срцето негово Ти е верно и направи со него завет да му ја дадеш земјата на Канаанците, Хититите, Аморејците, Перизијците, Јевусијците, Гиргашијците - да им ја дадеш на неговите потомци.</s><s>И го одржа своето ветување, зашто Ти си праведен.</s> <s>9Го виде страдањето на нашите татковци во Египет, и плачот нивни го слушна покај Црвеното Море, 10па испрати знаци и чуда против фараонот, против сите негови службеници и против народот во неговата земја, зашто знаеше со каква дигноглавост постапуваа со нив.</s><s>Така се прослави сѐ до денешен ден.</s><s>11Морето го раздели пред нив и поминаа среде море по сува земја, а оние што ги прогонуваа ги фрли во длабочините како камен во моќните води.</s><s>12Со столб од облаци ги водеше дење, со столб од оган ноќе им даваше светло на патот по кој одеа.</s> <s>13На планината Синај слезе и им проговори од небесата.</s><s>Им даде правични уредби, праведни закони - укази и наредби добри.</s><s>14Им ја откри Својата света Сабота.</s><s>Наредби, укази и закони им даде преку Мојсеј, слугата Твој.</s><s>15Леб од небесата им даде кога беа гладни и вода од карпата извади кога беа жедни.</s><s>Им рече да одат и да ја запоседнат земјата за која си се заколнал дека ќе им ја дадеше.</s> <s>16Но тие, нашите татковци, станаа горделиви, тврдоглави и не се покоруваа на твоите наредби.</s><s>17Одбија да слушаат и не си спомнуваа за чудата Твои што ги направи меѓу нив.</s><s>Станаа тврдоглави и во нивната бунтовност си назначија водач за тој пак да направи од нив робови.</s><s>Но Ти си Бог што простува, милостив, жалежлив, спор на гнев и преполн со љубов, и затоа не ги напушти.</s><s>18Дури и кога си излеаја теле и рекоа: ,Ова е твојот бог, кој те изведе од Египет’, и правеа страшни богохулства,</s> <s>19Ти, заради Твојата голема милосрдност не ги напушти во пустината.</s><s>Столбот од облаци што ги водеше дење на нивниот пат не им го одзеде, ниту им го одзеде столбот од оган што ноќе светеше врз нив и врз патот по кој одеа.</s><s>20Им го даде Твојот добар Дух да ги поучува.</s><s>Маната Твоја не им ја одзеде од нивните усти и вода им даваше кога беа жедни.</s><s>21Четириесет години ги одржа во пустината.</s><s>Ништо не им недостасуваше.</s><s>Облеките не им изветвеа и стапалата не им отекоа.</s> <s>22Им даде царства и народи, им ги раздели сѐ до најоддалечените граници.</s><s>Ја презедоа земјата Сихон, а тоа е земјата на царот Хешбон и земјата на Ог, царот на Башан.</s><s>23Ги умножи синовите нивни како ѕвездите на небото и ги доведе во земјата за која на нивните татковци им кажуваше да влезат во неа и да ја запоседнат.</s><s>24Влегоа синовите и ја запоседнаа земјата, а Ти ги покори пред нив жителите на Канаанската земја и ги предаде во нивни раце, нив и царевите нивни и народите од таа земја, за да прават со нив што им е по волја.</s><s>25Освоија утврдени градови, плодна земја, запоседнаа куќи полни со секакви богатства, со веќе ископани бунари, лозја, маслини и овошки во изобилство.</s><s>Јадеа, се наситија, се нахранија и уживаа во Твојата голема добрина.</s> <s>26Но тие беа непослушни и се побунија против Тебе.</s><s>Твојот закон го занемарија, ги убија пророците Твои кои ги предупредуваа да се вратат кон Тебе и страшни богохулства направија.</s><s>27Затоа Ти ги предаде во рацете на нивните непријатели и тие ги угнетуваа.</s><s>Но кога беа угнетени, повикаа кон Тебе и Ти ги слушна од небесата, па во Својата голема милосрдност им даде избавители и тие ги ослободија од рацете на нивните непријатели.</s> <s>28Но само што се одморија, тие повторно почнаа да прават зло пред Тебе.</s><s>Тогаш Ти ги напушти и ги препушти во рацете на нивните непријатели, па тие владееја над нив.</s><s>Повикаа повторно кон Тебе и Ти ги слушна од небесата, и ги многу пати ги избавуваше сожалувајќи се над нив.</s> <s>29Ги предупредуваше да се вратат кон Твојот Закон, но тие станаа горделиви и не се потчинуваа на Твоите наредби, против твоите уредби грешеа, против оние кои, ако се придржува човек до нив - ќе живее.</s><s>Ти свртеа грб своеглаво, станаа тврдоглави и непослушни.</s><s>30Ти имаше трпение со нив многу години, ги предупредуваше преку Својот Дух и преку пророците, но тие не им обрнуваа внимание.</s><s>Затоа ги предаде во рацете на народите од околните земји.</s><s>31Но во Својата голема милост, не ги уништи и не ги напушти, зашто Ти си добар и милостив Бог.</s> <s>32Затоа сега Боже наш, Боже велик, моќен и страотен, Ти што го спазуваш заветот и љубовта, нека не бидат ситни во Твоите очи сите страдања што ги поминаа нашите цареви, водачи, свештеници, нашите пророци, татковци и целиот народ, од деновите на Асирскиот цар, па сѐ до денеска.</s><s>33А во сѐ што нѐ снајде, Ти постапуваше правично и верно, а ние грешевме.</s><s>34Нашите цареви, водачи, свештеници и татковци не се држеа до Твојот Закон и не им посветуваа внимание на Твоите наредби и предупредувања што им ги упатуваше.</s><s>35Додека беа во своите царства, и уживаа во Твојата голема добрина, во земјата пространа и плодна што им ја даде, тие не Ти служеа, и не отстапија од своите зли патишта.</s> <s>36Ете, ние денеска сме робови!</s><s>Во земјата која им ја даде на нашите претци да јадат плодови од неа и да уживаат во нејзиното богатство, ете, во неа сме робови!</s><s>37Обилна е жетвата за царевите кои ги постави над нас, заради нашите гревови.</s><s>Владеат со нашите тела и со нашиот добиток како што им е по волја, а ние сме на голема мака.</s> <s>Спогодба со народот.</s> <s>38Заради сево ова ние составуваме обврзувачка спогодба, ја запишуваме и на неа ставаат печат нашите водачи, Левитите и свештениците.’“</s> <s>Глава 10</s> <s>1А печат ставија:</s> <s>управителот Нехемија, син на Хахалија, Седекија, 2Сераија, Азарија, Еремија, 3Пашхур, Амарија, Малкија, 4Хаттуш, Шеванија, Маллух, 5Харим, Меремот, Овадија, 6Даниел, Гиннетон, Барух, 7Мешуллам, Авија, Мијамин, 8Маазија, Билгај, Шемаија.</s><s>Ова беа свештениците.</s> <s>9А Левитите се: Јешуа, син на Азанија, Биннуи, еден од синовите на Хенадад Кадмиел, 10и нивните придружници Шеванија, Ходија, Келита, Пелаија, Ханан, 11Миха, Рехов, Хашавија, 12Заккур, Шеревија, Шеванија, 13Ходија, Вани, Бенину.</s> <s>14Водачи на народот: Парош, Пахат, Моав, Елам, Затту, Бани, 15Буни, Азгад, Бевај, 16Адонија, Бигвај, Адин, 17Атер, Хезекија, Аззур, 18Ходија, Хашум, Бесај, 19Хариф, Анатот, Невај, 20Мигпиаш, Мешуллам, Хезир, 21Мешезавел, Садок, Јаддуа, 22Пелатија, Ханан, Анаија, 23Хошеа, Хананија, Хашшув, 24Халлохеш, Пилха, Шовек, 25Рехум, Хашавна, Маасеја, 26и Анија, Ханан, Анан, 27Маллух, Харим, Баана.</s> <s>28А остатокот од народот, свештениците, Левитите, вратарите, пејачите, слугите во храмот и сите што се одвојуваат од другите народите заради Божјиот Закон, нивните жени, синови и ќерки, сите што знаат и разбираат, 29се приклучија кон нивните браќа, благородниците, се обврзаа со клетва и дадоа збор да го следат Божјиот Закон, кој им беше даден преку Мојсеј, слугата Божји, внимателно да се потчинуваат на секоја наредба, правило и указ кои се од Јахве, нашиот Господ:</s> <s>30<Нема да ги даваме ќерките наши на другите народи и нивните ќерки нема да ги земаме за нашите синови.</s> <s>31Кога другите народи ќе носат стока или жито да продаваат во Сабота, нема да купуваме од нив ниту во Сабота, ниту кога е свет ден.</s><s>Секоја седма година ќе ја одмараме земјата и ќе го простуваме секој долг.</s> <s>32Ќе си земеме обврска, почитувајќи ги наредбите, секој од нас да дава по една третина од шекел годишно, за службата во домот на нашиот Бог, 33за лебот што се принесува, за редовниот житен принос и за редовните жртви паленици во Сабота, на Млада Месечина, за празници, за свети жрвувања, за жртви со кои Израел се кае за направените гревови, и за сите обврски во домот на нашиот Бог.</s> <s>34Ние, свештениците, Левитите и обичните луѓе, фрливме жрепка за тоа кој кога ќе носи дрва во домот на нашиот Бог, според семејствата на нашите татковци, во определените времиња секоја година, за да горат на жртвеникот на ГОСПОД, нашиот Бог, како што е запишано во Законот.</s> <s>35Ќе ги носиме секоја година во домот ГОСПОДОВ првите плодови од нашата земја, секој прв плод од секое дрво.</s> <s>36Како што е запишано во Законот, ќе ги носиме првородените од нашите синови и нашата стока, првородените од нашите стада крупен и ситен добиток во домот на нашиот Бог, кај свештениците, оние што служат во домот на нашиот Бог.</s> <s>37На тоа згора и првото сомелено брашно, приносите од плодовите на секое дрво, младото вино и масло ќе им ги носиме на свештениците за складиштата на домот на нашиот Бог, и десеток од нашата земја за Левитите, зашто тие, Левитите го собираат десетокот од она што сме го произвеле во сите наши градови.</s><s>38Кога Левитите ќе го примаат десетокот, мора со нив да има свештеник, наследник на Аарон.</s><s>Левитите исто така мора да донесат десетти дел од десетокот во домот на нашиот Бог, за складиштата на ризницата, 39оти Израелците, вклучувајќи ги и Левитите, мора да даваат во складиштата принос во жито, младо вино, масло, а таму се чувааат светите предмети и престојуваат свештениците, служителите, вратарите и пејачите.</s><s>Нема да го занемариме домот на нашиот Бог.“</s> <s>Глава 11</s> <s>Нови доселеници во Ерусалим.</s> <s>1Водачите на народот се населија во Ерусалим, а останатите луѓе фрлија жрепка за да изберат по еден од десемина да живее во светиот град Ерусалим, а останатите деветмина да живеат во другите градови.</s><s>2Луѓето ги пофалија сите оние што беа доброволци да живеат во Ерусалим.</s> <s>3Ова се водачите на областите кои се населија во Ерусалим (во градовите на Јуда живееја секој на својот имот, во своите градови, Израелци, свештеници, Левити, слуги во храмот и наследници на слугите на Соломон,</s> <s>4додека во Ерусалим живееја и од потомците на Јуда и од потомците на Бенјамин), од потомците на Јуда: Атаија, син на Уззија, син на Зехарија, син на Амарија, син на Шефатија, син на Махалалел, еден од потомците на Перес, 5и Маасеја, син на Барух, син на Кол Хозе, син на Хазарија, син на Адаија, син на Јојарив, син на Зехарија, потомок на Шилони.</s><s>6Вкупно од потомците на Перес во Ерусалим живееја 468 храбри мажи.</s> <s>7Ова се потомците на Бенјамин: Саллу, син на Мешуллам, син на Јоед, син на Педаија, син на Колаија, син на Маасеја, син на Итиел, син на Јешаија, 8а по нив Габбај, Саллај - 928, 9и Јоел, син на Зихри, заповедник над нив, и Јуда, син на Хассенуа, кој беше заповедник над Втората населба од градот.</s> <s>10Од свештениците, Једаија, син на Јојарив Јахин, 11Сераија, син на Хилкија, син на Мешуллам, син на Садок, син на Мерајот, син на Ахитув, надзорник над домот Божји, 12и придружниците негови, оние што ја водат работата за храмот - 822 и Адаја, син на Јерохам, син на Пелалија, син на Амси, син на Зехарија, син на Пашхур, син на Малкија, 13и продружниците негови, глави на семејствата - 242.</s><s>Амашсај, син на Азарел, син на Ахзај, син на Мешиллемот, син на Иммер, 14и придружниците негови, храбри борци - 128.</s><s>Заповедник над нив беше Завдиел, син на Хаггедолим.</s> <s>15А од Левитите: Шемаија, син на Хашшув, син на Азрикам, син на Хашавија, син на Бунни, 16Шаббетај и Јозавад, старешини од Левитите, надзорници на надворешните работи во домот Божји.</s><s>17Матанија, син на Миха, син на Завди, син на Асаф, кој раководеше со благодарствените молитви, Бакбакуија, втор меѓу неговите придружници, Авда, син на Шаммуа, син на Галал, син на Једутун.</s><s>18Вкупно во светиот град имаше 284 Левити.</s> <s>19Вратари беа: Аккув, Талмон и неговите придружници, кои ги чуваа портите - 172.</s> <s>20Остатокот од Израелците, свештениците и Левитите беа во своите градови во Јуда, секој на својот имот.</s> <s>21Слугите во храмот живееја во Офел, и над нив беа поставени Сиха и Гишпа.</s> <s>22Заповедник на Левитите во Ерусалим беше Уззи, син на Бани, син на Хашавија, син на Маттанија, син на Миха.</s><s>Тој е од наследниците на Асаф, кои пеат напред кога има служба на домот Божји.</s><s>23Тие се под царска управа, и одредено е што тие секојдневно ќе работат.</s> <s>24Петахија, синот на Мешезавел, еден од потомците на Зерах, син на Јуда, му беше при рака на царот во сите односи со народот.</s> <s>25А што се однесува до селата и полињата, некои од Јудејците живееја во Киријат Арба и неговите населби, во Дивон и неговите населби, во Јекавсеел и неговите села.</s><s>26во Јешуа, Молада, Бет Пелет, 27во Хасар, Шуал, Беер Шева и нејзините населби, 28во Сиклаг, Мехона и нејзините населби, 29во Ен Риммон, Сора, Јармут, 30Заноах, Адуллам и неговите села, Лахиш и неговите полиња, Азека и неговите населби.</s><s>Така тие живееја од Беер Шева до долината Хинном.</s> <s>31Наследниците на Бенјамин живееја од Гева, Михмас и Аија, Бет Ел и неговите населби, 32Анатот, Нов и Ананија, 33Хасор, Рама, Гиттаим, 34Хадид, Севоим, Неваллат, 35Лод, Оно, Долината на Занаетчиите,</s> <s>36А некои одреди од Левитите се населија во Бенјамин.</s> <s>Глава 12</s> <s>Свештениците и Левитите.</s> <s>1Ова се свештениците и Левитите кои се вратија заедно со Зерувавел, син на Шеалтиел, и со Јешуа: Сераија, Еремија, Езра, 2Амариај, Маллух, Хаттуш, 3Шеханија, Рехум, Меремот, 4Иддо, Гинетој, Авија, 5Мијамин, Маадија, Билга, 6Шемаија и Јојарив, Једаија, 7Саллу, Амок, Хилкија, Једаија, ова беа водачите на свештениците и нивните придружници во деновите на Јешуа.</s> <s>8А Левитите беа: Јешуа, Биннуи, Кадмиел, Шеревија, Јуда, Маттанија, кој ги водеше благодарствените песни, заедно со неговите придружници, 9Бакбукија, Уни и неговите придружници, кои беа спроти нив во текот на службата,</s> <s>10Јешуа, му беше татко на Јојаким, Јојаким му беше татко на Елијашив, а Елијашив му беше татко на Јојада.</s><s>11Јојада му беше татко на Јонатан, Јонатан му беше татко на Јаддуа.</s> <s>12Во деновите на Јојаким глави на свештеничките семејства беа: на семејството Сераија - Мераија, на Еремија - Хананија, 13на Езра - Мешуллам, на Амарија - Јехоханан, 14на Малух - Јонатан, на Шеванија - Јосеф, 15на Харим - Адна, на Мерајот - Хелкај, 16на Иддо - Зехарија, на Гиннетон - Мешуллам, 17на Авија - Зихри, на Минјамин и Моадија - Пилтај, 18на Билга - Шаммуа, на Шемаија - Јехонатан, 19на Јојарив - Маттенај, на Једаија - Уззи, 20на Саллај - Каллај, на Амок - Евер, 21на Хилкија - Хашавија, на Једаија - Нетанеел.</s> <s>22Главите на Левитските семејства во деновите на Елијашив, Јојада, Јоханан и Јаддуа, како и свештениците, беа запишани во времето на владеењето на Персијанецот Дарие.</s><s>23Потомците на Леви, главите на семејствата, беа запишани во книгата на летописите од тоа време, па сѐ до деновите на Јоханан, син на Елијашив.</s><s>24Водачи на Левитите беа Хашавија, Шеревија и Јешуа, син на Кадмиел, заедно со нивните придружници кои стојат спроти нив, да слават и оддаваат благодарност, секој спроти своите, како што беше пропишано од Божјиот човек Давид.</s> <s>25Маттанија, Бакбукија, Овадија, Мешуллам, Талмон и Аккуб беа вратари пред портите на складиштата, 26во деновите на Јојаким, син на Јешуа, син на Јосадак и во деновите на управникот Нехемија и Езра, свештеник и познавач на Законот.</s> <s>Посветување на ѕидините.</s> <s>27А кога се посветуваше ѕидот на Ерусалим, ги побараа Левитите од сите нивни живеалишта, за да ги доведат во Ерусалим, да го прославуваат посветувањето, да се радуваат и да оддаваат благодарност со музика од кимвали, харфи и лири.</s><s>28Доведени беа и синовите на пејачите од областа околу Ерусалим и од селата на Нетофати, 29од Бет Гилгал, од областите на Гева и Аземавет, зашто беа изградиле села за пејачите околу Ерусалим.</s><s>30Кога се очистија свештениците и Левитите, го очистија народот и портите на ѕидините.</s> <s>31Тогаш ги качив водачите на Јуда на ѕидот и назначив два големи хора.</s><s>Едниот направи поворка на десно по ѕидините кон Портата на Буништето.</s><s>32По него одеше Хошаија и половината од водачите на Јуда, 33заедно со Азарија, Езра и Мешуллам, 34Јуда, Бенјамин, Шемаија и Еремија, 35некои свештениците со труби, како и Зехарија, син на Јонатан, син на Шемаија, син на Маттанија, син на Михаија, син на Заккур, син на Асаф, 36и нивните придружници Шемаија, Азарел, Милалај, Гилалај, Маај, Нетанеел, Јуда и Ханани, со музички инструменти од Божјиот човек Давид.</s><s>Пред нив одеше Езра, познавач на Законот.</s><s>37Пред Портата на Изворот се искачија по скалите на Давидовиот град, по угорнината на ѕидот, поминаа над куќата на Давид, сѐ до Водната порта на исток.</s> <s>38Вториот хор направи поворка кон спротивната страна и јас одев со нив, со половината од народот по горниот дел на ѕидот, покрај Портата на Печките, сѐ до Широката порта, 39над Ефраимовата порта, над Портата на Јешана, над Рибјата порта, и кулата на Хананел, кулата на Стоте, сѐ до Овчјата порта, и застанаа кај Портата на Стражата.</s> <s>40Двата хора зазедоа место во Божјиот дом, а со нив и јас и половината од службениците со мене, 41свештениците Елијаким, Маасеја, Мијамин, Михаија, Елоејани, Зехарија и Хананија со труби, 42а исто и Маасеја, Шемаија, Елеазер, Уззи, Јехоханан, Малкија, Елам и Езер.</s><s>Пејачите пееја под водство на Језрахија.</s><s>43На тој ден принесоа големи жртви и се радуваа, затоа што Бог им даде радост, задоволство големо.</s><s>Заедно со нив се радуваа и жените и децата.</s><s>Радосните гласови од Ерусалим надалеку се слушаа.</s> <s>44Во тоа време беа назначени надзорници над складиштата од ризницата, за доброволните прилози, за првите плодови, за десетоците, кои треба да се носат во нив од полињата околу градовите, толку колку што е определено со Законот за свештениците и Левитите, затоа што Јудејците беа задоволни од свештениците и Левитите кои служеа.</s><s>45Тие ја обавија службата на нивниот Бог, и службата за очистување, а истото го направија и пејачите и вратарите, согласно со наредбите на Давид и неговиот син Соломон.</s><s>46Многу одамна, во деновите на Давид и Асаф, имаше раководители над пејачите на песни за слава и благодарност кон Бог.</s><s>47Затоа сега во времето на Зерувавел и Нехемија сите Израелци издвоија придонеси за пејачите и вратарите, колку една дневница.</s><s>Оставија и за Левитите, а Левитите оставија за наследниците на Аарон.</s> <s>Глава 13</s> <s>Последните реформи на Нехемија.</s> <s>1Тој ден беше читана Мојсеевата книга, и луѓето слушаа, па се најде дека е запишано во неа Амониец или Моавец засекогаш да не смее да влезе во Божјото собрание, 2затоа што не ги пречекаа синовите Израелеви со храна и вода, туку го најмија против нив Балаам за да ги проколне.</s><s>Но нашиот Бог ја претвори таа клетва во благослов.</s><s>3Кога го слушнаа овој закон, ги исклучија од Израел сите што имаа туѓинско потекло.</s> <s>4А пред ова, свештеникот Елијашив беше назначен да раководи со складиштата на домот на нашиот Бог.</s><s>Тој му беше близок на Товија, 5и му даде голема просторија, таму каде што порано се чуваа житните приноси, темјанот, разните предмети, десетокот од житото, младото вино и маслото кои се пропишани за Левитите, пејачите и вратарите, а истовремено се и придонес за свештениците.</s> <s>6Но додека ова се случуваше, јас не бев во Ерусалим, затоа што во триесет и втората година на Артаксерксес, царот на Вавилон, јас се вратив кај царот.</s><s>По некое време го замолив царот 7и се вратив назад во Ерусалим, па дознав за злите нешта што ги направил Елијашив, за да му обезбеди на Товија простор во дворот на Божјиот дом.</s><s>8Тоа многу ме онерасположи, па ја исфрлив целата покуќнина од домот на Товија надвор од просторијата.</s><s>9Наредив и ги очистија собите, па повторно ја вратив назад опремата на Божјиот дом, заедно со житниот принос и темјанот.</s> <s>10Дознав и тоа дека делот на Левитите не им бил даван, па тие се вратиле секој на своите ниви, и Левитите и пејачите кои се задолжени за службата.</s><s>11Затоа ги прекорив оние во чии раце е власта и ги прашав: „Зошто е занемарен Бојиот дом?!“ Ги свикав заедно и ги поставив секој на неговото место.</s> <s>12Сите од Јуда донесоа десеток во жито, младо вино и масло во складиштата.</s><s>13За раководители со складиштата ги поставив свештеникот Шелемија, Садок, познавач на Законот и Педаија од Левитите, а при рака да им биде Ханан, син на Заккур, син на Маттанија, затоа што беа сметани за чесни.</s><s>Нив им беше доверено да им распоредуваат на своите браќа.</s> <s>14Спомни си за мене Боже мој заради сево ова, не бриши ги моите дела и служби што верно ги направив во домот на мојот Бог.</s> <s>15Во тоа време видов во Јуда како луѓе гмечат грозје во каца во Сабота, како донесуваат снопје товарено на магариња, винско грозје, смокви и секаков товар носат во Ерусалим во Саботен ден.</s><s>А веќе ги бев предупредил да не продаваат храна на тој ден.</s><s>16Луѓе од Тир живееја во градот и носеа риба и разни трговски стоки во Ерусалим, па продаваа во Сабота на Јудејци.</s><s>17Тогаш јас ги прекорив благородниците на Јуда и им реков: „Што е оваа зла работа што ја правите - го сквернавите Саботниот ден!</s><s>18Зарем не правеа исто и вашите предци, па ја донесе нашиот Бог целата оваа несреќа врз нас и врз овој град?!</s><s>Сега вие повторно го потпалувате гневот против Израел, сквернавејќи ја Саботата!“</s> <s>19Затоа наредив откако ќе падне сенка врз ерусалимските порти, ден пред Сабота, вратите да се затворат и да не се отвораат сѐ додека е Сабота.</s><s>Поставив свои луѓе крај портите, за да не дозволуваат да се внесува товар во Саботен ден.</s><s>20Трговците и продавачите ја преседоа ноќта надвор од Ерусалим еднаш, двапати, 21но јас ги предупредив и им реков: „Што дремете пред ѕидините!?</s><s>Ако ве видам уште еднаш, ќе пострадате!“ Оттогаш не доаѓаа во Сабота.</s><s>22Потоа им наредив на Левитите дека тие мора да се очистуваат самите себе и да одат да ги чуваат портите, за да се сочува света Саботата.</s><s>И за ова спомни си Боже мој, и покажи милост кон мене, според Твојата голема љубов!</s> <s>23На тоа згора во тие денови видов Јудејци како се женат со Ашдотки, Амонки и Моавки.</s><s>24Половината од нивните деца зборуваат ашдотски, или јазик на некој друг народ, и не знаат да зборуваат јудејски.</s><s>25Затоа ги прекорив, ги проколнав, а неколку од нив претепав и им ја искубав косата, па ги натерав вака да се заколнат во Бог: „Да не ги давате своите ќерки, за нивните синови, и да не зимате од нивните ќерки за вашите синови или за вас!</s><s>26Зарем не беше тоа причината зошто грешеше Соломон, царот на Израел?</s><s>А меѓу многу народи немаше таков цар како него и беше сакан од неговиот Бог, па го направи него Бог цар над целиот Израел.</s><s>Дури и него туѓинките го наведоа на грев!</s><s>27Мора ли сега да слушаме дека и вие ги правите сите тие страшни зла, дека сте му неверни на нашиот Бог, и се жените за туѓинки.“</s> <s>28Еден од синовите на Јојада, син на првосвештеникот Елијашив, беше зет на хорониецот Санваллат, и го избркав од мене.</s> <s>29Спомни си за нив, Боже мој, заради тоа што ја осквернија свештеничката должност и заветот на свештенството и Левитите.</s> <s>30Потоа ги очистив од сѐ што е туѓинско, и им дадов задачи на свештениците и Левитите, на секого според неговата работа.</s><s>31Ги средив работите и во врска со приносите во дрва, во времето што е за тоа определено, и во врска со првите плодови.</s> <s>Спомни си за мене Боже мој со милост!</s> <s>Забелешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7660
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%95%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Естер (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Симнување од престолот на царицата Вашти.</s> <s>1Беше тоа во времето на Ксерксес, оној Ксерксес што владееше од Индија, па сѐ до Куш, со сто дваесет и седум области.</s><s>2Во тоа време царот Ксерксес владееше од својот царски престол во престолнината Суса.</s><s>3Во третата година на неговото владеење приреди гозба за сите негови благородници и службеници.</s><s>Присутни беа воените старешини на Персија и Медија, кнезовите и благородниците од сите области.</s><s>4Кога го покажа неизмерното богатство на своето царство, сјајот и славата на неговото величество, а тоа траеше многу денови, сто и осумдесет на број, 5и кога завршија овие денови, приреди царот седумдневна гозба во предворјето на градината на царската палата за сите луѓе што се затекнаа во градот Суса, од најголемиот па сѐ до најмалиот.</s><s>6Бели и сини ленени платна беа закачени со јажиња од бел и пурпурен лен, на алки од сребро и столбови од мермер.</s><s>Златни и сребрени легла беа поставени врз подот поплочен со порфир, мермер, седеф и скапоцени камења.</s><s>7Се служеше вино во златни бокали, секој бокал различен од другите, царско вино изобилно, според дарежливоста на царот.</s><s>8Пиењето беше без принуда, според наредбата на царот, зашто тој им беше наредил на сите кои служеа вино во неговиот дворец, на секој човек да му налеваат толку колку што тој сака.</s><s>9И царицата Вашти приреди гозба за жените во царскиот дворец на царот Ксерксес.</s><s>10На седмиот ден, кога царот добро се беше орасположил од виното, им нареди на Мехуман, Бизта, Харвона, Бигта, Авагта, Зетар и Каркас, седуммината евнуси кои служеа пред царот Ксерксес, 11да ја доведат царицата Вашти пред царот со царската круна на глава, за да им ја покаже на луѓето и благородниците нејзината убавина, зашто таа беше многу убава.</s><s>12Но царицата Вашти одби да дојде, како што ѝ беше наредено од царот, преку неговите слуги.</s><s>Царот силно се разгневи и неговата лутина се разгоре во него.</s><s>13Тогаш им проговори царот на мудреците, луѓето кои ги разбираа времињата, зашто така правеше царот постојано и се советуваше со оние кои ги познаваа законите и правото.</s><s>14А до него беа: Каршена, Шетар, Адмата, Таршиш, Мерес, Марсена и Мемухан, седуммина благородници од Персија и Медија, луѓе кои имаа пристап до царот и кои беа на највисоки места во царството.</s><s>15„Што според законот треба да ѝ сторам на царицата Вашти, зашто таа не се потчини на наредбата на царот Ксерксес, пренесена од евнусите?“ 16Тогаш одговори Мемухан пред царот и пред благородниците: „Она што го направи царицата Вашти не е само против царот, туку и против сите благородници и против сите луѓе кои живеат во областите на царот Ксерксес, 17оти ќе се расчуе за таа постапка на царицата и сите жени ќе ги презираат своите мажи.</s><s>Ќе велат: ’Царот Ксерксес наредил да ја доведат царицата Вашти пред него, но таа не дошла.' 18Уште денеска жените на благородниците на Персија и Медија кои слушнале за оваа постапка на царицата, истото ќе им го направат на своите мажи, па на непочитувањето и расправиите крај ќе им нема.</s><s>19Затоа, ако му е така угодно на царот, нека издаде неотповиклив царски указ и нека биде запишано во законите на Персија и Медија, Вашти веќе никогаш да не смее да се појави во присуство на царот Ксерксес, а нејзиното царско место нека ѝ го додели царот на некоја друга жена, подобра од неа.</s><s>20Кога ќе се расчуе за указот на царот, кој ќе биде разгласен низ целото царство, кое ете е многу големо, сите жени ќе ги почитуваат своите мажи, од најголемиот па сѐ до најмалиот.“ 21Им се допадна овој совет на царот и на благородниците, и царот постапи според препораката на Мемухан.</s><s>22Тогаш испрати царот проглас до сите царски области, до секоја област со нејзиното писмо и до секој народ на неговиот јазик, разгласувајќи секому на неговиот сопствен говор дека секој маж треба да биде господар во својот дом.</s> <s>Глава 2</s> <s>Естер станува царица.</s> <s>1После овие настани, откако стивна гневот на царот Ксерксес, се сети на Вашти, на она што таа го стори и на она што беше наредено во врска со неа.</s><s>2Тогаш предложија придружниците на царот, оние кои го служеа: „Нека се побараат за царот убави млади девојки, девици.</s><s>3Нека назначи царот луѓе задолжени за таа работа во сите области на неговото царство и нека ги донесат сите убави млади девици во престолнината Суса, во харемот под управа на царскиот евнух Хегај, кој е задолжен за жените, и да им се даде сѐ што им треба за разубавување.</s><s>4Тогаш онаа девојка која ќе му се допадне на царот нека биде царица наместо Вашти.“ Му се допадна овој совет на царот и тој така и направи.</s><s>5А имаше во престолнината Суса еден човек, Евреин од племето Венијаминово, Мордахај му беше името, син на Јаир, син на Шимеј, син на Киш.</s><s>6Тој беше одведен од Ерусалим заедно со заробениците кои беа одведени со Јехонија, царот на Јуда, а кои ги зароби вавилонскиот цар Невухаднессар.</s><s>7Тој ја беше посвоил Хадаса, а таа е Естер, ќерката на неговиот чичко, бидејќи таа немаше ни татко ни мајка.</s><s>Девојката беше нежна и убава во ставата.</s><s>Кога умреа татко ѝ, и мајка ѝ, ја посвои Мордахај и му стана ќерка.</s><s>8Кога се расчу наредбата на царот и неговиот указ, и кога беа доведени многу девојки во престолнината Суса под управа на Хегај, и Естер беше одведена во царскиот дворец под управа на Хегај, оној кој беше задолжен за жените.</s><s>9Му се допадна девојката и ја доби неговата наклоност, па веднаш ѝ даде сѐ што ѝ требаше за дотерување.</s><s>Ѝ обезбеди посебна храна и седум слугинки избрани и доделени од царскиот дворец, па ја пресели неа и нејзините слугинки во најдобриот дел од харемот.</s><s>10Естер не откри од кој народ е и од кое семејство, зашто Мордахај ѝ беше заповедал да не открива.</s><s>11Секој ден Мордахај одеше близу до дворот на харемот, за да дознае како е Естер и што се случува со неа.</s><s>12Пред да дојде редот на една девојка да оди кај царот Ксерксес, требаше да помине дванаесет месеци во дотерување, како што беше пропишано за жените, шест месеци со миртово масло и шест месеци со мириси и женска козметика.</s><s>13Вака одеше девојката кај царот: Сѐ што сакаше од харемот ѝ се даваше за да го понесе со себе во царскиот дворец.</s><s>14Вечерта одеше, а наутро се враќаше во харемот, во друг дел под управа на царскиот евнух Шаашгаз, кој беше задолжен за наложниците.</s><s>Не се враќаше повторно кај царот, освен ако царот не беше задоволен со неа и не ја повикаше по име.</s><s>15Кога дојде ред кај царот да оди Естер, ќерката на Авихаил, чичкото на Мордахај, која тој ја беше посвоил, таа не побара ништо друго, освен она што ѝ препорача царскиот евнух Хегај, оној што беше задолжен за жените, и Естер им се допадна на сите што ја видоа.</s><s>16Естер беше одведена кај царот Ксерксес, во неговиот царски дворец, во десеттиот месец, а тоа е месецот тевет, во седмата година од неговото владеење.</s><s>17Естер го привлече царот повеќе од која било друга жена, и се здоби со неговата наклоност, му прирасна за срце повеќе од било која друга девица, па ѝ стави царска круна на главата и ја направи царица наместо Вашти.</s><s>18Приреди царот голема гозба за сите благородници и негови службеници, гозба во чест на Естер.</s><s>Тој ден беше прогласен за празник низ сите области и беа поделени дарови, според дарежливоста на царот.</s> <s>Мордекај го открива заговорот.</s> <s>19А кога по втор пат се собраа девиците, тогаш Мордахај седеше пред царската порта.</s><s>20Естер не откри од кое семејство е и од кој народ, токму онака како што ѝ беше рекол Мордахај, и таа ги слушаше неговите упатства исто како и кога живееше кај него.</s><s>21Во текот на деновите кога Мордахај седеше пред царската порта, се налутија Бигтан и Тереш, двајца царски старешини, стражари пред влезот и направија заговор да дигнат рака на Ксерксес.</s><s>22Но овој заговор беше откриен од Мордахај и тој ѝ кажа за тоа на царицата Естер, а царицата Естер му пренесе за тоа на царот од името на Мордахај.</s><s>23Тогаш ова беше испитано и се разоткри заговорот, па ѝ двајцата беа обесени на бесилка, а ова, во присуство на царот, беше запишано во летописите на тоа време.</s> <s>Глава 3</s> <s>Хаман сака да ги уништи Евреите.</s> <s>1После овие настани, царот Ксерксес му направи чест на Хаман, син на Хамедата, Агагиец, и го воздигна.</s><s>Му даде место највисоко од сите благородници кои беа со него.</s><s>2Сите царски службеници кои беа крај царската порта клечеа на колена и му правеа чест на Хаман, зашто така беше заповедал за него царот.</s><s>Но Мордахај не клечеше и не му правеше чест.</s><s>3Тогаш царските службеници кои беа крај царската порта го прашаа Мордахај: „Зошто ти не се покоруваш на царската наредба?“ 4И откако така му зборуваа ден за ден, а тој не се расправаше со нив, му кажаа на Хаман да види до кога ќе се трпи таквото однесување на Мордахај, зашто тој им беше кажал дека е Евреин.</s><s>5Кога виде Хаман дека Мордахај не клечи на колена и не му прави чест, се исполни Хаман со бес.</s><s>6Малку му се виде да прати човек за да го убие Мордахај, а му беа кажале од кој народ е Мордахај, затоа Хаман гледаше како да ги уништи сите Евреи, народот на Мордахај, во целото царство на Ксерксес.</s><s>7Во дванаесеттата година на царот Ксерксес, во првиот месец, а тоа е месецот нисан, фрли тој пур, а тоа е жрепка.</s><s>Фрлена беше жрепка во присуство на Хаман, за секој ден и за секој месец, сѐ до дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар.</s><s>8Тогаш Хаман му рече на царот Ксерксес: „Има еден народ, распрснат и расселен меѓу народите во сите области од вашето царство.</s><s>Нивните обичаи се разликуваат од обичаите на сите други народи, на царските закони не се потчинуваат и на царот не му е од полза да ги трпи.</s><s>9Ако му е по волја на царот, нека нареди да бидат уништат.</s><s>Десет илјади таланти сребро приложив во царската ризница, ги предадов во рацете на оние кои треба да ја извршат оваа работа.“ 10Го симна царот прстенот-печат од рака и му го даде на Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот, непријателот на Евреите, 11и му рече царот на Хаман: „Парите задржи си ги, а со народот прави како што сметаш за исправно.“ 12Тогаш, во тринаесеттиот ден од првиот месец, беа повикани царските записничари, и беше запишано сѐ што им нареди Хаман на царските сатрапи, на управниците над сите области, на благородниците од сите народи, за секоја област со нејзиното писмо, за секој народ на неговиот јазик.</s><s>Во името на царот Ксерксес беше запишано и запечатено со царскиот прстен-печат.</s><s>13Испратија писма преку гласници до сите царски области да се уништи, да се убие и истреби секој Евреин од младо до старо, и дете и жена, за само еден ден, на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар, и нивните имоти да се разграбаат.</s><s>14Препис од овој указ да се донесе како закон во сите области и да им се објави на сите народи, за да бидат подготвени за тој ден.</s><s>15Излегоа гласниците потерани од царската наредба и указот беше издаден во престолнината Суса.</s><s>Царот и Хаман седнаа да пијат, а во престолнината Суса настана забуна.</s> <s>Глава 4</s> <s>Мордахај ја преколнува Естер за помош.</s> <s>1Кога дозна Мордахај што сѐ се беше случило, ја раскина Мордахај облеката своја, стави врз себе вреќиште и пепел посипа, излезе среде градот и плачеше, липаше силно и горчливо.</s><s>2Тој стигна само до пред царската порта, зашто никој облечен во вреќиште не смееше да влезе во царската порта.</s><s>3Во секоја област, во секое место каде што царскиот указ беше донесен, жалост голема настана меѓу Евреите со пост и плак и лелек.</s><s>Вреќишта ставија врз себе многумина и пепел посипаа.</s><s>4Кога дојдоа слугинките на Естер, и евнусите, и ѝ кажаа, царицата многу се натажи.</s><s>Испрати облеки да му облечат на Мордахај и да го соблечат од него вреќиштето, но тој не прифати.</s><s>5Тогаш Естер го викна Хатах, еден од царските евнуси кој ѝ беше доделен, и му нареди да открие што станува со Мордахај и зошто така се однесува.</s><s>6Излезе Хатах и отиде кај Мордахај, на градскиот плоштад пред царската порта.</s><s>7Мордахај му раскажа за сѐ што се беше случило и му го кажа точниот износ на пари кој му го ветил Хаман на царот за царската ризница, за да ги уништи Евреите.</s><s>8Му го даде и преписот од указот кој беше издаден во Суса, за нивно искоренување, за да ѝ го покаже на Естер и да ѝ објасни, да ѝ каже веднаш да оди кај царот и да моли за милост, да се заложи пред него за својот народ.</s><s>9Се врати Хатах, и ѝ ги пренесе на Естер зборовите на Мордахај.</s><s>10Тогаш Естер му кажа на Хатах што да му пренесе на Мордахај: 11„Сите службеници на царот, сите луѓе од царските области знаат дека ако било кој маж или жена пријде кај царот во внатрешниот двор, без да биде повикан, законот вели да биде убиен, освен ако царот не го допре со својот златен жезол, та да преживее.</s><s>А јас не сум повикана да одам кај царот има веќе ете триесет дена.“ 12Тогаш му ги пренесе на Мордахај зборовите на Естер.</s><s>13Одговори Мордахај, и ѝ возврати на Естер: „Немој да си мислиш во себе дека единствено ти, од сите Евреи, ќе се извлечеш само затоа што си во царскиот дом.</s><s>14Ако ти сега премолчиш, ако во ова време ништо не сториш, ќе се најде за Евреите спас и избавување од друго место.</s><s>Но ти и семејството на твојот татко ќе изгинете.</s><s>Кој знае, можеби токму за едно вакво време ти стана царица.“ 15Тогаш одговори Естер и му испрати порака на Мордахај: 16„Оди, собери ги сите Евреи што се наоѓаат во Суса и постете за мене!</s><s>Не јадете и не пијте три дена и три ноќи, а јас и моите слугинки исто така ќе постиме!</s><s>Потоа јас ќе одам кај царот, иако тоа не е по законот, па ако погинам, нека погинам.“ 17Излезе Мордахај и направи сѐ онака како што му беше кажала Естер.</s> <s>Глава 5</s> <s>Естер го моли царот.</s> <s>1На третиот ден облече Естер царска облека и застана во внатрешниот двор на царскиот дворец, пред царскиот дом, а царот седеше на својот царски престол, во царскиот дом, токму наспроти влезот.</s><s>2Кога царот ја виде царицата Естер како стои во предворјето, му се допадна, па го зеде царот златниот жезол в рака, пријде кон Естер и ја допре со врвот на жезолот.</s><s>3Тогаш тој ја праша: „Што е царице Естер?</s><s>Што бараш?</s><s>И да е до половината царство - ќе ти биде дадено.“ 4А Естер одговори: „Ако му е така угодно на царот, нека дојде денеска царот, заедно со Хаман, на гозбата што јас ја приредив за него.“ 5Царот одговори: „Брзо доведете го Хаман, за да ја исполниме желбата на Естер!“ И така царот и Хаман отидоа на гозбата што ја приреди Естер.</s><s>6Пиејќи вино, царот ја праша Естер: „Кажи што бараш и ќе ти биде дадено?</s><s>Каква е твојата молба?</s><s>И да е до половината царство - ќе ти биде исполнето.“ 7Тогаш одговори Естер и рече: „Мојето барање и молба е 8ако сум нашла милост во очите на царот и ако на царот му е угодно да ме награди и моето барање и молба да ги удоволи, да дојде царот со Хаман и утре на гозбата што ќе ја приредам за нив.</s><s>Тогаш ќе одговорам на прашањето на царот.“</s> <s>Бесот на Хаман против Мордахај.</s> <s>9Излезе Хаман тој ден среќен и развеселен, но кога го виде Хаман Мордахај покрај царската порта, и тој не стана и не покажа страв од него, се исполни Хаман со бес против Мордахај.</s><s>10Се воздржа Хаман и си отиде дома.</s><s>Ги викна кај себе своите пријатели и својата жена Зереш.</s><s>11Им се испофали Хаман за своето огромно богатство, за своите многу синови, и сета чест што му ја направи царот и како го воздигна над сите благородници и службеници царски.</s><s>12А исто така кажа: „Никој друг не повика царицата Естер на гозба со царот, туку само мене.</s><s>И утре сум поканет од неа, заедно со царот.</s><s>13Но сето тоа не ме прави среќен, сѐ додека го гледам Евреинот Мордахај како седи пред царската порта.“ 14Тогаш жена му Зереш и сите негови пријатели му рекоа: „Направи бесилки, педесет лакти високи, и утре побарај од царот да го обеси Мордахај на нив.</s><s>Потоа оди со царот среќен на вечера.“ Ова му се допадна на Хаман и тој направи бесилки.</s> <s>Глава 6</s> <s>На Мордахај му се прави чест.</s> <s>1Таа ноќ сонот му побегна на царот, па нареди да ја донесат книгата на летописите од тоа време и да му читаат од неа.</s><s>2И се најде запишано дека Мордахај ги раскринка Бигтана и Тереш, двајцата царски старешини и стражари пред портата, кои спремаа заговор да дигнат рака на Керксес.</s><s>3Тогаш царот праша: „Каква чест му беше направена на Мордахај и какво признание му беше дадено за ова?“, а луѓето околу царот, оние кои го служеа одговорија: „За него ништо не е сторено.“ 4Царот рече: „Кој е во дворот?“, тогаш Хаман влезе во предворјето на царскиот дом, за да му зборува на царот да го обеси Мордахај на бесилките што ги подигна за него.</s><s>5Слугите на царот му оговорија: „Ете го Хаман стои во дворот.“ Царот нареди да влезе.</s><s>6Кога влезе Хаман, царот го праша: „Што да стори царот за човек од кого е задоволен, каква чест да му направи?“, а Хаман си помисли во себе: „На кого друг царот би му правел чест, освен мене?“ 7Па му одговори Хаман на царот: „На оној човек од кого царот е задоволен и сака да му направи чест, 8нека му донесат царска облека, онаа царот што ја носи, и коњот царот што го јава, оној што има царска грива на главата.</s><s>9Нека ја предаде облеката и коњот во рацете на еден од благородните царски кнезови, па нека го облече човекот со кого царот е задоволен и сака да му направи чест.</s><s>Потоа нека го води качен на коњ низ улиците на градот и нека разгласува пред него: ’Вака му се прави на човек со кого царот е задоволен и сака да му направи чест.'“ 10А царот му нареди на Хаман: „Брзо оди, земи ја облеката и коњот, како што ми советуваше и сето ова направи му го на Евреинот Мордахај, оној што седи пред царската порта.</s><s>Ништо да не заборавиш од сето ова што ми го препорача.“ 11И така, ја зеде Хаман облеката и коњот, го облече Мордахај, го качи на коњот и го водеше по улиците, викајќи пред него: „Вака му се прави на човек со кого царот е задоволен и сака да му направи чест.“ 12Потоа Мордахај се врати кај царската порта, а Хаман оттрча дома натажен и со покриена глава, 13и им рече Хаман на својата жена Зереш и на сите негови пријатели што му се беше случило.</s><s>Неговите советници и неговата жена Зереш му одговорија: „Штом Мордахај, оној пред кого си почнал да паѓаш, е потомок на Евреите, нема да можеш да истраеш против него.</s><s>Ќе бидеш уништен, сигурно ќе бидеш уништен пред него.“ 14Додека сѐ уште зборуваа со него, царските евнуси пристигнаа и побрзаа да го одведат Хаман на гозбата што ја приредуваше Естер.</s> <s>Глава 7</s> <s>Обесувањето на Хаман.</s> <s>1Отидоа царот и Хаман да се гостат со царицата Естер.</s><s>2На вториот ден, пиејќи вино, царот повторно ја праша Естер: „Кажи што бараш царице Естер и ќе ти биде дадено?</s><s>Кажи ја твојата молба и ако е и до половината царство - ќе ти биде исполнето?“ 3Тогаш одговори царицата Естер и рече: „Ако сум нашла милост во твоите очи царе, и ако на царот така му е угодно, подари ми го мојот живот, тоа ми е барањето и поштеди го мојот народ, тоа ми е молбата.</s><s>4Продадени сме, јас и мојот народ, за да нѐ уништат, да нѐ исколат и да нѐ истребат.</s><s>Ако како робови и робинки бевме продадени, јас ќе си молчев, зашто не вреди за такво нешто царот да се вознемирува.“ 5Тогаш праша царот Ксерксес, и ѝ рече на царицата Естер: „Кој е тој, каде е тој чие срце можело да направи такво нешто?“ 6А Естер рече: „Човекот кој е наш противник и непријател е овој злобен Хаман.“ Тогаш Хаман се стресе од страв пред царот и пред царицата.</s><s>7Царот стана бесно од пиењето вино и отиде во градината на дворецот, а Хаман остана да ја моли царицата Естер за својот живот, сфаќајќи дека царот веќе му ја беше решил судбината.</s><s>8Кога царот се врати од градината на дворецот во просторијата за гозби, каде што пиеше вино, Хаман падна врз леглото каде што лежеше Естер, а царот извика: „Зарем и на царицата ќе ѝ досадуваш, додека сум јас присутен!?“ Само што зборот излета од устата на царот, на Хаман му го покрија лицето.</s><s>9Тогаш Харвона, еден од царските евнуси рече: „Видете, бесилките што ги направи Хаман за Мордахај, оној кој проговори и му помогна на царот, стојат пред домот на Хаман високи педесет лакти.“ А царот рече: „На нив обесете го!“ 10Така Хаман го обесија на бесилките кои тој ги направи за Мордахај, а гневот на царот се смири.</s> <s>Глава 8</s> <s>Царскиот указ во корист на Евреите.</s> <s>1Уште истиот ден царот Ксерксес ѝ го даде на царицата Естер целиот имот на Хаман, непријателот на Евреите, а Мордахај дојде пред царот, зашто Естер кажа што ѝ е тој.</s><s>2Го зеде царот прстенот-печат, што го беше одзел од Хаман и му го даде на Мордахај, а Естер го назначи Мордахај да раководи со имотот на Хаман.</s><s>3Естер повторно му се помоли на царот и падна пред неговите стапала.</s><s>Плачеше и молеше да го сопре злото на Хаман Агагиецот и она што тој го кроеше против Евреите.</s><s>4Тогаш царот го протегна до Естер својот златен жезол, па се дигна Естер, застана пред царот 5и рече: „Ако му е на царот така угодно и ако јас сум нашла милост пред него, ако е ова исправно според царот и јас сум нашла наклоност во неговите очи, нека се напише наредба со која се поништуваат писмата на Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот, кои тој ги напиша за да се уништат Евреите кои живеат во сите области на царот.</s><s>6Зашто како можам јас да поднесам да го гледам тоа страшно зло што ќе падне на мојот народ, и како можам да поднесам да го гледам уништувањето на моето семејство.“ 7Тогаш царот Ксерксес им одговори на царицата Естер и на Евреинот Мордахај: „Ете, имотот на Хаман ѝ го дадов на Естер, а него го обесија на бесилки, зашто тој дигна рака на Евреите.</s><s>8Сега вие напишете во корист на Евреите сѐ што сметате за потребно, нека биде тоа од името на царот и запечатете го со царскиот печат, зашто она што ќе се напише во името на царот и ќе се запечати со царски печат, не може да биде отповикано.“ 9И така, на дваесет и третиот ден од третиот месец, а тоа е месецот сиван, повикани беа царските записничари и беше запишано сѐ што Мордахај им нареди во врска со Евреите на сатрапите, на управителите и на благородниците во областите, од Индија па сѐ до Куш, сто дваесет и седум области, на секоја област со нејзиното писмо, на секој народ на неговиот јазик, и на Евреите со нивното писмо и на нивниот јазик.</s><s>10И беше запишано од името на царот Ксерксес и беше запечатено со царскиот прстен-печат, па испратија писма преку гласници, кои јаваат на брзи царски коњи, одгледани во коњушници.</s><s>11Тогаш царот им дозволи на Евреите во сите градови да се соберат и да се заштитат.</s><s>Да ги убијат, уништат и истребат сите вооружени војски од народите и областите кои ќе ги нападнат нив, нивните деца и жени, а нивните имотите да ги ограбат, 12и тоа во ист ден во сите области на царот Ксерксес, во тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар.</s><s>13Препис од овој указ да се донесе како закон во секоја област и да им се објави на сите народи, за да бидат подготвени Евреите за тој ден и да им се одмаздат на своите непријатели.</s><s>14Излегоа гласниците јавајќи на царските коњи, брзајќи потерани од царската наредба, а указот беше издаден во престолнината Суса.</s><s>15Мордахај си замина од кај царот во царска наметка, сина и бела, голема круна од злато и долга наметка од нежно ленено платно и пурпур, а градот Суса се радуваше и славеше.</s><s>16За Евреите настапи време на среќа и радост, задоволство и чест.</s><s>17Во секоја област, во секој град, во секое место каде што пристигнуваше царскиот указ, радост и задоволство се ширеше меѓу Евреите, славје и веселба.</s><s>И многу луѓе од останатите народи станаа Евреи, затоа што ги беше фатил страв од Евреите.</s> <s>Глава 9</s> <s>Победа на Евреите.</s> <s>1На тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, а тоа е месецот адар, кога требаше царскиот указ и неговата наредба да бидат извршени, тогаш кога непријателите на Евреите се надеваа дека ќе ги надвијат, сега ова се сврте и Евреите дигнаа рака на оние што ги мразеа.</s><s>2Се собраа Евреите по градовите во сите области на царот Ксерксес за да тргнат против оние кои го бараа нивното уништување.</s><s>И ниту еден човек не можеше да им се спротивстави, зашто силен страв ги беше фатил сите народи од нив.</s><s>3Сите благородници во областите, сатрапите, управителите и оние што ги спроведуваа царските работи им помагаа на Евреите, зашто страв ги беше фатил од Мордахај, 4зашто истакнат беше Мордахај во царскиот дворец и угледот негов се прошири низ сите области, зашто човекот Мордахај стануваше сѐ посилен и посилен.</s><s>5И така Евреите ги поразија сите нивни непријатели, прободувајќи ги со меч, убивајќи ги и уништувајќи ги, а на оние што ги мразеа им направија сѐ што сакаа.</s><s>6Во престолнината Суса Евреите убија и уништија петстотини мажи.</s><s>7Исто и во Першандата, Делфон и Аспата, 8во Пората, Адалиа и Аридата, 9во Пармашта, Арисај, Аридај и Ваизата.</s><s>10Ги убија десетте синови на Хаман, синот на Хамедата и непријателот на Евреите, но на ограбено рака не ставија.</s><s>11Истиот ден се изнесе пред царот бројот на погубените во престолнината Суса, 12па царот ѝ рече на царицата Естер: „Во престолнината Суса Евреите убија и уништија петстотини мажи и десетмината синови на Хаман.</s><s>Што направија во останатите царски области?</s><s>Кажи сега што бараш и ќе ти биде дадено.</s><s>Кажи ја твојата молба и ќе ти биде исполнета.“ 13А Естер одговори: „Ако му е по волја на царот, нека им биде даден на Евреите кои се во Суса и утрешниот ден за да го исполнат указот, а десетмината синови на Хаман нека ги обесат на бесилките.“ 14И така царот нареди ова да се изврши, па беше издаден указ во Суса и десетмината синови на Хаман беа обесени.</s><s>15Се собраа сите Евреи кои беа во Суса на четиринаесеттиот ден од месецот адар и убија во Суса триста мажи, но на ограбено рака не ставија.</s><s>16А останатите Евреи кои беа во царските области се собраа за да се заштитат и да се ослободат од нивните непријатели, да ги убијат оние што ги мразат, седумдесет и пет илјади, но на ограбено рака не ставија.</s><s>17Бидна тоа на тринаесеттиот ден од месецот адар, а на четиринаесеттиот се одморија и го направија тој ден - ден за прослава и радост.</s> <s>Прославување на Пурим.</s> <s>18Но Евреите кои беа во Суса се собраа и на тринаесеттиот и на четиринаесеттиот ден, па се одморија на петнаесеттиот ден и него го направија ден за прослава и радост.</s><s>19Затоа Евреите селани, оние што живеат во неутврдени градови и селски области го слават четиринаесеттиот ден од месецот адар, се радуваат и се веселат и тој ден им е за правење добри дела и давање подароци на своите пријатели.</s><s>20Ги запиша овие настани Мордахај и испрати писма до сите Евреи кои се во сите области на царот Ксерксес, блиски и далечни, 21за да им наложи секоја година да го слават четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден од месецот адар.</s><s>22Зашто тие се деновите кога се ослободија Евреите од нивните непријатели, тоа е месецот кој се претвори од тага во радост, од жалост во славје.</s><s>Нека пазат на тие денови на веселба и радост, да даваат подароци во храна еден на друг и дарови за сиромашните!</s><s>23Се согласија Евреите и почнаа да слават, како што им беше напишал Мордахај, 24оти Хаман, синот на Хамедата, Агагиецот и непријателот на сите Евреи спремаше завера против Евреите, за да ги уништи.</s><s>Фрли пур, а тоа значи жрепка, за сосема да ги уништи.</s><s>25Но кога таа завера стаса пред царот, тој написмено нареди сето зло што тој го спремаше против Евреите да му се врати на глава, да го обесат и него и неговите синови на бесилки.</s><s>26Затоа овие денови се нарекуваат Пурим, од зборот пур.</s><s>Затоа, заради сите зборови кои во ова писмо беа запишани, заради сѐ што видоа и што им се случи, 27го востановија Евреите и го прифатија, тие и нивните наследници и сите оние кои ќе им се приклучат.</s><s>И не треба да го пропуштаат, туку да пазат на него, да го слават секоја година на овие два дена, како што им беше пропишано и востановено за нив тоа време.</s><s>28А овие денови треба да се памтат и да се пазат во секое поколение, во секое семејство, во секоја област и во секој град.</s><s>Деновите на Пурим никогаш да не престанат меѓу Евреите, во нивното сеќавање, ниту да одумрат меѓу нивните наследници.</s><s>29Така напиша царицата Естер, ќерката на Авихаил и Евреинот Мордахај, со целата власт што ја имаше, за да се потврди ова второ писмо за Пурим.</s><s>30И испрати писма до сите Евреи во сто дваесет и седумте области на царството на Ксерксес, испрати зборови на добра волја и охрабрување, 31за да се востановат овие денови на Пурим, како што им беше одредено времето, токму онака како што пропиша за нив Евреинот Мордахај и царицата Естер, и токму онака како што си беа востановиле за себе и за своите наследници времиња за постење и жалост.</s><s>32Указот на Естер ги потврдува правилата за Пурим и влегува во записот.</s> <s>Глава 10</s> <s>Големината на Мордахај.</s> <s>1И наложи царот Ксерксес данок за целото свое царство, сѐ до морските брегови.</s><s>2А сите дела на сила и моќ, заедно со големината на Мордахај, кого царот го воздигна, зарем не се запишани во книгата на летописите на царевите од Медија и Персија?</s><s>3Ете, Евреинот Мордахај стана втор до царот Ксерксес и возвеличен меѓу Евреите, ценет од многумината свои пријатели, оној што работи за доброто на својот народ и зборува во корист на сите свои роднини.</s> <s>Забелешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7661
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D1%88%D0%B5%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Хошеа (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>1Збор од ГОСПОД што дојде за Хошеа, син на Беери, во деновите на Јудејските цареви Уззија, Јотам, Ахаз и Езекија, и во деновите на Израелскиот цар Јеровоам, синот на Јоаш.</s> <s>Жената и децата на Хошеа.</s> <s>2Почна да зборува ГОСПОД преку Хошеа и му рече ГОСПОД на Осија: „Оди, земи си жена блудница и деца од неверство, зашто за блуд, за блуд е виновна земјата и од ГОСПОД застранува.“ 3Па отиде тој и се ожени со Гомер, ќерка на Дивлаим.</s><s>Зачна таа и му роди син.</s><s>4Тогаш му рече ГОСПОД: „Дај му име Језреел, зашто брзо ќе го казнам домот на Јеху за крвопролевањето во Језреел и ќе му ставам крај на царството на домот Израелев.</s><s>5Во тој ден ќе го скршам лакот на Израел во долината Језреел.“ 6Зачнаа таа повторно и роди ќерка.</s><s>Тогаш му рече ГОСПОД: „Дај ѝ име Ло Рухама, зашто нема веќе да го сакам домот Израелев, ќе го заборавам, сосема ќе го заборавам.</s><s>7А домот Јудин ќе го сакам и ќе го спасам, но не со лак, ни со меч, ни со битка, ни со коњи, ни со коњаници, туку преку ГОСПОД, нивниот Бог.“ 8Откако ја одби Ло Рухама, зачна и роди син.</s><s>9Тогаш ГОСПОД рече: „Дај му име Ло Ами, зашто вие не сте мој народ и Јас не сум ваш Бог.“ 10Сепак, бројот на децата Израелеви ќе биде како морската песок, која не може ниту да се измери, ниту да се изброи.</s><s>На местото каде што им беше кажано: „Не сте мој народ.“, ќе бидат наречени: „Синови на живиот Бог.“ 11Тогаш повторно ќе се обединат народот од Јуда и народот од Израел, ќе си назначат еден водач, и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Језреел.</s> <s>Глава 2</s> <s>1Кажете им на вашите браќа: „Мој народ“ и на сестрите ваши: „Сакана“.</s> <s>Израел казнет и обновен.</s> <s>2’Прекорете ја вашата мајка, прекорете ја, зашто таа не е моја жена и Јас не сум нејзин маж.</s><s>Нека ги отстрани блудствата од лицето свое и неверствата од меѓу градите, 3зашто ќе ја соблечам гола, ќе ја направам како од мајка родена, пустина ќе ја направам, во сува земја ќе ја претворам и ќе ја оставам да умре од жед.</s><s>4Децата нејзини нема да ги сакам, зашто тие се деца на блуд.</s><s>5Ете, неверна беше нивната мајка, срамно го направи нивното зачнување, рече: ’Ќе одам по моите љубовници, оние што ми го даваат мојот леб и мојата вода, мојата волна и мојот лен, моето масло и моите пијалоци.' 6Затоа, гледајте, ќе ѝ го препречам патот со трнови грмушки, ќе ја заградам со ѕид па нема да може да си ги најде патиштата.</s><s>7Ќе трча по своите љубовниците, но нема да ги фати.</s><s>Ќе ги бара, но нема да ги најде.</s><s>Тогаш ќе каже: ’Ќе станам и ќе се вратам кај мојот прв маж, зашто тогаш ми беше подобро од сега.' 8Таа не признаваше дека Јас ѝ го давав житото, младото вино и маслото, сребро и злато истурав врз неа, а тие го употребија за Баал.</s><s>9Затоа ќе се свртам и ќе си го земам моето жито кога ќе созрее и младото вино кога ќе стаса; ќе си ги земам волната и ленот кои им беа давани за да си ја покријат голотијата.</s><s>10Така сега ќе ја покажам развратноста нејзина пред очите на нејзините љубовници и никој нема да ми ја заме од раце.</s><s>11Ќе ги сопрам сите нејзини прослави, годишните славја, Младите Месечини, Саботите - сите нејзини празници.</s><s>12Ќе ги уништам лозата и смоквата нејзина за кои вели: ’Тие ми се плата што ми ја дадоа моите љубовници.' Ќе ги претворам во грмушки па дивите животни ќе ги брстат.</s><s>13Ќе ја казнам за деновите кога на Баалите им палеше темјан, се китеше со прстени и накит и одеше по нејзините љубовници, а Мене Ме заборави.“ - вели ГОСПОД.</s><s>14’Затоа Јас ќе ја намамам, ќе ја одведам во пустината и ќе му зборувам на нејзиното срце.</s><s>15Ќе ѝ ги вратам таму лозјата нејзини, а долината Акор ќе ја претворам во врата на надеж.</s><s>Ќе ми возврати таму како во деновите на нејзината младост, како во деновите кога дојде од Египетската земја.</s><s>16Во тој ден,“ - вели ГОСПОД - „ќе ме нарекувате Иши, и нема повеќе да ме нарекувате Баали.</s><s>17Ќе ги отстранам имињата на Баалите од нејзината уста и нивните имиња нема повеќе да се повикуваат.</s><s>18Во тој ден ќе склучам за нив завет со полските ѕверови, со птиците небесни и со суштествата по земјата, па лак, меч и битка ќе исфрлам од употреба во земјата и ќе можат да одмараат во безбедност.</s><s>19Ќе те верам за Себе довека, ќе те верам за Себе во праведност, во правда, во љубов и милост.</s><s>20Ќе те верам за Себе во верност и ќе ти стане јасно Кој е ГОСПОД.</s><s>21Во тој ден ќе им возвратам,“ - вели ГОСПОД - „ќе им возвратам на небесата, а тие, тие ќе ѝ возвратат на земјата, 22и земјата ќе му возврати на житото и на младото вино и на маслото и тие ќе му возвратат на Језреел.</s><s>23Ќе ја посадам за Себе во земјата и ќе ја љубам Немила, и ќе му речам на Не-мој-народ, ’ти си мој народ', а тој ќе рече: ’Боже мој'.</s> <s>Глава 3</s> <s>Помирувањето на Хошеа со неговата жена.</s> <s>1И ми рече ГОСПОД: „Ајде сега оди, и повторно сакај ја жената која беше сакана од друг и беше блудница, како што ГОСПОД ги сака синовите на Израел, иако тие се свртуваат кон други богови и ги сакаат колачите од суво грозје.“ 2Па ја откупив за петнаесет сребреници и за еден хомер и еден летек јачмен.</s><s>3Тогаш ѝ реков: „Многу денови ќе мора да живееш со мене.</s><s>Не смееш да блудствуваш и не смееш да бидеш со маж, а ни јас со тебе.“ 4Оти многу денови ќе живеат синовите Израелеви без цар и без кнез, без жртва и без свети камења, без ефод и идоли.</s><s>5Потоа ќе се вратат синовите на Израел и ќе го побараат ГОСПОД, нивниот Бог, и Давид, нивниот цар, и ќе дојдат во последните денови треперејќи кај ГОСПОД и кај неговите благослови.</s> <s>Глава 4</s> <s>Обвинение против Израел.</s> <s>1Слушнете го зборот ГОСПОДОВ синови на Израел, зашто обвинение има ГОСПОД против жителите на земјата:</s> <s>„Ете, нема верност, нема љубов, нема свесност за Бог во земјата.</s><s>2Клетви, лаги, убиства, кражби, блуд - ги преминаа сите граници.</s><s>После секое крвопролевање следи ново крвопоролевање.</s><s>3Заради ова страда земјата и гинат сите нејзини жители.</s><s>Умираат ѕверовите полски, птиците небесни и рибите морски.</s><s>4Но нека не подига обвинение човек против човек, зашто твојот народ е како оние што обвинуваат свештеник.</s><s>5Потклекнувате дење, потклекнува пророкот со вас ноќе, затоа ќе ја уништам вашата мајка.</s><s>6Уништен е мојот народ, зашто му недостасува знаење.</s><s>Затоа што го отфрли знаењето и Јас ќе те отфрлам, да не бидеш Мој свештеник.</s><s>Затоа што го занемари законот на својот Бог и Јас ќе ги занемарам твоите деца.</s><s>7Колку повеќе се множеа толку повеќе против Мене грешеа.</s><s>Славата нивна во срам ќе ја претворам.</s><s>8Тие се хранат од гревот на Мојот народ и ненаситни се од неговата неправедност.</s><s>9И вака ќе биде: „Како луѓето, така и свештениците ќе ги казнам за патиштата нивни, ќе им платам според делата нивни.</s><s>10Ќе јадат, ама нема да се наситуваат, ќе блудствуваат, ама нема да се множат, зашто ГОСПОД го напуштија, за да им се препуштат на 11блуд, старо и младо вино, а тоа го одзема разумот.</s><s>12Мојот народ со дрвени кипови се советува, дрвени столбови му даваат одговор, ете, духот на блудствата го заведува и неверни му се на својот Бог.</s><s>13По врвовите планински жртвуваат и по ридовите палат жртви паленици.</s><s>Под даб, под топола и теребинт, зашто пријатна е нивната сенка.</s><s>Ете затоа вашите ќерки се свртеа кон блуд, снаите ваши кон прељуба.</s><s>14Нема да ги казнам ќерките ваши кога ќе блудствуваат, ниту снаите ваши кога ќе вршат прељуба, зашто и самите мажи со блудници спијат и на храмски блудници им принесуваат жртви, а народот е во незнаење и пропаѓа.</s><s>15Иако ти вршеше прељуба, О Израеле, Јуда нека не биде виновен!</s><s>Не одете на Гилгал, не качувајте се на Бет Авен и не колнете се: „Жив е ГОСПОД.“ 16Ете, Израел е тврдоглав како тврдоглава јуница.</s><s>Може ли тогаш ГОСПОД да ги пасе како јагнињата на ливада?</s><s>17Ефраим, оној што се здружи со идоли, оставете го!</s><s>18Им заврши пијалокот, па се предадоа на блуд и блудствуваат.</s><s>Го сакаат, о како го сакаат срамниот пат владетелите негови.</s><s>19Ќе ги збрише виорот со неговите крилја, нивните жртвеници ќе им донесат срам.</s> <s>Глава 5</s> <s>Пресуда против Израел.</s> <s>1Слушнете го ова свештеници, внимавај доме Израелев, начули ги ушите доме царски: „Ете, против тебе е оваа пресуда: ’стапица бевте во Миспа и мрежа распната во Тавор.</s><s>2Бунтовниците длабоко забраздија во колеж и сите нив Јас ќе ги казнам.</s><s>3Го знам Јас Ефраим, Израел не е сокриен од Мене, зашто сега кон блуд се сврте Ефраим, Израел е расипан.</s><s>4Делата нивни не им допуштаат да се вратат кон нивниот Бог, ете духот на блудствата е во нивните срца и ГОСПОД не го познаваат.</s><s>5Гордоста на Израел сведочи против самиот него, а Израел, дури и Ефраим потклекнуваат во сопствениот грев, а со нив потклекнува и Јуда.</s><s>6Со стоката своја и со стадата одат да Го бараат ГОСПОД, но нема да Го најдат, се повлече од нив.</s><s>7На ГОСПОД му се неверни, вонбрачни деца раѓаат.</s><s>Сега Младата Месечина ќе ги проголта и нив и нивните полиња.</s><s>8Затрубете труба во Гивеа, рог во Рама!</s><s>Дигнете боен вик во Бет Авен!</s><s>Зад тебе сме Венијамине.</s><s>9Ефраим ќе биде уништен на денот на пресметката - меѓу племињата Израелеви го објавувам она што е сигурно.</s><s>10Водачите на Јуда се како оние кои разместуваат камења меѓници, врз нив како вода ќе го излеам Мојот гнев.</s><s>11Потиснат е Ефраим, згазен со право, зашто зафатен е само со идоли.</s><s>12А Јас сум како молец за Ефраим, како гнилеж за домот Јудин.</s><s>13Кога Ефраим ја виде својата болест и Јуда својата рана, се сврте Ефраим кон Асирија и побара помош од големиот цар.</s><s>Но тој не може да ве излекува, не може да ги исцели вашите рани.</s><s>14Оти Јас ќе бидам како лав за Ефраим, како лав голем за домот Јудин.</s><s>Јас, Јас нив ќе ги искинам на парчиња и ќе си заминам, ќе ги одведам и ќе нема кој да ги спаси.</s><s>15А Јас ќе се вратам во Моето место сѐ додека не си ја признаат вината и не Ме побараат.</s><s>Во бедата своја искрено ќе Ме побараат.“</s> <s>Глава 6</s> <s>Израел не се кае.</s> <s>1Дојдете да се вратиме кај ГОСПОД, зашто Тој на парчиња нѐ раскина, но Тој и ќе нѐ излечи.</s><s>Тој нѐ рани, но ќе ни ги превие раните.</s><s>2После два дни ќе нѐ оживее, на третиот ден повторно ќе нѐ крене, за да живееме со Него.</s><s>3Да Го запознаеме, да бараме сите да Го запознаат ГОСПОД.</s><s>Како изгрејсонце ќе се појави, ќе ни дојде како зимски дожд, како пролетен дожд што ја натопува земјата.</s><s>4Што да ти правам Ефраиме, што да ти правам Јудо?</s><s>Твојата верност е како утринска магла, како роса која рано исчезнува.</s><s>5Затоа на парчиња ги раскинав преку Моите пророци, ги убив со зборовите од Мојата уста - како молња блеснаа пресудите против нив.</s><s>6Оти за верност сум желен, а не за жртва, за познавање на Бог, а не за жртви паленици.</s><s>7Но и тие, како и Адам, го прекршија заветот и ми беа неверни.</s><s>8Гилеад, град на злосторници, извалкан со траги крвави.</s><s>9Разбојници во заседа го демнат човека, банда свештеници убиваат на патот за Шехем, срамни злосторства прават.</s><s>10Страшни нешта видов во домот на Израел.</s><s>На блуд се оддал Ефраим, осквернет е Израел.</s><s>11А и за тебе Јуда Тој одреди жетва.</s><s>Кога ќе го обновам богатството на мојот народ,</s> <s>Глава 7</s> <s>1кога ќе го излечам Израел, ќе се изнесе на виделина гревот на Ефраим и злосторствата на Самарија.</s><s>Тие лажат, крадци по домовите влегуваат, по улиците разбојници ограбуваат.</s> <s>2Но не сфаќаат дека сето зло во нивните срца Јас го памтам.</s><s>Гревовите нивни ги преплавуваат и секогаш Ми се пред очи.</s> <s>3Со својата злоба радост му причинуваат на царот, со лагите свои (ги развеселуваат) кнезовите.</s> <s>4Сите тие развратни луѓе се како печка разгорена од пекарот.</s><s>Тој престанува да ја разгорува од кога ќе го замеси тестото, па сѐ додека тоа не се надигне.</s> <s>5На денот на нашиот цар кнезовите се зажаруваат од топлината на виното, а тој им подава рака на оние кои се подбиваат.</s> <s>6Срцата им се како печка, приоѓаат со сплетки.</s><s>Нивната страст тлее цела ноќ, а наутро се разгорува како огнен пламен.</s> <s>7Сите тие се врели како печка, ги проголтуваат нивните владетели.</s><s>Сите нивни цареви паѓаат и нема ниту еден кој Мене Ме повикува.</s> <s>8Ефраим со народите се меша.</s><s>Ефраим е како рамна погача непревртена.</s> <s>9Туѓинци му ја цицаат силата, а тој не сфаќа.</s><s>Главата со седи влакна му е прошарана, а тој не забележува.</s> <s>10Дрскоста на Израел сведочи против него, но и покрај тоа тие не се враќаат кај ГОСПОД, нивниот Бог, ниту пак Го бараат.</s> <s>11Ефраим е како гулабица лесноумна и глупава.</s><s>Египет го повикуваат, кон Асирија се свртуваат!</s> <s>12Кога ќе тргнат, ќе ја фрлам преку нив мрежата Моја, како птица во воздухот ќе ги соборам, ќе ги уловам кога ќе ги слушнам да се собираат.</s> <s>13Тешко на нив зашто застранија од Мене!</s><s>Уништување за нив зашто се побунија против Мене!</s><s>Јас би ги избавил, но тие зборуваат лаги против Мене!</s> <s>14Не повикуваат кон Мене од срце, туку лелекаат врз нивните кревети.</s><s>Заради житото и младото вино се собираат и застрануваат од Мене.</s> <s>15Јас ги обучив и им дадов сила на нивните раце, а тие против Мене коваат зло.</s> <s>16Не се свртуваат кон Севишниот.</s><s>Тие се како лак во кој не може да се има доверба.</s><s>Од меч ќе паднат водачите нивни заради нивниот безобразен јазик.</s><s>Заради ова ќе се подбиваат со нив во земјата Египетска.</s> <s>Глава 8</s> <s>Израел ќе жнее виор.</s> <s>1Принесете ја трубата до уста!</s><s>Орел лета над домот ГОСПОДОВ, зашто тие го прекршија Мојот завет и против Мојот закон се побунија.</s> <s>2Израел кон Мене вика: „Боже мој, Те познаваме!“</s> <s>3Го отфрли Израел она што е добро, сега непријателот ќе го прогонува.</s> <s>4Си поставуваат цареви кои не се Мои луѓе, избираат кнезови кои не ги одобрувам.</s><s>Со нивното сребро и злато прават идоли за да бидат уништени.</s> <s>5Отфрли го телето Самарио!</s><s>Мојот гнев гори против нив!</s><s>До кога нема да бидат способни за чистота?</s> <s>6Тие се од Израел, а телето занаетчија го направи и тоа не е бог.</s><s>На парчиња ќе го здробам телето на Самарија.</s> <s>7Ете ветер посеаја, виор ќе жнеат!</s><s>На стеблото клас нема да остане и брашно нема да даде.</s><s>Кога би и дало, туѓици ќе го изедат.</s> <s>8Проголтан е Израел, сега тие се меѓу народите безвредно нешто,</s> <s>9оти тие се искачија во Асирија како диво магаре кое талка препуштено само на себе.</s><s>Ефраим им се продаде на љубовниците.</s> <s>10Но иако се продадоа меѓу народите, сега Јас ќе ги приберам.</s><s>И ќе почнат да се исцрпуваат под угнетувањето на моќни цареви.</s> <s>11Иако многу жртвеници подигна Ефраим за да принесува жртви за грев, тие за него станаа жртвеници за грев.</s> <s>12Им напишав многу нешта од Мојот закон - како нешто туѓо ги сметаа.</s> <s>13Ми принесуваат жртви, дарови за Мене, месото го јадат, но ГОСПОД не е задоволен со нив.</s><s>Ќе си спомне сега за нивната лошотија и ќе ги казни нивните гревови.</s><s>Тие во Египет ќе се вратат.</s> <s>14Го заборави Израел својот Создател и изгради дворци, Јуда соѕида многу градови утврдени.</s><s>Оган ќе испратам врз нивните градови и ќе им ги проголтаат тврдините.</s> <s>Глава 9</s> <s>Казна за Израел.</s> <s>1Не радувај се Израеле, не весели се како народите, зашто ти Му беше неверен на својот Бог!</s><s>Платата блудничка ја сакаш на секое житно гумно.</s> <s>2Гумното и винската преса нема да ги нахранат, а младото вино ќе потфрли.</s> <s>3Нема да останат во земјата ГОСПОДОВА.</s><s>Ефраим ќе се врати во Египет, а во Асирија ќе јадат нечисто.</s> <s>4Нема да му полеваат на ГОСПОД вино, ниту ќе Му бидат пријатни нивните жртви.</s><s>Како лебот на ожалостениот ќе Му бидат и сите кои ќе ги јадат ќе бидат нечисти.</s><s>Ете, нивната храна ќе биде само за нив и нема да влегува во храмот ГОСПОДОВ.</s> <s>5Што ќе правите во деновите на вашите свечености, на денот кога е празник ГОСПОДОВ?</s> <s>6Дури и да го избегнат уништувањето, Египет ќе ги собере, Мемфис ќе ги погреба.</s><s>Среброто, нивното богатство капината ќе им го преземе.</s><s>Трње ќе завладеат во нивните шатори.</s> <s>7Нека знае Израел - идат денови за казна, идат денови за пресметка!</s><s>За неразумен го сметате пророкот, за луд вдахновениот човек, заради многуте ваши гревови и големата омраза.</s> <s>8На човекот кој го чува Ефраим, кој е со мојот Бог, на пророкот, примки му поставувате по сите негови патишта како да е дива птица.</s><s>Раздор владее во домот Божји.</s> <s>9Длабоко потонаа во расипаност како во деновите на Гивеа.</s><s>Ќе си спомне Тој за нивната лошотија и ќе ги казни нивните гревови.</s> <s>10Како грозје во пустина го најдов Израел, како првите плодови на смоквата ги видов вашите татковци, а тие отидоа кај Баал Пеор и им се посветија на срамни нешта, станаа исто толку одвратни како и она што го засакаа.</s> <s>11Како птица ќе одлета славата на Ефраим.</s><s>Нема да има ни раѓање, ни бременост, ни зачнување.</s> <s>12Дури и ако одгледаат деца, Јас ќе ги напуштам.</s><s>О, тешко ним кога Јас ќе им свртам грб.</s> <s>13Ефраим е како Тир, на убаво место посаден, но Ефраим децата свои на клање ќе ги води.</s> <s>14Дај им ГОСПОДИ што ќе им дадеш, дај им утроба јалова, дојки пресушени.</s> <s>15Заради сета нивна лошотија во Гилгал Јас ги замразив.</s><s>Заради грешноста на нивните постапки од Мојот дом ќе ги избркам.</s><s>Нема повеќе да ги сакам нивните водачи - сите до еден бунтовници.</s> <s>16Пепелница го погоди коренот на Ефраим, се исуши, плод веќе не дава.</s><s>Дури и да родат децат, Јас ќе ги погубам нивните мили потомци.</s> <s>17Ќе ги отфрли нив мојот Бог, зашто тие не Му беа послушни, па ќе станат скитници меѓу народите.</s> <s>Глава 10</s> <s>1Лоза нашироко разлозена беше Израел.</s><s>Богат род роди.</s><s>И колку повеќе плод му се раѓаше, тој повеќе жртвеници градеше.</s><s>Колку повеќе неговата земја напредуваше, тој повеќе ги засакуваше светите камења.</s> <s>2Измамничко е срцето нивно и сега вината мора да си ја сносат.</s><s>Ќе им ги разруши Тој жртвениците, ќе им ги урне светите камења.</s> <s>3Тогаш ќе речат: „Немаме цар зашто не Го почитувавме ГОСПОД.</s><s>А цар и да имавме, што може тој да направи за нас?“</s> <s>4Даваа ветувања, лажно се колнеа, договори склучуваа, а судските спорови се множеа како отровен плевел по ораница.</s> <s>5За телето на Бет Авен се плашеше народот на Самарија.</s><s>Ете сега луѓето и идолските свештеници, кои ѝ се радуваа на неговата велелепност, тагуваат по него, зашто одземено им е и однесено е во прогонство.</s> <s>6Во Асирија ќе биде однесено како данок за големиот цар.</s><s>Немилост врз Ефраим ќе падне, а Израел ќе се засрами од неговите советници.</s> <s>7Ќе отпловат Самарија и нејзиниот цар како сламка на водената површина.</s> <s>8Уништени ќе бидат возвишенијата на злото, гревот на Израел.</s><s>Трн и чички ќе растат по нивните жртвеници.</s><s>Тогаш ќе им кажат на планините - прекријте нѐ, и на ридовите - паднете врз нас.</s> <s>9Уште од деновите на Гивеа грешеше Израеле, а таму и си остана.</s><s>Не ги порази ли војна злосторниците од Гивеа?</s> <s>10Кога ќе Ми се посака тогаш ќе ги казнам.</s><s>Ќе бидат собрани против нив народите, за да ги оковаат во ланци за нивните двојни гревови.</s> <s>11А Ефраим е јуница добро обучена, која сака да врши, затоа ќе ѝ ставам јарем на нејзиниот гол врат.</s><s>Ќе го впрегнам Ефраим, Јуда ќе мора да ора, Јаков ќе мора да брани за него.</s> <s>12Посејте според правдата, ожнејте ги плодовите на верната љубов.</s><s>Разорајте ја неразораната земја, зашто време е да се бара ГОСПОД, сѐ додека Тој не дојде и не излее врз вас правда како дожд.</s> <s>13Посеавте лошотија, зло ожнеавте.</s><s>Го јадеше плодот на измамата, затоа што се потпираше на сопствената сила, на твоите многубројни војници.</s> <s>14Ќе се дигне боен вик против твојот народ и сите твои тврдини ќе бидат разурнати, како што Шалман го уништи Бет Арвел во денот на битката, мајка со деца собори на земја.</s> <s>15Еве ова ќе ве снајде Бет Ел, заради вашата голема лошотија.</s><s>В зори, сосема ќе биде уништен царот на Израел.</s> <s>Глава 11</s> <s>Божјата љубов за Израел.</s> <s>1’Кога Израел беше дете го сакав и од Египет го повикав Мојот Син.</s> <s>2Но колку повеќе ги повикував, толку повеќе тие од Мене бегаа.</s><s>На Баали им принесуваа жртви, на леани богови им палеа темјан.</s> <s>3Ете Јас го научив Ефраим да оди, за раце го држев, но тие не сфатија дека Јас ги излекував.</s> <s>4Ги водев со врските на љубовта како со оглавник за луѓе.</s><s>За нив бев како Оној Кој од вратот им го симнува јаремот.</s><s>Се приврзав кон нив и ги хранев.</s> <s>5Нема ли пак во земјата Египетска да се вратат и нема ли Асирија да владее со нив, затоа што одбија да се покаат?</s> <s>6Меч ќе блесне во нивните градови, ќе ги уништи лостовите на нивните портите и ќе им стави крај на нивните намери.</s> <s>7Мојот народ решил да Ми врти грб.</s><s>Дури и ако повикаат кон Севишниот, нема да им возврати.</s> <s>8Како да се откажам од тебе Ефраиме?</s><s>Како да те предадам на друг Израеле?</s><s>Како да се однесувам кон вас како кон Адма?</s><s>Можам ли да ве направам како Севоим?</s><s>Се промени во Мене Моето срце.</s><s>Сето Мое сочувство се разбуди.</s> <s>9Нема да ја спроведам мојата огнена лутина, нема да го опустошам Ефраим, зашто Јас сум Бог, а не човек, Светиот среде тебе, и нема да ти дојдам со гнев.</s> <s>10ГОСПОД тие ќе Го следат, а Тој како лав ќе рика.</s><s>Кога Тој ќе рикне, ќе дојдат треперејќи децата од запад.</s> <s>11Ќе дојдат треперејќи како птица од Египет, како гулабица од земјата Асирска, па ќе ги населам по нивните домови.“ - вели ГОСПОД.</s> <s>Гревот на Израел.</s> <s>12Ефраим со лага ме опколи, со измама домот Израелев, а Јуда е сѐ уште своеглава против Бог, против верниот Светец.</s> <s>Глава 12</s> <s>1Ефраим со ветер се храни.</s><s>Трча по источниот ветер по цел ден, лага и насилство умножува.</s><s>Спогодба со Асирија склучи, а на Египет му испрати масло.</s> <s>2Ете ГОСПОД има обвинение против Јуда, ќе го казни Јаков, според неговите патишта, според неговите дела ќе му плати.</s> <s>3Во утробата братот за пета го фати, во својата мажественост со Бог се бореше.</s> <s>4Се бореше со ангелот и го победи.</s><s>Плачеше и за милост го молеше.</s><s>Го најде во Бет Ел и таму зборуваше со него.</s> <s>5Ете ГОСПОД, Бог Семоќен, Јахве е Неговото славно име.</s> <s>6А ти врати се кај својот Бог!</s><s>Запазувај ги љубовта и правдата и секогаш надевај се на својот Бог!</s> <s>7Трговецот в рака држи нечесни мерки, сака да поткраднува.</s> <s>8Многу се фали Ефраим: „Богат сум, си најдов богатство.</s><s>И покрај сите мои богатства, нема да се најде кај мене неправичност или грев.“</s> <s>9Ете Јас, ГОСПОД, вашиот Бог Кој од земјата Египетска ве избави, пак ќе ве направам да живеете во шатори како во празничните денови.</s> <s>10Им зборував на пророците и многу виденија им дадов, преку пророците параболи ви кажував.</s> <s>11Зол е Гилеад.</s><s>Тие се сосема безвредни.</s><s>Во Гилгал волови жртвуваат, а жртвениците им се како купишта камења по изорано поле.</s> <s>12Јаков побегна во земјата Арамска, и служеше Израел за жена, за жена чуваше овци.</s> <s>13ГОСПОД преку пророк го избави Израел од Египет и преку пророк се грижеше за него.</s> <s>14Но Ефраим горко Го предизвикуваше на гнев, и крвнината негова нема да се прости.</s><s>Заради презирот негов ГОСПОД ќе му плати.</s> <s>Глава 13</s> <s>Божјиот гнев против Израел.</s> <s>1Кога Ефраим зборуваше луѓето трепереа.</s><s>Прочуен беше тој во Израел, но згреши славејќи го Баал и погина.</s> <s>2А сега уште повеќе грешат, си прават идол од сребро според својот ум, леани богови.</s><s>Сите тие се дела на занаетчија.</s><s>За нив се зборува дека луѓе жртвуваат и телето го бакнуваат.</s> <s>3Затоа ќе бидат како утринска магла, како роса рано што исчезнува, како плева што се одвејува од гумното, како чад што излегува од прозорец.</s> <s>4Но Јас сум ГОСПОД, вашиот Бог, Кој ве изведе од земјата Египетска, и нема да познавате друг бог освен Мене, ќе немате друг Спасител освен Мене.</s> <s>5Јас се грижев за вас во пустината, во земјата на врели горештини.</s> <s>6Кога ги нахранив се заситија.</s><s>Кога се заситија се возгордеа нивното срце, затоа Ме заборавија.</s> <s>7Затоа ќе им дојдам како лав, како леопард крај патот ќе ги демнам.</s> <s>8Ќе ги нападнам како мечка на која ѝ ги грабнале младенчињата.</s><s>Ќе ги распорам сѐ до срцето.</s><s>Ќе ги проголтам како лав.</s><s>Дивите животни на парчиња ќе ги дерат.</s> <s>9Ќе те уништам Израеле, зашто си против Мене, твојот Помошник.</s> <s>10Каде е твојот цар да те спаси?</s><s>Каде се управителите на сите твои градови?</s><s>Каде се сите оние за кои велеше: „Дај ни цар и кнезови!“?</s> <s>11Ти дадов цар во лутина и ти го зедов во гнев.</s> <s>12Добро се чува вината на Ефраим, запишан е неговиот грев.</s> <s>13Болки на родилка му дојдоа, а тој е дете неразумно.</s><s>Кога времето му дојде, не ја отвори утробата.</s> <s>14Од власта на гробот ќе ги откупам, од смртта ќе ги избавам.</s><s>Каде е сега смртниот помор?</s><s>Каде е гробу твојата уништувачка сила?</s><s>Сочувството ќе биде сокриено од моите очи,</s> <s>15иако тој меѓу своите браќа напредува, ќе дувне од пустината источен ветер, ветер од ГОСПОД, ќе секне неговиот извор, бунарот ќе пресуши.</s><s>Ќе ги ограби од амбарите сите негови богатства.</s> <s>16Народот на Самарија мора да сноси вина, затоа што се побунија против својот Бог.</s><s>Од меч ќе паднат, малите меѓу нив ќе бидат смачкани на земја, бремените жени ќе бидат распорени.</s> <s>Глава 14</s> <s>Покајание кое носи благослов.</s> <s>1Врати се Израеле кај ГОСПОД, твојот Бог!</s><s>Ете ти падна заради твојот грев.</s> <s>2Најди зборови и врати се кај ГОСПОД!</s><s>Кажи Му: „Прости ни ги сега сите наши гревови и прифати ги благонаклоно плодовите од нашите усни.</s> <s>3Асирија не може да нѐ спаси, а ние на боен коњ нема повторно да се искачиме и никогаш повеќе нема да им кажеме на делата на сопствените раце: ’богови наши', зашто во Тебе сиракот наоѓа милост.“</s> <s>4’Ќе ја излекувам нивната своеглавост и ќе ги сакам во слобода, зашто се сврте Мојот гнев од нив.</s> <s>5Ќе бидам роса за Израел и тој ќе цвета како лилјан, ќе ги пушти корените длабоко како (кедрите од) Либан.</s> <s>6Ќе растат фиданките негови и величественоста негова ќе биде како маслиново дрво, а мирисот како (кедрите од) Либан.</s> <s>7Ќе живеат повторно луѓето во сенка, ќе класаат како жито, ќе расте бујно како лоза од Либан славата негова.</s> <s>8Ефраиме, што уште барате од идолите?</s><s>Јас ќе ви дадам одговор, ќе се грижам за вас.</s><s>Јас сум како зелено борово дрво.</s><s>Твојата плодност од Мене доаѓа.</s> <s>9Кој е мудар ќе сфати, кој е паметен ќе разбере.</s><s>Ете праведни се патиштата ГОСПОДОВИ и праведните одат по нив, а бунтовните потклекнуваат на нив.</s> <s>Забелешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7662
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%88%D0%BE%D0%B5%D0%BB%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Јоел (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1 1Збор од ГОСПОД што дојде до Јоел, син на Петуел.</s> <s>Рој од скакулци</s> <s>2Чујте го ова старци, слушнете сите вие жители на земјата!</s><s>Се случило ли ова во вашите денови, или пак во деновите на вашите предци?</s> <s>3За ова на децата ваши да кажувате!</s><s>И децата ваши на нивните деца, и децата нивни на следното поколение!</s> <s>4Тоа што остана од ројот скакулци го изеде големиот скакулец, тоа што остана од големиот скакулец го изеде младиот скакулец, тоа пак што остана од младиот скакулец го изеде скачката.</s> <s>5Разбудете се пијаници и плачете, лелекајте сите вие што пиете вино, зашто младото вино ви беше грабнато од пред уста.</s> <s>6Ете народ навлезе во земјата моја, моќен и безброен.</s><s>Забите му се како заби на лав, вилици од лавица има.</s> <s>7Лозјето ми го опустоши.</s><s>Смоквата ми ја искрши, ја соголи, ја излупи и ја фрли.</s><s>Бели останаа гранките нејзини.</s> <s>8Плачи како девица облечена во вреќиште, за мажот на својата младост!</s> <s>9Секна житниот принос и приносот во пијалок од домот ГОСПОДОВ.</s><s>Тагуваат свештениците, служителите ГОСПОДОВИ.</s> <s>10Запусте полето, се исуши земјата.</s><s>Ете уништено е житото, пресуши младото вино, потфрли приносот на маслото.</s> <s>11Тагувајте земјоделци, лелекајте лозари за пченицата и јачменот, зашто уништена е жетвата по полето!</s> <s>12Се исуши лозата, смоквата овена.</s><s>Калинката, палмата и јаболкницата - сите дрвја во полето се исушија.</s><s>Сосема исчезна радоста од синовите човечки.</s> <s>Повик за покајание</s> <s>13Облечете вреќишта и тагувајте свештеници, плачете вие служители пред жртвеникот!</s><s>Дојдете, ноќевајте во вреќишта служители на мојот Бог, зашто секна житниот принос и приносот во пијалок од домот на вашиот Бог!</s> <s>14Прогласете свет пост, свикајте свечено собрание, повикајте ги старците, сите жители на земјата во домот на ГОСПОД, вашиот Бог, и извикнете кон ГОСПОД!</s> <s>15Тешко мене за тој ден!</s><s>Близу е денот ГОСПОДОВ, и како уништување од Семоќниот ќе дојде.</s> <s>16Не секна ли пред наши очи храната?</s><s>Не исчезнаа ли радоста и среќата од домот на нашиот Бог?</s> <s>17Се смежурија семките под грутките земја.</s><s>Во урнатини се амбарите.</s><s>Житниците се разурнати, зашто житото се исуши.</s> <s>18Ах, како стенка добитокот.</s><s>Талкаат наоколу стадата стока, зашто за нив пасиште нема.</s><s>Дури и стадата овци страдаат.</s> <s>19Кон Тебе ГОСПОДИ повикувам, зашто оган ги проголта пасиштата во полето, и пламен ги изгоре сите дрвја по полето.</s> <s>20Дури и дивите животни стенкаат кон Тебе, затоа што пресушија потоците и оган ги проголта пасиштата во полето.</s> <s>Глава 2</s> <s>Војска од скакулци</s> <s>1Затрубете во Сион!</s><s>Дигнете тревога на Мојот свет рид!</s><s>Нека треперат сите жители на земјата, зашто иде денот ГОСПОДОВ, ете го на дофат!</s> <s>2Ден на мрак и темнина, ден на облаци и црнила.</s><s>Како зора се распостила по планините војска голема и моќна, каква што не била никогаш уште од старо време и нема никогаш повеќе да биде - поколенија и поколенија.</s> <s>3Пред неа оган голта, зад неа пламен пали.</s><s>Како Еденската градина е земјата пред неа - зад неа гола пустина.</s><s>Ништо од нив спас не наоѓа.</s> <s>4На изглед како коњи, јурат како коњица.</s> <s>5Со тропот како од бојни коли преку планинските врвови прескокнуваат, со бучава како од пламен кој проголтува стрниште - војска моќна построена за бој.</s> <s>6Пред нив мака ги фаќа народите, пребледнува секое лице.</s> <s>7Напаѓаат како борци.</s><s>Како војници ги искачуваат ѕидините.</s><s>Секој во својата редица гази, не скршнувајќи од правецот.</s> <s>8Не се туркаат еден со друг - секој право по својот пат гази.</s><s>Продираат низ одбраната, не нарушувајќи ги своите редови.</s> <s>9Нагрнуваат на градот, трчаат по ѕидините, се качуваат по куќите, преку прозорците влегуваат како крадци.</s> <s>10Пред нив земјата се тресе, небесата треперат, сонцето и месечината потемнуваат, ѕвездите губат сјај.</s> <s>11ГОСПОД грми на чело на војската Негова.</s><s>Огромна е силата Негова.</s><s>Моќен е оној кој се потчинува на Неговата наредба.</s><s>Голем е денот ГОСПОДОВ и многу страшен.</s><s>Кој ќе може да го издржи?!</s> <s>Раскинете го своето срце</s> <s>12<Па дури и сега“ - вели ГОСПОД - „вратете се кај Мене, со сето свое срце, со пост, со плач и со жалење.“</s> <s>13Раскинете ги вашите срца, а не вашите наметки и вратете се кај ГОСПОД, вашиот Бог, зашто Тој е милостив и сочувствителен, спор на гнев, преполн со љубов, Тој попушта и не испраќа несреќа.</s> <s>14Кој знае, може ќе се премисли и ќе се сожали, ќе остави зад себе благослов - житни приноси и приноси во пијалок за ГОСПОД, вашиот Бог.</s> <s>15Затрубете во Сион!</s><s>Прогласете свет пост!</s><s>Свикајте свечен собор!</s> <s>16Соберете го народот, посветете го соборот, приберете ги старците, соберете ги децата, дури и оние што од гради цицаат!</s><s>Нека ја напушти младоженецот собата негова и невестата нејзината одаја!</s> <s>17Од храмскиот трем, па сѐ до жртвеникот нека лелекаат свештениците, служителите ГОСПОДОВИ, и нека кажат: „Поштеди го ГОСПОДИ народот Твој!</s><s>Не прави од Своето наследство ругло, да покажуваат со прст на него!</s><s>Зошто да се зборува меѓу народите: >Каде е нивниот Бог?'“</s> <s>ГОСПОД одговара</s> <s>18Тогаш ќе стане љубоморен ГОСПОД за земјата Своја и ќе се сожали над Својот народ,</s> <s>19па ќе одговори ГОСПОД и ќе му рече на Својот народ: „Гледајте, Јас ви праќам жито, младо вино и масло.</s><s>Ќе се наситите од нив и никогаш повеќе нема да направам да бидете за потсмев меѓу народите.</s> <s>20А оној од север ќе го одведам далеку од вас и ќе го турнам во земја сува и неплодна, предницата негова во источното, а опашката во западното море.</s><s>Реа ќе се крева од него, ќе се издига смрдеата негова.“, зашто Тој навистина изврши големи нешта.</s> <s>21Не плаши се земјо!</s><s>Смири се и зарадувај се!</s><s>Ете, ГОСПОД направи големи нешта.</s> <s>22Не плашете се вие диви животни, зашто зазеленуваат пасиштата по полето, дрвото плод дава, смоквата и лозата раѓаат во изобилие!</s> <s>23Весели се народе Сионски, зарадувај се во ГОСПОД, твојот Бог, зашто Тој ви даде есенски дожд во праведност!</s><s>Ви пушта врнежи од есенски и пролетен дожд, исто како и порано.</s> <s>24И ќе се наполнат гумната со жито, ќе се прелеат каците од младо вино и масло.</s> <s>25Ќе ви ги надоместам годините што ги изедоа големиот скакулец, младиот скакулец, скачката и ројот од скакулци, Мојата голема војска што ја испратив меѓу вас.</s> <s>26Ќе јадете, ќе јадете и ќе се наситите, па ќе Го славите името на ГОСПОД, вашиот Бог, Кој чуда направи за вас.</s><s>Мојот народ веќе никогаш нема да биде посрамен.</s> <s>27Тогаш ќе знаете дека Јас сум среде Израел, дека Јас, ГОСПОД, сум вашиот Бог, и други нема.</s><s>Мојот народ веќе никогаш нема да биде посрамен.</s> <s>Денот ГОСПОДОВ</s> <s>28А после сето ова, ќе го излеам Мојот Дух врз сите луѓе, и ќе пророкуваат синовите и ќерките ваши, старците ваши ќе сонуваат соништа, а младите ќе гледаат виденија.</s> <s>29Дури и врз слугите и слугинките во тие денови ќе го излеам Мојот Дух.</s> <s>30Ќе покажам чуда во небесата и на земјата, крв и оган и столбови од дим.</s> <s>31Сонцето ќе се помрачи, а месечината ќе окрвави, пред да дојде денот ГОСПОДОВ, голем и страшен.</s> <s>32И секој кој го повикува името ГОСПОДОВО ќе биде спасен, зашто ќе има избавени на планината Сион и во Ерусалим, токму онака како што ГОСПОД рече, меѓу преживеаните, оние кои ГОСПОД ги повикува.</s> <s>Глава 3</s> <s>Суд за народите</s> <s>1<Ете гледајте, во тие денови, во тоа време, кога Јас ќе го обновам богатството на Јуда и Ерусалим,</s> <s>2ќе ги соберам сите народи, ќе ги симнам во Јехошафатовата долина и ќе почнам да им судам таму заради Мојот народ, Моето наследство - Израел, зашто ги распрснаа меѓу народите и земјата Моја ја разделија.</s> <s>3За Мојот народ жрепка фрлија, момче за блудница даваа, и девојче продаваа за вино, за да можат да пијат.</s> <s>4И сега што имате против Мене вие Тире и Сидоне и сите вие области на Пилистија?</s><s>Дали ми враќате за нешто?!</s><s>Ако ми враќате - брзо, многу брзо ќе ги вратам делата ваши на ваша глава!</s> <s>5Златото Мое и среброто Мое го зедовте.</s><s>Моите прекрасни богатства ги однесовте во вашите храмови,</s> <s>6а жителите на Јуда и жителите на Ерусалим ги продававте на Јаванските народи, за да ги испратите далеку од нивната татковина.</s> <s>7Гледајте, ќе ги кренам од местото каде што ги продадовте и ќе ги вратам делата ваши на ваша глава.</s> <s>8Ќе ги продавам синовите и ќерките ваши на синовите Јудини, а тие ќе ги продаваат на Савејците, народ далечен.“ - Ете така вели ГОСПОД.</s> <s>9Разгласете го ова меѓу народите!</s><s>Пригответе се за војна!</s><s>Кренете ги војниците!</s><s>Нека ги збијат редовите и нека нападнат сите борци!</s> <s>10Прековајте ги плуговите свои во мечеви и срповите свои во копја!</s><s>Слабиот нека каже: „Силен сум!“</s> <s>11Дојдете на помош!</s><s>Дојдете народи од сите страни и соберете се таму!</s><s>Доведи ги ГОСПОДИ војниците Твои!</s> <s>12Нека се дигнат народите и нека тргнат напред во долината Јехошафатова, зашто таму Јас ќе седам за да им судам на сите народи од сите страни.</s> <s>13Замавнете со српот, зашто жетвата е зрела!</s><s>Дојдете, газете, зашто полна е гмечалката, се прелеваат каците, ете толку е големо нивното зло.</s> <s>14Мноштво, мноштво во долината на одлуката.</s><s>Близу е денот ГОСПОДОВ во долината на одлуката.</s> <s>15Сонцето и месечината ќе бидат помрачени, ѕвездите ќе изгубат сјај.</s> <s>16Тогаш ГОСПОД од Сион ќе рикне, од Ерусалим ќе грмне.</s><s>Ќе затреперат небесата и земјата.</s><s>Но ГОСПОД ќе биде прибежиште за Својот народ, тврдина за синовите на Израел.</s> <s>Благослови за Божјиот народ</s> <s>17<Тогаш ќе знаете дека Јас, ГОСПОД, вашиот Бог, пребивам на Сион, Мојата света планина.</s><s>И ќе биде Ерусалим светилиште, па туѓинци никогаш повторно нема да навлезат во него.</s> <s>18На тој ден ќе прокапе од планините младо вино, по ридовите ќе потече млеко, низ сите порои во Јуда ќе јурнат води.</s><s>Извор ќе бликне во домот ГОСПОДОВ и ќе ја наводнува Шиттимската долина.</s> <s>19Египет, пак, ќе се претвори во пустина, а Едом ќе стане гола пустелија, заради насилството над синовите Јудини, затоа што пролеаја невина крв во нивната земја.</s> <s>20А Јуда за секогаш ќе биде населена и Ерусалим во сите поколенија.</s> <s>21И ќе им ја простам крвнината која досега не им ја простував.“ Ете, ГОСПОД пребива во Сион.</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7663
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Овадија (вики-превод)
<s>1Видение на Овадија: „Вака вели Господ Јахве за Едом; порака слушнавме од ГОСПОД, ете гласник беше пратен кон народите: >Станете!</s><s>Да тргнеме против него во бој!</s><s>2Гледај, мал ќе те направам меѓу народите - презрен сосема.</s><s>3Гордоста на срцето твое те измами, ти кој живееш во процепите на карпите и чиј дом е на високо, ти кој си велиш: >Кој може да ме симне на земја?' 4Иако се креваш високо како орел и гнездо виеш меѓу ѕвездите - и оттаму ќе те симнам!“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>5<Ако крадци ти дојдат, разбојници ноќни - о, несреќа ќе те снајде - нема ли да крадат додека можат?!</s><s>Ако гроздоберачи ти дојдат, ќе остават ли нешто за доберување?!</s><s>6Ах, како Есав ќе биде претресен.</s><s>Ограбени ќе бидат неговите сокриени богатства.</s><s>7До границата ќе те притераат сите твои сојузници!</s><s>Ќе те издадат, ќе те надвијат твоите пријатели!</s><s>Оние што лебот твој го јадат ќе ти постават стапица и нема да ја забележиш!</s><s>8Нема ли на тој ден,“ - вели ГОСПОД - „Јас да ги уништам мудреците од Едом и разборитоста од планината на Есав?</s><s>9Преплашени ќе бидат борците твои Темане, па сите во планината на Есав ќе бидат истребени во колеж!</s><s>10Заради насилството против твојот брат Јаков, срам ќе те прекрие и ќе бидеш уништен засекогаш.</s><s>11На денот кога стоеше рамнодушно, на денот кога туѓинци го однесоа богатството негово, влегоа низ портите негови и за Ерусалим фрлија жрепка - и ти беше како еден од нив.</s><s>12Не гледај од високо на братот свој во денот на неговата несреќа!</s><s>Не радувај се над народот Јудин во денот на уништувањето негово!</s><s>Нека не се фали многу устата твоја во денот тегобен!</s><s>13Не влегувај низ портата на Мојот народ во денот на неговата несреќа!</s><s>Не гледај од високо на несреќата негова во денот на неговото уништување!</s><s>Не разграбувај ги богатствата негови во денот на неговото уништување!</s><s>14Не чекај на крстопат за да ги истребуваш бегалците негови!</s><s>Не предавај ги на друг преживеаните во денот тегобен!</s><s>15Ете, близу е денот ГОСПОДОВ за сите народи.</s><s>Што си правел, тоа тебе ќе ти биде правено!</s><s>Делата твои на твоја глава ќе се вратат!</s><s>16Оти, исто како што вие пиевте на Мојот свет рид - ќе пијат сите народи непрестано.</s><s>Ќе пијат, ќе голтаат и ќе станат како никогаш да не постоеле.</s><s>17Но на планината Сион ќе има избавени и ќе биде света, па домот на Јаков ќе ги завладее своите наследства.</s><s>18И ќе биде домот на Јаков оган и домот на Јосиф пламен, а домот на Есав стрниште што ќе го запалат, ќе го проголтаат и нема да има преживеани од домот Есавов.“ Ете ГОСПОД го кажа Своето.</s><s>19Жителите на Негев ќе ја освојат планината Есавова, а подножјето - Пилистејците.</s><s>Ќе ги освојат полињата Ефремови и Самариски, а Бенјамин ќе го освои Гилеад.</s><s>20Оние пак, кои од Израел беа протерани во Канаан, ќе ја поседуваат земјата сѐ до Сарефат, а протераните од Ерусалим, кои се во Сефард ќе ги поседуваат градовите на Негев.</s><s>21Ќе се искачат избавители на планината Сион, за да управуваат со планината Есавова, и ова царството ќе биде ГОСПОДОВО.</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7664
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%85%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Миха (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1 1Збор од ГОСПОД упатен за Миха од Морешет, во деновите на Јотам, Ахаз и Хезекија, цареви на Јуда, она што тој го виде за Самарија и Ерусалим.2Чујте сите вие племиња, слушни земјо и сите во неа!</s><s>Господ Јахве може против тебе да сведочи, Господ од Својот свет храм.</s> <s>Пресуда против Самарија и Ерусалим.</s> <s>3Ете гледај, ГОСПОД доаѓа од Своето пребивалиште, слегува и гази по висовите на земјата.</s><s>4Се топат планините под Него, а долините се раздвојуваат како восок пред оган, како води што јурат по падина.</s><s>5Заради престапот на Јаков е сево ова и заради гревовите на домот Израелев!</s><s>Кој е престапот на Јаков?</s><s>Не е ли тоа Самарија?</s><s>И кои се висовите на Јуда?</s><s>Не е ли тоа Ерусалим?</s><s>6Затоа ќе направам од Самарија купишта шут во полето, место за сеење лозје.</s><s>Ќе ги истурам во долината камењата нејзини.</s><s>Темелите ќе ѝ ги соголам.</s><s>7На парчиња ќе бидат здробени сите идоли нејзини!</s><s>Со оган ќе бидат изгорени сите храмски дарови!</s><s>Сите кипови нејзини ќе ги уништам!</s><s>Затоа што од плата на блудница се насобрани, затоа како плата за блудница пак ќе бидат употребени.</s><s>8Заради ова јас ќе плачам и лелекам, ќе одам наоколу бос и гол, ќе завивам како шакалите и ќе стенкам како ќерките уткини.</s><s>9Неизличиви се раните нејзини.</s><s>Ете дојде до Јуда, допре до вратата на мојот народ, до Ерусалим.</s><s>10Во Гат да не кажувате, во Ахо да не плачете, во Бет Офра да се валкате во прав!</s><s>11Минувајте жители на Шафир во голотија и срам!</s><s>Нема да излезат жителите на Заанан.</s><s>Во плак е Бет Есел.</s><s>Ја одзеде Тој од тебе заштитата Негова.</s><s>12Во болка се превива чекајќи избавување оној кој живее во Марот, оти дојде несреќа од ГОСПОД дури до вратата на Ерусалим.</s><s>13Впрегни ја колата жителу на Лахиш, почеток на гревот беше за ќерката Сионова, оти во тебе беа најдени престапите на Израел.</s><s>14Затоа ќе му дадеш разделбени дарови на Морешет Гат, градовите на Ахзив ќе испаднат препредени за царевите на Израел.</s><s>15Сепак освојувач ќе доведам против тебе, ти кој живееше во Мареша.</s><s>Сѐ до Адуллам ќе допре славата на Израел.</s><s>16Избричете ги и истрижете главите заради вашите мили деца!</s><s>Станете ќелави како мршојадци, оти ќе заминат од вас во прогонство!</s> <s>Глава 2</s> <s>Човековите и Божјите планови.</s> <s>1Тешко на оние кои смислуваат неправда, кои поготвуваат зло во постелите свои.</s><s>Штом осамне тие и го спроведуваат, затоа што имаат таква моќ.</s><s>2Посакуваат ниви и ги приграбуваат, посакуваат куќи и ги одземаат.</s><s>Изнудуваат и го одзимаат од човека домот негов и од пријателот наследството негово.</s><s>3Затоа вака вели ГОСПОД: „Гледајте, подготвувам против овие луѓе тешка несреќа, од која нема да си ги спасат вратовите и нема да одат гордо, оти време за несреќа иде.“ 4Во тој ден ќе ве иссмеваат, песна за подбив ќе ви испеат: „Уништени сме, уништени!</s><s>Разделени се имотите на мојот народ!</s><s>Ете од мене зема, на предавникот ги дава нивите наши!“ 5Заради тоа ќе нема од тебе кој да дели земја со жрепка во собранието ГОСПОДОВО.</s> <s>Лажни пророци.</s> <s>6<Не проповедајте!“, велат тие.</s><s>„Не дозволувајте им да проповедаат за овие нешта!</s><s>Нема да дојде немилост врз нас!“ 7Треба ли да велиш доме Јаковов: „Лут ли е Духот ГОСПОДОВ?“, или „Ова се делата Негови!“ Не му прават ли добро зборовите Мои на оној кој праведно чекори?</s><s>8Во последно време народот Мој како непријател се крева; наметка и богата облека соблекувате од безгрижните минувачи, од луѓе кои се враќаат од битка.</s><s>9Жените од Мојот народ ги бркате од нивните пријатни домови, од децата нивни го одземате благословот Мој засекогаш.</s><s>10Станете!</s><s>Одете си одовде, оти не е ова место одмаралиште за вас!</s><s>Осквернето е, разрушено и болно преку секоја мерка!</s><s>11Ако дојде човек ветрогон и лажго, и ве измамува велејќи: „Јас ќе ти пророкувам за виното и за пивото.“, тој ќе стане пророк што му одговара на овој народ!</s> <s>Ветено е избавување.</s> <s>12Ќе те приберам Јакове, сите ќе ве приберам.</s><s>Ќе го соберам заедно остатокот на Израел.</s><s>Ќе ги доведам како овци во трло, како стадо на пасиште.</s><s>Ќе биде врвулица од луѓе.</s><s>13Ќе се искачи пред нив Оној Кој разбива, ќе ја разбијат портата и ќе поминат, ќе излезат преку Него.</s><s>Ќе помине Царот Нивни пред нив, а ГОСПОД ќе им биде на чело.</s> <s>Глава 3</s> <s>Укорени се водачите и пророците.</s> <s>1Тогаш реков: „Слушнете сега водачи на Јаков и управници на домот Израелев: >Не ли сте вие тие што треба да ја знаат правдата?</s><s>2А вие доброто го мразите, а злото го сакате!</s><s>Кожата на луѓето им ја дерете и месото од коските им го глодате!</s><s>3Јадете месо од Мојот народ и кожата му ја дерете, коските на парчиња му ги кршите, како за во тава, како месо за во грне!'“ 4Ќе викнат тогаш кон ГОСПОД, но Тој нема да им одговори.</s><s>Ќе го сокрие лицето Свое тогаш од нив, затоа што правеа злосторства.</s><s>5Вака вели ГОСПОД за пророците, за оние кои го водат Мојот народ во заблуда: „На оние кои им ги полнат забите им проповедаат мир, но ако некој не донесе нешто за устата нивни, подготвуваат против него војна.</s><s>6Затоа ноќ за вас, без видение!</s><s>Темнина за вас без претскажување!</s><s>Ќе зајде сонцето за овие пророци и ќе се зацрни денот за нив.</s><s>7Посрамени ќе бидат гледачите, понижени претскажувачите.</s><s>Секој од нив ќе си го покрие лицето, оти Бог нема да им даде одговор!“ 8Но јас, јас сум исполнет со сила, со Духот ГОСПОДОВ, со правда и моќ да му го објавам на Јаков престапот негов, на Израел гревот негов.</s><s>9Слушнете го сега ова водачи на домот Јаковов и управници на домот Израелев, вие кои ја презирате правдата и извртувате сѐ што е право, 10вие кои го градите Сион со крвопролевање и Ерусалим со зло.</s><s>11Водачите негови за поткуп судат, свештениците негови имаат цена за која подучуваат, а пророците за пари претскажуваат, сепак на ГОСПОД се потпираат и велат: „Зарем не е ГОСПОД меѓу нас?</s><s>Нема да нѐ снајде несреќа!“ 12Затоа, заради вас, Сион ќе стане поле преорано, Ерусалим ќе стане купишта шут, ридот каде што е храмот - насип обраснат со грмушки.</s> <s>Глава 4</s> <s>Планината ГОСПОДОВА.</s> <s>1Во последните денови планината на храмот ГОСПОДОВ ќе биде поставена за главна меѓу планините и ќе биде издигната над ридовите, па река од луѓе ќе потече кон неа.</s><s>2Ќе доаѓаат многу народи и ќе велат: „Дојдете да одиме на планината ГОСПОДОВА, кај домот на Јакововиот Бог!</s><s>Тој ќе нѐ научи за патиштата Негови, за да врвиме по патеките Негови.“ Од Сион ќе излезе закон и збор ГОСПОДОВ од Ерусалим.</s><s>3Тој ќе суди среде многу народи, ќе измирува спорови меѓу силни и далечни народи.</s><s>И ќе ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои во српови.</s><s>Нема повеќе народ против народ да крева меч, ниту да се вежбаат за војна.</s><s>4Секој човек ќе седи под својата лоза и под својата смоква и ќе нема кој да ги заплашува, затоа што ГОСПОД Семоќен така рече.</s><s>5Ете, сите народи можат да одат, секој во името на своите богови, но ние, ние ќе одиме во името на ГОСПОД, нашиот Бог, за вечни времиња.</s> <s>Планот ГОСПОДОВ.</s> <s>6<Во тој ден“ - вели ГОСПОД - „ќе ја приберам сакатата, прогонетата ќе ја соберам и онаа на која ѝ донесов страдање.</s><s>7Ќе направам од сакатите остаток, од прогонетите силен народ, и ќе владее ГОСПОД над нив на планината Сион, од сега па до вечност.</s><s>8А, ти стражарска куло на стадото, тврдино на ќерката Сионова, ти ќе бидеш обновена.</s><s>Повторно ќе дојде во тебе на власт царството на ќерката Ерусалимска.“ 9Зошто сега плачеш на сет глас?</s><s>Цар ли веќе немаш?</s><s>Советникот твој исчезна ли, та болка те обземала како жена која раѓа?</s><s>10Превивај се во болка ќерко Сионова, како жена која раѓа, оти сега мораш да го напуштиш градот и да живееш во полето!</s><s>Ќе одиш во Вавилон, таму ќе бидеш избавена, таму ГОСПОД ќе те откупи од раката на твоите непријатели.</s><s>11Но сега собрани се против тебе многу народи.</s><s>Велат: „Нека биде осквернета, и нека се наситат очите наши над Сион!“ 12Тие не ги знаат мислите ГОСПОДОВИ и не ја разбираат намерата Негова.</s><s>Ете, Тој ги собра како снопје на гумно.</s><s>13<Стани и врши ќерко Сионова, оти рог железен Јас ќе ти дадам и копита бронзени!</s><s>Ќе сотреш многу народи.“ И ќе Му го посветиш на ГОСПОД нивниот нечесно здобиен плен, нивното богатство на Оној Кој е Господар над целата земја.</s> <s>Глава 5</s> <s>Ветување за Владетел од Витлеем.</s> <s>1Распореди ги сега војските граду утврден!</s><s>Опсада е поставена против нас.</s><s>Со стап ќе удрат по образот на владетелот Израелев.</s><s>2Но ти Витлееме Ефратов, мал си меѓу родовите Јудини, од тебе ќе излезе за Мене Оној Кој ќе владее над Израел, чие потекло е од древните времиња, од деновите на вечноста.</s><s>3Затоа ќе ги напушти, сѐ до времето кога родилката ќе роди, и остатокот од браќата негови ќе се вратат кај народот на Израел.</s><s>4Ќе застане, и ќе ги пасе во силата ГОСПОДОВА, во величественоста на името на ГОСПОД, неговиот Бог.</s><s>Ќе живеат безбедно, оти големината Негова ќе досега до краиштата на земјата.</s> <s>Избавување и уништување.</s> <s>5Тој ќе биде нивниот мир.</s><s>Кога Асирија ќе навлезе во нашата земја, кога ќе продре во тврдините наши, ќе издигнеме против неа седум пастири, седум водачи на народот.</s><s>6И ќе ја завладеат земјата Асирска со меч, земјата Нимродова со нивните исукани сабји.</s><s>Тој ќе нѐ избави од Асирците кога ќе навлезат во нашата земја и кога ќе ги прегазат границите наши.</s><s>7И ќе биде остатокот на Јаков среде бројни народи како роса која доаѓа од ГОСПОД, како тивки дождови по тревата, кои не чекаат на човек, ниту зависат од синовите човечки.</s><s>8Ќе биде остатокот на Јаков меѓу народите, среде многу племиња, како лав меѓу шумски ѕверки, како лавче меѓу стада овци, кое, како што оди - удира и распара и никој од него не може да ги спаси.</s><s>9Ќе се издигне раката Твоја над Твоите непријатели и сите Твои противници ќе бидат уништени.</s><s>10<Во тој ден“ - вели ГОСПОД - „Јас ќе ги сотрам коњите твои среде тебе и ќе ги уништам колите твои.</s><s>11Ќе ги уништам градовите во земјата твоја, ќе ги срушам сите твои тврдини.</s><s>12Ќе ги уништам магиите од раката твоја и нема да има веќе меѓу тебе кој да прави магии.</s><s>13Ќе ги уништам длабените кипови и светите камења кои се среде тебе, и нема повеќе да клечиш пред делата на сопствените раце.</s><s>14Ќе ги искоренам Ашерините столбови кои се среде тебе и ќе ги разурнам градовите твои.</s><s>15Ќе им се одмаздам во гнев и лутина на народите кои не се покорија.“</s> <s>Глава 6</s> <s>ГОСПОД суди против Израел.</s> <s>1Слушајте сега што вели ГОСПОД: „Стани, покрени судска постапка пред планините!</s><s>Нека го слушнат ридовите твојот глас!“ 2Слушнете го планини обвинението ГОСПОДОВО!</s><s>Слушнете вие вечни темели на земјата, оти на суд излезе ГОСПОД против Својот народ!</s><s>Против Израел тужба поднесе.</s><s>3<Народе Мој, што сум ти направил, какво бреме сум ти наложил - одговори Ми!?</s><s>4Ете, те изведов од земјата Египетска, од домот на робовите те избавив, и ги испратив пред тебе Мојсеј, Аарон и Мирјам.</s><s>5Народе мој, сети се сега што беше наумил Балак, царот на Моав, и што му одговори Балаам, синот Беоров!</s><s>Сети се (како патуваше) од Шиттим до Гилгал, за да ги препознаеш праведните дела ГОСПОДОВИ.“ 6Со што да дојдам пред ГОСПОД и да се поклонам до земја пред Севишниот Бог?</s><s>Ќе дојдам ли пред Него со жртви паленици, со телци едногодишни?</s><s>7Ќе биде ли задоволен ГОСПОД од илјадници овни, од десетици илјади потоци масло?</s><s>Треба ли да го жртвувам ли првородениот мој за мојата вина, плодот на моето тело заради гревот на мојата душа?</s><s>8Ти покажа човеку Тој што е добро, и што ГОСПОД бара од тебе.</s><s>Ете, да постапуваш праведно, да ја сакаш милоста и кротко да врвиш со својот Бог.</s> <s>Вината на Израел и неговата казна.</s> <s>9Гласот ГОСПОДОВ кон градот повикува - мудро е да се има страв од името Твое - „Чувајте се од стапот и од Оној Кој покажува со него.</s><s>10Има ли уште кај тебе, доме зол, богатство со зло здобиено, „ref> Ефа, волуменска мерка за суви материи, жито и сл, околу 22 литри, кај нас порано постоела слична мерка што се нарекувала полник, со приближно ист волумен.</ref>ефа смалена, проклета.</s><s>11Ќе го оправдам ли оној кој се служи со нечесни мерки, со вреќа лажни тегови?!</s><s>12Богаташите негови полни се со насилство, жителите негови лажат, јазикот нивни измами кажува.</s><s>13Затоа почнав да те уништувам, да те рушам поради твоите гревови.</s><s>14Ќе јадеш, ама нема да се наситиш и мевот твој празен ќе биде!</s><s>Ќе ставаш на страна, ама нема да го сочуваш, оти што ти ќе прибереш, Јас на меч ќе предадам!</s><s>15Ќе сееш, ама нема да жнееш!</s><s>Ќе гмечиш маслини, ама маслото нема да го користиш!</s><s>Ќе цедиш грозје, ама вино нема да пиеш!</s><s>16Ги следеше законите на „ref> Омри ...</s><s>Ахав (1 Цар 16:25,30) направиле повеќе зло од сите цареви пред нив.</ref>Омри и сѐ што правеше домот Ахавов!</s><s>Ги држеше обичаите нивни!</s><s>Затоа ќе те предадам на уништување, на потсмев ќе ги предадам твоите жители, +презир ќе трпите од народите!</s> <s>Глава 7</s> <s>Бедата на Израел.</s> <s>1Тешко мене!</s><s>Останав како оној што летни плодови доберува, поберки од лозјето!</s><s>Нема гроздови да јадње, за рана смоква чезнеам.</s><s>2Исчезна побожниот од земјата и нема повеќе ниту еден праведен меѓу луѓето.</s><s>Сите за крвишта демнат, братот свој во мрежа го ловат.</s><s>3Обете раце им се вешти во зло.</s><s>Во заговор се владетелот кој си бара, судијата кој прима поткуп и моќникот кој своја волја наложува.</s><s>4Најдобриот од нив е како трн, најправедниот е полош од бодлива ограда.</s><s>Дојде денот на оние кои кон Тебе гледаат, денот на Твојата посета.</s><s>Сега за нив доаѓа збрка.</s><s>5Не верувај му на соседот, немај доверба во пријател!</s><s>Пред жената што во прегратка ти лежи внимавај што зборуваш!</s><s>6Зашто син татко не почитува, ќерка против мајка станува, снаа против свекрвата своја!</s><s>Непријатели на човека му се неговите домашни!</s><s>7Но јас кон ГОСПОД гледам со надеж, чекам на Бог, мојот Спасител.</s><s>Знам, ќе ме слушне мојот Бог.</s> <s>Израел ќе се подигне.</s> <s>8Не сити се над мене непријателке моја!</s><s>Иако паднав, пак ќе се кренам!</s><s>Иако седам во мрак, ГОСПОД е мојата светлина!</s><s>9Гневот ГОСПОДОВ ќе го истрпам, затоа што грешев против Него, сѐ додека мојот случај Тој не го разреши и не ме прогласи за прав.</s><s>А Тој ќе ме изведе на светло и ќе ја видам јас праведноста Негова.</s><s>10Тогаш ќе види непријателката моја и ќе се покрие со срам.</s><s>Онаа која ми велеше: „Каде е ГОСПОД, твојот Бог?“, ќе биде згазена како калта по улиците и очите мои тоа ќе го видат.</s><s>11Ќе дојде ден за обновување на ѕидините твои, за проширување на границите твои.</s><s>12Тогаш ќе доаѓаат кај тебе од Асирија и од градовите египетски, од Египет, па сѐ до Еуфрат, од море до море, од планина до планина.</s><s>13Земјата ќе се претвори пустина заради жителите нејзини, како последица на нивното однесување.</s> <s>Молитва и хвалоспев.</s> <s>14Паси го народот свој со својот жезол, стадото на твоето наследство, кое живее препуштено само на себе в шума среде Кармел.</s><s>Нека пасат во Башан и Гилеад како во некогашните денови.</s><s>15Ќе ти покажам чудесни нешта, како во деновите кога излезе од Египет.</s><s>16Ќе видат народите и ќе се засрамат од сета нивна сила.</s><s>Ќе стават рака на устите, а ушите ќе им оглувеат.</s><s>17Ќе лижат прашина како змии, како оние што ползат по земја.</s><s>Ќе дојдат треперејќи од нивните дувла.</s><s>Кон ГОСПОД, нашиот Бог ќе се свртат во страв и ќе се плашат од тебе.</s><s>18Има ли друг Бог како Тебе, Кој проштева грев и им го заборава престапот на остатокот од Своето наследство!?</s><s>Нема Тој да се гневи довека, затоа што ужива да биде милостив.</s><s>19Пак Тој ќе се смилува над нас.</s><s>Ќе ги згази нашите гревови, ќе ги фрли во длабочините морски сите наши неправедности.</s><s>20Ќе покажеш верност кон Јаков и милост кон Авраам, како што им се заколна на татковците наши во одамнешните денови.</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7665
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BA%D1%83%D0%BA%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Хавакук (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1 1Пророштвото што го прими пророкот Хавакук.</s> <s>Поплака на Хавакук.</s> <s>2До кога, о ГОСПОДИ, морам да молам за помош, а Ти не слушаш, да викам кон Тебе: „Насилство!“, а Ти не спасуваш?</s><s>3Зошто ме тераш да гледам неправда и зло трпиш?</s><s>Пред мене уништување и насилство, раздор и кавга насекаде.</s><s>4Затоа законот е немоќен и правдата никогаш не победува.</s><s>Ете злиот го надвива праведниот и така правдата се изопачува.</s> <s>Одговорот на Господ.</s> <s>5<Погледни кон народите и внимателно загледај се!</s><s>Зачуди се!</s><s>Стаписај се!</s><s>Ќе направам нешто во деновите твои, за кое, некој да ти кажуваше, не би му поверувал!</s><s>6Ете гледај, ги кревам Халдејците, народ жесток и нескротлив, кој се шири преку целата земја за да заграби живеалишта што не се негови.</s><s>7Тој е страшен и ужасен.</s><s>Самиот на себе си е закон.</s><s>Својата слава ја воздигнува.</s><s>8Побрзи од леопарди се коњите негови, пожестоки од волци на приквечерина.</s><s>Гази напред коњицата негова.</s><s>Коњаниците негови од далеку доаѓаат, летаат како мршојадци, се втурнуваат за лакомо да голтаат.</s><s>9Сите тие за насилство идат.</s><s>Нивните орди напредуваат како пустински ветер и собираат заробеници како песок.</s><s>10Цареви иссмеваат и со владетели се подбиваат.</s><s>Се потсмеваат на секој утврден град.</s><s>Градат земјен насип и го освојуваат.</s><s>11Тогаш прелетуваат како ветер и продолжуваат понатаму.</s><s>Престапници!</s><s>Луѓе кои ја почитуваат само сопствената силата!“</s> <s>Втората поплака на Хавакук.</s> <s>12О, ГОСПОДИ, та нели си Ти од вечноста?</s><s>Боже мој, Светецу мој, ние нема да умреме.</s><s>О, ГОСПОДИ, Ти нив си ги одредил за да ја извршат пресудата.</s><s>О, Карпо, ти нив си ги одбрал за да ја спроведат казната.</s><s>13Премногу чисти се очите Твои за да гледаат зло, да трпиш неправда Ти не можеш.</s><s>Тогаш, зошто ги трпиш подмолните?</s><s>Зошто молчиш, додека злите ги проголтуваат поправедните од себе?</s><s>14Си ги создал луѓето како рибите во морето, како суштества со кои никој не управува.</s><s>15Сите нив тој со јадица ги извлекува, во мрежата своја ги фаќа, со вршата своја ги црпи и заради тоа се радува и се весели.</s><s>16Затоа ѝ принесува жртви на својата мрежа, на вршата своја темјан ѝ пали, затоа што од нив живее во раскош и ужива во пробрана храна.</s><s>17Ќе продолжи ли тој да ја празни својата мрежа, уништувајќи народи без милост?</s> <s>Глава 2 1Ќе застанам на стража, ќе се поставам на ѕидините.</s><s>Ќе чекам да видам што ќе ми каже Тој и каков одговор ќе добијам на мојата поплака.</s> <s>Одговорот на Господ.</s> <s>2Тогаш ГОСПОД ми одговори и рече: „Запиши го ова откровение и забележи го јасно на плочи, така што гласник да може да ги понесе.</s><s>3Зашто ова откровение е за определеното време.</s><s>Тоа зборува за свршетокот и нема да излаже.</s><s>Дури и ако се забави, чекај на него, оти ќе дојде, навистина ќе дојде и нема да се одложи.</s><s>4Гледај, тој се возгордеа, неговите желби не се праведни, но праведниот ќе живее преку својата вера.</s><s>5И ете виното го издава - човек вообразен и никогаш спокоен.</s><s>Тој како гроб е алчен, како смртта - никогаш не се наситува.</s><s>Ги приграбува кон себе сите народи, ги запленува сите племиња.</s><s>6Нема ли сите тие нему да му се потсмеваат, со подбив и презир да му велат: >Тешко на оној, кој натрупува туѓо!</s><s>До кога?</s><s>Тешко на оној кој се збогатува уценувајќи!' 7Нема ли одеднаш твоите должници да се кренат, да станат и да те натераат да трепериш?!</s><s>Тогаш, ти ќе станеш нивна жртва!</s><s>8Заради тоа што ти ограби многу народи, заради крвта човечка, и уништувањето на земји, градови и сите жители во нив, племињата што останаа ќе те ограбат тебе!</s><s>9Тешко на оној кој печали нечесна заработка за своето царство, кој гнездо вие на високо, за да ги избегне канџите на уништувањето!</s><s>10Му нанесе срам на својот дом, уништувајќи многу племиња.</s><s>Така си наштети самиот на себе.</s><s>11Ете, каменот од ѕидот ќе извикне и гредата кровна ќе му возврати.</s><s>12Тешко на оној кој подига град со крвопролевање и поставува тврдина со злосторство!</s><s>13Зарем не е од ГОСПОД Семоќен човечката работа да биде само храна за огнот, народите да се истоштуваат напразно?</s><s>14Зашто ќе се исполни земјата со знаење за славата ГОСПОДОВА, како што водите ги прекриваат морињата.</s><s>15Тешко на оној кој му дава да пие на својот ближен, налевајќи му опојно вино, сѐ додека не го опие, за да може да го гледа неговото голо тело!</s><s>16Со срам ќе бидеш исполнет, наместо со слава!</s><s>Сега ти пиј и изложи ја голотијата своја!</s><s>Врз тебе ќе падне чашата од десницата ГОСПОДОВА!</s><s>Срам ќе ја покрие славата твоја!</s><s>17Ете, насилството направено против Либан ќе те преплави и уништувањето на животните ќе те преплаши, заради пролеаната човечка крв и уништувањето на земјата, градот и на сите негови жители!</s><s>18Каква полза од резбан лик кој од човечка рака е длабен, или од леан кип што подучува на лаги?</s><s>Зарем оној кој ги создал верува во сопствената творба, иако идолите што ги прави се неми?</s><s>19Тешко на оној, кој на дрвото вели >оживеј!', на беживотен камен - >разбуди се!'.</s><s>Може ли тој да го води?</s><s>Ете, тој е прекриен со злато и сребро, но здив во него нема.</s><s>20Но ГОСПОД е во својот свет храм.</s><s>Молчи пред Него, цела земјо!“</s> <s>Глава 3</s> <s>Молитва на Хавакук.</s> <s>1Молитва на пророкот Авакум.</s><s>На шигјонот.</s><s>2ГОСПОДИ, слушнав за славата Твоја.</s><s>Стојам во стравопочит пред делата Твои.</s><s>Обнови ги во годините наши, во нашето време покажи ги, во гневот спомни си за милоста.</s><s>3Бог од Теман дојде, Светиот од планината Паран.</s><s>Села.</s><s>Славата Негова ги прекри небесата, величественоста Негова ја исполни земјата.</s><s>4Сјајот Му е како изгрев, зраци бликаат од раката Негова.</s><s>Таму се крие силата Негова.</s><s>5Пред Него чума одеше, помор ги следеше стапките Негови.</s><s>6Застана и ја затресе земјата.</s><s>Погледна и ги натера народите да треперат.</s><s>Древните планини се срушија, старите ридови се урнаа, а патишта Негови се вечни.</s><s>7Во јад ги видов шаторите на Кушан, во мака живеалиштата на земјата Мидјанска.</s><s>8На реките ли се налути, о, ГОСПОДИ?</s><s>Против потоците ли беше Твојот гнев?</s><s>Против морето ли се разјари, та ги јавна Своите коњи, колите Твои победоносни?</s><s>9Го извади Својот лак, кон проклетите исфрли стрели.</s><s>Села.</s><s>Ја раздели земјата со реки.</s><s>10Те видоа планините и се поклонија, потоците се разлеаја, бездната испушти рика, на високо ги крена брановите свои.</s><s>11Сонцето и месечината застанаа мирно на небото пред сјајот на Твоите стрели во лет, пред блесокот на Твоето светло копје.</s><s>12Во гнев ја прегази земјата, во лутина ги согази народите.</s><s>13Излезе за избавување на Твојот народ, за избавување на Твојот Помазаник.</s><s>Го уништи водачот на земјата на злото, го соголи од глава до пети.</s><s>Села.</s><s>14Со стрелите негови му ја пронижа главата.</s><s>Војниците негови јурнаа да ме сотрат, радувајќи се дека ќе го проголтаат бедниот што се крие.</s><s>15Го согази морето со Твоите коњи, разматувајќи ги големите води.</s><s>16Слушнав и затрепери срцето мое на тој звук, се затресоа усните мои.</s><s>Морници ми поминаа низ телото и нозете ми се растреперија.</s><s>Сепак, ќе чекам стрпливо денот на големата несреќа да дојде врз народот што нѐ напаѓа.</s><s>17Дури и смоквата да не пушти пупки и да нема грозје по лозите, дури и бербата на маслината да потфрли и полињата да не дадат храна, дури и да снема овци во трлата и стока во оборите, 18јас, сепак, ќе се зарадувам во ГОСПОД и ќе се веселам во Бог, мојот Спасител.</s><s>19Јахве, ГОСПОД е мојата сила, ги прави стапалата мои како стапала на елен.</s><s>Тој кон висините ме води.</s><s>За диригентот: на моите жичани инструменти.</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7666
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D1%84%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Сефанија (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Предупредување за уништувањето што следи</s> <s>1Збор од ГОСПОД упатен до Сефанија, син на Куши, син на Гедалија, син на Амарија, син на Хезекија, во деновите на Јосија, син на Амон, цар Јудејски.</s><s>2<Ќе збришам, ќе збришам сѐ од лицето на земјата!“, вели ГОСПОД.</s><s>3<Ќе ги збришам луѓето и животните; ќе ги збришам птиците од небото и рибите од морето, купишта шут ќе им останат на злите кога ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата“, вели ГОСПОД.</s> <s>Против Јуда</s> <s>4<Ќе ја испружам раката Моја против Јуда и против сите што живеат во Ерусалим и ќе ги искоренам од ова место остатоците од Баал, имињата на паганските и идолсите свештеници.</s><s>5На оние што клечат по покривите пред небесното воинство, што клечат и се колнат во ГОСПОД, но се колнат и во Малкам.</s><s>6Оние што му вртат грб на ГОСПОД и кои ниту Го бараат, ниту се распрашуваат за ГОСПОД.</s><s>7Молчете пред ГОСПОД Седржителот, оти близу е денот ГОСПОДОВ!</s><s>ГОСПОД проготви жртва, ги освети оние што ги покани.</s><s>8На денот на жртвата ГОСПОДОВА, ќе ги казнам кнезовите, царските синови и сите оние кои носат туѓински облеки.</s><s>9Во тој ден ќе ги казнам и оние кои одбегнуваат да стапнат на прагот, оние кои го исполнуваат храмот на своите богови со насилство и измама.</s><s>10Во тој ден,“ - вели ГОСПОД - „плач ќе се крева од Рибјата порта, лелек од Новата населба и силен лом од ридовите.</s><s>11Лелекајте жители на пазариштето, оти сите трговци ќе бидат збришани, ќе бидат уништени сите што тргуваат со сребро.</s><s>12Во тоа време, ќе го пребарам Ерусалим со ламби и ќе ги казнам оние кои се самозадоволни, кои се како вински талог, оние што мислат во своите срца: >ГОСПОД нема да направи ниту добро, ниту лошо.' 13И ќе бидат оставени нивните богатства за грабеж и куќите нивни за рушење.</s><s>Ќе градат куќи, но нема да живеат во нив.</s><s>Ќе садат лозја, но нема да пијат од нивното вино.</s> <s>Големиот ден ГОСПОДОВ</s> <s>14Близу е големиот ден ГОСПОДОВ.</s><s>Близу е и брзо надоаѓа.</s><s>Плачот на денот ГОСПОДОВ ќе биде горчлив.</s><s>Викаат војниците.</s><s>15Ден на гнев е тој ден, ден на несреќа и силна болка, ден на неволја и уништување, ден на темнина и мрак, ден на облаци и црнила.</s><s>16Ден на трубен и боен вик, против утврдените градови, и против аголните кули.</s><s>17Ќе донесе несреќа врз луѓето и ќе одат како слепи, зашто против ГОСПОД грешеа.</s><s>Ќе бидат излеани крвта нивна како прашина, и цревата нивни како нечистотија.</s><s>18Ниту среброто нивно, ниту златото нивно нема да може да ги спаси, на денот на гневот ГОСПОДОВ.</s><s>Во огнот на неговата љубомора целиот свет ќе биде обземен; оти Тој ненадејно ќе им стави крај на сите жители на земјата.“</s> <s>Глава 2 1Собери се, собери се, народе бесрамен, 2пред да дојде определеното време, а денот се одвејува како плева, пред огената лутина ГОСПОДОВА да падне врз вас, додека не дошол за вас денот на гневот ГОСПОДОВ!</s><s>3Барајте го ГОСПОД сите кротки на земјата, кои заповедите Негови ги извршувате!</s><s>Барајте праведност, барајте скромност!</s><s>Можеби ќе бидете заштитени на денот на гневот ГОСПОДОВ.</s> <s>Против Пилистија</s> <s>4Ете, Газа ќе биде напуштена и Ашкелон во урнатини, Ашдод среде пладне ќе биде испразнет и Екрон ќе биде искоренет.</s><s>5Тешко на оние што живеат во крајморската земја, Керетитјани, зборот ГОСПОДОВ е против вас.</s><s>Канаан, земјо на Пилистијците, ете ќе те уништам, ниту еден од тебе нема да остане.</s><s>6И ќе стане крајморската земја, живеалиштето на Керот, пасишта и трла за овци.</s><s>7Ќе стане земја што ќе му припаѓа на остатокот на домот Јудин.</s><s>Во неа ќе наоѓаат пасишта, во домовите на Ашкелон навечер ќе легнуваат.</s><s>Ќе се грижи за нив ГОСПОД, нивниот Бог и ќе го обнови нивното богатство.</s> <s>Против Моав и Амон</s> <s>8<Ги чув навредите на „ref> Моав и Амон видете 1 Мој 19:36-38, Ам 1:13.</ref>Моав и подсмевањата на синовите Амонови*, кои го навредуваа Мојот народ, и ѝ се закануваа на нивната земја.</s><s>9Затоа, жив сум Јас,“ - вели ГОСПОД Семоќен, Бог на Израел, - „ќе стане Моав како „ref> Содом и Гомора 1 Мој 19.</ref>Содом, а синовите Амонови како Гомора*; место на плевел, солена јама и пустош засекогаш!</s><s>Остатокот од Моите луѓе ќе ги ограбат и преживеаните од Мојот народ ќе ги наследат.</s><s>10Ова им е казна заради гордоста нивна, оти тие го навредуваа и му се потсмеваа на народот на ГОСПОД Семоќен.</s><s>11Страотен ќе биде ГОСПОД за нив, кога ќе ги уништи сите богови на земјата.</s><s>Тогаш ќе Му се поклонуваат народите од сите брегови, секој во својата земја.</s> <s>Против Куш</s> <s>12И вие Кушити, ќе бидете заклани од Мојот меч!</s><s>13Ќе ја протегне раката Своја против север и ќе ја уништи Асирија, ќе ја остави Нинева напуштена и сува како пустина.</s><s>14Среде неа ќе лежат стада, глутници од разни животни.</s><s>Пустинскиот був и вресливата утка ќе дремат на нејзините столбови.</s><s>Нивното укање ќе одѕвонува низ прозорците.</s><s>Шут ќе го прекрие прагот, а кедровите греди ќе се соголат.</s><s>15Ете го градот безгрижен, кој живееше во сигурност, оној што си велеше: >Јас сум и нема друг освен мене!'.</s><s>Каква урнатина тој стана!</s><s>Легло за дивите ѕверови!</s><s>Секој што поминува покрај него, се подбива и замавнува со песницата.“</s> <s>Глава 3</s> <s>Иднината на Ерусалим</s> <s>1<Тешко на градот бунтовен и развратен, град угнетувачки!</s><s>2Не се покорува на никого, не прифаќа исправања.</s><s>Во ГОСПОД не верува, кон Својот Бог не се приближува.</s><s>3Луѓето што се на власт во него - лавови разрикани.</s><s>Управителите негови - волци во ноќта, ништо не оставаат до утрото.</s><s>4Пророците негови - луѓе дигноглави и подмолни.</s><s>Свештениците негови ги сквернават светите нешта, го кршат законот.</s><s>5Праведен е ГОСПОД среде него, не чини неправда, од утро до утро правдата своја ја дели.</s><s>Во новиот ден не изневерува.</s><s>Сепак, неправедниот не знае за срам.</s><s>6Ги уништив народите, раурнати се тврдините нивни, им ги опустошив улиците, па никој не поминува по нив; разорени се градовите нивни, никој, никој не остана!</s><s>7Јас реков: >Ќе се плашиш ти од Мене, сигурно!</s><s>Ќе прифатиш исправање!</s><s>Тогаш нема да бидат разурнати твоите живеалишта, сите оние кои Јас ќе ги казнам.' Но тие ревносно ги спроведуваа своите расипани дела.</s><s>8Затоа, чекајте на Мене,“ - вели ГОСПОД - „на денот кога ќе се кренам за плен.</s><s>Ете, решив да ги соберам народите, да ги приберам царствата, за да ја излеам врз нив лутината Своја, сета жестина на Мојот гнев.</s><s>Целиот свет ќе биде проголтан од огнот на Мојата љубоморна лутина.</s><s>9Тогаш ќе ги променам устите на луѓето, за да бидат чисти, за сите тие да го повикуваат името ГОСПОДОВО и да му служат рамо до рамо.</s><s>10Од зад реките на Куш, поклоници Мои, потомци на Мојот распрснат народ ќе ми принесуваат жртви.</s><s>11На тој ден, нема да бидеш изложен на срам, заради сите грешни дела твои, заради тоа што Ми грешеше, оти тогаш ќе ги отстранам од тебе оние кои се радуваат во гордоста своја и никогаш повеќе нема да бидеш горд на Мојот свет рид.</s><s>12Ќе ги оставам во тебе луѓето кротки и скромни, кои веруваат во името ГОСПОДОВО.</s><s>13Остатокот од Израел нема да чини зло и нема да изговара лаги.</s><s>Нема да се најде во устата нивна јазик измамнички.</s><s>Ќе јадат, ќе одмараат и никој нема да ги заплашува.</s><s>14Пеј ќерко Сионова!</s><s>Викни силно Изреле!</s><s>Радувај се и весели се, со сето свое срце ќерко Ерусалимова!</s><s>15ГОСПОД ја симна од тебе казната твоја, го сврте назад непријателот твој.</s><s>ГОСПОД, царот на Израел е среде тебе.</s><s>Никогаш повеќе нема да се плашиш од зло.</s><s>16На тој ден, ќе му биде кажано на Ерусалим: >Не плаши се Сионе, нека не клапнуваат рацете твои!</s><s>17ГОСПОД, твојот Бог е среде тебе!</s><s>Моќен е Тој и спасува.</s><s>Ќе ужива во тебе со радост.</s><s>Ќе те утеши со љубов.</s><s>Ќе се зарадува над тебе со песна.' 18Оние што тагуваат заради празниците, ќе ги отстранам од тебе.</s><s>Тие се терет и срам за тебе.</s><s>19Гледај, во тоа време ќе се справам со сите твои угнетувачи, ќе ги избавам сакатите, ќе ги приберам распрснатите.</s><s>Ќе им дадам слава и чест во сите земји каде што беа посрамени.</s><s>20Во тоа време, ќе ве приберам.</s><s>Во тоа време ќе ве вратам дома.</s><s>Ете, ќе ви дадам чест и слава меѓу сите народи на земјата.</s><s>Тогаш ќе ги обновам вашите богатства пред ваши очи“, вели ГОСПОД.</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7667
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%98%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Хагај (вики-превод)
<s></s> <s>Глава 1</s> <s>Повик да се обнови Божјиот дом.</s> <s>1Во втората година на царот Дарие, во шестиот месец, на првиот ден од месецот, дојде збор од ГОСПОД преку пророкот Хаггај за Зерувавел, синот на Шеалтиел, управителот на Јуда и за Јошуа, синот на првосвештеникот Јехосадак: 2Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Кажи им на овие луѓе: >Тие велат: не е уште дојдено времето домот ГОСПОДОВ да се гради.'“ 3Тогаш дојде збор од ГОСПОД преку пророкот Хаггај: 4<Време ли е за вие да живеете во домови (со дрво) обложени, додека овој дом лежи разурнат?“ 5И сега вака вели ГОСПОД Семоќен: „Внимателно замислете се над вашите патишта!</s><s>6Посеавте за многу, но ожнеавте малку.</s><s>Јадете, но не ви достасува.</s><s>Пиете, но нема доволно за да се наситите.</s><s>Се облекувате, но немате доволно за да се стоплите.</s><s>Кој што печали, печали, но само за дупнато ќесе.“ 7Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Внимателно замислете се над вашите патишта!</s><s>8Качете се на планината, донесете граѓа и градете го домот, за да Ми биде пријатно во него и да може да Ми биде оддадно слава“, вели ГОСПОД.</s><s>9<Очекувавте многу, но ете, малку е кога го донесовте дома.</s><s>Јас го одвеав!“ - вели ГОСПОД Семоќен - „А зошто?</s><s>Заради домот Мој кој е разурнат, додека секој од вас е зафатен со својот сопствен дом.</s><s>10Затоа, заради вас, небесата не пуштија роса и земјата не ги даде плодовите свои.</s><s>11Јас повикав суша врз полето и врз планините, врз житото и врз младото вино, врз маслото и врз она што се раѓа од земјата, врз човекот, врз стоката и врз целиот труд од рацете човечки.“ 12Тогаш Зерувавел, синот на Шеалтиел, Јошуа, синот на првосвештеникот Јехосадак, и остатокот од народот се покорија и го слушнаа гласот на ГОСПОД, нивниот Бог, и зборовите на пророкот Хаггај, затоа што го испрати ГОСПОД, нивниот Бог.</s><s>И се уплаши народот пред ГОСПОД.</s><s>13Тогаш проговори Хаггај, гласникот ГОСПОДОВ, со порака од ГОСПОД до луѓето: „Јас сум со вас!“ - вели ГОСПОД.</s><s>14И така го покрена ГОСПОД духот на Зерувавел, синот на Шеалтиел, управителот на Јуда, духот на Јошуа, синот на првосвештеникот Јехосадак, и духот на преостанатиот народ.</s><s>Дојдоа, и почнаа да работат на домот на ГОСПОД Семоќен, нивниот Бог, 15на дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората година на царот Дарие.</s> <s>Глава 2</s> <s>Ветената слава на новиот дом.</s> <s>1На дваесет и првиот ден од седмиот месец, дојде збор од ГОСПОД, преку пророкот Хаггај: 2<Кажи им сега на Зерувавел, синот на Шеалтиел, управителот на Јуда, на Јошуа, синот на првосвештеникот Јехосадак, и на преостанатиот народ да се распрашаат: 3Кој од вас остана што го видел овој дом во неговата поранешна слава?</s><s>Како го гледате сега?</s><s>Не ли е тој ништожен во вашите очи?</s><s>4Но сега, биди силен Зерувавеле, вели ГОСПОД, биди силен Јошуа, сине на првосвештеникот Јехосадак, и бидете силни сите луѓе во земјата,“ - вели ГОСПОД - „и работете, оти Јас сум со вас!“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>5<Она што во завет го склучив со вас кога излеговте од Египет, и Духот Мој остануваат меѓу вас.</s><s>Не плашете се!“ 6Ете, вака вели ГОСПОД Семоќен: „По малку време, уште еднаш ќе ги протресам небесата и земјата, морето и копното.</s><s>7Ќе ги протресам сите народи и ќе дојде Посакуваниот од сите народи, па ќе го исполнам со слава овој дом“, вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>8<Мое е среброто и мое е златото!“, вели ГОСПОД Семоќен.</s><s>9<Голема ќе биде славата на овој дом, сегашната поголема од поранешната“, - вели ГОСПОД Семоќен, - „и во ова место ќе подарам мир!“ - вели ГОСПОД Семоќен.</s> <s>Благослов за осквернетиот народ.</s> <s>10На дваесет и четвртиот ден од деветтиот месец, во втората година на Дарие, дојде збор од ГОСПОД, за пророкот Хаггај: 11Вака вели ГОСПОД Семоќен: „Прашај ги сега свештениците што кажува законот: 12>Ако некој носи осветено месо во полата на својата наметка и со полата допре леб, варено месо, вино, масло, или каква било храна, станува ли и таа осветена?' Свештениците одговорија и рекоа: >Не!' 13Тогаш рече Хаггај: >Ако некој осквернет затоа што се допрел до мртво тело, се допре до било што од ова, станува ли и тоа осквернето?' И свештениците одговорија и рекоа: >Станува осквернето!' 14Тогаш одговори Хаггај и рече: >Такви се и овие луѓе, и овој народ, во очите Мои,' - вели ГОСПОД - >и такви се сите дела на рацете нивни.</s><s>И она што го принесувате тука е осквернето.</s><s>15А сега внимателно замислете се, од овој ден за понатаму!</s><s>Пред да се постави камен на камен во храмот ГОСПОДОВ, 16кога ќе се дојдеше до куп од дваесет - тој имаше десет, кога ќе се дојдеше до винска каца, за да се наточат педесет мери - имаше само дваесет.</s><s>17Удрив по вас со гламја, со пепелница и со град по сиот труд на вашите раце.</s><s>Сепак, вие не се вративте кај Мене!“ - вели ГОСПОД.</s><s>18А сега, внимателно замислете се, од овој ден за понатаму.</s><s>Од дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, до денот кога беше поставен темелот на храмот ГОСПОДОВ, внимателно замислете се!</s><s>19Остана ли семе во амбарите?</s><s>Сѐ досега лозата и смоквата, калинката и маслината, ништо не родија!</s><s>Од денес ќе ве благословам!</s> <s>Зерувавел, прстен печат на ГОСПОД.</s> <s>20И дојде збор од ГОСПОД, по втор пат до Хаггај, на дваесет и четвтриот ден од месецот: 21Кажи му на Зерувавел, управителот на Јуда: „Ќе ги протресам небесата и земјата, 22ќе ги превртам престолите царски и ќе ја здробам силата на царствата туѓински.</s><s>Ќе ги соборам колите и оние што ги возат.</s><s>Ќе паднат коњите и оние што ги јаваат, секој од мечот на својот брат.</s><s>23Во тој ден,“ - вели ГОСПОД Семоќен - „ќе те земам тебе, Зерувавеле, сине на Мојот слуга Шеалтиел,“ - вели ГОСПОД - „и ќе те направам прстен печат, оти тебе те одбрав.“, вели ГОСПОД Семоќен.</s> <s>Белешки</s> <s>Стар Завет (вики-превод)</s>
7668
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%91%D0%B8%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%B4%29
Библија (вики-превод)
<s>Христијанство Библија</s> <s>ar:الكتاب المقدس bs:Biblija cs:Bible cy:Beibl de:Bibel el:ءمكل أٌلِق es:Biblia fr:La Bible he:ביבליה hr:Biblija it:Sacra Bibbia la:Biblia Sacra ml:ബൈബിള്‍ pl:Biblia Gdaסska pt:Bםblia ro:Biblia ru:ֱטבכט sl:Sveto pismo sr:ׁגועמ ןטסלמ sv:Bibeln 1917 th:₪ְֱׁױֳלה÷א÷װֵ tr:İncil uk:ֱ³בכ³ (־ד³÷םךמ)</s>
7669
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD%20%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%29
Устав на Република Северна Македонија (Пречистен текст)
<s>Неофицијалниот пречистен текст на Уставот на Република Северна Македонија ги опфаќа: Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 52/1991), Амандманите I и II на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 1/1992), Амандманот III на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 31/1998), Амандманите IV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII и XVIII на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 91/2001), Амандманот XIX на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 84/2003), Амандманите XX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX и XXX на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 107/2005), Амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 3/2009), Исправката на Амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија,(„Службен весник на Република Македонија“ број 13/2009), Амандманот XXXII на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 49/2011), Амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 6/2019) и Објавата („Службен весник на Република Македонија“ број 36/2019), во кои е означено времето на нивното влегување во сила и примена.</s> <s>Устав на Република Северна Македонија</s> <s>Преамбула Граѓаните на Република Северна Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Северна Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Северна Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор, ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој</s> <s>УСТАВНА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА</s> <s>I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ</s> <s>Република Северна Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.</s><s>Суверенитетот на Република Северна Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.</s> <s>Во Република Северна Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.</s><s>Граѓаните на Република Северна Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.</s> <s>Територијата на Република Северна Македонија е неделива и неотуѓива.</s><s>Постојната граница на Република Северна Македонија е неповредлива.</s><s>Границата на Република Северна Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.</s><s>Република Северна Македонија нема територијални претензии кон соседните држави..</s><s>Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.</s> <s>Граѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија.</s><s>На државјанин на Република Северна Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту може да биде протеран од Република Северна Македонија.</s><s>Државјанин на Република Северна Македонија не може да биде предаден на друга држава, освен врз основа на ратификуван меѓународен договор, со одлука на суд.</s><s>Државјанството на Република Северна Македонија се уредува со закон.</s> <s>Државни симболи на Република Северна Македонија се: грб, знаме и химна.</s><s>Грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Главен град на Република Северна Македонија е Скопје.</s> <s>На целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.</s><s>Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.</s><s>Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.</s><s>Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо.</s><s>Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот.</s><s>Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.</s><s>Во органите на државната власт во Република Северна Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.</s><s>Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.</s><s>За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.</s> <s>Темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија се:- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;- слободното изразување на националната припадност; соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа;- владеењето на правото;- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;- правната заштита на сопственоста;- слободата на пазарот и претприемништвото;- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;- локалната самоуправа;- уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.</s><s>Во Република Северна Македонија слободно е сè што со Уставот и закон не е забрането.</s> <s>II.</s><s>ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ</s> <s>1. Граѓански и политички слободи и права</s> <s>Граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.</s><s>Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.</s> <s>Животот на човекот е неприкосновен.</s><s>Во Република Северна Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.</s> <s>Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.</s><s>Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување.</s><s>Се забранува присилна работа.</s> <s>Слободата на човекот е неприкосновена.</s><s>Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во случаи и во постапка утврдена со закон.</s><s>Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава.</s><s>Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.</s><s>Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за законитоста на лишувањето од слобода.</s><s>Притворот до подигнување на обвинението, по одлука на суд, може да трае најдолго 180 дена од денот на притворувањето.</s><s>По подигнување на обвинението, притворот го продолжува или го определува надлежниот суд во случај и во постапка утврдени со закон.</s><s>Притвореното лице може под услови утврдени со закон да биде пуштено да се брани од слобода.</s> <s>Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.</s><s>Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.</s><s>За прекршоци определени со закон, санкција може да изрече орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања.</s><s>Против конечна одлука за прекршок се гарантира судска заштита под услови и постапка уредени со закон.</s> <s>Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.</s><s>Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука.</s> <s>Се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.</s><s>Правото на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени во постапка во прв степен пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања се уредува со закон.</s> <s>Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.</s><s>Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.</s><s>Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.</s><s>Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.</s><s>Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.</s><s>Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.</s><s>Цензурата е забранета.</s> <s>Се гарантира слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација.</s><s>Само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон, може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата и другите облици на комуникација, ако тоа е неопходно заради спречување или откривање кривични дела, заради водење кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката.</s><s>Законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци.</s><s>На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.</s> <s>Се гарантира слободата на вероисповеста.</s><s>Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.</s><s>Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Северна Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон.</s><s>Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Северна Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.</s> <s>На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.</s><s>Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.</s><s>Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.</s><s>Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Северна Македонија.</s> <s>Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.</s><s>Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.</s> <s>Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.</s><s>Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.</s><s>Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност.</s> <s>Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.</s> <s>Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор.</s><s>Граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело.</s> <s>На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.</s> <s>Се гарантира неповредливоста на домот.</s><s>Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.</s> <s>Секој граѓанин на Република Северна Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште.</s><s>Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката.</s><s>Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.</s> <s>Одбраната на Република Северна Македонија е право и должност на секој граѓанин.</s><s>Остварувањето на ова право и должност на граѓаните се уредува со закон.</s> <s>Странците во Република Северна Македонија уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори.</s><s>Републиката им гарантира право на азил на странците и на лицата без државјанство, прогонети заради демократско политичко уверување и дејствување.</s><s>Екстрадиција на странец може да биде извршена само врз основа на ратификуван меѓународен договор и врз начелото на реципроцитет.</s><s>Странец не може да биде екстрадиран заради политичко кривично дело.</s><s>Дејствијата на тероризам не се сметаат за политички кривични дела.</s> <s>2. Економски, социјални и културни права</s> <s>Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување.</s><s>Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата.</s><s>Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.</s><s>Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност.</s> <s>Странско лице во Република Северна Македонија може да стекнува право на сопственост под услови утврдени со закон.</s> <s>Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност.</s><s>Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.</s><s>Секој вработен има право на соодветна заработувачка.</s><s>Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор.</s><s>Од овие права вработените не можат да се откажат.</s><s>Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.</s> <s>Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.</s> <s>Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.</s> <s>Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.</s><s>Републиката им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани.</s><s>Реубликата им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.</s> <s>Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција.</s><s>Посебните права се уредуваат со закон.</s> <s>Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните имаат право да основаат синдикати.</s><s>Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат во меѓународни синдикални организации.</s><s>Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата.</s> <s>Се гарантира правото на штрајк.</s><s>Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата.</s> <s>На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.</s><s>Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.</s> <s>Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.</s><s>Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон.</s><s>Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата.</s><s>Децата се должни да се грижат за старите и изнемоштени родители.</s><s>Републиката им обезбедува посебна заштита на децата без родители и децата без родителска грижа.</s> <s>Право на човекот е слободно да одлучува за создавање на деца.</s><s>Републиката, заради усогласен економски и социјален развој, води хумана популациона политика.</s> <s>Републиката посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица.</s><s>Лице помладо од 15 години живот не може да биде вработено.</s><s>Малолетните лица и мајките имаат право на посебна заштита при работа.</s><s>Малолетните лица не смеат да бидат вработувани на работни места што се штетни за нивното здравје и моралот.</s> <s>Секој човек има право на здрава животна средина.</s><s>Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.</s><s>Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.</s> <s>Секој има право на образование.</s><s>Образованието е достапно на секого под еднакви услови.</s><s>Основното образование е задолжително и бесплатно.</s> <s>Граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование.</s> <s>На универзитетот му се гарантира автономија.</s><s>Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.</s> <s>Се гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво.</s><s>Се гарантираат правата што произлегуваат од научното уметничкото или друг вид интелектуално творештво.</s><s>Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата.</s><s>Републиката го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој.</s><s>Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и спортот.</s> <s>Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница.</s><s>Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници.</s><s>Припадниците на заедниците имаат право да основаат културни, уметнички, образовни институции, како и научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет.</s><s>Припадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон.</s><s>Во училиштата во кои образованието се одвива на друг јазик се изучува и македонскиот јазик.</s> <s>Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ.</s><s>Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство.</s><s>Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и за дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите и ги негува и унапредува врските со татковината.</s><s>Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.</s> <s>3. Гаранции на основните слободи и права</s> <s>Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Северна Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.</s><s>Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.</s><s>Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита.</s> <s>Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.</s><s>Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.</s> <s>Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.</s><s>Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.</s><s>Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.</s><s>Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.</s> <s>Адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.</s> <s>Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.</s><s>Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.</s><s>Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.</s><s>Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.</s> <s>4. Основи на економските односи</s> <s>Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.</s><s>Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот.</s><s>Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.</s><s>Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.</s> <s>Сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита.</s><s>Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на Северна Македонија и на сите заедници во Северна Македонија, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим.</s><s>Со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење.</s> <s>Републиката го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој, како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја.</s> <s>Сопственоста на трудот се основа за управување и учество во одлучувањето.</s><s>Учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се уредува со закон и врз принципите на стручност и компетентност.</s> <s>На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката.</s><s>Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис.</s> <s>Народната банка на Република Северна Македонија е емисиона банка.</s><s>Народната банка е самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Републиката и кон странство.</s><s>Организацијата и работата на Народната банка се уредуваат со закон.</s> <s>III.</s><s>ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ</s> <s>1. Собрание на Република Македонија</s> <s>Собранието на Република Северна Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката.</s><s>Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот и со Деловникот.</s> <s>Собранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници.</s><s>Пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.</s><s>Пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување.</s><s>Пратеникот не може да биде отповикан.</s><s>Начинот и условите за избор на пратениците се уредуваат со закон што се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години.</s><s>Мандатот на пратениците го верифицира Собранието.</s><s>Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието.</s><s>Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.</s><s>Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.</s><s>Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.</s><s>Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.</s><s>Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.</s><s>Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии.</s><s>Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.</s> <s>Пратениците уживаат имунитет.</s><s>Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.</s><s>Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.</s><s>Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.</s><s>За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.</s><s>Пратеникот има право на надомест утврден со закон.</s> <s>Пратеникот може да поднесе оставка.</s><s>Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието.</s><s>На пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.</s><s>На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци.</s><s>Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Собранието е во постојано заседание.</s><s>Собранието работи на седници.</s><s>Седниците на Собранието ги свикува претседателот на Собранието.</s><s>Собранието донесува деловник со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Собранието од редот на пратениците избира претседател и еден или повеќе потпретседатели, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>Претседателот на Собранието го претставува Собранието, се грижи за примена на Деловникот на Собранието и врши други работи утврдени со Уставот и со Деловникот на Собранието.</s><s>Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.</s><s>Претседателот на Собранието распишува избори за пратеници и избор на претседател на Републиката.</s> <s>Собранието на Република Северна Македонија:- го донесува и изменува Уставот;- донесува закони и дава автентично толкување на законите;- ги утврдува јавните давачки;- донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот;- донесува просторен план на Републиката;- ратификува меѓународни договори;- одлучува за војна и мир;- донесува одлука за менување на границата на Републиката;- донесува одлука за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;- распишува референдум;- одлучува за резервите на Републиката;- основа совети;- избира Влада на Република Северна Македонија;- избира судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија;- врши избори, именувања и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон;- врши политичка контрола и надзор над Владата и над другите носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието;- дава амнестија и- врши други работи утврдени со Уставот.</s><s>Собранието за вршење на работите од својата надлежност донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.</s> <s>Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници.</s><s>Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.</s><s>За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.</s><s>Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за односи меѓу заедниците.</s> <s>Седниците на Собранието се јавни.</s><s>Собранието може да одлучи да работи без присуство на јавноста со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Право да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата на Република Северна Македонија и најмалку 10.000 избирачи.</s><s>Иницијатива за донесување на закон до овластените предлагачи може да даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија.</s> <s>Интерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција, Владата и секој нејзин член поединечно, како и за прашања од работата на државните органи.</s><s>Интерпелација можат да поднесат најмалку пет пратеници.</s><s>Пратеничко прашање може да постави секој пратеник.</s><s>Начинот и постапката на поднесувањето и расправата по интерпелација и пратеничко прашање се уредуваат со Деловникот.</s> <s>Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.</s><s>Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи.</s><s>Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.</s> <s>Собранието донесува одлука за менување на границата на Републиката со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>Одлуката за менување на границата на Републиката е усвоена на референдум, доколку за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.</s> <s>Законите се прогласуваат со указ.</s><s>Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието.</s><s>Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот.</s><s>Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.</s><s>Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Собранието основа постојани и повремени работни тела.</s><s>Собранието може да основа анкетни комисии за сите области и за секое прашање од јавен интерес.</s><s>Предлог за основање анкетна комисија можат да поднесат најмалку 20 пратеници.</s><s>Собранието основа постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.</s><s>Наодите на анкетните комисии се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции.</s> <s>Собранието избира народен правобранител со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.</s><s>Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.</s><s>Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања.</s><s>Народниот правобранител посветува особено внимание за заштита на начелата на недискриминација соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби.</s><s>Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор.</s><s>Условите на избор и разрешување, надлежноста и начинот на работата на народниот правобранител се уредуваат со закон.</s> <s>Собранието основа Комитет за односи меѓу заедниците.</s><s>Комитетот го сочинуваат 19 члена од кои по седум члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци.</s><s>Доколку некоја од заедниците нема пратеници, народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот.</s><s>Собранието ги избира членовите на Комитетот.</s><s>Комитетот разгледува прашања од односите меѓу заедниците во Републиката и дава мислења и предлози за нивно решавање.</s><s>Собранието е должно да ги разгледува мислењата и предлозите на Комитетот и да донесе одлука во врска со нив.</s><s>Во случај на спор во врска со спроведување на постапката за гласање во Собранието, утврдена во членот 69 став 2 Комитетот одлучува, со мнозинство гласови од членовите, за тоа дали ќе се спроведе постапката.</s> <s>2. Претседател на Република Северна Македонија</s> <s>Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува Републиката.</s><s>Претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Северна Македонија.</s><s>Претседателот на Републиката своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.</s> <s>Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.</s><s>За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати.</s><s>Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.</s><s>За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот.</s><s>За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Северна Македонија најмалку десет години во последните 15 години.</s> <s>Кандидат за претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.</s><s>За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.</s><s>Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.</s><s>Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.</s><s>За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите.</s><s>Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.</s><s>Ако за претседател на Републиката е предложен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.</s><s>Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.</s><s>Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.</s><s>Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.</s> <s>Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.</s><s>Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Северна Македонија по службена должност.</s><s>Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието.</s><s>Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.</s> <s>Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.</s><s>Претседателот на Републиката ужива имунитет.</s><s>За одземање на имунитетот на претседателот на Републиката одлучува Уставниот суд на Република Северна Македонија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.</s> <s>Претседателот на Република Северна Македонија:- го определува мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија;- ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Северна Македонија во странство;- ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници;- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија;- предлага двајца членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија;- именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Северна Македонија;- именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон;- доделува одликувања и признанија во согласност со закон;- дава помилување во согласност со закон и- врши други функции утврдени со Уставот.</s> <s>Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно.</s><s>Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.</s> <s>Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.</s><s>Советот за безбедност на Републиката го сочинуваат: претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката.</s><s>При именувањето на тројцата членови, претседателот ќе обезбеди составот на Советот, како целина, соодветно да го одразува составот на населението во Република Северна Македонија.</s><s>Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.</s> <s>Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.</s><s>Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.</s><s>Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.</s> <s>3. Влада на Република Северна Македонија</s> <s>Владата на Република Северна Македонија е носител на извршната власт.</s><s>Своите права и должности Владата ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.</s> <s>Владата ја сочинуваат претседател и министри.</s><s>Претседателот и министрите не можат да бидат пратеници во Собранието.</s><s>Претседателот ужива имунитет.</s><s>За неговиот имунитет одлучува Собранието.</s><s>Претседателот и министрите не подлежат на обврска во вооружените сили.</s><s>Функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии.</s><s>Организацијата и начинот на работата на Владата се уредува со закон.</s> <s>Претседателот на Република Северна Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.</s><s>Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.</s><s>Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Владата на Република Северна Македонија:- ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување;- предлага закони, републички буџет и други прописи што ги донесува Собранието;- предлага просторен план на Републиката;- предлага одлука за резервите на Републиката и се грижи за нивно извршување;- донесува уредби и други прописи за извршување на законите;- утврдува начела за внатрешна организација и за работа на министерствата и другите органи на управата, ја насочува и врши надзор над нивната работа;- дава мислење за предлозите на закони и други прописи кои на Собранието му ги поднесуваат други овластени предлагачи;- одлучува за признавање на држави и влади;- воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави;- донесува одлуки за отворање на дипломатско-конзуларни претставништва во странство;- предлага именување амбасадори и пратеници на Република Северна Македонија во странство и именува шефови на конзуларни претставништва;- предлага Јавен обвинител на Република Северна Македонија по претходно мислење од Советот на јавни обвинители;- врши именувања и разрешувања на носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон и- врши други работи утврдени со Уставот и со закон.</s> <s>Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието.</s><s>Собранието може да изгласа недоверба на Владата.</s><s>Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници.</s><s>Гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба.</s><s>Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.</s><s>Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>Ако на Владата ѝ е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка.</s> <s>Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието.</s><s>Владата има право да поднесе оставка.</s><s>Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.</s><s>На Владата ѝ престанува мандатот кога Собранието се распушта.</s><s>Владата на која ѝ е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.</s> <s>Член на Владата има право да поднесе оставка.</s><s>Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата.</s><s>За предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница.</s><s>Доколку претседателот на Владата предложи разрешување на повеќе од една третина од членовите на Владата од првобитниот состав, Собранието одлучува како за избор на нова Влада.</s> <s>Државната управа ја сочинуваат министерства и други органи на управата и организации утврдени со закон.</s><s>Се забранува политичко организирање и дејствување во органите на државната управа.</s><s>Организацијата и работата на органите на државната управа се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.</s> <s>Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години.</s> <s>4. Судство</s> <s>Судската власт ја вршат судовите.</s><s>Судовите се самостојни и независни.</s><s>Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.</s><s>Забранети се вонредни судови.</s><s>Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив, се уредуваат со закон, што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Судијата се избира без ограничување на траењето на мандатот.</s><s>Судијата не може да биде преместен против својата волја.</s><s>На судијата му престанува судиската функција:- ако тоа сам го побара;- ако трајно ја загуби способноста за вршење на судиската функција, што го утврдува Судскиот совет на Република Северна Македонија;- ако ги исполни условите за старосна пензија;- ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеца и- ако е избран или именуван на друга јавна функција, освен кога судиската функција мирува под услови утврдени со закон.</s><s>Судијата се разрешува:- поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција пропишана со закон и- поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон.</s> <s>Судиите уживаат имунитет.</s><s>Судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки.</s><s>Судија не може да биде притворен без одобрување на Судскиот совет на Република Северна Македонија, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.</s><s>Судиската функција е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на друга јавна функција или професија утврдена со закон.</s><s>Се забранува политичко организирање и дејствување во судството.</s> <s>Врховниот суд на Република Северна Македонија е највисок суд во Републиката и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите.</s> <s>Расправата пред судовите и изрекувањето на пресудата се јавни.</s><s>Јавноста може да биде исклучена во случаи утврдени со закон.</s> <s>Судот суди во совет.</s><s>Со закон се утврдува кога суди судија поединец.</s><s>Во судењето учествуваат и судии поротници кога тоа е утврдено со закон.</s><s>Судиите поротници не можат да бидат повикани на одговорност за мислење и одлучување при донесувањето на судските одлуки.</s> <s>Судскиот совет на Република Северна Македонија е самостоен и независен орган на судството.</s><s>Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт.</s><s>Советот го сочинуваат петнаесет члена.</s><s>По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и министерот за правда.</s><s>Осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови.</s><s>Тројца од избраните членови се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.</s><s>Тројца членови на Советот избира Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.</s><s>Двајца членови на Советот предлага претседателот на Република Северна Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Северна Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.</s><s>Членовите на Советот што ги избира Собранието на Република Северна Македонија, односно што ги предлага претседателот на Република Северна Македонија се од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и други истакнати правници.</s><s>Мандатот на избраните членови на Советот трае шест години, со право на уште еден избор.</s><s>Условите и постапката за избор, како и основите и постапката за престанок на функцијата и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон.</s><s>Функцијата избран член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.</s> <s>Судскиот совет на Република Северна Македонија:- ги избира и разрешува судиите и судиите поротници;- утврдува престанок на судиската функција;- ги избира и разрешува претседателите на судовите;- ја следи и оценува работата на судиите;- одлучува за дисциплинската одговорност на судиите;- одлучува за одземање на имунитетот на судиите;- предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија од редот на судиите и- врши други работи утврдени со закон.</s><s>При изборот на судиите, судиите поротници и претседателите на судовите ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.</s><s>Советот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Северна Македонија, чија форма, содржина и начин на усвојување се уредуваат со закон.</s> <s>5. Јавно обвинителство</s> <s>Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон.</s><s>Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.</s><s>Функцијата на јавното обвинителство ја вршат Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и јавните обвинители.</s><s>Надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на јавното обвинителство се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го именува и разрешува Собранието на Република Северна Македонија за време од шест години со право на повторно именување.</s><s>Јавните обвинители ги избира Советот на јавни обвинители без ограничување на траење на мандатот.</s><s>При изборот на јавните обвинители ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.</s><s>За разрешување на јавните обвинители одлучува Советот.</s><s>Надлежноста, составот и структурата на Советот, мандатот на неговите членови, како и основите и постапката за престанок и разрешување на член на Советот се уредуваат со закон.</s><s>Основите и постапката за престанок и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и јавните обвинители се уредува со закон.</s><s>Функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија и јавен обвинител е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон.</s><s>Се забранува политичко организирање и дејствување во Јавното обвинителство.</s> <s>Членот е избришан.</s> <s>IV.</s><s>УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА</s> <s>Уставниот суд на Република Северна Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.</s> <s>Уставниот суд го сочинуваат девет судии.</s><s>Собранието ги избира судиите на Уставниот суд.</s><s>Собранието избира шест судии на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>Собранието избира тројца судии со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.</s><s>Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.</s><s>Уставниот суд избира претседател од своите редови за време од три години и без право на повторен избор.</s><s>Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.</s> <s>Уставниот суд на Република Северна Македонија:- одлучува за согласноста на законите со Уставот;- одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите;- ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;- решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;- решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;- одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката;- одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и- одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.</s> <s>Функцијата судија на Уставниот суд е неспојлива со вршење друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија.</s><s>Судиите на Уставниот суд уживаат имунитет.</s><s>За нивниот имунитет одлучува Уставниот суд.</s><s>Судиите на Уставниот суд не подлежат на обврска во вооружените сили.</s><s>На судија на Уставниот суд функцијата му престанува ако поднесе оставка.</s><s>Судијата на Уставниот суд ќе биде разрешен од должноста ако биде осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или кога трајно ќе ја загуби способноста да ја врши својата функција, што го утврдува Уставниот суд.</s> <s>Уставниот суд ќе укине или поништи закон ако утврди дека не е во согласност со Уставот.</s><s>Уставниот суд ќе укине или поништи друг пропис или општ акт, колективен договор, статут или програма на политичка партија или здружение, ако утврди дека тие не се во согласност со Уставот или со закон.</s><s>Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.</s> <s>Начинот на работа и постапката пред Уставниот суд се уредуваат со акт на Судот.</s> <s>V. ЛОКАЛНА САМОУПРАВА</s> <s>На граѓаните им се гарантира правото на локална самоуправа.</s><s>Единици на локалната самоуправа се општините.</s><s>Во општините можат да се основаат облици на месна самоуправа.</s><s>Општините се финансираат од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката.</s><s>Локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.</s><s>Законите за локално финансирање, локални избори, општинските граници и за градот Скопје, се донесуваат со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.</s> <s>Во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.</s><s>Општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста на нејзината работа го врши Републиката.</s><s>Републиката со закон може да ѝ довери вршење на определени работи на општината.</s> <s>Територијалната поделба на Републиката и подрачјата на општините се утврдуваат со закон.</s> <s>Градот Скопје е посебна единица на локална самоуправа, чија организација се уредува со закон.</s><s>Во градот Скопје граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од значење за градот Скопје, а особено во областите на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштитата на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање, комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието, здравствената заштита и во други области утврдени со закон.</s><s>Градот Скопје се финансира од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката.</s><s>Градот Скопје е самостоен во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста на неговата работа ја врши Републиката.</s><s>Републиката со закон може да му довери вршење на определени работи на градот Скопје.</s> <s>VI.</s><s>МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ</s> <s>Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.</s> <s>Меѓународните договори во името на Република Северна Македонија ги склучува претседателот на Република Северна Македонија.</s><s>Меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Северна Македонија кога тоа е определено со закон.</s> <s>Предлог за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.</s><s>Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.</s> <s>Одлука за стапување во членство или за истапување од членство во меѓународни организации донесува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.</s> <s>VII.</s><s>ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКАТА, ВОЕНА И ВОНРЕДНА СОСТОЈБА</s> <s>Вооружените сили на Република Северна Македонија го штитат територијалниот интегритет и независноста на Републиката.</s><s>Одбраната на Републиката се уредува со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s> <s>Никој нема право да признае окупација на Република Северна Македонија или на нејзин дел.</s> <s>Воена состојба настапува кога претстои непосредна воена опасност од напад врз Републиката или кога Републиката е нападната или ѝ е објавена војна.</s><s>Воена состојба прогласува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.</s><s>Ако Собранието не може да се состане, одлука за прогласување на воена состојба ја донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.</s> <s>Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.</s><s>Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.</s><s>Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена.</s><s>Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.</s> <s>При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.</s><s>Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.</s> <s>За време на воена состојба, ако Собранието не може да се состане, претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието.</s> <s>Мандатот на претседателот на Републиката, Владата, судиите на Уставниот суд и на членовите на Републичкиот судски совет се продолжува за време на траењето на воената или вонредната состојба.</s> <s>VIII.</s><s>ИЗМЕНА НА УСТАВОТ</s> <s>Уставот на Република Северна Македонија се изменува и дополнува со уставни амандмани.</s> <s>Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија може да поднесат претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани.</s> <s>Одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>Нацртот за измената на Уставот го утврдува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и го става на јавна дискусија.</s><s>Одлука за измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>Одлука за измена на Преамбулата, членовите за локална самоуправа, членот 131, која било одредба што се однесува на правата на припадниците на заедниците, вклучувајќи ги особено членовите 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и одлука за додавање која било нова одредба која се однесува на предметот на тие одредби и тие членови, ќе биде потребно двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Северна Македонија.</s><s>Измената на Уставот ја прогласува Собранието.</s> <s>IX.</s><s>ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ</s> <s>(Член 132 од Уставот на Република Македонија објавен во „Службен весник на Република Македонија” број 52/1991)Во времето предвидено во ставот 5 на член 80 од овој Устав се смета и времето на жителство во други републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија.</s> <s>(Член 133 од Уставот на Република Македонија објавен во „Службен весник на Република Македонија” број 52/1991)За спроведување на Уставот ќе се донесе уставен закон.</s><s>Уставниот закон се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.</s><s>Уставниот закон го прогласува Собранието и влегува во сила истовремено со прогласувањето на Уставот.</s> <s>(Член 134 од Уставот на Република Македонија објавен во „Службен весник на Република Македонија” број 52/1991)Членот не важи во Пречистен текст.</s> <s>Законска регулатива на Македонија</s>
7672
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%3A%D0%91%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8
Википедија:Бирократи
<s>Бирократите се корисници на Викиизвор со технички можности да:</s> <s>унапредуваат други корисници администратори или бирократи; даваат и одземаат бот статус на определени кориснички сметки; и преименуваат кориснички сметки.</s> <s>Бирократите ја немаат техничката способност да одземаат администраторски права од корисници или да доделуваат други нивоа на пристап (не можат да доделат oversight или checkuser права).</s><s>Овие дејствија се извршуваат од стјуарди, мала мултијазична група која ги опслужува сите Викимедија проети.</s><s>Додатни стјуарди се избираат секоја година; за повеќе информации видете Барања за дозвола.</s><s>Промените во корисничките права на стјуардите се бележат на Meta:Special:Log/rights.</s> <s>Моментални бирократи</s> <s>Поранешни бирократи</s> <s>Упатства Ова се упатствата за бирократи поврзани со бирократски дејства и процеси.</s> <s>Кандидатури за админи Информирајте го корисникот за резултатот, без разлика дали кандидатурата била успешна или не.</s> <s>Преименувања Проверете дека барањето на страницата Викиизвор:Барања за промена на корисничко име е легитимна.</s><s>Уверете се дека корисникот нема историја на злоупотреби и дека барањето е во најдобар интерес на проектот.</s><s>Проверете ја страницата Викиизвор:Промена на корисничко име и пресудете сами.</s><s>Внесете го старото и новото име на Специјални:Преименувај корисник.</s><s>Доколку Корисник:чџш го узурпира Корисник:абв, преименувајте го абв во Корисник:абв (зафатено) за да се ослободи абв името за чџш.</s><s>По преименувањето на Корисник:абв во Корисник:абв (зафатено), уверете се дека сите пренасочувања до Корисник:абв (зафатено) од Корисник:абв се избришани за страниците на чџш да можат да бидат префрлени.</s> <s>Означување на ботови Одете на Специјални:Управување со кориснички права Од Викиизвор и означете го ботот.</s><s>Претходното дејство ги евидентира означувањата на ботовите одделно од другите промени на кориснички права Одземањето на бот статусот може да се направи користејќи Специјални:Управување со кориснички права.</s> <s>Видете исто така Дневник на менувања на кориснички права Специјални:Дневник на преименувања на корисници Историја на бот статуси m:Стјуарди: информација за корисници кои може да даваат и одземаат секакви кориснички права (вклучувајќи и администраторски права);</s> <s>Бирократи</s> <s>da:Wikisource:Bureaukrater de:Wikisource:Bürokraten it:Wikisource:Burocrati pl:Wikiźródła:Biurokraci pt:Wikisource:Burocratas ru:Викитека:Бюрократы sr:Викизворник:Бирократе</s>
7691
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%20%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0/%20%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0%20I
Слогница речовска/ Глава I
<s></s> <s>Поврзано</s> <s>Слогница речовска на стар правопис Ѓорѓија Пулевски</s> <s>Надворешни врски Слогница речовска, Ѓорѓија Пулевски.</s> <s>I Глава</s>
7693
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%20%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0/%20%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
Слогница речовска/ Насловна страница
<s></s> <s>Поврзано</s> <s>Слогница речовска на стар правопис Ѓорѓија Пулевски</s> <s>Надворешни врски Слогница речовска, Ѓорѓија Пулевски.</s> <s>Насловна</s>
7775
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%A0%D0%B0%D1%93%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82
Небиднина/ Раѓање на зборот
<s>Глужд на глужд.</s><s>Камен врз камен.</s><s>Камена шума изѕемнина.</s><s>Глужд на глужд.</s><s>Камен врз камен, од камен и ние обата.</s><s>Чади ноќта.</s><s>Зборот се двои од темнина.</s><s>Модар јаглен му гори во утробата.</s><s>О ти што постоиш зашто не постоиш, небото го лулаш, земјата ја вртиш.</s><s>О ти што постоиш зашто не постоиш, земјата јачи под камени плочници.</s><s>Иде замелушен од своите смрти зборот што ги крши сите слепоочници.</s><s>Глужд на глужд.</s><s>Камен врз камен.</s><s>Својот гроб со прокуда го копам.</s><s>Отвори ме проклетио, ти тврдино камена, да изгорам во јагленот на зборот, да се стопам.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
7776
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%A2%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE
Небиднина/ Трета молитва на моето тело
<s>Што си: девојка, жена, мајка?</s><s>Што си ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи телото мое, молитвено што клечи.</s><s>Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи.</s><s>Што си: девојка, жена, мајка, што си?</s> <s>Што си ти застаната со спокој темен пред ова тело чиј глас со виј го гони ветрот што лута, под тајни небосклони, чиј глас е жед и виј на вијот земен.</s><s>Што си ти застаната со спокој темен?</s> <s>Што си: девојка, мајка, жена ти - скаменета пред влезот на овој храм со моќно име: ПОБЕДУВАМ, па ова тело возвишено го крена.</s><s>Што си ти: девојка, мајка, жена?</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
7777
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE
Небиднина/ Втора молитва на моето тело
<s>Ова тело што лежи како мост меѓу два брега, ова тело што живее од мугрите на твоите желби, ќе биде и утре какво што е сега, само со два белега повеќе од две лути стрелби, ова тело што лежи како мост меѓу два брега.</s> <s>Ова тело што лежи како мост и трпеливо одамна чека да помине веселник некој и да го пробуди пак...</s><s>Протечи под ова тело како скротена река да заечи силно од нежност со секој извиен лак ова тело што лежи како мост и трпеливо одамна чека.</s> <s>Ова тело што лежи како мост некој бран да го плени за да го улови во него својот заборавен лик ќе стане со сите будења и мени на нестварни желби стварен светилник, ова тело што лежи како мост некој бран да го плени.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s>
7778
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0
Небиднина/ Небиднина
<s>1. Патував долго, патував цела вечност од мене до твојата небиднина.</s><s>Низ пожари патував, низ урнатини, низ пепелишта.</s> <s>По жега, по суша, по невиделина.</s><s>Се хранев со лебот на твојата убавина, пиев од грлото на твојата песна.</s><s>Не гледај ги овие црни суводолици што го параат моето лице — ми ги подари лицето на земјата.</s><s>Не гладај ги овие нерамнини врз плеќите ми ги донесе умората на ридјето.</s> <s>Погледај во овие раце — два огна, две реки темно чекање.</s><s>Погледај во овие дланки — две полиња, две суши глуво лелекање.</s> <s>Патував долго, патував цела вечност од тебе до мојата небиднина.</s> <s>2. ...</s><s>И сега сам, пред овој рид од болка и човештина, на патишта што не ги знам завивам од глад и пцости.</s><s>Ти дојде како црна вода на болештина со која се болува довек од сите проклетства и злости.</s> <s>3. ...</s><s>Кој тоа невидлив во мене седи и пали таен оган, кој и го руши на крвта ѕидот, кој ми го краде слухот, кој одзема видот, кој пласт врз пласје неуморен реди, кој тоа невидлив во мене седи.</s> <s>4. ...</s><s>Кој ги избриша со рака лесна сите далечини, сите близини, кој ни ја досуди таа небиднина да бидам стебло, да бидеш песна. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
7779
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%9E%D1%87%D0%B0%D1%98%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%20%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0
Небиднина/ Очај пред тврдината
<s>Тврдино, невидливи воини те пазат.</s><s>Стасав и паднав пред тебе на метар.</s><s>Ветар и оган, оган и ветар, Оттука нема враќање назад.</s> <s>Од грозна немост морници ме лазат.</s><s>Очајот само се снове ко волк Низ сурите карпи на тој грозен молк.</s><s>Оттука нема враќање назад.</s> <s>Земјата в срце на грутки се рони, Притиска и тежи, се трупа, ме кани: Израмни се со мене, земја и ти стани.</s><s>Со ветар и оган земјата ме гони.</s> <s>Рамнодушно глува за лелек и жртви, Неспособна да жали и суди, Секоја ноќ тврдината ја буди Сонцето на тие кои се мртви.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
7888
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D1%86%D0%BE%20%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2
Ацо Караманов
<s>Ацо Караманов (Радовиш, 31 јануари 1927 - 7 октомври 1944) бил македонски поет и учесник во НОБ.</s><s>Караманов е роден во Радовиш, како најстаро дете во семејството на Васил и Софија.</s><s>Кога имал само три месеци, неговото семејство го напуштило родното место поради службата на таткото и отишле прво во Белград, потоа и во други места низ Србија, но во с.</s><s>Велико Орашје се задржиле повеќе години.</s><s>Таму, Ацо го завршил основното образование и благодарение на неговиот учител кај малиот Караманов рано се јавила љубовта кон литературата.</s><s>Своите први стихови тој ги напишал уште во второ одделение, односно на 9-годишна возраст.</s> <s>Поезија „Црвена пролет“, издадена 1963, 1984 и 1989 „Прозните записи“, издадена 1981 година „Сребрените соништа“ и „Големата песна на Ацо Караманов“, издадена 2006 година.</s> <s>Песни Поет Псалм за m-lle Lili И можеби ти ќе дојдеш тогаш Деца на борбата Тајна Ние сме безбројни Копнеж и кошмар На мојот другар Мишко А тој леташе понатаму</s> <s>Надворешни врски Ацо Караманов на Википедија.</s>
7966
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BE%20%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%20%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D1%83%D0%B4/%20%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B5%20%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%88%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B5%20%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE
Слово заради страшниот суд/ Второе пришестие Христово
<s>{{Заглавје |заглавје = Слово заради страшниот суд |глава = |претходна = |следна = Слово второе свјатаго пророка Данила |забелешки = на старословенски правопис. |автор = =|прекриј_автор= непознат |текст=</s> <s>Поврзано „Слово заради страшниот суд“, индексна страница.</s> <s>Слово заради страшниот суд</s>
8063
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%20%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BA%D0%BE
Димано димандевојко
<s>Ох, што те љубам, моме, на сон те соневам, на сон те соневам, моме, в шарена одаја, в шарена одаја, моме, на мека постела.</s><s>На мека постела, моме, на памбук перница, на памбук перница, моме , на децната рока.</s><s>Кога се разбудих, моме, тебе не те најдох.</s><s>Ог`н да горит, моме, шарена одаја, пуста да остане, моме, и мека постела, да би ми капнала, моме, мојва десна рока, кога, моме, тебе не те најдох.</s> <s>Свила се лоза винена, околу града Легена.</s><s>Не била лоза винена, туку ми била девојка, околу браќа се виет: - Откупи мене, браќа ле!</s><s>Јас не сум ск`поценето: за двесте триста грошеи.</s> <s>Поврзано Македонски народни песни</s> <s>Македонски народни песни</s>
8066
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%9C%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%20%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%BD%20%D0%BD%D0%BE%20%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5%20%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5%D0%BD%20%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80
Небиднина/ Молитва за еден обичен но уште непронајден збор
<s>Телото мое те моли: Пронајди збор што личи на обично дрво што личина дланки јагленосани и прародителски голи, што е како чедност во секое молење прво.</s><s>За таков збор телото мое те моли.</s> <s>Телото мое те моли: Пронајди збор од кој-штом со крик ќе се рече- несвесно крвта почнува да боли, крвта што бара корито да тече.</s><s>За таков збор телото мое те моли.</s> <s>Пронајди таков вистински збор налик на сите мирни заробеници на оној ветар,оној развигор што ги буди срните во нашите зеници.</s><s>Пронајди таков вистински збор.</s> <s>Пронајди збор на раѓање на лелекање, пронајди таков збор.</s><s>И овој храм затворен во својата древност и голем од чекање ќе ти се отвори покорно и сам.</s><s>Пронајди збор на раѓање, на лелекање.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У Македонска литература Современа македонска поезија</s>
8068
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BE%20%D0%BA%D1%83%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC
Небиднина/ Старо купувам
<s>Старо купувам, старо купувам, стари алишта, стари пискули, старо железо, стари љубови, старо купувам.</s><s>Купувам стари дребности, непотребности, чевли излижани, ризи износени, среќи осреќени, старо, старо, старо купувам.</s><s>Купувам стари секидневности, мали и големи ревности, стари елеци во долапите стари котли на огништата стари саѓи на совеста стара ’рѓа на соништата.</s><s>Старо, старо, старо купувам.</s><s>Купувам стари секидневности, мали и големи ревности, стари љубови, стари среќи, стари гревови, купувам стари радости, стари младости, старо, старо, старо купувам.</s> <s>Старо купувам, ново препродавам. симни, господине, жив ти дечињата, да ми ја превртиш сета немаштија нема да собереш една иљадарка.</s><s>Ех, да ги познаваш нашите ергени, да си го вишол Далип најерген ќе му ги таскаш себап чевлите.</s><s>Он ќе ги земе ќе ти се поклони, ќе ги подзакрпи, ќе ги бојадиса, па светнат како небо утринско и личен, личен, нема поличен, ќе слезе долу среде маало, ќе слезе сербес, ачик, натокмен, момите ќе се подбутнуваат, жените ќе се огледуваат, мажите ќе му завидуваат.</s><s>Ех, стари чевли, старо купувам.</s> <s>Старо купувам, хово препродавам.</s><s>Аман, господарке, господ со тебе, бива ли сега таква скапотија.</s><s>Женет сум, жена, деца сурија, жив ми најмилото жив ме оглодаа, куќата ми ја растурија.</s><s>Оваа риза не е за тебе, еве ти стотка, речи аирлија.</s><s>Ех, да ја знаеш калеш Калина, токму се токми млада невеста, ќе ти се заблази, ќе ти благодари, ќе ти благослови внуци и правнуци, и сета челад од нивно колено.</s> <s>Ех стари ризи млади невести.</s><s>Старо купувам.</s> <s>Старо купувам, старо купувам, стари алишта, стари пискули, старо железо, стари љубови.</s><s>Купувам стари секидневности, големи и мали здодевности, стари грижи, стари патила, стари гревови, стари чесности, Старо, старо, старо купувам, стари среќи, стари љубови, стари радости, стари младости, купувам стари алишта.</s><s>Старо, старо, старо купувам, Старо за нови сврталишта.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s>
8069
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%9F%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5
Небиднина/ Песната и годините
<s>Твоите години и моите години- два брега, два камена, две небиднини.</s> <s>Твоите години и моите години- твоите години во мојата мака, моите години во твоето срце.</s> <s>Да си благословена најнепозната песно.</s><s>Нè изедначуваш во мудроста, нè израмнуваш во годините.</s><s>Да си благословена небидино во времето што не знае стареење.</s> <s>Твоите години и моите години- наши години.</s> <s>Ти одиш чекор по чекор, мака по мака низ моите години, јас одам чекор по чекор, мака по мака низ твоите години.</s><s>Нема крај и нема изодување.</s> <s>Ти си во моето непостоење, јас во заговорот на твоите соништа.</s> <s>Да си благословено време што остануваш исто, а ние те даруваме со нашите оши вчера од земја, денес од небо, утре од земја и небо.</s> <s>Да си благословена најнеслутена песно што нè изедначуваш во мудроста, што нè израмнуваш во годините.</s> <s>Твоите години и моите години- два брега, два камена, две небиднини.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
8070
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%9E%D1%81%D0%BC%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%20-%20%D0%B8%D0%BB%D0%B8%20%D0%BA%D0%BE%D1%98%20%D1%9C%D0%B5%20%D1%98%D0%B0%20%D1%81%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B8%20%D1%82%D0%B0%D0%B0%20%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2
Небиднина/ Осма молитва на моето тело - или кој ќе ја смисли таа љубов
<s>Под овој меч, под овој меч на тишината, под ова отворено небо, овие трепетлики, лежи ова в неврат издолжено тело, со око стрела в око на вишините, земјата ја корне со чело.</s><s>Под овој меч, под овој меч на тишината кој ќе ја смисли таа непозната љубов, тој збор што не постои во речникот на секојдневните средби, на секидневните поздрави, во очајот на оставените, во мирот на погубените, во гласот на вљубените.</s> <s>Издолжено в неврат лежи ова тело, со око стрела в око на вишините, замјата ја корне со чело.</s><s>Земјо,ти веќе не си земја, ти си грутка надеж, црна од мака, од соништа зелена, ти си око фрлено во вселена.</s><s>Кој ќе ја смисли таа непозната љубов- пред ова будење пред ова заспивање- тоа чудо во чудо, тоа завивање!</s> <s>Издолжено в неврат лежи ова тело под овој меч, под овој меч на тишината, земјата ја корне в чело, на рамо ја носи месечината.</s><s>Готово, месечино, довека готово!</s><s>Во твојата преполна шарена мрежа, мрежа од страдања, во твојата мрежа од лаги и измами од притворства и слатки бладања, од многу надеж изгубени, нема веќе место за никого, најмалку за тие што се вљубени.</s><s>Боли, месечино.</s><s>Нека боли.</s><s>Болат твоите ребра погодени.</s><s>Под тебе светот и ние сме голи.</s><s>Штотуку родени.</s> <s>Кој ќе ја смисли таа непозната љубов, пред ова будење пред ова заспивање.- Тоа чудо во чудо, тоа завивање.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
8071
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%94%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%BE%20%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%B0%D0%BC%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BE%D0%B2%D0%B0%20%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE
Небиднина/ Долго живеам на ова место
<s>Долго живеам на ова место под кое шуркаат планински извори и децата ловат пеперуги а боровите во нема извишеност ја разлистуваат тишината на вековите.</s><s>Долго живеам на ова место и полека црнеам од времето.</s><s>Гледај,велам,гледај каков си: ни да се препознаеш.</s><s>Некогаш овие очи беа длабочини во кои нуркаа твоите желби како жерави во сончевина, за ноќевање на случајните дождови.</s><s>Некогаш овие раце беа орачи во ровката земја на твоите лутања, а сега личат на врбови прачки народници чаталести над водите.</s><s>Некогаш, велам, и ти како децата си играше со пеперуги в рака од нивниот златен прав цутеа вишните во твојата градина.</s><s>Зошто беше толку невнимателен па дозволи сите да загинат меѓу твоите прсти, зошто не сфати дека е најголема мудрост да имаш една жива пеперуга од твоето детство.</s><s>Една топла ѕвезда на дланката што ќе го просветли ова место ова место каде долго живееш осамен долго живееш поцрнет од времето.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
8072
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%94%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE
Небиднина/ Деветта молитва на моето тело
<s>Еве го тоа место, тоа неизодливо тело, распослано како нема глад.</s><s>Еве ги сите светлини и води на овој соѕидан град.</s> <s>Врз кровот негов гука гулаб вечен- чудна една сказна од леб и од сребро...</s><s>Дали го откри тој збор, тоа име што штрека во дното на секое ребро.</s> <s>Дали ја откри таа страшна тајна, тој уште нигде неживеан век, дали откри колку светлините болат над ова тело што тече без тек.</s> <s>Еве го тоа место, тоа неизодливо тело, таа глад што го распосла и роди.</s><s>Еве го овде тој соѕидан град, соѕидан од светлини и води.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
8073
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%94%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE
Небиднина/ Десетта молитва на моето тело
<s>Еве го тоа место, таа заробена убавина, таа чудесна смрт од сино и бело, од сино и бело во очите на ветрот, еве го тој непрокопсаник,тоа тело.</s> <s>Еве го тоа место, таа свенлива убавина, пред сите сегашности и пред сите дамнини, пред твоето исконско темно неспокојство- тие неизодливи нерамнини.</s> <s>Ти стоиш овде немо и притаено над овој стивнат и непознат вител.</s><s>Биди му пролет жуберлива и лековита ако би му била повелник и жител.</s> <s>И без да прашаш со древна љубопитност дали е верен пленик на вистините, влези тивко и незабележано, влези со мудроста на годините.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
8074
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%9F%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE
Небиднина/ Последна молитва на моето тело
<s>Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина.</s><s>Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина.</s> <s>Но и тогаш играта ќе продолжи пак со иста таинственост и иста чедност.</s><s>И тие треви што ќе те покријат со мрак ќе изгорат во пожарот на твојата жедност.</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
8084
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0/%20%D0%9A%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0
Небиднина/ Квечерина
<s>Спиј.</s><s>Каменот спие.</s><s>Спијат водите.</s><s>Зад ридјето на твоите веѓи со плашиците на твојот поглед.</s><s>Залез на сонцето.</s><s>Спиј.</s><s>Каменот спие.</s><s>Спијат водите.</s><s>Врз исчадената греда на твојата мисла ко клупци во селска куќарка излитени играчки на денот.</s><s>Спиј.</s><s>Кменот спие.</s><s>Спијат водите.</s><s>Над јаболкниата на твоите соништа над јаболкницата светлотрепетлива</s> <s>Видете исто така Небиднина</s> <s>У</s>
8086
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9F%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5%20%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%A1%D0%B5%D1%80%D0%B3%D0%B5%D1%98%20%D0%9C%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2
Писмо од Коле Неделковски до Сергеј Мисирков
<s></s> <s>Поврзано Коле Неделковски Крсте Мисирков</s> <s>Коле Неделковски</s> <s>Документи за македонската историја и самобитност</s>
8091
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%98%D0%BC%D0%B0%20%D0%BB%D0%B8%20%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0
Има ли песна
<s>Има ли песна е современа народна македонска песна во оригинална изведба на Наум Петрески.</s> <s>Текст на песната</s> <s>Има ли песна, пеана?</s><s>Јас да ја пеам за неа.</s><s>Има ли зборој, кажани, има ли?</s><s>Јас да ги кажам за неа.</s> <s>Има ли солзи горчливи?</s><s>Јас да ги пијам за неа.</s><s>Има ли солзи, горчливи, има ли?</s><s>Јас да ги пијам за неа.</s> <s>Остана тага, љубовна, Длабоко в гради скриена.</s> <s>Надворешна врска</s> <s>Изведба на Наум Петрески и Тоше Проески</s> <s>Македонски народни песни</s>
8092
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D1%83%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%20%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8
Трудови песни
<s>Ај зајди зајди јасно сонце Битола, бабам, Битола Битола, мој роден крај Бог да бие кој прв почна Збогум мајко, јас отидов Огрејала месечина Проклета да е Австралија</s> <s>Македонски народни песни</s>
8101
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A6%D1%80%D0%BD%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B5%D1%86%20%D0%A5%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%B0%D1%80
Црноризец Храбар
<s>Црноризец Храбар (старословенски: Чръноризьць Храбръ) бил анонимен словенски средновековен писател од Преславската книжевна школа.</s><s>Псевдонимот Црноризец Храбар значи Калуѓер Храбар.</s> <s>Творештво О писменех</s> <s>Надворешни врски Црноризец Храбар на Википедија.</s> <s>Старословенска писменост</s> <s>Македонски писатели</s>
8135
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B0%D0%BD%20%D0%A7%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8
Војдан Чернодрински
<s>Војдан Поп Георгиев - Чернодрински (Селци, Струга, 15 јануари 1875 - Софија, 8 јануари 1951), истакнат македонски писател, патриот, револуционер, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар.</s><s>Псевдонимот Чернодрински потекнува од реката Црн Дрим која тече крај неговото родно село.</s> <s>Творештво</s> <s>Книги Македонска крвава свадба</s> <s>Надворешни врски Војдан Чернодрински на Википедија.</s>
8161
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%281946%29
Устав на Народна Република Македонија (1946)
<s>(Прв Устав на Македонија, единствен како народна Република во составот на Федеративна Народна Република Југославија, вон сила, со важност од 31 декември 1946 година до 12 април 1963 година, освен главите VI, VII, VIII, IX и XII, како и неговите одреби што се во спротивност со одредбите на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија со важност од 31 декември 1946 година до 2 февруари 1953 година, со назив Устав на Народна Република Македонија)</s> <s>ПРВ ДЕЛ: ОСНОВНИ НАЧЕЛА</s> <s>Глава I: Народна Република Македонија</s> <s>Народна Република Македонија е народна држава со републикански облик.</s> <s>Остварувајќи ја во својата ослободителна борба, и во заедничката борба на сите народи на Југославија својата народна држава Народна Република Македонија и изразувајќи ја врз основа правото на секој народ на самоопределување, вклучително правото на отцепување и на соединување со други народи, својата слободна воља, македонскиот народ се соединува врз основа на начелото на рамноправноста со останатите народи на Југославија и нивните народни републики: Народна Република Србија, Народна Република Црна Гора, Народна Република Босна и Херцеговина, Народна Република Хрватска, Народна Република Словенија, во заедничка сојузна држава - Федеративна Народна Република Југославија.</s> <s>Државниот грб на Народна Република Македонија претставуе поле окружено со житни класја, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, кои што се поврзани на дното со лента прошарена со народни мотиви.</s><s>Меѓу врвоите на класјето има петокрака ѕвезда.</s><s>Среде во полето се оцртуе планина, во подножјето на која што тече река.</s><s>Зад планината изгрева сонце.</s> <s>Државното знаме на Народна Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда.</s><s>Ѕвездата е црвена со златен (жолт) раб и има правилна петокрака форма.</s><s>Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.</s><s>Кога ќе се подели знамето на четири правоаголници, тогаш средишната точка на знамето се поклопуе со точката во која што се сечат диагоналите на горниот правоаголник што е до прицврстениот дел на знамето.</s><s>Горниот крак на ѕвездата е управен спрема горната линија од должината на знамето, а долните краци се управени спрема долната линија од должината на знамето.</s><s>Полупречникот на ѕвездата е еднаков со една шестина од широчината на знамето.</s> <s>Главниот град на Народна Република Македонија е Скопје.</s> <s>Глава II: Народна власт</s> <s>Во Народна Република Македонија сета власт произлегуе од народот и му припаѓа на народот.</s><s>Народот ја остваруе својата власт преку слободно избрани претставнички органи на државната власт, народните одбори, кои што, од месните народни одбори до Народното собрание на НРМ, настанаа и се ревизија во народноослободителната борба против фашизмот и реакцијата и кои што се основна придобивка на таа борба.</s> <s>Сите претставнички органи на државната власт ги избираат граѓаните врз основа на општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање.</s><s>Народните претставници во сите органи на државната власт им се одговорни на своите избирачи.</s><s>Секој народен претставник може да биде одзван од страна на мнозинството на избирачите од изборната единица на која што е избран и пред истекот на срокот за кој што е избран.</s><s>Со закон ќе се пропише во кои случаи, под кои услови и на кој начин избирачите можат да ги одзоват своите народни претставници и пред истекот на срокот за кој што се избрани.</s> <s>Органите на државната власт на Народна Република Македонија ја вршат власта врз основа Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, законите на ФНРЈ, законите на НРМ и општите прописи на повисоките органи на државната власт.</s><s>Сите акти на органите на државната управа и на органите на правосудието мораат да бидат основани на закон.</s> <s>Глава III: Основни права на нaродот и на Народна Република Македонија</s> <s>Народна Република Македонија ја врши државната власт суверено, пренесувајќи ги на Федеративна Народна Република Југославија само оние права што се утврдени со уставот на ФНРЈ.</s><s>Суверените права на Народна Република Македонија, нејзината безбедност како и општественото и политичкото уредуење стоат под заштита и одбрана на Федеративна Народна Република Југославија.</s> <s>Противен му е на Уставот на Народна Република Македонија секој акт, што на нејзината територија е управен против сувереноста, рамноправноста и националната слобода на македонскиот народ и на Народна Република Македонија, како и на останатите народи и на останатите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија.</s> <s>Границите на Народна Република Македонија не можат да се менуат без согласие на Народна Република Македонија.</s> <s>Националните малцинства во Народна Република Македонија уживаат право и заштита на својот културен развиток и на слободна употреба на својот јазик.</s> <s>Глава IV: Општествено економско уредуење</s> <s>Средствата за производството во Народна Република Македонија се или општонароден имот, то ест имот во рацете на државата, или имот на народните кооперативни организации, или имот на приватни физички и правни лица.</s><s>Сите рудни и други богатства во употребата на земјата, водите, вклучувајќи ги минералните и лековитите, изворите на природната сила, средствата на железничките и воздужните соопштенија, поштата, телеграфот, телефонот и радиото се општонароден имот.</s><s>Средствата за производство во рацете на државата ги исползуе државата сама или ги дава на друг за исползуење.</s><s>Надворешната трговија е под контрола на државата.</s> <s>Со цел да ги заштити животните интереси на народот, да ја подигне народната благосостојба и правилно да ги искористуе сите стопански можности и сили, државата му дава правец на стопанскиот живот и развиток со општ стопански план потпирајќи се врз државниот и кооперативниот стопански сектор, а остваруејќи ја општата контрола над приватниот сектор на стопанството.</s><s>Во остваруењето на општиот стопански план и на стопанската контрола, државата се потпира врз соработуачката на синдикалните организации на работниците и намештениците и на другите организации на работниот народ.</s> <s>Општонародниот имот е главно опориште на државата во развитокот на народното стопанство.</s><s>Општонародниот имот стоји под социјална заштита на државата.</s><s>Управувањето и располагањето со општонародниот имот се определуе со закон.</s> <s>Државата им посветуе особено внимание и им дава помош и олеснуење на народните кооперативни организации.</s> <s>Се гарантира приватната сопственост и приватната превземливост во стопанството.</s><s>Се гарантира наследуењето на приватната сопственост.</s><s>Правото на наследство се уредуе со закон.</s><s>Никој не може да го употребуе правото на приватната сопственост во штета на народната заедница.</s><s>Се забрануе постоењето на приватни монополистички организации, како што се: картели, синдикати, трустови и слични организации создадени со цел за диктирање на цените, монополизирање на пазариштето и оштетуење интересите на народното стопанство.</s><s>Приватната сопственост може да се ограничи или да се експропира, ако тоа го бара општиот интерес, но само врз основа на законот.</s><s>Со закон ќе се одреди во кој случај и во која висина ќе му се даде накнада на сопственикот.</s><s>Под истите услови можат со закон да се национализираат одделни стопански гранки или претпријатија, ако тоа го бара општиот интерес.</s> <s>Земјата им припаѓа на оние што ја обработуат.</s><s>Законот определуе може ли и колку земја да има установа и лице што не е земјоделец.</s><s>Не може да има големи земјишни поседи во приватни раце врз каква и да е основа.</s><s>Максимумот на приватниот земјиштен посед се определуе со закон.</s><s>Државата особено го заштитуе и помага сиромашниот и средниот селанец со својата општа стопанска политика, со ефтин кредит и со даночниот систем.</s> <s>Со стопански и други мерки државата го помага работниот народ да се здружуе и организира со цел да се одбрани од стопанска експлоатација.</s><s>Државата ги заштитуе лицата во наемниот работен однос, особено со обезбедуење правото на здружуење, со ограничуење работниот ден, со обезбедуење правото на платен годишен одмор, со контрола на работните услови, со грижа за жилишните околности и со социјално осигуруење.</s><s>Малолетните лица во работниот однос уживаат особена заштита на државата.</s> <s>Глава V: Права и должности на граѓаните</s> <s>Сите граѓани на Народна Република Македонија се еднакви пред законот и се рамноправни без оглед на народност, раса и вероисповест.</s><s>Не се признаваат никакви привилегии во раѓањето, положбата, имотната состојба и степенот на образованието.</s><s>Противен му е на Уставот и подложи на казна секој акт со кој што на граѓаните им се даваат привилегии или им се ограничуат правата врз основа на разликата во народноста, расата и вероисповеста како и секое проповедање на национална, расна или верска омраза и раздор.</s> <s>Граѓаните на Народна Република Македонија се должни да се придржуат за Уставот на ФНРЈ, за Уставот на НРМ и за законите.</s> <s>Сите граѓани на Народна Република Македонија, без разлика на пол, народност, раса, вероисповест, степен на образование и место на живеење, што навршиле 18 години старост, имаат право да избираат и да бидат избрани во сите органи на државната власт.</s><s>Граѓаните на Народна Република Македонија што се наоѓаат во редовите на Југословенската армија, имаат право да избираат и да бидат избрани, како и останатите граѓани.</s><s>Избирачкото право е општо, еднакво и непосредно и се врши со тајно гласање.</s><s>Не уживаат избирачко право лицата под старателство, лицата што со судска пресуда се лишени од избирачко право за време дури трае дејствието на пресудата, и лицата што врз основа на Сојузниот закон го изгубат избирачкото право.</s> <s>Жените се рамноправни со мажите во сите области на државниот, стопанскиот и општествено-политичкиот живот.</s><s>За еднаква работа жените имаат право на еднаква плата како и мажите и уживаат особена заштита во работниот однос.</s><s>Државата особено ги заштитуе интересите на мајката и детето со создавање породилишта, детски домови и детски дневни домови, и со право на мајката на платена отпуска пред и по раѓањето.</s> <s>На граѓаните на Народна Република Македонија им е гарантирана слобода на свеста и слобода на вероисповеста.</s><s>Црквата е одделена од државата.</s><s>Верските заедници, чието учење не се противи на Уставот, се слободни во своите верски работи и во вршењето на верските обреди.</s><s>Верските училишта за подготвуење на свештеници се слободни, а стоат под општ надзор на државата.</s><s>Забранета е злоупотребата на црквата и верата во политички цели и постоењето на политички организации на верска основа.</s><s>Државата може материално да ги помага верските заедници.</s> <s>Бракот и фамилијата се под заштита на државата.</s><s>Државата со закон ги уредуе правните односи на бракот и фамилијата.</s><s>Полноважен е само бракот заклучен пред надлежните државни органи.</s><s>По заклучуењето на бракот граѓаните можат да извршат и венчање по верските прописи.</s><s>Сите брачни спорови припаѓаат во надлежност на народните судови.</s><s>Евиденцијата на родените, венчаните и умрените е во надлежност на државата.</s><s>Родителите имаат спрема вонбрачните деца исти обврски и должности како и спрема брачните деца.</s><s>Положбата на вонбрачните деца се уредуе со закон.</s><s>Малолетните лица стоат под особена заштита на државата.</s> <s>На граѓаните им се гарантира слободата на печатот, говорот, здружуењето, собирите, јавните збирања и манифестациите.</s> <s>Загарантирана е неприкосновеноста на личноста на граѓаните.</s><s>Никој не може да биде задржан во притвор подолгу од три дена без писмено и образложено решение на судот или јавниот обвинител.</s><s>Најдолгиот срок на притворот се определуе со закон.</s><s>Никој не може да биде казнет за кривично дело без решение на надлежниот суд донесено врз основа на законот со кој што е определена надлежноста на судот и кривичното дело.</s><s>Казните можат да се установат и изречуат само врз основа на законот.</s><s>Никој, ако им е достапен на државните органи, не може да биде суден а да не е по законот ислушан и на прописен начин повикан да се брани.</s><s>Казните за прекршуење на правните прописи можат органите на државната управа да ги изречуат само во границите што се одредени со закон.</s><s>Само во случај пропишани со закон може граѓанинот да биде изгонет од своето живеалиште.</s><s>Државјанинот на Народна Република Македонија што врз основа на сојузниот закон ќе го изгуби државјанството на Федеративна Народна Република Југославија го губи и државјанството на Народна Република Македонија.</s><s>На државјанинот на Народна Република Македонија не може да му се одземе државјанството на Народна Република Македонија додека го има државјанството на ФНРЈ.</s> <s>Жилиштето е неповредливо.</s><s>Никој не може да влезе во туѓо жилиште или простории, ниту да врши претрес против волјата на нивниот држител без решение предвидено со закон.</s><s>Претресот може да се врши само во присаствие на двајца сведоци.</s><s>На претресот има право да присуствуе и лицето чие жилиште или простории се претресуат.</s> <s>Неповредлива е тајната на писмата и другите средства за општење, освен во случај на кривична истрага, мобилизација и воена состојба.</s> <s>Во Народна Република Македонија уживаат право на прибежиште туѓи државјани прогонети заради залагањето на демократски начела, национално ослободуење, права на работниот народ и слобода на научната и културната работа.</s> <s>Секој граѓанин е должен да работи според своите способности; кој не и дава на заедницата не може од неа ни да прима.</s> <s>На сите граѓани на Федеративна Народна Република Југославија еднакво им се достапни под законски услови сите јавни служби.</s><s>Должност им е на граѓаните свесно да ги извршуат јавните должности за кои што се избрани или што им се поверени.</s> <s>Одбраната на татковината е нависока должност и чест на секој граѓанин.</s><s>Предавството на татковината е најголемо злосторства спрема народот.</s><s>Воената обврска на граѓаните е општа.</s> <s>Државата им обезбедуе на воените инвалиди достоен живот и бесплатно оспособуење за работа.</s><s>Децата на паднатите борци и на жртвите од војната се под особена грижа на државата.</s> <s>Државата се грижи за подигне здравјето на народот со организација и контрола на здравствената служба, на болниците, апотеките, санаториумите, лечилиштата и поправалиштата и другите здравствени установи.</s><s>Државата ја има грижата за физичкото воспитуење на народот, особено на младината, заради подигањето на здравјето и работната способност на народот како и ојакнуењето на одбранбената сила на државата.</s> <s>Се осигуруе слободата на научната и уметничката работа.</s><s>Државата ја помага науката и уметноста со цел да ја развива народната култура и народната благосостојба.</s><s>Авторското право е заштитено со закон.</s> <s>Со цел за подигање на општата култура на народот, државата осигуруе училиштата и другите просветни и културни установи да им бидат достапни на сите слоеви на народот.</s><s>Државата и посветуе особено внимание на младината и го заштитуе нејзиното воспитуење.</s><s>Училиштата се државни.</s><s>Само со закон може да се допушти отворање на приватни училишта а нивната работа е под контрола на државата.</s><s>Основната настава е задолжителна и бесплатна.</s><s>Училиштето е одделено од црквата.</s> <s>Граѓаните имаа право на молба и петиција до органите на државната власт.</s><s>Против решенијата на органите на државната управа и неправилните постапки на службените лица, граѓаните имаат право на жалба.</s><s>Со закон ќе се пропише постапката за поднесуење на жалба.</s> <s>Секој граѓанин има право да ги тужи на надлежниот суд службените лица за кривични дела направени во службената работа.</s> <s>Граѓаните имаат, под законски услови, право да бараат од држава и службените лица накнада за штетата што им е направена со незаконито и неправилно вршење на службата.</s> <s>Даночната обврзка на граѓаните е општа и сразмерна на нивната стопанска сила.</s><s>Јавните давачки и ослободуењето од нив се установуат само со закон.</s> <s>Поради заштита на граѓанските слободи и демокатското устројство на Народна Република Македонија и на Федеративна Народна Република Југославија утврдено со Уставот на ФНРЈ односно со овој Устав, незаконито и казниво е да се употребуат граѓанските права за промена и нарушуење на уставното устројство во противдемократска цел.</s> <s>ВТОР ДЕЛ: ДРЖАВНО УРЕДУЕЊЕ</s> <s>Глава VI: Народна Република Македонија и Федеративна Народна Република Југославија</s> <s>Народна Република Македонија ги врши самостојно сите права утврдени со овој Устав.</s><s>Со цел да се оствари економско и политички взаимна помош и соработка, како и заедничка одбрана на националната слобода и независност, Народна Република Македонија ги пренесе на Федеративна Народна Република Југославија определените работи содржани во член 44 од Уставот на ФНРЈ.</s> <s>Во надлежност на Народна Република Македонија, во лицето на нејзините највисоки органи на државната власт и на државната управа, припаѓа:1) донесуење, изменуење и дополнуење Уставот на Народна Република Македонија и грижи за неговото извршуење;2) решавање за согласие за изменуење границите на Народна Република Македонија;3) административно-територијална поделба на Народна Република Македонија;4) заштита на државното уредуење и правата на граѓаните; јавен ред и сигурност;5) донесуење на стопанскиот план на Народна Република Македонија;6) управуење на стопанството од републиканско значење и раководење на стопанството од локано значење;7) донесуење на државниот буџет на Народна Република Македонија; остваруење и контрола над извршуењето на буџетот на Народна Република Македонија и одобруење на свршената сметка на Народна Република Македонија; раководење во остваруењето буџетот на народните одбори;8) државјанство на Народна Република Македонија;9) раководење на судовите на Народна Република Македонија; амнестија и помилување спрема прописите на законот;10) финансиски, индустриски, рударски, градежни, трговски, шумски и поледелски претпријатија од републиканско значење;11) патишта, реки, канали и пристаништа од републиканско значење;12) транспорт и соопштенија од републиканско значење;13) заклучуење заеми на Народна Република Македонија и одобруење на заклучените заеми на народните одбори во границите на законот;14) утврдуење и одобруење, во согласност со сојузните закони, на републикански и локални давачки; утврдуење и одобруење давачките на народните одбори;15) контрола на состојбата на претпријатијата и установите од општодржавно значење на територијата на Народна Република Македонија;16) утврдуење ребубликанското и локалното значење на стопанските претпријатија и установи од надлежноста на Народна Република Македонија;17) раководство на жилишните и комуналните работи; жилишна изградба, изградба и уредуење на градовите и местата;18) законодавство и раководство, врз основа на општите и начелни прописи на ФНРЈ, во областа:а) на индустријата, рударството, трговијата, поледелството, шумарството, ловот и водните сили;б) на градежите, стопанското работење и политиката на цените;в) на заштитата на народното здравје, социалните грижи и физичката култура;г) на основната, средната и високата настава, просветните, културните и научните установи и организации од републиканско значење;        д) на организацијата на државната власт.</s><s>Доколку општите начела на ФНРЈ не се донесени, Народна Република Македонија ги донесуе своите прописи сама.19) дополнително законодавство во рамките на основните закони на ФНРЈ.</s> <s>Територијата на Народна Република Македонија заедно со териториите на другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија чинат единствено државно и стопанско подрачје.</s> <s>Сојузните закони се задолжителни на територијата на Народна Република Македонија.</s><s>Во случај на несогласност меѓу сојузните закони и законите на Народна Република Македонија се применуат сојузните закони.</s> <s>Прометот на стоки меѓу Народна Република Македонија и другите народни републики на ФНРЈ е слободен и не може да се ограничи со закон на НРМ.</s> <s>Актите и исправите од органите на државната управа и од органите на правосудието на другите народни републики на ФНРЈ имаат во Народна Република Македонија еднаква возможност како и актите и исправите од органите на државната управа и од органите на правосудието на НРМ.</s> <s>Граѓаните на народните републики на Федеративна Народна Република Југославија уживаат на тетиторијата на Народна Република Македонија еднаква права како и нејзините граѓани.</s> <s>Секој државјанин на Народна Република Македонија истовремено е државјанин на Федеративна Народна Република Југославија.</s> <s>Глава VII: Највисоки органи на државната власт на Народна Република Македонија</s> <s>а) Народно собрание на Народна Република Македонија</s> <s>Народното собрание на НРМ е претставник на народниот суверенитет на Народна Република Македонија.</s> <s>Народното собрание на Народна Република Македонија е врховен орган на државната власт на Народна Република Македонија и ги врши врз основа Уставот на Народна Република Македонија сите права што и припаѓаат на Народна Република Македонија, доколку со Уставот не се пренесени во надлежност на Президиумот на Народното собрание и на Владата на Народна Република Македонија.</s> <s>Народното собрание на НРМ го избираат граѓаните на Народна Република Македонија.</s><s>На колку жители се избира еден народен пратеник пропишуе законот на Републиката.</s> <s>Народното собрание на НРМ се избира на четири години.</s> <s>Законодавната власт во Народна Република Македонија ја врши исклучително Народното собрание на НРМ.</s> <s>Заседанијата на Народното собрание на НРМ се редовни и вонредни и се свикуат со указ од Президиумот на Народното собрание на НРМ.</s><s>Редовните заседанија се свикуат два пати годишно, и тоа најдоцна до 1 јуни и најдоцна до 1 декември.</s><s>Ако Народното собрание не биде свикано во овие срокови, тоа може да се собере и само без Указ на Президиумот.</s><s>Вонредните заседанија се свикуа кога Президиумот на Народното собрание на НРМ ќе најде дека е потребно или кога тоа го побара една третина од народните пратеници.</s> <s>Народното собрание на Народна Република Македонија избира од својата средина претседател, еден или повеќе потпретседатели и до три секретари.</s><s>Претседателот ги раководи седниците на Народното собрание и неговата работа врз основа на правилникот за работа.</s> <s>Народното собрание на НРМ прописуе правилник за својата работа.</s><s>Седниците на Народното собрание по правило се јавни.</s> <s>Народното собрание на НРМ донесуе решенија со мнозинство на гласовите.</s><s>За донесуење решенија потребно е присуствението на мнозинството на пратениците.</s> <s>Право за поднесуење на законски предлози до Народното собрание на Народна Република Македонија имаат Владата на НРМ, членовите на Владата на НРМ и народните пратеници на Народното собрание на НРМ.</s> <s>Народното собрание на НРМ со закон го утврдуе годишниот државен буџет на Народната Република.</s><s>Владата го составуе државниот буџет на Народна Република Македонија и го поднесуе на Народното собрание.</s><s>Народното собрание на НРМ ја одобруе свршената сметка за извршуење на државниот буџет на НРМ.</s> <s>Законот влегуе во сила осмиот ден по објавуењето во „Службениот весник“ на Народна Република Македонија, ако со самиот закон не е инаку определено.</s> <s>Народното собрание на НРМ избира посебни одбори на кои што им поверуе определени работи.</s><s>Народното собрание на НРМ на првото збирање избира верификационен одбор што ги испитуе пратеничките полномошни.</s><s>Народно собрание на НРМ на предлог од верификациониот одбор ги потврдуе или поништуе полномошните на пратениците.</s> <s>По верификацијата на пратеничките полноможни пратениците ја полагат следната клетва:„Се колнам со својата чест и со честа на својот народ дека како народен пратеник секој пат ќе ги застапуам и бранам демократските права и слободата на народот на Народна Република Македонија; дека вредно ќе го чувам братството, единството и слободата на народите на нашата заедничка татковина Федеративна Народна Република Југославија и дека неуморно ќе ги бранам и зајакнуам придобивките од Народноослободителната борба; дека ќе го вложат сиот свој труд и знание за изградбата на народната наша држава и за подигање на благосостојбата на работниот народ и дека својата пратеничка должност ќе ја исполнуам совесно и неуморно“.</s> <s>Народното собрание на НРМ може да врши анкети по прашања од општо значење за Народна Република Македонија преку свои анкетни одбори.</s><s>Сите државни органи и скужбени лица се должни да ги исполнуат барањата на анкетните одбори во поглед утврдуењето на фактите и собирањето на доказите.</s> <s>Народните пратеници имаат право да поставуат прашања до Претседателот на Владата на НРМ и до членовите на Владата.</s><s>Претседателот и членовите на Владата се должни да дадат одговор усмено во срок од три дена или писмено во срок од пет дена.</s><s>Ако е потребно прибирање на сведенија членот на Владата може да побара предлог срок што му е нужен за одговор, но не подолг од 30 дена.</s> <s>Секој народен пратеник има право да упатуе интерпелации до Прецедателот и до членовите на Владата на НРМ преку Претседателот на Народното собрание.</s><s>Собранието се известуе за поднесените интерпелации на првата седница.</s><s>Народното собрание решава без претрес да ли интерпелацијата ќе се стави на дневен ред, а во случај да се прифати интерпелацијата, се определуе ден за расправање по неа.</s> <s>Пратениците на Народното собрание на НРМ уживаат имунитет.</s><s>Пратениците на Народното собрание на НРМ не можат да бидат лишени од слобода ниту против нив може да се поведе кривична постапка без одобрение од Народното собрание на НРМ, или ако ова не заседава без одобрение од неговиот Президиум, осем на случај да бидат заварени на дело на злосторството, за кое што мора веднаш да се извести Президиумот на Народното собрание на НРМ.</s><s>Народните пратеници на останатите народни републики во ФНРЈ уживаат имунитет по правилата на Уставот на нивната народна република.</s> <s>Народното собрание на НРМ може во случај на војна и слични извонредни околности да го продолжи траењето на својот мандат дури таа состојба трае.</s><s>Народното собрание на НРМ може да реши да се распушти и пред истекот на периодот за кој што е избран.</s> <s>Изборите за ново Народно собрание на НРМ мораат да бидат распишани пред истекот на последниот ден од периодот за кој што е избрано.</s><s>Од денот на распуштањето на Народното собрание на НРМ до денот на изборот на новото Народно собрание на НРМ не може да помине повеќе од три месеци, ни помалку од два месеца.</s><s>Новоизбраното Народно собрание на НРМ мора да биде свикано на свое прво заседание најдоцна еден месец по извршените избори.</s> <s>Народното собрание на НРМ врши изменуење и дополнуење на Уставот на НРМ.</s><s>Предлог за изменуење и дополнуење на Уставот може да поднесе: Президиумот на Народното собрание на НРМ, Владата на НРМ или една третина од пратениците на Народното собрание на НРМ.</s><s>Предлог да се пристапи кон решавањето за изменуење или дополнуење на Уставот треба да биде примен со мнозинство на гласовите.</s><s>Предложеното изменуење или дополнуење на Уставот е усвоено ако за него гласа апсолутно мнозинство од целокупниот број на пратениците на Народното собрание.</s><s>Применото изменуење или дополнуење на Уставот го прогласуе Народното собрание на Народна Република Македонија и го објавуе со Указ Президиумот на Народното собрание.</s> <s>б) Президумот на Народното собрание на Народна Република Македонија</s> <s>Народното собрание на НРМ избира Президиум на Народното собрание на НРМ.</s><s>Президиумот на Народното собрание се состои од претседател, три потпретседатели, еден секретар и најмногу 15 члена.</s> <s>Президиумот на Народното собрание на НРМ ги врши овие работи:1) ги свикуе заседанијата на Народното собрание на НРМ;2) распишуе избори за Народното собрание на НРМ;3) дава задолжителни толкуења на републичките закони;4) ги прогласуе изгласаните закони; издава укази;5) врши право на помилуење спрема прописите на законот;6) доделуе признанија и почесни званија од Народна Република Македонија спрема прописите на законот;7) поставуе и разрешуе, по предлог од Претседателот на Владата на НРМ, одделни членови на Владата во времето меѓу две заседанија на Народното собрание на НРМ при накнадна подврда од Народното собрание на НРМ;8) им одредуе застапници на членовите на Владата по предлог од Претседателот на Владата на НРМ;9) по предлог од Претседателот на Владата на НРМ ги сменуе, соединуе и укинуе постоеќите министерства и комисии во времето меѓу заседанијата на Народното собрание на НРМ и при негова накнадна потврда;10) определуе по предлог од Владата на НРМ кои претпријатија и установи имаат републиканско значење;11) распишуе народен референдум за прашања од надлежноста на Народна Република Македонија врз основа на решение од Народното собрание на НРМ или по предлог од Владата на НРМ;12) решава по прашањата и мерките за кои што ќе го овласти Народното собрание на НРМ.</s><s>Указите од Президумот на Народното собрание на НРМ ги потпишуат Претседателот и Секретарот.</s> <s>Президиумот на Народното собрание на НРМ се избира за исто време за кое што е избрано Народното собрание.</s><s>Во случај на распуштање на Народното собрание на НРМ, Президиумот ги врши должностите се до изборот на нов Президиум на Народното собрание на НРМ.</s> <s>Президиумот на Народното собрание на НРМ за својата работа одговара пред Народното собрание на НРМ.</s><s>Народното собрание на НРМ може, да го одзове Президиумот и да избере нов, како и да разреши од должност одделни членови и да избере нови и пред истекот на времето за кои што се избрани.</s> <s>Глава VIII: Органи на државната управа на Народна Република Македонија</s> <s>Највисокиот извршен и управен орган на државната власт на Народна Република Македонија е Владата на НРМ.</s><s>Владата на НРМ ја именуе и разрешуе Народното собрание на НРМ.</s> <s>Владата на НРМ е одговорна пред Народното собрание на НРМ на кое што му полага сметка за својата работа.</s><s>Во времето меѓу две заседанија на Народното собрание, Владата на НРМ одговара и полага сметка за својата работа пред Президиумот на Народното собрание на НРМ.</s> <s>Владата на НРМ работи врз основа Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, сојузните закони, законите на НРМ и врз основа уредбите, напатствијата и наредбите од Владата на ФНРЈ.</s><s>Владата на Народна Република Македонија донесуе уредби врз основа и за применуење на законите на ФНРЈ и на законите на НРМ, на уредбите, напатствијата и наредбите од Сојузната влада, како и напатствијата, уредбите и решенијата за извршуење на законите на ФНРЈ и на законите на НРМ, на уредбите напатствијата и наредбите од Сојузната влада и на своите уредби, и се грижи за нвното спроведуење.</s><s>Владата на НРМ може да донесуе врз основа на законско овластуење уредби со законска сила.</s><s>Актите од Владата на НРМ ги потпишуе Претседателот на Владата и надлежниот член на Владата, односно еден член кого Владата ќе го одреди.</s> <s>Владата на НРМ ја управуе и согласуе работата на своите министерства, комисии и комитети.</s><s>Владата на НРМ се грижи за подготвуење и остваруење на општествениот и републиканскиот стопански план и буџет.</s><s>Ги зема сите потребни мерки за осигуруење и заштитата на уставниот и општествениот поредок, заштита на државните интереси и на граѓанските права.</s><s>Ја помага Сојузната влада во остваруењето на општодржавните задачи; решава за законските предлози од одделни членови на Владата кои што предлози му се поднесуат на Народното собрание на НРМ, го пропишуе внатрешното устројство на министерствата и подредените установи; создава во случај на потреба специални комисии, комитети и установи при Владата на НРМ со цел за спроведуење стопански, културни и други работи на НРМ; претседателите на овие комисии и комитети не влагаат во составот на Владата на НРМ, а ќе бидат под раководство на Претседателот на Владата.</s> <s>Владата на НРМ ја сочинуат: претседателот, еден или повеќе потпретседатели, министрите, претседателот на републиканската Планска комисија и претседателот на републиканската Контролна комисија.</s><s>Владата на НРМ може да има и министри без ресор.</s><s>Општосојузните министерства можат за извршуење на работите од својата надлежност да поставуат ополномоќеници при Владата на НРМ.</s><s>Ополномоќениците ги именуе Владата на ФНРЈ во согласие со Владата на НРМ.</s> <s>Членовите на Владата на НРМ полагаат пред стапуењето на должност, клетва пред Президиумот на Народното собрание на НРМ.</s> <s>Претседателот на владата на НРМ ја претставуе Владата, претседава со седниците и ја раководи работата на Владата.</s><s>Тој се грижи за согласуење работата на сите органи на Владата и ја раководи во името на Владата работата на комитетите, одделните комисии и установи при Владата.</s> <s>Членовите на Владата на НРМ раководат одделни гранки од државната управа од републиканска надлежност и непосредно одговараат пред Владата на Народна Република Македонија за правилното остваруење на поверените им работи, како и за правилното остваруење политиката на Владата.</s><s>Членовите на Владата имаат право да издаваат правилници, наредби и напатствија врз основа и заради извршуењето на сојузните закони, на законите на НРМ, како и на уредбите, напатствијата и наредбите од Владата на ФНРЈ и од Владата на НРМ.</s><s>Членовите на Владата на НРМ се грижат за правилното извршуење на сојузните закони, на законите на НРМ, како и на уредбите, напатствијата и наредбите од Владата на ФНРЈ и од Владата на НРМ и одговараат за нивното приложуење во гранката на државната управа што ја раководат.</s> <s>Членовите на Владата на НРМ се кривично одговорни за повредите на Уставот на ФНРЈ, на Уставот на НРМ, на сојузните закони и на законите на НРМ при вршењето на службената должност.</s><s>Членовите на Владата одговараат за штетата што ќе ја направат на држава со незаконита работа.</s><s>Поблиски одредби за одговорноста на членовите на Владата на НРМ ќе се пропишат со закон на НРМ.</s> <s>Министерствата на Народна Република Македонија се: сојузно-републикански или републикански.</s><s>Сојузно-републикански министерства се: Министерството на финансиите, Министерството на внатрешните работи, Министерството на правосудието, Министерството на индустријата и рударството, Министерството на трговијата и снабдуењето, Министерството на земјоделието и шумарството, Министерството на трудот и Министерството на градежите.</s><s>Републикански министерства се: Министерството на просветата, Министерството на социалните грижи, Министерството на народното здравје и Министерството на комуналните работи.</s> <s>Сојузно-републиканските министерства на Народна Република Македонија раководат определена гранка од државната управа и ги вршат покрај работите од сопствената надлежност и работите од сојузно-републиканските министерства на Владата на ФНРЈ, врз основа на нивните правилници, напатствија наредби и решенија.</s> <s>Републиканските министерства раководат самостојно определена гранка на државната управа од надлежноста на Народна Република Македонија и одговараат само пред Владата на Народната Република.</s> <s>Ополномоќениците на општосојузните министерства при Владата на Народна Република Македонија, можат да присаствуат со советодавен глас на седниците на Владата на НРМ на кои што се претресуат работи за кои што се ополномоќени.</s> <s>Глава IX: Органи на државната власт на административно-територијалните единици</s> <s>Органи на државната власт на административно-териториалните единици се народните одбори.</s><s>Преку народните одбори народот ја врши својата власт во административно-територијалните единици во местата (селата и помалите градови, градовите и градските реони и околиите).</s> <s>Народните одбори се претставнички органи избрани врз основа на општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање.</s><s>Народните одбори на местата и на градските населби ги избираат граѓаните на две години, а народните одбори на околиите, градските реони во ранг на околии и градовите ги избираат граѓаните на три години.</s><s>Изборите за нови народни одбори има да се одржат најдоцна месец дена по истекот на срокот за кој што народните одбори се избрани.</s> <s>Народните одбори се највисоки органи на државната власт во односите од локално значење на својата територија.</s><s>Народните одбори остваруат на својата територија и задачи од општо значење.</s> <s>Народните одбори ја раководат работата на подрачните органи на управата и стпоанската и културната изградба во својот делокруг; ја обезбедуат заштитата на јавниот ред, исполнуењето на законите и чувањето на правата на граѓаните; го утврдуат својот буџет и стопански план; ги упавуат општонародните имоти, претпријатијата и установите од локално значење.</s> <s>Народните одбори ја вршат државната власт самостојно во рамките на својата надлежност во локалните работи, донесувајќи прописи (решенија) врз основа на Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, сојузните закони, законите на НРМ и општите прописи од повисоките органи на државната власт и државната управа.</s><s>Решенијата и наредбите на народните одбори се објавуат со потпис од претседателот и секретарот на извршниот одбор.</s> <s>Секој народен одбор има свој сопствен буџет.</s><s>Буџетот го утврдуе народниот одбор со решение во рамките на буџетот на повисокиот орган на државната власт.</s> <s>Народните одбори донесуат статути за своето внатрешно уствојство и работење, што го потврдуе повисокиот народен одбор, односно Президиумот на Народното собрание на НРМ.</s> <s>Народните одбори се должни да се потпираат во изведуењето на општите или месни задачи врз иницијативата и широкиот удел на народните маси и на организациите на работниот народ.</s> <s>Народните одбори ги вршат правата што им се дадени како на највисоки органи на државната власт во административно-територијалната единица непосредно на собранието на своите одборници или преку своите извршни управни органи.</s><s>Народните одбори не можат да ги пренесат на своите извршни и управни органи оние работи што ги дава законот изрично во надлежност на одборот како целост.</s> <s>Заседанијата на народните одбори се редовни или вонредни.</s><s>Во редовни заседанија се свикуат народните одбори во срокови определени од статутот, и тоа околиските народни одбори најмалку еднаш во два месеци, а градските, реонските и месните најмалку еднаш во месецот.</s><s>Вонредните заседанија ги свикуе извршниот одбор по своја иницијатива под услови во законот предвидени или кога тоа го бара една третина од одборниците или по барање од повисокиот орган на државната власт.</s> <s>Народниот одбор може да донесуе полноважни заклученија ако на седницата е присутно мнозинството од одборниците.</s><s>Народниот одбор ги донесуе своите заклученија со мнозинство на гласовите од присутните одборници.</s> <s>Месниот народен одбор во селата и помалите градови свикуе во сроковите предвидени во законот и под условите определени со закон, месни собири на избирачите, на кои што им полага сметка за својата работа.</s><s>Собирите на избирачите се свикуат со цел за разгледуење прашањата што се однесуат до животот на селото односно местото и до работата на месниот народен одбор.</s><s>Покрај тоа може на собирите на избирачите да се расправаат прашања од интерес и значење за животот на околијата на Народна Република Македонија и на Федеративна Народна Република Југославија.</s> <s>Извршни и управни органи на народните одбори, освен во помалите села, се извршните одбори.</s><s>Извршниот одбор го сочинуат: претседателот, по потреба потпретседателот, секретарот и другите членови.</s><s>Извршниот орган на народниот одбор во помалите села го сочинуат претседателот и секретарот.</s><s>Народните одбори од својата средина избираат извршни одбори и ги разрешуваат сите или одделните нивни членови.</s><s>Бројот на членовите на извршниот одбор се определуе според нормата што ја пропишуе законот на НРМ, земајќи го предвид бројниот состав на народниот одбор, обемот и сложеноста на работите што ги врши.</s> <s>Извршните одбори се одговорни за својата работа и му полагаат сметка на својот извршен одбор.</s><s>Извршните и управните органи на народните одбори му се потчинети како на својот народен одбор, така и на извршните и управните органи од повисоките органи на државната власт.</s> <s>Извршниот одбор ги извршуе решенијата, наредбите и напатствијата од својот народен одбор, како и уредбите, правилниците, напатствијата, наредбите и решенијата од повисоките органи на државната управа.</s><s>Извршниот одбор донесуе задолжителни наредби од општо значење, напатствија и решенија.</s><s>Наредбите се донесуат со цел да се спроведат решенијата на народните одбори како и врз основа на законско овластуење на други општи прописи од повисоките државни органи и на овластуење на народниот одбор.</s> <s>Сите задачи и работи што му се дадени во надлежност како на извршен и управен орган извршниот одбор ги врши како целост и колективно ги раководи сите гранки на државната управа.</s><s>Градските и поголемите околиски извршни одбори имаат одделенија односно отсеци за непосредно раководење на одделни гранки на управата.</s><s>Одделенијата и отсеците му се потчинети во својата работа на извршниот одбор, а истовремено на соответната одделение на повисокиот народен одбор и на надлежното министерство на НРМ.</s><s>На чело на одделението односно на отсекот стоат членовите на извршниот одбор како повереници за одделни гранки на управата.</s> <s>Со закон на Народна Република Македонија се донесуат поблиски одредби за внатрешната организација на извршниот одбор.</s> <s>Владата на НРМ и министерствата на НРМ по правило го остваруат раководството на сите гранки на државната управа на подрачјето на народните одбори преку извршните одбори на народните одбори, со исклучение на претпријатијата и установите од републиканско значење кои што непосредно се управуат од Владата и министерствата на НРМ.</s><s>Само со закон на Републиката можат да се основаат при извршните одбори одделенија односно отсеци што непосредно ќе одговараат пред министерствата на Народна Република Македонија.</s> <s>Глава X: Народни судови</s> <s>Органи на правосудието во Народна Република Македонија се: Врховниот суд на НРМ, окружните и околиските судови.</s><s>Со закон можат да се создаваат специални судови за определени видови спорови.</s> <s>Во изречуењето на правдата, судовите се независни и судат по законот.</s><s>Судовите се одделни од управата во сите степени.</s><s>Повисоките судови имаат во границите на законот право на надзор над пониските судови.</s> <s>Судовите ја изречуат правдата во името на народот.</s> <s>Расправањето пред судовите се врши по правило јавно.</s><s>Решенијата на еден суд може да ги измени само надлежниот повисок суд.</s><s>На обвинетиот му е обезбедено правото на одбрана пред судот.</s> <s>Сите судови судат во совет, освен во случај кога законот допушта да суди судија поединец.</s><s>Советите на околискиот и окружниот суд, кога судат во прва степен, се состоат од судии и судии-поротници кои што во судењето се рамноправни.</s> <s>Постапката пред судовите во Народна Република Македонија се води на македонски јазик.</s><s>Граѓаните што не го знаат македонскиот јазик можат да се служат со својот јазик.</s><s>На тие граѓани им се обезбедуе правото да се запознаат со целокупниот материал и да ја следат работата на судот преку преводач.</s> <s>Претседателот, потпретседателот и судиите на Врховниот суд на НРМ ги избира и разрешуе Народното собрание на НРМ.</s><s>Претседателот, судиите и судиите-поротници на окружниот суд ги избираат и разрешуат околиските и гратските народни одбори од подрачјето на окружниот суд.</s><s>Претседателот, судиите и судиите-поротници на околискиот суд ги избира и разрешуе народнот одбор на околијата или градот со ранг на околија.</s> <s>Врховниот суд на НРМ е највисок орган на правосудието на Народна Република Македонија.</s><s>Со закон се определуе во кои случаи Врховниот суд на НРМ суди во прва, а во кои во втора степен.</s> <s>Врховниот суд на НРМ ја преценуе законитоста на правосилните решенија од сите судови во Народна Република Македонија, до колку тоа по одредбите на законот во однос на применуењето на сојузните закони не го врши Врховниот суд на ФНРЈ.</s> <s>Глава XI: Јавно обвинителство</s> <s>Надзорот над правилното исполнуење на законите од страна на сите министерста на НРМ и на ним подчинетите управни органи и установи, како и на одделни службени лица и сите граѓани на територијата на Народна Република Македонија го врши Јавниот обвинител на ФНРЈ непосредно или преку Јавниот обвинител на НРМ.</s> <s>Јавниот обвинител на Народна Република Македонија и неговите заменици ги заменуе и разрешуе Јавниот обвинител на ФНРЈ.</s><s>Окружните и околиските јавни обвинители ги именуе и разрешуе Јавниот обвинител на НРМ при потврда на Јавниот обвинител на ФНРЈ.</s> <s>Јавните обвинители се независни во својата работа и се подчинети само на Јавниот обвинител на ФНРЈ и на повисоките јавни обвинители.</s> <s>Јавните обвинители имаат по одредбите на законот право да подигаат тужба и жалба, право на законска интервенција во текот на судската и управната постапка, право на кривично гонење, како и право да подигаат барање за заштита на законитоста против правносилните решенија на судовите и на управните органи.</s> <s>(Глава XII: Односи меѓу органите на државната власт и органите на државната управа на Народна Република Македонија)</s> <s>Меѓусобните односи меѓу органите на државната власт и органите на државната управа на Народна Република Македонија се осниваат врз правата и должностите одредени со Уставот на ФНРЈ, со Уставот на НРМ, со законите и другите општи прописи.</s> <s>Народното собрание на НРМ односно неговиот Президиум и повисоките народни одбори даваат општи смерници, им укажуат помош на пониските народни одбори во својот делокруг и вршат општ надзор над нивната работа.</s><s>Владата на Народна Република Македонија и повисоките извршни одбори даваат правец на управната политика, им укажуат помош и вршат надзор над работата на пониските извршни одбори.</s> <s>Президиумот на Народното собрание на НРМ има право да ги поништи или укине уредбите, напатствијата, наредбите и решенијата од Владата на НРМ, ако не се во согласност со Уставот на ФНРЈ, со Уставот на НРМ, со сојузните закони и со законите на НРМ.</s><s>Владата на НРМ има право да ги поништи или укине правилниците, наредбите, напатсвијата и решенијата од членовите на Владата на НРМ, ако не се во согласност со сојузниот закон, со Уставот на НРМ, со сојузните закони, со законите на НРМ или со уредбите, напатствијата, наредбите и решенијата од Владата на ФНРЈ и од Владата на НРМ.</s> <s>Президиумот на Народното собрание на НРМ и повисоките народни одбори имаат право да ги поништуат или укинуат незаконитите или неправилните акти на пониските народни одбори.</s><s>Владата на НРМ и одделните нејзини членови во рамките на својата надлежност, имаат право да ги поништуат или укинуат незаконитите или неправилните акти на извршните одбори.</s><s>Народниот одбор има право да ги поништуе или укинуе незаконитите или неправилните акти на својот извршен одбор или на одделен негов член.</s><s>Народниот одбор односно извршниот одбор, чиј акт е понишен или укинат, има право на жалба до повисокиот орган на државната власт односно на државната управа.</s> <s>Владата на НРМ и повисоките извршни одбори имаат право да ги запрат од извршуење незаконитите и неправилните акти на понискиот народен одбор и да му предложат на Президиумот на Народното собрание на НРМ односно на својот народен одбор да ги поништи или укине.</s><s>Поверениците на повисокиот извршен одбор имаат право во рамките на својата надлежност, да ги запрат од извршуење незаконитите или неправилните акти на пониските извршни одбори, односно, ако овој има отсеци, на соодветниот негов отсек, и да му ги поднесат на својот извршен одбор да ги поништи или укине.</s> <s>Президиумот на Народното собрание на НРМ односно повисокиот народен одбор има право, по прописот на законот, да распушти секој понизок народен одбор ако неговата работа е во противност со Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, со сојузните и републичките закони и да распише избори за нов народен одбор.</s><s>Президиумот на Народното собрание на НРМ односно повисокиот народен одбор има право да го разреши извршниот одбор на секој понизок народен одбор и да го свика народниот одбор на вонредно заседание за избор на нов извршен одбор.</s> <s>Право за поведуење постапка за поништуење, укинуење или запирање незаконитите и неправилните наредби, напатствија и решенија го имаат органите што се надлежни за поништуење, укинуење и запирање, повисоките државни органи и граѓаните на Народна Република Македонија.</s> <s>Сукобите за надлежноста меѓу два народни одбора од иста степен ги решава непосредно повисокиот народен одбор односно Президиумот на Народното собрание на НРМ.</s><s>Сукобите за надлежноста меѓу извршните одбори од иста степен ги решава нивниот непосредно повисок извршен одбор, односно Владата на Народна Република Македонија.</s> <s>ТРЕТ ДЕЛ: ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ</s> <s>Со денот на влегуењето во сила на Уставот се укинуат сите закони и други правни прописи што му се противни на Уставот.</s><s>Законите и решенијата потврдени со Решението на Уставотворното собрание на НРМ од 4 ноември 1946 година остануат во важност до донесуењето на конечно решение за нив.</s><s>Се овластуе Народното собрание на НРМ, во срок од една година од денот на влегуењето во сила на Уставот да ги испита сите закони и решенија потврдени со Решението на Уставотворното собрание на НРМ од 4 ноември 1946 година и да ги доведе во согласност со Уставот на ФНРЈ, со Уставот на НРМ и со сојузните закони и да донесе закони за тоа кои од тие закони и решенија остануат во важност без измени односно да донесе закони за изменуење и дополнуење на тие закони и решенија.</s><s>Предлозите за сообразуење со Уставот на законите и решенијата ќе ги достави благовремено Претседателот на Владата на НРМ до Народното собрание на НРМ.</s> <s>Уставот влегуе во сила со прогласуењето на седницата на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија. {ред}}Донесено во Скопје-главниот град на Народна Република Македонија.</s> <s>Устави на Македонија Законска регулатива на Македонија</s>
8170
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A1%D0%BE%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%90%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%94%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B8
Устав на Соединетите Американски Држави
<s>Уставот на САД е донесен од страна на Конгресот на САД во 1787 година, а денеска покрај него, воведени се и неколку амандмани за негова измена, кои се моментално на сила.</s><s>Деловите со здебелени букви се изменети со амандмани.</s> <s>Преамбула</s> <s>Ние, народот на Соединетите Американски Држави, со цел да створиме посовршен сојуз, да ја втемелиме правдата, да го осигураме мирот во земјата, да се погрижиме за заедничката одбрана, да ја унапредиме општата благосостојба и да обезбедиме благодети на нашата слобода, и слободата на нашето потомство, го одредуваме и донесуваме овој Устав на Соединетите Американски Држави.</s>
8213
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%96%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9C%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%28%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B8%29
Житие на Методија (Панонски легенди)
<s>„ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ“</s> <s>Шести ден од месец април Спомен и житие на блажениот отец наш и учител Методиј, архиепископ моравски, Господи, благослови отче</s> <s>1. Благиот и семоќен Бог, Кој создал од небитие во битие сè што е видливо и невидливо, и го украсил со секаква убавина, па оној што размислува по малку може делумно да разбере и да Го познае Оној што создал такви чудесни и многубројни дела, бидејќи според големината и убавината на созданијата преку размислување, се познава нивниот Творец (сп.</s><s>Мудр.</s><s>Сол.</s><s>13,5), што Го воспеваат ангелите со трисвети гласови и сите правоверни Го славиме во Света Троица, односно во Отца и Сина и Светиот Дух, кој е во три ипостаси, што може да се рече и три лица, но во едно божество.</s><s>Зашто пред секој час и време и година, над секој ум, несфатливо и за бестелесните сили, Самиот Отец Го родил Синот, како што вели Премудроста: „Ме роди пред сите ридови“ (Изреки 8,25).</s><s>И самото Божјо Слово, Кое во последните години се овоплоти заради нашето спасение, со својата пречиста уста, во Евангелието вели: „Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене“ (Јн 14,11).</s><s>Од истиот Отец исходи (произлегува) и Светиот Дух, како што рече самиот Син со својот Божји глас: „Духот на вистината Кој излегува од Отецот“ (Јован 15,26).</s><s>Тој Бог ја создаде сета твар, како што вели Давид: „Преку словото на Господа се утврдија небесата и преку Духот на Неговата уста - сите нивни сили, зашто Он рече и тие настанаа, Он заповеда и се создадоа“ (Пс 32,6,9).</s> <s>...</s> <s>Старословенска писменост Македонска литература</s> <s>Житија</s>
8219
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9E%D0%B4%20%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0
Од борбата
<s></s> <s>Поврзано Македонски народни песни Блаже Конески</s> <s>Надворешни врски „Од борбата“, собрал и уредил Блаже Конески (1947).</s>
8324
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%20%D0%96%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2/%20%D0%91%D0%B5%D0%B7%D1%81%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
Рајко Жинзифов/ Безсоница
<s></s> <s>Безсоница Лето...</s><s>Полношт...</s><s>Сегде тихо, глухо сегде, Људи спокојно си спат.</s><s>У един несреќен само, далеч негде Сиви му очи ток бдат.</s><s>Во висока к’шта, во широка стаја, Д’лга, пред’лга, је сам, Опколен с книги от краја до краја, Шетат и мислит он там.</s><s>Сон не го хваштат и в безсоница тешка Стаја си мерит сос крака, С срце оскрбно, с душа наљутена, жешка...</s><s>Мазнит си чело сос р’ка.</s><s>На полици книги во преврска златна Редом наредени стојат, Книги с хилјадници на душа му матна Жл’чка му кревајат и јад.</s><s>Јад го је, јад го је, п’лн сос мисли диви, Тесен за него овој свет; Сички книги, науки нему сет криви; Свој век он наричат проклет.</s><s>Он си прок’лнуват онаја година, В која он сја је родил, Што сичко пропадна, што сичко загина, Това, кое он је љубил.</s><s>И дека пропаднаха мисли му мили?</s><s>Или сја изм’чил без сон, Та му крв заврела в млади му жили?</s><s>Луда си дума казал он: Што ви направихте, книги многобројни?</s><s>Ви каков донесохте плод?</s><s>Усмалихте ли вие м’ки безбројни На горкијт тој ми народ?</s><s>Слушајте книги, кон вас сја обрштам, Чујте мојт т’жен расказ, Што мене натера, та как ја сја мрштам И ненавиждам ја так вас.</s><s>Овдешен не сум; ја сја родих далеко, Во јужна и топла страна, Мене отхрани после мајчино млеко Вардарска бистра вода.</s><s>Растех ја, растех како китка в полјана, Злоба никаква немах ја, Мајка ме галеше радостна, засмена, За ништо не сја грижех ја.</s><s>О, зашто не забравам млади години, Детинство, најхарниј дар, Кичести полета, зелени градини, Младиј сос овци овчар!</s><s>Сенки дебели, ви сенки, липови сенки, Вардарскиј брег с трева покрит, Вити врби, тополи високи, тенки, На долини чудесен вид!</s><s>Сос вас ја поминах нај-харна си доба, Ви влехте в мене тишина, Исто как ви, ја бех невинен, без злоба, Тој свет бе ми хубавина.</s><s>На утро ли, кога славеј, малка птица, В шипец, в гл’бока зора Пеит и светит на небето зорница И трева обливат роса; И тихијт ветер малдите листја нишат Слабо, а Вардар си шуми; Јагнета руди сја разбудват и дишат С прохлада, а млади моми, Сон ги оставил, р’кави засучили И сос две стомни во р’це Брзат кон студен извор безгрешни, мили, Си омиват бело лице.</s><s>Помнам, как мојата безгрешна сестрица, Вита, висока мома, Сивоока, русокоса хубавица От вода сја врштат дома.</s><s>Па во градина право, взимат си лејка, Китки поливат сама, Чистит ги, плевит ги, босиљкова вејка Накитуват млада глава.</s><s>С пресна вода она изреди ги сички, Појде подалеко там, Где мод зелен, расцвелиј шипец, две птички, Прусаха си тука-там, От гранка на гранка подлетваха пеејќи, Корен она навади И с усмихнато лице скина две вејќи Шипови, па тргна, сја скри.</s><s>Па радосно припкат кон мене, сја смеит.</s><s>Чудна у неја хубавина!</s><s>-Батенце, бате - казват - гледат как греит Сл’нце с небесна светлина?</s><s>Бате, днеска празник, света недеља, Радостен, златен ден за нас!</s><s>Ја за тебе празднична зготвих промена, Хоро ни чекат обата нас.</s><s>Ево две китки, китки младо-зелени: Босиљок, шипец наедно, Тебе за на појас една, друга мене За на глава, и заедно После ручек на наше гумно широко, На собор ќе појдиме ми.</s><s>Там ја ќе видам либе си чрнооко, Мила ти, вита Цвета ти. - Златна сестрицо, казвам, китка ти зимам, В к’шти отивај сега, Ручек ти сготви, а ја в црква отивам.</s><s>От радост лице ѝ пламти.</s><s>Тргна она а ја сос очи с’лзливи Кон неја погледнах там, Братскиј пожелах ѝ дни светли, не диви.</s><s>И ојдох в божји храм.</s><s>Првите сл’нчеви зраци позлатиха Г’сти, високи планини, Дрвјата разц’внати земја покриха С п’пки развиени свои.</s><s>В гранки им г’столики птици седеха, Издавајќи радостен глас; Бога ли славеха ил те веселеха Свет божиј в тој раниј час?</s><s>Не знам...</s><s>Но ја с душа детинска минувах През нашиј црковен праг И сос п’лна вера светци ја целувах, Немаше за мене мрак.</s><s>Ставаше весело на душа ми и беше Лесно и мило в божиј храм, Мој дух бе смирен и тих, не се злеше; Зашто? - не знам и ја сам, А сега, о книги, не често отивам В црква, не тврд је мој дух, Матна је моја молитва и често ја бивам До светоста нем и глух.</s><s>Некакво с’мнение над мене владеит, Некаква страшна пустота, Мисли нападват диви, душа ми немеит И не верват в доброта.</s><s>Дух ли лош по мене следват ил испитват Разум’т, што сичко је зло?</s><s>Или мојт живот је безплодна битва, Пуста, без никакво добро?...</s> <s>Па кога там на вечер сл’нце сја скриват, Зад та г’ста планина, А из зад гора месечина испливат по ведро ми небо, она С јасен свет осребруват класи на жито, Светит на жетварки в п’т.</s><s>Ред от жетварки, пеејќи гласовито, По зелено поле идат.</s><s>Смирно, нога го нога, рамо до рамо Срп у них за појас свети.</s><s>Млади... кој ги је видел, тој знаит само, Нему душа ќе запламти.</s><s>Клета ви судбина, б’лгарки млади, Хубост каква је у вас!</s><s>Всека ви стапка, поглед, п’лни ви гради, Медниј и силен ваш глас!</s><s>Вредниј сет за бесплатна свобода п’лна, Без да сја лиет капка крв!...</s><s>Вили, дајте ми сили ја да прок’лнам Тој европејскиј чрв!...</s><s>Б’лгарска песња ти многогласовита, Срце ми как раздираш ти!</s><s>Жална, ухилна и тажноречовита, Ти дар самовилскиј си!...</s><s>Как да забравам то, за кое болејам, Кое поддржават мој живот?</s><s>За кое ја страдам, пред кое ја немејам: Горкијт мој народ?...</s><s>Поскоро клета моја душо, залудеј, Или из снага ми вон летни И там вон ти окамени сја ил онемеј, Та да не гледаш чрни дни!</s><s>Чрни дни!</s><s>Но за них в друго ја време Ќе раскажам, сичко по ред, А сега нека заспијат под општо бреме И перо, и ум ми клет!...</s>
8373
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0
Велигденска песна
<s>Христосово воскресвење</s> <s>Што ми је лепо убоо,</s> <s>на високана планина,</s> <s>н’ онаа рамна рудина!</s> <s>Рајските софри ставени,</s> <s>најгоре Свети Никола,</s> <s>до него Свети Илија,</s> <s>меѓу ним сестра Мариа,</s> <s>со Риста Бога на р’це,</s> <s>со злато капче на глаа.</s> <s>Свиле се до два облака,</s> <s>кренале ми го Ристоса.</s> <s>Седна Мариа да плачит,</s> <s>Свети Никола је тешит:</s> <s>„М’лчи ми сестро Марио!</s> <s>Мие ќе ти го зеиме,</s> <s>пак тебе не го дааме,</s> <s>ќе го даиме на занат,</s> <s>да праит страшни мостеи,</s> <s>да врват грешните души.</s> <s>Првата душа што мина,</s> <s>таја је грешна прегрешна,</s> <s>чуждо ми дете дојала,</s> <s>алал не му го даала.</s> <s>Втората душа што мина,</s> <s>таја је грешна прегрешна,</s> <s>назаем брашно земала,</s> <s>кога го назот враштала,</s> <s>со пепел ми го мешала.</s> <s>Треќата душа што мина,</s> <s>таја је грешна прегрешна,</s> <s>назаем сољца земала,</s> <s>кога је назот враштала,</s> <s>со песок ми ја мешала.</s>
8374
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BA%D1%80%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%9A%D0%B5
Христосово воскрсвење
<s>Христосово воскресвење</s> <s>Што ми је лепо убоо,</s> <s>на високана планина,</s> <s>н’ онаа рамна рудина!</s> <s>Рајските софри ставени,</s> <s>најгоре Свети Никола,</s> <s>до него Свети Илија,</s> <s>меѓу ним сестра Мариа,</s> <s>со Риста Бога на р’це,</s> <s>со злато капче на глаа.</s> <s>Свиле се до два облака,</s> <s>кренале ми го Ристоса.</s> <s>Седна Мариа да плачит,</s> <s>Свети Никола је тешит:</s> <s>„М’лчи ми сестро Марио!</s> <s>Мие ќе ти го зеиме,</s> <s>пак тебе не го дааме,</s> <s>ќе го даиме на занат,</s> <s>да праит страшни мостеи,</s> <s>да врват грешните души.</s> <s>Првата душа што мина,</s> <s>таја је грешна прегрешна,</s> <s>чуждо ми дете дојала,</s> <s>алал не му го даала.</s> <s>Втората душа што мина,</s> <s>таја је грешна прегрешна,</s> <s>назаем брашно земала,</s> <s>кога го назот враштала,</s> <s>со пепел ми го мешала.</s> <s>Треќата душа што мина,</s> <s>таја је грешна прегрешна,</s> <s>назаем сољца земала,</s> <s>кога је назот враштала,</s> <s>со песок ми ја мешала.</s>
8376
https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%93%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B1%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9D%D0%9E%D0%92%20%D0%B8%20%D0%9F%D0%9E%D0%9C
Манифест на Главниот штаб на НОВ и ПОМ
<s></s> <s>Извори „Гласник на ИНИ“, Скопје, 3/1968, 187-193 стр.</s><s>Вера Весковиќ – Вангели и Марија Јовановиќ (ур.) „Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и револуцијата 1941-1945“, ИНИ, Скопје, 1976, 334-339 стр.</s> <s>Историја на Македонија Историја на македонскиот народ Документи за македонската историја и самобитност</s>